макЕДонски бисЕри · br. 20 cena: 50 den. april 2011 god. issn: АРМН-ТНАО...
TRANSCRIPT
Br. 20 Cena: 50 den. april 2011 god.IS
SN
: 18
57-
671
0
Во земјата на кедаротВисоки Pризнанија за мироВникот Христијан ЃоргоВ
M a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E P u B l i k a M a k E D O n i j aM a g a z i n n a M i n i S T E R S T V O T O z a O D B R a n a n a R E p u B l i k a M a k E D O n i j a
АРМ - НАТО РАпОРТиРАње ОРужјE ВОеНА исТОРијА игРи и сиМулАции
PризнаниЕ за PосВЕтЕностa кон заДаЧитЕ
зајакнУВаЊЕ на PартнЕрстВото: наЧаЛникот на гШ на арм стана PоЧЕсЕн ЧЛЕн на наЦионаЛната гарДа на ВЕрмонт
макЕДонски бисЕри
в е ж б а„македонски блесок – 7“
8-1
5 А
пР
ил
20
11,
кР
иВ
Ол
Ак
СВЕТОТ СЕ МЕНУВА
ветот денеска се соочува со нови, поинакви предизвици кои се резултат на застрашувачките опомени
што деновиве на човекот му ги упатува природата.Дали ова се последните опомени на природата? Дали лавината тргна? Дали ова е почеток на крајот или...?На што се должи ваквиот жесток одговор на природата?Потресите во Јапонија, придружени со цунамито и со стравотните радиоактивни последици, како и климатските промени во светот, се само дел од новите предизвици. Тие го отворија и прашањето за иднината на човештвото потпрено врз ограничени ресурси на гориво, храна и питка вода. На површина испливаа и најновите предизвици за безбедноста на секоја земја и на светот на глобален план.Светот се менува.Денес се актуелни превирањата во Медитеранот, посебно во Северна Африка и на Блискиот Исток, а утре некаде на друго место. А тоа се случува речиси секојдневно. Дали илјадниците исфрлени тони муниција збогатена со самоуништувачките материи му се толку потребни на човештвото за да се промени безбедносната карта на светот? Краткорочно можеби да, но на долгорочен план, секако не. Дали човештвото е способно да се справи со овие нови предизвици? Кои се приоритетите на човештвото и во што тоа треба да вложува во иднина? Од ден на ден овие прашања стануваат особено актуелни. Повеќе од кога било досега на светот му е потребна мобилизација и лидерство, по примерот на Јапонија. Лидерство како „социјално влијание во кое една индивидуа укажува помош и поддршка на другите за достигнување на една заедничка цел“. Ако паричката има две страни, тогаш едната го покажува смирениот, средно загрижен тон на гласот на јапонскиот премиер, Наото Кан, кој иако само неколку дена пред големиот и разорен земјотрес седел на столчето кое се нишало од политички превирања, јасно му укажа на својот народ дека Јапонија може да го издржи сето тоа што природата го „подготви“. „Јапонија се соочува со најголемата криза во последните 65 години, по Втората светска војна. Сите луѓе во Јапонија се соочуваат со тест дали ќе можеме да ја пребродиме оваа трагедија. Јас верувам дека ние ќе успееме“, истакна премиерот Кан. Беспрекорното следење на познатата „заедно сме посилни“, континуирано ни покажува дека ниту тројната несреќа (земјотрес – цунами – нуклеарна криза) нема да успее да го поколеба јапонскиот народ, предводен од едно стабилно, демократско и посветено лидерство, во намерата да „исплива на површината“, да ги прескокне сите пречки и на крајот да застане на пиедесталот како неприкосновен победник над сите зла.Од настаните во Јапонија светот треба да извлече поука за во иднина, посебно за употребата на атомската енергија.„Сонцето кое зрачи повеќе од пет милијарди години на Земјата има 9.700 пати повеќе енергија, а ветрот четирипати повеќе отколку што светот денеска троши за една година. Затоа човештвото не треба да се потпира на нуклеарната енергија и на фосилните горива, туку на сончевата и на енергијата на ветрот“, укажува др Трпе Груевски. Светот мора да вложува и да се бори за тоа. Во спротивно, природата ќе си го „наплати долгот“.
Здравко Ризовски
Сајбер-време
картата на светот рапидно почнува да се менува
интервју СО главниОт ПОДОФиЦер на наЦиОналната гарДа на верМОнт, главен нареДниК ФОреСт глОЏет
ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВО СВЕТОТ
МИТРАЛЕЗОТ М-84 7.62 ММ
МАГЛА НА ПАТОТ НА „ЦЕПЕЛИНОТ“
НЕЈАСНА ИДНИНА ЗА ГИГАНТСКИТЕ КРЕАЦИИ НА НЕБОТО
Горди на нашите специјалци
Одбележана 17-гОдишнината на ПОлкОт за сПецијални ОПерации на арМ
КОНТРОЛОРИ НА АМЕРИКАНСКАТА НАДМОЌ
ИНСТИТУЦИИ ЗА ФИНАНСИСКА И ЗА ЕНЕРГЕТСКА БЕЗБЕДНОСТ НА САД
РИВАЛИ ИЛИ ПРВИ СОРАБОТНИЦИ?
ОДНОСОТ ЕУ – НАТО НИЗ ПРИЗМАТА НА СЛУЧУВАЊАТА ВО бИх – I
ТВРДИНАТА ИСАР – ГОРДОСТА НА ШТИП
Убавините на Македонија
04
8
14
21 11
28
37 26
40
59
Страница
Страница
Страница
СтраницаСтраница
Страница
Страница
Страница
Страница
Страница Страница
ШТИТ - Година III, број 20, април 2011 година, излегува еднаш месечноИЗДАВАЧ - МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ИЗДАВАЧКИ СОВЕТЕмил Димитриев (претседател)Генерал-мајор Насер Сејдини, Сашко Димов, полковник Мирче Ѓоргоски, потполковник Здравко Ризовски,потполковник Мери Ринџова, проф. д-р Ѓорѓи Малковски
ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЗдравко Ризовски, потполковник
РЕДАКЦИЈАВасил Дичевски (новинар-уредник), Кристина Илиевска (новинар-уредник), Билјана Иванова (технички, ликовно-графички уредник); Иван Петрушевски (новинар); Ксенија Митева (лектор); Александар Атанасов (фотографии)
КОНЦЕПТУАЛЕН КОНСАЛТИНГ, АРТ ДИРЕКЦИЈА И ДИЗАЈНЖарко Стојановиќ, Оливер Ќурчиев, Весна Вујадиновиќ, Стефан Смиљаноски
Печати: „СТЕДА ГРАФИКА“ – Скопје
АДРЕСА НА РЕДАКЦИЈАТАМИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА - СПИСАНИЕ „ШТИТ“ул. „Орце Николов“ бб 1000 СкопјеТелефони: 02 328 24 17; 02 328 20 58Факс: 02 3113 527; 02 3128 276 www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]
Содржина:
3
ЦЕНАТА НА ЕДЕН ПРИМЕРОК Е 50 ДЕНАРИГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 600 ДЕНАРИ
жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095
30
Сајбер-време
еодамна го сретнав човекот којшто со бастун в рака си ги потпираше го-дините. Со младешко срце и луцид-ност, генералот во пензија Тодор
Атанасовски, ми рече: „Гледаш, сега се случува тоа што јас одамна го најавив – сајбер-војна!“Оваа случка се погоди во времето кога немирите во Египет беа во кулминација. На овие немири им претходеа неми-рите во Тунис, а потоа следеа немири-те во Либија кои не запреа тука. Сите тие беа поттикнати електронски, пре-ку социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и други. Генералот Атанасовски уште пред десетина години пишуваше дека ни претстои нов вид револуција, сајбер-револуција, во која може да се употре-би посилно оружје и од атомската бом-ба и истовремено може да се примени на секое делче на Земјината топка, се-каде каде што има компјутери, сајбер-револуција која се шири побрзо и по-страшно и од вирусот на грип. Најновите превирања во арапскиот свет, но само таму, се изразени со политич-ки превирања, немири, демонстрации, бунтови и крвави судири, посебно во Либија. Се работи за настани кои ќе пре-дизвикаат промени не само во регионот на Средоземјето, во арапскиот свет и на Блискиот Исток, туку и во светски разме-ри, со ново позиционирање на интерес-ни зони. Арапскиот свет во моментов е прв на удар. Масовни немири го зафатија Ту-нис, набрзо се пренесоа во Египет, а су-
дири на демонстранти со полицијата, некогаш и со војската, се забележани во: Јемен, Иран, Алжир, Ирак, Бахреин, Јордан, Кувајт, Либија, Џибути, Мароко... Овие преврати ја рефлектираат големата желба на тамошното население да ги урнат режимите кои „заседнаа“ на нивните „нерастресени“ тронови кои ги негираа речиси сите бенефиции на демократијата на нивните граѓани. Истовремено водачите на овие растресени нации се обвинети за присвојување на несфатливи суми кои достигнуваат десетици милијарди. Западниот свет беше затекнат од експлозијата на енергија која со деце нии беше потиснувана кај Арапите кои сакаа промени и слобода. Западните си ли, вплеткани во настаните во арапски те држави уште од времето на ко лонијалната експанзија, немаа одговор на прашањето што се случува. Се најдоа пред дилема: дали да ги заштитат диктаторите, сојузниците кои им гарантираа реализација на економските интереси и поддршка во борбата против екстремизмот или да ги поддржат масите. На вагата, се чини, превагна втората солуција. Засега најчесто како повод за овие настани се наведуваат сиромаштијата на населението, длабокото раслојување на општествата, прекумерното траење на авторитарната власт, диктаторскиот стил на шефовите на државите, кланските врски и дивеењето на корупцијата. Но самиот факт што овие немири ги
4
почеток на сајбер-војна без прецизни правила на игра
ПРЕвИРАњАТА вО АРАПСКИОТ СвЕТ НАвЕСТувААТ ПОчЕТОК НА НОвИ ОДНОСИ И НА НОвО ПОзИцИОНИРАњЕ НА ИНТЕРЕСНИ зОНИ
што сега се случува во целост се вклопу-ва во теоријата на „диригиран хаос” (по-зната исто така и како теорија на „кон-тролирана нестабилност”). Меѓу автори-те на таа теорија се Збигњев Бжежински, Џин Шарп, Стивен Ман и други. Основ-ните претпоставки на оваа теорија се: обединување во потребен момент и во потребен период на разединетите поли-тички сили кои се против постоечката ле-гитимна влада; поткопување на вербата на лидерот на земјата во своите сили и во лојалноста на вооружените структури; ди-ректна дестабилизација на состојбата на земјата, стимулирање расположение на протести со ан га жирање на криминални елементи со цел поттикнување паника и недоверба во владата; организација за
смена на власта по пат на воен бунт, „де-мократски” избори и друго. Значајно е да се истакне и тоа дека овие војни од нов тип – информатичките и тие во кибернетскиот простор – воопшто не потпаѓаат под поимот агресија, усвоен во меѓународните норми. Практично луѓето во сите земји вовлечени во хаосот пре-ку дистрибуирање на соопштенија за веројатни митинзи и други акции по пат на социјалните мрежи и електронска по-шта, како и со праќање на информации на мобилни телефони, најчесто со по-средство на диригирани те сервери на Фејсбук, Твитер, Хот маил, Јаху и Џимеил. Сите тие се под контрола на соодветни
служби кои имаат пристап до целокупна-та неопходна информација. Располагајќи со неопходната база на податоци, не е тешко да се организира дистрибуција на соопштенија до однапред одбрана „кли-ентела”, која потоа, вклучувајќи го „сара-финското радио”, многу ефикасно и по-пуларно во арапските земји, сосема лес-но на одредено место собира неопхо-ден број луѓе кои никогаш не слушнале ни за Твитер, но секогаш се подготвени да кршат излози и да фрлаат камења. При-тоа изворот на дистрибуирање може лес-но да се направи технички недопирлив, а исклучувањето до пристапот на мре-жата и мобилните врски се случуваше со задоцнување од 3 до 12 дена, што во мно-гу случаи беше фатално за власта.
Посебно внимание се насочува кон ставањето под контрола на движењето на исламистите на разни струи. Пози-циите на фундаменталистите јакнат во земјите кои подлежат на воено-политички сајбер-напад, но тоа ќе бидат фундамен-талисти од нов ков – добро контролирани и управувани во секој поглед. Освен што е воспоставена политичка доминација и силна контрола на најголемите нафтени и гасни наоѓалишта и патишта, „контроло-рите“ ќе завладеат и со пазарите за плас-ман во прв ред на своето оружје. Текот на операциите привремено го на-руши либискиот лидер Гадафи кој се по-кажа како „тврд орев” за Западот. Ток-
5
зафатија и земјите кои не можат да се означат за сиромашни: Кувајт, Бахре-ин, Либија, Тунис, па и Иран кои, спо-ред годишните приходи по глава на жи-тел значително се наоѓаат пред успешна-та Бугарија – членка на Европската унија и многу други земји, говори нешто дру-го – дека барањата за подобрување на животниот стандард беа само повод за анимирање на маргиналните слоеви ак-тивно да делуваат во целата низа на-стани, отворено насочени кон смена на владејачките режими. СјАјОТ НА „цРНОТО зЛАТО“ Во оваа нова сајбер-војна не постојат пре-цизни правила на игра. Наместо со авио-ни, тенкови и гранати, просторот сега се освојува на многу полесен начин, понеко-гаш и со едно притискање на тастерот на компјутерот или со ком пјутерското „глув-че“. Моќните сај бер-играчи, главно од развиениот свет, со длабоките политич-ки и социјални превирања во Египет, во Либија и во другите земји на Блискиот Ис-ток се занимаваат како со свои „внатреш-ни” прашања, т.е. прашања од примар-но економско, безбедносно и геострате-гиско значење. На политички план нивни-те вистински стравувања не се насочени кон демократските вредности, идеали и очекувања, туку кон нафтените дупчења, „исламистичката закана” и безбедносните аранжмани. За разлика од Бен Али и Мубарак, Гада-фи се одлучи да го бомбардира сопстве-ниот народ, своите поданици. Сепак тоа
не е единствена голема разлика. Бен Али и Мубарак беа вистински диктатори. Та-ков диктатор беше и Гадафи, но за раз-лика од Бен Али и Мубарак, тој од почето-кот има универзални претензии и пораки. Тој сакаше да биде запамтен како наслед-ник на Насер, како нов лидер на панара-бизмот и како водечки револуционер на Третиот свет. Внимание привлекува и фактот дека се-гашните нереди ги зафатија само некои арапски земји и тоа според слично сце-нарио, што наведува дека самиот про-цес бил однадвор планиран и координи-ран. Отука и прашањето: На кого му е тоа од корист? Според теоретичарите ова
6
му во Либија се прекина ланецот – Гада-фи фактички ги спаси лидерите на некои арапски земји кои се наоѓаа на „листата на чекање”, а засега не стигнале на ред. Далеку од подигнување бело знаме, тру-пите на Гадафи продолжуваат со битка-та против опозицијата во источна Либија со задача да воспостават контрола врз круцијалните државни ископување на нафта покрај заливот Сирт. Борците на опозицијата тврдат дека ги одвратиле нивните напаѓачи, но далеку од тоа дека битката е завршена.Во меѓувреме, Советот за безбедност на Обединетите Нации усвои резолуција со која се воведува зона на забране-ти летови над Либија. Со Резолуцијата 1973 на државите-членки им се дава овластување да ги преземат сите по-требни мерки за да се заштитат циви-лите и населените места од заканите на либијската војска, вклучувајќи го и Бен-гази. Бомбардирањето го почнаа фран-цуските авиони „рафал“, а во нападите учествуваа и американски и британски сили. Уште во првата фаза од нападот се уништени 20 воени цели во Либија. Либи-ските власти тврдат дека во нападот има жртви меѓу цивилното население, иако Франција, САД и Британија ги отфрла-ат ваквите информации, нагласувајќи дека „нема независни извори за цивил-ни жртви“ во операцијата за која, спо-ред мандатот на ОН, треба да се соз-дадат услови за воспоставување зона за забранети летови. Со Резолуцијата се исклучува можноста од навлегување на странски окупациски сили во кој било
облик и на кој било дел на либиската територија. Така е барем засега.Само десетина дена по Резолуцијата НАТО ја преземе командата над спро ведувањето на зоната забранета за летови над Либија. „НАТО одлучи да ја спроведе зоната забранета за летови над Либија. Ја преземаме акцијата како дел од поширокиот меѓународен напор за заштита на цивилите од нападите на либискиот лидер Моамер Гадафи“, изјави генералниот секретар на Алијансата Андерс fог Расмусен. Според него, силите на НАТО кои ќе го затворат воздушниот простор над Либија, ќе имаат и право на самоодбрана. Во секој случај, во Либија сè е можно. Ниедна опција не е исклучена, а сè зависи од тоа дали и колку ќе бидат загрозени стратегиските интереси на „големите западни играчи“. Впрочем, евидентно е дека „црното злато“ денес посилно сјае од златото, и дека битката за тоа злато допрва ќе се разгорува.
Војна за ресурсиНапоредно со војната за „црното злато“ во светот започнува и војна за другите ресурси што живот значат. Во центарот на сите светски збиднувања ќе биде освојувањето на ресурсите на гориво, на вода, на ораници, па и на чист воздух. Нема да биде изненадување ако долгонајавуваната Трета светска војна биде токму војна за ресурси. Битката за нафта е само дел од неа. Со голема сигурност може да се тврди дека следната светска војна, ако воопшто го заслужува тој термин, нема да биде нуклеарна, но затоа ќе го зафати секое делче во светот, а најмногу досега „негибнатите“ подрачја богати со вода и со други природни богатства. Светот станува сè посвесен дека атомската војна, со сите нејзини стравотни последици по човекот и по природата, денес е илузија, пред сè поради тоа што таа по себе остава пустош. Доколку такво нешто би се случило тоа не би ги уништило толку потребните ресурси од коишто веќе постои голем недостиг во светот, а нашата планета би била „мртва“, неупотреблива, и за победниците и за победените. Поточно, сите би биле губитници. Практично, тогаш човекот би се уништил самиот себеси, но и целиот жив свет.Токму од тие причини на светот му се заканува нов тип на војна, досега невиден. Најчесто употребуван назив за таа војна којашто практично веќе се води, иако никој тоа не сака да го признае, е сајбервојна. Во неа сè е дозволено, а најмоќно оружје е информацијата, сервирана онакака како што некому му одговара, дозирана, некогаш и предозирана, а секогаш однапред смислена и лансирана како визија за спас на одделна држава, регион или, пак, на сиот свет.Практично, на суптилен начин, наместо директно со оружје, се освојуваат подрачја во коишто има нафта, гас, питка вода, јаглен или уран за атомските централи. Ако некогаш се водеше борба за рудниците во коишто има злато, дијаманти и слична благородна руда, сега новата борба е борба за ресурси што живот значат.
