Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · web viewЕлектронска...

15
УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови Програма: „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ Проект: „Партнерски грантови за организациски развој“ 19 11 НРЦ 101 Референтен број: 11-85/2-2019 Датум на објава на повикот: 8 април 2019 година Краен рок за аплицирање: 8 мај 2019 година до 17:00 часот

Upload: others

Post on 31-Aug-2019

8 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

УПАТСТВО ЗА АПЛИЦИРАЊЕ Јавен повик до граѓански организации за доделување грантови

Програма: „Национален ресурсен центар за граѓански организации“

Проект: „Партнерски грантови за организациски развој“ 19 11 НРЦ 101

Референтен број: 11-85/2-2019

Датум на објава на повикот: 8 април 2019 година

Краен рок за аплицирање: 8 мај 2019 година до 17:00 часот

Содржина

Page 2: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

1. ВОВЕД...................................................................................................................................3

1.1. Контекст............................................................................................................................3

1.2. За програмата..................................................................................................................4

1.3. За повикот: цели и резултати.......................................................................................4

1.4. Расположливи средства................................................................................................5

1.5. Финансирање...................................................................................................................5

2. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ........................................................................................5

2.1. Кој може да аплицира.....................................................................................................5

2.2. Активности.......................................................................................................................6

2.2.1. Подобни активности................................................................................................6

2.3. Трошоци............................................................................................................................7

3. АПЛИЦИРАЊЕ.....................................................................................................................7

3.1. Потребни документи за аплицирање..........................................................................7

3.2. Краен рок и начин на поднесување.............................................................................7

3.3. Комплетирање на формуларот....................................................................................8

3.4. Прашања и информации................................................................................................8

3.5. Прелиминарна временска рамка..................................................................................9

4. ОЦЕНКА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИТЕ.................................................................................9

4.1. Административна проверка..........................................................................................9

4.2. Проверка за подобност................................................................................................10

4.3. Оценка за квалитетот...................................................................................................10

5. ПРИЛОЗИ............................................................................................................................11

Листа на кратенки

2

Page 3: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

АДИ- Асоцијација за демократски иницијативи - Гостивар

ЕУ - Европска Унија

ЗЗФ - Закон за здруженија и фондации

МЦМС - Македонски центар за меѓународна соработка

1. ВОВЕД1.1. Контекст

Граѓанските организации играат важна улога во промовирањето на демократијата и развојот на општеството. За да ја исполнат својата улога на лидери за општествен развој, но и да стекнат поголема доверба во очите на јавноста и на донаторите, граѓанските организации треба да располагаат со развиени капацитети и да работат во рамки на своите успешно воспоставени внатрешни системи на добро управување.

Значаен сегмент од поддршката на ЕУ за граѓанските организации е јакнењето на нивните капацитети. Согласно насоките на ЕУ за развој на граѓанското општество (2014-2020)1 се очекува граѓанските организации да ја подобрат својата независност, репрезентативност и отчетност преку зајакнување на нивната база за членство, преку повисоки стандарди за внатрешно управување, вклучувајќи и демократски структури, следење и евалуација, финансиско управување, транспарентност, географска промоција и соработка. Покрај тоа, граѓанските организации може да ја зголемат својата ефикасност преку зголемување на нивниот капацитет за анализа, следење и застапување, како и вмрежување, партнерство, градење коалиции и активно вклучување во процесите на креирање политики и закони. Оттука, поддршката за развој на капацитети, која има систематски приод и која подразбира пренесување на искуство од една на друга организација, е многу важна во процесите на јакнење на граѓанските организации.

Во моментот помалите и локалните организации во земјава имаат потреба од подобрени вештини за раководење, како и насоки и поддршка за соодветна организациска структура и практикување принципи на добро управување. Потоа, имаат мала видливост во јавноста, мала соработка со институциите и сл. Овие потреби може да бидат надминати преку низа активности, меѓу кои и Партнерските грантови за организациски развој кои се дел од програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации”. Со овие грантови ќе се поттикнуваат партнерствата, заедничкото учење и споделувањето искуства.

