Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

32

Click here to load reader

Upload: economic-chamber-of-macedonia

Post on 23-Mar-2016

232 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

TRANSCRIPT

Page 1: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

Конститутивна седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија

БИЗНИС ИНФО

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 123 www.mchamber.mk 14.02.2013

ISO9001Quality Management

bsi.

МОЖНОСТ НА ПОДИРЕКТЕН НАЧИН ДА СЕ УЧЕСТВУВА ВО КРЕИРАЊЕТО НА СТОПАНСКАТА ПОЛИТИКА

Page 2: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

дос тапни насек аде . . .

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

ПОКРОВИТЕЛИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

ПРЕМИУМ Покровители БРИЛИЈАНТЕН Покровител

СТАНДАРД Покровители СИЛВЕР Покровители

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK

Page 3: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО 3четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

ПОДВЛЕЧЕНО

Основната причина што решивме да инвестираме во Македонија е ефтината работна сила. Трошоците за работна рака учествуваат со голем процент во производството или над 75% во вредноста на производот.Со оглед на тоа

што во последно време се зголеми конкуренцијата од Турција, Полска и Чешка на европскиот пазар и Кина и Мексико, за пласман на американскиот пазар ни треба фабрика каде што ќе произведуваме со ниски трошоци за работна сила. Имавме првично во план да инвестираме во Турција, но поради бирократијата во оваа земја и поради не толку добриот прием, прекинавме соработката со турскиот партнер. Потоа се преселивме во Србија, бидејќи српската Влада не контактираше и беа информирани дека бараме земја за инвестиција, но паралелено и министерот за странски инвестиции Веле Самак не контактираше и не потсетуваше на можностите за инвестирање во Македонија. Тој, се јавуваше на секои шест месеци во период од неколку години и поради упорноста решивме да ја градиме фабриката тука. Секако, и пакетот на олеснувања за странски инвеститори, беше

предност. Ме привлече и директниот контакт на владините претставници со инвеститорите и можеме лично да ги контактираме и да добиеме одговор за било кој проблем за многу кратко време. Тие повеќе се како менаџери и кога ќе споредам со другите земји, посебно со Западна Европа или Америка каде процесот е многу долг да контактирате со нив и да добиете одговор. Ова е многу важно за привлекување на странски инвеститори. Ние сега сме како партнери, што не е случај со другите земји.

(Филип Ван Хул, основач и генерален директор на белгиската компанија која во Бунарџик гради фабрика за автобуси)

Меѓусебна трговска размена меѓу Чешка и Македонија има тенденција на пораст, меѓутоа сигурно постојат и многу нови можности.

Стремежот на Македонија кон Европската унија ни отвора пат за користење на нови форми на соработка, на пример, во областа на твининг и ИПА фондовите, перспективата може да биде и на подрачјата на царинската управа, биоземјоделството, здравството. Најдовме простор за соработка во таканаречените

мали локални проекти, кои се однесуваат на деца и училишта и некои веќе успешно реализиравме. Нудиме искуства во подрачјето на енергетиката, сообраќајната инфраструктура, геодетското истражување, како и севкупен спектар на проекти за заштита на животната средина и екологијата, како што се прочистителните станици, квалитетот на водата, отстранувањето на отпадот. Значи, можности каде што може да се зголеми трговската размена и да се воспостават нови форми на соработка сигурно има доволно.

Македонија е прекрасна земја не само во поглед на туризмот, љубителите на вино и традиционалната кујна, културата и историјата. Сосема со право привлекува и внимание кај нашите претприемачи, а наш заеднички интерес е да го зајакнеме подрачјето на трговијата и инвестициите, бидејќи регионот од западниот Балкан го сметаме за традиционален простор за чешките фирми. Од друга страна, претприемачите треба да почувствуваат поддршка во правниот систем при заштитата на своите инвестиции, транспарентната средина и легислативата, како и помош и стандардни услови при отстранување на системските и бирократски пречки, бидејќи негативното искуство непотребно ги ограничува претприемачите и ги спречува за влез на пазарот. Верувам дека и овие прашања ќе бидат предмет на дискусија на претставниците на министерствата на најавените преговори во Прага. Секако, нашиот интерес за соработка продолжува и доколку тоа биде од заеднички интерес ќе проценуваме и ќе учествуваме на сите тендери што ќе ги објави вашата влада.

(Мирослав Рамеш, амбасадор на Чешката Република во Република Македонија)

Во развиените земји буџетот за интернет рекламирање го надмина буџетот за ТВ рекламирање, ова не е случај со Македонија. Интернет маркетингот се уште e во најава, сите зборуваат за него, а никој не знае како изгледа т.е. како

што рекол Nick Hornby “Everyone knows how to talk, and no one knows what to say” – тоа што некој ги користи социјалните медиуми и интернетот, не го прави експерт за социјални медиуми. Ваквото практицирање на интернет промоцијата резултира првo до девалвирање на самиот интернет маркетинг и работата на социјалните медиуми преку препуштање, а потоа поради лошите резултати самите компании заклучуваат дека ова воопшто не им оди во прилог и се повлекуваат . Сепак, покрај овие негативни примери, постојат компании кои силно инвестираат во интернет рекламирањето знаејќи ги предностите на интернетот

како медиум – најпрвин одлична можност за односи со јавноста, која пружа непосредност во комуникацијата, потоа канал за поддршка на клиентите и повратни мислења за вашиот производ или услуга, и на крај најевтина реклама споредбено со било кој друг медиум.

(Игор Мишевски, сопственик на Nova Solutions)

Неизбежно е поради растот на цените на енергенсите да се зголемуваат и сите

останати цени, бидејќи тие имаат најголем импут во индустриското производство. Факт е дека во минатата година имаше големи

порасти и падови на цените на енергенсите на берзите, но за да не се зголемуваат цените на трошоците на живот, треба да имаме силна економија. Во спротивно, не може да се очекува пад на инфлацијата во услови на растечки цени и автоматски и пад на стандардот.

(Шенај Хаџимустафа, професор)

ПАКЕТОТ ОЛЕСНУВАЊА ЗА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ Е ВАША ПРЕДНОСТ

МНОГУ НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ЧЕШКА И МАКЕДОНИЈА

ПОСТОЈАТ КОМПАНИИ КОИ СИЛНО ИНВЕСТИРААТ ВО ИНТЕРНЕТ РЕКЛАМИРАЊЕТО

ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ ЈА ГРЕАТ ИНФЛАЦИЈАТА

Page 4: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО4

АКТУЕЛНО

ПрВо градот на гројзето и виното беше одржана конститутивна седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија (13.02.2013 година). Станува збор за 16-та регионална комора во земјава. На седницата, на

која покрај претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, присуствуваа и членови од потесното раководство, а притоа беше оценето дека Вардарскиот плански регион, во кој се отвара оваа регионална комора е пример кон кој треба да тежнее целата држава, бидејќи 53 отсто од БДП го создаваат производните дејности. - Овој регион во вкупниот извоз на Република Македонија учествува со 22 до 24 отсто, а на страна на увозот само со 6 до 8 отсто. - Во вашиот регион има четири до пет компании кои се гордост на македонскиот извоз и треба да претставуваат пример за сите останати, - им порача Бранко Азески на присутните на конститутивната седница. Според него, Комората заговара нов економски модел на развој кој тежнее кон суфицит, каков што се остварува во компаниите од овој регион. Годинава Комората има и нова определба - отворање можност за извоз на нови пазари покрај европскиот, на кој се остварува дури 62 отсто од македонскиот извоз. - Ние нема да ги изневери вашите очекувања, - порача пред присутните првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

За претседател на Управниот одбор на Регионалната комора со седиште во Кавадарци едногласно беше избран бизнисменот Митко Јанчев од „Кожувчанка експорт - импорт“ - Кавадарци, а за потпретседатели беа избрани Никола

Конститутивна седница на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора

на Македонија

МОЖНОСТ НА ПОДИРЕКТЕН НАЧИН ДА СЕ УЧЕСТВУВА ВО КРЕИРАЊЕТО НА

СТОПАНСКАТА ПОЛИТИКА

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Page 5: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО 5четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

АКТУЕЛНО Наумов од „Градба промет“ - Кавадарци и Славчо Јорданов од „КИМ“ ДООЕЛ - Неготино. Во Регионалната комора, стопанствениците од овој регион ќе можат да ги добијат сите неопходни документи за извозно-увозно работење. Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, рече дека отворањето на Регионалната комора била нескриена желба многу одамна. - Со отворањето на Комората, како регион ќе можеме на многу подиректен начин да учествуваме во креирањето на стопанската политика. Сметам дека оваа Канцеларија ќе биде пример и за другите за децентрализација на коморското здружување. На седницата, Стојмирка Тасевска, виш советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија, го презентираше Предлог-законот за поттикнување на инвестициите. - Комората ќе и` предложи на Владата да има стимулација за поттикнување на развојот на територијата на целата држава преку даночни олеснувања и помош на фирмите кај кои е неопходно усовршување на вработените. Овој закон, заедно со Законот за гарантен фонд и Законот за наплата на побарувањата до јуни годинава Комората ќе ги достави до Владата, - рече пред присутните Стојмирка Тасевска. По завршувањето на конститутивната седницата, претседателот на Стопнаската комора на Македонија, Бранко Азески, одговараше на новинарски прашања околу економските прилики во земјава. Стопанската комора на Македонија ќе го продолжи дијалогот со Владата, - посочи тој, а ќе бидеме фокусирани и на отворање на нови пазари за компаниите надвор од Европа, со што мислиме дека ќе можеме да им помогнеме на некаков начин да се апсорбира негативниот тренд на извозот што го има во овој момент. Последните мерки на Владата за ослободување од каматите на фирмите кои имаат заостанати обврски по основ на пензиско и здравствено осигурување ги оцени како стимул за одреден број компании иако додаде дека кризата наметнува донесување на невообичаени решенија. - Ценам дека Владата го имала предвид при донесувањето на овие мерки и фактот дека ќе влијае на нарушувањето на рамноправноста на пазарот на компаниите, но веројатно пресметала дека е помал ризик. Во секој случај, тоа ќе биде значаен стимуланс за определен дел на компании. Во иднина Владата ќе треба да вложи максимум напори за да ја „испегла“ нерамноправната позиција што се јавува, - рече Азески. Во секој случај, потенцира претседателот на Комората, ќе го поддржиме се` она што значи подобрување на состојбата на компаниите. - Се` што ќе продуцира задржување на каква било економска активност над нулата и на какво било вработување, треба да наиде на разбирање во овој период, но да не се претвори во пракса, - рече Азески. Се наоѓаме, додаде, во една многу голема должничка неликвидна ситуација во која и она малку што се презема значи многу за да не дојде до целосен колапс на компаниите и да не се запре вработувањето и економската активност во државата. - Треба да сме свесни дека дејствуваме во услови на криза и да водиме сметка дека треба да влечеме потези што ќе предизвикуваат помали негативни ефекти. Мора многу внимателно да се пристапува во тој правец затоа што Македонија во структурата на компаниите има голем број на домашни и странски компании, поради што мора да се заштити нивната рамноправност на пазарот, - потенцира Азески.

