seminarska rabota arizan

28
Универзитет св.Кирил и Методиј – Скопје Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО АГРОКЛИМАТОЛОГИЈА Тема: Влијание на климатските промени врз живиот свет и врз квалитетот на земјоделските производи Насока: Еко-земјоделство Изработил: Ментор: Аризан Незири проф. Д-р Сребра Илиќ Попова Бр.инд. 16802 Октомври 2015

Upload: armen-neziri

Post on 17-Feb-2016

320 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

ghjk

TRANSCRIPT

Page 1: Seminarska Rabota Arizan

Универзитет св.Кирил и Методиј – СкопјеФакултет за земјоделски науки и храна – Скопје

СЕМИНАРСКА РАБОТАПО АГРОКЛИМАТОЛОГИЈА

Тема: Влијание на климатските промени врз живиот свет и врз квалитетот

на земјоделските производи

Насока: Еко-земјоделство

Изработил: Ментор:

Аризан Незири проф. Д-р Сребра Илиќ Попова

Бр.инд. 16802

Октомври 2015

Page 2: Seminarska Rabota Arizan

Содржина:

Вовед........................................................................................................................2

Врнежите и нивното влијание врз живиот свет.....................................................3

Површинската вода го одржува животот................................................................4

Транспирацијата и лисјата на растенијата.............................................................5

Умерено сонце - долговечност .............................................................................7

Прекумерна изложеност на сонце - ризик за кожен рак........................................8

Магла........................................................................................................................9

Води.........................................................................................................................13

Земјоделие..............................................................................................................15

Шумарство..............................................................................................................17

Здравје....................................................................................................................19

Заклучок.................................................................................................................

Користена литература...........................................................................................21

1

Page 3: Seminarska Rabota Arizan

Вовед

Климатските промени се резултат на зголеменото количество на гасови на

стаклена градина во атмосферата. Области во кои се создаваат гасови на

стаклена градина се следните: енергетика, индустриски процеси, земјоделие,

промена на употреба на земјиште и шумарство, отпад и користење органски

растворувачи и други соединенија. При тоа, најголем придонес кон емисиите

имаат секторот енергетика со 78,1%1 , земјодели 8,6%, отпад 6,7% и индустрија

6,3%.

2

Page 4: Seminarska Rabota Arizan

Врнежите и нивното влијание врз живиот свет

Многу луѓе, веројатно, имаат поедноставена претстава дека врнежите паѓаат на

земјата, течат над земјата (истекување, проток) и втекуваат во реки, коишто потоа

се празнат во океаните. Ова е "поедноставено", бидејќи реките исто така добиваат

и губат вода во тлото. Сепак, голем дел од водата од реките доаѓа директно од

истекувањето од површината на земјата, што се дефинира како површинско

истекување. Вообичаено, дел од дождот што паѓа понира во тлото, но кога дождот

допира заситена или непробивна површина, почнува да тече надолу како

истекување. За време на обилен дожд можат да се забележат мали поточиња од

вода што тече надолу. Водата тече вдолж каналите во тлото на својот пат до

поголемите реки. Оваа слика покажува

пример на површинско истекување (овде

како истекува од пат) што втекува во мал

поток. Истекувањето во овој случај е по

гола почва и носи седименти во реката

(лошо за квалитетот на водата).

Истекувањето што се влева во овој поток

го започнува својот пат назад кон

океанот. Како и кај останатите делови на

кружниот тек на водата, заемното

влијание меѓу врнежите и површинското истекување варира според времето и

просторот. Слични бури во џунглата на Амазон и во пустината југозападно од САД

ќе доведе до различни ефекти на површинско истекување. Површинското

истекување е под влијание на метеоролошките фактори и на физичката геологија

и топографија на земјиштето. Само околу една третина од врнежите што паѓаат

над земјата истекува во потоците и во реките и се враќа во океаните. Останатите

две третини испаруваат, се транспирираат или понираат во подземните води.

Исто така, површинските истекувања можат да бидат пренасочени од страна

луѓето, за нивните потреби.

