Меѓународни сметководствени стандарди

22
СЕМИНАРСКИ ТРУД PREDMET : Osnovi на Финансиско сmetkovodstvo TEMA : Me|unarodni smetkovodstveni standardi

Upload: -

Post on 28-Jul-2015

2.751 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: Меѓународни сметководствени стандарди

СЕМИНАРСКИ ТРУД

PREDMET : Osnovi на Финансиско сmetkovodstvo

TEMA : Me|unarodni smetkovodstveni standardi

MENTOR: STUDENTI:

Page 2: Меѓународни сметководствени стандарди

Содржина

1. Вовед

2. Комитет за Меѓународни сметководствени стандарди

2.1 Историја, членство и цели

2.2 Органи на КМСС

2.3 Однос со професионалните сметководствени тела

2.4 Однос со националните тела кои ги донесуваат стандардите

3.Меѓународни сметководствени стандарди

3.1 Донесување и примена

3.2 Меѓународни сметководствени стандарди

3.3 Актуелни меѓународни сметководствени стандарди

4. Разбирање и толкување на МСС

4.1 Примена на МСС

4.2 Толкување на МСС

5. Заклучок

6. Користена литература

1

Page 3: Меѓународни сметководствени стандарди

1.Вовед

Сметководството земено во светски размери, последните децении од ХХ век

бележи развоен подем. Црвена нишка во овој подем претставува хармонизацијата на

сметководствената практика ширум Земјината топка. Најголема заслуга за ширењето на

хармонизацијата и припаѓа на Меѓународната федерација на сметководителите - IFAC,

чии комитете и други тела ги изградија Меѓународните сметководствени стандарди

(МСС), а подоцна и меѓународните стандарди за ревизија.1

Усвојувањето на Меѓународните сметководствени стандарди не значи дека тие се

вградуваат во секоја замја. Ова е така поради повеќе причини.Една од нив е што некои

стандарди, поради дадените услови и опкружувања, во определени земји, не се

адаптибилни.Друга причина е што постојат национални специфичности кои едноставно

детерминираат локални законски одредби во сметководствената практика, бидејќи такви

не се содржани во Меѓународните сметководствени стандарди.

Телата на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди ги донесуваат

стандардите со определен систем на изградба, проверка, проучување, гласање и сето тоа

е проследено со макотрпни усогласувања додека не се дојде до нивно објавување.

Она што заслужува посебно внимание е фактот дека одделни Меѓународни

сметководствени стандарди содржат и формулации кои се недостатно разбирливи во

секоја национална средина; тие понекогаш се непотполни; недоречени; се наидува и на

непотребни објаснувања итн. За таа цел, да се покријат нејаснотиите, во телата на

Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди, во 1985год. , е лансирана

идејата за водич за примена на Меѓународни сметководствени стандарди. Таа идеја ја

1 Проф. Д-р Слободан Марковски, потпретседател на Комисијата за Меѓународни сметководствени стандарди

2

Page 4: Меѓународни сметководствени стандарди

остварил Дејвид Кернс, ккој десет години, до 1994год. , ја вршел улогата на генерален

секретар на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди.

2. Комитет за Меѓународни сметководствени стандарди

2.1. Историја, членство и цели

Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди е основан 1973год. од

професионалните сметководствени тела од девет земји: Австралија, Канада, Франција,

Германија, Јапонија, Мексико, Холандија, Велика Британија и Ирска, како и

Соединетите Американски Држави. Од 1983год. , членови на КМСС се сите

професионални сметководствни организации кои се членки на Меѓународната

федерација на сметководители (МФС/IFAC). Голем број други организации се вклучени

во работата на Комитетот, но Меѓународните сметководствени стандарди ги користат и

земјите кои не се негови членки.

Членовите на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди се состануваат

на секои две и пол години кога се свикува и општо собрание, но овластувањата на

таквите собранија се огтаничени на одобрување на амандманите на статусот на КМСС.

Сите други одговорности и овластувања се пренесени на Одборот.

