studija na slucaj-vvv

11
ООУ,,Никола Карев,, Кочани ПРОЕКТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ Вклучување на учениците во процесот на оценување преку самооценување и оценување на соученици Проблем задача со истражување Студија на случај Вера Јовановска проф.по математика

Upload: julijana-stoilkova

Post on 05-Dec-2015

95 views

Category:

Documents


11 download

TRANSCRIPT

Page 1: Studija Na Slucaj-VVV

ООУ,,Никола Карев,, Кочани

ПРОЕКТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПРИМЕНА НА СТАНДАРДИТЕ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Вклучување на учениците во процесот на оценување преку самооценување и оценување на соученици

Проблем задача со истражување

Студија на случај

Вера Јовановска проф.по математика

Кочани

април / 2009год.

Page 2: Studija Na Slucaj-VVV

1.Кус опис на студијата

Во оваа студија на случај беа вклучени 20 ученици од 7 одделение во наставата по математика. Учениците беа поделени во 5 групи (по 4 ученици) по случаен избор. Им беше даден период од две седмици да изработат домашна работа од областа на наставната тема: ,,Питагорова теорема и нејзина примена”. Секоја група доби своја домашна работа: 1.Питагорова теорема и нејзина примена во наједноставни задачи; 2.Примена на Питагорова теорема кај правоаголник и квадрат; 3.Примена на Питагорова теорема кај рамнокрак и рамностран триаголник; 4.Примена на Питагорова теорема кај правоаголен и рамнокрак трапез; 5.Примена на Питагорова теорема кај ромб.

Им беа дадени напатствија што се треба да биде опфатено ( скица, формули, задачи со различено ниво на когнитивни барања). По усните презентацијии на сите групи се изврши оценување на секоја домашна работа од страна на сите групи (со што беше опфатено и самооценување и оценување од соучениците) и од страна на наставникот. Се изврши и споредба на критериумите на оценување на учениците и на наставникот иако оценувањето е вршено според иста аналитичка листа на бодови.

2.Цели на студијата на случај

Освен општата цел на темата да се согледа користа од посложените прашања за проверка на наставните цели на повисоко ниво оваа студија на случај имаше уште неколку конкретни цели. Со неа пред сé требаше да се испита влијанието на изведбената работа врз мотивацијата на учениците. Покрај тоа студијата имаше за цел да утврди дали и колку вклучувањето на учениците во самооценување и оценување на сооучениците води до објективни оценки.

3. Методи на оценување

За оценување на домашните работи наставникот изготви листа за бодување која беше креирана според потребите за оценување на ваков тип на прашања, земајќи ги предвид возраста на учениците и нивните познавања од оваа тема. Листата беше проследена со толкување на листата

Page 3: Studija Na Slucaj-VVV

за бодување, но и со усна повратна информација со насоки за учениците како да го подобрат учењето и постигањата. Истата листа на бодување ја користеа и учениците (за самооценување и оценување на соучениците) и наставникот. Потоа се изврши споредување на критериумите на оценување на учениците и на наставникот со усна дискусија. И на крај учениците добија задача да одговорат на неколку прашања што се однесуваат на нивната вклученост во самооценувањето во дневник за рефлексија.

4. Метод на истражување

Истражувањето беше квалитативно и во него беше вклучено пополнување на инструменти т.е. аналитичка листа за бодување. Според критериумите дадени во листата учениците извршија формативно оценување на одговор на посложено прашање и на усна презентација на истото. Притоа тие оценуваа три компоненти: техничката изработка, содржина – теорија и задачи, и презентација. Потоа се направи анализа на оценувањето од страна на учениците и оценувањето на наставникот. Се согледаа разликите односно сличностите во поглед на оценувањето. На крај, преку рефлексивните прашања се анализираше ставот на учениците како изведбената работа влијае врз нивната мотивација за утврдување на наставната тема, како и нивниот став за вклучување во процесот на оценување.

5.Основни наоди

Учениците немаа поранешно искуство во изработка на семинарска работа за прашање со опширен одговор од областа на математиката. Затоа добија напатствија од наставникот што треба да биде опфатено (скица, формули, задачи со различено ниво на когнитивни барања). Со групната работа се овозможи во работата да се вклучат скоро сите ученици.Учениците со послаб успех доминираа во изработката на задачите со пониско ниво, додека посложените задачи главно ги изработуваа учениците со повисок степен на знаење.

Page 4: Studija Na Slucaj-VVV

Во желбата да остават подобар впечаток учениците понудија пообемни одговори од потребното, што е доказ за нивната ангажираност и одговорност. Усната повратна информација беше многу корисна бидејќи овозможи во моментот поставување на прашања од страна на учениците и разјаснување на некои нејасни работи. Преку листата на бодување може да се прегледаат сите трудови за да се види кој елемент на учениците им претставува најголем проблем на којшто во наставата треба да му се посвети посебно внимание. Самоценувањето ги мотивира и охрабрува учениците активно да се вклучат во учењето и го засилува чувството на поседување на сопственото учење. Од резулатите од самооценување се гледа дека учениците во голема мера се оценуваат објективно, бидејќи бодовите се скоро исти како оние на наставникот,но сепак по малку беа субјективни кон својата група, што е разбирливо.

Прилог 1 : Листата за бодување ги вклучува: техничката изработка, содржината – теорија и задачи и презентацијата по принципот: 5 бода - извонредна, 4 бода - многу добра, 3 бода - добра, 2 бода - прифатлива, 1 бод - почетничка.

Прилог 2 : Резултати од листата за бодување во кое бодувањето го вршат учениците по групи.

