Семинарска педагогија

18
Проектна задача по предметот: Педагогија Тема: ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗВОЈОТ НА УЧЕНИЦИТЕ Ментор: Изработил:

Upload: -

Post on 09-Aug-2015

875 views

Category:

Documents


51 download

DESCRIPTION

Тема: ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗВОЈОТ НА УЧЕНИЦИТЕ

TRANSCRIPT

Page 1: Семинарска педагогија

Проектна задача по предметот: Педагогија

Тема: ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗВОЈОТ НА

УЧЕНИЦИТЕ

Ментор: Изработил:

Page 2: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

1. Вовед

Учениците од раѓањето па понатаму низ својот живот имаат трансформации на својата личност и карактер, која се состои од повеќе фази. Секоја фаза си има свои карактеристики, како физички, така умствени и емоционални. По кој тек ќе се одвиваат промените зависи од повеќе влијанија, биолошки и надворешни. Со растењето се менуваат нивните физички карактеристики – од новороденчиња, па се до млади луѓе кои се способни да се снаоѓаат во животот. Низ целиот овој период се формира една индивидуа која од другите се разликува според своите биолошки, социјални и психички својства. Конкретниот човек - индивидуата - во текот на својот развој, постепено се усовршува и се формира во личност. Во тој развој детето сè повеќе oсознава, ги усвојува општествените искуства и ја развива својата активност. Според сознанието, знаењата, способностите, искуствата и воопшто активноста, личноста на малото дете се разликува многу од личноста на возрасниот човек. Личноста значи е севкупноста на сите психички појави кај човекот, психички процеси, состојби и особини, кои кај секој поединец се организирани на специфичен начин. За правилен развој на учениците се задолжени нивните семејства, но исто така и воспитно - образовните установи. Наставниците и професорите се соочуваат со сите промени и дејствуваат на нивниот развој, насочувајќи ги во правилна насока и на тој начин создавајќи ученици (воспитаници).

Воспитаникот претставува личност која се воспитува. Местото и улогата на воспитаникот ва воспитно – образовниот процес зависи од развиеноста на општествениот систем во кој живее и работи, односно од целите и конкретизацијата на воспитните задачи и од нивната реализација во воспитно – образовните институции. Меѓутоа, покрај воспитно – образовните институции, врз личноста на воспитаникот влијаат и семејството, работните организации (колективот), средствата за масовна комуникација итн. Под влијание на овие бројни фактори, тој ги усвојува придобивките од науката, уметноста, техниката и културата развивајќи ја својата личност со сопствена активност и со насочувачката улога на воспитувачот. Интензивниот развој на општествените односи условува и пораст на општествената улога на личноста (воспитаникот), а со тоа се интензивира и потребата воспитаникот сеопфатно да се развива во процесот на воспитанието, да се хуманизира и да се осамостојува.

Воспитната дејност успешно ќе се реализира доколку

воспитаниците ги развијат менталните способности, социјалните сили и креативните потенцијали;

го усвојуваат прифатливиот вредносен систем и врз негова основа ќе изградат погледи и уверување за општествениот живот и работа;

се оспособуваат критички да го преиспитуваат општеството, другите луѓе, вредносниот систем и да имаат уверливи аргументи за своите ставови;

да стекнат систем на критериуми со помош на кои реално ќе се проценуваат себеси, своите способности, успеси и неуспеси.

На оваа основа се гради и се развива менталната стабилност на личноста, се изградува самодовербата, уверувањето за смислата на животот, потребата да се обогатува животот со нови вредности.

2

Page 3: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

2. Фактори кои влијаат на развојот на учениците

Бидејќи човекот е најсовременото живо суштество на земјава, затоа и неговиот развој е сложен. Врз развојот и формирањето на личноста дејствуваат повеќе фактори што можат да се групираат на следниов начин:

Биолошки фактори за развојот на личноста

За да се знае повеќе за факторите од кои зависи развојот на личноста, потребно е да се знаат поедините услови кои имаат големо влијание врз нејзиниот развој. Главни биолошки услови и фактори се: нервниот систем, ендокриниот систем и телесната конституција. Овие фактори пред се се одредени од наследството.