Page 6: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО6

НОВИ ПАЗАРИ

Првата асоцијација кога ќе се спомене иранската економија се санкциите на САД, ОН и ЕУ кон оваа земја. Но, во 2011 година ЕУ е втор партнер на Иран, со вкупна вредност на трговска размена од 27,7 милијарди евра, од коишто 15,7 милијарди евра е извоз во Иран. САД во 2012 година оствариле преку 200 милиони САД $ трговска размена со Иран, без нафта, која

ја увезуваат од Иран за потребите на нејзината војска во Авганистан. Турција, во 2012 година има остварено трговска размена со Иран во вредност од 23 милијарди САД $, од што 9 милијарди е увоз на нафта и гас, платена со извоз на злато. Иран има силна соработка со Германија, Италија, Балтичките земји, Руската Федерација, Кина, Индија. За периодот 2011-2012 година, Иран остварува 4,3 милијарди САД $ директни странски инвестиции. Поради овие факти и развиеното индустриско производство, науката и напреднатиот процес на приватизација на иранската економија, Стопанската комора на Македонија го стави Иран на својата мапа на приоритети – освојување на нови пазари во 2013 година. Делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески, се сретна

со д-р Мохамед Нахавандиан, претседател на Иранската комора на трговијата, индустријата, земјоделството и рударството, во Техеран на 2.02.2013 година. Првата асоцијација во контактите со колегите од Комората, но и со луѓето по улиците во главниот град на Иран, покажува дека општеството се движи кон либерализирање на секојдневниот живот, постои висока глобална информираност и интерес за вклопување во глобалните економски текови, но со почитување на сопствените ресурси и на партнерските односи. Иран е втора земја во светот по богатство на природен гас (15%) и трета по богатство на нафта (10%). Во 2000 година иранското стопанство беше 18-то во светот по големина, со индиција да стане 12-та до 2015 година, со најразвиена индустрија, земјоделство, енергетика, информатичка технологија и градежништво на Блискиот Исток. Иран денес е трета земја во светот со најмал процент на надворешен долг во однос на БДП (3,7%, односно 12,8 милијарди САД $). На средбата Бранко Азески ја изложи стратегијата на Стопанската комора на Македонија во 2013 година, во што приоритет е барање нови пазари како активен одговор на последиците на економската криза во ЕУ и намалување на побарувачката. Домаќинот, претседателот на Комората на Иран, Мохамед Нахавандиан, изрази поддршка на таквиот приод и нагласи дека Иран

Посета и разговори во Комората на Иран

БАЛКАНОТ МОЖЕ ДА ЈА ДОБЛИЖИ ИРАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ДО ЕУ

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Page 7: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО 7четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

НОВИ ПАЗАРИ има добра економска соработка со сите балкански држави, а градежните и други компании од Хрватска и од Србија не прекинале да работат во и со Иран. Република Македонија, со оглед на својата геостратешка положба, има потенцијал да биде стартна база на Иран за унапредување на економската соработка со земјите од Балканот и ЕУ. Со воведување на санкциите, за Иран се отворија нови пазари, како што се Кина, Индонезија и Малезија. Тие, а особено Кина, стануваат се` подоминантни на иранскиот пазар. Но, Комората на Иран оценува дека единствено со развивање на трговската соработка и со други земји и региони, може да се очува до израз да дојде конкурентниот капацитет на иранската економија како отворена економија. Традицијата на тргување Иран ја црпи од својата геостратешка положба, од античко, но и од времето на Патот на свилата, чија ревитализација е во полн ек. Иран е транзитна земја, но и врата на трговијата за 7 централноазиски земји. Сите земји од регионот имаат значајна трговска размена со Иран. Комората на Иран, во моментов претседава со Организацијата на коморите за економска соработка (Economic Cooperation Organization Chamber of Commerce and Industry) во која, покрај неа, членуваат Турција, Грузија, Пакистан, Авганистан, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. Претседателот Нахавандиан се понуди преку оваа организација да ги промовира стопанските капацитети на Македонија.

Исто така, двете комори се согласија дека треба да го актуелизираат обновувањето на застанатиот процес на доработка и потпишување на договор за слободна трговија кај надлежните министерства. Прашањето за поедноставување на процедурата за добивање визи за иранските бизнисмени е посложено отколку за нашите, со оглед дека во Република Македонија функционира Амбасадата на Иран, а ние се` уште немаме дипломатско претставништво во Иран. Двете комори се договорија да разменат информации за заинтересираноста на компаниите за соработка, а воедно да се испита интересот и да се пристапи кон подготвување на размена на коморски трговски мисии. Во тој контекст, се планира и двете комори да организираат видео-конференција за да можат компаниите од двете страни непосредно се запознаат со деловната клима. Исто така, се планира од страна на двете комори да се организира посети на саеми во двете држави. Бранко Азески го покани својот колега, претседателот Мохамед Нахавандиан со своите соработници и компании да ја посети Македонија, што беше прифатено со голем интерес.

Љубица Нури

Двајцата претседатели на коморите, Азески и Нахавандиан, се сложија дека приоритет во заедничките активности е континуираната размена на информации од значење за воспоставување и развивање на конкретни деловни односи меѓу компаниите. Од македонска страна домаќинот е замолен да се заложи да бидат ратификувани спогодбите за одбегнување на двојното оданочување и заштита на странските инвестиции во најкус можен рок за да се создадат поволни билатерални услови за соработка. Македонскиот парламент овие спогодби ги ратификуваше во месец јуни во 2002 година, а сега на потег е иранскиот.

Page 8: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ОСТАНУВА СТАБИЛЕН И ВО ОВАА КРИЗНА ГОДИНА

Здружението на банкарството при Стопанската комора на Македонија одржа редовна седница (11.2.2013 година). На истата, од страна на Секретарот на Здружението на банкарство, м-р Јелисавета Георгиева беше презентиран извештајот за работата на здружението за изминатата 2012-та година. Од Извештајот за работата беа издвоени и потенцирани добрата соработка

на Здружението на банкарството со сите релевантни институции, како што се НБРМ, Министерството за финансии, Управата за финансиско разузнавање, Дирекцијата за заштита на личните податоци. Во рамките на Информацијата беше презентирано дека во јули 2012 година беше одржан семинар на тема: „Кредитен ризик во рамките на Првиот и Вториот столб на БАЗЕЛ II и интегрирано управување со ризиците на ниво на комерцијалните банки”. Имајќи ја предвид актуелноста на темата која го опфаќа кредитниот ризик во рамките на Првиот и Вториот столб на Базел II и управувањето со истиот, на семинарот учествуваа претставници од дирекциите за кредитен ризик од сите банки во Република

Македонија. Во 2012 година за прв пат Здружението на банкарството самостојно го организираше Саемот за банки БанкЕкспо, на којшто учествуваа сите 16 банки. Во рамките на БанкЕкспо беше одржана трибина на тема: „Кризата - предизвиците и очекувањата за 2013 година“, на која на едно место беа собрани банките, реалниот сектор, науката и високите претставници на монетарната и фискалната власт. Во соработка со Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), членка на Здружението, континуирано беше презентирана новата кредитна линија на ЕИБ од 100 милиони евра, а се реализираше и соработка со КИБС, при што се одржаа обуки и презентации, меѓу кои посебно за истакнување беше обуката за дигитален идентитет - развој на електронски платни системи. На седницата информации за сработеното во периодот од март до декември 2012 година дадоа и претседателите на комисиите кои функционираат во рамките на Здружението: Правната комисија, Kомисијата за спречување перење пари и усогласеност со регулативата, Комисијата за ризици, Комисијата за сметководство и ИФРЦ и Комисисјата за платен промет во земјата и во странство. Претседателот на Здружението на банкарството, Ѓорѓи Јанчевски, информираше дека на седницата, на иницијатива на банките, ќе се формира и комисија за ликвидност.

АКТУЕЛНО Здружение на банкарството при Стопанската комора на

Македонија

8 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Page 9: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

Јитка Пантучкова, потпретседател на Здружеието на банкарството, информираше за претстојните активности на Здружението на банкарството како домаќин на 36-та седница на Придружните членки на Европската банкарска федерација, каде членка е и македонското Здружение на банкарството. Овој голем настан, на кој Здружението на банкарството ќе биде домаќин, ќе се одржи од 6 до 8 јуни 2013 година. Освен присуство на 40-тина претставници од членките на ЕБФ, се очекува присуство на гувернерот на НБРМ и потпретседатели на Владата на РМ и министерот за финансии. Секретарот на Здружението на банкарството, м-р Јелисавета Георгиева, ги информираше присутните и за состанокот што неодамна се реализираше со претставници на Министерството за економија, за изработка на заеднички кодекс на добро работење на банките и штедилниците во насока на поголема заштита на потребите на потрошувачите. Иницијативата е на Министерството за економија на Република Македонија, а Здружението на банкарството подготви текст кој беше доставен до сите банки и штедилници и сите заедно ја дадоа поддршката на иницијативата. Министерството за економија предлага потпишување на кодексот за добро однесување со Здружението да се реализира следниот месец. Претседателот на Здружението на банкарството, Ѓорѓи Јанчевски, даде изјава за медиумите за функционирањето на банкарскиот сектор за 2012 година. Тој нагласи дека кредитната активност на банкарскиот сектор во 2012-та покажува пораст, иако бруто-домашниот производ на земјава беше речиси нула. Македонија минатата година ја карактеризира стабилна ниска инфлација, континуиран пад на индустриското производство од септмври месец во 2011 година. - Глобалната криза се чувствува и кај нас. Сепак, банкарскиот сектор останува стабилен и во оваа кризна година. Се карактеризира со висока ликвидност и профитабилност. Иако се евидентира намалена добивка, во целина банкарскиот сектор е стабилен и профитабилен. Заклучно со официјалните статистички податоци со 30.9.2011 година, во однос на истиот период лани, билансите на банките се пораснати за 2,4%, кредитите имаат пораст за 5,4%, депозитите за 5%, со забелешка дека во поголем обем растат депозитите на граѓаните, бидејќи реалниот сектор е погоден од кризата, - истакна Ѓорѓи Јанчевски. Во Здружението на банкарството во моментов членуваат 16 банки (сите банки кои работат во Република Македонија), од кои 12 се со доминантна странска сопственост. И во 2012-та остана висока доминација на само 3 банки со 65% удел во вкупните трансакции. Банкарскиот сектор главно е поставен на домашните депозити, кои учествуваат со 70 отсто. Процентот на нефункционални кредити од 2011 година кога изнесувал 9,5%, за една година е пораснат на 11,5%. - Банките прават анализи за намалување прво на каматите на депозитите кој е прв чекор, по што ќе следи и корекција на каматите. Но, не се очекува радикално намалување на каматите на кредитите, - вели Јанчевски. - Според статистиките во 2009 година просечната каматна стапка на кредитите била 9,5%, а лани таа стапка изнесувала 7,5%.

