АМАК ПРЕС 114

36
АМАК ПРЕС ОХРИДСКИ НОВИНИ Број 114, 15 Септември 2009, Бесплатен примерок СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ... ‘‘Живите свирки наш препознатлив знак’’ Силвија Плевнеш Во Охрид нема услови за елитен туризам

Upload: alankaou

Post on 28-Mar-2016

248 views

Category:

Documents


17 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 114

АМАК ПРЕС

ОХРИДСКИ НОВИНИБрој 114, 15 Септември 2009, Бесплатен примерок

СЕКАДЕ... СЕГА... СЕКОГАШ...

‘‘Живите свирки наш препознатлив знак’’Силвија Плевнеш

Во Охрид нема услови за елитен туризам

Page 2: АМАК ПРЕС 114
Page 3: АМАК ПРЕС 114

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид. Излегува секој 15-ти во месецот

Тел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директор;

Главен и одговорен уредник: Ангела Белевска [email protected]

Технички уредник: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска

Веб уредник: Алан Каоу

фото:Александар Ковачески

Никола Танчески - Коџак

Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318

Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

3

Збор на уредникот

Како да претчувствував, каква грешка можат да направат луѓето кои одлучиле да се занимаваат со нови-нарската професија, јас во минатиот број на АМАК –Прес Охридски Новини Ви пишува за моќта на меди-умите и со оглед на тоа што преку нив се креира јавното мислење потенцирав дека луѓето кои работат во нив мора да известуваат точно,објективно и прецизно за актуелни настани и случувања кои се од интерес на широките народни маси.За жал минатиов период актуелни беа две несреќни случки кои беа во Охридското Езеро. Едната е судрувањето на два глисери и втората, потонувањето на бродот “Илинден“. За жал сообраќајните несреќи однесоа и човечки жртви. Како луѓе јас и тимот од мојата редакција изразуваме длабоко жалење за по-чинатите и сочувство до семејствата на загинатите. Но од друга страна како професионалец во својата професија не можам да се изначудам на необјективното, пристрасно и нереално известување на луѓето кои иако несоодветно образовани себе си се нарекле новинари.“Секоја лоша вест е добра новинарска вест, но со оглед на тоа што во такви случаи се известува за дели-катни, чувствителни теми треба да се внимава на кој начин се информира за настанот“, вака нас не учеа професори по новинарство на Правниот факултет “Јустинијан Први во Скопје. Досега не, но сега им се лу-там на луѓето кои се занимаваат со новинарство а кои не успеале никаде да ја слушнат или прочитаат оваа дефиниција. Можеби затоа од неукост првиот несреќен случај го филмуваа онака како што самите мислеа дека е најдобро, па станаа не само новинари туку и судии, вештаци и инспектори. Пред да се огласат над-лежните органи со своите прилози ја фрлија вината на едната страна. “Нивните прилози алудираат на завист и желба да се има посакуваната парична моќ, или пак станува збор за криза на духот. Невнимание, нестручност и користење на несоодветни термини кои можат да го изопа-чат настанот и болно да повредат некого. Или можеби станува збор за желба да се биде прв и во матичната редакција да се испрати не квалитетен туку што е можно подолг текст“, вака размислував читајќи ги инфор-мациите кои се пласираа низ електронските и печатени медиуми тие денови.Ситуацијата се стиши кога јавноста ја потресе уште еден немил настан. Во Охридското езеро потона бро-дот “Илинден“ а со него и 15 бугарски туристи. Огромна загуба и болка за најблиските, и тука повторно

бомбардирањата на луѓето кои се занимаваат со новинарство и кои и во овој трагичен настан преку своите прилози повторно трагаат по виновник. Ме радува фактот што зад младиот но искусен капетан на потонатиот “Илинден“ застанаа неговите колеги, и со тоа тие не дозволија медиумите да атакуваат со неговата личност. Драги читатели, несреќа е несреќа и не дај Боже некого да му се случи. Никој не ја посакува и премногу е болно и ниско во такви несакани трагедии да се бара виновни-кот или пред време да се осудува некој.Луѓе кои работите во медиумите не заборавајте дека Вашите новинарски прилози ги читаат слушаат или гледаат не само доктори на науки, магистри, високо образовани туку и луѓе кои завршиле само одделенска настава. Тие последните, ниско образовани подлегнуваат на се што ќе слушнат, и веруваат во секоја “новинарска патка“. Но со оглед на тоа што преку медиумите се креира јавното мислење, повеќе или помалку медиумските информации влијаат на сите нас.Почитувани, сите Вие кои сте го одбрале новинарството како своја животна професија стручно Ве советувам за несреќни деликатни настани да информирате прециз-но, кратко и јасно. Прилозите нека Ви бидат во форма на кратка- општа вест, не украсувајте го настанот со свој “документарец“. Не заборавајте луѓето кои учествуваат во сообраќајни незгоди имаат свои семејства, деца,брачни партнери, родители па затоа со она што вие го пишувате не повредувајте ги и нив. Затоа не известувајте при-страсно и необјективно . Зошто имајте на памет дека сите ние сме луѓе, и Господ да не чува од лоши настани и случки.

За луѓето кои одлучиле да се занимаваат со новинарство!

Ангела Белевска[email protected]

Редовни рубрики:Наш ОхридОд друг аголОбразованиеБевме на...Ви најавуваме...Охридски легендиЕкономијаНаша гордостНа кафе со...Прашање-одговор (вие прашу-вате, стручњаци одговараат)Здрав живот Спорт

Page 4: АМАК ПРЕС 114

4

Наш Охрид

Од неодамна пуштен е во употреба “Мостот на желбите“. Со него мно-гу побрзо се стигнува до Потпеш и Канео. Двете атрактивни места

станаа подостапни за охриѓани и туристите. Целата инвестиција чини 2 милиони дена-ри, и е подарок за охриѓани од фондацијата Рамковски.

„Тоа што го ветивме, го направивме“, вели иницијаторот за изградба на мостот, Мит-ко Пендов.

„Времето ќе покаже дека бевме во право. Се надевам дека илјадниците гости кои го посетуваат Охрид ќе поминуваат по овој мост. Мостот е долг 140 метри, а широк 2.30 метри. Го направивме за 17 дена. Мислам дека со векови ќе биде од корист на сите“, вели Пендов.

„Мостот на желбите“, не само што ќе ги поврзува местата Г`рдано и Потпеш, туку преку него подостапна ќе стане и населба-та Канео. Градбата е привлечна за тури-стите и поради својата специфичност. По-сетителите можат од таму своите желби да му ги дошепнуваат на Св. Наум. На мостот се поставени зодијачки знаци изработени од месинг и секој кој ќе оди по таа патека ќе може да застане пред својот знак и гледајќи кон месноста Св. Наум фрлајќи паричка во езерските води да си замисли желба. Се ве-рува дека големиот светец ќе ја слушне желбата и истата ќе ја исполни.

“Мост на желбите“од Г ’рдано до Потпеш

Page 5: АМАК ПРЕС 114

Охридско Езеро денови-ве беше порибено со 300 илјади парчиња под-младок на ендемичниот

вид охридска пастрмка што се обе-збедени од вештачкиот мрест. На порибувањето присуствуваше и ми-нистерот за земјоделство, шумар-ство и водостопанство Љупчо Ди-мовски, кој изјави дека во буџетот на Министерството за порибување на ова езеро се предвидени 10 ми-лиони денари. Од овој износ досега се реализирани повеќе од 30 про-центи.

- Според агендата на Министерство-то и програмата изработена во со-работка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, порибувањето ќе се одви-ва според предвидената динамика - истакна министерот Димовски.

Тој за в година најави уште повеќе пари за вештачко порибување, но и за зајакнување на физичката зашти-та на охридската пастрмка за да се зголеми рибниот фонд на ендемски-от вид риба, односно подигнување на бројот единките на охридската

пастрмка над биолошкиот оптимум.

Директорот на Државниот инспек-торат за земјоделство ,Ванчо Дими-триевски истакна дека во периодот на првите седум-осум месеци од го-динава се уништени над 3.000 за-пленети мрежи и друга опрема за криволов. - Последните три години откако е формирана рибочуварската служ-ба, која функционира во Министер-ството за земјоделство,заплени и уништи 7.000 мрежи. Рибочуварска-та служба и понатаму ќе дејствува

на Охридско Езеро, за физичка за-штита на рибата - рече Димитриев-ски.Тој нагласи дека се очекува, ако би-дат воспоставени соодветни одно-си, да има и заеднички активности со надлежните служби од албанска-та страна.

Инспекторот Димитриевски притоа изрази задоволство од забрзана-та динамика на процесуирањето на кривичните пријави поднесени про-тив физичките и правните лица за криволов.

Наш Охрид

Охридско порибено со 300.000 пастрмки

Page 6: АМАК ПРЕС 114

6

Наш Охрид

Во Охрид нема услови за елитен туризам

Заврши летната туристич-ка сезона во Охрид. Експер-тите ја оценуваат како една од најслабите досега. Во гра-

дов годинава летувале значител-но помал број на гости во однос на лани, а и нивната структура составе-на претежно од тинејџери и студен-ти ги разочара сопствениците на хо-телите и рестораните. Полу празни беа и приватните сместувачки капа-цитети. Охрид туристички пулсира-ше само за време на Илинденските празници кога престојуваа околу 30. 000 гости а најбројни беа Србите.Претседателот на ХОТАМ, Дончо Та-нески, вели дека слабата туристич-ка сезона е резултат не само на еко-номската криза туку и на лошиот маркетинг и непостоењето на до-бри тур -оператори. “Туристичките капацитети, убавини-те на Охрид и она што може да им се понуди на гостите не се реклами-раше навреме. Значи имавме задоц-нет маркетинг, лоши тур-оператори и непостоење туристички аген-ции кои закупуваат аранжмани за

Македонија. За жал сите наши аген-ции закупуваат аранжмани за во странство“, вели Танески.Според градоначалникот Алексан-дар Петрески, во Охрид нема усло-ви за развој на елитен туризам. Во моментов развиваме панаѓурски ту-ризам, затоа што немаме директни авионски линии со кои “скапите“ го-сти веднаш би стигнувале во гра-дов, до градов не води автопат што е навистина потребен а мора да се изградат патишта кои ќе се дви-жат над селата Трпејца и Пешта-ни до манастирскиот комплекс Св. Наум. Со изградба на вакви патиш-та- надвожњаци би се надминале долгите колони и неколку часовни-те патувања за на плажа.“Мислам дека годинешната летна туристичка сезона е полоша за 10 % во однос на минатата. Многу ра-боти недостигаат во Охрид. Совре-мениот туризам бара и современо да се однесуваме и работиме. Прво мора од Скопје до Охрид да се стиг-нува по автопат .Охрид во овој мо-мент е слепо црево. Не можеме ни

Ни треба добар маркетинг за рекламиранје на Охрид во светот-вели претседате-лот на ХОТАМ, Дончко Тане-ски

Page 7: АМАК ПРЕС 114

7

Наш Охрид

Во Охрид нема услови за елитен туризам

ние како охриѓани да одиме не-где нормално ниту да дојдат гости-те кај нас. Летово на патниот правец Скопје- Охрид и обратно беше хао-тично. Во градов мора да прорабо-ти авионскиот превоз. Во туристич-ки центар како што е нашиов мора по неколку авиони да слетуваат на ден. Во моментов за да дојде гостин кај нас треба да патува по 15-16 часа, не верувам дека луѓето со под-лабок џеб би се одлучиле на ваква патна тортура кога имаат можност до друга туристичка дестинација да стигнат за десет минути“, истакнува градоначалникот Петрески кој до-дава дека мора да се реши и про-блемот со реката Грашница која е најголемиот загадувач на Охридско-то Езеро а исто така да се решат и канализационите проблеми кај гра-диште и во селата:Трпејца, Пешта-ни и Љубаништа како и во комплек-сот Св. Наум.“Мора да се направи заобиколен пат од Охрид до Св. Наум. Патот би се движел низ планинскиот про-стор над населбите кои водат до Св.

Наум“, истакнува Петрески и до-дава дека за сите овие обврски надлежна е централната власт.“Кога ќе се решат овие пробле-ми ние лесно ќе ги средиме оста-натите- помали,лесно ќе се спра-виме со тезгите, скарите и гласна-та музика кои се карактеристич-ни за летниот период во Охрид“, вели Петрески и истакнува дека во градов нема услови за развој на елитен туризам.“Елитниот туризам подразбира гостите да стигнуваат на сакана-та дестинација за максимум два часа. Тоа се гости од Франција, Германија или Англија на кои не би им паднало на памет да пату-ваат цел ден за да стигнат во на-шиот Охрид.“додава градона-чалникот Петрески и вели дека во моментов имаме панаѓурски туризам затоа што него го ба-раат гостите кои привремено престојуваат кај нас.

''Во моментов во Охрид имаме панаѓурски туризам, таков бараат туристите кои доаѓаат во Охрид.''Александар Петрески-градоначалник на Охрид

Page 8: АМАК ПРЕС 114

Долги колони вози-ла и застој на патниот сообраќај. Чекање во ме-сто од 45 до 60 минути за

конечно да тргне големата колона возила од плажите накај дома. Вака накратко може да се опише патниот сообраќај во лето на магистрални-от пат Охрид- Св. Наум. Господ да те чува од ненадејна болка или неса-кан настан кога чекајќи си немоќен да се движиш напред или назад.Најголемиот сообраќаен метеж е кај населбите Лагадин и Пештани каде ситуацијата ја отежнуваат не-правилно паркираните возила и пе-шаците кои и така тесниот пат го ко-

ристат како шеталиште.“Пештанци по навика го користат делот од магистралниот пат што ми-нува низ нивната населба како кор-зо. Минуваат по улицата со свои-те деца, со колички за бебиња со велосипеди не обрнувајќи внима-ние дали наидува возило. Патот во тој дел е многу тесен за нормал-но сообраќање а целата ситуација уште потешка ја прават токму тие. Ние како локална самоуправа не-маме никакви надлежности на па-тот. Сепак на сметка на општина-та до наредната туристичка сезо-на во Пештани ќе изградиме тро-тоари од двете страни на патот“,

вели градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Тој дода-ва дека ЈП Македонија Пат, под чија надлежност е магистралниот пат мора да направи негово цело-сно реновирање во оваа селска на-селба каде е неопходна и изград-ба на потпорни ѕидови затоа што брановите го ронат патот кој за го-дина -две нема да биде безбеден за минување.“Моја иницијатива е и просторот од магистралниот пат кој е зелен појас и се наоѓа спроти хотелите Инекс Горица, Парк ,Гранит и Белведере, да се пренамени во сообраќајни ленти. На тој начин би имале по три

сообраќајни ленти и од едната и од другата страна на патот. Така ќе се надминат гужвите и несаканите си-туации на патот“, истакнува Петре-ски. Од Фондот за патишта под чија над-лежност е овој магистрален пат не информираа дека деновиве до Владата на Република Македонија е поднесена иницијатива за распишување тендер за изградба на пат од Охрид до Св. Наум кој би бил заобиколен и кој би сообраќал и над Пештани, со што би се надми-нал сообраќајниот метеж со кој се соочуваме.