Нервниот систем - фактор од којшто зависи развојот на личноста, поради тоа што од неговата структура зависат наследните и стекнатите диспозиции. Од составот на нервниот систем зависи на пример диспозицијата за интелегенцијата и другите способности како и диспозицијата за темпераментот. Функцијата на централниот нервен систем, а особено на вегетативниот нервен систем, заедно со ендокриниот систем во голема мера го одредуваат темпераментот. Испитувањата покажале дека единките со интензивна функција на вегетативниот нервен систем покажуваат поголема живост и реагирање, а единките кај кои што функцијата на вегетативниот нервен систем е поспора, покажуваат тенденција на емоционална неуравнотеженост и нервоза.

Ендокриниот систем - го сочинуваат жлездите со внатрешно лачење, односно жлездите што лачат течност, хормони директно во крвта. Нивната основна функција е да го регулираат метаболизмот.

Телесната конституција - се подразбира големината и развиеноста на поедини делови на телото, нормалност или ненормалност на тие органи или други телесни единки.

Улогата на биолошките фактори, а особено на наследството има големо влијание на психичките особини, меѓутоа уште поголемо на физичките особини на личноста, бидејќи се знае дека од наследството зависи бојата на очите, кожата, косата, а исто така доаѓа и до наследување на некои болести.

Кога станува збор за наследувањето на психичките особини, тука најмногу спаѓаат интелегенцијата и моториката. За интелегенцијата се смета дека многу поважна е улогата на наследувањето одколку на средината. Меѓутоа исто така голем број на испитувања покажале дека и социјалните фактори играат важна улога во развојот на интелегенцијата и дека при поволни услови интелегенцијата расте и се развива до одредена граница. Истото се случува и со способностите. Едноставните сензори и едноставните сензорно-моторни способности зависат превенстевено од наследството, а за формирањето на сложените способности игра улога активното вежбање и поволните услови.

3

Page 4: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

Социјални фактори за развој на личноста

Помеѓу факторите кои што ја сочинуваат средината, а особено оние кои што влијаат на развојот на личноста, најважни се социјалните фактори. Под нивно влијание доаѓа до развој и менување на личноста. Затоа често се нагласува дека личноста е бисоцијална појава и дека влијанието на социјалните фактори е биолошка основа, при што социјалните фактори се одлучни за формирањето на личноста.

Дека социјалните фактори имаат првенствено значајна улога за развојот на личноста покажуваат и примерите за децата кои што се израснати изолирани од луѓе. Голем е бројот на социјалните фактори кои имаат влијание во развојот на личноста и тоа се: семејството и семејните услови во кои што детето расте, училиштето, неговите врсници, секцијата во која детето е зачленето, роднините и пријателите со кои што детето често пати доаѓа до контакт, филмовите, литературата која што ја чита, бракот и односите во бракот, занимавањето, луѓето со кои што соработува, материјалната состојба, социјалната положба, социјално-економскиот систем во којшто живее, културата во која што пораснал и во која што живее и други фактори.

3. Периоди во развојот на личноста

Во развојот на човекот постојат неколку периоди. Секој развоен период има свои карактеристики, обележан е со долна и горна возрасна граница и го опишува нормално-просечниот психофизички развој на единката. Ако единката не ги постигнала физичките и психичките карактеристики на одделниот период кој и одговара според календарската возраст, велиме дека има забавен развој, а ако побрзо ги постигнала развојните промени, велиме дека има забрзан развој, дека е напредна.

Во развојот на едниката постојат следниве периоди:

Пренатален период: од зачетокот до 280 дена; Доенче: од 2 недели до 12 месеци; Детство: од 1 година до 10 години; Адолесценција: од 11 години до 24 години.

Секој од наведениве периоди има свои подпериоди. Така и периодот на адолесценција, кој трае повеќе од една деценија, ги има следниве подпериоди:

Рана адолесценција, пубертет: од 10 до 14 години; Средна адолесценција: од 15 до 19 години; Доцна адолесценција: од 20 до 24 години;

4

Page 5: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

Пренатален период (0 - 280 дена)

Ако детето е родено на 7 месеци, а не на 9 месеци, природно е тоа да закаснува 2 месеци во постнаталниот развој, дека покасно ќе стекни способност за стоење, седење, одење и зборување. Кога детето е постаро, односно кога е родено на 9 месеци, таа разлика од 2 месеци е доста значајна. За да се развива правилно плодот, потребно е на мајката да и се посвети посебна физичка нега. За идното дете малку се знае - вели Ослон. Кај него може да се развие условен рефлекс.