1.2. За програматаПрограмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ ја

спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со 1(https://ec.europa.eu/neighbourhoodenlargement/sites/near/files/pdf/civil_society/doc_guidelines_cs_support.pdf)

3

Page 4: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип во периодот од 2018 до 2021 г. Во рамките на програмата делуваат три граѓански ресурсни центри - во Скопје, во Штип и во Гостивар со кои, на непосреден начин, се дава поддршка на граѓанските организации преку информирање, јакнење на капацитети, регрантирање и сл. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Општата цел е јакнење на граѓанското општество кое активно учествува во донесувањето одлуки и придонесува кон зајакната и партиципативна демократија во земјата. Целта на програмата е обезбедување услуги за градење капацитети на граѓанските организации за тие да бидат ефективни и отчетни независни актери и, придонесување кон опкружување кое е поволно за граѓанското општество.

Програмата опфаќа два типа на финансиска поддршка, и тоа:1. Партнерски грантови за организациски развој; и2. Акциски грантови за застапување.

Овој повик се однесува на точката 1. Партнерски грантови за организациски развој.

1.3. За повикот: цели и резултатиЦелта на овој повик е зајакнување на капацитетите на мали организации кои

делуваат на локално ниво со поддршка на други развиени граѓански организации преку партнерство, соработка и заедничко учење. Поднесените предлог-проекти на организациите во рамките на овој повик треба да придонесат за постигнување на некој или на сите од следните резултати:

1. Проценети внатрешните потреби на локалните организации;2. Изготвени стратешки и организациски документи кои ќе придонесат за

одржливоста и стабилноста на локалните организации;3. Зајакнати капацитети на организациите во однос на добро управување: стратешко

планирање; генерирање фондови и финансиска одржливост; финансиско управување и планирање; проектно планирање и управување со проекти; односи со јавноста итн.

4. Поголема препознатливост и видливост на работењето на организациите во јавноста.

Со овие грантови ќе бидат поддржани заеднички апликации на мали организации со развиени организации. Развиената организација ќе има улога на ментор за организациски развој на малата организација која делува на локално ниво. Во одреден временски период двете организации ќе работат заедно за да ги изградат капацитетите и да ги поддржат процесите за подобрување на внатрешната структура, подобрување на внатрешните организациски акти, подготовка на одредени стратешки акти на организацијата итн.

4

Page 5: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

1.4. Расп оложливи средства Целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој

повик за партнерските грантови изнесува 24.000 евра (1.476.000,00 МКД).Со овој повик ќе се доделат најмалку осум мали грантови. минимален износ: 2.000 евра (123.000 МКД); максимален износ: 3.000 евра (184.500 МКД).

МЦМС го задржува правото да не додели дел или сите расположливи средства и истите да ги пренамени за идни повици.

Времетраењето на проектите не треба да биде помалку од 6 односно повеќе од 9 месеци.

1.5. ФинансирањеЗа овој повик организациите кои ќе поднесат предлог-проект не се обврзани да

обезбедат кофинансирање. Грантот ќе покрие 100% од вкупните трошоци.

2. КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ2.1. Кој може да аплицира2.1.1. Главен апликант/корисник на менторска поддршка

Главниот апликант треба да биде организација која за потребите на сопствениот организациски развој има потреба од менторска поддршка обезбедена од страна на партнерската организација.Главен апликант може да биде организација регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) која ги исполнува следните услови:

- Да е регистрирана најмалку една година пред објавата на повикот;- Да дејствува на локално ниво;- Да биде активна и да може да презентира минимум една граѓанска

иницијатива/активност реализирана на локално или на национално ниво во последната година;

- Годишниот буџет во последната година да не надминува 30.000 евра.

Една организација може да поднесе само еден предлог-проект во рамките на повикот во улога на главен апликант.

