Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

42
БИЗНИС ИНФО 1 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА Број 79 од 22.12.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА И ОБЕДИНУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ ЗА ДА СТАНЕ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР НА ЕУ Д-р Борис Тадиќ и д-р Ѓорѓи Иванов на Македонско-српскиот бизнис-форум во Стопанската комора на Македонија Германските инвестиции се развоен фактор на земјите од ЦЕФТА, но... Стопанската комора на Македонија на своите членки и на сите деловни луѓе во земјава им посакува Среќна и успешна 2012 година и честити Божиќни празници ПОТПРЕНИ ЕДНИ НА ДРУГИ ПРЕД ЕКОНОМСКОТО „ЦУНАМИ“ Следниот број на „Бизнис Инфо“ излегува на 12.01.2012 година.

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 15-Mar-2016

259 views

Category:

Documents


8 download

DESCRIPTION

Неделен бизнис информатор (електронски весник) на Стопанската комора на Македонија

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 1четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Број 79 од 22.12.2011 контакт call центар (02) 15015 www.mchamber.mk

РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА И ОБЕДИНУВАЊЕ НА

РЕГИОНОТЗА ДА СТАНЕ ТРГОВСКИ

ПАРТНЕР НА ЕУ

Д-р Борис Тадиќ и д-р Ѓорѓи Иванов на Македонско-српскиот бизнис-форум во Стопанската комора на Македонија

Германските инвестиции се развоен фактор на земјите од ЦЕФТА, но...

Стопанската комора на

Македонија на своите членки и на сите деловни

луѓе во земјава им посакува

Среќна и успешна 2012 година и

честити Божиќни празници

ПОТПРЕНИ ЕДНИ НА ДРУГИ ПРЕД ЕКОНОМСКОТО

„ЦУНАМИ“

Следниот број на „Бизнис Инфо“ излегува на 12.01.2012 година.

Page 2: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО2 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

МНОГУ УВОЗНИЦИ НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ – НЕМА НЕЗАВИСНА

КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ

Кога имате многу увозници на нафтени деривати, многу потешка е контролата на квалитетот. Во моментов имаме две лаборатории, едната е на Макпетрол, а другата на Окта. Сè уште нема независна лабораторија, бидејќи постоечките се врзани со најголемиот трговец и најголемиот производител. Кога расте увозот на нафтени деривати, мора да се направи сериозна контрола на квалитетот.

Ако има 20 увозници, има 20 шанси за несоодветен квалитет. Се разбира, ваквата контрола е многу тешка. Пуштањето увозни количини без сериозна контрола на квалитетот ќе направи проблем и за потрошувачите и за екологијата. Можеби сите увозници носат квалитетни горива, но шпекулациите се дека сите горива немаат добар квалитет. Ние не знаеме од каде увезуваат горива нашите трговци.

(Д-р Димитар Хаџимишев, претседател на Македонската енергетска асоцијација)

КЛУЧНО Е ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗАФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА

Клучната работа е да се донесе закон за финансиска дисциплина. Тој закон би важел еднакво за сите, и за компаниите, и за Владата, и за министерствата, за Собранието и за општините. Со него законски би се определило дека плаќањето ќе се извршува за 15 дена, доколку поинаку не е договорено. И со него би се решиле сите проблеми. Навистина ќе изгорат вистинските неплаќачи, но ќе се знае во каква состојба е стопанството. И Владата тогаш ќе мора да се раздолжи, ако треба да земе и кредит од странство за таа цел, а стопанството ќе живне и тоа ќе биде подобро за државата. Не мора тој закон да се носи сега, бидејќи е навистина криза, но треба да се договори, на пример, да почне од јули 2013 година. Не ни требаат нови инструменти,

како на пример задолжницата која сега се споменува. Таа не е добар инструмент.

(Д-р Горан Рафајловски, претседател на Регионалната комора со седиште во Скопје)

ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ЌЕ ПАЃААТ

Продажбата на станови којашто во моментот не оди толку лесно може да доведе до благ пад на цените.

Ми се чини дека цената на становите нема да се качува. Дури сметам дека треба да се спушти. Според мене, за да можат да се продадат сите новоизградени станови, цените генерално треба да се спуштат за минимум 10 до 15 отсто.

(Трајко Трпевски, извршен директор на „Бетон“)

ДРЖАВАТА ДА СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ДОМАШНИТЕ БАНКИ

Најпогодно во овој момент е државата да се задолжи кај домашните банки, бидејќи тие имаат висока ликвидност. Дури и да се намали референтната камата на

НБМ, банките нема да го зголемат кредитирањето, зашто кризата носи големи ризици кај реалниот сектор. Што се однесува до задолжувањето на странските пазари, тоа во моментов е помалку поволно. Постои верување дека државата не треба да се задолжува кај банките, но банките имаат неверојатно висока ликвидност, а во услови на криза, ништо не може да ги стимулира да пуштаат повеќе пари преку кредити. Банкарската логика е таква што тие едноставно нема да пласираат повеќе пари кога знаат дека фирмите во 2012 година ќе се соочат со проблеми. Од друга страна, странските пазари на задолжување се многу напрегнати и затоа, мислам дека ако се задолжи дома, државата може да ја спаси

таа состојба на висока ликвидност на банките. Банките секако ќе имаат одвоено средства за финансирање на економијата, но остатокот од парите кои ги чуваат не би го дале на бизнисите преку кредити дури и ако НБМ ја намали референтната камата на 2,5%. И во тој случај тие пак би ги пласирале парите во благајнички записи, затоа што знаат дека 2012 година ќе биде кризна.

(Мирољуб Шукаров, професор)

Покровители

ПРЕМИУМ Покровители

Златен партнерза 2011 година

на

ЗЛАТЕН ПАРТНЕР

ПОДВЛЕЧЕНО

Page 3: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

- Двете држави треба да работат на продлабочување на економската соработка и во рамките на тоа намалувањето на трговскиот дефицит што го има Република Македонија во трговијата со Република Србија. За зголемувањето на размената извонредна можност пружа ЦЕФТА-договорот. Треба на тој начин и да размислуваме. Ни требаат регионален производ, банка, логистика, се` што ќе овозможи реиндустријализација на овие простори и на тој начин да конкурираме на европските и светските пазари. Но, за сето тоа да се направи потребен е развој на инфраструктурата. Развојот и порастот на БДП во двете земји мора да се одвиваат покрај Коридорот 10. Ова го порача Бранко Азески на Македонско-српскиот бизнис- форум што се одржа во Стопанската комора на Македонија во присуство на претседателите на двете држави, д-р Борис Тадиќ и д-р Ѓорѓи Иванов (16.12.2011 година). Форумот предизвика голем интерес и на него присуствуваа повеќе од сто компании од двете земји, кои остварија и бројни бизнис-контакти. - Секторите во кои може максимално да се соработува се градежништвото со заеднички настап на трети пазари, земјоделието и металната и металопреработувачката индустрија, - оцени Бранко Азески. Милош Бугарин, претседател на Стопанската комора на Србија, се согласи дека ЦЕФТА-договорот дава огромни предности за соработка на двете земји и тој е посебно значаен за Србија. Речиси 30 отсто од размената таа го има со овој регион и во трговијата има суфицит. -Затоа е многу значајно да се зголемува регионалната соработка. Низ секторско поврзување меѓу двете стопанства би можеле да настапиме и на трети пазари, - додаде Милош Бугарин. - Но, неопходно е да ги отстраниме нетарифните бариери. Досега се детектирани околу 90 и третина од нив се отстранети. Само што, веднаш потоа се воведуваат нови. Претседателите на двете држави д-р Ѓорге Иванов и д-р Борис Тадиќ на бизнисмените на Македонско-српскиот бизнис-форум

им порачаа дека економиите на двете земји се комплементарни и упатени една кон друга. Има потенцијали за унапредување на соработката меѓу компаниите со дополнителни начини на партнерство и преку заеднички настап на трети пазари, заеднички вложувања. Овој форум се одржува во услови кога владите и стопанствениците се обидуваат да ги надминат

последиците од светската економска и финансиска криза. Излезот, верувам, е во поголема соработка меѓу компаниите. Владите се тука да ги подобрат условите за соработка преку

клучни инфраструктурни проекти, како што се Коридорот 10, гасоводното поврзување, но и изградба на далноводот Ниш - Куманово, - нагласи д-р Ѓорѓи Иванов. Д-р Борис Тадиќ посебно подвлече дека Македонија и Србија се две пријателски земји, два бескрајно блиски народа, две култури кои произлегуваат една од друга и се потпираат една на друга. Две култури

меѓу кои нема тврди граници, но кои мора да ги почитуваат своите посебности. Сите овие претходно искажани факти, треба да бидат искористени за економскиот развој, без

ПОСЕТИ

Македонско-српски бизнис-форум со учество на претседателите на државите, Борис Тадиќ и д-р Ѓорѓи Иванов

ПОТПРЕНИ ЕДНИ НА ДРУГИ ВО АМОРТИЗИРАЊЕ НА КРИЗАТА

Page 4: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО4 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

којшто пак нема можност да се креира каква било политичка стратегија. Неговата порака е дека Македонија и Србија треба да сораборуваат на сите полиња, особено потенцирајќи ги високото образование и науката. - Без млади и високообразовани кадри не може да се изврши реиндустријализација и технолошки развој, без кој не е можно чекорење напред, - додаде Тадиќ. - Најважен ресурс се токму луѓето, менаџерите, кои се клучниот фактор за успехот. Српскиот претстедател посебно подвлече дека на граѓаните на двете земји треба отворено да им се каже дека пристигнува нов бран од кризата. - Две превентивни мерки се исклучително важни за амортизирање на „економското цунами“ кое ни се

заканува. Едната е проширувањето на пазарите и искористување на сите договори за слободна трговија што ги имаат потпишано двете земји. Тоа може да го зголеми пласманот на стоките од двете стопанства, - нагласи Тадиќ. - Втората е внатрешниот пазар и зголемувањето на потрошувачката на него, што исто така е многу важна превентивна компонента. Нашите земји се мали и затоа треба многу блиску да соработуваат за да го зголемат пазарот, а ние треба да пронајдеме механизми да се потпреме едни на други. Тоа е улогата на администрациите во двете земји. Затоа треба да се зголеми и нивната меѓусебна координација, за да не се троши непотребна енергија.

Саво Пејчиновски

ПОСЕТИ

Економска соработка меѓуРепублика Македонија и Република Србија

Надворешно-трговската размена меѓу Република Македонија и Република Србија се одвива согласно Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), („Сл. весник на РМ, 69/2007), ратификуван од земјите-потписнички на Договорот (Република Хрватска, Република Албанија, Република Србија, УНМНИК/Косово, Република Црна Гора, Република Македонија и Босна и Херцеговина, и Молдавија).

Обем на трговската размена на Република Македонија со Република Србија во 01-10.2011 годинаВо ооо.САД$

ВКУПНО СТРУКТУРА УЧЕСТВО ВО РМ ИЗВОЗ СТРУКТУРА

УЧЕСТВО ВО РМ УВОЗ СТРУКТУРА УЧЕСТВО ВО РМ БИЛАНС

675.587 7,1 273.497 7,4 402.090 7,0 -128.593

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Србија во првите десет месеци од 2011 година достигна вредност од 675,6 милиони САД $ и учествува со 7,1% во вкупната трговска размена на земјата. При тоа, остварен е извоз во вредност од 273,5 милиони САД $ со 7,4% учество во вкупниот извоз на РМ. Увозното салдо изнесува 402,1 милиони САД $ со учество од 7,0%.

Page 5: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ПОСЕТИ

Компаративен приказ на трговската размена во периодот јануари – октомври 2011 година

Вкупна размена Извоз Увоз2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс

547.179.906,00 675.586.870,00 123,6 214.043.894,00 273.496.722,00 127,5 333.136.012,00 402.090.148,00 120,7

Вкупната трговска размена во 2010 година бележи пад во однос на 2009 година во износ од 44,4 милиони САД $ или пад од 5,9%. Кај извозот се бележи намалување од 65,8 милиони САД $ што претставува пад од 19,5%, додека увозот е пораснат за 21,4 милиони САД $ или за 5,4%.

Обем на трговската размена на Република Македонија со Република Србија во 2010 годинаво ооо.САД$

ВКУПНО СТРУКТУРА УЧЕСТВО ВО РМ ИЗВОЗ СТРУКТУРА

УЧЕСТВО ВО РМ УВОЗ СТРУКТУРА УЧЕСТВО ВО РМ БИЛАНС

690 204 7,9 271 813 8,2 418 391 7,7 -146.578

Во 2010 година, Р. Србија е трет партнер на Македонија во вкупната размена со светот.

Во однос на структурата на производите, во извозот најголемо учество имаат: • земјоделски производи (вклучително храна и вино) во износ од 97 милиони САД $, од кои се издвојуваат: вино со 20 мил. САД $, домати 13,2 САД $, сувомесни производи 5,7 САД $ и грозје со 6,5 САД $; • цигари што содржат тутун – 10,2 милиони САД $; • обоена и црна металургија (вклучително и производи од железо и челик) – 73,8 милиони САД $; • лекови и козметика – 20 милиони САД $.

Во увозното салдо најголемо учество имаат : • земјоделски производи (вклучително храна и пијалоци) во износ од 159,6 милиони САД $, од кои се издвојуваат: пченично брашно – 12,2 милиони САД $; слатки, бисквити и пекарски производи 10,7 милиони САД $; рафиниран шеќер 26,7 милиони САД $; вода минерална и газирана 11,4 милиони САД $, рафинирано сончогледово масло - 9,4 милиони САД $; • обоена и црна металургија (вклучително и производи од железо и челик) – 27,8 милиони САД $; • електрична енергија – 31,3 милиони САД $; • лекови и козметички препарати -16,3 милиони САД $; • хартија и картон – 8,2 милиони САД $.

Компаративен приказ на трговската размена во периодот 01-07.2011/01-07.2010

Вкупна размена Извоз Увоз2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс

355.394.779,00 459.893.549,00 129,6 133.329.593,00 181.247.512,00 136,1 222.065.186,00 278.646.037,00 125,2

Компаративен приказ на трговската размена во периодот 01-12.2010/01-12.2009Вкупна размена Извоз Увоз

2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс 2010 2011 Индекс

734.645.696,00 690.203.607,00 93,9 337.591.191,00 271.812.507,00 80,7 397.054.505,00 418.391.100,00 105,2

Обем на трговската соработка со Република Србија * Tрговскиот биланс во последните години е осцилаторен, при што позитивна размена остваруваме во периодот од 2004 до 2008 година, додека дефицит се бележи во последните две години.

Во милиони САД долари

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010Извоз 246.4 273.8 347.5 459.5 542.9 639,4 934,7 337,6 271,8Увоз 189.4 300.2 280.6 256.8 264.8 448,4 532,1 397,0 418,4

Вкупно 435.8 574 628.1 716.3 807.7 1.087,8 1.466,8 734,6 690,2Суфицит/Дефицит +57 -26.4 +66.9 +202.7 +278.1 +191 +402,6 -59,4 -146,6

* Податоците за периодот од 2000-2006 година преземени од Државниот завод за статистика се однесуваат заедно за Србија, (вклучувајќи УНМНИК/Косово) и Црна Гора

Коридорот 10 приоритет за Македонија и за Србија

Најголемите индустрии, поради светската економска криза, се селат покрај автопатот север - југ. Ова го прави довршувањето на Коридорот 10, кој ги поврзува Македонија и Србија, заеднички стратегиски интерес за двете земји.

Page 6: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО6 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ПОСЕТИ

Ова е оцената на македонскиот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, и неговиот српски колега Млаѓан Динкиќ на прес-конференција во Скопје (03.6.2010 година). По минатогодишната рецесија поради кризата, двете земји полека ја подобруваат трговската размената и целосно ги почитуваат обврските од ЦЕФТА-договорот за слободна трговија, посочија Пешевски и Динкиќ.

- И македонската и српската страна имаат интерес за комплетирање на

Коридорот 10, кој е од особено стратегиско значење за Македонија. Во завршна фаза е затворањето на финансиската конструкција за целосно завршување на автопатот. Ако успееме целосно да го затвориме финансирањето годинава, до крај на 2013 година би требало да биде завршена работата од нашата страна, - изјави Пешевски. На српска страна почната е изградбата на Коридорот 10 кај Војводина, кој треба да биде готов до мај 2011 година, додека делницата од Лесковец до границата со Македонија ќе биде готова до 2012 година. - Искуството на Србија во економската криза покажува дека најголемите индустриски гранки и од западна и од централна Европа се селат во местата покрај Коридорот 10. Комплетирањето на Коридорот 10 и во Србија и во Македонија ќе има значење не само за развој на сообраќајот, туку и за развој на индустријата и за привлекување на што повеќе инвеститори, - изјави Динкиќ.

Вицепремиерите за економски прашања воедно оценија дека Македонија и Србија релативно добро се соочиле со последиците од економската криза. Потврда за тоа, според Пешевски, е последната анализа на Европската банка за обнова и развој во која е најавено дека Македонија и Србија се државите кај кои може да се очекува најголем економски раст во регионот. - Ме радува фактот што сме важни партнери и што во првите три месеци од годината има подобрување на надворешно-трговската размена, која имаше поголем пад минатата година поради економската криза. Во првите четири месеци извозот на Србија е зголемен за 18 отсто, за што придонесе стабилноста на динарот. Извозот на Србија сега многу добро расте и очекувам годинава извозот да се врати на ниво како пред кризата, - изјави Динкиќ. Најголемата инвестиција од Србија во Македонија е гринфлид вложување на компанијата „Бомекс“ во производство на магнезиумски цигли во износ од околу 15 милиони евра.

ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ОД СРБИЈА ВО МАКЕДОНИЈАЗЕМЈА 2010 2009 2008 2007 2006 2005 2004

Вкупно вложувањаVo mil. evra Во евра

Србија -0,01 2,1 1,09 54,12 15,1744 5,1678 0,3763ТОТАЛ РМ 111,38 241 412,54 505,98 344,7867 77,2131 260,6716

BROJKI I FAKTIЕкономски показатели за Република Србија

Во Србија, во последните 9 години, од 2001 до 2009 година, инвестирани се повеќе од 14 милијарди евра директни странски инвестиции, а најголемиот дел од капиталот потекнува од ЕУ. Во 2009 година во државната каса влегле околу 800 милиони евра странски инвестиции, од кои 400 милиони евра се добиени со продажбата на мнозинскиот пакет на акции на Нафтената индустрија на Србија на рускиот „Gaspromnje�“ . Најголемите инвеститори во Србија се земјите од ЕУ, меѓу кои предност имаат Австрија со околу 1,8 милијарди евра, потоа Грција, Германија и Норвешка со околу 1,4 милијарди евра. Скоро половината странски инвестиции се привлечени од банкарскиот сектор, а потоа производството и телекомуникациите. Норвешкиот „Теленор“ има вложено околу 1,6 милијарди евра во „Мобител Србија“, со што станал и најголемиот поединечен инвеститор. Потоа следи вложувањето на „Гаспромњефт“ со инвестиција во енергетскиот сектор од 947 милиони евра, потоа вложувањето на американската компанија „Филип Морис“ со 611 милиони евра и австрискиот „Мобиком“, кој вложил 570 милиони евра, со што стана и трет мобилен оператор во Србија. Кога станува збор за стратешките стопански гранки – енергетика, инфраструктура и производство на храна, се` повеќе заинтересираност за вложување, покажуваат и француските компании. Од 2006 година наваму, компаниите од Србија почнале да инвестираат во други земји, а најмногу на бившите ЈУ-пазари. На прво место е Босна и Херцеговина, благодарејќи на „Телеком Србија“ кој ја купил „Телеком Српска“, со вредност на инвестицијата од 917 милиони долари. Во Словенија, српските компании инвестирале 66,9 милиони долари, во Македонија 54,5, а во Црна Гора 50,1милиони. • Најголеми извозници од Србија во Македонија се: US STEEL - Смедерево, SWISS-LION - Таково; ТЕТРА ПАК - Белград; MAXI CO DOO - Алексинац; ДОО ГРАНД ИНЖИЊЕРИНГ - Бор; ДИЈАМАНТ - Зрењанин; АЛФА-ПЛАМ - Врање; ХИП-ПЕТРОХЕМИЈА - Панчево; CT COMPUTERS DOO - Белград; Рударски басен Колубара - Лазаревац и др. • Околу дваесет српски компании имаат свои претставништва во Македонија (ЈАТ, Здравје - Лесковац, Симпо, Галеника, Пионир, Мона, Хемофарм, Бамби, Делта М, Swisslion, Књаз Милош, Фиделинка). • Во последните неколку години српските инвестиции во Република Македонија изнесувале околу 40 мил. САД долари.• Српската телевизиска компанија „Пинк“ влезе на пазарот во Македонија, со купување на телевизијата „К 15“. Основана е нова телевизиска куќа под името „Пинк 15“. • Компанијата „Seavus group“ има истражувачко-развоен центар во Ниш за софтвери и други ИТ-производи. Висината на оваа македонска инвестиција изнесува околу 400.000 САД долари. • Во периодот 2007-2008 година евидентирани се и работи на српската градежна оператива во Македонија во вредност од 830.000 евра.

РЕГУЛАТИВА Правната рамка во која се одвивала и се` уште се одвива стопанската соработка меѓу Република Македонија и Република Република Србија* (прописите на СР Југославија се` уште се применуваат на Република Србија)

• Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА),сл.весник (69/2007);• Спогодба меѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СРЈугославија за замено поттикнување и заштита на инвестициите („Сл. весник на РМ“ бр. 69/96);• Спогодба меѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СР Југославија за царинска соработка и заемна помош („Сл. весник на РМ“ бр. 8/97);• Договор меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната влада на Сојузна Република Југославија за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал („Сл. весник на РМ“ бр. 8/97);• Договор меѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СР Југославија за соработка во областа на ветеринарството („Сл. весник на РМ“ бр. 34/97);• Договор меѓу Владата на РМ и Сојузната влада на СР Југославија за соработка во областа на растителниот карантин и заштита на растенијата („Сл. весник на РМ“ бр.34/97);• Договор меѓу Република Македонија и Сојузна Република Југославија за социјално осигурување („Сл. весник на РМ“ бр. 13/02).

Улогатата на коморите и на Македонско-српскиот деловен совет, во либерализацијата натрговијата во рамките на ЦЕФТА 2006, e пред се` да ги промовираат процесите на создавање на зоната на слободна трговија во регионот и да ги поттикнуваат стопанските поврзувања. Во таа насока, се ангажираат за:- согледување на можностите за обновување или воспоставување на соработката во рамките на репроцелини и производно поврзување, а со цел создавање на заеднички производ; - испитување нa можностите за заеднички настапи на фирмите на трети пазари;- забрзување на меѓусебното признавање на акредитационите и сертификациони тела и унапредување на нивната соработка;- воспоставување на соработката и меѓусебно препознавање во областа на фитосанитарната и ветеринарната контрола;- забрзување на воспоставувањето на институционална соработка во доменот на заштитата на интелектуалната сопственост;- обезбедување учество во јавните набавки под еднакви услови и за деловните субјекти од друга држава, односно запазување на фер-конкуренција (според расположивите информации, во Сrbija се` уште се толерира, се дава предност на домашната фирма во однос на странска, иако е понудата поскапа и до 20%).

Page 7: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ИНТЕГРИРАЊА

Германските инвестиции се развоен фактор на земјите од ЦЕФТА, но...РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА И ОБЕДИНУВАЊЕ НА РЕГИОНОТ ЗА ДА СТАНЕ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР НА ЕУ

- До сега, во регионот, странските инвестиции главно беа во приватизација на финансискиот сектор и во услугите. Но, за да може регионот да оди кон побрз развој, за да стане економски партнер на ЕУ, неопходни се услови за создавање на регионални производи, инвестиции со извозен карактер и инвестиции за технолошки развој. Тоа е еден од начините да пристапиме кон реиндустријализација

на регионот врз основа на принципите на ЕУ-агендата за 2020 година. Затоа, потребно е сите проекти за поддршка на економската трансформација на регионот, на ОЕЦД, Светската банка, Европската банка за поддршка и развој и други институции, да ги изведеме до крај, во тесно приватно-јавно партнерство и самите да бидеме иницијатори за нови проекти. Ова го порача Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија на исклучително посетената конференција на тема: „Германски инвестиции – развоен фактор за ЦЕФТА-регионот“, што се одржа во скопскиот хотел „Холидеј Ин“ (15.12.2011 година). На овој собир беше отворено прашањето дали ЦЕФТА-регионот е доволно провокативна инвестициона дестинација не само за германските инвестиции, туку и за други странски и домашни инвестиции, и дали и до кое ниво е постигната имплементацијата на ЦЕФТА 2006, за да се креираат привлечни услови за инвестирање? -За да се создаде регионален производ, регионален кластер, како услов за привлекување странски инвестиции на ниво на регионот ќе треба да се определи

кои се секторите кои имаат услови за изградување конкурентност. Регионот има потреба и од регионална финансиска институција која ќе ги поддржи трговијата и инвестициите. Фактор за привлекување инвестици е и транспортната инфраструктура, - нагласи Азески. -Четири години од имплементацијата на ЦЕФТА-договорот и покрај добрите резултати во либерализацијата на трговијата, транспарентноста на јавните набавки и државната помош, примена на правила на конкуренција, регионот се` уште не е консолидиран и хармонизиран пазар во мера која на подолг рок би

гарантирала стабилност и исплатливост на инвестициите, – додаде Бранко Азески. Податоците на Стопанската комора на Македонија говорат дека ЦЕФТА е втор надворешно-трговски партнер на Македонија, регион со кој имаме трговски суфицит. Во првите осум месеци е надмината трговската размена остварена за 12-те месеци од минатата година. Остварена е размена од 1,32 милијарди евра, од што извозот е околу 800 милиони евра и увоз од над 500 милиони евра. Тоа, според Бранко Азески, е добро, но не е добро што извозната структура се базира на производи без значајна додадена вредност. Македонија тргува со производи од црната и обоената металургија, горивата, неметалните производи, прехранбените и земјоделски производи, хемиски производи и производи од металопреработувачката индустрија. - Нашите компании и покрај четиригодишната примена на ЦЕФТА работат на регионален пазар во кој немаме меѓусебно признавање на сертификатите и други документи кои гарантираат квалитет и технички стандарди, прописите не се усогласени, цените на администрирање

на узвозот и извозот се различни и високи, царинските процедури се неповрзани..., наведе Бранко Азески. Ваљон Сараќини, министер за економија во Владата на Република Македонија, оцени дека влијанието на ЦЕФТА 2006 врз регионалната трговија е многустрано. А, натамошниот напредок членките треба да го остварат во привлекување на странски капаитал и во меѓусебно инвестирање на земјите од ЦЕФТА, што во изминатиот период е незначително. -Напредок се очекува и во зголемување на конкурентноста поединечно и во рамките на регионот, како и во либерализација на услугите и дијагоналната кумулација на потеклото на стоките со вклучување на пан-евро-медитеранската кумулација, што во значајни рамки ќе придонесе за придвижување на земјите-членки и на целиот регион во напорите за интегрирање во ЕУ, – додаде Сараќини. -Со зајакнување на интеграцијата со ЦЕФТА-договорот, земјите-членки добиваат зголемен пазар, можност за подобрување на квалитетот на услугите, што треба да резултира со зголемен прилив на странски директни инвестиции. Износот на германските инвестиции во земјите од ЦЕФТА-регионот може да се зголеми со поголемо партнерство и соработка меѓу малите и средни компании. Германските инвеститори сакаат да вложуваат во држави со подобра бизнис-клима во делот на административните процедури и сертифицирањето, без ризични зделки и без корупција, – ова се дел од оценките на бизнис-заедница од Унијата на

германските трговско-индустриски комори што беа изнесени на Конференцијата. - Во сите анкети што сме ги направиле кај претпријатијата најголеми проблеми секогаш се административните, сертифицирањето и корупцијата. Но, тоа не е случај само во Македонија, туку во земјите во целиот регион. Тука има различни култури и деловни етики, рече Тобијас Бауман, претставник на Германската комора, одговарајќи на новинарски

Page 8: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО8 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ИНТЕГРИРАЊА

прашања на прес-конференцијата по отворањето на конференцијата.