Новороденче (0-1 година)

Новороденчето е израз на успешниот завршеток на ембрионалната фаза од развојот на детето. Со сечењето на папочната врвца, со првото вдишување и издишување и првиот плач, детето од претежно зависна состојба во матката преминува во нов живот, во суштество, организам кој функционира автономно, вегетативно. Тоа во овој период живее едноставно: потребен му е сон, храна, кислород, простор за движење и топло легло. Во овој период се појавуваат првите заби, и тоа околу шестиот и седмиот месец од животот на доенчето. Сепак, новороденчето не е само инстиктивно и условно-рефлексно суштество; во првите движења на детето се наоѓа и зачетокот на општествениот развој и однесување. Во овој период тоа многу учи. Тоа брзо научува дека плачењето го привлекува вниманието на повозрасните. Ослон тврди дека детето исто така може да научи дека со гукање може да привлечи внимание, ако му се обрне внимание кога гука, а не кога плаче.

Рано детство (1-3 година)

Во периодот од 1 до 3 години се случуваат големи промени: најголемо достигнување на крајот на првата година е исправувањето, па почетокот на одењето и манипулацијата со предметите заради игра, што ја зголемува активноста и го продлабочува понатамошниот душевен развиток. Веќе од првата година детето е

социјално суштество, наспроти силната егоцентричност, сепак му се потребни контакти со луѓе како извори на богатење со искуства, сознанија и осамостојување. Од вресок, преку движење, гукање на самогласки и соединување на слогови се развива детскиот почетен говор, речник, а паралено и мислењето, помнењето, забележувањето, вниманието, емоционалниот развиток, првите контури на личноста на детето. Играта претставува централна активност кај малите

деца, се јавуваат почетоци на цртање, музикално изразување и елементи на работа.

5

Page 6: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

Пред крајот на овој период детето веќе станува способно за определено самосовладување и ги стекнува првите реагирања при донесувањето одлуки.

Предучилишен период (3-7 години)

Во предучилишниот период (3-7) детето ги совладува основните навики на однесување во врска со исхраната, лечењето и спиењето. Детето чувствува голема потреба за движење. Се развива оптичката и акустичната диференцијација. Иако се учте преовладува неволно помнење, тоа добива обележје на огранизираност, трајност и точност. Фантазијата е жива и има централна улога во развојот на играта. Се зголемува бројот на поимите, тие се изразито конктретни. Причинското мислење станува се покарактеристично, говорот се драматизира. После петтата година се развива, пред се, заедничката групна и творечка игра. Потребите за играчки стануваат посложени, игрите со правила и игрите со улоги добиваат важност. Покрај интересот за игра, јакне и интересот за сознавање. Индивидуалноста на детето е поизразена.

Основношколски период (7-15 година)

Детето од основношколскиот период на претходниот предучилишен свет на игра и фантазија ја надоврзува насоченоста кон надворешниот реален свет: најнапред тоа е интересот за сознание на објективните својства во околината, а потоа тоа е барање на општите односи и законитости помеѓу конкретните предмети и појави. Училишната работа и општествениот живот во тој период му носта на детето нова животна ситуација, емотивна и интелектуална зрелост. На детето треба да му се докаже дека сега може без дом на неколку часа, дека може да се вклучи

во училишните задачи, да покажува интерес за своите врсници и да соработува со нив, да може да ја замени играта со работа, да може да решава задачи кои бараат оперативно мислење итн.

Во овие осум години детето развива многу способности, а развојот на логичкото мислење му овозможува да стане свесно за себе и подобро да ги сфаќа барањата и дејноста на другите личности.при крајота на овој животен период се јавува критичкото расудување, желба да се имитираат своите „јунаци“. Кон крајот на основношколскиот период настапува и пубертетот со сите оние физички и психички особини кои го следат. Тука се менуваат и социјалните односи помеѓу момчињата и девојчињата. Бројот на контактите со другарите и другарките се зголемува. Девојчињата и момчињата се способни да се дружат во заедница.

