opstinski informator 35

20
ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ГРАДОТ СО НОВ ЛИК страна 3 СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ страна 8 ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО ВО ПРОБИШТИП страна 18 ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР МАРТ 2015 / БРОЈ 35 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК ПРОБИШТИП ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР www.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip

Upload: opstina-probistip

Post on 08-Apr-2016

226 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Пробиштип, општински информатор бр.35 (Март 2015) Municipality of Probistip, Municipal newsletter no. 35 (March 2015)

TRANSCRIPT

Page 1: Opstinski informator 35

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ГРАДОТСО НОВ ЛИК

страна 3

СТРАТЕГИЈАЗА ОБРАЗОВАНИЕ

страна 8

ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТОВО ПРОБИШТИП

страна 18

ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОРМАРТ 2015 / БРОЈ 35 / БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ПРОБИШТИПОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОРwww.probistip.gov.mk | [email protected] | facebook.com/probistip

Page 2: Opstinski informator 35

2 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

содржина3

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ГРАДОТСО НОВ ЛИК

5СТОКОВНАТА КУЌА

ДОБИ НОВ СОПСТВЕНИК

6ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ГРАДИНКА

8СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

10, 11PROBISTIP SUMMER FESTIVAL

15AQUA PARK FEST

18ШТЕТИ ОД НЕВРЕМЕТО

ВО ПРОБИШТИП

20ВОДИЦИ 2015

Издавач:Општина Пробиштип

За издавачот:Тони Тоневски

Главен уредник:Радослав Илиевски

Лектор:Бранка АрсовскаГрафички дизајн:

Мише МилановскиПечати:

ЕВРОПА 92 Кочани

[email protected]

facebook.com/probistip

ВоведникПочитувани сограѓани,

После долго време, еве не повторно со општинскиот информатор, триесет и петти по ред. Од причина што долго време не сме издале општински информатор, сметавме дека во овој број треба да направиме една ретроспектива на сите позначајни настани кои што се случија, а нив ги имаше доста.

Во информаторот опфативме седуммесечен период, во кој реализиравме низа на проекти. Организиравме голем број на манифестации, кои што веќе стануваат препознатлив белег на општина Пробиштип.

Ги опфативме реконструкцијата на главната улица. Продолжија работите на тениското игралиште во градскиот парк. Ја добивме првата енергетски ефикасна градинка, а Стоковната куќа во центарот на градот конечно доби сопственик и што е најбитно ќе биде реновирана и ставена во функција. Во овој период, еден мост, голем број на улици, плоштади, добија нови имиња.

Граѓаните имаа прилика да проследат неколку манифестации. Денот на културата во Република Македонија беше одбележан на еден единствен и оригинален начин. 23 - та Лесновската ликовна колонија зад себе остави убави дела на платно. Се

одржа првиот Summer festival, според многумина, настан на годината. Го проследивме и второто издание на Аква фестот. Се случи и 36-то издание на Профестот, фестивалот на пеачи аматери, а не помалку интерес предизвика Злетовскиот етно фестивал.

Во септември започна новата учебна година, а на денот на училтелот ги промовиравме најистакнатите наставници во општинските училишта и Детската градинка од Пробиштип. Беше изработена првата Стратегија за образование на општина Пробиштип.

Да не го заборавиме познатиот турнир во мал фудбал, кој се офржа традиционално во чест на 28 август. Овде ги опфативме и настаните околу и по нова година. За жал во овој период ни се случи излевањето на Злетовска река од своето корито, а голем број на суводолици направија доста штета, но како што реков за жал и тоа е дел од живеењето. Се надеваме дека иако со задоцнување, сепак ќе одбележиме низа на настани, кои што воедно и трајно ќе ги архивираме, зошто заслужуваат да бидат нотирани и да останат трајно во нашиот општински информатор.

Со почит.

Тони Тоневски

Page 3: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 3

На главната улица „Јаким Стојковски“, веќе седум месеци се изведува комплетна реконструкција,а зацртаните работи течат според предвидениот план на активности. Како што ни кажаа од Одделението за комунални работи, улици и патишта досега се поставени новите тротоари , променети се старите и дотраени ивичници со нови. Улицата е асфалтирана, направени се потпорни ѕидови на предвидените места во рамки на проектот. Поставена е нова подземна инсталација, а новите канделабри се поставени на ново изградените стопи. Поставена е и вертикална сигнализација. Во делот од кружниот тек, кон приградската населба Калниште, уличните светилки се веќе во функција. Останува да се постават светилките на потегот од раскрсницата пред зградата на Општина Пробиштип, па се до кружниот тек. Исто така долж

улицата ќе се постави урбана опрема, а пролетта ќе се изцрта и хоризонталната сигнализација. Реконструираната улица веќе доби нов, урбан лик, со што е подобрена безбедноста на патниците, на пешаците, но воедно е даден еден убав лик на центарот на градот. За време на изведување на работите на улицата многу се внимаваше да не се попречува во редовното одвивање на сообраќајот.

