АМАК ПРЕС 99

20
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 99 25 Oktomvri 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 ИНТЕРВЈУ КК АМАК СП ТРГНА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ВРВ Д-Р ИВО ЗАХАРИЕВСКИ ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА definitivno najevtino www.don.com.mk

Upload: alankaou

Post on 29-Mar-2016

230 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 99

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 99 25 Oktomvri 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

ИНТЕРВЈУ

КК АМАК СП ТРГНА ВО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЕВРОПСКИОТ ВРВ

Д-Р ИВО ЗАХАРИЕВСКИ

ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН

ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА

definitivno najevtinowww.don.com.mk

Page 2: АМАК ПРЕС 99

2 AMAK PRES

LOKAL

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д. Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - Охрид Излегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784

E-mail: [email protected]За издавачот:

Венко Шапкар - Генерален директор; Главен и одговорен уредник: Љупчо Таневски [email protected]; Уредник: Анѓела Белевска Новинари: Сузана Вренцовска; Крсте Спасески; Техничка редакција: Бранислав Силјаноски

Маркетинг менаџер: Славица Стевоска; Дистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318 Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Page 3: АМАК ПРЕС 99

3www.amac.com.mk/novini

Целиот свет изминатиов ме-сец стои запрепастен како по крахот на неколку банки во

Америка, целиот богат западен свет набрзина западна во вртлогот на фи-нансиската криза која нас овде во Македонија ни е хронична состојба, па ете ние спокојно гледавме како секој ден во САД работните места ги губат по околу 500 000 луѓе, како Волт Стрит крахира и како крахот го разниша берзите и во Лондон, Па-риз, Берлин и Токио. Исланд банкно-тира а англиската кралица Елизабета почна да штеди и го скрати раскошот и хедонизмот кој владееше на англи-скиот престол повеќе од илјада годи-ни.И сега повторно пред нас се поста-вува едно прашање на кое пак нема да имаме одговор. Како тоа моќниот, богат и во очите на сиромашните земји семоќен запад финансиски се сруши за два дена ? ? ? Потоа сите се прашуваме зошто ни беа толку ре-форми кои нанесоа толку болки, маки и згазија толку многу човечки судби-ни, а кои ги направивме, за да стиг-неме до целта која крахира кога ние ја истрчавме последната минута ? ? ? Зарем нашите политичари биле крат-ковиди па низ децениите транзиција направија толкава колатерална ште-та од финансиски уништени човеч-ки животи за да не реформираат и да не вратат во капитализмот и притоа не знаеле дека технолошкиот развој ќе го уништи капитализмот во корен и дека прашање на време е кога чо-вештвото ќе се потпира на знаењето на индивидуата и индивидуалните способности, а не на капиталот кој се состои во банкарски сметки ( кои може да исчезнат за 2 часа), или не-

движности, кои со текот на времето на никого нема да му се интересни? ? Повторно нашите процени и оние кои се платени да ги прават потфрлија. Многу светски мозоци во свои кни-ги јасно кажале дека како што сите досегашни општествени уредувања пропаднале и ги замениле други, така еден ден ќе пропадне и капита-лизмот бидејќи тој како уредување, доктрина и филозофија е неспоив со вредностите кои ги носи слобо-дата на индивидуата која полека но сигурно долета на крилата на тех-нолошкиот развој на човештвото како целина, кој пак со себе донесе промени во системот на вредности. Денес веќе се наѕираат контурите на новиот систем на вредности кој ќе се потпира на знаењето и единствен капитал во иднина ќе биде човекот како единка со она што го поседува или поконкретно човечките ресурси кои ќе се вреднуваат многу поинаку.Капитализмот кој во суштина е ка-рактеризиран со суровост, лакомост, потреба за искажување на опште-ствен статус преку парате, луксузот, хедонизмот, и постојаната желба да се има повеќе и повеќе и повеќе, ги доведе самите капиталисти до фаза да се самоуништат и да го изгубат она што го имале со национализација на нивните корпорации, па сега гле-даме како западните богати држави фрлаат милијарди евра да ги спасу-ваат компаниите кои пропаѓаат но, стекнуваат и делумна сопственост во нив. Значи тие фирми стануваат државни. Па нели е тоа нешто како воведување на социјализам на мала врата и тоа директно во срцето на Капитализмот, во јужен Менхетн

на улица Волт Стрит, каде е адреса-та на Њујоршката берза, која секој земјанин на планетава кој дома има телевизор знае дека скоро еден цел век е симбол на желбата да се има што повеќе, да се граба, да се зема, се да се прави само што повеќе да се има.Се тече се и се се менува па така и оп-штеството на глобално ниво и станува јасно дека светот навлегува во нешто ново. Што ќе е тоа новото, дали ќе е нешто што ќе наликува на социјал демократските општества кои се де-нес видливи само во Швајцарија, Шведска, Канада и Австралија тре-ба да почекаме и да видиме бидејќи светот не е рамномерно развиен за да се инсталира тој модел на секаде, но јасно е дека капитализмот поле-ка но сигурно ја заврши својата ера. Лаком, суров, груб, бескрупулозен. . .системот кој сигурен сум дека е во заминување сепак ја заврши својата мисија успешно. Мислам дека по-треба да се биде славен, признат , познат, награден, виден, запаметен и престижен, а која сите ние кои сме денес живи генерации и тие пред нас ја имале и ја имаме сепак резултира со сеопшт напредок и просперитет на човештвото. Овој просперитет сепак дојде од најкапиталситичките земји и од најголемите капиталисти кои го предводеа светот во големи-те промени изминатите векови, а еве гледаме дека и денес го предводат во овие чудни и помалку неразбирливи промени кои не запирливо течат.

пишува: Љупчо Таневски

Целиот свет изминатиов ме-сец стои запрепастен како по

движности, кои со текот на времето на никого нема да му се интересни?

на улица Волт Стрит, каде е адреса-та на Њујоршката берза, која секој

НА КРАЈОТ НА КАПИТАЛИЗМОТ И ПОЧЕТОКОТ НА ? ? ?

РЕЗИМЕ

Page 4: АМАК ПРЕС 99

ЛОКАЛ

ПРИЧИНИТЕ ЗА АВИОНСКАТА НЕСРЕЌА СЕ КРИЈАТ

-Вистината за причините за падот на авионот во кој за-гина мојот сопруг се држи

далеку од нашите очи. Иако поминаа месец и половина од несреќата, на на-шите постојани барања никој не ни кажува што точно се случило, вели со-

пругата на Ѓорѓија Ристески, газдата на «Ловец» Милка Ристеска. Ристеска тврди дека судијата од Скопје кој имал сознанија за причините за па-дот е разрешен што уште повеќе фрла сенка врз целиот случај. - Очевидците тврдат дека моторот во-

општо не работел. Најверојатно авио-нот не бил исправен, а вистината и по месец и половина се крие од нас, вели Ристеска која пред две години во сообраќајна несреќа го загуби 30-годишниот син. «Не верувам воопшто во судската правда». Истражниот судија Весна Кичеец вели дека истрагата е се уште во тек и дека не е комплетирана целосната документација, тврди таа. Ристеска најави дека од држава-та семејствата на загинатите ќе ба-раат отштета од по еден милион евра. Нејзината надеж за целосно расветлување на случајот е премиерот Никола Груевски и најави дека ќе по-бара средба со него. Во авионската несреќа, која се случи на 28 август кај Скребатно во близина на Охрид, кога се урна авионот «цес-на» од воздухопловната академија од Скопје, загинаа газдата на хотелот «Ловец» Ѓорѓија Ристески, вработни-от во хотелот Гоце Тасевски, сватот на Ѓорѓија, Јонче Савески и пилотот на авионот. С.В

ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ ЗА НЕВРАБОТЕНИТЕНа невработените лица кои

редовно се пријавуваат во Агенцијата за вработување,

Владата им нуди бесплатни ле-карски прегледи што се вршат во здравствените домови.