Според Бауман, за надминување на проблемите во администрацијата треба да се работи многу вредно и напорно: - Во моментот кога ќе се оствари напредок во ова поле, тоа ќе биде нешто по што државата ќе се разликува од другите држави во регионот, а тие вести патуваат бргу. Ако го испраќате претприемачот да земе потписи и печати во три - четири државни органи, тој по одредено време нема да знае кој печат и потпис за што му се потребни.

Тој информираше дека германските инвестици во Македонија се движат меѓу 30 и 40 милиони евра, во Хрватска 2,5 милијарди евра, а во Србија 1,5 милијарда евра. - Моментно постои зголемен интерес и проекти кои се спроведуваат и

се планира да се спроведат. Навистина има голем потенцијал кај малите и средни германски претпријатија. Тие произведуваат некој конкретен мал дел или објект кој е дел од некое друго

производство. Не мора да се фокусираме само на големите производители, туку и на партнерство и соработка со малите и средните фирми, - смета Бауман. Според Миливое Милетиќ од Стопанската комора на Србија, инвестициите од Германија се исклучиво важни за претставување на ЦЕФТА-регионот како единствена инвестициска дестинација. - Особено треба да се обрне внимание на можностите за инвестирање внатре во самиот регион. Тоа дополнително ќе придонесе целиот регион да се претстави како единствена инвестициска дестинација, - рече Милетиќ. Љубица Нури од Стопанската комора на Македонија, резимирајќи ја расправата, меѓу другото, подвлече дека треба да се забрза апроксимацијата на законодавството на членките на ЦЕФТА со тоа на Европската унија и да се зајакне техничкиот капацитет администрацијата. На конференцијата беа проследени излагања на повеќе официјални лица од македонска и германска страна, меѓу кои и на амбасадорот на СР Германија во Република Македонија, а се слушнаа и искуства на претставници на германските инвестиции во Македонија. Пред учесниците беше извршена и презентација на ЦЕФТА-порталот.

Саво Пејчиновски

АПРОКСИМАЦИЈАТА НА ЕВРОПСКОТО ЗАКОНОДАВСТВОФАКТОР ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ

Регионалната интеграција на трговијата на Западен Балкан е нејзиниот придонес кон политичката стабилност и раст на регионот, пред се`, во поглед на европската перспектива на регионот, нејзиниот придонес кон европската политичка стабилност и безбедност и просперитет, што е всушност една од приоритетите во општата политика на ЕУ. Продолжувањето со апроксимација на законодавствата на земјите-членки на ЦЕФТА со законодавството на ЕУ и имплементација на acquis е важно за привлекување на инвестиции, кои се многу потребни за регионот за да го повлечат развојот и вработувањето. Тоа е и предуслов за функционален регионален пазар во рамките на ЦЕФТА. Јасно е дека основен клуч за успехот на ЦЕФТА е чувството за самостојно владеење со процесите – и сознанието дека истите ги водат самите земји-потписнички на ЦЕФТА. ЕУ е свесна со што се судруваат владите во имплементацијата на ЦЕФТА за да се постигне целта - ограничени административни и технички капацитети. ЕУ и понатаму останува ваш партнер и ќе продолжиме да ви асистираме.

(Дитер Тиел, оперативен раководител во Делегацијата на ЕУ во Република Македонија)

Бројки и факти ИЗВОЗ И УВОЗ ВО 2010 ГОДИНА МЕЃУ ЦЕФТА И ЕУ

- 52% од вкупниот увоз на ЦЕФТА е од ЕУ;

- 11% од вкупниот увоз на ЦЕФТА е реализиран интерно меѓу земјите на ЦЕФТА;

- 71% од вкупниот извоз на ЦЕФТА е насочен кон ЕУ;

- 20,7% од вкупниот извоз на ЦЕФТА е реализиран интерно меѓу земјите на ЦЕФТА.

Page 9: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 9четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

МОЖНОСТИ

Измени на Правилникот на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на МакедонијаПОЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕЗА ПОКУСО ВРЕМЕ

На седницата на Собранието на Стопанската комора на Македонија, одржана на 15.12.2011 година, беа усвоени измени на Правилникот на Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија. Измените на Правилникот се насочени кон постигнување на пократко времетраење на постапката и намалување на трошоците на постапката, што во крајна линија треба да доведе до поефикасно решавање на споровите во постапките кои се поведуваат пред Постојаниот избран суд - Арбитража. Имено, со усвоените измени се воведуваат промени кои се однесуваат на составот на арбитражниот суд. Според старото решение, ако странките најдоцна во рок од 15 дена по доставувањето на тужбата до тужениот не се договориле да се именува арбитер-поединец, спорот го решава совет од тројца арбитри. Со усвоените измени на Правилникот, надлежноста на арбитер-поединец, односно на арбитражен совет за постапување и одлучување во определен спор се определува согласно вредноста на предметот на спорот. Така, за решавање на споровите чија вредност на предметот на спорот не надминува 30.000 евра, предвидена е надлежност на арбитер-поединец, освен ако странките најдоцна во рок од 15 дена по доставувањето на тужбата до тужениот изречно не се договориле спорот да го решава арбитражен совет. Ако вредноста на

предметот на спорот го надминува износот од 30.000 евра, надлежност да го решава спорот ќе има арбитражен совет, освен ако странките најдоцна во рок од 15 дена по доставувањето на тужбата до тужениот изречно не се договориле спорот да го решава арбитер-поединец. Покрај тоа, со усвоените измени е избришан членот 29 од Правилникот на Постојаниот избран суд - Арбитража, кој предвидуваше дека кога странките се со различно државјанство (припадност на различни држави), претседателот на Арбитражата ќе именува арбитер-поединец или претседател на арбитражниот совет лице со различно државјанство од она на странките, освен ако странките не се спогодиле поинаку. Наведените измени беа направени од причина што од досегашната примена на одредбите на Правилникот произлезе дека со таквата одредба се создаваат дополнителни финансиски обврски за странките во спорот, заради тоа што истата значи дека во скоро секој спор со меѓународен елемент, претседателот на арбитражниот совет треба да биде странец, чии патни трошоци, трошоци за преведувач и

други трошоци во постапката паѓаат на товар на странките. Со оглед на наведеното, се оцени дека наведената одредба не одговара на потребите на арбитражата како метод на решавање на спорови во Република Македонија, и дека одредбите на Правилникот, како и Етичкиот кодекс на арбитрите даваат доволна гаранција дека секое лице кое ќе биде именувано за арбитер, без оглед дали е од земјата или од странство, ќе ја врши својата функција на независен и непристрасен начин. Постојаниот избран суд - Арбитража при Стопанската комора на Македонија, преку константното следење на придобивките или недостатоците од примената на одредбите со кои е уредена неговата работа при решавањето на конкретни спорови, постојано придонесува во предлагање, менување или дополнување на постојните правила на постапката, со цел да овозможи што поефикасна арбитражна постапка, од една страна, и помали трошоци за странките, од друга страна. На таков начин, веруваме дека ќе овозможиме поголемо користење на арбитражата како метод на решавање на споровите, а со тоа и користење на бројните придобивки за компаниите, меѓу кои, како најзначајни се брзото завршување на постапката, добивањето правосилна и извршна арбитражна одлука и задржување на добрите деловни односи меѓу странките во конкретниот спор.

Контакт:Постојан избран суд - АрбитражаМ-р Елена Милевска Штрбевска, секретарТел: 02/3244-023Е-mail: [email protected]

����������������������

��������������������������������

�������������������������������������������������

�����������������������������������������������������������������������������������������������������������

�������������������������������������������������������������������������������������

����������������������

��������������������������������������������������������������������

�������������������������������������������������������������������

�����������������������������

�������������������������������

�������

������������������������������������������

��������������������������������

��������������������������������������������������������������������������

�����������������������������

�������������������������������������

�������������������

Page 10: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО10 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Достапните европски фондови за 2012 година преку програмите на Европската комисија и Предлог-мерки за нивна поголема искористеност ФОРМИРАЊЕТО НАЦИНАЛЕН ГАРАНТЕН ФОНДЌЕ ПОВЛЕЧЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ

Процесот на пристапување кон Европската унија, значи и отворен пристап на македонските институции и компании до фондовите на Заедницата. Тоа значи, добивање на неповратни средства во функција на подигање на внатрешните капацитети на институциите и компаниите, како и зголемување на конкурентноста и создавање на производи со висок квалитет и висока додадена вредност со цел полесен и рамноправен пристап на европските пазари, кои веќе ги имаат дефинирано стандардите на пазарната игра. Дополнително, овие фондови имаат за цел да им го олеснат патот на компаниите во имплементацијата на инвестициони проекти. Стопанската комора на Македонија во континутет работи на информирање и давање на конкретна поддршка на компаниите во нивната подготовка да ги користат расположивите европски пари за кофинасирање на инвестициите во технолошко-

иновативни проекти. Токму во таа фунција беше и редовната прес-конференција (19.12.2011 година) во Комората на тема: „Достапните европски фондови за 2012 година преку програмите на Европската комисија и Предлог-мерки за поголема искористеност на средствата наменети за развој, конкурентност и иновативност“. Програмите на Унијата претставуваат интегриран пакет на активности усвоен од ЕУ, со цел унапредување на соработката меѓу земјите-членки и тоа во разни области поврзани со политиките на Унијата, во период од 7 години. Речиси секоја политикa на ЕУ има соодветна програма на Унијата. Примарна причина за воспоставување на програмите е приближување на политиките и активностите на Европската унија кон европските граѓани, како и креирање додадена вредност од ЕУ за националните напори на земјите-членки во дадена област. Генерално, не постојат одделни национални квоти за програмите, во смисла на распределбата - средствата се распределуваат по потреба, според зададените приоритети и

цели. Ова значи дека македонските компании рамноправно се натпреваруваат за добивање на европските пари заедно со сите останати компании од европските земји. Апликациите за проекти, од страна на сите земји пристигнуваат во Брисел, каде што се одлучува за успешноста на апликантите. Македонија има пристап до програмите ЦИП, ФП7, Прогрес и Култура, како и Програмата за млади во акција. За бизнис-заедницата од посебен интерес се програмите на Унијата наменети за компаниите. Согласно Лисабонската стратегија, развојот на компаниите пред се` ќе зависи од нивните капацитети да иновираат и континуирано да вложуваaт во нови технолошки предизвици, а за да ја постигнат таа цел во Европската унија, вклучувајки ги и земјите-кандидати, на располагање им се следниве програми, односно инструменти на компаниите: 1. Програма за конкурентност и иновација- ЦИП 2007-2013 Рамковната програма за конкурентност и иновација – ЦИП, претставува обид за создавање на единствена рамка за поддршка на конкурентноста, продуктивноста, иновативноста и одржливиот развој.

2. Рамковна програма за претприемништво и иновација - Екоиновации; - Финасиски инструменти.

3. Интелигентна енергија – Европа

Во рамки на целата програмата ЦИП најважна компонента за компаниите е повикот за екоиновации, која е наменета исклучиво за компании, конкретно за мали и средни претпријатија, коишто преку оваа програма можат да добијат грантови за развој на своите производствени процеси. Оваа програма особено го поттикнува учеството на компаниите коишто се занимаваат со производство на прехранбени производи, пијалаци, обработка на дрво и на метал, како и други области чиј процес на производство има потреба од дополнителна поддршка за подобрување на производството. Исто така, програмата поддржува и проектни идеи во областа на рециклирањето и екотехнологиите. Како дел од грантовите - дел од проектната апликација, дозволена е и набавка на опрема за

производство, но како поддршка за реализација на проектната идеја којашто компаниите би ја аплицирале. Екоиновација претставуваат сите форми на иновации чии активности резултираат или водат кон значитено подобрување на заштитата на околината. Екоиновации се сите нови процеси, нови продукти или сервиси, методи, чија употреба има за цел да ја заштити околината или да ги намали ризиците на загадување или други негативни влијанија во процесот на искористување на прирордните ресурси, а е согласно регулативите. Буџетот за оваа потпрограма, Екоиновации за 2012 година е 40 милиони евра. Повикот за 2012 година е најавен дека ќе се објави кон крајот на март 2012 година. Согласно објавениот извештај, Македонија за прв пат е регистрирана со 5 поднесени апликации во рамките на оваа потпрограма. Програмата Интелегентна енергија објавува повик еднаш годишно и се очекува повикот за 2012 година да се објави во јануари 2012 година. Проектите за кои може да се аплицира во рамките на оваа програма се во областа на алтернативните извори на енергија (сончеви колектори, ветерници, биодизел горива и сл.) и во областа на енергетската ефикасност. Интелегентна енергија е програма која има партнерски (конзорциумски) пристап и за да се аплицира потребни се минимум 3 партнери. Средствата за 2012 година за оваа програма се над 100 милиони евра. Програмата е отворена за сите земји-членки на програмата, а од 2012 година и за Македонија. Како поддршка на потпрограмата од ЦИП за Интелегентна енергија на располагање е и инструментот ЕЛЕНА (финасиски инструмент за локален развој за енергетска ефикасност). Европската комисија веќе ја лансираше и наследник-програмата на ЦИП – наречена КОСМЕ 2014-2020 (Програма за конкурентност на МСП со буџет од 2,5 милијарди евра, од кои 1,4 милијарди евра наменети за финансиски инструменти). Приоритет имаат финансиските инструменти (гарантни фондови, микрофинансирање и ризични капитални еквити фондови) . Еден од главните проблеми, за недоволната искористеност за повлекување на средства од расположивите претходно споменати програми и фондови на ЕУ, вклучувајќи ја и ИПА, е кофинансирањето од 25% до 50%, што во услови на нарушена ликвидност и отежнат пристап до банкарски кредитни средства, всушност е главната бариера за повисок степен на искористување на истите. Оттаму, императивна е потребата од креирање на национален гарантен фонд за таа цел, кој би бил исклучиво наменет за компаниите кои аплицираат на проекти со кофинансирачки карактер. Во услови на тежок пристап до финансиски средства, Стопанската комора и` нуди поддршка на МБПР за отпочнување на преговори со Европскиот инвестиционен фонд за повлекување на дел од финансиските инструменти на располагање во рамките на ЦИП-програмата , чиј континуитет ќе продолжи и со новата КОСМЕ-програма 2014-2020.

АКТУЕЛНО

Page 11: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 11четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ

Почна со работа Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија во ОхридПОДДРШКА НА ЛОКАЛНИОТ БИЗНИС

Во соработка со Општина Охрид, во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој, почна со работа Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија. Преку заедничка соработка на Општина Охрид, Комората и локалните бизниси се настојува за подобрување на бизнис-климата на локално ниво, интернационализација на малите и средни претпријатија од регионот и поддршка на профитно и непрофитно ориентираните асоцијации. Регионалната комора ќе го обезбеди првиот контакт со претставниците на бизнис-секторот и со поддршка на коморските оперативни услуги ќе помогне во развојот на приватниот сектор. Од Регионалната канцеларија на Стопанската комора на Македонија ги охрабруваат сите компании со свои предлози и барања да се обратат во канцеларијата, што се наоѓа во просториите на Секторот за туризам и локален економски развој.

Контакт:Борис ТримчевСтопанска комора на Македонија, Регионална канцеларија Охрид[email protected]тел. 046 230 175

Снежана ТрајкоскаСектор за ТЛЕР[email protected]тел. 046 230 175

Седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп во компанијата „Комфи Ангел“ЗАДОЛЖНИЦАТА ДА ВАЖИ И ЗА ЈАВНИОТ СЕКТОР!

На 16.12.2011 година во конфекцијата „Комфи Ангел“ се одржа XVIII проширена седница на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Прилеп, на којашто присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески. Членовите на Управниот одбор заедно со градоначалникот на Општина Прилеп поопширно се запознаа со тековното работење на конфекцијата „Комфи Ангел“, организационата поставеност, кадровската структура и извршија обиколка на производните погони на конфекцијата, која вработува 600 лица со просечна возраст од 28 години.

На седницата на Управниот одбор се расправаше за реализацијата на заклучоците од предходните седници. При тоа, посебно се разгледуваа стратешките заклучоци за регионот од областа на инраструктурата: изградбата на автопатот Велес - Прилеп, хидроцентралите Чебрен и Галиште, технолошко-индустриските зони Алинци и Металец, регионалниот гасовод, реконструкцијата на железничката пруга Битола - Прилеп - Велес и др. Управниот одбор, исто така, расправаше за актуелните состојби во стопанството во регионот и влијанието на должничката криза од соседството и пошироко, со предлог-мерки и заклучоци за подобрување на условите за стопанисување во 2012 година. Поради големата неликвидност на компаниите посебно се издвојува заклучокот што ќе се достави до Владата на Република Македонија во врска со повратот на ДДВ и компензација на побарувањата по основ на ДДВ со новите обврски за плаќање за увоз на репроматеријали и суровини наменети за извозните производи. На седницата, по предлог од страна на градоначалникот Марјан Ристески, Управниот одбор едногласно ја прифати листата на лица од Регионалната комора за постојани членови во Економскиот совет на Општина Прилеп и тоа: Сашо Наумоски, Горан Попоски, Ристо Најдоски, Ирена Јакимоска и Тони Златески. Во точката разно, задолжницата како инструмент за присилна наплата на побарувањата и подобрување на ликвидноста на компаниите, од страна на Управниот одбор се прифаќа, но со посебно барање истата да важи и да се применува и за јавните институции и министерствата при Владата на Република Македонија, во спротивно, со активирањето на задолжницата многу компании кои имаат побарувања од јавните институции ќе бидат блокирани и не ќе можат да продолжат со работа. Избрани се и двајца нови членови во Управниот одбор: Владимир Гркоски, регионален управник на АД „Макпетрол“- деловна единица во Прилеп и Мирко Бичанин, сопственик на фабриката „Бимфуд“ за откуп и преработка

на шумски плодови, печурки и сите видови зеленчуци. Ристо Најдоски

Одржан првиот Саем на трудот во ШтипСРЕДБА НА БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА И НЕВРАБОТЕНИТЕ

На 17 и 18 декември, 2011 година во Штип се одржа првиот Саем на трудот на којшто учествуваа повеќе компании од Источниот плански регион, а свои штандови имаа и Министерството за локална самоуправа, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Стопанската комора на Македонија, Агенцијата за вработување на РМ и Центарот за развој на Источниот плански регион.

Со свој штанд како еден од партнерите на овој настан се претстави и Стопанската комора на Македонија, преку Регионалната комора со седиште во Кочани. На присутните посетители им беа поделени брошури: Како да се започне и управува бизнисот, а посетителите беа информирани за активностите на Комората. На вториот ден на Саемот претставник на Комората учествуваше на трибината: „Саеми на трудот – активни мерки за вработување, самовработување и преквалификација на невработените“. Оваа саемска манифестација, која се одржува за прв пат, е дел од Проектот кој се спроведува како дел од Програмата за работа на Владата на Република Македонија за периодот 2011-2015 година, а има за цел на настанот да дојде до средба на бизнис-заедницата, односно работодавачите и невработените лица од планскиот регион. Вакви шеснаесет саеми се предвидени да се организираат во текот на 2012 година, по два во секој од осумте плански региони.

Page 12: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО12 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

МОЖНОСТИ Промоција на Македонската банка за поддршка на развојот во Стопанската комора на Македонија ФАКТОРИНГ И ОСИГУРУВАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ЗА СИГУРЕН БИЗНИС

Во организација на Здружението на банкарството, на 21.12.2011 година, во Стопанската комора на Македонија, пред 50-тина македонски извозни компании, Македонската

банка за поддршка на развојот ги промовираше Факторингот и осигурувањето на извозот како финансиски инструменти кои треба да овозможат олеснување на работењето на компаниите, со акцент на оние кои се извозно ориентирани. Директорот на секторот за кредитно осигурување од МБПР, Дарко Стефановски, пред претставниците на домашните компании ги претстави бенефитите од употребата на факторинг-услугата којашто овозможува продажба на производи и услуги на одложено плаќање, при што дел од средствата

(80%) наведени во фактурата се добиваат веднаш. Според карактеристиките, Факторингот комбинира кредитна заштита, наплата на побарувања и финансирање за компаниите кои продаваат производи и услуги со одложено плаќање пократко од 180 дена. За таа цел, МБПР откупува побарувања и исплаќа аванс по основ на доставена осигурена фактура во

износ од 80%. Претставниците на компаниите беа запознати со условите и фазите кои треба да се поминат за да се реализира услугата факторинг, како и придобивките од примената. Како клучни, Стефановски ги посочи: подобрување на готовинскиот тек и ликвидноста, различните опции за инвестирање на расположивата готовина, финансирање на обртниот капитал без хипотека како гаранција, можност за зголемување на рокот на одложено плаќање и освојување на нови клиенти на таа основа, подобро управување со сомнителните и спорни

побарувања, повисок квалитет на финансиски информации за подобро управување, како и овозможување на побрз раст на компанијата. Беше презентирано и извозното и трговското осигурување како заштитна услуга за бизнисот. При тоа беше потенцирано дека во Македонија се осигурува само 1%

од вкупниот извоз, што е многу мал процент споредено со искуството од регионот (на пример, Хрватска и Словенија осигуруваат меѓу 10 и 15% од вкупниот извоз). Оваа услуга овозможува осигурување на извозот во 25 земји и преку 500 апликации за кредитни лимити за странски купувачи. Како осигуреници се јавуваат компании од прехранбената индустрија (кондитори, свеж зеленчук, конзервна индустрија). На крајот на презентацијата, на новите финансиски инструменти, претставниците од МБПР уште еднаш ги промовираа кредитните линии што преку деловните банки му стојат на располагање на домашниот бизнис-сектор. Во насока на поголемо информирање на компаниите за сите услуги што ги нуди МБПР, Стопанската комора на Македонија вакви презентации ќе организира на регионално ниво.

СОРАБОТКА Комерцијална банка и Фон Универзитетот почнуваат проект „ФАБРИКА ЗА ЗНАЕЊЕ“

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Универзитетот ФОН и Комерцијална банка АД - Скопје за Проектот „Фабрика на знаење“. Меморандумот го потпишаа главниот финансов директор и претседател на Координативното тело за општествена одговорност на Комерцијална банка АД - Скопје Маја Стевкова-Штериева и директорот на ФОН Универзитет Сефер Цаноски. Секоја од двете институции во овој проект гледа можност младите

талентирани кадри од повеќе факултети на ФОН Универзитетот поблиску да се запознаат со процесите на работа во организациите, со цел практична примена на стекнатите знаења преку реализација на конкретни задачи. - Во предвидената соработка со Комерцијална банка, студентите ќе треба да ги детектираат таргетите поставени од страна на Дирекцијата за човечки ресурси на Банката и врз основа на добиените сознанија да го имплементираат своето знаење во креирање стратегија за доживотно учење, рече главниот финансов директор, Стевкова-Штериева, а пренесува МИА.

Според Цаноски, Проектот „Фабрика на знаење“ е во функција на стимулирање на квалитетот на студентите преку натпревар во идеи и нивна реализација, со цел подобрување и усовршување на образовните програми на ФОН, а во функција на потребите на компаниите. Резултатите од работата на студентите на Проектот „Доживотно учење“ за Комерцијална банка АД - Скопје, се предвидува да бидат презентирани по една година од потпишувањето на Договорот за соработка.