Општина Пробиштип преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Светска банка, обезбеди финансиски средства за реализација на под-проектот „Реконструкција на улица Јаким Стојковски“.

Р.И.

ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО ГРАДОТ СО НОВ ЛИК

Page 4: Opstinski informator 35

4 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Стапи на сила Одлуката за определување имиња на улици , плоштади и мостови во општина Пробиштип, односно, оваа Одлука е донесена на 25.10.2013 година, но од причина што следеа Претседателски и вонредни парламентарни избори, одлуката се пролонгира по завршување на изборите. Со оваа Одлука во општина Пробиштип се врши определување на имиња на улици кои веќе имаат определено име но се преименуваат во друго име , се врши именување на улици на кои името им е определено со бројка , и се врши именување на плоштади и мостови кои досега немаат определено име, сите предвидени во одобрената Листа на имиња од Владата на Република Македонија а усвоена од Советот со Одлука бр.07-1253/13 опд 23.08.2012 година. Па така: -ул.„Вељко Влаховиќ“ во Пробиштип се преименува во ул.„Тодор Александров“-ул.„22-декември“ во Пробиштип се преименува воп ул.„Лесновска“-ул.„25-мај“ во Пробиштип се преименува во ул.„ Тони Давитков“ -ул.„29-ти ноември“ Пробиштип се преименува во ул.„Рударска“-ул.„Едвард Кардељ“ Пробиштип се преименува во ул.„Епископ Св.Гаврил Лесновски“-ул.„ЈНА“ Пробиштип се преименува во ул.„Македонски револуционери“

-ул.„Корушка“ се преименува во ул.„Цар Самоил“-ул.„Ленинов плоштад“ Пробиштип се преименува во ул.„Павел Шатев“-ул.„Скоевска“ Пробиштип се преименува во ул.„Методија Андонов Ченто“-ул.„1“ Пробиштип се преименува во ул.„Кала“-ул„2“ Пробиштип се преименува во ул.„Јапонска“-ул„3“ Пробиштип се преименува во ул.„Јосиф Даскалов“-ул„4“ Пробиштип се преименува во ул.„Спасо Трајков“ -ул.„5“ Пробиштип се преименува во ул.„Илин врв“-ул.„6“ Пробиштип се преименува во ул.„Пердика први“-ул.„Маршал Тито“ Злетово се преименува во ул.„Македонија“-Градскиот плоштад во Пробиштип се именува во плоштад„Свети Гаврил Лесновски“-Малиот плоштад пред Домот на култура во Пробиштип се именува во плоштад „Атанас Бабата“-Плоштадот во Злетово се именува во плоштад „Славко Абазов“ - Мостот на реката Злетовица во Злетово се именува во мост„Игумен Козма“

Останува, овие улици да се упишат во регистарот на улици и да се постават таблички со новите имиња, со што и официјално ќе се преименуваат овие улици, плоштади и мостови во општина Пробиштип.

ОД РАБОТАТА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИПГОЛЕМ БРОЈ НА УЛИЦИ, ПЛОШТАДИ И МОСТ СО НОВО ИМЕ

Page 5: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 5

ПРОДОЛЖИ СО ГРАДБА НОВОТО ТЕНИСКО ИГРАЛИШТЕВО ГРАДСКИОТ ПАРК

После долги години на неизвесност за судбината на еднен мошне атрактивен објект во строгиот центар на градот, конечно разрешница. Убавата стоковна куќа, која кога се изгради стана украс на градот, со години на запуштеност, неводење грижа за објектот и губење на сопственик, стана вистинска грдотија и потенцијална опасност за сите кои што минуваат покрај неа. На кровот почнаа да растат тополи, а објектот полека се распаѓаше. Локалната самоуправа на крајот на 2014 година го продаде овој објект, со што старата стоковна куќа си доби нов сопственик, сопственикот на познатата штипска фирма „Стел - импекс“ ДООЕЛ, Руде Јордев. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски,

главниот „виновник“ за позитивната разрешница, кој во претходните пет години интензивно работеше на овој случај, не криејќи го задоволството истакна дека е презадоволен и од продажбата , но и од постигнатата цена, а најмногу од тоа што верува дека новиот сопственик не само што ја купи, туку и ќе го реновира објектот и ќе го стави во функција, со што повторно ќе го врати стариот сјај, а центарот на градот ќе се доуреди со уште еден убав објект. Ни останува само да почекаме и да го видиме конечниот лик на старата Стоковна куќа, нешто за кое веруваме дека нема да се забави.

Р.И.