„Кај охриѓани постои интерес за бесплатните прегледи, така што секојдневно се јавуваат кај нас“, вели доктор Митко Дабевски, ди-

ректор на Здравствениот дом во Охрид. Според него, ќе се вршат општите прегледи како што се крвната слика, ЕГК и слично, за кои граѓаните плаќаат одредена партиципација.

Акцијата ќе трае до 1 ноември. Предвидени се 130 прегледи, но како што вели директорот Дабески, доколку се пријават повеќе невра-

ботени, сите ќе бидат опфатени.

Владината програма наменета за невработените од 25 до 45 години преминува во традиција. Минатата година во охридскиот здравствен дом беа извршени повеќе од 150 општи прегледи на оваа категорија граѓани. А.Б.

МИЛКА РИСТЕСКА СПОРУГА НА ПОГИНАТИОТ ЃОРЃИЈА РИСТЕСКИ ТВРДИ

Page 5: АМАК ПРЕС 99

5www.amakpres.com.mk

Четири семејства од Пеш-тани кои имаат национа-лизиран имот на просто-

рот од Авто кампот Градиште правдата почнаа да ја бараат пред Европскиот суд за човеко-ви права каде ги обжалија суд-ските одлуки кои во Македонија ги изрекле овдешните судови по основ на нивните барања за денационализација на имотот кој им бил национализиран. И додека тие по правда тргнале дури во Стразбур МПЦ успеа да врати 6 500 метри квадратни имот кој и припаѓал на црквата Св. Богородица, а се наоѓа на самиот брег покрај плажите во Градиште. Најгласен во јавноста подол-го време е Ѓорѓи Танески, кој тврди дека неговиот случај од страна на државата толку се за-плеткал што не е во состојба да се обрати во Стразбур.- Јас сум постојано присутен во јавноста и постојано давам изјави и се борам да ми се врати тоа што ми е оставено до моите

предци бидејќи тоа е мое, а не на некој друг. И затоа што сум при-сутен јавно имам и реперкусии па така лично од претседател-ката на првостепената комисија Милка Серафимоска , која исто-времено е и член на Второсте-пената комисија сама ми кажа дека ќе имам последици од тоа што јавно зборувам и дека сум ја прозивал во медиумите каде кажав дека не е способна како нејзиниот претходник Славко Лазески кој беше далеку попро-фесионален од неа и еве сега пак ќе ја прозивам, за да видам што ќе се случи сега.Ѓорѓи додава дека значаен удел во тоа што до ден денешен не ги имаат добиено имотите назад остварил и поранешниот мини-стер Никола Попоски.- Тој имаше главна улога и по негов налог Јавниот Правобра-нител го обжали решенијата за враќање на имотот бидејќи еден градежник кој таму стопанисува со кампот на Никола Попоски му градеше куќа во Скопје, но тоа

никого не го засегна да испита дали има елементи на корупција, ни сегашната ни претходната власт не сторија ништо да видат и да го проверат случајот со По-поски – вели Ѓорѓи.Тој исто како и сите останати кои скоро една деценија водат спор со државата за враќање на национализираниот имот велат дека ќе се приклучат на чети-рите семејства кои случаите ги процесуирале во Стразбур и таму ќе ја бараат правдата.Пештанци велат дека се надева-ат многу на судот во Стразбур, каде праксата покажала дека до сега ни еден граѓанин таму не изгубил спор, а редовно губи Република Македонија, која по-тоа отплаќа оштета на сопстве-ните граѓани кои се жалеле таму на судските одлуки од нашата земја.

Љупчо Таневски

ЦРКВАТА ВО ГРАДИШТЕ, ПЕШТАНЦИ ВО СТРАЗБУРДОДЕКА ПЕШТАНЦИ ТРГНАА ПО ПРАВДА ВО СТРАЗБУР МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ГО ДОБИ НАЗАД НАЦИОНАЛИЗИРАНИОТ ИМОТ КАЈ ГРАДИШТЕ.

Page 6: АМАК ПРЕС 99

6 AMAK PRES

ЛОКАЛ

СТАРИТЕ ЛИЦА СЕ НА МАРГИНИТЕ ОТФРЛЕНИ ОД ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА

Ова се дел од стиховите на хи-тот за сите времиња “О, мла-дости“, што го отпеа еден од

најпознатите естрадни уметници во бившите југословенски простори Ар-сен Дедиќ. Секој што го слушнал овој хит никогаш не го заборава, зошто во него се опеани убавините и мечти-те по најдрагиот период од животот, младоста. А таа, младоста е слатка но премногу кратка, кога еднаш ќе зами-не не се враќа назад. Сакале или не, полека но сигурно сите се движиме кон староста, период во кој сите луѓе, чиновниците, политичарите, бизнис-мените и обичните работници стану-ваат еднакви и рамноправни.“ Помила ни е меѓусебната дружба со нашите врсници со кои не врзува сличниот начин на размислување, а и проблемите ни се од ист карактер, се однесуваат на висината на пензиите, на плаќањето на сметките, односно на начинот на кој врзуваме крај со крај во месецот“, велат членовите од здруже-нието на пензионери и стари лица од Охрид .Токму поради овој став но и пора-ди плиткиот џеб на повеќето од нив, и пред се уплашени да не останат сами по смртта на едниот од брачните другари,членовите од Здружението на стари лица и пензионери од Охрид ја покренаа идејата за отварање на хотел –дом за нивно сместување.“Првичната идеја ни беше да отво-риме објект со неколку пропратни елементи:амбуланта,мал маркет, фри-зерски салон, агенција за сместување и други простории наменети за рекреација. Во тој објект ќе се сме-стуваа посиромашните пензионери, кои останале сами. Доколку истите

се сопственици на стан, агенцијата за смрдтување ќе им го издава станот под кирија. Приходите од издавањето на станот агенцијата ќе ги компензира со трошоците за сместување во домот. Во домот- хотел сместените лица ќе плаќаа ниска месечна кирија. Во него ќе се реализираше нов начин на жи-вот, секако подобар и порелаксиран за домарите кои меѓусебно ќе се дружеа а во случај на здравствени проблеми и потешкотии на располагање ќе им беа лекарите од амбулантата која 24 часа беше предвидено да работи во склоп на домот-хотел“,вели претседателот на Одборот за изградба на објектот, Крсте Жилески кој истакнува дека пот-тик за оваа идеја им е Меморандумот за изградба на домови кој пред некол-ку години го потпишале претставници од Македонската Влада и од Сојузот на пензионери од Македонија.“Според потпишаниот договор треба-ше да се отворат пет домови за стари лица во земјава. Се отворија во сите предвидени градови со исклучок на Охрид. Спорно е отварањето само на објектот во градов, кој требаше да биде отворен меѓу првите. “ вели Жилески кој истакнува дека главниот проблем лежи во Министерството за транспорт и врски кое нема ни волја ни слух да ги чуе барањата на старите лица.С о тага на лицето и забележителна болка која се чита од очите, Крсте Жи-лески ни ја раскажа неколку годишна-та голгота на пензионерите од момен-тот кога се родила идејата за отворање на објектот до денес.“Според урбанистичкиот план на Охрид , објект каков што ние бараме е предвидено да се гради во урбана-та единица Далјан. Нас од здруже-нието на стари лица ни одговара оваа локација со оглед на тоа што просто-рот не е населен, мирно е и излегува на езеро.Откако од секторот за Урба-низам ја добивме локацијата каде тре-ба да градиме, се обративме до Мини-стерството за транспорт и врски зошто тоа стопанисувало со крајбрежниот езерски дел. Долг временски пери-од нашиот предмет беше заскитан во нивните архиви, и по неколку ме-