Според процените, светските резерви на нафта, на природен гас и на јаглен, со се-гашното современо ниво на производ-ство, е доволно за следните 40, можеби 60 години. Ако во моментов се преземат максимални мерки за штедење на овие ресурси, тие резерви можеби би трае-ле и над 200 години. Но тоа никој не го прави. Посебно не развиените земји кои се и најголем потрошувач. Ако се знае дека само во овие земји од сегашните 6,5 милијарди жители на планетава, жи-веат над 1,5 милијарда луѓе, тогаш прет-поставките колку ќе траат ресурсите на планетава од нафта, гас, метали, дрво и ораници, се уште повознемирувачки – тие би траеле најмногу 10 години. Пора-ди тоа, една од мерките на современа-та геполитика на најразвиените земји е насочена кон тоа да не се дозволи оста-натите три четвртини од светското насе-ление да троши повеќе отколку досега. Следната мерка е штедење на ресурси-те на современите земји, со истовреме-но складирање на резерви од соодвет-ни ресурси, најмногу нафта, увезени од земјите коишто сè уште не ги штедат ре-сурсите.Меѓународните експерти веќе подолго време предупредуваат на можна војна за необновливите ресурси, како што е сега сајбер-војната за нафта, за при-роден гас, за јаглен, за уран и за дру-ги ресурси кои сè повеќе им недости-гаат на земјите од развиениот свет. Сценаријата за следната војна се мош-не проѕирни, бидејќи често се копираат од земја во земја, со употреба на сајбер-информации, предизвикување немири и хаос, а потоа со доаѓање на божемните спасители. Впрочем, ресурсите се неоп-ходни и до нив мора да се дојде по секоја цена, со или без војна.Лесно може да се случи и овие нови сајбер-сценарија да се префрлат од коп-ното во водата. Долго време се мисле-ше дека океаните кријат неограничени резерви на прехранбени артикли кои би го спасиле човештвото кога сето друго ќе исчезне на копното. Но кога неодам-на овие резерви се анализирани, согле-дано е дека од магацинот без дно оста-нало само дното. Ова настанало, покрај другото, поради претераниот лов (наши-те осиромашени со риба езера и други води се типичен сведок за тоа) и зголе-мениот интензитет на потрошувачка на риба. Слично се случува и со ораниците. Нив-ниот број постојано се намалува, а при-чините за тоа се различни. Некаде тие воопшто и не се обработуваат пора-ди нерентабилноста на земјоделското производство. Некаде, пак, тие стану-ваат неупотребливи поради погрешна-та мелиорација којашто приодонесува за салинација на почвата (Кина, на при-мер, од тие причини веќе изгуби третина од ораниците). За нивното намалување придонесува и ширењето на градовите, на патиштата и пругите, а некаде едно-ставно ги „голта“ пустината. Значи, доп-рва претстои горлива битка за храна. Во тој поглед, револуцијата во Египет и битката против сушата во Кина имаат нешто заедничко: скокот на глобални-те цени на храната. Тие веќе го достиг-
наа нивото од пред три години кога не-достигот на храна го погоди светот. Спо-ред предвидувањата на долг рок, одно-сно за следните неколку децении, ние може да се соочиме со зголемување на цените на житото за 50 насто до 2030 година. Доколку сегашните трендови се некаква индикација, тогаш, најверојатно ќе донесат голема политичка неста-билност. Експертите наведуваат дека зголемувањето на цените на прехран-бените производи во земјите како Еги-пет, каде што просечниот граѓанин тро-ши околу 40 отсто од годишниот приход на храна, е главниот фактор за политич-ките превирања на Блискиот Исток. За помалку од 20 години најмалку 40 % од населението во светот ќе се соо-чи и со недостиг од вода. До 2025-тата година недостигот од вода ќе го почув-ствуваат три милијарди луѓе, најмногу во Кина, во Индија и во африкански-те земји. Денес 39 земји во светот уве-зуваат вода, а 700 милиони луѓе од 43 земји имаат помалку ресурси од вода од нивните минамални потреби. Како што се зголемува населението во све-тот, така се зголемува и недостигот од питка вода. Годишната потрошувач-ка на питка вода на планетава изнесу-ва над 3.500 кубни километри, а од тоа дури 70 % се користат за наводнување. Напоредно со тоа, дури 70 % од жи-телите на Земјата ја делат водата со своите соседи. Во последните 50 го-дини се забележани дури 37 судири меѓу земјите кои биле токму за вода,
7
требни на колонизаторите, бидејќи тие ќе бидат само консументи на толку не-опходните природни ресурси.Секако, светот има и друга алтернатива: систематски да работи на пронаоѓање на други алтернативни решенија, пред сè на рационално трошење на при-родните ресурси, на зголемување на површините на светското земјиште за одгледување прехранбени култури, за унапредување на земјоделското произ-водство и друго. За среќа некои лекции беа научени. Од 2008 година, особено Кина, Индија, но и Бразил, ги зголемија своите инвестиции во земјоделството. Тоа ќе има некакви позитивни ефекти во наредните години. Прашање е само до кога!Сите овие прилики и неприлики со коиш-то се соочува светот се само почеток на новата, долготрајна сајбер-војна. Колку и да посакувам да не е така, симптомите се повеќе од очигледни. Картата на све-тот рапидно почнува да се менува, а на-станите во арапскиот свет се само поче-ток на остварувањата на непредвидли-вите сајбер-сценарија кои можат да би-дат исценирани од големите сили, но и од „играчи“ за коишто светот досега и не сонувал.Притоа едно е сигурно: Без разлика кој стои или се затскрива зад овие елек-тронски вируси и сајбер-сценарија, тие навестуваат почеток на нови односи и кроење на интересните зони, со закана овие вируси секавично да се шират на-секаде низ светот.
Васил Дичевски
а истовремено се потпишани над 200 меѓудржавни договори за користење на водите. Во секој случај, дефицитот на вода во светот може да биде повод за нови конфликти, па и војни за при-стап кон водните ресурси, како и за преселба на народите во земјите во ко-ишто има питка вода.Според експертите, до 2050 година ќе се соединат во едно сите фактори кои можат да придонесат за избувнување на судири во светски рамки. Тогаш се очекува да дојде до исцрпување на наоѓалиштата на нафта и гас, на пит-ката вода и на прехранбените артик-ли. Тогаш, практично човештвото ќе биде и гладно и жедно и смрзнато од студ. Таа „бомба“ сигурно ќе биде по-страшна од која било атмомска или не-утронска бомба. Оттука и уверувањето дека евентуалната Трета светска војна ќе биде војна за поседување на при-родните ресурси. Тоа едноставно ќе биде војна до преживување. Судири-те ќе се случуваат ненадејно на сите страни на светот, а спротивставе-ни страни ќе бидат земјите во коиш-то има природни ресурси со земјите коишто ги немаат доволно тие ресур-си, а најголемиот дел од нив се токму земјите со најсовремена технологија и со високоразвиено оружје. Но, за раз-лика од поранешните, колонизаторски војни во коишто се освојуваа терито-рии и се покоруваа луѓето на тие те-ритории, сега само ќе се освојуваат те-ритории. Луѓето нема да им бидат по-
За време на Вашата служба сте биле во контакт со многу македонски војници, особено за време на мисијата „Феникс“. Ве молам кажете ни нешто околу Ваше-то искуство со нашите војници кои ги сме-таме за наша најголема гордост?– Ми претставува задоволство што сум работел со македонските војници и што сум во позиција да продолжам да работам со нив. Што се однесува до самата мисија, и покрај тоа што беше покомплексна, беше навистина лесно да се вежба со одличните војници кои Македонија ги има на располагање и да се биде во можност на дело да се спроведе нашата мисија во Авганистан.За мисијата во Авганистан, заедно со Маке донија, се подготвувавме долг период, околу 15 месеци, што е дел од обуката за мобилизирање пред распоредувањето. За среќа, дел од вежбите за подготовка пред распоредување е посетата на Здружениот центар за подготовка во обуката (Joined Readiness Training Center – RTC) кој се наоѓа во Форт Полк, Луизијана, каде се подготвивме да работиме заедно во тимови на различни мисии, па така правевме различни вежби како група. Македонските војници беа поделени во различни области, еден вод со една од нашите пешадиски планинарски единици, еден вод со една од нашите единици од коњаницата и личниот детачман за безбедност на полковник Рој. Во RTC работевме вежби за различни ситуации, она што се нарекува ангажман на главниот лидер (KLE). Тие ќе поставеа град или село во Авганистан, а ние ќе се приближевме и ќе се поврзевме со некој старешина и со него ќе разгледувавме различни ситуации, нивните потреби и работите кои тие ги сметаат за за
кана. Тоа беше вежба која траеше неколку седмици. Јас имав тесна соработка со глав-ниот наредник од АРМ во операциите и ра-ботев на потребите на војниците, главно сè што прават главните наредници. Тоа беше добра проба пред самото одење во Авга-нистан.Треба да се вежбаат борбените постапки за да може да реагирате во секаква ситуација, па дури и тогаш сè нема да биде совршено. Кога ќе се влезе во една ситуација каде што мора да се реагира, вие ќе го направите она што го знаете, што значи дека ќе го напра-вите она што сте го вежбале, а ако тоа го направите правилно, тоа ќе ве извлече од таа ситуација и ќе ги заштити вашите сили. Работните извежбувања со македонските војници беа навистина лесни, бидејќи тие се грижат сè да се одвива во најдобар ред, така
8
ИЗГРАДИВМЕ ГОЛЕМО
БРАТСТВО
што изградивме големо меѓусебно брат-ство, и за нас и за нашата мисија. Ова за мене е одлична шанса да се видам со глав-ниот наредник и би рекол дека и двајцата не можеме да дочекаме повторно да го напра-виме истото.
Мисијата „Феникс“ беше целосен успех. Кои беа главните предизвици со кои се соочивте во оваа мисија?– Нашата мисија е променета. Целиот кон-текст на војната се менува. Знаете, гене-ралот Петреус и генералот Мек-Кристал, којшто беше пред него, ги сменија нашите операции таму (на пример, операциите про-тив бунтовниците), а тоа подразбира голем и долг процес за да го разберат војниците. Во основа, тие одат на боиштето да се бо-рат. Тоа е она што војниците го мислат и са-
СО главниот ПОДОФИЦЕР НА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА НА ВЕРМОНТ, ГЛАВЕН НАРЕДНИК ФОРЕСТ ГЛОЏЕТ
интервју
9
гарда на Вермонт и за Армијата на Репу-блика Македонија?– Ние како лидери треба повеќе да се вклу-чиме и да започнеме да определуваме еди-ници и војници кои ќе дојдат во Македонија и ќе работат „рака под рака“ со македонски-те војници во идните операции. Војниците треба да се гледаат со војници, и така не би постоел „обид да се разберат“ едни со други пред мисија. Ако ги донесеме наши-те војници да работат овде со македонски-те војници на различни нешта, како на при-мер опстанок, разни операции и сл., тоа ќе се покаже како многу корисно. Потребата за соработка и понатаму е она што можам да го сметам за научена лекција. Немавме про-блеми ниту со опремата која се користеше за време на обуката. Иако користевме раз-лична опрема, македонските војници мош-не добро се приспособија на она што ние имавме да го понудиме, а воедно тие со леснотија ракуваа и со нашите возила и со нашите вооружени системи. Беше потребна само мала обука, но бидејќи овие момчиња се високомотивирани, севкупниот процес помина со леснотија. За нас, како Нацио-нална гарда на Вермонт, но и.т. и за АРМ, е најважно тоа дека ние треба да продолжи-ме да работиме заедно и да не престанеме со соработката. Истото тоа би важело и за секој друг тим – ако не работите напорно, вие како тим ја губите подготвеноста, го гу-бите она што е потребно.
Кое е Вашето мислење за континуирани-от развој на подофицерскот кор на АРМ?– Македонското подофицерско јадро е на терен и тие се подготвени. Во Авганистан работевме во мултинационални сили, со
каат да го прават. Кога станува збор за на-чинот на кој функционира борбата против бунтовниците, вие мора да бидете во ко-рист на јавноста. Вие не може да одите во една земја и тукутака да очекувате дека сите ќе се грижат за вас. Токму затоа треба да преминете на следниот чекор, односно мора да ги придобиете луѓето кои се вклу-чени, односно да им овозможите лична без-бедност, па и нивно управување. За целиот овој процес е потребно време. Ние, како На-ционална гарда на Вермонт, всушност сме граѓани-војници и затоа нам ни е лесно да работиме со јавноста. Имаме полицајци, имаме правници, имаме ветеринари, имаме луѓе што работат како цивили. Токму затоа, кога сме заедно како војска, можеме да по-нудиме и други работи. Некои од предизви-ците што ги имавме е, пред сè, спојувањето на македонските војници со американските војници. Никој не го направил тоа претход-но. Неверојатно е што Македонија, иако сè уште не е членка на НАТО, ги понуди своите војници за мисијата во Авганистан со цел да придонесе во борбата против тероризмот. Тоа кажува нешто за земјата, за војниците што ги имате. Тие се подготвени да излезат и да ја завршат својата работа, а тоа е не-што големо само по себе. Но, при работа-та во мисијата, во поглед на меѓусебното разбирање, до некој степен, постојат култу-ролошки разлики. Комплицирано е да се за-познаеме едни со други. Иако бевме во Ре-гионалната команда за обука, сè уште се по-ставува прашањето што правите, какво е вашето семејство, каква е вашата обука, а тука е и јазичната бариера. Македонските војници добро го научија англискиот јазик, тие добро комуницираат. Што се однесува
до мене, јас треба да почнам да го учам ма-кедонскиот јазик затоа што тоа е двострана комуникација – тие ќе бидат во можност да одат во нашите училишта, во нашите акаде-мии, но моето учење и дознавање повеќе за Македонија и за македонскиот јазик ќе ме направи подобар војник и подобар пријател. Знаете, сите ние како група почнавме да го учиме и авганистанскиот јазик бидејќи, кога вие ќе почнете да му зборувате на народот на неговиот јазик, тој ќе се отвори кон вас. Преку желбата да го научите нивниот јазик вие всушност покажувате дека сте ги при-фатиле. Мислам дека решението за сите проблеми, или кои било предизвици со кои се соочивме, е, пред сè, времето поминато во заедничка работа со цел да се разберат меѓусебните стандардни оперативни проце-дури (СОП), односно тоа е процес во кој ние кажуваме дека „ова е она што ние го прави-ме како сила“, а вие од ваша страна го кажу-вате истото, по што се постигнува компро-мис. Потребно е време - не можете да го на-правите тоа за 30 дена, тоа ќе мора да се направи со текот на времето. Дојдовме до едно ниво на обука и извежбување на миси-ите (како и заедничко одење во војна), и сега ние тоа треба да го издигнеме и да правиме повеќе заеднички работ во поголеми групи. Сè на сè, предизвиците што ги имавме беа многу мали бидејќи изминативе години аме-риканската војска има работено со АРМ на различни начини. Не беше тешко, напротив, беше лесно, а за тоа се заслужни припадни-ците на АРМ.
Што може да се смета како „научена лекција“ од таа мисија, лекција која се по-кажала како корисна и за Националната
ДОјДОв ТуКА СО гЕНЕРАЛ-МАјОРОТ МАјКЛ ДубИ вО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКАТА вОјСКА И зА ДА гИ вИДАМ ДРугАРИТЕ ОД АвгАНИСТАН, ДА гИ вИДАМ вОјНИцИТЕ СО КОИШТО СуМ РАбОТЕЛ ТАМу. ТОА Е гЛАвНАТА ПРИчИНА зОШТО СуМ ТуКА вО МАКЕДОНИјА.
јАС СуМ МНОгу ПОчЕСТЕН И МИ ПРЕТСТАвувА зАДОвОЛСТвО ШТО ИМАв МОжНОСТ ДА РАбОТАМ СО МАКЕДОНСКИТЕ вОјНИцИ вО АвгАНИСТАН, ДОТОЛКу ШТО, КАКО И ОСТАНАТИТЕ, МОжАМ ДА ИМ гО ДОвЕРАМ И МОјОТ жИвОТ. ТИЕ СЕ НАШИ бРАЌА.
армијата на Јужна Кореја, со специјалните сили кои беа таму, потоа заедно со Обеди-нетите Арапски Емирати, со „кивите“ на Нов Зеланд, а имаше и некои француски подо-фицери. За нас, многу среќна околност беше што ние, наредниците, честопати заедно, на маса, разговаравме за настаните, зборував-ме за прашања поврзани со војниците во-општо, а зборувавме и за тактичките тех-ники и постапки (TTP). За нас целокупно-то значење од сето ова е што, на пример, имаме движење на војниците во патроли или, пак, кога тие ќе наидеа на импровизи-рани експлозивни направи (IED), потоа бев-ме во можност да поделиме размислувања за можностите за подобрување на нашиот начин да се открие и демонтира една IED-направа. Таквото откривање стануваше сè подобро и подобро бидејќи ние разговарав-ме за тоа на кој начин може да се подобри-ме од секоја акција – правевме анализа по акцијата за да дознаеме што се случило, как-ва била ситуацијата, што можеме да напра-виме подобро следниот пат и што можеме да направиме за војниците за да ги направи-ме малку подобри. Работевме и на физичка-та кондиција и сила, па дури и во Авганистан продолживме со обуката, со разговорите за борбените вежби, за нашето оружје и др. А, што се однесува до нас, ние учиме како да работиме како наредници бидејќи ние тре-ба да им дадеме поддршка на нашите ко-манданти. Затоа е многу важна постојаната едукација на подофицерите. Во Академијата за наредници се разработуваат операциите, се поставуваат мапите, и на тој начин тие се прават разбирливи, односно се разбираат операциите, се разбира начинот на којшто тие се разработени, затоа кога командан-
10
– Треба да имаме една комбинација – ма-кедонски војници кај нас во САД и обрат-но. За подофицерите е најдобро да бидат еден покрај друг за време на обуката на војниците и при спроведувањето на сама-та обука. Сите можеме да го забележиме на-предокот. Генерално, соработката помеѓу Република Македонија и државата Вермонт се развива со молскавична брзина.Во Авганистан има три провинции кои всуш-ност ќе им бидат вратени на население-то за тие самите да владеат со нив. Тие ќе бидат целосно задолжени за провинциите, а нивното обезбедување ќе има само под-дршка од силите кои се таму стационира-ни, секако за да ги движат напред. Тоа е од-лично постигнување за Националната гар-да на Вермонт и за македонските војници. Да се биде дел од тој процес е едностав-но неверојатно. Што се однесува до САД и до македонските војници, во иднина би са-кал да видам поголем развој на подофице-рите. Сега ние заедно треба да учествува-ме во посложени вежби. Конкретно, постои план за билатерална соработка помеѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт за обука за следната година и знам дека дотогаш ќе има и извежбување. Ние не можеме сега да се повлечеме затоа што ќе ја изгубиме под-готвеноста. Мора да продолжиме да рабо-тиме. Што се однесува до подофицерскиот кор кој во моментов е во мисија, можам да кажам дека тие се подготвени, тие се дока-жани воини. Нема подобро од тоа после ва-шето враќање назад, стекнатото искуство да се искористи за обука на останатите.
господине глоџет, што ви остави најсилен впечаток во вашата богата и успешна ка-риера?– Повеќе од 30 години сум во Национална-та гарда на Вермонт. Главно моето искуство е работа во планинските единици. Многупа-ти имам работено со италијанската армија во зимски операции, потоа во Германија итн. Тоа ја изгради мојата основа за местото на коешто се наоѓам во моментов. Сум бил распореден двапати досега, еднаш во 2003 година и еднаш во 2004 година во Авгани-стан. Движењето на првата група војници низ Авганистан со цел да се направат први-те бази на операции беше извонредна мож-ност за мене. Ова подоцна ме доведе до Ре-гионалниот институт за обука што за мене беше прва можност да се сретнам со маке-донските војници во 2006 година. Тие беа подготвени да учат и беа многу мотивира-ни. Оттогаш па сè досега имам можност да работам заедно со македонските војници, и тоа на повисоко ниво, на ниво на брига-да. Ако ја споредам првата средба со маке-донските војници од тоа време со она што го гледам денес, можам само да кажам дека македонските војници за три-четири години постигнаа извонредни резултати, резултати за кои дури и американската војска работи напорно за да ги постигне. Војната против терориз мот имаше огромен удел во моето дос тиг ну ва ње во војската, достигнување кое се заокружува преку ра-ботата со македонската армија. Ми претста-вува огромно задоволство што имам мож-ност да го правам ова, особено заради сè што се случува во светот во моментов. Ние сме многу благодарни за третманот што ни е укажан во Македонија. Уверен сум дека и ние го правиме истото за македонските војници.
Здравко Ризовски/Иван Петрушевски
тот ќе ви ја претстави намерата на неговата мисија, вие ќе умеете да ја разберете и да ја поддржите. Нашата работа е да се грижиме за војникот, да го обучиме за да знае што да прави и да биде подготвен за во мисија. Од офицерска гледна точка, бидејќи командан-тите се грижат за многу работи, немаат вре-ме да се грижат и за војниците. Тоа го пра-виме ние, значи ние сме оние кои се грижат за војниците. Континуираниот професиона-лен развој е начинот на кошто треба да се постапува. Тоа е она што ние го правиме во Националната гарда на Вермонт во нашите училишта за подофицери, како и со систе-мот за унапредување преку кој ги добиваме најдобрите и најпаметните.
Постои ли можност за понатамошен развој на нашата меѓусебна соработка?
МАКЕДОНИјА ДА ИСТАПИ И ДА КАжЕ „НИЕ ЌЕ вИ ДАДЕМЕ вОјНИцИ ДА ОДАТ вО АвгАНИСТАН И ДА СЕ бОРАТ вО вОјНАТА ПРОТИв ТЕРОРИзМОТ, зЕМАјЌИ ПРЕДвИД ДЕКА вИЕ Сè уШТЕ НЕ СЕ чЛЕНКИ НА НАТО, Е НЕвЕРОјАТНО“. ТОА КАжувА НЕШТО зА зЕМјАТА, зА вОјНИцИТЕ ШТО гИ ИМАТЕ.
вО МАКЕДОНИјА Е убАвО, ТИвКО И ПРИјАТНО. цЕЛИОТ АМбИЕНТ СМИРувА, А НАвИСТИНА ИМАТЕ И гОЛЕМА КуЛТуРА. зА ДА СЕ РАзбЕРАТ МАКЕДОНСКИТЕ вОјНИцИ МОРА ДА СЕ РАзбЕРЕ НИвНАТА КуЛТуРА. ПОвЕЌЕТО НАШИ вОјНИцИ, зА жАЛ, НЕ уСПЕвААТ ДА јА ПОСЕТАТ МАКЕДОНИјА.
инфоПОТВРДА НА ИСКРЕНОТО ПРИЈАТЕЛСТВО
11
нистерот Коњановски. Оваа пријателска земја, како што истакна, на Македонија има дадено повеќе од 16 милиони долари за АРМ во материјални средства.Говорејќи за добрите при ја телски односи меѓу двете земји, македонскиот министер истакна дека доаѓа од градот Битола во кој пред 112 години матурирал Мустафа Кемал Ататурк на некогашната Воена гимназија. – Тоа е еден од моментите кои прават овие две земји да се искрени пријатели, додаде тој.Двајцата министри констатираа дека Македонија и Турција се земји меѓу кои нема никакви про б леми и изразија надеж дека Македонија во брзо време ќе стане членка на НАТОалијансата во која Турција е од 1952 година.Во рамките на посетата министерот Коњановски во Анкара имаше средба и со командантот на Вооружените сили на Турција, генерал Ишик Кошанер, на која беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу двете армии.За време на престојот македонската делегација го посети холдингот НУРОЛ и компанијата „Ото кар Арфије“ од којашто минатата година Министерството за одбрана на РМ набави 34 возила „ландровер“.