Page 13: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 13четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Продолжува поддршката што „Пивара Скопје“ му ја дава на македонскиот ракомет СО СКОПСКО СЕ МОЖНИ И – МЕДАЛИ!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и „СКОПСКО“ потпишаа договор за обезбедување средства за потребите на македонската репрезентација во пресрет на Eвро-шампионатот што на почетокот од идната година ќе се одржи во Србија. Со потпишување на овој договор всушност продолжува поддршката што РФМ ја добива од компанијта „Пивара Скопје“. По повод потпишувањето на договорот во СРЦ Кале во Скопје се одржа свечена церемонија под мотото: „Средба на генерациите“. Задоволство од потпишувањето на договорот изразил претседателот на РФМ, Михалјо Михајловски. - Вистинските пријатели се препознаваат тогаш кога се најпотребни. Пивара Скопје покажала повеќе пати дека е нераскинлив дел од развојот и успесите на македонскиот ракомет. Со продолжување на соработката со СКОПСКО се поставени

уште поцврсти темели за натамошни врвни достигнувања на македонскиот ракомет и тоа уште на претстојното Европско првенство, истакнал Михајловски, а пренесува МИА. И од компанијата која е голем пријател на македонскиот ракомет искажаа задоволство за меѓусебното партнерство. - Традицијата за нас во „Пивара Скопје“ е од огромно значење затоа што ја покажува нашата искрена поврзаност кон вистинските вредности, а спортот и ракометот, секако, се дел од нив. Сигурни сме дека продолжувањето на повеќедецениското партнерство со македонскиот ракомет ќе придонесе кон уште една успешна приказна во македонскиот спорт, изјавил на свеченоста комерцијалниот директор на „Пивара Скопје“, Дитрик Калф. За навивачите беше промовиран специјално креираниот Скопско навивачки дрес, кој ќе им биде достапен пред почетокот на Европското првенство преку продажните акции на СКОПСКО.

Организацијата „Македонија 2025“ со значајно засилувањеЖИВКО МУКАЕТОВ СТАНА ЧЛЕННА УПРАВНИОТ ОДБОР

Генералниот директор на „Алкалоид“ стана дел од Управниот одбор на „Македонија 2025“, кој минатата недела одржа редовен годишен состанок во Њујорк, на кој дистутираше за новите идеи и планови за наредната година. Мукаетов е активен член на македонската деловна заедница. Тој е и заменик-претседател на Стопанската комора на Македонија и активно учествува во многубројни економски значајни институции и општествено одговорни активности во целата држава.

Според Мукаетов придружувањето на „Македонија 2025“ е привилегија и задоволство, како и чест што му е доверена доверба за влез во организацијата која има јасно дефинирани и високо поствени цели за Македонија, - пренесува МИА „Македонија 2025“ цврсто верува дека стручноста на Мукаетов е значајно дополнување на Управниот одбор. Неговите постигнувања како успешен бизнис-лидер значително ќе придонесат за промовирање на економскиот развој, ќе бидат инспирација за идните бизнис-лидери и ќе промовираат транспарентност во корпоративните практики во Македонија. Покрај ова, неговото глобално менаџерско искуство ќе придонесе кон напорите за зајакнување на капацитетите од страна на „Македонија 2025“, со цел подобра подготовка на македонските бизниси со вештини со кои се зајакнува нивната конкурентност на домашниот, регионалниот и на светскиот пазар. Организацијата „Македонија 2025“ е формирана во 2007 година од страна на Мајк Зафировски, Џон Битов Јуниор, Џон Битов Сениор и Митре Кутановски согласно нивните желби да помогнат на родната земја. Преку комбинирање на нивното природно наследство и успешниот деловен и претприемнички дух, тие развија платформа насочена кон промовирање на економскиот развој поттикнувајќи ја дијаспората да помогне на својата родна

земја. Основна цел на организацијата е да помогне во креирањето на просперитетна економска клима во Република Македонија, која ќе им пружи извонредни и иновативни можности на македонските граѓани и странските инвеститори. Основните заложби на „Македонија 2025“ е да придонесе во градењето на посилна нација а преку серија на настани чија цел ќе биде зајакнување на капацитетите, „Македонија 2025“ ќе им овозможи на сегашните и идните бизнис-лидери алатки за движење и стимулирање на одржливиот економски развој на македонскиот пазар правејќи ги македонските бизниси поконкурентни како на домашниот, така и на регионалниот и европскиот пазар.

ЕВН Македонија општествено одговорно претпријатиеНАГРАДА ЗА ПОДДРШКА НА ЛИЦАТАСО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ЕВН Македонија доби награда за општествена одговорност за активен придонес во подобрувањето на условите за живот и потребите на лицата со посебни потреби од Македонија за уживање на еднакви права и можности, информираат од компанијата. Наградата, посочуваат, беше доделена во рамките на манифестацијата „Различни, а еднакви“ од страна на министерот за правда, Блерим Беџети. - Овој свет подеднакво им припаѓа на сите и сите имаме обврска

да ги препознаваме потребите за да го направиме подобро место за живеење, велат од ЕВН Македонија.

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ ИЗВРШЕНА ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕСО МИНИМАЛЕН ИНВАЗИВЕН ПРИСТАП

Операција на отворено срце со минимален инвазивен пристап при што преку мал отвор од 5,5 сантиметри е направена корекција на митрален залисток пред неколку дена, првпат во регионот е извршена во клиничката болница „Аџибадем Систина“. Интервенцијата ја направи проф. д-р Салис Таџер и тим од лекари од Одделот за кардиохирургија во болницата, а таа е извршена врз 38-годишен пациент

Page 14: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО14 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

кој имал вроден дефект. - Интервенцијата е изведена со помош на специјални инструменти направени за оваа операција. Ова претставува ендоскопска операција која е сериозен хируршки зафат за кој е потребен искусен тим на лекари. Ваквата операција може да се изведува кај голем број пациенти на кои им е потребна корекција или замена на митрален залисток, рекол на прес-конференција проф. д-р Таџер, а пренесува МИА. Тој посочи дека предноста во однос на стандардните операции на отворено срце е малиот хируршки рез, а пациентот има помалку болки, крварења, пократок болнички престој, побрзо се враќа во нормалниот живот и се добива добар козметички естетски резултат. Оваа техника се применува во светот. Во соседните земји не се извршува ваква интервенција и истата ја прават само во Љубљана во Љубљанскиот клинички центар. Операцијата е рутинска во Северна Америка и во Европа, истакна проф. д-р Таџер.

Тој рече дека операцијата на залистоци е многу благородна и оти 50% од пациентите со срцеви проблеми имаат потреба од корекција или замена на митрален залисток. Тегобите кај пациентите кои имаат ваков проблем, информира проф. д-р Таџер, се замор, малаксаност, намален физички капацитет, тешко дишење, аритмија итн. Тој потенцира дека планира да извршат уште две вакви операции и се подготвени еднаш неделно да прават вакви интервенции.

„Комунална хигиена“ со одлука за 2002 година ОСЛОБОДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ ОД НАДОМЕСТ ЗА СМЕТ

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ информира дека претпријатието во 2002 година има донесено одлука за ослободување од плаќање надомест за смет на корисниците кои примаат

постојана социјална помош. Решението за давање согласност на Одлуката Советот на Град Скопје го донесе на 26 декември 2002 година и оти тоа се применува и денес од страна на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје. Инаку градоначалниците на СДСМ го промовираа проектот - социјални субвенции кој предвидува субвенционирање на трошоците за социјално загрозените семејства кон комуналните претпријатија кои се под надлежност на општините со кои раководат. Воедно го повикаа и градоначалникот на Град Скопје да го следи примерот.

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

Page 15: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 15четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Комитет за финансиска стабилност под лупа го имаше банкарскиот сектор во земјава СТРЕС - ТЕСТОТ ПОКАЖАЛ ОТПОРНОСТ И НА НАЈОСТРИТЕ СЦЕНАРИЈА НА КРИЗАТА!

Банкарскиот сектор е релативно добро отпорен и може да ги издржи ударите дури и на најострите сценарија во еврозоната. Ликвидноста е на исклучително високо ниво, солвентноста е одлична и засега не се планираат нови мерки за затегање на монетарната политика. Ова го констатира Комитетот за финансиска стабилност на втора седница на која беа разгледани најновите движења во банкарскиот сектор и можните влијанија од случувањата во еврозоната (16.12.2011 година).

- Од страна на Народната банка на Република Македонија ги презентиравме сите стрес сценарија што ги правиме во овој период и по сите тие банкарскиот сектор покажува голема отпорност дури и на најострото сценарио, изјави гувернерот на НБРМ, м-р Димитар Богов по седницата, а пренесува МИА. Тој додаде дека ликвидноста на банките е на исклучително високо ниво, солвентноста е одлична така што сето тоа дава сигурност дека банкарскиот сектор може да ги издржи ударите и да продолжи со нормалната кредитна активност и при најлоши сценарија во еврозоната. За депозитите, како што информира Богов има нормално зголемување и кај домаќинствата и кај претпријатијата, односно нивното ниво е една милијарда кај депозитите во денари и 1,5 милијарди во девизи и заедно со правните лица е над три милијарди. Тој посочи дека се стабилни и депозитите во евра. - Има мало незначително намалување кај депозитите во евра, меѓутоа кај депозитите во денари растат со доста повисока стапка, истакна Богов. Кај кредитната активност, како што посочи, во последните два-

три месеци се забележува одредено забавување. - Стапката на раст се уште не може да се каже дека се намалува, меѓутоа не се зголемува. НБРМ претпоставува дека главна причина за ова е неизвесноста која владее во еврозоната и како тоа ќе влијае на македонската економија, изјави Богов. Според базичното сценарио на Народната банка засега не се планираат нови мерки, но оти во нивните сценарија прават симулации во каква ситуација би се презеле.

За тоа дали ќе се зголемат каматите, рече ќе се види какви ќе бидат случувањата, но оти во моментот нивните проекции покажуваат дека во базичното сценарио нема да има потреба од затегање на монетарната политика. - При поострите сценарија, зависно од притисокот кој ќе го имаме на девизиниот пазар, соодветно ќе реагираме, меѓутоа не би требало таа реакција да биде позначителна. Во секој случај не толку колку што беше во 2008 година, изјави гувернерот на НБРМ Димитар Богов по седницата на Комитетот за финансиска стабилност.

Охридска банка во соработка со Црвен Крст обезбеди два инхалатора за децата со цистична фиброзаДОНАЦИЈА ЗА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ВО СКОПЈЕ

Охридска банка, Црвен крст на РМ и Здружението за цистична фиброза со цел да придонесат во обезбедување на подобар квалитет на животот на децата болни од цистична фиброза, организираа хуманитарна акција со која се обезбедија финансиски средства за донација за нивна помош. Имено, за сите трансакции на ПОС-терминали на Охридска банка реализирани за време на Неделата на солидарност, Банката издвои дополнителни 0,5% од вредноста на трансакциите и тие средства ги донираше за набавка на два инхалатора за децата со цистична

фиброза на Клиниката за детски болести во Скопје. Донацијата ја прими проф. д-р Ацо Костовски, директор на клиниката за детски болести - Скопје и ја предаде на претседателот на Здружението за цистична фиброза, Снежана Бојчин. Под мотото ,,Да ја вратиме насмевката на нивните лица и надежта во нивните очи“, Охридска банка, Црвен Крст на РМ и Здружението за цистична фиброза се ангажираа и дејствуваа со цел подобрување на квалитетот на животот на лицата болни од цистична фиброза. Болните лица се претежно деца и сосема млади луѓе, сите пациенти при Клиниката за детски болести - Скопје, единствена установа во која имаат можност да се лекуваат. Здружението презема активности за обезбедување на донации за подобрување на условите за третман во Одделот за цистична фиброза, при Клиниката за детски болести. Двата инхалатора се наменети за децата кои страдаат од оваа болест за кои нивните родители немаат можности да ги набават.

Соработката меѓу Охридска банка и Црвен Крст за време на Неделата на солидарност со оваа акција преминува во традиционална, како надоврзување на хуманитарните акции организирани претходните години.

ТТК Банка со нови поволни пакети за своите клиентиНАМАЛЕНИ КАМАТНИ СТАПКИ И ПРОВИЗИИ

ТТК Банка ги намали каматните стапки на потрошувачките кредити и воведе посебни пакети за приматели на плата преку оваа банка. Од 15.12.2011 година ТТК Банка ги намали каматните стапки кај потрошувачкиот и хипотекарниот кредит и до 2 процентни поена. Каматната стапка на потрошувачкиот кредит е намалена и изнесува 10,00% или 11,00% за приматели на плата преку банката. Каматната стапка кај

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВО

Page 16: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО16 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ФИНАНСИИ И БАНКАРСТВОхипотекарниот кредит е намалена и изнесува 8,00% за корисници кои се приматели на плата преку банката.

Кај потрошувачкиот кредит продолжен е и рокот на отплата од 5 на 7 години. Дополнително, ТТК Банка, креираше и два пакета за приматели на плата преку оваа банка - Премиум СМАРТ и ВИП пакетите нудат пониски каматни стапки за кредити (потрошувачи, хипотекарни), пониски провизии и поповолни услови за користење на картички. Смарт е пакет достапен за вработени во државни институции и акционерски друштва, а Премиум ВИП пакетот за корисници со повисоки месечни примања. – соопштуваат од Банката. ТТК Банка подготвува и други поволности како за физички лица, така и за правни лица.

Успешна година за „Винер осигурувања“ со 100.000 нови кориснициЕКСПАНЗИЈА СО 100 ИЛЈАДИ НОВИ КОРИСНИЦИ

Винер Осигурување ја прослави исклучително успешната деловна година, во која, оваа осигурителна компанија се стекна со довербата на уште 100.000 нови осигуреници. Константниот раст кој Винер Осигурување го покажува во изминатите неколку години, со перманентното активно проширување на човечкиот капитал и структурираната продажна мрежа, јасно зборува за

супериорната позиционираност на оваа компанија на домашниот осигурителен пазар, која во моментов има најголем број на филијали - 52 во дури 26 градови во републикава. Познавачите на осигурителната сфера се согласни дека експанзијата на Винер осигурување се должи на строгите деловни принципи, кои оваа компанија ги промовираше на пазарот на осигурување, а кои јасно ја одразуваат моќта на брендот Виена Иншуренс Груп на кој му припаѓа компанијата. Новите 100.000 осигуреници се доказ дека успеале да понудат најконкурентни продукти, цени и услуги за клиентите. Генералниот директор на Винер осигурување, Зоран Нарашанов вели дека во 2012 граѓаните можат да очекуваат мноштво нови осигурителни пакети меѓу кои секој ќе може да го пронајде оној кој најмногу ќе му одговара на потребите и можностите.

- За претстојниот период планираме и зајакнување на пазарот преку индивидуален пристап кон секој клиент и обезбедување на 24-часовна поддршка за клиентите. Морам да напомнам дека покрај извонредните резултати, она што особено ме радува е фактот што остварениот профит успеваме целосно да го задржиме во Македонија, и истиот е наменет за долгорочна стабилност и развој на компанијата - истакнува Нарашанов. Во наредниот период акцент ќе биде ставен и на подигнување на културата поврзана со социјалната одговорност на компаниите, преку остварување на неколку акции кои за цел ќе имаат да го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Тоа, велат од компанијата, претставува императив според корпоративната етика по која се раководи и угледот на брендот кој го претставува. Во план е и засилување на соработката со образовните институции поради продолжување на праксата на регрутирање на најдобрите млади студенти, но и обезбедување на поддршка во образовниот процес и професионалната пракса.

“Кроациа осигурување – живот” ГОДИНАВА СО РАСТ НА ОСТВАРЕНАТАПРЕМИЈА ОД 45 ОТСТО

Осигурителната компанија “Кроациа Осигурување – живот” прослави 6 години успешна работа. Првата компанија со лиценца од Министерството за финансии во делот осигурување на живот изминатиов 6-годишен период ја презема лидерската позиција во својата област. Само годинава компанијата имала раст на остварената премија за 45%.

“Кроациа Осигурување – живот” планира во наредната година да ја прошири палетата на производи и на тој начин да се избори со кризата, која освен на осигурителниот сектор му се заканува и на целото стопанство. Првите луѓе на компанијата сметаат дека животното осигурување во Македонија полека зема замав, конкуренцијата се зголемува, но сепак очекуваат двоцифрени стапки на раст наредната година.

Page 17: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 17четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Скопје и Загреб се збратимијаАКЦЕНТ НА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ И КУЛТУРНИТЕ ВРСКИ

Градоначалниците на Скопје и на Загреб Коце Трајановски и Милан Бандиќ потпишаа Повелба за пријателство и соработка, со што Скопје и Загреб станаа збратимени градови. Целта на оваа повелба е остварување на заедничките цели и резултати, како и зајакнување на веќе постојните врски, со посебен акцент на проширување на стопанските и на културните врски, размена на искуства во еколошките програми, особено во заштитата на животната средина, меѓусебно запознавање на културата, историјата и традицијата, соработка меѓу музеите, универзитетите, мултикултурна соработка и јакнење на врските меѓу националните малцинства, ЕУ-проекти, образование (соработка меѓу средните училишта), урбанизмот и соработка меѓу јавните претпријатија. Со потпишувањето на оваа повелба двата града ќе можат да соработуваат во рамките на меѓународните организации и асоцијации на градови во кои членуваат, додека особено внимание ќе биде посветено на размената на искуства, практики и можности за учество во проекти од заеднички интерес.

- Соработката на Скопје и Загреб е клучен фактор за реализирање на многу заеднички проекти во интерес на нашите граѓани. Имајќи ја предвид стратешката цел на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и имајќи го предвид фактот дека постигнувањето на европските стандарди и усогласувањето со европските политики се клучни насоки за развој и просперитет, убеден сум дека главниот град Скопје има најголемо влијание во процесот на евроинтергацијата на нашата земја, изјавил градоначалникот Трајановски на потпишувањето на Повелбата, а пренесува МИА. Според него, богатата меѓународна соработка што Скопје ја развива со многу градови во светот дава дополнителна енергија и важност во евроинтегративните процеси. - Убеден сум дека искуството што го има Загреб, како град од земја

која е длабоко влезена во процесот на евроинтеграциите може да му пренесе позитивни искуства на Град Скопје, додал Трајановски. Градоначалникот Бандиќ изјавил дека е особено задоволен од потпишувањето на оваа повелба за соработка бидејќи повеќе договори од овој вид се потпишуваат за да почне некоја соработка, додека Загреб и Скопје зад себе имаат долга соработка и проекти. Скопје и Загреб имаат долгогодишна традиција на одлична соработка, која изминативе години резултира со голем број средби и меѓусебни посети и разменување искуства. Загреб е седумнаесеттиот град со кој Скопје се збратимува. За време на дводневната посета, делегацијата на Град Скопје оствари голем број посети на индустриски капацитети и јавни претпријатија на Загреб, на фабриката од областа на електроиндустријата „Раде Кончар“, како и поголем број оддели и комунални претпријатија кои се во сопственост на Загреб.

Град Скопје досега има остварено соработка врз основа на збратимување со градовите: Брадфорд, Велика Британија (1961), Дижон, Република Франција (1961), Дрезден, Сојузна Република Германија (1967), Темпи, Аризона, САД (1971), Рубе, Република Франција (1973), Варем, Белгија (1974), Нирнберг, Сојузна Република Германија (1982), Еч Шелиф, Алжир (1983), Нан Чанг, Народна Република Кина (1985), Маниса, Република Турција (1985), Суец, Египет (1985), Питсбург, Пенсилванија, САД (2001), Истанбул, Република Турција (2003), Љубљана, Република Словенија (2007), Подгорица, Црна Гора (2008) и со Сарагоса од Кралството Шпанија (2008).

Останале нераспределени 52 ЦЕМТ дозволи, електронски може да се аплицира и по 1 јануари 2012 годинаПРИОРИТЕТ ЗА ФИРМИТЕ СО КУПЕНИВОЗИЛА ПО 15 ОКТОМВРИ ГОДИНАВА

По објавувањето на конечната листа за распределба на годишните ЦЕМТ дозволи за 2012 година, при електронската

распределба останаа нераспределени 52 поради остаток на вкупни бодови од трговските друштва кои аплицирале, информира Министерството за транспорт и врски. Вкупно се распределуваа 1.188 ЦЕМТ дозволи.

Електронското аплицирање за распределба на нераспределените годишни ЦЕМТ дозволи ќе биде по 1 јануари следната година. Приоритет при распределбата на дозволите ќе имаат фирмите кои имаат новонабавени возила (датумот на првата регистрација во Република Македонија) по 15 октомври годинава. Министерството за транспорт и врски појаснува дека во случај бројот на новонабавени возила да биде поголем од расположливиот фонд на дозволи, тогаш приоритет при распределбата ќе имаат новонабавените возила со датум поблизок до датумот на електронското аплицирање за нераспределените годишни ЦЕМТ дозволи. Во случај, пак, бројот на новонабавени возила да биде помал од расположливиот фонд на дозволи, тогаш остатокот на дозволи ќе се распределува на оние фирми кои имаат возила за превоз на сезонска стока во свежа и смрзната состојба, при што предност при распределбата ќе имаат превозниците кои први аплицирале во терминот за електронско аплицирање, се вели во соопштението. Терминот за електронско аплицирање Министерството за транспорт ќе го објави дополнително. Трговските друштва кои имаат лиценци за јавен превоз на стоки ќе можат да аплицираат на интернет-страницата www.dozvolui-mtc.gov.mk.

Kозметичари и фризери најмногу меѓу занаетчиските струкиЗАВАРУВАЧИТЕ, ПЕКАРИТЕ И ГОТВАЧИТЕ ДЕФИЦИТАРНИ

Заварувачи, машинобравари, пекари и готвачи се меѓу најдефицитарните занаети во Македонија. Поради недостигот од вакви кадри често се испуштаат и огласите на странските фирми. Од регистрираните околу 6.500 фирми, преовладуваат козметичари и фризери. - Македонските занаетчии се на

ИНФО ПУЛ

Page 18: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО18 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

вистинскиот пат. Имаат своја организација и начин на управување. Но, мора да работат на модернизација и уште посилно здружување. Најголемите потенцијали се во областа на техниката. Уметничкото занаетчиство не може да даде значителен придонес во развојот на стопанството, туку само во делот на традицијата и културата, изјави Евелеина Парванова од Занаетчиската комора на Кобленц по конференцијата со која беше означено завршувањето на 10-годишниот проект спроведен во партнерство со занаетчиските комори во Македонија. Според неа, во сите земји кои немаат суровини средните претпријатија и занаетчиството се столбот на економијата. Тие најмногу придонесуваат за намалување на невработеноста.

- На Балканот и во Македонија кога ќе се каже „зааетчија“ веднаш се мисли на чевлар кој работи во гаража, а всушност занаетчии се и специјалистите за компјутери и автомеханичарите. Во последно време занаетчии се и експертите за соларна енергија, кои ги поправаат системите за соларна енергија и кои ги монтираат на покривите, истакна Парванова, а ја цитира МИА. Таа укажа на потребата од практична обука во училиштата за занаети посочувајќи ја Германија како пример. - Во Германија и земјите од германското говорно подрачје постои т.н. дуален систем на образование. Не е важно на која возраст почнува стручната обука. Побитно е што најголем дел се одвива во претпријатијата, а не во школите. На тој начин, занаетчиите практично добиваат подготвени млади луѓе кои работеле три до 3,5 години во стопанството, нагласи Парванова. Македонските занаетчии се соочуваат со низа проблеми во доменот на своето работење, но имаат, како што нагласија, одлична соработка со Владата и ресорните министерства. Тоа сметаат и ќе придонесе за подобрување на состојбата. - Во почетокот на идната година треба да биде донесен новиот закон за занаетчиство со кој ќе се надминат забелешките утврдени како аномалии. Една од нив е претераното ограничување при регистрирањето на фирмите, односно барањето стриктна квалификација за одредени занимања што не оставаше

простор и можност да се вклучат повеќе дејности, изјави Кирил Трпчески, заменик претседател на Националната комора на занаетчии на Македонија. Осврнувајќи се на стручната подготовка, Трпчески посочи дека во четиригодишното средно занаетчиско образование кај нас, вклучени се и полагањата за атести кои се бараат при вработувањата, додека во училиштата со три години тоа не е случај. Проектот што се спроведуваше изминативе 10 години беше финансиран од Сојузното германско министерство за соработка и развој. Афирмирањето на поимот „занаетчија“, донесувањето закон за занаетчиство и основањето организации на занаетчиите беа некои од целите кои во одредена мерка, како што рече Парванова, и се постигнаа. Но, на македонските занаетчии останува натаму да ги продлабочуваат придобивките и да го развиваат својот сектор.

Економски советУРБАНИЗАЦИЈА И ПРОДАЖБА НА ЛОКАЦИИ ЗА НОВИ ОТКУПНО-ДИСТРИБУТИВНИ ЦЕНТРИ

До 21 јануари за Штип и до 26-ти за Демир Капија е рокот за доставување понуди за продажба на локациите за откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи. Во наредните 15 дена ќе следуваат и објави во Свети Николе, Ресен, Чешиново-Облешево и во Валандово, а во јануари и во Кочани, било одлучено на седница на Економскиот совет. - Во соработка со Министерството за земјоделство, работиме на дополнителни локации за откупно-дистрибутивни центри, секаде каде што има проблем со пласманот или каде што има потенцијални инвеститори. Очекувам најдоцна до првата половина на наредната година да имаме максимум 25 локации кои ќе бидат

понудени на јавна објава, со цел за подобар пласман на земјоделските производи во Република Македонија, изјави за медиумите министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а пренесува МИА. Тој информираше дека неодамна се продадени четири локации за вакви центри, последната во Врапчиште, а пред тоа во Чешиново-Облешево, Кочани и во Штип. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски истакна дека за секој регион се води прецизна анализа, посебно онаму каде што има најголемо производство на земјоделски култури, за да се даде препорака до Министерството за транспорт и врски за пренамена на земјоделското земјиште и тоа да се стави на објава за продажба. - Економскиот совет дискутира за подготвката на откупно-дистрибитивниот центар во Врапчиште. Активностите треба да ги преземе ЈП „Агроберза“ кое е задолжено да соработува со инвеститорот од Турција што го откупи земјиштето. Особено битно за нас е потпишаниот договор со израелскиот партнер за подготвителни работи за изградба на Центарот за производство на семенски и посадочен материјал. Тој е од исклучителна важност за македонското земјоделство, со оглед на Програмата на Владата за создавање услови за производство на семенски и посадочен материјал за автохтони сорти, рече Димовски. Центарот ќе се гради на површина од 15 хектари во општина Свети Николе, која е задолжена до март 2012 да ги изврши сите подготовки за да ги задоволи инфраструктурните потреби на инвеститорот и тој да ја почне изградбата. Таа треба да заврши за шест месеци и наесен центарот да проработи, а Македонија да има сертифициран семенски материјал за кој веќе се склучени договори со домашни производители.

