oсновно Училиште Стив Наумов - Скопje иднина · - четврто...

34
Oсновно Училиште Стив Наумов - Скопje Години градиме иднина

Upload: trinhdiep

Post on 28-Aug-2018

242 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Oсновно Училиште Стив Наумов - Скопje

Години градиме иднина

1948-2013

Октомври 2013

2

Тимот за изработка

Катерина СилјановскаСлавјанка Николова

Розета ФиљковаЕмилија БожиновскаДаниела Моневска

Владанка Михајловска

Издавач : О.У. „Стив Наумов“ - Скопје

Вработени во училиштето

3

Работа со компјутери

Проект од религија

Активности од проект

Едукативна ексурзија

4

Стеван Наумов - СтивИмето Стив Наумов веќе 65 години стои

испишано на нашето училиште, а училиштето со гордост го носи ова име на народниот херој. Се што е чесно станува на нозе. Огнот што дотогаш тлеел сега се распламтува. Меѓу водечките, врвни организатори на херојски борби е и Стеван Наумов - Стив.

Роден во далечната и богата со национални превирања, 1920 година, Стив растеше, осознаваше, се школуваше и се напојуваше со соковите од историското минато на својот народ. Растеше Стефче како сите деца во тоа време. Навистина во нивната куќа не се гладувало, имало и леб, но се живеело скромно, се штедело многу, како впрочем во сите други куќи во тоа време. Основното образование го започнува во Битола, а неговата обдареност за наука, музика и сликарство не останува незабележана од неговиот прв учител. Во 1938 год., по успешното завршување на гимназијата, се запишува на Технич-киот факултет во Белград. Во 1940 год се враќа во Битола и таму го поминува летото. Желбата за наука повторно го враќа во Белград, но покраинскиот комитет по одлука го враќа во Македонија и му дава сериозни задачи и одговорности за јакнење на работата во Партијата.

По навлегувањето на бугарскиот окупатор во Македонија (1941 год.) по директива на Стив ма-

совно се собира оружје, муниција, облека и храна. Во реонот на Битола потребна е и печатница, за што Стив ја набавува потребната техника. На 22 април 1942 год се формирал одредот ‘’Пелистер’’, но набргу одредот е откриен од полицијата. Стив е следен од полицијата деноноќно и затоа морал да работи во илегалност. Полицијата апсела, прогонувала, затворала, но населението не потклекнувало. Се формирал друг одред ‘’Даме Груев’’ и успешно е извршен напад на с. Смилево вечерта спроти Илинден. Стив решил активноста да ја прошират и во горните села во Преспа. За таа цел тргнува со свои другари на закажан состанок со Мите Богоевски. Средбата е во село Болно. Набргу почнала блокада на се-лото и околината. Стив се криел во лозјето на Мите над селото. Кога Стив и Мите разбрале дека се забележани, пукале додека имале муниција, а последниот куршум го чувале за себе. Стив ја активирал последната бомба, легнал на неа и така го завршил својот 22 годишен живот во виорот на војната не-можејќи да ја види слободна Македонија.

Слободата грмнува со сета своја триумфалност. Делото на Стив и илјадници борци вродува плод. Насекаде солзи радосници, гушкање, веселба, среќа се чини. И грмушките на Пелистер пеат и слават.

На 29 јули 1945 год Стеван Наумов - Стив е прогласен за Народен херој на Југославија.

5

65 годишен раст на училиштето

Во 1947 год започна изградбата на станбени згради во новата населба - Автокоманда. Истата година се согледа потребата од училиште. Во истата година почнува настава во една паралелка со 35 ученици во прво одделение, со што и почнува развитокот на основното училиште “Стив Наумов” во Скопје.

Во учебната 1948/49 год учителката Трајанка Митева истовремено беше и учител и раководител на училиштето. Наставата се одвивала во една приспособена просторија. Во наредната учебна година работи едно прво и едно второ оделение со 84 ученика, а во учебната 1950/51 работи со три одделенија со вкупно 125 ученика. Во 1951 год со одлука на Народниот одбор на општината “Саат Кула”, а по предлог на раководителот на училиштето Александра Митевска, училиштето е именувано како ОУ “Стив Наумов” и истото прерасна во осумгодишно училиште.

Интензивната изградба на станбени згради во населбата Автокоманда доведе во учебната 1953/54 год. во училиштето да работат осум паралелки со 341 ученик, а наставата ја изведуваат осум учители со оформено учителско образование. Основното училиште “Стив Наумов” ги опфаќа децата од соседните помали населби Пивара и Керамидница. Во учебната 1955/56 год. училиштето ја продолжи работата во нова зграда од павиљонски тип со осум училници, наставничка канцеларија и други простории со работа на 17 паралелки (9 одделенска и 8 предметна).Тоа влијаеше наставата да одвива во три смени. Во овој период отпочнува со работа и забавиште во три групи со вкупно 75 деца, а во една во училниците работеше дневен престој со две групи со 68 ученици во мошне тешки услови. Бидејќи наставата се одвивала во три смени биле преземени мерки за изградба на уште една зграда во која наставата започнува да се изведува од почетокот на 1958/59год. Меѓутоа, изградбата на Железарницата со неа и големиот број станови на ова подрачје го истакнало прашањето за нов училишен простор поради ра-ботата во три смени.