д 20 до 23 март делегација од Министерството за од-брана, предводена од ми-нистерот за одбрана на
РМ, Зоран Коњановски, прес то-јуваше во официјална посета на Република Турција. „Република Македонија треба да биде дел од евроатлантско-то се мејство, а тоа поради не-кој измислен проблем за име-то сè уште не е овозможе-но“, истак на министерот за на ционал на одбрана на Репу-блика Турција Веџди Ѓонул на прес-конференцијата со маке-донскиот министер за одбрана Зоран Коњановски во Анкара.– Македонија денес, како и пред 2,5 години, потврди дека ги има исполнето сите услови за член-ство во НАТО-алијансата, посо-чи министерот Ѓонул и додаде де ка на Самитот во 2008 годи-на НАТО во својот извештај на-пиша дека Македонија заслужу-ва да стане членка. Министерот Коњановски потсе-ти дека Турција е првата земја која пред НАТО-алијансата кажа дека ја признава Македонија под уставното име.– Од 1994 година до денес над 600 припадници на АРМ струч-но се школуваат во Турција која е прва земја која ја отпочна сора-ботката за тренинг и обука на ма-кедонските офицери, рече ми-
беше потврдено дека во Би-тола има повеќе категории ко-рисници на социјална помош на кои им се посветува соо-дветно внимание, а посебно на семејствата кои згрижуваат деца за што има посебно раз-виена мрежа.– Денешната акција има двојна порака. Првата порака е дека Владата преку Царинската управа на Македонија, не го дозволува и го спречува кри-миналот, и втората порака е дека Владата продолжува по патеката на хуманоста, истакна заменик-министерот за здрав-ство, Владимир Поповски.Во делегацијата што го посе-ти Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Битола беа и државните секретари во министерствата за локална са-моуправа и за информатичко општество и администрација, Андријана Стојановска и Пав-ле Саздов.
инистерот за одбрана, Зо-ран Коњановски, и за ме ник-министерот за здр ав ство,
Владимир Поповски, на 19 март го посетија Ме ѓуопштинскиот центар за со ци јал ни рабо-ти во Битола и донираа обле-ка и обувки за корисни ците на социјална помош од овој град.Опремата им беше доделена на 23 семејства, односно на шест згрижувачки семејства и на 17 семејства кои згрижуваат деца од нивни блиски.– Вкупната вредност на запле-нетата стока од страна на Ца-ринската управа на Ма кедонија изнесува 4,7 милиони денари. Битолскиот центар за социјални работи е една од 17. институ-ции на кои им доделивме дел од опремата која неопходно им е потребна на семејствата-корисници на социјална по-мош, посочи министерот Ко ња-новски.На средбата со новинарите
ДОНАцИјА НА ОбЛЕКА И ОбувКИ
бврска на сите земји-членки на Процесот за соработка на
Југоисточна Европа (СЕЕЦП) е да дадат дополнителна енергија и што е можно поскоро да би-дат полноправни членки на Ев-ропската унија и во НАТО“, истак-на министерот за одбрана Зоран Коњановски во обраќањето на пленарната сесија „Перспективи-те на земјите-членки“ во рамки на состанокот на СЕЕЦП“, што на 14 и на 15 март се одржа во Будва, Црна Гора.Клуч на таквиот напредок на ре-гионот, според него, е заедничка-
та соработка и, пред сè, безбед-носта.– Најважно од сè е тоа што во Процесот за соработка на ЈИЕ сите земји сме на едно место за да го препознаеме моментот, за што треба сите ние да дадеме до-
полнителна енергија и што поб-ргу регионот да зачекори во ев-роатлантските процеси на полно-правно членство на секоја земја поединечно, рече, меѓу другото, министерот Коњановски.Министрите за одбрана и прет-ставниците на земјите-учеснички на Процесот на соработка на ЈИЕ, СЕЕЦП, раз говараа за пого-лема регионална стабилност и со-работка со меѓународните орга-низации и за заедничките актив-ности на земјите од ЈИЕ за без-бедноста на регионот. Процесот на соработка на ЈИЕ СЕЕЦП е фо-
рум за дипломатски и политички дијалог каде земјите-учеснички се отворени за соработка во насо-ка на идниот развој на регионот, како и за дефинирање заеднич-ки мислења и споделување иску-ства.
аеднички интерес на Македонија и на Косово е цело
купна интеграција на регионот во НАТО и во ЕУ. Што поскоро треба да ја заокружиме безбедносната архитектура на Балканот со влез на сите земји во Алијансата и да почнеме да размислуваме за силен економски развој што го посакуваат граѓаните“.Ова го изјави министерот за одбрана Зоран Коњановски кој беше во прва официјална посета на Косово по средбата со неговиот домаќин, министерот Агим Чеку, што се одржа на 17 март во Приштина.Министрите Коњановски и Че ку на средбата договориле про длабочување на соработката меѓу двете министерства и армии. – Искрено ја подаваме нашата рака за соработка со нашите пријатели од Косово. Подготвени сме да ги споделиме искуствата, а имаме што да понудиме и во однос на билатералната соработка. Нашето начело во водењето
на македонските национални ка-пацитети за обука на косовски офицери и друг персонал. Меѓу другото, се посочуваат Воено-медицинскиот центар, полиго-нот „Криволак“ и Регионалниот тренинг-центар за комуникации.Косовскиот министер за безбед-носни сили, Агим Чеку, изјави дека од министерот Коњановски добил силна гаранција дека Ма-кедонија ќе ја поддржува Пришти-на за што побрзо интегрирање во Партнерството за мир и во другите НАТО-структури.Во рамките на еднодневната официјална посета на Пришти-на, министерот Коњановски, кој беше придружуван од заме-никот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сеј дини и пратеникот Талат Џа фери, член на собраниска-та Комисија за одбрана, имаше средба и со заменик-премиерот на Косово, Хајредин Кучи, како и со командантот на КФОР, Ер-хард Бухлер.
ДОПОЛНИТЕЛНА ЕНЕРгИјА зА чЛЕНСТвО вО НАТО И вО Еу
д 8 до 10 март во Домот на АРМ во Скопје се одржа Фи
нална планирачка конференција за вежбата „MEDCEUR11“ која ќе се одржи на армискиот полигон „Криволак“ и во Центарот за обука „Пепелиште“ од 6 до 17 јуни 2011 година. „MEDCEUR11“ ќе биде меѓународна вежба од доменот на медицинската поддршка, а ќе се изведува во реални услови на терен, каде главни носители се АРМ како домаќин и Командата на силите на САД во Европа (USEUCOM). Покрај армиите на САД и на РМ, учеството на „MEDCEUR11“ го потврдија армиите на: Република Србија, Словенија, Црна Гора, БиХ и Буга рија. Со вежбата е предвидено да раководат двајца кодиректори: полковникот Андреја Наумовски, кој е командант на Военомедицинскиот центар на АРМ и полковник Чарлс Тедер од Команда
та на силите на САД во Европа. Ова е единаесетта по ред медицинска вежба од циклусот наречен „MEDCEUR“, чија цел е промоција на интероперабилноста и на капацитетот за рас поредување и употреба на единиците за медицинска поддршка со примена на стандардите на НАТО. Во согласност со сценариото, на „MEDCEUR11“ се очекува демонстрација на заедничкото делување на вооружените сили со останатите субјекти во услови на кризна состојба предизвикана од природна катастрофа. За таа цел на вежбата ќе учествуваат и претставници од: МO, МВР, Министерството за здравство, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, како и Црвениот крст на Македонија. Се очекува на Вежбата да учествуваат околу 400 лица.
о свечена церемонија, на 7 март, aмбасадорот на Сое-
динетите Американски Држави во Република Македонија, Филип Рикер, и полковникот Тод Бра-ун, во присуство на НГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, на полковникот во пензија, Златко Ончевски, му го врачија военото одликување „Legion of Merit“ кое се доделу-ва од страна на претседателот на САД. Ова високо признание на пол-ковникот Ончевски му беше до-делено за исклучително успеш-ното извршување на функцијата аташе за одбрана, копнена вој ска и авијација на Републи-ка Македонија во САД, во пе-рио дот од септември 2004 до август 2008 година, период во кој тој вредно работеше на истакнување на напорите на РМ за придружување кон НАТО.
МАКЕДОНИјА И КОСОвО ЌЕ јА ИНТЕНзИвИРААТ СОРАбОТКАТА вО ОДбРАНАТА
ПЛАНИРАчКА КОНФЕРЕНцИјА зА вЕжбАТА „MEDCEUR11“
епублика Македонија е под готвена во втората по
ловина на 2011 година до пол нително да упати сили кои ќе гарантираат успешна обука за авганистанските безбедносни си ли“, изјави министерот за од бра на Зоран Коњановски по состанокот на министрите за одбрана на НАТО и на земјитекои не се членки на Алијансата, но придонесуваат во мисијата ИСАФ, кој се одржа на 11 март во Брисел.Министерот Коњановски по тен цираше дека Македонија останува заедно во напорите кои ги прават останатите земји–членки на НАТО, да го даде расположивиот капацитет и да го пренесе стекнатото искуство. „Македонија јасно го има зацртано својот пат кон НАТОин теграциите и оттука ги препознава и напорите на Алијансата. Затоа денеска понудивме дополнително учество на искусни припадници на АРМ кои ќе бидат вклучени во Регионалната иницијатива за обука на Воената полиција во Авганистан заедно со Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора и Албанија“, појасни министерот Коњановски. За таквата одлука, голема блгодарност упати хрватскиот министер за одбрана Давор Божиновиќ, чија земја е и предлагач на идејата за регионална иницијатива.
учЕСТвО вО РЕгИОНАЛНА ИНИцИјАТИвА
12
вОЕНО ОДЛИКувАњЕ ОД САД
на политиката е интеграција, а не конфронтација, изјави министе-рот Коњановски.Министерот Коњановски на сред-бата со Чеку изразил подготве-ност за ставање на располагање
а 2 март во еднодневна официјална посета на ГШ на АРМ престојуваше висока делегација на
Вооружените сили на Обединетото Кралство, пред-водена од началникот на ГШ на Копнената војска, генерал сер Питер Вал. За време на престојот гене-ралот Вал оствари средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски и со министерот за одбрана Зоран Коњановски.Министерот Коњановски и генералот Вал средба-та ја оценија како продолжување на досегашна-та пријателска и партнерска соработка која уште повеќе се потврдува со фактот што Обединето-то Кралство и Република Македонија се едни од најголемите придонесувачи во мировната мисија во Авганистан според бројот на жители.
Континуираните реформи кои се спроведуваат во МО и АРМ, новата Стратегија за одбрана на РМ, Долгорочниот план за развој на одбраната, Воена-та академија и Школата за обука на пилоти, се теми-те кои министерот Коњановски му ги презентираше на генералот Вал. На средбата се разговараше и за подготовката на припадниците на АРМ пред да се упатат во мировна мисија, како и за можностите на армискиот полигон „Криволак“.
‘територијалците’, поделени во три единици, тргнаа кон карау-лите „Рамна Нива“, „Деве Баир“ и „Коприва“, со цел да испишат нови славни страници од нашата понова историја. Тогаш за првпат на ова местo се развиори маке-донското знаме како атрибут на државноста”, истакна, меѓу друго-то, Миле Јакимовски.На одбележувањето на 19-годиш-нината, поздравно обраќање имаше и претседателот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малков-ски, кој го нагласи значењето на овој настан, потсетуваќи дека тој претставува државотворен чин од посебно значење кој треба да се одбележува во континуитет и во наредниот период.
АКТуЕЛНА ТРИбИНАНа 18 март во преполната сала на Советот на Општина Свети Ни-коле, Општинската организација на резервните офицери со која раководи Ристе Панов органи-зираше трибина на која предмет на внимание беа две актуелни теми од областа на одбраната и ангажирањето на АРМ во опера-ции за поддршка на мирот.На трибината, којашто се од-ржа во рамките на Програмата за обука и едукација по повод Денот на резервните офицери од Свети Николе, на тема „Кон-
о најновата историја на Република Македонија, 11
март 1992 година ќе остане во трајно сеќавање и во колективна-та меморија на најзините граѓани.На овој ден, пред 19 години, при-падниците на единицата на то-гашната Територијална одбрана, во чиј состав биле подофицери и војници на чело со постариот во-дник, Сонко Ангеловски, ја презе-доа граничната караула „Рамна Нива“, на која започна да се ви-ори македонското знаме што го подигна војникот Драги Митов-ски. На чинот на одбележувањето на овој значаен ден присуствуваа околу 60 резервни офицери и по-дофицери, како и гости, меѓу кои: претседателот и потпретседате-лот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски и м-р Ристе Петков, претседателот на Советот на Оп-штина Крива Паланка, д-р Милка Митовска, претставници на ПС за ОДГ, претставници од пасошката контрола и царинската испостава „Деве Баир“ како и претседате-лите на ООЕ на ОРОРМ од: Про-биштип, Кратово, Свети Николе, Виница и Велес.Пригодното обраќање пред при-сутните имаше претседателот на Извршниот одбор на ООЕ од Крива Паланка, Миле Јакимовски.„Утрото на 11 март 1992 година,
нтерактивност и практич-на работа беа клучните еле-
менти кои ја дефинираа пет-дневната регионална работил-ница „Communication skills and media training-Basic level“ што се одржа од 14 до 18 март во Реги-оналниот тренинг-центар за ко-муникации во Скопје.Обуката на оваа работилни-ца предвидуваше изучување на основите за комуникација на релација новинари – ин сти-туција, а учесници те беа запо-знаени и со теоретски от развој на медиумите низ ис то ријата. До полнително, учес ниците имаа можност да се запознаат и со основните карактеристи ки на т.н. „комуникација во кризни ситуа-ции“. Процесот на запознавање и им пле мен ти ра ње на нови-те научени способности и веш-тини беше заокружен преку секојдневната практична ра-бота која беше водена според најновите техники и методи за интерактивна настава.Континуитетот во развојот на комуникациските вештини во земјите-учеснички доби своја потврда и цврста основа со врачувањето сертификати за предавачите од регионот.
13
ПРОДОЛжувА ИзвОНРЕДНАТА СОРАбОТКА
дна од обврските кои Република Македонија ги исполни годинава кон ОБСЕ според одредбите
на „Виенски доумент 1999“ беше реализацијата на посетата за оценување во Втората мпбр од стра-на на тим за оценување (евалуациски тим), од Воо-ружените сили на Република Чешка, со гостин на ти-мот за оценување од Вооружените сили на Крал-ството Холандија. Посетата започна со брифинг на командантот на Бригадата, полковник Методија Ве-личковски. Меѓу другото, тимот за оценување се интересираше околу процесот на подготовките за испраќање на контингентите во мировна мисија во Авганистан и соработката помеѓу Втората мпбр со цивилни структури и реализација на заеднички ак-тивности и задачи со другите структури во Репу-блика Македонија. Потоа тимот за оценување и ескорт-тимот со локалниот ескорт од Втората мпбр извршија посета за оценување на Вториот мпбат во Охрид и на Првиот мпбат во Тетово како потчи-нети единици на Втората мпбр.Од страна на тимот за оценување е оценето дека Втората мпбр во потполност ги исполнува обврски-те кои произлегуваат од одредбите на „Виенскиот документ 1999“.Со завршување на оваа посета за оценување Ре-публика Македонија ја исполни својата квота на тој вид активност како потписничка на договорот „Ви-енски документ 1999“ за оваа година. П. Арсов
ИСПОЛНЕТА КвОТАТА зА ОцЕНувАњЕ
РЕгИОНАЛНА РАбОТИЛНИцА
СПОМЕН-бИСТА зА АТАТуРК а 14 март во организација на Амбасадата на Р. Турција
во Р. Македонија во Музејот во Битола се одбележаа 112 годи-ни од матурирањето на Муста-фа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола. По тој повод Генералштабот на ВС на Турција на Музејот на Битола му донира-ше спомен-биста со ликот на Му-стафа Кемал Ататурк. На свечено-ста присуствуваше де легација од ВС на Турција предводена од пол-ковник Сертиф Демир, 10 кадети од Средното воено училиште на ВС на Турција, претставници од Амбасадата на Турција, претстав-ници на Дипломатскиот кор и го-лем број гости.Со пригоден говор на гостите им се обратија претсе-дателот на турската партија, Ке-мал Ќахил, министер во Владата на Р. Македонија, заменикот на амбасадорот на Р. Турција, ЗНГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини и претставникот на каде-тите од Р. Турција. К.В.
цептот на активната резерва и примената во одбранбениот си-стем на Р. Македонија“, вовед-но излагање имаше командан-тот на Првата механизирана пе-шадиска бригада, бригадниот ге-нерал м-р Димче Петровски, а на тема „Искуствата на македонски-те војници во современите воени операции“, свое излагање имаше мајорот д-р Методи Хаџи-Јанев.Резервните офицери и подофи-цери од Свети Николе, како и претставниците на општинските организации од: Виница, Штип, Велес, Радовиш, Кочани и Скопје, со внимание ги проследија спо-менатите содржини. Притоа, дел од нив имаа активно учество на трибината поставувајќи повеќе прашања. Во оваа пригода, претседате-лот на ОРОРМ, проф. д-р Ѓорѓи Малковски, му врачи Плакета на градоначалникот на Свети Нико-ле, Роберт Ѓорѓиев, за придоне-сот на граѓаните од општината во воениот конфликт во 2001 го-дина, како и посебно Признание на командантот на резервниот баталјон од Свети Николе за уче-ството во настаните од 2001 го-дина. Покрај ова, на таткото на загинатиот припадник на безбед-носните сили Алекасандар Сера-фимов од Свети Николе му беше врачена статуета. Ж.Т.
Од активностите на ОРОРМ ДРжАвОТвОРЕН чИН ОД ПОСЕбНО зНАчЕњЕ
на постоечките комерцијални сателити со цел тие да бидат подготвени во целост да одговорат на барањата на MILSATCOM. Еден од главните предлози на „Boeing“ во однос на посочената цел се т.н. „hosted payloads“, термин кој всушност се однесува на целосно искористување на капацитетот на комерцијалните сате-лити за поставување на дополнителни транспондери, инструменти или вселен-ски елементи.
14
итралезот е копија на советскиот „мит ралез на Калашников“, односно „Пу лемјот Калашникова“ (прев.рус.) – ПК 7.62. На прв поглед се забележу-
ваат две важни разлики: ПК има кундак со от вор, додека кај М-84 кундакот е солиден. Кај советските/руските верзии на ПК, кун-дакот однадвор е со надолжни жлебови за подобро ладење, додека кај М-84 цевката е мазна по целата должина. Освен основ-ниот модел ПК е наменет за пешадиските единици. Поранешната ЈНА добила и копија на ПКТ-моделот М-86 7.62 mm без кундак со кабел за електромагнетно чкрапање, на-менет за вградување во оклопни возила. И двете варијанти (84 и 86), покрај мирновре-менската употреба, беа користени во сите војни кои се случија на просторот на пора-нешна Југославија, вклучително и во вое-ниот конфликт во 2001 г. во Р. Македонија. ПК или ПКМ и нивните копии, вклучително и М-84, многу често може да се видат во ра-цете на „сините“ и на „црвените“ момчиња денес на секој континент затоа што ги ко-ристат сите завојувани страни во актуелни-те конфликти и регуларните безбедносни сили ширум светот.АРМ го користи овој пушкомитралез уште од самото формирање сè до де-нес. Покрај за „домашна употреба“, М-84 е и неопходна алатка на контингентите во Ирак и во Авганистан, како пушкоми-тралез на ногарки за поддршка на ти-мот или на одделението, или митралез монтиран на некое борбено или небор-бено моторно возило или на постамент. Искуствата од неговата употреба велат дека единиците не би го менувале М-84
МИТРАЛЕЗОТ М-84 7.62 ММ
еветстотини милиони долари. Тол-кава е вредноста на договорот на компанијата „Boeing“ потпишан со
Директоратот за комуникациски системи на воените сателити (MILSATCOM) на Аме-риканскиот центар за воздухопловство, вселена и ракетни системи кој има една цел – искористување на комерцијалните вселенски капацитети и можности во вое-ни цели. Фокусот на компанијата ќе биде ставен на можноста за модифицирање
о помош на методот за интерно задржување на ласерските зраци успеавме да извршиме успешно истражување во областа на нуклеар-
ната фузија“, беше пренесено на интернет-сајтот на Организацијата за атомска енергија на Иран во декларација по повод 32-годишнината на Ислам-ската револуција на почетокот од февруари оваа година. Според податоците, Организацијата успешно кон-струирала т.н. „фузиски ласер“, со што станала шестата држава во светот која ја поседува оваа технологија, после САД, јапонија, Франција, Австралија и јужна Кореја. Напорите за развој на нуклеарен реактор базиран на фузија, кој се смета за евтин, без-беден и чист начин за добивање огромни количества енергија, во Иран не е новина. Сепак, наспроти осумте милиони долари кои Иран ги алоцира кон развојот на оваа технологија, во заеднички проект на САД, Русија, Еу, јапонија, Кина, Индија и јужна Кореја за конструирање на експериментален фузиски реактор (наречен ITER), лоци-ран во Франција, биле доделени неверојатни 12 билиони евра. Единствената употреба на нуклеарна фузија денес е за детонација на моќната хидро-генска бомба.