АКТУЕЛНО четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 9

Page 10: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИ ВОЗАЧИ И УПРАВИТЕЛИ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ

ПРОМОЦИЈА

Ново јавно овластување на

Стопанската комора на Македонија

10 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Стопанската комора на Македонија доби овластување од Министерството за транспорт и врски да врши стручно оспособување на пријавените кандидати. Обуката ќе се реализира преку овластен Центар, за што Комората веќе располага со соодветен стручен кадар, опремени простории и потребни технички и стручни помагала (прирачници и сл.). Обуките се еднодневни и може да се одржуваат во Комората или во други договорени простории, во сите денови од неделата (и во работни денови и за време на викенди). Стопанската комора на Македонија преку неколку регионалните комори (Штип, Прилеп, Гостивар...) изврши презентација на ова најново јавно овластување доделено на најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава.-По завршената обука, кандидатите добиваат потврда која им е потребна за пријавување испит за добивање сертификат, односно за продолжување на важноста на веќе добиениот сертификат (за возачите), - изјави Митко Митевски на прес-конференција во Регионалната комора со седиште во Прилеп. Стручното оспособување на кандидатите - возачи и управители се врши согласно со темите утврдени во Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај и во Програмата за полагање испит за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот или од него овластено лице одговорно за превоз. - Стручното оспособување е наменето за сите возачи што вршат превоз на патници или стоки во меѓународниот патен сообраќај, без разлика на основната дејност на компанијата во којашто се вработени (автобуски превозници, товарни превозници, увозно-извозни компании, логистички оператори, царински посредници, трговски компании, производни фирми, туристички агенции, заинтересирани приватни лица и др.), како и за управителите на транспортните фирми или од нив овластени лица одговорни за превоз во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај, - додава Митевски. Законска обврска за стручна обука имаат сите возачи вработени во компании што се вклучени во меѓународниот патен сообраќај, како и заинтересираните приватни лица - возачи кои по службена основа ќе бидат вклучени во меѓународниот патен сообраќај и тоа: - возачи кои до сега немаат полагано испит за добивање на Сертификат за меѓународни возачи; - возачи кои веќе имаат добиено Сертификат на којшто му изминува рокот на важноста од 5 години и чија важност треба да се продолжи за наредниот период. Сертификатот за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај се издава врз основа на уверение за положен испит, а по претходно спроведена стручна обука за таа цел. За продолжување на еднаш издадениот сертификат за меѓународни возачи не треба повторно да се полага испит, туку истиот може да се продолжи само со приложување на потврда за посетена дополнителна стручна обука. Еднаш добиениот Сертификат за професионална компетентност на управител или на лице, од него овластено, одговорно за превоз е со неограничена важност. Митко Митевски од Стопанската комора на Македонија, кој воедно е и контакт-лице за пријавување за обуката, посочи дека пријавувањето на слушателите може да се врши поединечно или групно.

Даниела Михајловска Василевска

Page 11: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

НАМАЛУВАЊЕТО НА ДАНОКОТ НА УСЛУГИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија на седница, со која раководеше претседателот Снежана Јовановска Трајковска, донесе неколку значајни одлуки за унапредувањето на работата на компаниите од угостителството, рестораните, туристичките агенции и хотелиерството (7.2.2013 година). Пред се, тоа се

однесува на утврдувањето на нормативи за дозволена висина на кало и растур во угостителството и туризмот, како и на Кодекс на однесување во угостителството и туризмот со цел да се влијае на фер конкуренција и на заштита на потрошувачите на пазарот, Финансиска поддршка на компаниите од угостителството и туризмот е мерка поздравена од туристичката индустрија. Но, беше потенцирано дека намалувањето на данокот на услугите при припремањето на храна и обавувањето на услугите

во прехраната во угостителските објекти и припремата и послужувањето на безалкохолните пијалоци, вината и пивото во тие објекти, се вистинската поддршка која ја бара Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. Тоа ќе придонесе за поттикнување на вработеноста и порастот на овој сектор, осовременување на објектите, зголемување на конкурентноста и ќе се отвори простор за обука на млади кадри и унапредување на културното и кулинарското наследство. Вакво намалување на данокот во угостителството веќе е во примена во 14 земји од Европа, а во нив се сите медитерански земји. На барање на Министерството за култура на Република Македонија, Здружението изготви и неколку измени и дополнувања на Законот за авторски права, со цел нивно реално вреднување и рамномерно оптоварување на компаниите. Здружението покрена иницијатива за измени на Законот за туристичка дејност во насока на негово прилагодување на современите достигнувања на информатичката технологија и нивната примена за унапредување на решенијата во работењето на компаниите од туристичката индустрија.

Лазо Ангелевски

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Барање на

Здружението на угостителството и

туризмот

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 11

Page 12: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

Центарот за стручно образование и обука во соработка со Твининг парт-нерот од Словенија во рамките на проектот „Поддршка за модернизација на системот за образование и обука”, за втората компонентата „Обука на обучува-чи“, организира обука за ментори (номинирани лица од страна на училиштата и Коморите).Тие ментори треба да соработуваат со училиштата за им-плементација

на реформираните наставни планови и програми за двегодишно стручно оспособување и тригодишно образование за занимања. Обуката се одржа на 12 Февруари во Стопанската комора на Македонија во Скопје. Неа ја следеа професори од стручните училишта како и претставници на компаниите кои вршат менторирање на кандидати за добивање на степен од стручното средно образование. Предавачи на обуката беа претставници од Твининг Проектот и Центарот за образование на возрасните од Словенија, лица од Центарот за стручно образование од Република Македонија и претставници од Стопанската комора на Македонија.

Целта на обуката е оспособување на менторите за работа со учениците за време на практичната обуката. Ваквите настани претставуваат извонредна можност за отпочнување на соработка помеѓу компаниите, стручните училишта и работната сила. По завршувањето на обуката и изготвувањето на определените задачи кои учесниците треба дополнително да ги направат, учесниците ќе се стекнат со сертификат како доказ за успешно завршување на предвидените активности.

Борис Тримчев

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА СИСТЕМОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ СО ИСКУСТВА ОД СЛОВЕНИЈА

СЕДУМ ДЕНА ВО КОМОРАТА Одржана обука за

ментори во стручното образование

12 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Page 13: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

КОНСУЛТАЦИИ И ПОМОШ ВО КОРИСТЕЊЕТО НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ

НВо организација на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион, со поддршка на УCАИД и во соработка со Бизнис старт ап центарот, Преда плус и Регионалната комора со седиште во Битола, на 6 февруари 2013 година, во Битола се одржа Конференција за можностите за финасирање на претпријатијата: „Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис?”

До присутните се обратија и ги поздравија директорката на Центарот за развој на пелагoнискоит плански регион, како и директорот на Секторот за економски раст и развој при УСАИД. Toj, меѓу другото, истакна дека овој вид на средби со компаниите е да се информираат за различните фондови кои им се на располагање. Исто така, тој истакна дека проектот за експанзија на малите бизниси, кој е лоциран во полошкиот и пелагонискиот регион, е со цел да се намали невработеноста и да се помогне во создавањето нови работни места. Финансирањето на компаниите е еден од основните проблеми со кои тие се сретнуваат, па затоа со овој настан се овозможува барем дел од тие компании да стигнат до потребните информации за нивните финансиски потреби.

Во пленарниот дел од настанот свое објаснување и споделување на искуства презентираа неколки предавачи на повеќе теми кои беа интересни за бизнис-заедницата. Беа претставени можностите за финансирање преку ИПА-програмата на ЕУ, ИПАРД-програмата за помош на руралниот развој, земјоделие и туризам, а исто така беше претставена и Националната програма за рурален развој. Од посебен интерес за компаниите беа објаснети и начините за финансирање преку ЦИП-програмата за конкурентност и иновативност, искористување на инструментите за финансирање од Владата на Холандија, поддршката за малите компании од страна на Бизнис старт ап центарот во Битола, како и помошта при трансфер на технологии и директните финансиски инструменти од Македонската банка за поддршка и развој кои се достапни на компаниите. Учесниците имаа можност за директен и непосреден контакт со презентерите во формираните три работни групи, со цел да добијат директна помош и консултации како најдобро би можеле да ги искористат понудените инструменти за финансиска поддршка. Присутните ја поздравија иницијативата за овој вид манифестации и нагласија дека ваквите информативни средби треба да продолжат, но дека во ова време на бизнис-криза ваквата помош, сепак, не е искористена доволно.

М-р Никола Димковски

РЕГИОНАЛНИ КОМОРИ Регионалната комора со седиште во Битола еден

од организаторите на Конференцијата „Како до пари за финансирање на Вашиот бизнис?”

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 13

Page 14: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

Либерализацијата на услугите и отстранување на административните и други бариери во рамки на зоната на слободна трговија ЦЕФТА, ќе бидат клучните приоритети на БиХ во овогодишното претседавање со таа регионална организација, изјави Мирко Шаровиќ, министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ.

Шаровиќ рече дека преземањето на штафетната палка на ЦЕФТА во 2013 година, БиХ треба да го искористи за промоција на трговијата, но дека тоа донесува предизвици кои се однесуваат на претстојното излегување на Хрватска од ЦЕФТА и влезот во ЕУ на 1 јули оваа година. Оценето е дека од основањето на ЦЕФТА БиХ се повеќе се приближува кон стратешката цел да стане рамноправен партнер со другите земји членки, аргументирајќи го тоа со податоците дека покриеноста на увозот со извозот од 50 отсто во 2008 година се зголеми на 70 отсто во 2011 година, а лани пак падна на 65 отсто. Тој рече дека во текот на членството во ЦЕФТА, БиХ остварила раст на извозот на земјоделски производи за 13 отсто, додека увозот е намален за седум отсто. - Оваа година ќе се одржат многу средби на различни нивоа на ЦЕФТА членките, така БиХ т.е. Сараево ќе биде центар на регионот. Обезбедени се средства за претседавање, а ова е прилика и да се заблагодариме на Европската комисија, која низ разни проекти и програми помогна на БиХ во оваа година – изјави тој. Немања Васиќ, претседател на Здружението на преработувачи на месо во РС и сопственик на компанијата Тривас од Прњавор, вели дека институциите во БиХ во претстојниот период не смеат да дозволат, поради влезот на Хрватска во ЕУ, да договорат било какви увозни отстапки во однос на другите земји на ЦЕФТА. - Најважно е БиХ да го задржи заедничкото делување со останатите земји на ЦЕФТА кон Хрватска и ЕУ, т.е. да не дава концесии за увоз на производи кои нема да ги даваат другите држави – рече Васиќ. Исто така, тој укажа на потребата за утврдување на биланс на потребите на пазарот на БиХ и капацитетите на домашните производители, пред се во земјоделско-прехранбениот сектор, за да можат навремено и соодветно да реагираат во случај на појава на прекумерен увоз со цел за заштита на домашното производство. Економскиот аналитичар на Надворешно-трговската комора на БиХ Дуљко Хасиќ рече дека БиХ како претседавач на ЦЕФТА ќе биде во можност да стави акцент на непочитувањето на тој договор од соседните земји, посебно на Хрватска и Србија, кога се во прашање нецаринските и техничките бариери. - Ова е прилика да се потенцира дека недоволно ја користиме можноста на ЦЕФТА договорите во сите облици и на сите видови на соработка, како во областа на трговската размена, така и во областа на интелектуалната сопственост, потоа во секторот за набавки и посебно при заедничкото користење на можностите во врска со приклучувањето во ЕУ – рече Хасиќ. Стопанствениците изминатите години укажуваа дека Хрватска кон БиХ најмногу ги користи техничките бариери, злоупотребувајќи го својот повисок степен на усогласеност со ЕУ, додека во Србија доминираат административни бариери, што за последица во двата случаи има отежнат пласман на босански производи во тие земји. Бариерите се најизразени токму во областите каде сме и најконкурентни на нивните производители, пред се во агроиндустрискиот сектор. Како најчести нецарински пречки се истакнуваат долгите задржувања на стоката на граничните премини, непризнавање на налозите, извештаите и сертификатите за исправноста и квалитетот на нашите производи и испраќање на примероци од секое пакување на стоката на долготрајни и прескапи контроли. Покрај БиХ, Србија и Хрватска, членки на ЦЕФТА се Црна Гора, Македонија, Косово-УНМИК и Молдавија.