Заобиколен пат ќе го реши сообраќајниот метеж на магистралниот пат Охрид- Св.Наум

Наш Охрид

Page 9: АМАК ПРЕС 114

9

Наш Охрид

Изведувачите на градежни-те работи на куќи и згра-ди, кои нема да ги завршат објектите за четири годи-

ни, ќе бидат парично казнети. Исто-то важи и за сите други незаврше-ните објекти и градби, предвидува

новиот закон за градење, кој веќе е влезен во собраниска процедура. Парична казна е предвидена и за сопствениците на куќи и згради што немаат фасади. Ако во рок од една година не стават фасада на објектот, ќе мора да платат најмалку 100

евра. Казните за физичките лица по оваа основа се движат од 100 до 500 евра, а за правните лица од 1.000 до 3.000 евра.

Законот предвидува парични каз-ни и за вработените во општините

и во Министерството за транспорт што нема да одговорат на барањата за градежни дозволи во рок од пет дена. Ако барателот на дозволата се пожали во Министерството дека не добило одговор во законскиот рок, Министерството ќе и' наложи на оп-штината најдоцна за еден месец да донесе одобрение на барањето, а државниот службеник ќе биде каз-нет со 1.000 до 2.000 евра.

Новина е и воведувањето лицен-ци за вршење работи во градежната дејност, кои досега ги извадиле 90 отсто од градежните компании. За внатрешно уредување на станбен простор, односно за занаетчиски-те работи, нема потреба од лицен-ца, туку вршителот на дејноста само треба да е регистриран во Централ-ниот регистар.

Со донесувањето на новиот закон, ќе се воведе можност за банкар-ска гаранција. Односно, учесници-те во градбата може во меѓусебен договор со банката да одредат из-весна сума како гаранција за да се заштитат од правење штета при градењето.

Граѓаните ги поздравуваат измени-те во законот и се надеваат дека со нив конечно ќе се стави ред во гра-дежната дејност. До мојата згра-да веќе осум години се гради друга, која инвеститорот никако да ја завр-ши. Ископана е голема дупка, поста-вени се само темелите и толку. Не само што сликата е грда, туку цели-от простор е необезбеден и е опа-сен за минувачите. Кога ќе се во-ведат казни, инвеститорите мал-ку повеќе ќе размислуваат дали се способни да ги завршат зградите уште пред да почнат со градење - вели жителка на Скопје.

Казна до 3.000 евра за објектите без фасада

Page 10: АМАК ПРЕС 114

10

Образование

На 1-ви септември, учеб-ната 2009/ 10 година во Охрид започна за 500-ини првачиња, што е за

110 помалку од минатата година. Во охридските основни училиш-та, наставата ја следат околу 5.500 ученици, а во трите средношколски центри има околу 2.900 ученици. Во Македонија, годинава се за-пишаа 21.000 првачиња и 24.000 средношколци во првата годи-на кои училишните “маки“ ќе ги де-лат заедно со веќе “искусните“ уче-ници.

Над 200 деца се запишале во при-ватните средни училишта, а меѓу за-пишаните средношколци во прва-та година не се учениците од пет-те и дополнителните три паралелки на албански наставен јазик за ме-дицинска насока во Скопје за кои се бара простор. Од оваа учебна годи-на првачињата од албанска етнич-ка заедница ќе почнат да го учат ма-кедонскиот јазик во првото одделе-ние наместо како досега од трето. Поради ова, опозициската ДПА не-одамна побара и учениците- Маке-донци да го изучуваат албанскиот јазик од првото одделение.Иако владиниот проект за бесплат-ни учебници стартува годинава,во првите училишни денови основци-те и средношколците во Охрид за-

почна да ја следат наставата со не-комплетирани учебници и при-рачници. Дел од бесплатните ком-плети за учениците од прво одде-ление до четврта година се дис-трибуирани до училиштата а оста-натиот не се ни пристигнати во Охрид. Најверојатно проблеми-те настанаа поради не координира-носта помеѓу Министерството за образование,издавачките куќи и Ло-калната самоуправа.

„За жал морам да кажам дека рабо-

тите околу учебниците не се завр-шени. Околу две недели ние интен-зивно нашиот дел од обврската ја исполнуваме, преку мобилни еки-пи, кои ги примаат учебниците и ги распределуваат по училиштата. Во Охрид книги дистрибуираат дваесе-тина издавачи. Некои од нив се по-организирани, а други помалку. Де-нешниот преглед на работите со учебниците покажува дека во мо-ментов задоволени се околу 50% од потребите на учениците со учебни-ци“, вели советникот за образова-

ние при локалната самоуправа Ми-тре Вељаноски.

Според Велјаноски најголемиот проблем е кај средните стручни па-ралелки, затоа што за овие учени-ци воопшто нема книги. Во Охрид првата пратка книги пристигна на 12 август, а до денес дистрибуира-ни се само половина од потребите за охриѓани. Неодамна министерот за образование истакна дека роди-телите нема да плаќаат астроном-ски суми ниту за работните тетратки и прирачната литература, затоа што и тие ќе им се даваат на учениците бесплатно. Но издавачките куќи ја злоупотребуваат ситуацијата и про-даваат работни тетратки со цена која може да стигне и до 3 000 дена-ри, зависно од наставниот предмет за кој е наменета. На децата од прво до четврто одде-ление, на секоја трета година ќе им се менуваат учебниците. Еден ком-плет учебници ќе користат две ге-нерации ученици, а додека во пред-метната и во средното образование на секои три години ќе се менуваат учебниците.Инаку со владиниот проект бесплат-но школство се планира да се поде-лат околу 4 милиони учебници од сите наставни предмети. Проектот Владата ја чини над 1 милијарда де-нари.

Без комплетирани книги и прирачници започна новата учебна година

Дефинитивно нема етнички делби во средното училиште во Струга ,„Нико Не-стор“. Учениците без проблеми околу две недели следат настава во мешан со-

став, потврди директорот Никола Затуроски. Уче-

ниците Албанци од медицинската и економска-та струка, од прва, втора, трета и четврта година, ќе бидат во иста смена со учениците Македон-ци од сите насоки. Истиот начин на следење на-става важи и за учениците Македонците од две-те струки. И тие ќе бидат во иста смена со Албан-ците од останатите насоки. Вака е организира-на наставата поради бројот на ученици во една-та и другата смена, информира директорот Нико-ла Затуроски.“По многу состаноци со инволвираните го доне-совме ова решение“, вели Затуроски. “Истото сме-таме дека е прифатливо и за двете страни, учени-ците Македонци и Албанци “, додава тој.Учебната година нема да започне со проблеми, се надева директорот. “ Наставата ја организиравме добро, нема да има просторни проблеми ниту пак очекуваме препукувања помеѓу учениците од македонска

и албанска националност, додава Затуроски. За учениците од економска и медицинска струка е обезбеден објектот познат како стара гимназија. Со тоа тие ученици ќе бидат одвоени од сите останати. За да нема проблеми, низ училишниот комплекс ќе бидат поставени редарски служби и во објектот ќе има контролиран влез. Ќе се знае кој влегува и излегува“додава тој.Родителите ќе се уверат во какви услови ќе рабо-тат нивните деца и ќе бидат информирани на кој начин ќе биде организирана наставата, вели За-туроски. Просторниот проблем кој го имаше учи-лиштето е решен со монтажните објекти. Во мо-ментов во дворот на училиштето е поставена една барака во која ги има основните услови за одржување настава а ќе бидат монтирани и дру-гите три објекти.

Се помирија учениците Македонци и Албанци во Струга- настава следат во мешан состав

Page 11: АМАК ПРЕС 114

11

Од друг агол

definitivno www.don.com.mk

Page 12: АМАК ПРЕС 114

Економија

Турската компанија во никој случај не се повлекува од проектот, но стартот на рабо-тите може да се очекува во

почетокот на идната година, изјави Рифат Хисарџиклиоклу, претседател на турската стопанска комораТурската компанија ТАВ, која ги доби под концесија македонски-те аеродроми со обврска за нив-на модернизација, не се повлеку-ва од проектот, но стартот на рабо-тите го одлага за почетокот на идна-та година. Ова вчера го изјави Рифат Хисарџиклиоклу, претседател на Унијата на индустриските и тргов-ските комори и берзи на Турција (ТОББ), кој престојува во посета на Македонија.

Хисарџиклиоглу рече дека завчера

во телефонскиот разговор со рако-водството на ТАВ му било укажано дека компанијата во никој случај не се повлекува од проектот, но дека стартот на работите може да се оче-кува во почетокот на идната година.

- ТАВ е успешна фирма во Турција и работи со управување и градење аеродроми. Таа управува со аеро-дромите и во многу други земји како Грузија, Катар, Египет и успеш-но работи во тие земји - истакна Хисарџиклиоглу.

ТАВ, поради светската економска криза и неможноста да земе кре-дит, во декември лани ја одложи инвестицијата вредна 200 милио-ни евра до септември годинава. Во меѓувреме, компанијата за проектот

во Македонија побара заеми од 125 милиони евра, од кои 45 милиони евра од Европската банка за обно-ва и развој и 80 милиони евра од Ев-ропската инвестициска банка.

Од централата на ТАВ во Истанбул неодамна изјавија дека причините за новото одложување се технички и дека инвестицијата сигурно ќе се реализира.

Според договорот меѓу Владата и ТАВ, турската компанија на скоп-скиот аеродром треба да изгради нова терминална зграда, да ја про-должи пистата, паркинг за автомо-били, пристапен пат со нова клуч-ка, да инсталира системи за земска навигација, да воспостави комунал-на инфраструктура, да ја догради

административната зграда и да из-гради нов карго-терминал, против-пожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. На охридскиот „Св. Апостол Павле“ за една година од почетокот на проектот е предви-дена реконструкција на постојниот паркинг, реновирање на објектите во карго-центарот, изградба на ВИП-објект, реконструкција на админи-стративната зграда и набавка на нова опрема. Карго-аеродромот во близина на Штип треба да биде го-тов за три години од почнувањето. Намерата на Владата е тој да функ-ционира како алтернативен аеро-дром за цивилната авијација, со можност во иднина да стане главен аеродром во Македонија.

ТАВ ќе ги преземе аеродромите во 2010

Page 13: АМАК ПРЕС 114

13

Светската економија може да излезе од најлошата кри-за по Втората светска војна благодарение на поволно-

то дејствување на големиот фиска-

лен поттик и рекордно ниските ка-матни стапки, оцени американска-та агенција „Блумберг“, повикувајќи се на мислење на водечките еко-номски функционери и финансиски

стручњаци.

Новиот знак на оптимизам, во по-глед на закрепнувањето на свет-ската економија, дојде од САД, каде што продажбата на куќите во јули се зголеми за 7,2 отсто. Тоа е четврти месец по ред како расте продажба-та на куќите, а индикаторот кој ука-жува на деловната активност на тој сектор сега е најголем споредено со август 2007 година, кога изби аме-риканската хипотекарна криза.

Професорот на американски-от Универзитет „Харвард“ и не-когашен шеф на економисти-те на Меѓународниот монетарен фонд, Кенет Рогоф, смета дека веќе не треба да постои сомневање“ во закрепнувањето на светската економија. Претседателот на аме-риканската Управа на федерални-те резерви Бен Бернанки на со-бир на претставници на централни-те банки од многу земји исто така

оцени дека постојат добри изгле-ди за нормален раст на глобална-та економија. Тој, но и некои него-ви колеги вклучувајќи го и шефот на Европската централна банка, Жан Клод Трише, сепак предупредија дека економското закрепнување ќе биде забавено.

Фактот што Германија и Франција во текот на вториот квартал фактички излегоа од рецесија, остварувајќи благ, позитивен економски раст, придонесе шефот на економскиот тим на банката „Сосиете женерал“ во Лондон, Клаус Бадер, да прогла-си крај на рецесијата.ММФ во ми-натиот месец го процени растот на глобалната економија во 2010 го-дина на 2,5 отсто, а за оваа година предвиде негативна експанзија во светската економија од минус 1,4 процент

Светот излегува од рецесијата

Поради економската ситуација, многумина Аме-риканци или помалку па-туваат за летните одмори

или, едноставно, остануваат дома. Дури и оние семејства чии члено-ви не ги загубиле своите работ-ни места, прават поскромни плано-ви летово. Дека тоа е така, можеби најдобар показател е компанијата „Реи“, специјализирана за опрема за кампување, која ја зголемила про-дажбата на семејни шатори за 20 проценти, јави „Гласот на Америка на македонски јазик“.

Кристин Ешли, нејзиниот сопруг Марк Шанахан и трите деца, како и многу Американци, ги чувствуваат последиците на економската криза. Марк, кој работи во градежништво-то, вели дека тоа значи повеќе вре-ме за работа, а помалку за забава со семејството.

- Зимава бизнисот целосно запре.

Барав нови клиенти, а летово ќе ми биде приоритет да продолжам да работам, во надеж дека ќе има за-работувачка до Божик - вели Марк.Но, Марк и Кристин не се откажува-ат од летниот одмор - само плани-раат да го минат поинаку од вооби-чаеното.Кристин, која работи како наставничка, вели дека рецесијата ги принудила да бидат инвентив-ни, особено кога станува збор за сместувањето:

- Кампуваме дома или поста-вуваме шатор каде што со пријателите-соседи, бараме локација за кампување во близи-на. Мислам дека децата ќе го па-метат ова лето како лето кога сме живееле во шатори - раскажу-ва Кристин.Од кампување во ко-либи до отседнување кај роднини, семејствата успеваат да најдат начи-ни да ги намалат трошоците, а сепак да се забавуваат.