сечни наши иницијативи да добиеме одговор го добивме и него.Вработе-ните од секторот за документирање и управување со градежно земјиште ни кажаа дека нашиот предмет го загуби-ле. Откако им пративме копии уследи барање од нивна страна до секторот за урбанизам со кое бараа да им се из-дадат копии од урбанистичкиот план за урбаната единица на која е предви-дено подигање на објектот. Откако се уверија во вистината за иронијата да биде уште поголема добивме одговор во кој јасно беше кажано дека кога ќе се создадат услови за распишување тендер можеме да конкурираме на него“, вели Жилески кој додава дека до надлежните од Министерството за транспорт и врски испратил допис во кој образложил дека Здружението на стари лица и пензионери е здружение на граѓани кое не е профитабилно, односно не располага со средства за тендерот.“Со оглед на тоа што се работи за објект за социјална намена, во кој ќе бидат згрижени стари изнемоштени лица, саканата локација ја бараме без надо-мест. Најголемо беше разочарувањето кога и од канцеларијата на премиерот Груевски добивме одговор дека Вла-дата ја поддржува одлуката на Мини-стерството за транспорт и врски“ рас-кажува Жилески.И додека старите изнемоштени лица маки мачат со власта и се борат да на-прават објект за да им го остават ним на поколенијата кои незабележително но сигурно се ближат кон староста, од почетокот на проблемот до денес до-минантно е значењето на поговорката, “Каде што има сила правдина нема!“ Но да се надеваме дека и нејзиното значење набрзо ќе избледне кога и надлежните од Министерството за транспорт и врски ќе попуштат пред сегашните свои одлуки. Зошто кога подобро самите ќе размислат објектот најверојатно ќе биде готов кога старо-ста ќе ги стигне нив. Ангела Белевска

О

се сопственици на стан, агенцијата за смрдтување ќе им го издава станот под кирија. Приходите од издавањето на станот агенцијата ќе ги компензира со трошоците за сместување во домот. Во домот- хотел сместените лица ќе плаќаа ниска месечна кирија. Во него ќе се реализираше нов начин на жи-вот, секако подобар и порелаксиран за домарите кои меѓусебно ќе се дружеа а во случај на здравствени проблеми и потешкотии на располагање ќе им беа

ПОКЛАНЈАЛА СИ АЛ‘ СИ КРАЛА И НЕВЈЕРНА СИ БИЛА ТИНЕ, СУВИШЕ МИ НИСИ ДАЛА

О МЛАДОСТИ, О МЛАДОСТИ,О МЛАДОСТИ МОЈА......

ПОКЛАНЈАЛА СИ АЛ‘ СИ КРАЛА ПОКЛАНЈАЛА СИ АЛ‘ СИ КРАЛА И НЕВЈЕРНА СИ БИЛА ТИНЕ, СУВИШЕ МИ НИСИ ДАЛА

О МЛАДОСТИ, О МЛАДОСТИ,О МЛАДОСТИ МОЈА......

Page 7: АМАК ПРЕС 99

7www.amakpres.com.mk

СТАРИТЕ ЛИЦА СЕ НА МАРГИНИТЕ ОТФРЛЕНИ ОД ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА

Советникот Петре Петрески Калимеро кој е и претсе-дател на Месната заедница

Радојца Новиќиќ реагира на реата и неподносливата смрдеа која се шири од загадените води на пото-кот кој тече паралелно со улицата Прилепска. Калимеро за ова ја из-вестил и инспекцијата која дала налог до Ј.П. Комуналец да ја ис-чисти реката, но, како што тврди Калимеро и како пто стојат рабо-тите на терен од чистењето немало фајде.- Јас со овој проблем во моајта месна заедница се соочувам подол-

го време. Фекални води и отпадни води од фбриката Леарница се сле-ваат во овој поток и течат низ улица Прилепска и со себе носат отровни води и смрдеа. Инспекторот Танас Танасоски Таки даде налог до Ј.П. Комуналец да се исчисти ама како што гледате слабо фајде од нивното чистење бидејќи пак е се загадено и отровно. Но, грешаката не е ни во чистењето на Комуналец колку што се нанесе штета кога се праве-ше коритото. Тогаш јас на тие што беа изведувачи им кажав како тре-ба да се нарави падот но, господа-та мене не ме послушаа бидејќи

јас сум бил со 8-мо оделение и се направија фушерајски, па еве сега мака мачиме и се труеме со ова загадување – револтирано изјави Перо Калимеро и најави дека нема да застане тука и дека правдата ќе ја тера до крај кај повсоките истанци.Населението од улица Прилеп-ска вели дека не се поднесува смрдеата од реката и дека не мо-жат да седат во дворовите и да отворат прозорци на домовите.Револтирани жителите на При-леска велат дека тие исто како да не живеат во Охрид туку како да се во Прилеп кој е град един-ствен во светот кој реката која протекува низ него го има името Лајнарка.- Во Прилеп градската река е крстена Лајнарка. Е овде во Охрид на улица Прилепска исто е како да си покрај река во При-

леп, ама не во денешно време туку како што таа река била во турско-то. Тогаш таа била со такви ка-рактеристики, а сега еве реката Лајнарка се појави во Охрид на улица Прилепска – вели нервозно Перо Калимеро.Тој најави дека проблемот со оваа река ќе го реточи во точка на де-невен ред на некоја од наредните седници на општинскиот совет.

Љ.Таневски

КАЛИМЕРО БАРА ПРАВДА И ЗА ПРИЛЕПСКАСОВЕТНИКОТ ПЕТРО КАЛИМЕРО ЖЕСТОКО РЕАГИРА НА ЗАГАДЕНАТА ВОДА ВО РЕКАТА КОЈА ПРОТЕКУВА ПАРАЛЕЛЕНО СО УЛИЦАТА ПРИЛЕПСКА, А ОД КОЈА СЕ ШИРИ НЕПОДНОСЛИВА РЕА.