СТОКОВНАТА КУЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТДОБИ НОВ СОПСТВЕНИК

Во градскиот парк во Пробиштип, на местото каде веќе имаше еден тениски терен кој беше мошне оштетен и несоодветен ќе изникне ново тениско игралиште, кое ќе има два терена и најсоодветни услови за играње на тенис. Секако ова е на општо задоволство на сите вљубеници во овој спорт. Игралиштето ќе биде направено по сите стандарди со убава подлога. Изградбата на игралиштето е во рамки на Проектот за изградба на тениски игралиште од страна на Агенцијата за млади и спорт. Конечно после долго одлагање на изградбата, игралиштето интензивно почна да се гради од пред два месеца. Од општината се надеваат дека ќе биде завршено до средина на 2015 година, со што не само што ќе заживее овој дел од паркот, туку и целосно градскиот парк ќе добие една целина, во склоп со другите повеќенаменски игралишта и детското игралиште, а младите ќе добијат уште еден убав простор за рекреација.

Page 6: Opstinski informator 35

6 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Во рамки на Проектот “ПРО ЕНЕРГИЈА” финансирано од IPA CROSS-BORDER PROGRAMME, а во соработка со Детската градинка „Снежанка“ од градот Гоце Делчев од Р. Бугарија, во Детската градинка „Гоце Делчев“ објект „Цветови“ се реализираше еден прекрасен и пред се мошне корисен проект, енергетски ефикасна градинка. Имено со средства од европските фондови во градинката се постави енергетски ефикасна фасада, а старите и дотраени прозори, од каде дуваше промаја, а топлината бегаше сега се заменети со нови ПВЦ прозори, со енергетски ефикасни стакла, а исто така и на таванот се поставија изолациски материјали, со што сега во градинката несамо што се доби естетски изглед,

туку сите дечиња и вработените во градинката добија еден простор кој не е само удобен туку е многу потопол. Воедно градинката бенефитот од проектот го почувствува токму во текот на зимскиот период, кога ниту овие екстремно ниски температури не го нарушија топлоит комодитет во градинката. Се на се еден мошне корисен проект за кој се надеваме дека ќе иницира и низа на вакви и слични проекти, односно и другите објекти во рамки на Детската градинка, но и општинските училишта ќе работат на тоа да добијат ваков проект, со што ќе се подобрат условите за престој, а трошоците ќе бидат знатно намалени.

ПРОБИШТИП ДОБИ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ГРАДИНКА

www.probistip.gov.mk

Page 7: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 7

РЕКОНСТРУИРАНА СЕЛСКАТА ЧЕШМА ВО СЕЛО МАРЧИНО

РЕКОНСТРУИРАНА ЧЕШМАТА ВО ПРИГРАДСКА НАСЕЛБА ПРОБИШТИП

ОД СВЕЧЕНОСТА ПО ПОВОД ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НАНОВОИЗГРАДЕНИОТ ВОДОВОД ВО СЕЛО БУНЕШ

Page 8: Opstinski informator 35

8 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Поминаа десет години, како Општина Пробиштип ја превзема надлежноста над општинските училишта. Постепено една по една се префрлуваа надлежносстите, а овој процес сеуште трае. Одделението за јавни дејности, кое е директно надлежно во областа образование, во текот на изминатата година, преку комисијата формирана од страна на Градоначалникот на општина Пробиштип, го изготви првиот стратешки документ , односно првата Стратегија за образование. Заедно со под-тимовите, формирани во рамки на секое општинско училиште, преку прашалници, анализи, SWOT анализа, потоа сеопфатна анализа на состојбата на училиштата, анализа на средствата кои што ги добиваат општинските училишта, прво како наменска, а потоа како блок дотација, движење на бројот на ученици од 2005 година до денес, но и во наредните пет години се дојде до осумте стратешки цели кои што во наредните пет години ќе бидат соодветно истретирани, преку низа на испланирани активности. Беа анкетирани преку 1100 сограѓани (ученици,

наставници и родители), но беа анкетирани и директорите на училиштата, стручните служби, Училишните одбори, а беше прашан и бизнис секторот. Направена е анализа на невработените лица, евидентирани во Агенцијата за вработување. Стратегијата опфаќа период од 5 години, во кои Општината заедно со општинските училишта ќе настојува да ја реализира визијата која гласи „Современа, безбедна, транспарентна, мотивирачка образовна средина, во која има еднакви можности за развој и напредок на сите“. Инпонира тоа што Стратегијата за образование ја изработи општинската администрација со помош од страна на општинските училишта, со што можеби не сме единствена, но најверојатно една од ретките општини во Република Македонија, што изработиле ваков документ. Останува да го видиме реализирањето на акцискиот план за подобрување на лошите страни и опасностите, префрлувајќи најголем дел од нотираните негативности во позитивни страни и можности.

ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И ОПШТИНСКИТЕ УЧИЛИШТА ЈА ИЗРАБОТИЈА ПРВАТА

СТРАТЕГИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Page 9: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 9

Во живописното и древно Лесново од 7 до 13 јули се одржа Лесновската ликовна колонија, 23 - та по ред. Учесници на колонијата беа 11 еминентни ликовни уметници од земјава и од Бугарија, Русија, Србија и Црна Гора. Во текот на седумте дена на престој во убавото Лесново, уметниците инспирирани од вулканскиот кратер, пештерите, скитовите, но и од единствениот и надалеку познат Лесновски манастир „Св. Гаврил Лесновски“, ги твореа своите дела, кои како траен спомен и белег ќе останат во депото на Домот на култура „Злетовски рудар“ и ќе ја збогатат колекцијата на слики која ја има во оваа установа. Пламен Ѓорѓиев Бонев, Олга Панкина,

Живка Коцева Караџовска, Ѓоко Антониев, Анна Кирилова - Покровнишки, Асмир Хусовиќ, Владимир Темков, Мариана Димитрова - Везарова, Новица Трајковски, Рифхат Арсланов и Тони Чатлески се уметниците - авторите на сликите од 23-та Лесновска ликовна колонија. Организатор на колонијата е Домот на културата, кој заедно со координативното тело формирано од локалната самоуправа направија и оваа колонија да протече успешно, а за учесниците незаборавно време поминато во Лесново. Генерален покровител и годинава е Општина Пробиштип.

Р.И.

ЛЕСНОВО, ДОМАЌИН НА 23ТА МЕЃУНАРОДНА “ЛЕСНОВСКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА”

Page 10: Opstinski informator 35

10 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

На покриениот дел од градскиот пазар во центарот на градот во деновите 26,27 и 28 јули пробиштипјани уживаа во ладната голтка пиво, вкусната храна и лудата забава до раните утрински часови. Од годинава „Probistip summer festival“, станува препознатлив бренд на Пробиштип. Платото под покриениот дел на пазарот со површина околу 2000 м2 беше претесен за да ги собере сите љубители на ваквиот тип на забава. Уште од самиот старт се чувствуваше успешната реализација на зацртаните активности во рамки на фестивалот. Се пееше народно, но се запеа и забавно. Гостите од првата вечер Трио Мањифико, Ѓезме, Миле Кузмановски и Еуфорија ја вжештија атмосферата, за наредната вечер да експлодира со ритамот на забавната музика, а ДЈ Дино, ДЈ Мики, беа задолжени за дневната шема. Се редеа музичките групи Марина, Филип и Дени, Маrk,s stone, Rockada. Тhе sound messengers, односно Ерик Фокс и Симона Поповска ја

запалија публиката, а Brass brother и ДЈ Цобе ja распламтија атмосферата до рано наутро. Голем број на млади и убави луѓе играа до разденување, а уште поголем број си седеа уживајќи во добрата забава. На фестивалот имаше девет штанда, каде се нудеа разни специјалитете, секако на скара и ладно пиво. Генерален спонзор на настанот беше Прилепска пивара. Идејата се покажа како полн погодок, зошто овој настан го посетија сите генерации. Во трите фестивалски денови продефилираа повеќе од четири илјади луѓе. Фестивалот заврши со најубавите, дечињата кои направија репризно издание на фестивалчето „Радоста на градот“. Сега кога се сумираат резултатите најбитно е што задоволство има и кај угостителите, кај спонзорот и кај посетителите, а секако најголемо задоволство има кај организаторот.

Р.И.

ПРОБИШТИП ГО ОДРЖАПРВИОТ ЛЕТЕН ФЕСТИВАЛ

НАСТАН КОЈ ДОЛГОЌЕ СЕ ПАМЕТИ

Page 11: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 11

Page 12: Opstinski informator 35

12 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

Општина Пробиштип во соработка со Домот на култура „Злетовски рудар“, на 10 јуни на оригинален начин го одбележа Денот на културата во Република македонија. За краток временски период на повеќе локации во центарот на градот имаше низа на културни настани.

Манифестацијата започна со ликовна изложба на нашиот реномиран ликовен уметник, м-р Ѓоко Антониев, во холот на Домот на културата, каде присутните освен неговите дела имаа убава и пријатна можност да го проследат промотивниот настап на младинскиот градски хор, кој се формира неодамна и кој по начинот на изведба на композициите и според изборот на песни е оригинален и мошне поинаков од она што сме имале прилика да го видиме. На платото пред Домот на култура, посетителите имаа можност да ја проследат ликовната работилница и да уживаат во пријатниот звук на оркестарот кој ја негува старата традиционална македонска музика и македонска песна, а во градскиот парк уживаа во убавата поезија. Нешто што прв пат се случува во Пробиштип беше настапот на балетското студио „Диви рози“, кои во центарот на градот играјќи на главната раскрсница со својот

настап го запреа сообраќајот. Возачите ги запреа возилата и излегоа од нива за да уживаат во извонредниот настап на балерините, за потоа сите заедно да се упатиме на градскиот плоштад каде имавме можност да го проследиме настапот на помалата фолклорна група на КУД „Злетовски рудар“. Се на се за само час и половина граѓаните на Пробиштип имаа можност движејќи се од локација на локација да уживаат во голем број на културни настани, а се во чест на 10 јуни - Ден на културата во Република Македонија. Честитајќи го овој ден, првиот човек во Пробиштип, градоначалникот Тоневски истакна дека ова е еден мал дел од сите културни активности кои што ги има во нашата општина, а воедно е и вовед во она што ќе следи во текот на пробиштипското културно лето 2014. Одбележувањето на денот на културата, општината го заокружи со концерт на музичката група Mark’s stone на градскиот плоштад. Журката на плоштад, како што ја нарекоа, воедно беше организирана и по повод завршување на учебната година. Р.И.

КУЛТУРАТА ЗА МИГ ГО ЗАПРЕ СООБРАЌАЈОТ ВО ПРОБИШТИПСО НИЗА НА КУЛТУРНИ НАСТАНИ ОПШТИНА ПРОБИШТИП ГО ОДБЕЛЕЖА

ДЕНОТ НА КУЛТУРАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Page 13: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 13

Во општинските училишта во Пробиштип со гласот на ѕвоното во 7 часот и 30 минути започна новата учебна 2014/2015 година. Годината ја започнаа вкупно 1545 ученика . Радува тоа што има позитивен тренд, мал, но сепак прекина повеќегодишното намалување на учениците. Од оваа година 127 првачиња седнаа во училишните клупи, а средното училиште го започнаа 109 ученика. Сите училишта со пригодна свеченост го одбележаа почетокот на учебната година, а главната свеченост беше во ООУ „Никола Карев“, каде Градоначалникот на општина Пробиштип се обрати пред присутните, посакувајќи им успех, среќа и здравје, а на првачињата им подари пригодни подароци за да се

сеќаваат на првиот училишен ден. Оваа година училиштата учебната година ја започнаа со еден голем предизвик, да се справат со опасноста што демне од соседната општина, односно појавата на жолтица во општина Штип. Директорите ги превземаа сите превентивни заштитни мерки, а првите часови кај учениците од прво до четврто одделение беа посветени на правилно миење на рацете, како една од приоритетните мерки за заштита од ова заболување. Среќна и успешна нова учебна година драги ученици и многу успеси кои ќе ве красат, а со кои ќе се гордеат вашите родители, училиштето и секако општина Пробиштип. Среќно!!!

ЗАПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА 2014/2015 ГОДИНА

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО ДЕЛЕЊЕНА ШКОЛСКИ ПРИБОР

На иницијатива на општина Пробиштип а во соработка со Општинската организација на Црвен крст, комисијата за еднакви можности при Советот на општина Пробиштип и Германското друштво за интернационална соработка - ГИЗ, беше спроведена хуманитарна акција во делење на школски прибор на ученици од основните училишта чии родители се материјално необезбедени.

Page 14: Opstinski informator 35

14 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

И годинава, Општина Пробиштип на свечен начин ги прогласи најуспешните наставници за изминатата учебна 2013/2014 година. По повод 5 -ти Октомври, Светскиот ден на учителот, Општина Пробиштип на свечен начин го одбележува овој ден во свечениот амбиент на хотелот „Црешово топче“. Пет години по ред како на овој начин се одбележува „Денот на учителот“, скромен јубилеј, но многу значаен зошто на единствен начин во Република Македонија, општината им го честита овој ден на учителите во општинските училишта. На свеченоста на присутните во име на организаторот се обрати раководителот на Одделението за јавни дејности при општина Пробиштип, Радослав Илиевски, а градоначалникот Тони Тоневски, пред учителите говореше за сите проекти кои што ги реализираше локалната самоуправа или се во фаза на реализација, а со кои што се настојува да се подобри

образованието во општината. На менторите на ученици кои што од републички или меѓународни натпревари се вратиле со освоено прво, второ или трето место, првиот човек во општината им додели Благодарници со вредносни ваучери. Вообичаено и годинава, општината распиша конкурс за избор на најдобар наставник за изминатата учебна година, а од страна на Училиштата и Детската градинка беа избрани Јулијана Мицовска од ЈОУДГ „Гоце Делчев“, Лидија Илиевска од ООУ „Браќа Миладиновци“, Горица Трајчева од ООУ „Никола Карев“ и Сузана Заровска од СОУ „Н.Н. Борче“. Градоначалникот на најдобрите учители им додели благодарници за значителен придонес во образованието во општина Пробиштип. Манифестацијата беше пропратена со културно уметничка програма.

Р.И.