Кога ќе стане премногу жешко и кога на децата ќе им здодее да игра-ат дома или под шатори во дво-рот, Кристин вели дека се разладу-ваат во еден од базените во сосед-ството. Ваквите јавни базени ста-

наа мошне посетени места за добра семејна забава во тешката економ-ска ситуација.

Поради економијата - скромни одмори на Американците

Економија

Page 14: АМАК ПРЕС 114

14

Од друг агол

Ако ја имам целата политичка моќ во свои раце веднаш ќе го сменам Груевски и неговата Влада

Охриѓанецот,Томе Чинго е пратеник во собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ. Тој

е народен избраник кој има чести обраќања на

собраниската говорница а во јавноста е забележан и како политичар кој “нема

влакно на јазикот“. Јавно и отворено често користејќи

вулгарности ја критикува политиката на владејачката

ВМРО-ДПМНЕ и никогаш не зажалил ниту има намера

да го промени стилот на изразување и работење. “Јас ја зборувам вистината, а таа е најболна од се. Она што го

кажувам е поткрепено со аргументи, па владејачката

партија никогаш не може да го оспорува она што јас

го велам, впрочем фактите не се побиваат “, вели

Чинго и е сигурен дека за многу брзо време СДСМ која како партија е веќе

консолидирана ќе стане владејачка на чело со

лидерот Бранко Црвенкоски

Page 15: АМАК ПРЕС 114

15

Од друг агол

Мигови од моето детство на кои со задоволство се сеќавам и де-нес....-Тој период од животот се случува-ше поодамна. Поинакво беше речи-си се во Охрид, живеев во населбата која се наоѓа зад градскиот пазар а каде тогаш немаше многу сообраќај. Во малата имаше многу деца на моја возраст со кои се дружев, играв дет-ски игри и изведувавме заеднички “мали лудории“. Сите мои другари почнувајќи од Касето, Бајлак, Чедо, Кемал, Екрем, Дичо се личностите кои никогаш нема да ги заборавам. Тие се моите другари од детството, со нив израснав и созреав а и денес тие ми се најдобри пријатели. Мис-лам дека целиот живот ќе друга-рувам со нив. Често низ заеднички разговор се враќаме во детските де-нови, и смеејќи се до солзи се при-сетуваме што се имаме правено.....Близината на пазарот си го правеше своето, па често со другарите одев-ме до изворите кои беа внатре во пазарот (а кои секнаа пред 30-ина

години) пиевме од чистата ладна вода и се радувавме.

Кога бев дете себе си се замислу-вав како.....- Во раното детство себе си се гла-дев како човек кој го регулира сообраќајот, се замислував како по-лицаец па и пилот. Подоцна сакав да бидам лекар и накрај желбите ре-зултираа со дипломиран економист по туризам и угостителство. Жи-вотот и динамиката на живеење го прават своето и тие во голема мера битно влијаат во донесувањето на животните одлуки, односно во одлучувањето кој со што понатака ќе се занимава.

Тогаш,како ви се случи политика-та? Како “влетавте“во неа?- Јас с ум симпатизер и гласач на по-литичката партија СДСМ (Социјал Демократски Сојуз на Македонија) од самото нејзино формирање а член сум од 1997 година. Од то-гаш политички се активирав мно-

гу повеќе . Со своето залагање настојував мојата партија да оди се понапред и да биде подобра. Уште тогаш на почетоците, гледав дека моите сопартијци настојуваат да им помогнат на граѓаните и да ја по-дигнат Република Македонија на највисоко можно ниво. Ние сме единствената државотворна партија која успеа земјава да ја донесе пред вратите на Европската Унија. За жал со доаѓањето на власта на Љупчо Ге-оргиевски а подоцна и на сегашни-от премиер Никола Груевски беше уништено сето она што СДСМ го на-прави. Знаете, мојот политички ангаж-ман се случи непланирано, спон-тано, дојде само по себе. Моето ангажирање, начинот на кој што јас сакав да помогнам во партијата во сите периоди беше различен. Едно време јас партиски помагав со ди-ректно учество во анимирање на луѓе кои ќе гласаат за СДСМ. Во мо-ментите кога се одлучуваше за ново партиско раководство на локал-

но ниво,се кандидирав за претседа-тел на Општинската организација и бев избран и поставен на таа челна позиција. Така бев директно инвол-виран во политиката и помагав на СДСМ. Морам да кажам дека доде-ка бев претседател на Општинската организација, мојата партија прет-рпе два порази и една голема побе-да на локалните избори кога беше избран за градоначалник канди-датот од нашите партиски редови, Александар Петрески. Но, како што спомнав не можам да ги заборавам поразите, вклучувајќи ги и предвре-мените парламентарни избори на кои што за прв пат СДСМ претрпе навистина огромен пораз кој што сметам дека за многу кратко време ќе биде само минато. Партијата на Социјал демократите веќе се консо-лидира во своите редови и јас сум сигурен дека таа наскоро ќе се вра-ти на чело на политичката сцена од државава.

Денес, сте на висока политичка

Page 16: АМАК ПРЕС 114

16

функција- пратеник во Македон-ското собрание од редовите на СДСМ. Ви станаа ли сега појасни политичките случувања во држа-вава и кои според Вас- лично, се најголемите разлики помеѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и го-лемата опозициона СДСМ?- Разликите меѓу ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ се очигледни. Разликите се во начините на владеење на двете партии од кои првата е моментал-но на власт а втората беше. Во сами-от концепт на владеење двете пар-тии се разликуваат. Дефинитивно не требаше да бидам пратеник за да сфатам кои се разликите, тие се огромни и драстични. Тоа што де-нес го демонстрира ВМРО-ДПМНЕ, на чело со Груевски е еден тотали-тарен режим кој што не знам како граѓаните се уште можат да го под-несат. Но мислам дека моментал-нава ситуација набрзо ќе кулми-нира затоа што полека но сигурно граѓаните се освестуваат а тука е и СДСМ која ќе застане зад народот. Мислам дека за многу кратко време СДСМ ќе го заземе она место што го заслужува.

Медиумите Ве забележува-ат како пратеник кој често Ве има на собраниската говорни-ца. Што е главното што му недо-стига на Охрид? Што сметате дека е приоритетен проблем во гра-дов, за чие решавање Вие како охриѓанец и политичар се зала-гате?- Пред се јас се залагам за добро-то од сите граѓани во Република Македонија. Но при донесувањето на правните закони кои дирек-тно го засегаат Охрид постојано сум присутен во Собранието и се зала-гам за подобар живот на охриѓани. На една од последните седници на-менета за поставување на пратенич-ки прашања, поставив прашање за северно- транзитната улица во гра-дов “Железничка“. На поставено-то прашање слободно ќе кажам до-бив еден мизерен одговор од мини-стерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски, кој што кажа, цитирам, -“денеска почнуваат повторните ак-тивности на улица “Железничка“, ова министерот го рече на седница-та одржана на 30.07.2009 година. За жал, ветеното до денес не е реали-зирано на улицата “Железничка“ не се започнати никакви активности.Мојот ангажман како опозиционен пратеник е максимален. И поната-ка јас ќе се залагам за доброто на охриѓани и сите граѓани во земјава. Ќе ги критикувам сите закони што не носат никакво добро за народот и Македонија, но и ќе го пофалам она што е добро. Ние не сме опози-

циона партија која само критикува туку која знае и да пофали. За жал од оваа Влада ние не добивме некој толку добар закон за да можеме толку многу да го фалиме, меѓутоа се она што не чини ние на говорни-ца ќе го споменуваме и кажуваме. Актуелната Влада ќе ја потсетуваме за направените грешки.

Познат сте како пратеник што нема “влакно на јазикот“. Че-сто, употребувајќи вулгарности, јавно зборувате односно ја кри-тикувате политиката на ВМРО-

ДПМНЕ. Зошто вулгарности, сме-тате ли дека тоа е најдобро ре-шение да се нагрди владејачката партија пред народот? Зошто та-ков начин на изразување?-Јас ја зборувам вистината, збору-вам со факти. Вистината е најболна од се. Кога власта нема аргументи да се спротистави на она што го збо-рувам, излегува пред јавноста дека сум во право. Затоа нема да го мену-вам стилот на моето изразување и работење. Постојано ќе ја критику-вам власта. Ќе ги кажувам сите фак-ти кои се потребни и недостигаат и нема да се штедам ниту себе си ниту партијата која ја критикувам.

Поради работните обврски че-сто сте на релација Охрид- Скопје и обратно. Ве заморува ли прате-ничкиот ангажман или тој исчез-нува пред патриотските побуди и желбата да направите нешто до-бро за својата земја?Што се крие зад вашата издржливост, од каде толкав елан за работа?- Секој ден патувам од Охрид за Скопје, претпладне тргнувам, наве-чер се враќам. Точно е дека рабо-тата ме заморува но собраниски-те активности ми причинуваат за-

доволство. Ме радува што многу охриѓани медиумски ги следат мо-ите јавни настапи и се радуваат на тоа што го зборувам. Мислам дека од тука, од граѓаните на Охрид ја црпам енергијата за работа и сигур-но со несмалено темпо ќе продол-жам понатака.

Ако ја завртиме другата стра-ната страна од листот , ќе го пронајдеме Томе Чинго како со-пруг и родител. Како себе си се опишувате во овие две улоги ? Каков човек и домаќин сте? Кол-ку сте вешт во кујна, знаете ли нешто да зготвите?

- Јас се трудам со сопругата Нина и моите две деца, синот Илија и ќерката Ивана да бидам колку што можам почесто, колку ми допуш-таат моите обврски. На децата им сум пред се татко но и добар дру-гар, ќерка ми има 19 а син ми 21 го-дина, значи се релативно возрасни. Нашиот однос е базиран пред се на другарска основа. Се радувам кога сум со нив но моите работни обвр-ски и нивниот едукативен ангаж-ман не одвојуваат едни од други. Што се однесува до готвењето мо-жам да се пофалам дека сум добар кулинар. Многу често дома и кога сопругата Нина е тука јас знам да ја изненадам со убаво јадење. Како што велат моите другари јас сум го-лем гурман кој сака добро и квали-тетно да јаде. Готвењето ми причи-нува задоволство а во другите до-машни активности навистина сум слаб и се и препуштам на сопругата која работите ги извршува така како што треба.

Што се случува кај Вас дома пред политички избори. Тогаш еуфорија не фаќа на сите камо ли на оние кои директно се инвол-вирани во неа. Дали тогаш поли-тички се ангажираат сите члено-ви од семејството, каква е тогаш атмосферата кај Вас дома?-Сите сме ангажирани, никој не е поштеден од политичките зада-чи кои се сфаќаат не како обврски туку исполнување желби. Сите чле-нови од моето семејство се задо-ени во стилот на СДСМ, и сето она што значи анимирање на други луѓе и ангажмани од оној тип што тие се во состојба и моќни да ги остварат ги извршуваат навистина успеш-но. Син ми Илија партиски многу се ангажира, дава се од себе и тоа ме радува. Во време пред и за по-литички кампањи дома сме како мало партиско раководство кое има своја задача и сите работиме на свој начин.

Што како државен функционер би измениле во Македонија до-колку би ја имале сета политичка власт во свои раце? - Во Република Македонија би из-менил само едно нешто. Во рок од 10 минути би го променил пре-миерот Никола Груевски и него-вата партија, и на власт би ги до-вел социјал демократите на чело со Бранко Црвенкоски.

Од друг агол

Page 17: АМАК ПРЕС 114

Бевме на...

Page 18: АМАК ПРЕС 114

18

Трубадурите охридски испеале бројни песни за настани, случки несекојдневни... за судбини кле-ти тешки, женски -како оние на Деспина од Па-унчета, па за Хрисавгија од Попастефанијовци и дердот на Осман беј, за Зарина, за Русе од Ангелица, за несреќната Ан-тица, за подостарената мома Фанче што отиш-ла Калишча, за Катуше од Ололчета мажена у Ко-царета, за Сандра од Куртета, за Рисе од Пашана, за Кате од Бараковци, за Софица у Филипчета...па дури и за храбрата Фросина, која бестрашно му се спротивставила и на Лавот јанински Али Паша! Само еден женски лик , трагичен до немајкаде...не нашол место во охридската старо-заманска песна - ликот на Ташула, охридската ро-бинка! Барем таква песна не е запазена до ден денешен! А Ташула проживеала над седум деце-нии во Охрид, оставила длабок белег врз сев-купната тукашна живеачка речиси низ целиот XIX век, зашто не била обичен набљудувач на на-станите и животот во Охрид, ами и мошне акти-вен учесник а нејзиниот збор се почитувал и во најтешките и пресудни одлуки што ги донесувал тогашниот господар на Охрид и пошироката око-лина Џеладин беј! Не може да се каже дека нејзиниот лик и нејзината судбина не делувале и сеуште делу-ваат инспиративно кај многу автори - книжев-ници, музичари...напишани се стотини и стоти-ни страници, но сепак стои фактот дека трубаду-рите охридски не го овековечиле нејзиниот лик и нејзината судбина во ниту една песна. Причи-ната за тоа некои ја наоѓаат во фактот што може-би охриѓани ја сметале нејзината судбина за пре-многу болна и трагична ! А која била таа Ташула и каква била нејзината судбина ? Да одиме по ред. Секој знае дека Ташула, дванаесетго-дишното момиче , заедно со десетина пленич-ки е доведено во Охрид , како дар на тогашни-от охридски господар Џеладин беј во третта-та деценија од предминатото столетие, или по-точно во 1822 год., како `трофеј` за заслугите на

Џеладин беј за неговото учество во угушувањето на бунтот во тогашна Мореа, кога бил срамнет со земјата градот Негуш! ___________________________________________А тогашните хроничари запишале :1822 година, април 10.Бележам овде како го расипаа Негуш... Лобуд паша беше тој што отиде против нив; од корен ги запусти Негушани , жив маж не остави, а жените и децата ги зеде робје . Човек не остана во Негуш; сите куќи ги изгореа , та ниедна колиба не остана ! Сите мажи турците под сабја ги пома-наа, пискотници и плачои и таги големи беа ! Ста-рите мажи што беа живи на наше време не паме-туваат и друг пат да бил растуран Негуш , сега се расипа зашто турците им извадија лошо име , оти кренале глава против царот

1822 година, август 1.Ден понеделник...Џеладин беј тргна за Мореа, заедно со Абас паша , што беше мансуп сајбија, та од Охрид го испра-тивме во Битола.... `

друг пак запишал дека:`.... оттаму донесе робинки - Ташула за него, дру-гите ги измажија у Срмабожа, ПопСтефанија, Чау-ле... и во други десет фамилии- Чинаја за Алексиј Димзо, Фросина за Димитрија Терзијанче, Лам-ба за стариот Лешчар, Елена за Спира Коцаре, Па-уна негушанката преку Дебар откупена од тур-ци, а меѓу робинките беше и жената на Коте Чау-ле, мајката на Васил Паскали, у Кецкара шо е сега Фанче ама прво у Бодлета мажена ...`

За судбината на пленичките Следот на настаните е познат. Откако ги измажил сите пленички во повидните варош-ки фамилии, секако со достоен паричен надоме-сток за себе, Џеладин беј кај себе ја задржал ро-бинката Ташула, како прислужничка.