Нова страница во работата на училиштето се отвора по земјотресот 1963 год. Во оваа етапа од земјотресот до денес уште на двапати се врши доградба на училишните објекти, реконструкции на спортската сала на простории во училиштето и уредување на училишниот двор. Во 1964 год

е изградена фискултурната сала, а во 1968 год. новата зграда на училиштето со кабинети со што наполно се оформуваат сегашните училишни објекти.

Продолжува порастот на учениците. Во учебната 1964/65 год. нивниот број достигнува највисока бројка од 1700 ученици, а до ден денешен бројот на учениците се намалува на 800 ученика. Со создадената материјална база се пристапи и кон проширена дејност така што во учебната 1977/78 год во учи-лиштето отпочна со работа дневен престој со две групи од 70 ученици. Оттогаш се повеќе се настојува да се излезе во пресрет на родителите и на учениците, а особено да се даде прилог за одење во чекор со современото школство. Дневниот престој се повеќе се зголемува и се воведува целодневна настава во 1982 год., така што од 6 постојани групи дневен престој со околу 200 ученика, 4 се со целодневна настава.

Структурата на наставниот кадар се подобрува од година во година, а наставата се изведува во кабинети опремени со аудиовизуелни средства, а од оваа 2008/09 год. во кабинети со компјутери. Од формирањето на училиштето се создава наставничка библиотека со скромен фонд од 100 книги. Учи-лиштето има ученичка библиотека главно снабдена со лектири предвидени со наставната програма. Библиотеката во последните учебни години располага со околу 1300 книги библиотечен фонд со постојано вработен библиотекар.

За високо постигнати резултати училиштето со право се котира меѓу водечките училишта во гра-дот, а тоа се реализира преку методологијата за вреднување на резултатите во основните училишта. Слободните ученички активности се дел од наставно-образовниот процес, а со нив раководат соодветни наставници, кои се определуваат на почетокот на секоја учебна година. Големиот ентузијазам на учениците и ангажирањето на наставниците секоја година се освојуваат бројни награди и признанија на општински, градски,републички и сојузни натпревари. Учеството во секциите и натпреварите од година во година е се помасовно и на ученици и на наставници. Она што на одредени секции го постигнуваат во текот на учебната година го презентираат пред населението во својте

- Хронолошки осврт -

6

јавни настапи и во домот на културата “Димитар Влахов” во Автокоманда. Организацијата на подмлаткарите на Црвениот крст во учи-лиштето има своја традиција. Таа постојано учествува во доброволни хуманитарни активности и натпревари. Бројните тешкотии и проблеми во образовно-воспитниот процес успешно ги решава Наставнички-от совет во училиштето.

Училиштето е збратимено со ОУ “Мите Богоевски” од Ресен и ОУ “Стив Наумов” од Битола. Соработката меѓу збратимените училишта, а и другите училишта се одвива преку размена на искуства за подобрување и продлабочување на воспитно-образовниот процес. Посебна соработка училиштето остварува со организациите од материјалното производство на општина “Гази Баба”, успешно соработува со меѓуопштинскиот завод за предучилишно основно образование и воспитување, Градскиот СИЗ, комитетот за општествени дејности и други органи и организации во општината, градот и републиката.

Училиштето за резултатите постигнати во наставно-образовниот процес има добиено и освоено повеќе значајни награди и признанија од своето постоење до денес. Во 1979 год. училиштето го добива високото признание со Указ на Јосип Броз-Тито Орден на трудот со златен венец. Истото ја добива 13 Ноемвриската награда за особени резултати во образовно-воспитната дејност. Во 1980 год. и 1986 год., Извршниот одбор на Собранието на меѓуопштинската заедница за предучилишно и основно образова-ние донесе одлука да се додели признание за вонредни резултати во воспитно-образовната работа.

По осамостојувањето на Р.Македонија пред учениците и вработените во училиштето се поставуваат нови задачи и предизвици. Нашето училиште веднаш се вклучи во новиот тренд и осовременувањето. Училиштето се отвора кон средината, почнуваат да се рализираат најразлични нови проекти, преку кои се осовременува наставата. Живиот збор на наставникот се почесто се заменува со нагледност, слика на екран, податоци од компјутер, самоистражувачка работа, самостојно учење описно оце-нување модернизација во воспитно-образовниот процес итн. Од учебната 1993/94 год., со примена во четврто одделение започнува проектот “Оспособување на учениците за самостојно учење преку работа во наставата” по предметот ЗО, Проект “Флексибилност” во решавањето на задачите по математика,

Проект “Приоди кон визуелно размислување” се применува од учебната 1997/98 год. за ученици од 1 и 2 одделение. Проект “Економско образование на младите” во прво и второ одделение се применува од учебната 1997/98 год. Проект “Граѓанско образование” за ученици од четврто одделение се применува од учебната 1998/99 год. Приоди кон визуелно размислување, Примена на ИКТ во наставата ТООЛКИД-компјутерска настава во одделенската настава, Европско јазично портфолио и неговата примена во наставата (француски јазик - предметна настава), Оспособување на учениците за самостојно учење - четврто одделение по предметите македонски јазик, природо и општество, Зајакнување на семејствата, Образование за животни вештини (од прво до трето одделение), Еко-училишта, Превенција од дрога и други психотропни супстанци, Условени парични трансвери.

