Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

44
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 76 од 01.12.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОГОЛЕМО ПРОЗВОДСТВО И - ИЗВОЗ! ТРАНСПАРЕНТНОСТ, КОНКУРЕНТНОСТ И ЕФИКАСНОСТ НА ВОСПОСТАВЕНИОТ СИСТЕМ НА ЈАВНИ НАБАВКИ Средба на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија со Горан Трајковски, директор на УЈП и неговите соработници Бранко Азески со предлог на Конференцијата за унапредување на извозот Иницијатива за унапредување на соработката на бизнис-заедницата и Бирото за јавни набавки ЗАШТИТА НА ЛЕГАЛНАТА ЕКОНОМИЈА СО ЗАОСТРУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 24-Mar-2016

266 views

Category:

Documents


10 download

DESCRIPTION

Неделен бизнис информатор на Стопанската комора на Македонија

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 76 од 01.12.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОГОЛЕМО ПРОЗВОДСТВО И - ИЗВОЗ!

ТРАНСПАРЕНТНОСТ, КОНКУРЕНТНОСТ И ЕФИКАСНОСТ

НА ВОСПОСТАВЕНИОТ СИСТЕМ НА ЈАВНИ НАБАВКИ

Средба на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија со Горан Трајковски, директор на УЈП и неговите соработници

Бранко Азески со предлог на Конференцијата за унапредување на извозот

Иницијатива за унапредување на соработката на бизнис-заедницата и Бирото за јавни набавки

ЗАШТИТА НА ЛЕГАЛНАТА ЕКОНОМИЈА СО ЗАОСТРУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА

Page 2: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ИНФРАСТРУКТУРНО ПОВРЗУВАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕНА НЕТАРИФНИТЕ БАРИЕРИ

Коридорот 10 ни е исклучиво важен. Според нашите информации, Македонија веќе го направи оној дел од Куманово до граница, до Табановце. Ние до 2013 година ќе го завршиме другиот дел, но на тешкотии наидовме кога се открија некои археолошки наоѓалишта во близина на Бујановац и Врање, па сега мора да се биде внимателен и тоа одзема време. Во врска со авионскиот превоз, имаме по три лета дневно, два од Скопје и еден од Охрид и тие авиони секогаш се полни. Еден од завршените проекти од српската страна, до нашата граница е далекуводот Ниш - Скопје. Буквално пред неколку дена е финиширан и сега е на македонската страна да го заврши својот дел за да се поврзе целата мрежа. Ова е многу важно за двете земји - кога ние ќе имаме вишок струја таа ќе оди кај вас, и обратно. Друг значаен инфрастурктурен проект е изградбата и поврзувањето за Јужен тек, да се поврзе Македонија, ние сме подготвени да помогнеме. И секако Карго 10 ќе го споменам. Словенија, Хрватска и Србија добија многу со овој проект. Времето е пари, а секое задржување на стоката поради бавна железница или, воопшто, лоша инфраструктура е губиток. Ни требаат договори и спогодби за надминување на нецарински бариери Мора да се усогласиме за меѓусебно признавање на трговските документи, лабораториски анализи, фитосанитарни и ветеринарски уверенија, стандарди на квалитетот. Границата треба да ни биде како таа меѓу Австрија и Германија, да постои само за да одбележи некаков територијален интегритет, меѓутоа во основа да зближува.

(Томислав Ѓурин, Амбасадор на Република Србија во Република Македонија)

ВИНСКА ЗЕМЈА ВО КОЈА НЕ СЕ ПИЕ ВИНО

Сакаме да се декларираме како винска земја, меѓутоа доколку ја погледнеме статистиката за консумацијата на вино по жител, тогаш ќе видиме дека бројките се поразителни. Само за илустрација, Словенија, која по површини на лозови насади, производство на вино и по население е слична со Македонија, има потрошувачка од 50 литри по жител. Тоа значи дека целокупното годишно производство го консумираат самите.

Причини за ниската потрошувачка на вино во Македонија има повеќе, а една од главните е тоа што македонските вина на домашниот пазар се преценети, односно се продаваат за нереално висока цена во маркетите. Затоа, ние решивме да водиме една политика на фер цени со цел да направиме виното повторно да биде достапно за сите граѓани, без притоа да се има компромис со квалитетот. Нормално, ова можеме да го правиме бидејќи целото производство ни се базира исклучиво на сопствените лозови насади, каде што имаме строга контрола на квалитетот. (Дане Јованов, генерален директор на „Стоби“)

МАКЕДОНИЈА ФОКУСИРАНА НА КЛАСИЧЕНИЗВОЗ, НО ИМА МНОГУ ДРУГИ МОДЕЛИ

Македонија најмногу се фокусира на класичен извоз, но постојат и други модели, како што се лиценцирање на производи, проектот „Клуч на рака“, франшиза на производ, заедничко вложување, супсидијари во целосна сопственост. Компаниите треба да размислуваат за директни инвестиции или заеднички вложувања во други земји, што во голема мера ќе го зголеми пласманот на странските пазари. Во последните неколку години се склучени меморандуми за соработка со Обединетите Арапски Емирати и со Катар, со што се отвораат врати за наоѓање партнер за извоз во овие земји. Единствен начин за намалување

на царините за извоз во Русија, пак, е пристапувањето на оваа земја во Светската трговска организација, што се очекува следната година. Тоа ќе ги намали руските царини за 30%.

(Крум Ефремов, директор во Директоратот за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Нелојалната конкуренција нанесува голема штета на легалната економија, а дел од неа произлегува од затајувањето на даночните обврски или од неевидентираните учесници во бизнисот од Управата за јавни приходи. Повикувајќи се на Повелбата за правата на даночните обврзници, покрај професионална и коректна услуга, за бизнис-заедницата најважно е УЈП да обезбеди сите даночни обврзници да го

платат само оној износ што го должат согласно законот, ни повеќе ни помалку. Ова беше побарано на денешната седница на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на која се расправаше за соработката на бизнис-заедницата и Управата за јавни приходи. Членовите на Управниот одбор имаа средба со Горан Трајковски, директор на Управата за јавни приходи на РМ и со неговите соработници. -Се` уште неразрешените, а досега покренати прашања, упатуваат на фактот дека воспоставената соработка меѓу Комората и УЈП треба да се унапредува и континуирано да се одржува, - нагласи Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија. – Всушност, Стопанската комора на Македонија, во интерес на своите членки, ќе оствари активна соработка со УЈП за успешна реализација на проектите, предвидени со Програмата за работа на Владата на РМ за периодот 2011-2015 година, во делот на реформите во даночната политика и практика, а пред се` во обезбедувањето финансиска дисциплина. Стопанската комора на Македонија се залага за зајакнување на финансиската дисциплина и во тие рамки ги поддржува активностите и мерките на УЈП за доследно спроведување на одредбите од Законот за фискализација на плаќањата и издавање на фискални сметки, во функција на почитување на принципите на конкурентност на пазарот од страна на сите стопански субјекти. Горан Трајковски го информираше Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за преземените активности и мерки кои се во правец на подобрување на бизнис-

климата во земјава. - Се враќа заострената казнена политики во врска со даночните затајувања. Предвидуваме укинување на годишните даночни обврзници. Преку нив се остваруваа бројни даночни затајувања, бидејќи во периодот кога тие требаа да ги намируваат своите даночни обврски ги ликвидираа своите фирми. За градежништвото, и за неколку други гранки,

меѓу кои и за откупот на секундарни суровини, ќе се воведе системот „еден потфат – еден даночен обврзник“, – истакна само дел од измените кои ги очекуваат даночните обврзници во 2012 година и натаму. Поголемиот дел од нив се наменети за малите и средни компании, – нагласи Горан Трајковски. - Имаме тешка борба со даночните затајувачи, но нема да попуштиме. Но во таа борба имаме и се` поголем број сојузници. На бесплатниот број на УЈП лани имавме само 1200 јавувања, а годинава за десет месеци тој број е зголемен на 17.000.

Зоран Костовски, директор во фармацевтската индустрија „Алкалоид“ од Скопје, повторно побара да се овозможи пребивање меѓу даночните обврски и даночните побарувања во моментот на царинењето. Со тоа ќе се даде значаен придонес во премостувањето на финансиските проблеми во тековното работење, а посебно во кризни услови на стопанисување. Имено, уште во 2009 година, од бизнис-заедницата беше предложен концепт за пребивање на царинските и даночните обврски,

односно пребивање на барањата за поврат на ДДВ со обврските за плаќање на ДДВ при увоз на стоките. Стопанската комора на Македонија предлага и нов модел на наплата на ДДВ. Имено, доколку иницираниот предлог за пребивање не се реализира, и покрај расположивите технички предуслови да се унифицира постапката меѓу Управата и Царината, кризните состојби ќе наметнат неминовна потреба од воведување на нов модел на наплата на ДДВ, сметаат во Комората, кој ќе ги елиминира проблемите при повратот на ДДВ. Д-р Горан Рафајловски, сопственик на компанијата „Рафајловски консалтинг“, побара претставници на компаниите да бидат вклучени во даночната едукација во рамките на новоотворената Даночна академија на УЈП, но и што поскоро да се донесе закон за даночни советници. Таков законски проект би ги елиминрал разните квази-советници, често и од странство, кои повеќе им ја отежнуваат работата на компаниите отколку што им помагаат. - Потребно е да почне повратот да се враќа месечно, како што и ние ги плаќаме даноците, – истакна Благој Стојчев, сопственик на компанијата „Млин Стојчев“. – Главната грижа треба да е насочена кон стопанството, бидејќи тоа ќе ја закрепне државата, а не „сивата“ економија. На седницата беше нагласено дека Стопанската комора на Македонија ќе се вклучи во реализацијата на проектите кои се во функција на бараното поедноставување на постапките, со цел намалување на административните трошоци. Тоа се однесува на:

- Е-даноци - доставување на даночните пријави, увид во даночните картички, преглед на евиденцијата за платените даноци и слично;

- Е-ДДВ - воспоставување систем на нумерирани фактури со што ќе се намали потребата за инспекциски надзор во делот на контрола на веродостојноста на ДДВ-фактурите;

- Е-регистарот за статусна промена за даночни цели - можност електронски да се пријават статусни промени во УЈП;

- GPRS во фискализацијата - воведување систем за следење во реално време на готовинските плаќања и прометот, со што ќе се намалат теренските контроли (реализација: јуни 2012 година, пилот-фаза со вклучување на големите трговски синџири, бензински пумпи и казина и обложувалници, а целосна реализација до крајот на 2014 година);

- Е-аукции - продажба на запленета стока эа наплата на даночните долгови (декември 2011 година);

- потсетници за плаќање и индивидуални даночни сметки за забрзување на наплатата - доставување на СМС-пораки или известувања по електронска пошта за даночните обврски (март 2012 година) и слично.

УСОГЛАСУВАЊА

Средба на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија со Горан Трајковски, директор на УЈП и неговите соработници

ЗАШТИТА НА ЛЕГАЛНАТА ЕКОНОМИЈА СО ЗАОСТРУВАЊЕНА ФИНАНСИСКАТА ДИСЦИПЛИНА

Page 4: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ИНИЦИЈАТИВИ

- Пред да се случи извозот треба да се создаде производ. Ние, земјите од регионот, се соочуваме со проблемот на немање производ којшто може да биде еволуиран на интернационалниот пазар. Значи, нам ни е потребна, покрај оваа конференција, и конференција за реиндустријализација на

земјата, и тоа ургентно, – предложи Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија на пленарниот дел на Седмата конференцијата за унапредување на извозот, што ја организираше Министерството за економија (29.11.2011 година). На седницата присуствуваа м-р Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашања и претседателите на деловните асоцијации од земјава. Притоа, беше заклучено Владата и бизнис-заедницата заеднички да работат на унапредување на извозот преку имплементација на стратегии и создавање на конкурентни производи. Се разговараше конкретно за натамошните активности што би требало да се реализираат на овој план. Од Владата посочуваат дека интенција е да се зголеми бројот на македонски компании кои извезуваат, како и количините на извоз. Очекуваат продолжување на трендот на зголемување на извозот и преку економските промотори

да се помогне настапот на македонските компании на странските пазари. - Сега само пет проценти од активните компании во Македонија реално се занимаваат со извоз. Ќе настојуваме тој број да го зголемиме, а се разбира и структурата која во овој момент во голем дел

се производи со низок степен на додадена вредност. Сепак, од годинава веќе структурата на извозот се менува како резултат на работата на компаниите во слободните економски зони, односно годишен извозен производ веќе не се само металите, туку и деловите од автомобилската индустрија што мислиме дека како тренд ќе продолжи имајќи го предвид бројот на слободни економски зони кои ги градиме, но и бројот на нови инвестиции кои беа најавени и чии фабрики почнаа да се градат, - изјави м-р Владимир Пешевски. Министерот за економија, Валон Сараќини, напомена дека Владата активно работи на поддршка на извозот и во таа насока посочи дека во соработка со Светската банка е подготвена стратегијата за промоција на извозот со конкретен акциски план. - Следејќи ги глобалните и ЕУ-трендовите на трговските политики за 2012 година, фокусот е на натамошна либерализација и интеграција на трговијата,

трансформирање на правилата за потекло и зајакнување на интернационализацијата на малите и средни компании. Во ЕУ само 13% од малите и средни компании се активни во странство. Големите и веќе надвор етаблирани компании се во позиција да ја повлечат интернационализацијата на малите компании, – подвлече Бранко Азески. Податоците на Еуростат покажуваат дека во 2008, 2009 и 2010 година учеството на увозот на ЕУ од регионот, значи регионалниот извоз е константен и изнесува 0,9% од вкупниот увоз на ЕУ. Во 2010 година, номинално тој изнесуваше 13,8 милијарди евра. Најголеми вредности што се извезени се од секторот горива и рударство (2,533 милијарди евра) и секторот опрема, каде што главно се работи за извоз на делови (2,572 милијарди евра). Регионалниот извоз по останатите сектори - земјоделие, текстил, хемија, одделно, не надминува 1, 800 милијарди евра. Што се однесува до нашиот увоз од ЕУ или нивниот извоз, тој има тренд на опаѓање. Во 2008 година истиот учествуваше со 2,5%, а во 2010 година со 2% во вкупниот извоз на ЕУ или 26,5 милијарди евра.

- Константноста на нашиот извоз и опаѓањето на нашиот увоз од ЕУ значи дека нашата стоковна структура и квантитет немаат напредок, – додаде Азески. - Искуствата на другите заслужуваат внимание. Република Турција, 16-та економија во светот денес, во 80-те години беше во позиција на статус кво – инертност што доведе да ја изгуби конкурентноста. Состојбата на тогашната “конструктивна криза“ ја искористи за нов циклус на структурни реформи, со цел креирање на отворен и конкурентен пазар кој ќе биде поволен за креирање на програмите за привлекување странски инвестиции, поттикнување на производството и извозот и подигнување на конкурентноста, – додаде Бранко Азески.

Бранко Азески со предлог на Конференцијата за унапредување на извозот

РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПОГОЛЕМО ПРОЗВОДСТВО И - ИЗВОЗ!

Page 5: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

МОЖНОСТИ

Јасно поставените односи меѓу јавниот и приватниот сектор е значаен сигнал на стопанствениците за зајакнување на нивната конкурентна способност за да имаат поголем успех во тендерските постапки, а јавниот сектор - во улога на претприемач, применувајќи го начелото на добар стопанственик и давајќи им на сите еднакви можности, добива прилика да избере оптимална

пазарна понуда. Ова беше истакнато на денешната редовната прес-конференцијата на тема: „Електронскиот систем за јавни набавки – транспарентни и бесплатни информации за новообјавените огласи “ (28.11.2011 година). На седницата присуствуваше и м-р Маре Богева-Мицовска, директор на Бирото за јавни набавки. -Со учество од 11-12% на јавните набавки во БДП, државата претставува значаен стопански „играч“ во Република Македонија. Нејзините активности, како и бројот и износот на финансиските трансакции, значајно влијаат на севкупната стопанска активност во земјата. Со цел ова влијание да биде максимално позитивно и поттикнувачко на економските активности во приватниот сектор, градиме интеракција меѓу државата и другите стопански сектори, за што е можно поефикасно и поправедно ниво, - истакна Стојмирка Тасевска од Стопанската комора на Македонија. Со цел да се покренат одредени прашања и да се разјаснат сите дилеми

и проблеми со кои секојдневно се среќаваат стопанствениците во делот на јавните набавки, на прес-конференцијата беше истакнато дека Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, на седницата одржана на 26.10.2011 година, заедно со м-р Маре Богева-Мицовска, директор на Бирото за јавни набавки и нејзините соработници, расправаа за транспарентноста, конкурентноста и

ефикасноста на воспоставениот систем за јавни набавки. Бизнис-заедницата ја потврди јавно изнесената оценка на Европската комисија, дека согласно препораките на ЕУ, како и одредбите на ЕУ директивите за јавни набавки, имаме на високо ниво усогласена правна рамка за јавните набавки. Но, двете страни констатирале дека имаат заедно обврска и суштински да се обезбеди спроведување на конзинстентен и ефикасен систем на јавни набавки, како и да се обезбеди јакнење на административниот капацитет како кај договорните органи, исто така и кај економските оператори. При тоа, се изнесе дека тешкотиите со кои се судираат договорните органи и економските оператори при практичното спроведување на постапките за доделување на договорите за јавни набавки, но и воочените неправилности во нивното спроведување, би се надминале преку унапредување на системот на јавните набавки во Република Македонија, на што треба

заедно да се работи. Имајќи ги предвид дискусиите, Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија усвои заклучок на секоја наредна седница да се разгледуваат проблемите со кои се соочуваат компаниите во делот на јавните набавки, за истото редовно да се информира Бирото за јавни набавки, со цел решавање на проблемите поврзани со

имплементацијата на прописите од областа на јавните набавки на начин како што се и уредени. Во тој контекст е и користењето на Електронски систем на јавни набавки (ЕСЈН), согласно деталните упатства, за што Стопанската комора на Македонија има Барање за дирекно учество на членките во подобрувањето на услугите кои ги дава Бирото за јавни набавки на економските оператори. Инаку, системот на јавни набавки во Република Македонија е уреден со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” број 136/2007), Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” број 130/2008,

број 97/2010) и број 53/2011), како и со подзаконските акти донесени врз основа на наведените закони. Постојната правна рамка започна да се развива во втората половина од 2007 година, а истата е во примена од почетокот на 2008 година. Изминатите четири години се доволен временски период да се увидат придобивките и слабостите на законските прописи и да се направи посеопфатна измена и дополнување на истите. Согласно препораките на ЕУ, како и одредбите на ЕУ-директивите за јавни набавки, покрај усогласената правна рамка за јавните набавки, основното начело е дека постои обврска и суштински да се обезбеди спроведување на конзистентен и ефикасен систем на јавни набавки, како и да се обезбеди јакнење на административниот капацитет, за која цел институционалната соработка ќе биде на што е можно повисоко ниво на тој план.

Стопанската комора на Македонија со иницијатива за унапредување на соработката на бизнис-заедницата и Бирото за јавни набавки

ТРАНСПАРЕНТНОСТ, КОНКУРЕНТНОСТ И ЕФИКАСНОСТ НА ВОСПОСТАВЕНИОТ СИСТЕМ НА ЈАВНИ НАБАВКИ

Page 6: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

СЛУЧУВАЊА

Генерално собрание на Асоцијацијата на балканските комори во Софија

ДОВЕРБАТА МЕЃУ ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОРМОЖЕ ДА ОБЕЗБЕДИ РАЗВОЈ И ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

Регионална и прекугранична соработка, соработка со слични организации, соработка во рамките на Дунавската стратегија, унапредување на соработката со медитеранскиот басен, поттикнување на женското претприемништво и унапредување на инвестициите - се некои од инструментите за ублажување на ефектите од економската криза во 2012 година – се сложија претставниците на националните комори на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Македонија, Романија, Србија, Турција и Црна Гора на состанокот на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори, што се одржа на 23 ноември 2011 година во Софија. Во услови на економска криза, меѓусебната условеност бара зголемена економска и секаков друг вид соработка. Балканските бизнис-кругови, освен соработката во регионот, истата треба да ја прошират во соседството, а особено кон Европа. Исто така, се инсистира владите

да влијаат на намалување на тензиите во земјите на Северна Африка и Мадитеранот за да се зајакне економската соработка меѓу балканските земји и партнерите од овој басен. Со цел да се обезбеди силен, одржлив и избалансиран раст, сите членки на Асоцијацијата на балканските комори се сложија дека коморите треба да укажуваат на економските нарушувања и слабости во однос на одговорноста на политиките и тесно да соработуваат со слични, но и со владини организации. Со такво партнерство единствено може да се обезбеди унапредување на деловниот амбиент и решавање на конкретни

проблеми на компаниите-членки. Меѓусебната доверба на субјектите на пазарот, како и довербата меѓу приватниот и јавниот сектор, исто така, се гаранти за развој дури и во ригидните услови на криза. Претставниците на Асоцијацијата на балканските комори од Софија инсистираат кај владите да се преземат посебните мерки против корупцијата и „сивата“ економија за да може тие да се сведат на разумно ниво. Очекуваат намалување на административните бариери и разните оптоварувања на бизнисите, вклучувајќи го и отстранувањето на тарифните и нетарифните бариери согласно Договорот ЦЕФТА 2006. Заеднички е ставот дека мора да се престане со зголемување на директното и индиректното оданочување и на придонесите за социјална грижа, а таквите мерки треба да се пренасочат кон намалување на невработеноста. Заклучено е дека мора да се продолжи со процесот на подобрување на инвестиционата клима во регионот, каде што прв инвеститор е Европската унија. Паралелно со Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори се одржа и тркалезна маса на тема: „Еднакви можности на пазарот на трудот“. Целта беше, всушност, на регионално ниво да се охрабри женското претприемништво.

Денес во Европа женското претпиемништво учествува само со 30 отсто во вкупниот број на претприемачи, па затоа треба да се поттикне како една од алатките за намалување на невработеноста и фактор којшто ќе влијае на унапредување на националните и регионалните економии. Во рамките на Асоцијацијата на балканските комори основан Совет за женското претприемништво, кој треба да влијае врз негово поттикнување на ниво

на регионот, како и негово вмрежување и унапредување, согласно принципите за родова еднаквост на ЕУ. М-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија и Ирена Јакимовска, косопственик на компанијата „Комфи-ангел“ од Прилеп, ја претставуваа Стопанската комора на Македонија на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори во Софија, Република Бугарија.

Советување за Арбитражата во Стопанската комора на Македонија

ПОБРЗ И ПОЕФИКАСЕН НАЧИН ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ

Во Стопанската комора на Македонија на 29.11.2011 година се одржа советување на тема „Арбитражата како поефикасен и побрз начин на решавање на споровите“. На советувањето, кое наиде на позитивен прием кај присутните, беа разгледани прашањата поврзани со предностите на арбитражното судење во однос на судењето од страна на државните судови; формата, содржината и полноважноста на арбитражната спогодба;

постапките за поништување на арбитражни одлуки, како и постапката за признавање и извршување на арбитражни одлуки донесени во странство. Посебно внимание беше посветено на одредбите на новиот Правилник на Постојаниот избран суд – Арбитража (организациска поставеност, конституирање на арбитражниот суд, поведување и тек на постапката, арбитражна одлука). Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија во наредниот период ќе ги насочи своите активности кон промоција на работата на Арбитражата, со цел да ги информира компаниите како своите спорови да ги решат на побрз и поефикасен начин. Сите заинтересирани, за прашањата поврзани со Арбитражата и начинот на водење на постапката, можат слободно да не` контактираат.

Контакт:М-р Елена Милевска Штрбевска, секретар на Постојаниот избран суд-Арбитража при Стопанската комора на Македонија

Тел: 02/3244-023E-адреса: [email protected]

Page 7: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Цементарницата „Усје“ од Скопје го активираше членството во Стопанската комора на Македонија

АНГАЖМАН ВО ПРАВЕЦ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА БИЗНИС КЛИМАТА ВО ЗЕМЈАВА

Цементарницата „Усје“ од Скопје го активираше членството во Стопанската комора на Македонија. Имајќи го предвид знаењето и искуството во Цементарницата „УСЈЕ“ АД – Скопје, потврдено преку квалитетот на нејзините производи признат на градежниот пазар, активното учество на нејзините претставници во органите и телата на Стопанската комора на Македонија ќе дадат значаен придонес во подобрувањето на квалитетот на крајниот градежен производ – објектот, како и во градењето, односно подобрувањето на бизнис-климата за сите стопански субјекти од градежниот сектор. Цементарница „УСЈЕ“ АД – Скопје, формирана во 1955 година, во своето повеќе од педесет години постоење и развивање, покрај производството на цемент, својот асортиман на производи го има збогатено со хидраулично врзивно средство - усјемал, готов бетон и агрегати. Како членка на Групацијата ТИТАН - мултирегионален производител на цемент и останати сродни градежни материјали (формирана во 1902 година во Грција), континуираното е во процес на вложување во нови технологии и нова опрема. Покрај тоа, перманентната едукација на сопствените кадри, како еден од приоритетите во работењето на Цементарница „УСЈЕ“ АД – Скопје, резултираше со добиените меѓународни сертификати за имплементација на: - Системот за управување со животна средина ISO 14001:2004, со што ги има продлабочено своите напори за намалување на влијанието на активностите на компанијата врз животната средина и - Системот за заштита при работа OHSAS 18001, кој почна да го имплементира во април 2010 година, и за неполна година ја доби и Сертификацијата (јануари 2011 година). Цементарницата „УСЈЕ“ АД – Скопје, години наназад е во првите 20 од

200-те најголеми и најуспешни компании во нашата земја, а во 2010 година со остварен вкупен приход од 4,28 милијарди денари, и добивка пред оданочување од 1,6 милијарди денари, е рангирана на шестото место во оваа група.