Минувале години... Момичката достасала во прекрасна млада жена, па бегот решил да ја земе за сопру-га, со надеж дека ќе му роди наследник зашто со главната сопруга Сабие анама немал рожба со го-дини. За новата сопруга изградил и посебен дво-рец викан Јени Сарај, во манастирскиот ком-плекс на Богородица Перивлепта (тогашен Св. Климент )...па дури од Ташула не побарал ниту да ја промени верата и од православна христијанка да премине во ислам. По извесно време Ташу-ла му ја раѓа толкупосакуваната рожба на госпо-дарот охридски, но животниот век на детето бил мошне кус. Легендата распрва дека самата мајка Ташула го задавила со сопствените раце, за да не биде потурчено...и гробнината му се наоѓа во турбето близу Имаретот од некогашната џамија, односно денешната црква во Плаошник!

Така кажува легендата. А што запишале современиците и другите проучувачи на тогаш-ните настани и за главните актери во тие наста-ни.Секој си има своја верзија, некои дека Ташу-ла била од Негуш,други пак тврдат дека била од Трикала, трети од Јанино...секој онака како што ја чул, иследил ...и запишал:

Патнику,кој и да си ,

наминеш ли в Охрид крај крепоста вишназапри, погледни , слушни ,таму , кај крепоста горе

гроб осамен в тишина вечна сал времето над него без прекин,

без цел, немо дните ги брои !Над него за спокој на душа, не заискрел фенер,

нит свеќа запалил.А тука на болка тешка земјата скрила

надеж и желби за животна радост.Ташула во него лежи...

(Миле Волканоски , фрагмент )пишува: Владо Жура

Ташула - робинка охридска

Топчии

Охридски легенди

Page 19: АМАК ПРЕС 114

19

Ташула - робинка охридска

Еќимот Таки и ќерка му Ташула од Јанино Лилјана Чаловска, позната наша писа-телка , инаку некогашна сопруга на Лазар Коли-шевски, имала можност да го проучува потекло-то и судбината на Ташула и своите иследувања ги објавува како фелјтон во 23 продолженија во 1966 година. Таа ни дава приказ за времето на пре-минот од XVIII во XIX век следејќи го животниот пат на еден стар доктор, викан еќим Таки, по по-текло од Москополе ( најбогатиот влашки цен-тар на Балканот до темели разурнат во 1769 г. ) и насила одведен и назначен за главен лекар на јанинските паши.Со оглед како што времето минувало, фамилијата и родниот град се испустиле , па тој на зрела воз-раст заснова ново семејство во Јанино, со една штитеничка од домот за сираци нарекуван во тоа време `спиталјето`. Но, судбината не му била многу накло-нета, па повторно овдовува, останувајќи сам на светот со една мала рожба- ќеркичка по име Та-шула. Годините натежнале, обврските истота-ка, па стариот еќим Таки неможејќи да води гри-жа и воспитание за малата и бунтовна од мали нозе ќерка, ја дава во домот на богатата јанинска куртизана кира Василики, како би стекнала по-требна ука за натамошниот живот. Ама во бога-тиот дом на кира Василики се учеле многу рабо-ти, што биле далеку од домаќински нешта, па и од долично поведение. Една вечер аскерот ја ба-стисува куќата на Василики, ги одзема сите жени собрани таму и ги одведува во сарајот на пашата, за истите да им послужат како разонода и да им прават ќејф на неговите гости. А меѓу нив била и малата Ташула...која се спасила благодарение на нејзиниот татко, докторот , кој ја остава како на посигурно во сарајот, во кој работел како лекар, како прислужничка. Тогаш, во тоа време со Јанино и поголе-миот дел од отоманското царство на Балканот во име на падишахот раководел Али паша - паша со три опаша, викан уште и лавот од Јанино, на чиј двор гостопримство уживал дури и лордот Џорџ Гордон Бајрон ( додека го пишувал својот `Чајлд Харолд`), како и познатиот дипломат Франсоа Пуквил, амбасадор на Наполеон I... и ред други познати личности. Нејсе, било како било, му се видела слатка власта на Али паша па решил да се од-метне од централната власт, да господари сам, придобивајќи ги било со милост или насила по-малите господари - бегови. Меѓу нив и бегот на Охрид , споменатиот Џела/ле/дин, кому за зва-нична сопруга му ја дава својата внука од сестра Сабие анама и со тоа го запечатил меѓусебниот сојуз. Џеладин беј ги исполнувал заповедите од Али паша јанинецот, ама знаел одвреме навре-ме во зависност од својот личен интерес да ба-лансира и кон скадарските паши- шкодранлии-те. Али паша со желба да ја зацврсти власта во-дел постојани борби со локалните бегови и паши, како оние од Скадар и при една посета на Охрид, како подарок на својот зет му ја донел и Ташу-ла, сега веќе сирак зашто татко `и еќимот Таки ,

придружувајќи го господарот Али паша при еден негов поход, веќе не се вратил. Ташула во прво време слугувала во ха-ремот, за да по еден тежок бој во кој Џеладин беј бил ранет, го прислужвела господарот превиткувајќи му ја раната. Тогаш тој ја приметил нејзината убавина, ја зел за милосница...и толку се вљубил во неа што наредил сарај засебен да `и се изгради во Горица или на Петрино! Првата рожба што му ја подарила новата милосница, не-мала долг век - момичето набрзо умрело. Од што - авторката не кажува, ама се знае дека тогаш во Охрид косела пануклата, одн. имало чести епиде-мии од чума.

Господарот на Охрид, заради своите борбени обврски кон пашата, често отсуствувал од дома...па Ташула имала време да се соживи со граѓаните на Охрид, да оди во посета кај првите комшив-ки до косморамата викана Горнисаре - жените Попастефанијовски, старата слепа мајка на Ни-кола, писарот и баш терзија Џеладинбегов, и не-говата сопруга , инаку стружанка, а кои живееле во куќата на Љуман азнатарот , веднаш до харе-мот....за подоцна да им прави посети и на жени-те на Тасе Зарче, како и на онаа од докторот Чала Коста. Во меѓусебните муабети, па и по посетите на чаршијата одејќи во амамаот, како и посетите на манастирот во Св.Наум , таа ја осознава теш-ката положба - сиромаштијата, пљачкосувањата качачки од страна на Дебраните и цело вре-ме се заложувала кај господарот Џеладин бег за спас на рајата . Таа била себап за назначувањето на Кузмана за капидан, а и за зголемувањето на манастирскиот имот во полето љубанишко! Но , колку повеќе ја осознавала тешката полож-ба на христијаните, толку повеќе вина чувству-вала како припадничка на дел од власта. По погубувањето на Али паша јанински, чија гла-ва му ја шетале по јанинските сокаци и одмазда-та од царската војска, во која најповеќе страда-ло недолжното населени, кулминација претставу-вала поразителната вест за уништувањето на Не-гуш! Скршена од болка Ташула предвреме се по-родила- и тоа машко дете...но не покажала ника-ков интерес ни при породувањето, ниту пак са-кала да го задои, така што свекрвата ја сметала за злосторничка - убиец на наследникот на Џеладин беј. Оттогаш животот ја фаќа удолницата...Џеладин бег се враќа од бој , носејќи со себе де-сетина пленички од Негуш, кои ги сместил во Панѕир - ден.Св.Стефан! Итрите охридски првен-ци успеале со голем откуп да го измолат Џеладин беј да им дозволи на пленичките да се измажат

во повидни варошки семејства, и така да ја од-бегнат неизвесната но секако злокобна судбина. Џеладин беј како да го изгубил интере-сот кон Ташула, обвинувајќи ја за смртта на маш-ката рожба, а и Ташула не била веќе онаа истата, од ден во ден се повеќе венела и опаѓала. Крајот ни е добро познат - уплашен од одмаздата на царот Џеладин беј бега во Ска-дар . Пред самото навлегување на војската и запоседнувањето на Охрид и Ташула со три при-дружнички тргнува на пат за Скадар, оставајќи поголема сума злато на чување кај жената од Тасе Зарче, со мисла да ` и се најде доколку неко-гаш се врати во Охрид...а доколку не- остава ама-нет златото да биде ставено на иконата на Бого-родица! Ете, во куси црти, ваква е сторијата за Ташула напишана од Лилјана Чаловска. Интересно е да споменеме дека не само трубадурите охридски, како Ангеле Караѓуле, ами ни Григор Прличе, ни даскалите Митре Миладин,ни Андроник Јосифче, ниКуз-ман Шапкарев-Паскали, ниту пак вујко му Јанакиј Стрезов, сите тие кои ја зафтасале и долги години живееле покрај Ташула, и секако ја знаеле извор-но нејзината животна историја, во своите авто-биографии не напишале ниту збор за неа. Пишу-вале за Џеладин беј, за Никола Поп Стефанија, за Тасе Зарче, докторот Чала Коста...а за Ташула не оставиле ниту еден најмал спомен. Затоа пак имаме помлади автори како Бранислав Нушиќ (1864-1938), Ефтим Спростра-нов (1868-1931) и Симеон Радев (1879-1967), кои дале мошне опстојни прикази и се обиделе да го расветлат нејзиниот лик! Почнуваме со Ефтим Спространов, како охриѓанец, кој секако најдобро ги познавал при-ликите во Охрид, па дури и напишал посебна книга посветена на Џеладин беј и неговото време (Спространов, Е., Джеладин бей. - СбНУ 14, 1897.)

Робинката од Камбуријана

Втората жена на Џеладин беј беше Та-шула, пленичка од востанието во Мореја. Прва-та пак жена беше Сабие анама, или старата ана-ма, како што ја викаа охриѓани, која беше по по-текло од некое село јанинско дали Лескович или Љубово, не е ни толку битно, важно е дека била премногу лоша, а Џеладин беј морал да се ожени со неа зашто била внука од брат на Али паша Јанински. Инаку таа била вдовица, со едно момиче од првиот брак...кое заради болната љубомора и страв Џеладин беј да не би ја зане-марил како стара и да се прежени со нејзината ќерка, лично самата ја убила туркајќи ја по ви-соките стрмни скали од сарајот. Гробнината и на двете е во турбето до Имаретот!- ќе запише Спростран во споменатата книга, за да посетне се премисли и наведе нова верзија дека таму е закопано само момичето од Сабие анама а сама-та Сабианама била положена в гроб кај џамијата Плитокопје /кај Чинарот/, а ова го кажувала сама-та Ташула Е, сега да се вратиме на Ташула, нејзиното потекло и нејзиното доаѓање во

Охридски легенди

Page 20: АМАК ПРЕС 114

20

Охридски легенди

Охрид. Ташула била родум од село Камбуријана, близу до Трикала - пишува Спро-стран. Таа била пленета со неколку други стоти-ни моми и жени за време востанието. Угушители-те на востанието, на своето враѓање од бојот со себе ги повеле и робинките за да им слугуваат во домовите или пак да ги продадат за пари. Ташула со мајка си и тетка си , и низа други жени се на-шле во харемот на Мустафа паша Шкодранли. По извесно време истиов паша ја испраѓа, заедно со неколку други жени, како подарок на својот внук Џеладин беј во Охрид.Сите тие стала слугини на старата анама, мајката на бегот. Ташула тогаш била на 12 годишна возраст...и како растела се поубава станувала, а и ги заборавала страотни-те слики од детството. Пленет од нејзината уба-вина, а немајќи пород од Сабие анама, Џеладин беј решил да ја земе за втора жена, со надеж дека ќе му роди наследник, и за да одбегне конфлик-тни ситуации меѓу двете жени, решил да го из-гради третиот сарај во Варош - Охрид, Јени Сарај , наменет на саканата робинка Ташула, во кој таа престојувала само во летните месеци, додека зи-мата ја минувала во Долни Сарај. Во нејзиниот харем ја придружувале мајка `и, Фанче сопруга-та на најбогатиот охридски ќуркчија Миле Кец-кар, некоја мома по име Трендафила од Призрен и уште неколку слугинки Според оваа верзија значи Ташула е од околината на Трикала и му била дадена како по-дарок од скадарскиот паша Мустафа, со кого Џеладин бил во роднински врски! Одиме понатаму. Ташула му родила момиче на господа-рот охридски.И тоа на ден 20 јануари 1829 година. Момиче-то веднаш и го одзеле, плашејќи се од фанатиз-мот на мајка `и, да не му наштети и да го попре-чи потурчувањето. Охриѓани веруваат, ќе напи-ше Спростран, дека самата Ташула си ја задуши-ла рожбата...а дали е тоа вистина, никој не знае, макар што нејзините роднини тврделе дека бебе-то си умрело од сопствена смрт. Момичето е пог-рбено под едно големо дрво Имарет ! Натамошниот след на настаните е по-знат- Џеладин беј оди Скадар, а таму ја повикува и Ташула, за да `и го препише Јени Сарај и некои други имоти.Едно време се вратила во Охрид, новата власт ја одвела дури Битола на распит и откако се уве-риле дека нема никаква вина и дозволиле да се врати во Охрид. Пречекот бил величествен- чест и сториле највидните граѓани предводени од владиката Калиник, кои на ден велика сабота ја пречекале дури кај Св.Петка манастирот. Жи-

вотот си течел понатака...По веста за смртта на Џеладин беј, Ташула ја советувале да се премажи - за муслиман или христијанин. Ја побарал дури и новиот господар охридски Шериф беј, инаку внук од сестра на Џеладин беј, и нуделе да се мажи за Ангеле Робе, или пак за некој многу богат грк по име Шалвар во Драч...Но, ризикот бил голем, да се земе една поранешна сопруга на еден деребеј. По конфискацијата на сарајот од стра-на на садриеземот, Ташула се прибрала да живее кај братот Стефан Испир. Се издржувала од про-дажба на накит, облека, обувки, скапоцени укра-си...на битолските бегови и богати турци. Но , от-како сфатила дека може да остане без приход, распродавајќи го она малку што го имала, реши-ла да купи земја- ниви и лозја, ама била измамена од најверните пријатели, па староста и била на-вистина мошне тешка, како впрочем и сиот жи-вот. Умрела во 1892 година на речиси 90 го-дишна возраст. Закопот бил величествен, пред-воден од самиот тогашен владика Григориј! Спростран во книгата посветена на Џеладин беј соопштува една ситна попатна инте-ресност, дека за време животот на Ташула била испеана песна од која посочува неколку строфи :Ајде сен Ташула, каф`з`м Ташула,Кому `и оставаш горнине сараи ?Оставам `и оставам на садриеземот,На садриеземот, на низамите ;Талим да ми чинет, пушки да фрлет,пушки да фрлет по стреде ејзеро...

