АМАК ПРЕС 84

24
AMAK PRES OHRIDSKI NOVINI EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK Godina V - Broj 84 10 Mart 2008 www.amakpres.com.mk marketing 070 / 462-362 ДОНЕ КАРАГИРОВ - ПОСТАР ЗАПОВЕДНИК НА БРОДОТ ’ГАЛЕБ’ ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ АНГЕЛ ТАСЕСКИ СОСТОЈБАТА СО ЕЗЕРОТО Е ДРАМАТИЧНА ОХРИДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ СТАР РИБАРСКИ ЧУН ПРОНАЈДЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ОХРИД КОНЕЧНО ДОБИ СОВРЕМЕН БРОД ГОРД СУМ НА КАПИТЕНСКАТА ТРАКА definitivno najevtino

Upload: alankaou

Post on 28-Mar-2016

236 views

Category:

Documents


12 download

DESCRIPTION

Амак Прес Охридски Новини е единствениот печатен медиум во охридско-струшкиот регион, а весникот се печати во тираж од 4000 примероци. Основач и издавач на Амак Прес Охридски Новини е генералниот дирекотр на Амак СП,Венко Шапкар.

TRANSCRIPT

Page 1: АМАК ПРЕС 84

AMAK PRESOHRIDSKI NOVINI

EDINSTVEN INFORMATIVEN VESNIK VO OHRIDSKO-STRU[KIOT REGION BESPLATEN PRIMEROK

Godina V - Broj 84 10 Mart 2008

www.amakpres.com.mkmarketing 070 / 462-362

ДОНЕ КАРАГИРОВ - ПОСТАР ЗАПОВЕДНИК НА БРОДОТ ’ГАЛЕБ’

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ АНГЕЛ ТАСЕСКИСОСТОЈБАТА СО ЕЗЕРОТО Е ДРАМАТИЧНА

ОХРИДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

СТАР РИБАРСКИ ЧУНПРОНАЈДЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

ОХРИД КОНЕЧНО ДОБИ СОВРЕМЕН БРОД

ГОРД СУМ НАКАПИТЕНСКАТА ТРАКА

definitivno najevtino

Page 2: АМАК ПРЕС 84

МММ, ДААА. . . ХОЛИВУД . . .ООО МАМА ! ! !

Неколку седмици наназад естрадната јавност трешти од конфликитите кои избија меѓу из-ведувачите кои се кандисаа да настапат на годинашниот македонски евросонг. Се исплукаа, се искараа и на крај на суд завршија со меѓусебни тужби и контратужби. . . И во центарот на војната се најдоа Бојан 13 и Биг Мама кои излетаа од фестивалот како тринаесетти прасиња, под пртисок на некои автори. И сега евровизијата заврши и сите ја оценаа како најслаб избор во историјата, никој не може да се сети на некој рефрен од песните кои се изведоа на фестивалот. И додека овогодинашната домашна Евровизија никогаш нема да падне во заборав бидејќи никој не ја ни запамети, на сцената се појави песната од Бојан и Биг Мама. . .И вед-наш Холивуд се заврте на сите радио станици, по кафулињата, а богами Бојан како зборува, а Биг Мама пее трешти и на среде чаршија. И сите велат дека песната била далеку,далеку пред песните на фестивалот. . . Истовремено за Бојан директно или индректно се зборува во сите емисии на телевизија. Каде и да се свртиме него го има. Сите мислат и зборуват за Бојан и детето како да предизвика некоја си масовна хистерија околу него, па работата дојде дотаму што дури и пеачот Џеј од Србија, посакал да има интимна врска со него.Подолго време, во недела на Сител оди една навистина пријатна емисија “Oпуштено“ со која лани се опуштавме во недела попладне, а сега нема шанса да се опуштиме бидејќи со седмици гледаме како глумецот Тони грофта во емисиите, зборува за некое тринаесетто прасе и постојано го имитира Бојан. Па се прашувам дали Тони е опседнат со Бојан и постојано мисли на него како негов најголем обожавател, па не само што непрекианато алу-дира на него туку и го имитира. Каде се изгуби оригиналниот водителот, па сега постојано имитира друг водител. . Околу Бојан се завртеле и работните активнсоти на поранешната програмска директорка на Канал 5, Весна Петрушевска која забранила на таа телевизија да се емитува изјава од Бојан. И некое време потоа ја сменаа директорката. . .Помешала баби и жаби, па сега не ја работи таа работа. Дали е тоа во прашање или тоа што сега Топ Шоу достигнало поголема гледаност од вестите на која било Телевизија не ми е јасно, но, јасно ми е ( а тоа им е јасно сигурно и на газдите на Канал 5) колакави пари донело тоа шоу во касата на А1 Телевизија, па некој одлучил да преземе кадровски чекори кои ќе му се допаднат на детето кое некои го викаат 13 то прасе, а тоа ти било златна кокошка. И додека нашите пејачи, пејачки и отворачи на усти пред микрофон се пресреќни кога спектакуларно, пред стотина луѓе ќе настапат во ноќниот клуб кој е во подрумот на Домот на кулурата во Лескоец ( не ми текнува сега како се викаше овој клуб) и пресреќни чекаат во ред да дадат интервју во емисијата “Естрада Плус“ со Ване Петкоски (каде го лажат на водителот дека немале силиконски цициња ) , Бојан облечен како принцеза во женски фу-стан и со круна на главата гордо вели дека неговиот голем стомак бил природен и настапува во најголемата и најпрестижната охридска дискотека Парк, каде се собраа околу 2 000 луѓе и уште стотина стоеа надовр на снегот. . .А истовремено не оди во естрадни емисии туку опширно за неговиот настап се пишува на охридските интернет портали и се информира во вестите на локалните радио и ТВ станици.Па после сето ова се прашувам дали нешто не е во ред со Бојан ( кого сите ние како по некоја службена должност го плукаме, велиме дкеа бил дебел и се ужасуваме од него) или нешто не е во ред со нашата естрада која низ децениите наместени фестивали и платени награди толку мнгу струлила што сега дојде до фаза Бојан во Охрид да собере на стадион 10 000 публика, исто толку и во Куманово, а за јуни да го закаже Градскиот Стадион во Скопје кој за жал нема шанса да го наполни ниту една сега жива пејачка или пејач на на-шата естрада.Епа господо пеајчки, пејачи и отворачи на утса на естрадата. . .Кога ќе ви се појави Бојан облечен како принцеза можете само да му се поклоните и да клекнете пред него. . .И од како ќе му бакнете рака, да се запрашате самите себеси заедно со ваште менаџери до каде ја дотуркавте естрадата во земјата каде народот е толку музикален и разигран што го бие глас дека странците не треба да играат и да пејат тука, бидеќи ќе се натпеани и надиграни. . .Можеби и за тоа не можеме да победиме на еврвизија. . .

2 AMAK PRES

DA NAPRAVIME REZIME

ИЗДАВА: АМАК СП А.Д.Ул. ,,15-ти Корпус,, 89 - ОхридИзлегува на 10 и 25 во месецотТел:046/263-781 факс 046/263-784E-mail: [email protected]

За издавачот:Венко Шапкар - Генерален директорГлавен и одговорен уредник: Љупчо ТаневскиУредник: Сузана ВренцовскаНовинари: Анѓела Белевска Крсте Спасески Мирко ПостолоскиТехничка редакција: Бранислав Сиљаноски Велимир Џамтоски Лектор: Милчо ЈованоскиМаркетинг менаџер: Славица СтевоскаДистрибуција Јован Костоски 070/ 307-318Печати печатница: ''Коста Абраш'' АД-Охрид

Многу гламур, замислен сјај, лажни дијаманти, наместени награди, нечисти црвени ќилими. . . Ма не, фуј фуј фуј. . .Циркус, циркус. . . Тоа не Ви треба Вам. . . Вас ви треба Холивуд , вас ви треба спактал драги мои. Даааааа. Уиии, уииии цмок, цмок цмок. . .

