Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг...

14
Универзитет “Гоце Делчев”-Штип Факултет за бизнис логистика Скопје Семинарска работа по предметот Менаџмент на мали и средни претпријатија Тема: Маркетинг план Ментор: Изработил: 1

Upload: hiron-bojanchoo-9058

Post on 28-Jul-2015

1.214 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

Универзитет “Гоце Делчев”-Штип

Факултет за бизнис логистика Скопје

Семинарска работа по предметот Менаџмент на

мали и средни претпријатија

Тема:

Маркетинг план

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р Ристо Фотов Бојан Стаменковски

Бр.индекс 17658

24 декември 2010

1

Page 2: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

година Куманово

Содржина

2......................Вовед

4-5..................Општо за маркетинг планот

6-7..................Целта на еден маркетинг план е

8........ ............Најважните четири причини за изработка на маркетинг-план се

9-10................Содржина на маркетинг планот

2

Page 3: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

Вовед

Во оваа семинарска работа ќе ви објаснам повеќе за маркетинг

планот, за неговите цели и неговата содржина. Маркетинг планот е еден од

најбитните елементи на една компанија која мора да го има за да опстои на

пазарот па затоа од следнава семинаркса работа ќе можете да добиете

информации за тоа колку е битен маркетинг планот и што тој содржи во

себе.

3

Page 4: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

Општо за маркетинг планот

Маркетинг планот може да биде како дел од бизнис планот но може

да биде и како посебен план. За целите на овој серијал на артикли

избравме да поставиме елемент или наслов за маркетинг планот како дел

од бизнис планот воопшто. Маркетинг е основата на секој бизнис.

Маркетингот е тој што ќе донесе потенцијални потрошувачи во нашата

продажна инка, а со тоа и поголема продажба и поголеми приходи и

поголем профит. Маркетинг планот е потребен за да се дојде до

систематизација на активностите во поглед на маркетингот и пожелно е

уште во оваа фаза (при изработка на бизнис планот) да се извршат некои

активности и да се добие соодветен маркетинг план. Во овој наслов за

маркетинг планот како дел од бизнис планот ќе се обидеме да покажеме

што е тоа маркетинг план, која е целта на маркетинг планот и што треба да

содржи овој наслов како дел од бизнис планот.

Што е маркетинг план?

Наједноставно кажано маркетинг планот претставува пишан

документ во кој се наведени маркетинг активностите со кои ќе се постигнат

поставените маркетинг цели. Бидејќи овој наслов се однесува на маркетинг

план како поднаслов во бизнис планот, истиот ќе се однесува на целиот

бизнис, односно на производите и/или услугите што ги нуди бизнисот.

Инаку, маркетинг план може да се изработи и за секој производ или

производна линија посебно. Вообичаено овој план треба да опфати период

од една до пет години. 

Секој елемент од бизнис планот има одредена цел. Како прво мора да

истакнеме дека овој дел претставува одлична основа за идните активности

на претприемачот во поглед на маркетинг. Маркетинг планот како дел од

бизнис план ќе треба да исполни одредени цел:

4

Page 5: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

Да ги усогласи бизнис целите

Да го дефинира пазарот и да изврши сегментација на пазарот

Да го дефинира маркетинг миксот со кој бизнисот ќе настапи на

пазарот

Да определи маркетинг стратегии

Да ги систематизира активностите во поглед на тие маркетинг

стратегии

Потребно е да нагласиме дека содржината на елементот маркетинг

план како дел од бизнис планот се разликува од содржината на маркетинг

план како посебен вид на план. Исто така во претходните наслови одреден

дел завршивме и опишавме. Затоа во 13 елементи на бизнис планот

наведовме дека при изработка на бизнис планот не е важно од каде ќе

започнете туку дека е важно на крајот да добиете еден бизнис план кој ќе

претставува квалитетна целина. И самата изработка ќе ве наведува да се

навраќате на некои од претходните наслови. Не значи дека ако претходните

наслови сме ги изработиле сега нема да можеме да ги смениме. Маркетинг

план за малите бизниси како дел од бизнис планот треба да содржи:

Опис на градење на брендот. Секој бизнис мора да изгради сопствен

бренд, нешто по што ќе биде препознатлив. Така да во овој дел наведете

кои се Вашите размислувања за начинот на градење на Вашиот бизнис како

посебен бренд. Како ќе го форсирате тој Ваш бренд? Каде се ќе го

користите идентитеот на Вашиот бизнис (име, лого и слоган).