(Садриеземот бил претставникот на Ви-соката Порта, кој во придружба на низамите/војниците воспоставил повторно `ред и поре-док` во делот на овие наши балкански простори, се разбира се преку грбот на рајата!) Речиси истава верзија, безмалу од збор до збор ја напишал во својата книга `рани спо-мени` и ресенецот Симеон Радев (1879-1963) кој своите училишни денови ги поминал во Охрид се до смртта на Ташула во 1892 г. Во неговите спомени останал ликот на ситна исушена стари-ца, облечена сета во црно, на која и правеле го-лема чест при службите во црквата Св. Климент (Св.Богородица Перивлепта). За жал ни тој , како ни Спростран не покажале интерес да прого-

ворат збор два со старата Ташула, одн.нејзината роднина Фанче од Кецкара, која умрела некоја година по смртта на Ташула, па изворно да ни ја соопштат вистината. Со таква намера бил и Бранислав Нушиќ, славниот српски комедиограф, кој трагајќи по потеклото на неговиот татко Геор-ги Нуша, во повеќе наврати го посетил Охрид со околината и ја објавил прекрасната книга `Крај бреговите на Охридското езеро - белеш-ки од 1891 и 1892 година`.Посебен дел во книга-та им посветил на расветлувањето на ликовите на Џеладин беј и Ташула. Тој дури во два навра-та ја побарал Ташула, но првиот пат не ја нашол дома, а вториот- било доцна, Ташула веќе пушти-ла душа и преминала на оној свет.И тој подробно се задржува на чедоморството, гробот и...безмерната беда и сиромаштија во која ги минувала последните дни од својот долг, но мошне несреќен живот!

Охрид и Јанино

Од памтивек постоела некаква нерас-кинлива врска меѓу овие два града. Охрид иако потпаѓал под власта на ска-драните, сепак многу охриѓани тргувале и ги испраќале своите деца во јанинската гимназија, отколку што одржувале врски со Скадар!

Одаја во Сарајот

Гробот Имарет некогаш

Анино во времето на Али Паша

Али Паша

Page 21: АМАК ПРЕС 114

21

Охридски легенди

И фактите тоа го потврдуваат: `Во 1787 година , во Охрид дојде Али паша Јанински и во негов пресрет излегоа охрид-ските раководители синовите на некогашни-от гази Ахмед паша и Џеладин бег; да се забеле-жи дека Охрид од старо време се управувал од скадарскиот Кара Махмуд паша, кого султанот го означи како одметник и поради тоа султанот го испрати Али паша Jанински да управува со тие што се наоѓаа поод власта на скадарскиот сатрап градови и дека Охрид , благодарение на тврдина-та, како посигурен град, се спротиставија скадар-ските и дебарските сили против војската на Али паша и стана страшна и кртвопролевна војна и следствено на тоа им се случија големи несреќи на охридските жители. По седумдневна борба , Али паша влезе во тврдината Варош, победи-тел со епирските војници арнаути и кога фати 17 мажи шкодранци, по три дена сите ги обезгла-ви надвор од калето на градот - Горна Порта, и по малку време Али паша, кога се помири со горе-споменатите охридски раководители им ги про-стил грешките и најпосле Али паша со Охридски-те раководители се посфатил, негова внука од се-стра по име Сабие анама , му ја дал за жена на Џеладин беј.` `1792 Охрид пак преземен од Бушат-лиите;1794 пак Охрид со нов господар; 1801 месец март ...Ибраим паша Бератлија-кнез на Охрид -Џеладин бег вазал до гроба на Бушатли-ите од Скадар, Ибраим паша помал брат на Кара Махмуд Шкодранли; Али паша организирал на-пад и се судрија во Заграчани , па потоа пак се смирија ;пак Охрид завземен од шкодранци-те; 1805 год Али паша дојде со многу војска и Св Софија ја наполнија со заире а и митрополијата- за војската храна, борба против дебраните Абас бег и Јашар бег големи зулуми, опљачкаа имо-тот на Џеладин беј , па и анот во Г'бавци го пе-плосаа...Сите турци се изуплашија и во една ма-ала се собраа. Али паша се биел со Јусуф беј кај Дабовјани; 1807 францускиот амбасадор на дво-рот на Aли паша Франсоа Пуквил запишал дека Охрид имал 1.300 домови од кои 600 турски , или приближно 6.500 жители , на варирањето на бројноста влијаеле и честите епидемии чума / улера;1808 урнато Сараишчето на Ибраим паша;1810 До Лешчаровци зафатија да 'и прават сараите и шадрванот Долни Сарај; 1815 , ставени во мај на 15, темели на сараите на Јени Сарај , во нивата на Никола Сапунџи, зад црквата Св.Елена и Константин ( сегашното училиште Св Климент Охридски );1816 - 1817 помеѓу 21 ноември и 24 август Вел-лиедин паша , синот на Али паша Јанински - од-носно виновникот за судбината на личната Фро-сина , престојувал во Охрид; 1820 Охрид му се даде на Мустафа паша Шкодранли ;1821г. Али паша успева да побуни паши околни арнаут-ски и сулиоти да кренат востание ......Негуш за-пустен ; 1822 Али паша убиен на 24 јануари 'гла-вата му ја шетаја по Јанинската чаршија- абер донесен на 23 дека го заробиле на островот, а друг татар на 30 каза дека му је пресекле гла-вата; 1825 Ибраим паша заде Сулејман од Бе-рат , зел бесплатно 6 станични коњи од Пошта-та Битола за патување до Охрид на 25 февруа-ри 1825 г.Инаку , од Поштенската станица во Би-тола , која располагала со 60 коњи, за Охрид се патувало за 12 часа ;1827, ноември 10 Џеладин беј отиде Скадар да се види со везирот Мекаја

паша и од таму отишле Цариград /за реформи-те на Султанот;1828 јуни 10, сите охридски првен-ци се потписавме кефил дека нема да се крени-ме против Портата;1829 , 20 јануари на Џеладин беј му се роди момиче од Ташула;1830 јуни 21, Са-дриеземот со подмамка ко зајаци ги изопра сите арнаутски првенци собрани Битола ;1831 неде-ла,18 јануари од Корча стигна султанската војска 1.000 души аскер. Бинбашијата се сместил Јени Сарај, а на 27 јануари жена му на бегот Ташула со ушче три жени је однесоја на шадрван / Дол-ни Сарај/ па за Скадар; 6 февруари се разбра- бе-гот по море пребегал со истиот човек шо избе-гал од Охрид; на 2 мај сабота, Шериф бег со еден царски писар кондиса кај Мехмед беј, па ојдоја Уч кале и запечатија све, та сетне го запечатија и Долни сарај а шесте копели шо се најдоја тука со варошки фереџина ги пратија Битола кај Садри-еземот а отаму ги истераа назад .Сиот имот на Џеладин беј се пописа и стана царски а /негови-те внуци од сетра/ Шериф беј и Рахит беј си го зе-доа делот шо им припаѓаше;16 ноември Мустафа паша Шкоранли заробен и со сета фамилија пре-ку Охрид преместен Анадол , кадешто и умрел далеку од родниот крај.....1832, март14 , умре мајка му на Џeладин беј - дојде чоек царски од Битола испописа све, околу 250 кесина, и 40 то-вари и сето соси сите мажи и жени беше протера-но Битола;1832, октомври 18 изгореа сараите на Џеладин беја -а таму седеше Али паша со сиот ха-рем, Али паша беше Скадар а харемот се пресели на Митрополија. В Охрид изгоре и неговиот син , и вујко му и сето имање и негово и туѓо...` Ете, така запишале тогашните хрони-чари за состојбите во Охрид.Останува на вас да одберете која од понудените верзии одговара најповеќе до вистината. Според документи кои стојат на располагање, турбето Имарет, одно-сно гробот над кој со столетија се издигаше едно церово дрво сето испореплетено со бршлен, му припаѓал на Синан Јусуф челеби , исламизи-ран охриѓанец, кој ја урнал Светиклиментовата црква и на нејзините темели ја изградил царска-та џамија и имаретот- народната кујна за сирома-си, без оглед на верска и етничка припадност. Во записите стои дека прочуениот турски патеписец Евлија Челебија во 1670 година дава опширен

опис на Охрид. Градот го опишува како развие-но, богато и големо трговско место. Го споредува со тогашен Дамаск и Каиро и со другите градови на Блискиот Исток и во Отоманската Империја. Охрид имал неколку убави и големи џамии. Меѓу нив Челебија ја споменува Аја Софија (ка-тедралната Св. Софија), потоа џамијата Охризаде или Царската џамија во стариот ритчест дел на Охрид, позната под името Имарет џамија. Климентовата манастирска црква Св. Пантелејмон, под Самуиловата крепост, била пре-творена во џамија. Џамијата Имарет, како своја задужбина ја изградил Синан (Јусуф) Челеби, припадник на угледниот турски род Охризаде,а посветена на Султан Мехмед, од крајот на XV век . Во непосредна близина на возобнове-ната манастирска црква на Светите Климент и Пантелејмон, се наоѓа турбето во кое Синан (Јусуф) Челеби бил погребан во 1493 година.

Фросина

Б.Нушиќ- Белешки од 1891 и 1892 г.

Page 22: АМАК ПРЕС 114

22

Од неодамна во просториите од сту-дентскиот дом “Никола Карев“ во Охрид е отворена народна кујна која ќе ја користат 80-ина социјално

загрозени граѓани. Корисниците веќе добија посебни садови од Центарот за социјални ра-боти во кои еднаш дневно ќе добиваат топол оброк.Проектот е дел од владината одлука за отворање народни кујни во повеќе градови во Македонија. Него го реализира Министер-ството за Труд и социјална политика преку Центарот за Социјални работи од Охрид а со поддршка на Локалната самоуправа.“Бенефитот од овој проект за Локалната са-моуправа е што им се излезе во пресрет на материјално и финансиски загрозените луѓе а со цел да им се ублажи тешкото секојдневие“, вели портпаролот од Локалната самоуправа, Никола Маневски.

Отворена народна кујна во Охрид

Со премиерата на филмот “Плати и жени“во ЦК “Григор Прличев“, започна три месечниот филмски циклус.“Плати и жени“е филм кој се базира на

судбините на балканските емигранти во Западно- европските земји. Станува збор за животни при-казни на луѓе кои минуваат низ цели патешествија за да дојдат до документи за легален престој во земјата во која до тогаш престојувале на диво. Тие стапуваат во брак со тамошни државјани или државјанки а цената за “слатките брачни маки“ чини 7 000 евра. Станува збор за контроверзна животна приказна во режија на Атанас Георгиев, кој и самиот е двигател на главната ролја па дури и влегол во тие таканаречени мафијашки круго-ви преку кои се обезбедуваат саканите сопру-га или сопруг. Филмот трае 74 минути и во него е прикажана потресната слика за судбината на мла-дите “балканци“кои настојуваат да го остварат својот европски сон и иднина. Филмот учеству-вал на повеќе меѓународни филмски фестивали а за уметничките вредности е наградуван неколку пати. Проектот е македонско –австриско- хрват-ско- американска копродукција и истиот е рабо-тен 10 години. По ова филмско остварување на репертоарот во ЦК “Григор Прличев“, поставени се филмови-те “Австралија“, “Денот кога земјата запре“, “Тајна“, Терминатор 4“,“Х-мен“, “Принцезата на сонцето“. Станува збор за европски и американски филмо-ви кои се најнови остварувања. Филмската програ-ма во ЦК “Григор Прличев“ ќе трае до втората половина на месец ноември.

Ревија на европски и американски филмови во ЦК “Григор Прличев“

Бевме на...

Page 23: АМАК ПРЕС 114

23

На 25–ти септември во Центарот за Култура “Григор Прличев “ , по 21 –ви пат ќе се одржи фестивалот на охридски старо-градски песни. На манифестацијата ќе учествуваат култур-но уметнички групи од Македонија кои што ја негуваат ста-

рогратската песна.“Интересот за фестивалот е огромен и годинава одлучивме да ги претставиме групите за кои лани немаше временски и простор-ни можности да се претстават. Ќе настапат музичари од ЦК “Перси-ди“ од Ресен. Пеачката група “Македонка“, охридските девојки и жен-ската пеачка група “Ахрида“ ќе го претстават градов, потоа ќе наста-пат “Делчевски ефнафи“од Делчево,музичарите од ЦК “Марко Цепен-ков“ од Прилеп, “Староградски тамбурашки оркестар –Кратовчани“ од Кратово, “Распеани гевгеличани“ од Гевгелија и групата “Чалгија саунд систем“ од Скопје чии членови ја негуваат старата градска чалгиска песна . Музичарите од оваа група се дел и од познатата музичка група “Стринг форсис„ “, ни изјави директорката на ЦК Григор Прличев, Дра-гана Боцевска. Таа додава дека свој настап ќе има и ансамблот за на-родни песни и игри “Танец“. Влезот за фестивалската ноќ е слободен а манифестацијата која е под покровителство на Министерството за култура чини околу 50 000 де-нари. Фестивалот има ревијален карактер.