ПРЕНЕСЕНО

14 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈАТА И ОТСТРАНУВАЊЕ НА БАРИЕРИТЕ

Kлучни приоритети на БиХ во

овогодишното претседавање со

ЦЕФТА

ИНВЕСТИЦИИ НА ХРВАТСКИ КОМПАНИИ

Мирко Шаровиќ рече дека по 1 јули нема да има бесцарински увоз за Хрватска, поради што нејзините производи ќе поскапат на пазарот на БиХ, па се очекува дека хрватските фирми како Дукат и Подравка во БиХ ќе отворат погони за веќе брендирани производи, а притоа ќе користат домашна работна сила и босански суровини.

Тој повторно изрази загриженост дека до 1 јули двата гранични премини со Хрватска за трансфер на производи од растително и животинско потекло на Биљача и Градишка, нема да бидат во полна функција, наведувајќи дека на Биљача треба да се изградат привремени патишта и објекти, а во Градишка уште две ленти за пристигнување.

(Независне новине - Бања Лука)

Page 15: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

Page 16: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА ЦИП –ИЕЕ 2013

Што е ЦИП - Компнетнта Интелигентна енергија ? ЦИП е Рамковна програма за конкурентност и иновации на Европската Унија (Competitiveness and Innovation Framework Programme – CIP). Програмата ќе се спроведува од 2007 до 2013 гoдина со годишни оперативни програми и повици за доставување предлози за следните 3 подпрограми:

Програма за претприемништво и иновации - ЕИП

Програма за поддршка на политиката на информациско-комуникациска технологија - ИКТ-ПСП

Програма за интелигентна енергија – Европа - ИЕЕ

Република Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ може да учествува во ЕИП уште од 2007 година. Повици за доставување предлози за подпрограма ИЕЕ се објавени во Декември 2012 година, краен рок за поднесување апликации е 8 Мај 2013 година до 17.00 часот. (по Бриселско време).

Цел на обуката - Семинарот: Стопанската комора на Македонија одлучи да иницира серија обуки и конуслтантска поддршка за аплицирање на објавениот повик на подпрограмата за интелигентна енергија – Европа - ИЕЕ со конкретна поддршка за проектните идеи кои што ќе бидат селектирани. Обуката и консултантската помош се финансира од страна на учесниците на обуката. Намената на обуката е изградба на капацитети на поединици и тимови за аплицирање за објавениот повик.

Резултат на обуката - Семинарот

Краен финален продукт на обуката е поединец/тим кој е запознаен и оспособен да ја користи технологијата за идентификување на развојни идеи, разработка на проектна идеја, пишување апликација и електорнско поднесување апликација за објавените повици. Резултати од обуката се:

Селектирање на проектни идеи на учесниците,

Дефинирани заинтересирани страни и партнери за реализирање на проектната идеја

Разработени планови за: а) развој на проектната идеја и б) пишување проектна апликација. фондови, да ги искористат обуките за вклучување во поширок дијалог со претставниците на приватниот и јавниот сектор.

Времетраење на обуката: 2 дена 28 февруари (четврток) и 1 март 2013 (петок).

Тема на Обуката „Подготовка на проектна апликација за програмата на ЦИП-Интелегентна Енергија Европа 2013“

Целни групи: Компании, бизнис асоцијации, домашни консултанти, јавни институции, универзитети, научни институти, невладини организации. Ако сте заинтересирани за некои од овие теми или веќе имате конкретни идеи за: o SAVE - Заштеда на енергија ( производ или бизнис

активност) o ALTENER - Замена на изворите на енергија

(соларна, ветер, геотермални, друго) o STEER - Транспорт (гориво од биомаса) o INTEGRATED INITIATIVES - Интегрирани

иницијативи o BULID UP Pillar II - Градење капацитети во

градежниот сектор o MLEI-MDA – мобилизирање на локални

инвестиции за енергетика - Подршка за развој на проект

Ако се прашувате: Како да идентификувам равојна идеја за повикот?

Дали мојата дејност има европско значење?

Како да иницирам проект во рамките на повикот?

Како да најдам партнери за соработка?

Како да поднесам апликација

Тогаш ... придружете се на обуката.

Трошоци за членки на комората: 12.390 денари по учесник (10.500 денари + 18 % ДДВ) (Обука, материјали, водичи, храна и пијалоци) Трошоци за не-членки на комората: 1188.290 денари по учесник (15.000+18% ДДВ) (Обука, материјали, водичи, храна и пијалоци)

Јазик на кој ќе се одвива обуката: Македонски. Обучувачи: Ристо Иванов, Јадранка Аризанковска, и Ирена Мојсовска.

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

16 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Page 17: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

М-р Ристо Иванов, Сертифициран менаџмент консултант (CMC), професионален проект менаџер (PMP), консултант и обучувач со 15-годишно професионално искуство во подготвка на проектни документации, имплементирање проекти финансирани од меѓународни донатори и искуство во работењето со ЕУ програмите и ЕУ фондовите. (следење на повици за предлог проекти, обуки за ФП7, ЦИП и програмата за интелигентна енергија, пишување апликации за ЦИП и ИЕЕ, координатор на BUILD UP проект за Македонија.)

Јадранка Аризанковска 22 годишно работно искуство во системот на коморското работење, 14 години консултантство за трансферот на знаење и 10 годишно искуство во следење на Европските програми за развој на приватниот сектор и директна инволвираност во подготовка и имлементација на програми и проекти за Македонија. (обуки за подготовка за предлог проекти во рамки на ФП7, ЦИП и програмата за интелигентна енергија, пишување проектни предлози за ЕУ програмите и фондовите, поднесување предлог проекти преку електронскиот систем за поднесување предлог-проекти. Проектен менаџер на BUILD UP проект за Македонија.)

Ирена Мојсовска 4 годишно работно искуство во системот на коморското работење, 2 години директно инволвирана во развојот и имплементацијата на Европските програми во Македонија и директна инволвираност во поднесување предлог проекти преку електронскиот систем за поднесување предлог-проекти. (Асистент на проектниот менаџер BUILD UP проект за Македонија.)

Стил на обука: Обуките ќе бидат интерактивни, презентација на програмите, примери на одобрени проекти и вежби со работни групи кои ќе развиваат конкретни проектни идеи со цел изработка на план за развој на проектна идеја и план за пишување на проектна апликација

Каде да се пријавам? Пријавете се кај Огнен Гаревски на email: [email protected] или на тел: 02 3 244-038. Доколку имате прашања контактирајте ја Ирена Мојсовскa на email: [email protected] или на тел: 02 3 244-009 (од 10.30 до 13.30 ч). Пријавувањето може да се врши до пополнување на местата, а најдоцна 3 дена пред почетокот на обуката.

Локација: Стопанска Комора, ул Димитрије Чуповски бр. 13, кат 5, сала 1.

Работни материјали 1. Повици за поднесување на апликации, Promotion/ Dissemination

Projects, SAVE ALTENER, STEER and integrated Initiatives; Mobilizing Local energy Investments-Project Development Assistance-MLEI-MDA: BULID UP Skills –Qualification and Training Schemes

2. Критериуми за oценка на проектна апликaција – Образец 1

3. Апликација за поднесување проекти (Дел А,В,С и анекси)

4. Водич за електронско поднесување на проектна апликација

Дневен ред Време Содржина Прв ден, 28.02.2013 ( четврток) 09.30-10.00 Регистрација и прием со кафе 10.00-10.45 Добредојде и вовед

Aгенда 10.45-11.05 Преглед на темите на ЦИП подпрограмите ИЕЕ 2013

Пристап од расположивите програми кон потребите за развој на претпријатието

11.05-11.45 Преглед на одобрени проекти Brainstorming и Формирање на работни групи

според предметот на интерес и темите на повиците

11.45-12.00 Пауза за кафе 12.00-12.30 Модул 1 План за развој на проектна идеја 12.30-13.00 Чекор 1: Дефинирање на проблем, потреба или идеја

со краток теоретски инпут и директна примена во работни групи

13.00-13.30 Чекор 2: Цели – активности – резултати 13.30-14.00 Пауза за ручек 14.00-14.30 Чекор 3: Наоѓање на теми од објавените повици

ЦИП-ИЕЕ 2013 за подршка на проектната идеја предлози во рамките на ЦИП

14.30-15.00 Step 4: Барање на партнери, формирање на конзорциум

15.00-15.30 Чекор 5: Динамика и Методологија за изработка на проектна апликација

15.30-16.00 Чекор 6- Трошоци за пишување проектна апликација 16.00-16.30 Презентација на проектни идеи од работните групи Втор ден, 1.03.2013 ( Петок) 09.30-10.00 Регистрација и прием со кафе 10.00-10.10 Модул 2 План за пишување проектна апликација 10.10-10.40 Чекор 7 Пријавување за учество на повикот

Презентација на процедура за електорснко аплицирање (Постапка и Апликација со пропратна документација )

10.40-12.05 Чекор 8: Содржина на апликацијата ( дел А,В и С) Партнери и поддржувачи (инволирани институции во

проектот) Работна програма ( организација на проектот, опис

на работни пакети, резултати-испорачани документи), динамика на реалиизрање на проектот

Индикатори за мерење на успешноста

12.05-12.20 Пауза за кафе 12.20-13.20 Чекор 9. Буџет на проектот и кофинасирање 13.30-14.00 Пауза за ручек 14.00-14.10 Презентација на групната работа со симулација на

процедура за евалуација 14.10-14.20 Чекор 10: Електронско поднесување на апликацијата

14.20-14.30 Чекор 11. Процедура за евалуација на апликациите 14.30-14.50 Прашања и одговори 14.50-15.30 Feed-back од учесниците за потребата за дополнителна

консултантска поддршка за пишување на поретн апликација за ЦИП-ИЕЕ 2013

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 17

Page 18: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

Кои компании се задолжени да назначат управител со отпад? Согласно член 21 од Законот за управување со отпад компаниите кои во вршењето на својата дејност во текот на една календарска година создаваат повеќе од 200 килограми опасен отпад и/или повеќе од 150 тони неопасен отпад, должни се да назначат најмалку едно стручно оспособено лице - управител за отпад. Иако обуката за управител со отпад не е законска обврска за компаниите кои складираат, третираат или преработуваат отпад, може да биде корисна и за нив и за вистинско функционирање на целиот систем за управување со отпад.

Кои се задачите на управителот со отпад? • Да ја следи тековната состојба во управувањето со отпад и да се грижи за правилното постапување со отпад;• да води евиденција и да изготвува извештаи;• да ја спроведува годишната програма на својата компанија;• да го контролира видот и количеството на отпадот што се создава, преработува и отстранува и да презема мерки за намалување и отстранување на создадениот отпад;• да ги информира раководните органи на својата компанија за можното загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето што е резултат на производството, третманот, преработката и отстранувањето на отпадот и да предлага конкретни решенија.