На кој пазар ќе се насочи Вашиот бизнис? Веќе во поглавјето

за анализа на пазарот извршивме сегментација на тој пазар. Каква е

5

Page 6: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

структурата на тој пазар? Кои се потребите? Какви се примањата?

Наведете ги одговорите на овие прашања.

Целта на еден маркетинг план е:

да ги координира бизнис цените

да го дефинира пазарот и да го сегментира пазарот

да го дефинира маркетинг миксот со кој бизнисот ќе излезе на

пазарот

систематизира активностите за избраните маркетинг сратегии.

Маркетинг планот претставува пишан документ каде се опфатенеи

неопходните маркетинг активности со кои треба да се исполат една или

повеќе маркетинг цели. Маркетинг планот треба да биде динамичен

документ кој може и треба да се менува од време навреме. маркетинг

планот претставува бескраен циклус кој започнува и никогаш не завршува

или би ребало да не заврши.

Кратка содржина за тоа што треба да содржи еден маркетинг план

Прво мора да започнме со дефинирање на бизнис целите во вид на

бројки. На пример, зголемување на продажба за 10%, зголемување на

приходи за 15% или пак зголемување на профитот за 12%. Овие цели

потоа трансформирајте ги во потребни потрошувачи – купувачи. Како?

Например Вашата цел е приходот да се зголеми за 15%. Претходната

година сте мале приход од 5.000.000 денари што ќе значи дека Вашата

цел е наредната година да имате приход од 5.750.000 денари. Просечна

продажба по купувач Ви е 1000 денари. Ова значи дека ќе треба да

имате 5750 купувачи за да ја остварите целта. Доколку

Вашата продажна инка има капацитет на трансформација на

6

Page 7: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

потенцијални потрошувачи во вистински купувачи од 5% Вие ќе треба да

доведете во Вашата продажна инка 115.000 потенцијални потрошувачи.

Бидејќи веќе знаете колку купвачи ќе ви бидат потребни можете да

започнете со анализа на пазарот и сегментација на истиот. Целта на

овој чекор е да го дефинирате пазарот каде ќе можете да ја остварите

бројката од 115.000 потенцијални потрошувачи. Откако ќе завршите со

оваа анализа вие ќе имате една едноставна реченица. Ќе се насочам на

пазарот на млади луѓе под 30 години кои имаат потреба од моите

производи и/или услуги.

Значи кога веќе го имаме потребениот број на потенцијални

потрошувачи и го знаете вашиот целен пазар, сега ќе треба да

го искомбинирате Вашиот маркетинг микс за да можете да ја постигнете

дефинираната бројка од првиот чекор. Во овој дел ги дефинирате

предностите на Вашите производи и/или услуги и нивните вредности во

очите на потрошувачите. Ги дефинирате дистрибутивните канали и

цената на Вашите производи и/или услуги. И на крајот ги дефинирате

промотивните стратегии со кои треба да привлечете 115.000

потенцијални потрошувачи во Вашата продажна инка.

И како последен чекор од овој мини маркетинг план е да

ги систематизирате активностите кои произлегуват од истиот. Ова го

извршувате со помош на маркетинг календарот. Темплејтот на овој

маркетинг календар ќе можете да го добиете со регистрација за неделни

билтени на претприемач.

Маркетинг-планот за една компанија претставува жив водич за тоа

како таа планира да го изгради односот со потрошувачите во текот на

функционирањето за да ги исполни мисиите од бизнис-планот. Тој ги

разработува стратегиите и тактиките што би создале свест од потрошувачка

гледна точка и притоа гради верна потрошувачка основа. Маркетинг-планот

го насочува бизнисот кон вистинската цел и дава еден вид сигурност дека

7

Page 8: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

тоа е планот со кој компанијата долгорочно ќе опстојува.