Page 3: АМАК ПРЕС 84

3www.amac.com.mk/novini

LOKAL

Page 4: АМАК ПРЕС 84

4 AMAK PRES

ЛОКАЛ

ТАМУ КАДЕ НЕ УСПЕАВМЕВИНОВНА Е ВЛАСТАМинатата година измина без

воља од страна на централна-та власт да покаже разбирање

за реалните потреби на општина Охрид во справувањето со наследените про-блеми, со постојани притисоци, оп-струкции, контроли и надзор од власта базирани на партиски и политички ин-тереси, оцени градоначалникот Алек-сандар Петреси во своето обраќање пред советниците на 51 седница на Со-ветот на општина Охрид. Според него општината наследила долг од 13 ми-лиони евра, долг кој успеал за време на неговиот 2,5 годишен мандат половина да го врати. Останатите 5 милиони евра Петрески најави дека ќе ги врати во на-редните 6 месеци.-Побаравме од надлежното Мини-стерство да ни дозволи позајмица од буџетските средства од државата или да земеме банкарски кредит за кој би плаќале далеку помали камати, а би го сервисирале сиот наследен долг, рече Петрески. Тој меѓу другото зборувајќи за инфраструктурните зафати, кому-налното уредување на градот, образо-ванието, туристичката понуда како и

за зголемувањето на буџетските сред-ства на општината потсети дека Охрид предначи меѓу општините во Државава и нејзиното место е во втората фаза на децентрализацијата. Петрески се пофали дека откако е тој градоначалник асфалтирани се 130 илјади метри квадратни површина, поплочени околу 35 илјади метри ква-дратни тротоар и пешачки површини, осветлена е 7 километри улична мре-жа, изградена е фекална канализација во должина од 9 илјади метри квадрат-ни во самиот град и во населбите Рача, Пештани и Подмоље,се изградени 4 спортски игралишта, реализирано е чистење на речните корита со што е избегната можноста од евентуални по-плави и др. Но, за делот каде општи-ната минатата година не успеала да ги реализира планираните програми, Петрески ја посочи Владата како вино-вник, посебно во делот на урбанизмот и животната средина.-Урбанизацијата на одредени подрачја на општината останува нереализира-на поради комплицираната постапка и трошењето време во чекање на мислење

и согласност од надлежните министер-ства за ДУП, вели Петрески. Покрај урбанизмот, според Петрески, причини за забавениот развој на општината се и неможноста општината да располага со природните богатства, пред се Езерото, прелевањето на средствата од наплата-та на таксите и даноците во буџетот на државата, попречувањето на општина-та да располага со сопствениот имот, немањето ингеренции во областа кул-турата каки и нејзино задолжување по основ на експропријација. Во своето обраќање градоначалникот Петрески за 2008 година најави повеќе инфраструктурни зафати -уривање на старата градска библиотека, проширување на улицата Железнич-ка, како и изградба на канализациона мрежа во Велгошти, Лескоец и Пеш-тани. „Оваа година за општина Охрид ќе биде уште поуспешна од минатата“, вети Петрески. Сузана Вренцовска

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ПЕТРЕСКИ ДАДЕ ОТЧЕТ ПРЕД СОВЕТНИЦИТЕ

ПЕТРЕСКИ ДЕЦИДЕН

ПРВО ЗАКОН ПА ПОСЛЕ РУШЕЊЕДодека не се донесе законот за легализација на диво изградените објекти нема да рушиме, ова е ставот на градоначалникот Александар Петрески за тоа како општината ќе постапува со дивоградбите. Тој вели дека во повеќето случаи се работи за индивидуални ди-воизградени објекти за домување каде општината нема намера да интервени-ра, но во случаите каде што се работи за згради ќе се спроведат санкции, а градбата ќе биде стопирана.Според Петрески проблем плус е и тоа што општината не располага со сред-ства за рушење, а потребни се од 500 илјади до 1 милион евра.

-Наследивме 700 предмети за нелегал-но изградени објекти од државата која со години не го решила овој проблем. Побаравме и позајмица од Владата за да ги платиме екипите кои ќе рушат, но од таму решија да и дадат пари на општина Карпош, а не нам, вели Пе-трески.Дел од советниците пак сметаат дека проблемот со големиот број на диво-градби е последица на неефикасноста на општинскиот инспекторат-Инспекциите со својата работа ди-ректно влијаат дали ќе владее дисци-плината или ќе се препушти на само-волието на граѓаните. Отпочнувањето

на дива градба е најтешко кривично дело според новиот закон. Ако нема пари за рушење тогаш има пари за кривични пријави. Тоа е превентива за почитување на законот, смета совет-никот Љупчо Нечкоски. Според него доколку општината го чека законот за легализација кој според најавите тре-ба да биде донесен до крајот на овој месец, упатува порака дека граѓаните можат да градат бесправни објекти кои подоцна ќе бидат легализирани.

С.В

Page 5: АМАК ПРЕС 84

5

ЛОКАЛ

СТАР РИБАРСКИ ЧУНПРОНАЈДЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОЧун сатар око-

лу 40 години неодамна е

пронајден во езер-ските води кај мес-носта Билјанини Извори .Го откри-ле вработените од Јавното претпријатие “Комуналец“ при една акција на чистење на тој дел од крајбрежјето, а се претпоставува дека стигнал од албанска страна.Пловниот објект е реплика на големите стари рибарски чуно-ви и е направен во ист стил како неко-гашните охридски рибарски пловила.

“Објектот е искористен неколку пати при организирање на некои сценски перформанси и истиот е доста инте-

ресен, но како јавно претпријатие не мо-жеме да превземе-ме некои поструч-ни активности за негово конзервирање“, изјави Сашо Аљче од Охридски Ко-муналец, додавајки дека надлежните од претпријатието се от-ворени за соработка со Заводот и Музеј доколку покажат инте-рес за реставрирање и заштита на чунот. Во моментов истиот се наоѓа во просториите на ЈП “Комуналец“ и е

заштитен од физички оштетувања. Ангела Белевска

ЗГРАДАТА ВО КОЈА БЕШЕ СМЕСТЕНА ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА ЌЕ СЕ УРИВА

ДО ЛЕТО СО НОВ ГРАДСКИ ПЛОШТАД

Најверојатно владата ќе донесе одлука со која до почетокот на месец мај ќе биде рушена згра-

дата во која до пред нецели две години беше сместена градската библиотека

„Григор Прличев“. Новиот охридски плоштад се очекува да биде готов пред почетокот на летната туристичка сезо-на и на него нема да се подигаат нови објекти.Просторот што ќе се отвори ќе

биде еден од најатрактивните во гра-дов со поглед на црквите,тврдината и стариот дел на Охрид. Истиот ќе слу-жи како отворена сцена за културни манифестации а можно е поставување на споменици на познати, заслужни охриѓани.Од локалната самоуправа велат дека најверојатно ќе биде изградена и пе-шачка патека од Долна до Горна пор-та и Самоиловата тврдина која ќе биде привлечна пешачка зона како за охриѓани така и за туристите.Зградата во која беше сместена град-ската библиотека, стара е 80 години. Во неа била сместена локалната самоу-права на Охрид, а потоа и други инсти-туции и здруженија. Поради нејзината висина и ширина одзема голем дел од просторот и го затвора видикот на значајните културно историски знаме-нитости. Затоа главен иниицијатор за рушење на објектот беше локалната са-моуправа која годинава проектот ќе го реализира заедно со Министерството за култура. А. Белевска

www.amakpres.com.mk

Page 6: АМАК ПРЕС 84

6 AMAK PRES

ЛОКАЛПЕТРЕСКИ ДЕЦИДЕН

ДУП НА УВИД ПРЕД ГРАЃАНИТЕ ОД РАЧАОд 4 до 18 март на јавна анкета

и презентација е даден Нацрт деталниот урбанисички план

за дел од населбата Рача. Нацрт деталниот урбанистич-ки план за населбата Рача е даден на јавен увид,и презентација за да можат жителите да се произнесат и по евен-туалните забелешки да укажат на из-мена и дополна на предложените урба-нистички насоки.Планот е изложен во просториите на Основното училиште во населбата Рача и во зградата на Ло-калната самоуправа. Увид на планот граѓаните можат да извршат секој ден од 10 до 16 часот.За објаснување има

задолжени лица од Оделението за ур-банизам.Со Анкетни листови жители-те од населбата можат да ги изнесат своите забелешки.Посебна урбани-стичка комисија,по завршувањето на јавниот увид ќе ги разгледа и писмено ќе ги информира, дали и колку нивните забелешки можат да се вклопат во пла-нот. Според урбанистичкиот план, населбата Рача е зацртна исклучиво како населба за домување со хотелиер-ство и терцијални содржини и објекти за духовна култура.Вкупната површина со Деталниот урбанистички план из-несува 3,5 хектари.Со планот, од источ-

ната страна населбата Рача се граничи со локалниот пат за селото Велестово, од запад со Булеварот “Свети Наум Охридски” од северната со училиш-тето а од јужната страна со Туристич-ката населба “Свети Стефан”. По завршувањето на јавната анкета на Нацрт- ДУП за дел од на-селбата Рача, усогласен со насоките на Генералниот урбанистички план,ќе се произнесе Министерството за транс-порт и врски,а потоа како предлог-план треба да го усвои Советот на општината Охрид. К.С.