Што треба да поседува управителот со отпад? • Потврда за стручна оспособеност и • Уверение за положен стручен испит за вршење на управување со отпад. Управителот со отпад треба да поседува Уверение за положен стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање. За да се стекне со Уверение, потребно е да положи стручен испит за вршење на работите за управување и/или постапување со отпад. Но, за да се пријави за полагање на стручен испит, кандидатот задолжително треба да посетува обука, на која се стекнува со Потврда за стручна оспособеност за управување и /или постапување со отпад.

Кој може да стане управител со отпад? Услов за полагање на стручниот испит е кандидатот да има високо образование со тригодишно работно искуство или вишо образование со петгодишно работно искуство во постапувањето со отпад и /или животната средина.

Што опфаќа наставата? Програмата за обуката за полагање на стручен испит за управување и/или постапување со отпад се реализира

во вкупно траење од 50 часа. Во рамките на обуката ќе бидат детално разработени Законот за управување со отпад, Законот за пакување и отпад од пакување, Законот за батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и сите правилници што произлегуваат од истите. Ќе биде опфатен и Законот за животна средина, посебно во делот на ИСКЗ дозволите. Сето ова ќе биде придружено со практични примери релевантни за кандидатите, а посебен акцент ќе биде ставен на пополнувањето на обрасците и изготвувањето на програмата.

Кој ја спроведува обуката? Стопанската комора на Македонија е овластено правно лице за спроведување на обуката. Обучувачи на семинарот ќе бидат докажани домашни експерти во областа на животната средина и особено во одржливото управување со отпад. Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават најдоцна до 4 февруари 2013 година. Времетраење на обуката: 9 работни средби, вкупно 50 часа.

Учесниците на обуката ќе добијат сеопфатен материјал за подготовка на стручниот испит и Потврда за учество во обуката за стручно оспособување за управување и/или постапување со отпад. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mcham-ber.mk Контакт:

М-р Анита Митревска Даниела Михајловскател: 02 32 44 057 тел: 02 32 44 021факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 [email protected] [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

18 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

„ЛИЦЕ ОДГОВОРНО ЗА УПРАВУВАЊЕ И/ИЛИ ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАД”

6 февруари – 3 април 2013 година, 10:00-15:00 часот, (6,13,20,27 февруари, 6,13,20,27 март и 3 април 2013 година)Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Page 19: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 19

Здружението на угостителството и туризмот и Enter-prise Europe Network при Стопанската комора на Македонија ве покануваат да учествувате на 2. Меѓународни бизнис-средби на компаниите од областа на туризмот, што ќе се одржат на 22 февруари 2013 година, во Белградскиот саем, во рамките на Меѓународниот саем за туризам од 21-24 февруари 2013 година. Целта на средбите е вмрежување и воспоставување бизнис-соработка меѓу претпријатијата од туристичката индустрија. Ова е единствена можност за воспоставување песплатни контакти и бизнис-релации со тур-опертори, туристички агенции, организатори, хотели, ресторани, хостели, ски-ресорти, спа-центри и други туристички работници од Регионот и од Европа. Бизнис-средбите ви обезбедуваат прилика за директни средби со потенцијални партнери, да најдете информации за новитетите и трендовите во туризмот, да го промовирате вашиот бизнис и да ги споделите искуствата. Меѓународните бизнис-средби се билатерални разговори меѓу учесниците, претставници на компаниите, до 20 минути овозможени за взаемно презентирање на посакуваната соработка. Директориумот со бизнис-профилите на сите учесници ќе биде достапен на сите заинтересирани страни. Главни целни групи: хотели, тур-оператори, туристички организации, туристички агенции, консултанти и ресторани.

Агенда:

8 февруари 2013 година - Регистрација и поднесување профил за соработка15 февруари 2013 година - Селекција за Б2Б состаноци22 февруари 2013 година - Билатерални средби

Интернет-страна за регистрација : http://www.b2match.eu/bitbe2013

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ќе учествува на повеќе настани што ќе се одржат во рамките на Белградскиот саем за туризам од 21-24 февруари 2013 година:• ќе учествува на заедничкиот штанд на стопанските комори

од Југоисточна Европа во текот на сите денови од саемската манифестација со проспектни материјали и презентации;• ќе учествува на Конференцијата за печат, што е закажана за 22.02.2013 година и • ќе учествува на Тркалезната маса со тема: ,,Југоисточниот регион - Европски чекор, со цел создавање заедничка програма и за настап на трет пазар и формирање на заеднички туристички производ.

Белградскиот саем за туризам е најголемата туристичка манифестација во Југоисточна Европа. Повеќе од 30 години ги исполнува светските стандарди на работењето, со излагачите гради партнерски односи, а со квалитетната понуда и големиот број настани, секоја година привлекува се` поголем број посетители.

Во рамките на Саемот за туризам, се одржуваат и Саемот за угостителска опрема и Меѓународниот саем за вино. Претходната година на Саемот за туризам со свои понуди се претставија 880 излагачи, а бројот на посетители надмина 58 илјади. Меѓународниот карактер на оваа манифестација го потврдија повеќе од 250 странски излагачи од 43 земји.

Контакт:

Лазо Ангелевски Софче ЈовановскаТел: (02) 3244090 Тел: (02) [email protected] [email protected]

Од 21 до 24 февруари 2013 година Меѓународен саем за туризам во Србија

БИЗНИС-СРЕДБИ ВО БЕЛГРАД

Page 20: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

20 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Стопанската комора на Македонија, на 26 февруари 2013 година, организира еднодневен семинар на тема: „Создавање облигации преку договори и можности за нивно завршување, со посебен осврт врз употребата на договорите од страна на трговските друштва”.

Програма:• Договорот- основен инструмент за влегување во правен промет;• Правни рамки во кои може да се движи слободата при склучувањето на договорите;• Видови договори што ги нуди законодавството и елементи на кои треба да се внимава, а

најчесто се греши при нивното склучување;• Посебен осврт врз договорите кои ги склучуваат правните лица и на фактурата како изворна

обврска;• Причини за завршување на создадените обврски и начини на раскинување на договорите;• Правни последици од раскинување на договорите;• Краток осврт врз Конвенцијата за меродавното право за договорните односи - правната

сигурност при склучувањето договори со странци. Цената за еден учесник изнесува 5.310 денари за 1 учесник (4500+ДДВ) за компании-членки и 7.080 денари за 1 учесник (6000+ДДВ) за компании кои не се членки на Комората. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Елизабета Ефтимова Анита Митревскател: 02 32 44 074 тел: 02 32 44 057факс: 02 32 44 088 факс: 02 32 44 088e-mail: [email protected] [email protected]

Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешна ревизија, или само стандардите, се дел од Меѓународната рамка на професионална пракса (The IPPF). Овие стандарди ја поставуваат основата по којашто работат внатрешните ревизори низ целиот свет и секој внатрешен ревизор треба да ги знае. Но, едноставно да се познаваат стандардите, навистина и не е доволно – ние треба да знаеме да ги интерпретираме во ситуации од вистинскиот свет. Тоа е и целта на оваа обука. Покрај тоа, законските одредби бараат внатрешните ревизори да работат во согласност со меѓународните стандарди за внатрешна ревизија – дали ги исполнувате тие одредби? Програма: -Меѓународна рамка за професионална практика на внатрешна ревизија (The International Professional Practice Framework - the IPPF); - атрибутивни стандарди; - стандарди на спроведување; - останати насоки во рамките на IPPF;

- вежби, прашања и одговори; - се` што сакате да знаете за внатрешната ревизија, а не сте имале каде да прашате. Семинарот е наменет за сите организации кои имаат служба за внатрешна ревизија. Сите учесници на семинарот ќе добијат соодветен работен материјал, и сертификат за учество. Пријавување најдоцна до 26 февруари 2013 година. Пријавниот лист и Агендата може да се превземат од веб порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт:

М-р Анита Митревска М-р Ленче Зикова тел: 02 32 44 057 тел: 02 32 44 054 [email protected] [email protected]

Семинар (26 февруари 2013 година, 9:30-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат)

„СОЗДАВАЊЕ ОБЛИГАЦИИ ПРЕКУ ДОГОВОРИ И МОЖНОСТИ ЗА НИВНО ЗАВРШУВАЊЕ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВРЗ УПОТРЕБАТА НА

ДОГОВОРИТЕ ОД СТРАНА НА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА”

Семинар (28 февруари 2013 година, од 10:00-16:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат)

„МЕЃУНАРОДНИТЕ СТАНДАРДИ ЗА ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА И ТОЛКУВАЊЕ НА НАЈНОВИТЕ ПРОМЕНИ НА СТАНДАРДИТЕ“

Page 21: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 21

Здружението на информатичко-комуникациските технологии и Enter-prise Europe Network при Стопанската комора на Македонија организираат посета и учество на бизнис-средбите CeBIT - Натпревар на иднината 2013 во Хановер СР. Германија CeBIT е најголемиот светски компјутерски саем во Хановер, а оваа година е 15-то издание на една од најголемите и најуспешните меѓународни брокерски настани во Enterprise Europe Network. Од 1999 година на Натпреварот на иднината е овозможено излагачи и посетители на Саемот да најдат партнери за соработка, на пример, за развој на производи, истражување и развој, заеднички вложувања, производство, маркетинг и / или договори за лиценци. Над 390 компании и истражувачки организации од 39 земји учествуваа на Натпреварот на иднината во 2012 година и реализираа над 1.500 билатерални средби. За подетални информации и пријавување, посетете ја веб-страната: http://www.b2match.eu/future-match. Партиципацијата за Саемот е 110,00 евра и вклучува слободен влез за сите дена на Саемот, за 2 лица. Краен рок за регистрација е 18 февруари 2013 година.

Зошто да учествувате? • За да ги добиете последните информации за ИКТ-трендовите и иновациите; • за да ги промовирате вашите производи, технилогии и знаења; • за да најдете комерцијални и технолошки партнери; • за да разговарате за нови проектни идеи.

Во рамките на класичниот брокерски настан има широк спектар на дополнителни услуги, како тури и советодавни услуги за финансирање и интелектуална сопственост, кои ќе Ви бидат понудени во рамките на манифестацијата. Ново: клиентите од други сектори, кои бараат ИТ-прилагодени решенија или партнери за меѓусекторски проекти, можат да се регистрираат бесплатно по електронски пат и да испратат свои барања. Затоа, ИТ-експерти ќе презентираат соодветни технологии и производи. Индустриски сектори: ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА.

Контакт:Лазо Ангелевски Софче Јовановска тел. (02) 3244-090 тел. (02) [email protected] [email protected]

Од 1 до 4 саем во Италија

“OLIO CAPITALE “ ВО ТРСТ

Од 5 до 9 март Бизнис-средби CeBIT во Германија

НАТПРЕВАР НА ИДНИНАТА 2013

Седмиот по ред саем “Olio Capitale - екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет “ ќе се одржи во период од 1 до 4 март во Трст, Италија. Изложбата за промоција на екстра девственото маслиново масло со врвен квалитет е организирана од страна АРИЕС ТРИЕСТЕ Стопанската комора, и на истата ќе бидат присутни повеќе од 200 производители. На манифестацијата освен изложбен дел, ќе бидат организирани и сесии за дегустација, програми за купувачите, курсеви за готвење базирани на маслиново масло, семинари и ток-шоуа.