Пубертет

Погрешно би било овој период во развојот на личноста да се врзува за физичките, односно соматските промени што настануваат во него (пубертас -

6

Page 7: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

сексуална зрелост). По своето значење, а и од аспект на правилниот психички развој од голема важност се психичките промени кои што настануваат како резултат на био-сомато-психичкото созревање и влијанието на социокултурните фактори на ова созревање. Со оглед на тоа дека за релативно кратко време, за 2 до 3 години, некогаш и повеќе мора да се изврши трансформација на личноста, и од периодот на детството има преод во период на психофизичка зрелост, односно преод во фазата на адолесценција, период во којшто доаѓа до потполно созревање и прераснување во фазата на човек, односно жена, фаза на психички и социјално зрели луѓе.

Настанувањето на пубертетот е условено од многу фактори: тоа зависи пред се од исправноста и функционирањето на жлездите со внатрешно лачење, на прво место од

гонадите, од правилниот развој на хипофизичкиот систем, од конституцијата, од некои наследни фактори, од средината, поднебјето, културата, обичаите и воспитувањето. Многу фактори, специфичности на векот во којшто живееме, темпото, културниот развој, средствата за информации, односите во друштвото, го фаворизираат настанувањето на пубертетот, па не е ни чудно што

почетната граница е малку поместена од периодот на детството. Така денес единаесеттата година се зема како излез од периодот на детството, којшто зависно од полот трае до петнаесеттата - шеснаесеттата година.

Од големо значење се и психичките промени кои се карактеристични за овој период, во којшто настанува нова личност, преод од дете во човек, преод од девојка во жена. Пуберетот е период полн со психолошки процеси, полн бури и бранови, полн двоумења и нестрпливости, полн желби, замислувања и сонувања. Посебно започнува да се раскинува врската со родителите кои што жалат што го губат своето дете, притоа се јавуваат недоразбирања, грубости, трауми и т.н. Се јавува сомнеж во авторитетот на родителите, настанува појава во која што доаѓа до наметнување на своите ставови, ставовите на родителите се сметаат за "немодерни", "погрешни", "смешни" и се тоа врз основа на самопотврдување и самоистакнување. Негативноста, одбивање на послушност, неизвршување на наредбите, го следат овој животен период. Идентификацијата со еден од родителите, почнува да се пренесува на други, на поинтересни, повредни личности, на спортисти, глумци, пејачи. Сето ова доведува до одбивање на послушност, кавги со родителите, промена на расположението, емоционална лабилност и т.н. Препуштањето во светот на фантазијата, доведува до слабост во концентрацијата, ослабување на успехот во училиштето и на други области. Се јавуваат одредени склоности кон идната професија. Посебно овој период е важен за психосексуалното интересирање за спротивниот пол којшто се гледа во тенденцијата за физичка близина, и другарство со личност од другиот пол, пишување на сентиментални писма, и најпосле интересирање за своите полови органи.

Имајќи го предвид овој доста динамичен период логично е дека во него доаѓа до појава на многу душевни пореметувања, настранливост,повлеченост, затворање во себе, повлекување од друштвото, безволност, екстравертност со тенденција за истакнување себеси. Исто така при препуштањето во светот на фантазијата, може да дојде и дома, напуштање часови, агресивно однесување и т.н. Не се ретки и таканаречените рани проституции, уживањето во дрогата и алкохолот. На многуте

7

Page 8: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

вакви однесувања треба да се обрни внимание, пред се овие однесувања на пубесцентот треба да се карактеризираат како "криза на пубертетот".

Адолесценција

Зборот "адолесцент" има корени во латинскиот глагол "адолесцере" што значи развива, созрева. Со оглед на тоа дека токму се случува во овој период овој термин е најсоодветен и тој се користи во научната литература.

Зборот "млади" не е одреден со возрасните граници и често се користи во иста смисла, што не е грешка и покрај неговата непрецизност. Другите зборови како "малолетник", "тинејџер" и "младиец" исто така се користат во стручната литература и во говорната комуникација, но нивното значење најмалку одговара на поимот адолесцент. Малолетник е збор кој укажува дека единката не е одговорна пред законот заради своите години, тинејџер е збор усвоен од англискиот јазик и подразбира единка на возраст од 13 до 19 години; младинец е збор кој има идеолошка конотација.