Page 8: АМАК ПРЕС 99

8 AMAK PRES

ЛОКАЛ

Според измените во Деталниот ур-банистички план,

како и модулите пооддел-но за секоја од зоните во градот Охрид во следната деценија треба да прерас-не во вистинска мини ме-тропола. Градот и покрај тоа што нема да биде на-селен со стотици илјади жители ќе ги има сите ка-рактеристики на големите метрополи.Охрид во иднина ќе биде поделен на неколку град-ски зони и ќе има два градски центри, а стариот дел на Охрид ќе остане како старо градско јадро

под заштита. Едниот цен-тар на градот ќе биде во должина на кејот, цен-тралниот плоштад, при-стаништето и целата вто-ра урбана единица. Овој дел од Охрид во иднина ќе биде станбен дел кој покрај тоа ќе има и забав-ни содржини и трговија па во дој дел од градот ќе има сместувачки капа-цитети, ресторани, кафе-терии, ноќни клубови и дискотеки или накратко забавните содржини ќе се сконцентрирани во овој дел на градот. Вториот деловно транс-портен центар на Охрид ќе

се протега од локацијата на новата автобуска ста-ница, преку кружниот тек кај Хит Маркет и бензи-ската Таци па во правец на Компанијата АКАК СП каде веќе се наѕираат контурите на идните трговско деловни објекти кои се градат на просто-рот каде порано беа по-гоните на Алатница. На овој потег ќе се градат деловни објекти, тргов-ки центри, нова бензиска пумпа, и голем објект на автобуската станица. Во иднина со завршувањето на градбите тука се пла-нира отворање на пошта,

филијали на банките, канцеларии на фирми, ад-вокати, мали амбуланти, продажни салони за воз-ила, мебел, супер марке-ти и ред други содржини со што деловниот живот во Охрид дефинитивно ќе се дислоцира од стро-гиот центар. Овој дел од Охрид ќе добие уште еден кружен тек на местото кај т.н. Стара бензиска и ар-хитектите и урбанистите веќе го нарекуваат нови-от Охрид Сити, кој треба да биде место каде ќе се одвива бизнис животот во Охрид.Локацијата каде денес се

ОХРИД СО НОВИ БУЛЕВАРИ, УЛИЦИ, НАСЕЛБИ, ДЕЛОВНИ И СТАНБЕНИ ЗОНИ

СПОРЕД ПЛАНОВИТЕ ОХРИД ТРЕБА ДА ДОБИЕ НЕКОЛКУ НОВИ БУЛЕВАРИ, ОБИКОЛНИЦИ, СТАНБЕНИ БЛОКОВИ, ТУРИСТИЧКИ НАСЕЛБИ И ДЕЛОВНО ТРГОВСКИ ДЕЛ ОД ГРАДОТ КОЈ МЕЃУ АРХИТЕКТИТЕ И УРБАНИСТИТЕ УШТЕ СЕГА СЕ НАРЕКУВА ОХРИД СИТИ.

УРБАНИЗМОТ ВО СЛЕДНАТА ДЕЦЕНИЈА

КОНТУРИТЕ НА НОВИОТ ДЕЛОВЕН ДЕЛ ОД ОХРИД ВЕЌЕ СЕ НАЗИРААТ. МЕЃУ АРХИТЕКТИТЕ ПОПУЛАРНО НАРЕЧЕНИОТ ОХРИД СИТИ ЌЕ БИДЕ МЕСТОТО КАДЕ ЌЕ СЕ ОДВИВА БИЗНИС ЗИВОТОТ

Page 9: АМАК ПРЕС 99

www.amakpres.com.mk 9

ОХРИД СО НОВИ БУЛЕВАРИ, УЛИЦИ, НАСЕЛБИ, ДЕЛОВНИ И СТАНБЕНИ ЗОНИ

наоѓаат оранжериите на Градинар во иднина ќе прерасне во нова станбе-на населба во која е пред-видена градба на Топла-на, зелен појас околу неа, објекти за мало не зага-дувачко стопанство, дет-ска градинка и станбени згради, додека во делот кој излегува кај новата автобуска станица помеѓу објектот на Здружението на возачи и стара бензи-ска ќе се градат деловно трговски објекти и бензи-ска пумпа

Новиот урбан блок кој ќе се изгради во населбата Беј Бунар на потегот од трафостаницата попозна-та како 110-ка и спортски-от центар на површина од 207 000 метри квадратни ќе се изгради цел станбен блок, но интересно е да се напомене дека според планот на просторот вед-наш до трафостаницата кој сега го користи Ј.П Охридски Комуналец ќе се изградат три деловно трговски објекти од кои два се предвидени да се

со приземје и два ката до-дека едниот ќе биде пого-лем и ќе има приземје и 5 ката. Овие три трговски центри ќе се наоѓаат на две важ-ни градски сообраќајници и тоа Источно транзитна која е во фаза на градба и треба да се пробие до Косел и Карпош Војвода кој со новиот план треба да излегува до улицата Бистрица. Според планот Карпош Војвода ќе стане пандан на Булеварот Ту-ристичка и ќе се сече со

улицата Јане Сандански, ќе поминува низ населба-та Христо Узунов од каде ќе се сече со 7ми Ноември во делот меѓу училиште-то и фабриката Братство од каде треба да се про-бие преку улицата Абас Емин се до улицата Би-стрица. Во овој дел веќе е во тек ревизија на ДУП за УЗ 12 УБ 12,1 кој ги опфаќа објектите помеѓу Карпош Војвода и Сирма Војвода каде според пред-ложеното и барањата на сопствениците на куќите ќе се дозволи надградба на постојните куќи, со што ќе се зголеми бројот на сместувачките капаци-тети.Ќе се пробива и улицата Болничка која треба да поминува од раскрсница-та кај маркетот Бозо, ќе се сече со Сирма Војвода и ќе поминува покрај бол-ниците па се до улицата Момчило Јорданоски.Последните планови кои се усвоени, а се одне-суваат на Рача предви-дуваат оваа населба да стане еден од нај атрак-тивните делови на Охрид. Сообраќајницата под Рача која многумина се уште ја сметаат за автопат, сега е градска сообраќајница Бу-левар Свети Наум Охрид-ски која ќе биде продолже-ние на бул. Туристичка и е дел од градското подрачје, па во следниот период ќе биде и соодветно уреден со тротоари и велосипед-ски патеки, а на самиот Булевар според планот се предвидени хотелски капацитети и објекти за домување.

Љупчо Таневски

ЖИТЕЛИТЕ НА КАРПОШ ВОЈВОДА СО НОВИОТ ПЛАН ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ НАДГРАДАТ ОБЈЕКТИТЕ И ДА ГИ ПРЕТВОРАТ ВО ДЕЛОВНО СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ

Page 10: АМАК ПРЕС 99

10 AMAK PRES

Др Захариевски, вие веке по-долго време се занимавате со леквањето на женскиот сте-

рилитет, кажете ни што е тоа стри-литет или брачна неплодност?Одг: Брачната неплодност се дефинира

како неможност за забременување по-сле една година од незаштитени и ре-довни сексуални односи бидејќи во овој период 95% од жените ќе забре-менат. Значи дефиницијата за брач-ната неплодност е во стварност една статистичка дефиниција. Таа поната-

му се приспособува во зависност од причините за стерилитетот, возраста на пациентката , можноста за носење на бременост итн. На пример кај по-старите жени потребен е подолг пе-риод од една година за да забременат во исти процент како помладите. Со