2.1.2. Партнер/менторска организација

Партнер може да биде организација регистрирана согласно Законот за здруженија и фондации (ЗЗФ) која ќе овозможи менторска поддршка за главниот апликант и која ги исполнува следните услови:

5

Page 6: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

- Да е регистрирана најмалку една година пред објавата на повикот;- Да има воспоставено јасна организациска структура согласно принципите на добро

управување, вклучително пишани документи;- Да има искуство во водење на интерни процеси на стратешко планирање;- Да има претходно искуство во обезбедување поддршка за организациско јакнење

на други организации;- Предложените ментори да имаат претходно искуство и да бидат дел од

персоналот на организацијата.

Една организација може да се јави во улога на партнер/ментор во најмногу два предлог- проекта.

2.2. Активности2.2.1. Подобни активности

Грантовите ќе бидат доделени за активности кои ќе придонесат за остварување на целта на повикот.

Видовите активностите наведени подолу се само индикативни, но предлог-проектите не мора да бидат ограничени само на овие видови активности.

Група активности А- Подготовка на стратешки план на организацијата;- Подготовка на план за прибирање финансиски средства;- Подготовка на план за односи со јавноста и видливост;- Подготовка на други организациски документи;- Спроведување организациски оценки.

Група активности Б- Работилници и обуки за стратешко планирање и организациски развој;- Обуки за мобилизирање фондови и раководење со проектен циклус;- Обуки и работилници за видливост и презентирање на постигнатите резултати;- Обуки и работилници за добро управување и за вклучување на конституентите во

процесот на донесување одлуки;- Обуки за административно и финансиско работење;- Обука низ работа за прашања од интерес на организацијата.

Напомена 1: Предлог-проектите мора да содржат комбинација на активности од група А и од група Б, односно подготовката на стратешките документи и развојот на организациската структура да биде проследено со јакнење и на човечките капацитети во организацијата- главен апликант и нивна активна вклученост во изработка на стратешките документи. Напомена 2: За спроведување на планираните обуки и работилници кои ќе бидат дел од предлог- проектите, на располагање ќе ви бидат просториите на ресурсните центри во Скопје, Штип и во Гостивар.

6

Page 7: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

Други активности кои не се споменати погоре, но се јасно поврзани со целта и со резултатите на повикот, ќе бидат земени предвид.

2.3. ТрошоциВо рамките на овој повик вообичаените оперативни трошоци ќе бидат подобни, вклучително:

- трошоци за надомест за ангажираниот персонал вклучен во реализирањето на предлог-проектите;

- патни локални трошоци поврзани со активностите во проектот; - директни трошоци настанати за време на фазата на спроведување на предлог-

предложените активности (вклучително и трошоци за надворешни лица/експерти од кои ќе се побара стручна поддршка);

- канцелариски трошоци кои се релевантни за предложените активности.

Во рамките на овој повик нема да се сметаат за подобни следните трошоци:- трошоците кои се финансирани од друга програма и донатор;- предлог-активности кои предвидуваат лична заработка и корист;- за финансирање политички партии и избори;- за ретроспективно финансирање;- за финансирање на трети лица и долгови и давачки за подмирување долгови.

3. АПЛИЦИРАЊЕ3.1. Потребни документи за аплицирањеАпликацијата за овој повик треба да ги содржи уредно пополнети следните документи:

- Прилог 1 Формулар за аплицирање (преземи го формуларот тука);- Прилог 2 Буџет (преземи го формуларот за буџет тука);- Копија од тековната состојба (не постара од 6 месеци) од денот на поднесување

на апликацијата (од главниот апликант и партнерската организација).- Копии од наративните и финансиските извештаи за претходната година(од

главниот апликант и од партнерската организација);- Професионална биографија (CV) на персоналот од партнерската организација кој

ќе ја спроведува менторската поддршка за главниот апликант.