Соработка на Т-Мобиле Македонија и Apple®ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНА iPHONE 4S

Т-Мобиле Македонија и Apple® објавија дека iPhone 4S, најимпресивниот смартфон до сега, веќе е достапен во Македонија и во Хрватска. iPhone 4S е опремен со неверојатни нови карактеристики, вклучувајќи чип А5 со двојно јадро на Apple за моќни и брзи перформанси и фантастична графика, сосема нова камера со напредна оптика, видео снимање со целосна HD резолуција од 1080p и Siri, интелигентен асистент кој ви помага да ги завршите сите работи само со поставување на прашање.

До крајот на годината iPhone 4S ќе биде достапен во повеќе од 70 земји. iPhone 4S може да биде во црна или во бела верзија за моделот од 16ГБ по цена од 11.450 ден. За моделот од 32ГБ - 17.450 денари и 23.540 денари за моделот од 64ГБ. Отсега iPhone 4S е достапен и за купување и на рати.

“Жито лукс” од Скопје ДОНАЦИЈА ЗА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕНА ОПШТАТА БОЛНИЦА ВО ВЕЛЕС

Детското одделение во Општата болница во Велес доби донација од „Жито лукс”. Со првиот дел од донацијата се набавени три медицински болнички кревети со тркала, три душека и едно медицинско детско креветче со душек. - Со изборот на Детското одделение за својата донација „Жито лукс” покажа дека се грижи за најмалите и за оние на кои им е најпотребна помош. Со оглед на досегашната состојба на Детското одделение, донацијата од „Жито лукс” и вклучувањето на граѓаните на Велес беше добредојдена и неопходна за создавање место каде што престојот на децата е чувствителен и деликатен. Се надеваме дека оваа акција ќе биде иницијатор и пример за многу други кои ќе сакаат да и` помогнат на болницата и пациентите, - изјави директорот на Општата болница, д-р Ванчо Граматов, а го цитира скопски „Вечер“.

Додека Детското одделение се опремува, акцијата на „Жито лукс” продолжува и понатаму, со секој купен леб се издвојуваат по два денара финансиски средства за доопремување на детскиот хируршки оддел во Општата болница во Велес. Целта на оваа донација од „Жито лукс” е подобрување на условите за најмалите пациенти, поточно децата кои се на постоперативен третман на хируршкиот оддел. „Жито лукс” ја започна хуманитарната акција во септември и веќе покажува резултати. Со донираните средства од „Жито лукс” се планира набавка на кревети, телевизори, масички, клима, фрижидер, инхалатори, аспиратори и останати потребни елементи кои ќе бидат сместени во детската соба на хируршкиот оддел. Акцијата продолжува до 15 декември 2011 година.

Page 8: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Здружението на банкарството расправаше за поголемо искористување на средствата од ИПАРД-Програмата

СО ЗАЕДНИЧКИ АНГАЖМАН ДО ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Со цел поголемо искористување на средствата од ИПАРД-Програмата преку детектирање на проблемите со кои се соочуваат банките при доставување на апликациите од страна на апликантите од една, но и анимирање на што поголем број на апликанти од друга страна, на 28.11.2011 година, беше организиран состанок во организација на Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија и Кабинетот на заменикот на

Претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања. На состанокот, освен претставници од Кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања, учество земаа и Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со соработници од Агенцијата, како и претставници од банките во РМ. На состанокот детално пред банките беше направена презентација од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за можностите кои ги нудат мерките

од Програмата ИПАРД (2007-2013). Потоа, беше направен краток осврт врз

досегашното искуство од реализацијата на Програмата ИПАРД (2007-2013) и склучениот Меморандум за соработка меѓу Здружението на банкарството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, при што беше заклучено дека има простор за проширување и дополнување на меморандумот. Исто така, на средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу Здружението на банкарството и Владата на Република Македонија во функција на зголемување на кредитирањето на субјекти во примарното земјоделско производство - откуп и преработувачката индустрија на земјоделски производи, во насока на подигање на свеста кај земјоделците за можноста од користење на средствата од

Програмата ИПАРД (2007-2011) и поддршка на истите. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Тони Димовски потенцира дека преку отворањето на трите мерки од Програмата се отвОра можноста за банкарскиот сектор. Постои простор за продлабочување на соработката, при што, банките би требало да понудат свои услуги на земјоделците во иднина со цел подобро искористување на средствата од Програмата. За разлика од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството која е наменета за примарните производители, Програмата за рурален развој и ИПАРД-Програмата имаат инвестициски карактер. Тони Димовски истакна дека досега, во изминатите три години, Македонија искористи само 6,5 милиони евра (односно 13 милиони евра инвестиции во земјоделството) од расположивите 85 милиони евра или приближно 8%. Исто така, директорот на Агенцијата наведе дека Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и ресорното министерство водеа кампања за едукација, пред се`, на малите индивидуални производители, но сепак се наметнува активно партиципирање од страна на банките и следење на

Програмата. Благоја Муканов, советник во Кабинетот на заменикот на Претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања ја истакна подготвеноста на државата да помогне на банките со цел да ги охрабри во давањето услуги и помагањето на апликантите од земјоделскиот сектор. На средбата беше истакнато дека Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството за земјоделие во насока на подобра информираност и охрабрување во процесот на аплицирање во следниот период ќе организираат трибини за едукација, информирање и размена на сите потребни информации за ИПАРД Програмата.

Одржан работен состанок на претставниците на Здружението на банкарството и претставници на КИБС

ПОДГОТОВКИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ПЛАТЕН ИНСТРУМЕНТ ЗА ДИРЕКТНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ - НАПЛАТА

Во Стопанската комора на Македонија, на 29.11.2011 година, се одржа работен состанок на претставниците на Здружението на банкарството и претставници на КИБС, на тема: “Подготовки за воведување на платен инструмент за директно задолжување - наплата во РМ, по СЕПА-стандардите” М-р Јелисавета Георгиева, извршен директор на Комората, потенцира дека состанокот се одржува на барање на КИБС како членка на Здруженито на банкарството, а истиот е во рамките на Проектот на КИБС за електронски директни задолжувања, како исполнување на препораките на Националниот совет за платни системи и

дополнување на активностите на работната група за електронски директни задолжувања на Националниот совет за платни системи. Во рамките на својата презентација, м-р Никола Паункоски од КИБС, ги запозна присутните со историјата, односно со развојот на шемите на директно задолжување

ПРОЕКТИ

Page 9: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

преку краток осврт врз тоа што претставува Европскиот платен совет и како истиот настанал. Во тие рамки беа претставени и основните цели и визии на оваа шема, а заради создавање на единствена европска платна област. Своето излагање го продолжи со презентирање на платните инструменти за нејзино спроведување, како и тоа кој се` може да се јави како договорна страна во оваа шема на директни задолжувања со реален приказ на поволностите и ризиците, како за доверителите, така и за должниците и банките. Деталниот приказ на бизнис-правилата под кои се одвива овој процес беше проследен со претставување на логички и физички податоци, како и е-рамката, клириншката и, секако, правната рамка со која е регулирана оваа проблематика. Беше претставен и анализиран и Македонскиот проект на шеми за директно задолжуваање.

По точката за Деловни правила за основната шема за директно задолжување, презентација имаше Лилјана Јоскоска од КИБС. Таа го потенцираше поимот шема за директно задолжување преку презентација на Правилникот за основната шема за директно задолжување, според кои физички и правни лица можат да бидат т.н. актери во шемата на директни задолжувања со објаснување на договорните односи кои се воспоставуваат во рамките на овие околности. Исто така, беше презентиран начинот на кој се бираат учесниците кои формираат т.н. листа од која се бираат само оние кои се подобни за учество. Воедно, беа презентирани и обврските кои би ги имала банката на доверителот, обврските на доверителот, обврските на банката на должникот, обврските на должникот, како и условите за престанок на учесникот. На крајот беа потенцирани погодностите кои ги нуди шемата на директни задолжувања преку анализа на видовите на директни задолжувања со детално објаснување на целиот процес за нивнотот спроведување На работниот состанок со присуство на над 40 претставници од деловните банки во РМ беше истакната предноста на СЕПА - Direct Debit во однос на сегашните кредитни плаќања. Посебно беше истакнато дека СЕПА - Direct Debit се користи за повторливи плаќања како струја, вода итн., како и за

набавка на крупни работи. Претставниците на КИБС посочија дека СЕПА - Direct Debit се планира да почне да се реализира од следната година.

Подготовки за воведување на платен инструмент за директно задолжување - наплата во РМ, по СЕПА-стандардите

ДЕТАЛЕН ПРИКАЗ ПРЕД КОМПАНИИТЕ-ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Во Стопанската комора на Македонија, на 30.11.2011 година, се одржа работен состанок на претставниците на компаниите од повеќе здруженија во Комората со претставници на КИБС, на тема: “Подготовки за воведување на платен инструмент за директно задолжување - наплата во РМ, по СЕПА-стандардите”. Состанокот се одржува на барање на КИБС како членка на Комората, а истиот е во рамките на Проектот на КИБС за електронски директни задолжувања, како исполнување на препораите на Национаниот совет за платни системи и дополнување на активностите на Работната група за електронски директни задолжувања на Националниот совет за платни системи. Во рамките на својата презентација м-р Никола Паункоски од КИБС ги запозна присутните со историјата, односно со развојот на шемите на директно задолжување

преку краток осврт врз тоа што претставува Европскиот платен совет и како истиот настанал. Во тие рамки беа претставени и основните цели и визии на оваа шема, а заради создавање на единствена европска платна област. Своето излагање го продолжи со презентирање на платните инструменти за нејзино спроведување, како и тоа кој се` може да се јави како договорна страна во оваа шема на директни задолжувања со реален приказ на поволностите и ризиците како за доверителите, така и за должниците и банките. Деталниот приказ на бизнис-

правилата под кои се одвива овој процес беше проследен со претставување на логички и физички податоци, како и е-рамката, клириншката и, секако, правната рамка со која е регулирана оваа проблематика. Беше претставен и анализиран и Македонскиот проект на шеми за директно задолжуваање. По точката за деловни правила за основната шема за директно задолжување, презентација имаше Лилјана Јоскоска од КИБС. Таа го потенцира поимот шема за директно задолжување преку презентација на Правилникот за основната шема за директно задолжување, кои физички и правни лица можат да бидат т.н. актери во шемата на директни задолжувања со објаснување на договорните односи кои се воспоставуваат во рамките на овие околности. Исто така беше презентиран начинот на кој се бираат учесниците кои формираат т.н. листа од која се бираат само оние кои се подобни за учество. Воедно, беа презентирани и обврските кои би ги имала банката на доверителот, обврските на доверителот, обврските на банката на должникот, обврските на должникот, како и условите за престанок на учесникот. На крајот беа потенцирани погодностите кои ги нуди шемата на директни задолжувања преку анализа на видовите на директни задолжувања со детално објаснување на целиот процес за нивнотот спроведување.На работниот состанок со присуство на над

40 претставници од повеќе здруженија, во Комората беше истакната предноста на СЕПА - Direct Debit во однос на сегашните кредитни плаќања, посебно тоа дека СЕПА - Direct Debit се користи за повторливи плаќања како струја, вода итн., како и за набавка на крупни работи. Претставниците на КИБС посочија дека СЕПА - Direct Debit се планира да почне да се реализира од следната година.

ПРОЕКТИ

Page 10: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

М-р Димитар Богов ги соопшти најновите согледувања на НБРМ за економијата догодина

РАСТ НА БДП ОД 3 ОТСТО, ИНФЛАЦИЈА ОД 2 ОТСТО И СТАБИЛЕН ДЕНАР

До крајот на годинава остануваат непроменети проекциите за растот на реалниот БДП од околу 3,5 отсто, инфлацијата ќе забави и се очекува да изнесува 3,9 проценти наспроти претходно предвидените 4,5, дефицитот во тековната сметка се проценува на 4,8 отсто од БДП.

Ова се најновите согледувања на Народната банка што на прес-конференција ги соопшти гувернерот м-р Димитар Богов. Според него, во 2012 година се очекува раст на БДП од три отсто, значително забавување на инфлацијата на околу два процента и задржување на дефицитот во тековната сметка на нивото од оваа година. - Основната каматна стапка останува непроменета, на ниво од 4 отсто, со оглед на очекувањата за задржување на генерално поволниот амбиент за спроведување на монетарната политика до крајот на годинава, како и очекувањата за 2012 година, иако со понагласени негативни ризици поради неизвесноста околу должничката криза во еврозоната, напоменал Богов, а го цитира МИА. Ќе нема затегање на монетарната политика, денарот останува стабилен, а кредитниот раст ќе биде поумерен, околу 8 отсто. - Мерките кои евентуално ќе се преземат, ќе зависат од случувањата во еврозоната и од тоа како ќе се пренесат во Македонија. Минатото ни дава некои идникации како би

можеле да се префрлат негативните шокови. Во овој момент македонската економија стои многу добро. Нема нерамнотежи како во 2008 година по неколкугодишен интензивен раст. Дури и при поголем застој или рецесија во еврозоната, не очекуваме дека ќе дојде до продлабочување на нашата тековна сметка во платниот биланс зашто увозот и сега не е висок, објаснил Богов. Во овој момент, додаде, домашната побарувачка не е толку голема. Има негативен производен јаз кај БДП. Поради тоа НБРМ смета дека нема да има потреба за силни мерки,

но сепак ќе ја прилагодува монетарната политика зависно од ситуацијата и перцепциите на јавноста и економските агенти. - Единствена и крајна цел е задржување на макроекономската стабилност, ниска инфлација и стабилен девизен курс на денарот, потенцирал гувернерот. Според проценките на НБРМ, во 2012 година се очекуваат значителни капитални приливи, 7,7 отсто од БДП, раст на паричната маса од 9,8 проценти и значително забавување на растот на цените, односно два отсто просечна стапка на инфлација. Претпоставено е намалување на цената на нафтата и светските цени на храната, како и отсуство на притисоци од домашната побарувачка.

Стопанска банка

ДОНИРАН СОВРЕМЕН БРОНХОСКОПЗА ДЕТСКАТА БОЛНИЦА ВО КОЗЛЕ

Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле доби најсовремен бронхоскоп вреден 11.000

евра, донација од Стопанска банка АД - Скопје. Како што информираше д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот, апаратот е наменет за лекување на децата и тој овозможува визуализација на дишните патишта. Според него бронхоскопијата која ја работат на Институтот е на исто ниво како и во кој било центар во Европа.

- Овој месец капацитетот на болницата е максимално искористен и имаме 115 деца и 65 мајки, - вели Зафировски, а пренесува скопски „Вечер“. Доктор Софија Галбова вели дека во Институтот, кој е Републички центар за педијатриска бронхоскопија, годишно бронхоскопираат од 150 до 250 деца. Според неа, тоа укажува оти според стандардите на Европското респираторно здружение припаѓаат во големите европски центри. Претседателот на Управниот одбор на Стопанска банка АД -. Скопје, Глигор Бишев, посочи дека со Институтот соработуваат подолг временски период. - Ни беше задоволство да го набавиме овој апарат и да го донираме. Дониравме и постелнина за да можат дечињата подобро да се чувствуваат кога ќе биде реализирана интервенцијата за утврдување на соодветната дијагноза. Со тоа Стопанска банка ја заокружува годината со препознавање на неколку проекти за децата, а тоа беше поддршката на Домот за доенчиња во Битола, на Детскиот креативен центар и Зоолошката градина во Скопје, – истакнува Бишев.

ТТК Банка

НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ – МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

На 23 ноември 2011 година се одржа Државен натпревар во претприемништво, за средношколци на возраст од 15 – 18 години од 20 училишта од Македонија. Настанот е

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Page 11: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО во рамките на проектот “Вештини за вработување” (Skills for employability) во организација на Британскиот совет на кој оваа година партнер од бизнис заедницата беше ТТК Банка. Учеството на ТТК Банка на овој настан како партнер од бизнис заедницата, претставува доказ за посветеноста на ТТК Банка на полето на поддршката на едукацијата на младите како и развојот на претприемачкиот дух. На овој начин, ТТК Банка ги мотивира младите генерации активно да учествуваат во проширување на нивното знаење и равој на професионални вештини и го доближи деловниот свет на најмладите.

ТТК Банка ја постави задача на учениците, кои формирани во тимови за одреден временски период имаа предизвик да развијат дебитна картичка наменета за младите. Во текот на работниот ден, учениците имаа можност да научат како се развива и промовира еден производ, да го истакнат својот истражувачки дух при реализација на своите идеи, да ја истакнат креативноста и иновативноста. ТТК Банка ги награди првите три тимови кои одговорија на предизвикот, кои според евалуациите на стручното жири ја изработија задачата. За најдобро решение беше прогласено решението на тимот на ДСУ ”Р.Ј. Корчагин” кои се добитници на парична награда од по 6.000 денари за секој член од тимот. Второнаградениот тим е добитник на парична награда од ТТК Банка од по 4.000 денари за секој член на тимот од ДСУ ”Јане Сандански” од Струмица и по 3000 денари, за членовите на третонаградениот тим од ДСУ ”Јосип Броз – Тито.

Месец на штедење во ТТК Банка

ЗА СИГУРНА ИДНИНА НА НАЈМЛАДИТЕ

Месецот на штедење во ТТК Банка, кој се организираше по повод Светскиот ден на штедењето (31 Октомври) се реализираше успешно. ТТК Банка организираше бројни активности и едукативни настани во сите градови низ Републиката, со цел да се посвети посебно внимание на сите штедачи како и да потенцира колку е важно штедењето. Посебно внимание во Месецот на штедење беше посветено на најмладата популација, беа организирани едукативни посети во повеќе детски градинки низ Републиката во банката но и посети од страна на младите во Банката. Преку едукативни игри, детски песни и квизови, децата имаа можност да научат што значи штедењето, како можат тие да заштедат и што можат да си овозможат со нивната заштеда. За најверните штедачи во банката, ТТК обезбеди и пригодни подароци. ТТК Банка започна интересен начин на промоција на штедењето,

преку анимирање на публиката кои се фанови на facebook страната на банката. Корисниците имаа можност да постираат совети и сугестии за штедењето, односно практични примери како да се штеди. ТТК Банка ги изненадеи најактивните корисници со награда. На онлајн истражувањето кое го спроведе ТТК Банка по повод штедењето, резултатите покажаа дека најголем процент од граѓаните (38%) одговорија дека штедат за сигурна иднина на своите деца, 14% од граѓаните штедат за купување/реновирање на стан/куќа, 12% за “црни денови”, додека 9% од корисниците за подмирување на трошоците. ТТК Банка како Банка со високо изградена Општествена одговорност, и понатаму ќе продолжи со реализација

на слични активности бидејќи едукацијата и правилниот развој на најмладата популација е особено важна за ТТК Банка.

УНИБанка

ЛИДЕР МЕЃУ СРЕДНИТЕ БАНКИ

УНИБанка како резултат на своето успешно работење и добрите резултати, како и постојаната насоченост кон клиентите и во третиот квартал од своето работење ја покажа и ја зацврсти лидерската позиција во

групата на средни банки. Нето-активата во септември 2011 година достигнува ниво од 11.408,99 милиони денари, што значи зголемување на истата за 14,8% во однос на декември 2010 година (9.939,75 милиони денари). Заклучно со септември 2011 година остварен е позитивен финансиски резултат во износ од 50,365 милиони денари, кој во споредба со објавените резултати од другите банки е најдобар во групата на средни банки. Нето-каматните приходи во однос на истиот период во 2010 година се зголемени од 263,9 милиони денари на 302,5 милиони денари или за 14,6%. Во оваа позиција најголема позитивна промена е забележана кај расходите за камати од население кои се намалени за 14,2% како резултат на намалувањето на пасивните каматни стапки. Планираните приходи од камати заклучно со 30.9.2011 година се остварени со 95,4%. Закрепнувањето на реалната економија (зголемена лична и инвестициона потрошувачка, раст на извозот) ги задвижи активностите во платниот промет во земјата и во странство, со што во 2011 година остварените нето-приходи од провизии и надоместоци (100 милиони денари) бележат зголемување од 21,5%, во однос на истиот период од минатата година (82,3 милиони денари).

Page 12: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

КОМОРСКА СОРАБОТКА СО АМБАСАДИТЕ

Промотивен ден на Аргентина во Стопанската комора на Македонија

ВРАТА ЗА ВЛЕЗ НА ПАЗАРИТЕ ВО ЈУЖНА АМЕРИКА

Во насока на унапредување на економската соработка и интензивирање на трговските релации меѓу бизнис-секторот од Македонија и од Аргентина, преку доближување на аргентинското стопанство и неговите економски потенцијали до бизнис-заедницата од нашата земја, во Стопанската комора на Македонија беше одржан промотивен ден на Аргентина (30.11.2011).

Аргентина има површина од 3,8 милиони километри квадратни, од кои 2,8 се континентални и популација од 40,1 милион жители, од кои дури 98 отсто се писмени, а 92 отсто живеат во урбани средини. Бруто домашниот производ во 2010 година изнесувал 368,4 милијарди американски долари со БДП по глава на жител од 15.854 САД долари или 1.321 долар месечно. Невработеноста изнесува 7,7 отсто. Аргентина е голем производител на земјоделски производи, иако само 8 отсто од населението живее во рурални средини. Само годинава произведе 100 милиони тони. Земјата бележи годишен раст на бруто домашниот производ од 74 отсто во периодот од 2002 до 2009 година, а 9,2 отсто во 2010 година. Во првите два квартала од 2011 година растот на БДП е 9,9 отсто, а до крајот на годинава се очекува да изнесува 9 отсто. Карактеристично е што растот на БДП на Аргентина остана на исто ниво и за време на светската економска криза. Во мај годинава Аргенитна располагала со девизни резерви од 52,1454 милијарди американски долари. Аргентина е осма земја во светот по територија и втора во Јужна Америка. Таа е најголем светски извозник на соја и на био дизел, трет произведувач на генетски модифицирани производи, а четврта

по продукција и извоз на ТВ серии. Земјата има голем индустриски и иновативен капацитет, а поседува и свои сопствени сателити. Со соработката со Аргентина претприемачот добива можност за учество на целиот пазар на Јужна Америка. Аргентина е вратата за влез во јужноамериканската економска заедница МЕРКОСУР со пазар од 298 милиони потрошувачи, БДП од 3,3 билиони американски долари и 11.018 САД долари по глава на жител. Ова на македонските стопанственици им го порача Гилермо Салвадор Азрак, аргентинскиот амбасадор со седиште во Софија, кој е надлежен за Македонија, на денешната промоција и запознавање со аргентинската економија и пазар во Стопанската комора на Македонија. Тој посочи дека во МЕРКОСУР покрај Аргентина полноправни членки се и Бразил, Уругвај и Парагвај, а придружни Боливија, Чиле, Еквадор, Перу, Венецуела и Колумбија, и додаде дека Амбасадата на Аргентина во Бугарија е секогаш отворена за македонските бизнисмени. - Во моментов односите и размената меѓу Македонија и Аргентина се ограничени, но убеден

сум дека постои огромен простор соработката да се прошири. Постои можност не само за размена на стоки, туку и размена на знаења и ресурси за подобрување на состојбата во инустријата, изјави амбасадорот Азрак пред презентацијата. Нагласи дека Аргентина е лидер во производството на прехранбени производи и, како што рече, доколку постои потенцијал и интерес за развој на таа индустрија во Македонија, сигурен е дека аргентинските претпријатија би имале интерес да соработуваат со македонските. - Постои и можност за соработка на полето на енергетиката, бидејќи кај нас е развиена технологијата за добивање природен гас кој се користи кај автомобилите

и домаќинствата. Станува збор за специјална технологија која овозможува гасот да се дистрибуира до домовите во местата каде што не постојат гасоводи. Мислам дека веќе има иницијативи за искористување на ваквата технологија во Македонија, - рече Азрак. Трговската размена меѓу Македонија и Аргентина во 2010 година изнeсува 14,796 милиони САД долари, од кои на увоз отпаѓаат 14,764 милиони, а само 31.860 САД долари на извоз на производи од земјава. Заклучно со август годинава рамената меѓу двете земји изнесувала 12,9 милиони САД долари, од кои 9,773 се увоз на стоки од Аргентина, а 3,131 милион САД долари извоз на македонски производи. Најмногу од Аргентина увезуваме соја и замрзната риба по што следат пченка, лимон и кикиритки. Со оглед на недоволната билатерална трговска размена, како резултат на недоволното познавање на потенцијалите на двата пазара и на нивната географска оддалеченост, беше предложено во наредниот период да се одржат конкретни проекти и активности, со цел интензивирање на економската соработка меѓу двете земји.

