Различни јазици

20
Различни азици

Upload: unicefmk

Post on 22-Jul-2016

227 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Macedonian language book 8 from the “Druzinata MELA” early childhood education picture book series

TRANSCRIPT

Page 1: Различни јазици

Различни јазици

Page 2: Различни јазици
Page 3: Различни јазици

РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ

Page 4: Различни јазици

Сликовницата е подготвена од страна на Центарот за човекови права и разрешување

конфликти, во рамките на програмата „Воведување на почит кон различностите и

мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд

и социјална политика и УНИЦЕФ, финансиранa од Британската амбасада во Скопје.

Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата

и ставовите на Британската амбасада во Скопје.

Page 5: Различни јазици

Автор на текстот: Рената ДедоваЈазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ

Page 6: Различни јазици

Децата од дружината МЕЛА, како што си го викаа децата своето друштво според првите букви од нивните имиња, седеа во паркот пред зградата и ја разгледуваа новата книга на Ана за животни што живеат во некои далечни земји. Имаше и многу фотографии, па децата се чудеа какви сѐ животни има и си замислуваа колку ќе биде убаво некогаш во живо да ги видат како изгледаат навистина.

Само Луан беше некако замаен: де гледаше во книгата де гледаше кон улицата. Неговиот братучед Блерим, што живее во друг град, секој момент требаше да пристигне. Двајцата се немаа видено од минатото лето, па беа договорени овој викенд да му дојде на гости. Одвај чекаше да го види. Многу добро се сеќаваше дека со него навистина убаво си играл. Минуваа разни автомобили и за секој од нив Луан се надеваше дека ќе биде тој што го чека, но никако така и да се случи!

4

Page 7: Различни јазици

5

Page 8: Различни јазици

По некое време, конечно се појави чичко му со автомобилот и од задниот прозор можеше да се види насмеаното лице на Блерим. Луан беше пресреќен и се стрча да ги пречека. Со Блерим толку силно се гушнаа што рацете почнаа да ги болат.

Луан веднаш сакаше да го запознае Блерим со своите другари. Го донесе кај клупата и им кажа на сите како се вика братучед му. Тогаш Блерим се насмеа и рече: „Тунг!“ Ениса се зачуди: „Луан, да не си се збунил? Тој рече дека се вика Тунг“. Луан тогаш ѝ објасни: „Не, Ениса, тој се вика Блерим, ама сега ве поздрави на албански. На албански `здраво` се вика `тунг`“. Тогаш сите деца од дружината МЕЛА во еден глас извикаа: „Тунг, Блерим!“, а Ениса додаде: „Па, ова било многу просто – `здраво` е `тунг` и `тунг` е `здраво`. И на ромски не е тешко, се кажува: ̀ састипе!`“ Потоа Ана праша: „А како јас да му кажам како се викам?“, па Луан ѝ одговори: „Ќе речеш: ̀ Ун' јам Ана!`“. Само што се претстави Ана, Блерим се заврте кон Марко и му рече: „Си ќухеш?“ Марко си помисли дека сигурно за името го

прашува, нема за што друго, па рече исто како Ана: „Ун' јам Марко!“ Блерим му се насмевна,

па ја погледна Ениса и нејзе ја праша: „Си ќухеш?“, но таа веќе сигурно му одговори:

„Ун' јам Ениса!“ Потоа Луан им се извини на другарите зашто требаше да замине бргу со својот гостин. Родителите веќе ги чекаа да дојдат дома.

6

Page 9: Различни јазици

7

Page 10: Различни јазици

Кога заминаа Луан и Блерим, Марко зачудено рече: „Блерим не го знае јазикот што го зборуваме ние. Среќа што беше тука Луан, па можеше да ни преведе! Како инаку без него ќе се разберевме?“ Но, Ениса му одговори: „И да не беше Луан, пак мислам дека ќе се разберевме. Еднаш на одмор се здружив со едно девојче со кое зборувавме на различни јазици, па немаше проблем. Со раце или со цртеж ќе си покажевме што сакаме да кажеме ако нешто не разбиравме“. На Марко му олесна, па рече: „Имаш право! Не помислив на тоа. Ако сакаш со некој да се дружиш, ќе најдеш начин како да се разбереш“. Потоа, сите си заминаа дома зашто веќе беше доцна.