ПОЧНАА КОМУНАЛНИТЕ ЗАФАТИ ЗА ПОУБАВ ГРАД

Со подобрувањето на време-то, Локалната самаоуправа на Охрид,деновиве почна со

реализација на планираните зафа-ти од комуналната инфраструктура и сообраќаот зацртни за 2008 година.Целта е, градот да биде поубаво уре-ден и побезбеден за сообраќај на учес-ниците во сообраќајот,особено пеша-ците ,во текот на летната туристичка сезона,кога во Охрид престојуваат меѓу 20 до 30 .000 туристи.Во оваа насока, Локалната самоуправа, кон крајот на февруари интензивно ги започна земјените и градежните ра-боти на новата кружна раскрсница на улиците “Марко Цепенков” и “ Мом-чило Јорданоски” со која на овој про-стор значително ќе се подобри нормал-ното одвивање на собраќајот ,бидејќи честопати на овој дел ,се случуваа сообраќајки со големи последици.Гра-дежните зафати ги изведува Третото градилиште на Охридски “ Гранит” според проектните задачи.Изградбата на кружната сообраќајница на која се спојуваат сите улици на овој простор,

ја финансира Локалната смаоуправа на Општина Охрид,впрочем по теркот на веќе изградените претходни три круж-ни сообраќајници во градов,во насел-бата “Далјан” на излезот од градов за Струга, кај Здружението на возачи до “Жито Леб” и кај општа болница.Во наредниот период кружна крстосница ќе се гради и на просторот на сатарата Бензинска пумпа на “Макпетрол” до новата Автобуска станица..Параелно со ова, деновиве почна и изградбата на Каналот за фекална канализација на улицата “Бистрица” во населбата Воска.Тој ќе биде уреден на поинаков начин а не со бетонски капаци,како што е сега.Каналот ќе се изгради од кај Булеварот Туристичка до мостот на улицата “Гоце Делчев” по што овој дел од улицата ќе биде асвал-тирана со нов слој.

Локалната самоуправа на Општина Охрид,во текот на овој месец,ќе ги отпочне работите на проширување на улицата “Седми Ноември” на просто-рот пред Основното училиште “Бра-

ство” .Се планира да се прошири овој дел од улицата за да се создадат услови за косо паркирање и изградба на пар-кинг простор во дворот на училиштето за околу 80 возила.Се смета дека со овој зафат сообраќајен зафат ќе се подобри општата безбедност во сообраќајот на учениците и пешаците.Локалната самоуправа веќе има изра-ботено Проект со мала уличка низ која возилата што ќе доаѓаат од улицата на просторот околу “Крст Џамија “ ќе се пробие и уреди “Марко Нестороски” , пред џамијата да можат да се вклучат на улицата “Седми Ноември” .Инаку, во тек е поплочување на лева-та страна од улицата “Марко Несторо-ски” до крстосницата кај Горна Влаш-ка мала.Поплочувањето со бехатон плочки на оваа улица ќе продолжи и по крстосницата ,па се до Видобишта кај Стобекс, и од двете страни.Покрај овие,следуваат уште неколку вакви ко-мунални зафати во градов. К.Спасески

ДЕНОТ НА АЛБАНСКИОТ НАСТАВНИК СЕ СЛАВЕШЕ И ВО ОХРИД

Годинава за прв пат се славеше Денот на албанскиот наставник 7-ми март. Овој празник влезе во

програмата за одбележување на праз-ници и манифестации по предлог на советникот Недим Положани, а со це-

лосна подршка на Советот на општина Охрид. -Овој ден во последниве 40-50 години се прославува во училишта каде има наставен албански јазик, вели Поло-жани. Во Охрид денот на наставникот

беше во организација на ОУ „Братство и Единство“ а во соработка со Локал-ната самоуправа.

С.В

Page 7: АМАК ПРЕС 84

7www.amakpres.com.mk

СОСТОЈБАТА СО ЕЗЕРОТО Е

ДРАМАТИЧНАПо се позабележителното

опаѓање на нивото на Охрид-ското Езеро Советот на оп-

штина Охрид апелира да се преземат сите потребни активности да се спре-чи можната еколошка катастрофа која му се заканува на ова езеро, едно од најстарите на светов. Охридските со-ветници сметаат дека Владата под итно треба да ги врати концесиите врз езеро-то и крајбрежјето во надлежност на оп-штината. Во дел од заклучоците усвое-ни од страна на Советот на општина Охрид е предвидено да се утврди и максималната и минималната кота на осцилации на езерото во променети климатски услови, изградба на соодве-тен регулатор на почетокот од истекот на Црн Дрим кој ќе биде во функција на одржување на нивото на езерото на минималната природна кота како и формирање на надзорно тело кое ќе ги следи осцилациите на езерото. Според последните мерења нивото на Охридското Езеро ја достигна мини-малната вредност односно се наоѓа на 693,17 метри надморска височи-на, а како последица на опаѓањето на Езерото на одредени делови вдолж крајбрежјето видливи се новоформи-рани плажи во должина од по полови-на метар. Од управата за хидрометео-ролошки работи велат дека се вршат секојдневни мерења на езерото и дека место за паника нема. Хидролозите уверуваат дека со врнежите во изми-натите денови нивото на водата ќе се стабилизира.

Охридските советници се едногласни и во одлуката да се преиспита дого-ворот помеѓу поранешната СФРЈ и НР Албанија склучен во шеесетите години од минатиот век за користење на езеро-то како акумулационо, а во функција на производство на електрична енергија. Во 2000 година во услови кога нивото на Езерото исто така ја достигна нулта-та кота, за само два дена се испуштија околу 2-3 см, односно 10 500 000 ме-три кубни вода за решавање на енер-гетската криза во Албанија. Според познавачите на состојбите, во услови кога и сега има енергетска криза во Албанија, а особено кога од таму со струја се снабдува и Косово се поиз-весно е дека истекот на вода од езерото ќе се зголемува. Загриженост за повлекувањето на езе-рото доаѓа и од хидробиолошкиот ин-ститут. Од таму велат дека се нарушува природната рамнотежа што негативно влијае врз ендемичниот растителен и животински свет.Доколку не се преземат соодветни мерки Охридското Езеро ќе биде се-риозно загрозено велат стучњаците и предупредуваат на можна еколошка катастрофаJавноста поделена во размислувањата околу причините за ваквата состојба. Според едни причина се климатски-те услови , според други виновник е Владата која ги задоволува потре-бите на Албанија со неконтролира-но испуштање на вода, а поголем дел

намалувањето на нивото на езерото го поврзуваат со состојбата во Преспан-ското Езеро каде што нивото на водата опаѓа секојдневно.Експертите веќе подолго време пред-упредуваат на можните последици од повлекувањањата на водата од Охридското Езеро. Според нив вак-вата состојба може да предизвика и повлекување на подземните води, а со тоа да дојде и до искривување на пови-соките станбени објекти. Штети можат да бидат предизвикани и врз живопи-сот на крајбрежните цркви, кој зависи од микроклимата која ја создава езеро-то.Инаку, охридските советници упатија и апел до Министерството за транспорт и врски да забрани секаква градежна активност во водите на езерото како платформи, привремени пристаништа и сл, како и изградба на ѕидови покрај езерото кои ја прекинуваат природна-та комуникација на Езерото со брегот што пак предизвикува загрозување на живиот свет чии еколошки систем е брегот и водата заедно. Советниците упатуваат и апел до канцеларијата на УНЕСКО во Р. Македонија да се ис-почитува договорот со кој Охридскиот природен басен го става под сопствен патронат.