Цели на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди се:2

Во јавен интерес да ги формулира и објавува Сметководствените стандарди на кои

треба да се придржува во презентирањето на финансиските извештаи и да го промовира

нивното прифаќање и примена ширум светот;

Воопшто да работи на подобрување и усогласување на прописите,

сметководствените стандарди и постапките во врска со презентирање на финансиските

извештаи.

2 David Cairns; “Водич за примена на Меѓународните сметководствени стандарди”; Финансиски Консалтинг, Скопје, 1998; стр. 3

3

Page 5: Меѓународни сметководствени стандарди

2.2Органи на КМСС

1. Одбор на КМСС

Со работењето на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди управува

Одбор кој се состои од:

Најмногу 13 земји или (група на земји), кои претставуваат струкову сметководствени

тела кои се членови на Коммитетот за Меѓународни сметководствени стандарди, а кои

ги одредува Советот на Меѓународната федерација на сметководители;

Најмногу 4 организации кои се заинтересирани за финансиското известување, а кои

ги одредува Одборот.

КМСС и МФС се договорија дека во Одборот треба да се вклучат:

- најмалку девет земји кои се најразвиени со оглед на состојбата и развојот на

сметководствената струка или кои заземаат важно место во меѓународната размена;

- доколку е можно, не помалку од три земји во развој.

Членовите на Одборот во рок од две и пол години и можат повторно да се бираат.

Секоја земја-членка на Одборот може да именува најмногу два претставника и еден

стручен советник кои ќе присуствуваат на состаноците на Одборот. Комитетот за

Меѓународни сметководствени стандарди го поттикнува Одборот во својата делегација

да вклуци најмалку едно лице кое работи во стопанството и едно лице кое директно е

вклучено во работата на организацијата која ги донесува националните стандарди, но не

мора да бидат членови на националните сметководствени тела во своите земји. Секоја

членка на Одборот располага со по еден глас на неговите состаноци без оглед на бројот

на лицата сто ги испраќа на таквите седници. Можат да гласаат претставниците или

стручните сопственици. Најмалку три четвртини на одборот мора да гласа во прилог на

издавање на Меѓународен сметководствен стандард. Најмалку две третини на одборот

мора да гласа во прилог на издавање на нацртот за расправа.

2. Советодавен совет

Во 1995год., Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди формира висок

меѓународен Советодавен совет, кој го сочинуваат истакнати поединци на високи места

во сметководствената струка, стопанството и останатите корисници на финансиски

извештаи. Улогата на Советодавниот совет е да ја формулора општата прифатливост на

4

Page 6: Меѓународни сметководствени стандарди

Меѓународните сметководствени стандарди и да ја зголеми веродостојноста на работата

на КМСС. Советодавниот совет обезбедува дека нема да се наруши независноста и

објективноста на Одборот во донесувањето на технички одлуки во врска со

предложените Меѓународни сметководствени стандарди. Советодавниот совет не

учествува во донесување на таквите одлуки, ниту настојува на нив да влијае.

3. Советодавна група

Во 1981год., Одборот на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди ја

формира меѓународната Советодавна група, која вклучува претставници на

меѓународните организации, составувачи и корисници на финансиски извештаи, берзи

на хартии од вредност и комисии на хартии од вредност. Групата исто така вклучува

претставници или надгледувачи од агенциите за развој, од тела за утврдување на

стандардите и од меѓународните меѓувладини организации. Советодавната група се

состанува два пати во текот на годината, и заедно со Одборот расправа за стручни

прашања врзани со проектите, програмата за работа и стратегијата на Комитетот за

Меѓународни сметководствени стандарди. Оваа група игра важна улога во општиот

процес на КМСС со кој се утврдуваат Меѓународните сметководствени стандарди и

прифаќање на донесените стандарди.

2.2. Однос со професионалните сметководствени тела

Меѓународната федерација на сметководители ја претставува сметководствената

професија ширум светот. Нејзината мисија е унапредување на сметководствената струка,

за таа да може да дава услуги од висок квалитет. Меѓународната федерација на

сметководители го признава Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди

како единствено тело кое е одговорно и овластено во свое име да ги издава и прогласува

Меѓународните сметководствени стандарди, како и да промовира нивно прифаќање

ширум светот.