8

Page 11: Различни јазици

9

Page 12: Различни јазици

Утредента се собраа сите деца од дружината МЕЛА заедно со Блерим на клупата пред зградата. Сега децата веднаш го поздравија Блерим и му рекоа: „Тунг, Блерим!“, а тој им возврати со: „Здраво!“, зашто Луан во меѓувреме го беше научил.

Но, само што сакаше да седне на клупата, Блерим се сопна од едната ногарка и падна на земја, но бргу стана. Луан загрижено го праша: „Си је, Блерим?“, а тој му одговори кратко: „Мир'!“ Кога ги слушна како зборуваат албански, Ана се насмевна и рече: „Знаете дека ве разбрав што зборувавте?! Ти го праша: `Како си?`, а тој ти рече: `Добро!`“ Луан се изненади и одговори: „Токму така. Понекогаш и само со гледање што се случува, може да разбереш што кажуваат некои луѓе иако не го зборуваат твојот јазик“.

10

Page 13: Различни јазици

11

Page 14: Различни јазици

12

Кога седнаа сите на клупата, почнаа да се договараат што да играат. Во еден момент, Луан им кажа дека Блерим е мајстор за играње карти. Тогаш другите деца се сетија дека поминало многу време од последниот пат кога играле карти, па решија да прават тоа.

Додека играа, децата многу се забавуваа зашто Блерим и Луан им ги кажуваа бројките како се кажуваат на албански. Па, другите деца само што ќе ги кажеа сите бројки до 10 без грешка еднаш, веќе наредниот пат немаше да се сетат како се кажува некоја од нив... Ама, по неколку повторувања, успеаја сите да ги научат: њ', ди, тре, кат'р, пес', ѓашт', штат', тет', н'нт', дјет'!

Page 15: Различни јазици

13

Page 16: Различни јазици

14

До крајот на денот децата изиграа уште многу игри со Блерим и навистина убаво се дружеа. А вечерта веќе требаше да се поздрават со него зашто тој утредента рано си заминуваше дома. Децата од дружината МЕЛА застанаа околу Блерим и сите истовремено силно го гушнаа од сите страни, па му рекоа: „Мирупафшим, Блерим!“ зашто на албански така се кажува „Пријатно!“, а Ениса уште еднаш се стрча да го гушне и му го кажа истиот поздрав и на ромски: „Џи Дикибе!“

Page 17: Различни јазици

15

Page 18: Различни јазици

Издавач: УНИЦЕФ

За издавачот: Нора Шабани

Уредник: Виолета Петроска-Бешка

Автор на текстот: Рената Дедова

Јазична лектура и книжевна адаптација: Билјана Маленко

Илустратор: Румена Најчевска

Дизајн: КОМА

Сите права за издавање на оваа сликовница ги задржува @ УНИЦЕФ 2015

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје 821.163.3-93-32(084.11) ДЕДОВА, Рената Различни јазици / [автор на текстот Рената Дедова ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Канцеларија на УНИЦЕФ, 2015. - 20 стр. : илустр. ; 27x22 см. - (Дружината МЕЛА) ISBN 978-9989-116-77-3 (едиција)ISBN 978-9989-116-92-61. Најчевска, Румена [илустратор] COBISS.MK-ID 98850058

Page 19: Различни јазици

Дружината МЕЛА

Дедото што беше слеп

ПЕПЕЛАШКО

Бајрам

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Училиштен натпревар

андреј и мачето

Ѓурѓовден

Јазикот на Сара

Различни јазици

Случките на Ениса

Игра на сенки

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Различни семејства

Свадба

Велигден

И за девојчиња, и за момчиња

Петар Пан

Меурчиња од сапуница

Сите сликовници

за дружината

МЕЛА

Page 20: Различни јазици