Сузана Вренцовска

ОХРИДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

7www.amakpres.com.mkwww.amakpres.com.mk

Page 8: АМАК ПРЕС 84

8 AMAK PRES

LOKAL

Скандал на Туристичката берза во Софија, каде нашата земја веќе десет години традиционално

учествува. За прв пат годинава нашиот штанд не се отвори иако требаше да се претстават околу 250 излагачи, бидејќи организаторот и приватната фирма “Балкан Холидеј“, во чија поддршка на саемот учествува бугарската државна туристичка агенција, побарале устав-ното име на Република Македонија да биде заменето со референцата ФИ-РОМ. Саемот започна на 21 февруари, а претставниците на Македонија и ма-кедонските хотелиери за овој проблем со името биле известени, вечерта на 20 февруари.Дончо Танески, претседателот на Хо-телската асоција на Македонија, како виновна за тоа ја смета министерката за економија во оставка Вера Рафајловска бидејќи оставила “неорганизираност и хаос во Министерство за економија“. Според Таневски постои инертност и неорганизираност на секторот за тури-зам во ресорното министерство, затоа и се случило во Софија на македонски-от штанд да стои името ФИРОМ. - Дека има проблем со уставното име на Македонија бевме известени вечер-та и контактиравме со нашиот амбаса-дор во Софија, Абдурахман Алити, чиј став беше ако не се настапи под уставно име, македонскиот штанд да не работи, вели претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, нагласувајќи дека и нашиот амбасадор и сите таму биле доведени пред свршен чин.- Уште на 15 февруари организаторот на туристичката берза во Софија до

Секторот за туризам испратил допис дека се обврзани за името на нашата земја да го користат името усвоено во Обединетите нации, односно референ-цата ФИРОМ. Овој допис останал во Секторот за туризам, па затоа немаше никакви реакции посебно на дипло-матски план, туку бевме доведени до свршен чин, пред самото отворање на саемот, вели Танески. Тој смета дека покрај силната пресија и уцени од стра-на на Грците, или ФИРОМ или тие ќе заминат, биле и парите, односно Грција требала, според него да плати 28.000, а Македонија 4.000 евра за користење на штандот.Но, и покрај ваквиот скандал македон-ските хотелиери од Софија се вратиле задоволни.Хотилиерската асоцијација на Бугарија приредила македонска ве-чер, а туристичките агенции од Бугарија го делеле пропагандниот материјал од Македонија нудејќи ја земјава како по-сакувана туристичка дестинација. НА САЕМОТ ВО БЕЛГРАД ДОСТОИНСТВЕНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД УСТАВНО ИМЕСкандалот од Софија не се повтори на саемот во Белград иако и таму Грците настојувале македонската туристичка понуда да биде преставена под рефе-ренцата ФИРОМ. Нашите хотелиери се вратија задоволни како од самата организација, така и од контактите остварени на саемот, но и од ефектите кои допрва ќе следат.- На саемот во Белград ја реклами-равме нашата национална кујна, крстарење со брод и кетеринг служба

на бродот со староградска македонска музика. Покрај стандардните флаери на агенциите им понудивме и ДВД со панорама на Охрид и на нашиот хотел се разбира. Најмногу договори склу-чивме со агенции од Србија, а ефек-тите кај нас ќе се почуствуваат за вре-ме и по првомајските празници. вели менаџерот на хотелот Славија Спектар, Зоран Ѓуревски.Инаку и другите туристички работници кои беа дел од македонскиот тим на овој саем, кои го презентираа македонскиот туризам, се задоволни од посетата во Белград, од заинтересираноста на по-сетителите од остварените контакти и сите очекуваат дека оваа сезона ќе биде најбериќетна за Охрид.Белградскиот саем важи за еден од најеминентните саеми за туризам во регионов и токму таму, според ХОТАМ, Охрид бил едно од најпосакуваните туристички места. Сузана Вренцовска

СКАНДАЛ НА ТУРИСТИЧКА БЕРЗА ВО СОФИЈА

Скандал на Туристичката берза во Софија, каде нашата земја веќе

Секторот за туризам испратил допис дека се обврзани за името на нашата

БУГАРИТЕ БАРАА ИЛИ ФИРОМ ИЛИ ДОМА

МАКЕДОНСКИТЕ КУЛИНАРИ СО ШЕСТ ЗЛАТНИ МЕДАЛИМакедонците се најдобри кулина-ри на балканот, ова го покажаа резултатите од гаст ронатпре-васрот што во рамките на

Меѓународниот саем за туризам се одржа во Белград од 28 февруари до 2 март.Учениците од ОУТУ “Ванчо Питошески“ од Охрид се вратија со шест златни медаљи освоени во шесте натпрева-трувачки дисциплини во кои покрај македонската учеству-ваа екипи и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.“Ова не се само успеси на нашево училиште туку и на маке-

донските кулинари воопшто, зошто ние бевме дел од маке-донската екипа. Тесна е врската меѓу туризмот и угостител-ството за кое во последниве неколку години голем интерес покажуваат младите кои беа главни иницијатори своите ку-линарски способности да ги покажат пред публика и струч-но жири “, изјави директорот на училиштето Секула Батко-ски, додавејќи дека виза за учество на белградскиот саем за туризам бил успехот што оваа образовна институција го по-стигнала на Меѓународниот саем за туризам што во Охрид се одржуваше од 17 до 20 јануари,годинава.Меѓународниот саем за туризам со гастро натпревар идната година ќе се одржува во Босна и Херцеговина. А. Б.

Успешна презентација зачинета со староградска музика

1

Page 9: АМАК ПРЕС 84

9www.amac.com.mk/novini

БУГАРИТЕ БАРАА ИЛИ ФИРОМ ИЛИ ДОМА1

Page 10: АМАК ПРЕС 84

10 AMAK PRES

POLITIKA

ОХРИДСКАТА НСДП СО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛБизнисменот Ацо Попоски е нови-

от претседател на општинската НСДП во Охрид- вака одлучија

делегатите на изборната конференција на охридскиот огранокот на НСДП . По-поски кој е поранешен член на СДСМ, рече дека по седнувањето на чело на општинската НСДП приоритет ќе му биде изградбата на партиска инфра-структура, а вратите на оваа партија, како што рече, се отворени како за по-старите така и за новите членови кои сакаат да се дел од НСДП. На конференцијата беа избрани и нови раководства на партијата, надзорен и управен одбор а присуствуваше и ли-дерот на партијата Тито Петкоски кој изрази уверување дека охридскиот огранок за брзо време ке се консолиди-ра. Според него ваквите турболенции кои се случија во Охрид ќе допринесат НСДП да прерасне во многу помоќна партија која ќе се разликува и од ВМРО ДПМНЕ и од СДСМ.Инаку пред само нецел месец централа-та од Скопје ја распушти општинската организација на НСДП од Охрид што пак резултираше со одлевање на голем број членови од оваа партија во ВМРО ДПМНЕ, заедно со извршниот одбор и пратеничката Мирјана Секулоска. Спо-ред неа 300 Титови членови преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.Секулоска со остри обвинувања до нејзиниот поранешен претседател Тито Петковски, кој според неа нема визија за развој на партијата, рече дека останувањето во НСДП за неа е само губење време. - Петковски одлучи со распуштањето на НСДП во Охрид да ми се реваншира за сите несогласувања и со тоа им плук-на во лице на луѓето кои на последни-те избори му искажаа доверба. НСДП

постојано заземаше опозициски став и моето останување таму беше само губење време. Политиката на Петков-ски е да се игра топло-ладно и поради тоа релациите помеѓу мене и него еска-лираа, рече Секуловска, која го изрази задоволството по пременувањето во ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што Влада-та и премиерот Никола Груевски, спо-ред неа имаат визија за подобрување на животниот стандард на граѓаните во Република Македонија.

Според Секулоска, разидувањата помеѓу неа и Петковски се и како по-следица на размислувањата околу ми-нистрите од НСДП кои партиципираат во власта, односно барањата од стра-на на лидерот на НСДП за оставка на Рафајловска и Еленовски, што според неа предизвикале жесток судир помеѓу нив.

Обвинувањето од НСДП дека преми-нот во ВМРО-ДПМНЕ Секулоска го направила од лични интереси за неа е момент којшто зборува за нивото на политичката култура којашто владее во НСДП. - Ако беше од личен интерес мое-то преминување, тогаш ќе ја напуш-тев партијата сама, а не и целата Оп-штинска организација и членството на НСДП од Охрид. Секулоска најави дека од вкупното

членство од 1.200 се очекува околу 1.000 нездоволни да потпишат при-стапници во ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите бројки за лидерот на НСДП, Петкоски се смешни. Тој тврди дека само 13 бли-ски луѓе до Секулоска и нејзини родни-ни поради лични интереси трансфери-рале во најголемата владеачка партија. Сузана Вренцовска

ПО ПРЕМИНОТ НА СЕКУЛОСКА И НЕЈЗИНИТЕ ИСТОМИСЛЕНИЦИ ВО ВМРО-ДПМНЕ

Page 11: АМАК ПРЕС 84

www.amac.com.mk/novini 11

ЗДРАВКО ЧОРБЕСКИЌЕ ГО БРЕНДИРА ВМРООхриѓанецот Здравко Чорбески најавува дека наскоро на државно ниво ќе покрене иницијатива за за-штитна на името ВМРО. Тој вели дека е згрозен од големата употреба на ова име во политички цели и дека е последен момент овој како што го нарекува свет збор за Македонците да биде заштитен од злоупотреби. - Бидејќи како што знаете сите идеали на историското ВМРО ние преку ВМРО ДПМНЕ ги ис-полнивме во 1990, а тоа е да се има независна Македонија, држава на Македонците, да имаме своја валута и спортски репрезентации, мислам дека е време ВМРО да се заштити како истоирско наследство за нашиот народ и да неможе да се користи во политички и комерцијални цели како што се прави сега. Со група привр-заници наскоро на републичко ниво ќе покренам иницијатива за заштита или исторско брендирање на ВМРО и со тоа партите кои сега го имаат тој збор во своите официјални имиња нема да можат да го корситат, па ќе останат само ДПМНЕ или Народна. Се нагле-давме низ годините дека бројни партии или зруженија профитираат и го злоу-потребуваат зборот ВМРО и време е да се стави крај на тоа-вели Чорбески. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека се изненадени од сето ова, но не го зе-маат во предвид како нешто реално и

издржано.- Сите ние членовите на ВМРО ДПМНЕ сме горди што сме дел од историски-от бренд ВМРО, а нашата партија ја застапуваме идеологијата на ВМРО ДПМНЕ, тоа е неделив термин, името е во согланост со позитивните закон-ски прописи , аединствено е чудно што на господинот Чорбески токму сега му текнало ова, истовремено кога сите ние ја водиме историската борба за да се сочува името Македонија, а некој от-

вора нов фронт за зачувување на името на ВМРО. Не ни е јасен, ако тоа ВМРО во името на нашата партија не му пре-чеше додека беше член, а сега сака да е над законот – ни изјави шефот на тимот за односи со медиумите на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Охрид Наташа Спасеска.

Љ.Т.

www.KRALEMARKO.ORG.MK e-mail: [email protected] tel: 070/775-025

Page 12: АМАК ПРЕС 84

12 AMAK PRES

ОХРИД КОНЕЧНО ДОБИ СОВРЕМЕН БРОД

Бродот „Га-леб“ за оваа се-

зона е најавуван како најголема т у р и с т и ч к а атракција во во-дите на Охрид-ското Езеро. Туристичките агенции и во-дичи од Охрид Струга и Бито-ла имаа прили-ка да се уверат во атрактивната понуда на овој н а ј с о в р е м е н брод, опремен со клима, ЛЦД монитор. За прв пат беше

промовиран ВИП салонот каде што е предвидено да се одржуваат се-минари и делов-ни состаноци. Туристичките ра-ботници сметаат дека ваков совре-мен пловен објект на Охрид му е повеќе од неоп-ходен затоа што интересот на го-стите за пловење по езерото е се поголем, а градот досега се соочу-вал со недостиг на бродови кои ќе можат во целост да им дадат услу-

НАЈАВИЛОКАЛ - ТУРИЗАМ

Page 13: АМАК ПРЕС 84

13

ОХРИД КОНЕЧНО ДОБИ СОВРЕМЕН БРОД

ги со сите содржини.- Ова е одлична идеа да се презенти-ра бродот пред нас кои работиме во туристичкиот бизнис. Конечно Охрид добива една првокласна понуда на пловен објкет кој како што имаме при-лика да видиме располага со се што е потребно за да биде понуден како ек-склкузивен брод пред туристите, тука мислам пред се на странските турсти но, и на домашната бизнис заедница. Едноставно и од оваа презентација се

уверивме дека се што прави Компаниајта АМАК СП, прави со стил, а тоа го велам од иску-ство – изјави Елида Битрак, сопственик на Туристичката агенција Елида Турс .Од Компанијата АМАК СП велат дека од сега брдот ќе се нуди и на бизнис заеднцата која може да го ко-ристи за органзирање бизнис средби со разгледување на градот и истовре-мено одржување состаноци во ВИП салонот. На “Галеб“ во соработка со

најпознатите хотели и ресторани се нуди можност за организирање делов-ни ручеци или како што велат од таму Галеб нуди комплетна понуда за сите.Овој брод пред две години на лицитација го купи компанијата АМАК СП за 122 000 евра и досега во него се инвестирани 400 000 евра. Од таму ве-лат дека целта е пред се да се збогати туристичката понуда на градот. С.В

www.amakpres.com.mk

Page 14: АМАК ПРЕС 84

И ВО ВТОРИОТ ЖИВОТ ЌЕ БИДАМ МОРЕПЛОВЕЦ Никогаш не сум зажалил што

повеќе од половината мој жи-вот сум го поминал на брод,

и по втор пат кога би се родил без двоумење би ја избрал оваа професија ни кажа Доне Карагиров,сегашниот стар постар заповедник и советник за поморски прашања на бродот “Галеб“.Нема камен на Охридското приста-ниште, нема водена површина од на-шето езеро, нема брод од македонската фло-та, што се непознати и нови за Карагиров. Не-говата кариера на вода започнала пред 50-ина години кога ја завршил воената поморска шко-ла во Пула по што бил распореден на бродо-вите на воената морна-рица во Сплит. “Најдолгиот период на служењето на воените бродови ми беше на југословенските под-морници. Во нив ра-ботев 20 години“, се сеќава овој охриѓанец кој вели дека за да ра-ботиш на вакви објекти кои под вода се како херметички затворени боци во кои нема ни “ѕирка ни проѕирка“ треба да си психофи-зички стабилен и јак.“Во 1985 година по сопствено барање бев преместен на бродо-вите на граничната служба на Охридското Езеро. Тука се задржав цели 13 години каде ме затекна и распадот на бивша Југославија. Кога се демобилизирав од воената мор-нарица пријатели од нашава патничка флота ме замолија да им помогнам за-тоа што не располагаа со стручен ка-дар.Од 1998 година почнав поактивно да учествувам во движењето на пат-

ничката бела флота. Од тогаш до сега имам работено на скоро сите бродо-ви, верувам на задоволство на прет-поставените.На бродот „Галеб“ сум од 2005 година, а од мај 2006 година кога компанијата АМАК СП, го отку-пи објектот од Јавното претпријатие, Комуналец, сум постојано ангажиран во својство на заповедник и советник за поморски пршања на овој пловен

објект“...........Тука разговорот за момент преки-на, додека од палубата на преубавиот “Галеб“мојот поглед го одвлекоа сон-чевите зраци кои потонуваа во чистата езерска вода, чичко Доне со мислите

одлета некаде, а каде во кое време од Охрид во кој дел од својот живот... ?!“Го чувствувате ли мирисот на едно убаво време кое со себе го носи овој брод?“ беше прашањето кое овој ин-тересен човек ми го постави мене. И додека од гримасите на неговиот лик настојував да го откријам одговорот тој почна да раскажува......“Од секогаш ме интересирале пловни

објекти, бев младо мом-че кога потрчав на при-станиште за да гледам како бродот „Галеб“ го спуштаат во езерските води. Беше тоа во да-лечната 1961-62 година, се зборуваше дека пора-ди неизградената патна инфраструктура бродот со потешкотии бил до-несен од Вац- Унгарија каде бил направен за Македонија. Се чека-ло цели три години, да се доизгради камениот мост на Вардар за преку него да биде пренесен пловниот објект .Но ми-нуваа годините оставаа белези на него но и тој врз нив....Од брод со за-старена техника кој не-маше палуба наменета за луѓе денеска тој пре-расна во најсовремен и најексклузивен брод во Македонија наменет исклучиво за превоз на патниици. Од големата палуба како од дланка патниците ги гледаат убавините на Охрид и Охридското Езеро. Во ексклузивниот амбиент на бродот, климатизира-

ниот салон, поделен е на два дела, ВИП и другиот салон во задниот дел како и барот со секакви видови пијалаци и коктели. Соработуваме со сите ресто-рани долж ривиерава, организираме закуски, ручеци и вечери и токму по-

ДОНЕ КАРАГИРОВ - ПОСТАР ЗАПОВЕДНИК НА БРОДОТ ’ГАЛЕБ’

14 AMAK PRES

ЛУЃЕ ОД НАШЕТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Page 15: АМАК ПРЕС 84

ради сето ова бродов е погоден за одржуање деловни состаноци, мини семинари,презентации, журки и секак-ви семејни веселби,“вели Карагиров кој додава дека “Галеб“ е најбрзиот брод во Македонија во кој се обезбеду-ва безшумна пловидба.За потребите на бродовите од кали-барот на “Галеб“, потребна е стручна оспособеност за работење во сите вре-менски услови, познавање на способ-ностите на бродот до особеностите на езерото.“Како поискусен освојувач на водени-те предизвици им служам на потреби-те и барањата на помла-дите мои колеги на кои им го пренесувам моето долгогодишно искуство и знаење во поморски-те вештини. Можам да го искажам моето задо-волство од послушноста и увежбаноста на по-садата на “Галеб“.Тие се расположени да со-слушаат и прифатат со-вети, пофалби или кри-тики. Со добро обучена и увежбана посада нема никакви проблеми. Не не плашат ни временските прилики,благодарение на современите ин-струменти на бродот

