konkurs 2014 maj

3
Врз основа на член 6 став 1 точка 10 од Законот за Бирото за развој на образованието (,,Сл. весник на РМ” бр. 37/2006, 142/2008, 148/2009, 69/13, 120/13 и 148/13) и член 3 став 1 алинеја 6, 4, 5, 10 и член 15 став 2 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешните соработници и утврдување на висината на авторските надоместоци и надоместоците за други услуги на Бирото за развој на образованието бр. 01-2840/1 од 16.04.2009 година, бр. 01-10943/1 од 09.10.2009 година, бр. 01-12210/1 од 18.11.2009 година и бр. 01-1207/2 од 08.11.2013 година, Бирото за развој на образованието објавува КОНКУРС за избор на надворешни соработници за стручна работа на Бирото за развој на образованието Бирото за развој на образованието распишува конкурс за избор на надворешни соработници за изработка на: I. Изработка на адаптирани наставни програми за ученици со посебни образовни потреби VII- IX одделение во посебните училишта: - ученици со оштетен вид (македонски јазик, математика, англиски јазик, втор странски јазик, ликовно образование, музичко образование, информатика, географија, историја, граѓанско образование, биологија, физика, хемија, физичко и здравствено образование) - ученици со оштетен слух (македонски јазик, математика англиски јазик, ликовно образование, музички стимулации и ритмички вежби, информатика, географија, историја, граѓанско образование, биологија, физика, хемија, физичко и здравствено образование) - ученици со пречки во психичкиот развој (македонски јазик, албански јазик, македонски јазик за другите заедници, математика, англиски јазик, ликовно образование, музичко образование, техничко образование, основи на природни науки, основи на општетствени науки, физичко и здравствено образование, работа со компјутер) - ученици со мултихенидкеп (македонски јазик, албански јазик, македонски јазик за другите заедници, математика, англиски јазик, ликовно образование, музичко образование, техничко образование, основи на природни науки, основи на општетствени науки, физичко и здравствено образование, работа со компјутер) - ученици со аутизам (македонски јазик, албански јазик, македонски јазик за другите заедници, математика, англиски јазик, ликовно образование, музичко

Upload: natasa-loskovska

Post on 22-Dec-2015

21 views

Category:

Documents


6 download

DESCRIPTION

p

TRANSCRIPT

Page 1: Konkurs 2014 Maj

Врз основа на член 6 став 1 точка 10 од Законот за Бирото за развој на образованието (,,Сл. весник на РМ” бр. 37/2006, 142/2008, 148/2009, 69/13, 120/13 и 148/13) и член 3 став 1 алинеја 6, 4, 5, 10 и член 15 став 2 од Правилникот за начинот, постапката и критериумите за избор на надворешните соработници и утврдување на висината на авторските надоместоци и надоместоците за други услуги на Бирото за развој на образованието бр. 01-2840/1 од 16.04.2009 година, бр. 01-10943/1 од 09.10.2009 година, бр. 01-12210/1 од 18.11.2009 година и бр. 01-1207/2 од 08.11.2013 година, Бирото за развој на образованието објавува

КОНКУРС за избор на надворешни соработници за стручна работа

на Бирото за развој на образованието

Бирото за развој на образованието распишува конкурс за избор на надворешни соработници за изработка на:

I. Изработка на адаптирани наставни програми за ученици со посебни образовни потреби VII- IX одделение во посебните училишта:

- ученици со оштетен вид (македонски јазик, математика, англиски јазик, втор странски јазик, ликовно образование, музичко образование, информатика, географија, историја, граѓанско образование, биологија, физика, хемија, физичко и здравствено образование)

- ученици со оштетен слух (македонски јазик, математика англиски јазик, ликовно образование, музички стимулации и ритмички вежби, информатика, географија, историја, граѓанско образование, биологија, физика, хемија, физичко и здравствено образование)

- ученици со пречки во психичкиот развој (македонски јазик, албански јазик, македонски јазик за другите заедници, математика, англиски јазик, ликовно образование, музичко образование, техничко образование, основи на природни науки, основи на општетствени науки, физичко и здравствено образование, работа со компјутер)

- ученици со мултихенидкеп (македонски јазик, албански јазик, македонски јазик за другите заедници, математика, англиски јазик, ликовно образование, музичко образование, техничко образование, основи на природни науки, основи на општетствени науки, физичко и здравствено образование, работа со компјутер)

- ученици со аутизам (македонски јазик, албански јазик, македонски јазик за другите заедници, математика, англиски јазик, ликовно образование, музичко

Page 2: Konkurs 2014 Maj

образование, техничко образование, основи на природни науки, основи на општетствени науки, физичко и здравствено образование, работа со компјутер)

II. Изработка на наставни програми VII- IX одделение во девтгодишно

музичко-балетско образование: - пијано - виолина - виолончело - солфеж - теорија на музика

III. Изработка на наставни програми за паралелките за фудбал, ракомет,

кошарка и тенис во спорстката гимназија за III година: - педагогија - психологија - теориски основи на фубал - теориски основи на ракомет - теориски основи на кошарка - теориски основи на тенис - тренинг – фудбал - тренинг - ракомет - тренинг - кошарка - тренинг - тенис -

IV Изработка на наставни програми за гимназиско образование: - Програмски јазици за IV година (природно математичко подрачје А)

Надворешните соработници кои ќе се ангажираат за изготвување на наставните програми од точка I се избираат и рангираат според следниве критериуми:

а) за соработниците од училиштата треба да имаат: - високо образование за соодветната област - подрачје; - најмалку три години работно искуство во воспитно-образовната работа; - објавени стручни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието

и образованието, самостојно или како дел од тим; - учествувано со свои трудови на стручни собири од областа на образованието; - учествувано во истражувачко-развојни проекти од областа на образованието.

Page 3: Konkurs 2014 Maj

Надворешните соработници кои ќе се ангажираат за изготвување на наставните програми од точките II, III, IV се избираат и рангираат според следниве критериуми:

а) за соработниците од училиштата треба да имаат: - високо образование за соодветната област - подрачје; - најмалку три години работно искуство во воспитно-образовната работа; - објавени стручни трудови кои се од значење за унапредување на воспитанието

и образованието, самостојно или како дел од тим; - учествувано со свои трудови на стручни собири од областа на образованието; - учествувано во истражувачко-развојни проекти од областа на образованието. б) за соработниците од факултетите и институтите: - да имаат завршено најмалку магистерски студии; - да имаат работно искуство во воспитно-образовната или научната дејност; - да имаат објавено стручни, односно научни трудови кои се од значење за

унапредување на воспитанието и образованието; - да имаат учествувано со свои трудови на научни и стручни собири за образова-

нието; - да имаат учествувано во истражувачко-развојни проекти од образованието.

Како дополнителни критериуми за избор на надворешните соработници се:

- познавање на компјутерски вештини; - други способности и вештини за извршување на работите.

За соработниците кои ќе се ангажираат од уметничкото образование (музичко-

балетско) за стручен труд ќе се смета индивидуален јавен настап, освоена награда на јавен настап со ученици и слично од соодветната област. Начин на пријавување и избор на соработници Кандидатот треба да достави пријава во која се наведува наставниот предмет од конкурсот за кој се пријавува и следната документација: биографија, потврда за работно искуство, уверение, сертификат и слично, стручни трудови за исполнување на условите утврдени со објавениот конкурс. Конкурсот трае 10 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање. Пријавите со некомплетна и невалидна документација и ненавремено доставените нема да бидат предмет на разгледување на Комисијата. Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Бирото за развој на образованието - Скопје, или по пошта со препорачана пратка на адреса: Биро за развој на образованието, ул. ,,Руѓер Бошковиќ” б.б., Карпош II, п. фах 172, 1000 Скопје, тел. 3089031 (контакт лице Ирена Борисовска).