Холанските експерти проценуваат дека Македонија има потенцијал за производство на квалитетно млеко, но мора и да инвестира

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ФАРМИТЕИ ЕДУКАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

-Холандија ја поседува експертизата и искуството во одгледување на добиток и би сакале да помогнеме во заживувањето на млечната индустрија во земјава, бидејќи Македонија има голем потенцијал. Но, исто така, оваа

индустрија ние ја гледаме како извор на вработување и приходи, - истакна

Page 13: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

КОМОРСКА СОРАБОТКА СО АМБАСАДИТЕ Мариет Шурман, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија, објаснувајќи ја идејата за работилницаta ‘’Здрав добиток - квалитетно млеко’’. На работилницата што ја организираа Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија присуствуваше и Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна и ветерина на Р. Македонија, потоа претставници на Министерството за земјоделие, како и млекопроизводители, млекопреработувачи, ветеринари, професори и стручни лица од оваа област. Во рамките на работилницата излагања имаа преставници на најреномираните холандски агенции и институции во оваа област, Veepro (h�p://www.veepro.nl) и УниверзитотWageningen (www.wageningenuniversi-ty.nl), како и претставник на најголемиот млекопреработувачки капацитет во Македонија. Темите на кои експертите и учесниците го споделија своето искуство и знаење, беа: менаџирање на краварски фарми и надминување на најчестите проблеми, третирање и исхрана на добитокот во (пре)сушен период и состојбата во Македонија , предизвиците и предлозите за подобрување.

Македонското млеко е квалитетно, дури и подобро од произведеното во некои земји-членки на ЕУ. Сепак, мора да се инвестира во модернизација на фармите и во дополнителна едукација на земјоделците, беше истакнато од учесниците. Но, според нив, неопходна е и соработка меѓу земјоделците кои веќе ги достигнале стандардите со оние чие производство е послабо развиено, како и примена на нови искуства од странство. За квалитетна млекопродукција, клучен фактор е избалансираната, квалитетна исхрана на добитокот во секој период од одгледувањето. Како што сугерираа холандските експерти, особено битен

за кравите е т.н. сушен период кој трае кратко, само два месеца и е подготовка за следната лактација. - Фармерите мора да работат на добрата физичка кондиција на грлата зашто најчесто е доцна и многу тешко да се поправат направените грешки од аспект на неправилната исхрана, истакна Рајнхаут Ван Гент, директор на холандски „Випро“. Според Стевче Пивковски од ДООЕЛ „Пивко“ – Битола, сточар и корисник на средства од ИПАРД-

Пограмата, повеќето македонски фарми треба да обезбедат квалитетна опрема, старите објекти комплетно да се реконструираат, шталите да се доградат, а производителите добро да се обучат. - Изминативе неколку години фокусот на ветеринарната политика во Македонија беше насочен кон прилагодување на домашната со европската легислатива. Со донесувањето на Законот за безбедбост на храната се оствари основната цел, загарантирано високо ниво на заштита на потрошувачите и на здравјето на луѓето. Законот за квалитет на земјоделските производи, пак, ги дефинира стандардите за пуштање во промет, но и условите за работа што треба да ги исполнуваат операторите со храна, - нагласи директорот на Ветеринарната управа Дејан Рунтевски во обраќањето. - Воспоставена е и правната основа за донесување секундарна регулатива во делот на млекото и млечните производи. Холандија во македонското земјоделство гледа огромен потенцијал и можност за отворање нови работи места. - Напорно работиме за да ја зголемиме билатералната трговија посебно во агросекторот. Земјоделството е потенцијален извор на голем број нови вработувања. Тоа е всушност и нашата мисија, да поттикнеме крерирање што повеќе нови работни места. Сакаме да ја интензивираме соработката

меѓу македонските и холандските компании, едните да видат што се бара на нашиот пазар, а другите да помогнат со експертиза, - додаде Мариет Шурман. Во Холандија годишно по грло се произведуваат 9.000 литри млеко, а вкупната продукција од расположивите 1,2 милиони млечни крави е 12 милијарди литри. Сточниот фонд во Македонија се намалува, велат од Федерацијата на фармери. Репрометријалите се скапи, особено добиточната храна. Годишната продукција на млеко по крава е 2.800 литри. - Литар млеко моментно чини 18 денари, а треба да биде најмлаку 19,8. Вистинските фармери никогаш не можат да бидат задоволни со цената. Предуслов за тоа е секој земјоделец да биде опслужен со земјиште според потребата на грлата, од 0,7 до 1 хектар за крава, но тоа кај нас го нема, - рече Пивковски. Како што истакна Ван Гент, цената на млекото во светски рамки ќе се зголемува зашто расне кинеската економија која засега е најголем потрошувач на млечни производи.

Резултат на соработката на Стопанската комора на Македонија со Амбасадата на Kралството Холандија во Македонија

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ХОЛАНДСКИ ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ БИЗНИСИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија организираа презентација на холандски програми за поддршка на мали и средни претпријатија (30.11.2011 година). Xоландската амбасадорка Мариет Шурман истакна дека станува збор за програми кои веќе постојат подолго време, но целта е дополнително да се информираат македонските компании за можностите за користење на холандска помош и условите за

Page 14: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

аплицирање. Холандската Влада, нуди четири програми за помош на малиот и средниот бизнис: - ММФ - Посредништво во пронаоѓање партнери во Холандија за трговија и инвестиции, (Мatchmaking facility - MMF); - ПСИ - Финансиски грантови за поддршка на инвестиции во нови производи и услуги на приватниот сектор (Private Sector Investments - PSI); - ПУМ програмата - oбезбедување експертиза од холандски компании за македонски компании и - ЦБИ– Центар за помош во надворешна трговија - заеднички инвестициски програми и планови на холандски и македонски фирми. Беа презентирани досегашни активности на ЦБИ во Македонија од страна на Питер Лихтарт и идни достапни програми за македонските претпријатија. Македонски компании кои досега најмногу користеле ваква помош се од областа на туризмот, земјоделството, производството на храна и текстил. За секој проект, посебно се одобруваат различни средства, но максималниот износ којшто една компанија може да го добие како грант е 750 илјади евра, а пример е компанијата „Стилкон“, која неодамна е отворена во Куманово.

Министерот за економија Ваљон Сарачини истакна дека Република Македонија има добри политички и економски односи со Кралството Холандија и подвлече дека оваа година и минатата година Холандија е прва во однос на инвестициите во Македонија. - Како Министерство за економија секогаш ги поддржуваме ваквите настани, особено тоа што им се дава дирекна можност на нашите компании за аплицирање за средства и фондови со кои ќе можат да го развијат нивниот бизнис, - рече

министерот Сараќини. Извршниот директор на Холандско-македонската комора која е во тек на основање, Боб Смит, изјави дека повеќе холандски фирми соработуваат со текстилната индустрија во Македонија, а очекува добра соработка и во секторот за вино. Оваа комора предвидува да вклучи колу 50 македонски фирми кои веќе имаат силни врски со холандски компании или имат намера да учествуваат на холандскиот пазар. - Најголем проблем е непознавање на условите од страна на холандските фирми за можностите во Македонија, - истакна Боб Смит. - Во земјоделскиот сектор Холандија има огромно знаење во однос на производство, опрема и друго и таму гледам најголем потенцијал. Од друга страна, Холандија е најголем трговец на земјоделски продукти и во иднина е можна сорботка и во таа област, но потребна е напорна работа, рече Смит одговарајќи на новинарско прашање за можноста за зголемување на билатералната економска соработка. Стопанската комора на Македонија заедно со поддршката на Амбасадата на Холандија во Македонија ќе направи можности и информирање на презентираните програми, истите да бидат достапни до бизнис-зедницата со цел активно да се вклучат и аплициратт за наредната 2012 година.

Амбасадорот на Лаос во Република Македонија, Н.Е. Камкеуанг Боунтеум во посета на Комората

ДАЛЕЧИНАТА НЕ ТРЕБА ДА Е ПРЕЧКАЗА СТОПАНСКА СОРАБОТКА

- Иако е Лаос далеку и недоволно познат како трговски партнер во регионот, сепак, е можна соработка, – посочи Камкеуанг Боунтеум, aмбасадор на Лаос во Република Македонија со седиште во Виена, при неговата посета на Стопанската комора на Македонија (25.11.2011 година). Неговата посета на најстарата и најбројна деловна асоцијација во земјава следеше по предавањето на акредативите за своето ново наименување. Оваa земја со 6,5 милиони население и површина од 5000 км квадратни, сместена на југоисток на Азија, без излез на море, и покрај растот од 6% (во 2010 7,7%) останува

земја со неразвиена инфраструктура и со ограничени телекомуникациски врски. Во април годинава стартуваше петгодишна инвестиција од НР Кина која започна со изградба на брза железница во вредност од 7 милијарди САД $. Во економијата доминира производството на ориз којшто учествува со 30% во БДП и 70% во вкупната вработеност. Светската банка проценува дека по 2020 година Лаос ќе излезе од УНДП-програмата за недоволно развиени земји. Амбасадорот Камкеуанг Боунтеум изрази заинтересираност за соработка и заеднички вложувања во одгледување и преработка на лековити и други билки во Лаос и за можност за едукација на нивните студенти во Македонија.

Земјоделски производи на Лаос: ориз, сладок компир, зеленчук, пченка, шеќерна трска, кафе, тутун, памук, чај, кикирики, биволи, свињи, говеда, живина. Индустриски производи на Лаос: бакар, лим, злато, гипс, дрвна индустрија, електрична енергија, земјоделски преработки, градежништво, конфекција, свила, цемент, туризам. Извоз Вкупен извоз: 1,474 милијарди САД $ (2010) Производи што се извезуваат: дрво, дрвени производи и мебел, кафе, струја, лим, бакар, злато. Извозни партнери: Тајланд 31,1%, Кина 23%, Виетнам 12,9% (2010). Увоз Вкупен увоз 2,06 милијарди САД $ (2010) Производи што се увезуваат: машини и опрема, возила, горива, стоки за широка потрошувачка. Увозни партнери: Тајланд 65,6%, Кина 14,6%, Виетнам 6,6% (2010).

Љубица Нури

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 15: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Македонската бизнис заедница реагира до меѓународните фактори против грчките транспортни блокади

ПРОТЕСНА НОТА ЗА СЛОБОДЕН ПРОТОК НА СТОКИТЕ

Македонската бизнис заедница деновиве со протестна нота реагира до меѓународните фактори во Европа и светот со барање за конечно ставење крај на многубројните транспортни блокади, што Грција ги поставува на граничните премини со нашата земја, а кои веќе подолго време нанесуваат огромни финансиски штети на македонската економија, но и на регионот во целост. Потписници на протестната нота, чиј иницијатор е Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај АМЕРИТ, се Македонската интернационална асоцијација на шпедитери - МИФА, Асоцијацијата на независни синдикати на транспортерите - Макамтранс, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Стопанската комора на северо-западна Македонија, македонската ИКТ трговска комора МАСИТ и Македонско-германската економска асоцијација- DMWV.

Протестната нота со нивните потписи е доставена до Европска комисија, премиерот на Грција Лукас Пападемос, потоа до WP.30, Работната група за царински прашања за патен транспорт при UNECE, едно од работните тела на Обединетите нации, до Меѓународната унија за патен транспорт –IRU, најголемата транспортна асоцијација во светот, до Царинска управа на Грција, како и до Светска царинска организација и Светската трговска организација, односно до Советот за стоки и ГАТТ, а и до Трговскиот оддел на Светската банка. Во протестната нота потписниците истакнуваат дека се свесни и имаат разбирање за ситуацијата во која се наоѓа Грција, поради воведувањето на мерките за штедење и другите мерки, а како резултат на што кај нашиот јужен сосед има граѓански немири и чести штрајкови и демонстрации. Но, потсетуваат на негативните последици од таквата ситуација, која се повторува повеќепати и заради која нашата економија трпи енормни финансиски загуби од

честите штрајкови на трите гранични премини со Грција, како и со штрајковите на Солунското пристаниште, нашата главна увозно-извозна артерија. Се наведува и дека штрајковите на грчките царински служби се страшен удар за македонската економија, особено за трговијата и патниот транспорт, а исто така, тие вршат негативен удар и врз меѓународната патна транспортна заедница. Истовремено, се наведува и дека нашите компании трпат милионски загуби заради ненавремената испорака на стоки за увоз, иако царинските транзитни системи се создадени за да го олеснат движењето на стоките, а не да го забавуваат и нарушуваат транспортот. Бизнис зедницата постојано бара алтернативна солуција бидејќи блокадите го спречуваат пристапот кон Солунското пристаниште, но, за жал, се констатира во ова протестно обраќање, не постои сериозна и исплатлива алтернатива. Во протестната нота децидно се наведени цела низа обврзителни меѓународни документи и правни акти, чии одредби се кршат со грчките транспортни блокади. Така, се посочува оти со блокадите Грција го попречува слободното движење на лица и стоки, непочитуваќи ја ТИР конвенцијата, легислативите, со кои се регулира транзитот, а посебно членот 5 од ГАТТ – слобода на транзит. Грција има и обврска под ОН - Алмати конвенцијата, да го олесни транспортот за земји, кои немаат директен пристап кон пристаништа. А, како земја членка на ЕУ, со блокирање на границата со Република Македонија, Грција јасно ги прекршува меѓународните обврски и ветувања кон членството во ЕУ, затоа што не овозможува нормален транспортен тек преку нејзините граници, во случај на штрајк. Иако, во случај на опструкција на интернационален коридор (Коридор 10 Атина - Салцбург) интернационална облигација е да се создаде мост за нормален проток на стоки. Исто така, се наведува и Времениот договор меѓу Македонија и Грција, потпишан во Њујорк на 13.09.1995, каде Грција преку членот 14 од оваа спогодба ја превзема обврската да ги почитува правилата и регулативите во однос на транзитот на стоки. - Не само македонскиот транспорт и економија, но и економијата на целокупниот балкански регион трпи загуби од грчките штрајкови и ние силно протестираме против прекинот, загушувањето и блокадите на грчките гранични премини, се вели на крајот на оваа протестна нота, со која македонската бизнис заедница укажува на непримерното кршење на меѓународните правила и прописи од страна на Грција. Притоа се бара реакција од меѓународните фактори за враќање на состојбата во нормала, односно

обезбедување непречен проток на луѓе и стоки на граничните премини меѓу Грција и Македонија, како и по грчките патишта и пристаништа.

Увоз на половни минибуси и автобуси

ВЛЕЗ СО ЕУРО 2 СТАНДАРДОТ ДО КРАЈОТНА АПРИЛ 2012 ГОДИНА Владата на седница донесе Правилник со кој до 30 април следната година се овозможува увоз на употребувани возила од категоријата М2 и М3 (минибуси и автобуси) со еуро 2 стандард. Одлуката е донесена на барање на одделни здруженија на превозници, - соопшти владината прес-служба. На седницата на Владата се усвоени повеќе акциски планови за промоција на туризмот, меѓу кои и акциски план за промоција на конгресниот туризам. Тој вклучува создавање единствена база на информации за сите конгресни сали во Република Македонија и агенции што организираат семинари и конференции, која ќе биде промовирана на веб-страната на Macedonia Timeless и во печатени брошури за конгресен туризам, - соопшти владината прес-служба.

Усвоен е и Акциски план за креирање база на податоци во дигитална форма која би ги опфатила сите постојни слики, брошури, книги, видео записи за Македонија, туристички спотови, како и презентации за туристичките потенцијали на локално, регионално и на национално ниво. Усвоен е и акциски план за поддршка на креирање тренинг-центри за туризам и угостителство, кој ќе се реализира преку ваучери за финансирање и кофинансирање, за коишто Министерството за економија ќе подготви посебен закон, - се вели во соопштението. Излегувајќи во пресрет на барањата на компаниите коишто се занимаваат со експлоатација на минерални суровини, Владата одлучи Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини,

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 16: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА да се применува од почетокот на секоја календарска година, наместо сегашната пракса според која тој се донесува и применува од март-април во тековната година. Во областа на земјоделството, Владата усвои Акциски план предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за воспоставување шумарски информативен систем преку кој со соодветно разграничување и идентификација на парцелите, ќе се обезбеди т.н. катастар на шуми, како единствена база на податоци за површини под шума, под шумски видови и други релевантни податоци. Владата усвоила и информација со која утврдила конкретни задолженија за Министерството за информатичко општество и администрација, во насока на создавање можност за плаќање на определени јавни давачки преку мобилен телефон.

Управа за јавни приходи

ОТВОРЕНА ДАНОЧНА АКАДЕМИЈА

Вработените во Управата за јавни приходи и во други државни институции, како и даночните обврзници, ќе ги унапредуваат знаењата преку обуки во нов едукативен центар на УЈП - Даночна академија, која од средината на 2013 година треба да прерасне во место во кое ќе се едуцира даночната администрација од регионот на Југоисточна Европа. Почетокот со работа го означија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на УЈП Горан Трајковски, кои потпишаа повелба за функционирање на академијата, а се одржа и првиот час.

Едукацијата преку даночната академија ќе се одвива во четири фази. Во првата ќе бидат едуцирани вработените во УЈП, втората фаза ќе ги вклучи и останатите вработени во државната администрација кои соработуваат директно со Управата, додека третата фаза ќе вклучи и приватни и други субјекти од државата чија дејност е поврзана со УЈП. Четвртата фаза од

даночната академија, која треба да почне кон средината на 2013 година е регионална даночна академија, наменета за обуки на даночните администрации на земјите од Југоисточпна Европа и се очекува да придонесе за намалување на даночната евзаија на регионално ниво. - Фактот што даночната академија ќе спроведува обуки и на соседните земји покажува дека угледот на УЈП во меѓународните институции и во јавноста е се` поголем и оти кредибилитетот што беше изграден во изминатите години овозможува да прераснеме во институција која предничи со квалитетот во регионот, оценил вицепремиерот Ставрески, а го цитира МИА. Убеден сум, додал, дека преку даночната академија ќе успееме да оствариме едукација на кадрите и понатаму да ги развиваме алатките и инструментите што ги има УЈП на располагање со цел да прерасне во вистински партнер на бизнис-заедницата и да има соодветен квалитет којшто ќе биде нужен за периодот кога Македонија ќе стане членка на ЕУ. Отворањето на даночната академија, смета тој, е голем чекор на УЈП во насока на развивање соодветна одржлива работа за нејзините потребите и за регионот. Директорот на УЈП информирал дека заклучно со 27.11.2011 година остварувањата на наплатата на даноците било 100,56 проценти од предвиденото со Буџетот. Во однос на минатата година во просек има пораст од 11 проценти во наплатата кај сите видови даноци. Трајковски најавил дека по промотивната едукација на академијата ќе почне обука за вработените во Царинската управа. Во иднина ќе се потрудиме да донесеме што поквалитетни предавачи за даночните службеници и за делот од бизнис заедницата да го донесеме најдобото од Европа и светот. Ќе понудиме највалитетна и бесплатна обука за сите заинтерсирани. Функцонирањето на академијата го финансира комплетно УЈП, - рекол Трајковски. Џон Брандоло, виш економист од Одделението за фискални работи во

ММФ, оцени дека во изминатите неколку години ММФ со финансиска помош од Владата на Холандија воспостави систем за зајакнување на даночната управа во Македонија. - Со големата посветеност на вработените УЈП успеа да прерасне во современа администрација и како резултат на преземените активности мисиите за техничка помош од ММФ утврдија дека УЈП успева да ги исполни целите на даночна наплата и да ја олесни усогласеноста која се бара од даночните обврзници кон Управата, - рекол Брандоло.

Економскиот совет при Владата на Република Македонија расправаше за реализација на кредитната линија од ЕИБ

ДОСТАВЕНИ 87 БАРАЊА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА 19,5 МИЛИОНИ ЕВРА Тековните макроекономски движења и информациите за повеќе тековни проекти и активности од економската сфера, беа разгледани на седница на Економскиот совет при Владата на Република Македонија, со која претседаваше премиерот Никола Груевски (25.11.2011 година). Како што соопштува владината прес-служба, Економскиот совет ја разгледа информацијата за реализација на кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 50 милиони евра, подготвена од Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).

МБПР информираше дека како резултат на досегашните активности прави подготовка за повлекување на првата транша од кредитот од ЕИБ и дека заклучно

Page 17: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

со 18 ноември годинава од страна на осум деловни банки се добиени барања за кредитна поддршка на 87 проекти во износ од околу 19,5 милиони евра. Од овие барања, 73 отсто од вредноста на кредитите е наменет за инвестиции со рок на отплата од три до осум години, додека 27 проценти се за набавка на обртни средства со рок на отплата до 3 години. Согласно анализите и проекциите, се очекува до крајот на годината да се повлечат меѓу 19 и 25 милиони евра, како и да се достави барање за повлекување на дополнителни 10 до 15 милиони евра. На седницата се разгледуваа и информации во врска со доуредувањето на одредени модалитети кои имаат за цел унапредување и зајакнување на системот на социјалната политика, како и унапредување на грижата за социјално ранливите групи.

Огласени 4.008 хектари државно земјоделско земјиште за давање под закуп во десет општини

МАКСИМАЛНО ДО 10 ХЕКТАРИ, ВРЕМЕТРАЕЊЕТО ОД 15 ДО 50 ГОДИНИ

Во тек е уште еден јавен оглас за давање под закуп државно земјоделско земјиште. Вкупно 4.008 хектари се нудат

во 10 општини - Прилеп, Гевгелија, Берово, Битола, Штип, Кратово, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Кисела Вода. Максималната површина на која може да аплицира и да добие еден понудувач е 10 хектари, а времетраењето на закупот е 15 до 50 години зависно од културата што ќе се одгледува. Право на учество имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, или пак да се трговец поединец на

кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица може да учествуваат на јавниот оглас ако имаат регистрирано подружници во Република Македонија. Правните лица учесници на огласот, меѓу другото, треба да достават понуда за износот на годишната закупнина и доказ за намирени обврски по однос на придонеси, а физички лица наместо бизнис-план треба да достават програма за користење на земјиштето, што содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, цел за која ќе го користи земјиштето и пазарни аспекти. Понудата се поднесува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневниот печат, до Министерството за земјоделство во Скопје. Критериумите за избор на најповолна понуда се оддалеченоста на местото на живеење и понудената годишна закупнина по хектар. Почетната цена изнесува 25 евра во денарска противредност за земјоделско земјиште од 1-ва до 4-та катастарска класа и 15 евра за земјиште од 5-та до 8-ма катастарска класа. На земјоделското земјиште кое се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од 1-ва до 4-та катастарска класа изнесува 15, а за

земјиште од 5-та до 8-ма класа е 5 евра. Отворањето на понудите ќе биде јавно, на 13 декември годинава.

Објавен повик за давање под закуп земјоделско земјиште за долгогодишни насади ПОНУДИ ЗА РЕГИОНИТЕ НА КАВАДАРЦИ, НЕГОТИНО, ВАЛАНДОВО И РЕСЕН

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека е во тек јавен повик за доставување

понуди за давање под закуп државно земјоделско земјиште до 10 хектари. Повикот се однесува на земјоделско земјиште за долгогодишни насади, лозја, овоштарници, хмељ, во времетраење од 30 години за општините Дабниште, Конопиште, Мрежичко и Грушани, регионите Кавадарци, Демир Капија, Долни Дисан, Горни Дисан и Вешје, регионите Неготино, Балинци, регионите Валандово и Евла и регион Ресен. Максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач по овој јавен повик е 10 хектари. Право на учество на јавниот повик имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица. Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност или запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства или пак да се трговец поединец на кои земјоделското производство или преработката на примарни земјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица може да учествуваат на јавниот оглас ако имаат регистрирано подружници во Република Македонија. Правните лица учесници на огласот, меѓу другото, треба да достават понуда за износот на годишната закупнина и доказ за намирени обврски по однос на придонеси, а физички лица наместо бизнис-план треба да достават програма за користење на земјиштето кое содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, цел за која ќе го користи земјиштето и пазарни аспекти. Понудите кои не ја содржат потребната документација, кои се поднесени по истекот на рокот или од лице кое нема право тоа да го стори, кои се помали од најнискиот износ на годишната закупнина или не се изработени според условите утврдени во јавниот повик, ќе бидат отфрлени како некомплетни и нема да се разгледуваат.

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Page 18: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Македонија и Русија потпишаа Спогодба за соработка во железничкиот превозПОТТИК ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

Република Македонија и Руската Федерација во Москва на 23.11.2011 година потпишаа Спогодба за соработка во областа на железничкиот превоз на патници и стоки, јави известувачот на МИА. Со потпишувањето на овој документ ќе се овозможи поедноставување на граничните, царинските и другите формалности поврзани со превозот на патници и стоки, а се очекува Спогодбата да влијае и на зголемувањето на економската соработка меѓу двете држави. Предвидено е надлежните органи и организации кои ќе го извршуваат железничкиот сообраќај да склучуваат дополнително договори за регулирање на прашањата околу технологиите за организирање и остварување на превозот на патници и стоки.

Потпишувањето на Спогодбата со Руската Федерација широко ќе ги отвори вратите за поголема соработка меѓу двете држави, пред се` во делот на превоз на стоки од Македонија кон Русија бидејќи Русија е земја која може да апсорбира големи количини стоки од Македонија. Со ова отвораме врата за поголем извоз на стоки од Македонија кон Русија. Очекувам дека ова е само прв чекор кон подобрување на соработката во делот на транспортот меѓу Македонија и Русија, истакнал министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по потпишувањето на Спогодбата. Неговиот рускиот колега Иван Левитин изразил задоволство од потпишувањето на Спогодбата кое, како што посочи, ќе влијае на зголемувањето на превозот на патници и стоки меѓу двете држави. Ова е прва спогодба во областа на железничкиот сообраќај што Република Македонија ја потпишува со Руската Федерација. Ќе стапи на сила 30 дена откако ќе биде ратификувана во двете држави. На средбата стана збор и за состојбата во авиосообраќајот во Македонија при што од руска страна беше најавено дека ќе биде разгледана

можноста за отворање директни авионски линии меѓу двете земји. Министерот Јанакиески го информираше својот руски колега за владината одлука за субвенционирање на авиокомпании кои ќе отворат нови линии и ги покани руските авиокомпании да ги разгледаат можностите за отворање на авионски линии. Од македонска страна беше побарана и поддршка и побрза реализација на изградбата на Јужниот тек и затворање на сите преговри во однос на отпочнувањето на националната гасификациската мрежа во Македонија.

Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија додели признаниjа на успешни компании – грчките инвеститори во земјава

ТАЈНАТА НА УСПЕХОТ Е ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ!

Компанииите Forsped Logis�csод Кавадарци, Цементарницаta „Усје“ од Скопје и „Дојран Стил“ се добитници на признанија за успешни компании, што и годинава ги додели Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија. Пред многубројни грчки и македонски компании признанијата на

добитниците во елитниот скопски ресторан „Воденица“ им ги врачи Александра Пападопулоу, шеф на Канцаларијата за врски на Грција (23.11.2011 година). За Киријакос Форизидис, сопственик на Forsped Logis�csод Кавадарци, образложението на Пападопулоу е дека тоа доаѓа во рацете на пробивен бизнисмен чии “активности се темелат на моќта на енергичното грчко претприемништво, како и заради регионалната перспектива на компанијата и нејзината постојана активна интеракција со главното седиште во Грција“. Цементарницата „Усје“ доби признание заради многу успешното бизнис-присуство, бидејќи се работи за еден од најстарите грчки бизниси во земјата и за еден од најголемите работодавачи. Посебно се нагласува комбинацијата на вистинската претприемничка способност со „активниот интерес и посебната чувствителност на потебите на заедницата, да се биде фаворит во животната средина со значителен придонес во оваа област“. За компанијата од Стар Дојран признанието е во знакот на многу успешно работење, коешто е со иновативен пристап и активен и значаен придонес во напредокот на јужниот дел на земјава. Посебно е издвоен стабилниот приход на оваа компанија и нејзиниот растеж и покрај тешкото економско опкружување. Претставниците на наградените компании истакнаа дека тајната на успехот е целосно задоволување на потребите на клиентите. Инаку, овие успешни компании се и членки на Стопанската комора на Македонија, како и на нејзиниот Совет на странски инвеститори.

Љубица Нури

ИНФО ПУЛ

Page 19: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ИНФО ПУЛ

Доделени признанија за најдобрите угостителски објекти во Скопје

НАЈДОБОБРИ РЕСТОРАНОТ „КОЛИБА“ И ГОСТИЛНИЦАТА „ГАЛЕРИЈА“

Најдобар ресторан во 2011 година во Скопје е ресторанот „Колиба“, на второ место е „Уранија“, а третопласиран е ресторанот „Три Бисери“. Најдобра гостилница за 2011 година е „Галерија“, на второ место е „Лира“, а третопласирана е гостилницата „Кај Димитрис“. Наградувањето е дел од проектот „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“, што го организираат Град Скопје и Агенцијата „SWOT Research“.

Изборот на најдобрите угостителски објекти во Скопје се одржува четврти пат, по принципот „mystery shoop-ing“, или преку посета на независни и објективни тајни купувачи/гости кои го истражуваат и оценуваат квалитетот на услугата според однапред утврдени критериуми. За таа цел е спроведено истражувањето од 15 октомври до 15 ноември годинава и со него се опфатени 50 ресторани и 50 гостилници. Изборот на ресторанот е направен од страна на координативното тело на проектот. Остварени биле 300 посети - по три посети на секој угостителски објект. Во истражувањето биле мерени пет критериуми - прв контакт со гостите, изглед на просторијата, услугата на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт со клиентите. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски им додели признанија и плакети на најдобрите ресторани и гостилници во главниот град. - Се надевам дека со изборот на најдобрите и најпрестижни ресторани и гостилници ќе придонесеме за континуирано унапредување на квалитетот на услугата и за најпријатно чувство на гостите при посета на угостителските објекти во Скопје. Би сакал и се надевам дека поддршката на манифестацијата од Град Скопје, во соработка со Агенцијата „SWOT Research“ ќе претставува мотивација и порака до угостителите за понуда на услуги на највисоко ниво, истакнал Трајановски, а пренесува МИА.

Целта на овој проект, како што рекол, е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата кон клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот. Дејан Атанасовски, сопственик на неколку угостителски објекти во Скопје и на ресторанот „Колиба“, изјавил дека првпат добиваат ваква нагрда. - Од нашето неколкугодишно искуство сфативме дека односот кон клиентите е клучниот момент во поставувањето на основите на еден добар ресторан. Освен што треба да им понудите добра храна, нешто необично, треба да им понудите и одлична услуга, рекол Атанасовски и додал дека посветуваат големо внимание при вработување на персоналот.

Индекс на перцепција на корупцијата

МАКЕДОНИЈА НА 62 МЕСТО

Македонија е рангирана на 69. место според индексот на перцепција на корупцијата во денеска објавениот Извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) за 2011 година. Македонија е оценета со 3,9 на скалата од 0 (најкорумпирани земји) до 10 (земји без корупција). Минатата година со оценка од 4,1, беше на 62. место. Од државите во регионот, пред

Македонија се Словенија на 35. место и Хрватска и Црна Гора кои ја делат 66. позиција. Зад Македонија се Грција на 80., Бугарија и Србија на 86., БиХ на 91., Албанија на 95 и Косово на 112 место. Најмалку коруцпија според Транспаренси интернешенл има во Нов Зеланд кој е оценет со 9,5, и во Данска и Финска кои имаат оценки 9,4. Најкорумпирани држави во светот се Северна Кореја и Сомалија. Во извештајот на Транспаренси се оценувани 182 држави. Податоците се собирани од набљудувачи на ТИ, како и од локалните експерти. Истражувањето се однесува на периодот од декември 2010 до септември 2011 година.

Есенската сеидба во Пелагонија се` уште не е завршена, но и прогнозите за родот не се ведри

ПОРАДИ СУШАТА ПРИНОСИТЕ ЗА ПЕТИНА ПОМАЛИ

Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија се` уште не е завршена, остануваат уште 20 отсто од планираните површини. - Есенската сеидба требаше да се реализира на 20.000 хектари, но поради екстремно сушните услови, дел од приватниот сектор кој беше предвиден со околу 10.500 хектари не успеа навреме да ги заврши работите. Незасеани останаа повеќе од 6.000 хектари, изјавил Илија Србиновски, раководител во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а го цитира МИА.

Агроекспертите констатираат дека една од причините за задоцнетиот финиш на сеидбата е сувата почва, односно недостигот на влага. - Проблеми има и на веќе засеаните површини бидејќи регистриравме т.н. шаренило или нерамномерно развивање на земјоделските култури. Затоа уште сега можеме да тврдиме дека приносите ќе бидат 20 проценти помали од планираното, - посочил Србиновски. Во битолскиот дел на Пелагонија завршена е сидбата на маслодајната репка, а во втората фаза се засејуваат јачмен и пченица на кои во овој период им е неопходен дожд.

Page 20: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Нова странска директна инвестиција од 2 милиона евра во oпштина Илинден

„ХАВЕЛ ИМПЕКС“ ЌЕ ПРОИЗВЕДУВАЗАШТИТНА ОБЛЕКА

Холандската компанија „Хавеп Импех“ ќе инвестира два милионa евра во производство на професионална, индустриска и заштитна облека во општината Илинден, кај Скопје.

Земјиштето, со површина од 7.239 метри квадратни, на кое ќе се гради фабриката компанијата го купи на електронско јавно наддавање за градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Фирмата „Хавеп Импех“ се занимава со производство на професионална, индустриска и заштитна облека изработена од високо квалитетни текстилни ткаенини. Оваа компанија наредниот период во општина Илинден ќе реализира инвестиција од 2 милиона евра, во првата фаза, при што ќе бидат отворени сто нови вработувања, со перспектива за двојно зголемување на капацитетите. Од општина Илинден информираат дека следејќи ја определбата на Владата на Република Македонија за зголемен економски раст, продолжуваат со заложбата за привлекување на нови странски директни инвестиции, како и поддршка на постојните стопански капацитети се` со цел овозможување на услови за отворање нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење во оваа локална самоуправа.

Заедничката основна програма за одгледување добиток треба целосно да се реализира во период од десет години

СОЗДАВАЊЕ ВИСОКОКВАЛИТЕТНИ РАСИ ОД ДОМАШЕН ГЕНЕТСКИ ПОТЕНЦИЈАЛ

Почна реализацијата на Заедничката основна програма за

одгледување добиток која ќе го поттикне создавањето висококвалитетни раси стока од домашен генетски потенцијал. За таа цел, како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), веќе се регистрани 11 правни субјекти во признати организации на одгледувачи на крупен и на ситен добиток. Заедничката основна програма за одгледување добиток ги зема предвид состојбата на сточарството и целта на одгледувањето одделни видови домашни животни. На фармерите ќе им овозможи правилно водење евиденција и криерање потребни бази на податоци. - Се оценуваат сите видови домашни животни и се препорачуваат оптималните големини на основните популации приплодни глави, структурата, правците на селекција и основните одгледувачки цели. Програмите за селекција предвидуваат и контрола на поважните економски и други особини, оценка на приплодната вредност на добитокот со употреба на современи методи, соодветно рангирање и селекција на домашните животни, велат од МЗШВ. Имајќи ја предвид потребата од

балансиран рурален развој на одделни македонски региони со помош на современи методи на вештачко осеменување и ембрио трансфер, остварениот генетски прогрес ќе биде прошируван на целата територија на Македонија. Истовремено ќе се изврши и зачувување на генетските резерви, додека заштитата на автохтоните раси ќе се реализира согласно програмата за заштита на биолошката разновидност во сточарството. Заедничката основна програма за одгледување добиток треба целосно да се реализира во период од десет години.

Инвестиции за искористување на геотермалниот потенцијал во Кочанската котлинаСЛОВЕНЕЧКИ ИСКУСТВА ЗА ЗАГРЕВАЊЕ НА ГРАДОТ И ЗА СПА-ЦЕНТАР

Претставници на словенечката компанија „Терме виват“ од Моравске Топлице, во рамките на неодамнешната

посета на Општина Кочани и на РЕ „Геотерма“, потпишаа договор за изработка на студија за геотермалните води од кочанско и нивно рационално искористување за загревање на градот, како и користење во идниот спа-центар. Ќе се користат словенечки искуства, а вложувањата ќе бидат од европските фондови.

- Нашите искуства се големи во однос на искористувањето на геотермалните води во делот на туризмот и загревањето на градската средина. Наша обврска е да изработиме физибилити студија врз основа на геотермалниот потенцијал во Кочанската котлина, со што термалната вода ќе се искористи максимално за производство на електрична и топлинска енергија, со што цело Кочани би се греело на топла вода, но и да се направи геотермален спа-центар кој во Македонија го нема, истакнува Метот Грах, сопственик на компанијата „Терме виват“ која располага со спа-центар во Моравске Топлице, во Словенија, а пренесува МИА. Во овој проект кој го иницираше Министерството за економија, свој придонес даде и Амбасадата на Република Македонија во Словенија. Поддршката од ресорното Министерство за економија и од Владата даваат надеж дека студијата ќе биде готова за рекордно време, односно до крајот на оваа година, истакнува Анче Трифунов, државен секретар за економија. Тој додава дека Министерството за економија е подготвено да се вклучи во реализацијата на овој проект, за што преку Амбасадата на Република Македонија во Словенија ги анимирале словенечките потенцијални инвеститори. Љупчо Папазов, директор на КЈП„Водовод“ од Кочани истакнува дека за нив словенечките искуства се добредојдени, дотолку повеќе што тие очекуваат влез на странски капитал и вложувања кои економски ќе бидат исплатливи.

Page 21: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Во Прилеп годинава добри резултати од владината програма за самовработување

СО ГРАНТОВИ ОТВОРЕНИ 82 ФИРМИ

Со владината програма за самовработување, во Прилеп годинава се отворени 82 фирми со семен бизнис, а преку 500 за пет години. Според Силвана Пашоска раководител на Бирото за вработување, Прилеп по Скопје е втор град по добиените грантови, од кои најголемиот дел се успешни.

- Прилеп додели преку 500 грантови за пет години. Од нив, само годинава се доделени 82, со кои малостопанственците добија по 3.000 евра за набавка на опрема и им се покриени трошоците за регистрација на фирмата. Интересот е голем зашто за добивањето на 82. гранта, конкурираа преку 500 лица. Најголемиот дел фирми успешно опстојуваат и сите вработуваат по едно до две лица, објаснува Пашоска, а пренесува МИА. Прилепчанецот Димче Мирчески со владиниот грант од 3.000 евра го остварил семејниот осумгодишен сон за отворање бизнис. - Отворивме слаткарница во центарот на Прилеп. Јас сум носител на фирмата, а сопругата на идејата која е стара осум години. Но, сами не можевме да ја реализираме. Со грантот набавивме опрема, ја регистриравме фирмата и веќе имаме шест вработени. Верувам дека ќе успееме, - вели Мирчески. Најголеми интерес има за услужната и трговската дејност. - Најмногу се пријавуваат со дејности од трговијата, занаетчиството, а има многу заинтересирани регистрирани земјоделци кои имаат право да се пријавуваат и да користат средства од оваа оперативна владина програма. Најголемиот број бизниси опстанаа овие пет години зашто имаме и друга програма со која им се помага на работодавците да ангажираат лица и добиваат по 1.500 евра, - истакнува Пашоска. Оваа владина програма од Бирото за вработување ја оценуваат за успешна, зашто за пет години се отворени околу 1.000 работни места.

Земјоделците од Пелагонија не се заинтересирани за производство на шеќерна репа

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ВРАЌАЊЕ НА НЕКОГАШНАТА ВОДЕЧКА КУЛТУРА

Земјоделците во битолскиот дел на Пелагонија не се заинтересирани за засадување шеќерна репа. Како што вели Илија Србиновски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, шеќерната репа исчезнува иако некогаш била водечка земјоделска култура во Пелагонија. - Порано се произведуваа по 2.000 хектари шеќерна репа. Во Пелагонија оваа култура претставуваше главен фактор во земјоделството бидејќи вклучуваше бројна работна сила, беше корисна за сточарството, за плодоред и други бенефити, но ситуацијата е драстично променета, истакнува Србиновски, а пренесува МИА.

Според агроекспертите во Министерството, постојат иницијативи шеќерната репа да се врати на нивите во Пелагонија и другите региони, како тетовско и струмичко. - Разговаравме со раководството на битолската фабрика за преработка и производство на шеќер, да продолжи производството и притоа констатиравме дека во моментов најголем проблем е механизацијата која е премногу скапа, а за жал во Пелагонија или ја нема или е застарена, - посочил Србиновски.

Почна производната сезона на раноградинарството во Струмичко

СТАРТ СО РАНА ЗЕЛКА

Во Струмичко почна производството на расад за рана зелка со што стартуваше и производната 2012 година. - За нас раноградинарите есенва, иако сушна, е идеална за подготовка на површините за раната зелка, вели Ванчо Митев од Здружението “Екоградинар” од

Добрејци, а го цитира МИА. Годинава семенскиот материјал е збогатен со четри сорти кои се продаваат по 1.300 до 1.500 денари кесе за разлика од претходните години кога најзастапена беше раната зелка од сортата „парел”.

Општина Аеродром почнува првиот циклус обуки за бизнис развој

ЗАПОЧНА ПРВИОТ ЦИКЛУС ОБУКИЗА БИЗНИС РАЗВОЈ

Во основното училиште „Љубен Лапе“ започна првиот циклус обуки за бизнис развој, претприемништво со изработка, презентација и реализација на бизнис план. Овие обуки се наменети за малите и средните претпријатија со цел да ги зголемат и да ги усовршат сопствените вештини во работењето. Како што информира општина Аеродром, наредната недела продолжува вториот циклус обуки за професионален развој, а граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за личен развој и ќе се обучат за социјални вештини. Обуките за граѓаните на општина Аеродром се реализираат во соработка со невладината организација „Линк Акрос“. Под мотото „Напредок и успех“, мината недела заврши првиот циклус обуки за професионален развој, што се одржа во пет основни училишта во општина Аеродром. Во првиот циклус обуки, како што соопшти општина Аеродром, учествувале околу 250 граѓани кои се обучени како да подготват биографија и се стекнале со вештини за интервју, како и со комуникациски вештини. Овие предавања ги одржа м-р Виолета Н. Манчевска, а учесниците во обуките ќе добијат соодветен сертификат за посетуваниот курс. Бројот на кандидати кои ги следат обуките е веќе пополнет.

ОПШТИНСКИ БИЗНИС

Page 22: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Индекси на индустриското производство

ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИРАСТ ОД 5,2 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во октомври 2011 година во однос на октомври 2010 година изнесува 96,2. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен

во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст од 11,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 5,3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1,2%. Според главните индустриски групи производството во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст кај Капитални производи за 17,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,0%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 11,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,6% и Трајни производи за широка потрошувачка за 1,7%. Индексот на индустриското производство во периодот јануари - октомври 2011 година, во однос на периодот јануари - октомври 2010 година, изнесува 105,2.

Деловни тенденции во преработувачката индустрија

КАПАЦИТЕТИТЕ СЕ КОРИСТАТ ОДВАЈ ДВЕ ТРЕТИНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, менаџерите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2011 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а многу поповолна во однос

на октомври 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во октомври 2011 година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во октомври 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и набавките на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готови производи во октомври 2011 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2011 година изнесува 62.9% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.9%, недоволната домашна побарувачка со 17.8% финансиските проблеми со 13.3% и неизвесното економско опкружување со 9.3%.

Просечна месечна исплатена бруто и нето-плата

ВО СЕПТЕМВРИ СИТНИ ПОМЕСТУВАЊА

Бруто-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 100,3. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (14,2%), Стручни,

научни и технички дејности (5,4%) и Уметност, забава и рекреација (4,7%). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (6,0%), Рударство и вадење на камен (5,8%) и Дејности во врска со недвижен имот (4,8%). Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2011 изнесува 30 340 денари. Во септември 2011 година, 2,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нетоплата по вработен, во септември 2011 година, во однос на септември 2010 година, изнесува 100,5. Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (14,3%), Уметност, забава и рекреација (6,0%) и Стручни, научни и технички дејности (5,2%). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (6,2%), Други услужни дејности (5,8%) и

СТАТИСТИКА

Page 23: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Дејности во врска со недвижен имот (4,7%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2011, изнесува 20 659 денари. Во септември 2011 година, 2,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата. Државниот завод за статистика, на почетокот на оваа година, ја примени новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2). за прибирање и обработка на податоците за просечната месечна исплатена бруто и нето-плата. Месечните индекси на просечната исплатена бруто и нето -плата по вработен за 2010 година се преработени според новата Национална класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Индекси на трошоците во градежништвото

ВО ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕПОРАСТ ОД 1,5 ОТСТО

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за третото тримесечје од 2010 година, се повисоки за 1.5%. Во третото тримесечје од 2011 година, во споредба со второто тримесечје од 2011 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки

за 0.6%, трошоците за материјали се повисоки за 0.7%, а трошоците за вработените се повисоки за 0.4%. Во третото тримесечје од 2011 година, во споредба со третото тримесечје од 2010 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1.5%, трошоците за материјали се повисоки за 1.3%, а трошоците за вработените се повисоки за 1.9%. Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА

Странските инвестиции во Русија пораснале до септември за 2,8 пати

ВО СТОПАНСТВОТО СЕСЛЕАЛЕ 133,8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Во економијата на Русија од јануари до септември оваа годна вложени се 133,8 милијарди САД долари странски инвестиции, што е 2,8 пати повеќе отколку во истиот период лани, јави денеска федералната Статистичка служба на Руската Федерација. Директните инвестиции за девет месеци во 2011 година сe зголемени за 42,2 отсто, на 11,7 милијарди САД долари. Руската економија до крајот на септември акумулирала 323,2 милијарди САД долари странски инвестиции или 21,5 отсто повеќе отколку во истиот период лани. Според податоците на Статистичката служба најголеми инвестиции во Русија, 69,1 милијарда САД долари до крајот на септември пристигнаа од Кипар, каде што се регистрирани сопственици на голем број руски индустриски холдинг-компании. Холандија и Луксембург се на второ и трето место на најголемите руски инвестотори со 46,3 милијарди, односно 35,1 милијарди САД долари. Од своја страна, Русија за девет месеци оваа година инвестирала 96,8 милијарди САД долари во странство или 73,2 отсто повеќе отколку во истиот период лани. Најмногу руски средства се насочени кон Холандија (26,1 милијарди САД долари), Кипар (24,1 милијарди) и САД (осум милијарди).

СТАТИСТИКА

Page 24: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Деценија на Централниот депозитар за хартии од вредност

ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ИНВЕСТИТОРИТЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА ВО ФИНАНСИСКИОТ ПАЗАР

Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) на 24.11.2011 година прослави значаен јубилеј - една деценија од основањето и 10-годишно успешно работење. Целта на неговото основање беше воспоставување на централен регистар за хартии од вредност, кој ќе ги опфати сите активни акции и обврзници во Република Македонија. За потсетување, согласно со Законот за хартии од вредност, член 172, Владата на Република Македонија, со Одлуката бр. 07 – 167 / 1 од 20.02.2001 година, го овласти Заводот за платен промет да ги преземе сите неопходни мерки и активности за имплементација на Централен депозитар за хартии од вредност. На крајот на ноември 2001 година, започна процесот на конвертирање на постојните акции во дематеријализирани акции, регистрирани на сметките за хартии од вредност за секој имател на ХВ. Основата за ваквата конверзија е акционерската книга за секое акционерско друштво. По дематеријализацијата на постојните хартии од вредност, регистарот за хартии од вредност на ЦДХВ е единствената валидна евиденција за издавање и сопственост на хартии од вредност. Правата и обврските за хартиите од вредност започнуваат од моментот кога тие се регистрирани во ЦДХВ. Исто така, ЦДХВ е одговорен за порамнување на тргувањата склучени на Македонската берза за хартии од вредност АД - Скопје. Со ова се обезбедува сигурно порамнување, кое се базира на принципот Испорака наспроти плаќање меѓу купувачите и продавачите на хартии од вредност. Дематеријализацијата и централната регистрација на сите хартии од вредност во Македонија ја зголемува заштитата на правата на инвеститорите и ја подобрува довербата во македонскиот финансиски пазар.

Резсултати

ДЕПОЗИТАРОТ ЈА ЗГОЛЕМИ ДОВЕРБАТА ВО ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ

Со основањето на Депозитарот кон крајот на 2001 година цел сегмент од македонската економија, а тоа е пазарот на капитал, ја доби алката која недостигаше за негово поефикасно функционирање. Имено, до основањето на депозитарот

сите хартии од вредност кои беа издадени во државата беа во хартиена, материјална форма. Ова за издавачите, берзата, брокерите и сопствениците значеше процес на комплицирано издавање, тргување и евиденција на сопственоста над хартиите од вредност. Издавачите менаџираа со комплицирана процедура на самото издавање на хартиите од вредност кои им се предаваа на сопствениците во хартиена форма, а акционерската книга ја водеа друштвата. Брокерите тргуваа на берзата на паркет по систем на гласовно-зборовно наддавање, а по комплетирањето на трансакцијата, документите од спроведената трансакција се презентираа на друштвото издавач за да биде направена промена во акционерската книга. Со почетокот на работа на депозитарот хартиите од вредност беа дематеријализирани и евидентирани на сметки за хартии од вредност во форма на електронски запис. Во тој момент сложените постапки беа заменети со централизирана и ефикасна евиденција на сопственоста над хартиите од вредност. Друштвата комплетно беа ослободени од обврската за водење на акционерските книги, која помина

на депозитарот, а тргувањето на паркет замина во историјата, бидејќи брокерите почнаа со електронско тргување, од своите деловни простории. П о р а м н у в а њ е т о на берзанските трансакции од една тромава постапка се сведе на едноставна

и ефикасна процедура, во сè компатибилна со меѓународните стандарди кои се однесуваат на порамнувањето. Користа за надлежните органи за кои податоците кои се евидентирани во депозитарот се од значење во постапките кои ги водат исто така е огромна. Сега институциите за потребните податоци се обраќаат на едно место. Навистина би било тешко да се издвои која е најзначајната функција на Депозитарот. Сите функции кои му се доделени согласно законските прописи Депозитарот ги спроведува без проблеми од своето основање. Секоја од тие функции за секој од учесниците на пазарот на капитал, сопствениците на хартиите од вредност или овластените органи и институции или корисниците на услугите на Депозитарот, воопшто, имаат особено значење. На пример, без постоењето

на Депозитарот, во денешни услови не може да се замисли комплетирање на една берзанска трансакција со хартии од вредност. Финалниот чекор го спроведува Депозитарот, тоа е порамнувањето – размената на хартиите од вредност и паричните средства меѓу продавачите и купувачите на хартиите од вредност. Обезбедувањето ефикасно порамнување и евиденцијата на хартиите од вредност, во кое ризиците за непорамнување се сведени на минимум, е функција без која е незамисливо функционирањето на пазарот на капитал во денешни услови. Процесот на приватизација беше почнат неколку години пред да се конституира Депозитарот. Поради ова, не би можел да шпекулирам со бројки кои би се однесувале на приватизацијата. Согласно нашите податоци, во моментов има 101.158 иматели на сметки со хартии од вредност на кои се евидентирани хартии од вредност од издавачи кои се активни (не се во постапка на стечај или ликвидација). Во однос на 2003 година, на пример, кога биле евидентирани 154.341 иматели на сметки за хартии од вредност, се гледа еден тренд на намалување на бројот на акционери. Тоа се должи најмногу на моделот на приватизација кој беше прифатен во Македонија, а тоа е вработените во тогашните општествени претпријатија при нивната трансформација да добијат акции од друштвото. Со текот на времето, со зголемувањето на ликвидноста на акциите издадени од компаниите, како и процесот на окрупнување на веќе приватизираниот капитал, акционерите кои биле и вработени ги отуѓуваа своите акции. Најчесто купувачи беа веќе доминантни сопственици или акционери кои сакале да го зголемат својот удел во одредена компанија. Се случија и повеќе преземања на акционерски друштва, постапки во кои купувачот мора да објави јавна понуда за откуп и која се однесува на сите акционери. Бројот на активни друштва исто така е намален. Ако на крајот на 2003 година изнесувал 681, сега тој број е 552. Ваквите промени исто така се должат на повеќе фактори. Се случуваат статусни промени, спојувања и поделби, престаноци, како и преобразби во други форми, на пример, во друштва со ограничена одговорност. Сепак, стечајните постапки имаат најголем удел во намалувањето на бројот на активни акционерски друштва.

