НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (ii) сулфат...

14
НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА Наставник: Симона Веселинова 1 23.03.2020 Понеделник Наставна содржина: 5.4 Соли Цели на учење: По оваа наставна единица би требало да можеш да: да препознаваш основни типови на неоргански соединенија го познаваш составот на основни типови неоргански соединенија да набројуваш примери за соли, да ги читаш имињата (називите) на дадени хемиски формули на соли и обратно, на дадени називи да пишуваш хемиски формули Состав на солите и хемиска врска Соли – најголема група на неоргански соединенија Солите се најголема група на неоргански соединенија, а покрај тоа и најзастапена во секојдневниот живот на човекот. Некои соли ги користиме во исхраната, други како лекови, а голем број, пак, наоѓаат примена во земјоделието и индустријата. Дефиниција: Солите се соединенија кои се состојат од метал (или амониум група) и киселински остаток. Солите се јонски соединенија, врската меѓу металот и киселинскиот остаток е јонска, а атомите во атомските групи односно во киселинските остатоци се ковалентно сврзани. Примери: NaCl K 2 SO 4 Na метал К - метал Cl киселински остаток SO 4 киселински остаток Исклучок: Амониум група (NH 4 ) Пример: NH 4 Cl - амониум хлорид

Upload: others

Post on 13-Mar-2021

1 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 1

23.03.2020 – Понеделник

Наставна содржина:

5.4 Соли

Цели на учење:

По оваа наставна единица би требало да можеш да:

да препознаваш основни типови на неоргански соединенија

го познаваш составот на основни типови неоргански соединенија

да набројуваш примери за соли, да ги читаш имињата (називите) на

дадени хемиски формули на соли и обратно, на дадени називи да пишуваш

хемиски формули

Состав на солите и хемиска врска

Соли – најголема група на неоргански соединенија

Солите се најголема група на неоргански соединенија, а покрај тоа и

најзастапена во секојдневниот живот на човекот. Некои соли ги користиме во

исхраната, други како лекови, а голем број, пак, наоѓаат примена во

земјоделието и индустријата.

Дефиниција: Солите се соединенија кои се состојат од метал (или амониум

група) и киселински остаток.

Солите се јонски соединенија, врската меѓу металот и киселинскиот остаток е

јонска, а атомите во атомските групи односно во киселинските остатоци се

ковалентно сврзани.

Примери: NaCl K2 SO4

Na – метал К - метал

Cl – киселински остаток SO4 – киселински остаток

Исклучок: Амониум група (NH4) Пример: NH4Cl - амониум хлорид

Page 2: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 2

NaCl – Натриум хлорид CuSO4 – Бакар (II) сулфат

(готварска сол)

Na2CrO4 - Натриум хромат K2Cr2O7 – калиум дихромат

Кристал на натриум хлорид (готварска сол) - NaCl

Натриум хлоридот е цврста супстанца, а такви се и

сите јонско градени супстанци. Тој како и другите

јонски супстанци лесно се раствора во вода, а кога

се растворени или стопени тој, како и другите

јонски супстанци, спроведуваат електричество,

бидејќи тогаш јоните можат слободно да се движат.

Page 3: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 3

Номенклатура на соли

Имињата со солите се образуваат од името на металот и името на

киселинскиот остаток. Доколку металот има променлива валентност таа се

запишува во мала заграда со римски броеви, слеано со името на металот.

Името на металот валентност + Име на киселински остаток

(ако е променлива)

Примери:

Постојат и хидроген соли, на ист начин се образуваат и имињата на ваквите

соли, со таа разлика што во името на киселинскиот остаток како префикс, се

додава зборот „хидроген“. Ако во киселинскиот остаток има повеќе од еден

водороден атом, бројот на водородни атоми се означува со префикс на грчки

јазик.

NaHCO3 – натриум хидрогенкарбонат

KH2PO4 – калиум дихидрогенфосфат

Хемиска формула на сол Хемиски назив

KNO3 Калиум нитрат

MgCl2 Магнезиум хлорид

Cr2(SO4)3 Хром(III) сулфат

CuS Бакар(II) сулфид

NH4NO3 Амониум нитрат

Al2(PO4)3 Алуминиум фосфат

CaCO3 Калциум карбонат

Page 4: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 4

Хемиски својства Солите стапуваат во реакција со киселини, бази и други соли. Познати се

и реакции на разложување на соли. Со некои од овие реакции веќе сме се

запознале, а со некои ќе се запознаеме во наредните лекции. А за

добивање на соли ќе се запознаеме во следната тема.