вОЕНА уПОТРЕбА НА КОМЕРцИјАЛНИ САТЕЛИТИ
ИРАН: НАПРЕДОК вО НуКЛЕАРНАТА ФузИјА
МИТРАЛЕзОТ М-84 7.62 MM ИЛИ, КАжАНО СО вОјНИчКИ жАРгОН –„ОСуМДЕСЕТ И чЕТвОРКАТА“, Е ИзДРжЛИвО И ЕФИКАСНО ОРужјЕ, ЛЕСНО зА уПОТРЕбА, ПРЕцИзНО, СО ЕДНОСТАвНА КОНСТРуКцИјА И ЛЕСНО зА ОДРжувАњЕ. ОвА НАКРАТКО СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА „ОСуМДЕСЕТ И чЕТвОРКАТА“. АМЕРИКАНСКИТЕ вОјНИцИ, вО вОјНАТА вО вИЕТНАМ, ОД ПОчИТ КОН АК-47 КАжАЛЕ: „вО бОРбА, КОгА ‘КАЛАШНИКОвОТ’ ЌЕ зАПЕЕ, СИТЕ СЛуШАМЕ“. вО СЛучАјОТ НА М-84, ПОДОбРО Е НЕПРИјАТЕЛОТ ДА бИДЕ МНОгу ДАЛЕКу зА ДА НЕ гО СЛуША, ИНАКу...
ОбНОвувАњЕ НА ИНДИСКОТО ввндиското воено воздухопловство кон почетокот на февруари започ-на разговори за масивна зделка
за купување на 126 нови воени лов-ци, зделка која тежи неверојатни 10,4 би лиони долари. Според индиските официјални лица, зделката се одне-сува на набавка на летала кои мо-жат да се категоризираат како „сред-ни повеќенаменски борбени летала“. Имено, во трка за до говорот се шест компании со светско реноме – „Boeing“ со докажаниот F/A-18E/F „Super Hor-
net“, F-16 на вториот американски про изводител во трката, „Lockheed Martin“, „Rafale“ на францускиот про-из водител „Dassault“, „Eurofighter Typ-hoon“ на EADS, рускиот MiG-35 и ло-вецот „Gripen“ на шведскиот произво-дител „Saab“. Според информациите од индиското воено воздухопловство, производителот на новите ловци ќе биде познат до септември оваа годи-на. Индија се смета за најголемиот ку-пувач на воена опрема од т.н. „земји во развој“.
15
за ниеден сличен од западно потекло.На македонските возила користени во бор-бените зони во Ирак и во Авганистан, че-стопати се одбива или се демонтира од возилата „Бровингот“ со калибар од 12.7 mm за да отстапи место на „осумдесет и четворката” со калибар од 7.62 mm. Во спо-редба со М-84 „Бровингот“ е речиси два-пати помоќен и има речиси двапати пого-лем дострел, но, искуствата кажуваат дека „осумдесет и четворката“ никогаш досе-га не изневерила во случај на потреба од притискање на чкрапалото.
НАМЕНА, ОСОБИНИ И ПОДАТОЦИ Митралезот М-84 со калибар од 7.62 mm е наменет за унишување и за не-утра лизирање на откриени и на ма-ски рани важни поединечни цели, за не утрализирање на огнени средства на непријателот кој дејствува од за-сол ниште, од бункер или од утврде-на зграда, потоа за уништување или за онеспособување на неоклопни или по-слабо оклопни моторни возила и за уништување на цели во воздух (пред сè хеликоптери или нисколетечки авиони). Исто така, може да дејстува и на цели на вода во рамките на предвидениот ефи-касен дострел.Митралезот е составен од орудието, по-стаментот и од резервниот алат и при-бор. Послугата на митралезот ја сочинува-ат нишанџија, помошник на нишанџијата и донесувач на муниција. Сите тројца мора да се оспособени за сите должности. Честопати со митралезот опслужува само еден од послугата, а тоа е нишанџијата или
МИТРАЛЕЗОТ М-84 7.62 ММ Зоран Крстевски
ТЕхНИчКИ ПОДАТОцИ зА МИТРАЛЕзОТ М-84МАСА НА МИТРАЛЕЗОТ 10 kg
МАСА НА МИТРАЛЕЗОТ СО ПОСТАМЕНТ 15 kg
МАСА НА ЦЕВКАТА 2.6 kg
МАСА НА РЕДЕНИК СО НАНИжАНИ 100 КУРШУМИ 3.8 kg
МАСА НА РЕДЕНИК СО НАНИжАНИ 250 КУРШУМИ 9.4 kg
МАСА НА ПОСТАМЕНТОТ 5 kg
ДОЛжИНА НА МИТРАЛЕЗОТ 1175 mm
ДОЛжИНА НА НИШАНСКАТА ЛИНИЈА 663 mm
ПОЧЕТНА БРЗИНА НА ЗРНОТО (Vo) 825 m/sek.
ТЕОРЕТСКА БРЗИНА НА ГАЃАњЕ 700 куршуми/min.
ПРАКТИЧНА БРЗИНА НА ГАЃАњЕ 250 куршуми/min.
КРАЕН УБИСТВЕН ДОСТРЕЛ НА ЗРНОТО 3800 m
НАДЕСНО НАжЛЕБЕНА ЦЕВКА 4 жлеба – полиња
МЕхАНИчКИ ПРЕДЕН НИШАН: ФИКСЕН
МЕхАНИчКИ зАДЕН НИШАН: ПО ПРАВЕЦ:ОПРЕМЕН СО НИШАНСКА РЕГЛЕТА ДО 0-16 ИЛЈАДИТИ (8 ИЛЈАДИ ЛЕВО/8 ИЛЈАДИ ДЕСНО, СЕКОЈА ЦРТА ПРЕТСТАВУВА 0-02 ИЛЈАДИТИ, ПО 4 ЦРТИ ЛЕВО И ДЕСНО);
ДАЛЕЧИНА: 15 ЦРТИ, ОД 0 ДО 15 (1500M), СЕКОЈА ЦРТА ОЗНАЧУВА 100 МЕТРИ. ПОЗИЦИЈАТА „0“ ОДГОВАРА НА „4“ И СЕ КОРИСТИ ЗА ГАЃАњЕ ЦЕЛИ ВО ВОЗДУХ.
ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ВО СВЕТОТ
митралезецот. Искусниот митралезец знае како да ја распореди муницијата на тимот или на одделението, а митралезот го носи во рака на ремник, подготвен за поддршка на останатите во секој момент. Релатив-но помалата маса од своите конкуренти го чини поволен за дејство од возила, од воз-духоплови (хеликоптери), од оклопни бор-бени и од неборбени воени моторни вози-ла, од пловила итн. Внатрешната механика на митралезот е на добро познатиот принцип на работа на позајмица на барутни гасови, како и кај АК-47. Затворачот, сместен во носачот на затворачот, ротира при забравување/одбравување на куршумот во лежиште-то на цевката. Ударната игла слободно се движи во своето лежиште и може да се из-вади без никаков алат од затворачот за-
16
ради чистење или заради замена со нова. Со дел од барутните гасови ослободени од полнењето на куршумот се потиснува кли-пот на носачот на затворачот кој, за раз-лика од Апу М-70, чиј гасен систем е сме-стен над цевката, кај М-84 гасната комора и носачот на клипот со затварачот се сме-тени во „долната цевка“, односно во гас-ниот цилиндар кој се наоѓа под цевката. „Хранењето“ со муниција од реденикот е одозгора (за разлика од рамка или бара-бан кои најчесто се вметнуваат во оружјето од долната страна). Митралезот користи 7.62 х 54Р (R=Rim-med) муниција и тоа бојни куршуми со обично зрно со челично јадро, тешко зрно со оловно јадро, обележувачко зрно, пробивно запаливо зрно, пробив-но запаливо обележувачко зрно и мане-варски куршум (без зрно). Куршумот по-текнува уште од царска Русија, наменет за пушките-репетирки „Мосин-Нагант“. Од 1891 година до денес овој куршум сèуште се користи, пред сè за пушкомитралези-те и за митралезите од ПК и „СВД Драгу-нов“, за снајперските пушки (советско/ру-ско производство), како и за копиите и за дериватите на рускиот оригинал. Куршу-мот се покажал како добар и не случајно сè уште е во употреба. Оваа муниција се пол-ни во реденици од по 50 куршуми кои мо-жат да се спојуваат по потреба, на 100 или на 250 куршуми или во друга комбинација. Муницијата во реденици се складира во мунициски кутии од по 100 (мала му-нициска кутија) и 250 (голема муници-ска кутија). во борбениот комплет (б/к) за еден митралез е предвидено 950 куршуми во реденици (најчесто распо-
редени во 3 големи и 2 мали кутии). За разлика од митралезите од западно по-текло каде што реденикот се распаѓа на делови кои отпаѓаат – М84 користи реде-ници кои по испукувањето повторно мо-жат да се наполнат со муниција. Оваа по-еконимична опција овозможува повторна употреба на испразнетиот реденик со по-мош на посебен полнач на муниција во ре-деници, без да се добива муниција од сан-дак – во реденици. Полначот на редени-кот со муниција се состои од механизам за полнење, од рачка и од стега, а полнењето се врши рачно. На секои три митралези следува по еден ваков полнач.Како и кај секое оружје, во комплетот доаѓа прибор кој се состои од веќе споменати-те 5 мунициски кутии каде што има: 19 реденици за муниција, метална прачка, извлекувач на чаури, лента за врзување на кутиите, ремник за митралезот, поста-мент, избивач, четка, кантичка со масло, додаток-засилувач за повлекување (за маневарска муниција), футрола за ми-тралезот и платнена торба. Во внатреш-ната страна на ногалките има шипка за чистење расклопена на 3 дела.
ЕФИКАСЕН вО бОРбАМитралезот М-84 може да дејствува на непријателска жива сила или на цели во воздух до 1000 метри. При дејство со не-надеен оган ефикасниот дострел се на-малува на 600 метри. група митралес-ци може да дејствуваат на една цел до 1500 метри. Поставен на постамент за да дејствува по цели на земја со утврдени но-галки и со употреба на граничникот на по-стаментот може да се поместува до околу
ТЕхНИчКИ ПОДАТОцИ зА ОПТИчКИОТ НИШАН М80
ТЕжИНА НА ОПТИЧКИОТ НИШАН 0.62 kg
ТЕжИНА НА НОСАЧОТ НА ОПТИЧКИОТ НИШАН 0.51 kg
ЗГОЛЕМУВАњЕ 3х
ВИДНО ПОЛЕ 12 степени
вРЕДНОСТ НА ПОДЕЛОцИТЕ НА СКАЛАТА:
– ЗА МЕРЕњЕ ДАЛЕЧИНА 100 m
– ЗА ЗАЗЕМАњЕ НА ПОДЕЛОКОТ ЗА ДАЛЕЧИНА 100 m
– НА БАРАБАНОТ ПО ПРАВЕЦ 0-01
– НА СКАЛАТА ЗА ПРЕТЕКНУВАњЕ 0-05
ИЗВОР НА СВЕТЛИНА ЗА ОСВЕТЛУВАњЕ НА КОНЧАНИЦАТА
ТРИЦИУМ
17
70 степени по фронт (дејство напред, лево и десно по 35 степени). Овој граничник има 58 заби и секој од нив има вредност од 0-50 илјадити или околу речиси 3 минути (2 мин и 52‘). При дејство на цели во воздух може да се поместува 360 степени, без по-треба од преместување на постаментот. Со митралезот може да се дејствува со фронтален оган кога се дејствува директно на предниот крај на непријателската коло-на, потоа бочен оган – со кој се дејствува од косо во однос на целта, вкрстен оган – кога два или повеќе митралези дејствуваат на една цел, оган од позадина – кога се дејствува зад непријателските формации или поединечни цели со извонреден ефект затоа што најчесто се изненадување.Коректурата при гаѓање зависи од дирек-
да се рамномерно распоредени во однос 2:1, односно секој трет куршум да биде обе-лежувачки.Со кратки рафали до 10 куршуми истрелани во рафал се гаѓа на помали цели и на пома-ли групни цели. Со долги рафали се гаѓаат поголеми групни цели (неоклопни возила, пешадија и др.), со ширина не поголема од 0-10 , односно десет илјадити. Со долги ра-фали се дејствува и на помали цели на дале-чини над 600 метри, кога набљудувањето на ударот на снопот на зрната е оневозмо-жен или отежнат.Протокот на гасови кои минуваат од цев-ката кон гасната комора се регулираат со регулаторот на гасови. Овој дел овозможу-ва проток на поголема или на помала коли-чина гасови во зависност од бројот на ис-пукани куршуми, од временските услови итн. На пример, „Позицијата 1“ на регула-торот се користи кога со митралезот е испу-кано 3000 и повеќе куршуми и ова е основ-ната позиција на регулаторот на гасови. „Позицијата 2“ се користи кога затворачот целосно не се враќа во задна положба (на пример: ако со оружјето се испукани голем број куршуми), а „Позицијата 3“ се поставу-ва кога митралезот нема постигнато 3000 куршуми или во екстремни климатски усло-ви на дожд, на ниски температури, кога има многу остатоци од барутни гасови-гареж, итн).На митралезот може да се монтира дне-вен оптички нишан ОН М80 од левата страна на митралезот на лизгачка шина. Со ова се овозможува нишанење на по-големи далечини од механичкиот нишан бидејќи зголемувањето е трипати поголе-
омплексноста на компјутерските ко-ла креирани преку т.н. здру жу вање на поголем број нано-еле мен ти се ис-
качи на едно ново ниво. Ин фор мацијата која може да се смета за своевидна револуција во областа на компјутерската технологија потекна од инженерите и на-учниците на универзитетот „харвард“, кои во соработка со корпорацијата „MITRE“ го развија овој прототип на ул-тра тенки нано-кола кои можат да бидат електронски програмирани да извршу-ваат голем број базични аритметички и
логички функции. Дополнителен пози-тивен елемент е тоа што архитектурата на посочените нано-кола дава можност за надградба и за создавање поголем и пофункционален нано-процесор. Според научниците на харвард, една од главните придобивки во однос на овие нано-кола е тоа што тие трошат многу малку енергија, бидејќи за раз-лика од традиционалните транзисто-ри, нано-колата, откако ќе бидат про-грамирани, немаат никакво побарување на електрична енергија за да ја одржат меморијата.
ПРвИОТ ПРОгРАМИРАН НАНО-ПРОцЕСОР вО СвЕТОТ
МуНИцИјА
7.62 mm ШКОЛСКИ КУРШУМ М85 – наменет е за обука
7.62 mm МАНЕВАРСКИ КУРШУМ М85 – наменет за обука и извежбување
7.62 mm КУРШУМ СО ЧЕЛИЧНО ЈАДРО М87– универзално зрно, опремено со челично зрно, наменет е за уништување на материјално-технички средства, на пешадија и на моторни возила
7.62 mm ОБЕЛЕжУВАЧКО ЗРНО Наменето за обележување на цели заради коректура на огнот. Обележано е со зелена боја. Наменето е за употреба до 1000 метри далечина.
7.62 mm ПРОБИВНО-ЗАПАЛИВО Наменето е за палење на средствата на непријателот, опремено е со запалива смеса која гори при удар на целта. Може да се гаѓаат лесно оклопни цели до 500 метри. Врвот на зрното е обоен црно со црвен прстен.
7.62 mm ПРОБИВНО-ЗАПАЛИВО-ОБЕЛЕжУВАЧКО Има иста намена како и претходното зрно, со таа разлика што е опремено со трасер за обележување на траекторијата на зрното во лет заради коректура. Обележано е со лила боја со црвен прстен.
тното набљудување на импактот на снопот на зрната врз и околу целта. Ова значи дека стрелецот-нишанџија мора да знае, одно-сно да види каде му се погодоците, односно да има информација од набљудувачот–по-мошник, дали има отстапување по правец и по далечина. Кога се дејствува на цел која се наоѓа на песокливо, земјено тло или на вода, ударот на снопот е видлив па корек-турата е изводлива бидејќи зрната ќе кре-нат прашина при ударот. Кога се гаѓа на цели кои се на подлога како карпест терен, или, пак, на цели во воздушниот простор, потребно е во реденикот да се вметнат и куршуми со обележувачко зрно кои мора
мо. Во приборот на оптичкиот нишан се наоѓа и филтер за светло кој ја намалува релфексијата и овозможува подобра вид-ливост на кончаницата. Од останатите де-лови од приборот има фланелска крпа за чистење, четка и одвртка за затегнување на нишанот за носачот. На кончаницата на оптичкиот нишан е означена најголемата далечина на нишанење -15, односно 1.500 метри.По потреба, на митралезот може да се мон-тира и пасивен ноќен нишан, ПН-80, кој може да нишани и да дејствува во услови на намалена видливост, па и ноќе, на дале-чини до 500 метри.
ран, Исламската Република, која доминира во централноазиски-от регион, објави дека започна-
ла проект за развој и изградба на соп-ствен ’напреден ловец’“, беше прене-сено од светските медиуми кон крајот на февруари оваа година. Според скудните информации, станува збор за ловец од напредна класа сличен на F-5E/F Tiger II едносед, со способност за воздушна битка, позиционирање цели на земјата, како и пренесување на оружје и муниција.Иранските власти воедно информи-раа дека оваа година бил извршен и првиот тест на домашен „невидлив“ ловец кој „е изграден од материјали кои не можат да бидат откриени од ниеден постоечки радар“.
НАПРЕДНИОТ ЛОвЕц НА ИРАН
1618
те пречки се откриваат и визуелно, со зна-ци кои ги демаскираат (остатоци на све-жо ископана земја, трагови на движење на миноположувачи, промена на бојата на вегетацијата и слично). Други методи за детекција на мините се: рачно пронаоѓање на мини; детекција на мини со методи ба-зирани врз електромагнетни својства; биолошки методи за детекција на мини; акустичко-сеизмички метод; хемиски мето-ди за детекција на мини; метод на детекција на мини со бомбардирање со неутрони и нуклеарна четириполна резонанца.Рачното пронаоѓање на мини е многу бав-но, исклучително опасно и тешко. Основ-но средство за детекција на мините е пи-палката. Пипалката во суштина претставу-ва игла со дршка, изработена од различен
ините се подмолно оружје. Се про-ценува дека денес во повеќе од 70 држави се поставени 110 милиони мини. На секои 20 минути една жртва останува без нога или без рака. Го-
дишно околу 30.000 луѓе остануваат сака-ти или го губат животот поради мини. Трошоците за поставување на една против-пешадиска мина изнесуваат од 3 до 30 до-лари, додека трошоците за отстранување се движат од 300 до 1.000 долари. Земјите на чија територија има најмногу мини најчесто се и најсиромашни, па е раз-бирливо дека тие не можат да преземат истражувања и развојни програми за тех-нолошки развој во детекцијата на мините. Европската комисија и Обединетите на-ции годишно вложуваат во акциите за пронаоѓање и деминирање околу 200 ми-лиони долари, меѓутоа бројот на мини кои притоа се отстранети е само „врв од сан-та мраз“. Секоја година бројот на новопо-ставени мини во однос на отстранетите е околу 20:1. Пронаоѓањето на мините е скапо и ри-зично. Современите мини сè помалку сод-ржат метал и екстремно тешко е да се откријат. Затоа истражувачите работат на откривање на нови начини и технологии за откривање на мините.
Пронаоѓање миниВо борбените дејства единиците постoјано вршат извидување и се обидуваат да ги пронајдат противничките мински пречки. Освен од запленети документи и од раз-узнувачки податоци собрани од локално-то население или од заробеници, мински-
материјал, а во поново време најчесто од антимагнетен материјал. При деминирање пипалката се забодува во земјата и на тој начин „со пипкање“ се регистрира постоење на мина. На овој начин, еден квадратен метар се пребарува за 4 минути. Работата со пипалката може да се изведува од лежечки, од клечечки и од стоечки став. Пипалката се забодува во земјата под агол од 30 степени и на длабочина од 10 до 15 сантиметри. За пронаоѓање противпешадиски мини потребно е да се извршат од 10 до 15 забодувања на површина од 10 квадратни сантиметри, за пронаоѓање противтенковски мини потребно се од 20 до 25 забодувања на квадратен метар. Детектор на мини (минопребарувач) е уред кој работи на принцип на ре гис трирање на одредена количина на метал кој се наоѓа во мина или во друго минскоексплозивно средство (МЕС). Денешните минопребарувачи регистрираат многу мали количества метал.Главен недостаток на детекторите за метал при детекцијата на мините претставува детектирањето на секој метален предмет во земјата. На пример, за време на отстранувањето на мините при хуманитарното чистење во Камбоџа од 1992 до 1998 година од пронајдените 200 милиони метални предмети, само околу 500.000 биле мини и други експлозивни направи, односно само 0,25%.Поголемиот број детектори на метали содржат приемен калем и калем за емитирање. Калемот за емитирање формира примарно магнетно поле кое се шири низ земјата и металниот предмет закопан во неа. Вре
Нови начини и технологии за откривање мини
ВО ПОТРАГА ПО СКРИЕНИ ОПАСНОСТИ
-
нејзината околина. Покрај сонцето како природен извор на енергија, за загревање на земјиштето можно е да се користи и вештачки извор како што е зрачење на земјиштето со микробранови ласери и осветлување со ласери. Овој метод не бара физички контакт со земјиштето, па затоа може да се користи од безбедно растојание. За кратко време може да се скенира релативно голема област, а кога детекцијата се врши од воздух, посебно е ефикасен за пронаоѓање на мини поставени на површината на земјата. Биолошките методи за де текција на мини се состојат во корис тење на цицачи, инсекти, билки и микроорганизми за детекција на присуството на честички од експлозив во воздух и на земја. Користењето на кучињата за детекција и деминирање започнало за време на Втората светска војна, меѓутоа последните две децении на минатиот век кучињата станале значителен дел од глобалните напори во хуманитарното деминирање, па денес во повеќе од дваесет држави во светот се користат повеќе од 600 кучиња во програмите за хуманитарно деминирање. Исклучително развиениот осет за мирис и можноста за нивно извежбување со мирисање да пронаоѓаат различни предмети се користи за детекција
на мини. Кучето има осет за мирис кој за 100 до 1.000 пати ги надминува и најосетливите хроматографски апарати, а може да осети испарувања на експлозив од закопани и положени мини со години по нивното производство. Предноста во користењето на кучиња за детекција на мини е во тоа што не постои мина која кучето не може да ја намириса. Недостатоци се што брзо се заморуваат (кучињата може да работат максимум од 4 до 5 часа), обуката на кучињата е долготраен процес (околу 2 години) и тоа што кучето многу полесно ги пронаоѓа минираните подрачја отколку поединечните мини.