ИНФО ПУЛ

Page 19: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 19четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Промовирана студијата на УНДП „Проценка на економското влијание од климатските промени“СПРАВУВАЊЕ СО ГЛОБАЛНИТЕ ПРОМЕНИ НА ЛОКАЛНО НИВО

Климатските промени се глобален проблем, но предизвикуваат локална опасност, а штетите предизвикани од нив веќе можат да се забележат во нашето најблиско опкружување. Креаторите на политики мора да одговорат на климатските промени со преземање на координирани активности од засегнатите страни од различни области.

Ова беше истакнато на промоцијата на студијата „Проценка на економското влијание од климатските промени“, која е дел од тековните активности на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за развивање на аналитичкиот и институционалниот капацитет на земјите во транзиција со цел да се проценат економските влијанија од климатските промени. Студијата нуди прелиминарни проценки на економските влијанија од климатските промени во три области важни за економијата - побарувачката на енергија, водените ресурси и земјоделството и препорачува креаторите на политиките да се насочат кон подобрување на енергетската ефикасност. Нејзина цел е да го потготви теренот за подлабоки испитувања на климатските промени со кои ќе се воспостави врска меѓу физичкото влијание на климатските промени и економските ефекти. - Науката е јасна климатските промени се тука и се влошуваат, а времето не е на наша страна. Тие предизвикуваат промени кои се побрзи и поглобални од се што се случувало во светот со илјадници години. Штетите што може да ги предизвиаат климатските промени во земјоделството, човечкото здравје, енергијата, шумарството и туризмот ќе предизвикаат високи трошоци во националните економии ширум светот, рекол постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Дијардре Бојд, а го цитира МИА. Таа нагласил дека трошоците за воведување мерки за справување со климатските промени ќе бидат многу помали од придобивките што ќе се добијат за избегнување на економските загуби што можат да ги предизвикаат. - Се надеваме дека извештајот ќе доведе до соработка меѓу засегнатите страни од климатските промени вклучувајќи ги и Владата, НВО, академските и истражувачките институции и приватниот сектор. Очекувам студијата да

стане мерило за развојот и климатските промени и да предизвика помала емисија на стакленички гасови во атмосферата, додал Бојд. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски посочил дека треба да се размислува за воведување механизми што ќе обезбедат климатските промени први да бидат верификувани за да можат навремено да се криераат економски политики за ублажување на нивните ефекти. - Глобалните економски случувања се непосреден ризик што во следната година ќе ни претставуваат проблем, за разлика од нив климатските промени се нешто што ќе има влијание врз економијата и човештвото подолг период. Македонија не треба да стои на страна од глобалните случувања и заради тоа уште од порано имаме започнато активности за намалување на последиците од климатските промени, изјавил Пешевски пред почетокот на настанот. Тој нагласи дека веќе има проекти со Светска банка и со ОН за да се изготват студии за последиците од климатските промени. - Владата по анализата на добиените резултати ќе настојува да ги вгради колку што е тоа можно и во политиките за наредниот период, рекол Пешевски и додаде дека најголемо влијание промените имаат на земјоделството и на енергетиката во Македонија. Владата, нагласи, веќе има покажано дека им помага на земјоделците да се справат со кризните ситуации, но главната насока во наредните години ќе биде во осовременување на системите за водоснабдување и наводнување. Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми истакна дека е од исклучително значење разбирањето на економските влијанија врз климатските промени и оти тоа ќе овозможи подобро оценување при изборот на опциите. - Особен предизвик за Република Македонија е постапувањето по обврските кои нашата држава ги има во рамките на нејзиниот статус во рамковната конвенција на ОН за климатски промени од една страна и нејзиниот статус на земја-кандидат за полноправно членство во ЕУ. Последното ќе бара постепено изградување на капацитетите за идно вклучување во трговијата со емисии и механизмот за мониторирање, рапортирање и верификување на емисиите на стакленичките гасови, и за тоа ќе треба воведување на збир технички, административни и институционални мерки за собирање и управување со податоците и известувањето, рекол Адеми. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски изјавил дека МЗШВ веќе подолго време активно е вклучено во заштитата од климатските промени и оти превземаат мерки за справување со нивните последици. - Македонија е една од четирите земји кои се влезени во овој проект со дефинирани региони во кои има поголеми последици од климатските промени, како што е Пелагонискиот каде има оштетување на поседите од 20 до 30 проценти како последица на сушата. Еден од критичните региони е и Повардарскиот, јужно од Демир Капија каде заедно со КФВ банка се реализира втората фаза од системот за наводнување капка по капка на 4,5 илјади

хектари, рекол Димовски. Тој посочил дека последици од климатските промени има и во Радовишко, но и во Пчињско-осоговскиот регион каде се предвидува изградба на неколку мини акумулации за наводнување на земјоделските површини претежно насеани со житарици. - Презедовме и неколку чекори за стимулирање на земјоделците за да ги променат културите со поотпорни на климатските промени. Во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје и МАНУ започнат е проектот за изработка на педолошка карта на земјоделската површина во Македонија која ќе ни даде репер кои култури во кои региони се најпогодни за одгледување. Како надградување ќе се изработи и агрохемиската карта со која ќе се препорача со кои заштитни средства да се третираат најсоодветните култури во регионите, а се изработува и стратегија за производство на сертифициран семенски и посадочен материјал за автохтони сорти во Македонија, појаснил Димовски и додаде дека се смета оти автохтоните сорти ќе дадат највисоки приноси по единица површина. За земјоделците се предвидени стимулативни средства за да се обврзат да го користат сертифицираниот семенски материјал на автохтоните сорти во Македонија.

Со проект на УСАИД ќе се подобрува енергетската ефикасност во седум македонски општиниПОЗИТИВНО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ КЛИМАТАИ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Енергетската ефикасност на 26 станбени згради во седум македонски општини во наредните три години ќе се подобрува со проектот на УСАИД и Хабитат Македонија „Енергетска ефиканост за секторот домување“, чие спроведување почнува од средината на овој месец. Проектот предвидува поставување изолација на фасадата и на покривот на зградите и замена на прозорците и вратите со енергетски поефикасни.

Во рамки на проектот, кој ќе се реализира по пат на јавно-приватно партнерство во договор со општините, ќе бидат спроведени активности за подигање на јавната свест за енергетската ефикасност во колективните станбени објекти и за подобрување на нивното управување. Се предвидува и поттикнување на инвестиции, претприемништво и создавање работни места во секторот за енергетска ефикасност.

Page 20: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО20 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ПАРТНЕРСКИ ИНСТИТУЦИИ И МИНИСТЕРСТВА

Министерот за економија Ваљон Сарачини кој учествуваше на промоцијата на проектот истакнал дека енергетската ефикансост не е врвен приоритет само за јавниот сектор и за индустријата, туку и за домувањето. - Овој проект има сеопфатен пристап кон подобрувањето на енергетската ефикасност во станбениот сектор преку директна градежна интервенција на зградите, рече министерот Сарачини и нагласил дека подигањето на свеста на луѓето за енергетската ефикасност ќе има позитивно влијание и врз климата и животната средина, а го цитира МИА. Прокетот предвидува, нагласил, финансиски модели преку кој се овозможува одржливо финасирање и подобрување на енергетската ефикансост на станбените згради. Не станува збор за грантови или подароци како досега. - Владата енергетската ефикасност како дел од енергетиката ја става меѓу приоритетите во економијата зашто има капацитет да создава нови работни места, да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и да го намали увозот на енергија, рече Сарачини. Директорот на УСАИД Македонија, Роберт Вурц рекол дека со проектот за подобрување на енергетската ефикасност на колективните станбени објекти се подобрува животот на нивните станари. Тој прецизира дека проектот ќе се спроведува во Куманово, Тетово, Велес, Карпош, Струга, Прилеп и Струмица. - УСАИД во 2010 година ги поддржа македонските невладини организации со 700 илјади американски долари, а во 2011 за таа намена се дадени 3,4 милиони долари. Планираме поддршката да продолжи и во наредните пат години, рекол Вурц. Генералниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костов рекол дека голем дел од луѓето веќе ги чувствуваат импликациите од големото трошење на енергијата во домовите, но истакна, не се доволно свесни дека со одредени интервенции можат да направат заштеди во сметките за енергија. - Со последните зголемувања на цените на енергенсите тоа станува особено актуелно, рече Костов и додаде дека со зголемувањето на енергетската ефикасност заштедите се движат од 20 до 40 проценти во потрошувачката на енергија. Тој нагласил дека во Македонија релативно мал процент од зградите имаат добра енергетска ефикасност и оти за најголемиот дел од нив може да се каже дека се енергетски неефикасни. - Во периодот на 60-тите, 70-тите и 80-тите години од минатиот век кога е најголем инттензитетот на станбената изградба во Македонија цената на енергијата била многу ниска заради што немало потреба од грижа за енергетската ефикасност. Сега кога цената на енергијата се приближува до пазарната, вклучително и на електричната енергија, луѓето се почесто го поставуваат прашањето дали можат да заштедат и да ги намалат трошоците за енергија, појаснил Костов. Хабитат Македонија веќе реализира пилот проект во неколку македонски општини за подобрување на енергетската ефикасност на колективни станбени објекти за домување со

бесплатна замена на прозорците со енергетски поефикасни и вградување изолација на фасадата и на покривот. Главен критериум за нивен избор беа просечните месечни примања на станарите во зградите.

Агенцијата за електронски комуникации промовираше електронски катастер за подземна и надземна телекомуникациска инфраструктураЗАШТИТА ОД ОШТЕТУВАЊЕ ПРИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Сите податоци за подземните и надземните телекомуникациски водови и инфраструктура од трите оператори во Македонија ќе бидат достапни преку електронскиот катастар што го промовира Агенцијата за електронски комуникации. Софтверот за електронски регистар, покрај за операторите, ќе биде значаен за повеќе државни институции бидејќи поради прегледноста на мрежите овозможува поголема заштита од оштетување при градежни работи, полесен пристап до информации и објавување податоци за слободни капацитети, со што ќе се промовира поголема искористеност на постојните капацитети.

- Преку софтверот за електронски регистар за јавните телефонски телекомуникациски мрежи и инфраструктура граѓаните ќе добијат информации за подземните и надзмените телекомуникациски водови, за слободните капацитети и целокупната инфраструктура на Македонија. Со негова помош ќе се олеснат и ќе се осигураат сите градежни активности од можни проблеми и оштетувања при градежни работи, рекол на промоцијата директорот на АЕК Роберт Ордановски, а го цитира МИА. Првата фаза од проектот опфаќаше изработка на софтверот и собирање податоци од големите оператори. Во втората фаза во текот на следната година треба да се соберат податоци и од останатите оператори. Доколку некој од операторите не одговори на барањето на АЕК за доставување на неопходните податоци за електронскиот катастар, ќе следат прекршочни санкции во износ од четири до седум проценти од вкупниот приход на операторот. Неучеството во електронскиот катастар ќе значи непостоење на таа мрежа.

Комисијата за хартии од вредност ПРОМОВИРАНА ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ИНВЕСТИЦИОНИ СОВЕТНИЦИ

Комисијата за хартии од вредност ја промовираше втората генерација инвестициски советници во Република Македонија. Педесетината кандидати кои го положија испитот за инвестициски советници се стекнаа со Уверение за положен стручен испит за инвестициско советување. Обуката, организирана од Комисијата, а помогната од УСАИД, ја поминаа сто учесници.

Како експерти за пазарот на хартии од вредност, инвестициските советници ги советуваат клиентите при купување и продавање акции и обврзници, со цел правилно да ги вложат своите средства. Тие ги следат берзанските случувања, изработуваат анализи за вредноста, квалитетот на акциите, имаат право да им ги препорачуваат на граѓаните и на компаниите предностите и ризиците од купувањето хартии од вредност. - Квалитетни, точни, целосни, навремени информации врз основа на кои ќе можат потенцијалните инвеститори да донесат правилна, вистинска и профитабилна одлука за вложување на својот капитал треба да ги добиваат токму од инвестициските советници, истакна во своето обраќање директорката на Комисијата за хартии од вредност Марина Наќева Кавракова, а ја цитира МИА. Инвестициските советници, посочи таа, како менаџери за управување со капиталот, покажаа дека се уникатна врска помеѓу пазарот на капитал и инвеститорите: - Тие се одговорни за премостување на празнината што постои помеѓу инвеститорите и нивните финансиски цели односно клучната алка што ја користат граѓаните и компаниите за да го намалат ризикот од нeпознатото при вложување на пазарот на хартии од вредност. Американскиот амбасадор Пол Волерс истакна дека Владата на САД преку УСАИД тесно соработуваше со Комисијата за хартии од вредност во текот на годините со цел подобро да се развие пазарот на капитал во Македонија. - Среќен што можам да видам дека Комисијата придонесува за зајакнување на дијалгот помеѓу сите учесници на пазарот на капитал. Комисијата цврсто ја покажа својата определба да го зајакне пазарот на капитал преку вклучување на меѓународните практики во меѓународното образование на своите учесници, рече Волерс.

Page 21: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 21четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Прометот во индустријата ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИЗА ЧЕТВРТИНА ПОВЕЌЕ ОД ЛАНИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010, изнесува 120.3. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст од 10.4%, а индексот на прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 28.2%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст од 0.1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 21.5%. Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2011 година, во однос на октомври 2010 година, бележи пораст кај Енергија за 15.6%, Капитални производи за 168.8%, Трајнипроизводи за широка потрошувачка за 70.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачказа 18.6%, а опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.6%. Индексот на прометот во индустријата во октомври 2011 година, во однос на септември 2011 година, изнесува 90.3, додека во периодот јануари-октомври 2011, во однос на периодот јануари октомври 2010, индексот на прометот во индустријата изнесува 124.6

Цени на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазариНАЈМНОГУ ПОЕФИНИЛЕ КОМПИРИТЕ И КРОМИДОТ

Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на

земјоделските производи на зелените пазари во ноември 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај бабурите, зелката, спанаќот, кикиритките во зрно и лупените ореви. Најголемо намалување на цените е забележано кај компирите и кромидот. Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај зелката, морковот, јаболката, лупените ореви, портокалите и мандарините. Најголемо намалување се забележува кај црвените пиперки, компирите, кромидот, лукот и крушите.

Индекси на цените во земјоделствотоТЕКОВНО ПОТРОШЕНИТЕ СРЕДСТВА ДВОЈНО ПОВИСОКИ ОД ИНВЕСТИЦИИТЕ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 6.0%, а кај аутпутот е зголемен за 4.0%.

Во ноември 2011 година, во споредба со ноември 2010 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 106.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 103.8. Во делот аутпут, во ноември 2011 година, во споредба со ноември 2010 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 102.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 107.9.

МЕЃУНАРОДНА СТАТИСТИКА

Инфлацијата во еврозоната во ноември стагнира на три отстоЦАМО ВО ИТАЛИЈА НАД ПРОСЕКОТ ВО ЕУ

Стапката на инфлација во 17-члената еврозона во ноември изнесуваше три отсто, а на тоа ниво е веќе трет месец по ред, покажаа денеска објавените податоци на Европската унија, според кои на растот на потрошувачките цени најмногу влијаело поскапувањето на транспортот, енергетиката и трошоците за станување.

Во најновото соопштение на агенцијата на ЕУ за статистика, Евростат, се наведува дека во ноември стапката на инфлација на годишно ниво опаднала во Германија, Италија и Шпанија, додека во Франција е малку нарасната, пренесуваат француските медиуми. Од овие четири најголеми економии во рамки на еврозоната, само Италија минатиот месец забележала стапка на инфлација над просекот на еврозоната, од 3,7 отсто. Најголема стапка на инфлација меѓу сите 17 члнеки на зоната на еврото во ноември имала Словачка, од 4,8 отсто, а најниска Словенија, од 2,1 отсто, соопшти Евростат.

Трговскиот дефицит на Италија преполовен во октомвриИЗВОЗОТ СО РАСТ ОД 4,5 ОТСТО

Дефицитот на трговскиот биланс на Италија во октомври е намален на 1.007 милијарди евра од 2.568 милијарди од истиот месец минатата година, соопшти денеска италијанскиот Завод за статистика, Истат. Трговскиот дефицит е речиси преполовен благодарение на растот на извозот од 4,5 отсто на годишно ниво. Увозот е истовремено намален за 0,3 отсто. На месечно ниво извозот е намален за 3,2 отсто, а увозот за 1,1

СТАТИСТИКА

Page 22: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО22 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

отсто. Истат укажува дека овогодишниот раст на извозот е поттикнат од продажбата на метали во Швајцарија и Франција, машински алати во САД и електронска и оптичарска опрема во Швајцарија и Шпанија.

Невработеноста во Грција во третото тримесечје достигна 17,7 процентиЕДНА ТРЕТИНА ОД НЛАДИТЕ НЕМААТ РАБОТА

Невработеноста во Грција продолжила да расте во третото тримесечје на годината и достигна 17,7 проценти, за разлика од 12,4 отсто во истиот период минатата година и 16,3 отсто во второто тримесечје на 2011 година, соопшти Грчката статистичка служба. Според овие податоци над една третина од младите во Грција немаат работа.

Најсилно засегната од невработеноста е возрасната група меѓу 15 и 29 години, кај која нивото на невработеноста во третото тримесечје е 35,5 проценти. Невработеноста кај жените продолжува да биде повисока отколку кај мажите - 21,5 проценти, додека кај мажите е 15 отсто. Североисточните реони на земјата, кои се граничат со балканските соседи со евтина работна сила, се најмногу засегнати од невработеноста. Во тие области таа достигнува 20 проценти.

Во Црна Гора под прагот на сиромаштијата живее 6,6 отсто од населениетоВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ

Под апсолутниот праг на сиромаштијата во Црна Гора живее 6,6 отсто од населението, а најмногу се загрозени жителите од северниот дел на државата, соопшти Заводот за статистика, Монстат. Според податоците на Монстат, апсолутниот праг на сиромаштијата во Црна Гора во минатата година изнесувал 169,9 евра по лице.

Минатата година 6,6 отсто од населението на Црна Гора имало потрошувачка под апсолутната линија на сиромаштијата, се наведува во соопштението на Монстат. Се додава дека сиромаштијата се зголемила во урбаните, а се намалила во руралните средини. Во Црна Гора во селските области живеат 60,5 отсто сиромашни поединци, а во градските области 39,5 отсто.

Пад на индустриското производство во САДВЛИЈАНИЕ НА ПОМАЛОТО ПРОИЗВОДСТВО НА АВТОМОБИЛИ

Индустриското производство во САД во ноември опадна, прв пат во последните седум месеци, затоа што фабриките произведоа помалку автомобили, електронски и други апарати, соопшти американската Управа за федерални резреви (ФЕД). Во соопштението се наведува дека производството во фабриката, машините и рудниците минатиот месец е намалено за 0,2 отсто, пренесуваат американските медиуми. Фабричкото производство, кое е најголемиот фактор во индустриското

производство, опадна за 0,4 отсто, гласно заради намалената продукција на моторни возила и нивните делови, но и електрониката за домашна употреба, како и деловната опрама и алат. Падот на индустриското производство е прв од април годинава. Производството во овој сектор, меѓутоа, варира од месец до месец, а посебно регионално истражување што го спроведе ФЕД покажа дека фабричкото производство на североистокот на земјата во декември растеше со најбрзо темпо од мај годинава.

Бугарија трета во ЕУ според намалената градбаВО СЛОВЕНИЈА ПАДОТ ВОГРАДЕЖНИШТВОТО НАД ЧЕТВРТИНА

Вугарија се наоѓа на третото место меѓу државите членки на ЕУ според намалување на градежната продукција во оваа година, покажуваат податоците на европската статистичка служба - Евростат.

Падот на градежништвото во Бугарија изнесува 9,5 отсто, а пред неа се само Португалија со намалување до 11,3 отсто и Словенија со пад од 25,3 отсто. Раст на градбата е регистриран во Полска од 9,4 отсто, Шведска од 7,3 отсто и Германија од 1,6 отсто. Градежништвото во еврозоната е во опаѓање од 2,8 отсто на годишни ниво, а во цела Унија за два отсто. Во Бугарија е забележен и пад на цената на недвижностите, така што, на пример, во најпознатото одморалиште во земјата Сончев Брег двособен стан може да се купи за 16.000 евра.

СТАТИСТИКА

Page 23: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 23четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Совет на Ангела Меркел за Србија ЗА КАНДИДАТСКИ СТАТУС РАЗУМНАТРГОВИЈА СО КОСОВО

Германскиот канцелар Ангела Меркел во Приштина изјави дека очекува од Србија за добивање на кандидатски статус да воспостави разумна стокова размена со Косово, контрола над премините и да ги укине паралелните стурктури. - Во директни контакти сме со Белград и на Србија јасно и ставивме до знаење дека треба да воспостави разумна стокова размена со Косово, што сега не е случај, да воспостави контрола над премините и да ги укине паралелните структури, изјави Меркел по средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи на приштинскиот аеродром.

Меркел нагласи дека во Приштина не сака да разговара за тоа што треба Србија да направи, туку дека на косовскиот премиер му пренела што треба Приштина да направи. Според неа, независноста на Косово е голем чекор и сега косовската страна треба да делува одговорно во однос на решавање на сите проблеми. - Значајно е косовските власти да соработуваат со ЕУЛЕКС и не само на хартија, истакна Меркел, додека косовскиот премиер изрази уверување дека така и ќе биде. Во однос на ситуацијата во северниот дел на Косово, германската канцеларка порача што е можно побрзо да се воспостават разумни облици на односи. Меркел, за дијалогот меѓу Белград и Приштина истакна дека е потребно да се применат постигнатите договори и го наведе како пример договорот за заедничка царинска контрола, за чие спроведување придонес треба да даде и косовската страна. - Веруваме дека демократско Косово претставува добар придонес за мирот во регионот, како и дека иднината на целиот регион е во ЕУ,

истакна Меркел, нагласувајќи дека со Тачи разговарале како е можно што побрзо да се стигне до таа цел. Германската канцеларка Меркел допатува во Приштина со цел да ги посети германските војници во составот на КФОР, кои според неа имаат значаен придонес за мирот во регионот. Меркел по разговорот со косовскиот премиер треба да се сретне со командантот на КФОР, германскиот генерал Ерхард Древс.

Албанската Влада ќе даде гаранција за кредит за нормално снабдување со електрична енергија КЕШ СЕ ЗАДОЛЖУВА 4,5 МИЛИЈАРДИ ЛЕКИ

Неповолната хидролошка состојба, минималното домашно производство на електрична енергија и тешката финасиска состојба на албанската електрокорпорација КЕШ ја принуди Владата на премиерот Сали Бериша да даде гаранција за кредит, со цел нормално снабдување со електрична енергија. Владата, јави дописникот на МИА, гарантира за кредит во износ од 4,5 милјарди леки, кој треба да го земе КЕШ. Поради долгиот сушен период нивото на најголемата ХЕЦ „Фиерза“, која е втора по големина на Балканот, по онаа на Дунав, е блиску до минимумот. Минимален дотек има и во другите две електрани на каскадата на реката Дрим, „Коман“ и „Вау те Дејес“.

Вкупното дневно производство во трите електрани во последните месеци во просек изнесува само шест милиони киловат часови, па за да ја задоволи побарувачката, албанската електрокорпорација КЕШ е принудена да увезува дури 17 милиони киловат часови. Албанија со години нанaзад

ја тресе електроенергетската криза. Беше принудена да воведува рестрикција и по 18 часови дневно. Неколку години по ред Македонија и помагаше со испуштање поголема количина на вода преку ХЕЦ „Шпије“ во реката Дрим. Исклучок е минатата кога поради поволната хидрологија оствари историски рекордно производство и извезе струја во вредност од 100 милиони евра.

Економскиот раст во Албанија под очекувањатаЗНАЧАЈНО ПОД ПРЕДВИДУВАЊАТА НА ВЛАДАТА

Во првото полугодие од годинава еконскиот раст во Албанија не ја надминал границата од 3,4 отсто, што е далеку под предвидувањето на албанската Влада за раст од пет отсто, се наведува во предлог-документот за среднорочниот буџет 2012/2014 во кој владиниот Кабинет ги анализира

досегашните економски показатели и очекувањата за наредните три години. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, албанската Влада оценува дека економскиот раст е позитивен и во првата половина од годинава, иако тој е помал од оној кој таа го планирала, како резултат на повеќе влијанија, посебно на домашните неекономски фактори. Со предвидувањата на Владата уште на самиот почеток на годината не се согласуваше Меѓународниот монетраен фонд (ММФ), кој на земјата и` предвидуваше годишен економски раст од само два отсто.

РЕГИОН

Page 24: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО24 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Забелешка на Европската комисијаДРЖАВИТЕ НЕ ВЛОЖУВААТ ДОВОЛНОЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

ЕК соопшти дека државите од ЕУ се колебаат за вложување 30 милијарди евра во намалување на невработеноста меѓу младите што би поттиканло економски раст. Комисијата наведува дека Шпанија во која речиси 50 отсто млади до 25 години се без работа, е меѓу државите кои најмногу заостануваат во примена на средства од Европскиот социјален фонд.

Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо и европскиот комесар за социјални прашања Ласло Андор, соопштија мерки за решавање на ситуацијата во која 7,5 милиони млади на возраст од 15 до 24 години се невработени. Со програмата се опфатени младите кои рано завршуваат школување, поттикнува претприемништво и реформи на пазарот на трудот. Наведено е дека ќе се помогне во финансирање на 130.000 работни места во фирми во следната година во обид да се намали невработеноста меѓу младите која во моментот е 21 отсто.