Kонтакт: Васко Ристовски, тел: ++ 389 2 3244 014, факс: ++ 389 2 3244 088, [email protected]

Page 22: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

22 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Во периодот од 13 до 15 март 2013 година, во Истанбул, Република Турција, ќе се одржат 14. Меѓународен саем за прозорци, профили, технологија за производство и машини, опрема, суровини и помошни средства - ISTANBUL WINDOW 2013, 5. Меѓународен саем за врати, блиндирани врати, панел, системи и помошни средства за врати - DOOREXPO ISTANBUL 2013 и Саемот за производи од стакло, технологија и машини за стакло, помошни производи и хемикалии - GLASSEXPO ISTANBUL 2013. Станува збор за поголемите специјализирани меѓународни саемски манифестации од ваков тип, на коишто ќе учествуваат голем број реномирани странски и турски компании.

Во делот на прозорци: - алумински профили, дрвени профили, механизми за прозорци, ПВЦ-механизми за прозорци, механизми за алумински и дрвени прозорци, рачки и шарки за прозорци, безбедносни системи, брави; - пневматски системи, хидраулични, електро и рачни алати, ролетни, вентилација за прозорци, безбедносни системи, завртки, фасадни системи, ПВЦ-стакло, изолација за топлина, звук, пожар; - машини за преработка на алуминиумски прозорци, механизам за алуминиумски прозорци и др.

Во делот на врати: - ПВЦ-врати, челични, стаклени, дрвени, гаражни, вртечки, панел-врати, врати од ковано железо, индустриски врати, секциски врати, надворешни и внатрешни врати за куќи, безбедносни врати, врати отпорни на оган, врати за болници, изолациони врати, лизгачки врати, врати за возила; - рачки, рамки, шарки за врати, клучни системи за врати, автоматски врати, технологија за преработка на врати, електронски системи за врати, врати за градина, аларм за врати, блиндирани врати и др.

Во делот на стакло: - производи од стакло, рамно стакло, повеќеслојно, калено, изолационо стакло, стакло за автомобили, стакло за мебел, стакло отпорно на оган, витраж, матирано и заштитно стакло, лабораториско стакло, кристал, рачно изработено стакло, оптичко стакло, непробојно стакло, огледало, конкавно стакло; - машини за миење стакло, машини за сечење, машини за келење, машини за заварување и полирање на стакло; - изолационен материјал, пескарење, дихтунзи, завртки, резервни делови; - лепливи производи, хемикалии за чистење стакло, молекуларни сита, стаклени бои, течно стакло и др.

Стопанската комора на Македонија, во соработка со овластениот застапник на саемскиот организатор „Адонис Груп“, организира посета на македонски компании на саемската манифестација од 13 до 15 март 2013 година, со автобуски превоз и алтернативно во сопствена режија.

Обезбедени се: бесплатно сместување, две ноќевања со појадок (во реномиран хотел) Check In од 12:00 до 14:00 ч.; локален трансфер (трансфер од aeрoдpoм до хотел) и бесплатни влезници за Саемот. Посетителот ги покрива патните и административните трошоци кон саемскиот организатор „Адонис“ од 125 евра со автобуски превоз (доколку е со сопствен превоз - 45 евра), како и организационите трошоци кон Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија и „Адонис Груп“ ги поканува сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 25.02.2013 година.

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064Моб 070/295-439Факс:++ 389 2 [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Од 13 до 15 март 2013 година Ве водиме во Република Турција на три саемски манифестации WINDOW, DOOREXPO И GLASSEXPO ISTANBUL 2013

Page 23: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 23

Можност за излагање и презентација на македонски производи на бесплатни штандови преку Стопанската комора на Македонија

Стопанската комора на Македонија во соработка со Сојузот на готвачи од Медитеранот и европските региони, организираат посета и учество на 8. Меѓународен гастрономски натпревар „Бисер на морето“, што ќе се одржи од 20 до 24 март 2013 година, во хотелот „Кактус“ во Супетар, на островот Брач во Република Хрватска. „Бисер на морето“ претставува една од најзначајните гастрономски манифестации на Медитеранот. Во пет дена ќе се одржат: меѓународното натпреварување на професионални готвачи и ученици-готвачи од високо образовните школи, средните угостителски училишта, хотели и ресторани, гастро-изложба на најдобрите хрватски ресторани, изложба на хрватските и странски производители на храна, работилници и предавања за гастрономијата. Во Супетар на едно место ќе се соберат готвачи од целиот свет. Минатата година, покрај готвачите од Хрватска, Србија, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Италија и Албанија, Швајцарија, Словенија, Турција и Бугарија, учествуваа и мајсторите за готвење од земјава, кои покажаа и забележителни вештини во подготвувањето рецепти од македонското поднебје. Стопанската комора на Македонија и годинава организира посета на оваа манифестација за сите заинтересирани готвачи-натпреварувачи, ученици-готвачи и македонските компании кои би ги презентирале своите производи на заеднички бесплатен штанд, обезбеден од Комората, за компаниите-членки. Учеството на македонските претставници е одлична можност за презентирање на македонската кујна, но истовремено и за претставување на производите на познати македонски компании на хрватскиот пазар. За сите натпреварувачи кои ќе се натпреваруваат во трите категории (предјадење, главно јадење и десерт) учениците, студентите, менторите и членот на жири-комисијата е обезбедено: - бесплатно сместување - 5 ноќи, so два оброка на ден во хотелот.

Трошокот за организиран автобуски превоз е на товар на учесниците на настанот. Сите заинтересирани лица кои сакаат да земат учество на оваа гастрономска манифестација како натпреварувачи, излагачи на обезбедените беспалтни штандови, или како посетители, своето учество треба да го пријават во Стопанската комора на Македонија, најдоцна до 11.02.2013 година. Повеќе информации, Пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk

Контакт: Наташа Стојаноска Венера Андриевскател: 3244064;факс 3244088 тел: 3244037; факс:3244088моб.: 070/295-439 моб.070/[email protected] [email protected]

Од 20 до 24 март 2013 година Меѓународeн гастрономски натпревар во Република Хрватска

„БИСЕР НА МОРЕТО“ ВО СУПЕТАР, НА ОСТРОВОТ БРАЧ

Page 24: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

24 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Гигантски машини, на 555.000 метри ² изложбен простор, со 3.256 изложувачи и 420.170 посетители, БАУМА 2013 е најголем и можеби најимпресивен саем во светот. Сепак, неоспорен е фактот дека е водечки меѓу националните саеми и истовремено највлијателен магнет за посетители со неговата сеопфатна понуда. Се одликува со сите сектори, присуство на сите лидери на пазарот од овие области и многу иновации. БАУМА 2013 е водечки меѓународен саем со апсолутно широк спектар на експонати. Секој поединечен производ во група е претставен и јасно структуриран во четири тематски ориентирани сектори кои служат како основа на БАУМА 2013.

Се` за градилиштата:• рударството, екстракција и обработка на суровини;• производство на градежни материјали;• компонента и давателите на услуги;• градежни возила, камиони;• градежни возила, камиони и трактори;• камиони со полуприколка; • камион вагони со посебно тело за чистачи на патот; • товарни возила со приколки за прикачувања;• градежни машини;• апарати и транспортери;• градежна опрема, алатки и специјални системи.

Рударството, екстракција и обработка на суровини:• ракување и обработка на бетон и малтер на градилиштата;• мапи на инсталации;• машини за екстракција на суровини и рударство;• ракување со суровини; • минерални суровини.

Производство на цемент, вар, гипс и соединенија за градежни материјали:• производство на готов бетон, бетонски производи и фабрикувани компоненти;• производство на асфалт;• производство на сув малтер, гипс;• производство на гипс и гипсени плочи;• градежен материјал, ракување и пакување.

Давателите на услуги:• пренос, инженеринг, технологија и производство на електрична енергија;• менувач за тркала;• оски;• управувачки механизми;• спојки;• сопирачки;• пневматски диск и контрола на процесен инженеринг;• производство на електрична енергија, мобилни и стационирани единици;• фреквенција и струјни трансформатори;

• батерии;• електрична опрема за возила;• дистрибуција на електрична енергија, елементи и осветлување;• опрема и додатоци;• додатоци и делови;• услуги;• тест, мерење и контрола на процесот инженеринг;• комуникација и навигација;• безбедност при работа. Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 1.03.2013 година. Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација може да се најдат на следниов веб-портал:http://www.bauma.de/en/vier_bereiche_der_bauma_1/vier_bereiche_2.phpКонтакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 15 до 21 април 2013 година посета во СР Германија на Меѓународен саем за машини за изградба, градежен материјал, рударски машини, градежни возила и градежна опрема

„БАУМА 2013“ ВО МИНХЕН

Page 25: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 25

Успехот на Hannover Messe 2012 потврдува уште еднаш дека најважната светскa технологија е моќен двигател на инвестициите во новите развои и автоматиката. Глобалните мега трендови како што се намалените ресурси, одржливоста, мобилноста и урбанизацијата ја принудуваат индустријата да ги прифати брзите промени и да инвестира во иднината. Со својот јасен фокус на јадрото на технологиите и услугите кои им овозможуваат на индустриското производство, иновациите и ефикасноста, Саемот во Хановер е ценет од страна на компаниите и организациите низ целиот свет, како премиер во светот за тоа што знаат и укажуваат индустриските технологии. Во 2013 година 11. Саем ќе се фокусира на последните случувања во секој од понудените сектори, пред се` на индустриската автоматизација - изградба на системи за автоматизација и решенија. Индустриска автоматизација им нуди на своите посетители и излагачи моќна синергија со сите клучни индустрии. Во центарот на вниманието ќе биде интегрираната автоматизација на процесите со теми, како: Вградени системи и Smart производство. Пораката е дека интелигентните системи за производство, процесите и реализацијата и координацијата на мрежни, географски дистрибуирани се од витално значење за правење „Интегрирана индустрија”.

Тематските презентации на Индустриска автоматизација се следни: • индустриски ИТ; • индустриска безбедност и заштита на производи; • безжична автоматика & M2M; • идентификација, барање и следење; • роботика, автоматика & визија; • MicroTechnology - паметни системи за автоматизација; • мобилни роботи и автономни системи; • интегрирани решенија; • АМА - центар за сензор, мерење и тестирање технологии.

МЛД – Движење, возење & автоматика или моќ на трансмисија и контролa ќе ги изложи електричните и механичките преноси на електрична енергија и контрола на технологии од целиот свет, како и најновитете иновации во хидрауликата и пневматиката. Клучните категории на производи за моќ на трансмисија и контрола вклучуваат валчести лежишта, опрема, тркала, пумпи, мотори, менувачи, возни компоненти на системот, спојки и сопирачки системи.

Енергија - Саем за обновлива и конвенционална енергија, напојување, пренос, дистрибуција и складирањe. Манифестацијата документира целосна вредност додавајќи синџир во енергетскиот сектор - од генерација, снабдување, пренос и дистрибуција, трансформација и складирање на електрична енергија. Нуди енергетски микс за иднината што е ефикасен, одржлив, безбеден и најекономичен. Ќе имате можност да ги видите најновите достигнувања од обаста на: трансферна енергија, децентрализирана енергија – договорна, паметни мрежи, геотермална енергија, централен инженеринг, водород + гориво, системи за супер спроведување на енергија во градот.