(Стеван Шапчевски, директор на Централниот депозитар за хартии од вредност)

ЈУБИЛЕЈИ

Page 25: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

НОВИТЕТИ

Page 26: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ЕВРОПСКА УНИЈА Export Helpdesk (www.exporthelp.europa.eu) на Европската комисија наменет за компаниите во земјите во развој

ПОРТАЛ ЗА ИЗВОЗ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Европската унија како водечки бизнис-партнер на македонските компании е значаен пазар за македонските производи. И покрај потпишаните договори за преференцијална трговија и отсуството на квоти и царини во меѓусебната трговија, останатата техничка и друга специфична документација неопходна при извозот во земјите на ЕУ, понекогаш делува комплицирана за многу извозници. Export Helpdesk претставува единствен портал на Европската комисија наменет за земјите во развој, којшто овозможува навремен пристап до информации за условите, процедурите, царинските тарифи и документите потребни за извоз на пазарот на Европската унија. Во својата суштина, Ex-port Helpdesk содржи база на податоци што овозможува детално пребарување по одделни производи и/или групи на производи наменети за извоз во ЕУ.

Достапен е на шест јазици (англиски, француски, руски, португалски, шпански и арапски) и е лесно достапен преку итернет-страната: www.exporthelp.europa.eu .

Видови достапни информации:

Заради полесно пребарување, информациите се поделени во четири категории:

• барања и даноци - Requirements and Taxes (барања и документи неопходни да бидат исполнети и да се прибават за да може стоката да се увезе на пазарот на ЕУ, видови и износи на интерни давачки, даноци и акцизи за секоја земја-членка на ЕУ, како и правни и трговски барања што се однесуваат на одреден производ);

• увозни давачки - Import tariffs (царина,преференцијален режим што се однесува на земјата на потекло, преференцијални и непреференцијални царински квоти, увозни дозволи и антидампинг мерки);

• спогодби за преференцијална трговија - Preferen�al arrangements (список на трговскиспогодби на ЕУ со земјите во развој, односно со земјите со коишто се потпишаи, список на пропишани обврски и повластувања содржани во спогодбите, документи коишто мораат

да бидат приложени со производот што се извезува, како и правила на потекло на стоката);

• статистика за трговијата - Trade sta�s�cs(трговски движења меѓу ЕУ и трети земји, како по години, така и за секој поединечен производ или група на производи, како и податоци за увозот и извозот изразен во вредност и/или количество).

На корисниците им се понудени и дополнителни содржини, како што се практични примери на пребарувања, детални презентации, одговори на најчесто поставувани прашања, линкови кон регулаторните тела на ЕУ, закони и останата правна регулатива којашто се однесува на извозот на пазарот на ЕУ, речник на поими, но исто така можат да се поставуваат и прашања во електронска форма за некои конкретни извозни ситуации.

Еврокомисијата предложи контрола на буџетите на земјите-членки од еврозоната

СТРОГО СЛЕДЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОЛИТИКИ

Европската комисија предложи нова законска регулатива со која ќе се обезбеди буџетите на земјите-членки на еврозоната да не ги кршат прописите на Европската унија и нивните позајмувања да бидат намалени, што во иднина би можело да доведе до емитување на заеднички долг. Со претставениот предлог-закон на Комисијата ќе и биде овозможена контрола на буџетите на земјите-членки на еврозоната на тој начин што секоја година, најдоцна до средината на октомври, проектирани национални буџети ќе бидат доставувани на разгледување во Брисел, пред да бидат

поднесени во националните парламенти. Ееврокомисијата по проверката би можела да побара ревизија на предлогот доколку тој не е во согласност со буџетските прописи на ЕУ. Предлог-буџетите на земјите-членки на еврозоната ќе мора да бидат засновани на независни прогнози. Во рамките на новиот пакет мерки за јакнење на економското управување во Унијата, Еврокомисијата предложи и предлог-пропис кој предвидува создавање законски основи за строго следење на политиките на некои земји-членки кои или веќе добиваат финансиска помош од еврозоната или се соочуваат со

сериозна финансиска нестабилност. - Со цел да обезбедиме враќање на економскиот раст, земјите-членки ќе мора да ги засилат напорите кога станува збор за спроведување на структурните реформи на кои се обврзале, како и подлабоко да се интегрираат во еврозоната, изјави претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо. Целите на овој пакет, како што се економски раст, финансиска стабилност и буџетска дисциплина, се меѓусебно поврзани. Сите тие се потребни доколку сакаме да излеземе од сегашните тешкотии во еврозоната, во која солидарноста е во согласност со зголемената одговорност, истакна Баросо. Кога ќе биде применета зајакната контрола на националните фискални политики за земјите-членки на еврозоната, 17-те држави кои го користат еврото ќе можат заеднички да позајмуваат на пазарите со помош на „стабилизациските обврзници“. Комисијата претстави три главни опции за заедничко емитување на долгот, притоа не давајќи никакви препораки за тоа која од нив би била најдобра. - Комисијата јасно стави до знаење дека какви било чекори кон воведување на стабилизациски обврзници може да бидат изводливи и побарани единствено доколку постои истовремено јакнење на буџетската дисциплина, се наведува во соопштението на Комисијата.

Ирска бара од ЕУ олеснување за своите долгови

НОВИ КОМПЛИКАЦИИ ВО ЕВРОЗОНАТА!

Ирска би можела уште еднаш да ја компликува ситуацијата во ЕУ и во еврозоната, како што тоа се случуваше со усвојувањето на Лисабонскиот договор, доколку повторно го блокира прифаќањето на измените на овој документ, во делот за економско-финансиското работење, јавуваат лондонските медиуми од Даблин. Ирската Влада бара од своите европски партнери олеснување за нејзините долгови, што се верува дека би требало да биде своевиден надомест за согласноста да се менува договорот, со воведувањето мерки за финансиска дисциплина во еврозоната, јави дописникот на МИА од Лондон. Министерот за финансии Мајкл Нунан изјави во Даблин дека Ирска работи, заедно со другите, на заштита на европскиот банкарски систем од неговото „загадување“ со „опасните“ пари, но бара да и` се помогне околу олеснувањето на долговите.

Page 27: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ЕВРОПСКА УНИЈА

- Секогаш, кога постои непромислен и невнимателен должник, постојат и исто такви кредитори, кои му давале заеми, изјави Нуман, алудирајќи на однесувањето на големите држави во ЕУ и на нивните банки кои често ги критикуваат земјите-должници за невнимателното и неконтролираното задолжување. Финансиски и политички експерти во Лондон предупредуваат дека доколку европските кредитори продолжат со инсистирањето за остри мерки на штедење и за уште поголеми откажувања на луѓето, низ скратувањето на буџетските трошоци, може да пропаднат плановите за ставање ред во еврозоната, поради „народниот бунт“ и отпорот на владите што ќе избувне против „големите“ во зоната на еврото и во ЕУ и нивното настојување да ја преземат „командата“ врз ситуацијата. Во тој случај, Владата на Ирска, која го блокираше усвојувањето на Лисабонскиот договор и го одложи за една година донесувањето на овој европски документ, сега би можела тоа да го направи и со мерките за дисциплинирање за еврозоната, што ги заговараат Германија и Франција.

ЕК повторно ја тужи Германија поради заштита на „Фолксваген“

МАРАТОНСКИ СПОР ОКОЛУ ЗАШТИТАТА НА „ФОЛКСВАГЕН“

Европската комисија донесе одлука да ја тужи Германија на Високиот суд на ЕУ, бидејќи не го укинала Законот кој ја штити од понуди за преземање компанијата „Фолксваген“, која е најголемиот производител на автомобили во Европа. Надлежните органи на ЕУ за конкуренција соопштија дека ќе побараат од Судот да ја казни Германија за секој ден доцнење со поништувањето на Законот кој и дава право на сојузната држава Долна Саксонија да ги блокира понудите за преземање на „Фолксваген“, дури и кога станува збор за малцинските акционери. ЕК објави дека германската Влада не ја почитувала претходната одлука на Европскиот суд на правдата од 2007 година, кој оцени дека Законот дава „непотребно специјални права“ на државните органи. Комисијата оцени дека и натаму се применува Закон кој е во спротивност со правилата за конкурентност на ЕУ. Бидејќи Германија не ги презема сите неопходни мерки за целосно исполнување на одлуката на Судот, Комисијата сега одлучи целиот случај повторно да го изнесе пред Европскиот суд на правдата, се наведува во соопштението на Еврокомисијата. Европската комисија најави дека од Судот ќе бара за секој ден доцнење со примената на одлуката усвоена во 2007 година Германија да плати казна по околу 31.000 евра, се додека не ја примени првобитната судска одлука. Кога судиите на ЕУ ќе ја објават втората пресуда, тогаш Комисијата ќе побара Судот да ја казни Германија со 282.725 евра

од ден се додека Владата во Берлин во целост не ги осполни правилата на ЕУ, се наведува во соопштението на Комисијата.

Кризата го зајакнува притисокот врз финансискиот сектор

ЕВРОПЕЈЦИТЕ ПАНИЧНО ГИ ПОВЛЕКУВААТПАРИТЕ ОД БАНКИТЕ

Физичките и правните лица повлекоа милијарди евра од депозитите во банките во проблематичните земји на еврозоната, што може да го загрози банкарскиот сектор. Европските банки се соочија со одлив на средства, кои ги повлекуваат клиентите, што го зајакнува притисокот врз банкарскиот сектор во регионот и им се заканува на финансиските компании да останат без клучен извор на финансирање, пишува весникот „Волстрит Журнал“. Голем број италијански и шпански банки неодамна објавија намалување на средствата на депозитите на корпорациите и на други институционални клиенти, со темпо кое се мери со двоцифрени проценти. Генералното темпо на повлекување на средствата од депозитите беше нешто помало, благодарение на послабото повлекување на средствата од депозитите на приватните лица. Депозитната база на шпанските банки во третиот овогодишен квартал е намалена за 48 милијарди евра или за два отсто, се наведува во податоците на Шпанската централна банка. Повлекувањето на средствата на клиентите од депозитите се совпаѓа со повлекуквањето на заемите на банките од Европската централна банка (ЕЦБ) на рекордно ниво во почетокот од 2009 година. Финансиските институции повлекоа 247 милијарди евра кредит од ЕЦБ во рок од една недела, што е повеќе од претходниот овогодишен максимум од 230,3 милијарди евра. Банките во земјите како што се Шпанија, Португалија и Италија се обидуваат да ги задржат старите и да привлечат нови клиенти нудејќи рекордно високи камати на депозитите, со што се зголемуваат цените на сопствените трансакции. Според податоците на Централната банка на Италија просечната камата на депозитите во земјите во септември се зголеми на 2,6 отсто, што е безмалку двојно повеќе од каматата што се нудеше на почетокот на годината. Банките се принудени на атрактивна рекламна понуда со цел да привлечат депозитни средства. Стравувањето за финансиската состојба на европските земји и банки се се` посилни, пристапот на банкарскиот сектор на пазарите на капиталот е се` потежок, при што голем број инвеститори не сакаат да ги кредитираат европските банки. Експертите меѓутоа истакнуваат дека на банкарските депозити се уште се наоѓаат милијарди евра, а освен тоа финансиските институции имаат можност да ги повлечат средства од ЕЦБ со гаранција за државни обврзници и друга актива. Влошување на ситуацијата сепак може да го загрози банкарскиот сектор,

напоменуваат експертите, оценувајќи дека наредната година европските банки мораат да ги исплатат обврзниците од околу 800 милијарди евра. Доколку банките нема да можат да ги репрограмираат тие долгови или со пласман на обврзници или со привлекувањето на депозитни средства ќе мораат да го намалат кредитирањето што е негативен сигнал како за регулативните тела, така и за политичарите и инвеститорите.

Заострување на правилата за издавање работни дозволи во Шведска

РАМПА ЗА ПОНИСКИТЕ РАБОТНИ МЕСТА

Шведскиот Миграциски завод ги заострува правилата околу одобрувањето работни дозволи во Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Заострувањето на регулативата најмногу се однесува на браншите во областа на одржувањето на хигиената, хотелиерството, угостителството, сервисните услуги, градежништвото, посредувањето на работна сила, трговијата, земјоделството и автомеханичарските работилници. Претпртијатијата кои ангажираат работна сила од странство во иднина ќе треба да покажат дека имаат можности за исплата на плати, осигурувања и придонеси, како и дека вработените се информирани за условите на работното место. Миграцискиот завод ги спроведува овие законски промени за да се спречи злоупотреба при вработувања на лица од странство, а кои се најизразени во споменатите бранши.

Туризмот во Грција продолжува да се развива динамично

ПРИХОДИТЕ ДО КРАЈОТ НА СЕПТЕМВРИЗГОЛЕМЕНИ ЗА 9,5 ОТСТО

Туризмот во Грција продолжува да се развива динамично и за првите девет месеци од оваа година приходите во секторот се зголемени за 9,5 отсто во споредба со истиот период лани. Бројот на туристи е зголемен за 10,4 отсто, а приходите од туризам се 7,6 милијарди евра, објавуваат грчките медиуми. Добрите резултати се по две последователни години во кои туризмот во Грција „настрада“ заради глобалната економска криза и подоцна заради с о ц и ј а л н и т е немири против е к о н о м с к и т е мерки за штедење. Т у р з и м о т обезбедува 15 до 18 отсто од БДП на државата.

Page 28: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

СВЕТ

Туркменистан ќе ги зголеми испораките на гас за КинаДВЕ ТРЕТИНИ ПОВЕЌЕ ОД ДОСЕГА

Туркменистан ќе ги зголеми за две третини доставките на природен гас за Кина, согласно спогодбата, која беше потпишана во Пекинг. Спогодбата предвидува зголемување на годишните доставки на гас за 25 милијарди кубни метри, на 65 милијарди кубни метри годишно, што е повеќе од половина од потребниот гас за Кина во 2010 година. Кина, втората по големина економија во светот, им се обраќа на Туркменистан и на други поранешни советски републики од Централна Азија како дел од настојувањата за диверзификација и проширување на пристапот до енергетски ресурси, неопходни за брзо растечката економија и намалување на зависноста од јагленот, кој предизвикува големо загадување на животната средина.

Спогодбата за зголемувањето на испораките на гас е една од 14-те потпишани по денешните разговори меѓу туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов и шефот на кинеската држава Ху Џинтао. Останатите спогодби се однесуваат на кредити за купување на опрема за сондажа за нафтената и гасната индустрија, обука на полицајците и борба против тероризмот. Бердимухамедов, кој е во четиридневна посета на Кина, утре ќе присуствува на церемонијата на отварањето на гасоводот, вреден 22 милијарди долари, преку кој ќе се транспортира гас за јужна Кина. Гасоводот почна да работи во јуни, зголемувајќи ги доставките на гас за индустриските зони во земјата. Предвидено е преку него да се транспортираат до 30 милиони кубни метри гас годишно.

Светската финансиска криза ја погоди и индустријата на БразилТРГОВСКИОТ ДЕФИЦИТ РАСТЕ ОД 2008ГОДИНА И ДОСТИГНА 87,7 МИЛИЈАРДИ САД ДОЛАРИ

Министерот за финансии на Бразил, Гвидо Мантега изјави дека индустрискиот сектор на Бразил останал без милијарди долари како резултат на меѓународната финансиска криза. Мантега рече во парламентот дека кризата и вештачкото потценување на валутата предизвикале трговскиот дефицит во Бразил во индустрискиот сектор упорно да расте од 2008 година. Министерот додаде дека во периодот јануари-септември 2011 година трговскиот дефицит се зголемил на 87,7 милијарди САД долари.

Знаци на заздравуваубање на американските банкиНАЈВИСОК КВАРТАЛЕН ПРОФИТ ОД 2007 ГОДИНА

Во третиот квартал од оваа година американските банки остварија профит од 35,3 милијарди долари, што претставува највисока заработка во периодот јули-септември од 2007 година, соопшти американската Федерална корпорација за осигурување на депозити (ФДИЦ). Според податоците на Корпорацијата, вкупниот профит на американските банки во последниот период пораснал за 48 отсто на годишно ниво. Покрај ова, во третиот овогодишен квартал со загуби работеле само 14,3 отсто од банките во САД, што е најнизок процент од првото тримесечие во 2009 година во екот на глобалната економска криза. Според ФДИЦ, во третиот квартал „проблематични“ биле 844 американски банки, што е намалување во однос на периодот април-јуни 2011 година, кога ваква квалификација добиле 865 финансиски институции во САД. Со извештајот на ФДИЦ се опфатени оние финансиски организации кои се вклучени во состемот на осигурување на депозити во САД, кои сочинуваат околу 90 проценти од сите банки во земјата. ФДИЦ е основана во 1933 година и до 2008 година гарантираше враќање на средставта од заштедите во износ до 100.000,

но поради глобалната економска криза од тогаш загарантираната сума на депозитите е зголемена на 250.000 долари. Оваа зголемена квота на нивоата на гарантирани депозити ќе важи до 2013 година. Во текот на годинава многу американски банки објавија масовни отпуштања на соите службеници, како мерка за намалување на трошоците. Така, „Банката на Америка“ планира да отпушти 3.500 вработени и да спроведе реорганизација, по која се можни и дополнителни укинувања на работни места. Од почетокот на годинава ширум светот беа отпуштени речиси 200.000 банкарски службеници, од кои над половина беа од Европа.

Кина во третото тримесечие продала повеќе смартфони од САДАГРЕСИВНА ПРОМОЦИЈА И НОВИТЕ МОДЕЛИЈА ЗГОЛЕМИЈА ПРОДАЖБАТА

Кина во третото тримесечие на оваа година продала повеќе смартфони од САД, покажаа резултатите на анализата

на истражувачката компанија „Стратеџи аналитикс“. Продажбата на смартфоните на кинескиот пазар се зголемила за 58 отсто, на 23,9 милиони парчиња, додека во САД се продадени 23,3 милиони, што претставува раст од седум проценти.

Големиот раст на продажбата на смартфони во Кина е последица на зголемувањето на бројот на промотивни понуди на кинеските телекомуникациски оператори во третото тримесечие на оваа година и успехот на новите модели на тие производи. Во „Стратеџи аналитикс“ меѓутоа сметаат дека САД можат да се најдат на прво место на пазарот на „смартфони“ во наредните месеци, бидејќи наскоро би требало да се појави и нов модел на познатиот мобилен телефон на „Епл“, ајфон.

Турција потпиша Спогодба со „Шел“ НАФТА И ГАС ЌЕ СЕ БАРА ВО СРЕДОЗЕМНОТО МОРЕ

Турската државна нафтена компанија ТПАО во Анкара потпиша Спогодба со британско-холандскиот нафтен гигант „Ројал Дач Шел“ за офшор истражувања на природен гас и нафта во Средоземното Море и за истражувања во југоисточна Турција, - пренесоа француските медиуми. Спогодбата е потпишана по спорот меѓу Анкара и Република Кипар (непризнаена од Турција) за прашањето за истражување на гас во Средоземното Море. Во септември Турција презеде сопствени истражувања на гас во Средоземното Море.

Спогодбата предвидува специјално истражување во Средоземното Море, крај Анталија, во јужна Турција. Потпишувањето е плод на техничка работа, далеку од меѓународните шпекулации, изајви турскиот министер за енергетика и природни ресурси Танер Јилдиз, кој присуствуваше на церемонијата.

Page 29: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ

Меѓународна агенција за оценка на кредитните рејтинзи „Мудис“ЗАГРОЗЕНИ СИТЕ ЗЕМЈИ НА ЕУ!

Меѓународната агенција за оценка на кредитните рејтинзи „Мудис“ предупреди дека забрзаното влошување на должничката и кредитна криза во еврозоната ги загрозува суверените кредитни рејтинзи на сите земји-членки на Европската унија. „Мудис“ нагласува дека во отсуство на политички мерки за стабилизација на пазарните услови во следниот краткорочен период, заканата за кредитните рејтинзи ќе биде се` поголема. - Сепак главното сценарио на „Мудис“ остава верба во способниста на еврозоната да избегне банкрот од поголеми размери, но и ова позитивно сценарио вклучува ризик од намалување на рејтингот, се истакнува во извештајот на организацијата.

Кредитните рејтинзи на Грција, Ирска и Португалија се веќе намалени, што во изминатите две години го забрза растот на нивните трошоци за позајмување на неодржливо високо ниво. Во изминатиот период под притисок се најдоа и Шпанија и Италија кои беа принудени да ги отворат своите книговодствени книги за меѓународните инспектори. Франција неодамна договори длабоки буџетски кратења со цел да го задржи својот рејтинг на највисоко можо ниво „ААА“. - Веројатноста од повеќекратен банкрот во еврозоната веќе не е занемарлив, - предупредува агеницјата. „Мудис“, исто така укажува на тоа дека серија банкроти може значително да ги зголеми шансите една или две членки не само да банкротираат, туку и да ја напуштат еврозоната. - Какво било сценарио за излез на повеќе земји-членки од еврозоната, односно со други зборови фрагментација на еврозоната, би имало негативни последици за кредитните статуси на сите земји од ЕУ, се наведува во извештајот на „Мудис“.

Предупредување на британската невладина организација „Оксфам“КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ КЕ ЈА ПРОДЛАБОЧАТ КРИЗАТА СО ХРАНАТА

Климатските промени ќе станат повидливи кога поплавите и сушите ќе поттикнат раст на цените на прехранбените производи, што ќе создаде зголемување на сиромаштијата, предупреди британската невладина организација „Оксфам“ во пресрет на конференцијата на ОН за климатски промени што започна денеска во јужноафриканскиот град Дарбан. Во Извештајот на Организацијата се посочува дека растот на цените на пченицата, пченката и другите житни култури предизвикан од лошите временски услови, во последите 18 месеци одведе десетици милиони луѓе во сиромаштија. - Со засилувањето на климатските промени состојбата ќе се влошува и тоа директно ќе се одрази врз земјоделството, предупреди претставникот на „Оксфом“, Кели Дент. Таа нагласи дека климатските промени им нанесуваат двоен удар на најсиромашните. - Освен што елементарните непогоди ги уништуваат нивните домови и имоти, овие луѓе ќе мораат да се соочат и со повисоки цени на храната, истакна Дент. „Оксфом“ потсетува дека суштата што ги зафати Русија и Украина во 2010 година резултираше со раст на цената на житните култури од 60 до 80 отсто за само три месеци. Во април годинава цените на житните култури беа за 85 проценти повисоки во однос на јуни 2010 година. Во јули годинава цената на житарката соргум во Сомалија беше за 393 проценти повисока од нејзината просечна цена во последните пет години, додека цените на пченката во Етиопија и Кенија пораснаа за 191, односно за 161 отсто, како последица на суштата на Рогот на Африка, се посочува во Извештајот на „Оксфом“.

Организацијата наведува и дека како последица на тропските бури и ураганите во Југоисточна Азија цената на оризот во Тајланд и Виетнам во текот на септември и октомври беше за 25 до 30 проценти повисока отколку пред една година. Светската банка во еден неодамнешен Извештај посочи дека светскиот индекс на цените на прехранбените производи во септември 2011 година бил за 19 проценти повисок

во однос на истиот месец лани. Експертската група на ОН за климата неодамна објави дека поради глобалното затоплување ќе дојде до зачестување и проширување на појавата на суши и поројни дождови, што ќе предизвикуваат поплави. Поаѓајќи од сите овие извештаи и предупредувања, „Оксфом“ ги повика учесниците на конференцијата во Дарван да се ангажираат за драстично намалување на емисиите на јаглерод диоксид во атмосферата и за создавање на фонд за помош на сиромашните земји. На конференцијата во Дарван една од главните теми ќе биде и создаваето на таканаречен „зелен фонд“, кои до 2020 година би требало на најпогодените земји од елементарни непогоди да им доделува помош во вкупна вредност од околу 100 милијарди долари годишно.

Предвидување на ОЕЦД „УМЕРЕНА РЕЦЕСИЈА“ ВО БРИТАНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Британската економија може да се најде во услови на „умерена“ рецесија идната година, објави Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), предупредувајќи дека враќање на рецесијата е можно и во зоната на единствената европска валута, јави дописникот на МИА од Лондон. Според ОЕЦД, британската економија во последниот квартал од оваа година нема да оствари поголем раст од 0,2 отсто, додека за првиот квартал во идната година, се предвидува економски раст да биде уште помал и да се спушти на само 0,14 отсто. Предвидувањата за целата еврозона се уште потемни, па во четвртиот квартал се предвидува раст од минус еден отсто, додека во првите три месеци во 2012 година, економскиот раст на сите 17 земји од еврозоната на еврото ќе изнесува минус 0,4 отсто. ОЕЦД во својата најнова прогноза за состојбите во глобалната економија, предвидува раст од 3,8 отсто за крајот на оваа година и 3,4 отсто за идната година, што е намалување на растот во споредба со претходните прогнози на оваа организација. ОЕЦД ја сочинуваат дваесетина најразвиени светски економии, вклучувајќи ги најголемите во зоната на еврото, како и САД и Јапонија.