ЕУ е од витална важност за островската економија ВРАБОТЕНИ НАД ТРИ МИЛИОНИ БРИТАНЦИ

Група од 20 угледни британски бизнисмени го предупредија денеска премиерот Дејвид Камерон дека е од „витално значење“ учеството и останувањето на Велика Британија во ЕУ, затоа што тоа има огромно значење за домашната економија и затоа што членството во Унијата обезбедува работа и вработување за над три милиони Британци. Како што јави дописникот

на МИА од Лондон, во писмо објавно во проториевскиот „Дејли телеграф“, британските бизнисмени велат дека сето тоа ќе се загуби, доколку земјата остане настрана од главните текови во ЕУ, или ако се определи за напуштање на ЕУ. - Императив е за Велика Британија, таа да има свое место на преговарачката маса во Брисел, кога се донесуваат витални одлуки за иднината на целата ЕУ, се вели во писмото на бизнисмените, меѓу кои се и генералниот директор на Бритиш Телеком Мајк Рејк и сопственикот на „Вирџин“, милијардерот Ричард Брансон. Авторите на писмото бараат од Камерон одново да се ангажира во европските работи. Британските бизмисмени инсистираат дека во интерес на Велика Британија е еврото да не пропадне, па Лондон затоа би требало да преземе се што е во негова моќ, за да се обезеди стабилноста на заедничката европска валута. Писмото се појавува десет дена по одлуката на британскиот премиер да не го потпише новиот европски договор за фискална унија во еврозоната и според овој лондонски весник, претставува притисок врз Камерон да не им попушта на евроскептичните конзервативци во барањето за нови преговори со ЕУ околу враќање на пренесените права од Лондон врз Брисел.

ММФ и` додели 507 милиони евра на Романија РЕЗЕРВА ЗА ЕВЕНТУАЛНИ ТЕШКИ ДЕНОВИ

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека и` доделил 507 милиони евра на Романија, која во моментов ја одбива сумата и претпочита да ја чува во резерва, пренесоа светските агенции.

ММФ во коминике соопшти дека нивниот административен совет дал зелено светло за исплаќање на сумата на официјален Букурешт во рамки на заемот од 3,6 милијарди евра, што беше одобрен во март. Романските власти истакнуваат дека ќе продолжат да гледаат на спогодбата како на претпазлива мерка и дека немаат намера да ги искористат средствата, прецизира ММФ. Романската економија западна во рецесијата од 2009 година, на одгласите

на глобалната криза. За да се справи со неа, Романија имаше потреба од план за финансирање од ММФ, Европската унија и Светската банка, во вредност од 20 милијарди евра. Од тогаш Романија постигна добар напредок, изјави заменик-генералниот директор на ММФ Дејвид Липтон.

Еврокомисијата најави воведување заедничка европска работничка книшкаНА КОНКУРС ЗА РАБОТАБИЛО КАДЕ ВО ЕУ

Европската комисија во Брисел предложи воведување на заедничка работничка книшка, која би важела на целата територија на Европската унија. Новата европска работничка книшка ќе содржи микрочип со основни податоци за корисникот и неговите професионални квалификации, објасни eврокомесарoт за внатрешен пазар Мишел Барние.

Со овој документ, граѓаните би можеле да конкурираат за работа каде било во ЕУ. Паралелно со тоа, Комисијата предложи и значително поедноставување на постапката за признавање на сертификати и дипломи, така што граѓаните ќе можат многу лесно да дознаат во кои земји нивните квалификации автоматски се признаваат. Спроед Барние, оваа мерка во значителна мера ќе го олесни движењето на работната сила на заедничкиот пазар, што би требало позитивно да се одрази на економскиот раст.

Финска воведува данок наместо телевизиската претплата ОД 50 ДО 140 ЕВРА СПОРЕД ГОДИШНАТАЗАРАБОТУВАЧКА

Пратеничките групи во финскиот Парламент постигнаа согласност околу нов модел за финансирање на државната радио-телевизиска компанија ИЛЕ. Како што јави дописникот на МИА, почнувајќи од 2013 година сегашната телевизиска претплата во Финска ќе биде заменета со прогресивен данок. Финските граѓани кои заработуваат најмалку 7.800 евра годишно ќе плаќаат

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 25: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 25четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

најниска сума од 50 евра. Доколку некој заработува помалку од спомената сума, тогаш нема да плаќа никаква телевизиска претплата. Целосниот износ од 140 евра ќе го плаќаат оние кои имаат годишни приходи од најмалку 22.000 евра. Но, данокот ќе се плаќа по лице, па семејство со повеќе членови кои имаат приходи би можело да плаќа повисока такса во споредба со сегашниот износ за телевизиската претплата во Финска, пишува финскиот дневен весник „Хувудстадсбладет ХБЛ“.

Москва со намера за помош за еврозоната до 20 милијарди долариВЛОГ ЗА СПАС НА СОПСТВЕНИТЕВАЛУТНИ РЕЗЕРВИ

Русија има намера при одредени услови, да „мобилизира“ до 20 милијарди долари за помош на држави од еврозоната кои се во криза преку ММФ. Тоа го изјави во Брисел, Аркадиј Дворкович, советник за економски прашања на претседателот Дмитриј Медведев. Тој ја потврди волјата на Москва за прва транша од 10 милијарди долари како што беше соопштено. Ветувањето беше дадено на средбата на врвот ЕУ-Русија. - Десетте милијарди долари се минимално учество, може да е и повеќе но не и помалку. Можеме да обезбедиме дполнително уште 10 милијарди долари, но во услови кога еврозоната напоредно напредува кон првичната цел да располага со фонд за спасување со финансиска ударна сила од еден билион евра, нагласи Дворкович. Конечната одлука на Москва зависи од тоа што прави ММФ. - Ако дупката е 500 милијарди евра, и ако не се знае од каде ќе дојде другата половина, нема многу смисла во тоа Русија да внесува пари во механизмот, изјави тој. Русија според него, нема да се спротистави ако ММФ одлучи за повеќе средства за поддршка на еврозоната за запирање на должничката криза. Западни медиуми јавуваат дека Русија има и личен интерес од закрепнување на еврозоната - должничката криза предизвика пад на вредноста на еврото, а околу 40 отсто од валутните резерви на државата се во евра.

Кипарскиот Парламент одобри нов пакет економски меркиПЛАТИТЕ ПОД МРАЗ ДВЕ ГОДИНИ

Кипарскиот Парламент одобр нов пакет економски мерки, кои ќе му овозможи на Кипар да не бара помош од Европскиот механизам за финансиска стабилност.

Пратениците го усвоија планот за замрзнуање на платите за период од две години, за зголемување на данокот на додадена вредност на 17 проценти од 1 март, за зголемување на даноците на примањата од 17 на 20 отсто месечно, за воведување на прогресивен данок на платите во приватниот сектор, кои се над 2,5 илјади евра месечно и за намалување на детскиот додаток и на ученичките стипендии. Кипарските власти тврдат дека мерките ќе го намалат прогнозираниот дефицит до 2,4 отсто од Бруто домашниот производ во 2012 година од очекуваните шест отсто ова година. Европската комисија предупреди дека Кипар може да биде соочен со финансиски санкции, доколку не го намали дефицитот на ниво под три отсто од БДП.

Грчките банки со нов курсПРОДАЖБА НА ФИЛИЈАЛИТЕ ВО ТУРЦИЈА И РОМАНИЈА

Најголемата грчка комерцијална банка „Национална банка на Грција“ (НБГ) и АТЕ Банка објавија дека ги продаваат своите филијали во Турција и во Романија. НБГ планира да продаде 49 отсто од турската „Финансбанка“, но не се исклучува и понатамошно продавање. АТЕ Банка објави дека ќе продаде 93,3 отсто од своите филијали во Романија. Грчките банки, кои претходно имаа експанзија во земјите од Југоисточна

Европа сега во голема мера зависат од финансирањето на Европската централна банка, Централната банка на Грција и помошта од Европската унија за рекапитализација на грчкиот финансиски систем.

Предупредување на Бугарската трговска комора (БТК)СЕКОЈ ТРЕТ РАБОТОДАВАЧ ПЛАНИРАНАМАЛУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

Секој трет работодавач во Бугарија планира во текот на следната година да го намали бројот на вработените, покажуваат податоците на Бугарската трговска комора (БТК) за деловното опкружување во земјата.

Само осум отсто од учесниците во анкетата планираaт следната година да го зголемат бројот на вработени, 17 отсто работодавачи не размислуваат за тоа, а 46 отсто планираат бројот на вработени да остане ист. Многу загрижувачка е и тенденцијата за се` повеќе згаснати работни места. Така, во Бугарија во текот на 2010 година се згаснати околу 294.000 работни места, покажуваат резултатите од истражувањето на БТК. Извршниот претседател на Комората Божидар Данев соопшти дека е загрижувачки и падот на инвестиции во земјата од половина милијарда евра во првите девет месеци од годината. Според него, интересот на работодавачите во 2012 година ќе биде насочен кон ангажирање висококвалификувани работници. Најбарани се елктроинженерите и градежните инженери, а продолжува да опаѓа потребата за работници од општа струка, - додаде Данев.

Нуклеарката Козлодуј годинава со рекордно количество струјаПРОИЗВЕДЕНИ 15,7 МИЛИЈАРДИ КИЛОВАТЧАСОВИ

Нуклеарката Козлодуј, со 33 отсто учествува во вкупното производство на електрична енергија во Бугарија, произведе рекордни количини струја - 15,7 милијарди киловатчасови. Министерството за економија, енергетика и туризам соопшти дека заклучно со вчерашното производство, надминат е рекордот од 2008 година, како и тоа дека ако се продолжи со сегашното темпо годинава ќе бидат произведени за околу милијарда киловатчасови електрична струја повеќе во однос на минатата година. Бугарската нуклеарка се состои од шест реактори, но во погон се само петиот и шестиот, бидејќи првите четири со јачина од по 440 мегавати се затворени од безбедносни причини непосредно пред влезот на земјата во ЕУ. Петиот и шестиот реактор, се јачина од по илјада мегавати, се од поново руско производство за кои Европската комија смета дека се безбедни. Министерот за економија и енергетика, Трајчо Трајков изјави дека во моментов се работи за зголемување на нивниот капацитет за уште по 100 мегавати до крајот на 2013 година. -Раководството на централата е подготвено да се соочи со изградба на седмиот реактор и тоа е правецот во кој работиме, додаде Трајков. Бугарија е најголем производител на електрична енергија во регионот, а со околу 40 отсто вкупно производство ги подмирува потребите на балканските земји.

ЕВРОПСКА УНИЈА

Page 26: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО26 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

СВЕТ Десет години од постоењето на БРИКЗА КУСО ВРЕМЕ РАСТ ПОГОЛЕМ ОД ЧЕТИРИ ПАТИ

Економиите на Бразил, Русија, Индија и Кина, по десет години откако главниот економист на „Голдман сакс“ Џим О’Нил ја употреби кратенката БРИК, забележаа раст повеќе од четири пати, а во нив живеат половина од светското население. Иако прогнозата на О’Нил не привлече многу внимание, брзо се покажа дека тој бил во право. Џим О’Нил во 2001 година најави дека четирите држави на БРИК за помалку од три децении ќе ги надминат економски најразвиени земји од тогашната Група седум (Г-7). Економистите денеска признаваат дека неговото истражување ја означило пресвртницата во анализата на растот на светската економија, а преобразувањето на Г-7 во Г-8, а потоа во Г-20, и официјално претставува признание за работата на О’Нил, објави во својот коментар српската државна телевизија РТС.

- По десет години британската економија се зголеми на 2.600 милијарди САД долари, а на земјите од БРИК на 13.000 милијарди. Кога ќе слушнете вакви статистички податоци, јасно ви е дека е смешно да се зборува за нив како за брзорастечки економии, смета главниот економист на „Голдман Сакс“. Десетгодишнината на БРИК се одбележува во време на економска криза, па и овие земји се соочени со предизвици. Иако некои економисти сметаат дека БРИК го надминал врвот на економскиот раст, сепак О’Нил е оптимист. - Следната година растот на бруто домашниот производ на БРИК ќе биде еднаков на целиот БДП на Италија, а Кина ќе создава по една грчка економија секои четири месеци, - смета О’Нил. Главниот економист на компанијата „Ренесанс Капитал“ Иван Чакаров истакна дека кризата во еврозоната е голема шанса за земјите од БРИК „во замена за своите пари да добијат поголемо влијание во ММФ, што тие го сметаат за признание на светско ниво“. Во меѓувреме на БРИК му се придружи и Јужна Африка, најмногу од политички причини, за во групата да биде застапен и африканскиот континент, бидејќи економски не може да се мери со четворката. Џим О’Нил има нова прогноза и нов термин - „Следните единаесет“. Станува збор за земјите како Индонезија, Турција и Мексико, од кои секоја има причина да привлече странски инвестиции и внимание на менаџерите од светските инвестициски фондови, - соопшти РТС.

Светска трговска организацијаРУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА СТАНА И ОФИЦИЈАЛНА ЧЛЕНКА

Светската трговска организација (СТО) одобри Русија да стане најновата членка, што, меѓудругото, ќе и` користи на забавената економија на најголемиот руски трговски партнер -Европската унија.

СТО, која брои 153 членки, го одобри приемот на Русија во своите редови, со што завршија дури 18 години долгите напори на официјална Москва да се придружи на оваа глобална организација, пренесоа американските медиуми. Русија следната година ќе стане полноправна членка на СТО, 30 дена откако ќе ја информира оваа организација дека руската Дума го ратификувала членството. Се очекува со пристапувањето на Русија во СТО обемот на извозот на ЕУ да нарасне за околу четири милијарди евра годишно, бидејќи Русија сега ќе може да купува стока по многу пониски цени, како и поефикасно да ги продава својата нафта и гас. Русија досега беше единствената земја во рамките на Групата 20 најразвиени светски економии која не беше и членка на СТО. Русија е еден од светските рекордери по должина на процесот на приклучување кон СТО, што почна во 1993 година. Подолги преговори за приклучување кон СТО има само Алжир, што се водат уште од 1987 година. -Од приклучувањето кон СТО најмногу корист ќе имаат сите руски извосно ориентирани сектори, меѓу кои е и земјоделието, со оглед на фактот дека агроиндустријата ќе добие сериозни конкурентни предности, уверен е шефот на рускиот преговарачки тим Максим Мадведков. Од услужниот сектор добивка ќе има и целокупниот сообраќај, освен авионскиот, што СТО не го регулира. Банките и осогурителните компании за сега се сконцентрирани на домашниот, руски пазар.

Русија значително го зголемен извоз на оружје ГОДИНАВА ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА МИЛИЈАРДА ПЛУС

Русија значително ја зголеми продажбата на оружје во странство во 2011 година, изјави рускиот вицепремиер Сергеј Иванов. Тој наведе дека рускиот извоз на оружје во 2010 година изнесува 10 милијарди долари, а годинава изнесува над 11 милијарди долари.

Русија е една од најголемите извозници на оружје во светот.Руско оружје се извесува во Индија, во Кина, во Алжир, во Малезија и во Венецуела. Русија годинава и покрај западните санкции продолжи да извезува оружје во Сирија.

Најави на рускиот премиер Владимир Путин ВОВЕДУВАЊЕ НА ДАНОКОТ НА ЛУКСУЗОД 2013 ГОДИНА

Рускиот премиер Владимир Путин најави донесување закон за данок на луксуз во 2013 година. - Данокот за прекумерно трошење, данокот на луксуз секако е сосема оправдан, можен и потребен, а за негово воведување е неопходен катастар на недвижности. Соодветните државни служби во 2012 година ќе подготват катастар на недвижност и во 2013 година на Државната дума ќе и достават нацрт-закон за данок на луксуз, рече Путин во годишната телевизиска контакт програма. Со цел да ги исполни ветените социјални обврски и модернизација на здравствената заштита, руската Влада за првпат во десет години ги зголеми даноците, зголемувајќи ги за оваа година социјалните придонеси на 34 од 26 отсто претходно.

Глад ги зафаќа големите американски градовиНЕВРАБОТЕНОСТА ГО ЗЕМА ДАНОКОТ

Анализата на состојбата во 29 големи градови во САД укажува дека во поголемиот дел од нив дошло до зголемување на бројот на гладните, а се очекува таквиот тренд главно да продолжи и во 2012 година, предупреди Конференцијата на американските градоначалници. Во текот на изминатите години, во 86 отсто од овие градови дошло до пораст на барањата за итна помош во храна, а само во два града бројот на тие барања стагнирал. Се оценува дека тоа најмногу е последица на невработеноста, а потоа и на сиромаштијата, малите плати и високите станбени трошоци. Во 93 отсто од градовите опфатени со анализата се очекува дека и во 2012 година ќе дојде до зголемување на бројот на барањата за помош во храна. Во просек во овие градови во изминатите години дошло до пораст на бројот на бездомниците за шест отсто.

Page 27: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 27четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ Кина предвидува повеќе протекционизам поради проблемите во САД и ЕУТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ЌЕ СЕ МНОЖАТ

Кина очекува дека следната година ќе дојде до зголемувањето на бројот на трговските спорови поради кризата на глобалниот пазар предизвикана од економските проблеми во Европската унија и САД, изјави во Женева кинескиот министер за трговија Чен Деминг. Чен на прес-конференција со министерите за трговија на членките на БРИК (Бразил, Русија, Индија и Кина) истакна дека постои можост во 2012 година да дојде до интензивирање на трговскиот протекционизам поради проблемите на светскиот пазар. - Да ги погледнеме државите околу нас, на пример Европа и САД. Сите ќе се соочиме со нивните проблеми, додаде Чен.

Во меѓувреме американскиот заменик-министер за финанаии Лаел Брејнард истакна дека Кина има помалку од една деценија за да изврши преглед на својата економија и да го заштити долгорочниот стопански раст, кој цвета благодарение на евтината работна сила. Брејнард истакна дека властите во Пекинг итно мораат да ги поттикнат технолошките иновации и да ја заштитат интелектуалната сопственот. - Кина се приближува кон крајот на голем број важни фактори на нејзината сила во полето на конкурентноста. Долгото работно време, ниските плати, големиот обем на инвестиции. Кина нема да може да продолжи да остварува раст врз основа на тие фактори, оцени Брејнард на прес-конференција во Вашингтон.

Светската трговска организацијаЗАБЕЛЕЖИВ Е СЕ ПОГОЛЕМ ПРОТЕКЦИОНИЗАМ

Протекционизмот претставува се поголема закана за време на забавувањето на глобалната економија и би можел да чини стотици милијарди долари, предупредија министрите и официјалните

претставници на состанокот на Светската трговска организација (СТО) во Женева.

- Некои знаци на протекционизмот денеска станаа очевидни во многу делови од светот. Да се попушти пред таков притисок би бил најлош можен одговор на моменталниот економски предизвик, изјави нигерискиот министер за трговија Олусегун Аганга на отворањето на конференцијата. Директорот на СТО Паскал Лами предупреди дека цената на „високо интензивниот протекционизам“ би можела да достигне 800 милијарди долари. Соочени со зголемениот евтин увоз, некои земји воведоа царини на увозната стока во обид да го заштитат домашното производство.

Годинава се очекува рекорден род на сортата „Робуста“СИГНАЛИТЕ ВЛИЈААТ ЗА ПАД НА ЦЕНАТА НА КАФЕТО

По неколкуте лоши години, во најголемиот производител на кафе во светот, Виетнам, оваа година се очекува рекорден род на сортата „Робуста“, која главно се користи за производство на инстант-кафе и еспресо, покажуваат резултатите од анкетата на агенцијата „Блумберг“.

Според виетнамските бизнисмени опфатени со анкетата, родот на кафето оваа сезона би можел да биде за девет отсто поголем во однос на лани. Слични резултати доаѓаат и од Бразил, кој по Виетнам е вториот најголем производител на кафе. Земјоделците пак во Индонезија, која исто така е меѓу водечките производители на

кафе, очекуваат овогодишниот род да биде најголем во последните 16 години. „Блумберг“ посочува дека ваквите сознанија придонесуваат за пад на цената на кафето на светските берзи. Но, покрај зголемениот род, дополнителен притисок врз цената на кафето вршат и стравувањата за успорување на економскиот раст во Европа, што би резултирало и со намалување на неговата потрошувачка, имајќи предвид дека во Европа се конзумираат 56 проценти од вкупното светско производство на кафе. - Во атмосфера на економска криза, луѓето ќе се откажат од еден филџан кафе дневно, проценуваат аналитичарите, додавајќи дека намалувањето за „еден филџан“ заедно со рекордниот род, врши голем притисок врз понудата на кафето на берзите. Во текот на оваа година на берзите се појави суфицит од 2,5 милиони вреќи кафе, по ланскиот недостигот од 700 илјади вреќи. Поради ова во текот на 2011 цената на кафето на светските берзи се намали за речиси десет проценти, а за 2012 се очекува нејзин натамошен пад за седум отсто. Аналитичарите проценуваат дека родот на кафето „Робуста“ ќе продолжи да се зголемува и во следните години, што ќе резултира со намалување на неговата цена. Но, според нив, падот на цената на кафето на светските берзи не значи по автоматизам дека и производителите ќе ги намалат крајните цени на нивните производи што им ги нудат на потрошувачите. Кога станува збор за поквалитетната сорта кафе „Арабика“, експертите се поделени околу нејзината перспектива. Ваквата неизвесност ја предизвикаа обилните врнежи од дожд во Гватемала, Сан Салвадор и Мексико, кои го десеткуваа родот на „Арабика“, додека од друга страна, статистичките податоци покажуваат зголемена потрошувачка на оваа сорта кафе во земјите со забрзан економски развој, како што се Бразил и Кина.

Предвидување на „Стандард енд Пурс“ за 2012 годинаБЛАГА РЕЦЕСИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА И СЛАБО ЗАЗДРАВУВАЊЕ ВО САД

Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ за следната година предвидува блага рецесија во еврозоната и слабо економско заздравување во САД. Според агенцијата перспективите за новата 2012. година се мрачни поради неспособноста да бидат решени

Page 28: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО28 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ТРЕНДОВИ, ДВИЖЕЊА, ПРОГНОЗИ

проблемите со државните долгови во Европа и САД. Агенција предвидува дека недвижностите, вработувањето и довербата на корисниците ќе останат и следната година сектори кои ќе предизвикуваат најголема загриженост во развиените економии.

„Стандард енд Пурс“ не предвидува конкретни бројки за 2012 година, но можноста за рецесија во САД ја определи на 35 проценти и изрази очекување Европската централна банка да ја намали основната каматна стапка од сегашниот еден процент на 0,5 проценти. Меѓунардоната агенција „Фич“ ги намали кредитните рејтинзи на пет големи европски комерцијални банки. Агенцијата својата одлука ја образложува со усложнувањето на ситуацијата на пазарот на капитал и намалувањето на економскиот раст проади должничката криза во еврозоната. „Фич“ ги намали кредитните рејтинзи на француските банки „Креди митиел“ и „Креди агрикол“, данската „Данске банк“, финската „ОП Похјола груп“ и холандската „Рабобанк“.

Прогноза на „Фајненшл тајмс“ за кинеската економија ПРЕТСТОИ „ТВРДО ПРИЗЕМЈУВАЊЕ“

Економските и финансиските експерти очекуваат „тврдо приземјување“ на кинеската економија следната година, слично на острото и грубо спуштање на авион во неволја на аеродромската писта, пишува весникот „Фајненшл тајмс“. Како што јави дописникот на МИА од Лондон, експертите сега настојуваат да

ја утврдат перспективата за пошироката глобална економија во една таква ситуација со падот на вредноста на имотите во Кина. Оваа земја минатата година учествуваше со речиси половина од светскиот економски раст, па затоа сега се стравува како „тврдото“ спуштање на кинеската економија ќе се одрази врз земјата, а посебно врз сите други. Стравувањата ги зголемуваат и ситуацијата во Европа, а посебно во зоната на заедничката европска валута, каде и покрај сите досега преземни мерки се уште нема знаци за смирување на кризата во еврозоната. Експертите предупредуваат дека до пролетта во 2012 година може да дојде до уште една криза, овојпат во банкарскиот сектор на земјите од ЕУ, а европските политичари тоа како да го игнорираат. За санација на таа криза ќе бидат ппотребни илјадници милијарди долари, затоа што ќе треба да се засили банкарскиот капитал, за да може банките да бидат ликвидни, а во исто време и да се продолжи со отплаќањето на долговите, забележуваат финансиските експерти.

ИОВЕ: Во последните дев година во Грција забележани се замрзнување на инвестициите и пад на продажбата

Извештај на грчкиот Институт за економски и индустриски истражувањаЗАМРЗНУВАЊЕ НА ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПАД НА ПРОДАЖБАТА, ЗАГУБИ...

Замрзнување на инвестициите, пад на продажбите, намалување на приходите на работниците, недостиг од

свежи пари и загуби на трговските кредити се забележани во периодот од 2009 до 2011 година, се наведува во извештајот на грчкиот Институт за економски и индустриски истражувања (ИОВЕ). Во истражувањето опфатени се над 2.000 од најголемите претпријатија во Грција, во кои се вработени околу 320.000 работници. Институтот посочува дека продажбата на големите грчки претпријатија се намалила на 20 проценти, а приходите на фирмира се намалиле за 70 отсто. Аналитичарите од Институтот

предупредуваат дека во следните две години инвестициите ќе се намалат на 40 отсто.

Проценки организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО)ПОТРОШУВАЧКАТА НА МЕСО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 73 ОТСТО

Растот на светската популација ќе предизвика зголемување на просечната потрошувачка на месо, која до 2050 година би можела да се зголеми за речиси 73 проценти во однос на сегашната, процени организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) во извештајот „Светско сточарство 2011“, додавајќи дека тоа би претставувало дополнителен притисок на природните ресурси на планатева. Најголем дел од идната побарувачка на месо би можел да се подмири со интензивен развој на сточарството, а експертите сметаат дека засега не постои техничка и економски оправдана алтернатива.

ФАО потсетува дека светското производство на живинско месо од 1967 година досега е зголемено седум пати, а производството на другите сточарски производи исто така е зголемено, на пример јајцата за 350 отсто, свинското за 290 проценти, местото од ситната рогаста стока за 200 отсто, говедското за 180 проценти и млекото за 180 отсто.