Во процесот на воспитно образовната работа треба да се одбележи и придонесот на стручните со-работници кои активно работат веќе 30 години, со тоа што од 1978 год. првпат е вработен педагог, а од октомври 1985 год. е вработен и психолог. 30-годишното искуство на полето на педагогијата и психологијата за училиштето е период исполнет со многу содржини и активности како: планирање, програмирање и организирање на воспитно-образовната работа, следење на воспитно - образовната работа, општо стручно усовршување на воспитно-образовниот кадар, водење на педагошка евиденција и документација. Во текот на овие години изготвени се многу стручни материјали во вид на анализи, извештаи, прегледи, истражување, изработка и примена на објективни тестови на знаења и итн.

Во последниве пет години, меѓу другите реализирани се и се реализират следниве проекти:• Потпроекти од ПЕП:• унапредување на оценувањето,

унапредување на наставата по математика и природните науки,создавање на работна сила ,подобрување на употребата на ИКТ во наставата ,сумативно оценување

• Зајакнување на семејствата• Математика со размислување• Јазична писменост• Претприемништво во образованието• Еколошка едукација во македонскиот

образовен систем • Проект за мегуетничка толеранција во

образованието

7

Унапредување на оценувањетоСумативно оценување

Во рамките на Проектот за основно образование – компонента Унапредување на оценувањето на учениците во основно образование, во јуни 2011 година, во училиштето беше реализиран семинар на тема Сумативно оценување.

Преку презентации, дискусии и работилници беа обработени неколку теми и беа постигнати соодветните цели. Сознанијата од овој семинар редовно се применуваат во сумативното оценување на постигањата на учениците преку: изготвување објективни тестови на знаење со дефинирање на наставните содржини и цели опфатени во тестот, спецификација на прашањта по вид и ниво на знаење и почитување на правилата на изведување сумарна оценка.

Проекти кои се реализираат во нашето училиште:

8

Формативно оценувањеВо периодот од 2009-2012 год. училиштето беше вклучено во компонентите од

Проектот за основно образование – УСАИД кој беше поддржан од МОН и БРО.Неколку наставници и психологот на училиштето преку дисеминација, на наставниците

од предметна настава им ги пренесоа знаењата од посетената обуката за Унапредување на оценувањето на учениците. Практикувањето на овие и другите постапки и методи на формативно оценување во успехот на учениците даваат видливи ефекти, односно ги мотивираат учениците кон повисоки постигања. Тоа го докажа и истражувањето во кое одредени наставници по наставни предмети редовно даваа пишана повратна информација во текот на една учебна година. Успехот на учениците по овие предмети видливо се подобри, со што се потврди дека формативното оценување во училишната пракса придонесе учениците преку пишаната повратна информација да имаат увид во сопствените постигања и истите да ги подобруваат.

9

Ученичка заeдницаВо нашето училиште Ученичката заедница активно работи и нејзините активности

се од големо значење за воспитно-образовниот процес кај учениците. Ученичката заедница на училиштето ги опфаќа учениците од I-VIII одделение. Активностите на УЗ се реализираат според годишниот план и програма која ја изготвуваат учениците во соработка со директорката, стручната служба и одговорните наставници. Состаноците на УЗ се одржуваат еднаш во месецот и на тие состаноци се разгледуваат прашања во врска со успехот и поведението на учениците, прашања поврзани со културно-забавниот живот, есетскиот изглед и хигиенските навики во училиштето итн. Помеѓу учениците, наставниците, директорката и стручната служба постои голема соработка и комуникација, кои истовремено даваат и голема помош и поддршка на работата на Ученичката заедница на училиштето.

10

Унапредување на наставата по математика и природни науки

Во нашето училиште наставниот кадар редовно и успешно ги спроведуваа стекнатите сознанија добиени од посетите на семинарите организирани од страна на USAID во рамките на горе наведената компонента. Главна цел на унапредувањето на наставата по математика и природната група на предмети е да ги оспособи учениците за критичко размислување што ќе им овозможи да постигнуваат успеси во глобалната економија базирана на знаење. Денес во училиштето на учениците им е пристапна примена на модерна технологија и заедничка работа со висок степен на комуникација која допринесува за развивање на поинакви вештини, креативно размислување, критички осврт но и лична одговорност. Примената на различни постапки за учење или разрешување на проблеми го прави учењето по математика, хемија, биологија, физика и географија автентично на начин преку кој се збогатува наставната содржина.

