ПРЕГЛЕД НА МСФИ за МСЕ

Post on 28-Jan-2016

102 Views

Category:

Documents

1 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

МСФИ ЗА МСЕ. ПРЕГЛЕД НА МСФИ за МСЕ. Бранко Костовски ПРИМЕКО РЕВИЗИЈА, Скопје. Македонски превод на избрани слајдови достапни на http://www.ifrs.org. 2. МСФИ за МСЕ. Во рамки на темата ќе бидат разгледани : Развојот на стандардот Усвојувањето : користи , планови (земји) - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

ПРЕГЛЕД НА МСФИ за МСЕ

Бранко Костовски

ПРИМЕКО РЕВИЗИЈА, Скопје

МСФИ ЗА МСЕ

Македонски превод на избрани слајдови достапни на http://www.ifrs.org

МСФИ за МСЕ

Во рамки на темата ќе бидат разгледани:

• Развојот на стандардот

• Усвојувањето: користи, планови (земји)

• Примена: Вклучувајќи превод, тренинг, водич

• Преглед на сите секции на стандардот

• Клучни разлики со целината на МСФИ

2

МСФИ за МСЕ

Презентацијата е поделена на два дела:• Првиот дел го покрива развојот,

усвојувањето (прифаќањето), и имплементацијата на МСФИ за МСЕ плус преглед на секциите 1 до 8

• Вториот дел е преглед на секциите 9 до 35

• Сега започнуваме со првиот дел

3

МСФИ за МСЕ

Упростување на доброто финансиско известување

• 230 страници• Упростени МСФИ, изградени на

основата на МСФИ• Наменети специјално за МСЕ• Меѓународно признаени• Конечно издаден на 9 јули 2009• Гласање: 13 согласни, 1 против

4

Кој може да го користи?

Ентитет кој нема јавна одговорност– Хартиите од вредност не се јавно тргувани– Не е финансиска институција

• За преку 99% од приватните ентитети во светот се очекува дека ќе ги исполнуваат условите за примена на стандардот

5

Кој може да го користи?

Не постои тест на големината на ентитетот– Иако законодавство може да бара таков (РМ) Ентитет може да го користи МСФИ за МСЕ дури

и ако:– Е економски значаен (голем)– Е од јавен интерес (струја, гас, вода)– Е подружница на котирана компанија (ако

самата подружница не е котирана)Ентитет не смее да го користи стандардот ако:– Е многу мала котирана компанија

6

Дали е самостоен или поврзан со МСФИ?

Комплетно самостоен

• Единствен ‘исклучок’ е опцијата за користење на МСС 39 (за признавање и мерење) од целината на МСФИ наместо секциите за финансиските инструменти од МСФИ за МСЕ (секции 11 и 12)

7

Како се разликува од целината на МСФИ?

• Скроен за МСЕ

– Информации за паричните текови

– Трошоци и можности на МСЕ

• Многу помал (230 страници vs 3,000 + во целината на МСФИ)

• Тематски организиран

• Нема “црни букви“ (болд)

• Упростувања од целината на МСФИ

8

Какво е упростувањето?

1. Некои теми од МСФИ се испуштени ако се нерелевантни за МСЕ

2. Каде што МСФИ дава опции, вклучена е само поедноставната опција

3. Упростувања на признавањето и мерењето

4. Редуцирани обелоденувања

5. Упростен “драфтинг“

9

Упростувања на обелоденувањата

• Голема редукција на обелоденувањата:– МСФИ – повеќе од 3,000 ставки во

чекинг листата за обелоденување– МСФИ за МСЕ – околу 300 ставки

10

Сочувано: Обелоденувања за краткорочните парични текови, ликвидноста, солвентноста, мерењето на неизвесноста, избор на сметководствена политика Отфрлено: Расчленување на збирови, обелоденувања за пазарите на капитал

Зошто МСЕ да го прифатат?