Ветер - Саем за ветер, технологија, компоненти и услуги.Силата на ветерот е една од најбрзо растечките сегменти на енергетската индустрија. Cаемoт за ветер претставува комплетен спектар на растителни, компоненти и услуги за индустриски апликации. Изложбата ја прикажува од секој аспект енергијата на ветерот – почнувајќи од процесот од фабриката за дистрибутивни мрежи, од напојување и други концепти. Во оваа област излагачи се производители, добавувачи на делови и услуги, подизведувачи, инженери и финансиери на проекти, специјалисти и др.

MobiliTec - Саем за хибридни и електрични Powertrain Technolo-gies, мобилно складирање на енергија и алтернативни решенија за мобилност.Овој водечки саем цврсто е етаблиран како бр. 1 бизнис-платформа за хибридни и електрични мобилни технологии. Ова е местото каде што клучните договори се потпишани, проектите започнати и заедничките вложувања понатаму се развиваат. MobiliTec ќе има специјални презентации: Е-МОТИВ

- ќе ги покаже иновативните производи за возила на електриен погон. Mo-biliTec – тест-патека - хибридни возила ќе бидат демонстрирани за нивната практична корист. MobiliTec Форум - На корисниците ќе им понуди искуства од експерти од индустријата, политиката и науката кои ќе разговараат за технолошки предизвици и можности за бизнис на електромобилноста.

Дигитална фабрика - Саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија - Централната ИКТ-платформа во Хановер наоѓа прикази на индустриска автоматизација и технологија. Во срцето на водечкиот трговски саем за интегрирани процеси и ИТ-решенија фокусот ќе биде на процесот на интеграција и интердисциплинарен развој на производот, на решенија за КПУ, менаџмент за животниот цилкус на производот (PLM), реализација на производство (МОН) и ресурси за глобално планирање (ERP) и др.

ComVac - Саем за компримиран воздух и вакуум-технологија.Купувачи од целиот свет се во потрага по енергетски ефикасни и одржливи решенија за компримиран воздух и вакуум-технологија. И тоа е токму она што ќе се најде во ComVac. Сите области на интерес се покриени на овој меѓународен водечки саем - од генерација и третман на компримиран воздух за негова дистрибуција и употреба во машини и системи.

Индустриска набавка - Саем за склучување индустриски договори. Тука може да се видат иновативни производи и решенија за секоја фаза од индустрискиот синџирот на снабдување, лесни градежни решенија, површински и серија за тематски паркови, вклучувајќи SystemPartner, цврсто формирање, gegossene Technik, затворени системи, инженерство на керамика и сл.

SurfaceTechnology - Саем за површинска технологија, што е идеална платформа за апликации и ориентирани решенија, презентација на иновативни производи и технологии за сликарство, галванизација и др.

Industrial Green Tec – богат Саем за еколошка технологија.По успешното лансирање во 2012 година, Саемот за еколошка технологија и понатаму се проширува со техники за заштита на воздухот и водата и индустријата за рециклирање. Привлекува голем интерес кај посетителите и медиумите. Зелените технологии, развиени од страна на индустријата, ќе го формираат јадрото на изложбата во 2013 година.

Истражување и технологија - Саем за R & D и трансфер на технологија.Тоа е водечки саем за истражување, развој и трансфер на технологии и врвни индустриски иновации. Акцентот е на трансфер на технологија меѓу научната заедница и светот на бизнисот. Тоа е совршен пример за иновации. Носители на одлуки од сите делови на индустријата доаѓаат тука во потрага по нови идеи во иднина.

Обезбедени се:- бесплатни влезници за Саемот; - бесплатен локален транспорт во Хановер. Посетителот ги покрива патните и трошоците за сместување, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари за членки по лице, а 5.900 денари за нечленки на Комората по лице). Пријавување до 01.03.2013 година.

Повеќе информации за оваа позната богата саемска манифестација можете да видите на следниов веб сајт http://www.hannovermesse.de/home Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

Од 8 до 14 април 2013 година ве носиме на исклучително позната саемска манифестација во Германија по повластени услови

ПОСЕТА НА HANOVER MESSE

Page 26: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

Јадранскиот саем се наоѓа во Будва, туристички и бизнис-центар на Црна Гора. Неговата позиција, во близина на најпознатата плажа на црногорскиот брег, во срцето на градот, нуди единствена опција за бизнис и трговски активности. За своите 40 години постоење, Јадранскиот саем стана поим за најуспешните бизнисмени и колективно претставување на најновите достигнувања во вселената, иновациите, креативноста и важни бизнис-контакти. Јадранскиот саем има околу 22.000 м2 земјиште на најатрактивна локација во Будва, на Словенска плажа. Користи 11.000 м2 изложбен простор. Располага со затворен изложбен простор од 3000 м2. За настаните кои бараат поголем простор, во можност се за поставување на дополнителен капацитет од 8000 м2 изложбен простор од затворен тип кој особено е наменет за туристички саеми, машини и опрема, мебел и градежништво. Стопанската комора на Македонија ве поканува на организирана бизнис-посета на најважниот настан во областа на прехранбената индустрија во Будва, Црна Гора. Меѓународното и регионалното значење на овој традиционален саем го потврдува и присуството на голем број компании-излагачи и посетители во и од регионот. На Саемот за храна, што се одвива под знакот на UFI, ќе учествуваат излагачи од областа на:

• прехранбената индустрија; • земјоделството; • медитерански култури; • органска храна; • вино и грозје; • слатки; • пакување и контејнери; • кафе; • преработка на риба; • производители на индустриска и минерална вода; • увозници и дистрибутери на земјоделска опрема.

Водечки настан во областа на агробизнисот во Црна Гора, познат по своите промотивни и комерцијални резултати на учесниците, овој пат со активно учество на туризмот, нуди атрактивна бизнис-средина за маркетинг на производи и услуги, ланци на дистрибуција, опрема за обработка и професионално готвење, опрема за продавници и магацини и др. На истото место и во ист временски период, паралелно со 39. Саем за храна, се одржуваат и 22. Саем за туризам и 19. Саем за екологија, на кој начин се поврзуваат туристичката и прехранбената индустрија и екологијата во уникатен, конкурентен и одржлив настан со производи и услуги со високи стандарди за квалитет. Квалитетот на настанот ќе придонесе различни тематски настани, во соработка со професионалните здруженија и професионалци, да ги задоволат вашите промотивни потреби и тековните економски трендови. 22. Саем за туризам - METUBES е најважниот настан во областа на промоција и продажба на туристичките капацитети во Црна Гора. Таа ги обединува заедно најважните носители на туризмот

на едно место и сеопфатно ја прикажува вкупната моментална понуда за претстојната туристичка сезона. Нејзиното оправдано одржување е фактот дека се одржува секоја година повеќе од две децении и бележи успешна традиција, поддржувајќи ја потребата понудата и

побарувачката во туристичкиот пазар да се сретнат во реалниот простор и амбиент на услугата. Заеднички проекти во туризмот и поврзување на регионот како туристичка дестинација, како и директни изложувачи на METUBES се водечки компании, агенции, националните туристички организации и здруженија во регионот. 19. Саем за екологија го опфаќа современиот концепт на конзервација и заштита на животната средина и на природните ресурси кои се` повеќе се зголемуваат во сите области на животот. Саемот е во насока на излагачи кои создаваат производи и услуги од областа на заштитата на животната средина, со посебен акцент на бизниси кои се занимаваат со: • управување со отпад; • обновливи извори на енергија; • рециклирање; • производител на здрава органска храна.

Саемот за екологија е добра можност домашните учесници да се запознаат со современите и ефикасни стандарди за зачувување и заштита на животната средина. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучува повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 4 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 139 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 25.3.2013 година. Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

26 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 11 до 14 март 2013 година во Република Црна Гора се одржуваат три саемски

манифестации

ХРАНА, ТУРИЗАМ И ЕКОЛОГИЈА ВО БУДВА

Page 27: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното

ХОРЕКА - Меѓународна изложба за опрема за хотели, ресторани, кафетерии и трговски објекти

ФУДТЕКС - Меѓународна изложба за храна и пијалаци, пакување, машини и технологии

На изложбената програма на Меѓународниот саем во Пловдив, Република Бугарија, вклучени се многу саеми од различни дејности, со специјализирани изложби, коишто ги опфаќаат клучните сектори на бугарската економија. Тука се одржуваат најзначајните трговски форуми во земјата, на кои бугарските производители излегуваат на меѓународниот пазар. Саемите и специјализираните саеми ги дефинираат параметрите на развојот на бугарската економија и интересот на странските бизниси во земјата и во регионот. Вкупната изложбена површина изнесува 159.100 метри2, од кои 64.500 метри2 покриен простор. Саемот има современ Меѓународен конгресен центар, со 5 модерно опремени сали, од 20 до 600 места. На располагање се и други 10 сали во одделни комори, со 2 до 100 места.

ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното. Бугарија е меѓу земјите со долгогодишна традиција во областа на винарството. Таа е почитувана во светската елита на овој софистициран бизнис, а ВИНАРИЈА е една од неговите najрепрезентативни изложби. Низ неа поминува патот на успехот на стотици производители и трговци. Изложбата собира компании-лидери од главните индустриии поврзани со одгледување на лозја и производство на вино и алкохолни пијалаци. Таа е центар за размена на информации, иновации и технологии преку мноштвото настани - конференции, семинари, презентации, дегустации и средби, вклучени во деловната програма.

ХОРЕКА нуди: се` за хотелите, рестораните, баровите и трговските објекти - од инструменти, додатоци и целосен асортиман и техника, до опремување и безбедност; профитабилни идеи за проширување на производството и трговијата, средби со професионална публика, со што се обезбедуваат директен маркетинг и клиенти: • опрема за хотели, ресторани и барови; инструменти и садови; • опрема за дуќани и магацини; • мебел за хотели и ресторани; • апарати и опрема за вентилација, ладење и климатизација; • професионална опрема за чистење; • системи за безбедност и пропратни услуги за нив.

ФУДТЕКС е една од најрепрезентативните бугарски саемски изложби на прехранбената индустрија, која ги собира компаниите-лидери во областа на: • здравата исхрана;

• нови стандарди за квалитет на храната, со уникатен вкус на регионалните кујни; • машини и технологии; • инвестиции за усовршување на производството; • најбезбедни и атрактивни амбалажи.

На саемската манифестација ќе учествуваат: • Здружението на месопреработувачи во Бугарија; • Асоцијацијата на млекопреработувачи во Бугарија; • Унијата на преработувачите на овошје и зеленчук во Бугарија; • Федерацијата на производители на леб и бели печива и слаткари во Бугарија; • Здружението на производители на безалкохолни пијалаци во Бугарија; • Бугарската асоцијација Биопродукти /БАБ/; • Бугарската асоцијација на професионални готвачи и др.

Стопанската комора на Македонија во соработка со Саемот во Пловдив, организираат посета и учество на ВИНАРИЈА - Меѓународна изложба за лозарство и винарство - Фестивал на виното, ХОРЕКА - Меѓународна изложба за опрема за хотели, ресторани, кафетерии и трговски објекти, ФУДТЕКС - Меѓународна изложба за храна и пијалаци, пакување, машини и технологии. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучива повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 3 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 124 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората).

Пријавување до 20.3.2013 година.

Подетални информации, пријавниот лист на Комората, пријавите за учество за натпревар, упатството и правилата за натреварување може да се преземат од веб-порталот на Стопанската комора на Македонија: www.mchamber.mk .