Тех.израб. (бодови) Содржина(бодови) Презентација(бод.) ср. 1 2 3 4 5 ср. 1 2 3 4 5 ср. 1 2 3 4 5 ср.

Iгр. 5 4 4 5 4 4,4 4 5 5 5 5 4,8 5 4 4 5 5 4,6 4,60 IIгр. 4 5 5 5 5 4,8 5 5 5 5 5 5,0 5 5 4 5 5 4,8 4,87IIIгр. 2 3 4 3 4 3,2 4 3 5 3 3 3,6 4 4 5 5 5 4,6 3,80IVгр. 3 3 3 4 3 3,2 4 5 5 5 4 4,6 5 5 4 5 5 4,8 4,20 Vгр. 4 4 3 4 4 3,8 5 4 3 4 5 4,2 4 5 3 4 4 4,0 4,00

Прилог 3 : Резултати од листата за бодување во кое бодувањето го врши наставникот.

Page 5: Studija Na Slucaj-VVV

тех.израб. содржина презентација ср.оцена I група 4 5 5 4,67 II група 5 5 5 5,00III група 3 3 5 3,67IV група 3 5 5 4,33 V група 4 4 4 4,00

Прилог 4: Рефлексивни прашања.

1 Дали ти се допаѓа да ги оценуваш своите соученици? Зошто?

2 Дали ти се допаѓа да се самооценуваш или не ти се допаѓа? Зошто?

3 Како се чувствуваш кога се самооценуваш?

4 Што научи? Кои се твоите јаки и слаби страни?

5 Како би можел/а да се подобриш?

Прилог 5:Споредба на средните оцени на учениците и на наставникот.

6.Рефлексија

Page 6: Studija Na Slucaj-VVV

Со ваквите прашања со опширен одговор учениците вршат селекција на помалку – повеќе значајното, како и на помалку – повеќе наученото.

Со групната работа имаше поделба на работата помеѓу учениците во групите т.е. учениците со послаб успех ги изработуваа задачите од пониско ниво, додека посложените задачи ги изработуваа учениците со повисок степен на знаење.

Ако секој ученик самостојно требаше да изработи домашна работа на исто прашање со опширен одговор, тогаш секој ученик ќе мораше да посвети внимание на сите задачи (поедноставни и посложени) со што ќе се нагласеше класификацијата на задачите по степенот на нивната сложеност.

Имајќи во предвид дека учениците немаа поранешно искуство во изработка на домашна работа за прашање со опширен одговор од областа на математиката наставникот им даде детални напатствија за изработката на домашните работи, што може да не биде случај при следна ваква активност. На тој начин ќе бидат додадени и истражувачки постапки.

Листата за бодување наставникот може да ја разработи заедно со учениците, со што и тие ќе земат активно учество во одредувањето на критериумите за оценување. На тој начин учениците уште подлабоко ќе се вклучат во процесот на оценување т.е. самооценување.

7.Заклучоци/ препораки за идна работа

На почетокот од задачата е многу важно на учениците да им се објаснат целите и очекуваните исходи.

За да бидат целите подобро остварени односно резултатите од поучувањето да бидат подобри многу е важно учениците пред да добијат задача да знаат за што ќе бидат оценувани и начините на кои оценувањето ќе се изврши.

Оценувањето на соучениците ги става учениците во улога на наставник, со што ја уочуваат одговорноста на наставниците при оценувањето. Исто така повеќето ученици увидуваат дека процесот на оценување се заснова на одредени критериуми, а не произволно по желба на наставникот. Затоа учениците треба почесто да бидат вклучени во процесот на оценување.

Page 7: Studija Na Slucaj-VVV

Сооценувањето ги поттикнува учениците да поставуваат прашања во врска со она што не го знаат или им причинува тeшкотија.

Самооценувањето ги поттикнува учениците рефлективно да размислуваат за своите постигања и грешки. Со тоа им помага да станат свесни за своите добри и слаби страни.

Забелешките на наставникот да се даваат со позитивна конотација, за да не се дестимулира мотивацијата на учениците. Дa се внимава и на соопштувањето на оценките, да не би дошлo до нарушување на односите на учениците.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА :

,,МАТЕМАТИКА ЗА VII” – Јово Стефановски, д-рНаум Целаковски, д-рДушко Ачовски, д-рЖивко Мадевски, Гоце Шопкоски, Аница Алексова;

,,МАТЕМАТИКА ЗА VII” – Глигор Тречевски, Костадин Тренчевски;

,,МАТЕМАТИКА ЗА VII” – Снежана Хаџи Николова;

,,МАТЕМАТИКА ЗА VII”- работни листови, тематски тестови” – Јово Стефановски, Душко Ачовски , Гоце Шопкоски, Наум Целаковски, Аница Алексова;

,,ЗБИРКА ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА VII” – Јово Стефановски;

,,МАТЕМАТИКА ЗА VIII” – Јово Стефановски, д-рНаум Целаковски, д-рДушко Ачовски, д-рЖивко Мадевски, Гоце Шопкоски, Аница Алексова;

,,МАТЕМАТИКА ЗА VIII” – Лидија Кондински, Снежана Здравевска, д-рДончо Димовски;

,,МАТЕМАТИКА ЗА VIII” – Глигор Тречевски, Костадин Тренчевски;

,,МАТЕМАТИКА ЗА VIII- работни листови, тематски тестови” – Јово Стефановски, Наум Целаковски, Живко Мадевски;

,,ЗБИРКА ЗАДАЧИ ПО МАТЕМАТИКА ЗА VIII” – Јово Стефановски, Наум Целаковски, Живко Мадевски;

КОМПЈУТЕР, ИНТЕРНЕТ.