3.2. Краен рок и начин на поднесувањеРокот за поднесување на апликацијата е 8 мај 2019 година, најдоцна до 17:00

часот. Апликациите доставени по овој рок нема да бидат разгледувани. Апликациите може да се достават по пошта (исклучиво со препорачано писмо), по курир или лично на рака на следната адреса:

7

Page 8: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

Граѓански ресурсен центар - ГРЦул. „Кирил и Методиј“ бр. 50, реон 7

1000 Скопје

(наспроти дирекцијата на НЛБ Тутунска банка Скопје)

види ја локацијата на мапата

Апликациите мора да бидат доставени во еден запечатен плик со истакнати:

- Име на организацијата;- Адреса на организацијата;- Референтен број на повикот:11-85/2-2019;- Зборовите: „ДА НЕ СЕ ОТВОРА ПРЕД СЕСИЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ“.

Запечатениот плик треба да содржи:

- Една апликација во оригинал со сите придружни документи (види во делот 3.1.); - Електронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија Word/Excel

којашто мора да биде идентична со печатената верзија.

За апликациите кои ќе бидат доставени лично или преку курир приемот ќе биде евидентиран од вработените во Граѓанскиот ресурсен центар со соодветна потврда со датум и време на приемот. Датумот и часот на препорачаното писмо ќе се сметаат за релевантен доказ за поднесување во зададениот рок (ве молиме лично да погледнете дали писмото кое го праќате во поштата содржи датум и време на печатот/налепницата). Апликациите примени по електронски пат (е-пошта) нема да бидат разгледувани.

3.3. Комплетирање на формуларотСите делови на формуларот мора да бидат комплетирани. Формуларот мора да биде

пополнет на компјутер. Формуларот кој ќе биде пополнет рачно нема да се земе предвид. За време на пополнувањето на формуларот користете македонска поддршка. Внимавајте да ја почитувате бараната должина на текстот за секој дел од формуларот, насоките се дадени во самиот формулар. Користете фонт „Ariel“ со големина 11. Се препорачува формуларот да го печатите двострано.

3.4. Прашања и информацииСекое прашање во врска со повикот може да се достави на [email protected] со

назнака: Референтен број 11-85/2-2019, најдоцна до 26 април 2019 година до 17:00

8

Page 9: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

часот. Поставените прашања и одговори ќе бидат објавени на www.rcgo.mk и www.mcms.mk на 3 мај 2019 година.

Предвидени се четири информативни сесии за претставување на повикот и за поставување прашања и тоа:

- Информативна сесија на 15 април (понеделник) 2019 година во Скопје во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар од 12:00 часот,

- Информативна сесија на 18 април (четврток) 2019 година во Струмица од 12:00 часот,

- Информативна сесија на 19 април (петок) 2019 година во Кичево од 12:00 часот и

- Информативна сесија на 22 април (понеделник) 2019 година во Битола од 12:00 часот.

Ве молиме задолжително да го најавите своето присуство за гореспоменатите термини и локации за информативните сесии најдоцна до 11 април 2019 година на [email protected]. Се поттикнуваат организациите ажурно да ја следат веб-страницата и фејсбук-страницата на ГРЦ и МЦМС за да добијат навремени информации за веќе поставените прашања и одговори.

3.5.Прелиминарна временска рамкаОбјава на повикот 08.04.2019

Информативни сесии 15.04.2019 – Скопје18.04.2019 – Струмица19.04.2019 - Кичево22.04.2019 - Битола

Краен рок за поставување прашања 26.04.2019

Краен рок за поднесување апликации 08.05.2019 до 17:00 часот

Известување за доделени грантови и одбиени пријави Мај, 2019

Потпишување договори Јуни,2019

Согласно одлуката, секоја организација ќе добие писмено известување за статусот на својата апликација. Содржината на апликациите нема да биде достапна за пренесување на трети лица.

4. ОЦЕНКА НА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИТЕПоднесените предлог-проекти подлежат на административна проверка, проверка на

подобност и оценка за квалитетот. Предлог-проектите мора да поминат прво низ административна проверка и проверка за подобност за да можат да се оценуваат за квалитетот. Оние предлог-проекти кои нема да ги исполнат сите услови од административната проверка и проверката за подобност, нема да бидат оценувани за квалитетот.