Периодот на адолесценцијата се дефинира како период помеѓу детството и зрелоста, кој се карактеризира со динамичен физички развој и значајни промени во когнитивниот, емоционалниот и социјалниот развој.

Овој период од седумдесеттите години се дефинира и како период на "бури и стресови" под што се подразбирале генерациските, полни со негативни емоции, како и наглите биолошки и физички промени во организмот, следени со емоционална напнатост и неурамнотеженост. Во поновите стадиуми засновани врз лонгитудиналниот метод, се помалку се третира овој период на таков начин, а промените на адолесценцијата не се толкуваат како исклучително или примарно генетски, туку и цивилизациски и културолошки, што значи дека во различни социјални средини, овој период не е секогаш период на интензивни емоционални превирања и амбиваленции.

Што се однесува до почетокот на адолесценцијата, забележлив е поран развој од по неколку месеци на секоја од последните декади, што се толкуваат со подобрување на животните услови, како што се исхраната, хигиената и здраствената заштита. Исто така потребно е да се каже дека постојат полови разлики во почетокот на пубертетот. Имено, просечна возраст, за почетокот на пубертетот кај девојчињата се смета единаесеттата година, а кај момчињата дванаесеттата година.

Крајот на адолесценцијата е особено дискутабилен, но едно е сигурно, дека во развојот на општеството, односно во развојот на техниката, овој период трае се повеќе. Продолжувањето се должи на продолжувањето на образовниот процес и оформување, потешкото вработување и економската зависност на младите од родителите, како и од изборот на партнерот и формирањето на сопствено семејство.

8

Page 9: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

4. Растење, созревање и развивање

Основните прашања врзани за процесот на развојот на личноста (ученик) се поврзани и со користењето на термините растење, созревање и развивање.

Под растење се подразбира квантитативен процес на зголемување, продолжување и проширување на обемот на телото, деловите од телото и на неговите поединечни органи. Значи, тука се за в предвид анатомско-физиолочкиот аспект. Растењето зависи од многу надворешни и внатречни фактори: услови на живеење, исхрана, физичка активност, работата на ендокриниот систем и слично.

Созревањето е процес сокој се означува редоследот, времето и формата во која се појавува нешто што е вродено. Созревањето е тесно поврзано со растењето. Наследувајќи определени биолошки основи, индивидуата има можности да се изгради како човечка индивидуа. Меѓутоа, индивидуата не ги наследува органите во готова и завршена форма. Таа треба да ги развие, а тоа се постигнува со единствениот процес кој во себе ги вклучува растењето и созревањето. Растењето и созревањето колку и да зависта од разновидни надворешни и внатрешни фактори, многу зависат и од уште еден фактор, а тоа е функционирањето и активноста на определен орган, од вежбањето.

Развивањето е процес кој ги опфаќа и растењето и созревањето, но и средствата, формите, методите и патиштата со кои постојано се усовршува еден орган, едно психичко својство и човечката индивидуа во целина. Развивањето е комплексен и сложен процес, а развиеноста го обележува резултатот со кој тој процес се постигнува, односно нивото до кое се стигнало.

Кога станува збор за развитокот на личноста и природата на самиот процес на развивање, се издиференцирале две концепции: еволуционистичка и дијалектичка.

Според еволуционистичкото сфаќање, развитокот на личноста се сведува, во основа, на растење, созревање и саморазвивање. Разликата помеѓу едната и другата етапа во развитокот на индивидуата се од квантитативна природа – развивањето не е процес на постојано менување, туку процес на механичко зголемување, односно растење. Според оваа концепција, детето е мал човек, со растењето тоа станува потполн човек. Наследството е единствен одлучувачки фактор за развиток на индивидуата.

Според дијалектичката концепција, развитокот на личноста е процес на постојано и квантитативно и квалитативно менување. Ништо не се признава како потполно готово, однапред утврдено и завршено. Квантитативните и квалитативните промени (растењето, созревањето, развивањето) постојано се наоѓаат во меѓусебен дијалктички однос. Оваа концепција создава основа за правилно разбирање на одлучувачките фактори во развојот на личноста, како и основа за изградување научна педагогија и организирање на воспитанието во даденото општество.

