регулација на консумирањето храна

Post on 01-Jul-2015

469 Views

Category:

Education

0 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

:)

TRANSCRIPT

Регулација на Регулација на консумирањеконсумирање

то хранато храна

Потребата на човековиот организам за храна зависи од:

•Гладот•Апетитот•Ситоста

ГладГладГладот е потребата за консумирање храна. Тоа се манифестира со појава на грчеви во желудникот, нервна напнатост и нерасположение. Внесувањето на храната се регулира преку: нервните центри во меѓумозокот, кои се наоѓаат во врска со лимбичката кора и во некои центри на големиот мозок, како и со промената на концентрацијата на дигерираните состојки во крвта.

1. Нервните центри за внесување храна ( центар за глад и за ситост ) се сместени во хипоталамусот. Со нив се регулира количествениот однос меѓу внесената храна и искористената метерија во катаболизмот.

2. Концентрацијата на продуктите на дигестираните состојки на храната во крвта ( глукоза, аминокиселини и масни киселини), зависи од нивното искористување од страна на клетките. Тие се базираат врз принципите на негативната повратна врска, што значи колку што е повисоко нивото на овие соединенија во крвта, помалку се надразнува центарот за глад во хипоталамусот и обратно.

3. Кората на големиот мозок е значајна за условното венсување на храната. Генерално, регулацијата на внесувањето храна може да биде долгорочна и краткорочна :

* Долгорочната регулација се остварува во текот на неделата или месеците и преку неа се воспоставува постојана врска меѓу внесувањето на храна и енергетска потрошувачка. Со тоа се обезбедува одржување на физиолошкото ниво на глукозата, аминокиселините и масните киселини во ?’’ пуловите‘’.

* Краткорочната регулација се остварува секој ден, преку формирањето навика ( условни рефлекси ) за консумирањето храна во определен период од денот ( два или три оброци ).

Регулација на секрецијата Регулација на секрецијата на дигестивните ензимина дигестивните ензими

Регулацијата на лачењето на дигестивните сокови во одделни партии од дигестивната цевка се остварува по нервен и хуморален пат.

* Регулација на секреција на * Регулација на секреција на плункаплунка

Секрецијата на плунката е рефлексна реакција , која се одвива по безусловен и условен пат.

1.Безусловното лачење настанува преку надразнувањето на хеморецепторите со внесената храна во усната празнина. По нервен пат стимулот се пренесува до центарот за саливација во продолжениот мозок, од каде што се испраќа наредба до плунковите жлезди за секреција а плунката.

2.Условното лачење настанува по вегетативен пат, преку надразнување на сетилата за вид, мирис или влус. Парасимпатичките нерви ја стимулираат секрецијата на разредената, додека симпатичките нерви на концентрираната плунка.

* Регулација на активноста на * Регулација на активноста на желудечната лигавицажелудечната лигавица

I фаза – психичка (условно рефлексно лачење). Почнува со навлегување на храната во усната празнина. Со тоа се надразнуваат вегетативните центри во продолжениот мозок, од каде што преку нервот скитник се стимуираат желудочните клетки на секреција.

II фаза – желудочна (хемиска). Преку хормонот гастрин, кој се лачи од лигавицата на желудникот и се стимулира секрецијата на желудочниот сок.

III фаза – цревна (нервно-хуморална):

а) нервна регулација-состојките на химусот ја намалуваат желудочната секреција, преку ентрогастричниот рефлекс.

б) хуморална регулација- хормоните ентерогастрин, секретин и холецистокинин, кои се лачат од ѕидот на дуоденумот, извршуваат инхибиција на желудочната секреција.

Состав на желудочниот сок:

Ензими : пепсин, лаб-фермент, желудочна липаза; муцин, хлороводородна киселина, вода.

* Регулација на секреција на * Регулација на секреција на панкреасен сокпанкреасен сок

1. Нервна регулација , преку нервот вагус, ја поттикнува секрецијата на панкреасен сок.

2. Хуморална регулација преку хормонот секретин, кој е излачува од лигавицата на дуоденумот ја стимулира секрецијата на панкреасен сок од страна на ацинусите на панкреасот.

Панкреасен сок: Ензими : амилаза, малтаза, трипсин, химотрипсин, панкреасна липаза, деоксирибонуклеаза, рибонуклеаза;

* * Регулација на секреција на Регулација на секреција на жолчен сокжолчен сок

Хормоните гастрин, секретин и холецистокинин ги стимулираат хепатоцитите на секреција на жолчен сок и преку контракциката на сфинктерот го поттикнуваат празнењето на жолчното ќесе.

Жолчен сок :

Органски дел : жолчни киселини, жолчни бои, холестерол, лецитин, муцин.

Неоргански дел : вода, бикарбонати, хлороди, Na - јони

top related