Дел од наставниците и стручниот кадар во училиштето спроведуваа обуки во рамките на проектот ангажирани од страна на USAID.

11

Математика со размислување

Математика со размислување во почетните одделенија

Во учебната 2009/2010 година во нашето училиште беше одржана обука за сите наставници од одделенската настава во рамки на проектот „Математика со размислување во почетните одделенија“.Целта на овој проект беше да креира и пренесува знаење на наставниците кое може да се користи за тоа како се учи математика во основното училиште и како може да се предава на поефикасен начин. Интересот кај учениците за активно вклучување на ваквите часови е огромен бидејќи на еден полесен и поинтересен начин ја надоградуваат својата интуиција, воспоставуваат силно чувство за бројки, користат манипулативни математички вежби и различни стратегии при решавањето на разни проблемски ситуации, го објаснуваат своето математичко размислување и слично. За таа цел наставниците водат портфолија на учениците, вршат писмено оценување, ги набљудуваат за време на наставата, организираат разни индивидуални и групни проекти и им помагаат на учениците при самооценувањето давајќи им корисни насоки.

Одговорни наставници: Ана Ристовска, Ангелина Трајковска и Јулијана Печевска

12

Јазична писменост во почетните одделенија

Во 2010 година советниците од Бирото за развој на образованието одржаа обука „Јазична писменост во почетните одделенија“ во нашето училиште, со која беа опфатени сите наставници од одделенска настава со цел истите да планираат и реализираат поквалитетна настава по мајчин јазик која ќе овозможи подобрување на постигнувањата кај учениците. Исто така, формиран е и тим за учење кој континуирано ја следи работата на одделенските наставници во рамките на имплементацијата на оваа програма, постојано се водат дискусии и се разменуваат досегашните искуства а се даваат и насоки за понатамошна работа во рамки на програмата. Ваквиот начин на реализација на часовите по мајчин јазик се покажа како многу интересен и корисен за учениците во почетните одделенија. Тие со задоволство учествуваат и активно се вклучуваат во разните игри, стратегии и техники кои ги нуди оваа програма, вежбајќи ја азбуката, читањето, пишувањето, разбирањето, критичкото мислење, јазикот на книгите и друго.

Одговорни наставници: Ана Ристовска и Гордана Мацкова

13

Вработливост и претприемништвоКариерно образование

Образованието за Вработливост и претприемништво е насочено кон стекнување

компетенции, односно вештини, знаења и однесувања, стекнати низ разни форми на образование, хоби, работа и проекти, а можат да се пренесуваат и применат во секакви животни ситуации и на разни работни места.

Кариерното образование во наставата им овозможува на учениците да се самозапознаат односно да ги одредат своите вредности, интереси, персонални квалитети , способности/вештини, да истражуваат за образовните и кариерните можности, како да бараат работа како и развивање на бизнис компетенции во наставата

Проектот започна со обука на група наставници и стручните соработници , кои потоа спроведоа интерни обуки со сите наставници вработени во нашето училиште. Стекнатите знаења наставниците ги имплементираа во наставата со учениците, преку работа на проектни активности.

Како резултат на нашите активности во рамките на Проектот за создавање на работна сила добивме кариерно катче во чие уредување директно учествуваа нашите ученици .

Кариерното катче е координативен и ресурсен центар за активности поврзани со кариерно образование и насочување. Достапно е за секој ученик, наставник и родител, во кое секој може да најде ресурси, информации и совети за активности поврзани со нивното професионално ориентирање и кариерно насочување.

Финалните изработки, производи од страна на учениците беа изложени и продавани на организиран хепенинг во нашето училиште каде воедно имавме и свечено отварање на Кариерното катче од страна на директорот на ПЕП/УСАИД Небојша Мојсоски, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски .

Реализирани се неколку часови на кои се направени изработки На денот на Патрониот празник на училиштето 27 Октомври направена е изложба

на изработките Од 7-11 Ноември е одбележана Неделата на претприемништво

14

15

Детска организација Детската Организација при нашето училиште, има поставена цел „Зајакнување на свеста

за потребата од вклучување на сите деца во задолжителниот процес на образование, преку организирање и поттикнување на општествено – забавниот живот во училиштето“. Поставените цели се реализираат преку: едукативни активности (организирање на корисни предавања), забавно – спортски активности (се организираат забави во соработка со Советот на родители и Локалната самоуправа) и активности од хуманитарен карактер (развивање на позитивните човечки особини кај учениците).

16

Од работата на ПЦКПодмладокот на црвениот крст во нашето училиште постои и активно работи од

основањето на училиштето ,,Стив Наумов“.На почетокот на секоја учебна година се организира акција за собирање на ученички

прибор и материјални добра наменети за ученици на кои им е потребна помош.Секогаш кога има потреба од парична помош за болно дете од нашето училиште и во

рамките на општината Гази Баба ПЦК организира хуманитарна акција и собраните парични средства се префрлаат преку жиро сметка на адреса на болното дете.

Секоја година општинската организација на Црвениот Крст во нашето училиште спроведува голем број хуманитарни акции на кои нашето училиште предничи по собраните парични средства , за тоа сведочи и добиената плакета за најхомано училиште во општина Гази Баба.

Подмлаткарите од нашето училиште редовно земаат учество во разни хуманитарни активности на Скопскиот саем организирани од општинската организација на Црвениот Крст на Општина Гази Баба.

Во нашето училиште по програмска шема се одржуваат предавања за прва помош и заштита, за заштита и превенција од заразните болести, грип,ТБЦ, жолтица, шуга, ХИВ/Сида.

Подмлаткарите редовно учествуваат во спроведување на ЕКО акции за чистење на училиштето и училишниот двор и во други ЕКО активности што се спроведуваат во општината.

ПЦК редовно организира предавања по повод одбележување на денот на крводарителството и меѓународниот ден на Црвениот Крст.

Секоја година подмладокот на ЦК учествува на општинскиот натпревари по прва медицинска помош и освоило бројни награди.

Одговорен наставник : Милена Маневска

17

„Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“

Проектот „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ успешно се реализира во нашето училиште од 2012год. Цел на проектот е развивање на висока еколошка свест со што ќе се формираат навики за рационално користење на природните ресурси и заштита на животната средина. Вработените покажуваат особен интерес за интеграција на еколошки содржини во наставата, а заедно со учениците и реализирање на истите. Во програмата на училиштето опфатени се четири еко-стандарди со 13 точки на акција:

Заштеда на енергија Заштеда на вода Одржување на зградата и здрава средина во училиштето Уреден и еколошки двор

Во рамките на овој проект, а во соработка со локалната самоуправа и родителите на учениците успешно се реализираа повеќе акции како што се „Македонија без отпад“, „Светски ден на акција – материјали кои може да се реупотребат“, „Ден на тиквата„ , „Подари садница“ и други.

За потребите на овој проект училиштето има изготвено лого на проектот и потпишано меморандум за соработка со општината.

18

Проект- SEECELОд 2011г. до 2013г. тим од наставници, повторно во континуитет, беше инволвиран

во претприемништвото во образование во проект на Европската Унија, во соработка со Центарот за Претприемничко Учење на Југоисточна Европа (SEECEL) со седиште во Загреб, Република Хрватска. Работата во овој проект сега вклучи нови ангажмани и начини на унапредување на претприемничкото учење. Покрај бројните обуки кои беа одржани, сега постоеше и голема инволвираност на учениците во проектот. Во учебната 2011- 2012 г. учениците практично го остварија проектот преку сублимација на теоријата и праксата, т.е. наставни и воннаставни активности од областа на претприемничкото учење. Беше изработена монографија на религиозно, културно- историско наследство на Република Македонија, со посета на локалитети и собирање на записи и фотографии.

Следната учебна 2012-2013 година беше во знакот на размена на искуства од областа на претприемничкото учење, при што се оствари меѓусебна посета со О.У.„Крсте Франа Франкопана” од Загреб, која премина во одлична соработка. Веднаш потоа, претставници од училиштето во кои беа вклучени и ученици, заминаа на меѓународна конференција од доменот на претприемничко учење во Дубровник, Р. Хрватска.

Од голема важност за овој проект е да се спомене дека О.У. „Стив Наумов” преку претставување на својата работа и оценување на истата, дава голем придонес за поставување на основите и стратегиите за спроведување на претприемништвото во образование во нашата држава. Гореизнесеното се потврдува со наше учество на повеќе работилници на национално ниво, како и работилници организирани од Европската Унија и Европската Комисија.

19

20

Ликовно образование и проекти од ликовна уметност

Во училиштето покрај предметот Ликовно образование учениците имаат можност креативно да се ангажираати и да се надградуваат преку учество во Ликовната секција и изборниот предмет Проекти од ликовната уметност.

Ликовната секција, која во училиштето активно работи уште од своето основање, е една од најактивните и најафирмираните секции. Таа творечки ангажира голем број млади вљубеници на ликовниот израз, кои со младешкиот ентузијазам и креативен дух ја збогатувааат училишната збирка со нови дела.

Тие, не само што ги красат просториите на училиштето, туку се дел на бројни изложби и ликовни натпревари на општинско, градтско и републичко рамниште. За тоа сведочат многубројните дипломи, признанија и освоени награди. Тоа за за голем број од учениците придонесе голем број млади луѓе да ја открија својата дарба и љубов кон оваа работа, која за број од нив значи пронаоѓање на својата идна професија.

Во послдните години секцијата неодминливо е дел од ликовниот хепенининг „Виниче“ организиран од страна на матичната општина Гази Баба, каде има забележителен настап и е носител на многу награди.

Изборниот предмет – Проекти од лиовна уметност релаизира неколку успешни проекти во училиштето, меѓу кои се: естетското уредување на Кариерното катче, пректот за претприемачко учење и др.

Одговорен наставник: Емилија Божиновска

21

Кариерно катче

Витраж на стаклени предмети

Витраж на стаклени предмети

Ракотворби од керамика

22

Ученици учесници на наптпревари организирани во учебната 2008/2009 год. и ученици кои освоиле награди и пофалници*Македонски јазикМарија Станковска од 8 а одд. - трето место на наградниот конкурс на ниво на град на тема „Слави го зборот на твојот јазик - остави трага на сопственото постоење“Наставник ментор:Славјанка Николова

*Прва помош и заштитаТрето место – општински натпреварАнастасија Митревска 8а одд.Ребека Златанова 8а одд.Марија Исаковска 7б одд.Никола Јолевски 7б одд.Габриела 7в одд.Ненад Стојановиќ 8а одд.Кристијан Мискимовски 8а одд.Славчо Савески 8а одд.Наставник ментор: Славица Стефановска

*ИсторијаТрето место – општински натпревар иДесетто место на републички натпреварНенад Николиќ од VIII a оддНаставник ментор:Ангелина Сотирова

*Математика-регионален натпреварПофалници за учество: Филип Петрески иСара Јовановска Наставник ментор:Марлена Најдовска

Тамара Тодоровиќ од Vг одд.-пофалницаНаставник ментор:Верица Додевска

Трето место на регионален натпреварСтефан Лакордов од IV б оддНаставник ментор:Славица Трипуноска

*Математика-Кенгур 2009Андреј Настовски –III 1одд.-прво местоФилип Гашоски- III 1одд.- трето местоАнтонија Димитровска-III 1- трето местоЕлеонора Јовановска- III 1- трето местоМатеј Николов- III 1- трето местоХристина Котевска III 1- пофалницаАнгела Јаневска III 1- пофалницаМарко Андоновски III 1- пофалницаСара Мирческа III 1- пофалницаАнгела Ампова III 1- пофалницаНаставник ментор:Благица Блажевска

Никола Велковски IV а одд.-трето местоНаставник ментор:Јулијана Печевска

Моника Младеновска Vа одд.-пофалницаНаставник ментор:Верица Додевска

Дино Шамбар VI б одд.-трето местоРадисав Данковиќ VI б одд.-пофалница

Елена Кучиева VI Б.одд.-пофалницаСара Митевска VI в одд.-пофалницаЕмилија Младеновска VI в одд.–пофалницаНаставник ментор:Душка Бангиева

Бојан Џигеров VI а одд.–пофалницаНаставник ментор:Крстева Менка

Никола Јолевски VII б одд.-второ местоНаставник ментор:Душка Бангиева

Дамјан Георгиевски VIII б одд.-пофалницаНаставник ментор: Менка Крстева

23

*TOРадисав Данковиќ VI б одд.-четврто местона натпреварот од Народна техника-архитектураНаставник ментор: Славица Анчевска

ХемијаСилјановска Димитрина од 8 б одд. ПРВА награда - Државен натпревар организиран од ПСУ „Јахја Кемал“Наставник - Елизабета Јовановска

ФизикаГрчевски Петар од 8 а одд. ПРВА награда и Митева Тамара од 8 а одд - ПОФАЛНИЦА на регионален натпреварГрчевски Петар од 8 а одд. - ПОФАЛНИЦА на републички натпреварМитева Тамара од 8 а одд - ТРЕТА награда на смотрата на млади природници и техничари - Народна техникаНаставник: Сименов Васко

*Математика 2008/09 год.Стефан Лакордов од IV б – прво место (регионален натпревар)Наставник: Славица Трипуноска

Маркоски Филип од 4б одд. - ТРЕТА награда на регионален натпреварНаставник: Стаменковиќ Македонка

Шамбар Дино од 5 б одд. одд. ТРЕТА награда на регионален натпреварНаставник:Бангиева Душка

Учесници:Ставров Димитар од 4в одд.Ангеловски Љупчо од 4г одд., Исакова Марија од 6б, Велков Петар од 6а одд., Митровска Анастасија,Стефановска Сара и Мискимовски Кристијан од 7а одд., Грчевски Петар од 8а одд.Наставници: Басотова Слободанка, Фиљкова Розета, Бангиева Душка, Крстева Менка и Додевска Верица

Ученици учесници на наптпревари организирани во учебната 2009/2010 год. кои освоиле награди или пофалници*Прва помош и заштитаВторо место – општински натпреварГабриела Стефановска 8в одд.Сара Банчотовска 8в одд.Марија Исаковска 8б одд.Елена Ѓорѓиевска 8в одд.Мартина Папалиска 8б одд.Емилија Младеновска 7в одд.Филип Петковски 7а одд.Наставник ментор: Славица Стефановска

*Математика-регионален натпреварПрво место-Борјан Весов 5б одд.Второ место-Филип Селамовски 5б одд.Трето место-Стефан Лакордов 5б одд.Пофалница-Филип Петревски 4в одд.Наставник ментор:Менка Крстева

Математика-Кенгур 2010републички натпреварСтефан Лакордов 5б одд.-прво местоХристијан Настовски 1 б одд.-второ местоНикола Алексовски 8а одд.Дино Шамбар 7б одд.- пофалницаКрсте Глигоријадис 7в одд.- пофалницаКатерина Селамовска 5б одд.Филип Синадиновски 4в одд.- пофалницаДамјан Јованчевски 42 одд- пофалницаСара Стефковска 44 одд. - пофалницаЈаков Филиповски 31 одд.- пофалницаНикола Радески 2г одд. – пофалница

*Квиз натпревар за „Разумно користење на електричната енергија“Прво место на републички натпревар

24

Цветаноска Сандра 4а одд.Јаков Бурнески 4а одд.Наставник ментор: Љубинка Стоилковска

*Физика Никола Алексовски 8а одд. - диплома од регионален натпревар

*Натпревари од Народна техникаМарија Исаковска 8б одд. трето место-физикаНаставник ментор: Васко Симеонов

Димитер Ставров 6 в одд.- пофалница географијаФилип Петковски 7 а одд.- пофалница електроникаКрсте Глигоријадис 7 в одд.- пофалница биологијаМилан Обреновиќ 6 а одд. .- пофалница градежништво и архитектура

* Ликовно образованиеИвана Самандова 6 г одд. прво местона ликовен хепенинг “ Старата чаршија“Наставник ментор:Емилија Божиновска

Ученици учесници на натпревари организирани во учебната 2010/2011 год. кои освоиле награди или пофалници*Математика-регионален натпреварПрво место - Филип Селамовски 6 б одд.Наставник ментор:Менка Крстева

Трето место - Јаков Филиповски 4 1 одд.- Ева Трајковска 4 1 одд.Наставник ментор:Верка Петровска

*Математика-државен натпреварВторо место - Филип Селамовски 6 б оддНаставник ментор: Менка Крстева

*Математика-олимпијадаФилип Селамовски 6 б оддНаставник ментор: Менка Крстева

*Математика- натпревар организиран од ПСУ „Јахја Кемал“Групно – прво место ( општински )Групно – петто место ( регионален )Наставник ментор: Душка Бангиева

Математика-Кенгур 2011 републички натпреварСтефан Лакордов 6 б одд.-прво местоИво Николовски 3 б одд. .-прво местоЕва Капсаров 3 б одд. .-прво местоМарија Милева 3 в одд. .-прво место

Марко Андоновски 5 1 одд.-второ местоОгнен Пендаровски 3 б одд. .-второ местоТамара Драговиќ 3 в одд. .-второ местоТеон Богатиновски 3 в одд. .-второ местоДимитар Поповски 3 в одд. .-второ место

Стефан Аризанковски 7 г одд. .-трето местоЕлеонора Јовановска 5 1одд.- трето местоСара Мирчевска 5 1одд.- трето местоНикола Јовановски 3 а одд. - трето местоЉупка Јорданова 3 б одд. - трето местоАндреј Наков 3 б одд. - трето местоИлија Стоев 3 б одд. - трето местоТамара Димитриевска 3 б одд. - трето местоДамјан Мреношки 3 в одд. - трето местоНикола Радески 3 г одд. - трето местоХристијан Настовски 2 б одд.-трето место

*ГеографијаДимитар Ставров 7в одд.- осмо место – регионален натпреварДимитар Ставров 7в одд-петто мето-државен натпреварНаставник ментор: Милена Маневска

*Натпревари од Народна техникаСара Мирческа 5 1 одд. пофалница - градежништво и архитектура Ментор: Виолета Миноска

25

Филип Петковски 8а одд.-трето место електроникаМентор: Иван Димоски

Катерина Селамовска 6б одд.- трето место агротехникаМентор:Милена Маневска

*Ликовно образование Ивана Самандова 6 г одд. прво местона ликовен хепенинг “ Старата чаршија“Наставник ментор:Емилија Божиновска

*Училишен оркестарОсвоено второ место на регионален натпреварНаставник: Љупчо Каргов

*Училишен хорОсвоено трето место на регионален натпреварНаставник: Славујка Јовановска

*Физичко и здравствено образованиеКошарка (машки) - Регионална лига 2010/11год.второ место екипноФудбал (девојчиња) – Турнир 2011год. трето место екипноОдбојка (девојчиња) – Турнир 2011год. трето место екипно Наставник:Виктор Кекевски

Освоени награди на организирани општински, регионални и републички натпревари во учебната 2011/12 год.1. (финале)- Квизотека 2012 год. Елизабета Каранфилова- учество во трет круг натпревариУченици:Димитар Ставров – 8 в одд.Катерина Селамовска -7 б одд.Стефан Лакордов – 7 б одд.

2.Освоено прво место на регионалниот натпревар по математикаНикола Радески – 4 г одд.Ментор :Македонка СтаменковиќПофалница и учество на републички натпреварФилип Селамовски-7б одд.Ментор: Менка Крстева

3. Освоено второ место во дисциплината метеорологија на регионален натпревар на млади техничари и природници и прво место на републичка смотра во КавадарциКатерина Селамовска – 7 б одд.Ментор: Милена Маневска

4.Пласман за државен натпревар по географија Димитар Ставров- 8 в одд. Ментор:Милена Маневска

5.Освоено второ место на регионален натпревар по физика Филип Селамовски-7 б одд.Ментор:Билјана Ристоска

6. Освоено прво место од училишниот оркестар на општински натпревар Наставник: Љупчо Каргов

7.Освоено второ место од училишниот хор на општински натпреварНаставник: Славујка Јовановска

26

Освоени награди на организирани општински, регионални и републички натпревари во учебната 2012/13год.1. Освоено второ место на Танц ревија “Ученичка квизотека 2012“ Ученички од VII 1 одд.Ментор: Елизабета Каранфиловска

2. Освоени награди на на регионалниот натпревар по математикаПрво место:Филип Селамовски-7б одд.Ментор:Менка КрстеваВторо место:Никола Радевски-5г одд.Ментор:Македонка СтаменковиќТрето место:Тамара Станиќевска – 7а одд. и Елена Божарова- 7б одМентор:Менка Крстева

3. Освоена награда на државен натпревар по математикаТрето место:Филип Селамовски-8 б одд.Ментор: Менка КрстеваОсвоена бронзена медаља на јуниорска младинска математичка олимпијада

4.Освоена втора награда на регионалните натпревари по физикаФилип Селамовски-8 б одд.Ментор: Билјана РистоскаОсвоена трета награда на републички натпревар по физикаФилип Селамовски-8 б одд.Ментор: Билјана РистоскаОсвоена трета награда на натпреварот по физика “Денови на електротехника 2013“Филип Селамовски, Катерина Селамовска, Елена Стефановска, сите од 8 б одд.Ментор: Билјана Ристоска

5. Освоено прво место во дисциплината Метеорологија на регионален натпревар на млади техничари и природници и прво место на републичка смотра во ПробиштипКатерина Селамовска – 7 б одд.Ментори: Милена Маневска, Славица Стефановска

6.Освоено прво место на регионален натпревар на млади техничари и природници во дисциплината Применета хемија Мартина Павловска-8а одд.Ментор:Елизабета Јовановска

7.Освоено прво место на меѓународниот натпревар по англиски јазик организиран од ПСУ „Јахја Кемал“Максим Јордански- 8 в одд.Ментор:Татјана Арсова

8. Освоени награди на спортски натпревари: - прво место на општинскиот крос “ Мир,

соживот, толеранција “Александра Синадиновска-8 в одд.- освоени места на општински натпревари:- прво место во ракомет-девојчиња- второ место во кошарка-машкиМентор: Виолета Радулова- трето место во футсал-машкиМентор: Петар Танев- освоено прво место во ракомет-девојчиња на

ниво на град Скопје- освоено петто место во ракомет-девојчиња на

државно нивоМентор: Виолета Радулова

9.Освоено седмо место на државен натпревар по македонски јазик и литература во БитолаКатерина Селамовска Ментор: Славјанка Николова од страна на матичната општина Гази Баба, каде има забележителен настап и е носител на многу награди.Изборниот предмет – Проекти од ликовна уметност релаизира неколку успешни проекти во училиштето, меѓу кои се: естетското уредување на Кретивното катче, пректот за претприемачко учење и др.Одговорен наставник: Емилија Божиновска

27

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ СПОНЗОРИВАРДАР ГРАДБАКога и да имаме мака за уредување на нашиот двор тука се нашите големи пријатели Бардар градба и човекот со златно срце Петар.Тие ни помогнаа да го бетонираме дворот и да поставиме систем капка по капка.

ARCELOR MITTALНашите пријатели Аrcelor Miital ни помогнаа да поправиме дел од покривот, но нашата соработка не застана тука, ние се сплотивме и станавме големи пријатели кои меѓусебно си помагаат.

28

МАКЕДОН БЕТОНТие се секогаш тука кога ни треба помош, ни помогнаа полесно да го реализираме уредувањето на дворот.

МЦ БРЕНДМЦ БРЕНД и Госпоѓа Билјана Ивановска секогаш се тука ако ни треба помош во било кои поправки и изведби во нашето училиште.

МЕРКУРНашите пријатели од Словенија повеќе пати ја покажаа својата хуманост со парични донации и им покажаа на нашите фирми како треба да се спроведе хуманоста во дело.

29

Пред десетина години нашето училиште стана дел од неделата на луѓе без чест и морал. Беше украдена и засекогаш уништена бистата на нашиот патрон Стив Наумов.

Секоја година при прославата на нашиот патронат ние моравме да го носиме срамот за ова недело, ликот на човекот кој несебично се жртвуваше за нашата слобода да заврши како обично парче одпадна суровина.

Оваа година конечно успеавме заедно со нашите пријатели да овозможиме достојно чествување на ликот и делото на нашиот јунак и учител. Би сакале да ја изразиме благодарноста кон нашите пријатели:

„Дени Интернационал“„Слобода превоз“„Кенди“„СП Маркет“„Фабер ПДВ“„Коки компани“„Дадас“„Боними“„Шарлота“„Балкан нет“„Партение Зогравски“„Коко мебел“

30