пред време дознаваме какво време за пловење не очекува, но најважно е посадата да биде присебна во секој момент во секакви услови во лето или зима и да регира благовремено.“ Како искусен морепловец кој корми-лото на бродот го вртел и на морска и на езерска вода, Каралиев вели дека пловните објекти на море се поголеми во однос на оние кои пловат по езеро а исто така различни се и временските услови.Ангажираноста на бродот во лето е целодневна но тогаш и задоволството е најголемо, важно е да се работи со

љубов и во работата да се внесеш це-лиот.“Работам со и за луѓето, сакам да им помогнам и услужам и секако да го пренесам знаењето и искуството на другите. Додека сум работно ангажи-ран среќен сум кога се задоволни пат-ниците кои ги превезуваме, а приват-но среќен ме прави среќата на моите најблиски и времето поминато со мои-те две внучиња Христина и Стефан“, ни кажа чичко Доне кога слегувавме по скаличките на бродот “Галеб “за ко-нечно да стапнеме на копно. Секој од нас се препушти на работни-

те обврски поставени на дневниот репертоар, ние по потрага на нови интересни информации а чичко Доне го оста-вивме на палубата од бродот “Галеб“.Тој ви-соко ја крена главата и се загледа во небесната ширина, чиста и јасна без ниту еден облак, денес ќе има одлична пловидба по Охридско-то Езеро со преубавиот “Галеб“. Ангела Белевска

Ohridnews.com

15www.amakpres.com.mk

Page 16: АМАК ПРЕС 84

16 AMAK PRES

ЧЕТВОРИЦА НОВИ СУДИИ ВО ОХРИДСКИОД СУД

ВРАБОТУВАЊЕ СО СУБВЕНЦИОНИРАЊЕВо Центарот за вработување во

тек е проектот за вработување со субвенционирење на само-

храни мајки, деца без родители и не-вработени лица постари од 55 години.Бројот на заинтересираните лица за вработување и на фирмите кои бара-ат работници кои припаѓаат на една од трите категории е мал. Во перио-дот на аплицирање од 1 до 10 март не се пријавиле заинтересирани за вработување, а аплицирале три фирми за вработување на самохрани мајки од-носно две за вработување на лица кои

се постари од 55 години.За фирмата која ќе вработи дете без ро-дител, државата издвојува месечен из-нос од 15 000 денари што ќе ги исплаќа до деветтиот месец, а фирмата е об-врзана да го задржи детето на работа уште 18 месеци.За вработување самохрани родители,месечно за период од 6 месе-ци, владата ќе издвојува 12 000 денари, а фирмата е должна работно да го анга-жира работникот уште 12 месеци.Фирмата која ќе вработи лица постари од 55 години добива месечен паричен

надомест од 12 000 денари за период од девет месеци по што фирмата ќе го чува лицето и во наредните 18 месеци.На ниво на Р. Македонија со проектот ќе се настојува да се вработат; 50 деца без родители,200 самохрани мајќи и 150 лица постари од 55 години.Поради малиот број заинтересирани, проектот ќе се реализира и во април, апликациите ќе се доставуваат од 1-ви до 10-ти во месецот. А.Б.

ОД 1-ВИ ДО 10-ТИ СЕКОЈ МЕСЕЦ, АПЛИКАЦИИ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

САМОВРАБОТУВАЊЕ СО ЗЕМАЊЕ КРЕДИТ

Во првите десет дена во наредни-те десет месеци во Центарот за вработување може да аплицира-

ат за самовработување сите лица кои се невработени над една година,потоа сите оние кои се евидентирани како не-вработени најмалку шест месеци и се постари од 55 и помлади од 27 години, како и корисници на паричен надомест најмалку шест месеци.За сите апликанти кои во Центарот

за вработување поднесуваат пријава, бизнис план и потврда со која се до-кажува дека до тој момент редовно се пријавувале како невработени, владата дава кредит во износ од 3000 евра што ќе биде наменет за отпочнување само-стоен бизнис.Корисниците на кредитот истиот треба да го отплатат за три години со еден посто камата а првата година е грејс период.

Од 1-ви до 10-ти овој месец, за самовработување аплицирале околу 100 луѓе, а готови пријави и бизнис планови поднеле 25 лица. Обуката на невработените за бизнис плановите се врши во Центарот за вработувањеПредвидено е со проектот да се врабо-тат 2000 лица на ниво на Македонија. А. Б.

ЛОКАЛ

Page 17: АМАК ПРЕС 84

www.amac.com.mk/novini 17

СЕКОЕ ПАЛЕЊЕ ОГАН ДА СЕ ПРИЈАВИПалејќи го стрништето со цел да

ја исчисти нивата предизвикал пожар кој ја зафати и околна-

та трска, а биле опожарени и три хек-тари шавар, сува трева ниска и густа вегетација, ова неодамна се случи во близина на болницата Св Еразмо. Вак-вите појави се чести и доколку не се спроведуваат под наша контрола може да дојде до несакани последици со го-леми материјални штети, предупред-уваат од Противпожарната служба во

Охрид. Од таму апелираат дека сите кои имаат намера да палат тоа навре-мено да го пријават.-Секоја година во ова време на потегот Градинар, Коснозглобна, Андон Дуков па, се до с.Подмоље каде што има доста необработено земјиште обраснато со густа и висока вегетација граѓаните на-мерно палат заради чистење на нивите. Пожарната во многу случаи е доведена во ситуација да ги спасува блиските и околни објекти, вели Спасе Прентоски

командир на противпожарната служба во Охрид.Инаку, на подрачјето на општина Охрид оваа година од страна на про-тивпожарната служба е интервенирано во 54 случаи. Доколку овај тренд про-должи ќе се преслика 2007 година кога се случија и најголемиот број пожари 297 од кои 181 на отворен простор, предупредуваат од ППС-Охрид

С.В

ПРОТИВПОЖАРНАТА СЛУЖБА СО АПЕЛ

ЗДРАВО ЖИВЕЕЊЕ ЗА ЗДРАВО СРЦЕЗдебеленост, неправилна исхрана,

пушење и физичка неактивност се водечки причини за болестите

на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики се се почести меѓу децата и адолесцентите. Затоа е потребно да се променат животните навики и да се зголемат физичките ак-

тивности како најдобра превентива во спречувањето на срцевите заболувања кои се водечки фактор на смртност во земјава. Ова е пораката од општин-ската организација на Црвениот крст, Младинскиот совет од Охрид и Сојузот на училишен спорт, а по повод недела-та на борба против срцево-садовите заболувања. По тој повод беа органи-

зирани активности во насока на здраво живеење за здраво срце. Со масовен одзив на охриѓани беше реализирано пешачење од Градското пристаниште до Горица 3 каде се одржаа и повеќе физички активности. С.В

Page 18: АМАК ПРЕС 84

18 AMAK PRES

СПОМЕН БИСТА НА МИЛЕ БОШЊАКОВ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

НА 100 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА

На 27 февруари во спомен куќата на Миле Бошњаков беше од-ржана пригодна свеченост по

повод 100 години од неговата смрт. Пред претставниците од локалната самоуправа и политичките партии од Охрид во родната куќа на охридскиот гемиџија беше откриена неговата би-ста што ја изработи младиот Стефан Нестор. Бистата од гипс која е висока 83 см и широка 60 см ќе биде поставе-на во градскиот парк до споменикот на Методи Патчев и Христо Узунов.“Гемиџиите се група млади интелек-туалци ориентирани кон динамитски атентати на институции во кои бил ин-вестиран странски капитал со цел да извршат влијание врз европските сили за да направат нешто за Македонија. За нив слободата била поскапа од живо-тот, а тие мислеле дека со нивното дело

ќе помогнат во реализирање на ослобо-дителната идеја. Некои од гемидџиите Шатев, Бошњаков и Арсов биле на мне-ние дека по атентатите мора да останат живи за да го продолжат делото. Може-би и тука лежи причината што тие за разлика од Орце, Владо, Коста и други-те гемидџии, останале живи. Нивните идеи биле реализирани во последните денови на април 1903 година со дигање во воздух на бродот “Гвадалкивир“, отоманската банка, поштата, плинарата и други објекти“ во Солун, рече исто-ричарот и кустос во Заводот и Музеј, Никола Целакоски, кој додаде дека по-ради нихелистичките и анархистичките ставови и идеи Бошњаков бил исклу-чен од страна на тогашната управа на охридската гимназија. Во Солун, Мар-ко се приклучил на гемиџиите и поради атентатите кои ги вршел заедно со сво-

ите исто мисленици бил осуден на смрт а потоа и на доживотен затвор. Маките му започнале во Централниот солун-ски затвор “Едикуле“, а продолжиле и завршуваат во затворот во Мурзлук во Фезан, област јужно од Триполи. Остатоци од телото на Марко Бошњаков, се погребани во црквата Св. Богородица Перивлепта. Меѓу двете светски војни неговите останки се наоѓаат во некаква костурница во црквата “Св.Константин и Елена“ а во 1960 година коските се префрлени во неодбележана групна гробница во ис-точниот дел од дворот на црквата. Ангела Белевска

ОХРИДСКИ ИГРАОРЦИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РУСИЈА Играорците од ансамблот

“Македонка“, од Охрид ќе ја претставуваат земјава на

Меѓународноиот фестивал на народ-ни песни и ора што од 1-ви до 4-ти мај ќе се одржува во московската област, Пешкоское во Русија.“Основната идеја на фестивалот е претставување на богатата словенска култура .На четрите фестивалски вече-ри ќе настапуваат млади артисти кои ги

сакаат народните песни и танци.Фести-валот е традиционален, а годинава прв пат на него ќе учествуваат играорци од Македонија, а тоа нам не радува. Вакви манифестации се важни за единство и сплотување на словенските народи кои имаат блиски култури“, изјави органи-заторот на фестивалот, Ина Жарова.“На фестивалот во Русија, ќе ја прет-ставиме нашата земја најдобро што мо-жеме, ќе бидат изведени македонските

ора на наша кореографија, а на првата фестивалска вечер ќе продефилираме на московскиот “Црвен Плоштад“ со руска кореографија –Кардили“, истак-на претседателот на ансамблот Илија Љотески.По турнејата во Русија, играорците на ансамблот “Македонка“, ќе гостуваат во Србија и Полска. Ангела.Белевска

КУЛТУРА

Page 19: АМАК ПРЕС 84

www.amac.com.mk/novini 19

ЧАСОВИ ПО КЛАСИЧЕН И МОДЕРЕН БАЛЕТВО ЦК „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Неодамна во Центарот за култу-ра “Григор Прличев“,започнаа да се одржуваат часови по ба-

лет. Балерината Јулијана Милевски по потекло од Украина ги учи децата на техниките и вештините од модер-ниот и класичен балет. Во моментов вежбите ги посетуваат околу 40 деца,

поделени во четри групи зависно од возраста. Пријавувањата се уште траат и се во четвртоците од 11 до 14 и во саботите од 10 до 14 часот. Месечна-та членарина изнесува 300 денари. Во иднина ќе се настојува младите бале-рини и балетани да добиваат и соодвет-ни костими за играње. Во ЦК “Григор

Прличев“часови по балет се одржуваа во периодот од 2000 до 2003 година кога и беа укинати. Посериозни балет-ски предавања во Охрид се одржуваа во старото музичко училиште во 60-те години од минатиот век. А.Белевска

Page 20: АМАК ПРЕС 84

20 AMAK PRES

SPORT

ГОРД СУМ НА КАПИТЕНСКАТА ТРАКААНГЕЛ ТАСЕСКИ КАПИТЕН НА ОХРИДСКИОТ ПРВОЛИГАШ АМАК СП

Капитенската подршка за мла-дите кошаркари од АМАК СП доаѓа токму од него. Како ка-

питен но и како најстар во тимот него-ва задача да ја смири екипата и да ги бодри колегите во ситуација кога има потреба за тоа. За него велат дека е ви-стински лидер на охридскиот тим. Ан-гел Тасески омилен меѓу кошаркарите но и меѓу публиката. За тоа кога и како почнал со кошарка вели, „од многу мал дури ни самиот не паметам...виновна е мојата баба“

-Дека ќе бидам кошаркар се знаеше уште кога бев многу мал. Таквата суд-бина ми ја предодреди мојата баба Цве-та која за мојот трети роденден ми по-дари баскет. Иако бев многу мал за да се сеќавам сепак знам дека од тогаш ко-шаркарската топка ми беше најомилена играчка. Како одминуваа годините јас навистина ја засакав кошарката а мојот прв обид на теренот беше во училиш-ните денови кога имав само 9 години. Подоцна во седмо одделение бев дел од школата на Работнички каде тренирав две години. Од таму се префрлив во ти-мот на Соколи каде играв се до 2005 го-дина, вака Ангел Тасески го раскажува

животниот пат на својата кошаркарска кариера. Последните година и пол ја носи капитенската трака на охридскиот прволигаш каде, како што вели за прв пат осетил што е професионален клуб со сите права и обврски кои ги носи професионализмот.- Тоа што сум капитен на ваква екипа навистина ме прави горд. Во тимот постои слога но и голем професиона-лизам. Тука во Охрид има голем број љубители на кошарката и тоа те прави да се чуствуваш како вистински про-фесионалец и од страна на публиката и од страна на управата на клубот. Ги имаме сите услови да го направиме

успехот комплетен. Ако се суди според резултатите кои ги постигнавме и ме-стото кое моментално го имаме на та-белата сметам дека направивме вистин-ски успех кој според мене е и очекуван. Сепак АМАК СП ги има- најдобриот играч, Џарид Фрај, најдобрите стреле-ци браќата Дамјан и Војдан Стојаноски но и останатите пред се млади играчи кои покажаа како се игра со срце за својот тим. За натпреварите пак кои ги изгубивме ни недостигаше и мала спортска среќа, но затоа на домашен терен покажавме дека сме непобедли-ви и тоа благодарение на прекрасната охридска публика која е наш шестти

играч- вели Тасески. За преостанатиот дел од првенството вели дека има уште доста да се игра но со ваква игра и со ва-ков тим на кој се враќа и повредениот Дејан Вегов местото на АМАК СП е меѓу најдобрата четвор-ка во првенството. -Иако во првиот дел од првенството неодиграв онака како што се очеку-ваше од мене во втората фаза од шампионатот очигледен е мојот напре-док. Можеби напорите на Управата да донесат засилување на мојата позиција ме мотивира да играм се подобро и се надевам дека до крајот ќе бидам вистински пред-водник на играта. Иако за многумина најдобрите се ценат според постиг-

натите кошеви јас и по-натака ќе бидам среќен доколку како плејмејкер сум заслужен за кошевите на моите сиограчи. За мене успехот е постигнат доколку зад моето име има повеќе асистенции од кошеви, вели ка-питенот на охридскиот прволигаш. За Тасески кошарката е професија од која може добро да се живее, иако секој заработува онолку колку ќе вложи. „За тоа дека некој може да живее само од играње кошарка се уверив тука во АМАК СП и сум презадоволен. Би бил пресреќен кога би го продолжил дого-ворот кој ми истекува наскоро. На обо-страно задоволство се надевам дека ќе ја продолжиме нашата соработка“Инаку Тасески во слободно време, кога не е на тренинг, редовно ги посетува спортските кладилници, вели -тоа е моето хоби. Навива за Милан иако по-ради него најчесто ги губи опкладите.„Се нервирам го кинам ливчето и по-вторно одам во кладилница и играм за Милан“, вели Тасески, за кого освен кладилниците секојдневието му е ис-полнето со компјутерски игри и пиење кафе со другарите од клубот.

Сузана Вренцовска

Капитенската подршка за мла-

• ТОА ШТО СУМ КАПИТЕН НА ВАКВА ЕКИПА НАВИСТИНА МЕ ПРАВИ ГОРД. ВО ТИМОТ ПОСТОИ СЛОГА НО И ГОЛЕМ ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ. ТУКА ВО ОХРИД ИМА ГОЛЕМ БРОЈ ЉУБИТЕЛИ НА КОШАРКАТА И ТОА ТЕ ПРАВИ ДА СЕ ЧУСТВУВАШ КАКО ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЕЦ И ОД СТРАНА НА ПУБЛИКАТА И ОД СТРАНА НА УПРАВАТА НА КЛУБОТ. ГИ ИМАМЕ СИТЕ УСЛОВИ ДА ГО НАПРАВИМЕ УСПЕХОТ КОМПЛЕТЕН.

Page 21: АМАК ПРЕС 84

21

ГРАДОТ ДОБИ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ

Советот на општина Охрид конеч-но донесе одлука за основање на Јавно претпријатие за изградба,

одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори. Но-вото јавно претпријатие ,,Билјанини Извори“ ќе стопанисува со спортски-те објекти во градов, а во негова над-лежност ќе бидат и организирањата на спортски манифестации, поддржување

на масновниот, рекреативниот спорт, систем на натпревари на училишниот спорт и манифестации и натпревари за лица со посебни потреби, користење опремување и планирање на изградба на современи спортски објекти; како и изградба, одржување и стопанисување на јавниот простор за паркирање. Спо-ред директорот на ЈП Комуналец, Боро Павловски, следи формирање на тимот

и органите кои ќе работат во новото јавно претпријатие, Управниот и над-зорниот одбор и Директорот. По цело-сното доекипирање на тимот Охрид ќе добие многу во поглед на развој на спортот, а целта пред се е корисниците да добиваат квалитетни услуги, вели Павлоски.

С.В

НА 100 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА

НОВ ПОЛИГОН ЗА МАЛИ СПОРТОВИ КАЈ ЕКОНОМСКОТО УЧИЛИШТЕ “МИТЕ БОГОЕВСКИ”

Локалната самоуправа на Охрид во Буџетот за 2008 година, во развој на спортот планира да

инвестира 6 милини и 382 илјади дена-ри, пред се за подобруање на спортска-та инфраструктура.Политиката на Оп-штината во спортот не е финансирање на врвни спортови бидејќи во сегашни услови неможе да ги финансира, иако тие за Охрид се значајни како тури-стички центар.Вообичаено ваквите спортови се финансираат од спонзо-ри и со донатори,а во Охрид, вакви фирми,се ретки.Напротив,идејата на Локалната само-управа е развојот и унапредување на масовниот спорт во кој активно можат да се вклучат сите генерации,бидејќи не се потребни големи финансиски

средства,а општината со скромни пари,може да развива ваков вид спорт. Во оваа насока е планирана изградба на неколку мали спортски објекти на повеќе простори во градот.Еден од нив е Спортски комплекс за мали спор-тови на просторот меѓу Економското учииште “Мите Богоевски” и Основ-ното училиште “Григор Прличев” .Тука се планира да се изградат една трим патека,две игралишта за кошар-ка и едно за ракометн.На тој простор, е потребен ваков Спортски комплекс бидејќи тука има две училишта и една Детска градинака со 3.000 ученици и деца кои нема каде да ги обавуваат ча-совите по физичка култура,а нив би ги користеле и љубителите на спортот од централното градско подрачје.

Изградбата на овој Спортски комплекс кој, а треба да се реализира во текот на годинава, е приоритетен и неопхо-ден бидејќи Полигонот за мали спор-тови од поодамна не е во функција за изведување на часови по фискултура за блиските училишта,а згора на тоа, овој простор од поодамна е запуштен и неуреден, и по доделувањето на фирма-та “Гранит” се користи за паркин про-стор.Наскоро според урбанистите со ново Урбанистичко решение просторот од Полигонот за мали спортови ќе се пренамени во станбено-деловен про-стор за пазар. К.Спасески

www.amakpres.com.mk

АМАК СП ЈА ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА НА ПОБЕДИ

Серијата победи на АМАК СП и доминантноста на домашен те-рен продолжуваат и во вториот

дел од шампионатот. Со триумфот над Свисслион Пелистер со 93-88 во 8-то коло од првата машка кошаркарска лига охриѓани ја забележаа четвртата победа во низа и се искачија на трета-та позиција на табелата израмнувајќи го бодовното салдо со Пелистерци, но и скорот во меѓусебните дуели 2-2 со што обезбедија еднаква стартна позиција во плејофот доколку се срет-нат во разигрувањето.Првиот дел од втората фаза од натпре-варите АМАК СП го заврши со по-зитивен биланс. Три победи во исто толку натпревари во “Билјанини“, а победничката традиција ја продолжи во дуелот со битолчани. По ваквиот

биланс охридскиот тим останува во рамноправна борба за третото место. Успехот на охриѓани е уште поголем ако се знае дека зад себе на табелата ги остави Пелистер, Фершпед Работ-нички, МЗТ, екипи далеку поискусни од младиот тим предводен од младиот тренер Игор Гацов.-Тежок натпревар во кој сепак излегов-ме како победници иако игравме про-тив доста поискусна екипа. Задоволен сум од победата но не и од тоа како

игравме посебно во одбраната. Повтор-но имам забелешки на О Нил кој пот-фрли и во нападот и во одбраната. Но од друга страна го имавме Дејан Вегов кој на голема врата се врати после по-вредата и сметам дека беше клучниот играч заедно со Неделков кој го остави срцето на терен и покажа дека е спре-мен за големи натпревари, рече трене-рот на АМАК СП, Гацов по победата над Пелистер. За клубовите од најквалитетната ко-шаркарска лига следува пауза поради националниот Куп а натпреварите про-должуваат на 22 овој месец. АМАК СП во 9-тото коло му гостува на второпла-сираната Струмица. Сузана Вренцовска

1. Фени Индустри 24 21 3 2047:1651 452. Струмица 24 19 5 2182:1791 433. АМАК-СП 24 14 10 2006:1840 384. Свисслион П. 24 14 10 2032:1945 385. Фершпед Р. 24 13 11 1819:1681 376. МЗТ Фон Универз. 24 12 12 2048:2046 367. Вардар Осиг. 24 9 15 1965:1827 338. К. Соколи 2000 24 2 22 1599:2279 26

Page 22: АМАК ПРЕС 84

22 AMAK PRES

KULTURAPISMA OGLASI

АМАК Прес бесплатно ги пренесува огласите кои граѓаните ги даваат во емисијата Радио берза која се емитува на Радио Охрид. Доколку оставете оглас со СМС на телефоните 070/141-279 и 075/141-284 огласот ќе Ви биде објавен и во на-шиот весник. Цената на СМС е 23,6 ден. со ДДВ.

Продавам половно детско креветче, комплет со душек и половно бојлерче за кујна со метален резервоар, по-волно. Телефони: 070/ 265 - 900 и 265 - 900.

Се продаваа ТАМ 170, ки-пер во исправна состојба Телефон: 075/479 - 553

5Се бара собарка за апартмани. Лице за контакт Коста. Телефони: 267 - 243 и 070/ 249 - 507.

Продавам фрижидер “Кончар “ ис-правен од 310 Л за 3.000 денари. Про-давама хармоника “ Velmaster “, бела со три регистри во исправна состојба, 4.000 денари. Купувам голема плин-ска боца. Телефон: 070/ 307 - 289.

Продавам “ NISAN DATSUN CHERU « GL 1.3, произведен 1983 година и регистриран до август 2008 година. Комплет ремонт на мотор направен во октомври 2007 година. Удрен по-зади, но во возна состојба. Цена 350 Евра. Телефон: 070/ 258 - 333.

Издавам деловни простории од 37,25 и 18 метри квадратни. Цена по договор. Телефони: 268 - 451 и 070/ 474 - 274.

Продавам “ ЈУГО КОРАЛ 60 “, произведено 1991 година во воз-на состојба. Цена 1.000 ЕУР. Телефон: 071/992-427

Се продава електрична печка 3 “АЕГ “ со постоље. Цена 50 ЕУР, два каучи по 1.500 денари, сандак замрзнувач по цена од 50 ЕУР, тепих и проточен бојлер АЕГ- цена по договор.

Вршиме поправка на внатрешен инвентар , кујни , регали и друго. Изработуваме мебел по порачка, по мерка на просторот. Телефон: 071/ 334 - 054.

Се продава плац од 370 метри квадратни во с. Љубаништа, со маркица веднаш до патот, со вода и струја. Цена 40 ЕУР. за метар квадратен. Информации на телефон: 02/ 322 - 66 - 72.

Продавам “ Сеат Толедо “ 1.9 TD со фул опрема, без клима произведена декември 1994, регистрирана до 11.2008 година, обоена за такси. Цена 3.400 Евра. Телефон: 288 - 787. Ѓоко.

Се продава мини апарат за лифтинг за професионална, но и домашна упо-треба.Се продава електричен апарат за маникир и педикир со 40 опции. Цена 3.500 денари. Телефон: 070/ 212 - 784.

Барам стан под кирија на подолго време, наместен со големина од 80 до 100 метри квадратни. Телефони: 266 - 208 и 070/ 144 - 117

Издавам 3 деловни простори новог-рдба со површина од 37; 25; и 18 метри квадратни по 5 Евра метар квадратен. Телефони: 268 - 455 и 070/ 474 - 274.

Продавам камион “ Застава Там Фур-гон “, произведен 1998 год. Цена по договор. Телефон: 252 - 272.

Се продава “ ЈУГО “ во возна состојба. Цена околу 1.000 ЕУР. Теле-фон: 252 - 187.

Продавам женски чевли, црни, лаки-рани на штикла, и кафеави со мала штикла. Броеви од 35 до 41. Цена 350 денари од “ ЧИК “ Куманово. Продавам козјо млеко 40 денари литар. Телефон: 075/ 829 - 027.

Се продава место во с. Велгошти по-годно за градба. Телефони: 288 - 592 и 070/ 525 - 524

Page 23: АМАК ПРЕС 84

www.amac.com.mk/novini 23

ЕФЕКТИ

Page 24: АМАК ПРЕС 84