cane t. mojanoski: metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: kniga i - 2012

34

Upload: skopsko-skopsko

Post on 22-Jul-2016

231 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012
Page 2: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - СКОПЈЕ

Цане Т. Мојаноски

МЕТОДОЛОГИЈА НА

БЕЗБЕДНОСНИТЕ НАУКИ

- ОСНОВИ -

КНИГА ПРВА

Факултет за безбедност - Скопје,

2012 година

Page 3: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Проф. д-р Цане Т. Мојаноски МЕТОДОЛОГИЈА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ НАУКИ - ОСНОВИ

Издавачи:

Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола Факултет за безбедност – Скопје П.Фах 103

www.fb.uklo.edu.mk За издавачите:

Проф. д-р Златко Жоглев, ректор Проф. д-р Јанко Јакимов, декан

Рецензенти: Проф.д-р Димитар Мирчев

Проф.д-р Пере Аслимоски

Лектура: д-р Жанет Ристоска

Коректура: Вангелина Мојаноска Компјутерска обработка на текстот: проф. д-р Цане Мојаноски

Корица: Кире Лазаревски

Печати: „Ван Гог“ - Скопје

Тираж: 300 примероци

Со Одлука на Деканатската управа на Факултетот за безбедност – Скопје, бр. 0201/6 од 27.01.2012 година, е одобрено да се

печати како основен универзитетски учебник.

Copyright© авторот

За контакт со авторот: [email protected]

Page 4: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

На синовите: ИГОР и ГОРАН, затоа што се иднината

Page 5: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Предговор

Ракописот што ѝ го предавам на јавноста е обид повеќегодиш-ната педагошка работа со студентите на Факултетот за безбедност и на

Педагошкиот факултет „Гоце Делчев“, (кој до 2007 година беше дел од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, а денес е дел од Уни-

верзитетот во Штип, кој го носи истото име), да ја вообличам во текст што ќе служи како учебна литература, пред сè за студентите, но и за сите оние на кои им е значајно или имаат интерес да се занимаваат со

научноистражувачка работа. Текстот ќе биде предаден во три дела:

првиот дел (објавен во оваа книга) се занимава со основите на методологијата и е со идеја да е вовед во прашањата и проблемите на истражувањето на безбедноста и безбедносните проблеми;

вториот дел се занимава со истражувачката постапка, со проек-тот и проектирањето, со процедурите и инструментите кои овозможува-

ат истражувањето да е организиран, ситематски и продуктивен процес на сознавање на новото; третиот дел се однесува на изборот на аналитичките постапки,

обработката и примената на истражувачките резултати, посебно на примената на определени квантитативни постапки и техники и користе-

њето на некои од современите софтверски решенија. Излагањето на материјата е така систематизирано, за да ја следи логиката на студискиот процес на Факултетот за безбедност во Скопје.

Првата книга е конципирана како проширен учебник за предметот „Методологија на истражување на безбедносните појави“ за студентите

од Првиот циклус на универзитетските (додипломски) студии. Втората книга е наменета за студентите од Вториот циклус на универзитетските (мастер) студии.

Третата книга е со идеја, заедно со определени теми од втората книга, да е наменета за студентите од Третиот циклус на универзитетс-

ките (докторски) студии. Сите три дела на оваа студија ја чинат нејзината целина. Ваквата концепција услови во првата книга да се задржиме на

основите на методологијата, пред сè на гносеолошките, епистемоло-шките и теориските проблеми, како и на воведувањето на корисникот

на книгата во основите на методологијата на безбедносните науки. Токму затоа, таа е обид да се проблематизира и да се понуди еден од

Page 6: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

II

можните одговори за концептот, предметот и методологијата на асфа-лиалогијата.

Оваа концепција на методологијата на безбедносните науки, спо-ред авторот, е обид да се отворат дел од прашањата, што се составен

дел на процесот на конституирањето на асфалиалогијата како наука, но и да се развива системот на безбедносните науки, што сè повеќе и по-нагласено го пробиваат патот во светот на науките. Ако тој обид пот-

тикне на размислување и барање одговори на некои од отворените пра-шања, тогаш, несомнено е дека е исполнет дел од очекувањaта. Да се

промислува и да се создава. Но би било нескромно и преамбициозно да зборуваме дека овде има одговор за сите „загатки“ на асфалиалогијата. Ова е само еден

обид. Затоа, со нетрпение ќе ги чекам одгласите, Сите неточности, не-доречености и слабости се мои, тие се израз на слабоста, но и на вре-

мето поминато, за да се одважам да го понудам текстот на критика на јавноста.

Скопје, 3.09.2011 година Авторот

И, на самиот крај, изразувам благодарност за поддршката на ова издание на раководниот тим на Факултетот за безбедност во Скопје, на

рецензентите проф. д-р Димитар Мирчев и проф. д-р Пере Аслимоски, на лекторката д-р Жанет Ристоска, за внимателното читање на текстот и на мојата животна сопатничка Вангелина Мојаноска, за коректорскиот

напор и поддршката во мојот професионален развој.

Скопје, 19.03.2012 година Авторот

Page 7: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

СОДРЖИНА

ГЛАВА ПРВА МЕТОДОЛОГИЈА И МЕТОД

Поимно-терминолошки карактеристики на методот ................................ 1 Поимот метод ................................................................................................ 1

Структура на методот ................................................................................... 5 Функции на методот ..................................................................................... 9

Називот и карактерот на методологијата на истражувањето на безбедносните појави.................................................................................. 11 Називот „методологија“ ............................................................................. 11

Поимот методологија .................................................................................. 12

ПРОТИВ МЕТОДОТ Методологија на асфалиалогијата ............................................................. 14 Предмет на методологијата ........................................................................ 15

Карактеристики на методологијата на асфалиалогијата ......................... 18 Методологијата на асфалиалогијата како критичка анализа на

безбедносната практика.............................................................................. 19 Методологијата на асфалиалогијата како научна процедура ................. 24 Методологијата на асфалиалогијата како метасознајна дисциплина .... 26

Цели на методологијата .............................................................................. 28

ГЛАВА ВТОРА ОДНОСОТ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА СПРЕМА ДРУГИТЕ НАУКИ

И НАУЧНИ ДИСЦИПЛИНИ

Односот меѓу методологијата и гносеологијата ...................................... 33

Односот помеѓу методологијата и епистемологијата ............................. 35 Односот меѓу методологијата и логиката................................................. 37 Каков е односот меѓу методологијата и науката? .................................... 39

Каков е односот на науката кон методологијата? .................................... 40 Методологијата и научната теорија .......................................................... 41

Методологијата и научната стратегија ..................................................... 42 Одност меѓу методологијата и методиката .............................................. 42 Научноистражувачко содржинско и методолошко знаење на научната

работа ........................................................................................................... 47

Page 8: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

II

ГЛАВА ТРЕТА

ОСНОВНИ МЕТОДОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ

Проблеми на истражувањето на методологијата ..................................... 53 Конститутивни елементи на методологијата како наука ........................ 53 Функции и класификации на методологијата .......................................... 56

Класификација на методологијата ............................................................ 60

ГЛАВА ЧЕТВРТА ОСНОВНИ СФАЌАЊА ЗА НАУЧНИОТ МЕТОД

Поимот парадигма, нормална наука и научните револуции................... 67 Основните парадигми во методологијата ................................................. 71

Позитивизмот и позитивистичкиот метод................................................ 71 Разбирање на човечките мотиви и методот на разбирање ...................... 85 Етнометодологија........................................................................................ 91

Херменевтиката и нејзиното значење во истражувањето на безбедносните појави.................................................................................. 94

Дијалектиката и дијалектичкиот метод .................................................... 99 Современи сфаќања за научниот метод .................................................. 100 Квантитативен и квалитативен приод..................................................... 103

Интегрален приод - метод на триангулација .......................................... 105

ГЛАВА ПЕТТА ПОИМОТ НАУКА

Карактеристики на поимот наука ............................................................ 115 Конститутивни елементи на науката ...................................................... 128

Односот меѓу струката и науката ............................................................ 131 Професионализмот и компетенциите на истражувачите ...................... 133

