Гласот на студентите

4
Студентски пленум е автентична студентска иницијатива која се залага за остварување на студентските права. Како организација која има хоризонтална поставеност, студентскиот пленум преку метод на директна демократија го артикулира ставот на студентите. Нашата цел е секој студент активно да се вклучи во борбата за подобро образование. На одредено ниво директната демократија е чиста последица на неисполнетите ветувања на претставничката демократија. Директната демократија е чувар и потсетник на фундаментал- ната смисла на демократијата воопшто. ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ Што претставува студентски пленум и неговиот развој ЗОШТО СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ? 1. Затоа што се бориме за подобро високо образование! 2. Затоа што се бориме против лошите реформи! 3. Затоа што се бориме против веќе постоечките проблеми кои со години наназад се прикрадуваат! 4. Затоа што сакаме да бидеме слушнати! 5. Затоа што е потребно едно обединето студентско тело кое се залага за вистински вредности! прочитај и сподели Број 1/ 21.02.2015

Upload: studentskiplenum

Post on 07-Apr-2016

234 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Студентски пленум е автентична студентска иницијатива која се залага за остварување на студентските права. Како организација која има хоризонтална поставеност, студентскиот пленум преку метод на директна демократија го артикулира ставот на студентите. Нашата цел е секој студент активно да се вклучи во борбата за подобро образование. На одредено ниво директната демократија е чиста последица на неисполнетите ветувања на претставничката демократија. Директната демократија е чувар и потсетник на фундаментал-ната смисла на демократијата воопшто.

ГЛАСОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Што претставувастудентски пленуми неговиот развој

ЗОШТО СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ?

1. Затоа што се бориме за подобро високо образование!2. Затоа што се бориме против лошите реформи!3. Затоа што се бориме против веќе постоечките проблеми кои со години наназад се прикрадуваат!4. Затоа што сакаме да бидеме слушнати!5. Затоа што е потребно едно обединето студентско тело кое се залага за вистински вредности!

прочитај и сподели

Број 1/ 21.02.2015

“Дејствувам - значи постојам!” Да се дејствува значи да се преземаат активности со кои би се постигнала посакуваната цел. Во согласност со идејата и целта на движењето, Студентскиот пленум примени неколку методи. Најпрво, преку маршот како форма на мирен протест го искажавме својот револт и незадоволството во јавност, докажувајќи преку масовност за сериозноста на проблемот. Понатаму, продолживме со протести, писма, барања и молби. Откако овие методи беа исцрпени, а целта сèуште не беше постигната, единствената форма која ни преостана за да биде чуен нашиот глас, беше прогласување на автономна зона на факултетите.

Идејата не е да се “окупира” факултетот во неговото функционирање, туку само да се блокира формалната настава и таа да биде заменета со алтернативна. Оваа алтернативна настава ја организираат студентите кои се активно вклучени во “окупацијата”. Тоа може да биде секој студент кој сака да се приклучи. “Окупацијата” трае додека не одлучат самите студенти дека истата ќе се прекине, или додека не се исполнат нивните барања.

Автономна зона претставува окупација со цел враќање на Универзитетот на оние на кои им е наменет – студентите. За време на окупацијата окупираните факултети од институции кои се наменети исклучиво за учење и напредување во професионалниот живот, ја претвораме во институција наменета за многу повеќе работи, како што се: социјален живот, критичко делување, еманципаторно и слободарско студирање, живеење итн. Но, најважно од сè е зошто се презема овој чекор и како технички се изведува тоа.

КАКО СЕ ИЗВЕДУВА?

ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ПЛЕНУМОТ

АКТУЕЛНИ НАСТАНИ

Формирање на фази во кои ќе бидат вклучени работни групи

Активностите на студентскиот пленум и притисокот кој тие го извршија врз надлежните донесе со себе надеж за исполнувањето на некои од долго очекуваните барања на Студентскиот пленум. Едно од разгледуваните барања на состанокот беше формирањето на таканаречени фази во кои што ќе бидат вклучени работни групи . Има вкупно четири фази од каде што во втората фаза се наоѓаат работните групи.

Што овие работни групи всушност значат и што е нивната цел?

Работни групи се формирани од членови на Студентскиот, Професорскиот пленум, членови на универзитетската администрација и претставници од соодветните ресорни министерства. Тие се стремат кон изнаоѓање на решенија за подобрување на проблемите во високото образование.

Станува збор за следните проблеми:

- Новодонесениот закон за високо образвание;- Тестирање од надворешен орган;- Прекршување на правото на автономија на универзитетот;- Неодржливиот систем на финансирање на јавното образование;- Несоодветните услови за стекнување на звање и унапредување во звање;- Недоволната државна финансиска поддршка за научно-истражувачки цели;- Непотребните давачки за студентите, нереални или недоследно трошени; - Недостатокот на студентски бенефиции.

„Врз основа на излагањата беше договорено низ отворен дијалог да се дојде до заеднички решенија за унапредување и обезбедување на квалитетот во високото образование. Во таа насока беше заклучено да се формира работна група со претставници на Универзитеот, вклучувајќи ги и Студентскиот и Професорскиот пленум, како и претставници од МОН, која во рок од 30 дена ќе изготви анализа на состојбите, врз основа на која ќе се дефинира концептот за изработка на законски текст за високото образование. Истовремено беше договорено во наредните денови да се одржи работна средба во истиот состав.”

По средбата меѓу студентите, професорите и претставниците од министерството за образование ректорот го даде следното соопштение:

Вие, добри граѓани веќе ја покажавте вашата поддршка на самиот почеток од окупацијата на факултетите донирајќи финансиски, прехранбени и санитарни ресурси. Ве молиме ако сте во можност да продолжите со таа поддршка. Во спротивно, Ве покануваме да нè посетите на нашите факултети , бидејќи истото претставува непроценлива мотивација за нас. На крајот, ги повикуваме и воздржаните граѓани да дојдат и непосредно да се запознаат со нашиот мотив, да ги слушнат нашите аргументи и начинот на дејствување. Веруваме дека ќе се уверите во искреноста на пленумските намери, за една возвишена цел!

Што се случува на факултетите додека трае автономната зона?

Во текот на автономната зона студентите имаат можност да учествуваат во бројни активности. Имено, професори од факултетите, како и други стручни лица одржуваат алтернативни предавања. Останатото време е исполнето со културно уметнички перформанси и меѓусебна соработка на студентите.

Повеќе за нас на:

www.studentskiplenum.org

#ПоздравПленумци