Page 30: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

КОРПОРАЦИИ

Американска банка „Џеј Пи Морган Чејс“ се подготвува за купување акцииПОТЕНЦИЈАЛЕН НАЈГОЛЕМ АКЦИОНЕРНА ЛОНДОНСКАТА БЕРЗА НА МЕТАЛИ

Една од водечките американски банки „Џеј Пи Морган Чејс“ е потенцијален најголем акционер на Лондонската берза на метали (ЛМЕ). Американската банка би можела да купи 4,7 отсто од акциите на ЛМЕ од брокерската компанија „МФ Глобал“, која неодамна банкротираше поради должничката криза во еврозоната, соопштија неименувани извори. Објавувањето на трансакциите се очекува до крајот на оваа недела, а се претпоставува дека за зголемување на својот удел на ЛМЕ - на вкупно 10,9 отсто - банката ќе потроши 25 милиони фунти (39,1 милиони долари). Вредноста на Лондонската берза на метали се проценува на околу 530 милиони фунти. ЛМЕ е водечка светска берза специјализирана за трговија на обоени метали. Меѓу акционерите на ЛМЕ се „Метдист“, „Голдман сакс“, УБС, „Џеј Пи Морган“ и „Сукден Фајненшл“.

„Хјулит Пакард“ПРЕТСТАВЕН СЕРВЕРОТ ДЛ980

Компанијата „Хјулит Пакард“ (ХП) во својата понуда го претстави и серверот „Пролајент ДЛ980 Г7“. Станува збор за сервер со врвни перформанси и стабилност за најкритичните бизнис апликации со намалени трошоци за користење.

Оваа серверска платформа нуди голема стабилност, со тоа што може да ги зголеми ресурсите од осум процесори со вкупно 80 „Интел ксеон Е7“ процесорски јадра, што е доволно да се одговори на потребите на најпребирливите клиенти.

„Мајкрософт“ КУПЕНА КОМПАНИЈАТА „ВИДЕОСУРФ“

Компанијата „Мајкрософт“ објави купување на компанијата „ВидеоСурф“, специјализирана за индексирање видео содржини на Интернет. Во „Мајкрософт“ соопштија дека технологијата на „ВидеоСурф“, меѓу останатото, ќе им овозможи да ги подобруваат перформансите на својата платформа „Иксбокс“. „Мајкрософт“ во исто време соопшти дека во почетокот на 2012 година на пазарот ќе ја лансира верзијата оптимизирана за персонални компјутери на својот систем за регистрирање на движења - „кинект“. Одредени игри и софтвери ќе бидат направени компатибилни за нова верзија преку лиценцирана програма.

Нафтена компанија ОМВ од АвстријаПРОНАЈДЕНО ГОЛЕМО НАОЃАЛИШТЕГАС СРЕДЕ ЛОЈЗА

Австриската нафтена компанија ОМВ пронајде големо наоѓалиште на гас на територијата на австриската покраина Долна Австрија и сега бара начини за негова експлоатација. Наоѓалиштето на гас, според експертите обезбедува гас за три децении и се наоѓа на територијата на општината Појсдорф, позната по лозјата. - Се проценува дека наоѓалиштето на гас е големо, но додека да бидеме во можност да го експлоатираме ќе поминат уште неколку години, се наведува во соопштението на ОМВ, која подолго време бара нови извори на гас. ОМВ минатата година продаде околу 18 милијарди кубни метри гас и располага со гасоводна мрежа долга 2.000 километри со капацитет од околу 89 милијарди кубни метри.

Британската компанија „Аркадија“ во кризаПРОФИТОТ ОПАДНАЛ ЗА 38 ОТСТО, СЕ ЗАТВОРААТ 260 ПРОДАВНИЦИ

Британската компанија за текстилни производи и конфекција „Аркадија-Груп“ во следните неколку години ќе затвори 260 свои продавници, соопшти нејзиниот сопственик,

милијардерот Филип Грин. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, Грин изјави дека причина за ваквото решение е опаѓањето на профитот за 38 отсто, како и на вкупната продажба. Компанијата најави „значително намалување на цените на производите“ пред Божиќните празници, кога побараувачката по традиција е значително поголема. Ваквата мерка се верува дека ќе помогне за раст на профитот на крајот од годината. „Аркадија-Груп“ е сопственик на девет трговски фирми, меѓу кои кај младите купувачи популарните „Топ шоп“ и „Топ мен“, како и „Дороти Перкинс“, „Мис Селфриџ“, „Волис“ и „БхС“. Филип Грин важи за еден од најголемите приватни работодавци во Велика Британија, затоа што во неговите 2.500 стоковни куќи и продавници низ земјата работат преку 44.000 луѓе. Засега не е познато колку луѓе ќе останат без работа со затворањето на 260 продавници. На листата на илјада најбогати Британци, што секоја година ја објавува неделникот „Сандеј тајмс“, Филип Грин се наоѓа меѓу првите десетмина. Како успешен бизнисмен, тој минатата година беше именуван за еден од надворешните советници за бизнис на премиерот Дејвид Камерон.

„Тојота“ започнува со производство на модели од серијата Ц во ТурцијаИНВЕСТИЦИЈА ОД 150 МИЛИОНИ ЕВРАВО ПРОВИНЦИЈАТА САКАРАЈ

Јапонскиот автогигант „Тојота“ ќе почне да произведува помали патнички автомобили тип седан од серијата Ц во Турција и планира во целиот проект да вложи 150 милиони евра. Автомобилот ќе се изработува во фабриката на „Тојота“ во западната турска провинција Сакарај, каде ќе бидат ангажирани уште 400 дополнителни работници, најави извршниот директор на турската филијала на јапонската компанија, „Тојота Моторс-Турција“, Орхан Озер. Тој нагласи дека фабриката има искуство во производство на седан автомобили, што е потврдено и со изработката на моделот „Корола“ во периодот од 1994 до 2006 година. Претпријатието „Тојота-Турција“ вработува 3.000 работници и има капацитет за изработка на 150.000 возила годишно. Најголемата јапонска автокуќа во Турција ги произведува моделите „Версо“ и „Аурс“, кои се извезуваат во повеќе од 30 земји.

Page 31: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Откако на производителите на пијалоци им забранија да тврдат дека водата ја спречува дехидрацијатаИСМЕАНИ БИРОКРАТИТЕ ВО БРИСЕЛ

*Службени лица од ЕУ по тригодишна истрага заклучија дека не нашле докази кои ќе го потврдат претходно несоборливиот факт

На производителите на вода во шишиња, со закон им се забранува да тврдат дека водата спречува дехидрација и ќе се соочат со двегодишна затворска казна ако постапат спротивно. Ова влегува на сила следниот месец во Велика Британија. Критичарите изјавија дека ЕУ се однесува чудно, и кон науката и кон здравата логика. Конзервативниот член на Европскиот парламент Роџер Хелмер, изјави: „Ова е голема глупост. Еврото гори, Европската Унија се распаѓа, а тука се уште има и тоа како доста платени пензионирани службеници кои се грижат за очигледниот квалитет на водата и кои се обидуваат да ни го забранат правото да кажеме нешто што е очигледна вистина. Ако некогаш имало епизода која ја демонстрира улавоста на европскиот проект, тогаш е тоа ова“. Правилата за здравје на Националниот здравствен сервис (НХС) јасно укажуваат дека пиењето вода спречува дехидрација, и дека Британците треба да пијат најмалку 1,2 литри вода на ден. Министерството за здравство ја оспори „мудроста“ на новиот закон. Портпаролот на министерството рече: „Се разбира дека водата хидрира. Додека ја подржуваме ЕУ во спречувањето на лажни тврдења околу производите, треба што е повеќе можно да вежбаме и здрава логика“. Германските професори др. Андреас Хан и др. Мориц Хагенмеер, кои ги советуваат производителите на храна како да ги рекламираат нивните производи, ја прашаа Европската комисија дали ова може да се стави на декларациите. Тие собрале податоци од она што сметале дека е неконтроверзна изјава, со цел да се тестираат новите закони кои дозволуваат на производите да стои дека можат да го намалат ризикот од болести, што е предмет на дозвола од ЕУ. Тие поднесоа барање за правото да се истакне дека „редовното конузмирање на значителни количества вода, можат да го намалат ризикот од развој на дехидрација“, како и да се

спречи понатамошниот развој на оваа состојба. Сепак, минатиот февруари, властите од Европските стандарди за храна (ЕФСА) одбија да го одобрат ова. Собирот на 21 научник во Парма, Италија, заклучи дека намаленото количество на вода во телото е симптом на дехидрација и не е нешто што со пиење вода ќе може последователно да се контролира. Сега пресудата на ЕФСА се претвори во директива на ЕУ, која беше објавена во средата. Членот на Европскиот парламент Пол Нутал, рече дека одлуката направила „законот за криви банани“ да изгледа „позитивно разумно“ во однос на овој. Тој рече: „Ми требаше да го прочитам ова четири или пет пати, пред да си поверувам. Ова е совршен пример што може Брисел најдобро да направи. Потрошени се три години, дадени се 20 посебни изјави од меѓусебна кореспонденција пред да се испратат 21 професори во Парма, каде со голема веродостојност одлучиле дека водата за пиење не може да се продава како метод за борба против дехидрацијата. Потоа донесоа закон и ставија јасно до знаење дека ако некој се осмели да продаде вода со тврдење дека е тоа ефективно средство против дехидрација, ќе се најдат во серизен правен проблем“.

Законите на ЕУ, кои стремат да воспостават стандарди за храна кај сите земји-членки, се често критикувани. Законите за забрана на криви банани и криви краставици, беа повлечени во 2008 откако предизвикаа меѓународно исмевање. Професорот Хан од Институтот на наука за храна и човекова исхрана на Универзитетот „Лајбниц“ во Хановер, рече дека Европската комисија со последната пресуда направила уште една грешка. - Каква е нашата реакција од исходот? Дозволете вака да се изјаснам: Ниту сме изненадени, ниту пак воодушевени. Европската комисија згреши, требаше да го дозволи нашето барање. Тоа треба да биде повеќе од јасно за секој кој пиел вода во животот,

а има ли таков кој не пиел? Се плашиме дека има нешто труло во состојбите во Европа, вели Хан. Професорот Брајан Ратклиф, портпарол за Друштвото за исхрана, рече дека дехидрацијата вообичаено е предизвикана од клиничка состојба и секој може да биде соодветно хидриран и без да пие вода. Тој изјави: „ЕУ вели дека ова не го намалува ризикот од дехидрација и тоа е точно. Ова тврдење е обид да се разјасни тврдењето дека во водата во шишиња има нешто посебно, што всушност и не е разумно трвдење“. (Телеграф – Лондон)

Младите Италијанци масовно ја напуштаат земјатаЗА ДВЕ ГОДИНИ ЗАМИНАЛЕ 120.000ВИСОКООБРАЗОВАНИ КАДРИ!

*Високо образовани млади Италијанци во голем број заминуваат во странство да бараат работа. *Невработеноста и малите плати доведоа до тоа една третина Италијанци кои се во третата деценија од животот сеуште да живеат со родителите

Откако 18 месеци волонтирал во Италија, Масимо Фантини се одлучил среќата да ја проба во странство и заминал во САД, каде по пет години имал работа во голема мултинационална компанија, купил куќа и се оженил. - Да останев во Италија, се што ми се оствари ќе беше невозможно, изјави Фантини кој сега живее во Њујорк. - Кога разговарам со своите родители кои останаа, слушам колку се исфрустрирани. Ја губат својата енергија и своите соништа. Тоа е најлошо нешто што може да се направи на некого, додава овој 34-годишен сметководител. Фантини е еден од бројните високо образовани Италијанци кои сметаат дека биле принудени да побараат подобра иднина во странство. Проблемот со масовното заминување на младите луѓе од Италија стана толку голем што италијанскиот Парламент усвои закон со кој се обидува да ги привлече младите Италијанци кои заминале од земјата, да се вратат во татковината, но новиот премиер Марио Монти ќе мора да направи многу повеќе во спроведувањето на реформите ако сака да го спречи нивниот егзодус. Италија има долга традиција на

Page 32: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

емиграција. Од 1876 до 1970 година се проценува дека 25 милиони Италијанци ја напуштиле земјата да бараат работа во странство. Претходно од земјата заминуваа главно неквалификувани и необразовани луѓе, додека сега тоа го прават високо образовани млади луѓе. Иако не постои официјална статистика, во италијанските деловни кругови се проценува дека околу 120.000 млади високо образовани Италијанци ја напуштиле земјата во 2008/09 година, од кои 70 отсто биле студенти кои штотуку ги завршиле студиите на факултет. Серџо Нава, новинар кој напишал книга за проблемот со иселувањето на млади луѓе од земјата, смета дека економската криза, која последните месеци кулминираше во Италија, само ја влоши состојбата. - Во Италија доминираат стари луѓе. Тие даваат работа на луѓе кои ги познаваат и на кои им веруваат, не ги земаат предвид луѓето со најдобри квалификации. Тоа е ноќен кошмар за младите луѓе. Тоа често доведува до тоа Италија да биде на колена, рече тој. Италија има помалку дипломирани студенти од други држави членки на Европската унија, со 19,8 отсто Италијанци на возраст од 30 до 34 години со факултетска диплома, додека европскиот просек е 33,6 проценти,

покажуваат податоците на Европската канцеларија за статистика Евростат. Наспроти тоа, Италија има најголем процент на невработеност меѓу дипломираните студенти – 58 проценти, додека просечната плата на тие среќници кои успеале да најдат работа минатата година изнесува само 1.078 евра. Покрај тоа, италијанските компании на младите не нудат постојана работа за да ги заштитат постарите работници. Невработеноста, малите плати и несигурните работни договори доведоа до тоа, една третина Италијанци кои се веќе во третата деценија од животот, се уште да живеат со родителите.

(Политика – Белград)

Здодевни злобни романтичариЕВРОПСКИ МАРШ КОН ЕВРОТООД ПОЧЕТОКОТ БЕШЕ СОМНИТЕЛЕН ПРОЕКТ

* Има збор кој често го слушам во последно време, „технократ“. Понекогаш тој се користи за јаловост - креаторите на еврото ни кажаа дека биле техократи кои не успеале да ги земат во предвид човечките и културните фактори. Понекогаш тој збор се користи за пофалба, како за ново поставение премиери на Грција и Италија, кои се опишуваат како технократи кои ќе се издигнат над политиката и ќе сторат се што треба да биде направено. Можам да лажам. Знам од технократите, затоа што понекогаш и јас си играм така. А овие луѓе - луѓето кои ја изиграа Европа во прифаќањето на заедничката валута, луѓето кои ја изиграа и Европа и САД во должничката криза - не се технкорати. Наместо тоа, тие се длабоко непрактични романтичари. Тие сигурно се бескрајно здодевна сорта на романтичари, зборуваат во здодевна проза наместо во поезија. И нештата кои ги бараат за возврат на нивнте романтични визии се често сурови, кои бараат огромни жртви од обичните работници и семејствата. Но, останува фактот дека овие визии се водени од соништа заради кои нештата треба да бидат наместо студеното завршување на нештата онакви какви реално се. И за да ја спасиме светската еономија мораме да ги исфрлиме овие опасни романтичари од нивните пиедестали. Да започнеме од создавањето на еврото. Ако мислите дека ова беше проект воден од внимателни калкулации во неговото чинење и добивките, не сте добро информирани. Вистината е дека европскиот марш кон заедничката валута беше уште од почетокот сомнителен проект наспроти секоја објективна економска анализа. Економиите на континентот беа толку различни за да функицонираат мазно со монетарната политика која одговара на секоја големина, што изгледа дека преживуваат „асиметрички шокови“ при што некои земји пропаѓаа, додека други цветаа. И неспоредливо со државите во САД, европските држави не беа дел од една нација со унифициран буџет и пазар на трудот, поврзани заедно со ист јазик.

Па зошто тогаш овие „технократи“ настојуваа толку кон еврото, непочитувајќи ги многуте предупредувања од економистите? Делумно затоа што тоа беше сон за европско ообединување, кое за континенталната елита изгледаше толку привлечно што нејзините членки ги отфрлија практичните противрчности. А делумно беше и отскок на економската верба, надеж - воден од вољата да се верува и покрај многуте докази како

спортивното - дека се ќе функционира онолку долго се додека нациите практикуваат викторијанска доблест за стабилност на цените и на фискална дициплина. Тажно е да се каже, но нештата не функционираа како што беше ветено. Но, наместо да се прилагодат кон реаноста, овие наводни технократи само го удвоија проблемот - на пример, со инсистирањето дека Грција може да го избегне банкротот преку безмилосни мерки на кратења, кога секој кој знае математика знае добро што значи тоа. Дозволете посебно да ја истакнам Европската централна банка (ЕЦБ) која требаше да биде врвната технократска институција и која посебно си забега во фантазите додека нештата одеа кон лошо. На пример, минатата година банката ја потврди својата верба во моментот на вистината и тоа со тврдењето дека буџетските кратења кај најзаглавените економии ќе донесат експанизија, со порастот на деловната и потрошувачката доверба. Чудно, но тоа не се случи никаде. А сега кога Европа е во криза - криза која не може да биде смирена се додека ЕЦБ не го сопре маѓепсаниот круг на финансиски колапси - нејзините лидери се уште се држат до ставот дека стабилноста на цените ќе ги излечи сите болести. Минатата недела, Марио Драги, новиот претседател на ЕЦБ, објави дека „контролата на очекуваната инфалција“ е „најголемиот придонес кој можеме да го направиме во поддршката на одржливиот раст, создавањето

Page 33: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

нови работни места и на финансиската стабилност“. Ова е најфантастичното тврдење кое доаѓа во време кога очекуваната европска инфлација е, рака на срце, ниска, и она што ги движи пазарите е стравот од помалку или повеќе брз финансиски колапс. Тоа повеќе личи на религиозна објава, отколку на технокоратско залагање. Да разјасниме, ова не е антиевропски атак, бидејќи и ние самите си имаме свои псевдо-технократски проблеми во политичките дебати. Всушност, наводно партиски ненаклонети групи на „експерти“ - Комитетот за одговорен федерален буџет, коалцијата Конкорд, итн. - сите тие беа толку успешни во киднапирањето на дебатите за економската политика, пресвртувајќи го фокусот од работните места кон дефицитот. Вистинските технократи би запрашале каква врска има ова во време кога стапката на невработеност е 9 проценти и каматите на долгот на САД се само два проценти. Но, како и ЕЦБ, и нашите фискални магови си имаат своја приказна за тоа што е важно и ќе се држат до неа без разлика што велат податоците. И, дали сум против технократите? Воопшто не. Ми се допаѓаат технократите - технократите се мои пријатели. И ни треба техничка експертиза за да се справиме со наште економски проблеми. Но, нашиот дискурс е тешко изместен од идеологиите и расположените мислители - здодевни злобни романтичари - кои се преправаат дека се технократи. И време е да ја издушиме нивната надуена претензија.

(Њујорк Тајмс )

Европа стравува поради еврото и должничката кризаСРБИЈА ЌЕ СЕ НАЈДЕ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

Европа стравува поради еврото

и должничката криза, а познатите банки и аналитичари повеќе и не кријат дека сломот на монетарниот и финансискиот систем е многу реален. Во текот на последните денови црни вести пристигнуваа една по друга, а во

случај на неповолен расплет на кризата, кој е се поизвесен, домашните експерти најавуваат дека и Србија ќе се најде во големи проблеми. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии вели дека драстичниот пад или укинувањето на еврото е многу возможно. Тој оценува дека укинувањето на заедничката европска валута би довело до големи загуби за граѓаните и стопанството во Србија, бидејќи сите депозити и кредити, но и дел од девизните резерви на државата, мора да се префрлат во динари или некоја друга валута и за тоа би се плаќале курсни разлики.

Две можни сценарија

Глигоров истакнува дека слабењето на еврото ќе предизвика верижна реакција бидејќи на пазарот сите ќе побрзаат да ги продадат еврата и најверојатно ќе купат долари. - Кризата на еврото може да се развие во две сценарија. Според најлошото, би дошло до слом на заедничката валута и членките на еврозоната би можеле да изреагираат неорганизирано, што би подразбирало да почнат да печатат национални валути, или организирано, т.е. во договор со Европската централна банка да го напуштат заедничкиот валутен систем. Трошоците од неорганизиран настап на државите можат да бидат многу поголеми. Второто сценарио предвидува само слабење на еврото, објаснува Глигоров. Тој потенцира дека поради слом на еврото најголема работа во Србија би имала Народната банка, која ќе мора да се погрижи за безбедноста на депозитите, но и резервите на државата. - Тука би се поставило прашањето според кој курс ќе се менуваат депозитите од евра во динари. Сигурно е дека би бил помал од очекуваниот. Исто така, бидејќи најголем дел од резервите на НБС е во германски обврзници, веројатно нивната вредност би се мерела во марки, а поради девалвација на еврото вредноста би била намалена, наведува Глигоров. Тој смета дека би профитирале сите кои имаат заштеда во долари или некоја друга валута, а во Србија повторно би заживеале марките. - Тоа е нормално, бидејќи и пред еврата, покрај динарот, во Србија најмногу се користеше германската марка како средство за плаќање. Секогаш најголемиот износ на дознаки од странство беше во таа валута, објаснува

Глигоров и додава дека неговиот совет до граѓаните кои имаат поголема заштеда во евра би бил тие пари да ги вложат во имот, додека како друга опција предлага купување на швајцарски франци или норвешки круни. Некои домашни аналитичари, сепак, не веруваат дека ќе дојде до слом на еврото, но се согласуваат дека е можно некои земји, пред се Грција, Шпанија, Португалија, Италија, поради кризата да бидат принудени да ја напуштат еврозоната и да преминат на своите национални валути. Таквото сценарио, како што велат, би се одразило

на Србија со повлекување на пари од банките чии матици се наоѓаат во тие држави и со драстичен пад на извозот на нивните пазари.

Надминување на рецесијата

Мирослав Здравковиќ смета дека нема да дојде до слом на еврото, но исто така мисли дека е можно земјите на ЕУ кои имаат најмногу проблеми да добијат „шут карта“ од еврозоната. - Тие ќе бидат принудени да се вратат на националните валути, но и да ги девалвираат за да ја зголемат конкурентноста на своето стопанство. Тоа би се одразило и на Србија, која има значителен извоз во Грција и Италија и би довело до рецесиски удар, наведува Здравковиќ и предлага дека треба да го следиме примерот на Германија, која го зголеми извозот во Русија и Кина, а го намали во загрозените европски земји. Иван Николиќ смета дека кризата во еврозоната значително ќе влијае на намалување на извозот на Србија: „Поради намалена побарувачка во презадолжените земји, српските производи тешко ќе стигнат таму. Исто така, кризата во Грција и Италија ќе доведе до повлекување на капиталот од останатите земји, па и од Србија“. (Б92 – Белград)

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 34: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Интервју на Трајко Трпевски, генерален директор на „Бетон“ за „Капитал“

ДОАЃААТ ДОБРИ ДЕНОВИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВОТО!

• Кога сме ангажирани на големи капитални проекти, вработуваме повеќе луѓе, употребуваме повеќе механизација и така сигурно ефектот е подобар отколку само со употреба на минимум работна сила. Според тоа што го најави вицепремиерот Ставрески, во буџетот за следната година има предвидено многу пари за капитални објекти. Ако се почне да се гради пругата кон Бугарија, Коридорот 8, браните Луково Поле и Бошков мост, мислам дека доаѓаат добри денови за македонското градежништво, вели Трајко Трпевски, генерален директор на Бетон

Во странство сè уште е ризично. Повеќе ни се исплатува да работиме дома. Ова го констатира генералниот директор на градежната компанија Бетон, Трајко Трпевски, со кого “Капитал“ деновиве направи ексклузивно интервју. Трпевски верува дека Владата и во следните години ќе продолжи да отвора работа за градежните компании и се надева дека поголем дел од неа ќе бидат капитални проекти. Со Трпевски зборуваме на многу теми, почнувајќи од проектите на кои моментално работи Бетон, преку поставеноста на тендерските услови за големите проекти во Македонија, проблемите на странските пазари, сè до пазарот на станови во главниот град.

• Првите девет месеци Бетон ги заврши со 15,7% раст на добивката и над 30% раст на приходите. Можете ли да резимирате што придонесе најмногу за ваквото позитивно финансиско работење? Кои беа најголемите проекти на кои работевте, кои практички се ефектуираа во овој период? На кои проекти продолжувате да работите во следниот период?