3

Page 5: Seminarska Rabota Arizan

Површинската вода го одржува животот

Како што покажува оваа слика на Делтата на Нил во Египет, животот може да

цвета и во пустина, доколку има достап до снабдување со површинска (или

подземна) вода. Водата на земјината површина навистина го одржува животот. А,

подземните води постојат поради надолното движење на површинската вода во

подземните водоносни слоеви. Слатката

вода ја има во мошне ограничени

количества на површината на Земјата.

Само околу три процента од целокупната

вода на Земјата е слатка вода, а

слатководните езера и мочуришта

претставуваат само 0.29 проценти од

слатката вода на Земјата. Дваесет

проценти од целокупната свежа вода е во

едно езеро, Бајкалското Езеро во Азија.

Други дваесет проценти се акумулирани во Големите Езера (Хурон, Мичиген и

Големо Езеро). Реките имаат само околу 0.006 проценти од вкупните резерви на

слатка вода. Гледате дека животот на Земјата опстојува од она што е во основа

само "капка во морето" од вкупните резерви на вода на Земјата!

Транспирацијата и лисјата на растенијата

Транспирацијата е процес со којшто влагата се

пренесува преку корењата на растенијата до

малите пори на долната страна на лисјата,

кадешто се менува во пареа и се ослободува

во атмосферата. Транспирацијата, во основа,

претставува испарување на вода од лисјата на

растенијата. Се проценува дека околу 10 проценти на влагата што се наоѓа во

4

Page 6: Seminarska Rabota Arizan

атмосферата се ослободува од растенијата, преку транспирацијата.

Транспирацијата на растенијата е прилично невидлив процес - со оглед на тоа

што водата испарува од површината на лисјата, вие не одите, едноставно, надвор

и ги гледате лисјата како се потат. Во сезоната на растење, еден лист

многукратно ќе изврши транспирација на повеќе вода отколку што изнесува

неговата сопствена тежина. Еден ар пченка испушта околу 11,400-15,100 литри

(3,000-4,000 галони) вода секој ден, а големо дрво даб може да испушти 151,000

литри (40,000 галони) годишно.

Атмосферски фактори што влијаат на транспирацијата

Количеството на вода што се ослободува од растенијата преку транспирација во

голема мерка се разликува во зависност од географската положба и времето.

Неколку фактори ги одредуваат стапките на транспирација:

Температура: Стапките на транспирација се зголемуваат со зголемувањето

на температурата, особено во сезоната на растење, кога воздухот е

потопол.

Релативна влажност: Со зголемувањето на релативната влажност на

воздухот околу растението опаѓа стапката на транспирација. Водата

полесно се ослободува во посув воздух отколку во позаситен воздух.

Движење на ветерот и воздухот: зголеменото движење на воздухот околу

едно растение ќе резултира во повисока транспирација.

Вид на растение: Растенијата ослободуваат вода со различни стапки на

транспирација. Некои растенија што растат во суви региони, како што се

кактусите, зачувуваат драгоцена вода преку помала транспирација отколку

кај другите растенија.

5

Page 7: Seminarska Rabota Arizan

Жителите на некои делови на главниот град на Перу, со пластични мрежи

собираат магла за да си обезбедат вода. Лима денеска има 8 ипол милиони

жители, два пати повеќе отколку пред 30 години, а четвртина од нив немаат довод

на вода. Поставувањето на мрежите почна како експеримент пред две години, а

денеска ги пои некои од најсиромашните жители на градот. Лима е еден од

најголемите пустински градови во светот, а недостатокот од вода го надоместува

со магла бидејќи се наоѓа на брегот на Тихиот Океан и 9 месеци во годината е

обвиен во морска магла која се фаќа на мрежите. Вака собраната магла се

претвора во вода и се слева во големи резервоари. Жителите на едно предградие

на Лима на падините на Андите можат да соберат 240 литри вода за една ноќ и

уште толку во текот на денот. Таа вода се користи за наводнување на градините,

но луѓето сепак мораат да купуваат вода за пиење, готвење и хигиена. Густата

магла го парализираше авиосообраќајот во Британија. Густата магла го

парализираше авиосообраќајот во Велика Британија.