ГЛАВА ШЕСТА КАРАКТЕРИСТИКИ НА НАУЧНОТО СОЗНАНИЕ (ЗНАЕЊЕ)

Општост ..................................................................................................... 140 Објективност ............................................................................................. 141

Проверливост............................................................................................. 142 Прецизност ................................................................................................ 144

Систематичност......................................................................................... 145 Организираност ......................................................................................... 147 Вистинитост............................................................................................... 148

Page 9: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

III

Структура на научното знаење ................................................................ 153 Јазик на науката......................................................................................... 154

Поимен апарат на науката ........................................................................ 157 Научен закон.............................................................................................. 167

Научна теорија .......................................................................................... 169

ГЛАВА СЕДМА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПОЈАВИ

Безбедноста како предмет на истражување............................................ 183 Поимот наука за безбедноста (асфалиалогија) ...................................... 186

Што е асфалиалогија? ............................................................................... 186 Асфалиалогијата - наука или научна дисциплина ................................. 188

Проучување и истражување на безбедноста .......................................... 199 Меѓународната безбедност, предизвиците, ризиците и заканите како предмет на истражување .......................................................................... 201

Подрачје на интердисциплинарното истражување на асфалиалогијата......................................................................................... 206

Дисциплинарно истражување на асфалиалогијата ................................ 210

ГЛАВА ОСМА

БЕЗБЕДНОСНИ НАУКИ

Поимот науки за безбедноста (безбедносни науки) .............................. 215 Класификување на безбедносните науки ............................................... 224 Критериуми за класификација на безбедносните науки ....................... 227

ГЛАВА ДЕВЕТТА

ПОИМ, БИТНИ ОДРЕДБИ И КЛАСИФИКАЦИИ НА ПОИМОТ

ИСТРАЖУВАЊЕ

За значењето на изразот „научно истражување“ ................................... 237 Однос меѓу теоријата и истражувањето ................................................. 241

Класификација на научните истражувања .............................................. 242 Други видови истражувања ..................................................................... 263

Page 10: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

IV

ГЛАВА ДЕСЕТТА ПОИМ, УЛОГА И ФУНКЦИИ НА ПРОЕКТОТ НА

ИСТРАЖУВАЊЕТО

Истражувачки циклус и истражувачка постапка ................................... 271 Проект на истражувањето ........................................................................ 274 Идејна скица – идеен проект.................................................................... 276

Студиски проект – нацрт на научна замисла ......................................... 278 Формулација на проблемот ...................................................................... 281

Предмет на истражување ......................................................................... 283 Цел на истражувањето .............................................................................. 286 Хипотетична рамка - хипотези ................................................................ 286

Начин на истражување ............................................................................. 287 Научна и општествена оправданост........................................................ 287

ГЛАВА ЕДИНАЕСЕТТА ОСНОВНИ МЕТОДИ НА НАУЧНОТО МИСЛЕЊЕ И

ИСТРАЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ НАУКИ

Основни методи на научното мислење ................................................... 295 Посебни научни методи ........................................................................... 298

ГЛАВА ДВАНАЕСЕТТА ОПШТИ НАУЧНИ МЕТОДИ

Поимот општи методи .............................................................................. 327 Аксиоматски метод ................................................................................... 329

Хипотетично-дедуктивен метод .............................................................. 332 Догматски метод ....................................................................................... 334

Метод на моделирање............................................................................... 339 Историско - компаративен метод ............................................................ 344 Статистички метод.................................................................................... 349

Дескриптивен метод ................................................................................. 387 Каузален метод .......................................................................................... 388

Неекспериментална примена на каузалниот метод ............................... 389

ГЛАВА ТРИНАЕСЕТТА

МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Метод на студија на случај („case study“)............................................... 393 Метод на анализа на содржината на документите („content analysis“)..................................................................................... 397

Page 11: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

V

Метод на лични документи (биографски метод „животна историја“) ................................................ 401

ПОСТАПКИ ЗА СОБИРАЊЕ ЕМПИРИСКИ МАТЕРИЈАЛ ............... 405

Набљудување............................................................................................. 405 Испитување................................................................................................ 415 Интервју ..................................................................................................... 416

Анкета ........................................................................................................ 423 Тест и тестирање ....................................................................................... 431

Скалирање и скали на судови .................................................................. 433 Експеримент .............................................................................................. 435 Социометриски метод............................................................................... 442

Метод на проекција................................................................................... 445 Метод на накрсни култури („cross cultural method“) ............................. 446

Етнометодолошки начин на прибирање податоци ................................ 448

ГЛАВА ЧЕТИРИНАЕСЕТТА

ОБЛИЦИ НА СТУДЕНТСКО ИНТЕЛЕКТУАЛНО

МАЈСТОРСТВО

Индекс на автори....................................................................................... 471 Индекс на поими ....................................................................................... 475

Библиографија ........................................................................................... 485

Page 12: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

VI

Табели, слики, графикони

Преглед бр. 1. Ставови на авторите за структурата на методот ............... 9

Преглед бр. 2: Цели на изучување на методологијата на различни степени на студирање ................................................................................. 29

Венов дијаграм на Платоновата дефиниција на знаењето............................. 36 Шема бр.1 Визуелизација на знаењето ..................................................... 48 Слика бр.1 Видови .................................................................................... 107

триангулација ............................................................................................ 107 Слика бр.2. Односот наука-струка .......................................................... 132

Шема бр.2 Научна апаратура ................................................................... 164 Шема бр.3 Критериуми за класификација на безбедносните науки .... 228 Шема бр.4 Приказ на системот на безбедносните науки ...................... 234

Табела бр. 4 Споредба на фундаментално и применето општествено истражување .............................................................................................. 255

Шема бр. 5 Истражувачки циклус................................................................ 271 Шема бр.6 Глобалните активности во процесот на истражувањето.... 272 Шема бр.7 Структура на проектот на истражувањето .......................... 279

Преглед бр.4 Можни предмети во истражувањето на безбедносните науки - индикатори и предмет ................................................................. 290

Преглед бр.5 Видови податоци според предметот и методот на нивното собирање .................................................................................................... 291 Графикон бр.1

Преглед на пријавени, осомничени, ослободени ................................... 359 и осудени лица во периодот јануари-март ............................................. 359

Графикон бр. 2 Преглед на вработени според редовноста ................... 359 Графикон бр.3 Приходи по денови во неделата .............................................................. 359

Графикон бр.4 Преглед на сообраќајни прекршоци во периодот јануари-март........... 359

Табела бр. Осудени лицa според возраста во 2000 година ................... 362 Табела бр.1 Малолетни осудени лица во 1988 год., според возраста....................... 364

Табела бр.2 Полнолетни лица прогласени за виновни во 1988, според возраста ... 365

Табела .бр.3 Број на осудени лица според должината на казната затвор.................. 366 Табела бр. 4

Полнолетни лица (жени) прогласени за виновни според возраста во 1990 година ................................................................................................ 368

Page 13: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

VII

Табела бр. 5 Полнолетни лица прогласени за виновни во 1983 година .................... 373

Слика бр.3 Нормална крива ..................................................................... 377 Табела бр.6 Преглед на престапниците според староста и видот на

однесување................................................................................................. 379 Табела бр.7 Работници според возраста и работниот стаж ....................................... 381

Табела бр.8 Односот меѓу сообраќајните прекршоци и дисциплинските мерки во

една полициска станица (работна табела) ............................................. 383 Табела бр. 9 Пријавени лица во Р.Македонија 1989-1993 .......................................... 384

Табела бр.10 Пријавени, обвинети и осудени лица во Република Македонија во периодот 1989-1993 година (базни индекси) ............... 384

Табела бр.11 Пријавени, обвинети и осудени лица во Република Македонија во периодот 1989-1993 година (верижни индекси) .......... 385 Слика бр.4 Нумеричко прикажување на контактите во една

набљудувана група.................................................................................... 443 Слика бр.5 Пример за социограм – каков е степенот на контакти меѓу

членовите на групата ................................................................................ 444 Табела 12. Осудени полнолетни лица според групите нa кривични дела ...... 465 Слика бр.6 Од судница - оригинална ...................................................... 466

Слика бр.7 Природни и општествени појави – нејасна слика .............. 466

Page 14: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

ГЛАВА ПРВА

МЕТОДОЛОГИЈА И МЕТОД

Page 15: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012
Page 16: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Поимно-терминолошки карактеристики на методот

Поимот метод

Расправите за науката и нејзината методологија стануваат сè по-актуелни. За тоа значително придонесоа новите научни дисциплини и

новите истражувачки техники. Дојде до експанзија на компјутерската техника и информатиката. Голем дел од животот на сoвремената циви-лизација е организиран врз постигнувањата на науката и техниката. За

сето тоа значајно место има научната методологија. Затоа е неопходно да ги разгледаме: 1) поимот и предметот на методологијата, a потоа 2)

односот на методологијата спрема другите науки и 3) функциите и кла-сификациите на методологијата.