Контакт: Наташа Димеска Стојаноска Тел: ++ 389 2 3244064 Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Call Центар : (02) 15015 E-адреса: [email protected]

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 27

Од 3 до 6 април 2013 година три саемски манифестации во Република Бугарија

“ХРАНА”, „ВИНАРИЈА“, „ХОРЕКА“ И „ФУДТЕКС“ ВО ПЛОВДИВ

Page 28: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСАЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

28 четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123

Стопанската комора на Македонија во соработка со Академијата за банкарство и финансии од Република Србија. Учесниците на овој семинар наменет за банкарскиот сектор, ќе научат да го препознаат ризикот на претпријатието/кредитобарателот. Ќе научат да го оценат ризикот од финансирање на конретното барање, да го оценат квалитетот на конкретниот проект/барање, односно битните елементи кои упатуваат на квалитетот на претпријатието. Исто така, ќе научат како да подготват и да изработат кредитна апликација. Ќе научат како да се процени квалитетот на проценетите средства обезбедени по кредитното барање.

Предавач: Биљана Рутиќ, дипломирала на Економскиот факултет во Белград, отсек надворешна трговија, магисрирала Деловна економија на Универзитетот „Сингидунум“. Работен јазик на семинарот е српски јазик. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот.

Пријавување до 11 март 2013 година.

Контакт:

М-р Ленче Зикова тел: 02 32 44 057 факс: 02 32 44 088 e-mail:[email protected]

Елизабета Ефтимова тел: 02 32 44 074факс: 02 32 44 088 e-mail: [email protected]

Советување

„АНАЛИЗА НА КРЕДИТНИ БАРАЊА НА МАЛИТЕ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА”

21-22 март 2013 година 9:00-16:30 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Јадранскиот саем се наоѓа во Будва, туристички и бизнис-центар на Црна Гора. Нејзината позиција, во близина на најпознатата плажа на црногорското крајбрежје, во срцето на градот, нуди единствена опција за бизнис и трговски активности. За своите 40 години постоење, Јадранскиот саем стана синоним за најуспешните бизнисмени и колективно претставување на најновите достигнувања во вселената, иновации, креативност и важни бизнис-контакти. Јадранскиот саем има околу 22.000 м2 земјиште на најатрактивна локација во Будва, со 11.000 м2 изложбен простор. Располага со затворен изложбен простор од 3000 м2. За настаните кои бараат поголем простор, имаат можност за поставување на дополнителен капацитет од 8000 м2 изложбен простор од затворен тип, кој особено е наменет за туристички саеми, мебел и градежништвото. Стопанската комора на Македонија ве поканува на организирана бизнис-посета на најважниот настан во областа на производството и прометот на мебел во Будва, Црна Гора. Меѓународното и регионалното значење на овој традиционален саем го потврдува и присуството на голем број компании и како излагачи и како посетители. Големата посетеност на овој саем е како резултат на бројот на излагачи, кој секоја година се зголемува во директната продажба и промотивните акции на самиот настан, кои резултираат со подобрување на позицијата на пазарот и признание од голем број посетители, идни потенцијални клиенти и бизнис-партнери. Саемот се одржува во период на интензивни инвестиции во простор, внатрешна декорација, опремување на угостителски и сместувачки капацитети, како и во подготовка на туристичката сезона,

која им овозможува на изложувачите да се сретнат со значително голем број заинтересирани купувачи, инвеститори, бизнис-партнери, а со промоциите обезбедува добри деловни резултати, задоволување на потребите, размена на искуства и др. Посетителот ги покрива патните трошоци и трошоците за сместување во износ од 99 евра (вклучува повратен автобуски превоз Скопје – Будва - Скопје, сместување во хотел со 4 звезди, на база 2 ноќевања со појадок за двокреветна соба, еднокреветна е 139 евра), доколку се користи сопствен превоз цената се намалува за 25 евра, како и административните трошоци кон организаторот - Комората (2.950 денари по лице за членки, а 5.900 денари по лице за нечленки на Комората). Стопанската комора на Македонија ги покануваат сите заинтересирани македонски компании да се пријават за посета на саемската манифестација најдоцна до 15.3.2013 година.

Контакт:

Наташа Димеска Стојаноска Ванчо СпасевскиТел: ++ 389 2 3244064 Тел: ++ 389 2 3244095Моб. 070/295-439 Факс:++ 389 2 3244088 Факс:++ 389 2 3244088 [email protected]

Од 27 до 31 март 2013 година, во Будва, Република Црна Гора

САЕМ ЗА МЕБЕЛ, ДОМАЌИНСТВО, КАНЦЕЛАРИИ

Page 29: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОчетврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 29

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија ги повикува домашните компании

МОЖНОСТ ЗА ПЛАСМАН НА СТОКА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА PAN AM 2015 ИГРИТЕ

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија (АСИПИРМ) соопштува дека преку економскиот промотер во Канада и е доставена информација за одржување на Pan Am 2015 игрите, каде што македонските компании можат да се пријавуваат за набавка на стоки и услиги потребни за самото одржување на игрите во Торонто. Оние производи и услуги за кои ќе бидат потребни поголеми количини ќе се распишат меѓународни тендери за набавки. Сите заинтересирани компании членки кои би сакале да добавуваат свои производи или услуги за организаторите на овој настан можат да најдат подетални информации на следниов линк http://www.toronto2015.org/lang/en/gallery/news/buying-the-games-goods-and-services.html, или може да се обратат директно до економскиот промотер за Канада, Ирена Ѓоргиевска [email protected]

ПОВИК

Page 30: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФО

Компанија од Србија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на чаеви,мешавини од чаеви разни видови на фитопрепарати билни капки, сирупи,гелови,креми и масти,капсули и козметички препаратиВалидност дo: 30.06.2013 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира во Република Mакедонија добиточна храна , фармацевски ветеринарни дезинфекциони средства на опремата за фармиВалидност дo: 30.06.2013 година

Компанија од Германија бара соработка со компании од Република Македонија во областа на производство и снабдување на мотори за влезни и гаражни врати,како и производство на заштитни мрежи за мотори во машинската индустријаВалидност дo: 31.04.2013 година

Компанија од Хрватска заинтересирана е да соработува со производители на пластеничко производство во Република Македонија за пласман на пластеници со сите надворешни елементи, Ув стабилна тригодишна фолија и упатство за монтажа со различни димензии Т4,Т5 и Т6Валидност дo: 30.04.2013 година

Компанија од Турција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на разни машини за работа при изградба на патиштаВалидност дo: 31.05.2013 годинаКомпанија од Хрватска бара дистрибутер во Република

Македонија за пласман на ПВЦ прозори и врати и ролетниВалидност дo: 01.05.2013 година

Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на кујнски лавабоаВалидност дo: 04.05.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер за пласман на системи за печатење на етикети и бар кодови во Република МакедонијаВалидност дo: 04.05.2013 година

Компанија од Белорусија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на технолошка опрема наменета за секторот хотели,ресторани и угостителствоВалидност дo: 04.05.2013 година

Цементарница УСЈЕ АД Скопје Групација ТИТАН бара да вработи Внатрешен ревизор, избраниот кандидат ќe одговара директно на Одборот на директори на Компанијата, како и на Директорот за ревизија на Групацијата ТИТАН и ќе ги има следните одговорности:Потребни квалифакации:Дипломиран економист, VСС VII/1 степен

-Минимум 3 години работно искуство како Внатрешен ревизор (писмен доказ)•Одлично пoznavawe на англиски јазик•Работа со MS Office•Подготвеност за патување Кандидатите треба да ја приложат следнава документација 1. Мотивациско писмо за плицирање на огласот на англиски јазик2. Биографија на англиски јазик (CV)3. Доказ за завршено обазование4. Дополнителни дипломи и сертификатипо пoшта нa следната адреса: Цементарница Усје АД-Скопјеул.Првомајска 94, 1000 Скопје,Служба за човечки ресурси и кадровски работили на е-маил: [email protected]Рок за доставување: 19.02.2013 година

Сите апликации се сметаат за строго доверливи. За повеќе информации посетете ја веб страница www.usje.com.mkВалидност дo: 04.03.2013 година

Компанија од Хрватска бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пластични производи наменети за домаќинство, градежништво и санитарен програмВалидност дo: 4.05.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер за пласман на врати и прозори во Република МакедонијаВалидност дo:05.06.2013 година

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 12330

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

Page 31: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА

четврток, 14 февруари 2013, Бр. 123 31

МакедонијаВалидност дo:05.06.2013 година

Компанија од Србија заинтересирана е да пласира зелено кафе во Република Македонија бара увознициВалидност дo: 05.04.2013 година

Компанија од Србија нуди соработка во областа на продажба и вградување на градежни материјали и производи на територија на Белград со можност на отварање на: -претставништво - застапништво - дистрибуција и продажбаВалидност дo: 06.07.2013 година

Компанија од Бугарија бара

дистрибутер во Република Македонија за пласман на производство на екстериорни и интериорни бои и мазива, хастарни мазила,лепила,мазива за подови,внатрешни декоративни мазива, топли и хидроизолациони системи

Валидност дo: 06.04.2013 година

Реномирана компанија од Р.Македонија продава комплет фабрика со автоматска линија за производство на чист природен течен јаглен двеоксид, квалитет наменет и за производство на Coca-Cola, Pepsi Cola, со капацитет од cca 1.000 kg / h готов производ, со машина за полнење на течен јаглен двеоксид во боци од 2,5 – 50 литри, со две статични цистерни и една најмодерна цистерна

за превоз на течниот гас до купувачите, со два извора ( бунари ) на вода и со сопствена концесија за земјиштето. Цена по договор.Локацијата на објектот е во околината на Битола, до границата со Грција.Валидност дo: 5.10.2013 година

Компанија од Хрватска www.lifepreserve.com.hr сопственик на Мастер франшиза на

италианската компанија ODON-TOIATRICA од Торино www.odontoiatrica.co.uk бара компанија за ексклузивен партнер за подрачјето на Македонија и Албанија за дистрибуција и продажба на стоматолошки инструменти како и единствена, патентираниа заштитна облека наменети за целокупното здравство www.lifepreserve.itВалидност дo: 25.07.2013 година

Македонско проекттанско студио нуди изработка на проекти и консалтинг за енергетски ефикасни објекти(деловни и станбени). Реконструкција и адаптација на постоечки објекти за подобрување на енергетската ефикасност.Валидност дo: 07.12.2013 година

Компанија од Република Македонија бара дистрибутер во ЕУ за пласман на производи од пластика,декоративни саксии, резервоари за вода, буриња за вино и др.Валидност дo: 07.12.2013 година

Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на гаражни вратиВалидност дo: 07.04.2013 година

Контакт:Мирјана КоцеваE- адреса: [email protected]Тел: 3244-035; Факс: 3244-088

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновскител: : (02) 3244036, [email protected]

Стопанска комора на Македонијаул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје

тел: : (02) 3244000, факс: (02) [email protected]

Page 32: Бизнис ИНФО број 123 од 14 февруари 2013 година

БИЗНИС ИНФОСТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Посетете не’ на веб-порталот:www.mchamber.mk

Ве очекуваме!

http://www.facebook.com/chamber.mk

http://www.twitter.com/Chamber_MK