9

Page 10: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

4.1. Административна проверка Краен рок: ако пријавата е доставена во зададениот краен рок, датум и час, ќе се

прифати, ако не е, пријавата нема да се разгледува;

Формулар за аплицирање: формуларот е поднесен во бараниот образец и е

целосно пополнет согласно дадените насоки;

Буџет: буџетот е поднесен во зададениот формат согласно дадените насоки;

Прилози: сите прилози се уредно доставени;

Јазик: поднесениот формулар е поднесен на македонски јазик;

Оригинал и копии: поднесениот формулар и буџет, заедно со сите прилози се

поднесени во 1 оригинал и 1 копија во електронска форма на CD или на USB;

Изјави: изјавите се уредно потпишани од законските застапници на двете

организации.

4.2. Проверка за подобност Главен апликант: организацијата е регистрирана во земјата согласно ЗЗФ една

година пред објавата на повикот;

Главен апликант: една организација се јавува со еден предлог-проект;

Партнер: организацијата е регистрирана во земјата согласно ЗЗФ една година

пред објавата на повикот;

Тековна состојба: поднесена е тековна состојба не постара од 6 месеци за

главниот апликант и за партнерот;

Годишни извештаи: доставени се финансиски и наративни извештаи за

претходната година за главниот апликант и запартнерот;

Работни биографии (CV): доставени се работни биографии на персоналот од

партнерската организација кој ќе ја спроведува менторската поддршка;

Барање за грант: предлог-буџетот вклучува барање за грант во износ од минимум

2.000 евра (123.000 МКД) и максимум 3.000 евра (184.500 МКД);

Временска рамка: временската рамка за спроведување на активностите во

предлог-проектот е од 6 до максимум 9 месеци.

10

Page 11: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

4.3. Оценка за квалитетот Критериуми за оценка Број на

бодови1. Организациски капацитет за спроведување на предлог-

проектот 25

1.1 Дали организацијата- главен апликант има основен капацитет за спроведување на проектот (вклучувајќи персонал, опрема и способност да раководи со буџетот)?

10

1.2. Дали партнерската организација има доволно капацитети, искуство и потребна експертиза за обезбедување поддршка за организациско јакнење?

10

1.3. Дали партнерската организација има воспоставено јасна организациска структура?

5

2. Релевантност на предлог-проектот со дефинираните цели и резултати на повикот

20

2.1. Дали предлог-проектот е во согласност со поставените цели и очекувани резултати наведени во повикот?

10

2.2. Колку е кохерентен целокупниот дизајн на предлог-проектот особено, дали дава јасно дефинирана заложба за споделување на знаење и партнерско работење во насока на јакнење на капацитетите на организацијата – главен апликант?

10

3. Опис на предлог-проектот (општа цел, специфична цел, резултати, активности, план)

40

3.1. Дали предложените активности се соодветни, практични и во согласност со поставените цели и резултати?

10

3.2. Дали временската рамка е јасна и изводлива? 53.3. Дали постојат јасно дефинирани индикатори за мерење на

постигнувањата? 10

3.4. Дали планот за менторство на партнерската организација е соодветен со капацитетите на партнерската организација и дали води кон остварување на поставените проектни цели?

10

3.5. Дали постои доволна мотивација за партнерско работење помеѓу двете организации?

5

4. Буџет и ефикасност на трошоците 154.1. Дали активностите соодветно се одразуваат во буџетот? 104.2. Дали односот помеѓу предвидените трошоци и очекуваните

резултати е соодветен? 5

ВКУПНО 100

11

Page 12: Упатство за аплицирање - rcgo.mk€¦  · Web viewЕлектронска верзија на апликацијата на CD или на USB во верзија

Упатство за аплицирање

5. ПРИЛОЗИПрилог 1. Формулар

Прилог 2. Буџет

12