ОПШТИНА ПРОБИШТИП ПО ПЕТТИ ПАТ ГИ ПРОГЛАСИНАЈДОБРИТЕ НАСТАВНИЦИ

Page 15: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 15

„АКВА ПАРК-ФЕСТ 2014“ ТРИ ДЕНА ЕЧЕШЕ ВО ПРОБИШТИП

Набиена агенда, богата музичка програма, опуштена атмосфера, одлична забава, скокање додека те држат нозе, хетерогена публика, муабети на различни дијалекти, се само дел од карактеристиките на фестивалот под отворено небо „Аквапарк-фест“ во Пробиштип. Пробиштип вторпат беше собиралиште на љубителите на журките. Три дена полјаната под аквапаркот беше претворена во голема сцена за околу 30 изведувачи. Градот постојано ечеше во звуците на Јорис Ворн, Тимо Мас, „Дубиоза колектив“, Фанкермен, „ПМГ колектив“, „Паркети“, „Флудер“, „Дивизија“, домашните „Хардфејсд“, како и светски познатите диџеи Џон Дигвид, Дарен Емерсон, регионалните херои „Бед копи“, „Дисциплин А Кичме“, „Елементал“, „Прок енд Фитч“ и многу други.Без турканици за место, без редици за пијалак, тридневната непрекинлива забава почна во најдобар ред. На големата сцена настапуваа бендови со различни музички стилови, со што беше задоволен речиси сечиј вкус. Музичката програма, која се одвиваше константно 72 часа, беше распределена на три фестивалски бини. За разлика од лани, фестивалско лудило не траеше до раните утрински часови, туку и во раните утрински часови. Откако атмосферата првата вечер ја загреаја „Дивизија“, „ПМГ колектив“ „Паркети“, со исто и поинтензивно темпо продолжија „Дубиоза колектив“. Позитивната енергија од сцената заразно се пренесе во публиката, хитовите се пееја наизуст, присутните не го штедеа гласот. Потоа следуваа миксовите на диџеите, а во 6 часот наутро за најиздржливите следуваше афтер-парти со „Грамафонџије“. Дневната шема спонтано продолжуваше со водни лудории, со користење на реквизитите на аквапаркот и опуштена музика. Три дена по ред градот не спиеше. Вистински празник за авантуристите. Беше потребна добра кондиција за да се фати набиената програма.Минатата година овој фестивал го означи почетокот на

пролетно-летната концертна сезона, а овој пат даде одлична завршница на летното фестивалско лудило. Вторпат овој музички хепенинг докажа дека вреди да се посети и дека и малите градови се одлични домаќини за голема журка.- Иако ова е само второ издание на фестивалот, благодарение на програмата, музичките ѕвезди што настапуваат на фестивалот и целиот фестивалски концепт, „Аква парк-фест“ се издвојува како единствен фестивал во Македонија чија понуда е осмислена по примерите на големите светски музички фестивали. Манифестацијата е уникатна по својата повеќедневна музичка програма, која се одвива и навечер, но и прекуден, и тоа на повеќе фестивалски бини, со фестивалскиот камп, на локација во овој подзаборавен, но прекрасен дел од Македонија – вели Мартин Стојановски, менаџер на аквапаркот и еден од организаторите на фестивалот.Тој додаде дека секој град е добар за музички фестивал, а помалите места се посебен и многу поголем предизвик од организациски аспект.- Најголемиот мотив во нашиот случај е фестивалската „децентрализација“ и поттик да се актуализираат подзаборавените убавини во овој регион – дополни Стојановски.

Page 16: Opstinski informator 35

16 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

На 5 јуни 2014 година во Злетово по четврти пат се одржа ,,Вечер на македонска народна песна-Злетово 2014,,. Поради временските услови настанот се одржа во спортската сала во Злетово. Многубројната публика уживаше во настапот на пеачките и музички групи од Делчево, Кавадарци, Демир Капија, Ресен, Пробиштип и домакините од Злетово. Гостин

на вечерта беше нашиот познат естраден уметник Влатко Миладиновски, кој кај публиката предизвика вистинско воодушевување. Целиот музички настан и овој пат беше финансиран од Министерството за култура на република Македонија, подржан од општина Пробиштип а реализиран од ОУ Дом на култура ,,Злетовски рудар,, од Пробиштип.