Членови на Меѓународната федерација на сметководители се професионални

сметководствени тела, а не сметководители поединци, па членството во МФС

автоматски ги вклучува и во членство на КМСС. Повеќе од тоа, ниту едно

5

Page 7: Меѓународни сметководствени стандарди

професионално сметководствено тело не може да биде член на КМСС ако истовремено

не е член на МФС.

КМСС и МФС заедно работат на повеќе начини. КМСС е член на IFAC-овиот

комитет за јавен сектор и ја подржува неговата работа. Постојат редовни контакти по

прашањата за заедничкиот интерес помеѓу КМСС-овиот и IFAC-овиот комитет за

меѓународна ревизорска пракса. КМСС исто така е и член на IFAC-овата работна група

при GATT.

КМСС исто така тесно соработува со четири регионални сметководствени тела кои

ги признаваат:

а) Конфедерација на сметководителите на Азија и Пацификот (Confederation of Asian

and Pacific Accountants, CAPA) :

б) Источна, централна и јужно Афричка федерација на сметководители (Еast, Central

and Soutern African Federation of Accountants, ECSAFA) ;

в) Европска федерација на сметководители (Federation des Experts Comptables

Europeens, FEE) ;

г) Интерамериканска асоцијација на сметководители (InterAmerican Accounting

Association, IAA).

Овие четири здруженија претставуваат професионални сметководствени тела на

своите земји при што ниту една не работи на донесување на Стандардите, но сите

четири ја подржуваат работата на Комитетот за Меѓународни сметководствени

стандарди.

2.2. Однос со националните тела кои ги донесуваат стандардите

Проширувањето и унапредувањето на односот на Комитетот за Меѓународни

сметководствени стандарди со националните тела кои ги донесуваат стандардите е една

од најдраматичните промени. Оваа промена има корени во доцните 80-ти години, во

развојот на петогодишниот план во кој еден од усвоените цели беше работата на

поголемата усогласеност на националните и Меѓународните сметководствени

стандарди.

6

Page 8: Меѓународни сметководствени стандарди

Како прв чекор кон остварување на таа цел, Комитетот за Меѓународни

сметководствени стандарди ја повика Европската комисија и Одборот за финансиско-

сметководствени стандарди да учествуваат на неговото советодавно здружение и да

присуствуваат на седниците на Одборот. Слична покана му упатил и на Јапонскиот

совет за деловно-сметководствено договарање, но тој не ја прифатил.

Претставниците на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди редовно

се состануваат со претставниците на поедини национални тела за донесување на

стандардите, расправајќи за прашањата од заеднички интерес, вклучувајќи тежнение кон

поголема компатибилност на националните барања и Меѓународните сметководствени

стандарди.

2. Меѓународни сметководствени стандарди

3.1. Донесување и примена

Со цел да се придонесе кон подобро функционирање на внатрешниот пазар, од

компаниите со кои јавно се тргува мора да се побара да применат единствена група

висококвалитетни меѓународни сметководствени стандарди за подготвување на нивните

консолидирани финансиски извештаи. Понатаму, важно е стандардите за финансиско

известување што ги применуваат компаниите во Заедницата кои учествуваат на

финансиските пазари да се меѓународно прифатени и да се соодветни глобални

стандарди. Ова укажува на сè поголемо меѓусебно приближување на сметководствените

стандарди кои во моментов се користат на меѓународно ниво, со крајна цел да се добие

единствена група глобални сметководствени стандарди.3

Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди признава дека разни земји

имаат различни барања за објавување на финансиските извештаи. Тој исто така уважува

дека во некои земји даночните разгледувања ги насочуваат финансиските извештаи на

правните субјекти и дека малите претпријатија се ослободени од некои или од сите

барања кои се применуваат на големите компании чии хартии од вредност котираат на