Околу три милиони патници се заглавени на

британските аеродроми поради откажување на

летовите. Најлоша е состојбата на најголемиот и

најпрометниот лондонски аеродром „Хитроу“, каде во

изминативе три дена летовите беа редуцирани.

Оттаму денеска не полетале околу 300 авиони. Најпрво биле откажани летовите

во внатрешноста, а потоа и меѓународните. Нервозата меѓу патниците расте.

Холовите на аеродромите се преполни. Хаосот се случува во најпрометниот дел

од годината - на три дена пред Божиќ. Британската јавност ги обвинува

аеродромските власти дека не знаат да се справат со ситуацијата, а маглата им е

само изговор. По хаосот на аеродромите, во Британија се очекува и застој на

патиштата, каде што маглата исто така го отежнува движењето. Според

метеоролозите, ваква магла немало во изминатите 15 години и не прогнозираат

подобрување на временските услови пред Божиќ.

Умерено сонце - долговечност

6

Page 8: Seminarska Rabota Arizan

Престојувањето на сонце може да го намали ризикот од болестите поврзани со

срцето, а исто така влијае и врз долговечноста, потврди новото истражување.

Високите дози на витаминот Д, што се создаваат со изложувањето на сончеви

зраци, го намалуваат ризикот од умирање од болести на срцето, но можат да

заштитат и од друг вид здравствени проблеми. Истражувањето спроведено на

"Варвик Медикал Скул" било фокусирано на луѓе постари од 50 години, кои во

телото имале недоволно количество од витаминот Д. Откако докторот им

советувал повеќе време да минуваат на сонце, количеството на витаминот Д

значително се зголемило, а се поправила и нивната општа здравствена состојба.

Сончевата светлина не е само привилегија резервирана за годишни одмори. Таа е

и наш главен извор на витамин Д, кој под нејзино влијание се создава под кожата.

Витаминот Д му е потребен на телото за да може да го апсорбира калциумот, за

одржување на добра состојба на коските и многу други клучни телесни функции.

Но, преголеми дози од сончева светлина може да бидат вистински кошмар за

здравјето. Затоа вашата кожа како што ја чувате

од надвор, треба да ја чувате и од внатре: јадете

намирници кои се богати со антиоксиданти и

нутриенти, пијте многу вода, користете соодветни

производи за нега на вашата кожа, за да ја задржите нејзината влажност и да се

заштитите од оштетувањата кои може да ги предизвика сончевата светлина. Дури

и кога се сончате, многу е важно секојдневно да се користи дневна крема со

заштитен фактор и на таков начин да ја заштитите кожата од сонцето.

Прекумерна изложеност на сонце - ризик за кожен рак

Се смета дека изложувањето на сончевите зраци и на другите извори на

ултравиолетово зрачење е најголем фактор на ризик за настанување на кожниот

карцином. Преку 90% од случаите на рак на кожата се

јавува на површини кои се редовно изложени на

сончевите зраци или на други извори на ултравиолетово

зрачење. Немаланомскиот рак на кожата

(базоцелуларниот и планоцелуларниот карцином)

7

Page 9: Seminarska Rabota Arizan

обично се јавува на површините на кожата кои се често изложени на сонце, додека

пак меланомот најчесто се јавува на кожата на грбот кај мажите, и на кожата на

нозете кај жените. Но, не треба да се заборави дека и неприродните извори на УВ

зраци, како што се лампите за сончање и солариумите, можат да бидат причина за

појава на кожен рак.

Магла

Една од многуте карактеристични појави за Скопје во длабока есен и зима е

маглата која во одредени услови се задржува и подолго време. Кај нас никој не се

занимава со пр оцес на растерување на маглата, иако се прават само поединечни

обиди. Меѓутоа, ниту една институција досега професионално не се зафатила со

надминување на овој проблем. Радијациските магли се најраспространети и

најчесто присутни во Скопје. Најпогодни временски услови за нивно образување

се тивки и ведри ноќи со слаб ветер, а особено ведрите ноќи по дожд кога

воздухот е многу влажен и има услови за појава на езера на студен воздух.

Скопската Котлина поради своите физичко-географски карактеристики се

одликува со зголемена

зачестеност на денови со

магла, особено од ноември

до февруари, а се јавува во

сите часови од деноноќието.