менски променливото примар-но магнетно поле предизвикува во довртежни струи во метални-от објект во земјата, а тие струи формираат секундарно магнетно поле кое го детектира приемниот калем. Операторот се известува за присуството на метален објект со звучен сигнал кој се добива со конверзија на напонот на прием-ниот калем. Иако на секоја најдена мина доаѓаат од 100 до 200 лажни сигнали, сепак детекторите на ме-тал особено се користат при поче-токот на откривањето на минските пречки.георадарите детектираат проме-ни во диелектричните својства на материјалите, така што можат да детектираат и присуство на неме-тални мини. Георадарот пренесува електромагнетно зрачење преку широкопојасни антени со серија на кратки импулси или со трансмисија на бранови кои ја менуваат својата фреквенција за покривање на са-каниот опсег. Дигиталниот проце-сор на сигнали врз основа на по-вратниот сигнал го одредува обли-кот и позицијата на објектот, како резултат на тоа се добива визуел-на слика на објектот или звучен сиг-нал.Природните пречки во земјата, како што се камењата, корените од растенијата и подземните води може да предизвикаат појава на лажни сигнали. Исто така, преку-
19
мерната влажност на земјата пре-дизвикува значително слабеење на радиобрановите. Метод на детекција врз база на мерење спроводливост. Овој вид детекција користи електрична струја со мал интензитет за да на-прави слика на електричната спро-водливост на проводлив медиум. Оваа технологијата наидува на интерес поради релативно ниска-та цена, како и поради тоа што со мерење на електричната спровод-ливост на спроводливиот медиум се добива директна информација за неговиот состав. Поради тоа што спроводливоста на земјата се наоѓа во рамките на одреден оп-сег, технологијата се користи и за детекција на закопани објекти, кон-кретно на мини.Уредот за мерење на спроводли-воста на земјата се состои од дво-димензионален низ на електроди поставени на земјата. Кога еден пар на електроди е поттикнат со електрична струја од 1 милиампер, тогаш на останатите парови се мери електричниот напон.По поттикнувањето на сите неза-висни парови на електроди кои се од интерес и мерењето на со-одветните напони, со посебен ал-горитам и користејќи ги измерени-те податоци, се добива слика за распореденоста на електричната спроводливост во земјата. Пора-ди фактот дека и металните и не-металните мини ја нарушуваат рас-пределбата на електричната спро-водливост, технологијата може да се искористи за детекција на сите видови мини. Посебна поволност претставува добрата детекција во влажни услови, како што се пла-жите, морските брегови, оризови-те полиња, мочуриштата и други влажни места, што произлегува од фактот дека водата е добар спро-водник. Со детекција на мини со анали-за на инфрацрвеното зрачење може да се детектираат мини анализирајќи ја промената на тем-пературата над или околу нив. Земјата апсорбира голем дел од сончевата енергија ја, што дове-дува до нејзино загревање. Како резултат на загревањето, земјата емитира топлотна енергија која може да се детектира со сензори на инфоцрвено зрачење.Процесите на загревање и на ладење во текот на денот до-ведуваат до различно топлотно однесување на закопаните објекти и на земјата, формирајќи темпе-ратурна разлика. Кај неметалните мини оваа разлика настанува пора-ди фактот дека тие се подобар то-плотен изолатор отколку земјата. Во текот на денот, тенок слој на земјата над мината тежнее да ја акумулира топлотната енергија за-тоа што мината го спречува транс-портот на топлината под неа. Како резултат на ова, земјата над ми-ната ќе биде потопла во однос на
1. ИНжЕНЕРЕц НА АРМ СО ОСНОвНОТО СРЕДСТвО зА ДЕТЕКцИјА НА МИНИТЕ - ПИПАЛКАТА
2. МИНОПРЕ-бАРувАч VALLON VMV 8 МОНТИРАН НА „хЕРМЕЛИН“ вО СОСТАв НА ИНжЕНЕРИС-КИТЕ ЕДИНИцИ НА АРМ
3. гЕОРАДАРИ-ТЕ ДЕТЕКТИ-РААТ ПРО-МЕНИ вО ЕЛЕКТРИч-НИТЕ СвОјСТвА НА МЕТАЛИТЕ, ПА СО ТОА МОжАТ ДА ДЕТЕКТИРААТ И НЕМЕТАЛНИ МИНИ
4. НЕ ПОСТОИ МИНА ШТО КучЕТО НЕ МОжЕ ДА јА НАМИРИСА
5. вО 1990 гОДИНА E ОТКРИЕНА бАКТЕРИјА КОјА, вО ПРИСуСТвО НА ТНТ, ПОКАжувА ОСОбИНА НА ФЛуОР-ЕСцЕНцИјА
6. КОгА бИЛКАТА ARABIDOpSIS THALIANA СЕ НАОѓА вО бЛИзИНА НА МИНИ, зА КРАТКО вРЕМЕ јА МЕНувА СвОјАТА зЕЛЕНА бОјА вО цРвЕНА
20
Последните години за откривање на мини се тренираат и африкански стаорци. За секоја успешно детектирана мина стаор-ците добиваат храна (банани или кикирит-ки), а сигналот за присуство на мина прет-ставува нивното „чешкање“ на земјата со нозете. Обуката се врши со стаорците од видовите Emin's Giant Pouched Rat - Cricetomys emini и Gambian Giant Pouched Rat - Cricetomys gambianus. Основна пред-ност на стаорците во однос на кучињата е тоа што стаорецот поради својата тежи-на не може да ја активира мината, нивна-та набавка е полесна и поевтина, потреб-но е пократко време за обука, а стаорците за разлика од кучињата не се врзуваат за еден водич. Пчелите имаат остро сетило за мирис и може да се тренираат да пронајдат ек-сплозиви, бомби и мини, како и други хе-микалии, вклучувајќи дрога и тела во распаѓање. Пчелите се тренираат на ист начин како и кучињата и стаорците. Се на-градуваат со храна измешана со мирис на хемиската материја која се истражува. Тие укажуваат на присуство на мирис со својата бројност, а констатирано е дека тој траг го детектираат на неколку метри од целта. Пчелите не може да се кори-стат ноќе, по лошо време, на дожд и на ветар, кога температурите паѓаат на нула. За разлика од кучињата, пчелите може да се подготват и да се „пуштат во употреба“ за еден или за два дена, а за пронаоѓање мини може да се користат локални пчели и пчелари.На билката „Arabidopsis thaliana“ научни-ците го промениле генетскиот код и со
нејзина помош може да се бараат мини. Променетиот генетски код на оваа билка резултира со промена на бојата. Научни-ците на билката додале ген кој треба да се активира штом ќе дојде во близина и во контакт со азотен оксид. Азотниот оксид е гас кој се појавува кај поголемиот број ек-сплозиви. Кога билката се наоѓа во бли-зина на мини, за кратко време ја менува својата зелена боја во црвена. Промената на бојата лесно може да се види од воз-дух. На ист начин, од воздух, може да се изврши сеидба со оваа билка на реоните за кои постои сомневање дека се минира-ни. Посеаната билка ја менува својата боја по три до пет недели. Во 1990 година е откриена еден вид бактерија која во присуство на ТНТ пока-жува особина на флуоресценција – вид на
протеин кој се наоѓа во овие бактерии го препознава молекулот на ТНТ и во него-во присуство покажува флуоросценција. Принципот на работа се состои во на не-сување на бактерии на потенцијално мин-ско поле, најчесто од воздух, со користење на авиони или на хеликоптери. По некол-ку часа, тим од лица со детектори ја испи-тува особината флуоросценција од земја или од воздух. Со овој метод за кратко време може да се испита голема област. Појавата на лажни сигнали е сведена на минимум поради тоа што бактериите реагираат само на прису-ство на молекули на ТНТ. Акустичко-сеизмичкиот метод се состои во генерирање на звучни и на сеизмички бранови кон земјата и мерење на вибра-циите на нејзината површина. Акустичко-сеизмичкиот систем за детекција на мини генерира звук над површината на земјата преку звучник. Дел од акустичка-та енергија се рефлектира од површина-та, а остатокот продолжува да продира во земјата. Кога бранот ќе наиде на закопа-ни предмети како што се мините, дел од енергијата се рефлектира кон површината на земјата предизвикувајќи треперење на земјиштето. Специјални сензори можат да ги детек-тираат овие треперења без контакт со земјата. За таа намена најчесто се кори-стат радари, ултрасонични уреди, ласер-ски виброметри и микрофони. Методот на детекција на мини со бом-бардирање со неутрони се состои во разликување на честичките на експлози-вот во мината и структурата на околното земјиште со бомбардирање со неутрони и со детекција на гама-зрачењето или на по-вратните неутрони.Во зависност од тоа дали е во прашање гама-зрачење или се во прашање поврат-ните неутрони, се разликуваат два мето-ди и тоа, метод на промена на топлотното активирање на неутроните ТНА (Thermal Neutron Activation) и метод на проме-на на енергијата на неутроните (Neutron Moderation). Со топлотното активирање на неутро-ните земјиштето се бомбардира со неу-трони кои ги емитира изотоп или акцеле-ратор. Тие стапуваат во интеракција со јадрата на азотот коишто имаат најголем број експлозиви, што резултира со емисија на специфично гама-зрачење кое може да се детектира. TНA може да продре во земјиштето до длабочина од 100 до 200
милиметри, меѓутоа постои опасност од дејство на неутронски извор врз операто-рот. Физиката на работата оневозможува из-работка на системи со мали димензии и те-жина, па не постојат рачно преносни мино-пребарувачи кои се базираат врз овој ме-тод.Методот на промена на енергијата на не-утроните се состои во бомбардирање на земјиштето со неутрони и детекција на по-вратните забавени неутрони. Односот на бројот на повратните забавени неутрони и бројот на инцидентните брзи неутрони се користи како индикатор за присуство на мина. Физиката на процесот дозволува употре-ба на зрачење со мала сила и овозможу-ва користење на рачно преносни минопре-барувачи. Нуклеарната четириполна резонанца е техника наменета за испитување и за детекција на специфични хемиски сос тој-ки, вклучувајќи и експлозиви. Уредот ба-зиран на овој метод индуцира радиофрек-вентни (РФ) импулси на одредени фрек-венции насочени кон земјата преку ка-лем приближен до земјата. Под влијание на РФ-електромагнетните бранови, спи-но вите во атомите може да преминат од едно енергетско ниво на друго, но само на одредени фреквенции. Кога тоа ќе се случи, доаѓа до појава на ре-зонанца и до формирање на повратен сиг-нал (електричен потенцијал) во приемниот калем. Главен недостаток на нуклеарната чети-риполна резонанца е лошата детекција на мини кои во себе содржат ТНТ, пора-ди слабиот сигнал кој пристигнува на повр-шината на земјата. Детекцијата единстве-но може да се направи со значително зголемување на времето на испитување. Друг недостаток може да претставува-ат РФ-пречките од околината. Овие преч-ки се особено истакнати при детекција на ТНТ, бидејќи неговите резонантни фрек-венции (700 – 900 КHz) се наоѓаат во АМ-радиоопсегот. Со овој метод не може да се детектираат мини со метално тело поради неможност за проаѓање на РФ-брановите низ нив.
зАКЛучОКПроблемот на детектирање мини постои во целиот свет, па затоа бара големо вни-мание. Наведените методи се применува-ат за решавање на овој проблем. Секој ме-тод има свои добри и лоши страни. Така ниту еден од наведените методи не може да работи подеднакво добро во различ-ни временски услови, како ни во различни конфигурации на земјиштето. Исто така, тука е и проблемот со појавата на лажни сигнали. До решение на овие проблеми се доаѓа со употреба на плат-форма којашто се користи на повеќе раз-лични сензори за детекција на мините. На тој начин повеќекратно се подобру-ва ефектот на детекторот и се намалува бројот на лажни сигнали. Во оваа област има многу место за развој и за потрага на нови начини на детекција. Бидејќи земјите кои најмногу имаат проблеми со мините најчесто се и најсиромашни, потребно е тие системи да бидат што поевтини и подостапни.
Александар Стојчевски
21
ретставувањето на овој концепт кој многумина го сметаат за застарен и заглавен во своите недостатоци, произлегува од информацијата дека
пред неколку години Департманот за од-брана на САД потпишал договор со добро познатата компанија „Lockheed Martin“ за конструирање на т.н. „воздушни бро-дови на голема надморска височина“ со цел унапредување на ефикасноста на Си-стемот за одбрана од балистички ракети. Сепак, иако проектот бил стопиран пора-ди финансиски проблеми, самата идеја за развој на овие воздушни бродови ни ука-жува на тоа дека концептот сè уште посе-дува доволно предности за да се најде на листата на барани воени орудија.Користењето на воздушните бродови или „платформите кои се полесни од воз-духот“ (lighter than air platforms – LTA) де-нес својата употребна вредност ја пока-жуваат на јужната граница на Соедине-тите Американски Држави и на Кариби-те каде на осум означени позиции е по-ставен радарскиот систем на т.н. аероста-ти (закотвени LTA-платформи), чија основ-на мисија е набљудување на потегот со цел спречување на трговијата со наркоти-ци (TARS). Токму преку овој пример може да се опфати и еден од основните предно-сти на ова орудие – можноста да подигне голем товар. Имено, секој од аеростатите, дел од радарскиот систем TARS, подигнува радар тежок околу еден тон, радар чиј оп-сег на набљудување е неверојатни 370 km. Посочените аеростати се примарна опре-ма и во неколку други воени програми, меѓу кои се : програмот JLENS кој вклучува
напреден сензор и мрежни технологии, по-тоа концептот кој тргнува од иницијалната идеја еден тип воздушни бродови да се постават на голема надморска височина и на тој начин да служат како еден вид од-брана на сопствената територија, проек-тот LASH кој се навраќа на базичната упо-треба на воздушните бродови во минато-то, односно во антипоморска борба, опе-рациите за барање и спасување, операци-ите за детекција на хемиско и биолошко оружје и слично. Во последниот период, по пауза од речиси 44 години, воздушните бродови повторно биле ставени во употреба и од страна на американското воено воздухопловство, и тоа за тренинзи и за истражувања.
НЕЈАСНА ИДНИНА ЗА ГИГАНТСКИТЕ КРЕАЦИИ НА НЕБОТО
МАГЛА НА ПАТОТ НА „ЦЕПЕЛИНОТ“
гОЛЕМИОТ АРСЕНАЛ НА вОЕНА ОПРЕМА КОРИСТЕНА ПОвЕЌЕ вЕКОвИ НИ уКАжувА НА ТОА ДЕКА НИШТО НЕ Е НЕвОзМОжНО. НАПРОТИв, вО ТЕКОТ НА ОСуМНАЕСЕТТИОТ вЕК, КОј МОжЕ ДА СЕ СМЕТА зА РЕНЕСАНСЕН ПЕРИОД вО РАзвОјОТ НА вОзДухОПЛОвИТЕ, РАзвИЕНИ СЕ гОЛЕМ бРОј НЕКОНвЕНцИОНАЛНИ ЛЕТАЛА, МЕѓу КОИ СвОЕ „МЕСТО ПОД СОНцЕТО“ СИ НАШОЛ И бАЛОНОТ, ОДНОСНО вОзДуШНИОТ бРОД, КАј НАС ПОПОзНАТ КАКО „цЕПЕЛИН“
Она што е значајно да се каже е дека воз-душните бродови, и покрај неколкудецени-ската пауза во нивната употреба во воени цели, отсекогаш биле привлечни за цивил-ниот сектор. Имено, нивната модерна упо-треба, иако не вклучува транспорт на патни-ци (област во која се потиснати од т.н. лета-ла кои се потешки од воздухот – конвенци-онални авиони), тие не ретко се среќаваат како начин на рекламирање, а воедно че-сто се користат и како туристичка атракција.
ШТО ВСУШНОСТ ПРЕТСТАВУВА ВОЗДУШНИОТ БРОД?По дефиниција воздушниот брод е тип на летало кое е полесно од воздухот кое се управува преку систем од пропелери, кор-мила и други слични механизми. Основ-ната разлика на воздушните бродови со останатите т.н. конвенционални летала е тоа што тие лебдат во воздухот со помош на „заробен“ гас (кој е полесен од возду-хот) во голема празнина.Токму начинот на кој е конструирана праз-нината во која е заробен „лесниот“ гас е основната карактеристика според која се врши и поделбата на овој тип летала – т.н. „blimps“, односно летала чија празни-на нема интерна структура, потоа „полу-ригидни“ летала, со едноставна интерна структура, како и „ригидните“ летала кои се карактеризираат со целосно развиена структура, односно полн скелет. Со цел поефикасно да ви претставиме одредени типови на воздушни бродови, ние ќе ја преземеме поделбата која прет-ставува три концепти на LTA-платформи: аеростати, воздушни бродови на голе-
22
градењето воздушен брод со големина која е потребна за негово одржување на големи надморски височини (пора-ди ретката атмосфера за одржување на товар од 220 kg на 20.000 m по-требни се над 140.000 m3 хелиум), на-учниците и потенцијалните корисници сè уште трагаат по неговата вистинска намена. Имено, овој тип на брод може да служи како платформа за детаљно набљудување на голема површина, како комуникациски релеј или, пак, како ласерско оружје. Сепак, донекаде голем проблем за стабилноста на овој брод се воздушните струи на одредени над-морски височини кои мора да се поми-нат при искачувањето и спуштањето на леталото.
3. хИбРИДНИ вОзДуШНИ бРОДОвИ (СО гОЛЕМ ТОвАРЕН КАПАцИТЕТ)
Позициониран помеѓу брзите авиони кои имаат мал товарен капацитет и големите и бавни поморски бродови со огромен капа-цитет, концептот на хибридните воздуш-ни бродови сè уште се обидува да го најде своето место во светскиот транспортен си-стем. Има многу елементи кои се дефини-раат како слабости на овој концепт бидејќи станува збор за хибридни летала. Нивно-то полетување мора да се изврши на пи-ста (пистата треба да биде пократка откол-ку за конвенционалните летала), која спо-ред одредени пресметки чини колку и една конвенционална писта, додека истовреме-но се покренува и прашањето за ефек-тивноста при пренесувањето на товар кој
ма надморска височина (high altitude airships) и воздушни бродови со голем товарен капацитет (heavy lift airships).
1. АЕРОСТАТКако што напоменавме погоре, аероста-тите (како една форма на воздушни бро-дови) може да се опишат како закотве-ни лебдечки платформи чија основна и најупотребувана намена е континуирано набљудување на одредена област. Овој тип недвижечки летала има предност во однос на останатите набљудувачки ле-тала (беспилотните и класичните лета-ла), и тоа во однос на ниските трошоци за одржување на платформата во воздух, како и способноста за долготрајно конти-нуирано набљудување. Иако како дел од слабостите на овие недвижечки платфор-ми може да се спомене нивната ранли-вост на непријателски оган и на екстремни временски услови, мора да се земе пред-вид дека тие се многу помалку ранливи от-колку т.н. „летала кои се потешки од воз-духот“. Интересно е што научниците кои ја застапуваат тезата дека овие платфор-ми имаат многу повеќе предности откол-ку слабости во однос на извршувањето на набљудувачките мисии, укажуваат на тоа дека тие всушност можат да бидат мно-гупати погодени пред да почнат да губат надморска височина.
2. вОзДуШНИ бРОДОвИ НА гОЛЕМА НАДМОРСКА вИСОчИНА (HIGH ALTITUDE AIRSHIpS)
Иако технологијата веќе подолго време не е ограничувачки фактор во однос на
23
тежи 1.000 тони на бојното поле, односно дали една таква комплек-сна операција која во себе вклучу-ва голем човечки апарат може да биде изведена во област во која условите се менуваат со огромна брзина. Дополнително, вредноста на одреден товар кој би го прене-сувал еден хибриден брод од овој тип би била огромна, што „de facto“ го прави бродот мошне привлечна цел за уништување.