ИНТЕРВЈУ

ВИСТИНИ И ЗАБЛУДИ ЗА БРАЧНАТА НЕПЛОДНОСТ И СТЕРИЛИТЕТОТ ?!10-20% ОД БРАЧНИТЕ ДВОЈКИ ВО СВЕТОТ НЕ МОЖАТ ДА ИМААТ ДЕЦА. ВО МАКЕДОНИЈА ОВОЈ ПРОЦЕНТ Е ОКОЛУ 16. НО СО ЛЕКУВАЊЕ БРОЈКАТА МОЖЕ ДРАСТИЧНО ДА СЕ НАМАЛИ. ЗА НЕСРЕЌА САМО ЕДНА ПЕТТИНА ОД НИВ БАРААТ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ.ДОБРИТЕ ВЕСТИ СЕ ДЕКА НОВИТЕ МЕДИЦИНСКИ СОЗНАНИЈА СТЕРИЛИТЕТОТ ПОЛЕКА ГО ОБЈАСНУВААТ ТАКА ШТО И ЗА НЕОБЈАСНЕТИОТ СТЕРИЛИТЕТ ПОСТОИ ЛЕКУВАЊЕ.“ТЕРМИНОТ СТЕРИЛИТЕТ ВО СТВАРНОСТА ПОГРЕШНО СЕ ТОЛКУВА, ТОЈ ПОДРАЗБИРА НЕМОЖНОСТ ЗА ЗАБРЕМЕНУВАЊЕ. НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД ПАЦИЕНТКИТЕ КОИ ДОАЃААТ НА ПРЕГЛЕД НЕ ДЕКА НЕМОЖАТ ДА ЗАБРЕМЕНАТ, ТУКУ ЕДНОСТАВНО НЕ ЗАБРЕМЕНУВААТ ТОЛКУ БРЗО КОЛКУ ШТО САКААТ“,ИСТАКНУВА Д-Р ИВО ЗАХАРИЕВСКИ ПОЗНАТ ГИНЕКОЛОГ ВО ОХРИД. СПОРЕД НЕГО ГИНЕКОЛОШКИТЕ ПРЕГЛЕДИ ЗА НАЈГОЛЕМ БРОЈ ОД МЛАДИТЕ СЕ УШТЕ СЕ ТАБУ ТЕМА НО ТОЈ ВЕРУВА ДЕКА СО СЕКСУАЛНАТА ЕДУКАЦИЈА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО ОБРАЗОВНИТЕ ЦЕНТРИ НЕШТАТА ЌЕ ОДАТ НА ПОДОБРО. “СМЕТАМ ДЕКА СО РЕДОВНА ЕДУКАЦИЈА ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ ОВОЈ СТАВ И ДЕКА МЛАДИТЕ ДЕВОЈЌИ ЌЕ ПОЧНАТ ДА ДОАЃААТ НА ГИНЕКОЛОГ, ПОВЕЌЕ ЗА КОНСУЛТАЦИЈА И ЗА ПРАВЕЊЕ ПЛАН КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ ИЛИ НЕСАКАНА ИНФЕКЦИЈА,ОТКОЛКУ ШТО ДОАЃААТ ДА ПРЕКИНУВААТ НЕСАКАНА БРЕМЕНОСТ ИЛИ ДА ЛЕКУВААТ НЕСАКАНА ИНФЕКЦИЈА“, ВЕЛИ Д-Р ЗАХАРИЕВСКИ

Page 11: АМАК ПРЕС 99

11www.amakpres.com.mk

одминувањето на времето способноста и понатаму им се намалува и поради тоа кај нив дефиницијата се корегира и неможноста за забременување се на-малува на 6 месеци. Ако пак причина-та за брачна неплодност се затворени туби, не произведување јајни клетки или пак многу слабо семе, тогаш за-лудно е да се чека една година за да се докаже дека таа не може да забремени. Дефиницијата за брачна неплодност се поставува веднаш.

Дали стерилитетот се лекува ?Одг: Во зависност од причините, сте-рилитетот се лекува, ние ги знаеме при-чините во 95% од случаите, само во 5% случаи тој е необјаснет. Добрите вести се дека новите медицински сознанија полека го објаснуваат,и СТЕРИЛИТЕ-ТОТ така што и за необјаснетиот сте-рилитет постои лекување.

Има примери кога двајцата брачни партнери се здрави, а сепак не можат да имаат деца, зошто?

Одг: Токму ваквиот случај спаѓа во таканаречениот необјаснет стерили-тет. Овде се подразбира дека брачната двојка ги направила сите неопходни испитувања за стерилитет и сите тие биле нормални, така што испаѓа дека се наполно здрави, а сепак не е мож-но забременување. Како што спомнав и овој стерилитет полека се објаснува и за него постои лекување.Дали “вината “ кога брачната двојка нема деца треба да ја сноси само же-ната, дали само таа треба да прави лекарски прегледи или нив треба да ги прави и мажот?Одг: Испитувањата за стерилитет секо-гаш започнуваат од мажот. Проблемот се однесува на двајцата партнери и секогаш тој се третира како заеднички

проблем а никакао како проблем само на жената или само на мажот. Постои ли вистина во она што дел од здравствените работници го кажуваат преку медиумите дека стерилитетот е зголемен последниве неколку години?Терминот стерилитет во стварност е погрешен термин (бидјќи тој подраз-бира неможност за забременување), Најголем број од пациентките кои доаѓаат на преглед не да неможат да забременат, туку едноставно не забре-менуваат толку брзо колку што сакаат. Тие инаку би забременале без никак-ва медицинска помош ако им дадеме доволно време. Ако ги броиме и овие брачни двојки тогаш бројката за стери-литет секако е поголема, но во стварно-ста таа се движи некаде помеѓу 10-20% од брачните двојки. Во Македонија овој процент е околу 16%. За несреќа само една петтина од нив бараат меди-цинска помош.

Деновиве актуелна е вакцинацијата против рак на грлото на матката кај жени. Дали и колку оваа болест влијае врз можноста брачните пар-тнери да имаат деца или не?

Ракот на грлото на матката е страшна болест и ние се бориме против неа со земање на ПАП тестови и со давање на вакцина која штити од најопасните видови на вирусот ХПВ кој е главни-от причинител за оваа болест. Ако па-циентката добие предракови промени ние ги лекуваме прво нив а потоа го лекуваме проблемот со стерилитетот. Лекувањето на предраковите промени не влијае врз можноста на пациентката да остане бремена.

Колку младите се сексуално едуци-рани?

Во последно време како една од цели-те на примарните гинеколози спаѓа и сексуалната едукација на младите во училиштата. Поради тоа примарните гинеколози вршат редовни предавања како за сексулно преносливите болести така и за несаканата бременост во сите средни образовни институции. Сметам дека овие предавања доста допринесу-ваат за подигнување на нивото на сек-суална едукација кај младите.

Дали гинеколошките прегледи се табу тема за младите, односно дали тие доаѓаат континуирано на пре-глед или прва посета на лекар им е по првото забременување на мајката?

Одг: Донекаде е точно дека гинеколош-ките прегледи се табу тема кај младите и дека тие прво доаѓаат на гинеколог кога ќе имаат некој проблем. Но сме-там дека со редовната едукација полека ке се промени овој став и дека младите девојки ќе почнат да доаѓаат на гинеко-лог повеќе за консултација и за правење план како да се спречи несакана брем-ност или несакана инфекција, отколку што доаѓаат да прекинуваат несакана бременост или да лекуваат несакана инфекција. Размислувањето треба да оди во овој правец бидејќи само така младата девојка ќе може да го живее својот живот без стравови, ќе може да ја планира својата бременост и нема да добие сексуално пренослива болест.