21-ви Охридски старо-градски средби

Наскоро во Охрид ќе се от-вори прифатилиште за без-домници. Проектот е на министерството за Труд

и социјална политика и Локална-та самоуправа од Охрид во соработ-ка со министерството за Внатреш-ни работи. Се уште не е познато каде ќе биде сместен објектот ниту кол-кав ќе биде бројот на вработени лица кои ќе бидат ангажирани око-лу социјализацијата и воспитувањето на скитниците. Според евиденцијата на Центарот за социјални работи, во градов има 4-5 мина луѓе кои спаѓаат во оваа категорија. Тие се надвор од своето семејството или пак се луѓе кои се жртви на семејно насилство. Најголем проблем прават лицата кои се вбројуваат во категоријата бездо-мници а во Охрид доаѓаат од други градови, односно кај нас престојуваат привремено. Бројот на скитниците - дојденци е најголем во лето.

Дом за бездомници во Охрид

Ви најавуваме

Page 24: АМАК ПРЕС 114

24

Според археолошките истражувања кои почнаа да се реализираат во трети-от милениум од новата ера,

односно од 2000-та година навака, Самуиловата тврдина е стара 24 ве-кови односно 24 000 години. Во 358 г. п. н. е. царот Филип Втори Маке-донски, прв пат поминал низ Лихни-тида (денешната охридска област). Во историјата Филип Втори Маке-донски е познат како воин и го-лем стратег кој не останал рамно-душен кон стратешките позиции на тогашниот Охрид и охридското крајбрежје. За него особено важни биле таканаречениот Габавски рид (каде денес се откриени и се истра-жуваат Киклопските ѕидини) и на-шиот, односно познат како Волше-

бен рид(поради скапоцените пред-мети кои се најдени токму на него) а на кој денес се наоѓа стариот град со населбите Варош и Месокастро. Точно во таа, 358 г.п.н.е.овој антич-ки македонски цар наредил на овие два рида, да започне изградба-та на двете тврдини (Киклопската и Самуиловата). Тоа значи дека Саму-иловата тврдина почнала да се гра-ди во втората половина од 4-от век пред новата ера а истата била завр-шена кон крајот од тој век. “Најверојатно Филип Втори Маке-донски ја подигнал тврдината на ка-лето затоа што во тоа време низ тој дел поминувал скандинавскиот пат кој подоцна во 2 в. п. н. е. прерас-нал во најпознатата античка свет-ска магистрала “Вија – игнација“. Тој

бил познат каравански пат кој пре-ку планината Јабланица се движел кон Јадранското и Егејското море па се до Турција. Значи го поврзувал стариот Рим со Цари Град .Се прет-поставува дека поради позитивни-те стратешки позиции Филип Вто-ри почнал да ја гради тврдината“, раскажува директорот на Управа-та за културно- историско наслед-ство, Паско Кузман. “Тогаш во втора-та половина од 4 в. п. н. е, е изгра-дена Самуиловата тврдина сместе-на на врвот од ридот каде денес се наоѓа цитаделата а целата градба е наречена Охридска Крепост. Први-от писмен податок за Самуилова-та тврдина датира од 209 г. п. н. е. и во него е напишано дека некој ев-ропеец на тој простор каде денес е

сместена тврдината направил побу-на - заговор против македонската власт на чие чело се бил тогашниот цар Филип петти, кој ја задушил по-буната и така ја задржал власта над македонскиот народ и над градот Охрид. Археолошките податоци пак велат дека тврдината е изградена два века пред тоа. Ова го потврду-ваат археолошките истражувања во кои се пронајдени големи каме-ни блокови и остатоци од кула вна-тре во Самуиловата тврдина. Во 4 п. н. е. било пракса да се гради со го-леми камени блокови без употреба на врзов споив малтер. Камењата се редени еден над друг. На ист на-чин како Самуиловата е градена и Киклопската тврдина изградена во истиот период. Киклопската тврди-

Богатството на царот Самуил до денес не е откриено!!!

24-ри векови Самуилова тврдина

Самуиловата тврдина на Охридското кале кај цитаделата ја изградил кралот Филип Втори Македонски во втората половина од четвртиот век пред новата ера (358 г.п.н.е.). Целата Охридска крепост пак, која го опкружувала и заштитувала стариот град била изградена во четвртиот век од новата ера. Тврдината на калето стара 24 века,се вика Самуилова по царот Самуил кој не ја изградил туку најверојатно народот во чест на неговите воени и освојувачки способности ја нарекол Самуилова. Познатиот цар владеел до реката Дунав. Неговиот дворец сместен во тврдината најверојатно бил изграден од дрво а во Охрид живеел 15-ина години. Во времето на отоманската империја во тврдината Џеладин бег изградил свој сарај. Пред Самуиловата тврдина на тој простор од ридот се наоѓале градските гробишта, станува збор за периодот од 6 – 5 в. п. н. е.

Наша гордост

Page 25: АМАК ПРЕС 114

25

Богатството на царот Самуил до денес не е откриено!!!

Самуиловата тврдина на Охридското кале кај цитаделата ја изградил кралот Филип Втори Македонски во втората половина од четвртиот век пред новата ера (358 г.п.н.е.). Целата Охридска крепост пак, која го опкружувала и заштитувала стариот град била изградена во четвртиот век од новата ера. Тврдината на калето стара 24 века,се вика Самуилова по царот Самуил кој не ја изградил туку најверојатно народот во чест на неговите воени и освојувачки способности ја нарекол Самуилова. Познатиот цар владеел до реката Дунав. Неговиот дворец сместен во тврдината најверојатно бил изграден од дрво а во Охрид живеел 15-ина години. Во времето на отоманската империја во тврдината Џеладин бег изградил свој сарај. Пред Самуиловата тврдина на тој простор од ридот се наоѓале градските гробишта, станува збор за периодот од 6 – 5 в. п. н. е.

на била напуштена во Римско вре-ме. Самуиловата, пак поради добра-та местоположба и по времето на Филип Втори била привлечна и ин-тересна за новите владетели. Во 2-3-от век п.н.е. Охрид важел за мон-демски град, како што денес се: Ака-пулко, Палма де Ма Норка . До овие сознанија дојдовме истражувајќи ги гробовите од тој период кои се пол-ни со златен накит, филигран и дру-ги скапоцени предмети“, истакну-ва Кузман.Во Римскиот период, тврдината била обновувана а во 4-от век од новата ера таа била доградена. Тоа било време на доцната антика, кога овие простори биле напаѓани од бројни вандалски племиња, Готи, Остро- готи, Словени. Во тоа вре-ме Охрид во целост е заграден со

тврдина и од тогаш потекнува це-локупната Охридска крепост. Таа се протегала од просторот на кој до пред две години беше сместе-на зградата на НУ Библиотека “Гри-гор Прличев“, преку Долна Порта ѕидините се качуваат кон црквата Св. Сава на Дебој па до Горна пор-та. Оттука крепоста продолжува кон Самуиловата тврдина и завршува кај населбата Лабино. Значи во 4-от век од новата ера изградена е цела-та Охридска крепост.“Ова го осознаваме според опусот на градење на бедемите. Открив-ме четири редови тули меѓу кои има малтер. Тоа е доказ дека се ра-боти за период од 4-5-ти век од но-вата ера. Охридската крепоста била толку цврсто изградена што племињата Остроготи и Готи не

успеале да ја заземат лихнидската тврдина и продолжиле натака кон Албанија,“ вели Кузман.Во Самуиловото време царот Са-муил по кого е наречена тврдина-та, делумно а не целосно ја обновил тврдината затоа што се знае дека тој имал повеќе свои престолнини во Преспа, Прилеп. До ден денес не е познато во која година точно до-шол Самуил во Охрид се претпоста-вува дека тоа било околу 1000-или 1001-та година кога својот дво-рец го преселил во тврдината. Со оглед на тоа што до денес не се от-криени значајни археолошки по-датоци од негово време се претпо-ставува дека дворецот во тврди-ната бил изграден од дрво или друг материјал кој не може долго да трае. Најверојатно тој во Охрид

имал привремен престој од 14- 15 години и затоа нема многу пода-тоци од неговото време. Но за цар Самуил познато е дека со наши-ве простори владеел 40-ина годи-ни и дека тој е единствениот цар за-бележан во светската историја по тоа што не ковал монети. Негови па-рички не се пронајдени ни кај нас ни во Бугарија или Грција. Вооби-чаено било царевите заради оптек во својата држава и економска бла-го состојба да коваат монети, тоа не било случај со Самуил. Најверојатно во негово време се користеле ви-зантиските пари. Тој или немал вре-ме за големи економски активно-сти или не ја сфаќал тежината на мо-нетарната политика за една земја. Од негово време не е откриен ниту еден вреден материјал герами-

Наша гордост

Page 26: АМАК ПРЕС 114

26

Локал

ка ,бронза, сребро или зла-то. Иако за приватноста на Самуил има оскудни подато-ци и иако тој бил царот кој не ковал свои пари народот ги ценел и почитувал неговите способности како голем воин и затоа тврдината ја нарекол по неговото име Самуилова. Неговото царство згаснува во 1014-та година кога тој почи-нува од срцев удар предизви-кан од болка и јад за своите 14 000 ослепени војници кои ја изгубиле битката на плани-ната Беласица водена со ви-зантискиот цар Василиј Вто-ри. Тој е закопан во црквата Св. Ахил во Преспа која сега се наоѓа во егејскиот дел од Македонија. Неговиот син Гаврил Радомир е убиен од првиот братучед Владислав кој ја презел власта во свои раце. Самуил е познат како немилосрден војник кој со намера да биде единствени-от престолонаследник на тат-ко му Никола,со свои раце ги убил родените браќа:Арон,

Мојсие и Давид.Подоцна, по смртта на Саму-ил тврдината била разруше-на. Во средниот век била мно-гупати разрушувана и обно-вувана, но постојано функ-ционирала. Последните гра-дежни интервенции на Са-муиловата тврдина ги напра-вил Џеладин бег на почетокот од 19-от век. Тој во тврдината на јужниот дел од цитаделата го изградил својот сарај. Бе-гот бил голем крвник над ма-кедонското население но во исто време и голем градител. Карактеристично е што во це-лиот среден век па и во Ото-манската империја темели-те на градбите не се поставу-вале на здрава основа туку на полнатица. Под темелите има-ло обична земја па поради тоа градбите не биле отпор-ни ни на најмали земјотреси. Така и сарајот на Џеладин бег иако бил раскошен и полн со злато и други ска-поцености не бил поставен на цврста основа, само таму

каде случајно се потпирал на стена градбата била посигур-на. Во сарајот имало раскош-ни одаи, тремови, убаво уре-дени дворови и чешма. Бе-гот за својата официјална- за-конска жена имал изградено сарај познат како Долни сарај којшто бил исто така раско-шен со убави дворови и фон-тани.“Третиот сарај на бегот бил на ридот Дебој , четвртиот на стариот струшки мост (на кој пред 30-ина години има-ше мали куќарки пренамене-ти во дуќани )а неговиот пет-ти сарај бил во пределите на планината Петрино. Значи тој бил голем градител, “ вели Кузман.Од средината на 19-от век Са-муиловата тврдина само се руинира. По ослободувањето таа е заштитена со закон но до 2000 година врз неа не се вршени никакви посериозни интервенции.

Пред изградбата на Самуиловата тврди-на, на нејзиното место се наоѓале охрид-ските гробишта. Населението живее-ло на повисокиот западен рид -на ри-дот од Античкиот театар нагоре, додека погребувањата биле северно и источно на другиот рид. Покрај северниот бедем и на горниот дел од тврдината како и кон ридот Дебој и Горна порта, земјата е полна со богати гробови кои датира-ат од периодот кога Охрид бил еден од “најпосакуваните“ богати мондемски градови во светот. Во 80 години на ми-натиот век кај училиштето, кај Дебој от-криени се околу 180 богати гробови. И во самата Самуилова тврдина открие-ни се бројни гробници. Само во преде-лот кај Горна порта до ѕидот од крепо-ста до денес се откриени околу 160 гро-бови со многу златни предмети. На тој предел се откриени и многу стари гро-бови кои датираат од 6-5 век пред но-вата ера, во чии рамки беше и гробот со број 132 а во кој беа пронајдени, златна-та маска, златната рака со 60-ина други златни, сребрени, бронзени и килибар-ни предмети и накит. Во гробот се погре-бани момче и девојка кои по тогашните обичаи биле спалени.

Животот на просторот каде е сместена тврдината - на ридот, започнал далеку пред нејзиното подигање. Откриена е маслена герамика која датира од крајот на бронзеното и почетокот на железното време. На ридот животот најверојатно започнал од 1 200-та година пред нашата ера и од тогаш навака континуирано течел. На просторот има и неолитска населба која е од 6000- та година пред новата ера. Затоа се вели дека Охрид е еден од најстарите градови во Европа.

Директорот на Упра-вата за културно-историско наслед-ство, Паско Кузман ни ја раскажа при-казната за Самуило-вата тврдина

Наша гордост

Page 27: АМАК ПРЕС 114

27

ЛокалЛокалНа кафе со...

Живите свирки наш препознатлив белег

Поп групата “Силви бенд“ 30 години успешно постои на

музичката сцена. Силви и Влатко велат дека успехот на бендот

лежи во професионалното изведување и музицирање на

композициите. Деновиве тие се актуелни со песната “Не сакам

крај“ што е најава за петтиот албум, а во своето студио работат на проект по музика од драмската

претстава “Коштана“ . Силви и Влатко се и успешна брачна

двојка , заедно функционираат над 20 години а нивната љубов е

крунисана со ќерката Аделина. Таа е причината за која постојат и

сонцето кое им ги грее душите.

Силвија и Влатко Плевнеш

Page 28: АМАК ПРЕС 114

28

На кафе со...

