Информатор за респираторна терапија кај пациенти ХООБ
DESCRIPTION
Оваа брошура е издадена со цел да ви дадеме одговор на вашите поставени прашања откако ќе бидете информирани дека кај вас е потребна Кардиохируршка интервенција.TRANSCRIPT
ИНФОРМАТОРЗА РЕСПИРАТОРНА ТЕРАПИЈА
КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ХОББ
СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ФИЛИП ВТОРИ
02/ 3091- 484; www.filipvtori.com
ХОББ (хронична обструктивна белодробна болест) е заболување каде што е отежнат протокот на воздух во дишните патишта, а тој процес е неповратен. Отежнати-от проток на воздух е резултат на заболување на малите дишните патишта (обструктивен бронхи-тис) или на оштетување на бело-дробно ткиво (емфизем).
Хроничен бронхитис е кли-ничка дијагноза што означува долготрајна и продуктивна каш-лица во тек на три месеци. Во текот на болеста се создаваат лузни во дишникот и дишните патишта, што го оневозможува протокот на воздух кон помали-те дишни патишта.
Емфиземот е заболување на белите дробови, каде воглавно се зафатени и оштетени алвеолите (белодробни меурчиња, основна градба на белите дробови). Кај емфиземот овие меурчиња ја гу-бат еластичноста и со тоа се на-малува способноста за исфрлање на воздухот од белите дробови.
Астмата е воспалително бело-дробно заболување кое се карак-теризира со прекумерна реак-ција (хипереакција) на дишните патишта од надворешни надраз-нувачки агенси, а се карактери-зира со стеснување (спазам) на
дишните патишта.
Причини
Во најголем број случаи ХОББ се јавува кај пушачи, луѓе изло-жени на прав и хемикалии на работните места, на аерозага-дување, зложени на пасивно пу-шење како и пациенти со чести белодробни инфекции во раното детство. Сите овие причини во-дат до оштетување на белодроб-на функција.
Симптоми
ХОББ е прогресивно заболу-вање кое во почетокот е без кли-нички симтоми, иако тестовите на белодробната функција пока-жуваат постоење на болест.
Доминантен симптом е утрин-
Што е хронична обструктивна белодробна болест(ХОББ)?
ската кашлица со жилав секрет кој тешко се искашлува. Подоцна се јавуваат болки во градите со упорна надразнувачка кашлица и чувство за недостиг на воздух.Како што напредува болеста, за-честеноста и тежината на симп-томите се зголемуваат. Постои недостиг на воздух при напор, придружен со замор и општа сла-бост, намалено ниво на кислород (О2) во артериска крв, цијано-за, губиток на телесна тежина и утрински главиболки (заради зголемено ниво на јагленороден диоксид (CO2) во крвта. Како последица на тоа се јавуваат раз-новидни срцеви пореметувања.
Со напредувањето на болеста, периодите во кои нема тегоби се се пократки!
Светска класификација на ХОББ според
тежината на болеста
Стадиум 0: зголемен ризикХронична кашлица со продук-
ција на искашлок.Белодробната функција е се-
уште нормална. Стадиум I: блага ХОББ Лесно ограничување на прото-
кот на воздух.Хронична кашлица со продук-
ција на искашлок.Стадиум II: Средно тешка
ХОББВлошување на протокот на
воздух, прогресија на симптоми-те, отежнато дишење во напор.
Стадиум III: тешка ХОББ Пречки во протокот навоздух
од тежок степен, респираторна инсуфициенција и со клинички знаци за слабост надесната стра-на од срцето.
Тестовите на белодробни-те функции (спирометрија) се најважна дијагностичка метода за докажување на ХОББ.
Лекување и пулмонална рехабилитација
Откажувањето од цигарите е најефикасна и најекономична мерка за намалување на ризик за настанување на ХОББ и забаву-вање на нејзиниот напредок !
Лекување со лекарства
Лековитеги ублажуваат симп-томите, ја намалуваат зачесте-носта и тежината на болеста, а со тоа ја подобруваат здравстве-ната состојба и толеранцијата на физичкиот напор преку смалу-вање на напнатоста на мазните мускули во помалите и поголе-мите дишни патишта и олесну-вање и подобрување на протокот на воздух. Муколитици се сред-ства кои ја смалуваат количината на излачениот секрет и го олес-нуваат искашлувањето. Најчесто користен муколитик се топлите напитоци.
Кортизонските препарати го намалуваат воспалнителниот процес и отокот на слузницата во дишните патишта.
Аеросол терапијата („пумпи-ца“ или „спреј“) е техника на ре-спираторна терапија.
Аеросолни инхалации се ко-ристат кај многу белодробни за-болувања, а предноста во однос на системска терапија е во тоа што дејството на лекот е многу побрзо, локално, а тераписки-те дози се значително пониски. Перкусија (тапкање) и вибрации се техники со кои се овозможува прочистување на дишните па-тишта од насобраниот секрет.
Вежбите на дишење ја зголе-муваат силата, издржливоста и ефикасноста на респираторните мускули, го намалуваат напо-рот при дишењето и ја зголемат толеранцијата кон вежбите. За оваа цел се користат и посеб-ни помагала (Triflow, Duoflow, Mediflow).
Ова помагало со максимален напор при вдишување овозмо-жува распоредување на возду-хот во белите дробови. Притоа е битно пациентот правилно да ги изведува вежбите со Triflow: полека да го вдишува воздухот, да го задржи дишењето 1 - 2 се-кунди, а потоа бавно да издишу-ва. Препорачливо е пациентот да прави најмлку 15 - 20 вдишу-вања на секој саат. Ова помагало овозможува максимален напор при издишувањето и полесно исфрлање на собраниот секрет, а истовремено спречува слепу-вање на белодробните меурчиња (алвеолите).
Целта на респираторната те-рапија е намалување на симпто-мите, намалување на ризикот од респираторни инфекции, подоб-рување на квалитетот на живот,
како и враќање на пациентот во секојдневните животни ак-тивности.