Во последно врме вие започнавте да користите таканаречна *core* биопсија за откривање на промените во дојката, кажете ни нешто повеќе и за оваа процедура?

*cor* биопсијата претставува златен стандард за поставување на дијагноза кога се работи за туморозни промени во дојката. Се работи за специјално наменет апарат кој напоно автоматски зема мал цилиндричен дел од сомни-телното место. Ние земаме неколку такви цилиндри (обично четири до пет) и ги испраќаме на хистопатолош-ка дијагноза во Скопје. Процедурата се работи со локална анестезија и напол-но е безболна за пациентката. Досега не сме имале никакви компликации после изведување на процедурата. Со воведувањето на оваа метода веке се израмнуваме со поголемите центри за поставување на прецизна дијагноза кај промените во дојката. Ангела.Белевска

Page 12: АМАК ПРЕС 99

12 AMAK PRES

HRONIKA 1

Page 13: АМАК ПРЕС 99

13www.amakpres.com.mk

ZA SITE VREMIWA1

ЗАНАЕТОТ Е КОКОШКА ШТО НЕСЕ ЗЛАТНИ ЈАЈЦА

Премал е секој напишан или ка-жан убав збор. Само во мини-мални размери печатените или

електронски медуми можат да ја доло-ват величината на единствениот охрид-ски и меѓу малкумината квалитетни македонски филигранисти, Вангел Деребан. Мајсторот над мајсторите, човекот со златни раце, си поигра и го надмудри времето за нас да ни ја удо-воли привилегијата, за и денес да ка-жуваме дека меѓу нас го имаме, жив ни е, најпознатиот охридски занаетчија и се уште единствениот изработувач на сребрени предмети. Тој е творецот на илјадници париња накит кои денес се дел од колекциите на многу светски дами, меѓу кои и кралици, принцези идруги престолонаследнички. Таков е каков што беше пред 60-ина

години кога тука среде охридската чаршија никна дуќанот на Вангел Де-ребан.Бев дете кога минувајќи низ охридската чаршија знаев да се “зале-пам“ на излогот од дуќанот на чичко Вангел и пред него да седам со часови восхитена од среброто и преубавите фигури, кои тогаш ги красеа рацете на мајка ми и на илјадници други мајки. Денес ја имам честа што и јас имам неколку парчиња од накитот што го из-работил мајсторот за сите времиња. И тука, по години пред сребрениот из-лог видов девојче со мајка. И тие де-нес како ние некогаш се восхитуваа од преубавиот накит. Кратко време потоа мојот љубопитен поглед го забележа вредниот стар мајстор кој излегувајќи од дуќанот го стави шеширот на глава-та и пред клучот да биде во клучал-

ката, фрли поглед на двете дами пред излогот. Љубезно им се насмевна и повторно широко ја отвори вратата за двете да влезат внатре....Наредниот ден, во раните утрински ча-сови вратата на дуќанот беше отворена за нашата новинарска екипа.Времето и годините не успеале да остават белег на духот од старецот, на неговата под-вижност и на вештината на неговите вредни раце. Чичко Вангел, не пречека со сребрена жица в рака, правеше обид да и ја даде првата нишка живот. Штом не здогледа брзо ги извади очилата и откако ни посака “добре дојде“,поита да го изгасни огнот на кој го топел сре-брото. Ние пак го причекавме за да му се восхитуваме на неговата енергич-ност и брзи движења. Чекајќи го вни-мание ни привлекоа двете големи кни-

ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН- НАЈПОЗНАТИОТ И СЕУШТЕ ЕДИНСТВЕН ФИЛИГРАНИСТ ВО ОХРИД

СОЗДАВАЧОТ НА ИЛЈАДНИЦИ СРЕБРЕНИ ПРЕДМЕТИ ,УКРАСИ И НАКИТ, ТВОРЕЦОТ НА МНОГУТЕ ФИЛИГРАНСКИ ПЕПЕРУГИ ОД КОИ ЕДНА БЕШЕ ИСКОРИСТЕНА ЗА РЕКЛАМНАТА КАМПАЊА “MADE IN MACEDONIJA“СЕ УШТЕ НАМА НАСЛЕДНИК. НИТУ ЕДЕН МЛАД ОХРИЃАНЕЦ ДО СЕГА НЕ ТРОПНАЛ НА ВРАТАТА ОД ВАНГЕЛ ДЕРЕБАН И НЕ ПОСАКАЛ ДА ГО НАУЧИ СКАПОЦЕНИОТ ЗАНАЕТ

Page 14: АМАК ПРЕС 99

14 AMAK PRES

ги на впечатоци ставени на стаклената масичка во кои на различни јазици, македонски, англиски, италјански, хо-ландски или кинески, посетителите што влегле во дуќанот, напишале за своите впечатоци.“Вечна му слава на најчесниот и најдобриот мајстор на светов“. Ова се зборовите што членовите од семејството Мојсоски од Битола го за-пишале во книгата на впечатоци. И навистина, вечна му слава на мајсторот над мајсторите, старецот кој и денес веш-то ги плете сребрените нишки иако ги раситнал годините од 9-та живот-на деценија.“Жал ми е што до денес не се најде ниту едно младо момче да ме за-мени мене. А искрено би сакал да се случи тоа. Се што јас знам за овој за-нает ќе го предадам на човекот што ќе побара од мене истиот да го учи. Двајцата мои синови зна-ат да плетат сребро но не сакаат да се занимаваат со оваа работа. Пред неколку месеци дојде девојка од Прилеп, убаво го со-влада занаетот. Но зошто тој да ни бега од градов. Тој е негов белег. Не знам зошто охриѓани не тропнале кај мене и не побарале да ги научам. Тоа ќе ми причинува задоволство, сакам да го оставам занаетот на младите“, го почна разговорот, Вангел Деребан со болната тема за него. Тој вели дека филигран-ството е пипава но не тешка работа.“Од него не може да се живее луксузно, но дозволува да си препуштите нешта што другите не можат, и да го проше-

тате целиот свет.Во време на оваа без-работица занаетот и тоа како е потре-бен. Во 40-те години од минатиот век занаетчии учеа да бидат најбогатите деца зошто тогаш ваквата работа беше најпрофитабилна во екот на комуни-стичкиот период кога се беше државна сопственост а приватни беа само зана-етчиските дуќани. “Занаетот на семејството Деребанови не се калел само во чаршискиот дуќан кој 60-ина години е таков каков што бил од

неговото создавање до денес . Алексан-дар, таткото на Вангел топел и плетел драгоцен метал во 15-ина дуќани кои му претходеле на постоечкиов.“По ослободувањето владееше кому-нистичкиот политички режим. Под закрилата на маршалот Тито, се беше државна сопственост. Се сеќавам на татковите маки кога полицијата ќе го исфрлеше сето наше сребро од дуќанот на улица. Татко ми кој по професија беше учител ќе го собереше на брзи-на среброто и веднаш почнуваше да бара просторија во која ќе го смести