ИСТРАЖУВАЊАТА ДЕНЕСВо период во кој конвенционални-те авиони се главна и доминантна сила кога станува збор за брзиот транспорт на патници и на товар во светски рамки, но и за начинот на одржување и наметнување су-веренитет врз одреден воздушен простор, вистинското прашање кое бара одговор е дали постои место за понатамошен развој на воздушните бродови. Кон крајот на минатиот век започ-нал заедничкиот проект на DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency или Агенција за напредни истражувачки одбран-бени проекти) и „Lockheed Martin“ наречен Walrus Hula, чија основна мисија е да ја истражи можноста за создавање воздушни бродови кои ќе имаат голем товарен капацитет и голем дострел.Преку одредени проекти се доби-ва впечаток дека воздушните бро-дови најверојатно својата приме-на ќе ја најдат во идните вселен-ски програми како начин на ефи-касно и, најважно, евтино решение за пренесување на голем товар до ниската орбита на Земјата. Токму во областа на воздушни-те бродови кои оперираат на го-лема надморска височина свои истражувања вршат Европската вселенска агенција, Командата за вселенска и ракетна одбрана на американската армија и DARPA, чиј проект за развој на едно летало од овој тип започнал пред шест го-дини, во 2005 година. Според Ев-ропската вселенска агенција, овој концепт на воздушни бродови може да се искористи за развој и на цивилните и на воените телеко-
муникациски системи кои на релативно евтин начин би овозможиле долготрајна комуникација на глобално ниво. Интересен субконцепт на воздушните бродови е и т.н. „remote contro lled airship“, односно беспилотен воздушен брод кој денес се при менува во цивилниот сектор, од носно најмногу наоѓа примена во комерцијални и во туристички цели.Големите несреќи на воздушните бродови во минатото, како онаа на „Hindenburg“ во 1937 година во САД, нè тераат да го поставиме прашањето кое зазема централно место во размислувањата за
иднината на овој концепт, а тоа е безбедноста на воздушниот брод. Според компонентите на воздушниот брод може да се дојде до заклучок дека и покрај големата маса и димензии, бродот не нуди висока безбедност. Имено, хелиумот кој најчесто се користи како гас за подигнување не гори и се однесува како гас за гаснење на пожарот. Турбуленцијата поради големите димензии е сведена на минимум (како и кај големите конвенционални летала), а поради користењето на композитните материјали, воздушниот брод не привлекува громови и молњи.
Иван Петрушевски
ИСТОРИСКИОТ РАзвОј НА вОзДуШНИОТ бРОДПрвите нацрти на воздушниот брод во неговата руди-ментирана форма биле направени во текот на XVII и XVIII век, кога всушност на балони исполнети со „лесен гас“ биле прикачени неколку пропелери (придвижува-ни од луѓе) и кормило за управување. Првиот поголем
чекор во развивањето на воздушниот брод бил напра-вен со првиот инаугуративен лет на воздушниот брод придвижуван на пареа (воздушниот брод кој бил упра-вуван од хенри гифард во 1852 година прелетал 27 km). Само по неколку декади, односно во 1872 година, бил направен првиот воздушен брод придвижуван од мо-тор со внатрешно согорување, додека првиот лет на електромотор бил направен во 1883 година. Интересен факт е дека кон крајот на XIX век, концептот на хрватскиот инженер, Давид Шварц, му бил прода-ден на познатиот гроф Фердинанд фон цепелин, име кое сè уште претставува синоним за летечките бродови. Токму лансирањето на првиот „Zeppelin LZ1“ кон среди-ната на 1900 година се смета за почетокот на „златното доба“ на овој тип летала. Развојот на воздушните бродови кон почетокот на XIX век, „de facto“ значело и дека тие ќе бидат екстензив-но употребувани во текот на Првата светска војна. за време на војната на бродовите било гледано како на моќни и застрашувачки оружја, кои, сепак, биле мно-гу непрецизни. Токму затоа воздушните бродови најмногу биле користени за набљудување, длабоко во територијата на непријателот.Иницијалната екстензивна употреба на воздуш-ните бродови всушност ги открила и слабостите на ова летало на бојното поле, така што до 1917 годи-на, најголемите оператори, армиите на британија, на германија, на Франција и на Италија, ги прекинале ди-ректните активности на фронтот на воздушните бродо-ви кои биле во нивна сопственост. во периодот по војната, поради луксузноста која воз-душниот брод ја нудел, овие летала биле екстензив-но користени за транспорт на патници. во овој период биле направени неколку обиди леталото да се користи и како воздушен носач на авиони, но концептот бил на-пуштен откако се увидело дека истата функција мно-гу поефикасно може да ја изврши и поморскиот носач на авиони. Ако периодот до втората светска војна во однос на развојот на воздушните бродови им припаѓа на германија и на британија, во втората светска војна, тој примат го заземаат Соединетите Американски Држа-ви. во тој контекст, американските воздушни бродо-ви во најголема мера биле користени за напад врз гер-мански и јапонски подморници на отворено море, до-дека од останатите задачи и мисии би требало да се спомене нивната употреба како организациски центри за насочување на движењето на поморските конвои, како и за операции за барање и спасување. во текот на војната во САД биле произведени вкупно 154 воздушни бродови од коишто само еден бил уништен од познати-те германски у-подморници, што укажува на тоа дека тие навистина биле безбедни, но и ефективни орудија. Од другата страна на Атлантикот, еден интересен по-даток вели дека Советскиот Сојуз во текот на втора-та светска војна користел само еден воздушен брод кој имал задача да пренесува опрема и да служи како тренинг-платформа за советските падобранци.
24
стем, за автоматскиот систем за контрола на летот, за интеграција на поморските системи за извршување на мисиите, за летовите за тестирање на финалниот производ, како и за управувањето со фабриката.– „EUROCOPTER“ од Франција е задолжен за изработка на трупот на хеликоптерот, на ка бината, на опашниот редуктор, на електрич ниот систем, на системот за контрола на летањето и за основниот систем за ави ониката. Тие се одговорни и за финалното склопување и тестирање на леталатапрототипови.– „EUROCOPTER“ од Германија се грижи за горивниот систем, за системот за комуникација, за системите за општите мисии, за системите за интеграција на тактичките мисии и за финалното склопување и тестирање на хеликоптерите.– „FOKKER“ од Холандија е одговорен за опашната структура, за вратите, за тркалата, за средниот редуктор и за тестирањето.Компанијата „NHIndustries“ била менаџер во поглед на дизајнот, на развојот, како и на влезот на NH90 како НАТОхеликоптер. Првите базични верзии кои се појавиле на почетокот на производството се т.н. „Tactical TroopTransport Helicopter“ (TTH) и „NATO Frigate Helicopter“ (NFH), конструирани за операции на копно и на море во сите временски услови. Примарната улога на поморската верзија на NH90 е автономно и антипоморско војување, секако користејќи ги воени те бродови како база и поддршка. Тоа всуш ност значи дека тие биле наменети за поморско војување, како и за рано откривање, за следење, за класификација, за идентификација и за напад на не при јател ските бродови.
еликоптерот NH-90, производ на компанијата „NHIndustries“ е двомо-торен повеќенаменски хеликоптер со средна големина кој за првпат по-летал во далечната 1995 година. Од-
личните карактеристики на хеликоптерот биле веднаш забележани и затоа веднаш по првиот лет започнале да пристигнува-ат и првите порачки (до денес го нарачале 16 земји во светот), додека првите хеликоп-тери биле испорачани во 2006 година. Име-но, побарувања за хеликоптерот пристигна-ле не само од земјите-учеснички во проектот, туку и од другите европски држави (пред сè од скандинавските), а и од Австралија и од земјите од Азија. Дел од нарачките кои биле договорени се следните: 18 хеликоптери за Шведска, 20 за Финска, 24 за Норвешка, 46 за Австралија, 164 за Германија, 117 за Италија,
ГОРДОСТА НА „NH INDUSTRIES“
NATOHELICOPTER NH90
95 за Франција, 64 за Саудиска Арабија и др.Според намената NH-90 треба да биде достојна замена за досегашните хеликоп-тери од сериите UH-1, фамилијата „Puma“, „Lynx“ и „Sea King“. Компанијата-производител на NH-90 е сме-стена во француската провинција Aix-en-Provence. Од нејзиното воспоставување во 1992 година, „NHIndustries“ е во целосна соп-ственост на „Eurocopter“, „Agusta Westland“ и „Fokker Aerostructures“, односно изразе-но во проценти – 62,5% EADS Eurocopter, 32.5%– AgustaWestland и 5% – Stork Fokker.Компанијата воедно е сертифицирана со стандардите EN 9100, ISo 9001 и AQAP 2110. РАзвОј И ПРИМАРНА уПОТРЕбАОвој тип хеликоптер е развиен како резул-тат на барањата на НАТО-штабот, што ре-зултирало со воспоставување на Програ-мата за голема европска соработка. NH-90 е замислен да биде заеднички, општопри-фатлив, опремен и ефективен хеликоптер. Развојот на NH-90 започнал во 1985 година од страна на: Франција, Германија, Италија, Холандија и Обединетото Кралство. Од одредени причини Обединетото Крал-ство го напуштило тимот во 1987 година, а пет години подоцна „NHIndustries“ потпи-шал договор со NAHEMA (NATo Helicopter Management Agency) со иста цел – развој и дизајн на NH-90. Во составот на Агенцијата подоцна се приклучила и Португалија како петта земја-учесничка во овој проект. Секоја од државите-учеснички со своите компании била и е одговорна за одреде-ни елементи во процесот на производство, контрола и тестирање, и тоа: – „AGUSTA“ од Италија е одговорна за главниот редуктор, за хидрауличниот си-
Драган Павловски
да се извршува и во првиот NH 90-симу-латор поставен во германското Авијациско училиште во Букебург. Копмлетниот симула-тор е во сопственост на конзорциумот кој е формиран од страна на „CAE“, „Eurocopter“, „Thales“ и „Rheinmetall Defence Electronics“ со подеднакво учество од 25%. Се смета дека успехот на NH-90 ги поттик-нал другите земји-учеснички да развијат нов тежок транспортен хеликоптер (HTH), како продолжение на NH-90. Примарна уло-га на новиот хеликоптер ќе биде замена на „Sikorsky“ CH-53 од германската служба. Тој е замислен како хеликоптер со три мото-ри, со полетна тежина до 40 t и со дострел до 1.200 km. Вообичаен товар на хеликоп-терот, кој според планот би бил воведен во 2018 година, би биле пешадиските борбени возила или транспорт на 70 војници.
25
ОСТАНАТИ ВЕРЗИИОсвен погоре споменатите две основ-ни верзии на хеликоптерот, постојат и вер зии за пребарување и спасување (SAR - Search and Rescue), за борбено пребарување и спасување (CSAR - Combat Search and Rescue), за транспорт на трупи до 20 војници, потоа варијанти за мисиите MEDEVAC (Medical Evacuation) и CASEVAC (Casualty Evacuation) со можност за транс-порт до 12 носилки за ранети или повредени, како и варијанти за електронско војување (Electronic Warfare), за ВИП-транспорт, за воздушни командни места, за специјални операции, за тренинг итн. Екипажот на хеликоптерот го сочинува три-чле на екипа составена од двајца пилоти и, по потреба, тактички координатор наре-чен Tacco (Тactical coordinator, одговорен за менаџирањето на мисијата) и оператор на-речен Senso (Sensor systems operator), сека-ко во зависност од мисијата и нејзините по-треби.
ИНСТАЛИРАНА ОПРЕМАNH-90 користи најнова технологија за зголемување на способноста, на одржли-воста и на ефективноста на хеликоптерот. Асортиманот на понудата е мошне голем и, меѓу другото, опфаќа: – „Fly-By-Wire control system with 4-axis autopilot“ овозможува максимални пер-форманси кои можат да се добијат во усло-ви на намален обем на работа на екипажот. Одржувањето и барањата за инспекција значително се намалени во споредба со конвенционалниот систем за контрола;– „FADEC Engines and Аir Intake system“ – моторот вклучува напредни опции за фил-трација на воздушните честички при работа во погруби средини;– „Advanced Mission System“ ја зголемува брзината, точноста и количината на подато-ци кои можат да се обработат;– „Autonomous Navigation System-Integ-rated Avionic System“ е систем со кој се овозможува тактичка комуникација преку т.н. IFF-систем, GPS, INS, Doppler, Аir Data, системот Digital Map Generator и други соо-дветни комуникациски системи (внатрешни и надворешни). Од останатите системи би ги набројале: так-тички радиoсистем, V/UHF/HF, систем за за-штита од судир со жици, напреден систем за предупредување на близината со земјата, шлем со интегриран екран, ноќно гледање, временски радар, активен сонар со голем дострел, личен локатор, систем за заштита од електромагнетни пречки и сл.
(Identification Friend or Foe или иден ти
фикација на пријателот, односно на не
при јателот), го
обез бедува компанијата „Thales“, а е дораз
-ви
ен во рамките на гер ман
ско-француската
со работка. Системот „Hellas“ е софистициран сис тем, способен за идентификување раз
-лич
ни класи на закани при ниски оперативни летови – кабли, столбови, дрвја и сл. Во тој контекст, интересно е да се напомене дека моментално компанијата „EADS“ работи на проектот „Hellas-3D“ во кој има помошни ми-лиметарски радарски сензори кои даваат ин-формации во ситуации кога хеликоптерот се обидува да се приземји во облак од прашина и нечистотија .Обуката за пилотирање со овој тип хеликоп-тер од почетокот на минатата година може
Конструкцијата на хеликоптерот е исклу-чителна од аспект на нејзината композит-на воздухопловна конструкција со компо-зитни краци на роторите со што се намалу-ва бројот на деловите и нивната тежина од една страна, а се зголемува силата, издр-жливоста, отпорноста кон вибрациите и от-порноста од корозија. Кај краците, покрај наведеното, посочениот состав овозможу-ва подобри перформанси изразени и пре-ку концептот „design once, use many times“ (дизајнирај еднаш, користи повеќепати), којшто е екстензивно применуван. Изработ-ката на деловите вклучува континуирана употреба на композитни материјали со ви-соко ниво на системска интеграција, моду-ларност и аеродинамичен дизајн.
ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА NH-90КАПАЦИТЕТ 20 војници или 12 носилки, 2 НАТО- товарни палети
ДОЛЖИНА 16,3 m (со ротори 19,6 m)ВИСИНА 5,31 m
ТЕЖИНА НА ПРАЗЕН ХЕЛИКОПТЕР 6.400 kgМАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ПОЛЕТУВАЊЕ 10.600 kg
КОРИСЕН ТОВАР 4.200 kgНАДВОРЕШЕН ТОВАР 4.000 kg
ТОВАР СО ДИГАЛКА 270 kgМОТОРИ 2× Rolls-Royce со по 2.230 ks
МАКСИМАЛНА БРЗИНА 300 km/hДОСТРЕЛ 982 km
МАКСИМАЛНА ВИСОЧИНА НА ЛЕТ 6000 m
БРЗИНА НА КАЧУВАЊЕ 8 m/sec (максимално 11.2 m/sec)
ВООРУЖУВАЊЕ постои можност за проектили и за оружје 7.62 mm или 12.7 mm и топ од 20 mm
ТЕМПЕРАТУРЕН ОПСЕГ -40 ° C до +50 C °
Хеликоптерите NH-90 кои се во сопстве-ност на Франција, на Германија, на Италија, на Португалија и на Финска се опремени со сопствена самозаштита од електрони-ката за одбрана на EADS, која исто така го снабдува и хеликоптерот „Tiger“. Посо-чената опрема вклучува и „EADS AN/AAR-60 MILDS“ – предупредувачки ракетен си-стем и опрема за предупредување „Thales TWE“ (интегрирано радарско и ласерско предупредување). Според информациите некои хеликоптери ќе бидат опремени и со можност за елекронско војување (EW), обе-збедени од страна на авиониката на „Saab“. NH-90 е опремен со интегрирани комуни-ка циски и идентификациски системи за уп равување – безбедната радиоврска обез бедува комуникации „воздух-воздух“ и „воздух-земја“. Системот „TSC 2000 IFF“
26
НАТО. Генералот Дуби не го криеше задо-волството од соработката со АРМ и Репу-блика Македонија, при што истакна дека е горд што имал можност да придонесе за успешна трансформација на АРМ.Двајцата генерали се сложија дека успеш-ното заедничко учество на двете армии во наменските сили „Феникс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан, што се реализира-ше минатата година, значително го зајакна партнерството помеѓу АРМ и Национална-та гарда на Вермонт, а научените лекции од ова партнерство ќе најдат широка при-мена во обуката на припадниците на две-те армии. По разговорите во ГШ на АРМ, во касар-ната „Илинден“, припадниците на Полкот за специјални операции и на Баталјонот на
ационалната гарда на Вермонт прет-ставува партнер на АРМ со кој се ре-ализираат активности за соработка со Армијата на САД, координирани
преку познатата Воена контакт-програма која е составен дел на севкупната била-терална соработка помеѓу двете армии. Оваа програма се реализира преку раз-лични форми на обука како што се семи-нари кои се реализираат во Република Македонија, конференции, посети на воени бази, школски центри и институции во САД, изведување на заеднички вежби и друго. Воената контакт-програма и соработката со Националната гарда на Вермонт, мно-гу помогна на АРМ во достигнувањето на стандардите на НАТО во повеќе области. Во прилог на ова укажува фактот дека од 1995 година наваму, откако е воспоставе-на американско-македонската соработка, се реализирани над 200 активности со уче-ство на над 4.000 припадници на АРМ и на Министерството за одбрана. Посебен белег на американско-ма ке дон ска-та соработка дава интензивната соработ-ка на воен план, особено со Националната гарда на Вермонт, САД. По тој повод, од 13 до 17 март во официјална посета на АРМ и на Република Македонија престојуваше ви-сока делегација на Националната гарда на сојузната држава на САД, Вермонт, предво-дена од командантот на Националната гар-да на Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби, а негов официјален домаќин беше начални-кот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски. Целта на посета-та беше запознавање со достигнувањата
ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО: НАЧАЛНИКОТ НА ГШ НА АРМ СТАНА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН НА НАЦИОНАЛНАТА ГАРДА НА ВЕРМОНТ
ПРИЗ
НАНИ
Е ЗА
ПО
СВЕТ
ЕНОС
Та
КОН
ЗАДА
ЧИТЕ
на АРМ во процесот на трансформација и разгледување на можностите за уна предување на понатамошната соработка со Националната гарда на Вермонт. За таа цел, на средбата во ГШ на АРМ, пред гостите од САД беа презентира ни достигнувањата во процесот на трансформацијата на АРМ, новата структура на АРМ, како и учеството во мисиите предводени од НАТО, од ЕУ и од ООН. Во оваа прилика, началникот на ГШ на АРМ искажа голема благодарност за континуираната поддршка на Армијата на САД, при што тој особено се осврна на долгогодишната плодна соработка со Националната гарда на Вермонт која за АРМ веќе подолг период претставува дополнителен импулс за успешно достигнување на стандардите на
27
Воената полиција, пред гостите од Нацио-налната гарда на Вермонт изведоа показ-на вежба со содржини од обуката, по што генералите Дуби и Стојановски имаа заед-нички ручек со припадниците на овие две единици на АРМ чии припадници беа дел од наменските сили „Феникс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан.
вО РЕДОТ НА „зЕЛЕНИТЕ ПЛАНИНСКИ МОМчИњА“За време на посетата, командантот на На-ционалната гарда на Вермонт, генерал-мајорот Мајкл Дуби, на свечена церемонија во Домот на АРМ во Скопје, на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Ми-рослав Стојановски, му додели високо при-знание –„Почесен член на Националната гарда на Вермонт“. Ова високо признание значи да се биде еден од „Зелените планински момчиња“, приз нание коешто Националната гар-да на Вермонт го доделува по третпат во нејзината историја, но за првпат тоа му е доделено на странски државјанин. Другите две вакви признанија Националната гарда на Вермонт ги има доделено на поранеш-ниот гувернер на Вермонт и на генералот на Армијата на САД.На церемонијата, покрај делегацијата од Националната гарда на Вермонт предво-дена од генерал-мајорот Мајкл Дуби, при-суствуваа: министерот за одбрана, Зоран Коњановски, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стоја нов-ски, амбасадорот на САД во Република Македонија, Филип Рикер, високи претстав-ници од Министерството за одбрана, вое-ните аташеи акредитирани во Република Македонија, командантите на првопотчи-нетите команди и единици и главните подо-фицери, началници на секциите од ГШ на АРМ и други гости.По доделувањето на признанието генера-лот Стојановски нагласи дека ова не е са-мо признание за неговото долгогодишно ангажирање за зацврстувањето на одно сите помеѓу АРМ и Националната гарда на Вер-монт, туку оти ова е признание за сите при-падници на АРМ кои во изминатите 16 години дале придонес за успешно реализирање на партнерската програма. Началникот на ГШ на АРМ, кој го доби ова признание коешто за првпат се доделува надвор од границите на САД, вели дека не е скромно да се каже дека заради оваа со работка со Национална-та гарда на Вермонт, АРМ денес е подобра и борбено пооспо собена отколку во време-то на нејзините почетоци.– Преку оваа соработка вложивме многу труд и поминавме многу моменти кои се-когаш и не биле среќни, но затоа оваа со-работка ќе биде добра основа за идните млади старешини на АРМ и на Национал-ната гарда на Вермонт, почитувајќи ги тра-дициите и оваа нова напишана историја, да продолжат понатаму и да бидат поу-спешни од нас, рече, меѓу другото, генерал-потполковникот Мирослав Стојановски.Командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајорот Мајкл Дуби, на-гласи дека ова признание му се доделува на генералот Стојановски за исклучително добрата соработка и водство, како и за не-говата лична посветеност на задачите. Со ова признание, потенцираше генералот Дуби, се наследува и сè она од историјата
хируршки болни, а во 2010 година 25.000 болни. За брзо, соодветно и квалитетно згрижување на тие болни, мошне значајно е квалитетното дијагностицирање. Во таа алка најважно место зазема и ком пју терскиот томограф, посочи министерот Селмани.Американскиот амбасадор, Филип Рикер, рече дека донацијата е само уште еден пример за нивната посветеност и партнерство. Тој посочи дека реновирањето на собите во болницата и донацијата биле овозможени не само од великодушноста од страна на нивните пријатели во американската држава Вермонт, туку и со помош на Европската команда на САД преку Програмата за хуманитарна помош.– Само оваа година преку одделот за соработка во одбраната на Амбасадата ќе донораме опрема во вредност од над два милиони долари преку бројни проекти кои ќе бидат корисни за граѓаните во Македонија. Тоа вклучува и реновирање на седум училишта кои треба да бидат завршени годинава, донација што вклучува единици за ладење на вакцини и реновирање на болницата за педијатрија во вредност од 350.000 долари која ќе биде отворена на крајот од месецов, додаде амбасадорот Рикер.Командантот на Националната гарда на Вермонт, генералмајор Мајкл Дуби, изрази задоволство што е тука како претставник на Вермонт и на Медицинскиот центар „Флечер Ален“ кој ја донираше опремата.– Откако мојата сопруга ја посети болницава во мај 2008 година, „Флечер Ален“,
преку програмата за државно партнерство испрати тројца лекари кои беа импресионирани од професионалноста на медицинскиот персонал и од општата грижа. Тие увидоа дека има потреба од апарат за компјутерска томографија. Со големи напори, помош и соработка од амбасадорот Рикер и Европската команда на САД, опремата беше транспортирана во болницата. Во име на граѓаните на Вермонт би сакал да нагласам дека посакувам оваа соработка со вас да продолжи и понатаму. Планираме да го продолжиме воспоставеното партнерство, истакна, меѓу другото, командантот на Националната гарда на Вермонт, генералмајорот Мајкл Дуби.