Page 29: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 29четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

КОРПОРАЦИИ

„Хипо“ банката се повлекува од пазарите на поранешна ЈугославијаПРОДАЖБА НА ФИЛИЈАЛИТА ЗА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Претседателот на Управниот одбор на австриската банка „Хипо Алпе Адрија“ Готвалд Кранебитер изјави во интервју за австрискиот неделник „Тренд“ дека банката ќе се повлече од земјите на поранешна Југославија. Кранебитер истакна дека „Хипо“ кон средината на 2012 година година ќе почне со продажбата на филијалите во Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија, како и дека нивната цена ќе изнесува 1,5 милијарди евра.

Тој нагласи дека австриската банка за да ја олесни продажбата на филијалите во земјите од поранешна Југославија од нив ќе го повлече некативниот имот, вреден четири милијарди евра. Според пресметките на агенцијата Блумберг износот од 1,5 милијарди евра, кои „Хипо“ го бара за своите филијали на територијата на поранешна Југославија ја покрива нивната сметководствена вредност, што укажува дека за таа банка заминувањето од Западен Балкан е приоритет.

„Сосиете Женерал“ ја продава својата подружница во РусијаНОВ СОПСТВЕНИК ИНВЕСТИЦИСКАТА КОМПАНИЈА „АЛОР“

Француската банкарска групација „Сосиете Женерал“ одлучи да и ја продаде својата подружница во Русија „Столичное кредитноје товаришчество“ (СКТ) на инвестициската компанија „Алор“.

Сумата на трансакцијата не се открива, но аналитичарите оценуваат дека би можела да изнесува околу 9,3 милиони долари. Капиталот на СКТ е околу една милијарда рубљи, а на 1 декември меѓубанкарските кредити од 28 милиони долари биле единствената актива на банката. За компанијата „Алора“ ова купување е потребно имајќи предвид дека повеќето големи руски брокерски компании веќе имаат сопствени банки. „Сосиете Женерал“ настојува да ги намали своите трошоци во Русија поради проблемите со ликвидноста, кои француската банка ги чувствува под влијание на европската должничка криза. Во септември е објавено дека француската банка ќе отпушти 2.000 вработени во Русија, каде има повеќе подружници меѓу кои се и „Сосиете Женерал Восток“, „Русфинанс банк“ и „Росбанк“.

„Дексија“ ја продава својата филијала во Луксембург„ПРЕСИЖАН КЕПИТАЛ“ ОД КАТАРКУПЕЦ ЗА 730 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Француско-белгиската банка „Дексија“ денеска соопшти дека ја продава својата филијала во Луксембург на катарскиот инвестициски фонд „Пресижн Кепитал“ за сума од 730 милиони евра.

Компанијата „Пресижн Кепитал“, која е во сопственост на катарското кралско семејство, согласно купо-продажниот договор ќе преземе 90 проценти од луксембуршката филијала на „Дексија“, додека останатите 10 отсто ќе бидат во сопственост на државата Луксембург. „Дексија“ во текот на есенва беше поделена на неколку единици и делумно национализирана, откако се соочи со сериозно проблеми поради големиот број грчки и италијански државни обврзници во нејзина сопственот. Во текот на глобалната еконокси криза во 2009 година „Дексија“ се најде на работ на банкрот, па беше спасувана со државна помош.

Русија нарача осум возови од „Сименс“ ЗДЕЛКА „ТЕШКА“ 600 МИЛИОНИ ЕВРА

Германската компанија „Сименс“ денеска соопшти дека примила нова нарачка на супер брзи возови од руската железничка компанија РЗД во вредност од 600 милиони евра. Во соопштението се наведува дека договорот подразбира испорака на осум супер брзи возови „Веларо РУС“ на руската компанија РЗД, почнувајќи од 2014 година, со 30-годишен договор за одржување.

Возовите со по десет вагони ќе превезуваат патници меѓу Москва и Санкт Петербург, со цел да се излезе во пресрет на зголемената фрекфенција на патници на оваа релација. „Сименс“ наведува дека секој од возовите ќе превезува по 600 патници, а ќе се движи со брзина од 250 километри на час. Директорот на компанијата „Сименс“ Петер Лешер се очекува договорот да го потпише денеска во Москва.

Француската железница ќе и исплати рекордна дивиденда на државатаВО БУЏЕТОТ 230 МИЛИОНИ ЕВРА

Француската железница – СНЦФ, ќе и исплати рекордна дивиденда на државата во износ од 230 милиони евра, јави дописникот на МИА од Париз. Информацијата ја обелодени весникот „Лес Екхо“, оваа дивиденда е највисока откако во 2007 година е воспоставена практиката СНЦФ да и исплаќа на државата 30 проценти од нето резултатите на претпријатието. Министерот за транспорт Тјери Мариани ја потврди информацијата. Дивидендата според него ќе им припадне на главните акционери на СНЦФ – Французите. Комисијата за железнички транспорт смета дека овие пари треба да бидат реинвестирани во железничката мрежа, односно во нејзиното реновирање. Минатата година СНЦФ на државата и исплати дивиденда од 69 милиони евра наспроти 131 милиони во 2007 година. Вкупно во изминатите

Page 30: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО30 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

КОРПОРАЦИИ

пет години СНЦФ на државната сметка префрли 600 милиони евра дивиденда. Според генералниот директор на СНЦФ Гијом Пепи, од позитивните резултати на железницата полза ќе имаат и вработените, на кои компанијата ќе им исплати премии.

Американската банка „Морган Стенли“ ќе отпушти 1.600 вработениЗАТВАРАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА ЗАРАДИ ЗАШТЕДИ

Американската инвестициска банка „Морган Стенли“ соопшти дека во првиот квартал од следната година ќе отпушти 1.600 вработени, за да ги намали трошоците во тешките времиња за трговските и банкарски приходи. Отказите ќе бидат распоредени низ сите категории работници и географски области, а ќе ги вклучува и инвестициското банкарство и трговското работење, изјави портпаролот на банката Марк Лејк. „Морган Стенли“ е една од последните големи банки од Волстрит која најавува масовно намалување на бројот на работници во време кога аналитичарите почнаа да ги намалуваат прогнозите за профит во четвртиот квартал. Други банки, вклучувајќи ги и „Голдман Сакс“. „ЈПМорган Чејс“, „Банк оф Америка“ и „Ситигруп“ годинава веќе ги изнесоа плановите за отпуштање на повеќе илјади вработени. „Морган Стенли“ претходно годинава отпушти неколку стотици финансиски советници со слаб работен резултат, но сега ги проширува отказите и на банкарскиот и трговскиот сектор. Отказите сочинуваат помалку од два отсто од работната сила на банката и ќе бидат врачени во време кога европската должничка криза продолжува да придонесува за нестабилност на пазарите.

„Волво“ фаќа замав на европскиот пазарПЕТТИНА ПОГОЛЕМА ПРОДАЖБА

Должничката криза остави траги врз продажбата на автомобили во Европа. Повеќето автомобилски марки го намалуваат обемот на продажбата, но шведскиот „Волво“ бележи продажен пораст од околу 21 процент, пренесува дописникот на МИА од Гетеборг. Во ноември годинава се испорачани преку еден милион нови автомобили во 27-те земји-членки на ЕУ и во членките на ЕФТА, при што станува збор за намалување од три проценти во споредба со истиот период лани, јави Шведската телевизија СВТ. Доколку се земе периодот јануари-ноември годинава, падот на

продажбата изнесува 1,1 отсто. Автомобилските марки кои бележат најголем продажен пад, меѓу другите, се „Мазда“, „Хонда“, „Мицубиши“, „Пежо“ и „Фиат“. Делот со кој „Волво“ учествува на пазарот на продажба на автомобили во Европа изнесува два проценти.

„Џенерал моторс“ се спротивстави, Кинезите се откажаа„СААБ“ ПРИЈАВИ БАНКРОТ

Шведскиот автомобилски гигант „СААБ“ пријави банкрот, со што се завршени двегодишните напори за спасување на познатата марка, потврди шведскиот регионален суд, пренесуваат француските медиуми.

Последните очајнички напори да се организира помош за „СААБ“ и да се пронајдат финансиери меѓу кинеските компании кои покажаа најголем интерес, пропаднаа заради противењето на сопственикот, американскиот „Џенерал моторс“ околу лиценците и можниот трансфер на технологија. Службеник на судот во Венерсвург потврди дека се доставени документи од компанијата во кои се бара банкрот, додавајќи дека судот го разгледува ова барање. Цел на судот е да се анализира барањето за банкрот и што побрзо да се одреди ликвидатор. Директорот на „СААБ“ Виктор Милер ќе се појави пред судиите кои треба да одлучат дали ќе ја покренат или ќе ја пролонгираат тримесечната заштита на „СААБ“, до кога управата треба да пронајде финансиер и да постигне договор за спасување на компанијата. „СААБ“ со 3.700 работници, во поголемиот дел од годината го суспендира своето производство кога заради финансиската криза и долговите на компанијата се бореше да ги исплати вработените и да обезбеди делови за монтажа на автомобилите.

Саудиски принц вложи 300 милиони долари во ТвитерПЕТРО ДОЛАРИ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Компанијата „Кингдом холдинг“ на суадискиот принц и милијардер Алвалид бин Талал соопшти дека ќе вложи 300 милиони долари во социјалната нрежа Твитер, пренсе Би Би Си. -Инвестицијата уследи по неколкумесечните преговори, соопшти компанијата, со оценката дека станува збор за вложување во бизнис што бележи голем раст и има глобално влијание. Принцот Бин Талал е еден од најбогатите луѓе во светот и поседува удели во многу светски познати компании. Кога станува збор за медиумите, тој поседува акции во „Њуз корпирејшн“ и многу медиумски групи во арапаскиот свет. Принцот е член на саудиското кралско семејство, внук на кралот Абдулах и со своите 56 години може да се пофали со богатство што го стекна со инвестиции ширум светот. Бин Талал се наоѓа на 19-то место на списокот на Форбс на најбогати бизнисмени во светот, со проценет имот од 19,4 милијарди долари.

Канадска компанија вети инвестиции во Грција „ЕЛДОРАДО ГОЛД“ ПОДГОТВУВА 2 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Канадската компанија Елдорадо Голд вети дека ќе инвестира во Грција 1,5 милијарди евра и 2.000 работни места како резултат на преземање на Јуропиан голдфилдс, јавуваат американски медиуми. Елдорадо се ангажира да бара и бизнис можности во северна Грција откако Владата предложи тендер за нови лиценци за следната година. - Регионот на ЈИЕ е во фокусот на нашиот бизнис во иднина, а Грција главен елемент на таа стратегија, изјави претставник на компанијата. Елдорадо вчера се договори дека ќе ја купи базираната во Канада, Јуропиан голдфилдс за 2,4 милијарди долари. Елдорадо во моментот почнува со ископ на злато во потенцијален нов рудник на границата на Грција со Турција но се уште не добиле одобрение од министерството за екологија. Ако зделката биде одобрена, Елдорадо ќе ја преземе дејноста на Јуропиан голдфилдс во Грција како и експлоатација на рудниците во Грција и Романија. Елдорадо, базирана во Ванкувер има рудници во Кина, Бразил и Турција.

Page 31: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 31четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ПРЕЗЕМЕНО

Интервју на Даниел Сас, главен извршен директор на „Македонски телеком“ за КапиталСЕКОГАШ СМЕ ЧЕКОР ПРЕД КОНКУРЕНЦИЈАТА

На чело на Македонски Телеком дојдовте пред неколку месеци. Успеавте ли да видите со каква компанија ќе управувате и со каков тим ќе соработувате?

Во групацијата Македонски Телеком сум шест месеци, што е сосема доволен период за да се согледа актуелната позиција на компанијата на пазарот, како и за да се запознаам со тимот со којшто работам. Сепак, уште пред да дојдам на раководната позиција во Македонски Телеком знаев дека доаѓам во најуспешната компанија во Македонија. Кога зборувам за успешноста, таа се гледа од неколку аспекти. Како прво, доколку го анализирате пазарот, компанијата е лидер во делот на фиксната телефонија, широкопојасните услуги и во мобилната телефонија. Од друга страна, Македонски Телеком, но и Т-Мобиле се профитабилни компании. Одржувањето на овој успех е голем предизвик не само за мене, туку и за мојот тим. Освен што сме лидери на пазарот и најуспешни, мора да нагласам дека ние сме и едни од најголемите и најатрактивните работодавци. Во двете компании се ангажирани над 2.000 иновативни, креативни и посветени вработени, коишто вредно работат на исполнување на компаниските цели. Водењето на компанијата е многу полесно и поедноставно ако знаете дека зад себе имате луѓе коишто се толку посветени и професионалци. Тие секако се заслужни за успехот на компаниите, но со гордост можам да кажам дека истовремено еден од основните предуслови кои го гарантираат успехот е инфраструктурата. Располагаме со најдобрата телекомуникациска инфраструктура во државата, којашто ни овозможува да ги нудиме најквалитетните и најмодерните услуги и технолошки решенија за корисниците.

Со какви резултати Македонски Телеком ќе ја заврши годината? Кои се очекувањата?

Резултатите доаѓаат на крај, по успешната работа и сите вложени напори. Од третиот

квартал можевте да видите дека имаме зголемени проценти во делот на DSL и MaxTV корисници. Сè уште не можам да зборувам за конечни конкретни бројки, но сигурен сум дека ќе биде во согласност со акционерските очекувања. Согласно постoјните движења, очекувам да ги исполниме нашите планови. Мора да напоменам дека и покрај целокупната макроекономска ситуација во државата и во светски рамки, како и притисокот од конкуренцијата, задоволен сум од досегашните резултати на Македонски Телеком и на Т-Мобиле. Успеваме да ја одржиме нашата стабилност и лидерска позиција на пазарот, особено во сегментот на широпојасниот Интернет и IPTV услугата, при што очекуваме интересот за нашата МaxTV да бележи нагорен тренд до крајот на годинава. Но, тоа не значи дека има простор за олабавување. Напротив, и во наредниот период нè очекува интензивна работа на сите полиња, со цел да ги задоволиме потребите и барањата на нашите корисници, а со тоа и да ги оствариме нашите зацртани проекции.

Kој е Вашиот предизвик во управувањето со најголемата телекомуникациска компанија во Македонија?

Македонски Телеком е силна компанија не само на овој простор, но и пошироко. Таа е корпорација со која треба да се гордеат државата и граѓаните, со модерен менаџерски тим и со квалитетен и амбициозен кадар кој чекори напред. Па оттука, да се биде на чело на најголемата и најуспешна компанија во Македонија е голем предизвик за мене. Но, истовремено тоа е голема обврска, затоа што сите имаат очекувања и интереси, почнувајќи од акционерите, вработените, корисниците, сè до заедницата. Современиот граѓанин бара иновативни производи, кои ќе му го олеснат и ќе го збогатат неговото секојдневно живеење, акционерите очекуваат профитабилна компанија, а на вработените им требаат услови за работа коишто ќе им помогнат подобро и поуспешно да ги задоволат потребите на корисниците, но истовремено да добијат содветна награда и лична сатсифакција за сработеното. Од тие причини, водењето на групацијата Македонски Телеком за мене претставува сериозна задача во обидот да се зајакне и да се одржи позицијата којашто ја има компанијата на пазарот. Како дел од групацијата Дојче Телеком, групацијата Македонски Телеком поседува огромни ресурси и потенцијали, коишто со правилно менаџирање ѝ помагаат да го одржи лидерското место. Но, успехот сам по себе не е доживотно загарантиран, туку треба постојано да се биде буден и да се следи севкупната состојба на пазарот. Конкуренцијата е остра и затоа, секогаш мора да се биде подготвен да се реагира чекор пред останатите. И покрај тоа што сме најголема компанија, еден од главните предизвици е групацијата

Македонски Телеком истовремено да биде и најбрза компанија во поглед на идентификувањето и исполнувањето на потребите на корисниците, иновации и обезбедува на услуги. Од друга страна, телекомуникациите се динамични. Постојано се менуваат трендовите и тоа е сосема очекувано. Ние ги следиме трендовите, на тој начин успеваме да ги пресретнеме и да ги задоволиме потребите и барањата на корисниците на најдобар можен начин. Иновациите се случуваат брзо и предизвикуваат љубопитност кај корисниците. Затоа, како компанија сме ориентирани да обезбедиме иновативни технолошки решенија, како и услуги коишто имаат загарантиран квалитет и сигурност. Впрочем, токму иновациите се синоним за Т-брендот и корисниците секојдневно се уверуваат во модернизацијата на фиксната мрежа, збогатувањето на MaxTV портфолиото, понудата на нови мобилни телефони, како што во моментов е iPhone 4S, итн.

Како го оценувате телекмуникацискиот пазар во Македонија? Како и дали ја чувствувате конкуренцијата на пазарот?

Како што веќе нагласив, телекомуникацискиот пазар во Македонија е прилично развиен. Постои голема и реална конкуренција во сите сегменти од нашето работење. Конкуренцијата е здрава работа. Пред сè, таа им овозможува избор на корисниците. Но, за нас конкуренцијата од една страна претставува предизвик, а од друга страна, претставува инспирација за компанијата и за вработените. Во услови на голема конкуренција, ние не смееме да забавиме. Доколку ние сме успешни, и другите сакаат да бидат исто така успешни и да земат дел од нашиот колач. Конкуренцијата го следи секој наш чекор. Таа реагира брзо, а ние мора да бидеме побрзи, односно чекор пред нив. Сепак, одлучувачки фактор кој ќе биде најуспешен е иновативноста, компетентноста и квалитетот. Во тој поглед, Македонски Tелеком и T-Mobile се предводници на сите напредни технолошки решенија, како што се дигиталната телевизија, оптиката, модерната мрежа базирана на интернет-протокол, фиксните и мобилните широкопојасни услуги и модерните мобилни уреди. На тој начин, можам со право да кажам дека македонските граѓани имаат пристап до светските телекомуникациски трендови, не заостанувајќи воопшто зад понудата во другите развиени земји.

Page 32: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО32 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

И покрај кризата, телекомуникациите се најпрофитабилниот бизнис. Како се одразува кризата врз работењето на Телеком и на Т-Mobile?

Телекомуникациите се профитабилен бизнис, иако и тие не можат да останат имуни на севкупните економски случувања. Економијата во моментов не може да поддржува голем раст и развој. Но, тоа не значи дека во услови на криза како компании седиме со скрстени раце. Напротив, внимателно ги следиме движењата на пазарот и се прилагодуваме на промените. Дури и во услови на криза, Македонски Tелеком и T-Mobile одлучија да инвестираат во модернизација на својата инфраструктура. Инвестициите за градење фиксна мрежа целосно базирана на интернет-протокол, како и инвестиците во мобилната мрежа се инвестиции во нашата иднина. Со постојаните инвестиции ние се обидуваме да ја подобриме нашата ефикасност, што вклучува ревидирање и оптимизација на внатрешните процеси, апликациите и севкупното работење на групацијата. Но, истовремено тоа е основа за создавање нови вредности и креирање иновативни и висококвалитетни комуникациски услуги за нашите корисници, коишто се во фокусот на нашето работење. Сè што правиме го правиме за доброто на корисниците. Ние им овзоможуваме услуги согласно потребите и нивните финансиски можности. Само на тој начин можеме да останеме надвор од центарот на кризата и да работиме со позасилена динамика од вообичаеното. Ќе инвестираме 170 милиони евра во најсовремени услуги Кои нови производи и услуги може да ги очекуваат корисниците од Македонски Телеком и од Т-Мобиле во следниот период?

Македонски Телеком и Т-Мобиле инвестираат 170 милиони евра во најсовремени фиксни и мобилни мрежи, со што ќе продолжиме да обезбедуваме услуги со највисок квалитет според сите светски стандарди. Со модернизацијата на фиксната мрежа, процес којшто ќе трае до крајот на 2013 година, планираме на секое семејство да му овозможиме интернет-пристап со цел да ги почувствува придобивките од квалитетна интернет-комуникација. Паралелно со ова, Т-Мобиле пак, ја воведе најбрзата 3G мрежа во Македонија со брзини до 21 Mbps. Преку оваа инвестиција корисниците можат да бидат поврзани на најбрзиот Интернет кога се во движење, на пример со Relax Surf, Web’n’Walk и Surfer пакетите. Дополнително, корисниците можат да се поврзат на најбрзиот Интернет и на повеќе од 400 Telеkom HotSpot локации во кафулиња, ресторани, автобуси, такси-возила и други места низ цела Македонија. Исто така, изразивме интерес за 4G лиценца, која на крајот ќе ни овозможи да обезбедуваме мобилен Интернет со највисок можен пропусен опсег и брзина.Еден од нашите клучни фокуси се деловните

корисници и ИКТ. Работиме на развојот на решенија за нашите деловни корисници кои ќе им овозможат да имаат пониски трошоци и поголема флексибилност во користењето на телекомуникациските услуги и во тој поглед, одлучни сме во нашата намера да ја зацврстиме нашата позиција на професионален и сигурен ИТ-партнер за деловните корисници. Овие услуги вклучуваат cloud compu�ng, cloud infra-structure, управувана безбедност, како и услуги за мобилно плаќање.Како и досега, така и во иднина, групацијата Македонски Телеком ќе продолжи со воведување новини и изненадувања за кориснциите. Како технолошки лидери на пазарот, корисниците можат да очекуваат проширување и збогатување на портфолиото на широкопојасен Интернет, посебна понуда на забавни и атрактивни ТВ-содржини, дополнителен развој на мобилниот Интернет со разновидни локални содржини и апликации итн. Се разбира, како компании сме отворени и за идеи од страна на корисниците, особено во делот на развојот на нови локални апликации.

Како ја оценувате климата за водење бизнис во Македонија? Дали и колку го чувствувате проблемот со неликвидноста и ненавременото плаќање на обврските, што создава проблеми во целата економија?

Македонија во изминатите десетина години направила сериозни и големи реформи во системот со цел да се олеснат условите за работење на компаниите и да се привлечат голем број инвеститори. Тоа го покажува и листата на Дуинг бизнис на Светската банка, која ја вброи Македонија на 22 место на листата со земји во светот според условите за водење бизнис. Сепак, остануваат да се решат уште многу предизвици. Пред сè, тука мислам на реформите во администрацијата, судството, дополнителен развој на финансискиот сектор. Од друга страна, освен што постојано треба дополнително да се работи на поедноставување на процедурите за влез на странски инвеститори, задолжително е постојаното промовирање на државата и на нејзините потенцијали. Владата во овој период е многу активна во делот на привлекување на инвеститорите, што секако е потег за поздравување. Македонија навистина има потенцијал на полето на енергетиката, земјоделството, информатичката технологија, туризмот и другите сектори, кои може да бидат привлечни за странските инвеститори. Кога станува збор за инвестициите, би било многу корисно доколку потенцијалните инвеститори би имале можност за директен дијалог со компании како нашата, компании кои успешно работат во Македонија во изминатите десетина години. Со ова, на потенцијалните инвеститори ќе им се обезбедат информации „од прва рака“, што ќе има позитивно влијание на странските директни инвестиции. Покрај сите други активности на овој план, Владата треба да го унапреди и овој процес.Сепак, како инвеститорска дестинација,

Македонија не е во лесна позиција. Светската економска криза предизвика силни потреси дури и врз силните држави. Последиците од кризата, помалку или повеќе, се чувствуваат насекаде, како во делот на инвестирањето, така и во делот на водење на бизнисот и ликвидноста. Што значи, проблемот со ликвидноста и ненавременото плаќање во овој период не е проблем само на македонската економија, туку е проблем и за поширокиот регион. Сепак, ние одблиску ги следиме настаните и преземаме соодветни мерки со цел да одржиме задоволително ниво на наплата. Како компании, имаме обврска и се трудиме контиунирано без никакви пречки да ги обезбедиме услугите за секој наш корисник, така што навременото сервисирање на долговите е важно не само за нас, туку и за нашите корисници. Станува збор за соработка која е од заеднички интерес за двете страни.

Кои се идните трендови кои ќе следат во телекомуникацискиот пазар на Македонија и во светот? Приходиоте од фиксната телефонија веќе се намалуваат, а растат од Интернет и телевизија...

Трендот на намалување на приходите од фиксната телефонија, пред сè од говорните услуги, трае неколку години. Но, тоа воопшто не е толку страшно, затоа што ги преземаме сите мерки со цел да го оптимизираме нашето работење. Ги прилагодуваме трошоците и наоѓаме нови извори на приходи, коишто на крајот од денот ќе доведат до компензирање на падот на приходите. Во таа насока, постојат области каде што сметам дека има простор за подобрување и за генерирање нови приходи. Пред сè, тука мислам на широкопојасните услуги и на мобилниот Интернет, каде што има голем потенцијал за развој. Смарт-телефоните и таблет-компјутерите дефинитивно се двигателите на новиот раст и развој и обезбедуваат одлични можности за бизнисот, особено во мобилниот сегмент.Се разбира, голем развој и подобрување се очекува во делот на IPTV услугата. Секој што има искуство со нашата MaxTV услуга знае дека таа е повеќе од телевизија. MaxTV како услуга е единствена на пазарот, која нуди потполно различно телевизиско искуство и доживување. Квалитетот на сликата, достапните содржини, но во најголема мера интерактивноста се карактеристики кои вистински ја диференцираат од сите останати телевизиски понуди на пазарот и ја прават препознатлива и посакувана од страна на корисниците. Сето тоа ни помага да се позиционираме како најдобар провајдер на дигитална телевизија во Македонија и на граѓаните да им понудиме телевизија со одличен квалитет, како што и заслужуваат, постојано зголемувајќи ја достапноста и квалитетот на услугите и нудејќи сè поголем број канали со висока резолуција. Бројот на MaxTV корисници е во постојан пораст, а и пазарното учество се зголемува од месец во месец. До крајот на годинава очекуваме да

ПРЕЗЕМЕНО

Page 33: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 33четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

имаме над 40.000 MaxTV корисници. ИКТ исто така е поле кое обезбедува можности за раст и ние постојано работиме на обезбедувањето на иновативни услуги базирани на највисоките технолошки стандарди за нашите деловни корисници.

