Час-61-v-одд-20-02-2013-Вежби- редни броеви и “wh-“ прашања

3
План за час по англиски јазик Одделение петто одделение Наставна тема Тема бр.4- Основни математички операции! Наставна единица 61. Вежби- редни броеви и “wh-“ прашања Датум 20.02.2013 Цели на часот Ученикот да може: да се потсети на редните броеви до 31 преку искажување на датуми да ги увежба “wh-“ прашањата и соодветните одговори на истите Фази на часот Активности Воведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на наставникот. Наставникот запишува неколку броеви на таблата, а од учениците бара да му ги напишат соодветните редни броеви. Потоа, со употреба на постер, учениците ги именуваат месеците во годината. Главен дел (20 мин) Наставникот го поучува искажувањето датуми со употреба на редните броеви (на пр. 28.02-the 28th of February). Потоа, во парови учениците ја решаваат вежба бр.4/стр.27. Тие прашуваат и одговараат за датумите следејќи го дадениот пример. Наставникот ги потсетува учениците на “wh-“ прашањата и на соодветниот начин на одговарање на истите. Потоа, учениците го слушаат аудиозаписот и ги заокружуваат соодветните “wh-“ прашални зборчиња (вежба бр.5). Вежба бр.6. Учениците ги поврзуваат деловите од речениците со соодветните датуми и речениците ги запишуваат во нивните тетратки. Потоа, на компјутер решаваат интерактивни вежби (http://eolf.univ-fcomte.fr/uploads/ressources/gr ammar/10_numbers%20-dates/05g_dates/01.htm ) и (http://www.adelescorner.org/vocab/the_date/date2 .html )

Upload: jasjasmin

Post on 26-Dec-2015

65 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

DNEVNI

TRANSCRIPT

Page 1: Час-61-V-одд-20-02-2013-Вежби- редни броеви и “wh-“ прашања

План за час по англиски јазик

Одделение петто одделениеНаставна тема Тема бр.4- Основни математички операции!Наставна единица 61. Вежби- редни броеви и “wh-“ прашањаДатум 20.02.2013Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на редните броеви до 31 преку искажување на датуми

да ги увежба “wh-“ прашањата и соодветните одговори на истите

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Проверка на домашната работа на учениците од страна на

наставникот.Наставникот запишува неколку броеви на таблата, а од учениците бара да му ги напишат соодветните редни броеви. Потоа, со употреба на постер, учениците ги именуваат месеците во годината.

Главен дел (20 мин) Наставникот го поучува искажувањето датуми со употреба на редните броеви (на пр. 28.02-the 28th of February). Потоа, во парови учениците ја решаваат вежба бр.4/стр.27. Тие прашуваат и одговараат за датумите следејќи го дадениот пример.Наставникот ги потсетува учениците на “wh-“ прашањата и на соодветниот начин на одговарање на истите. Потоа, учениците го слушаат аудиозаписот и ги заокружуваат соодветните “wh-“ прашални зборчиња (вежба бр.5).Вежба бр.6. Учениците ги поврзуваат деловите од речениците со соодветните датуми и речениците ги запишуваат во нивните тетратки. Потоа, на компјутер решаваат интерактивни вежби (http://eolf.univ-fcomte.fr/uploads/ressources/grammar/10_numbers%20-dates/05g_dates/01.htm ) и (http://www.adelescorner.org/vocab/the_date/date2.html )

Завршен дел (10мин) Вежби бр.7 и 8. Учениците го слушаат и повторуваат дијалогот даден како пример. Потоа, во парови прашуваат и одговараат за нивните родендени.

Наставни средства и помагала

Учебници, училишен прибор, табла, креда, CD, CD плеер,постер со месеците во годината, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на практична работа, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Page 2: Час-61-V-одд-20-02-2013-Вежби- редни броеви и “wh-“ прашања

наставни предмети со математика (редни броеви)

Додатна активност Учениците решаваат квиз (http://esl.fis.edu/vocab/q12m/math3.htm) каде треба да ги поврзат датумите искажани со зборови со датумите искажани со броеви за колку што можат помалку време.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (искажување на редни броеви и на датуми, вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги именуваат редните броеви и искажуваат датуми.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на редните броеви и на месеците во годината. Потоа, преку вежби го увежбаа искажувањето на редните броеви и на датуми. Сите ученици учествуваа во предвидените активности. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот. Најинтересни активности им беа вежбите од Интернет, а кога би го одржала повторно истиот час не би променила ништо бидејќи мислам дека часот беше исполнет и интересен за учениците.