Подготвил: З.Ризовски
на Америка, од зачетоците на Национал-ната гарда на Вермонт во далечната 1764 година, а се доделува за високи вредно-сти на чест, интегритет и лојалност, но и за истакнување во службата. Тој уште ед-наш укажа дека признанието се доделува по третпат, но првпат надвор од граници-те на САД.– Ние сме горди и почестени затоа што при-падниците на АРМ беа распоредени заед-но со нас во наменските сили „Феникс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан, рече, меѓу другото, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајорот Мајкл Дуби.
АМЕРИКАНСКА ДОНАЦИЈА ЗА УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕАмериканско-македонското партнерство и пријателство уште еднаш на дело беше потврдено со донирањето на апаратот за компјутеризирана томографија за потреби-те на Ургентниот центар во Скопје, донација од Националната гарда на Вермонт. На пригодната церемонија по тој повод, ми-нистерот за здравство, Бујар Османи, им се заблагодари на американскиот амбасадор, Филип Рикер, на командантот на Национал-ната гарда на Вермонт, генерал-мајорот Мајкл Дуби, и на американската Влада за донацијата за здравството во Македонија.– Апаратот за компјутеризирана томо гра-фија ќе има големо значење за зголемување на капацитетите на овој новосоздаден цен-тар за рано дијагностицирање, за соодвет-ното и навремено лекување и почитување на сите протоколи кои ќе спасуваат многу
животи. Задоволство ми е што ја унапред-уваме соработката со САД во областа на здравството како наш вистински партнер, рече, меѓу другото, министерот за здрав-ство Бујар Османи.Директорот на Универзитетската клини-ка за трауматологија, ортопедски боле-сти, анестезија, реанимација и интензивно лекување на Ургентниот центар, Реџеп Сел-мани, изјави дека Клиниката, заедно со дру-гите хируршки клиники, претставува рефе-рентен национален центар за згрижување на најтешките хируршки болни.– Ургентниот центар, каде што е сместен апаратот, е влезната врата каде се прима-ат најтешките хируршки болни кои се трети-раат на хируршките клиники. Во 2004 годи-на имавме примено околу 10.000 ургентни
28
олкот за специјални операции на АРМ веќе седумнаесет години по-стигнува врвни резултати. Високите критериуми за селекција, напорна-
та и сложена обука и секогаш беспрекор-ното извршување на задачите се само дел од посебноста и препознатливоста на Пол-кот за специјални операции. „Чекорејќи смело кон исполнувањето на сите пре-дизвици, мисии и задачи кои беа поста-вени пред вас, дадовте силен печат во професионализацијата на АРМ, при што успеавте да изградите традиција и култ на вашата единица, достојни за почит. Воспо-ставените високи стандарди во обу ката, како и бројните успеси на вежбите и миси-ите во кои учествувавте, оставија особен белег во развојот на специјалните едини-ци не само во АРМ, туку и пошироко, за што доволно говори големиот респект кој го уживате како единица и надвор од гра-ниците на Република Македонија“, истакна началникот на ГШ на АРМ, генерал-пот-полковник Мирослав Стојановски, на све -ченоста во касарната „Илинден“ во Скоп је по повод Денот на Полкот за спе ци јални операции (пСО). На свеченоста, покрај дру-гите, присуствуваа министерот за одбрана Зоран Коњановски и заменик-министерот за одбрана, Емил Димитриевски.„Први март, истакна на свеченоста генера-лот Стојановски, инаку прв командант на Единицата за специјални намени ’волци’, сега дел од пСО, нема да остане запаме-тен само по фомирањето на Баталјонот
за специјални намени, туку и како ден кога започна професионализацијата на АРМ и развојот на нејзините специјални единици, така што овој датум ќе остане врежан со златни букви во нашата понова историја“.Високата мотивираност, посветеноста, ентузијазмот и силната желба да се достиг-не совршенството во својата професија, како што истакна генералот Стојановски, Баталјонот за специјални намени за кратко време го вивнаа на највисокото место меѓу најдобрите. Во понатамошниот период на забрзан развој, специјалците на АРМ, на сите добро познати под името „волци“, во целост го оправдаа мотото „Секогаш и се-
каде први“, како препознатливи симболи со кои станаа синоним за современиот и врвно обучен војник на АРМ кој денес ужи-ва висока почит кај партнерите во НАТО-алијансата. Носејќи се со објективните про-блеми со кои се среќаваше АРМ, измина-тите години Баталјонот за специјални на-мени, кој честопати фунционираше во сложени услови, претставуваше главно-то јадро за формирање на Одредот за специјални намени, а подоцна и на Пол-кот за специјални операции. Пишувајќи ја историјата на АРМ, македонските „волци“ и „ренџери“ дадоа непроценлив придонес во изградбата на модерен систем за обу-ка на Армијата, но и на нејзините капаците-ти за борба против глобалниот тероризам. Припадниците на Полкот за специјални операции имаа можност во реални и крајно
сложени услови да ги применат стекнатите знаења и вештини, пред сè за време на пе-типолгодишното учество во мисијата „Сло-бода за Ирак“ во Ирак и во наменските сили „Феникс“ во мисијата „ИСАФ“ во Авга-нистан. За нивната храброст, посветеност и висок степен на обученост и професио-нализам, најдобар доказ се високите оце-ни и големиот број одликувања добиени од страна на Армијата на САД и од НАТО. Тактиките, техниките и процедури кои ги применуваа за време на мисиите и вежби-те, најдоа место во научените лекции не само кај нас, туку и кај нашите сојузници.„Чествувајќи го Денот на Полкот за
специјални операции, истакна началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Ми-рослав Стојановски, не го криеме чувство-то на задоволство од сето она што досе-га оваа единица го има постигнато, што за сите вас претставува голема обврска да останете доследни во исполнувањето на вредностите од препознатливото мото на Полкот, ’повеќе од можното“, кое веру-вам, во иднина ќе ве води во остварување на уште поголеми успеси. Ние, припадни-ците на АРМ, особено сме горди на на-шите специјалци кои со докажаната хра-брост и хуманост секогаш се подготве-ни да им помогнат на граѓаните на Репу-блика Македонија. Затоа, нагласи генера-лот Стојановски, и понатаму ќе веруваме во вас и ќе ве поддржуваме во вашите на-пори цврсто да чекорите кон височините,
Одбележана 17-годишнината на Пол кот за специјални операции на АРМ
Горди на нашите специјалци
29
таму каде што им е местото само на бес-прекорните и на најдобрите, а од вас ба-рам и очекувам, како и секогаш, гордо да го веете македонското знаме“.Во пСО во изминатиов период поми-наа голем број војници и старешини кои го создаваа препознатливиот имиџ на Полкот. Ова се должи, пред сè, на постигнувањето врвни резултати на по-лето на стручноспецијалистичката обу-ка во подолг период, како и на примена-та на стандардните оперативни процеду-ри на НАТО коишто припадниците на пСО практично ги покажаа низ петгодишното учество во мисијата „Слобода за Ирак“ во Ирак и во рамките на наменските сили „Фе-никс“ во мисијата ИСАФ во Авганистан. „Во овој момент, во овој строј, истакна на свеченоста командантот на пСО, пол-ковник Зоран Додевски, пред вас стојат и припадници на Полкот кои и својата крв ја ‘вградиле’ во оваа земја. Тие се гордоста на Полкот, тие се гордоста на Армијата на Република Македонија. Никој од нас не смее да дозволи некои поединци, кои никогаш и не ја заслужиле униформата на оваа света професија, да ја засенат гордоста, професионалноста и животот на сите нас кои секогаш и секаде сме први.Извршувањето на мисијата и на зада-чите секогаш се на прво место, дода-де полковникот Додевски, но начинот на извршување и средствата се наш избор, а резултатите и постигнувањата се на
гордо беа споменати припадниците, со-борците и „браќата по оружје“ на припад-ниците на пСО кои ги положија своите жи-воти за она што денес претставува Полкот за специјални оперaции и Армијата на Ре-публика Македонија.„На овој ден сите ние треба да бидеме гор-ди на она што сме, истакна на свечено-ста командантот на Полкот за специјални операции, полковник Зоран Додевски, но, исто така, на овој ден треба да се потсети-ме и на тоа дека пред нас сè уште стојат големи секојдневни обврски за да бидеме уште подобри“.
В.Д.
сите припадници на Армијата на Републи-ка Македонија. Сите коишто ја носат озна-ката на АРМ на својата униформа се наши припадници и браќа, и во доброто, но осо-бено кога е најтешко“.На овој ден, припадниците на пСО се потсетија на скромните визионерските по-четоци на единицата, единица која расте-ше и се калеше во сите значајни моменти и премрежиња на Армијата и во Република Македонија, единица која секогаш била и ќе биде еден од стожерите на нашата иднина.На 1 Март се резимираа и се чествуваа вредностите и доблестите на припадници-те на оваа единица. Притоа уште еднаш
Одбележана 17-годишнината на Пол кот за специјални операции на АРМ
Горди на нашите специјалци
По повод 1 Март, Денот на Единицата, покрај другото, се одржаа спортски нат-превари. Првото место во мал фудбал го освои еки-пата на Факултетот за физичка култура, второто место екипата на баталјонот на воената полиција на АРМ, а третото ме-сто припадна на екипата на Полкот за специјални операции.Првото место во кошарка го освои екипа-та на гимназијата „Орце Николов“ второтo екипата на пСО, а третото место екипата на бвП.Првото место во одбојка го освои екипата на втората механизирана пешадиска бри-гада, второто екипата на генералштабот на АРМ, а третото место му припадна на Фа-култетот за физичка култура.
Првото место во ракомет припадна на екипата на бвП; второто на екипата на 2 мпбр, а третото место на екипата на гимназијата „Орце Николов“.во најатрактивните дисциплини, стре-лаштво со пушка и со пиштол, беа постиг-нати следните резултати: во срелаштво со пушка првото место го освои екипата на Командата на пСО, второто екипата на Штабната чета, а третото место го освои екипата на Ренџерскиот баталјон. во гаѓање со пиштол, екипно, прва беше екипата на Ренџерскиот баталјон, второ-то место го освои екипата на баталјонот за специјални намени; а третото место го освои екипата на четата за логистичка под-дршка на пСО.
ПРИзНАНИјА И НАТПРЕвАРИ
30
е чувствува голема топлина кога ќе се влезе во „Македонската соба“ на Првата механизирана пешади-ска бригада на АРМ во касарната
„Јане Сандански“ во Штип, како во неа да е сплотена сета позитивна енергија на македонските „скорпии“ и на народот од овој крај. Секое нејзино делче, како и околината во која се распослани „Ма-кедонските бисери“, како што ги нареку-ваат летната куќа за престој, фурната, Oхридското и Преспанското Езеро, тен-кот Т-55 и другите експонати, се сведоци на едно незаборавно време.Според традицијата, кум на „Македон-ската соба“ бил сегашниот командант на Бригадата, а тогаш, пред 5-6 години, ко-
мандант на Командата за обука на АРМ, бригадниот генерал Димче Петровски. „Тогашниот командант на Првата 1.мпбр, генерал-мајорот Насер Сејдини, се сеќава командантот Петровски, ме покани да бидам кум. Кога видов каква ‘душа’ има собата и целиот комплекс, не се мислев многу и реков оти ќе се вика ‘Македонска соба’, а комплексот, ‘Македонски бисери’. И така беше, со сите обичаи за кумство“. „Македонската соба“, како и целиот ком-плекс „Македонски бисери“, секојдневно се доградува со по некој експонат. Што е најважно, сите се гордеат со неа и ја сме-таат за своја.Тука, во мирот и спокојството што се шири од „Македонската соба“, разгова-
равме со припадниците на 1.мпбр при ЗОК на АРМ. Разговаравме за минато-то на Бригадата, но најмногу за сегаш-носта и за иднината. Разговорот течеше спокојно како ромонлив поток.
Со углед дома и во СтранСтвоРазговорот прво го започнавме со историјата на Бригадата. „Денес, истакнува командантот на ‘скор-пиите’, бригадниот генерал Димче Пе-тровски, ние сме горди на припадници-те на Бригадата кај коишто е врежан херојскиот дух на нашите предци. Тие го следат борбениот пат на 14.младин-ска македонска народноослободителна ударна бригада Димитар Влахов“.
Македонски бисериВо посета на
Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ
31
14.ММНУБр е формирана на 17 септем-ври 1944 година во непосредна близина на с. Митрашинци-Беровско. Нејзиниот борбен пат бил тежок но славен. Брига-дата го започнала својот пат од Виница преку Скопје, учествувала во борбите на Сремскиот фронт, па сè до Целје (Репу-блика Словенија), кога Бригадата се вра-тила преку Босна и на 15 јуни 1945 година со парада и со марш, на величествен на-чин била дочекана од народот во Скопје. Во борбите против фашистичките сили Бригадата дала 423 жртви.Носител на борбените традиции на оваа славна единица е 1.механизирана пешадис-ка бригада која е непосредно поврзана со формирањето на Армијата на самостојна и независна Република Македонија, бидејќи првиот војник на АРМ беше при-мен токму во оваа единица.Оттогаш се „нанижани“ многу „бисери“ на Бригадата, кој од кој поличен.Вистинските бисери на Бригадата, сепак, не се наоѓаат во „Македонската соба“. Тие се вплотени во македонските „скор-пии“, во нивната мисија и задачи, во сите нивни напори и достигнувања. Едностав-но речено, Бригадата ужива углед и ав-торитет, како дома така и во странство, секаде каде што се присутни македон-ските „скорпии“. Мисијата на 1. механизирана пешади-ска бригада при ЗОК на АРМ опфаќа изведување офанзивни и дефензив-ни операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверени-тет на Република Македонија, поддршка на цивилните власти при отстранување последици од елементарни непогоди и природни катастрофи и учество со де-кларирани сили во операции за под-дршка на мирот и хуманитарни опера-ции надвор од земјата. Додека го пиеме утринското кафе со бри-гадниот генерал Димче Петровски, не можеме а да не забележиме дека 1.мпбр во многу работи била навистина прва: прва испрати старешина 2002 година во мисијата ИСАФ во Авганистан, прва ис-прати единица на ниво на чета во миро-вната мисија ИСАФ, меѓу првите единици на АРМ ги имплементираше стандарди-те компатибилни со стандардите на ар-миите на НАТО-членките, прва деклари-раше Среден пешадиски баталјон за уче-ство во мисии кој од НАТО и од домаш-ните оценувачи е оценет со највисоки оцени, а сега, во април, 20. контингент на „скорпии“ веќе е подготвен да го за-мени контингентот во мисијата ИСАФ, 19. контингент, а и првпат ќе се оценува Баталјонската борбена група, чие јадро повторно е од 1.мпбр.Генералот Петровски, одмерено и вој-нички прецизно, како што само тој умее, веднаш нè корегираше: „Успесите и достигнувањата се резул-тат на континуирана работа, затоа мно-гу време и труд вложуваме во темелни подоготвки на единицата. Кога една еди-ница се подготвува за задача, за вежба или за мисија, дури 90% од активностите се концетрирани на извршување на на-менските задачи. Секогаш некој, некаде
1. бРИгАДЕН гЕНЕРАЛ ДИМчЕ ПЕТРОвСКИ: уСПЕСИТЕ И ПОСТИгНувА-њАТА СЕ РЕзуЛТАТ НА КОНТИНуИ-РАНА РАбОТА, зАТОА МНОгу вРЕМЕ И ТРуД вЛОжувАМЕ вО ТЕМЕЛНИ ПОДгОТвКИ НА ЕДИНИцАТА
2. НАРЕДНИК вЕЛјО ДИМОвСКИ: ИСКуСТвОТО Е НЕзАМЕНЛИвО
3. ПОРучНИК МАРјАН гугуЛјАНОв: MАКЕДОНСКИ-ТЕ „СКОРПИИ“, СЕ ПОзНАТИ ПО НИвНАТА ПРОФЕСИО-НАЛНОСТ, ДИСцПЛИ-НИРАНОСТ И уСПЕШНОСТ вО ИзвРШувА-њЕТО НА зАДАчИТЕ, ШТО СЕ ДОЛжИ, ПРЕД Сè, НА КвАЛИТЕТНАТА ОбуКА ДОМА
4. ПОСТАР вОДНИК ДИМИТАР КАЛАФОв: ИМА ШТО ДА ИМ ПРЕНЕСЕМЕ НА ПОМЛАДИТЕ
5. ДЕСЕТАР гОРАН АРСОвСКИ: ПРОФЕСИО-НАЛНОСТ, ПРЕД Сè
6. КАПЕТАН ДРАгАН цОцОвСКИ: бЕв МЕНТОР вО бРИгАДАТА НА АвгАНИСТАН-СКАТА АРМИјА И бЕв вРСКАТА МЕѓу КОМАНДАТА НА ИСАФ-СИЛИТЕ И КОМАНДАТА НА АвгАНИСТАН-СКАТА АРМИјА
32
и некогаш е прв, додава генера-лот Петровски. За нас е најважно да работиме добро, како што во ЗОК, во АРМ, и воопшто во Македонија очекуваат од нас. Ре-зултатите потоа самите доаѓаат“. Рецептот за успешност на 1.мпбр е повеќе од јасен: многу работа и само работа. Само така се постиг-нуваат врвни резултати. Без раз-лика дали се работи за мисии, за вежби, или за цивилно-воена со-работка. Секогаш и секаде из вр-шувањето на задачата е на прво место, онака како што приле-га на Бригадата. И сега, кога се подготвува новиот контингент за ИСАФ, како и во подготовки-те на Баталјонската борбена гру-па, обуката и извежбаноста се на прво место. Покрај другото, веќе е „одомаќена“ и заедничката обу-ка со американските единици во Романија, што и досега даваше конкретни резултати.Затоа македонските „скорпии“ се ценети не само дома ту-ку и во странство. Дома, секо-гаш кога е потребно, во соглас-ност со мисијата и задачите на 1. мпбр на АРМ, но и кога тре-ба да му се помогне на локално-то население во секакви непого-ди. Пријателот, впрочем, се по-знава во неволја. Според тоа ме-рило Бригадата е „претплатен“ пријател на локалната самоупра-ва, на која има излезено во пре-срет секогаш кога е потребно, според можностите на Бригада-та: изработка и реконструкција на патишта, санација на речни ко-рита, гаснење пожари, помош во транспортни средства и во мно-гу други нешта што направија на-селението од источниот дел на Македонија, но и пошироко, да ги прифатат македонските „скор-пии“ за свои, домашни. Илустрираме само еден пример.По повод Денот на Единицата, 17 Септември, во 2009 година овде е направена своевидна парада на која присуствуваа безмалку сите жители на градот, односно сите што ги почитуваат припадници-
те на Бригадата. Парадата се од-ржа на Градскиот стадион којшто беше исполнет до последното ме-сто. Другите го следеа настанот на ТВ, бидејќи сите сакаа да ги видат припадниците на Бригада-та и да видат со какви средства и вооружување располагаат. Впро-чем, единицата е нивната гордост, таа е омилена кај народот.
Континуиран процесКако по некое непишано прави-ло Бригадата секогаш добива-ла највисоки оцени за подготве-носта, за професионалноста и за успешноста во реализирањето на доверените задачи во мисиите и секаде каде што учествувале ма-кедонските „скорпии“. Почнувајќи од 2002 година, кога еден ста-решина на АРМ замина во ми-ровна мисија и тој беше први-от претставник од 1. мпбр, досе-га во мисијата ИСАФ учествува-ле 799 македонски „скорпии“. Во мисијата „Слобода за Ирак“ уче-ствувале 11 припадници, во Либан двајца и во мисијата АЛТЕА уче-ствувале седуммина припадници на 1.мпбр.Со генералот Петровски разме-нуваме мислење и за многу дру-ги работи. Тој трпеливо ги ислуша нашите прашања и секогаш има-ше соодветен одговор на нив. Не затоа што одговорот однапред
го смислил или, пак, некој му го составил, бидејќи и ние немавме подготвени прашања, туку затоа што ја познава оваа проблемати-ка. Но, сепак, со право, за некои работи не се согласи со нас. „Постојано добиваме највисоки оцени, вели генералот Петровски, особено за оспособеноста на на-шите војници во извршувањето на наменските задачи, како и за нивната дисциплина и морални вредности. За тоа најдобро го-ворат добиените медали и дру-гите признанија од националните авторитети“, вели генералот Пе-тровски.