• Подобрен пристап до капитал

– Емпириски потврдено

• Подобрена споредливост

• Подобрен квалитет на известувањето во однос на националните регулативи

• Помал товар за ентитетите во законодавствата во кои се бара примена на целината на МСФИ

11

Зошто МСЕ да го прифатат?

• “Transparency, Ownership, and Financing Constraints in Private Firms” (Hope, Thomas and Vyas), November 2009

• Study: Around 31,000 small companies in 68 developing countries and merging markets

• Abstract: We find that private firms with greater financial transparency experience significantly lower problems with gaining access to external finance (and obtain those funds at a lower cost) than do other private firms.

12

Дали МСЕ можат да го прифатат

Зависи од локалното законодавство

• САД - да. IASB сега е вториот кој пропишува стандарди (покрај FASB) согласно AICPA етичкиот кодекс

• Некои земји – прифаќањето е “автоматско” (преку измени во законот)

• Некои земји – како Република Македонија пропишуваат свои квантитативни критериуми кои не се во согласност со МСФИ за МСЕ

13

Планови за усвојување

• Краток прашалник испратен до надлежните национални тела (09/2009)

• Просто прашање: Дали планирате да барате или дозволите усвојување во следните 3 години? – Да? Не? Можеби?

• Одговори добиени од 51 законодавство

• Од тие 51 – 31 планираат да бараат или дозволат во следните три години

14

Планови за усвојување

• Јуни 2010:

– 62 законодавства или го усвоија МСФИ за МСЕ или имаат план да го усвојат во текот на следните три години

– Во приближно сите случаи МСФИ за МСЕ може да се користи од сите МСЕ

– Некои случаи, како опција со МСФИ

– Други случаи, како опција со националните стандарди за МСЕ

15

Што би кажал ревизорот?

• Нешто како:

“Финансиските извештаи даваат објективна (фер) презентација на финансиската позиција, резултатите од работењето, и паричните текови (според сите значајни аспекти) во согласност со Меѓународниот стандард за финансиско известување за мали и средни ентитети”

16

План за одржување

• Почетен сеопфатен преглед по две години искуство со примената

– Поправка на грешки, нејасност

– Разгледување на потребата од подобрувања како резултат на измените во МСФИ

• Понатаму еднаш на секои три години (приближно) збирен преглед на измени

17

План за одржување

Проценка на првите измени:– 2010 и 2011 први две години на искуство– 2012 почнува прегледот

– Проблеми во примената и измени во МСФИ– Покана за коментари 2012– Нацрт измени 2012 или 2013– Конечно усвојување 2013

– 2014 најран можен ефективен датум на примена на измените – Така да, 3 години “стабилна платформа”

18

Преводи

• Компленти или блиску до тоа:

• Кинески, Шпански, Италијански, Романски, Португалски

• Во тек:

• Арапски, Чешки, Француски, Јапонски, Српски, Турски

• Предложени или во дискусија:

• Ерменски, Македонски, Полски, Руски, Украински

19

Секција по секција

Следните слајдови ги потенцираат барањата на 35-те секции на МСФИ за МСЕ и клучните разлики со целината на МСФИ

• Станува збор за селективен избор• Не е комплетно резиме

20

Секција 1 Мали и средни ентитети

• Ги дефинира МСЕ како ентитети кои:– Немаат јавна одговорност, и– Публикуваат финансиски извештаи со

општа намена за екстерните корисници

• Котираните компании не смеат да ги користат, без оглед на тоа колку се мали

21

Секција 2 Концепти и принципи

• Цел: информации за финансиската позиција, успешност, парични текови– Исто ги покажува и резултатите на

менаџментот во управувањето со ресурсите

• Квалитативни карактеристики– релевантност, сигурност, итн

• Дефинира средства, обврски, главнина• Дефинира приход и расходи

22

Секција 2 Концепти и принципи

• Основни концепти за признавање • Основни концепти за мерење• Приоритетни принципи за признавање и

мерење– Водич за специфични прашања кои не се

адресирани во на друго место во МСФИ за МСЕ

• Концепти за профитот или загубата и вкупната сеопфатна добивка

• Принципи за пребивање

23

Секција 3 Презентација на финансиските извештаи

• Фер презентација: претпоставена ако се следи МСФИ за МСЕ (можна потреба од дополнителни обелоденувања)

• Наведете усогласеност со МСФИ за МСЕ само ако финансиските извештаи се целосно усогласени

• Споредбени податоци за најмалку една година

24

Секција 3 Презентација на финансиските извештаи

• Комплетен сет на финансиски извештаи:– Извештај за финансиската позиција– Или:

– Еден извештај за сеопфатната добивка

– Два извештаи: биланс на успех и извештај за сеопфатната добивка

– Извештај за промените во главнината– Извештај за паричните текови – Белешки

25

Секција 3 Презентација на финансиските извештаи 26

Еден Извештај за сеопфатната добивка:•Приход•Расходи - Финансиски трошоци - Д&З придружени ентитети и заед. потфати - Даночен расход - Прекинати операции•Профит или загуба•Ставки на друга сеопфатна добивка•Вкупна сеопфатна добивка

Два извештаи:Биланс на успехот:•Долна линија (ставка) е профит или загуба (лево)

Извештај за сеопфатната добивка: •Почнува со профит или загуба•Ставки на ДСД •Долната линија е Вкупна сеопфатна добивка

Секција 3 Презентација на финансиските извештаи

• Може да се презентира само биланс на успех (без извештај за сеопфатната добивка) ако нема ставки на друга сеопфатна добивка (ДСД)

• Ставки на ДСД според МСФИ за МСЕ се:– Некои курсни разлики– Некои промени во фер вредноста на

хеџинг инструменти– Некои актуарски добивки или загуби

27

Секција 4 Извештај за финансиската позиција

• Може и именување “биланс на состојба”• Тековна/нетековна поделба не се бара

ако ентитетот заклучи дека пристапот на ликвидност е подобар

• Некој минимум на линиски ставки• Некои ставки можат да се само белешки• Но редоследот, форматот, и насловите

не се пропишани

28

Секција 5 Извештај за сеопфатната добивка и Биланс на успехот

• Еден-извештај или два-извештаи пристап

• Мора да ги издвои прекинатите операции

• Мора да презентира “профит или загуба” подзбир ако ентитетот има ставки на друга сеопфатна добивка

29

IASB се согласи да го отфрли пристапот на два извештаи во целината на МСФИ

Секција 5 Извештај за сеопфатната добивка и Биланс на успехот

• Ако некој МСЕ презентира консолидирани финансиски извештаи:– Долната линија (Профит или загуба во

Билансот на успех и Вкупна сеопфатна добивка во Извештајот за сеопфатната добивка) е пред алоцирањето на овие износи на малцинските интереси и сопствениците на родителот

30

Секција 6 Извештај за промените во главнината

• Ги покажува сите промени вклучувајќи ги– Вкупната сеопфатна добивка– Вложувањата и повлекувањата на сопств.– Дивидендите– Трансакциите со сопствени акции

• Може да се испушти ако нема други влож. или повлек. на сопс. освен дивиденди– Наместо него: Биланс на успехот и

задржаните заработувачки

31

Секција 7 Извештај за паричните текови

• Сите МСЕ мораат да презентираат Извештај за паричните текови

• Опција да користат – Индиректен метод, или– Директен методЗа презентација на оперативните парични

текови

32

Секција 8 Белешки

• Обелоденување на основата за подготовка (МСФИ за МСЕ)

• Резиме на значајните сметководствени политики– Вклучувајќи информации за оценките и клучните

извори за проценка на неизвесноста

• Поткрепувачки информации за ставки во финансиските извештаи

• Други обелоденувања

33

МСФИ за МСЕ

Ова е крај на првиот дел.

Во вториот дел ќе направиме преглед на секциите 9 до 35.

34

Секција 9 Консолидација

• Консолидација се бара кога постои однос родител-подружница – два исклучока:– Подружницата била стекната со намера

да биде отуѓена во рамки на една година – Самиот родител е подружница и неговиот

родител (или краен родител) ги користи МСФИ или МСФИ за МСЕ

• Основа за консолидација: контрола

35

Секција 10 Сметководствени политики

• Ако МСФИ за МСЕ адресира некое прашање, мора да се следи МСФИ за МСЕ

• Ако МСФИ за МСЕ не адресира некое :– Избери политика која резултира во

најрелевантни и најсигурни информации

– Обиди се да најдеш аналогија со барањата на МСФИ за МСЕ

– Или користи ги основните концепти (секција 2)

– Може да се бара водич во целината на МСФИ – но не е задолжително

36

Секција 10 Сметководствени политики

• Промена во сметководствена политика:– Ако е пропишана, следи го транзициониот

водич како што е пропишано – Ако е доброволна, ретроспективно

• Промена во сметководствена проценка: проспективно

• Корекција на грешка од претходниот период: корекција за претходниот период ако е изводливо

37

Секција 11 Основни финансиски инструменти

• Суштински, Секцијата 11 е модел на амортизирани историски трошоци – Освен за инвестиции во главнината со

котирана цена или јасно определива фер вредност. За нив фер вредност преку Д&З.

• Опција да се следи МСС 39 наместо секциите 11 и 12– Дури и кога се следи МСС 39, обелодени

по Секцијата 11/12 (не според МСФИ 7)

38

Секција 11 Основни финансиски инструменти

• Опфатот на секцијата 11 вклучува:– Пари

– Банкарски сметки (орочени и по видување)

– Комерцијални записи (кои се држат)

– Побарувања и обврски(клиенти,заеми,меници)

– Обврзници и слични долговни инструменти

– Инвестиции во неконвертибилни преференцијални акции и неотповикливи обични и преференцијални акции

39

Секција 11 Основни финансиски инструменти

• Амортизиран трошок – метод на ефективна камата

• Мора да се тестираат сите инстр. водени по амортизиран трошок за обезвредн.

• Дозволено е укинување на обезвредн.• Водич за фер вредноста методот на

ефективна камата • Депризнавање

40

Секција 12 Комплексни финансиски инструменти

• Финансиските инструменти кои не се опфатени во Секцијата 11 се водат според фер вредноста низ Д&З. Ова вклучува:– инвестиции во конвертибилни и отповикливи

обични и преференцијални акции– Опции, форварди, свапови и други деривативи– Финансиски средства кои инаку би биле во Секц.

11 но имаат одредби кои можат да создадат добивка/загуба за имателот или издавачот

• Сметководство за хеџинг

41

Секција 13 Залихи

• Според трошокот, кој може да биде– Специфична идентификација за

специфичните ставки– ФИФО или пондериран просек за другите

• Обезвреднување (отпис до проценетата продажна цена намалена за трошоците на комплетирање и продажба)

42

Секција 14 Придружени ентитети

• Опција да се користи:– Трошочен модел (освен ако има јавна

котација тогаш мора да се користи моделот на фер вредност преку Д&З)

– Метод на главнината– Модел на фер вредност низ профитот

или загубата (ако е неизводливо, тогаш користи го трошокот)

43

Трошокот и ФВ модели не се дозволени според МСС 28

Секција 15 Заеднички потфати

• Опција да се користи:– Трошочен модел (освен ако има јавна котација

тогаш мора да се користи моделот на фер вредност преку Д&З)

– Метод на главнината – Модел на фер вредност низ профитот или

загубата (ако е неизводливо, тогаш користи го трошокот)

• Пропорционална консолидација е забранета

44

Трошокот и ФВ модели не се дозволени според МСС31.Пропорц. консолидација е дозволена според МСС 31.

Секција 16 Вложувања во недвижности

• Ако фер вредноста може веродостојно да биде измерена без непотребни трошоци или напори, користи ја Фер вредноста низ Д&З

• Инаку, вложувањето во недвижност мора да се третира како НПО со примена на Секцијата 17

45

МСС 40 е чист избор на сметководствена политика – или модел на амортиз. или ФВ

Секција 17 Недвижности, постројки и опрема

• Историски трошоци – само моделот амортизација-обезвреднување. Нема модел на ревалоризација.

• Секцијата 17 се применува на вложувања во недвижности ако фер вредноста не може да биде веродостојно измерена

• Секц. 17 се применува на имот чуван за продажба • Чувањето за продажба е индикатор за обезвредн.

46

МСС 16 дозволува ревалоризација преку главнината

МСФИ 5 бара одделен третман за нетековните средства кои се чуваат за продажба

Секција 17 Недвижности, постројки и опрема

• Компонентна амортизација само ако главните делови на некоја ставка на НПО имаат “значајно различни модели на трошење на економските користи”

• Прегледај ги корисниот век, резидуалната вредност, амортизационата стапка само ако постои значајна промена во средството или во начинот на неговото користење

• Обезвреднување & укинување – Секција 27

47

МСС 16 бара годишен преглед

Секција 18 Нематеријални средства без гудвил

• Не се признава интерно генерирано нематеријално средство

48

МСС 38 бара капитализација на трошоците за развој настанати по определувањето на комерцијалната проодност

Секција 18 Нематеријални средства без гудвил

• Амортизирај ги нематеријалните средства кои се одделно купени, стекнати во деловна комбинација, стекнати со грант, или по пат на размена за други средства

• Амортизација во текот на корисниот век. Ако не може да се процени корисниот век, користи 10 години

• Обезвреднување – следи ја Секцијата 27

49

Секција 19 Деловни комбинации и гудвил

• Куповен метод (метод на набавка)

• Амортизирај го гудвилот. Ако не може да се процени корисниот век, користи 10 години

• Обезвреднување и укинување – Секција 27

• Негативен гудвил – прво преоцени го оригиналното сметководство. Ако е тоа ok, веднаш одобри во Д&З

50

МСС 38 забранува амортизација на гудвилот

Секција 20 Наеми

• Класификација на финансиски и оперативен слична на МСС 17

• Мери го финансискиот наем според пониското од ФВ на интересот во изнајменото с-во и сегашната вредност на минималните плаќања за наемот

• За оперативни наеми, не мора праволиниско признавање на расходот ако плаќањата се структурирани да му ја компензираат општата инфлација на наемодавателот

51

МСС 17 бара праволиниско признавање.

Секција 21 Резервирања, неизвесни обврски и неизвесни средства

• Признај ако облигација која е резултат на минат настан и износот можат веродостојно да бидат проценети

• Обелодени (не признавај) неизвесна обврска• Мери според најдобрата проценка

– Голема популација – пресметка на пондериран просек

– Единствена облигација – прилагодување на најизвесниот износ

• Вклучува додаток со примери

52

Секција 22 Обврски и главнина

• Водич за класификација на инструмент како обврска или главнина– Инструмент е обврска ако од издавачот

може да се бара да плати пари

– Но, ако е отповиклив само при ликвидација тогаш тој е главнина

53

Секција 22 Обврски и главнина

• Секцијата 22 исто ги покрива:– Оригиналното издавање на акции и други

инструменти на главнината – Продажба на опции, права и варанти– Дивиденди и поделба на акции

54

Овие теми не се адресирани во целината на МСФИ

Секција 23 Приходи од редовни активности

• Истите принципи од МСС 18 и МСС 11– Добра: приходите се признаваат кога се

пренесени ризиците и наградите, продавачот не задржува вклученост, мерливост

– Услуги и договори за градба: Признавање според процентот на довршеност

• Принцип за мерење е фер вредноста на побаруваниот или примениот надомест

55

Секција 24 Државни поддршки

• Сите се мерат според фер вредноста на применото или побаруваното средство

• Признавање како приход:– Веднаш ако не постојат услови кои треба

да бидат исполнети

– Ако постојат, признај кога условите ќе бидат исполнети

56

МСС 20 дозволува широк опфат на методи за сметководство за државните поддршки

Секција 25 Трошоци за позајмување

• Сите се расход кога настанале• Нема капитализација

57

МСС 23 бара капитализација на трошоците за позајмување кои се однесуваат на средство во текот на изградбата

Секција 26 Плаќање врз основа на акции

• Мора да се признае• Мерење според фер вредноста ако е

изводливо• Ако е неизводливо да се определи фер

вредноста на опцијата или другиот одобрен инструмент, менаџментот би требало да ја користи својата проценка за примена на најсоосдветниот метод на вреднување

58

Секција 27 Обезвреднување на средства

• Залихи – отпиши до пониското од (1) трошокот и (2) продажната цена намалена за трошоците за комплетирање и продажба, ако е под сметков. вредност

• Други средства – отпиши до надоместливиот износ, ако е под сметководствената вредност

• Надоместлив износ е поголемото од (1) фер вредноста намалена за трошоците на продажбата и (2) употребната вредност

59

Секција 28 Користи за вработените

• За дефинирани планови за користи, користи го кредитниот метод на проектирана единица само доколку е изводлив без непотребни трошоци и напори. Ако не, следните упростувања:– Игнорирај го проценетото идно зголемување

на платите – Игнорирај ги идните услуги на тековно

вработените (претпостави затв. на планот)– Игнорирај ја можната стапка на морталитет

60

Овие упростувања не се во МСС 19

Секција 29 Данок на добивка

• Признај одложени даноци ако даночната обврска на средство или обврска е различна од неговата сметководствена вредност

• Даночната основа претпоставува надоместување преку продажба. (Ако капиталната добивка не се оданочува, нема одложен данок)

• Нема одложен данок на средство или обврска ако надоместувањето или подмирувањето на сметководствената вредност не се очекува да влијае врз оданочивиот профит

61

Секција 29 Данок на добивка

• Исклучок: Нема одложен данок на неисплатени заработки на странски подружници и ЗП

• Признај ги одложените даночни средства во целост, со исправка на вредноста

– Критериум е дека реализацијата е веројатна (повеќе веројатна, отколку не)

• Одложените даноци се нетековни

62

Моделот од оваа секција е истиот со IASB/FASB Март 2009 нацрт за данокот на добивка

Секција 30 Преведување на странски валути

• Пристапот за функционалната валута е сличен со оној на МСС 21

• Нема рециклирање на добивките или загубите од нето инвестициите во странски ентитети кои се почетно признаени во друга сеопфатна добивка

63

Секција 31 Хиперинфлација

• Ентитетот мора да подготви прилагодени финансиски извештаи (со општото ценовно ниво) кога неговата функционална валута е хиперинфлаторна– Приближно повеќе од 100% во текот на

три години

64

Секција 32 Настани по крајот на известувачкиот период

• Прилагоди ги финансиските извештаи за насатани по датумот на билансот на состојба кои обезбедуваат понатамошни докази за услови кои постоеле на крајот на известувачкиот период

• Не прилагодувај за настани или услови кои настанале по крајот на известувачкиот период

• Објавените дивиденди по крајот на периодот не се обврска

65

Секција 33 Обелоденувања за поврзаните страни

• Владините тела и агенции не се поврзани страни само поради нивното влијание врз ентитетот

• Обелоденување на надоместот на клучниот менаџмент само како еден број (тотал)

• Помалку обелоденувања за трансакции

66

Секција 34 Специјализирани активности

• Земјоделство – користи модел на историски трошоци освен доколку фер вредноста може јасно да се определи без непотребни трошоци и напори

• Нафта, гас и рударство – не се бара трошоците за истражување да бидат признаени како расход

67

Секција 35 Првично усвојување

• Подготви финансиски извештаи за тековната и претходната година со примена на МСФИ за МСЕ

• Постојат многу изземања за корекција на специфични ставки

• И општо изземање за неизводливост

68

Нема секции кои ги покриваат следните теми

• Известување по сегменти• Заработка по акција• Периодично известување• Средства чувани за продажба

69

Ви благодарам на вниманието 70

top related