,,ВЕЧЕР НА МАКЕДОНСКА НАРОДНА ПЕСНА-ЗЛЕТОВО 2014,, ПОЛЕКА НО СИГУРНО СТАНУВА ТРАДИЦИОНАЛНА МАНИФЕСТАЦИЈА

СЕ ОДРЖА 36ТО ИЗДАНИЕ НА НАЈСТАРИОТ ФЕСТИВАЛ ВО МАКЕДОНИЈА „ПРОФЕСТ 2015“

Во организација на Домот на култура „Злетовски рудар“ од Пробиштип, на 14 ноември се одржа 36-то издание на најстариот фестивал во Република Македонија, Фестивалот на пеачи аматери „Профест 2014“. И годинава на фестивалот настапија млади и надежни вљубеници на музиката и убавата песна, а ги имаше од повеќе градови од Македонија. Стручната жири комисија беше ставена на мака зошто годинава имаше доста квалитетни пеачи. Сепак изборот падна на Александар Николовски од Пробиштип, кој го освои третото место од жири комисијата, додека второт место и припадна на Марија Арсова од Штип, а победник според жири комисијата е Оливер

Алексовски од Куманово. На присутните во салата најмногу им се допадна Христијан Дојчиновски од Пробиштип. Гостин на фестивалот беше нашата драга гостинка - домаќинка, фолк ѕвездата Соња Тарчуловска, која не го криеше задоволството што конечно и Пробиштип, нејзиниот роден град ја покани на овој убав настан.3,5 децении се одржува овој фестивал и е препознатливо име за Пробиштип, меѓутоа редно е организациски да се промени. Сепак повеќе од потребно е да се воведе нешто ново, нешто што ќе го стави настанот во времето во кое се одржува.

Page 17: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 17

СУЗАНА ДИМИТРИЕВСКАНОВАТА КУМА НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ВАСИЛИЧЕН КОКТЕЛ

ДЕДО МРАЗ МЕЃУ ПРОБИШТИПЈАНИ

На 14 јануари, традиционално, по седумнаесетти пат се одржа Василичиниот коктел, една мошне убава, хуманитарна и пред се единствена од ваков вид, манифестација. И годинава пробиштипјани на дело ја покажаа својата хуманост, најнапред со своето присуство, со купување на билетите за манифестацијата и со донирањето на средства не само од присутните, туку и голем број на фирми, редовни учесници и помагатели на хуманитарниот настан. Секоја година се дели погача на која присутните оставаат пари. На посетителот на кој ќе му се падне паричката, покровителот на настанот, сопругата на Градоначалникот, му дарува златник. Годинава тоа беше Сузана Димитриевска. И годинава се собра солидна сума , околу 84.000,00 денари, кои ќе бидат дадени на двајца наши сограѓани на кои во моментот помош им е неопходна, со што можеби нема да се реши проблемот, но значително ќе се ублажи. Голема благодарност до фирмите кои што излегоа во пресрет на барањето на донација од страна на Општина

И годинава, Општина Пробиштип во рамки на одбележување на новогодишните и Божиќните празници, баш во очи на новата година, на најмладите пробиштипјани им приреди голема радост, Дедо мраз во новогодишно украсен автомобил ги посети сите населени места во рамки на општината, а со соодветна програма од страна на општинските училишта во градската сала „Софија Петровска“ во Пробиштип и „Илинден 1903“ во Злетово ја најави новата година и сите убави празници околу новата година. Дечињата беа пресреќни што се во друштво со Дедо Мраз.

Пробиштип, Рудници за олово и цинк „Индо минерали и метали“, фабриката за акумулатори „ТАБ - МАК“, Авто мото друштвото од Пробиштип, Конфекциите „Амика“ и „Делта текс“, секако и до Советниците во Советот на општина Пробиштип, редовни помагатели и донатори на оваа манифестација.

Традиционалната манифестација „Берење на бадникови гранчиња“ и годинава се одржа со препознатливата програма. Во ресторанот „Кај Чомбе“ се собра бизнис секторот, кои присуствуваа на осветувањето на бадникарската погача, која годинава се падна на Борче Милановски, еден од сопствениците на фирмата „Геосигма“, каде се изврши и примопредавањето на кумството со минатогодишниот добитник Красимир Богатиновски, сопственикот на познатата сендвичара „5-ка“, залеано со греана ракија, по што сите се преселија на местото викано Жгури, на границата со општина Кратово, каде трет пат по ред заедно со оваа соседна општина ја реализираат оваа манифестација. Забележително беше што оваа година иако временските услови беа лоши сепак имаше најголем број на посетители од Пробиштип и Кратово. Покрај бадникарските огнови и богатата посна трпеза, музиката беше таа што ги разигра присутните, како еден убав вовед во најубавите христијански празници кои мшто следат. Свештените лица

од двете општини и овде имаа осветување на погачката, а паричката се падна во Игор Богатиновски, кој ова кумство го превзема од градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски и заедно со кумот од бизнис секторот ќе се дел од организацијата на оваа традиционална манифестација која од година во година предизвикува се поголем интерес за присуство на истата. На двајцата добитници на паричката, Градоначалникот им дари златник, односно сребреник со желба за среќа, здравје, успех и бериќет на новите кумови, но и на сите граѓани на двете општини.