Просечно годишно во Скопје

има 39 магливи денови,

најчесто во периоди од

неколку дена со

карактеристика на многу густа

магла, кога видливоста е од 50 до 200 метри. Скопските магли се одликуваат со

зголемена концентрација на разни гасовити соединенија и честички на

согорување. Доколку потрае стабилна состојба во атмосферата, се зголемува

густината, а со тоа и концентрацијата на атмосферски додатоци. Тогаш маглите

можат да бидат многу штетни за здравјето на луѓето. Во времето кога над Скопје

8

Page 10: Seminarska Rabota Arizan

има магла, сите вредности на отпадните гасови и полутантите се зголемуваат за

неколку пати. Скопјани дишат јаглероден моноксид, јаглероден диоксид, сулфурен

диоксид, азотни оксиди, а во воздухот има и голема концентрација на цврсти

честички како чад. Во тој период природната моќ на воздухот самостојно да ги

рециклира штетните полутанти е намалена поради присуството на маглата.

Природните климатски околности во Скопје се такви што оваа котлина ја прават

многу неповолна за живеење во зимскиот период", вели Магдалена Трајковска од

работната група за испитување на квалитетот на воздухот во ЛЕАП. Обиди за

растерување на маглата во последните неколку години прават поедници, додека

Управата за хидрометеоролошки работи нема надлежност, ниту пак посебно

одвоени средства за таа намена, иако, според стручњаците, начини за борба со

маглата постојат и се применуваат секаде во светот.

Климатски промени и пчелите

Последните десетина години се повеќе ги чуствуваме промените во

климата како последица на глобалното затоплување како резулат на

неконтролираното испуштање на гасови во атмосверата.  Прогнозите за

9

Неверојатно снег во пустина

Градчето Ел Салвадор во Чиле потполно е

прекриен со снег. Метеоролозите тврдат дека

оваа пустина неколку дена ќе биде под снег.

Најсушната пустина во светот пустината

Атакама е моментално целата под снег. Ова го

изненади целиот свет, а поради големото

невреме во Чиле се затворени неколку

автопати и аеродроми.

Page 11: Seminarska Rabota Arizan

последиците од промената на климата во наредните 15 години воопшто не се

поволни. Се очекуваат големи  невремиња и бури , но и големи поплави и

заладувања  поради прекинување на голската струја, што би се случило со

намалувањето на соленоста на океаните поради големиот прилив на слатка вода

од стопените санти  и дотекувањето на реките . Со цел да се ублажат

последиците од оваа не така оптимистичка иднина  190 земји од светот од 28

ноеври до 9 декеври 2005 година  се состанаа во Монтреал, Канада на самитот на

ОН и дебатираат како да ја прошират борбата против глобалното затоплување.