Резултатите за деветте месеци се должат на тоа што комплетно ја завршивме арената Филип Втори и на 24 април го предадовме објектот. Масовно работиме на зградата на Министерството за надворешни работи, на Јавното обвинителство, а во овие месеци го довршивме и свечено го пуштивме и последниот објект од комплексот на винарницата Стоби, барик-одделот. Во овој период го завршивме и патот Коломан-Близанско, долг осум километри, кој го поврзува Скопје со Македонски Брод, ја завршивме фонтаната на градскиот плоштад, активно работиме на хидроцентралата Света Петка уште од 2009 година. Очекуваме до крајот на годинава да се регулира и речното корито, а целиот проект да се заврши до крајот на април 2012 година, кога треба да проработат двата агрегати. Во овој период ја завршивме и машинската зграда на браната Злетовица. Меѓутоа, сега ќе има дополнителни работи, како подготовка на просторот за хортикултурно уредување, како и санација на свлечишта на патот кој води до браната. Работиме на Собранието, каде што има повеќе работа, но најголем дел ќе ја завршиме годинава. Работиме и на Мостот на уметноста, кој ќе го поврзува Јавното обвинителство со десната страна на реката Вардар. Почнавме да работиме на Градската куќа, каде што копавме надолу во земјиштето, затоа што ќе има и три нивоа за подземно паркирање. Од идната недела треба да почнеме со копање на теренот на градскиот стадион за изградба на атлетска патека, која треба да биде завршена до март следната година. Сега на игралиштето нема ниту дренирање на вода, ниту загревање, ниту автоматско наводнување. Со новиот проект е предвидено сето тоа да постои, односно да се направи игралиште по сите прописи на ФИФА и УЕФА, кое ќе може да се користи во текот на целата година. Работиме на изградба на основно училиште во населба Лисиче, градиме млекарница во Градско за Вардар Градско, градиме мост во општина Кисела Вода во Драчево.

Вкупната вредност на сите проекти на кои работиме моментално е над 80 милиони евра. Што се однесува до финансиските резултати, сакам да објаснам дека во 2009 година имавме и поголем бруто-приход во првите девет месеци во однос на 2010 и 2011 година. Но, во 2009 година ја градевме браната на хидросистемот Злетовица и таму работевме по 20 часа дневно. Минатата година беше послаба бидејќи објектите ни беа во завршна фаза.

• Градежните компании реагираа дека Владата ги привилегира странските компании со поставеноста на тендерските услови за автопатот Демир Капија-Смоквица. Дали навистина фактот што Европската инвестициска банка (ЕИБ) е кредитор на проектот е причината за недостижните критериуми? Го преболевте ли овој бизнис или сè уште се надевате дека можете да бидете ангажирани од странската компанија која ќе го добие проектот?

Многу се надеваме за патот Демир Капија–Смоквица. За жал, критериумите кои се предвидени не ги исполнува ниту една македонска фирма, дури ако одиме со Гранит како joint venture нема да ги исполниме условите. Станува збор за пат кој е долг 25 километри, а ќе има и тунели и големи мостови и мостови со конзолна градба. Тоа се мостови со голем распон на столбовите. Единствениот мост со конзолна градба во Македонија, со распон меѓу столбовите од 86 метри и должина од 380 метри, го направи Бетон преку езерото Треска кај браната Козјак. Но, на тендерот за Демир Капија-Смоквица еден од условите е потенцијалниот изведувач во последните пет години да има изградено патен тунел не помал од 500 метри. Во Македонија последниот патен тунел е правен во 70-тите години, тоа е тунелот во Катланово на автопатот. Друг патен тунел оттогаш не е направен. Бетон во последните пет години има направено два тунели, но хидротехнички, на браната Злетовица. Имаме направено тунел на хидроцентралата Света Петка. Правевме тунел и на Козјак. Значи, имаме искуство во работењето тунели, меѓутоа, хидротехнички. Тврдам дека хидротехничките се потешки за работа отколку патните, затоа што хидротехничкиот тунел е круг, а патниот тунел е полукруг. Хидротехничкиот е затворен тунел и низ него тече вода. Но, условот е услов, а ние не го исполнуваме.

ПРЕНЕСЕНО

Page 35: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Понатаму, се бара фирмата да има годишен обрт не помал од 250 милиони евра, а и Бетон и Гранит се далеку од тоа. Кредитот е од Европската инвестициска банка и најверојатно таа ги диктирала условите. Но, нашата Влада можеше да инсистира барем да се подели автопатот на две или три делници. Во тој случај, заедно со Гранит ќе можевме да ги исполниме условите, затоа што и тендерите за делниците ќе се објавуваа посебно. Но, сега можеме да се надеваме само дека компанијата што ќе ја земе работата ќе бара локални фирми-партнери. Колку што знам, над 60 странски фирми имаат подигнато тендерска документација. Понудите треба да се достават на 6 декември. Се надеваме дека ќе бараат помош од нас, затоа што досега сите странски фирми што работеле ангажирале локални фирми.

• Што губат македонските градежни компании со тоа што нема да бидат директни изведувачи на автопатот Демир Капија-Смоквица? Комуницираа ли од Владата со вас градежниците додека се кроел тендерот и колку странските компании кога ќе добијат одреден проект во Македонија успеваат соодветно да го завршат?

Кога си носител на проектот директно комуницираш со инвеститорот. Плаќањата доаѓаат директно од инвеститорот до фирмата носител на работата. А кога си втора рака, секој што ќе ја земе работата од цената што ќе ја договори сигурно ќе бара барем 10% профит за него без да работи, а изведувачите ќе ги завршат работите и ќе добијат толку колку што ќе им даде главниот изведувач. Македонија е мала земја. Се знае колкав е годишниот обрт, колку има Гранит, колку има Бетон. Сигурен сум дека Владата се обидела да направи нешто, но ставот на банката е таков. Ја слушав изјавата на потпретседателот на Владата, Пешевски, дека се обиделе и сè уште се обидуваат, меѓутоа, банката не попушта. Знаете, тоа се европски пари и можеби ним повеќе им одговара носител да биде странска компанија. Сигурно има причини зошто тендерот е објавен така како што е. Никој нема проблем со тоа странска компанија да добие тендер во Македонија. Но, ако го добие, нека донесе сопствена опрема, сопствени машини и работници и технологија и нека ја заврши и работата. Секој може како човек-фирма да добие работа, па потоа да ангажира други да му ја завршат. Во најголем број случаи

странските компании што го добиваат тендерите се однесуваат токму така. Тие не носат никаква опрема, туку работат преку други градежни фирми. А тендерите ги добиваат со референци од тоа што го работеле во нивните земји. Друго прашање е ако почнеме да анализираме за колку време странските компании ги завршуваат проектите кои ги работат. Затоа, треба да се почитува законот, според кој главниот изведувач на подизведувачот може да му отстапи

максимум 40% од работата. Мислам дека државата тука треба да го заштити нашето стопанство.

• Кога сме кај странските градежни компании, колку се конкурентни македонските градежници на странските пазари и каква е позицијата на Бетон визави странските пазари, откако последните неколку години кризата ги одложи проектите на кои работевте надвор од Македонија?

Во кои странски пазари гледате перспектива сега?

Во 2006 и 2007 година работевме во Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија и во Русија, а бевме пред потпишување на договор во Украина. Со Титан од Атина работевме два силоси за клинкер од по 60.000 тони, еден во Србија, а друг во Бугарија, работевме и на Косовo стовариште за цемент и

имаше навестување дека во Бугарија ќе се прави уште еден силос, но светската криза и кризата во Грција ги одложи и овиe инвестиции. Претставништва имаме во Црна Гора, Русија и во Украина. Светската криза сè уште не е завршена, но се надеваме дека полека полека овие пазари ќе почнат повторно да се отвораат. Во меѓувреме се обидувавме на тендери во Србија со грчка компанија како joint venture. Но, една компанија која одеше со многу ниски понуди зеде

ПРЕНЕСЕНО

Page 36: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

5-6 тендери. Истовремено се случи кризата во Грција, со дампинг-цени почнаа да настапуваат и Грците и затоа го откажавме партнерството со грчката фирма. Тие зедоа некои проекти, ни нудат работа, но по цените по кои работат ние не можеме, затоа што не е исплатливо. Со тие цени само ќе создаваме загуби. Во однос на перспективата, мислам дека повторно треба да се ориентираме на рускиот и на црногорскиот пазар, иако на рускиот пазар сега е многу потешко да се влезе од порано. Во Црна Гора имаме на повидок деловен објект од 25.000 метри квадратни во Будва, меѓутоа, не е почнат откако зафати кризата. Проектите се направени и чекаат подобри времиња. Во Русија пак, требаше да градиме железарница, инвеститорот беше Украинец. Во 2009 година, кога руската економија ја зафати светската економска криза, која особено го погоди металуршкиот сектор, инвестицијата се откажа и сега се чекаат подобри времиња. Во Сочи исто така ни се нудеше голем проект. Требаше да градиме населба за зимската олимпијада, но партнерството беше со друга странска фирма како носител на проектот. Не ни одговараа цените и му откажавме. Рускиот пазар најдобро го познаваме, а имаме и претставништва во Москва и во Екатерингбург, но таму сега е многу тешко, пред сè поради тоа што многу тешко се доаѓа до визи. Имаме контакти, ги одржуваме. Неодамна ни нудеа еден проект во Санкт Петербург, но не е исто како што беше. Сега мора некој од Русија да гарантира за да добиеме виза. И Украина исто така интересен пазар беше, но и таму фати кризата. Во моментов имаме доволно работа во земјава. Мислам дека многу исправен потег на Владата е што одделува пари за капитални инвестиции. Затоа што и Бетон, а и другите градежни фирми зад нас носиме 300 други фирми: за резервни делови, за нафта, за арматура, за прозорци и врати, сè што треба да се направи во една зграда. Градежништвото влече барем 30 економски гранки зад себе. Ако во Македонија почнат да се градат Чебрен и Галиште, Луково Поле, Демир Капија-Смоквица, повеќе ни се исплатува да работиме дома отколку во странство, затоа што во странство и трошоците за плати ни се поголеми, а треба да се договорат такви цени со кои ќе ги задоволиме работниците и ќе остане профит и за фирмата. Во странство може многу лесно и да се заглави фирмата ако не ѝ платат.

• Зошто македонските градежници имаат проблем со обезбедување банкарски гаранции? Едно време имаше идеја за формирање државен гарантен фонд.

Тоа со банкарските гаранции е посебна приказна. Кога конкурираме за секој проект се бараат гаранции по неколку основи. За лицитација се бара банкарска гаранција минимум 3% од вкупната вредност на проектот. Тука ќе се навратам пак на автопатот Смоквица-Гевгелија. За тој тендер се бара гаранција од три милиони евра за понудата. Минималната гаранција за навремено и добро извршување е 10% од вкупната вредност на пресметката. Таков проект како што е овој автопат сигурно ќе има минимум 20% аванс. Со кој капитал Бетон и Гранит, како конзорциум, би можеле да ги обезбедат сите тие гаранции? Три милиони евра ќе обезбедиме почетна гаранција, но другите? Работата е вредна 250 милиони евра и еве, да речеме дека би ја зеле. 10% за навремено извршување се 25 милиони евра ако е 20% авансот, тоа значи уште 50 милиони евра банкарска гаранција за аванс. Ниту Бетон, ниту Гранит, ниту пак, заедно во конзорциум не можеме да обезбедиме 80 милиони евра гаранции. И да обезбедиме еднократно, понатаму не можеме да учествуваме на ниту еден тендер, затоа што имаме лимити на изложеност кон банките. Знам дека во странство постојат разни модели на државна поддршка. На пример, во Турција државата порано обезбедуваше 20% од вредноста на проектот, што е еден вид директна субвенција на градежништвото на странските пазари.

• Колку сте задоволни од обемот на капиталните проекти што се отвораат во државата? Специјализирани сте за градење брани, мостови, хидроцентрали, енергетски објекти итн. Колку недостигаат ваков вид проекти во вашето портфолио за да го искористите целиот потенцијал кој ви е на располагање како градежна компанија?

Хидроцентралата Света Петка треба да се заврши до април следната година. А според тоа што го најавува Владата, се надевам дека следната година ќе се отворат нови проекти, како што е Бошков мост и Луково Поле. Нам ни требаат капитални објекти за да ја употребиме механизацијата. Инаку, кога градиме зграда, ќе ископаме и толку е работата за машините. Ни требаат проекти од инфраструктура,

хидротехнички проекти, како што се брани, хидроцентрали, проекти чија изградба трае неколку години, проекти за кои градиме посебни живеалишта покрај самата локација и така ефективноста е поголема. Кога сме ангажирани на големи капитални проекти вработуваме повеќе луѓе, употребуваме повеќе механизација и така сигурно ефектот е подобар отколку само со употреба на минимум работна сила. Според тоа што го најави вицепремиерот Ставрески, во Буџетот за следната година има предвидено многу пари за капитални објекти. Ако се почне да се гради пругата кон Бугарија, односно реконструкцијата на делот што е изграден до Бељаковце, а во втората половина на 2012 година да продолжи изградбата на останатиот дел, ако се почнат локалните патишта, Коридорот 8, браните Луково Поле и Бошков мост, мислам дека доаѓаат добри денови за македонското градежништво.

• Ја споменавте пругата кон Бугарија. Тоа е капитален проект кој македонските градежни компании почнаа да го градат, но престанаа. Оттогаш наваму е само “мртво слово“ во предизборните програми на политичките партии. Неодамна конзорциум од неколку градежни компании во Хрватска побара отштета од државата за прекинатата изградба на Пељешкиот мост поради трошоците за подготовка кои ги имале. Зрел ли е овој случај со пругата во Македонија за барање отштета и дали сте побарале, со оглед на тоа што прекинот на изградбата беше политичка одлука?

Отштета баравме за пругата, но ние имаме и неоправдан аванс. Имавме поднесено тужби против Македонски Железници, но потоа имавме состанок со нив дека ќе се продолжи со градба и ги повлековме тужбите. Но, има уште еден момент, а тоа е дека во 1996 година МЖ Инфраструктура ни даде аванс. Сигурно дека имаме штети на пругата, затоа што сите градежни компании имавме населби и кранови. Сега дури не знаеме во каква состојба е сето тоа што сме го изградиле. Нашиот дел од пругата од тогаш беше проценет на 30 милиони марки, а од тоа изработивме околу 60%. Бетон ја градеше делницата во должина од седум километри од Бељаковце кон Ранковце, со шест мостови. Договорот е потпишан во 1996 година, а во март 2003 година дефинитивно се прекина работењето на пругата кога добивме писмо од Владата дека сите работи треба да се стопираат поради немање пари. Во

ПРЕНЕСЕНО

Page 37: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ЛУЃЕТО ЈА ПРАВАТ ФИРМАТА • Изминатите години Бетон доживеа различни раководства како резултат на промените кои се случуваа во акционерската структура. Се соочи и со криза на странските пазари. Сепак, во последните неколку години бројката на проекти на кои работите е значајно зголемена. Што опфати внатрешното реструктурирање во фирмата откако дојдовте на позицијата генерален директор и како успеавте да постигнете толку голема ангажираност за релативно кратко време?

Секоја промена во која било фирма, па и во Бетон е тешка. Кон крајот на 2007 година беа продадени

акциите на новиот сопственик. Меѓутоа, луѓето кои дојдоа овде, а дојдоа доста луѓе, околу 15-20, сметаа дека тие треба да раководат. Немавме ништо против и тие да раководат, меѓутоа, многу малку знаеја што е градежништвото и водењето фирма. Затоа, од август 2008 година од позицијата заменик-генерален директор станав генерален директор. За мене тоа не беше ништо ново, затоа што сите ме познаваат, сите ги познавам, вклучувајќи ги и работниците. Во Бетон сум од прва година градежнотехничко училиште како стипендист на Бетон, на Градежен факултет потоа исто така бев стипендист на Бетон. Првото вработување ми беше во Бетон и освен Бетон ништо друго не знам. И пред доаѓањето на новата структура ние функциониравме, работевме и Бетон се немаше најдено во ситуација да не даде плата. Меѓутоа, со доаѓањето на новата гарнитура прво, дојдоа луѓе коишто не воделе фирми, кои не ја познаваа дејноста на градежништвото, не познаваа како се доаѓа до работа и се случи тоа што се случи. Истовремено настапи и светската економска криза и доживеавме криза на странските пазари. Сепак, сакам да нагласам дека до крајот на 2007 година и почетокот на 2008 година работевме во Црна Гора и на Косово. Во Црна Гора имаме претставништво и сè уште одржуваме контакти. Но, покрај ефектите од кризата, новото раководство во тој период не им беше познато на нашите странски партнери. А луѓето ја прават фирмата. Поради неподготвеноста на тогашното раководство, во тој период почнавме послабо да контактираме со инвеститорите, но сепак, најголем проблем беше светската економска криза. Речиси сите тие луѓе кои дојдоа по продажбата го напуштија Бетон. А кога ги снема остваривме двојно поголема реализација и тоа тимот од истите луѓе кои претходно со години сме биле во фирмата. Но, тоа не беше тешко да се постигне, особено не кога имате добар тим. Кога станав генерален директор на клучните раководни позиции ставив колеги кои со години работат во фирмата, кои знаеме кои се, колку знаат и колку можат. Не ми беше тешко да се организираме и да почнеме сериозно да работиме, бидејќи сите се знаевме, сите тие се луѓе од Бетон. Ретко некој што се вработил во Бетон го напуштил. Со водење политика без реализација не може. Ако не оствариме, никој нема да ни плати. Сепак, постојано правиме подмладување на кадарот, затоа што сите ние кои сме на раководни позиции за пет-шест години ќе одиме во пензија. Мора да има кадар кој ќе нè наследи. Во последните две години имаме примено повеќе од 20 нови млади инженери од сите струки. Но, тоа што тие го научиле на факултет е само за полесно да се снајдат. Занаетот се пече. Ако новите луѓе не ги фрлиш во оган, нема да научат. По некое време им даваме самостојно да водат некои од проектите на коишто работиме.

ПОГОЛЕМИ ОБЈЕКТИ НА КОИ РАБОТИ БЕТОН:

Јавно обвинителство; Собрание на РМ; Министерство за надворешни работи; Арена Филип Втори; Училиште во населба Лисиче; Споменик Паднати херои; Министерство за транспорт и врски; Две катни гаражи; Плоштад Карпошово востание; Градска куќа; Дополнителни работи на браната Злетовица; Довршување на хидроцентралата Света Петка; Мост на уметноста; и други помали објекти.

ПРЕНЕСЕНО

конзорциумот бевме ангажирани ние, Маврово, Гранит и Пелагонија. Камо среќа да продолжи да се гради пругата. Ние сме подготвени да работиме без да бараме отштета.

• Колку доходовен бизнис за градежните компании ќе биде станбената изградба во следниот период, со оглед на владиниот проект “Купи куќа, купи стан“? Колку е атрактивен овој проект за Бетон? Планирате ли да влезете во изградба на станбени комплекси?

Во моментов расчистуваме локација во населбата Аеродром, кај поранешните воени бараки, наспроти Воената амбуланта. Имаме три договорени локации со сопствениците на бараките и ќе почнеме станбена изградба. Ќе градиме три згради, секоја со површина од околу 6.000 квадратни метри. Земјиштето го имаше Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, па државата им го одзеде корисничкото право и сега сопствениците, според новиот закон, можат да си го купат земјиштето за едно евро за метар квадратен, по што ќе почнеме да градиме. Проектите се готови, чекаме само да го откупиме земјиштето. Станарите ќе ги обесштетиме, односно ќе им плаќаме кирија додека градиме, а потоа ќе им дадеме од новоизградените станови. Ова ќе бидат станови за пазар. Што се однесува до проектот “Купи куќа, купи стан“, тоа ќе оди преку државата. Ако државата се обрати до нас, ќе формираме цена. Ако ѝ одговара, нема проблем. Меѓутоа, тоа сè уште не е дефинирано до крај. Како и да е, секогаш кога ние сме граделе станбена зграда, сме немале проблем со продажбата на становите, затоа што сè уште владее мислењето дека големите фирми градат најквалитетни станови. Не сакам да ги омаловажувам помалите фирми, меѓутоа, сигурноста на голема фирма не може да се мери со фирма-човек или со фирма со 10 вработени. Сите знаеме што се случи со Фиком, со Самарија и затоа граѓаните имаат поголема доверба во големите фирми.

• Цените на становите нагло пораснаа пред 3-4 години, за последнава година да паднат и сега се со тенденција на дополнително опаѓање поради зголемената понуда. Дополнителен притисок ќе бидат новоизградените станови со владиниот проект. Ќе поевтинат ли, конечно, становите во Скопје и колку?

Сакале или не сопствениците, становите ќе поевтинат. Само за пример, во Ново Лисиче приватни фирми ги купија локациите и се направија можеби 8-10 згради. Колку што знам, продажбата тешко оди, а цената ја држат на 1.000 евра за метар квадратен. Мислам дека ќе мораат да ја спуштат цената ако сакаат да ги продадат. Ми се чини дека цената на становите нема да се качува, дури сметам дека треба да се спушти. Според мене, за да можат да се продадат сите новоизградени станови, цените, генерално, ќе се спуштат за минимум 10% до 15%.

Page 38: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ПРЕНЕСЕНО

Д-р Андреја Арсовски, В.Д. претсдател на Групацијата на приватни здраствени установи при Стопанската комора на Македонија за „Капитал“

ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ОБЕДИНЕТИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ПОКВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО

Приватните здравствени установи се обединија и формираа своја асоцијација со цел да остварат подобра заштита, но и за да земат активно учество во креирањето на здравствената политика. Иницијатори за формирање на Групацијата на приватни здравствени установи која функционира при Стопанската комопра на Македонија се приватната општа болница Ремедика, специјалната болница за хируршки болести Филип Втори, болниците Систина и Неуромедика, како и Европската очна болница. “Капитал“ разговараше со првите луѓе на овие приватни установи со цел да дознаеме кои се нивните следни чекори

• Зошто е формирана Групација на приватни здравствени установи при Стопанската комора на Македонија?

Повеќе од 20 стопански субјекти, репрезенти во фармацевтската и здравствената дејност во Македонија на 30 март годинава ја конституираа Асоцијацијата за здравство при Стопанската комора на Македонија. Основачи на асоцијацијата се претставници на: производителите на фармацевтски производи, најголемите дистрибутивни синџири на лекови – веледрогериите, претставници на трговија со лекови на мало, производители на хербални лекови, застапен е сегментот на дијагностика и лаборатории и приватните здравствени установи.Со цел ефикасно остварување на специфичните интереси на приватните

здравствени установи во вршењето на дејноста, во рамки на Асоцијацијата за здравство, на 22.09.2011 година, по иницијатива на приватните здравствени установи: Клиничка болница Аџибадем-Систина - Скопје, Специјална болница за хируршки болести, Филип Втори – Скопје, Прва приватна општа болница Ремедика - Скопје, Неуромедика - Скопје и Европска очна болница - Скопје се формираше Групација на приватни здравствени установи.

• Кои се целите и задачите на групацијата?

Групацијата има за цел да ги артикулира и координира потребите на приватните здравствени установи, во функција на остварување на што подобра заштита на пациентите и нивните права.Групацијата ќе биде партнер на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, како и на другите носители на здравствената политика, со цел активно вклучување, како заинтересирана страна, во подготовката на правната регулатива поврзана со здравствената дејност, како и други активности кои се во насока на подобрување на реалните состојби во здравствениот сектор. Групацијата организирано ќе учествува во подобрување на квалитетот на здравствените услуги и ќе биде актвен чинител во обезбедување поголема достапност на своите квалитетни услуги до пациентите.

• Како ќе дејствува групацијата?

Анализирајќи ги проблемите од економско-правен аспект со кои се соочуваат приватните здравствени установи во Република Македонија, од една страна, и знаењето, потенцијалите и огромната волја за натамошен напредок на оваа дејност и во рамките на приватниот

сектор, од друга страна, за разрешување на клучните прашања што се претпоставка за успешно функционирање на овој сектор, неопходен е континуиран дијалог, постојана консултација со сите заинтересирани страни за сите правни и економски прашања поврзани со овој сектор и непосредна и постојана подготвеност на државата да ги земе предвид мислењата, забелешките и предлозите на приватниот сектор во областа на здравството. Токму поради овие причини, приватните здравствени установи во иднина ќе дејствуваат координирани и организирани во рамки на Групацијата на приватните здравствени установи при Стопанската комора на Македонија.Здружувањето во групацијата е слободно и на доброволна основа. Притоа, групацијата е отворена за членство за сите заинтересирани субјекти кои имаат интерес да членуваат во неа. Оваа можност ја користам да ги повикам сите приватни здравствени установи да ни се придружат!Веднаш по формирањето на групацијата, претходната неделна остварена е средба со директорката на Фондот за здравствено осигурување, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, на која групацијата ги претстави своите цели и задачи на идното делување, беше потенцирана спремноста од градење партнерски однос со фондот, аргументурано и институционално учество со активен придонес по законските и подзаконските акти, преку доставување забелешки, мислења и конструктивни предлози кои ќе бидат од обостран интерес, а секако пред сè од интерес за крајните корисници - пациентите. И од страна на директорката на ФЗО, беше истакната спремноста на фондот за соработка, градење партнерски однос и континуирана комуникација со групацијата по сите прашања кои се од доменот на работење на фондот.Деновиве очекуваме средба со министерсот за здравство, Никола Тодоров, и со Лекарската комора на Македонија.

Page 39: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

ПРЕНЕСЕНО

ЈОРДАН КАМЧЕВГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА

КЛИНИЧКА БОЛНИЦА АЏИБАДЕМ - СИСТИНА - СКОПЈЕ

“Формирањето на Групацијата на приватни здравствени установи како прв чекор, поради лошата финансиска состојба на Фондот за здравствено осигурурвање, ќе се залага за формирање приватен доброволен фонд за осигурурвање. Овој фонд може да функционира во состав на Фондот за здравствено осигурување. На овој начин ќе постигнеме двојна добивка. Ќе се подобри финансиската состојба на фондот, а истовремено граѓаните ќе имаат можност да одберат каде ќе се лекуваат.Ги поддржуваме сите промени во македонското здравство, како воведувањето на електронска здравствена картичка која во единствен систем ги поврзува државните и приватните болници.Убедени сме дека Групацијата на приватни здравствени установи ќе помогне во креирањето квалитетен здравствен систем, којшто нашите граѓани го заслужуваат”.