берзата. Меѓутоа постоењето на такви барања или ослободувања во некои земји е пречка

за употреба на националните стандарди кои се засновани на Меѓународните

3 website: www. ccvista. taiex. be

7

Page 9: Меѓународни сметководствени стандарди

сметководствени стандарди во други земји. Затоа КМСС развива МСС кои можат да се

применуваат на сите финансиски извештаи на сите претпријатија и покрај тоа што некои

земји можат да ја ограничат примената на таквите Стандарди на консолидираните

финансиски извештаи, како и на компаниите чии хартии од вредност котираат на берзата

или, пак, на големите претпријатија.

Член 34

Донесување и примена на меѓународни сметководствени стандарди

1. Во согласност со постапката пропишана во член 6 (2), Комисијата одлучува за

примеливоста на меѓународните сметководствени стандарди во рамките на Заедницата.

2. Меѓународните сметководствени стандарди може да се донесат само ако:

- не се во спротивност со принципот утврден во член 2 (3) од Директива 78/660/EEЗ и во

член 16 (3) од Директива 83/349/EEЗ, и ако придонесуваат за европското јавно добро, и

- го исполнуваат критериумите за разбирливост, важност, веродостојност и

споредливост кои се бараат од финансиските информации потребни за донесување

економски одлуки и проценување на задачите и обврските на менаџментот.

3. Најдоцна до 31 декември 2002 година, Комисијата, во согласност со постапката

пропишана во член 6 (2), одлучува за примеливоста во рамките на Заедницата на

меѓународните сметководствени стандарди кои постојат по влегување во сила на оваа

регулатива.

4. Донесените меѓународни сметководствени стандарди целосно се објавуваат на секој

од службените јазици во Заедницата, како регулатива на Комисијата, во Службениот

весник на Европските заедници.

2.2 Меѓународни сметководствени стандарди

Меѓународните сметководствени стандарди во најголем дел се занимаваат со темите

кои се меѓународно важни во финансиските извештаи на стопанските претпријатија.

Тие:

4 Регулатива (ЕЗ) бр. 1606/2002 на Европскиот парламент и на Советот, од 19.07.2002

8

Page 10: Меѓународни сметководствени стандарди

- бараат финансиски извештаи кои се состојат од биланс на состојба, биланс на

успех, извештаи за парични текови, извештај за сметководствени политики и белешки,

како и дополнителни таблици кои содржат одредени барани објавувања и други

информации за кои се очекува дека се наоѓаат заедно со финансиските извештаи;

- бараат консолидирани финансиски извештаи;

- бараат информации по сегментот на дејноста и географскиот сегмент;

- го обработуваат признавањето и мерењето на залихите, амортизацијата,

трошоците за истражување и развој, данокот од добивка, недвижности, постројки и

опрема, наемите, приходите, трошоците за пензии, државните подршки, goodwill-от,

трошоците на позајмување и вложување;

- се бават со со презентирање на билансот на успех и билансот на состојба, на

вонредните ставки, на тековните средства, на тековните обврски, на државната помош,

на финансиските средства и финансиските обврски;

- бараат објавување на ставките на билансот на успех и билансот на состојба, на

непредвидените настани, настаните после билансот, поврзаните странки, трансакции

помеѓу поврзаните странки и финансиските инструменти;

- се бават со спојувања и стекнувања, вложувања во подружници како и удели во

заедничките потфати;

- се бават со објавувања на финансиските извештаи на банките и сличните

финансиски институции, со финансиските известувања во хиперинфлаторните економии

и известување за пензиските фондови.

Во некои случаи кога Меѓународните сметководствени стандарди дозволуваат две

сметководствени постапки за слични трансакции и настани, една од нив е означена како

основна постапка, а другата како дозволена алтернативна постапка.