Екологистите пак предупредуваат дека во блиска иднина доколку не се превземат

радикални мерки за зачувување на животната средина голем број видови од

растителениот  и животинскиот свет ќе исчезнат . Овие промени во климата

овозможат разни  мутации на одредени бактерии и вируси кои ќе бидат уште една

голама закана за здравјето на животните и човекот. Ова сигурно дека ќе се

одрази  и на климата на балканот и во Македонија како и на пчелините заедници и

медоносната флора -промени во климатските услови веќе може да се

почувствува, сувата  и долга есен, продолжена  и студена зима, ниски

температури посебно во пролетните месеци април, мај и јуни   што условува

задоцнета вегетација, а наглото затоплување доведува до едновремено цутење

на најголемиот дел од пчелината паша најчесто проследено со големи осцилации

на температурата и нерамномерни врнежи. Поради тоа активниот медобер при

стационирано пчеларење во одредени години не е подолг од 2 до 3 недели што

многу неповолно се одразува на приносите и развојот на пчелината заедница. Во

пролетниот период се забележуваат и големи  температурни разлики во текот на

едно деноноќје, кои во текот на денот се искачуваат и до 280 С. а ноќните

температури се 1 или 30С под нулата. Ова може катастрофално да се одрази на

медоберот најчесто на пашите од багрем и липа кои се многу осетливи на

температурните промени. Освен тоа многу негативно влијае врз развојот на

пчелината заедница во која може да дојде до оладување на леглото  поради

потребата пчелината заедница да формира клубе, што предизвикува појава на

болести, ноземоза, кречно легло, преладено легло, европска трулеж ,па дури и

америчка трулеж. За да се ублажат последиците од ваквите екстремни промени

10

Page 12: Seminarska Rabota Arizan

во природата најважно е да се внимава на технологијата на пчеларењето и

основните принципи во пчеларството, добра локација на пчеларникот која не е

изложена на студените ветрови и загадената средина, да се одгледуваат

исклучиво здрави и силни пчелини семејства кои имаат доволно квалитетна

храна, мед и полен и малади матици, семејствата да  бидат добро затоплени и со

соодветна вентилација. Превентивно треба да се обезбедат сите услови за

успешно пчеларење. Елативната влажност на воздухот е една од

карактеристиките на климатските услови и има големо влијание врз интензитетот

медењето но и врз развојот на пчелината заедница. Релативната влажност на

воздухот просечно се движи од 84% во декеври па до 57% во јули. Малата

релативна влажност на воздухот не е поволна за медењто ниту за одгледување

на леглото, особено во топлите летни денови . Оптималната релативна влажност

на воздухот за добор развој на пчелината заедница и обилно медење на

медоносниите билки е во границите од 60% до 80 %. ако последица на

климатските и другите природни фактори за кои поконкретно пишувавме на

територијата на република    Македонија се застапени три основни климатски

типа: Изменето- средоземноморска за кои е карактеристично топлото влијание од

Егејското Море кое навлегува по речното корито на реката Вардар кон север. Се

карактеризира со топли суви лета и благи врнежливи зими, есента е подолга и

потопла од пролетта која е покуса и посвежа.Ветровите кои дуваат во овој

климатски тип е Вардарецот и Југото. Умерено континенталната клима  се

карактеризира со струење на  студени воздушни маси од север во зима и топлите

воздушни маси кои навлегуват од југ во летото. Ова клима е застапена во

Пелагонија, Преспа, Кичевско, Овче Поле, Кумановско, Славиште и во

Малешевијата.Во котлините со умерено-континентална клима кои се заштитени

од студрните воздушни струења се карактеризираат со топли лета и поблаги

зими.Ова клима е позната како Жупска клима и е застапена во Полошката и во

Дебарската Котлина. Есента вообичаено е подолга и потопла од пролетта.

Планинска клима е застапена на оние планини во Mакедонија кои имаат над 1000

м надморска височина.На планините температурата се намалува во зависност од

висината, а врнежите на поголемите надморски висини се зголемуваат.

11

Page 13: Seminarska Rabota Arizan

Пласнинската клима се карактеризира со долги студени и снежни зими и кратки и

свежи лета а пролетта е пократка и посвежа од есента. Поплави се случуваат 

претежно во пролетните месеци,кога по обилните врнежи од снег Доага до

зголемување  на  температурите над 200 Ц. и најчесто е пропратено со јужен ветер

и врнежи. Само Шар Планина има снежна покривка која достигнува и до два метра

дебелина  и наглото топење на снегот предизвикува зголемување на нивото на

реките и нивно излевање. Регулиранањето на  речните корита и чистењето на

одводните канали ‚ќе ги намали опасностите од поплави со што ќе се намалат и 

штетите од нив. Најчесто страдат посевите, радоградинарските култури,

пластениците. Поплавите треба да се имаат во предвид кога се избира локација

за пчеларникот,тој треба да се постави надвор од областите каде се можни

излевања на реките, ерозии на земјиштето прдизвикано од поплавите и сл.

Доколку пчеларник биде зафатен од поплава може да биде целосно уништен.