ДОМАШНА РАБОТА: Да се одговорат прашања и задачи на 79 страна во

учебникот!

Помош за номенклатура на соли (имиња на киселински остатоци)

Бескислородни киселини и наставки за нивните киселински остатоци

Page 5: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 5

Кислородни киселини и наставки за киселинските остатоци

Изведени киселини и наставки за нивните киселински остатоци

Page 6: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 6

Наставки за киселинските остатоци

Page 7: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 7

26.03.2020 – Четврток

Наставна содржина:

5.5 Примена на низата на реактивност

Цели на учење:

По оваа наставна единица би требало да можеш да:

ги применуваш идеите за реактивност на металите за објаснување на

нивната распространетост, примена, време на откривање и начин на

екстракција (извлекување)

користиш други извори на информации за да определуваш трендови

Реактивноста на металот е поврзана со:

неговата распространетост (каде се наоѓа металот во природата),

неговата примена,

начинот на екстракција,

времето на откривање.

Многу метали реагираат со кислород, вода и разредени киселини.

Кислородот водата и разредените киселини се присутни во околината што

значи многу метали во природата се наоѓаат во форма на соединенија,

односно сврзани со други елементи. Само метал што се наоѓа најдолу во

низата на реактивност може да постои како самороден (во слободна

состојба), со оглед на тоа што тој метал е слабо реактивен (нереактивен),

нема да изреагира со вода, воздух и разредени киселини од околината. Па

така златото е метал кој се наоѓа најдолу во низата на реактивност, може да

се најде во карпи или во реки што носат карпи со себе. За да се добие златото,

мали количества од металот треба да бидат одделени од неколку тони карпа.

Page 8: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 8

Златото се наоѓа како елементарна супстанца (во слободна состојба) во

природата.

Повеќето метали кои ги употребуваме се наоѓаат во соединенија присутни

во рудите, а тоа значи дека во овие соединенија атомите на металите и

неметалите меѓусебно се сврзани. Металите од ваквите соединенија се

екстрахираат (извлекуваат) со помош на хемиски реакции.

Колку што металот е пореактивен, толку е потешка неговата

екстракција од рудата.

Ако металите ги споредиме во однос на нивните реакции со кислородот,

водата и киселините, можеме да ги подредиме според нивната реактивност.

Таквиот распоред се нарекува низа на реактивност (електрохемиска низа на

металите).

Page 9: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 9

Платина, злато и сребро се најмалку реактивни метали и се наоѓаат

најдолу во низата на реактивност, додека калиум, натриум и литиум

(алкалните метали) се најреактивни и се наоѓаат први во низата на

реактивност.

Види видео:

https://www.youtube.com/watch?v=dmcfsEEogxs

https://www.youtube.com/watch?v=uixxJtJPVXk

https://www.youtube.com/watch?v=Na_6j9y9ke8

ДОМАШНА РАБОТА: Да се одговорат прашања и задачи од учебникот

на 81 страна! ☺

Page 10: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 10

30.03.2020 – Понеделник

Наставна содржина:

5.6 Реакции на замена

Цели на учење:

По оваа наставна единица би требало да можеш да:

ги објаснуваш реакциите на замена

предвидуваш реакции на замена, користејќи ја низата на реактивност

пишуваш текстуални равенки на реакциите на замена

Низата на реактивност е низа во која ги подредуваме металите врз

основа на нивната реактивност со кислород, вода и разредени киселини.

Ваквата низа може да ни користи за да предвидиме што се случува кога

металите меѓу себе се „натпреваруваат“ односно да предвидиме реакции на

замена или пак да предвидиме дали воопшто ќе настане хемиска реакција.

Низа на реактивност

K Na Li Ca Mg Al Zn Fe Sn Pb Cu Ag Au Pt

Најреактивен Најмалку реактивен

Доколку металот кој се наоѓа во елементарна состојба (метал кој што

не е сврзан со други елементи) е пореактивен од металот од металот кој што е

сврзан во солта, тогаш тие ќе си ги заменат своите места, поточно

пореактивниот метал ќе го истисне послабо реактивниот метал од неговата

сол. Ваквите реакции се можни и се нарекуваа реакции на замена.