Многу телекомуникациски компании во Македонија сè уште обвинуваат дека постојат многу монополски пречки на пазарот од страна на Македонски Телеком, а цените на услугите сè уште се многу високи. Како го коментирате тоа?

Тие што нè обвинуваат дека сме монопол на пазар изгледа не се подготвени да ги прифатат предизвиците коишто со себе ги носи либерализираниот пазар во Македонија. Тврдењето дека сме монопол воопшто не соодветствува со фактичката состојба на пазарот и влече корени од минатото, што е сосема погрешна перцепција. Точно е дека Македонски Телеком има удел од 77% на пазарот, додека T-Mobile има 50,3% пазарно учество. Но, ние со години наназад се соочуваме со реална конкуренција во сите сегменти на телекомуникацискиот бизнис, во фиксната телефонија, мобилната телефонија, широкопојасните услуги и ТВ-дистрибуцијата. Едноставно кажано, постои голема понуда и слобода на избирање!Големата конкуренција автоматски подразбира дека ценовната конкуренција е силна во сите сектори. Ова, се разбира, им оди во прилог на корисниците, коишто можат да одберат услуга која ги задоволува нивните потреби и одговара на финансиските можности. Притоа, ме радува фактот што најголем дел од македонските граѓани се одлучуваат за услугите на Македонски Телеком, што покажува дека сме на вистинскиот пат. Ние не само што им овозможуваме на нашите корисници решенија и производи со кои им ја олеснуваме комуникацијата и им даваме дополнителна забава и возбуда, независно дали се дома или во движење, туку ние како компанија им даваме дополнителна вредност за нивните пари. Е сега, можеби некој ќе забележи дека нашите цени не се најниски, но мора да нагласам дека ние гарантираме дека нашите услуги се квалитетни, безбедни и сигурни. Станува збор за втемелени вредности во нашата корпоративна култура, на чие подобрување работиме постојано, со цел да обезбедиме врвно корисничко искуство. За жал, сè уште добиваме

забелешки од корисниците за брзината на решавање на проблемите, но ние се трудиме и правиме сè што е во наша надлежност со цел да се коригираме и да им излеземе во пресрет и на најпребирливите корисници.

Колку влезот на шведскиот приватен инвестициски фонд EQT, преку формирањето на фирмата Blizoo ја загрозува позицијата на Македонски Телеком на пазарот?

Влезот на Blizoo воопшто не ја загрозува нашата позиција на пазарот. Како што веќе напоменав, конкуренцијата е добра затоа што дополнително ве мотивира да се подобрувате во тоа што веќе го правите. Притоа, мора да напоменам дека како лидер во иновациите Македонски Телеком беше првата компанија која воведе оптика не само во Македонија, туку и пред Дојче телеком во Германија. Па така, преку нашите Op�c пакети македонските граѓани веќе третагодина по ред ги чувствуваат придобивките од Интернет со брзина на светлината до 60 Mbps двонасочно. Во моментов ништо не е посигурно и помоќно од оптиката. Затоа, ние продолжување со инвестициите во оптиката и ширење на мрежата ширум Македонија. Освен во Скопје, оптичка мрежа е инсталирана и во Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица, Штип, Куманово. Денес повеќе од 50.000 корисници се поврзани со оптика и јас сум сигурен дека оваа бројка рапидно ќе се зголемува во иднина.

Кои се главните сегменти во кои ќе се развиваат Телеком и Т-Mobile во идниот период? Во кои сегменти очекувате најмногу да се зголемува конкуренцијата?

Конкуренцијата е прилично жестока во сите сегменти на телекомуникациските услуги и очекувам ова темпо не само да продолжи, туку да се засилува во наредната година и тоа во сите сегменти истовремено (говор, податоци, телевизија, итн...). Од анализата на случувањата на пазарот, мислам дека главниот адут на речиси сите оператори ќе биде овозможување повеќе услуги во еден пакет или т.н врзани услуги. Сепак, наспроти острата војна која ја очекуваме да се води, нашата амбиција е да го овозможиме широкопојасниот Интернет насекаде и во секое време. Мобилните податочни услуги се од клучно значење, на што посебно ќе се фокусираме. Па така, развивањето на мобилниот Интернет, на што напорно работевме годинава, останува наш приоритет и

идната година. На ова поле се планирани голем број иновации. Од гледна точка на корисниците тоа значи многу повеќе можности за користење модерни услуги врз основа на брз трансфер на податоци, видеосодржини, податочни услуги со голема брзина. Главниот сегмент во кој ние ќе се развиваме, секако, се мултимедијалните услуги. Во фокусот е понатамошно развивање на телевизискиот сервис во насока на нудење нови интерактивни карактеристики и збогатување на содржините, со што ќе им овозможиме на нашите корисници, всушност, да бидат креатори на телевизиската програмска шема. Дополнително на ова, работиме и на воведување нови начини за гледање телевизија за одредени кориснички сегменти. Овде пред сè мислам на промовирање и развој на WEB TV како услуга, која ќе биде атрактивна особено за помладата генерација, но и за сите наши корисници на Max TV како дополнување на нивниот основен ТВ-сервис, којшто ќе им овозможи следење на содржините без разлика каде се (дома, во движење, на работа итн...).

Неодамна Македонски Телеком и Т-Mobile добија награда за најдобар работодавец. Зошто овие две компании се добро место за работење. Што е успехот на доброто менаџирирање со човечките ресурси?

Наградата за најдобар работодавец која ја добија Македонски Телеком и T-Mobile, е големо достигнување и признание за двете компании. Особено затоа што станува збор за признание кое доаѓа од вработени, кои на доброволна основа го споделија своето мислење во реткото истражување спроведено во Македонија од страна на агенцијата за човечки ресурси Triple S. Од тие причини, оваа награда е особено важна за нас. Таа потврдува дека нашата определба да вложуваме во професионалниот развој и мотивираноста на вработените има позитивни ефекти.Зошто го правиме тоа? Затоа што сме свесни дека доколку вработените не се подготвени да одговорат на предизвиците кои ги носи телекомуникацискиот сектор и пазарот, воопшто, тогаш ниту компаниските цели нема да бидат остварени. Од друга страна, компаниите кои го игнорираат процесот на управување со вработените не се во состојба да ги следат во чекор случувањата на пазарот, што на крајот на денот ќе резултира со лоши резултати.Токму од овие причини, менаџментот на Mакедонски Tелеком и во T-Mobile има јасно утврдени ставови дека вработените се најзначајниот и истовремено најскапиот ресурс со којшто располагаме. Вработените се единствениот суштински елемент од секоја компанија, кој конкуренцијата не може да го копира. Нашиот бренд е цврсто етаблиран на пазарот. Тој претставува наше постојано ветување кон корисниците, а тоа ветување го исполнуваме сите кои работиме за групацијата Македонски Телеком.

ПРЕЗЕМЕНО

Page 34: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО34 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

ВИДУВАЊА

Анализа на ИТАР-ТАССРУСКО-МАКЕДОНСКАТА СОРАБОТКА РАСПОЛАГА СО ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ

Постепениот развој во билатералните односи меѓу Руската Федерација (РФ) и Република Македонија (РМ) во повеќе правци беше една од главните карактеристики што ја одбележа 2011 година. Македонското раководство многу пати изразуваше увереност во тоа дека потенцијалот на руско-македонската меѓусебна соработка ќе продолжи да се реализира за доброто на народите на двете земји, наведува ИТАР-ТАСС во објавената анализа.

Како што појасни амбасадорот на Русија вo Република Македонија Олег Шчербак, трговско-економските врски меѓу двете земји претставуваат еден од најважните компоненти во билатералните односи во целина. - Во моментов, политичкото раководство и деловните кругови, како во Русија, така и во Македонија, се насочени кон сестран развој на токму такви врски меѓу двете земји, што се потврдува и со динамичниот развој на трговските односи, додаде тој, објавува руската агенција ИТАР ТАСС. Рускиот амбасадор ја подвлече успешната инвестициска соработка меѓу двете земји. Така, според него, компанијата „Лукоил“ на територијата на Република Македонија изгради 16 современи бензински станици, има инвестирано над 40 милиони американски долари, успешно се експлоатираат рудниците „Бучим“ и „Саса” од страна на руската компанија „Солвеј“, чија инвестиција надмина 70 милиони американски долари. Со учество на компанијата „Синтез груп” практично е завершна изградбата на комбинираната гасна и топлинска централа ТЕ-ТО во Скопје, вложени се над 200 милиони долари. Компанијата „Силовие машини“ ја спроведува реконструкцијата на енергетските агрегатина РЕК „Битола”, неодамна беше пуштен во работа и вториот блок на

централата, а вредноста на проектот изнесува околу 80 милиони долари. Компанијата пак „Камелот“, посочува амбасадорот, успешно ја модернизираше фабриката за производство на феросплавови во „Југохром”, инвестирајќи околу 50 милиони долари. Во август оваа година руската компанија „Протек” постави камен темелник за изградба на фармацевската фабрика на територијата на слободната економска зона „Бунарџик“, а инвестицијата изнесува околу 7 милиони долари.Според Шчербак, ваков значаен список на двострано резлизирани и планирани проекти, создаваат можност да се зборува за реална перспектива во развојот на руско-македонската економска инвестициска соработка.Во октомври годинава во Охрид, во рамки на петтата седница на Меѓувладината руско-македонска комисја за трговско-економска и научно-техничка соработка (МПК) се одржа средба на заменик министерот за регионален развој на Ррусија Максим Травников и вицепремиерот и министер за финанси на Зоран Ставрески. Двете страни констатираа позитивни тенденции и присуство на значаен потенцијал во економската соработка меѓу двете држави. Главното внимание беше посветено на заедничката работа во областа на енергетиката, железничките врски, туризмот и културата. Како што нагласи Ставрески, за Македонија е стратешки важна соработката со Русија во сферата на енергетиката.Како еден од најперспективните проекти, од најголемо значење во оваа област, тој прво ја посочи изградбата на првата етапа од гасоводната мрежа на територијата на Македонија, со учество на руски компании, со што ќе се искористат средствата од клириншкиот долг на Русија кон Македонија, а потоа и приклучувањето на Македонија кон меѓународниот гасовод „Јужен тек”. Освен тоа, додаде Ставрески, пишува ИТАР ТАСС, последователно треба да се продолжи работата на развојот на нашата меѓусебна соработка со субјекти од Русија со цел во Македонија да се испорачуваат несуровински стоки од Русија, а руската страна од Македонија да купува земјоделски производи. Со него се согласи и Травников, додавајќи дека руската Влада е подготвена да и укаже поддршка на секоја иницијатива насочена кон развој на соработката меѓу македонскиите претприемачи и нивните колеги од Русија.- Зацврстувањето на трговско-економските односи со Руската Федерација е од животно значење за Република Македонија, изјави за ИТАР-ТАСС за време на седницата на Комисијата директорот на Македонско-руската комора, Дејан Бешлиев. Тој изрази надеж дека преговорите ќе станат појдовна точка во воспоставувањето билатерален дијалог на највисоко ниво. Во Скопје на 28. октомври беше одржана презентација на бизнис-каталогот „По еден пат со светот: Русија и Македонија“, кој беше

објавен во Македонија на руски јазик. Како што изјави рускиот амбасадор во РМ, ова и следните дополнети изданија на каталогот ќе придонесат за натамошен развој на трговско-економските односи меѓу Русија и Македонија. Тој подвлече дека главна цел на каталогот е подетално да ги запознае учесниците на надворешно-економската дејност во Русија со македонскиот пазар, извозните можности на претпријатијата и фирмите во Македонија, како и со квалитетот на нивните производи.Согласно последните податоци од Државниот завод за статистика на РМ, обемот на руско-македонската стокова размена за 10-те месеци од 2011 година изнесуваше 576,4 милиони американски долари, од кои уделот на рускиот извоз во Македонија бил 543,1 милиони долари, а увозот од Македонија - 33,3 милиони американски долари. Според оценките на експертите, во стоковата структура на извозот од Македонија водечко место зафаќаат медицинските препарати. На ниско ниво остануваат испораките во Русија на македонскиот зеленчук, овошјето, вината. Како што изјави за ИТАР-ТАСС економскиот советник во руската амбасада во Македонија Александр Лесин, добар стимул во развојот на извозот на македонските вина во Русија претставува учеството на локалните винарии на меѓународните саеми во Москва и во другите градови во Руската Федерација. Тој подвлече дека имајќи го предвид соодносот цена-квалитет, сега постојат сите неопходни услови за зголемување на обемот на извоз на високо квалитетно македонско вино на рускиот пазар. Оваа година - 2011 се карактеризираше и со зацврстувањето на договорно-правната основа во билатералните односи во областа на безбедноста. Така, на 25 август годинава, во текот на својата посета во Скопје, директорот на Федералната служба за контрола на трговијата со наркотици (ФСКН) Виктор Иванов и првиот човек на македонското Министерство за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, потпишаа договор меѓу овие две институции за соработка во борбата со незаконската трговија со наркотици и психотропни супстанци. На крајот на октомври, за време на посетата на Руската Федерација, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и првиот човек на руското МВР, Рашид Нургалиев потпишаа договор за соработка меѓу безбедносните институции на двете земји. Нургалиев од своја страна изрази увереност дека дадениот документ ќе стане цврста основа во взаемната соработка и ќе послужи како појдовна точка во развојот на руско-македонските контакти во сите насоки на борбата со меѓународниот криминал. Јанкулоска додаде дека е потребно да им се посвети посебно внимание и на заедничката локална руско-македонска борба против терористичката дејност, како и на структурите кои ја финансираат.

Page 35: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 35четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

„Одиме во Истанбул“- Многу Грци поради кризата заминуваат во Турција НЕКОГАШНИОТ НЕПРИЈАТЕЛ СТАНА ВЕТЕНА ЗЕМЈА

*Кризата нема крај. Затоа многумина Грци се решаваат да ја напуштат татковината. Освен класичните цели - прекуокеанските и европските земји, многумина се интересираат и за Турција. „Сакам да си заминам, со сопругот и ќерка ми. За неа овде нема иднина. Јасно, секој почеток е тежок, но секаде е подобро отколку овде. Ако успееме, сакаме да заминеме во Истанбул. Ако не, тогаш Австралија. Но, главно надвор оттука“, вели една жителка на Атина во телевизиско шоу.Истанбул е првиот избор. Некогашниот непријател број еден - Турција, сега станува ветената земја за многу Грци. Многу работи се сменија во односите меѓу двете земји, смета професорот Димитриос Триантафилу, кој веќе една година предава во Истанбул. „Откако меѓу двете земји настапи период на релаксирани односи, пред околу 12 години, некои работи се сменија и во главите на двата народа - во прифаќањето на другиот. Оваа промнена доведе до тоа, Грците во зависност од образовното ниво, покрај традиционалните цели за миграција на запад, на пример Велика Британија, САД, Германија или Франција се повеќе се прашуваат: Зошто не си ја испробам среќата во Турција?“Не само парите, културата во Истанбул ги привлекува ГрцитеЗа професорот Димитриос Триантафилу турската опција е успешен модел. Тој во меѓувреме раководи со центарот за меѓународни и европски студии на Кадир - Хас универзитетот во Истанбул. Токму за академските граѓани Турција е интересна цел. „Како академци знаеме од статистиките, дека најмалку два од 100 најдобри универзити во светот се наоѓаат во Турција. Во Грција немаме такво нешто“.За масовно движење до сега не може да стане збор. Триантафилу познава 20 академци, кои се преселиле во Труција и околу 300 студенти, кои вредно учат турски јазик. Старите стравови кај младите ги нема, подвлекува колегата на Триантафилу, професор Никос Усунолу. „Пред се младите луѓе,

кои лично немаат лошо искуство со Турција, сакаат да дојдат во Истанбул. Тие се обземени од културната сцена и динамиката на градот. Се разбира тоа е само почеток. Статистики нема. Но, пред 10 или 20 години никој немаше да верува во тоа.“Грчки пилоти во турски авиокомпании Впечатлив е бројот од 40 грчки пилоти, кои седат во кокпитот на авиони на турските авиокомпании. Имено, сите тие биле претходно членови на грчкото воено воздухопловство. Турција, како цел за миграција не е атрактивна само поради економскиот бум. Близината овозможува, да не мора целото семејство веднаш да се сели и доколку е неопходно, иселениците веднаш може да се вратат дома. Кон ова се надополнува и сличниот начин на живот. Ова особено важи за Истанбул, вели професорот Триантафилу. „Мислам, кога Грците ќе дојдат овде, во оваа земја, и особено и кога ќе дојдат во Истанбул, заклучуваат колку се блиски двата народа по многу карактеристики: културата на јадење, ноќниот живот итн. Ова на многумина им олеснува да ја донесат одлуката“.Така, климата и конзумот се многу слични, се разликуваат само поимите: грчкото узо на турски е раки, а гирото во Турција е донер, конечно и Истанбул некогаш се викаше Константинопол.(Дојче Веле)

Онлајн продажбата се зголемува пред БожикИБЕЈ ПОКАЖУВА КАКО ЌЕ КУПУВАМЕ ВО ИДНИНА

*Популарната интернет продавница и аукциски сајт Ибеј (eBay) закупи продажни простории во познатата лондонска шопинг зона само неколку недели пред Божик. - Во продавницата без редови и каси Ибеј сака да покаже како ќе купуваме во иднина Додека продавниците во Британија се жалат на најлош пад на приходите поради економската криза, онлајн продавниците истакнуваат дека доживуваат процут и дека божикната онлајн шопинг грозница е во тек. Популарната интернет продавница и аукциски сајт Ибеј (еBay) закупи продажни простории во познатата

лондонска шопинг зона само неколку недели пред Божик.Во привремениот божикен бутик на онлајн аукцискиот сајт постои машко, женско и одделение за техника, но за разлика од другите продавници, нема редови бидејќи нема ни каси. Секој производ во продавницата има закачен KР код. Се работи за Квик Риспонс Код (Quick Rесponse Cоdе), т.е. код со брз одговор, современ баркод кој повеќето нови мобилни телефони и таблет компјутери можат да го читаат. Со смарт телефон се скенира КР кодот, кој купувачот автоматски го води на линк каде точно тој производ се наоѓа на Ибеј. Секако недостиг е што не можете да го тестирате, т.е. да го пробате тоа што го купувате. Според зборовите на Мириам Лахејг, Ибеј менаџер за модни брендови, тоа никако не значи дека глобалниот аукциски сајт конечно призна дека не може без традиционални продавници. - Се повеќе луѓе замаглено ја гледаат разликата меѓу офлајн и онлајн реалноста, така и Ибеј божикниот бутик, прв КР код бутик во Обединетото Кралство таа разлика ја прави речиси невидлива. Тоа е прекрасно шопинг опкружување. Нема редови, нема каси, стрес, кеси за носење. Се се купува преку мобилни телефони и некои од најновите подароци можете да ги добиете по фиксна цена, изјави таа. Ибеј сака да покаже како најверојатно ќе купуваме во иднина. Е-продавниците доживуваат процут во купувањето на подароци со смарт телефони. Онлајн продавачите тврдат дека нивната работа е на врвот во почетокот на декември, за разлика од класичните трговци кои растот го бележат непосредно пред Божик. На интернет Ибеј е еден од основите на аукцискиот пазар, а практично се снабдува со производи по поволни цени. Откако врската со интернетот ќе прекине, преминуваат на терен преполн од конкуренција. Иако аналитичарите предвидуваат дека онлајн продавниците во иднина ќе бараат постојана застапеност меѓу стандардните продавници, Лахејг тврди дека тоа нема да се случи. - Ние не сме традиционални продавачи и никогаш нема да бидеме. Многу брендови нудат стока преку Ибеј. Тие се обидуваат да го проценат влијанието на технологијата на начин на кој купуваат нивните потрошувачи.

Page 36: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО36 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Ние едноставно им помагаме да се поврзат со своите купувачи, истакна Лахејг. За британските традиционални продавници Божик претставува голема траума. Многу почнаа панична распродажба и три недели пред вообичаениот термин. Еден од најголемите трговски ланци се заканува со затварање на 260 продавници поради пад на продажбата. Од друга страна, во виртуелниот свет, се проценува дека купувачите само во понеделникот на 5 декември потрошиле половина милијарда евра. Продажбата на интернет е 16 отсто поголема од лани, а Ибеј тврди дека глобалната продажба преку мобилни телефони дупло ќе се зголеми до крајот на 2011 година и ќе достигне 4 милијарди долари. (Независне Новине - Бања Лука)

СТЕГНЕТЕ ГИ КОЛАНИТЕ, НЕ ОЧЕКУВА ЛОША ГОДИНА

Стегнете ги коланите, не очекува лоша година, изјави познатиот економист Нуриел Рубини предвидувајќи дека во текот на 2012 година Европа ќе доживее рецесија, САД слаб раст, а Кина и повеќето економии во развој забавување на стопанскиот раст. Тој е уверен дека наскоро цел свет ќе биде принуден „хаотично“ да се бори со забавениот раст, или дури со рецесија. Перспективите за глобалната економија во 2012 година се лоши, пишува во својот коментар објавен во „Проект Синдикејт“ Рубини кој предава економија на Њујоршкиот универзитет. Рубини, основач на компанијата „Рубини Глобал Економикс“, кого поради црни и често остварливи прогнози го нарекуваат „Доктор катастрофичар“ очекува дека по Кина ќе дојде и до забавување на стопанскиот раст во сите други азиски земји, додека Латинска Америка и

регионот на Блискиот исток тоа ќе го доживеат поради пад на цените на суровините. Ниските цени на суровините ќе влијаат и на Русија, која поради кредитна криза во еврозоната ќе има и послаби можности за привлекување на капитал, вели Рубини. Истиот развој на настаните ќе ја забават економијата на централна и источна Европа, кои преткризниот раст го стварија благодарение на кредитниот бум, истакнува Рубини. Тој објаснува дека немирите на Блискиот Исток ќе ги зголемат економските ризици во регионот и во целиот свет и можеби ќе го спречат поефтинувањето на нафтата, што би одело на рака на Русија, но за глобалната економија тоа би бил дополнителен фактор на забавувањето. Крајно слабиот раст во САД во 2010 година поради рецесијата во еврозоната дополнително ќе забави. Освен тоа, Америка мора да го намалува огромниот финансиски товар, бидејќи поради зголемените долгови на компаниите и домаќинствата САД нема да можат брзо да ги зголемат новите кредити, што практично ќе оневозможи отворање на нови работни места. На растот во САД негативно ќе влијае нестабилниот сектор за недвижности, стагнацијата на приходите, зголемената нееднаквост и чувството на политички ќор-сокак, во кој земјата се наоѓа поради несогласност на демократите и републиканците за начинот на намалување на буџетскиот дефицит. Вториот бран на кризата, како што истакнува Рубини, веќе ја преплави Велика Британија, бидејќи програмата за буџетско штедење и влијанието на еврозоната го намалија растот на британската економија. Зајакнувањето на Јапонија по кризата во 2008 година се сведе на нула, бидејќи слабата влада не беше во состојба да спроведе структурни реформи, наведува американскиот економист. Меѓутоа, за Рубини, најзначајно е тоа што стануваат очигледни недостатоците на кинескиот модел на раст. Цените на недвижнистите кои се во пад, покренаа верижна реакција која негативно ќе влијае на градежниот сектор, инвестициите и државните приходи. Градежниот бум во Кина запре, а извозот е забавен поради слабата побарувачка во САД и еврозоната. И Кина и САД и Европа и Јапонија го одложуваат спроведувањето на

сериозни економски, буџетски и финансиски реформи, неопходни за покренување на стабилен раст, укажува Рубини. Инвестициите кои се намалуваат создаваат растечка глобална неизвесност, делувајќи на крајната побарувачка, како и на вишокот непотребни капацитети, изградени благодарение на прекумерни вложувања во недвижнини и во Кина во последните години. Рубини предупредува дека растечката нееднаквост уште повеќе ја нарушува глобалната побарувачка. Приходите на сиромашните слабо растат, а токму тие повеќе трошат од богатите домаќинства, кои имаат приходи од капиталот. Освен тоа, нееднаквоста предизвикува масовни протести во целиот свет. Падот на трошоците бара намалување на домашната побарувачка во земји кои премногу трошат и намален трговски суфицит во земји кои прекумерно штедат. Првите мора да го намалат курсот на своите валути, а вторите да го зголемат курсот за да ја стимулираат домашната потрошувачка. Резултат на таквиот развој на настаните се валутни судири кои можат многу брзо да прераснат во вистински трговски војни, стравува Рубини. Дефицитот и долговите ја ограничуваат можноста на буџетската политика. Државите кои мора да обезбедат поддршка на финансиските институции немаат средства за тоа, а самата идеја политички не е популарна. Затоа должниците ќе бидат принудени на болно и можно хаотично репрограмирање на долговите. Решавањето на проблемите на ниската конкурентност и дебалансот на тековните плаќања од задолжените држави ќе бара да го корегираат валутниот систем, поради што некои земји кои се оптоварени со долгови ќе мораат да ја напуштат еврозоната, заклучува Рубини во својата песимистичка прогноза.

(Taнјуг – Белград)

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Page 37: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 37четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

НОВИТЕТИ

Page 38: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО38 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Назив на Проектот Паметни лекции - програма за евалуација

Референца WB5262-814/11

Финансиска референца

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua andBarbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas,Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands,Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�,Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran IslamicRepublic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo,Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Ma-lawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of,Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Pan-ama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda,Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and theGrenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Ara-bia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trini-dad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 13.12.2011 година

Краен рок за апликација

3 .01. 2012 година

Сектори Управување со програми

Опис на Проектот Консултантски услуги за персоналот на ИФЦ

Контакти (h�ps://wbgeconsult2.world-bank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот Молдавија – Програма за развој на водоснабдувањето

Референца EBRDZ72140

Финансиска референца

6548-IFT-40267

Вид на набавка Услуги, изведбени работи

Финансиер ЕБРД, ЕИБ

Земја Молдавија

Објавено на 13.12.2011 година

Краен рок за апликација

16.02. 2012 година

Сектори Градежништво - инженеринг Животна средина Урбан развој

Опис на Проектот Реконструкција и продолжување на водоводната мрежа во Орхеи

КонтактMiron NadejdaEmployer: ME “ Regia Apa-Canal” Orhei Address: 67, 31 August Street, Orhei City,MD3506, Republic of Moldova Tel: + 373 235 32509/ + 373 60102027Fax: + 373 235 32509/ +373 235 22629Email: [email protected]

Назив на Проектот Чапљина - снабдување со вода

Референца EBRDZ72144

Финансиска референца

Project number: 42557

Вид на набавка Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер ЕБРД

Земја Босна и Херцеговина

Објавено на 13.12.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Земјоделство - рурален развој Градежништво - инженеринг Урбан развој

Опис на Проектот Поддршка на развојот на комуналното претпријатие за водоснабдување.