Но претходно би го поставиле прашањето што е метод?

Методот обично се сфаќа како начин на кој науката доаѓа до сознавање на предметот што го проучува, а методологијата е наука за методот.

Предметот, меѓутоа, објективно, не е потполно разграничен како таков од другите предмети со кои што е сврзан во единствена целина. Затоа, предметот на науката потполно се издвојува дури со нејзиниот метод.

Така, на пример, набљудувањето на едно човечко однесување, може да биде предмет на повеќе науки. Физиката ќе го проучува како движење

на извесното физичко тело, билогијата ќе го изучува како дејност на живото тело, психологијата ќе го испитува, да кажеме, како свесно од-несување, а социологијата ќе утврдува како тоа се поврзува со однесу-

вањето на друг човек во општествената појава. Начинот, односно аголот на набљудување на истиот предмет, на човечкото однесување,

начинот на кој за него нешто сознаваме го определува самиот предмет на проучување на одделни науки, т.е од сложениот предмет, како што е едно однесување, се издвојуваат одделни негови страни и елементи и го

чинат предметот на одделната наука. Затоа и се вели дека секоја наука е определeна со својот предмет и со својот метод1.

1 Методот во суштина е утврдена постапка или начин на истражување, (со анкета или

со експеримент) на еден мал проблем или на дел од проблемот, на некој хомоген

процес според содржината и структурата, докека, пак, НАУЧНИОТ МЕТОД е циклус

фаза која се користи за развој и доизградба на теоријата. Одделни фази во научниот

метод можат да се означат како: составување на хипотезата во однос на физичкиот

свет, формулирање на теоријата, собирање и оценување на податоците, констру-

ирање на математичките модели. Истражувачите размислуваат за физичкиот свет

кој може да се набљудува, или светот што послободно ќе го наречеме „стварност“.

Milorad K. Banjanin: Naucnoistraživačka metodologija, Dispublic, Beograd, 2006, стр. 1;

Page 17: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

2

Терминот метод (gr. methodos = пат, начин), воопште-

но речено, е планска постапка за постигнување на некоја цел на филозофско, на научно, или на практично подрачје. Тој се определува како востановен и смислен начин на извршување на некоја дејност.

Методите, т.е. патиштата на сознавањето се и начин на истражу-вање на определена наука. Методот е пат или начин за доаѓање до опре-

делени цели, пат до научното сознание. Дело кое има неспорен теорис-ки придонес во афирмацијата на методот е „Расправата за методот“ од Рене Декарт. Во него тој „го создал методот“ и тоа дело му овозможило

да ги „прошири знаењата“; потоа да ја „проучува вистината“, му обез-бедило на „правилен начин да управува со умот“. Во вториот дел,

Декарт ги изложил правилата на методот кон кои секој истражувач мора да се придржува.

Станува збор за следните четири правила на методот: првото

правило, да не се прифаќа ништо за вистинито без претходно да се има јасно и разбирливо сознание, односно да нема причина за сомне-

ние; второто правило е анализирање (раситнување) на проблемот, т.е. проблемот треба да се раситни на „онолку делови, колку што е тоа можно“, заради постигнување на „најдоброто решение“. Третото пра-

вило се однесува на логичното (правилното) управување со мислите од едноставни кон сложени процеси и предмети, а четвртото правило се

однесува на синтезата, т.е. на процесот на обединување на предметите и процесите, кон еден општ поглед, кон целината на појавата, односно предметот. За Декарт, методот треба да содржи целосни постапки од

прв ред, со што се дава „извесност на правилата“ на науката – односно, како што вели тој, на аритметиката. Во тој случај, јасно е задоволството

од методот, затоа што тој ја изразува гаранцијата дека во сè се служиме со „својот ум“, односно „ако не потполно, тогаш барем во најмала рака на најдобриот начин“1.

Со поимот постапка се означуваат однесувањата на истражува-чите во ракувањето и користењето на инструментите.

Како и во поголемиот број науки, така и во теоријата на науката не постои општа согласност за методот. Тој се подразбира како комп-лекс на меѓусебно поврзани, кохерентни, систематизирани постапки

кои заедно го чинат пристапот на предметот на науката и докажува-њето на научната вистина2.

1 Rene Descartes: Rasprava o metodi, Zagreb, Matica hrvatska 1951., стр..12, 22 и 23;

2 Подетално за методот на науката може да се виде во: Славомир Милосављевић и

Иван Радосављевић: Основи методологије политичких наука – треће измењено и

допуњено издање, Службени гласник, Београд, 2006, стр. 48-60; Ljubo Mićunović:

Savremeni leksikon stranih reči, KZNS Univerzitetska reč, Novi Sad, 1988, стр 347;

Page 18: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

3

Така, постојат сфаќања за научниот метод според кои тој се редуцира на определена теориска или емпириска постапка, на пример,

анализа, синтеза, набљудување и слично. Во тој счучај се зборува за метод на анализа, метод на синтеза итн. Но, исто така, под научен

метод се подразбира и целосниот пристап на истражување или, поедноставено - начинот на стекнување на научното сознание.

Oвие гледишта имаат слабости. Имено, првото сфаќање на мето-

дот не е прифатливо затоа што тој се сведува на теориска или емпирис-ка постапка. Второто сфаќање е поприфатливо, затоа што во потпол-

ност го одразува поимот. Методот не е само емпириска или теориска постапка, туку е комплекс и на едните и на другите и, се разбира, и пошироко од тоа. Toј e збир (мноштво) на научно верификувани созна-

нија, научно-теориски и практично проверенш правила и норми, мис-ловни и практични дејности, инструменти и постапки кои овозможу-

ваат пристап кон предметот на науката, укажуваат на патот на неговото истражување од различни аспекти и упатуваат на начинот на стекнување на новите научни сознанија и на нивното интегрирање

во единствена теорија на науката. Или, „методот е вкупност на планс-ките постапки кои го чинат патот, начинот на истражувањето, проверу-

вањето и докажувањето на научната вистина“1. Методот на науката има своја структура или содржина и функција.

Истакнавме дека со поимот метод, често се определуваат раз-

лични содржини, од оние според кои тој се сведува на целосен начин на сознавање на дејноста или дури процесите и случувањата, па сè до не-

гово сведување на постапка. Се случува, понекогаш да се врши замена на обликот и методот... затоа што во определени случаи обликот е во функција на методот, а во други методот е во функција на обликот.

За истражувачот, пак, е значајно дека доволно се разликува ме-тодот од техниката, техниката од постапката, постапката од инструмен-

Bogdan, Šešić: Osnovi metodologije društvenih nauka, Naučna knjiga, Beograd, 1978, стр.

1; Adplf Bibić, Pavao Novosel: Politička znanost - metode, Naprijed, Zagreb, 1971, стр.

435-438; Miroslav Pečujlić: Metodologija društvenih nauka, treće izdanje, Savremena admi-

nistracija, Beograd, 1989, стр. 137. и 159- 160; Радомир Лукић; Методологија права,

Научна књига, Београд 1983, стр 9-15; Slavomir Milosavljević: Istraživanje političkih

pojava, Institut za političke studije, Beograd, 1980, стр 158; Radovan Radinović: Metoda

ratne veštine, VIZ, Beograd, 1983, стр. 29-35; Novak Milošević: Metod i metodologija

ratne veštine, Sekcija za štampanje i umnožavanje OS „Maršal Tito”, Beograd, 1990. стр

28-32 и Група автори: Методологија ратне вештине, ЦВВШ, Београд, 1996, стр. 47-

64; 1 Bogdan Šešić: Osnovi metodologije društvenih nauka, Naučna knjiga, Beograd, 1978, стр.