БОРЧЕ МИЛАНОВСКИ ИИГОР БОГАТИНОВСКИ,

НОВИТЕ БАДНИКАРСКИ КУМОВИ

Page 18: Opstinski informator 35

18 | ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР

После екстремно ниските температури, кои беа пред, за време и по ново годишните празници, општина Пробиштип ја зафати големо невреме. Дождовите кои паѓаа ги преплавија и така надојдените реки, при што се излија од нивните корита. Злетовска река поплави значителна површина долж нејзиното течение, а на некои места направи и значителна материјална штета. Мостот кој ги поврзува селата Ратавица, преку Драч до Бунеш, речиси го однесе, а инпровизираниот мост кај местото Глобица целосно е однесен, додека мостот кој ги поврзува селата Бучиште и Трипатанци значително е оштетен, односно поткопан. На регионалниот пат од месноста Киселица кон селото Ратавица направи огромно свлечиште, така да тој патен правец е во прекин. Голема вода однесе еден добар дел од патот накај селото Јамиште, кој беше само тампониран. Реката Киселица, која протекува низ приградската населба Пробиштип исто така се изли од нејзиното корито и си формира ново корито, со што направи

значителни проблеми не само со поплавувањето, туку и со оневозможувањето на граѓаните кои или живеат или имаат лозја, ниви и овоштарници да имаат пристап до таму. Во општина Пробиштип беше формиран кризен штаб, кој што раководи со сите активности околу санирање на штетите, а на терен градоначалникот Тоневски ја стави во функција сета расположива механизација, секако со поддршка и помош на Дирекцијата за заштита и спасување. Од страна на Советот на општина Пробиштип е формирана Комисија за процена на штети која веќе работи на терен, а проценката ќе ја достави до Советот на усвојување, по што истата ќе биде испратена до Комисијата за утврдување на висина на штета од елементарни непогоди и други несреќи, при Влада на Република Македонија, од каде би требало оштетените да бидат обештетени.

Р.И.

НЕВРЕМЕТО ВО ПРОБИШТИПНАПРАВИ ЗНАЧИТЕЛНИ ШТЕТИ

Page 19: Opstinski informator 35

ПРОБИШТИП | ОПШТИНСКИ ИНФОРМАТОР | 19

По повод 28 август, Ден на рударите во Република Македонија, верскиот празник „Успение на пресвета Богородица“ и Ден на Пробиштип, Општина Пробиштип го организираше турнирот во мал фудбал кој традиционално секоја година се игра во месец август и на 28 август се игра големото финале. И годинава турнирот предизвика интерес не само од домашните љубители на малиот фудбал, туку и од Штип, Кратово, Крива Паланка, а играчи имаше од Скопје, Кочани, Велес и Струмица. Се натпреваруваа десет екипи, кои привлекоа огромен број на посетители, па така трибините на повеќенаменското игралиште во центарот на

градот беа мали за да ги соберат сите вљубеници на овој спорт. Се играше за награден фонд од 1000 Евра, а генерален покровител на настанот беа рудниците „Индоминерали и метали“ Пробиштип.Финалето предизвика голем интерес, а екипите Фунги фуд и Злетовски бисер утакмицата ја завршија нерешено со резултат 2:2, по што следеа пенали од кои како победник излезе екипата на Фунги фуд.Искрени честитки за освоените награди и за одличната организација со што Пробиштип уште еднаш се потврди како добар организатор на вакви и слични спортски настани.

ФУНГИ ФУД, ПОБЕДНИЦИ НА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ 28 АВГУСТОВСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Page 20: Opstinski informator 35

БЛАГОЈ МИНОВСКИ ВО ЗЛЕТОВОИ БОБАН СТОЈАНОВСКИ ВО ПРОБИШТИП, СЕ СРЕЌНИТЕ „ФАЌАЧИ“ НА СВЕТИОТ КРСТ

И годинава, Општина Пробиштип заедно во соработка со црквите во Злетово и Пробиштип го одбележаа овој наш голем македонски православен празник. Со водосвет во раните утрински часови во црквата „Пресвета Богородица“ во Злетово, започна одбележувањето на празникот. Свечената поворка се упати од црквата кон местото викано „Пешка“, каде беше осветена водата на Злетовска река, а светиот крст беше спуштен во ладната вода. По стариот традиционален обичај крстот го бараат исклучиво младоженците, односно сите оние кои што се ожениле во текот на изминатата година. Оваа година среќникот кој го фати крстот беше Благоја Миновски. Во Пробиштип во познатиот комплекс „Аква парк“, по светиот крст во водата на градскиот базен се фрлија околу триесетмина пробиштипјани, а најсреќен од нив беше свежиот младоженец Бобан Стојановски. Градоначалникот на двајцата среќници им дари по еден златник со ликот на пресвета Богородица, посакувајќи им здравје, среќа и успех во годината што следи. Целата манифестација протече во присуство на огромен број на посетители. Нека е за многу години!