Каде ја има Силви таму е и Влат-ко. Јавноста Ве запозна како му-зичка двојка која одлично функ-ционира . Можете ли да се присе-тите на Вашите заеднички поче-тоци на музичката сцена? Како се случи групата “Силви бенд“? С: Јас бев студент во прва годи-на на Музичката Академија . То-гаш чекајќи еден од колоквиуми-те по предметот соло –флеш за-едно со моите колеги влеговме во една училница каде Влатко веж-баше свирење. Така се случи на-шето запознавање, потоа станав-ме пар. Тогаш Влатко веќе беше по-знат музичар, настапуваше со група-та ТАО која беше најпознатиот пра-течки бенд и работеше седум годи-ни со естрадните уметници и живи поп легенди Здравко Чолиќ па со Вајта. Додека Влатко и неговиот бенд се подготвуваа за некој настап на Црногорското приморје, тој не-како неподготвено ме повлече во свирка и од тогаш почна се. Се се случи спонтано. Јас планирав по мо-ето дипломирање да се вратам во

родниот Ниш во Србија. Тогаш себе си се гледав како професорка по музика а не како пеачка, но ете ста-нав второто. Јас и Влатко станавме двојка што многу добро музицира.В: Јас по моето работно искуство со познатите ЈУ –музичари, една годи-на пред да ја запознам Силви, бев вратен од Србија каде живеев и ра-ботев. Потоа бев член на групата “Калиопи“ со која го снимив нивни-от прв албум. Од првата средба со Силви, кога прв пат ја погледнав јас знаев дека таа е исклучителен умет-ник со строги принципи во работа-та. Како сега така и тогаш таа има-ше истанчен вкус за музика. Уште на почетокот знаеше да избере убава композиција и одлично да ја интер-претира. Па така некако по наста-пот во Црна Гора со тогашниот мој бенд се случи и сплотувањето мое и нејзино во една група,“Силви Бенд“.

Дали живите свирки по кои сте препознатливи денес, беа ваша одлика на почетокот кој беше пресудниот момент кој Ве крена

во височините?С: Со Влатко уште од самите поче-тоци станавме препознатливи по живите свирки, така и композито-рот Димитар Масевски слушна за нас. Во 1990 година на последна-та Југо- Визија по барање на Масев-ски јас бев еден од пратечките во-кали на Маргарита Христовска која исполнуваше негова композиција. По тој настап Масевски мене и на Влатко ни понуди да учествуваме во неговата ТВ -емисија “Оваа са-бота“. Во емисијата ја изведував-ме композицијата “Македон- ламба-да“, која одеше како најавна шпица и на крајот од шоуто. Во тој пери-од се уште немавме свои песни па во текот на емисијата изведувавме странски композиции. Емисијата се емитуваше секоја последна са-бота во месецот и со неа всушност се случи нашето прво појавување во јавноста . Во 1991 година за прв пат настапивме на фестивалот Мак- фест со композицијата “Ангели ме носат“. Со оваа композиција станав-ме препознатливи. Тогаш прв пат

добивме јавно признание за нашиот труд. Оваа песна беше првата наша наградена композиција. Потоа сле-деа многу настапи и фестивали низ градовите во Македонија и сосед-ните земји. Настапите беа проследе-ни со многу награди. В: Јас само да се надоврзам на Сил-ви дека ние бевме првата поп гру-па што одржуваше живи свирки низ кафулињата и ноќни клубови во Скопје. Додека траеше емисијата “Оваа сабота“, Димитар Масевски напиша прекрасна песна без на-слов, тој ја нарече за девојката на Плевнеш подоцна ние ја нарековме “Летни гулабе од Охрид“.

Кога започнаа Силви и Влатко да ги делат утрото и ноќта. Кога запловија во брачните води?С: Во брак сме веќе 16 години. Пред тоа 7 години се забавувавме, а 3-4 години пред да го кажеме судбонос-ното да, живеевме заедно. Мислам дека е многу важен пред брачни-от живот, тогаш се осознава вистин-

Page 29: АМАК ПРЕС 114

29

На кафе со...

скиот карактер на партнерот а тоа е многу важно, за да откриеш дали понатака можеш со таа личност да живееш во заедница и да поделиш се или не.В: Јас и Силви карактерно многу си одговараме и двоумење за брак во-општо и немаше. Само чекавме мо-мент да ја официјализираме нашата долгогодишна врска во брак. Седум години пред брак и шеснаесет во брак, значи се на се, заедно сме 23 години. Во брак ја добивме ќерката Аделина која има 15 години.

Каков е заедничкиот живот на двајца уметници?С: Животот ни е динамичен, испол-нет со многу музика и воопшто не е досаден. Сите тројца си ја негува-ме својата личност, мислам на мене, Влатко и ќерката Аделина. Наша-та малечка е испочитувана од наша страна од како се роди. Секогаш се почитуваат желбите на секого. Дела ( нагалено од Аделина) си има свој став за животот и за се околу неа и тоа јас и Влатко го почитуваме и це-

ниме. В: Во нашето семејство никогаш не постоела табу тема. За се разговара-ме отворено и мислам дека наше-то дете доста здраво се развива. Се-како неа и го посветуваме нашето најголемо внимание. Професијата ни овозможува да бидеме подол-го време од денот со неа. Таа е ак-тивно дете со многу нејзини хобија. Таа сосема сигурно тргна по нашите стапки, се запиша во Средното Му-зичко Училиште на отсекот по удар-ни инструменти.

Со оглед на тоа што имате чести вечерни настапи и бројни живи свирки имате поинакво тем-по на живот од останатите брач-ни двојки. Како функционирате дома, како ги делите домашните обврски?С: Имаме живот завртен “наопа-ку“ во однос на другите. Поради ноќните настапи стануваме подоц-на. Но поради Аделина денот ни е сосема нормален. Периодот додека таа е на училиште го користиме за

да се наспиеме а потоа се се одви-ва нормално. Не ги делиме обврски-те на строго машки или женски, се е спонтано, кој што ќе има повеќе време завршува некоја работа , иако поголем дел од обврските по дома ги превземам јас.В: Силви е совршена домаќинка, ама кога ова го кажувам нави-стина тоа и го мислам. Таа е една комплетно изградена личност, начитана,културна и одлична со-пруга и мајка. Нашиот дом е на-вистина голем,благодарение на мојата сопруга во него секогаш и се е беспрекорно чисто, средено и се на свое место. Силви е жена која е многу инвентивна таа ги гот-ви најубавите и највкусните јадења.Таа секој ден умешно ја декорира масата, така што ако случајно нами-нете кај нас на ручек ќе имате чув-ство како да славиме Нова Година, Божиќ или друг голем празник. Кај нас и јадењето на обично приготве-ни јајца е ритуал а трпезата изгле-да преубаво.

Силви, Вие сте една од ретки-те високо образовани естрадни уметнички кај нас. Колку е важно соодветното образование во ва-шата професија?С: Образованието е пресудно. Бла-годарение на него јас себе си си ја олеснувам работата, знам што пеам, знам како полесно можам да изве-дам одредени фрази на кој начин да ја користам техниката. Кога имам долги и навистина напорни наста-пи знам правилно да ја користам дијафрагмата. Човек кој го кори-сти само грлото а не и дијафрагмата после 3-4 та песна е зарипнат. Јас ја користам вокалната техника и така можам да издржам и по не-колку напорни настапи кои се еден по друг. Тоа се случува за време на новогодишните празници, тогаш се што сум учела ми помага прак-тично да го применам. Образова-нието го определува начинот на размислување го одредува стилот на живот. Невелам дека нема при-родни таленти кои дошле на сцена-та необразовани, но се чувствува

Page 30: АМАК ПРЕС 114

30

разликата меѓу натуралното и над-граденото.

Жива музика или плејбек што преферирате повеќе?С: Жива музика апсолутно, размислување за тоа нема.В: Јас ќе кажам дека кога треба да се пее на плејбек, Силви толку мно-гу вика и пее што тогаш мора да ја опоменувам да не пее толку гласно. Но таа не умее да импровизира.С: Најубаво ми е и најсигурно се чувствувам кога пеам во живо.

Познати сте по живите свирки во клафулиња, дискотеки и ресто-рани низ градови од Македонија и соседството. Од каде толкава енергија, Ве заморува ли ваквото темпо на живот?С: Во лето енергијата ја земаме од нашето преубаво езеро, значи во тој период од летото престојуваме и се одмараме во родниот град на Влатко, Охрид. Кога сме во Скопје шетаме низ Водно. Енергијата се црпи и од сопствениот домот и

секојдневието во кое мора да се ужива.

Во моментов сте актуелни по ва-шиот четврти албум “Бакнеж ка-као музика“. Можете ли од Ваши-те композиции да одвоите оми-лена ?С: Ги сакам сите, јас лично себе си се пронаоѓам во “Песно уби ме“-композиција на Тоше поп Симо-нов, “Сонце по дождот“ од Алексан-дар Масевски, “Романса“ од Дими-тар Масевски , “Ангели ме носат“ по која станав препознатлива. Потоа последната композиција која е лич-но моја и за која сите ми велат дека е автобиографска е “Не сакам крај“ и таа е во редот на моите омилени песни.В: Композицијата “ Не сакам крај“ е најава за нашиот 5-ти по ред албум, а најнова е патриотска-та родољубива песна која се вика “Македонија“. Исполнета е со многу емоции, текстот е на Силви а јас сум автор на музиката и аранжманот.

Се живее ли добро од музика.С: Според нас да. Јас велам ако не-што работите чесно, искрено и со љубов мора да вроди со плод. Влат-ко и јас живееме исклучиво од му-зика, немаме паралелни активно-сти кои би го одвлекувале наше-то внимание или енергија. Целата енергија е сконцентрирана на музи-ката и јас многу се радувам кога на-шите колеги кои присуствуваат на нашите настапи ќе ни кажат дека многу професионално ја изведу-ваме композицијата. Претпоставу-вам дека токму поради професио-налноста толку долго постоиме на естрадата и сме барани.

Во што уживате, што Ве прави среќни?С: Во нашата ќерка. Дела е причина-та поради која сонцето се раѓа секој ден. Дела е причината поради која јас го дишам воздухот и се се врти околу неа. Музиката е тоа што ме поткрепува но во секој случај Дела и моите двајца внуци Ерик и Сашко се трите сонца кои ме греат.

В: Адела е нашата среќа и живот, но деновиве среќен ме прави и студи-ото кое конечно го направивме и со кое многу си ја олеснивме работата. 10.Што Ве преокупира деновиве, на што работите?В: Од почетокот на месец септем-ври ние сме во студио, работиме на музиката од драмската претста-ва “Коштана“, во која минатата годи-на главната улога ја играше Силви. Претставата “Коштана “ има одлич-на музика и таа стана наш проект ја обработуваме токму музиката што е содржана во неа. Кога бевме анга-жирани околу ова познато драмско дело многу тешко дојдовме до му-зиката, затоа истата одлучивме да ја ставиме на SD.

Имате ли животно мото што Ве води низ животот?С: Да, секако но тие се многу. “Биди искрен и сакај и тоа ќе ти се возвра-ти“, е едно од нив.В: “Работи и само работи на тоа што го сакаш а тоа ќе ти се исплати“.

На кафе со...

Page 31: АМАК ПРЕС 114

31

Лицето можеби е прозорецот на душата и затоа ја заслужува сета нега што можеме да му ја пружиме. Но, и стапалата и длан-ките имаат важна улога во нашиот жи-

вот. Затоа не треба да ги занемаруваме и треба да се грижиме за нив.Имајќи го сето ова во предвид нема да претера-ме ако кажеме дека не им ја пружиме соодвет-ната нега и внимание што ги заслужиле. Меѓутоа не е предоцна за да ја поправиме грешката. Постојат многу начини за да ги негуваме нашите дланки и стапала а се препорачува и редовна по-сета на соодветен салон за убавина.Треба секогаш да се грижите за дланките и нок-тите. Грижата за ноктите е нешто што морате да го правите . За оние кои имаат лесно кршли-ви нокти треба да ги масираат секои два дена, а покрај тоа и употребата на навлажнувач помага во зацврстување на ноктите.Уште еден начин за зацврстување на меките нок-ти е да се потопуваат во топло маслиново масло 20 минути секој втор ден.За почеток, можете да ја испробате комбинацијата на млеко и пченично брашно за вашите стапала.Верувале или не, но чистењето и омекнувањето на стапалата може да го направите со вашата па-ста за заби. И за крај кратка масажа со крем или навлажнувач.

10 совети за нега на вашите стапала Луѓето заболени од дијабетес се повеќе подлож-ни кон ризикот од појава на инфекции, особено на стапалата. Намалената циркулација и проме-ната на крвните садови го намачува процесот на заздравување. Намалете го ризикот од појава на компликации и инфекции применувајќи ги следниве совети:

1.Проверувајте ги своите стапала! Проверувајте ги стапалата секој ден. Доколку за-бележите знаци на црвенило или меурчиња, по-секотини, красти, отоци или промена на бојата на стапалата ви предлагаме да се консултирате со стручно лице.Можете да користите огледало за ада можете да го видите целото стапало.

2. Дали ви одговараат чевлите?Бидете сигурни дека вашите чевли ви прилегаат и се чувствувате удобно. Секогаш пред да ги об-лечете проверете да не има во нив нешто остана-то што би можело да ги повреди стапалата или да предизвика иритација. Внимавајте чевлите треба секогаш да бидат чисти!

3. Чисти стапала!Стапалата треба да ги миете секој ден и при-тоа внимавајте да ги исушите многу добро. Проверувајте ги меѓу прстите.

4. Грижа за ноктитеСекогаш сечете ги ноктите правилно според об-ликот и потоа убаво израмнете ги со турпија. За полесно да ги исечете ноктите на нозете, сечете ги веднаш по бањање.

5. Не се лекувајте сами!Посетете специјалист доколку забележите некои испакнувања, промени на кожата или доколку некој нокт расте навнатре. Не се обидувајте сами да ги третирате ваквите промени , бидејќи може да предизвикате сериозни проблеми.

6.Испукана кожа Ако кожата на стапалата е сува, нанесувајте мрсен крем или гел од петролеум на стапалата и петите , но избегнувајте го делот помеѓу прсти-те. Ако гелот се нанесе во делот помеѓу прстите , може премногу да ја навлажни кожата и да ја на-прави поподложна на инфекции.

7. ЦиркулацијаИзбегнувајте да ги прекрстувате нозете додека седите. Тоа ја спречува циркулацијата.

8. Температурни разликиЗаштитете ги вашите стапала од екстремни тем-ператури. Водата за бањање одржувајте ја на температура од 30-32 степени. Доколку нозете ви се многу ладни никогаш не употребувајте грејни тела или шишиња со врела вода. Со тоа правите огромни температурни разлики што многу нега-тивно влијаат на стапалата.

9. Вежбајте!Советувајте се со професионалец за некој про-грам на вежби кој најдобро ќе ви одговара. Пра-вилните вежби ја подобруваат циркулацијата на екстремитетите.

10. Професионална негаМногу е важно да практикувате превентивна нега на вашите стапала со примена на горе наве-дените совети. Исто така најдобро е да посетува-те стручни салони каде ќе ви ја пружат потребна-та нега на стапалата.

Негувајте ги дланките и стапалата

Здрав живот

Page 32: АМАК ПРЕС 114

32

Прашање-одговор

Имам 30 години, и веќе неколку години по ред преку летниот период ми се создаваат темни флеки по лицето и рацете кои преку зима се намалуваат но не исчезнуваат. При преглед на дерматолог ми рекоа дека се сончеви пеги . Ме совету-ваа при изложување на сонце да користам крема со висок заштитен фактор. Ме интересира што се тоа сончеви пеги? Дали се опасни и како можам да ги отстранам?

- Кафениот пигмент меланин ја дава бојата на кожата и воедно ја штити од штетното дејство на сончевите зраци. Негово-то создавање се одвива во матичните клетки меланоцити со процес наречен мелано- генеза што е генетски детерминирана а во помала мера зависи од хормоналната регулација во организмот. Соодветно на тоа од различни причини може да настане пореметување во: бројот на меланоцитите и во количината на создадениот меланин. Ако се работи за дефицит на тие два факто-ри тогаш настануваат промени на кожата кои се посветли од околната, не заболена кожа. Ако се работи за суфицит, тогаш имаме појава на потемна кожа од околната (хипер- пигментации). Хипер –пигментациите може да се генетски условени (наследни) или стекнати, како последица на различни метаболни, ендокрини и нутритивни нарушувања, медикаментозно индуцирани или од дејство на различни физички, хемиски и инфективни агенси.Сончевите пеги (ефелиди) се генетски детерминирани ,ограничени,расеани хипер- пигментации со карактеристичен изглед и дистрибуција на кожата во регии експонирани на сончева светлина (фото дистрибуција). Често се појавуваат семејно и кај луѓе со светол тен. Се работи за зголемена осетливост кон сончевите зраци, а самата појава на пеги е генетски детерминирана. При UV изложување настанува зголемување на бројот на меланозомите и количината на создадениот пигмент, додека бројот на ме-ланоцитите не се менува.Сончевите пеги се локализирани на лицето, вратот, деколтето, под лактата ,дорзумот на шаките и се претставени како жолто- ка-фени, рамномерно пигментирани. Прават кружни или овални кружни промени во големина од 2-4 милиметри. Пегите остро се одделуваат од околната кожа и не се манифестираат со никакви симптоми. Се јавуваат од детството и се презентираат низ цели-от живот . Во зимскиот период од годината, се губат и затоа фото –протекцијата (кремови со заштитен фактор) се применуваат уште со појавата на првите сончеви зраци (февруари,март).Соодветни тераписки модалитети се:1. Употреба на кремови кои содржат хидрокинон 2-5% што има за цел да ја инхибира синтезата на меланин .2. Азелаична киселина3. 25% трихлор оцетна киселина, особено е ефикасна кај лица со светол тен.4. Криотерапија со течен азот “траума- состуд“, се должи на фактот дека меланоцитите се почувствителни на студ. 5. Ласерска терапија каде се врши селективна деструкција на меланоцитите.Сончевите пеги се сосема бенигни промени. Не постои можност за малигна алтерација, што би се рекло дека тие не се опасни и може да се јавуваат цел живот. Сончевите пеги предизвикуваат само козметичко- естетски пеги.

Сончевите пеги не се малигни тие предизвикуваат само козметичко- естетски проблеми

примариус д-р.Виолета Павлоскаспец. дерматовенеролог

1. Имам 20 години, на 13 годишна возраст прв пат добив менструација и тогаш се беше во ред. Циклусот ми траеше по 5-6 дена, и тој беше редовен на секои 28 или 30 дена. На таа возраст јас имав висок килограми бев навистина круп-на. Одлучив вишокот килограми да го отстранам со ригорозни диети. Тоа го направив. За релативно краток период од 2-3 месеци јас ослабев 11 килограми,но се се комплицира. Сега сум слаба, можеби и премногу слаба но од тогаш ме-сечниот циклус ми доаѓа нередовно. Крвавам на 3-4 месеци а циклусот кој не е обилен ми трае само 2-3 дена. Ве молам советувајте ме сто треба да правам за да се нормализира состојбата!

Менструација претставува отпаѓање или отфрлање на слузницата на матката. Ова преставува нормален процес на женски-от репродуктивен систем и се јавува во редовни временски интервали. Нормално менструацијата трае од 3 до 7 дена и се јавува на секој 24 - 29 дена. Во периодот од една до друга менструација женските хормони ја подготвуваат слузницата на мат-ката да ја прими оплодената јајце клетка и да ја носи бременоста. Ако се случи бременост менструацијата нема да се појави се до раѓањето на детето. Но ако тоа не се случи тогаш целокупната слузница отпаѓа во вид на крвавење поради ниското ниво на одредени хормони. Ако поради одредени причини дојде до таканаречен дис- баланс на хормоните кои ја подржуваат слузница-та ќе се појави менструација, односно слузницата на матката ќе се отфрли.Постојат повеќе причини кои доведуваат до нарушување на рамнотежата на хормоните. Најчести причини се стресот, неква-литетната исхрана, интензивно вежбање, перименопаузата, менархата, нарушено спиење, контрацепцијата, полицистичните јајници и воспалителната болест на цревата.Во вашиот случај интензивната диета ја има ослабено способноста на телото да ги произведува хормоните неопходни за нор-мално одвивање на менструалниот циклус. Ситуацијата би требало да се нормализира од како стресот кој е причинет со брзото намалување на тежина ќе се нормализира, односно откако тежината ќе се нормализира. Само во одредени случаи се превзема нормализирање на менструалниот циклус со хормонска терапија.

Ригорозните диети за слабеење го пореметуваат менструалниот циклус

д-р. Иво Захариевскигинеколог

Page 33: АМАК ПРЕС 114

33

Прашање-одговор

д-р. Анче Киселиноваочен лекар

Мојата мајка има 70 години. Долго време страдаше од очен притисок и на 64- годишна возраст, ослепе. Докторите ни велеа дека тоа е резултат на високиот очен притисок. Денес мајка ми вели дека гледа само сенки и силуети. Дали има лек за нејзината болест и дали таа може да ги излекува очите и повторно да прогледа?

Меѓу хроничните очни заболувања кои преставуваат тежок и сложен медицинско - социјален проблем, водечко место имаат гла-укомите. Тоа се очни заболувања кои се поврзани со зголемен внатрешен притисок во окото, промени на видното поле и струк-турата на папилата на очниот нерв. Оштетувањата на нервните влакна на очниот нерв е условено од механичкиот притисок за-ради покачениот очен притисок и пореметувањето на исхраната во крвните садови. Тоа резултира со атрофија на очниот нерв и слепило. Лечењето е комплексно. Во лечењето е вклучена и диета во исхраната - пијалаци без кофеин, без алкохол, цигари, хра-на со малку сол, избегнување масна храна. Терапија со лекови, ласер терапија и оперативен зафат како последна тераписко ре-шение. И покрај сите превземени терапии и консултации меѓу лекарот и пациентот, глаукомот е подмолна болест која има своја еволуција и често води до оштетување на очниот нерв и до слепило.

Очниот притисок може да остави сериозни последици и да предизвика трајно слепило

Моето дете има една година и седум месеци, веќе има неколку млечни запчиња. Како правилно да ги негуваме нив и дру-гите кои наредниов период ќе никнат? Кога прв пат треба да одиме на стоматолог и што треба детето да консуми-ра за да има здрави заби?

- Периодот до три години се карактеризира со никнување на преостанатите млечни заби. Значењето и улогата на млечните заби е огромна иако истите ќе паднат во подоцнежниот период.Здравите млечни заби овозможуваат правилна исхрана кај детето а со тоа и негов правилен раст и развој. Потоа, овозможуваат правилен говор, правилен раст и развој на вилиците а со тоа и правилно поставување на трајните заби. Млечните заби обезбе-дуваат простор за трајните заби а имаат и одлучувачка улога во физичкото и емоционално здравје. Здравите заби обезбедуваат и безгрижно детство без болки. Затоа од голема важност се соодветните превентивни мерки кои се превземаат од самиот по-четок.Првата посета кај стоматологот често е одлучувачка ако не за цел живот, тогаш сигурно за подолг временски период. Затоа е по-требно своето дете да го подготвите и не чекајте го последниот момент кога тоа само ќе почне да се жали на болка. Треба да се посети стоматолог на време барем за стоматолошко воспитување на вашето дете, а воедно лекарот да ги забележи и најмалите расипувања на забите, да укаже на лошите навики кои може да бидат застапени (цицањето прст,образ, усни, цуцла, спиење со отворена уста)кои понатака доведуваат до ортодонски аномалии.Исхраната во овој период треба да биде разнообразна,природна:месо, риба,млеко, млечни производи,овошје и зеленчук. По-себно внимание треба да се обрне на конзистенцијата на храната. Кашестата храна треба да и отстапи место на цврстата која бара појако и подолго жвакање , предизвикува поголемо лачење плунка, што придонесува за подобро здравје на забите.Колачите и другите слатки продукти се непријател број еден на забите. Најштетни се цврстите и лепливи шеќери (бонбони, лижавчиња, смоли,гумени бонбони,чоколади).Затоа треба да се намали нивната употреба особено да не се внесува како замена на меѓу оброци или пред спиење.Родители! Исклучете го давањето на овошен сок со шише во ноќните часови, а преку ден да се намали количината и истата де-тето да ја пие од чаша.Пиењето сок со шише доведува до појава на т.н. циркуларен кариес на млечните заби што доведува до кршење на забите и при тоа остануваат само корените од млечните заби. Тоа понатака прогресира и доведува до појава на болки, оток а потоа примање на антибиотици и долги не преспиени ноќи. Уште пострашно е што ваквите заби се жариште (фокус) за појава на дру-ги заболувања. Гнојот од забите оди во целиот организам и може да предизвика опаѓање на коса, заболување на срце, бубрези, зглобови и чести заболувања на патиштата за дишење.Оралната хигиена започнува со појавувањето на првите млечни заби . Тоа што се учи во детството најчесто го следи човекот цел живот. Колку порано децата се запознаваат со соодветна и правилна хигиена толку е подобро за нив.Родители!Во тоа треба да бидете пример , бидејќи и децата сакаат да Ве имитираат.Родители, помошта во почетокот е неопходна се додека вашето дете не биде во состојба самото,убаво и темелно да ги измие своите заби. Штом ќе се појават млечните заби потребно е секојдневно (наутро и навечер)внимателно четкање на забите и неп-цата при што треба да се користи четка за заби соодветна на возраста. Таа треба да биде мала, со меки влакненца (од синте-тичко влакно). Се користи и внимателно избрана паста што е богата со флуор и калциум. Количината треба да биде колку зрно грашок(затоа што малите деца ја голтаат пастата).Правецот на четкање на забите е горе- долу со мали кругови (од надворешната страна на забите) а гризните површини напред- назад во траење од 2-3 минути. На крај јазикот се четка околу 20 секунди со четка на која има паста за заби со цел да се отстра-нат остатоците од храна и бактериите.Во период од 1-та до 3-та години децата треба да примаат таблети –флуонатрил од 0,25 милиграми по една таблета дневно во период кога нема да пијат млеко(ова е важно за понатамошна изградба на трајните заби). Редовните контроли кај стоматологот треба да бидат барем на три месеци . Не е далеку времето кога децата без санирани заби не ќе можат да се запишат во градинка или училиште.

Не е далеку времето кога децата без санирани заби не ќе можат да се запишат во градинка или училиште

д-р. Вера Наумовскаспец. по детска и пре-вентивна стоматологија

Page 34: АМАК ПРЕС 114

34

Спорт

Шпанецот Марк Роиг победи на 24 издание на меѓународен атлетски маратон, што по повод Денот на независноста 8 Септем-ври традиционално се одржува во Охрид.

Роиг патеката долга 30 км од караулата кај Св. Наум до Охрид ја претрча за 1 час 40 минути и 30 сек, што е за една минута послабо од рекордот на патеката 1:39,13 кој е во сопственост на Борислав Девиќ од Србија.Втор на целта пристигна Тамаш Тат од Унгарија со вре-ме 1:41, 37 додека трето пласиран заврши неговиот со-народник Ференц Бири со време 1: 44, 16. Најдобар ма-кедонски претставник беше Трпе Мартиноски кој завр-ши како десетто пласиран.Втора година по ред најбрза во женска конкуренција е Марина Лучиќ од Апатин, Србија. Победничкото време беше 2.07.07. Во склоп на маратонот се одржа и вториот регионален војнички атлетски маратон. На маратонот победи Ни-кола Страмениќ од Србија со време 1:46, 53. На годи-нешниот маратон во Охрид учествуваа 68 маратонци, 59 во машка и 9 во женска конкуренција.

Шпанско “Оле“ во Охрид

Марк Роиг прв на целта

Охридскиот Амак СП на стар-тот на новата сезона како го-стин ќе ги започне натпре-варите во новото кошаркар-

ско првенство. Охриѓани втора година по ред на првиот натпревар ќе играат против скопски Торус.18 - то првенство започнува на 4 октом-ври, а двојките се: Вардар Осигурување - Овче Поле, Торус - АМАК СП, Работ-нички - Фени Индустри, МЗТ Скопје - Плејмејкер и Пелистер - Вардар 2000.Во новото првенство “езерџиите“ ќе влезат значително ослабени во однос на минатата година. Нов тренер на ти-мот е Огнен Дедиќ, а од минатогодиш-ната екипа во тимот се само охриѓаните Кузески и Џихан, како и Зоран Стојанов.Кошаркарите како што е најавено ќе тренираат во Скопје, а натпреварите како домаќини ќе ги играат во Охрид.

Торус - Амак СП на отварањето на сезоната

Page 35: АМАК ПРЕС 114

31

Прашање-одговор

Вашето деловно патување треба да се реализира со најдобриврски, со најквалитетни авионски компании, во најдобри хотели,со најниски трошоци.

Како?Не губете го вашето драгоцено време

во размислување!Дозволете тоа да го организираат

експерти и професионалци.

Сè на едно место

ВИС ПОЈ

046 255 600www.vispoj.com.mk

Page 36: АМАК ПРЕС 114

36

Спорт

По петти пат Златна маска за охридските едриличари