Д-Р ТАЊА АНЃУШЕВАМЕДИЦИНСКИ ДИРЕКТОР

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ, ФИЛИП

ВТОРИ - СКОПЈЕ

“Групацијата на приватни здравствени установи при Стопанската комора на Македонија е организационен облик кој си постави за цел подигнување на квалитетот на здравстевни услуги во Републиката имајќи ги за крајна цел потребите на секој пациент како единка.Идејата и целта за формирање на оваа групација е во соработка со Министерството за здравство, Фондот и Лекарската комора, да се овозможи примената на сите корисни новитети во областа на

медицината да бидат достапни до секој пациент.Независно дали се работи за јавно или приватно здравство од аспект на сопственоста, здравството е јавна дејност, каде што треба да се почитува правото на пациентот каде ќе ги остварува своите права.Тенденцијата на оваа групација секогаш ќе биде висок квалитет, високо стручна и навремена здравствена услуга“.

Д-Р ЕМИЛ УГРИНОВСКИГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА НЕУРОМЕДИКА - СКОПЈЕ

“По 20 години постоење на приватното здравство конечно се најде начин и сила најголемите релевантни приватни здравствени институции во Македонија да седнат на заедничка маса и да формираат Групација за приватното здравство.Долго време ние како Неуромедика се обидувавме да укажеме дека е неопходно постоење на таква групација која ќе биде сериозен фактор за преговори со соодветните авторитети во здравството.Мислам дека формирањето на групацијата е одлична идеја која ќе биде сериозен фактор на преговорите и предложувањето на здравствените новитети, сè со една цел – за доброто на пациентите.“

НИЈАЗИ ИСМАИЛМЕНАЏЕР ВО ЕВРОПСКА БОЛНИЦА

- СКОПЈЕ

“Како специјализирана офталмолошка институција за краток период во Македонија воведовме европска процедура за дијагностика и операции со врвна технологија и искусен тим. Веруваме дека нашите претходни искуства од Р. Турција ќе ги имплементираме и во Р. Македонија. Знаеме дека надлежните институции се позитивно настроени за иднината на здравствениот систем.Тргнувајќи од тоа дека постојаниот развој е филозофија на услугите кои ги нудиме, визијата на нашата групација е преземање на сите потребни мерки за заштита на нашите пациенти, вработените и животната средина, како и создавње свест за квалитетни здравствени услуги во општеството.“

Page 40: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Назив на Проектот

MK-Скопје: Услуги за инженерски дизајн

Референца ECZ71637-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 224-364016

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 22.11.2011 година

Краен рок за апликација

12.12. 2011 година

Сектори Градежништво - инженерингТранспорт

Урбан развој

Опис на Проектот

Подготовка на основен сообраќаен проект и сообраќајни премини за:булевар Кузман Јосифовски Питу, патот од улицата Никола Карев до булеварот Кочо Рацин, подземен премин на Кеј 13 Ноември и на булеварот Илинден и на делот на сообраќајниот премин на булеварот Партизански одреди, преку булеварот ВМРО

КонтактиГрад СкопјеБул. Илинден бб1000 Скопје, Република МакедонијаЗа Марија Петрова Блажевска, Ирена СтојменоваTelephone: +389 23297240 +389 23297240 E-mail: [email protected]: +389 23297292

Назив на Проектот

MK-Скопје: ИПА - техничка помош на Министерството за информатичко општество и администрација и зајакнување на спроведувањето на националниот систем за тренинг координација

Референца EuropeAid/132187/D/SER/MK

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 22.11.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Управување со програми Односи со јавностаЈавна администрацијаЗаконодавство

Опис на Проектот

- Зајакнување на националниот систем за тренинг координација на јавни и државни службеници; - поддршка на развојот на правната рамка за човечки ресурси и градење на капацитетите, - поддршка на законодавната рамка за јавна и државна служба.

КонтактМинистерство за финансииЕдиница за централно планирање и договарање

Назив на Проектот

USPSC – сениор советник за развој

Референца USAIDSOL-182-12-000002

Финансиска референца

Вид на набавка

Услуги

Финансиер УСАИД

Земја Албанија

Објавено на 23.11.2011 година

Краен рок за апликација

4.12. 2011 година

Сектори Економски развојУправување со програми

Опис на Проектот

Се бара сениор експерт за бизнис, финансии

Контактh�ps://www.�o.gov/u�ls/�ps?�p=viewersContrac�ng Office Address:9510 Tiran PlaceWashington, District of Columbia 20521-9510 Place of Performance: USAID, U.S. EmbassyRr. e Elbasanit, nr. 103Tirana, Albania Primary Point of Contact.: Hans J. Thimm,Deputy Execu�ve [email protected]: +35542293030Fax: +35542233520

Назив на Проектот

Проект за катастар на недвижности - Дополнување

Референца WB4655-811/11

Финансиска референца

Loan No. 7928-MK, Project Id: P083126

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 23.11.2011 година

Краен рок за апликација

5.12. 2011 година

Сектори Земјоделство - рурален развојГрадежништво - инженерингЖивотна средина

Опис на Проектот

Консултантски услуги за портфолио на компании, референци и информации за успешно договарање

КонтактЗа Татјана Ценова МитревскаАгенција за катастарУл Трифун Хаџи јанев 10, 1000 Скопје, Република Македонија Telephone: +389 2 3175987Email: [email protected] Site: www.katastar.gov.mk

Назив на Проектот

Проект за условен кеш трансфер

Референца WB4978-812/11

Финансиска референца.

Loan No. 7735- MK, Project Id: P103974

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

Објавено на 23.11.2011 година

Краен рок за апликација

8.12. 2011 година

Сектори Односи со јавноста

Опис на Проектот

Консултантски услуги за испорачување информации и обука на персонал

КонтактМинистерство за труд и социјална политикаЗа Адријана БакеваУл Даме Груев 14. 1000 Скопје, Република Македонија. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот

Регионален проект: Одржлив развој на програми од енергетскиот сектор

Референца EBRDZ68129

Финансиска референца

Procurement ref: 34237 (35011)

Вид на набавка

Услуги

Финансиер ЕБРД

ЗемјаAlbania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia, Georgia,Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Federa�on, Serbia, Slovakia, Slovenia,Tajikistan, Turkey, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan

Објавено на 23.11.2011 година

Краен рок за апликација

13 .12. 2011 година

Сектори ЕнергетикаФинансииУправување со програми

Опис на Проектот

Консултантски услуги на банката за помош на клиенти од енергетскиот сектор за да ги идентификуваат и применат најдобрите инвестициони програми.

Контактh�p://www.ebrd.com/pages/workingwithus/procure-ment/no�ces/csu/contact_sheet.docEBRD Contact: Yvonne WilkinsonTel.: +44 20 7338 7123Fax: +44 20 7338 7451Email: [email protected]

Назив на Проектот

Развој на решенија за учење

Референца WB4991-812/11

Финансиска референца

Econsult selec�on no. 1055175

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua andBarbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas,Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, CostaRica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Domi-nica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�,Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Re-public, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait,

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 41: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Ma-laysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri-�us, Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova,Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, SaintKi�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Gren-adines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trini-dad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 24.11.2011година

Краен рок за апликација

6.12. 2011 година

СекториИнформатичка технологијаОбразованиеУправување со програмиОдноси со јавност

Опис на Проектот

Консултантски услуги за помош на ИФЦ за посигурно испорачување на нивните услуги

Контактh�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот

IDG – испорачување на тренинг

Референца WB5010-812/11

Финансиска референца

Econsult Selec�on No. 1055379

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua andBarbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas,Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands, CostaRica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�, Domi-nica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Hon-duras, Hungary, India, Indonesia, Iran Islamic Republic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiri-ba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo, Kuwait, KyrgyzRepublic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Malawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us,Mexico, Micronesia, Federated States of, Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Panama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda, SaintKi�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and the Gren-adines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Arabia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trini-dad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 24.11.2011 година

Краен рок за апликација

7 .12. 2011 година

Сектори Образование Односи со јавност

Опис на Проектот

Консултантски услуги на ИФЦ со цел да се мери придонесот на клиентите во приоритетни области како резултат на нивната поддршка

Контактh�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот

Тренинг-програма на напредно еквити инвестирање

Референца EBRDZ71692

Финансиска референца

Procurement ref: 35200

Вид на набавка

Услуги

Финансиер ЕБРД

ЗемјаAlbania, Armenia, Azerbaijan, Belarus, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croa�a, Estonia, Georgia,Hungary, Kazakhstan, Kyrgyz Republic, Latvia, Lithuania, Macedonia, Moldova, Montenegro, Poland, Romania, Russian Federa�on, Serbia, Slovakia, Slovenia,Tajikistan, Turkey, Turkmenistan, Ukraine, Uzbekistan

Објавено на 24.11,2011 година

Краен рок за апликација

7.12. 2011 година

СекториФинансии - банкарствоОдноси со јавност

Опис на Проектот

Ангажрање на консултанти за тренинг за персоналот на ЕБРД за еквити инвестиции

КонтактAngela LevitskyEuropean Bank for Reconstruc�on and DevelopmentTel: +44 207 338 6363Fax: +44 207 338 7451Email: [email protected]

Назив на Проектот

Дополнително финансирање на здравствениот сектор

Референца WB5007-812/11

Финансиска референца

Credit No. 7819-ME, Project Id: P082223

Вид на набавка

Услуги

Финансиер Светска банка

Земја Црна Гора

Објавено на 24.11.2011 година

Краен рок за апликација

16.01. 2012 година

Сектори Информатичка технологија

Опис на ПроектотНабавка на хардвер за здравствениот систем LOT 1. Storage system and servers LOT 2. PCs and Printers

КонтактMinistry of Finance. Technical Services Unit . Mr. Zoran Mijovic. Jovana Tomasevica bb, Str. (Government’s building, office 48).20000 Podgorica, Montenegro. Tel: +382 20 201 697. Fax: +382 20 201 698. E-mail address: [email protected]

Назив на Проектот

Молдавија – Програма за развој на водостопанство

Референца EBRDZ71694

Финансиска референца

Procurement ref: 6534-IFT-40267

Вид на набавка

Услуги, изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Молдавија

Објавено на 24.11.2011 година

Краен рок за апликација

27.01. 2012 година

СекториГрадежништво - инженерингЖивотна средина

Опис на ПроектотLOT 1. Нова мрежа од 9.4kmLOT 2. 12km нова мрежа и пумпни станициLOT 3. 8km нова мрежа и 3 пумпни станици LOT 4. 10km нова мрежа и обнова на постојни пумпни станици

КонтактIvan TORLAKEmployer: JSC APA TERMOAddress: 108 Lenin Street, Ceadir-Lunga, MD 6100, MoldovaTel: + 373 291 217 42Fax: + 373 291 217 49Email: [email protected]

Назив на Проектот

MK - Скопје: Громобрани

Референца ECZ71771-земји кандидати

Финансиска референца

2011/S 227-368951

Вид на набавка

Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 25.11.2011 година

Краен рок за апликација

17 .01. 2012 година

Сектори Телекомуникации

Опис на Проектот

Испорака и инсталација на оптички кабел и соодветна опрема

КонтактАД МЕПСОУл Орце Николов ббЗа Панче Маноловски1000 СкопјеРепублика МакедонијаTelephone: +389 23149693 +389 23149693 E-mail: [email protected] address(es): www.mepso.com.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 42: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Дводневен семинар на 6 и 7 декември 2011 година

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ08:30 - 16:00 часот

Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

* Практични пресметки на градежни конструкции.

Енергетската ефикасност на згради е мултидисциплинарна област во која се вклучени експерти од повеќе дисциплини (урбанизам, проектирање, машинство, електрика, екологија). Меѓутоа, основата за добри или лоши енергетски карактеристики на зградите лежи во објектот и ефикасноста на неговите градежни конструкции, односно материја којашто е во доменот на архитектите и градежните инженери. Факт е дека областа градежна физика и процедурите за пресметка на топлинските својства на зградите во согласност со важечките македонски (МКС EN ISO) стандарди многу малку или воопшто не се изучува на факултетите. Согледувајќи го овој факт, Стопанската комора на Македонија го организира овој дводневен семинар за стручни лица заинтересирани за подетално запознавање или дополнување на своите знаења во оваа многу значајна област.

Обучувач на семинарот ќе биде д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. Д-р Петар Николовски теоретски и практично се занимава со градежна физика повеќе од 40 години. Автор е на повеќе книги од оваа област, а докторската дисертација на тема “Линеарни топлински мостови во згради во сеизмички региони“ ја има одбрането во Софија, пред Вишата атестациона комисија при Бугарската академија на науки. Повеќе од 15 години го води Техничкиот комитет ИСРМ ТК8 за стандарди од областа на топлински карактеристики на згради, во рамките на Институтот за стандардизација на РМ. Активно соработува со соодветните комитети во CEN (Европски комитет за стандардизација) и во ISO (Меѓународен комитет за

стандардизација). Предава градежна физика на еден од приватните универзитети. Учесник е во повеќе меѓународни проекти за енергетска рехабилитација на згради и изработка на македонски подзаконски акти од областа енергетска ефикасност во згради. Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 декември 2011 година. Учесниците на семинарот ќе добијат печатен работен материјал и CD со Power Point презентации на темите, книга од областа на обновлив извор на енергија - Сонцето, а ќе добијат и сертификат како потврда за учество на семинарот. Цената за еден учесник изнесува 7.080 денари (6.000+ДДВ) за компании-членки и 9.440 денари за 1 учесник (8.000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората.

Контакт: Марија Петроска Тел: (02) 3244017Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт: Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 6 декември 2011 година

Еднодневен семинар на тема:“УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКИ

ПОСТАПКИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И Е-АУКЦИИ “

од 10:00 – 15:00 часотСтопанска комора на Македонија

сала 1, на 5-ти кат

Семинар за успешно учество на постапките за доделување договори кои се водат по електронски пат (пребарување на огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди, дигитално потпишување) и учество на електронски аукции. Поттикнати од фактот што на голем број компании -понудувачи не им се познати најновите текови во врска со спроведувањето на јавните набавки по електронски пат и задолжителното користењето на електронските аукции – 100% во 2012 година, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар кој ќе придонесе за запознавање и оспособување на учесниците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки и учество на е-аукции.

Предавачи: м-р Маре Богева Мицовска, директор и м-р Марија Јованоска, вработени во Бирото за јавни набавки.

Програма на семинарот:� Статус на е-набавките во Република Македонија; � Креирање на кориснички профили и претставување на функционалностите на профилот на економскиот оператор;� Пребарување на објавени тендери и договори;� Електронски систем за јавни набавки и е-аукции;� Дигитално потпишување на понудите;� Поднесување на понудите преку системот;� Учество на е-аукции каде критериум за доделување на договорот е најниска цена и економски најповолна понуда.

Семинарот е наменет за сите деловни субјекти (економски оператори), кои учествуваат во постапките за јавни набавки, а особено за:� лицата кои електронски ги поднесуваат понудите и учествуваат на е-аукции и � менаџментот кој одлучува за содржината на понудите.На семинарот ќе бидат разработени теми поврзани со електронските јавни набавки, како што се:� како да се креира кориснички профил;� основни функционалности на вашиот кориснички профил на системот;� како да комуницирате со договорниот орган преку ЕСЈН;� како најбрзо да добиете информација за новообјавените тендери;� како да учествувате во постапка која се спроведува по електронски пат;� што е електронска аукција и како да учествувате на неа.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 2 декември 2011 година. Учесниците е потребно да

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 43: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 43четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

донесат свој лаптоп, затоа што обуката ќе биде интерактивна со практични вежби и примери на тестниот електронски систем за јавни набавки. Групата ќе биде ограничена на 20 учесници. Сите учесници ќе добијат соодветен работен материјал и на крајот од обуката ќе се стекнат со сертификат како потврда за учество на истата.

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: be�@mchamber.mk

Ленче Зикова Тел: ++ 389 2 3244054Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 8 - 12.12.2011 година, меѓународен саем за храна и

пијалаци во Република Турција „ISTANBUL FOOD AND BEVERAGE FAIR

2011„

Стопанската комора на Македонија организира учество и посета на Саемот за храна и пијалаци “ISTANBUL FOOD AND BEV-ERAGE 2011”; Саемот за продавници, трговски центри „MAMTECH ISTANBUL 2011” и Саемот за приватни посебни брендови „LABEL PRODUCTS FAIR”, со обезбедени 100 метри квадратни бесплатен штанд и регистрација во саемскиот каталог, за излагачите и 50 % попуст за хотелско сместување, а за посетителите бесплатно хотелско сместување, влезници за саемите и бесплатен трансфер.

Во периодот од 8 до 12 декември 2011 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци “ISTANBUL FOOD AND BEVERAGE 2011”; Саемот за продавници, трговски центри „MAMTECH ISTANBUL 2011” и Саемот за приватни посебни брендови „LABEL PRODUCTS FAIR 2011”. Станува збор за една од поголемите специјализирани

меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании коишто ќе изложат:- млеко и млечни производи;- месо и производи од животинско потекло;- замрзната храна;- брашно, пекарски производи;- кондиторски производи;- жито и производи од жито;- растителни масти и масла;- маслинки и маслиново масло;- алкохолни и безалкохолни пијалаци;- чај и кафе, ореви, зачини, свежи производи, мед;- храна за бебиња, органски производи, прехранбени адитиви и сл.

Стопанската комора на Македонија во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира учество и посета на македонски компании на саемската манифестација, од 8 до 12 декември 2011 година. За излагачите на Саемот е обезбеден бесплатен штанд и регистрација, како и 50 % попуст за хотелското сместување (транспортот е на товар на излагачите). Котизацијата за учество на излагачите на саемот е 3.000,00 денари. За посетителите, пак, обезбедени се бесплатно две ноќевања со појадок, влез, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотел, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за нечленки на Комората). Сите наведени трошоци, пријавените компании треба да ги платат најдоцна до 30 ноември 2011 година, за да може да се направи резервација во хотелите во Турција. За оние компании кои нема да ги платат трошоците навреме, нема да биде направена резервација и ќе се смета дека го откажале своето учество.

Контакт: Венера Андриевска Тел: ++ 389 2 3244037Факс:++ 389 2 3244088Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Контакт лице : Влатко Стојановски Тел: (02) 3244004Факс:(02) 3244088

Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

На 14 декември 2 011 година, на Скопски саем

МАКЕДОНСКО-ИЗРАЕЛСКИ БИЗНИС-ФОРУМ

Македонско-израелскиот бизнис-клуб заедно, со амбасадорот на Израел во Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина, Н.Е. Дејвид Коен, на 14 декември 2011 година, во Мултибизнис Центарот на Скопски саем во Скопје, ќе организира Македонско-израелски бизнис-форум. Бизнис-форумот ќе биде составен од два дела: Генерален бизнис-форум и ИТ-бизнис-форум. ИТ-бизнис-форумот ќе биде организиран од страна на Македонско-израелскиот бизнис-клуб и „Кримсон Капитал“.

На Генералниот бизнис-форум ќе присуствуваат компании од следните сектори:• обновливи извори на енергија;• медицина и фармација;• земјоделство, преработувачка индустрија и производство на храна;• туризам;• безбедност, градежништво, образование, финансии и услуги и др. На Бизнис-форумот ќе присуствуваат компании од Македонија, Израел, Косово, Босна и Херцеговина и од Албанија. Заинтересираните компании своето учество можат да го пријават најдоцна до 1.12. 2011 година, а пополнетиот формулар да го достават на е-адреса: [email protected]

Контакт:Екатерина Димитровскател: + 389 2 3113 259моб: + 389 70 80 20 [email protected]: www.mibk.org.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: 3244009 Факс:3244088Call Центар : (02) 15015 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 44: Бизнис ИНФО број 76 од 01.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО44 четврток, 1 декември 2011, Бр. 76

Македонска компанија нуди сигурносна опрема од типот на сефови наменети за банки, депозитни сефови, дневно-ноќен трезор, модуларен трезор,

трезорски врати и др. Опрема.Валидност do: 16.6.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија гумени обувки, техничка гума,

лепила од марката „Тигар“.Валидност do: 16.6.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија високонапонски и

нисконапонски линиски изолатори.Валидност do: 16.6.2012 година

Македонската компанија Деловно информативни системи – Архивирај ДОО, претставува прв приватен

архивски центар во Република Македонија чија главна дејност на компанијата е услужно архивирање, дигитализација (скенирање) и

микрофилмување на хартиена документација.ДИС – Архивирај ДОО воведува иновативна форма

на услуга во областа на управувањето со документи, современ начин на услужно архивирање, постојан

квалитет, сигурност и ефикасна комуникација со своите клиенти.

ДИС е одговор на новите предизвици и потреби на современите текови на бизнисот во модерните

општества.Функционирањето на компанијата ДИС – Архивирај

ДОО ги опфаќа сите сфери на системот за менаџирање со документи, во чиј домен се

управувањето и трајното архивирање на хартиена документација.

Валидност do: 17.11.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Mакедонија добиточна храна,

фармацевски ветеринарни дезинфекциони средства на опремата за фарми.

Валидност do: 17.5.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира замрзнато овошје во Република Македонија, капини,

малини, јагоди, сливи, боровница, вишни.Валидност do: 17.5.2012 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија на опрема за угостителство.

Валидност do: 18.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чаеви, мешани чаеви

од разни видови на фитопрепарати, билни капки, сирупи, гелови, креми и масти, капсули и козметички

препарати.Валидност do: 18.6.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Македонија прашкасти, зрнести

производи, зачини и други прехранбени производи.Валидност do: 21.4.2012 година

Македонска компанија нуди истражување на пазарот, предлог-идеи за реклами и промотивни

кампањи, организирање и обука на хостеси, целосен стајлинг на хостесите и промотерите, организирање промоции на производи, организирање анкети на барање на вашата компанија, свечени отворања,

саемски изложби, медиа-план и медиа-закуп,

организација на семинари и брендирње на производи.

Валидност do: 22.11.2012 година

Компанија од Пакистан бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фротирски крпи

и постелнина.Валидност do: 22.5.2012 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на заштитни

фолии за заштита при изведба на градежни работи.Валидност do: 22.5.2012 година

Компанија од Полска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на садови под притисок.

Валидност do: 22.5.2012 година

Турска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на електронски мерни

инструменти кои се употребуваат во медицината и лаборатории,

инкубатори, стерилизатори, дестилатори, миксер,апарати за дестилирање на вода, опрема за

фототерапија.Валидност do: 22.5.2012 година

Македонска фирма бара директно застапништво од странска фирма во Република Македонија за месо,

месни производи и конзерви, месо од живина и производи од живина.

Валидност do: 11.11.2012 година

Грчка компанија бара соработка со македонски текстилни комапнии кои ќе изработуваат платнени

капи по нарачка.Валидност do: 11.5.2012 година

Израелска компанија бара соработка со македонски увозници на овошје за пласман на манго и калинки,

како и алат за вадење на семки од калинки.Валидност do: 11.5.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со веледрoгерии во Република Македонија за пласман

на лекови и козметички препарати.Валидност do: 11.5.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е за соработка со производители на столбови за

осветлување и трговци со електроматеријали во Република Македонија.

Валидност do: 11.6.2012 година

Компанија од Србија бара соработка со компании во Република Македонија кои имаат потреба од картонска амбалажа во прехранбената и

кондиторската индустрија, фармацевтска, хемиска, тутунска, текстилна и машинска индустрија.

Валидност do: 14.5.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на мерни трансформатори.

Валидност do: 14.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на ароми и бази за

прехранбена индустрија, безалкохолни и алкохолни пијалaци.

Валидност do: 14.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на брашно, тестенини, кори

и обланди.Валидност do: 14.6.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на козјо млеко, сирење и

јогурт.Валидност do: 14.6.2012 година

Компанија од Србија нуди современи типови на мешалки за бетон и уреди за рециклажа на бетон и друга опрема за подготвка на бетон и е заинтересирана да ја пласира во Република

Македонија.Валидност do: 15.3.2012 година

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на акумулатори, батерии за примена во железници, батерии за примена во

телекомуникации и др.Валидност do: 15.7.2012 година

Македонска компанија нуди разни типови на електронски и механички ваги за прехранбената индустрија, производствени процеси, магацини и дистрибутивни-дисконтни центри, ваги за стока, сточна храна, производство на вино за винарски визби со сопствено производство. Исто така е и

овластен сервис и врши услуга поправка, баждарење и продажба на сите видови на ваги со комплетна документација за исправност и проверка, како и

издавање на документ за баждарењето на вагите со важност од 2 год.

Валидност do: 15.11.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со македонски компании кои се заинтересирани да набавуваат

материјали за амбалажа.Валидност do: 15.6.2012 година

Компанија од Финска заинтересирана е во своите планови за набавка на вина за следната година да ги

вклучи и вината од Република Македонија.Валидност do: 15.12.2012 година

Германска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на радиоактивни

и нерадиоактивни ин витро реагенси за дијагностицирање на разни болести.

Валидност do: 16.7.2012 година

Германска компанија бара соработка со македонски компании во областа на машинската индустрија,

нудат услуги во процесот на производство, дизајнирање и изработка на разни видови алатки.

Валидност do: 16.9.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски