М р. Христо Георгиевски udk 12/16_procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па...

33
1 М-р. Христо Георгиевски UDK/UDK 159.943:616.89-053.2 Проценка на психомоторниот развој на лицата со пречки во интелектуалниот развој Вовед Менталната ретардација е сложен медицински, психолошки, вос- питен и социјален проблем. Таа е состојба на спречен или недовршен развој на умот, посебно обележана со субнормалност на интели- генцијата 1 . Кога се зборува за ментална ретардација никогаш не се мисли на единствен ентитет. Таа се манифестира на различни начини во различни подрачја од развојот и во различни клинички форми. Од аспект на невропсихологијата 2 Ослабување на вниманието, кое не може подолго време да се сконцентрира на слободно поставената цел; , за менталната ретардација карактерис- тично е присуство на: Помнењето е емоционално обоено и селективно (насочено кон делови од реалноста); Просторно временските рамки се разградени и доживеани само парцијално; Ваквите деца не се способни од конкретните искуства сами да извлекуваат заклучоци на ниво на сознание, 1 Morić-Petrović, S., (1987), Psihijatrija, Medicinska kniga, Beograd- Zagreb, стр. 438. 2 Бојанин, С., (1985), Неуропсихијатрија развојног доба и општи реедукативни методи, Београд, стр. 146- 148.

Upload: others

Post on 24-Oct-2019

13 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

1

М-р. Христо Георгиевски UDK/UDK 159.943:616.89-053.2

Проценка на психомоторниот развој на лицата со пречки во

интелектуалниот развој

Вовед

Менталната ретардација е сложен медицински, психолошки, вос-

питен и социјален проблем. Таа е состојба на спречен или недовршен

развој на умот, посебно обележана со субнормалност на интели-

генцијата1. Кога се зборува за ментална ретардација никогаш не се

мисли на единствен ентитет. Таа се манифестира на различни начини

во различни подрачја од развојот и во различни клинички форми. Од

аспект на невропсихологијата2

· Ослабување на вниманието, кое не може подолго време да се

сконцентрира на слободно поставената цел;

, за менталната ретардација карактерис-

тично е присуство на:

· Помнењето е емоционално обоено и селективно (насочено кон

делови од реалноста);

· Просторно временските рамки се разградени и доживеани само

парцијално;

· Ваквите деца не се способни од конкретните искуства сами да

извлекуваат заклучоци на ниво на сознание,

1 Morić-Petrović, S., (1987), „Psihijatrija“, Medicinska kniga, Beograd- Zagreb, стр. 438. 2 Бојанин, С., (1985), „Неуропсихијатрија развојног доба и општи реедукативни методи“, Београд, стр. 146- 148.

Page 2: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

2

· Искуствата стекнати на кој било план не може да се воопштуваат,

па мислењето никогаш не се организира во рамките на полна

кохерентност;

· Ментално ретардираните лица не се во состојба да го реоргани-

зираат своето однесување и став спрема дадена ситуација. Во

вакви услови ментално ретардираните лица обично применуваат

стари, од порано научени шеми на однесување, кои не се во склад

со моменталната ситуација.

Колку менталната ретардација е од потежок степен, толку наве-

дените проблеми се посилно изразени. Често пати се јавуваат и други

проблеми, како што се: епилепсијата, телесните и сензорните

оштетувања, тешките растројства на говорот. Гледано од сите аспекти,

менталната ретардација е посебно сложен проблем и сложено е и тешко

нејзиното дефинирање. Различни автори, различно ја дефинираат

менталната ретардација.

Според С. Јакулиќ3

3 Jakulić, S., (1993), „Medicinske osnove mentalne retardacije“, Beograd :ZIU, стр. 21.

, постојат пет основни критериуми за иденти-

фикација на менталната ретардација:

Прв критериум-менталната ретардација води потекло од развојниот

период кој е лимитиран на 18 години;

Втор критериум-за дијагностицирање на менталната ретардација е

интелектуалниот дефицит;

Третиот критериум-личноста што не ги исполнува барањата на

средината е ментално ретардирана.

Page 3: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

3

Останатите два критериуми се: органска основа на состојбата и

неизлечивост на состојбата на менталната ретардација.

С. Николиќ (1990)4

· Клинички критериум-ретардираното дете покажува несмасно и

инхибирано однесување, детски афективни растројства и слаба

интелектуална способност;

, дефиницијата на менталната ретардација ја

засновува врз група критериуми и тоа:

· Психометриски критериум-тестовите на интелигенција по-

кажуваат заостанување во интелектуалниот развој;

· Социјални критериуми-ја дефинираат менталната ретардација со

помош на критериуми на адаптација.

Од страна на Љупчо Ајдински5

Tredgold

се направени мошне успешно

систематизирани согледувања, при што се истакнати голем број де-

финиции на менталната ретардација од разни автори. 6

4Nikolić, S., (1990), „Mentalni poremecaji djece i omladine 2“, , Zagreb: Skolska knjiga, стр. 122 5Ајдински, Љ., (1982), „Интегрална рехабилитација на ментално ретардираните лица“, Београд: ЈКСД, стр.26-35. 6Tredgold, A, F., (1937), „A textbook on Mental Deficiency, Wood Baltimore“, стр. 27.

дал биолошка дефиниција каде што менталната

ретардација ја дефинира како „состојба на некомплетен ментален развој

од таква природа и степен што личноста е неспособна за самоадап-

тација во нормалната средина на таков начин да одржи егзистенцијална

независност без надзор, контрола и надворешна помош”.

Page 4: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

4

Doll7

Ø Социјално се неспособни;

, автор на Винеландовата скала, сугерира шест критериуми при

дефинирањето на менталната ретардација:

Ø Интелектуално се под нормала;

Ø Растројството се јавува од раѓањето до раната младост;

Ø Заостануваат во созревањето;

Ø Состојбата е предизвикана од болест или хередитарен фактор;

Ø Ретардацијата е, во основа, неизлечива.

Sarason8

Ø Менталната ретардација им се препишува на оние лица кои

поради привремени или долготрајни фактори, интелектуално

функционираат под нормалата, но нивните социјални способ-

ности не се во прашање, или пак ако се во прашање, тогаш

веројатно индивидуата е во состојба да научи да функционира

независно и адекватно во својата средина.

во 1965 година менталната ретардација ја дефинира на

овој начин:

Ø Менталната дефициентност се однесува на лицата кои социјално

се неадекватни, како резултат на интелектуалниот дефект кој се

рефлектира во слабеење на ЦНС, и кој есенцијално е неизлечив.

Grossman9

7Doll, E. A, (1964), „Vineland Scale of Social Maturiti, Mineapolis American Guidence Servise“. 8Sarason, S, B., (1965), „Mental Retarded and Defective Children“, New York, Prenetice Hall, стр.27

(1973) - менталната ретардација ја означува како

снижување на нивото на интелектуалната функција, која истовремено

егзис-

Page 5: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

5

тира со недостатоците во адаптивното однесување, а се манифестира во

развојниот период.

Менталната ретардација најшироко може да се објасни како

несразмерност меѓу способностите на детето и барањата кои му ги

поставува средината во која живее10

Американската асоцијација за ментална ретардација

(AAMD) во 1973 година ја усвои следнава дефиниција: „Менталната

ретардација се однесува на интелектуалното функционирање значи-

телно под нивото на просечната популација, егзистирајќи паралелно со

недостатоците во адаптивното однесување и манифестирајќи се за

време на развојниот период”. Во оваа дефиниција се опфатени три

критериуми: интелектуалното ниво, способноста за адаптивно однесу-

вање и времето на настанување, што значи голем напредок. Но, во

крајна линија и таа е некомплетна, бидејќи се ограничува само на три

критериуми, а ги запоставува другите комплексни и мултидимен-

зионални критериуми: етиологијата, созревањето, психолошкиот и

социолошкиот статус, физичкиот и општествениот статус

.

11

Во медицински контекст се наведува дефиницијата на СЗО:

„Менталната ретардација е состојба на запрен или непотполн психички

развој кој, особено, се карактеризира со нарушување на оние способ-

ности кои се појавуваат во текот на развојниот период и кои при-

.

9Grossman, H, J., (1973), „Manual of terminology and classification in Mental Retardation“, A. C. AAMD- Special Publication Series No. 2 Washington 10Hrnjica, S., (1991), „Ometeno dete“, Beograd: Zavod za udzbenike i nastavna sredstva, стр. 120. 11Ајдински, Љ., Ајдински, Г., Михаилов, З., (1999), „Основи на дефектолошката теорија и практика“, Скопје: Сојуз на дефектолозите на Македонија, стр. 184

Page 6: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

6

донесуваат на општото ниво на интелигенција, како што се когнитив-

ните, говорните, моторните и социјалните способности”.

Американската асоцијација за ментална ретардација

(AAMD) ја ажурираше дефиницијата за интелектуална попреченост 10

пати од 1908 година. Во 2002 год ја објави 10-тата ревизија и таа го

претставува класификацискиот систем 2002. Тој систем е развиен од

интернационалниот комитет на дефектолози, лекари, психолози, истра-

жувачи, даватели на услуги. Овој систем го надградува системот на

AAMP од 1992 год и обезбедува пошироки критериуми за дијагноза и

класификација на менталната ретардација.

Системот 2002 е развиен врз основа на следните премиси12

1. Менталната ретардација е карактеризирана со значителни огра-

ничувања во секојдневното функционирање кои се први присут-

ни за време на развојниот период;

:

2. Попреченоста е замислена како значаен проблем во функциони-

рањето и е окарактеризирана со забележливи и тешки проблеми

во капацитетот или можностите за добро функционирање;

3. Процената на адаптивното однесување треба да се поврзе со ти-

пичните перфоманси на индивидуата за време на дневните рути-

ни и променливи околности, а не со максималните перфоманси;

4. Интелектуалното функционирање се уште е најдобро

претставено со IQ бодовите кога се добиени со соодветни

дијагностички инструменти;

12Трајковски, В., (2008), „Медицински основи на инвалидноста“, Скопје: Филозофски факултет, Институт за дефектологија, стр.48.

Page 7: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

7

5. Класификациските системи можат да бидат користени за раз-

лични цели за подобро спроведување на различните потреби на

индивидуата и нејзиното семејство, истражувачите, клиничарите

и практичарите;

6. Причините за применување на дефиницијата МР за лицето се

мултипни и можат да вклучуваат дијагноза, класификација и пла-

нирање на поддршката;

7. Клиничката процена игра важна улога во дијагнозата, класифи-

кацијата и планирањето на поддршката.

Според системот на класификација 2002, менталната ретар-

дација се дефинира како попреченост со значителни ограничувања во

интелектуалното функционирање и адаптивното однесување, кои се

одразуваат во концептуалните, социјалните и практичните адаптивни

вештини и појавување на попреченоста пред 18 годишна возраст.

Според новата класификација на СЗО менталната ретардација се

дели на следните поткатегории:13

· Лесна ментална ретардација 50- 69 IQ;

· Умерена ментална ретардација 35- 49 IQ;

· Тешка ментална ретардација 21- 34 IQ;

· Длабока ментална ретардација под 20 IQ.

Во оваа класификација СЗО ги вбројува и:

13WHO, The ICD- 10 Classification on Mental and Behavioral Disorders: Clinical Descriptions and Diagnostic Guidelines, Geneva, 1992

Page 8: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

8

· Друга ментална ретардација-кога е тешко да се процени IQ со

вообичаените процедури поради здружени оштетувања;

· Специфична ментална ретардација со недоволни информации

неопходни за да се распореди лицето;

Цел на истражувањето: да се согледаат карактеристиките на лицето

со пречки во интелектуалниот развој врз основа на пробите од општата

дефектолошка дијагностика.

Задачи на истражувањето: да се утврди доминантната латерализација

на горните екстремитети, да се процени нивото на организација на

психомоториката, да се процени нивото на оперативност на мислењето,

да се процени степенот на попреченост во интелектуалниот развој.

Материјали и методи: истражувањето беше направено во Центарот за

ментално здравје при Клиничката болница во Битола. Користено е

личното досие на едно лице (од невропсихијатриски, психолошки,

педијатриски и социјален аспект). Во самото истражување го

користевме дефектолошкиот метод на работа т.е. употреба на

иструменти од дефектолошката дијагностика, а од техниките-анализа

на документација.

Page 9: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

9

Досие за детето

1. Проценка на употребната доминантна латерализираност на

горните екстремитети

На испитаникот му ги дадовме следните задачи и притоа кај сите

примери бележиме со која рака е извршен налогот:

Ø Земи лажица и покажи како јадеш супа- Д.

Ø Земи четка и покажи како ги миеш забите- Д.

Ø Покажи ми со рака довидување- Д.

Ø Земи го овој нож и пресечи го колачот-Д.

Ø Земи ја оваа вилушка и со неа земи го колачот- Д.

Ø Земи ја оваа клешта и со неа извади клин- Д.

Ø Земи го чешелот и чешлај ја косата- Д.

Ø Земи го овој чекан и закови го клинот- Д.

Ø Еве ти молив и напиши го своето име- Д.

Ø Земи карти, измешај ги и раздели ги- Д.

Коментар: детето сите проби ги изведе со десната рака т.е. десната

рака е доминантна. Доминантната латерализација на десната рака

укажува на организираност на способноста на сетилата и движењата во

функција на слободните моторни активности и ниво на развиена

праксогностичка организираност. Доминантната латерализација ја

одредува личноста т.е. како телото делува во просторот.

Page 10: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

10

2. Проценка на доминантната латерализираност на видот

Проценка на доминантното око се врши преку следните задачи:

Ø Приближување на окото на детето до отворот што се наоѓа во

средината на листот хартија;

Ø Приближување на отворот на листот хартија до главата на детето,

лицето, челото, окото;

Ø На детето му дадов т.н. дурбин направен од лист хартија за да

погледне со окото низ дурбинот;

Коментар: пред да ја извршам оваа проба имав сознание дека детето

нема рефраксни аномалии на очите, ни дека е присутен астигматизам

на кое било око. Детето за сите три проби го користеше десното око

што укажува дека е доминантно во однос на левото око. Значи, не

постои дисхармонична структурираност на оваа област во однос на

психомоторната организираност.

3. Проценка на доминантна латерализираност на слухот

Проценката ја извршив на следниот начин:

На детето му зборував со шепотење, а тоа се напрегнуваше да ме

слушне свртувајќи се со десното уво.

Коментар: пред да ја извршам оваа проба имав сознание дека детето

нема оштетување на слухот (ниту на левото, ниту на десното уво). Од

пробата може да се увиди дека доминантно уво кај детето е десното.

Page 11: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

11

4. Проценка на доминантна латерализираност на долните

екстремитети

Проценката ја извршив на следниот начин:

На детето му дадов налог:

Ø Да стои на една нога или да потскокнува на една нога;

Ø Да нацрта круг со ногата на подот;

Ø Да шутни хартија на подот;

Ø Да трча во место и да застане, а потоа му ставив на подот топка

од хартија и му реков да застане на една нога, удирајќи ја топката

од хартија по линијата.

Коментар: Сите овие проби детето ги изведува неспретно, но сепак

доминантна е десната нога. Во поголем процент кај децата

доминантната латерализација на горните екстремитети се поклопува со

доминантната латерализација на долните екстремитети.

5. Проценка на психомоториката на долните екстремитети

На детето му дадов налог да прошета по собата при што се

посматра:

Ø Стабилноста на одот;

Ø Дали одот е праволиниски;

Ø Дали постои инвалидитет;

Ø Дали трча кога оди.

Page 12: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

12

Коментар: кај детето не е присутен никаков физички инвалидитет,

пробата од почетокот добро ја изведуваше со стабилност во одењето,

но подоцна во одењето како да трчаше не праволиниски. Станува збор

за несозреаност на моторната организираност.

6. Способност на ускладување на одот по ритам

На детето му дадов налог да чекори по одреден ритам, му објаснив

дека јас ќе плескам со раката според одреден ритам-природен ритам,

забрзано и забавено, и кога ќе речам СТОП веднаш да застане. Се

проценуваше:

Ø Вклопувањето на чекорот во забавен ритам;

Ø Вклопувањето на чекорот во забрзан ритам;

Ø Успешноста веднаш да застане.

Коментар: детето добро чекореше на основниот ритам, но подоцна

кога му реков да чекори по забрзан ритам тоа делумно успешно го

направи бидејќи подоцна се вклопи во забрзаниот ритам. Истото се

случи кога му реков да го забави ритамот тоа делумно успешно го

направи. На третата проба веднаш да застани и таа проба делумно

успешно ја завтши, направи еден до два чекори и застана. Значи,

детето има несозреана организираност на психомоториката,

нескладност во движењата на нозете со движењата на останатите

делови од телото, како и на телото во целина, неприспособена

психомоторика на барање на средината.

Page 13: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

13

7. Стабилност на одење-скокање на една нога

На детето му реков да стои прво на левата, а потоа на десната нога.

Потоа да скока прво на левата, па на десната нога напред-назад, и за

цело време рацете да ги држи покрај телото. Се проценува:

Ø Стабилноста на моториката;

Ø Должината на траењето на мирувањето (детето да стои мирно и

исправено);

Ø Стабилноста при скокање на левата и десната нога напред- назад

(треба да направи 5-7 скокови).

Коментар: детето добро стоеше на десната нога, но потешко скокаше.

Успеа да направи 2 скока в место, но не успеа тоа да го направи со

скокање напред-назад. Со левата нога не можеше да ја направи

вежбата. При мирување детето не издржа многу, почна да мрда со

устата, да трепка со очите. Значи, детето има несозреана

психомоторика.

8. Успешност на трчање и потскокнување во место

На детето реков да трча во место на тој начин што ќе ги подига

колената што повеќе може нагоре, откако ќе го направи тоа повторно

да го направи истото, но сега да потскокнува и на едната и на другата

нога и на крајот, од трчање во место да потскокне на двете нозе.

Коментар: детето добро трча во место и ги подига колената, но

потскокнувањето на левата, десната и на двете нозе го изведува

неспретно, некоординирано и несинхронизирано. Значи, детето има

несозреана психомоторика, неувежбаност на долните екстремитети.

Page 14: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

14

9. Процена на визиомоторната контрола

На детето му реков да ја фати играчката и да ја премести од едно

место на друго место.

Коментар: детето успешно, прецизно, координирано и вешто ја

извршува пробата, не постои расчекор на манипулативните активности.

Оваа проба укажува на тоа дека детето има добра координација око-

рака, добра развиена визиомоторна контрола.

10. Манипулативна вештина на раката (Lafaye)

I проба

На детето му дадов топчиња и жица, и му кажав дека треба да ги

наниже колку што може побрзо на жицата. Тестот трае 2 минути.

Се проценува:

Ø Начинот на изведување;

Ø Бројот на нанижани топчиња (преку 30 брзо, 20-30 умерено, под

20 бавно);

Коментар: детето вешто и координирано ги редеше топчињата со

насочен поглед, со добра координација и синхронизација на раката, и

за 2 минути нареди 28 топчиња на жицата. Има добра развиена

визиомоторна координација, но му е потребна поголема брзина во

редењето на топчињата.

II проба

На детето му реков да наниже топки според одреден редослед-

бојата на топчињата (сина, црвена, бела и жолта). Тестот трае 2 минути.

Page 15: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

15

Се проценува:

Ø Начинот на изведување;

Ø Точноста во изведувањето;

Ø Бројот на нанижани топчиња.

Коментар: детето вешто и координирано ги редеше топчињата, го

запазуваше редот и бојата, и за 2 минути нанижа 23 топчиња. Детето

има добро развиена визиомоторна координација, добро ги распознава

боите и нивниот редослед на редење, но му е потребна поголема брзина

во редењето.

11. Манипулативна вештина на прстите (Rej)

I проба

На детето му реков да ги стави рацете на масата, одвоени една од

друга и му велам „Подигни го овој прст“. (Прстите не ги именуваме и

не му ги допираме на детето).

Десна рака Синкинезија Лева рака Синкинезија

I прст I прст

II прст II прст

III прст има III прст има

IV прст има IV прст има

V прст има V прст има

Вкупно 3 Вкупно 3

Page 16: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

16

Коментар: детето направи синкинезии со истите прсти и тоа на двете

раце. Според оваа проба можеме да увидиме дека детето има

несозреана мускулатура на прстите и непотполна миелинизација на

нервните структури.

II проба

Постапката е иста, само во овој случај детето подига по два прста

според редоследот на табелата.

Десна рака Синкинезија Лева рака Синкинезија

I-III I-III

II-IV има II-IV има

III-V III-V

II-V има II-V има

1-IV има I-IV има

Вкупно 3 Вкупно 3

Коментар: детето направи синкинезии со истите прсти на двете раце.

Детето има несозреана мускулатура на прстите и непотполна

миелинизација.

12. Контрола на моториката во мирување (Subiran)

Му велиме на детето опуштено и смирено да застане пред нас,

рацете да му бидат покрај телото и да ги затвори очите. Треба да

издржи 1 минута. Доколку детето порано ги отвори очите пробата не е

Page 17: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

17

успешна. Се бележи бројот на секунди што детето ги издржало со

затворени очи. Се бележи и присуството на синкинезии.

Се оценува:

Ø Пробата (позитивна-ако издржи 60 секунди со затворени очи и

негативна –ако ги отвори очите пред 60 секунди).

Ø Синкинезиите (се бележи бројот и областа каде се јавуваат).

Коментар: Детето неуспешно ја изврши пробата, очите ги отвори на 15

секунда, и синкинезии се појавија во вид на трепкање со очите, мрдање

со рамењата. Значи, детето има несозреана психомоторика т.е. моторна

нестабилност, односно незрел мускулен тонус и посебно внимание

треба да се обрне на реедукативниот третман.

13. Способност за одржување рамнотежа на телото (проба “вага”)

На детето му реков да застане на едната нога, а другата да ја

испружи наназад,со телото да се наведне напред и да ги рашири рацете.

Целата постапка треба да се изведе на едната па на другата нога. Потоа

на детето му велиме истото да го направи наназад.

Се проценува:

Ø Движувањето на ногата на која детето стои;

Ø Нишањето при извршувањето на пробата;

Ø Успешноста во изведувањето (ја бележиме како позитивна и

негативна);

Ø На која нога детето подобро ја изведува пробата.

Коментар:детето со несигурност ја изврши пробата, но во однос на

долните екстремитети со десната нога покажа поголема сигурност т.е.

Page 18: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

18

поголема рамнотежа во однос на левата. (десната нога е доминантна во

однос на левата). Значи, има недозреаност на мускулната

организираност и насочена ангажираност на психичките структури.

14. Процена на координацијата на движењата на горните

екстремитети

I проба

На детето му реков да ја свитка едната рака во лактот, дланката

да биде завртена кон лицето, а главата да ја заврти кон раката, другата

да ја држи спуштена низ телото. Потоа, да ја свитка спуштената рака, а

да ја спушти раката свиткана во лактот и главата да ја заврти кон

раката и тоа наизменично.

Се проценува:

Ø Складноста во наизменичноста на движењата (постои складност

или не постои складност).

Коментар: детето со тешкотии односно со моја помош успеа да

направи складност во неизменичноста на движењата на горните

екстремитети што укажува на отсуство на сложен облик во

психомоторно однесување, не доживување на сопствената шема,

нарушено ниво на организираност на тонусот на мускулите.

II проба

Се засновува на претходната вежба

На детето му реков да ја подигне едната рака свиткана во лактот

и кон неа да ја заврти главата. Потоа да ја подигне другата рака и кон

неа да ја заврти главата, а другата рака да ја спушти покрај телото.

Page 19: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

19

Потоа му реков на детето оваа проба да ја изврши спротивно, главата

да ја сврти кон спуштената рака.

Се проценува:

Ø Складноста во наизменичноста на движењата;

Ø Дали движењето може да се замени со друг стереотип.

Коментар: детето со моја помош успеа да направи складност во

наизменичноста на движењата на горните екстремитети, но врз основа

на стереотипот детето не можеше да ја реализира оваа вежба, што

укажува на отсуство на сложена психомоторика, слобода на движењето

и сложеноста на замена на една активност со друга како и нарушена

идеомоторна праксија.

15. Процена на координацијата на движењата на горните и долните

екстремитети според ритам

Со детето стоевме еден покрај друг со рацете ставени на маса и

му реков: „Гледај прво што работам јас, па потоа тоа повтори го сам“.

Прво му дадов ритам кој ја води десната рака, па потоа левата рака и од

детето барам тоа да го повтори. По четири вида ритам кои ги

извршивме со рацете заедно со детето почнавме без напомена на

моделите на ритамот во кои ги вклучив и нозете.

Page 20: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

20

Се проценува: успешното повторување со +, а не успешното со -.

1 рака Д- рака Л + 5 рака ДД- рака Л нога Л -

2 рака Л- рака Д + 6 рака ЛЛ- рака Д нога Д -

3 рака ДД- рака Л + 7 рака ДД- рака ЛД нога Д -

4 рака ЛЛ- рака Д + 8 рака ЛЛ- рака ДЛ нога Л -

Коментар: детето првите четири вежби ги изведе сосема успешно,

добро ја сфати од почеток вежбата, но наредните четири вежби ги

изведе неуспешно, не можејќи да се снајде кога во вежбата беа

вклучени и долните екстремитети. Значи, се работи за дисхармоничен

развој, отсуство на сложена психомоторика.

16. Процена на организираноста на конструктивната праксија

Ø На детето му направив модел на квадрат од кибритчиња и

побарав од него да направи ист таков;

Ø На детето му нацртав квадрат и му реков да направи ист таков од

кибритчиња;

Ø На детето му нацртав квадрат и побарав да нацрта ист таков.

Се проценува: со позитивна, делумно позитивна и негативна

успешноста на пробата.

Коментар: на првата проба детето успеа да направи квадрат со

кибритчињата, но кај втората проба како да не можеше да се снајде

дека квадратот беше нацртан на лист хартија, но со помош моја успеа

Page 21: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

21

да направи квадрат од кибритчиња, кај третата проба детето успеа да го

прецрта квадратот, но се разликуваше тој квадрат од моделот бидејќи

линиите излегуваа надвор. Значи, се работи за нарушување во

манипулативното поле, и конструктивна праксична недограденост,

нарушена моторика и латерализација, нарушена перцепција во

просторот.

17. Процена на графомоторната низа (Lilijan Lirsa)

На детето му ја нацртав графомоторната низа прво надолу, а

потоа нагоре и му дадов налог сега самиот да ја направи.

Коментар: детето не успеа да ја направи графомоторната низа т.е.

лошо поставен графомоторниот низ на листот хартија, не можеше да се

снајде при правењето осумки ни кога почна надолу, ни нагоре и набрзо

се откажа. Врз основа на ова се работи за нарушена мелокинетичка и

конструктивна праксија, и затоа е потребен реедукативен третман.

18. Анализа на зрелоста на ракописот

На детето му диктирав текст од читанката.

Коментар: Од родителите добив податок дека детето од прво

одделение исто пишувало и нема промена на ракописот. Во текот на

диктатот детето пишуваше споро, некои букви ги пишуваше печатно, а

некои на кирилица, редовите одеа горе-долу, некои букви се напишани

со поголем притисок на моливот, високи се, грешки во формите и

пропорциите на буквите (некои букви се големи, а некои мали), кај

некои зборови недостигаат букви. Значи, се работи за дисграфија,

недограденост на мелокинетичката и конструктивната праксија,

дислатерализираност на ниво на гестуална латерализација,

Page 22: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

22

невромускулна незрелост, лоша организација на моториката,

недограденост на праксо-гностичките полиња, нарушен акциониот

тонус на мускулите.

19. Процена на познавање на делови на телото

На детето му реков да ги покажи деловите на своето телото по

одреден редослед кој е даден во табелата, според неговота возраст

(детето е на 10 години), и се бележи дали детето го познава тој дел на

телото

Коментар: голема улога има средината каде што детето се развива.

Детето знаеше да ги именува следните делови од телото:

Ø Главата, вратот, грбот, задникот, стомакот, папокот, косата,

очите, носот, устата, јазикот, ушите, рацете, прстите, малиот

прст, ногата, коленото, образите, палецот, раката, градите,

рамото,

Детето се двоумеше при именувањето на следните делови на телото:

Ø Челото, брадата, петата, палецот на ногата, веѓите, клепките,

кажипрстот.

Детето не знаеше одредени делови од телото кои припаѓаат во групите

на помала возраст. Значи, детето има нарушена гностика, топографија

на телото, нарушена кинестезија.

20. Процена на познавањето на латерализираноста на себе

На детето му го дадов следниот налог

I проба

Ø Покажи ја левата рака- НЕ

Ø Покажи ја десната рака- ДА

Page 23: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

23

Ø Покажи го левото рамо- НЕ

Ø Покажи ја левата нога - НЕ

Ø Покажи ја десната петица- НЕ

Ø Покажи ја левата дланка- НЕ

Ø Покажи го десното рамо- ДА

Ø Покажи го левиот образ- ДА

II проба

Ø Покажи го со десната рака левото рамо- НЕ

Ø Покажи го со левата рака десното око- НЕ

Ø Покажи го со десната рака левото колено- ДА

Ø Покажи ја со левата рака десната петица- НЕ

Ø Покажи го со десната рака левото око- ДА

Ø Покажи го со десната рака левото уво- НЕ

Ø Покажи ја со десната рака левата нога- ДА

Ø Покажи го со левата рака десниот образ- НЕ

Коментар: кај детето е нарушена топографијата, дислатерализација,

нарушена вкрстена латерализација и телесна шема, нарушено

оперативно мислење и спознајна моќ.

21. Процена на познавање на латерализираност на друг

Детето стоеше спроти мене, со рацете покрај телото, и му реков:

Ø Покажи ја со својата десна рака мојата лева рака- ДА

Ø Покажи го со својата лева рака моето десно рамо- НЕ

Ø Покажи го со својата лева рака моето лево уво- НЕ

Ø Покажи го со својата десна рака мојот десен лакт- НЕ

Ø Покажи го со својата лева рака моето лево колено- ДА

Page 24: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

24

Ø Покажи го со својата лева рака мојот десен образ- НЕ

Коментар: детето ја погоди пробата којашто се однесува на

латерализацијата на горните екстремитети, а другите проби кои бараа

вкрстена латерализација не успеа да ги направи. Значи, кај детето е

нарушена топографијата на телото, вкрстената латерализација и е

нарушена телесната шема, субјективниот простор.

23. Процена на забележување на односите во просторот и

претставниот простор

На детето му реков да застане до мене и да прави како јас што

правам. Јас се наведнував напред, лево, десно, наназад. Детето го

повторуваше ова по мене, и го прашував во положба се наоѓа. Детето

рече дека е наведнато напред, но страните ги измеша, место да каже

дека е на лево свиткано, тоа кажа надесно. Потоа му дадов други

налози, самото да се наслони на левата страна, десната страна, да

застане над столицата, под столицата. Детето успешно го изведе ова,

само се двоумеше за страните, и со моја помош успеа и тоа да го

направи.

На детето му ги поставив следните прашања:

Ø Кажи ми што се наоѓа над тебе? (Тоа одговори дека над него има

таван). Потоа го прашав што има уште над него? (Тоа одговори

дека има птици). Што има уште погоре? (Детето одговори

облаци);

Ø Кажи ми што се наоѓа десно од тебе? (Тоа одговори дека се наоѓа

шкаф и чешма, при што погреши бидејќи ги смеша страните лева

Page 25: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

25

со десна). Потоа го прашав што се наоѓа уште десно? (Тоа

одговори: ѕид);

Ø Кажи ми што се наоѓа лево од тебе? (Тоа одговори дека се наоѓа

шкаф и чешма);

Ø Кажи ми што се наоѓа пред тебе? (Тоа одговори: прозорец, маса,

книги). Потоа го прашав што има уште пред тебе? (Детето

одговори со моја помош дека има клупи, дрва, автомобили);

Ø Кажи ми што има зад тебе? (Тоа одговори дека има шкаф, книги).

Потоа го прашав што има друго (Тоа одговори: ѕид, слики).

Коментар: детето со моја помош ја изврши вежбата. На прашањето

што има уште над/под/десно/лево од тебе, се двоумеше да каже, не

можеше да се снајде. На пробата, што има десно од него, тоа ги измеша

страните и кажуваше што има лево. Значи, детето има нарушена

просторна ориентација, дислатерализација, нарушен претставниот

простор (простор кој е надвор од доменот на сетилата).

24. Тест за репродукција на модели со стапчиња (Стик тест)

Испитувањето се состои од 4 начини.

На детето му ги покажав стапчињата и му дадов четири колку

што имав и јас и му кажав дека треба исто да ги поставува како мене.

Прво му поставив две стапчиња и му кажав исто така да ги постави.

Откако разбра, ја почнавме вежбата.

Прв начин (реконструкција на облици)

Детето седна до мене, и му дадов стапчиња. Почнав да го правам

првиот модел и го замолив да го направи исто ова како мене, и така со

ред до 10 модел.

Page 26: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

26

Втор начин (реконструкција со ротација)

Детето седна спроти мене. Му поставив две стапчиња и му објаснив

дека јас стапчињата ќе ги редам кон моето тело, а ти ќе ги свртиш кон

твоето.

Трет начин (реконструкција според цртеж)

Детето седна до мене. Му дадов една по една картица со нацртани

модели, кои што се разликуваа од претходните модели. Тие модели

детето да ги направи со стапчињата.

Четврт начин (прецртување според модел)

Детето седна до мене. Му давав модели со стапчиња за да ги нацрта на

лист хартија.

Коментар

За првиот начин: детето во првата проба освои 5 поени, полесно му

беше да направи реконструкција на облиците со две стапчиња, а на

пробата каде што имаше три или четири стапчиња при

реконструкцијата не го ставаше правилно обоениот дел на стапчето.

За вториот начин: детето во втората проба освои 0 поени, не можеше

да го сфати налогот што му го дадов и се обидуваше нешто да направи,

но тоа што го правеше беше како на огледало.

За третиот начин: детето во оваа проба освои 6 поени, добро ја

изврши пробата, неуспех имаше при реконструкцијата според цртежот

што требаше да ја изврши со 4 стапчиња, се обидуваше и со моја

помош ја изведуваше до крај.

За четвртиот начин: детето во оваа проба освои 3 поени, многу лошо

го вршеше прецртувањето според моделот, фигурите што ги црташе

Page 27: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

27

немаа правилна форма како на самиот модел, линиите на цртежот

излегуваа, и беа цртани со нееднаков притисок на моливот.

Заеднички коментар: врз основа на ова, детето освои вкупно 14

поени и кај него е присутна нарушена манипулација во просторот,

нарушен објективен простор, нарушена латерализација во просторот,

нарушена графомоторика, кинестетички дразби, неуедначен тонус на

мускулите, нарушена просторна ориентација, нарушена реконструкција

на ротацијата, делумно развиена реконструкција според цртежот и

реконструкција на облиците, нарушено прецртување според моделот.

25. Процена на доживувањето и забележување на времето

I проба (траење на времето)

Детето го прашуваме: „Што трае подолго, летниот распуст или

учебната година од февруари до јуни?“ (детето се двоумеше во

одговорот и рече дека подолго трае летниот распуст, и многу го сакал

летото дека не одело на училиште).

II проба (процена на спонтан ритам)

На детето му дадов молив и му реков да удира колку што може

поедначено на масата со тапиот дел од моливот, а раката да ја потпри

со лактот на масата, и моливот да го држи исправен. Откако детето

разбра, почнавме со пробата, бележејќи за колку време ќе направи 21

удар со моливот. Времето го мерев со стоперица.

Коментар: детето 21 удар направи за 9 секунди, од почетокот побавно

чукаше со моливот но, некаде кај 14 удар тоа побрзо го правеше (значи

интезитетот и брзината ги измени), удираше неодмерено силно.

III проба (процена на репродукцијата на ритмичките структури)

Page 28: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

28

Чукнав неколку пати со моливот, а пред мене имав ставено една

преграда и му реков на детето добро да слуша како удирам со моливот

и потоа да го повтори истото. Откако пробавме неколку пати детето ја

сфати пробата и почнавме:

1 … ДА

2 .. .. ДА

3 .. .. ДА

4 . . . ДА

5 …. ДА

6 . … ДА

7 .. . . ДА

8 .. .. .. ДА

9 .. … ДА

10 . . . . ДА

11 . …. НЕ

12 ….. НЕ

13 .. . .. ДА

14 …. .. НЕ

15 . . . .. ДА

16 .. …. . НЕ

17 . …. .. НЕ

18 .. . . .. ДА

19 … . .. . НЕ

20 . .. … .. НЕ

21 . .. .. . .. НЕ

Page 29: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

29

Коментар: детето немаше успех во 8 проби. Посложените проби не

можеше да ги изврши првиот пат, што не беше случај со полесните

проби, при што можеше да оствари кратки и долги интервали.

Неуспехот од 8 проби одговара на Q1 на осум годишнавозраст.

IV проба (проценка на симболичкото претставување на ритамот)

Детето не беше во состојба веднаш да ги препознае интервалите

што му беа покажани. На прашањето, колку пати треба да удри на маса

со моливот, детето не ме сфати што сакам да му кажам и дури по моето

објаснување ја сфати суштината на наредната вежба (детето ја разбра

вежбата со објаснување).

V проба (репродукција на временските интервали)

Откако се уверив дека детето ги распознава графичките симболи,

му ја дадов табелата на која се ритмичките структури, да ги

репродуцира гледајќи во нив и со молив удирајќи на масата. Како

модел служат само првите 12 проби.

Коментар: детето успеа да ги репродуцира првите шест проби, со што

можеше да оствари кратки и долги интервали, удирајќи силно со

моливот. И кај другите проби беа до некаде запазени тие интервали, но

постоеше разлика во бројот на отчукувањата.

VI проба (истовременост)

Го прашав детето: Додека ние сега разговараме, што се случува

во твојата куќа? (Тоа одговори дека баба му е сама дома, и го чека него

да си дојде, татко му е на работа и ќе се врател на ручек).

VII проба (наизменичност)

Page 30: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

30

Го прашав детето: Кога ќе престанеме со работа, што ќе правиш

ти, а што ќе правам јас? (Детето одговори дека со мајка му ќе одат по

продавници за да му купи чевли, а на другото прашање: што ќе правам

јас, детето ќутеше, како да се збуни од прашањето.

VIII проба (редослед)

Го прашав детето: Кога стана од спиење, што направи? (Тоа

одговори дека отиде в клозет, се изми, се напи млеко и касна леб со

мармалад и потоа мајка му го донесла кај мене).

XIX проба (вклопеност во времето)

Го прашав детето: Колку долго разговараме? (Тоа одоговори

малку, не кажа точно колку).

Заеднички коментар: Кај детето е нарушена временската ориентација,

односно траењето и ритамот на времето, кратките и долгите интервали

до одреден степен се запазени, нарушена гностика, кинестезија,

вклопеност во времето, делумно усвоена репродукција на временските

интервали, спонтаниот ритам не е индивидуализиран.

26. Процена на усвоеноста на класификацијаа (оперативност на

мислењето)

На детето му дадов 27 карти на кои беа нацртани шолја, пуловер

и цвет. Тие беа нацртани во три величини (голема, средна, мала) и три

бои (сина, црвена и жолта). Сите карти ги ставив пред него и му реков

да ги распореди според се што е заедничко за нив.

На почеток детето не можеше да ги распредели, но кога му кажав

еден критериум, тоа успеа да ги класифицира според бојата, на сини,

црвени и жолти, а според големината, не можеше да се сети.

Page 31: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

31

Коментар: Кај детето има развиена нефигурална колекција, додека

хиерархиската класификација (по величини) не е развиена. Според тоа

детето има нарушено оперативно мислење, несозреана кортикална

организација на структурите и функциите.

27. Ниво на усвоеност на серијација

На детето му дадов задача со 5 стапчиња, различни по големина,

да ги подреди од најмало кон најголемо, од кога ќе го направи тоа

успешно ќе му ги дадам останатите стапчиња да ги стави каде што

треба во редот (вкупно се 10 стапчиња).

Коментар: Детето успешно ги нареди првите 5 стапчињата што му ги

дадов, од најмало кон најголемо, но кога му ги дадов останатите

стапчиња ги редеше по принципот обид-грешка. Од ова може да се

заклучи дека кај детето постои емпириска серијација, при што е

нарушена оперативноста на мислењето.

28. Серијална кореспонденција

На детето му дадов 7 жолти округли плочки наредени една до

друга, а настрана му дадов црвени округли плочки. Му реков под

жолтите плочки да постави исто толку црвени плочки. Тоа ги

поставуваше црвените плочки една по една под жолтите. Значи, кај

детето е присутна визуелна кореспонденција,при што е нарушена

оперативноста на мислењето.

Page 32: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

32

29.Ниво на усвоеност на конзервацијата на тежина

На детето му направив две топки од пластелин, еднакви по тежина. Му

ги дадов да ги провери дека се еднакви по тежина, и откако се согласи

дека двете топки се еднакви по тежина, од едната топка направивме

колбас или плескавица.Детето потоа го прашав дали сега топката има

иста тежина со колбасот.

Коментар: Тоа се двоумеше во еднаквата тежината откако се промени

обликот на топката, но на крајот прифати дека се еднакви по тежина.

Значи, детето ја има усвоено конзервацијата на тежината на ниво на

интермедијален стадиум.

30.Ниво на усвоеност на конзервацијата на должина

Пред детето на масата поставив 4 стапчиња и барав од него да

одбере две еднакви стапчиња според должината.Откако успеа да

оддели две стапчиња, стапчињата ги поставив паралелно така што

краевите се поклопуваа. Потоа поместив едно стапче од тие две и ги

поставив лево или десно, и го прашав детето: Дали сега стапчињата се

еднакви по должина?

Коментар: Кога растојанието на стапчињата беше поголемо, детето

сметаше дека стапчињата не се еднакви по должина, но кога едното

стапче го донeсов поблиску, тоа сметаше дека се еднакви по должина.

Значи, конзервацијата на должина детето ја усвојува на ниво на

интермедијален стадиум.

Page 33: М р. Христо Георгиевски UDK 12/16_Procenka_na_psihomotorniot_razvoj.pdf · па мислењето никогаш не се организира во рамките

33

Резиме

Целта на оваа истражување е да се процени психофизичкиот

развој на лицето со пречки во интелектуалниот развој т.е. да се утврди

доминантната латерализација на горните екстремитети, да се процени

нивото на организација на психомоториката, да се процени нивото на

оперативноста во мислењето, да се процени степенот на попреченост

во интелектуалниот развој.

Врз основа на добиените резултати од оваа истражување на

испитуваното лице, се предлага натамошен дефектолошки третман т.е.

едукативен, рехабилитационен, односно реедукативен третман.

Клучни зборови: психофизички развој, пречки во интелектуалниот

развој

Abstract

The purpose of this study was to assess the psychophysical

development of the face with difficulties in intellectual development,

concerning to determine the dominant lateralization the upper extremities

and to assess the level of organization of psychomotor, to assess the level of

efficiency of the opinion, to assess the degree of disability in intellectual

development.

Based on the results obtained from this research respondent person

proposes further treatment, concerning special education and rehabilitation

educational, or reeducation treatment.

Key words: psychophysical development, intellectual development.