Истражување на туристичкиот пазар - Истражување на...

8
Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје Факултет за туризам Предмет Истражување на туристичкиот пазар Тема Истражување на туристичкиот пазар Изработил: Ментор: Здравко Цацаноски 10050 Проф. Михајло Будиноски Скопје 2011

Upload: zdravko-cacanoski

Post on 28-Nov-2015

243 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Essay

TRANSCRIPT

Page 1: Истражување на туристичкиот пазар - Истражување на туристичкиот пазар

Универзитет за Туризам и Менаџмент - СкопјеФакултет за туризам

ПредметИстражување на туристичкиот пазар

Тема Истражување на туристичкиот пазар

Изработил: Ментор:Здравко Цацаноски 10050 Проф. Михајло Будиноски

Скопје 2011

Поим за истражување на туристичкиот пазар

Современите истражувања на пазарот се поврзуваат со брзиот технолошки развој и големите инвестициони вложувања. Започнува масовното производство, и голем број на разновидни производикои имале потреба од пазар со голема апсорпциона можност. Во современите услови за најголемиот дел од земјите во светот

Page 2: Истражување на туристичкиот пазар - Истражување на туристичкиот пазар

производството повеќе не претставува проблем, главен проблем на претпријатијата е продажбата на производите. За да се надмине тој проблем, се вршат истражувања на пазарот.

Сепак истражувањето на пазарот не е револуционерно откритие. Менаџерите на претпријатијата и порано на примитивен начин ги следеле условите на пазарот, производството и продажбата. Промените во последните 80-ина години се тие кои овие активности прераснале во посебна научна дисциплина, која ги истражува современите услови на пазарот., за да обезбедат информации за потенцијалот на пазарот, побарувачката, конкуренцијата, и сл. Така се обезбедуваат информации во функција на донесување оптимални деловни одлуки. Истражувањето на пазарот се поврзува со потребите да се истражи еден дел од пазарот или подобро да се разбере пазарниот проблем, како неусогласениоста меѓу понудата и побарувачката. Во современи услови потребата од истражување на пазарот ја потенцира меѓународниот пазар. Постојат стандарди за однесување на претпријатијата на меѓународен пазар независно од економската развиеност.

Мошне добрата информираност, едуцираност и мобилност на купувачите, условило тие да станат многу покритични кон изборот на производи и услуги. Многу производи кои порано нсе сметале за луксуз и привилегија денес се достапни на широките народни маси. Во суштина, целта на истражувањата на пазарот е вистинските производи и услуги, од аспект на сите релевантни белез, како што се: функционалност, квалитет, цена и сл., со вистинско време да им се понудат на вистинските купувачи, т.е. на оние кои уимаат потреба од такви производи и кои располагаат со соодветен доход што овозможува задоволување на тие потреби. Истражувањата на пазарот денес се присутни во сите земји во светот, а прво се појавиле во стопански најразвиените капиталистички земји. Денес, поради конкуренцијата, сите претпријатија се принудени да бараат пласман на своите производи и услуги. Сите имаат потреби од информации, а до нив се доаѓа преку испитување на пазарот. Аналогно со потребите за истражување на пазарот на прозиводи, се поврзуваат и потребите од истражувања на туристичкиот пазар. Овие потреби се повеќе се потенцираат со самата глобализација на туристичкиот пазар, како сво сферата на понудата, така и во сферата на побарувачката.

Дефинирање на поимот истражување на пазарот

Дефинирањето на поимот пазар е мошне сложено, па следува заклучокот дека дефинирањето на поимот дефинирање на пазарот е уште посложено, затоа што покрај поимот пазар, во дефинирањето е вкчучрно и истражувањето.Со дефинирање на поимот пазар, прво се започнало во САД. Авторите Грин и Тул, истражувањето на пазарот го дефинираат како „стандардизиран процес на собирање податроци и анализа на информации што се битни за идентификација и решавање на било кој проблем од полето на