Во повеќето случаи детални маркетинг-планови се изработуваат во фазата

на почнување бизнис, затоа што во тој период неопходно е да се

разработат сите аспекти на маркетинг-програмата, во веројатно

најранливиот период на овој циклус. Во секој случај, во кој формат ќе биде

изработен планот зависи од неговиот креатор.

Најважните четири причини за изработка на маркетинг-план се:

- Маркетинг-планот наведува кон разработување на сите детали во

врска со спроведување на бизнисот, т.е. производот/услугата на пазарот.

- Во однос на банките и инвеститорите, демонстрира дека е

обмислено, притоа веќе одредено и јасно, кон кој пазар е насочен бизнисот,

кои се целите и на кој начин ќе се постигнат.

- Ги води понатамошните маркетинг-активности.

- Овозможува критериум со помош на кој се определуваат

операциите за успех во периодот што го покрива планот.

Може да се изготви маркетинг план за:

1. Само една линија на производ,

2. Еден производ во една маркетинг-област,

3. Еден пазар,

4. Една географска област

5. Цела компанија.

Еден од поголемите проблеми со повеќето маркетинг-планови,

особено во почнувањето на еден бизнис, е дека не се доволно проследени

за да ги постигнат посакуваните резултати. Типичен пример за тој случај е

8

Page 9: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

постојано менување на маркетинг-планот поради неможноста веднаш да се

забележат резултатите од маркетинг-напорите. Потребно е време да се

изградат односи со потрошувачите, а и да се воспостави маркетинг-

стратегија и да се стекне доверба меѓу потрошувачката група

Содржината на маркетинг планот

Резиме.

- Резимето се става на почеток и ги содржи сите карактеристики од

маркетинг планот, а се пишува на крајот. Во овој дел се пишуваат неколку

збора од анализите како и опис на целниот пазар - пазар кон кој се стреми

бизнисот за кој се изработува бизнис планот.

Анализи на пазарот.

- Анализата на пазарот содржи анализи за демографските

карактеристики, потребите, трендовите и раст на пазарот за град доколку е

локален бизнис, за држава доколку бизнисот е национален и демографски

карактеристики во светски рамки за глобален бизнис.   Освен основните

карактеристики на пазарот во овој дел од маркетинг планот се врши

анализата SWOT (Strengths - Силини, Weaknesses - Слабости, Opportunities

-  Можности, Threats - Закани). Во анализата на пазарот ќе биде и

анализата на клучната конкуренција, како и клучните фактори на успех.

Третиот клучен елемент на маркетинг планот претставува зработка

на маркетинг стратегиите. Во овој дел се обработуваат мисијата и целите

на маректингот на вашиот бизнис за планираниот период. Ќе се даде

одговор на прашањето за финансиските цели кои треба да ги исполни

маркетингот. Посебен осврт ќе биде позиционирањето на пазарот во однос

на конкурентите како и разработка на маркетинг миксот. Маркетинг микс

претставува микс на основните елементи на маркетингот (4P) и тоа:

9

Page 10: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

Производ (Products)

Цени (Pricing)

Промоција (Promotion)

Дистрибуција (Place - Distribution)

Сите овие елементи се разработуваат во овој дел од маркетинг планот.

Овој дел ќе даде одговор на тоа кои производи ќе се понудат со каква цена

и како ќе се дистрибуираат, како и начинот на промоцијата. Забележувате

дека рекламите што некои ги нарекуваат маркетинг се наоѓаат во елементот

промоција на маркетинг миксот.

Четвртиот елемент на маркетинг планот претставува финансискиот

елемент. Во овој дел се врши проценка на продажбата и на трошоците и се

врзуваат со стратегијата на маркетингот обработена во претходниот дел.

Петтиот и последниот елемент треба да ја опфати контролната

функција во однос на имплементацијата. Во овој дел се разработуваат

активностите со потребните датуми за имплементација како и одговорните

лица за имплементација.

10

Page 11: Менаџмент на мали и средни претпријатија - Маркетинг план

Заколучок

Од оваа семинарска работа можеме да заклучиме дека маркетинг

планот е еден од најбитните работи кои една компанија треба да ги

поседува за да успее на пазарот и да биде пред своите конкуренти.

Користена литература:

Бизнис за 3 година 2010година од м-р Славица ковачевска Велкова и

Зоран Златковски

11