1;

Page 19: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

4

тот. Притоа, предвид ги имаме само научните истражувања во кои се користат научните методи на сознавање.

Што сè спаѓа во научниот метод? Пред сè, мисловните дејства со чија помош научникот создава појдовна хипотетичка основа на сопственото истражување, анализирајќи го постојното научно знаење, откривајќи во него некои празнини, нерешени проблеми или извесни нови можности за меѓусебно поврзување на разните факти и теоретски ставови што сè уште не се согледани во определен меѓусебен однос... Тоа е првиот чекор во новото истражување, првата фаза на научниот метод. Во метод, потоа, спаѓа сè она што, тргнувајќи од таа основа, треба да се прави за да се набават потребните известувања за стварноста, врз основа на кои може да се испитува дали и во која мера појдовните претпоставки се оправдани, или со други зборови, сè што се презема во истражувањето за да се вгради и проанализира неговата искуствена евиденција. Тоа е вториот дел на методот... Потполно изведено истражување не се запира на оваа втора фаза... третата фаза на истражувањето се состои во настојувањето резултатите на истражувањето на што поактивен начин да се вклучат во постојниот фонд на знаења на науката... Значи, се гледа дека секое раз-виено истражување... е еден циклус... Целиот тој циклус треба да се реши со методот. Со своите логички и технички правила и хевристичките идеи, методот треба да овозможи пронаоѓање на што поадекватни решенија за разновидните истражувачки проблеми“1.

Научнот метод е предмет на методологијата. Методот „... е це-

лина - систем – комплекс на систематизирани, кохерентни, меѓусебно поврзани и условени, конзистентни, научно верификувани сознанија и теоретски и искуствено проверени правила, норми, критериуми и

мерила на мисловните и сетилно-практичните дејности и инструменти со чија примена се проверува и се развива постојното, односно се стек-

нува ново научно сознание“2. Методот на науката е „...начин или пат за

теоретско-практично стекнување, проверување и развиток на научното сознaние“3. Содржината на научниот метод е повеќестепена, континуи-

рана и усогласена. Во неа спаѓаат „...мисловните дејствија со чија по-

1 Види: Vojin Milić: Sociološki metod, Nolit, Beograd, 1975, стр. 22-23;

2 Иван Радосављевић, Хипотетичко-дедуктивна метода у истраживању политике,

Скупштина општине Горњи Милановац - Дечје новине, Горњи Милановац, 1996,

стр.7; и Slavomir Milosavljević: Istraživanje....цит. дело. стр158; 3 Bogdan Šešić: Osnovi metodologije... цит. дело. стр. 1;

Page 20: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

5

мош научникот создава појдовна хипотетичка основа на своето истра-жување... сè она што се презема во истражувањето за да се изгради и

проанализира неговата искуствена евиденција ...во настојувањето резу-лтатите на истражувањето да ги вклучува во постојниот фонд на знае-

њата на определена наука на што поактивен начин“1. Доследно на претходното определување, би можеле да конста-тираме дека научниот метод има три делови, кои се внатре структури-

рани: 1) логички дел, односно, логички правила, норми, критериуми на вистинитото мислења, (поимањето, судењето, заклучувањето, дефини-

рањето итн); 2) епистемолошкиот дел, кој содржи фундаментални соз-нанија на дадената наука, (основната теорија и категоријалниот, однос-но поимно-терминолошкиот апарат); 3) технички дел, кој ги содржи

сознанијата за техниките, постапките, инструментите и средствата кои се соодветни за истражување на предметот на дадената наука. Тие дело-

ви на методот претставуваат кохерентна целина, односно меѓусебно се поврзани и условени. Се разбира, без кој било од тие делови методот не е целосен, па оттаму, не е ниту употреблив во сознавањето на предме-

тот на науката. Според професорот Славомир Милосављевиќ, „ методот е це-

лина, комплекс на кохерентни, конзистентни, синтетизирани,

научно верификувани сознанија и научно-теоретски и практично

проверени правила и норми, мисловни и практични дејности и

инструменти, со кои се стекнува научно сознание или, поедноста-

вено, тоа е начин на стекнување на научно сознание“2.

Значи, под метод, во најопшта смисла на зборот, се подразбира начин на кој се доаѓа до сознание за предметот на проучување на оп-ределена наука. Научниот метод подразбира единство на а) логичките

начела и правила, б) теориски сознанија за стварноста, и в) практични дејства и технички средства што се применуваат во истражувачката

дејност.

Структура на методот Составни делови на методот, според дадената дефиниција, се:

Првиот, логички дел, кој ги опфаќа логичките правила и врз нив заснованите мисловни дејствија што се користат во постапката на

1 Vojin Milić, Sociološki metod, Nolit, Beograd, 1978, стр. 26;

2Slavomir Milosavljević: Istraživanje političkih pojava, Institut za političke studije, Beograd

1980, стр. 158; и Славомир Милосављевић и Иван Радосављевић: Основи методоло-

гије политичких наука – треће измењено и допуњено издање, Службени гласник,

Београд, 2006, стр. 48-50;

Page 21: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

6

научното сознание. Овој дел од методот е универзален, затоа што пос-тапката на научното сознание во сите науки се врши по востановени

фази и логички правила. Значи, станува збор за логичкиот дел, т.е, за правилата и нормите на вистинитото мислење како општи рамки и

насочувачи на интелектуалните процеси во стекнувањето на научното сознание.

Општиот методолошки пристап e најатрактивен и најзначаен дел

од методот. Тој e најблиску до теоријата и претставува интелектуално поаѓалиште на истражувачот. Тој е во непосредна врска со филозофија-

та и логиката и заради тоа одделни методолози го нарекуваат и логич-ки дел на методот.

Иако овој дел не е секогаш доволно видлив и отворено прокла-

миран, неговото влијание е особено силно. За разлика од теориските ставови со кои се соопштуваат определени сознанија, методолошкиот

пристап е само појдовна основа или онаа појдовна точка од каде истра-жувачот поаѓа во истражувањето што треба да се реализира. Тој во себе гo обединува тоа што е заедничко на секој метод на науката, a тоа e неј-

зиниот логички и епистемолошки елемент. Преку тие елементи, a и не-посредно, се стварува и врската со централниот дел на филозофијата

(историјата на филозофијата, етиката, естетиката...) и другите науки и научни дисциплини кои имаат битно влијание на формирањето на личноста на истражувачот и на неговиот поглед на истражување и

сознавање на вистината. Овде, пред сè, станува збор за патиштата и нормите на валидното и вистинитото мислење, без кои не може да се

пристапи во истражувањето на ниту една наука, потоа на сознанието за карактеристиките на предметот на истражување и фундаменталните сознанија за него, кои се содржани во научната теорија и, на крајот, на

вкупните сознанија на научниците и опкружувањето во кое одраснал и кој битно влијаел на сфаќањето на можностите и начините на сознава-

ње на вистината во науката1. Вториот, теориско-епистемолошкиот дел, кој често се нареку-

ва општ теориско-методолошки пристап, ги опфаќа претходните тео-

риски сознанија (теориската парадигма) за предметот кој се истражува, како и основните сознајни начела кои служат како ориентир и општ па-

токаз во истражувањето. Тоа не се конечни, туку претходни сознанија кои им помагаат на научниците да дојдат до нови, поегзактни и попло-доносни сознанија. Исто така, овој дел ги содржи и општонаучните

методи. По сето ова, можеме да констатираме дека овој дел од методот е специфичен и посебен за секоја наука, затоа што тој зависи од пред-

1 Славомир Милосављевић и Иван Радосављевић: Основи....цит. дело. стр. 48;

Page 22: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

7

метот кој го проучува определената наука. Дури, и во општествените науки, и покрај различното сфаќање на суштината на општествените

појави и нивната епистемолошка природа, сепак, се применуваат раз-лични теориско-методолошки пристапи.Значи, станува збор за еписте-

молошкиот, т.е., научно-теоретскиот дел во кој се содржани основните научно-теоретски поставки и фундаментални сознанија на определена наука, односно научна дисциплина, како и категоријално-поимниот и

терминолошки систем. Епистемолошкиoт, т.е. научно-теорискиот дел ги опфаќа осно-

вните научно-теориски поставки, фундаментални сознанија на една наука, категоријално-поимно-терминолошки систем и извесни стандар-дизирани и формализирани, но и проверени сознанија за истражувач-

киот процес. Истражувачкиот процес, без сомнение, зазема централно место

во овој дел од методот. Тој се состои од определени фази,кои во лите-ратурата се прикажуваат различно. Методологијата на асфалиалогијата признава три дела, a тоа се проектирањето, организирањето и реализи-

рањето на истражувањето и изработката на научните соопштенија.

Постапка и техника Кинеј ги диференцира постапките и техниките на истражувањето

од начинот на стекнувањето на знаења во некоја наука, т.е. методите во вистинска смисла на зборот. Под поимот постапка (procedures) може да се дефинира генералната форма или систем на операции во истражува-њето, тоа се статистички, експериментални, типолошки, историски и методот на студија на случај (case stady). Техниката на истражувањето, Кинеј ја дефинира како „специфично собирање на факти или манипула-тивна операција адаптирана на основната постапка“. Во техниките ги вбројува набљудувањето со учествување, индиректните интервјуа, анке-тите, Гутмановата скала итн1.

Третиот дел на научниот метод, кој често се нарекува техника на истражувањето, го чинат методите и техниките што се користат во истражувачката практика. Тука спаѓаат, во прв ред, методите, постап-

ките и инструментите со чија помош се собира искуствената граѓа, се средува, се обработува, се анализиара, се споредува, се обработува и се

соопштува како нов резултат. Некои од тие методи и постaпки се универзални, се применуваат во сите науки, додека други се специфич-ни, сообразени на специфичноста на појавата која се истражува. Асфа-

1 Slavomir Milosavljević: Istraživanje....цит. дело, стр.158;

Page 23: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

8

лиалогијата како наука во својата истражувачка практика се користи со научните методи што се применуваат во општествените и во природни-

те науки, како што, на пример, се набљудувањето, експериментирање-то, мерењето, статистичките постапки и друго. Станува збор за методс-

ко-техничкиот дел чии содржини се научно и практично проверени соз-нанија за начините на истражување, техниките на примена со кои тие начини (методи) се користат во истражувачката практика.

Методите на разните науки и научни дисциплини користат исти техники на истражување. Со поимот техника на истражувањето ја озна-

чуваме единствената, целисходна и функционална целина на инстру-ментите (научните и техничките средства) и постапките што се корис-тат во собирањето на податоци. Така, на пример, во рамките на испи-

тувањето, како начин на собирање на податоците се користат техниките интервју, анкета и тест.

Инструментите се средства што непосредно се користат во соби-рањето на податоци. Некои од нив се научни, други се технички. Така, на пример, при користењето на анкетата инструмент е анкетниот пра-

шалник, кој ни служи за поставување на прашања и како образец за евидентирање на одговорите. Паралелно со нив може да се користат и

технички инструменти за евидентирање на одговорите - на пример, маг-нетофонот. Ако во анкетата е вграден некој научен инструмент за мере-ње - на пример, скала за мерење на интензитетот - можно е истовремено

да се користи техничка направа која ќе се појави како помошно, како дополнително или како корективно средство1.

Методолошко-техничкиот дел ги опфаќа сите емпириски созна-нија, некои општи научни методи методите на решавање на оператив-ните проблеми, техниките, инструментите, начинот на собирање на

податоците и начинот на истражување воопшто. Овој дел во мето-долошката литература, засега, е најдобро обработен.

Но, кога станува збор за структурата на методот, во литературата постојат нијaнси околу описот на деловите на методот. Нивното терми-нолошко определување различно се толкува, но суштински разлики

скоро и да нема. Тоа може да се види и од приказот во Прегледот бр.1.

1 Ibidem, стр. 163; Слични гледишта можат да се најдат и кај: Славомир Милосавље-

вић, Иван Радосављевић: Основи методологије.... цит. дело, стр.48-54; Момчило

Сакан: Методологија.... цит. дело, стр.51-55, Dževad Termiz: Metodologija... цит. дело,

стр. 20-21; Новак Милошевић, Саша Милојевић: Основи методологије... цит. дело,

стр.10-11; Ванче Стојчев: Методологија... цит. дело, стр. 24-25;

Page 24: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

9

Преглед бр. 1. Ставови на авторите за структурата на методот на науката1

Ред.

број

Автор Структура на методот

1 2 3

1

Мирослав

Печујлиќ

Општ методолошки

пристап на проширу-

вање на хори-

зонтот

Постапака на

истражување

Технички

методи

2

Радомир Лукиќ

Постапка како се

доаѓа до сознание

Знаење за

предметот

Средствата со чија

помош може да се

сознае предметот

3

Славомир

Милосављевиќ

Логички дел Епистемолошк

и, т.е научно-

теориски дел

Методско -

технички дел

4

Радован

Радиновиќ

Општ пристап на

истражување на пред-

метот на науката

Методолошка

постапка

Методолошко-

технички дел

5

Новак Милошевиќ

Општ пристап на

истражување

(дијалектички метод)

Методско-

технички дел

Од анализата на приказот може да се констатира дека структурата

на методот на науката ја сочинуваат: општиот методолошки пристап на истражување, епистемолошкиот, т.е научно-теорискиот дел и методолошко-техничкиот дел.

Функции на методот

Функциите на методот се двовалентни. Тие се: однесуваат на: а) откривање на новото и б) верификација на новооткриеното знаење.

Функцијата на методот во откривањето на новото (дотогаш непознато или недоволно познато) значи да се воспостави врска меѓу она што во науката е откриено и до извесен степен потврдено со тоа

што дотогаш било непознато, недоволно објаснето, откриено или не-познато. Во тој процес на поврзување, истражувачите воочуваат нови

факти, поточно односите меѓу нив, правилностите во манифестирањето

1 Преземено од книгата на Момчило Сакан: Методологија војних наука; Војно-

издавачки завод, Београд, стр. 53; Новак Милошевић, Саша Милојевић: Основи

методологије... цит. дело, стр.11;

Page 25: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

10

и однесувањето на појавите и процесите и ја пополнуваат сликата за предметот што го истражуваат1.

Алберт Ајнштајн

Религиозноста на науката Тешко дека ќе најдете меѓу подлабоките научни умови некој без своевидно религиозно чувство. Но тоа чувство се разликува од религиозноста на наивниот човек. За наивниот човек Бог е едно суштество во чијашто грижа тој ги полага своите надежи и од чија казна тој се плаши; едно сублимирано чувство слично на односот на детето кон родителот; едно суштество спрема кое тој е речиси во некој личен однос, без оглед колку е полн со почитување кон него. Спротивно на тоа, научникот поседува чувство на универзална причинска поврзаност. Иднината за него не е помалку нужна и определена отколку минатото. Во моралноста нема ништо божествено, тоа е сосема човечка работа. Неговата религиозност се состои во заносен восхит кон хармонијата на закономерноста во природата, хармонија во која се разоткрива една надмоќна разумност во споредба со која целокупното мислење и дејствување на луѓето е наполно ништожен одблесок. Ова чувство е водечки принцип на неговиот живот и работа, a во онаа мера во која е во состојба да се справува со оковите на себичните желби. Несомнено дека ова чувство е блиско на она што го поседувале религиските гении на сите времиња2.

Функцијата на методот во верификација на новооткриеното најчесто се огледа во тоа што со неа се обезбедува откриеното, односно

новоткриеното да се поврзува со стварноста. На тој начин, всушност, методот e оној „мост“ со чијашто помош се реализира спојувањето на

постојното со новото знаење. За таа цел се разработени и се прилагоде-ни цели групи методи, техники и инструменти со чијашто помош ѝ се пристапува на емпириската граѓа за таа да се среди, систематизира,

табелира, анализира, компарира, интерпретира, воопшти и во вид на заклучоци, да ѝ се презентира на јавноста3.

1 Тодор Пеливанов: Методологија на политичките и правните истражувања ,

Студентски збор, 2003, стр. 5-15; Лилјана Баткоска: Методологија на научното

истражување, Факултет за туризам и угостителство, Охрид 2006, 7-15; 2 Алберт Ајнштајн: Мојата слика на светот; Види: Благоја Велјаноски, Драган

Јакимовски: Филозофија на науката; Филозофски факултет, Скопје 2003, стр. 240; 3 Bogdan Šešić: Osnovi metodologije... цит. дело. стр. 12; Bogdan Šešić, Opšta ... цит.

дело, стр.12; Момчило Сакан: Методологија.... цит. дело, стр.115-116;

Page 26: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

11

Називот и карактерот на методологијата на истражува-њето на безбедносните појави

Називот „методологија“

Изразот „методологија“ е одомаќинет во секојдневната комуни-

кација. Тој се користи во различни пригоди и со различни значења. Со овој термин се означуваат многу нешта, како на пример: збир на постапки, методи, определена процедура или некоја планска и органи-

зирана активност, односно нешто што потсетува на усогласена, органи-зирана, логична активност итн. Така, се среќаваме со изразите „методо-

логија на изработка на завршна сметка“, „методологија на планирање-то“, „методологија на изработка на распоред на работата“, „методологи-ја на изработка ѕиден весник“, „методологија на донесување одлука“,

„методологија на извршување на операција“, „методологија на трудот“, „методологија на истражувањето“ итн. Во овие случаи терминот мето-

дологија има значење на збир на постапки, начин на работата, постап-ност во решавањето на некои проблеми итн. Таквата употреба на изра-зот „методологија“ создава погрешна слика и несоодветна употреба на

поимот методологија.

Терминот „методологија“ е сложенка составена од два дела:

„“, односно „methodos“ и „logia“ (. Кореност на овој термин е во латинскиот metodus, односно грчкиот methodos, што во

суштина значи начин на работа, начин на мислење, начин на истапува-ње итн. Станува збор за планско, организирано и систематско постапу-вање во работата насочено кон подобри резултати. Терминот „logos“

() означува поим, причина, учење, збор, знаење, наука. Taка, со поимот методологија се означува науката за методот, со „асфалиалоги-

ја“ науката за безбедноста, социологијата е наука за општеството, зоологијата означува наука за животинскиот свет, климатологијата е

наука за климата, криминологијата е наука за криминалитетот итн1.

1 Терминот МЕТОДОЛОГИЈА е сложенка од два изворни збора: метод (или изворно

на грчки јазик metodos , а на латински methodus, што означаваат постапка, систем,

ред, смислен и плански ред. истражување, начин на разбирање и дејствување) и logos

што буквално значи мисла, учење, наука за методот, наука за смислената и планска

постапка при работата-истражувањето, додека на грчки, поимот logos значи збор, ум,

разум, мисла, разгледување. Milorad Banjanin: Naucnoistraživačka.... цит.дело, стр. 1;

Page 27: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

12

Поимот методологија

Во најширока смисла, методологијата се разгледува како систем од

принципи и активности за организацијата и изградувањето на теоретс-ката и практичната дејност, но исто така, и како учење за тој систем.

Исто така, методологијата - e и учење за методите на научното сознание и преобразување на светот. Во современата литература под методоло-гија се поразбира, пред сè, методологија на научното сознание, т.е уче-

ње за принципите на изградување, за формите и начините на научно-сознајната дејност. Методологијата на науката ги овозоможува каракте-

ристиките и компонентите на научното истражување – неговиот објект, предмет на анализата, задачите на истражувањето, севкупноста од ист-ражувачките средства неопходни за решавање на целите и задачите1.

Кога се зборува за методoт, се мисли на методoт на наукaтa, „кон пос-тојаното трагање за вистината, како што пишуваат Коен и Нејгел.

Односно, „кон постојаното поставување на прашањата: Дали е така? Во која мерка е така?, Зошто е така?“2. Иако е тешко да се даде прецизна дефиниција, науката, најчесто се определува како систематизиран и

уреден збир на сознанија за некоја област на појави, a методот на нау-ката се определува како вкупност на плански постапки што заедно

чинат пат, начин на истражување, систематизирање, практично прове-рување и докажување на вистината.

Од досега изложеното, произлегува дека методологијата е наука за

методот, односно за методите, а методологијата на асфалиалогијата и на безбедносните науки во целина – е наука за методите на истражува-ње на безбедноста. Меѓутоа, терминот методологија има и едно друго

значење, иако тоа помалку се употребува, a истовремено и не одговара на вистинското етимолошко значење во смисла на претходно споме-

натото значење. Во тоа друго значење, таа означува збир на методи (кои се употребуваат во некоја наука, односно некоја друга дисциплина). Ние овде ќе jа употребуваме, пред сè, во нејзиното прво, вистинско зна-

чење - наука за методите3.

1 Георги Бижков и Володар Кралевски: Методология и методика педагогических

иследования, Аскони-издат, София-Москва; стр. 12; 2 Moris Koen i Emest Nejgel, Uvod u logiku i naučni metod; Zavod za udžbenike i nastavna

sredstva; Beograd, 1965, стр. 214; 3 Радомир Лукић: Методологија права, Научна књига, Београд, 1983, стр. 3-8; Dž

Termiz: Metodologija, društvenih nauka, Šahinpašič, Sarajevo, 2003, стр. 18-28; Новак

Милошевић, Саша Милојевић: Основи методологије безбедносних наука; Полицијска

академија, Београд, 2001, стр. 37-44; Ванче Стојчев: Методологија на воените науки ,

Воена Академија „Генерал Михајло Апостолски”, Скопје, 2004; стр. 63-69; Vojin

Milić: Sociološki metod, Nolit, Beograd, 1978, стр. 15-38; Славомир Милосављевић,

Page 28: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

13

Пол Фаерабенд ПРОТИВ МЕТОДОТ

Науката е многу поблиска до митот отколку што нaучната филозофија е подготвена тоа дa го признае. Taa е една од многуте форми на мислење што чове-кот ги развил, но не е нужно најдобрата. Taa е впечатлива, бучна и дрска, но имa вродена супериорност само за оние кои веќе донеле одлука во полза на одредена идеологија или кои веќе ја прифатиле без воопшто да ги испитаат нејзините предности и нејзините ограничувања. A бидејќи прифаќањето и отфрлањето на идеологиите треба да ѝ се препушти на индивидуата, произлегува дека по-делбата меѓу државата и црквата мора да се надополни со поделба меѓу држава-та и науката, таа најнова, најагресивна и најдогматска религиска институција. Таквата поделба може да биде нашата единствена шанса да дојдеме до човеч-носта за која сме способии, но која никогаш целосно не сме ја оствариле. Идејата дека науката може и треба да се развива според фиксни и универ-зални правила е и нереална и штетна. Taa е нереална затоа што премногу ги поедноставува дарбите на луѓето и околностите кои го поттикнуваат или го при-чинуваат нејзиниот развој. Штетна е затоа што обидот со сила да ги наметне правилата нужно доведува до зголемување на нашите професионални квалифи-кации на сметка на нашата човечност. Освен тоа, идејата е погубна за науката, затоа што ги занемарува сложените физички и историски услови кои влијаат врз промената на науката. Taa ja прави нашата наука помалку приспособлива и по-догматска: секое методолошко правило е поврзано со одредени космолошки претпоставки, така што при употреба на правилата ние без поговор прифаќаме дека претпоставките се коректни. Наивниот фалсификационизам беспоговорно прифаќа дека природните закони се манифестираат, односно дека не лежат скриени зад поголемите промени. Емпиризмот, без поговор, прифаќа дека сетил-ното искуство е подобро огледало на светот од чистата мисла. Величењето на аргументацијата без поговор прифаќа дека вештините на Разумот даваат подоб-ри резултати од неконтролираната игра на нашите емоции. Таквите претпостав-ки можат да бидат совршено уверливи, пa дури и точни. Сепак, одвреме навреме би требало да ги проверуваме. Ставајќи ги на тест, ние не ја користиме методоло-гијата што е поврзана со нив и започнуваме да се занимаваме со наука на еден многу поинаков начин и гледаме што се случува"1.

Иван Радосављевић: Основи методологије политичких наука , Службени гласник,

Београд, 2006, стр. 33-42; Dušan, M. Savičević: Metodologija istraživanja u vaspitanju i

obrazovanju, Učiteljski fakultet Vranje, Vranje, 1996, стр. 23-32;Момчило Сакан: Мето-

дологија војних наука, Војноиздавачки завод, Београд, 2006, стр. 104-127; Тодор

Пеливанов: Методологија на политичките и правните истражувања , Студентски

збор, 2003, стр. 5-75; Лилјана Баткоска: Методологија на научното истражување,

Факултет за туризам и угостителство, Охрид 2006, 7-15; 1 Пол Фаерабенд: Против методот: Види: Благоја Велјаноски, Драган Јакимовски:

Филозофија на.... стр. 18;

Page 29: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

14

Методологија на асфалиалогијата

Овај труд доби назив Методологија на истражување на асфали-

алогијата (asfalia- безбедност; logia-наука). Вообичаено е и очекува-но трудот да се наречеше Методологија на истражување на безбеднос-

ните појави, не само заради тоа што таков назив носи Предметната програма, туку и заради дебатите околу тоа што е безбедносната наука

(асфалиалогијата),односно безбедносните науки. Безбедноста e сложена појава. Човекот во секојдневниот живот на

различни начини доаѓа со безбедноста, односно особено се сложени ак-

тивностите на тој план. За да се занимаваме со безбедносна активност, таа, како и секоја друга активност е условена од потребата за определе-

ни средства, начини, патишта – методи на безбедносно постапување. За да се биде успешен во занимавањето со безбедносните активности, тре-ба да се располага со особени, специфични знаења за предметот и мето-

дите што се применуваат при проучувањето на предметот на науката. Така доаѓаме до методологијата како наука за методите. Ако сакаме во

таквата наука за методите да ги опфатиме сите методи што се употребу-ваат при секое занимавање со активност од безбедносен карактер или безбедносна активност, тогаш логично е таквата дисциплина и така да

се нарече – методологија на асфалиалогијата или на безбедносните нау-ки.

Ако ја наречеме методологија на безбедносните науки, односно методологија на асфалиалогијата, тогаш таа би се ограничила само на оној начин на занимавање со безбедносни активности кои се нарекуваат

наука. Но, покрај научното занимавање со безбедноста, луѓето се зани-маваат со безбедносни активности и на други начини. Така, покрај нау-

ката за безбедноста (асфалиалогијата), на која примарна цел ѝ е созна-вањето на безбедноста, се развила и филозофијата на безбедноста, со иста цел (се разбира, со поинакви методи). Ако сакаме да ги проучиме

истовремено двата вида сознанија на безбедноста - и на науката и на филозофијата, односно нивните методи, тогаш e јасно дека називот ме-

тодологија на безбедносните науки е претесен за таа цел, туку е основа за едно пошироко сознание. Затоа во безбедносните науки се развиваат мноштво дисциплини со називот методика во која се операционализи-

раат стекнатите научни, стручни и технички знаења и вештини 1.

1 Методија Ангелески: Криминалистичка методика, Прв приватен универзитет ФОН,

Скопје, 2008; Томе Батковски: Разузнавачка и контраразузнавачка тактика; Јофи-

скен; Скопје 2008; Марјан Котески и Марјан Николовски: Методика на истражување

на општиот криминалитет; Факултет за безбедност; Скопје 2008;

Page 30: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

15

Но, ќе се согласиме дека луѓето со безбедност не се занимаваат са-мо заради тоа да ја сознаат, теориски, контемплативно. Тие многу ак-

тивно се занимаваат со безбедноста и практично. Tој практичен начин на занимавање со безбедноста има два вида. Еден e создавање на без-

бедноста која сè уште не постои; а вториот е остварувањето (приме-ната) на безбедноста која e создадена. Дури меѓу овие два практични начини на занимавање со безбедноста се јавува сознанието за безбед-

носта, кое му служи на неговото остварување, што значи дека и овде теоријата не е само цел, туку таа ѝ служи на практиката. Според тоа,

потребно e да се изучат и методите на таквото практично занимавање со безбедноста, т.е методите на создавањето и остварувањето на безбед-носта. Дури тогаш, можеме да зборуваме дека се опфатени сите методи

на занимавањето со безбедноста. A дисциплината која тие методи ги проучува треба, доследно, да се нарече методологија на истражување на

безбедноста или поточно методологија на истражување на безбед-носните појави. Токму заради тоа и нашата предметна програма се нарекува така. Таа има две функции. Идните стручни и научни работни-

ци да ги воведе во сферата на постојано промислување и конституира-ње на новите научни сознанија, но и методи со кои се доаѓа до нив.

Предмет на методологијата

Науката и нејзината методологија се тесно поврзани и меѓусебно

условени. Методот е конститутивен елемент на науката. Методологија-

та е наука која го проучува научниот метод. Таа е наука „...чиј главен предмет е изучувањето на методите на научното сознание. Задачата на методологијата е да ги открие, опише и објасни методите на научното

сознание, т.е. да ги покаже и објасни начините за доаѓање до научни сознанија“1.

Kaкo што веќе истакнавме, методологијата за истражување на без-бедносните науки ги изучува методите што се употребуваат при зани-мавањето со безбедноста, односно безбедносните активности, било тео-

риски – сознајно, или пак, како практична дејност. Меѓутоа, јасно e де-ка сознајните методи се различни, најчесто и особено различни од прак-

1 Bogdan Šešić: Osnovi metodologije... цит. дело, стр.1; Новак Милошевић, Саша

Милојевић: Основи методологије... цит. дело, стр.10-11; Vojin Milić: Sociološki…. цит.

дело, стр.16; Славомир Милосављевић, Иван Радосављевић : Основи методологије....

цит. дело, стр.33; Момчило Сакан: Методологија.... цит. дело, стр.106; Dževad Termiz:

Metodologija... цит. дело, стр.23; Dušan M. Savičević: Metodologija... цит. дело, стр.17;

Ванче Стојчев: Методологија... цит. дело, стр.63; Тодор Пеливанов: Методологија...

цит. дело, стр.3; Лилјана Баткоска: Методологија..... цит. дело, стр.7;

Page 31: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

16

тичните методи. Затоа, во определена смисла, и методите кои ги изучу-ва методологијата на асфалиалогијата, до некоја мера се разликуваат, a

тоа, ќе се согласите, претставува една од тешкотиите за нејзината изг-радба како наука за сите методи, како сознајни, така и практични. Пос-

ледицата на тоа е тоа што таа, од така различните методи има многу малку можност да каже што е општо за нив, та затоа нејзиниот општ дел е релативно мал во однос на посебниот дел, онoј дел кој ги проучу-

ва различните методи, сознајните и практичните. Токму тоа е и основа за издвојување на методологијата на созна-

вањето на безбедносните појави како посебна наука (асфалиалогија), различна од методиката на практичното занимавање со безбедноста (овој вид на занимавање, најчесто се нарекува тактика и техника на без-

бедносната активност, a методите што тие ги користат, имајќи го пред-вид нивниот назив, се нарекуват тактички и технички методи, или

постапки во безбедносните активности). Треба да се има предвид и фактот дека методите на сознавање на

безбедносните појави меѓу себе, исто така, особено се разликуваат, без

разлика дали притоа станува збор за филозофски или за научни методи. Токму тој факт, може да се користи како причина за посебно проучува-

ње на методите на научното сознавање на безбедноста и да се зборува и за посебна наука – методологија на асфалиалогијата, односно безбед-носните науки. Кон ваквата определба придонесува и тоа што во разво-

јот на високошколските и научни институции најмногу се афирмираат методите на безбедносните (осoбено криминалистичките) науки, a

многу помалку или воопшто методите на филозофијата на безбедноста и безбедноснaта техника. Денес, сè повеќе се зборува за безбедносни (а, некаде и за мировни) студии, на тој начин избегнувајќи ја потребата од

објаснување на заснованоста на науката и методологијата на асфалиа-логијата.

Сепак, поаѓајќи од гореизнесените причини се чини дека е логично да се обидеме да ја образложиме науката (или научната дисциплина) која ќе ги изучава сите методи, сознајни и технички, со цел да се созда-

де и изгради методологија на безбедноста, односно безбедносните нау-ки. Toа e потребно, a и корисно, затоа што на тој начин се придонесува

кон продлабочување на познавањето на односните методи. Методологијата се занимава со сите делови и функции на науч-

ниот метод, со постојано настојување да ги унапреди, односно да им ја

зголеми сознајната моќ. Методологијата е свртена кон дејствената стра-на на науката и го оценува и систематизира истражувачкото искуство

на дадената наука. Покрај тоа, примарна функција на методологијата „...се состои во логично-епистемолошката критика на целокупната нау-чноистражувачка практика во сите нејзини логички, технички, орга-

Page 32: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

17

низациски и стратегиски аспекти“1. Таа настојува, покрај методот, техниката, постапката, инструментите и средствата на истражувањето,

да го опфати вкупниот научен систем, т.е „... начинот на кој се средени научните знаења и научно значајните претпоставки“2. Нејзината задача

е да се занимава со стратегијата на науката. Таа настојува да ги пронао-ѓа целисходните начини и средства, како и соодветните организациони форми за остварување на стратегијата на науката на која ѝ служи. Зара-

ди тоа, методологијата мора да го следи теоретскиот фонд на науката, методолошките сознанија од претходните истражувања и, на крајот,

сознанијата од посебните методолошки (мета) истражувања.

ОПШТ ПРИСТАП Општиот пристап е мисловна точка на набљудување и ана-

лиза од која се гледа одредено поле или област на научните проб -леми кои се издвојуваат од останатите со цел теоретски да се објаснат. Теоретскиот систем или ореиентација, доколку теоријата не е доволно ситематизирана, е определен, како повеќе или помал-ку поврзан збир на општи принципи со кои се настојува да се објас-нат елементите и односите во рамките на определено поле на тео -ретското набљудување. (стр. 20);

Општиот пристап е мисловна претпоставка, а од ниту една перспектива не се гледа предметот во целина. (стр. 21).

Општиот пристап се состои во тоа што теоретските ставови претставуваат содржински искази (оригинален резултат што ни соопштува некои сознанија за објективниот свет)

Методолошкиот пристап е упатство за истражување -пат по кој се стигнува до плодоносно сознание. Тоа не е готов резултат.

Методолошка постапка е всушност, одредeна активност; фази низ кои минува истражувањето и кои се некој вид „гаранција“ за релативната објективност и вистинитост на сознанието.

Постапката содржи и дел на логиката, ги формулира усло-вите на вистинското сознание како што се: начин на формирање на поимите и анализа; структура на научното објаснение3.

Само оној истражувач кој има соодветни знаења од оваа об-

ласт може да се впушти во научно истражување, да примени соод-

1 Vojin Milić: Sociološki…. цит. дело, стр. 17-18;

2 Ibidem… стр. 18;

3 Mihajlo Popović: “Problemi društvene strukture” Kultura; Beograd 1967; стр.15-34;

Page 33: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Цане T. Мојаноски

18

ветни средства и патишта во истражувањето, во него да внесе

нешто свое и да ги соопшти и објасни постапките и средствата

кои биле употребени во истражувањето1. Ова е постапка која е од посебна важност, бидејќи резултатот на кое било истражување не може

да се земе за вистина ако не постојат начини да се провери. Научните резултати не ќе можат да бидат применети во непосредната практика доколку не постои определен процент на сигурност во нивните твр-

дења. Секогаш во науката треба да се остави простор за проверка на научните резултати од страна на независни стручни лица за да може тие

резултати да се прифатат и да станат општо добро. Тоа е едната страна на проблемот. Другата е во тоа што на овој начин полесно се решава проблемот на пренесувањето на методолошките искуства преку нивно

воопштување и систематизирање.

Карактеристики на методологијата на асфалиалогијата

Методологијата е применета логика. Таа ги проучува и ги разви-ва логичките основи на научното сознание, на истражувачките постап-

ки и средства што ги применува науката во своите истражувања и со чија помош ги открива новите сознанија. Таа го проучува методот на истражувањето, проверувањето и докажувањето на вистината за некоја

наука2, односно на асфалиалогијата. Општоприфатено е дека целта на секоја наука е да собира факти,

да ги опишува, да ги класификува, да ги дефинира, да ги мери, да експе-риментира, да воопштува, да објаснува, да предвидува, да контролира и да вреднува3.

Според општоста, методологијата се дели на општа, методологи-ја на посебни науки (природните, општествените, хуманистичките) и на

одделна наука, односно науки. Методологијата на асфалиалогијата е дел на општествените нау-

ки. Но, бидејќи определени безбедносни сознанија се поврзани и со

природните и со хуманистичките науки, можеме да констатираме дека таа ги црпи сознанијата и обезбедува услови за триангулација на прис-

тапите, односно, градење на комплексна научна методологија. Како и кај општата методологија, така и кај методологијата на асфалиалогијата предметот на теориското интересирање се изразува преку повеќе функ-

ции, и тоа а) критичка анализа на безбедносната теорија и практика и б)

1 Тодор Пеливанов: Методологија на истражување на правните и политичките

појави; Правен факултет; Скопје; 1994; стр. 3-21; 2 Јонче Јосифовски и Митко Илиевски; Просветно дело; Скопје 1974; стр.11;

3 Ванче Стојчев: Методологија.... цит. дело, стр. 72;

Page 34: Cane T. Mojanoski: Metodologija na bezbednnite nauki-osnovi: Kniga I - 2012

Методологија на безбедносните науки - основи

19

понуда на оптимална научна процедура (истражувачка постапка): збир на постапки, техники, инструменти за планирање, opгaнизирање и реа-

лизирање на истражувачката постапка. Дефинирањето на поимот методологија е тесно поврзан со соод-

ветна елаборација на утврдените функции. Затоа ни се чини дека расп-равата за методологијата на асфалиалогијата е тесно поврзана со расп-равата за предметот на асфалиалогијата.

Методологијата на асфалиалогијата како критичка анализа

на безбедносната практика

Расправата за безбедносната наука (асфалиалогијата)1 или за без-

бедносните науки е актуелна. Таа, како посебна наука е во раната фаза

од развојот, но, целокупната научна практика во областа на безбедноста има долга историја и е тесно поврзана со човекот и неговиот цивилиза-

циски развиток, особено со историјата на државата и државното уреду-вање2.

Прво, носителите на асфалиaолошките гледишта, преку дебати

со научниците од другите науки, треба да го одредат (омеѓат) оној дел од стварноста што не го истражува ниту една друга наука. Така асфали-

aлогијата ќе ја означи домената, предметот на истражување – безбед-носта. Да се одреди еден дел од вистината за предмет на истражување на одредена наука значи: да се именува тоа подрачје (безбедноста); да

се одредат подрачјата на соседните дисциплини со научната дисципли-на асфалиалогија, јасно да се разграничат подрачјата и науките што ја истражуваат безбедноста; да се издвојат оние димензии, аспекти или

карактеристики на безбедноста што не се покриени со истражувачката практика и со научниот интерес на ниту една друга наука и да се имену-

1 Во опција е и друг поим „секјуритологија”, изведен од англискиот (латинскиот)

поим security (безбедност, обезбедување,) и старогрчкиот „logia“ наука. 2 Во Република Македонија асфалиологијата, како наука и безбедноста, како научно

подрачје се развиваат на неколку високошколски институции. Најстара институција

беше Факултетот за безбедност и општествена самозаштита формиран во 1977 година,

укинат со Закон во 1995 година. Потоа Полициската академија , формирана во 2003

година и нејзиниот правен наследник Факултетот за безбедност, формиран во 2008

година. Денес ова научно подрачје се проучува на Факултетот за безбедност

(студиската програма за криминалистика), на Филозофскиот факултет – Институтот за

безбедност, одбрана и мир на Универзитетот „Св. Крил и Методиј”, на Универзитетот

ФОН-студиската програма за безбедност и детективи, на Првиот привaтен европски

универзитет-студиската програма за криминалистика. Исто така, најавени се студиски

програми на вториот циклус на универзитетски студии на Југоисточниот европски

универзитет во Тетово. Соодветен придонес дава и Воената академија „Генерал

Михајло Апостолски”, формирана во 1995 година, а реактивирана во 2009 година.