ВОДИ

... има драстично намалување на ефективните врнежи за идниот период, кое

главно се должи на значителниот пораст на температурите. Износот на

редукцијата на ефективните врнежи за 2100 година се движи во опсегот помеѓу

27% и 84% ... . Земајќи го во предвид намалувањето на ефективните врнежи и

фактот дека 84% од расположивите водни ресурси се создаваат на територијата

на Република Македонија, може да се заклучи дека значителната редукција на

ефективните врнежи ќе предизвика драстично намалување на расположивите

водни ресурси во 2050 и 2100 година.”3 Ова би значело дека расположливите

водни ресурси за водоснабдување би биле намалени, а во услови на зголемени

температури поради климатските промени се очекува зголемување на

потрошувачката на водата за пиење до 30%. Како мерка за адаптација кон

новонастанатите услови се препорачува намалување на загубите на вода во

12

Page 14: Seminarska Rabota Arizan

системот за водоснабдување со вода за пиење (кои сега изнесуваат 45 – 50%),

зголемување на цената на водата, подигање на јавната свест на населението за

рационално користење на водата, односно истата да не се употребува за

полевање на тревници и сл, како и подобрување на функционирањето на јавните

претпријатија. Климатските промени би имале негативно влијание и врз

наводнувањето (каде се трошат 40% од целокупната потрошена вода во земјата)

од една страна поради намаленото расположливо количество на водни ресурси, а

од друга страна поради зголемената евапорација поради зголемените

температури. Според тоа, климатските промени ќе се одразат негативно врз

земјоделието. Како мерки за адаптација во делот на наводувањето се опфатени:

зголемување на ефикасноста на системите за водоснабдување и начините за

наводнување, со што би се намалило количеството на вода потребно за

наводнување и 3 Проценка на ранливоста и адаптација за секторот водни

ресурси, кон Вториот национален извештај на РМ кон РК на ОН за климатски

промени, Д-р Катерина Доневска, декември 2006 8 загубите на вода; цената на

водата да достигне реална вредност, што ќе ги натера земјоделците да ја штедат

истата или да се преориентираат на култури со помала побарувчка на вода.

Климатските промени исто така ќе влијаат и врз зачестената појава на

екстремните хидролошки појави, поплавите и сушите, за кои веќе е регистрирана

зголемена зачестеност во однос на минатото. Поради тоа, рехабилитацијата и

одржувањето на системите за заштита од поплави и системите за одводнување е

неопходна. Во напорите за спречување на поплавите потребно е да се

инсталираат системи за рано предупредување на главните водотеци во

Македонија. Исто така, потребно е изготвување на оперативни планови за

заштита и ревидирање на документите за плавените површини итн.

Адаптационите мерки поврзани со сушите се поврзани со промена на видот на

културите кои ќе се одгледуваат, одржување на системите за водоснабдување,

како и зголемено испуштање на вода од акумулациите. Во делот за управување со

водните ресурси посебно влијание треба да се посвети на управувањето со

браните и вештачките акумулации бидејќи тие играат значајна улога и во

наводнувањето, и во спречувањето на поплави и во водоснабдувањето на

13

Page 15: Seminarska Rabota Arizan

населението. Климатските промени ќе имаат негативно влијание и врз квалитетот

на водите. Зголемената температура на водите негативно ќе влијае врз водниот

биланс и живиот свет кој живее во водите, пред се поради намаленото количество

на кислород во водата. Поради намалените протоци, во водите ќе се зголемат

концентрациите на загадувачките материи испуштени во истите, а поради

зголемената употреба на вода во земјоделието ќе се зголеми концентрацијата на

загадувањето кое се испушта во реките. Најуспешна мерка за адаптација кон

влошениот квалитет на водите е изградбата на пречистителни станици за отпадни

води, посебно за поголемите градови во Македонија. За следење на влијанието на

климатските промени врз водите во Македонија неопходно е да се подобри

системот за мониторинг на водите.