Изразот „основна“ ја одразува намерата на Комитетот за Меѓународни

сметководствени стандарди да ја утврди појдовната точка, а не при изборот на

алтернативите на таквото решение да му даде предност. КМСС одлучи да не бара

усогласување на дозволените алтернативни постапки во однос на бараните постапки и

покрај тоа што одредени стандарди бараат објавување на ефектите кои произлегуваат од

користењето на дозволената алтернативна постапка наместо основната постапка. КМСС

бара примена на една постапка на слични трансакции и настани, па за претпријатието не

9

Page 11: Меѓународни сметководствени стандарди

е прикладно да користи, да речеме, основна постапка за одредени случаи и трансакции, а

дозволена алтернативна постапка за други слични трансакции и случаи.

Најзначаен начин на кој КМСС може да постигне задоволување на Меѓународните

сметководствени стандарди е да ги наговори националните тела за донесување

стандарди да ги усвојат националните сметководствени барања кои се во согласност со

МСС. Некои земји ги вградиле барањата на МСС во своите закони, а најмалку во една

земја постои со закон пропишана обврска за придржување на МСС. Другите земји ги

вградуваат барањата на МСС во прогласи кои ги издаваат телата во приватниот сектор.

2.2. Актуелни Меѓународни сметководствени стандарди

Одборот на Комитетот за Меѓународни сметководствени стандарди издал околу 40

Меѓународни сметководствени стандарди, како и рамка за подготвување и презентирање

на финансиските извештаи, од кои актуелни се:5

MCC 1 Презентирање на финансиски извештаи

МСС 2 Залихи

МСС 7 Извештаи за парични текови

МСС 8 Сметководствени политики, промена на сметководствени проценки и грешки

МСС 10 Настани после датумот на Билансот на состојба

МСС 11 Договори за изградба

МСС 12 Даноци од добивка

МСС 14 Сегментирано известување

МСС 16 Недвижности, постројки и опрема

МСС 17 Лизинг

МСС 18 Приходи

МСС 19 Бенефиции на вработените

МСС 20 Сметководство за државни подршки и објавување на државната помош

МСС 21 Ефекти од промената на курсевите на странските валути

МСС 23 Трошоци за позајмувања

МСС 24 Објавувања за поврзани странки

5 Д-р Сашо Кижухаров, Маја Кочоска; „Сметководство“ (основи-принципи-апликации); трето издание, 2007; стр. 253, 254

10

Page 12: Меѓународни сметководствени стандарди

МСС 26 Сметководство и известување на плановите за пензионирање

МСС 27 Консолидирани финансиски нзвештаи и сметководство за вложување во подружници

МСС 28 Сметководство за вложувања во придружени претпријатија

МСС 29 Финансиско известување за хиперинфлаторни економии

МСС 30 Објавувања во финансиските извештаи на банките и сличните финансиски

институции

МСС 31 Вложувања во заеднички потфати

МСС 32 Финансиски инструменти: објавување и презентиране

МСС 33 Заработувацка по акција

МСС 34 Периодични финансиски извештаи

МСС 36 Оштетување на средства

МСС 37 Резерви, неизвесни обврски и неизвесни средства

МСС 38 Нематеријални средства

МСС 39 Финансиски инструменти: признавање и мерење

МСС 40 Вложување во недвижности

МСС 41 Земјоделство

3. Разбирање и толкување на МСС

4.1. Примена на МСС

Се поголем број компании денеспрезентираат финансиски извештаи кои се во

согласност со МСС. Тие воглавно следат еден од наведените три пристапи:

Кога соодветните национални барања се во согласност со МСС и финансиските

извештаи на некое претпријатие се во согласност со МСС;

Во своите извештаи претпријатието може да вклучи усогласување на сопствени

домашни финансиски извештаи со МСС;

Претпријатието може да ги презентира вкупните финансиски извештаи во

согласност со МСС или како свои основни финансиски извештаи или како додаток на

сопствените домашни финансиски извештаи.

3.2 Толкување на МСС

11

Page 13: Меѓународни сметководствени стандарди

За да се применат Меѓународните сметководствени стандарди важно е да се разбере

нивниот формат, потоа стилот кој Комитетот за Меѓународни сметководствени

стандарди го усвои, како и начинот на кој КМСС ги користи зборовите и фразите. Треба

да се примени и зборот и духот на стандардите, бидејќи КМСС не може да обрне

внимание на сите околности во поединечна земја.