Page 11: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 11

Пример:

калиум + магнезиум хлорид → калиум хлорид + магнезиум

K + MgCl2 → KCl + Mg

Имаме калиум во елементарна состојба и магнезиум хлорид (сол). Во

ваквите случаи ја искористуваме низата на реактивност, односно калиумот

во низата на реактивност е пред магнезиумот, што значи калиумот е

пореактивен од магнезиумот. Штом металот кој е во елементарна состојба

е пореактивен од металот во соединение, тогаш во овој случај, калиумот

ќе го замени местото на магнезиумот во солта. Можеме да кажеме и дека

калиумот го истиснал магнезиумот од неговата сол бидејќи е пореактивен.

магнезиум + калиум хлорид → нема реакција

Mg + KCl → нема реакција

Во ваквиот случај, магнезиумот е металот во елементарна состојба. Ако

погледнеме во низата на реактивност ќе видиме дека магнезиумот се

наоѓа после калиумот во низата што значи дека е послабо реактивен

метал во споредба со калиумот, па според тоа нема да го замени неговото

место во солта односно нема да настане хемиска реакција.

За да ни биде појасно, ајде ова да го замислиме вака:

Прв случај: K + MgCl2 → KCl + Mg

Да го замислиме ова како еден фудбалски натпревар. Металот кој е во

елементарна состојба (несврзан, во овој случај калиумот) е втора постава, а

оној кој е сврзан во соединение е прва постава (во овој случај магнезиумот).

Доколку оној што е втора постава е „појак“ (пореактивен, а тоа го гледаме од

низата на реактивност), тогаш ќе го замени оној кој е прва постава на

натпреварот (во соединението). Во овој случај ќе биде можна хемиска

реакција.

Page 12: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 12

Втор случај: Mg + KCl → нема реакција

Во ваквиот случај магнезиумот кој е во елементарна состојба си замислуваме

дека е втора постава, а калиумот е прва постава. Овде нема реакција бидејќи

магнезиумот е „послаб“ (ако погледнеме во низата на реактивност се наоѓа

после калиумот), што значи нема да го замени калиумот кој е прва постава.

Пример 2: бакар + сребро нитрат → бакар(II) нитрат + сребро

Cu + AgNO3 → Cu(NO3)2 + Ag

Бакарот е пореактивен од среброто и затоа ќе го замени неговото место во

солта.

Пример 3: олово + алуминиум хлорид → нема реакција

Pb + AlCl3 → нема реакција

Нема реакција бидејќи оловото се наоѓа зад алуминиумот во низата на

реактивност што значи е послабо реактивно од алуминиумот и не може да го

замени неговото место (да го истисне од неговата сол).

Следниот линк може да ви помогне за вежби во врска со реакциите на

замена:

http://intro.chem.okstate.edu/1515F01/Laboratory/ActivityofMetals/home.html

ДОМАШНА ЗАДАЧА: Препиши и одговори ги прашањата и задачите на

страна 83 во учебникот и одговори на следново прашање:

Кога парче цинк се додава во син раствор од бакар(II) сулфат се забележуваат

следниве промени:

*цинкот ја сменува бојата

*сината боја постепено бледнее

*се образува црвено - кафеава цврста супстанца

а) Која е црвено - кафеавата цврста супстанца?

б) Напиши ја текстуалната и хемиската равенка на реакцијата и израмни ја.

Page 13: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 13

02.04.2020 – Четврток

Наставна содржина:

5.6 Предвидување реакции на замена

Цели на учење:

По оваа наставна единица би требало да можеш да:

ги објаснуваш реакциите на замена

предвидуваш реакции на замена, користејќи ја низата на реактивност

пишуваш текстуални равенки на реакциите на замена

ДОМАШНА РАБОТА:

Доврши ги следниве текстуални равенки на реакциите. Истите

текстуални равенки запиши ги со хемиски симболи и хемиски формули и

израмни ги. Ако сметаш дека не се одвива реакција, тогаш запиши нема

реакција.

1. цинк + железо(II) сулфат →

2. бакар + сребро нитрат →

3. цинк + олово(II) нитрат →

4. бакар + магнезиум сулфат →

5. олово + цинк сулфат →

6. натриум + цинк нитрат →

Page 14: НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА · 2020. 3. 28. · – Бакар (II) сулфат (готварска сол) Na 2 CrO 4 - Натриум хромат K 2 Cr 2 O

НАСТАВЕН ПРЕДМЕТ: ХЕМИЈА

Наставник: Симона Веселинова 14

7. калциум + бакар(II) сулфат →

8. бакар + сребро нитрат →

9. калај + цинк хлорид →

10. железо + магнезиум нитрат →

11. олово + бакар(II) оксид →

12. натриум + алуминиум карбонат →