Page 3: Истражување на туристичкиот пазар - Истражување на туристичкиот пазар

маркетингот“.Бојд и Вестфал, истражувањето на пазарот го дефинираат како: „прибирање, евидентирање и анализа на сите релевантни фактори поврзани со проблемот на прометот и продажбата на производи и услуги меѓу производителите и потрошувачите“.Вентс дефинира „собирање на податоци и анализа на информации што им помагаат на раководителите на претпријатијата во донесувањето на маркетинг одлуки“.Од авторите во СФРЈ, Ф. Роко дефинира „истражувањето на пазарот е стандардизирана активност која користи научни методи за собирање, регистрирање и анализа на проблемите со прометот, продажбата и потрошувачката на добра меѓу производителите и протрошувачите“. А.Базала пак, дефинира „собирање на податоци и анализирање на сите проблеми поврзани со пазарот, односно меѓу производителите и потрошувачите со цел да се одредат сегашните и можните идни потрошувачи“.Аналогно на сите претходни дефиниции, истражувањњето на пазарот се дефинира како „стандардизиран процес, базиран врз научни принципи и методи со кои континуирано и планирано се собираат, анализираат и интерпретираат податоците, со цел да се добијат потребните информации при донесувањето на деловните одлуки и решавање на деловните проблеми на полето на динамичниот туристички пазар“.

Во дефинирањето на истражувањето на пазарот треба да се поаѓа од следните принципи:1. Примена на научни методи во собирањето на податоци.Се подразбира посебни „логични“ постапки што се применуваат во собирањето на податоците и научна обработка на истите. Тоа е плански организирана и научно фундирана активност која се состои во собирање на податоци, нивно средување и обработка со помош на соодветен методолошки инструментариум. Во литературата се јавуваат два поими: методи за истражување и техники во истражувањето на туристичкиот пазар. Се смета дека поимот методи за истражување на пазарот ги опфаќа и техниките во истражувањто.2. Основните принципи во процесот на собирањето на податоците се поишуваат со помош на редоследот нво истражувачките постапки. Постојат одредени принципи за научниот пристап во истражувањето, а тоа се:

● објективност во истражувањето● точност во мерењето на појавите● сеопфатност и континуитет во истражувањето

објективноста е една од најзначајните карактеристики во истражувањето. Истражувачите мораат целосно и објективно да ги разгледаат сите чинители до кои дошле во процесот на истражувањето. Тоа значи дека одлуките не треба да се базираат на интуиција и субјективни мислења на некои авторитети, туку на резултатите од истражувањата. За мерење на точноста на податоците, на истражувачите им стојат на располагање различни можности. Во општествените науки не постои

Page 4: Истражување на туристичкиот пазар - Истражување на туристичкиот пазар

можност за прецизни мерења. Но сепак, не значи дека немора да се применуваат. Тие се применуваат во нив, значи и во туристичкиот пазар, а точноста ќе зависи од тоа дали се користат најдобрите можности што постојат за прецизно мерење на односите меѓу појавите. Сеопфатноста значи дека цво процесот на истражувањето мора да се земаат сите фактори со кои ќе се потврдуваат или негираат резултатите од истрашувањата. Резултатите треба да бидат постојано проверувани и корегирани во согласност со новите сознанија до кои се доаѓа.

Основни потешкотии во примената на научниот метод при истражувањата на пазарот се:

1. комплексност на материјата2. потешкотии во мерењето на точноста на податоците3. потешкотии поврзани со точноста на предвидувањето4. потешкотии во обебедувањето на потполна објективност во процесот

на истражувањето на туристичкиот пазар.Комплексност на материјата

основниот објект во истражувањето на туристичкиот пазар се луѓето како потенцијални туристи. Тие се многу послложени споредено со природните науки. Така, една туристичка пропаганда наменета за луѓето, во некое подрачје може да постигне добри резултати, во друго да не постигне многу добри, а во некое трето подрачкје да биде тотално промашување. На таквото одесување на луѓето влијаат бројни фактори и истите создаваат потешкотии во примената на научниот метод во истражувањето.

Потешкотии во мерењето на точноста на податоците

Најголем дел од истражувањето на пазарот се со методот на интервју и анкетирање. Мерењата не можат да бидат со иста прецизност како мерењата во хемијата и другите природни науки, туку само до извесен степен. Настојувањата за што поточно мерење во дадените услови е една од карактеристиките на научниот метод.

Потешкотии поврзани со точноста на предвидувањето

целта на научниот метод е да се предвиди развој на одредена појава врз основа на сознанија што за неа ги имаме. Во овој поглед исто така е тешко да се споредуваат точноста на предвидувањето во општествените науки односно во истреажувањата на пазарот со точноста на предвидувањето во природните науки.