Контактwww.ebrd.com/downloads/integrity/pcmrules.pdf

Назив на Проектот Втор проект за подобрување на безбедноста на патиштата

Референца WB5254-814/11

Финансиска референца

Project ID P127156

Вид на набавка Услуги, испораки, изведбени работи

Финансиер Светска банка

Земја Украина

Објавено на 13.12.2011 година

Краен рок за апликација

Отворен

Сектори Градежништво - инженеринг Транспорт

Опис на Проектот Реконструкција на патот Kiev-Kharkiv-Dovzhanskiy Подобрување на безбедноста на повеќе делници низ Украина Консултантски услуги за градење капацитет на институциите

КонтактMr. Igor Halashchuk, Room 708. SE Ukrdorinvest (Project Implementa�on Unit).51 Antonovicha St. Office 1108 Kiev 03150, Ukraine.Tel/Fax: (38-044) 287-7060. E-mail: [email protected]

Назив на Проектот Проект за урбана инфраструктура

Референца WB5276-814/11

Финансиска референца.

Loan No. 4869-UA, Project Id: P095337

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Светска банка

Земја Украина

Објавено на 14.12.2011 година

Краен рок за апликација

25.01. 2012 година

Сектори Градежништво - инженеринг Животна средина Урбан развој

Опис на Проектот Изградба на канализациона мрежа од PS7A TO PS6A Одеса, Украина

Контакт Communal Enterprise of the Odessa City Council “Agency for Development Programs of Odessa”. A�n. Mr. Sergey Artemenko, Head of Regional ProjectManagement Unit. 10, Bunina St. 3rd Floor, Office No. 14.Odessa, 65026, Ukraine. Tel.: +380 482 42 80 51/52.. Fax: +380 482 42 80 55. E-mail: [email protected] (cc: [email protected]

Назив на Проектот RS - Приштина: Рамковен договор за испорака на мебел и други стоки, дополнување

Референца EuropeAid/132137/D/SUP/XK

Финансиска референца

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Косово

Објавено на 14.12.2011 година

Краен рок за апликација

20 .02. 2012 година

Сектори Општествени услуги

Опис на Проектот LOT 1. Маси и столици LOT 2. Витрини, шкафови LOT 3. Канцелариски материјали

КонтактEULEX, Procurement Sec�on, Main Warehouse Com-pound, Zona Industriale Veternik, PO Box 268 (opposite Gorenje Hotel, next to fuel sta�on), 10000 Pris�na,KOSOVO

Назив на Проектот Енергетска заедница на Југоисточна Европа APL3 -Проект за Република Македонија

Референца WB5307-814/11

Финансиска референца

Loan No. 48140-MK, Project Id: P082337

Вид на набавка Услуги, испораки

Финансиер Светска банка

Земја Македонија

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 39: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 39четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Објавено на 15.12.2011 година

Краен рок за апликација

9 .02. 2012 година

Сектори Информатичка технологија Економски развој

Опис на Проектот Имплементација на компјутеризиран систем за бизнис-информации

КонтактАД МЕПСО Орце Николов бб, 1000 Скопје, Република Македонија За Катерина Глигорова. Tel (389-2) 314-9 696. Fax: (389-2) 316-3768. E-mail: [email protected].

Назив на Проектот HR – Загреб - Реконструкција на патишта

Референца EIBZ72218

Финансиска референца

2011/S 241-389807

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕИБ

Земја Хрватска

Објавено на 15.12.2011 година

Краен рок за апликација

15 .02. 2012 година

Сектори Градежништво - инженеринг Транспорт

Опис на Проектот Реконструкција на патишта секција 3: Јелса –Пољица, 13,37 km

КонтактHrvatske ceste d.o.o., Procurement Department, Ad-dress: Voncinina 3, 10000Zagreb, Croa�a. Tel.: +38514722-510; Fax: +385 14722-511

Назив на Проектот MK - Скопје: Транспортна опрема и помошни стоки за транспорт

Референца ECZ72268 – земји-кандидати

Финансиска референца

2011/S 243-394596

Вид на набавка Испораки

Финансиер Европска комисија

Земја Македонија

Објавено на 17.12.2011 година

Краен рок за апликација

11 .01. 2012 година

Сектори Здравство Транспорт

Опис на Проектот Договор за набавка на 80 амбулантни коли за јавните здравствени институции за 2012/2013 и 2014 година.

КонтактМинистерство за здравство50 Дивизија бр.61000 СкопјеРепублика МакедонијаTelephone: +389 23112500 +389 23112500 E-mail: [email protected]: +389 23113014Internet-address: www.moh.gov.mk

Назив на Проектот Советодавни услуги за договори за неограничени испораки за здравствена заштита

Референца WB5346-814/11

Финансиска референца

Assignment Title: 1057043

Вид на набавка Услуги

Финансиер Светска банка

ЗемјаAfghanistan, Albania, Algeria, Angola, An�gua andBarbuda, Argen�na, Armenia, Azerbaijan, Bahamas,Bahrain, Bangladesh, Barbados, Belarus, Belize, Benin, Bhutan, Bolivia, Bosnia and Herzegovina, Botswana, Brazil, Bulgaria, Burkina Faso, Burundi, Cambodia, Cameroon, Cape Verde, Central African Republic, Chad, Chile, China, Colombia, Comoros, Congo (Brazaville), Congo, Democra�c Republic of the, Cook Islands,Costa Rica, Croa�a, Cyprus, Czech Republic, Djibou�,Dominica, Dominican Republic, East Timor, Ecuador, Egypt, El Salvador, Equatorial Guinea, Eritrea, Estonia, Ethiopia, Fiji, Gabon, Gambia, The, Georgia, Ghana, Grenada, Guatemala, Guinea, Guinea-Bissau, Guyana, Hai�, Honduras, Hungary, India, Indonesia, Iran IslamicRepublic, Ivory Coast, Jamaica, Jordan, Kazakhstan, Kenya, Kiriba�, Korea, North, Korea, South, Kosovo,Kuwait, Kyrgyz Republic, Laos, Latvia, Lebanon, Lesotho, Liberia, Libya, Lithuania, Macedonia, Madagascar, Ma-lawi, Malaysia, Maldives, Marshall Islands, Mauritania, Mauri�us, Mexico, Micronesia, Federated States of,Moldova, Mongolia, Morocco, Mozambique, Myanmar, Namibia, Nepal, Nicaragua, Oman, Pakistan, Palau, Pan-ama, Papua New Guinea, Paraguay, Peru, Philippines, Poland, Qatar, Romania, Russian Federa�on, Rwanda,Saint Ki�s and Nevis, Saint Lucia, Saint Vincent and theGrenadines, Samoa, Sao Tome and Principe, Saudi Ara-bia, Senegal, Serbia and Montenegro, Seychelles, Sierra Leone, Slovakia, Slovenia, Solomon Islands, Somalia, South Africa, Sri Lanka, Sudan, Suriname, Swaziland, Syria, Tajikistan, Tanzania, Thailand, Togo, Tonga, Trini-dad and Tobago, Tunisia, Turkey, Turkmenistan, Uganda, Ukraine, United Arab Emirates, Uruguay, Uzbekistan, Vanuatu, Venezuela, Vietnam, West Bank and Gaza, Yemen, Republic of , Zambia, Zimbabwe

Објавено на 17.12.2011 година

Краен рок за апликација

13.01. 2012 година

Сектори Економски развој:

- финансии – банкарство;

- здравство;

- управување со програми.

Опис на Проектот Консултантски услуги за јавно-приватно партнерство за здравствени услуги, примарна здравствена заштита, специјализации, болници, социјални установи

Контакт(h�ps://wbgeconsult2.worldbank.org/wbgec/index.html

Назив на Проектот RS - Белград: Изградба на автопат

Референца EIBZ72269

Финансиска референца

2011/S 243-392959

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер ЕИБ

Земја Србија

Објавено на 17.12.2011 година

Краен рок за апликација

16 .02. 2012 година

Сектори Градежништво - инженеринг Транспорт

Опис на Проектот LOT 1. Земјени работи и ископ на камења, производство на асфалт LOT 2. Земјени работи и ископ на камења, производство на асфалт - најмалку 1 тунел од 200 m for

КонтактКоридори на Србија доо - Белград За Михајло Мишиќ , 21 Краља Петра, 11000 Belgrade, Serbia. Tel: +381 113344174, Fax: +381 113248682, E-mail: [email protected], Web site: www.koridor10.rs.

Назив на Проектот Изградба на пречистителна станица

Референца EuropeAid/132352/M/WKS/HR

Финансиска референца

3011811074/WKS

Вид на набавка Изведбени работи

Финансиер Европска комисија

Земја Хрватска

Објавено на 17.12.2011 година

Краен рок за апликација

30.03. 2012 година

Сектори Градежништво - инженеринг Животна околина Урбан развој

Опис на Проектот Изградба на пречистителна станица во Бале, Истра

Контактh�ps://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-serv-ices/index.cfm

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

www.mchamber.mk

Контакт М-р Ацо Спасовски

тел. 3244044факс.3244088

[email protected]

МЕЃУНАРОДНИ ТЕНДЕРИ Информации од Фокалната точка при Стопанска комора на Македонија преземени од системот за тендерски алерт поддржан од Меѓународната

организација за Франкофонија

Page 40: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО40 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

На 22 декември 2011 година еднодневен семинар

“ИНКОТЕРМС 2010”Стопанска комора на Македонија, сала

3 на 3. кат(од 15 до 19 часот)

- Што е тоа Инкотермс и зошто 2010? Зошто секоја фактура во надворешно-трговското работење содржи Инкотермс правило?- Дали сте информирани за најновите измени на Меѓународните трговски правила – Incoterms® 2010 by the Interna-�onal Chamber of Commerce (ICC)?

Во насока на еднообразното толкување на правилата во м е ѓ у н а р о д н а т а трговија коешто ја олеснува размената и помага да се избегнат м е ѓ у н а р о д н и т е спорови и н е д о р а з б и р а њ а меѓу партнерите, Стопанската комора на Македонија, на 22.12.2011 година организира еднодневен семинар на тема: “Инкотермс 2010”. Ве информираме дека е изготвено македонско стручно издание со последните измени на меѓународните комерцијални термини за користење во домашната и меѓународната трговија под називот “Практичен прирачник за Инкотермс 2010“, во коешто се содржани и практични совети за нивна примена.

Програма

1. “ИНКОТЕРМС 2010”- Дали на EXW продавачот треба да плати за извозно царинење?- Кога имам контејнер дали треба да употребувам FOB или FCA?- Чиј е ризикот кога стоките патуваат со правилото CPT (CPT Skopje)?- Што е разликата меѓу CIP и CIF?- Дали се покриени сите ризици со осигурувањето по правилото CIF (CIFSol-un)?- Зошто е промената FOB точката – оградата на бродот?- Зошто и САД од 1.01.2011 година ги користи правилата Инкотермс 2010 и водомашната трговија?- Дали електронската и хартиената комуникација се поистоветуваат?- Каква е поврзаноста со новите институтски клаузули од 2009 година?- Што плаќа продавачот кога има

договорено DDP?- ШТО, КАКО , ДАЛИ, КОГА, до КАДЕ.......трошоците, ризици, царинење, документи,............???!!!??? ИНКОТЕРМС2010

Предавач:Карло Змајшек, директор на Центарот за шпедиција во „Макпетрол“ АД – СкопјеСеминарот е наменет за: извозни компании, увозници, шпедитери, транспортери, царински застапници, банки, осигурителни компании, трговски консултанти, адвокати, универзитети поврзани со меѓународна трговија, сметководители, финансии и слично. Заинтересираните за учество на овој семинар можат да се пријават

најдоцна до 20 декември 2011 година. Сите учесници на семинарот ќе добијат практичен прирачник за Инкотермс 2010.

КонтактАнита МитревскаТел: (02) 3244057Факс:(02) 3244088Call Центар : (02) [email protected]

Елизабета Андриевска-ЕфтимоваТел: ++ 389 2 3244074Факс:++ 389 2 3244088

Call Центар : (02) 15015E-адреса: be�@mchamber.mk

Од 17 до 19 јануари 2012 година, во Истанбул, Република Турција

САЕМ ЗА ГОТОВА ОБЛЕКА И ЏИНС “IFEXPO 2012”

* Стопанската комора на Македонија организира посета на “IFEXPO 2012” со обезбедено бесплатно хотелско сместување, влезници за саемите и бесплатен трансфер.

Станува збор за една од поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на којашто ќе учествуваат голем број реномирани турски и странски компании, синџири на продавници, веледрогерии, како и познати модни дизајнери. Посетителите на Саемот ќе можат

да видат: најразновидна готова облека, чорапи, долна облека, џинс, облека за бебиња и деца, спортска облека, костуми за капење и друга конфекција. Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација, од 17 до 19 јануари 2012 година. За посетителите на Саемот обезбедени се бесплатно две ноќевања со појадок, влез, трансфер од хотел до Саемот и од аеродром до хотел, доколку учесникот патува со авион. Сместувањето е во реномиран хотел со 4 или 5 ѕвезди. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организациските трошоци кон Комората (2.950 денари за членки, а 4.270 денари за не-членки на Комората). Сите наведени трошоци, пријавените компании треба да ги платат најдоцна до 15 јануари 2012 година, за да може да се направи резервација во хотелите во Турција. За оние компании кои нема да платат навреме, нема да биде направена резервација и ќе се смета дека го откажале своето учество. Заинтересираните компании своето учество треба да го пријават најдоцна до 11.01.2012 година.

Контакт:Венера Андриевска Тел: 3244037 факс: 3244 088 [email protected]

Влатко СтојановскиТел: 3244004факс [email protected]

Стопанската комора на Македонија Ве води на Меѓународен саем на економија,

занаетчиство и земјоделство во Република Хрватска

„ ВИРОЕКСПО 2012„ ВО ВИРОВИТИЦА

Oд 20 до 22 јануари 2012 година во Вировитица, под покровителство на Владата на Република Хрватска, министерствата за економија и за регионален развој, Стопанската комора на Хрватска и регионалните комори, се одржува најзначајната саемска манифестација во Република Хрватска. Стопанската комора на Македонија организира настап и посета

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 41: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО 41четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

на заинтересирани македонски компании на 17. Меѓународен саем на економија, занаетчиство и земјоделство „ВИРОЕКСПО 2012„ во Вировитица, Република Хрватска. Македонија заради минатогодишното учество како земја-партнер добива бесплатен изложбен простор за стопанствениците од Македонија, а големината на изложбениот простор ќе зависи од потребата и бројот на излагачите. На Саемот секоја година учествуваат голем број земји од цела Европа и од регионот и е втор по големина во Хрватска, по Загребскиот велесаем. „ВИРОЕКСПО“ е одлична прилика за средба на деловни посетители и придонесува пред се` за развојот на економијата, занаетчиството и земјоделието во Вировитица, Вировитичко-подравската

жупанија, како и на поширокиот регион, создавајќи добри услови за поголем развој на економската размена и проток на стоки во регионот и пошироко во Европа. Производите од металната, текстилната, градежништвото и дрвната индустрија, земјоделските и прехранбените производи, како и најновите достигнувања од автомобилската индустрија, како и понудите на услужните дејности од банкарски до туристички, традиционално се присутни на овој саем во количина и асортиман, кои ги задоволуваат глобалните бизнис-потреби на излагачите. Вложете само 3 дена во подобрување на својот деловен имиџ и бидете дел од најзначајната стопанска манифестација во Хрватска, остварете контакти со целиот пазар, со учество на Меѓународниот саем „ВИРОЕКСПО 2012“. Оваа година земја-партнер е Украина, а за прв пат на Саемот ќе учествува и Шведска. Минатата година на „ВИРОЕХПО 2011“ учествуваа 707 излагачи од 19 земји, а беше посетен од 25 200 посетители. Стопанската комора на Македонија ги повикува сите заинтересирани македонски компании да го пријават своето учество на Саемот „ВИРОЕКСПО 2011“, најдоцна до 26 декември 2011 година. Пријавниот лист мете да го превземете од веб-порталот на

Стопанската комора на Македонија: www.mcnamber.mk

Контакт:Венера Андриевска Тел: 3244037 факс: 3244 088 [email protected]

Влатко СтојановскиТел: 3244004факс [email protected]

На 9 март 2012 година на „ГАСТ“ во Сплит, Хрватска

МЕЃУНАРОДНИ СРЕДБИ ЗА ТУРИЗАМ

Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Enterprise Eu-rope Network организира 5. Меѓународни бизнис-средби “Tourism@GAST 2012”, што ќе се одржат на 9.3.2012 година (петок), со почеток во 9:30 часот, во рамките на Меѓународниот саем „ГАСТ“, што ќе се одржи од 7 до 11 март 2012 година во Сплит, Република Хрватска. Мултилатералните бизнис-средби „Tourism@GAST 2012“ се продолжение на истоимените бизнис-средби во рамките на Саемот „ГАСТ“, со учество на повеќе од стотина учесници. Саемот „ГАСТ“ е клучно место за средби и на бројни производители и трговци од секторот за храна, пијалаци, хотелска и угостителска опрема.

Ова е единствена прилика за средби со меѓународни компании од регионот и пошироко, на претходно договорени индивидуални состаноци, според Вашиот избор, и тоа во следните сектори:

тур-оператори и туристички агенции;хотели, мотели и кампови;здравствен и wellness-туризам;селски, еко и активен туризам;промет (автобуски, железнички и воздушен);осигурување и финансии;туристички инвестиции;угостителство, храна и пијалаци;гастрономска понуда и побарувачка;интернет-туризам и др.

Учеството на средбите е бесплатно, а контакт-лицата од мрежата

на Enterprise Europe Network Ви стојат на располагање во процесот на пријавување и во текот на состаноците. И оваа година се очекуваат партнери од Германија, БиХ, Србија, Црна Гора, Словенија, Македонија, Италија, Унгарија и од други земји. Пријавувањето е до 15 февруари 2012 година на: h�p://hr.sc-een.eu/compa-ny.reg.php?conf_id=24&public=1

Здружение на угостителството и туризмотЛазо Ангелевски Стопанска комора на Македонија Ph: ++ 389 2 3244090 mob. ++ 389 70 387745 Fax: ++ 389 2 3244026 E-mail: [email protected] Web: www.mchamber.mk

Меѓународен саем за компјутери од 6 до 10 март во Германија

CEBIT FUTURE MATCH 2012 ВО ХАНОВЕР

На саемска површина од околу 450 000 м² и со над 700000 посетители CeBIT е најголем саем за компјутери во светот. Во рамките на саемот што се одржува во Хановер, Германија од 6-10 Март 2012 година, Enterprise Europe Net-work ќе организира 14-ти меѓународни бизнис средби. Од 1999 Future Match е можност за излагачите и посетителите на саемот да најдат партнери за с о р а б о т к а , за развој на производите, истражување, з а е д н и ч к и вложувања,

производство, маркетинг и лиценцни договори. Компаниите, униваерзитетите и истражувачките иститути од ИКТ секторот се исто така поканети за учество на саемот. На www.futurematch.cebit.de можете да се регистрирате и да воспоставите контакти на CeBIT 2012 .

Здружение на информациско комуникациски технологии Лазо АнгелевскиСтопанска комора на МакедонијаPh: ++ 389 2 3244090mob. ++ 389 70 387745Fax: ++ 389 2 3244088E-mail: [email protected]: www.mchamber.mk

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Page 42: Бизнис ИНФО број 79 од 22.12.2011 година

БИЗНИС ИНФО42 четврток, 22 декември 2011, Бр. 79

Македонска компанија заинтересирана е за пласман на бел лупен костен и свежи костени

во Франција.Валидност дo: 01.6.2012 година

Компанија од Грција бара соработка со трговци на фотоволтаични системи и опрема за соларни

и хибридни системи кои користат обновливи извори на енергија во Република Македонија.

Валидност дo: 01.6.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е да соработува со производители на прехранбени производи во Република Македонија за извоз

во Италија.Валидност дo: 01.5.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е да соработува со компании од Република

Македонија во областа на обновлива енергија.Валидност дo: 01.6.2012 година

Компанија од Србија бара застапник во Република Mакедонија за продажба на

земјоделски машини за берење пченка.Валидност дo: 02.6.2012 година

Грчка компанија бара соработка со македонски производители на гипс картон за пласман во

Грција.Валидност дo: 02.5.2012 година

Хрватска компанија бара соработка со македонски фармацевтски фирми за пласман

на амбалажа од пластика.Валидност дo: 02.5.2012 година

Компанија од Република Македонија поседува сопствен плац од 3000 м2 лоциран во

Катланово, во близина на автопатот и бара странски партнер за заедничко вложување во

погон за производство.Валидност дo: 05.12.2012 година

Компанија од Норвешка заинтересирана е за соработка во Република Македонија во областа на соларната енергија, со можност на пласман

на соларни панели.Валидност дo: 05.6.2012 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на бои и

лакови, акрилни, водоoтпорни и изолациони бои, антикорозивни лакови за дрво и за метал.

Валидност дo: 05.6.2012 година

Компанија од Германија заинтересирана е за соработка во Република Македонија со

компании во областа на производството на челик, благороден челик и алуминиум.

Валидност дo: 06.6.2012 година

Центарот за истражување и анализа -ЦИА - Скопје располага со широк спектар на

специјализирани истражувачки решенија, квалитативни, квантитативни методи, нивна

комбинација, како и примена на TNS-

брендирани решенија:специјализирани истражувања; омнибус; ТНС-брендирани

решенија; финансиска подготовка, избор на локација, хотелско сместување, организирање патувања – транспорт и логистика, маркетинг и промоција на настанот, дизајн, печатење и дистрибуција на конференциски материјали, изнајмување на конферернциска и техничка

опрема за настани на отворено, конференциска опрема и безжична опрема за симултан

превод, презентациска, визуелна и светлосна опрема, преведувачки услуги, фото и видео-

документација на настанот и забавувачи, сценографија на просторот (настани на

затворен и на отворен простор), регистрација на учесници, пред и за време на настанот,

кетеринг-услуги и организирање на коктели, менаџмент на местото на настанот, настани од

забавен карактер.Валидност дo: 9.6.2012 година

Компанија од Црна Гора бара соработка со партнери од Република Македонија за пласман

на дрвена столарија, опремување на хотели, ентериери и други деловни простори и јавни

објекти, како и извоз во РМ на масивни дрвени букови и дабови плочи и буков фурнир по

нарачка.Валидност дo: 12.6.2012 година

Компанија од Германија бара соработка со македонски компани во областа на транспорт

и шпедиција.Валидност дo: 12.6.2012 година

Компанија од Турција заинтересирана е за пласман на машини за обработка на метал, дрво и пластика во Република Македонија.

Валидност дo: 13.6.2012 година

Компанија од Црна Гора бара да откупува јаболки од Република Македонија од сортите

ајдаред, златен и црвен делишес, гремит смит, муцо, глостер прва класа, калибража од 75 до

85 мм франко Подгорица.Валидност дo: 22.5.2012 година

Компанија од Белгија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пиво: Бланш де Брисел (светло пиво), Kriek (светло

пиво со цреши), Barbar (пиво со мед),Hopus (пиво со висока ферментација).

Валидност дo: 22.4.2012 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира опрема за лабoрaториски медицински

испитувања во Република Македонија.Валидност дo: 23.5.2012 година

Компанија од Хрватска бара соработка со производители на производи од кожа во

Република Македонија кои би произведувале кожна галантерија за нив под брендот „Галко“,

машки и женски деловни чанти и останата кожна галантерија.

Валидност дo: 24.6.2012 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да пласира полиестерска, винилестерска и акрилна смола во Република Македонија.

Валидност дo: 24.4.2012 година

Бугарска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на автомати

-машини за кафе користени.Валидност дo: 25.6.2012 година

Турска компанија бара застапник во Република Македонија за пласман на зашеќерени костени

и други производи од костен, џем од костен, чоколадирани бонбони со костен.

Валидност дo: 25.5.2012 година

Македонска компанија заинтересирана е за пласман на леб, пецива, торти и колачи, бел лупен костен, свежи костени, слатки,

преработки на орев, лешник, бадем, костен и замрзнати пекарски и слаткарски производи.

Валидност дo: 25.11.2012 година

Компанија од Италија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на уникатни

пенкала.Валидност дo: 28.6.2012 година

Компанија од Италија заинтересирана е да пласира високо квалитетни полупроизводи за

подготовка на сладолед и состојки за колачи на македонскиот пазар.

Валидност дo: 28.6.2012 година

Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на

Supertech® уред кој функционира во резервоар за гориво на возила (на бензин или дизел). Има пет модели со различна големина во зависност од капацитетот на резервоарот. Референците

на уредот се: заштеда на гориво до 12% и намалување на емисијата на гасови до 75%.

Валидност дo: 28.6.2012 година

Компанија од Турција заинтересирана е во Република Македонија да пласира ткаенини за декорација, ткаенини за кошули и тексас

ткаенини 100 % памук.Валидност дo: 28.6.2012 година

Текстилна фабрика од Белгија бара соработка со производители на текстил во Република

Македонија за заедничко вложување.Валидност дo: 30.6.2012 година

Ова е само дел од богатата Понуда и побарувачка на Стопанската комора на

Македонија што може да се превземе од нејзиниот веб порталwww.mchamber.mk

Контакт:Мирјана Коцева

Е-адреса: [email protected]Тел:3244-035; Факс: 3244-088

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

тел: : (02) [email protected]Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски