instrument za predpristapna pomos

25
Република Македонија Влада на Република Македонија СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА СЕКТОР ЗА КООРДИНАЦИЈА НА ЕУ ФОНДОВИ И ДРУГА СТРАНСКА ПОМОШ ИНСТРУМЕНТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ (ИПА) - факти, статус, поставеност - 1

Upload: bodan-maksimovski

Post on 14-Apr-2015

29 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: Instrument Za Predpristapna Pomos

Република Македонија

Влада на Република МакедонијаСЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА

СЕКТОР ЗА КООРДИНАЦИЈА НА ЕУ ФОНДОВИ И ДРУГА СТРАНСКА ПОМОШ

ИНСТРУМЕНТ ЗА ПРЕТПРИСТАПНА ПОМОШ (ИПА)- факти, статус, поставеност -

Скопје, јули 2009

1

Page 2: Instrument Za Predpristapna Pomos

СОДРЖИНА

ВОВЕД......................................................................................................................................................3

Придобивки за Република Македонија..............................................................................................4

Финансиски показатели.....................................................................................................................5

СТАТУС НА РЕАЛИЗАЦИЈА............................................................................................................6

Компонента за Помош за транзиција и Институционална надградба.......................................6

Компонента за прекугранична соработка.......................................................................................8

Компонентата за регионален развој..............................................................................................11

Компонентата за развој на човечки ресурси................................................................................12

Компонентата за рурален развој....................................................................................................13

ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ (НАЦИОНАЛЕН СИСТЕМ И DIS)........................................15

Децентрализиран систем за спроведување на фондовите на ЕУ(ДИС)....................................15

Целосен децентрализиран систем за управување со ЕУ фондови..............................................16

ИПА МОНИТОРИНГ.........................................................................................................................18

2

Page 3: Instrument Za Predpristapna Pomos

ВОВЕД

Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија стартува со примена на 01.01.2007 година, следејќи ја временската рамка на новата Финансиска перспектива на ЕУ (2007 – 2013)1. ИПА ги заменува тековните програми CARDS (за земјите од Западен Балкан) и ISPA, PHARE и SARARD (за земјите кандидати), чие времетраење е ограничено со постојната Финансиска перспектива т.е. до крајот на 2006 година.

Новиот ИПА инструмент се воведува со цел полесно управување со помошта од страна на Европската Унија (наместо 4, се воведува 1). Сепак, тоа не значи дека сите земји кориснички ќе имаат ист третман → диференцијацијата е обезбедена со различниот пристап за различна категорија на земји до компонентите на ИПА (потенцијални кандидати и кандидати за членство).

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е сочинета од следниве 5 компоненти:

Компонента за Помош за транзиција и Институционална надградба ќе ги покрие сите активности околу институционална надградба и инвестициите поврзани со acquis communautaire; ќе им помага на земјите кориснички на помошта да го изградат својот административен и судски капацитет; и ќе ги адресира, во рамките на предпристапниот контекст, сите мерки за соработка кои не се покриени со другите компоненти. Оваа компонента ќе го покрие учеството на земјите кориснички во Програмите и Агенциите на Заедницата што може да се смета како мерка за институционална надградба sui generis, бидејќи ќе овозможи основање на неопходните административни структури и користи за населението дури и пред пристапувањето.

Компонента за прекугранична соработка ќе ги подржува прекуграничните активности помеѓу земјите кориснички и земјите членки, како и ќе обезбеди учество – онаму каде што е соодветно – на земјите кандидати/потенцијални кандидати транснационалните и интеррегионалните програми за соработка на Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) и/или во поморските програми на Инструментот за европско соседство и партнерство (ENPI). Ваквата помош ќе поттикне соработка која има за цел да ја негува стабилноста, безбедноста и просперитетот што е заеднички интерес за засегнатите земји, како и охрабрување на нивниот хармоничен, избалансиран и одржлив развој.

Компонентата за регионален развој ќе овозможи пристап на земјите кандидати за членство и ќе ги копира, до максимална можна мерка, Европскиот фонд за регионален развој (ERDF) и Кохезиониот фонд, со што ќе им овозможи на земјите кориснички да се приближат до практиките на Структурните фондови почитувајќи ги притоа правилата за Надворешна помош.

Компонента за развој на човечки ресурси, достапна за земјите кандидати за членство, ќе им помогне во програмирањето, имплементацијата и

1 Повеќегодишен буџет

3

Page 4: Instrument Za Predpristapna Pomos

управувањето со Европскиот социјален фонд, во рамките на Европската стратегија за вработување. Оттука целите на оваа компонента ќе бидат фокусирани на социјалната инклузија, образованието и обуката (доживотно учење), активен пазар на трудот и еднаквоста на мажите и жените.

Компонентата за рурален развој ќе им помогне на земјите кандидати за членство да се подготват за програмите на ЕУ за рурален развој, односно управување и имплементирање на Заедничката земјоделска политика на Заедницата, преку имплементирање на предпристапната помош низ системи кои ќе бидат слични на оние кои се неопходни за имплементација на помошта по пристапување.

Придобивки за Република Македонија

Статусот земја кандидат на Република Македонија ќе и овозможи користење на сите пет компоненти на новиот инструмент ИПА. Со предходниот статус, фондовите за инфраструктура и земјоделие, кои најмногу се очекува да придонесат во економскиот развој, ќе беа сеуште недостапни за нас.

Структурата на новиот инструмент ИПА во целост соодветствува со реформските, а особено со потребите на економскиот развој на Република Македонија, како земја – кандидат за членство.

„Видливоста“ на новите фондови за граѓаните на Република Македонија, согласно искуствата на поранешните кандидати, во голема мерка ќе ја надмине онаа на досегашната CARDS програма, наменета, пред се, за институционален развој.

Досегашниот систем на имплементација на ЕУ помошта (програмата CARDS) во Република Македонија претпоставуваше целосен ангажман на Европската агенција за реконструкција во сите фази.2 Статусот на земја кандидат и можноста за користење на сите пет компоненти од новиот ИПА за Македонија, подразбира и соодветна промена во системот на имплементација на помошта.

Статусот на земја кандидат носи и нов, децентрализиран систем за имплементација на ЕУ помошта3, со кој Македонија ќе добие поголема вклученост во сите фази на нејзината реализација, почнувајќи од програмирањето т.е. дефинирањето на приоритетните потреби и проекти, преку подготовката на проектната документација, изборот на изведувачот на проектот, па се до мониторингот на неговата реализација и подготовката на извештаите.

Стаусот земја кандидат и воведувањето на новиот децентрализиран систем на имплементација, ќе и овозможи на Република Македонија →

2 Индиректен централизиран систем на управување 3 Во фаза на воведување

4

Page 5: Instrument Za Predpristapna Pomos

- Поблиско и посоодветно адресирање на сопствените приоритети и потреби, чија реализација треба да се поддржи со неповратни средства од ЕУ

- Унапредување на постапките и механизмите за реализација на проектите т.е. на помошта во целина, преку целосна вклученост на компетентен домашен кадар

- Развој на национални капацитети за идно користење, како земја членка, на структурните и кохезионите фондови на ЕУ

Финансиски показатели

Во делот на финансиските показатели, нето финансискиот ефект од добивањето на статусот кандидат се мери со цифра од 100 милиони евра, на име зголемување на поддршката се следните три години

во милиони евра

Компонента I II III IV V Вкупно

Период

2007 41.6 4.2 7.4 3.2 2.1 58.5

2008 39.9 5.3 12.3 6.0 6.7 70.2

2009 38.1 5.6 20.8 7.1 10.2 81.8

2010 36,3 5,7 29,4 8,4 12,5 92,3

2011 34,5 5,8 35 9,4 14 98,7

2012 32,9 5,9 39,4 10,5 16,9 105,8

Вкупно 190,4 26,6 104,9 34,1 45,5 507.3

5

Page 6: Instrument Za Predpristapna Pomos

СТАТУС НА РЕАЛИЗАЦИЈА

Компонента за Помош за транзиција и Институционална надградба

Помошта од ЕУ преку оваа компонента е всушност помош за градење на капацитетите на институциите и поддршка за исполнување на критериумите поврзани со усвојувањето на законодавството на ЕУ. Истата претставува и фонд со кој ќе се покриваат мерки од компонентите 3,4 и 5, а воедно, преку оваа компонента се поддржува учеството на РМ во програмите и агенциите на заедницата.

Финансиската помош од оваа компонента ќе ги поддржува следните главни области на интервенција:

- Добро раководење и владеење на правото- Економски развој и социјална кохезија- Способност за преземање на обврските за членство во ЕУ- Поддршка за подготвување програми и учество во програмите на

заедницата.

Програмирањето за Компонента 1 се одвива на годишно ниво и досега се завршени процесите на програмирање за ИПА 2007, ИПА 2008 и ИПА 2009.

Во рамките на Програмата за 2007, како проектни фишеа влегоа следните:

Приоритетна оска 1: Добро владеење и владеење на правотоПроект 1.1.Реформи во јавната администрацијаПроект 1.2 Реформи во полицијаПроект 1.2 Управување со ЕУ фондовиПроект 1.4 Административно судство

Приоритетна оска 2: Економски развој и социјална кохезијаПроект 2.1: Локална инфраструктураПроект 2.2: Образование*

Приоритетна оска 3: Acquis implementationПроект 3.1: Регулаторни тела и агенцииПроект 3.2: Даночни реформиПроект 3.3: Државен завод за статистикаПроект 3.4: Царинска управа*Проект 3.5: Нуклеарна безбедност*

Приоритетна оска 4: Поддршка во подготовка на проекти и учество во Програмите и Агенциите на ЗаедницатаПроект 4.1: Поддршка во подготовка на проектиПроект 4.2: Програмите и Агенциите на Заедницата

6

Page 7: Instrument Za Predpristapna Pomos

По однос на погоре наведените проектни фишеа, потребно е да се истакне дека започнат е процесот на имплементација за проектите: Реформи во полиција, Државен завод за статистика и Поддршка во подготовка на проекти.

Процесот на програмирање на ИПА Компонента 1 за 2008 година резултираше со следните проектни фишеа:

Приоритетна оска 1. Политички критериумиПроект 1.1 Поддршка на ДИС структуратаПроект 1.2.Поддршка на фискаланата децентрализација - ПИФЦПроект 1. 2 .Поддршка на реформите во судството Проект 1. 3 Гранично управување Проект 1. 4 .Демократија и основни права Проект 1.5. Граѓанско општество

Приоритетна оска 2: Економска и социјална кохезијаПроект 2. 1.Економски развој – регулаторни тела - МАПАСПроект 2. 2. БАС/ТАМ со ЕБРДПроект 2.3. ТЕМПУС*

Приоритетна оска 3: Способност за преземање на обврските од членството во ЕУПроект 3. 1.Слободно движење на стокиПроект 3. 2.Јавни набавкиПроект 3. 3 Зајакнување на капацитетите на Царинската администрацијаПроект 3. 4.Земјоделство и рурален развојПроект 3. 5.Ветеринарна политикаПроект 3. 7.Животна срединаПроект 3. 8.Нуклеарна безбедност*

Приоритетна оска 4: Програми за поддршкаПроект 4. 1.Програма за подготовка на проектиПроект 4. 2.Учество во Програми и Агенции на Заедницата – влезни билети

Моментален статус: Финансиската спогодба за ИПА компонента 1 за 2008 се потпиша на 23.02.2009 година.

Процесот на програмирање на ИПА Компонента 1 за 2009 година резултираше со следните проектни фишеа:

Приоритетна оска 1. Политички критериумиПроект 1.1. Поддршка на имплементацијата на реформата во Кривично правниот системПроект 1.2. Интегрирано гранично управувањеПроект 1.3. Градење на капацитетите на органите со посебни овластувања за соодветен третман на притворените и осудени лицаПроект 1.4. Поддршка на националната полиција и кривично правната реформаПроект 1.5. Активен граѓански секторПроект 1.6. Градење на ефикасна и демократска локална власт

7

Page 8: Instrument Za Predpristapna Pomos

Проект 1.7.Техничка помош на Агенцијата за државни службеници и јакнење на имплементацијата на националниот систем за координирање на тренинзиПроект 1.8. Реставрација на културно туристичкото место Св. Ѓорѓи – Старо Нагоричане

Приоритетна оска 2: Економска и социјална кохезија

Проект 2.1. Јакнење на капацитетот на Министерството за финансии – Сектор за макроекономијаПроект 2.2. Оценка на потребите на НБРМ во процесот на пристап кон Европската Централна Банка и Европскиот систем на централни банкиПроект 2.3. Поддршка на Државниот завод за статистика Проект 2.4. Поддршка на Комисијата за заштита од конкуренција во поглед контрола на државната помош

Приоритетна оска 3: Способност за преземање на обврските од членството во ЕУПроект 3.1. Јакнење на административните капацитети на регулаторните власти од областа на телекомуникациите и медиумите за ефикасно регулирање на новите дигитални и повеќе наменски сервисиПроект 3.1. Институционална надградба на административните капациитети за имплементација на земјоделската плитика и политиката за рурален развојПроект 3.3. Јакнење на капацитетите на компетентните тела за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политикаПроект 3.4. Зајакнување на административните и оперативни капацитети на државниот транспортен инспекторатПроект 3.5 Јакнење на административните капацитети на Секторот за енергетика при Министерството за економија и Агенцијата за енергетикаПроект 3.6 Јакнење на административните капацитети за апроксимација и имплементација на Легислативата за животна средина во областите на управување со води и заштита на природатаПроект 3.7 Јакнење на капацитетите на Царинската УправаПроект 3.8. Јакнење на системот за безбедност на крв

Приоритетна оска 4: Програми за поддршка

Проект 4.1. Учество во Програмите и Агенциите на заедницатаПроект 4.2. Програма за подготовка на проекти

Во тек се подготвителни активност за програмирање на ИПА компонента 1 за 2010.

Компонента за прекугранична соработка

Основна цел на компонентата за прекугранична соработка, согласно ИПА регулативата, имплементирачките правила и МИПД е да ја негува стабилноста, безбедноста и просперитетот што е заеднички интерес за засегнатите земји и да го охрабри прекуграничниот хармоничен, избалансиран и одржлив развој.

8

Page 9: Instrument Za Predpristapna Pomos

Поспецифичните цели вклучуваат: промоција на одржлив економски и социјален развој во граничните области; заедничко работење за адресирање на заедничките предизвици во областите: животна средина, природно и културно наследство, јавно здравство како и превенција и борба против организираниот криминал; обезбедување на ефикасни и безбедни граници и промоција на заеднички помали акции кои ги вклучуваат локалните актери од прекуграничните региони.

Република Македонија и Република БугаријаВо однос на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, двете земји изготвија Оперативна програма со приоритети за соработка меѓу двете земји за периодот 2007-2013.

Специфични цели на програмата се: забрзување на одржливиот економски развој во прекуграничниот регион, промоција на социјалната кохезија и прекугранична соработка, и развивање на привлечноста и квалитетот на живот во прекуграничната област.

Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Ќустендил, а подрачната канцеларија е во Струмица.

Во пограничниот регион учествуваат Југо-источен, Северо-источен и Источен регион на македонска страна и округот на Благоевград и Ќустендил на бугарска страна.

Последен статус: ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија беше усвоена од страна на ЕК на 14.12.2007. Финансискиот договор е потпишан на 13 октомври 2008 година во Крива Паланка и е за првите три години од имплементацијата на програмата. Првиот Заеднички комитет за следење на програмата се одржа на 13 март 2008 година во Ќустендил, а вториот на 23 февруари 2009 година во Струмица на кој се усвои Апликацискиот пакет за објавување на првиот повик. Најавено беше првиот повик да се објави на 30 март 2009 година, но истиот е стопиран од Брисел се додека не се донесе одлука за подобноста на апликантите.

Република Македонија и Република ГрцијаВо однос на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција, РМ и РГ изготвија Оперативна програма која ги постави приоритетите за соработка меѓу двете земји за периодот на програмирање 2007-2013.

Специфични цели на програмата се: економски развој на пограничните региони; унапредување на инфраструктурата за туризам и транспорт, како и подобрувања на животната средина; активности од луѓето за луѓето, ширење на информации/техничка помош.

9

Page 10: Instrument Za Predpristapna Pomos

Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Солун, а подрачна канцеларија има во Битола.

Во пограничниот регион се вклучени Пелагонискиот, Вардарскиот, Југо-источниот и Југо-западниот регион на македонска страна и регионите на Лерин, Пела, Серес и Солун на грчка страна.

Последен статус: ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција е одобрена од страна на Европската комисија на 05 септември 2008 година. Финансиската спогодба за програмата за 2007 година е потпишана на 31 декември 2008 година во Скопје. Република Македонија го дефинираше составот на Заедничкиот комитет за следење чиј прв состанок одржан на 29 април 2009 година.

Република Македонија и Република АлбанијаВо однос на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија, РМ и РА изготвија Оперативна програма која ги постави приоритетите за соработка меѓу двете земји за периодот на програмирање 2007-2013.

Специфични цели на програмата се:

- заштита, промоција и управување со животната средина; - унапредување на пограничната инфраструктура (финализација на

пограничните премини); - акција луѓе за луѓе; - техничка помош/размена на информации.

Заедничкиот технички секретаријат е лоциран во Струга а подрачната канцеларија е во Елбасан.

Во пограничниот регион се вклучени Пелагонискиот, Југо-западниот и Полошкиот регион на македонска страна и регионите на Дибер, Корча и Елбасан со на албанска страна.

Последен статус: ИПА програмата за прекугранична соработка со Албанија беше усвоена на 10.12.2007. Финансискиот договор беше потпишан на 28 март 2008 година. Првиот Заеднички комитет за следење на програмата се одржa на 20 јуни 2008г. во Струга. Република Македонија кадрово го екипираше Заедничкиот технички секретаријат во Струга.

Северна границаВо однос на северната граница, средствата за прекугранична соработка со северната граница за 2007 година се преалоцирани во програмата со Албанија. Средствата за 2008 се додадени кон компонента 1 – фишето за интегрирано гранично управување. Средствата за 2009 се додадени кон компонента 1 – фишето за реставрирање на црквата СВ. Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Веднаш по целосното созревање на условите за програмирање на Оперативна Програма за

10

Page 11: Instrument Za Predpristapna Pomos

северната граница, Република Македонија ќе пристапи кон програмирање на ОП, со цел целата територија на РМ да е вклучена во ИПА прекугранична соработка.

Транснационална Програма за Југоисточна ЕвропаВо однос на транснационалната Програма за Југоисточна Европа, изготвена е и одобрена Оперативната програма за транснационална соработка на Југо-Источна Европа 2007-2013. Програмата е дирекно продолжение на INTERREG III B CADSES.

Транснационалната програма главно се фокусира на следните подрачја: Иновации; Животна средина; Пристапност; Одржлив урбан развој.

Во рамките на глобалната цел на Програмата ќе се развиваат транснационални партнерства за работи од стратешка важност заради подобрувањето на процесот на територијалната, економската и социјалната интеграција, и да се придонесе за кохезија, стабилност и конкурентност.

Последен статус: РМ го искажа својот интерес за учество во Транснационалната програма за Југоисточна Европа. Средствата за 2007 година изнесуваат 453 020 евра. Првиот повик за проектни предлози се распиша и беше отворен од 05 мај 2008г. до 13 јуни 2008 година.

Компонентата за регионален развој

Компонентата се поддржува преку 40.5 милиони евра за период 2007-2009. Средствата ќе се искористат за четири приоритетни оски: 2 големи инфраструктурни проекти (Коридор 10 делница Демир Капија - Смоквица и Пречистителна станица за отпадни води во Прилеп); подготовка на проекти во делот на железницата (Студија за изводливост за модернизација на железницата) и техничка помош за подготовка на проекти.

Реализацијата на овие два проекти е значајна не само од аспект на искористување на средствата во ИПА Финансиската рамка 2007 – 2009, туку за потврда на капацитетите на Владата да реализира крупни инвестициски проекти, финансирани од ИПА (само за 2010, за инвестиции се предвидени 30 милиони евра) но и други донатори и меѓународни финансиски институции.

Послеgен статус: Во тек е подготовка на ревидирани ИПА Апликација за големиот проект за Доизградба на Коридорот Х. Ревидираната ИПА Апликација за вториот голем проект – Изградба на Пречистителна станица во Прилеп е доставена до ЕК. Започнат е процес на дополнување на ОП 2007 – 2009, со новите финансиски алокации за 2010 и 2011.

11

Page 12: Instrument Za Predpristapna Pomos

Компонентата за развој на човечки ресурси

Компонентата 4 се фокусира на три приоритетни области: вработување, образование и обука и социјална вклученост

Целта е да се привлечат и задржат повеќе лица во работен однос, да се модернизира системот за социјална заштита, да се зголемат инвестициите во човечкиот капитал за да се оствари поголем раст, креирање на подобри работни места и да се зголеми национална конкурентност на меѓународно ниво.

Приоритетните оски и мерки се следните:

- Приоритетната оска 1: Вработување: Привлекување и задржување на повеќе лица во работен однос со

Мерка 1.1. Понатамошен развој на Агенцијата за вработување и подобрување на условите за вработување,

Мерка 1.2. Поддршка на спроведувањето на Стратегијата за вработување и на НАП-от за вработување,

Мерка 1.3. Интегрирање на младите невработени, жените и подолго невработените лица на пазарот на труд,

Мерка 1.4. Намалување на неформалната економија преку изнаоѓање на начини за нејзина легализација;

- Приоритетна оска 2: Образование и Обука- Инвестирање во човечки капитал преку подобро образование и вештини со

Мерка 2.1. Модернизација на образовните системи и системите за обука,Мерка 2.2. Овозможување на достапност до квалитетно образование за

етничките заедници и Мерка 2.3. Развивање на образованието за возрасни и доживотно учење.

- Приоритетна оска 3: Социјално вклучување- Промовирање на инклузивен пазар на труд со

Мерка 3.1. Поддршка на процесот на социјална вклученост на ранливите групи на населението и изолираните зони,

Мерка 3.2. Интегрирање на малцинствата и Мерка 3.3. Јакнење на релевантните чинители.

- Техничка помош

Со цел поуспешна реализација на предвидените активности и постигнување на саканите и предвидените цели, ефикасно следење, евалуација, администрирање на проектите и информирање, предвидени се средства кои ќе се користат за техничка помош на сите вклучени институции во овој процес. Воедно оваа помош има за цел обучување и подготовка на нашите национални институции

12

Page 13: Instrument Za Predpristapna Pomos

што поефикасно да ги користат средствата кои ќе стојат на располагање на нашата земја преку Европскиот социјален фонд. Послеgен статус: Од страна на СЕП на 27 септември финалната верзија од Оперативната програма за Компонента 4 беше доставена на усвојување до Европската Комисија. Истата беше усвоена на ИПА Комитет на 24 октомври додека на 7 декември целосно усвоена од страна на Советот на ЕК.

На 26 февруари 2008 година прв неформален Секторски Комитет за следење на Оперативната програма за компонента 4, Развој на човечки ресурси. На 12 декември 2008 се одржа вториот Секторски Комитет за следење на Оперативната програма за развој на човечки ресурси.

Компонентата за рурален развој

Владата на Република Македонија иницијално ги определи следниве сектори како приоритети кои ќе бидат поддржани со ИПА-РД:

- месо и млеко,- овошје и зеленчук и- грозје и вино.

Приоритетна Оска 1-Подобрување на конкурентност преку реструктурирање и воведување на ЕУ стандардите

- Инвестиции на фарма- Преработка и маркетинг

Приоритетна Оска 2 - Диверзификација на економски активности во рурални средини

- Рурална диверзификација

Институции надлежни за ИПА-РД

- Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ - Сектор за рурален развој надлежно за програмирање на средствата;

- Агенција за финансирање на земјоделството и руралниот развој при Влада на РМ (ИПАРД Агенција) надлежна за одобрување на проекти, контрола и исплата на средствата;

- Секторски Мониторинг Комитет надлежно тело за следење на целокупниот процес на програмирање и имплементација;

- Приватни и јавни советодавни служби, научни установи итн.

Важно е да се напомене дека преку компонентата се врши поттикнување на здружување – т.е. оние индивидуални фармери кои не ги исполнуваат минимум условите за ИПА-РД, се поттикнуваат на здружување во форма на правно лице

13

Page 14: Instrument Za Predpristapna Pomos

или земјоделска кооператива, во заеднички проекти (исклучиво со хоризонтална интеграција) и имаат предност при селекција на проекти

Послеgен статус: Во текот на 2008, изготвена е првата редовна модификација на ИПАРД Програмата која е усвоена од страна на Комитетот за рурален развој при Европската Комисија на 23.09.2008 година. Со модификациите вклучени се финансиските средства за ИПА Компонента V за 2010 и техничко прилагодување на термините заради имплементација на ИПАРД Програмата. На 23.10.2008 година потпишан е Секторскиот Договор за правилата за користење на инструментот за прет-пристапна помош на ЕУ за рурален развој – IPARD Sectoral Agreement.

14

Page 15: Instrument Za Predpristapna Pomos

ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ (НАЦИОНАЛЕН СИСТЕМ И DIS)

Децентрализиран систем за спроведување на фондовите на ЕУ(ДИС)

Редослед на чекори за воведување на ДИС во Република Македонија

- Воспоставување на структури - Проценка на недостатоци и недоследности на ДИС системот - Одобрување на процедурите за користење на ИПА - Пополнување на недостатоците и недоследностите во ДИС системот- Проценка на усогласеноста - Самооценување на ДИС системот - Иницирање на процедурата за акредитација на ДИС - Годишно програмирање на ИПА за секоја компоненета поединечно- Одобрување на акредитацијата на ДИС

Послеgен статус: Во јануари 2009 година доставен е пакетот за акредитација на ДИС до Европската Комисија за Компонентите 1 и 3. Ревизорите од Европската комисија во периодот од 9-13 март 2009 година ги посетија институциите надлежни за спроведување на првата ИПА Компонента во Република Македонија, врз основа на методологијата за проценка на ризикот на Европската комисија. Во избраните институции, ревизорите ја проценија усогласеноста на воспоставениот систем согласно со критериумите за акредитација и релевантните регулативи, преку проценка на документите и спроведените интервјуа со сите вработени.

По спроведената мисија, ревизорите доставија Допис (“Debriefing note”) до Надлежниот координатор за акредитација (КАО) и Националниот координатор за авторизација (НАО) со кој дадоа првично мислење за капацитетот на јавната администрација за децентрализирано управување со првата компонента од ИПА - Помош при транзиција и Институционална надградба, како и нивните првични наоди односно идентификувани недостатоци во однос на воспоставениот систем во Република Македонија.

Претставниците од Генералниот Директорат за проширување на Европската комисија, го пренесоа генералното мислење на ревизорите и според нив во изминатите 2 години е постигнат значаен напредок во воспоставување на системот во Република Македонија и изградбата на капацитети за децентрализирано управување со ИПА. Впрочем, тие укажа дека и покрај напредокот на Министерството за финансии – ЦФЦД и Националниот фонд, сепак постојат одреден број на недостатоци особено во ресорните министерства / институции кориснички на кои националните власти треба да посветат посебно внимание, со цел добивање позитивна Одлука за пренесување на надлежностите за децентрализирано управување со првата компонента од ИПА помошта во Република Македонија во предвидениот временски рок.

Хоризонталните забелешки се однесуваат на:

15

Page 16: Instrument Za Predpristapna Pomos

1. Принципот на пријавување на нерегуларности (“Whistle blowing procedure”)

2. Потреба од нов закон за државна ревизија3. Внатрешна ревизија на ЕУ - ИПА фондовите4. Менаџмент информационен систем (МИС) односно Системот за

управување со информации

Специфичните забелешки за Компонента 1 се структурирани според елементите на системот и истите се во фаза на надминување.

Владата на Република Македонија разгледа посебна Информација, со предлог – заклучоци со кои ќе се надминат забелешките од ревизорската мисија.

Во компонентата 4 – Развој на човечки ресурси, на 23 март 2009 година од страна на ЦФЦД/МФ е поднесен акредитациониот пакет за децентрализирано управување до Европската Комисија. Во престојниот период (11-15 мај 2009) следи подготовка за ревизорска мисија од ЕК која треба да ги оцени капацитетите на структурите за децентрализирано управување со фондовите во рамките на Компонента 4.

Редовно се одржуваат сите секторски монниториг комитети, како и ИПА Мониторинг комитетот.

Целосен децентрализиран систем за управување со ЕУ фондови

Според ЕУ процедурите за управување на петтата ИПА компонента за Рурален развој, се наметнува потребата од воведување на целосен ДИС, според истиот редослед на чекори.

Согласно заклучокот на ВРМ од 66 седница, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја има улогата на Орган за управување со петта компонента на ИПА за рурален развој. ИПАРД агенцијата е одговорна за авторизирање и извршување на исплатите и водење на сметководствена евиденција на ИПА средствата за рурален развој.

Последен статус: Официјално, од стра на НАО акредитациониот пакет за ИПАРД беше доставен до Европската Комисија и истиот беше примен на 18.03.2009 (Agri A/07378). Во оваа насока, закажан е состанок со ревизорите на ГД Агри на 20 и 21 априлл 2009 година, на кој се очекува дополнителни коментари на акредитациониот пакет. По добивање на коментарите од страна на ЕК одговорните тела ќе пристапат на имплементација на коментарите од страна на ЕК, при што за најаксно од месец дена (крајот на мај 2009 година) целокупниот акредитационен пакет со имплементираните коментари од страна на ЕК ќе биде доставен до ГД Агри.

16

Page 17: Instrument Za Predpristapna Pomos

Во месец Јуни 2009 година се очекува ревизорска мисија од страна на ГД Агри која ке изврши оценка на капацитетите, човечките ресурси, условите за имплементација на доставените процедурина одговорните тела за ИПАРД, и по оваа ревизорска мисија се очекува извештај во кој би се посочиле слабите точки на системот (доколку се установат) при што се очекува нивно итно корегирање.

Потоа, во месец ноември 2009 година (доколку сите забелешки од страна на ревизорската мисија на ГД Агри бидат имплементирани/корегирани) се очекува Одлука за предавање на надлежност (confirm of management) односно акредитација на ИПАРД структурите по кој Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе распише првиот јавен тендер за ИПАРД проекти во Република Македонија.

17

Page 18: Instrument Za Predpristapna Pomos

ИПА МОНИТОРИНГ

Заедничкиот ИПА мониторинг комитет во моментов функционира во преодна фаза се до добивањето на одлука за пренос на надлежности од страна на Комисијата. Материјалите за подготовка на овој состанок беа доставени од страна на НИПАК службите до сите членови на заедничкиот ИПА мониторинг комитет, заради навремена подготовка на членовите.

Улогата на ИПА мониторинг комитетот е да ја следи имплементацијата на ИПА програмата.

Позначајни препораки оg првиот ИПА мониторинг комитет:

1. Акредитацијата на ДИС и префрлување на надлежностите за управување на ИПА фондовите се од највисок приоритет како предуслов за имплементација на програмите.

2. Секаде каде што е потребно, во најкус временски рок да се извршат дополнителни вработувања и соодветно да се искористат достапните можности за обука.

3. Секаде каде што можно, да се забрза со подготовка на Проектните задачи (Terms of Reference), техничките спецификации и комплементарните тендерски досиеја.

4. Да се испита можноста за објавување на избрани тендери со привремени клаузули за компонентите од 1 до 4.

5. За следниот Заеднички ИПА Мониторинг комитет потребно е многу порано отпочнување на подготвителните активности.

6. Наредниот состанок на заедничкиот ИПА мониторинг комитет да се закаже во периодот октомври-ноември 2009 година, откако сите секторски мониторинг комитети се одржат.

7. Високата мешовите работна група (High Level Working Group) да го одржи вториот состанок кон крај на Декември пред поднесувањето на апликационите пакети до Комисијата

18