9

Page 10: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

5. Ментална возраст

Освен останатите новини кои ги донела со севе, Бине-Симоновата скала го вовела и новиот принцип на мерење на интелигенцијата. Бине вовел поинаков принцип на проценување на интелигенцијата: со помош на развојни степени. Интелигенцијата на поединците се одредува на тој начин што се утврдува до која развојна скала стигнал тој поединец во својот развој. Таквите скали, баш како нормите при одредувањето на релативната положба на поединецот, се востановуваат емпириски, т.е. во текот на постигнување на репрезентативниот примерок на деца од сите испитани возрасти. И таквото просечно постигнување,

карактеристично за одделните календарски возрасти, се појавува како единица мерка според Бинеовиот принцип. Тоа е, всушност, она што го нарекуваме ментална возраст, со чија помош се искажува степенот на развој на детската интелигенција.

Бине-Симоновата скала настанала со непосредната потреба да се најде објективен метод за разликување на нормалните и ментално заостанатите деца. А самата скала, во текот на седумдсетгодишното постоење подоцна се докажала како најпрецизно средство баш при решавањето на тој значаен практичен проблем. Во основа, Бинеовото разликување на ментално заостанатите деца се засновува на квалитативните особености на тие деца во споредба со нормалните деца.

10

Page 11: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

6. Заклучок

Врз основа на повеќе психолошки и педагошки истражувања утврдено е дека развојот на личноста поминува низ поголем број развојни фази – возрасти. За педагогијата е значајно дека за секоја возраст се утврдени психички и физички (телесни, физиолошки) карактеристики, врз основа на проучувањата, се претвораат во развојни норми (стандарди) за секоја возраст. Утврдувањето на индивидуалните развојни карактеристики може да се однесува на личноста во целина или, пак, на поеднинечни компоненти од нејзиниот психички и физички развој. Воспитаникот, минувајќи ги сите развојни фази, постојано ја менува позицијата кон воспитните влијанија. Така, колку што е помлад, со помалку искуство, толку повеќе и недоволно критички ги прима воспитните влијанија, а колку што е повозрасен, со поголемо искуство, покажува и значителни поголема критичност и многу поголема избирливост, различна сензитивност кон многубројните воспитни влијанија.

Колку воспитанието ќе биде во функција на развојот на личноста на воспитаникот, ќе зависи, пред се, од сфаќањето на значењето на воспитанието, од концепцијата, целта и задачите на воспитанието, нивната научна и реална заснованост, а ќе зависи, во значителна мера, и од воспитувачот кој го организира и го раководи процесот на воспитание, како и од условите во кои се остварува воспитниот процес. Поради тоа, воспитувачот мора да усвои и да совлада одредени знаења за личноста на воспитаникот, етапите на неговиот развој, карактеристиките на возраста која ја воспитува, можните индивидуални отстапувања за суштината, смислата, целите и задачите на воспитанието и да биде оспособен за практична воспитна работа.

11

Page 12: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

7. Содржина

1. Вовед..............................................................................................................2

2. Фактори кои влијаат на развојот на учениците...............................3

Биолошки фактори за развојот на личноста................................................................3

Социјални фактори за развој на личноста...................................................................4

3. Периоди во развојот на личноста...........................................................4

Пренатален период (0 - 280 дена)........................................................................5

Новороденче (0-1 година)..................................................................................................5

Рано детство (1-3 година)..................................................................................................5

Предучилишен период (3-7 години)................................................................................6

Основношколски период (7-15 година)..........................................................................6

Пубертет...............................................................................................................................6

Адолесценција.....................................................................................................................8

4. Растење, созревање и развивање..............................................................9

5. Ментална возраст...................................................................................10

6. Заклучок......................................................................................................11

7. Содржина...................................................................................................12

8. Користена литература...........................................................................13

12

Page 13: Семинарска педагогија

Основни карактеристики на развојот на учениците

8. Користена литература www.wikipedia.orд

www.childrenswebmaд.com

www.communitycare.co.uk

www.socialpedaдoдy.co.uk

Педагогија за IV година гимназиско образование

13