transport i zivotna sredina

17
Универзитет “Св.Климент Охридски” – Битола Технички факултет-Битола Отсек-Сообрќајно транспортно инжинерство Насока-Воздушен сообраќај Семинарска работа по предметот: Транспорт и животна средина Тема: Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени Ментор Изработил

Upload: nikola-zdraveski

Post on 14-Oct-2014

176 views

Category:

Documents


7 download

TRANSCRIPT

Page 1: Transport i Zivotna Sredina

Универзитет “Св.Климент Охридски” – Битола

Технички факултет-Битола

Отсек-Сообрќајно транспортно инжинерство

Насока-Воздушен сообраќај

Семинарска работа по предметот:

Транспорт и животна средина

Тема: Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени

Ментор Изработил

Ред.проф.Александар Марковски Роберт Здравковски 7588

Ред.проф.Никола Крстановски Живе Митревски 7555

Page 2: Transport i Zivotna Sredina

Содржина

1.Вовед

2.Глобално затоплување

2.1Следење на климатските промени

2.2Последици од климатските промени

3.Кисели дождови

3.1Последици на киселите дождови

4.Meѓународни иницијативи во врска со климатските промени

5.Протокол на Кјото

6.Заклучок

7.Користена литература

Page 3: Transport i Zivotna Sredina

1.Вовед

Животот на земјата е можен поради ефектот на стаклената градина кој се создава на природен начин. Природното појавување на гасовите кои го создаваат ефектот на стаклената градина (стаклечки гасови), пред се водената пареа, јаглерод диоксид, метан, азотен оксид, тропосферски озон, овозможува сончевата енергија да дојде до површината на земјата како видлива светлина за потоа да биде заробена во атмосферата како инфрацрвена светлина.Овај феномен ја одржува топлината на нашата планета со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции. Ефектот на стаклената градина која милиони години беше благослов на земјата сега се претвора во сериозна закана засилена од човечките активности. Со индустријализацијата и порастот на населението, емисијата на стакленичките гасови од согорувањето на стакленичките гасови, сечењето на шумите и чистењето на земјиштето за употреба на земјоделието постојано се зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се емитираат во атмосферата побрзо од колку што можеа природните процеси да ги отстранат. Дополнително емитрирани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоро јаглероди и халони утврдено е дека тие го продолжуваат ефектот на стаклената градина. Во овај период концентрацијата на овие гасови постојано се зголемува со предвидување дека ќе продолжи брзо да расте со порастот на глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат деликатната рамнотежа, значително зголемуваќи го количеството на стакленички гасови во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Податоците за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу концентрацијата на стакленичките гасови во атмосферата и глобалните температури. Светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетије се затолила за 0,5 C. Во јануари 2001 година меѓувладиното тело за климатски промени при Обединетите нации официјално изјави дека човечкото влијание представува главен фактор за глобалното затоплување.

Page 4: Transport i Zivotna Sredina

2.Глобално затоплување

Глобалното затоплување на земјината површина последните децении доведува до загрижувачки размери. Од таа причина Светската метереолошка организација и програмата за животна средина на Обединетите нации воспоставија меѓувладино тело за климатските промени во 1988, а во 1992 година во Рио Де Жанеиро беше потпишана Рамковна конвенција во Обединетите нации за климатските промени. Со неа државите потписнички се согласија да се врши идентификација и контрола на емисијата на штетни гасови во атмосферата, на ниво што би спречило потенцијална опасност врз глобалниот и климатскиот систем. Официјалните мерења на температурата датираат од 1861година , по завршувањето на дваесетиот век глобалната просечна температура на земјата е покачена за 0,6 C. Глобално е многу веројатно дека минатата деценија била најтопла досега. Глобалната температура е пропорционална на топлинското зрачење што го предизвикуваат штетните гасови ,како резулатат на глобалното загревање се топат ледените маси и нивото на морињата е покачено. Концентрацијата на јаглероддиоксид е покачена на 31% почнуваќи од 1750година, се предпоставува дека пред таа година концентрацијата небила изменета неколку милиони години околу 75% од емисијата на јаглероддиоксид предизвикана од човечкиот фактор предизвикани во последните 20 години се должи на согорување на фосилните горива (нафта, гас, јаглен) останатиот дел е намалување на пошумените делови.

Page 5: Transport i Zivotna Sredina

2.1 Следење на климатските промени

Денес постои високо високо развиена технологија и опрема и технологија за мерење за климатските промени и усовршени методи за проценување на климатските промени. Сепак правење на прогнози за идниот развој за глобалното загревање е многу сложена работа, бидеќи зависи од повеќе природни и антропогени фактори. IPCC има направено прогноза до 2100година во која се опишани 6 можни сценарија. Концентрацијата на јаглероддиоксид ке се зголеми за 90% во најблагото сценарио , а 250% според најлошото.Глобалната земјина температура може да се покачи 1,4 до 5,8 C. Глобалното средно морско ниво може да порасне од 9 до 88 см до 2100година. Но климатските промени и последиците нема да бидат рамномерни по целата земјина површина, се очекува ледените маси и снежните покривки на северната хемисфера да се намалат, а на јужната малку да се зголемат поради распределувањето на врнежите.

Page 6: Transport i Zivotna Sredina

2.2Последици од климатските промени

Скорешните регионални климатски промени, особено покачувањето на температурата веќе погодија многу природни физиолошки и биолошки системи. Во многу региони во светот е документирано поинтензивно топење на ледените маси, доцнење на замрзнувањето и поранување на топењето на мразот во реките и езерата, изчезнување на некои растителни и животински видови , порано цутење на дрвјата непредвидена појава на инсекти. Климатските промени делуваат неповолно на системите поврзани со човечкиот живот а тоа се водните ресурни, земијоделството, пошумувањето,крајбрежните зони, индустријата енергијата, здравјето.Од климатските промени можни се последиците глобални по континети или по региони.Пример за Европа:

-човеките системи во Јужна Европа и Антартикот ке бидат со поголеми последици во споредба со другите делови на Европа

-опаѓање на водните ресурси, послаба влажност на почвата и подолги лета се очекуваат во Јужна Европа

-околу половина од алпските глечери и снежните површини би изчезнале на крајот на 21 век

-ќе има позачестени и поголеми полави на реките

- во Македонија ќе има негативни последици во многу сектори како земјоделство,шумарство

Page 7: Transport i Zivotna Sredina

3.Кисели дождови

Киселите дождови се врнежи загаден со сулфур диоксид, азотен оксид или амонијак и други хемиски соединенија. Додека нормалната pH вредност на дождот изнесува околу 5,5 pH вредноста на киселите дождови изнесува во просек 4 до 4.5. Тоа отприлика одговара на 40 пати поголема количина киселина во однос на неоптеретена дождовница.

Намалување на pH вредноста за една мера значи пораст на киселоста за 10 пати. Главната одговорност за оптеретувањата предизвикани од кисели дождови ја сносат термоелектраните, чадот од стамбените згради и издувните гасови во сообраќајот. Настанатите штети под дејство на киселите дождови обично се далеку од вистинските штетни извори.

Испитувањата покажуваат дека сулфурната и азотната киселина ја сносат најголемата одговорност за киселите дождови.

Ако pH вредноста во вообичаено чисти планински потоци и езера преоѓаат во кисели подрачја може да дојде до изумирање на рибите и другите организми

Ако киселите дождови навлезат во земјата се ослободуваат тешки метали кои можат да ги оптеретат подземните води а со тоа и водата за пиење. На тој начин човекот е изложен на посилно внесување на тешки метали во организмот.Стручнаците предвидуваат дека во 2020 година во воздухот ќе се изпушта за третина помалку сулфур диоксид отколку во 1980 но во подрачјето на Азија нивната емисија во тој временски период ќе биде повеќе од двојно поголема.Уште поштетни се азотните оксиди кои во околината достигаат во најголем дел како издувни гасови во сообраќајот.

-При процесите на согорување настанува сулфур диоксид, азотен оксид и други гасови кои го потпомагаат настанувањето на киселините.

-Слободните неметални оксиди оксидираат во влажна атмосфера со водена пареа и сулфурна и азотна киселина. Овие соединенија се наогаат во воздухот така што на земјата паѓаат заесно со врнежите. Бидејќи овие производи на согорување настануваат во поголема количина во градовите и индустриските зони, и pH вредноста таму е поголема отколку на село.

-Процес како од јаглерод диоксид во рекција со вода настанува јаглеродна киселина (H2CO3): CO2 + H2O --> H2CO3.

-Процес како од азот оксид во реакција со вода настанува нитритна (HNO2) и азотна (HNO3) киселина 2NO2 + H2O --> HNO2 + HNO3.

-Процес како од сулфур диоксид во реакција со вода настанува сулфуреста (H2SO3) и сулфурна киселина (H2SO4): 2SO2 + 4H2O -->2H2SO4

Page 8: Transport i Zivotna Sredina

3.1Последици на киселите дождови

-Во почвата киселините го започнуваат своето штетно дејство -Киселите дождови штетно делуваат на сиромашните планински предели -Ги топи хранливите материи како на пример калциумот од тенкиот слој на хумус, па стеблата остануваат без калциум кој им е неопходен за изградба на нови клетки.

На билки:

-Оштетени иглички (позолтување или пагање на игличките)-Оштетување на пупките и младите изданоци -Оштетување на кората-Оштетување на дрвата-Аномалии во растењето

Page 9: Transport i Zivotna Sredina

-Оштетување на корењата-Слаба отпорност на мраз, инфекции, штеточини и сл.

На езеро:-Во Скандинавските езера се појавува pH вредност на водата 3. Тоа доведува до изумирање на микроорганизмите и билките и на крајот целиот еко систем. Ако во езерата се влеваат реки кои пред тоа поминале низ кисели шумски подрачја додатно се зголемува намалувањето на pH вредноста.

На градилишта:-Вишокот на протони во дождовницата предизвикува побрзо распаѓање на каменот, што значи се забрзува ерозијата. Со тоа каменот се дроби. На сличен начин се раградува и песокта. На тој начин се уништуваат многу објекти.

Page 10: Transport i Zivotna Sredina

4.Meѓународни иницијативи во врска со климатските промени

Во текот на 80-тите заради научните докази за глобалните климатски промени и последиците од нив се појави зголемена загриженост помеѓу научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година во Рио де Жанеиро беше усвоена Рамковната Конвенција за климатските промени. Соглесно со Рамковната Конвенција се поставија бројни обврски за сите земји, главно во врска за изготвување и имплемнтација на политики за намалување на емисите на стакленичките гасови. Конвенцијата стапи на сила во 1994 година и досега е ратификувана во 192 земји. На донесувањето на конвенцијата и предходеа многу активности на низа интернационални организации кои ја согледаа потребата од итно превземање на сериозни и обемни активности на меѓународна заедниза на глобално ниво. Известајот на меѓувладиниот панел за климатски промени укажува на тоа дека ако се превземат сериозни активности на глобално ниво, моќно е зголемување на глобалната температура и до 6 степени. Главната цел на конвенцијата е соочување и облажување на ефектите од климатските промени и глобалното затоплување преку стабилизација на емисите за гасови кои предизвикуваат ефект од стаклена градина. За таа цел, Конвенцијата како и нејзиниот протокол од Кјото, предвидуваат низа мерки и акотивности на меѓународната заедница и на земјите што се потписници и тие представуваат одраз на силна политичка вољја за намалување на негативните ефекти од климатските промени.

Конвенцијата има повеќе анекси од кои анексот број еден се однесува на развиените земји, плус Русија и источните земји што се поранешни членки на Баршавскиот пакт. Конвенцијата има и свои органи при што највисок орган е Конференцијата на страните, потоа Секретаријат кој ги подготвува состаноците на Конференцијата на страните и е задолжен за оперативно спроведување на Конференцијата, потоа посебно тело за научни технолошки совести и посебно тело за споведување на Конференцијата.

Page 11: Transport i Zivotna Sredina

5.Протоколот на Кјото

Протоколот од Кјото е усвоен во 1997 година како дополнување на Конвенцијата за климатски промени. Со протоколот е предвидена обврската за намалување на гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градина за најмалку 5% на земјите од анекс Б, преку примена за мерката на енергетска ефикасност, развој и примена на чиста технологија.Протоколот предвидува четири видови на механизми:

Агрегација на емисии-односно можат две или повеќе земји да ги спојат своите права на емисии на заедничко ниво, преку заеднички утврдени граници, односно заеднички квоти за права на емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Ова дава можност за групирање на правата на емисии на регионално право.

Заедничко спроведување преку пренесување на чиста технологија за енергетска ефикасност и заедничка соработка во други слични заеднички проекти за намалување на емисионите штетни гасови.

Систем за трговија, според кој земја што има повеќе права за емисија за гасови отколку што изнесуваат нејзините потреби, може за надомест да ги отстапи на земјата што има потреба за емисија на овие гасови, односно дава можност да ги продаде.

Механизам за чист развој според кој земји од анекс 1 можат да добијат кредити за емитување со давање помош со пренесување технологии за создавање проекти што резултираат за намалување на гасовите.

Република Македонија како земја што не припаѓа на земјите од анекс Б од протоколот, нема обврска за намалување на гасовите што предизвикуваат стаклена градина.

Page 12: Transport i Zivotna Sredina

5.Заклучок

Очигледно е дека глобалното затоплување на Земјата има загрижувачки размери со тенденција на влошување на состојбата. Тоа е причина што на меѓународно ниво со покренати голем број на активности, формирани се меѓувладини тела и невладини организации со цел ублажување на климатските промени.

Според анализите на експретите, климатските промени ке имаат штетни влијанија речиси во цела Република Македонија. Со сигурност се предвидуваат штетни влијанија во земјоделството, шумарството,изчезнување на растителниот свет.

Факт е дека Македонија е токму на почетокот на активностите поврзани со климатските промени, многу напори треба да бидат направени во следниот период со краткорочни и долгорочни мерки кои ке придонесат за решавање на прашањата поврзани со климатските промени.

Page 13: Transport i Zivotna Sredina

6.Користена литература

http://europa.eu/index_en.htm