Секој Стандард почнува со оддел за делокруг. МСС се применуваат за финансиските

извештаи на сите претпријатија, доколку Стандардот не назначи поинаку. Секој

Стандард исто се применува на сите случаи и трансакции кои спаѓаат внатре во неговата

дефиниција, ако Стандардот не назначи поинаку. МСС се не применуваат на безначајни

ставки што е и нагласено во преамбулата на секој Стандард на КМСС.

КМСС не издава толкување на МСС. По тоа не се разликува од некои национални

тела за донесување на Стандарди. Меѓутоа, кога станува збор за КМСС, односот со

професионалните сметководствени тела кои се негови членки, ја комплицира ваквата

состојба.

Политиката на КМСС во врска со толкувањата е договорена во 1984год. , и од тогаш

неколку пати одново е потврдувана. Поаѓањето на основната филозофија на таквата

политика е во тоа, барањата за толкување да се упатуваат на професионалните

сметководствени тела на земјите од кои потекнуваат прашањата. Оваа политика, без

двоумење, ја ограничува користа на корисниците на Меѓународните сметководствени

стандарди, особено кога професионалните сметководствени тела не се непосредно

вклучени во општиот процес на КМСС.

Во 1996год. , Одборот на КМСС одобри формирање на Постојан комитет за

толкување (ПКТ), кој периодично ќе ги разгледува оние сметководствени изданија кои

може да се применуваат погрешно и неприфатливо во отсуство на овластена

интерпретација. За првпат Постојаниот комитет за толкување се состанал во првата

половина на 1997год. Неговото разгледување е во контекст со постоечкиот Меѓународен

сметководствен стандард и Рамката на КМСС. Во текот на толкувањето, Постојаниот

комитет за толкување се советува со свични национални комитети кои се именувани за

таа цел од страна на организациите-членки. Тој разгледува прашања со соодветно

пошироко значење, а не прашања кои се однесуваат само за мал број на претпријатија.

12

Page 14: Меѓународни сметководствени стандарди

Постојаниот комитет за толкување има 12 члена од различни земји со право на глас,

вклучувајќи ги поединците од сметководствената професија, подготвителните групи и

групите кориснички. Меѓународната организација на комисиите на хартии од вредност и

Европската комисија се набљудувачи без право на глас. За да се обезбеди соодветна

врска со Одборот, двајца негови претставници присуствуваат на состаноците на ПКТ.

Оперативната постапка на КМСС не дозволува персоналот на Комитетот да дава совети

за значење на Меѓународните сметководствени стандарди.6

6 „Меѓународни сметководствени стандарди“; Финансиски Консалтинг, Скопје, 1997; стр. 14

13

Page 15: Меѓународни сметководствени стандарди

4. Заклучок

Меѓународните сметководствени стандарди се универзални „закони“ и се

применуваат во голем број земји што кажува и самото име. Според мене, успехот на

секое претпријатие лежи во разбирањето и правилната употреба на Стандардите, па

затоа нивното правилно толкување треба да биде појдовна точка во секој бизнис.

Важноста на Меѓународните сметководствени стандарди произлегува од нивната

сеопфатност што ги прави адаптибилни за повеќето претпријатија. Тие ги содржат скоро

сите настани и трансакции што се одвиваат во стопанството.

Сите горенаведени работи беа причина за да ја изберам оваа тема, која ми беше

многу интересна за обработка.

14

Page 16: Меѓународни сметководствени стандарди

Користена литература

I. „Меѓународни сметководствени стандарди“, Финансиски Консалтинг,

Скопје, 1997;

II. „Водич за примена на Меѓународните сметководствени стандарди“,

Финансиски Консалтинг, Скопје, 1998;

III. Д-р Сашо Кожухаров, Маја Кочоска, „Сметководство“ (основи-принципи-

апликации), трето издание, 2007;

IV. www.ccvista.taiex.be

15