Потешкотии во обезбедувањето на потполна објективност во процесот на истражувањето

во истражувањата на туристичкиот пазар можеме да тежнееме на максимална објективност, меѓутоа таа објективност не можеме да ја споредиме со објективноста во природните науки. Треба да се имаат

Page 5: Истражување на туристичкиот пазар - Истражување на туристичкиот пазар

предвид резултатите добиени од примената на научниот метод. Целрта на истражувањето на пазарот е обезбедувањр на квалитетни информации. Резултатите од истражувањето на пазарот не претставуваат и одлука.

Маркетинг информационен систем (МИС) во туризмот

Поим за континуирани и проблемски насочени истражувања

Информациите за саостојбите на пазарот се од огромно значење за успешно тработење на претпријатието. До тие сознанија се доаѓа преку сопствени неформални разговори или по пат на интуиција. Вистинскиот талент има чувство за претпоставки на пазарот. Тоа е од големо значење за предвидување во вистинско време. Секогаш има човек со особини на деловен гениј. Меѓутоа, најголем дел го немаат тој талент, таа особина, па може да се деси со таква претпоставка да се доведе претпријатието во погрешна насока. Пред се, дека секој човек е пристрасен кога станува збор за сопствениот производ или услуга. Проблемите поврзани со познавањето на пазарот особено се изразани во претпријатијата кои се оддалечени од потрошувачите и неможат со директни набљудувања и со лично познавање да ги откријат реакциите на потрошувачите. Таков е случајопт со туристичките претпријатија. Т.А. во однос претпријатијата од материјалното производство имаат друга предност. Тие кога продаваат производ, се во непосреден контакт со своите клиенти. Истражувањата на пазарот можат да бидат континуирани и проблемски насочени.

● континуирани истражувањаКонтинуираните истражувања се спроведуваат со цел да послужат за согледување на општите движења на пазарот. Овие истражувања на пазарот претставуваат основа за работа во подолг временски период.

Page 6: Истражување на туристичкиот пазар - Истражување на туристичкиот пазар

Постапката за континуирано собирање на податоци денес се реализира со маркетинг информативниот систем (МИС). МИС се дефинира како збир од процедури и методи за континуирано планскио собирање на податоци, анализа и презентација на информации во функција на донесување на макретинг одлуки.

● Проблемски насочени истражувањаПроблемски насочените истражувања најчесто се еднократни и се спроведуваат со цел да се реши некој конкретен проблем. Овие истражувања се однесуваат на собирање на нови податоци, односно податоци кои не се опфатени со континуираните истражувања.

Систем за собирање податоци во МИС

претпријатијата цво својата работа секогаш се соочуваат со потреба од нови информации информациите можат да се однесуваат за промените кај потрошувачите, движењата помеѓу понудата и побарувачката, долгорочни предвидувања на побарувачката, конкуренцијата или на некое друг подрачје од областа на пазарот. Во развиените општества информациите имаат сила како етко кој друг ресурс, затоа што тие не се трошат, а со употребата на им се намалува вредноста. Во оваа смисла позната е приказната за двајцата производители на кндури кои своите истражувачи ги испратиле во некоја африканска земја со цел да ги испитаат можностите за продажба на тој пазар. Идвајцата се вратиле со информација дека таму сите биле боси. Така едниот проиводител решил дека пазарот не не интересен, дека сите одат таму боси. Другиот пак решил дека таму сите одат боси и треба да се инвестира за сите да одат со кондури. Истрашувањето на пазарот претставува прва организирана активност со помош на која се доаѓа до информациите. Во рамките на маркетинг информативниот систем се наоѓа и системот за поддршка на одлучувањето. Тој е посебен систем за собирање и анализа на податоци.

МИС е место во претпријатието во кое континуирано пристигнуваат податоци. Потоа тие се обработуваат, анализираат и претвараат во информации потребни за донесување на конкретни одлуки од областа на маркетингот. Информациите со кои располага менаџментот се во функција на донесување на оперативни и стратегиски одлуки. Оперативни одлуки се однесуваат на секојдневните теми, како резервации на карти, продажба, сместување , пропаганден материјал и друго. Стратегиските одлуки се нбасочени кон иднината и се однесуваат на конкуренцијата, сегментацијата на пазарот, анализа на пазарот, избор на целни групи, анализа на можностите и опасностите.