дуќанот,но никогаш не му падна на па-мет да се откаже од занаетот. Зошто тој е како кокошка што несе златни јајца.“Најпознатиот и единствен охридски филигранист, занаетот почнал да го учи од раната младост. “Кога даскалот ќе не пуштеше од учи-лиште јас трчав кон дуќанот. По еден час дневно мораше да се издвои за плетење на среброто. Иако мали нау-чивме да го топиме , растегнуваме пле-тиме металот јас и моите двајца браќа кои беа високо образовани. И тие иако со факултети ја учеа оваа работа. За нивно арно за поголема сигурност, зошто на времето занаетчиите беа по-богати од лекарите, судиите па дури и од претставниците на политичкиот врв. Јас верувам дека и денес израбо-тувачите на рачни творби можат да ги побијат на пазарот готовите произво-ди, доколку нудат нешто квалитетно и оригинално. Уникатите во кои се гледа дека е вложен многу труд вредат многу но за нив се спремни да платат многу пари познавачите на вистинските вред-ности“. Откако почнал да прави предмети од сребро до денес, чичко Вангел користи 1 000 каратно сребро за филигранот и

800 каратно сребро за дру-гите предмети.“Најпрво среброто се топи на оган, потоа се тегнат жици, односно материјалот се истенчу-ва. Точно тоа тегнење и тенчење е најтешкиот процес во работата зошто жицата мора да биде по-тенка од 0, 20 милиметри. Значи буквално станува збор за сребрени влак-на. Потоа се се препушта на фантазијата. Често се случува предметот да има изглед поинаков од замис-лениот но секако многу

поличен и попривлечен за око“.Од златните раце на чичко Вангел се родиле илјадници сребрени прстени, белегзии, брошеви, огрлици и ремени кои ги краселе грлата, вратовите и по-ловините, на илјадници светски дами на данската и холандската кралица, како и на сопругите од многу претсе-датели на држави кои при посетата и прошетката низ охридските сокаци не заборавале да подвлезат во дуќанот на филигранистот. Од него излегувале со по некој сребрен предмет во рака кој го носеле во својата земја за таму да го промовираат трудот на нашиот мајстор

ZA SITE VREMIWA

Page 15: АМАК ПРЕС 99

www.amakpres.com.mk 15

на кого светот му симнува капа.И навистина светот брзо разбрал за преубавите предмети, кои те остава-ат без здив, зошто тие се како мелем за душата и најубава слика за окото. Светот посака да види кој е Вангел Деребан. И навистина тогаш, младиот Деребан раскажуваше за својата рабо-та низ многу светски медиуми, но ни-когаш на светот не му ја откри тајната во работењето зошто како и денес така и тогаш размислуваше на ист начи. За-наетот ќе го предаде на охриѓанче на наше дете и од срце ќе го научи на ра-ботата. Зошто тој занаетот си е само наш и од никој друг. Тој си е охридски и таков ќе остане. И сега на деведесет го-дини, Вангел Деребан секојдневно би го учел на овој занает секој охриѓанец кој покажува интерес за работата и има потенцијал да биде негов заменик. “Кога јас веќе стар можам да ја рабо-там работава, може секој човек кој има интерес и трпение, а тука сум да помог-нам за секој иден млад мајстор“додаде чичко Вангел, и ни отвори една дебе-ла книга со фотографии од рачни из-работки. Сите нив- тие преубави сре-брени табаки, лажици и потиња со кои домаќинките од Варош ги служеле го-стите со слатко и локум, ги изработил тој, Деребан.“Ова се кандила кои сега ги има по црквите, а ги има и во староградски-те куќи “,движејќи го прстот по фото-графиите од книгата се сеќаваше ста-

рецот. “Еве ова се табаќери, кутии за накит,вазни и ќупови кои јас сум ги изработил, а доста предмети сум на-правил и за Македонската Православ-на Црква.“И додека филигранистот со восхит се сеќаваше на дел од предметите што ги направил, во дуќанот влезе човек во поодминати години. Со бастумче во раката облечен како “вистински да-скал“, му посака бериќетен ден на ста-риот дуќанџија, и пред да побрза кон зелениот пазар каде тргнал му дофрли на мајсторот.“Машала, машала, алал да ти е бре Де-ребан. Пак си го ишарал излогов, мерак да ти е да го гледаш, кешки умот твој и работливоста да ја носеа младиве“.Чичко Вангел скромно се заблаго-дари на пофалбите и му дофрли на пријателот дека мора секогаш излогот да се збогатува со некое ново парче сребро . “Колку што ми дозволува здравјето и видот толку работам, но успевам да направам нешто ново и се радувам на него како мало дете“, рече чичко Ван-гел и додека ги вадеше сребрените обетки од излогот што пред неколку дена ги направил, ние се загледав-ме во многубројните благодарници, признанија и награди кои ги добил за својот труд.“Најдраги ми се три од нив; највисокото општинско признание “Св. Климент Охридски, потоа признанието од еми-

нентното светско списание “Travel magazine“ и последната награда за Животно дело што ја добив на средно-вековниот фестивал кој за прв пат се одржа во Охрид во август, годинава“, ни рече поднасмевнат Деребан откако ги забележа нашите обиди да ги пре-броиме сите закачени документи на ѕидовите....Неочекувано во дуќанчето влезе гру-па од туристи. Филигранистот брзо се исправи и на италјански јазик им посака добар ден на гостите. По сјајот на неговите очи се читаше за-доволство. Старецот брзо ги вадеше сребрените предметии и им ги пока-жуваше на туристите. Тие пак “осле-пени“ од металниот одблесок немо и со воодушевување ги посматраа. Дали за мајсторот на сите времиња Вангел Деребан, барем за неколку миути се врати старото дамнешно време кога во дуќанот имаше добар промет не знае-ме. Но ние му посакавме добар пазар со желба да се слушне звукот на же-лезните монети и да легнат книжни-те пари во фиоките на старата дрвена каса украсена со охридски бисер, во која веќе одамна наместо парите прин-цови станале честичките прав.Да ни бидеш жив и здрав Вангел Дере-бан, сеуште единствениот и најдобар филигранист во Македонија. пишува:Ангела Бделевска

Page 16: АМАК ПРЕС 99

16 AMAK PRES

АМАК СП ЈА ПОМИНА ПРВАТА ПРЕПРЕКА ВО ЕВРО ЧЕЛИНЏ КУПОТ

Успешно е помината првата препрека на охридскиот АМАК

СП во Евро челинџ купот против Златорог Лашко од Словенија. Она што не им успеа на нашите во првиот натпревар пред своја пу-блика го направија во го-сти совладувајќи го тимот на словенечкиот селектор Алеш Пипан со разлика по-

висока од 6 поени колку што загубија во преполната сала на Билјанини. Охридските кошаркари кои за прв пат во својата кратка историја имаа дебитанскиот настап на евро сцената покажаа дека мо-жат да се носат со далеку поискусни екипи. Нашиот единствен преставник во ФИБА Европа челинџ купот беше поуспешен од Злато-

рог Лашко во вториот ква-лификациски натпревар, со 69-78 со што ја одбрани че-ста на македонската кошар-ка и тоа во второто по сила натпреварување во Европа.- Во првиот дуел во Охрид во никој случај не бевме надиграни, посрамени. Ед-ноставно како дебитанти го плативме данокот на неис-куство. Не треба да се забо-рави дека Златорог зад себе има 80 меѓународни настапи што не е случај со нас. Из-брзано шутиравме тројки, не погодувавме, а тоа кошарка-рите на Златорог знаеја да го казнат. Сигурно дека од овој меч извлековме поука, ништо не е загубено, иако сме во ситуација да бркаме негатива од шест поени. Се уверивме дека противникот не е поквалитетен од нас и ако одиграме мудро, брзо не ги трошиме топките, го заси-лиме притисокот во одбра-ната , можеме да очекуваме и поволен резултат, изјави капитенот Ефтим Богоев, кој добро ги познава евро приликите од деновите кога настапуваше за Струмица 2005, по првиот натпревар кога неговиот тим загуби со 70-76.