ЗЕМЈОДЕЛИЕ

Најзагрозени земјоделски подрачја од појавата на климатските промени во

Македонија се следните: како најзагрозена зона е зоната на Повардарието,

особено во делот на реките Црна и Брегалница; во многу загрозени зони спаѓаат

југоисточниот регион (Струмица), јужниот дел на Вардарската долина (Гевгелија),

долината на Скопје – Куманово (Скопје), Овче Поле (Штип); како загрозени

земјоделски зони се сметаат: Пелагонија (Битола), Полог (Тетово и Гостивар),

регионот на големите езера (Ресен). Најзагрозени земјоделски култури од

климатските промени би биле: виновата лоза во делот на Повардарието, чие

производство би се намалило за 59% до 2100 година; доматот, чие производство

би се намалило за 84% во Гевгелискиот и 82% во Струмичкиот регион до 2100

година; зимската пченица , чие производство во скопскиот регион би се намалило

за 21% до 2100 година; луцерката чие производство во Битолскиот регион би се

намалило за 70% до 2100 година, а производството на јаболка во Ресен би се

14

Page 16: Seminarska Rabota Arizan

намалило за 59% до 2100 година. Адаптирањето во растителното производство

кон климатските промени би се сосотоело во: употреба на техники за заштеда на

вода во наводнувањето, воведување на нови култури и сорти толерантни кон

суши, превземање на мерки за опоравување на почвата, едукација на фармерите

итн. Намаленото производство на луцерка и зимска пченица ќе се одрази и врз

сточарското производство, особено во интензивното сточарско производство.

Високопродуктивните грла исто така ќе бидат под негативно влијание на

зголемените температури, како и на брзите и големи температурни разлики.

Поради зголемените температури и влажноста на воздухот ќе се зголемат

природните живеалишта на инсектите, така што голем број на болести кои се

пренесуваат преку инсекти, а се карактеристични за тропските области би се

пренеле кај нас на добитокот. Како пример за ова се истакнува појавата на

инфективното заболување плав јазик во 2001 година, заболување кое е нетипично

за нашето поднебје. Како најпогодни мерки за адаптација на климатските промени

би биле воведување на 10 грла отпорни на високи температури и тропски

заболувања, како и модификација на исхраната и условите во шталите каде се

одгледува добитокот. Зголемената температура и намалената влажност во

почвата ќе придонесе кон намалување на органската компонента во почвата и

зголемување на ерозијата, што пак директно влијае на нејзината плодност. Како

една од мерките за спречување на намалувањето на органската материја во

почвите е употребата на органски ѓубрива, ѓубрење на почвите по претходно

направени хемиски анализи на почвата, одгледување на легуминозни растенија

заради зголемување на количеството на азот во почвата итн. Најдобар начин за

заштита од ерозија е пошумувањето на падините. Климатските промени ќе

предизвикаат и влошување на квалитетот на прехранбените производи поради

појавата на патогени и биотоксини во истата. Влошувањето на условите за

земјоделско производство во одредени подрачја би предизвикало нивно

осиромашување, миграција на населението и замирање на животот во тие

краишта. Намаленото производство би ја погодило и преработувачката индустија

захрана.

15

Page 17: Seminarska Rabota Arizan

ШУМАРСТВО

Во делот на шумарството се предвидени следните последици од климатските

промени, а согласно тоа се предложени и адаптациони мерки за нивно

ублажување: „ Според досегашните искуства, а и според резултатите од ова

сценарио, до 2050 година можни се следниве последици од климатските промени:

1. Поради зголемувањето на температурата на воздухот и намалените врнежи,

можно е интензивирање на процесот на сушење на шумите, особено во дабовиот

појас ( до околу 1 200 м н.в.); 2. Исто така, се очекува одредена миграција на

дрвните видови кон поголемите надморски височини и промена на флористичкиот

состав на сегашните шуми; 3. Заради физиолошкото слабеење на дрвјата се

очекува зголемена популација на одредени штетници (особено инсекти) и габи; 4.

Заради зголемениот процент на суви стебла ќе се зголемува количината на

горливиот материјал и поради поволните услови (зголемена температура на

воздухот и намалени врнежи) се очекуваат поголем број на шумски пожари и

опожарена површина; 5. Сето ова, заради потребата за преземање на соодветни

мерки при работата во шумарството, ќе ги зголеми трошоците на работа во

шумарството и се очекува да предизвика значајни економски штети. Мерките кои

треба да се преземат за да се адаптира шумарството на едни вакви услови се: 1.

Стопанисувањето на шумите да се прилагоди на климатските промени, преку

детални мерки предвидени во посебните планови за стопанисување. На пример:

Одгледувачките мерки да бидат прилагодени со климатските промени;

Уредувачките мерки да бидат 12 прилагодени со климатските промени; Изборот

на видови при пошумувањата да бидат прилагодени со климатските промени и сл.

2. Да се воспостави мониторинг за следење на влијанието и промените на

16

Page 18: Seminarska Rabota Arizan

климатските промени врз шумите и шумарството. Особено се мисли на следењето

на здравствената состојба на шумите, популациите на болестите и штетниците и

фитоценолошкиот состав на шумите. 3. Да се превземат сите превентивни,

пресупресивни и директни мерки за заштита на шумте од пожари. 4. Да се

воспостават механизми државата да го помага овој аспект на работа во

шумарството бидејќи тој нема секогаш да има економска оправданост. 5.

Подобрување на видовиот состав на шумите (природни и вештачки) со автохтони,

отпорни на климатски промени, дрвни видови.

ЗДРАВЈЕ

Ефектите врз здравјето кои ги предизвикуваат климатските промени може да се

поделат на директни и индиректни влијанија. Во директни влијанија спаѓаат

болестите и сосотојбите со здравјето кои се поврзани со температурата и

екстремните временски настани и ефектите од аерозагадувањето повразни со

ширењето на спори и мувли. Во индиректните влијанија спаѓаат болестите

поврзани со загадувањето на храната, водата за пиење или недостаток од нив, а

исто така и болестите кои се пренесуваат преку вектори. Влијанието на

зголемената температура посебно ќе дојде до израз во урбаните средини каде

температурата е повисока од руралните средини за неколку степени (оваа

разлика во Америка изнесува 12,50 C за град од 1.000.000 жители. За Европа оваа

бројка е помала, а разликата е максимална во случајот на Амстердам и изнесува

8,70 C). Во Македонија поеќе од 60% од населението живее во градовите. „Како

последица на глобалното затоплување, директните опасности врз човековото

здравје можат да претставуваат сигнификантен здравствен проблем во контекст

на понатамошната урбанизација. Потоплите температури, комбинирани со

зголемената амбиентална УВ радијација и урбаното аерозагадување можат да го

потенцираат фотохемискиот смог, посебно во урбаните средини.“5 Најпогодени

групи од топлотните бранови се доенчињата и децета до четири години, луѓето со

зголемена телесна тежина и оние луѓе кои имаат зголемено трошење на течности

на работното место. Топлотните бранови предизвикуваат топлотни удари,

исрпување и грчење, а исто така ги влошуваат и хроничните проблеми со

17

Page 19: Seminarska Rabota Arizan

белодробните, срцевите и бубрежните болести. Екстремните временски појави,

како што се поплавите, исто така, претставуваат ризик за здравјето и животот на

луѓето зафатени со нив. Глобалното затоплување влијае и врз појавата на

алергии и нивно интензивирање, поради продолжените периоди на цветање и

сезоната на полен на некои растенија, како и поради географското ширење на

некои видови растенија во нови области.

ЗАКЛУЧОК

Важен аспект на климатa се климатските промени. Во текот на изминатите

милиони години средната годишна температура на Земјата варирала нагоре или

надолу по неколку степени целзиусови. Температурата во светот во изминатите

100години се има покачено за 0,74 ° C а научници се јасни дека светот ќе добие

потопол век, поради понатамошно зголемување на концентрацијата на

стакленички гасови. Се предвидува дека просечната глобална температура ке

порасне за 4 ° C до крајот на 21от век, доколку не превземеме чекор за

намалување на емисијата на стакленички гасови. Во денешнo време зборот

климатски промени се однесува на антропогените/човечки предизвикани

климатски промени преку зголемената концентрација на гасови со ефект на

стаклена градина во атмосферата, кои како последица предизвикуваат глобално

затоплување. Во природата не постојат ни награди ни казни,постојат само

последици.

18

Page 20: Seminarska Rabota Arizan

Користена литература:

www.mk.wikipedia.com

www.wmo.int

www.meteo.gov.mk

www.meteo.gov.hr.

www.climatesciense.gov

19

Page 21: Seminarska Rabota Arizan

20