Пред реванш натпреварот во Словенија стратегот на Амак СП Марјан Лазовски најави дека предноста ќе биде ану-лирана.-На вториот натпревар изи-гравме многу посконцентри-рано, ги намаливме грешки-те во напад и не избрзувавме со шутот за три поени. По-кажавме дека на вакви нат-превари можеме да изигра-ме исто така добри како и во домашното првенство, рече Лазоски по реванш средбата во Словенија, каде АМАК СП иако играше без класи-чен центар доминираше под кошевите со 30 скокови на-спроти 25-те на Лашко. Спо-ред статистичките податоци Чубрило е најефикасниот играч на средбата со постиг-нати 20 поени и најголем број скокови дури 9.Со поминувањето на Зла-торог, по позитивата од вкупниот биланс, АМАК СП останува во друштво на врвните екипи на континен-талната сцена. На следниот натпревар во Евро Челинџ купот охридскиот тим игра против Ајфел Таурс од Холандија

Сузана Вренцовска

УСПЕШЕН ДЕБИ НАСТАП НА ЕВРО СЦЕНАТА

СПОРТ

Page 17: АМАК ПРЕС 99

www.amakpres.com.mk 17

Позитивни оценки за преземе-ните активности во спортската сала „Билјанини Извори“ даде

неодамна инспекцијата на Европската ракометна федерација која заедно со шефовите на делегациите на земјите учеснички на ЕП во ракомет за жени, ја скенираа охридската спортска сала. Директорот на натпреварувачката комисија при ЕХФ, холанѓанецот Јан Туик задоволен од она што го виде во Охрид. „Сведоци сме дека работите на-предуваат, направена е добра работа тука. Задоволен сум од антидопинг просторијата, прес центарот, малата сала. Отстранети се скоро сите забе-лешки и негледам никакви причини да не дојдеме до финалната фаза, изјави Туик. Наспроти задоволсттвото на Дирек-торот на натпреварувачката комисија при ЕХФ, луѓето од ракометната

федерација и понатака незадоволни од тоа како се одвиваат работите. Според Драган Начески треба уште многу ра-боти да се завршат за да се постигне она што го бара Европската ракометна федерација.-Иако се работи за ситници сепак мора салата да се доведе до фаза да заличи на едно европско првенство каде стан-дардите се многу поголеми. Охрид мора да изнајде сили сето тоа да се среди пред се заради имиџот на држа-вата и на самиот град, вели Начески алудирајќи пред се на хигиената во овој спортски објект.Директорот на ЈП за стопанисување со спортски објекти, Иван Цветковски ваквите забелешки ги прифати како добронамерни но рече дека во овој момент се работи на отстранување на поголемите забелешки а Охрид како и секогаш во поглед на хигиената на ниво ќе ги пречека гостите од 2 до 14

декември. -Она што во најскоро време треба да го направиме е да обезбедиме допол-нителен простор за коментаторските места за пeчатените медиуми. Се на-девам дека од Македонска телевизија за брзо време ќе не посетат и заеднич-ки ќе направиме план како да го заси-лиме осветлувањето да биде на ниво на Европско првенство во ракомет со што ќе ги отстраниме и последните за-белешки на ЕХФ, вели Цветкоски. Инаку преставниците на земјите кои ќе учествуваат на овој најголем спорт-ски настан кој ќе се одржи кај нас, ги посетија и хотелските капацитети Дрим во Струга и Метропол во Охрид каде најверојатно ќе бидат сместени репрезентациите учесници на ЕП. С.Вренцоска

Позитивни оценки за преземе- федерација и понатака незадоволни од декември.

ЕХФ ЗАДОВОЛНА ОД „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“

ОХРИД ЌЕ ДОБИЕАТЛЕТСКА ПАТЕКААко временските услови го

дозволат тоа, Охрид до крајот на годинава ќе до-

бие професионална атлетска пате-ка. Претставници на италијанската компанија „Мондо“ беа на терени-те на СРЦ „Билјанини Извори“ да ја скенираат состојбата и да укажат на одредени активности кои треба да се направат пред поставувањето на тартанот.Претставникот на „Мондо“, Ло-ренцо Перона, најави дека пате-ката ќе биде со највисок квалитет, но предочи дека претходно треба да се извршат одредени градежни работи со напомена дека комплет-ните забелешки ќе ги достави по завршување на инспекцијата.Генералниот секретар на МОК,

Сашо Поповски, вели дека со реализирањето на еден ваков про-ект атлетиката во Македонија ќе го добие заслужениот третман.-Со поставување на една ваква ат-летска патека во голема мера ќе ги подобриме условите за тренинг, посебно што имаме спортисти кои ќе придонесат за постигнување на врвни резултати во атлетиката, вели Попоски.Според претседателот на Атлетска-та федерација на Македонија Цвет-ко Грозданов со реализацијата на овој проект ќе се решат дел од про-блемите кои беа присутни долги години за нејзин развој,како кра-лица на спортовите.Професионалната атлетска па-тека во Охрид, која е прва во

Македонија, чини околу половина милион долари, средства обезбеде-ни како донација од Меѓународната атлетска федерација. Еден дел од средствата ги обезбеди МОК под чие покровителство за развој на атлетиката деновиве се одржа се-минар за обука на тренери под ра-ководство на експертот за атлетика од Германија, Ехиме Еке. Дваесет тренери од цела Македонија имаа практична и теоретска настава во скокачките дисциплини и спринт. Исто така обезбедена е и герман-ска донација од која се состои од голем број атлетски реквизити како и мерач за брзина на ветерот.

С.В

ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАВА

Page 18: АМАК ПРЕС 99

СПОРТ

НАШИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ НА РЕГАТА ВО ДУБРОВНИК

Двајца наши едриличари настапија на Меѓународната Дубровничка регата во Р.

Хрватска која се одржа од 17 до 19 овој месец.Македонија за прв пат зеде уче-

ство на оваа регата што претсту-ва натпревар од сериозен карак-тер поради масовноста и силната конкуренција. Во класата Оптимист силите ги измерија вкупно 77 едрличари, а

двајцата наши претставници Ер-дал Љушо од ЕК СНЕГАР – Струга и Димитар Поп- Стефанија од ЕК АМАК СП – БОФОР-Охрид се пла-сираа на 34 односно на 38 место. С.В

ОГЛАСИПродавам козметичка лупа со сталак Тел за контакт 070 212 784

Поволно продавам лежај добросо-чуванТел 046 267 993

Издавам стан 55м квадратни наместен на Туристичка кај кај Анче Кисели-новаТелефон 070 604 149

Пордавам санитарија за купатило во сина боја и нов бојлер046 262 711

Издавам сбои под криија. Со посебен влез.046 255 909

Продавам нива во Влегошти070 525 524

Page 19: АМАК ПРЕС 99
Page 20: АМАК ПРЕС 99