Имено, за учество во мисијата ИСАФ во Кабул, Авганистан, до-сега 799 припадници на механи-зираните чети и штабни офице-ри добиле НАТО-медали; инструк-торските и менторинг-тимовите во Мазар ел Шариф и Кундуз, во рамки на мисијата ИСАФ добиле 10 медали; 6 експедициони ме-дали за борба против терориз-мот добиле офицери, подофи-цери и професионални војници од 1. мпбр (Медал на САД којшто им беше доделен на припадни-ците на Бригадата во ротацијата 2008/09 година); 11 припадни-ци на Пешадиското одделение и
33
штабни офицери од 1. мпбр. се добитни-ци на Медал за учество во мисијата „Сло-бода за Ирак“; двајца штабни офицери добиле ОН-медал за учество во мисијата на УНИФИЛ во Либан, а еден медал на либанската армија; седуммина професи-онални војници, подофицери и офице-ри се „закитиле“ со Медал за учество во мисијата АЛТЕА во БиХ. Тоа значи дека досега 836 припадници на 1. мпбр, со ви-сока професионалност и дисциплинира-ност во извршувањето на задачите до-биле медал од националните авторитети во мисиите во коишто учествувале. Ако тука се вбројат и признанијата од нацио-налните авторитети во земјата, меѓу кои и Орденот за воени заслуги со којшто е одликувана Бригадата во 2007 година, тогаш е разбирливо зошто припадници-те на 1.механизирана пешадиска бригада се сметаат за наши најдобри амбасадо-ри во светот и за претставници на нови-от бран во АРМ.Во изминатите години Бригадата по-мина низ континуиран процес на трансформација и сега таа е димензи-онирана како професионална, мобил-на и распоредлива единица во состојба за извршување на сите задачи. Оспосо-бена е за извршување на борбени зада-чи во сите услови во согласност со стан-дардите на армиите од земјите-членки на НАТО. Таа е современа единица во која високиот професионализам е прису-тен на сите полиња од обуката, што га-рантира успешно извршување на поста-вените задачи од мисијата, има коректни меѓучовечки односи и добра тимска ра-бота.Персоналот и единиците од 1.механи-зираната пешадиска бригада учеству-ваа на бројни курсеви, семинари, вое-ни вежби и во меѓународни операции за заштита на мирот надвор од држава-та. Стекнатите искуства беа имплементи-рани во процесот на обуката и во под-готовките на персоналот за учество во меѓународните мисии во Авганистан, во Либан и во Босна. Бригадата за првпат упати најброен кон-тингент во ранг на пешадиска чета во мисијата ИСАФ во Авганистан, успеш-но ги реализираше воените вежби „Ма-кедонски блесок 01“, „Македонски бле-сок 03“, „Македонски блесок 04“, „Ма-
задржат добриот углед којшто го ужи-ва Бригадата во рамките на Здружена-та оперативната команда во АРМ и по-широко.
Во Македонската собаРазговорот со командантот на Бригада-та, бригадниот генерал Димче Петров-ски, помина некако неосетно. Му одзе-довме дури два работни часа на коман-дантот, но тој, како и секогаш, имаше разбирање за тоа.„Одамна ве чекаат во Македонската соба“, нè потсети тој.Сепак прво заминавме на една од мно-гуте извежбани вежби на припадници-те на Бригадата кои и овојпат беа бес-прекорни. Мајорот Костов ни објасни дека присуствуваме на дел од подгот-вките на Баталјонската борбена група. На „репертоарот“ и овојпат беа познати-те, добро извежбани делови од обуката на декларираните единици за мисии: ра-бота на контролна точка, постапка при претрес на цивилно лице, постапка при наидување на моторно возило и, за нас, во моментов најинтересно, бидејќи секо-гаш е атрактивно да се проследи постап-ката при ослободување ВИП-заложник. Постапката беше толку уверлива што помисливме дека тоа навистина се слу-чува. Вежбата покажа дека македонски-те „скорпии“ можат да одговорат на сите предизвици.А таму, во „Македонската соба“, среде „Македонските бисери“, нè чекаа дел од претставниците на новата генерација на Бригадата и на АРМ.Прво разговараме со првиот подофицер на Бригадата, наредникот Велјо Димов-ски. Стамен човек, со добра контрола на сетилата. Тој вели дека првиот подофи-цер секогаш треба да биде со војниците, особено со професионалните, но и со подофицерите, постојано следејќи го нивниот професионален развој и секо-гаш реагирајќи кога треба, во функција на нивната врвна обученост и оспосо-беност, но и заради здобивање на сите права што ги има професионалниот војник и старешина на АРМ. „Кога треба, вели тој, веднаш се реагира. Основно е најдобрите да напредуваат, а најдобрите меѓу најдобрите да заминуваат во мисија, бидејќи таму ја претставуваат не само единицата, туку и АРМ и Република Македонија“.„Ме радува тоа, вели наредникот Димов-ски, што најдобрите, по завршувањето на соодветниот курс во Командата за обука на АРМ, но и надвор од земјата, добиваат шанса да останат во АРМ како подофицери, командири на одделенија. Се работи навистина за најдобрите, за учесници во мисии проверени во мно-гу вежби, со искуство коешто сега мо-жат да им го пренесуваат на помлади-те“. Инаку и наредникот Димовски, како и најголемиот број „скорпии“, веќе бил во мировна мисија, и тоа во мисијата ИСАФ во Авганистан во 2009 година. Првиот подофицер, впрочем, само така може да биде дел од ваква единица каква што е 1. мпбр на АРМ.
кедонски блесок 05“, „Македонски бле-сок 06“, и таа е првата единица од АРМ која има извршено самооценување НИВО 1, НАТО-оценување НИВО 1 и НАТО-самооценување НИВО 2 на ниво на баталјон според НАТО-концептот за оперативни способности (OCC). Средни-от пешадиски баталјон доби сертификат во согласност со пропишаните стандар-ди на армиите-компатибилни со НАТО-членките, покажувајќи на најдобар начин дека Средниот пешадиски баталјон ја по-стигна неопходната оперативна способ-ност за учество во операции предводе-ни од НАТО, и тоа во интероперативна смисла, односно способност на единица-та веднаш да се приспособи кон стандар-дните процедури при изведување заед-нички операции со другите единици од НАТО и од ПзМ-земјите, како и интеро-перабилност, односно способност на ко-мандите и на штабовите веднаш да се приклучат на процесот на донесување одлуки по иста процедура.За досега постигнатите исклучителни за-слуги на планот на одбраната, со Указ на претседателот на Република Македонија, на 18 август 2007 г. Бригадата е одлуку-вана со Орден за воени заслуги, а има добиено и голем број признанија од на-шите цивилни и воени авторитети, како и од авторитетите каде што била анга-жирана.Во наредниот период на Бригадата претстојат повеќе одговорни задачи и предизвици. Првите предизвици се веќе
во април и во октомври, кога ќе се ре-ализираат вежбите „Македонски бле-сок 07“ и „Македонски блесок 08/2011“, вежби коишто имаат големо значење за единицата и за АРМ. За првпат во АРМ ќе се изврши НАТО-оценување - CREVAL/ Combat readiness evaluation/ т.е. оценување на борбената подготве-ност на Баталјонската борбена група и на другите декларирани единици на АРМ од страна на тим на НАТО-оценувачи во согласност со Концептот за оперативни способности (OCC). Оваа задача, како и останатите пре-дизвици, Бригадата ќе ги изврши на најдобар можен начин, бидејќи само со работа и резултати „скорпиите“ ќе го
34
Во пријатниот амбиент на „Македонска-та соба“ разговараме и со тројца прет-ставници на 2.мпбн од составот на Бри-гадата. Тие сè уште не беа „освежени“ од вежбата што претходно ја прика-жаа како дел од нивната редовна обу-ка за претстојната априлска вежба на Борбената баталјонска група. Овојпат за списанието „Штит“ наши соговорни-ци се поручникот Марјан Гугулјанов, ко-мандир на 1. вод на 3. механизирана чета, пофален за учество во мисијата ИСАФ, постариот водник Димитар Ка-лафов, добитник на Медал за заслуги за извршени посебни задачи во мисијата ИСАФ, инаку подофицер за огнена под-дршка на минофрлачка батерија и про-
фесионалниот војник, десетарот Горан Арсовски, исто така пофален за уче-ство во ИСАФ-мисијата. И тројцата во ИСАФ-мисијата биле од јануари до јули 2009 година кога 3.механизирана чета од Декларираниот среден пешадиски баталјон е одликувана со Медал за за-слуги за борба против тероризмот. Тие, неодамна, како дел од Декларираниот среден пешадиски баталјон на Бригада-та, го „заверија“ сертификатот за стек-ната неопходна оперативна способност за учество на операции предводени од НАТО, а сега се дел од подготовките на Борбената баталјонска група деклари-рана за НАТО и други мисии.Македонските „скорпии“, како и други-
те припадници на АРМ во мировни ми-сиии, се познати по нивната исклучива професионалност, дициплинираност и успешност во извршувањето на зада-чите, што се должи, пред сè, на квали-тетната обука дома. „Токму по тоа ста-навме и препознатливи во Авганистан, вели поручникот Гугулјанов. Добивме признанија од британските и од амери-канските војници, а и авганистанскиот народ нè прими како свои“. „Посебен впечаток, додава постариот водник Калафов, ми остави локалното население. „Кога ќе нè сретнеа во патро-ла, веднаш знаеја дека сме Македонци. Ни велеа: ’здраво’; ’како си’ или ’добар ден’. Ние, пак, нив секогаш ги поздра-вувавме со ’селјам алјекум’. Тоа се дол-жи на добриот впечаток што го остави-ле сите досегашни македонски контин-генти во оваа земја.„Секогаш гледавме професионално да ја извршуваме задачата, се надоврзу-ва во разговорот професионалниот војник Арсовски. Кога можевме, пома-гавме. Затоа нè почитуваа и колегите од ИСАФ-мисијата, како и локалното на-селение“.За тоа сепак најмногу кажува капета-нот Драган Цоцовски. Тој во Авганистан беше дел од ОМЛТ-тимот, односно Ти-мот за менторирање и врска во опера-ции.„Бев ментор во бригадата на авгани-станската армија, посочува капетанот Цоцовски, и бев врската меѓу Команда-та на ИСАФ-силите и Командата на авга-нистанската армија. Во тимот бевме 15 офицери, најмногу беа Германци, а има-ше и Белгијци, Унгарци и тројца Маке-донци. Лично менторирав двајца офи-цери, и тоа офицерот за поддршка на авганистанската бригада и неговиот заменик. Офицерот беше поранешен приврзаник на советската армија, а не-говиот заменик, муџахедин. Приватно не се согласуваа, но службено се согла-суваа. Обуката ни почнуваше со задол-жително пиење авганистански чај. По-тоа следеше оспособувањето за поста-вената цел: постигнување интеропера-билност на овие офицери, а со тоа и на авганистанската армија во давање ар-тилериска поддршка на нивните едини-ци во каква било операција“.Покрај Медалот од НАТО, капетанот
Цоцовски е добитник и на благодарни-ци од командантот на авганистанската бригада и од командантот на Регионал-ната команда „Север“ за учество во 22. германски контингент во Авганистан и за учеството во „чистење на теренот“ во зоната на одговорност на авгани-станската бригада. Се работи за една од најтешките задачи на улиците во Ка-бул, бидејќи негова задача била да биде врската помеѓу ИСАФ-единицата и авга-нистанската војска и полиција, помагајќи да не дојде до евентуално попречување и евентуално отворање оган „сојузник на сојузник“, односно сите да се концен-трираат на извршувањето на мисијата. Во минатото имало случаи по грешка да се застрела соузник, но кога врската биле македонските офицери, тоа едно-ставно не можело да се случи.Во такво светло, впрочем, се покажаа сите македонски војници во мисијата ИСАФ и насекаде каде што настапувале.За овие и за другите достигнувања на припадниците на 1.мпбр можевме да зборуваме уште долго, но времето тоа не ни го дозволуваше. „Наскоро, ни по-рача командантот на Бригадата, бри-гадниот генерал Димче Петровски, ќе се видиме повторно овде со нов повод: трансформација на Бригадата во со-гласност со новата структура на сили-те на АРМ“. Но за тоа ќе пишуваме во некоја друга прилика.
Васил Дичевски
ени следните места: во првото возење 30. место и во второто возење 28. место го освои постариот водник Драган Петровиќ од воздухопловниот ВИНГ на АРМ, 31. и 30. место го освои пфв Сотир Ицоски од Втора-та мпбр и 34. и 33. место го освои ЦЛ Саше Данески од Полкот за специјални операции на АРМ.Екипно, во машка конкуренција, Република Македонија беше рангирана на 8. место.Во женска конкуренција нашата претстав-ничка, ЦЛ Тања Кузмановска од Министер-ството за одбрана, во првото возење од 16 натпреварувачи го освои 14. место, додека второто возење не го заврши и остана без генерален пласман.Дисциплината нордиско трчање се од-ржа на планината Игман. Во оваа дис-циплина учествуваа 65 натпреварувачи, а беа освоени следните места: пфв Дарко Дамјановски од Втората мпбр го освои 33. место, пфв Ѓорѓи Ицоски од Втората мпбр го освои 40. место, пфв Ѓоко Негрески, исто така од Втората мпбр го освоји 58. место и пфв Кицка Иваноски го освои 61. место. Екипно беше освоено 10. место. Дисциплината биатлон се одржа на ски-јач ките терени на планината јахорина. Во многу силна конкуренција учествуваа 76 натпреварувачи меѓу кои беа и голем број познати имиња, освојувачи на олимписки и на светски медали. Во силна конкуренција ма кедонските биатлонци, припадници на Вто рата мпбр, ги освоија следните места: пфв Ѓорѓи Ицоски од Втората мпбр го освои 45. место, пфв Дарко Дамјановски го освои 48. место и пфв Ѓоко Негрески го ос вои 68. место. Екипно беше освоено 15. место.
35
д 21 до 26 февруари домаќин на 51. Светско воено првенство во скијање беше градот Сараево кој после цели 27 години по ЗОИ 1984 година ја доби довербата да организира еден ваков
спортски настан од светски рамки.Министерството за одбрана и Вооружените сили на Босна и Херцеговина од страна на Меѓународниот совет за воени спортови (CISM) ја добија довербата и помошта за организација на натпреварите.Да се организира едно светско првенство во скијање е голем предизвик и бара повеќемесечни подготовки, ангажирање на многу капацитети и изискува организациски способности. И покрај наследените објекти од ЗОИ од 1984 година, според зборовите на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на БиХ, биле вложени големи напори од страна на логистиката и инженеријата.На свеченото отворање на манифес таци јата пред платото на Домот на војската во Сараево се виореа знамињата на 23 земјиучеснички, а меѓу нив се вееше и знамето на Република Македонија. Македонската делегација беше предводена од полковникот Жикица Јовановски, како шеф на мисијата и професорот Владимир Ивановски како тренер.На натпреварот зедоа учество 23 земји-членки на CISM, пред сè водечките земји во зимските спортови. На спортските терени на белите спортови, армиитеучеснички ги одмерија силите во повеќе дисциплини.Дисциплината слалом се одржа на пла-нината Бјелашница. Во оваа дисциплина учествуваа 44 натпреварувачи, а беа осво
Самото учество беше уште едно големо ис-куство и предизвик за екипата на Армијата на Република Македонија. Во однос на по-стигнатите времиња и заостанувањето зад водечките натпреварувачи, пред сè во нор-диско трчање, а особено во дисциплината биатлон, е постигнат голем напредок. За на-редниот период се планира зајакнување на екипата со уште двајца нови натпреварува-чи, идни професионални војници. На тој на-чин екипата на АРМ би била компактна, со можност за постигнување повисок екипен пласман и учество на најатрактивната и најтешката дисциплина во биатлонот, а тоа е патролното трчање (составена од коман-дир и од тројца стрелци) и трчање на 25 ки-лометри.
Ж.Ј.
51. СВЕТСКО ВОЕНО ПРВЕНСТВО ВО СКИЈАЊЕ
ПОДЕМ НА АРМИСКОТО СКИЈАЊЕ
36
оединетите Американски Држа-ви статусот на најмоќна држава на планетата не би го добиле докол-ку нивната моќ не е изразена и во
економска и во енергетска смисла. Со са-мото тоа што тие располагаат со огром-на територија која е директно под нивно владеење и она што е поважно, како ре-зултат на политичката и воената моќ, се во позиција да го проектираат нивното влијание далеку од нивните граници, САД во досегашниот период имаа непресушен извор на ресурси, од коишто во голема мера зависеше и зависи благосостојбата на нивното општество. Благодарение на процесот на опаѓање на европската доминација во меѓународните односи што неизбежно се случуваше во почетокот на 20 век а кој заврши со крајот на Вто-рата светска војна, САД успеаја да се на-метнат на глобалната арена како држава која и покрај големите жртви, сепак излезе како најголем победник од војната. Име-но, штотуку заздравени од последиците од крахот на Волстрит и американската економија во почетокот на 1930-тите годи-ни, почетокот на војната САД го дочекаа подготвени, со економија на здрави нозе, состојба во која доларот во пораст и што е најважно поседуваа силна индустрија. Во поствоениот период, меѓународните односи доживеаја енормна транс фор ма-ци ја, пред сè, како резултат на исцрпено-ста на европските сили од војните водени на нивно тло, колапсот на колонијалниот систем каде што, исто така, домини-раа Европејците како и преместување на центрите на моќ надвор од континен-
ре сурси со кои што располагаат САД. Во овој контекст, доколку САД сакаат да го задржат приматот на најмоќна држава во светски рамки, свесни се дека мора да об-ратат големо внимание на развојот ,а во-едно и заштитата на најзината економија и енергетската стабилност.Во согласност со структурата на амери-канскиот безбедносен систем, односно заедница, улогата на заштитници на фи-нансискиот сегмент и на енергетските ка-пацитети во САД им се доделени на по-себни оддели во рамките на министер-ствата за финансии и енергетика. Имено, станува збор за Одделот за тероризам и финансиско разузнавање во Министер-ството за финансии и за Канцеларијата за разузнавање и контраразузнавање во Министерството за енергетика.
ДЕПАРТМЕНТ ЗА ФИНАНСИИ – ОДДЕЛ ЗА ТЕРОРИЗАМ И ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕОсновната мисија на Департментот за финансии или популарно наречениот трезор е одржување на силна економија, создавање на економски можности и промоција на услови за економски развој и стабилност, зајакнување на национал-ната безбедност спротивставувајќи се на можните закани, потоа заштита на интегритетот на финансискиот систем, како и ефикасно управување со држав-ните финансии и ресурси. Сегментот од Департментот за финансии кој е за-должен за разузнавачки и безбеднос-ни активности е наречен Оддел односно Канцеларијата за тероризам и финан-
ИНСТИТУЦИИ ЗА ФИНАНСИСКА И за ЕНЕРГЕТСКА БЕЗБЕДНОСТ НА САД
КО
НТР
ОЛО
РИ Н
А
АМ
ЕРИ
КАНСКАТА
НА
ДМ
ОЌ
тот. Паралелно со процесот на политич-ко зацврснување на САД на светската сцена, се одвиваше и процесот на нив-на сè поочигледна економска и финан-сиска доминација. Па така, на американ-ско тло беа формирани можеби двете најзначајни повоени финансиски инсти-туции, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Финансиски центар на моќта, во светски рамки, стана гра-дот њујорк и познатата берза на Вол-стрит, а доларот го зазема местото на во-дечка валута во меѓународната размена и трговија. Значајно е да го споменеме и фактот што и покрај големината на амери-канското стопанство и потрошувачка, го-лем дел од домашните потреби за енер-ген си беа задоволувани од природните
растојанија без притоа да има пишани траги. Според одредени процени, паричните средства кои на годишно ниво се префрлаат преку споменатиот систем изнесуваат неколку милијарди долари, па имајќи ја предвид анонимноста на клиентите, општа констатација е дека голем дел од тие средства завршуваат кај сомнителни и опасни индивидуи и групи.
ДЕПАРТМЕНТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА – КАНЦЕЛАРИЈА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И КОНТРАРАЗУЗНАВАЊЕДепартментот за енергетика е автономен сегмент од американската извршна власт чија основна мисија е унапредување на националната, на економската и на енергетската безбедност на САД, промоција на на
учни и на технолошки иновации за таа намена и зачувување и одржување на животната средина која е во константна опасност од нуклеарните капацитети. Петте стратешки фокуси на Департментот се следните:– енергетска безбедност: промоција на
енергетската безбедност преку употреба на чиста, евтина и сигурна енергија;
– нуклеарна безбедност: гарантирање на американската нуклеарна сигурност;
– научни откритија и иновации: зајак нува ње на американските капацитети за на учнотехнолошки иновации, конкурент ност и подобрување на квалитетот на живот преку имплементација на инова циите;
– одговорност кон животната средина: заштита на животната средина преку обезбедување на соодветна одговор
ност, особено при употребата и производството на нуклеарна енергија и оружје и
– врвен менаџмент: овозможување на основната мисија преку спроведување на врвен менаџмент.
Канцеларијата за разузнавање и кон траразузнавање при Департментот за енергетика ја помага безбедносната политика на САД со собирање и анализа на информации од доменот на нуклеарниот тероризам, контраразузнавањето, информатичките закани, пролиферација на нуклеарни материјали, стратешки изненадувања, енергетска и безбедност на животната средина. При извршување на своите работи од областа на националната безбедност, Департментот, а воедно и Канцеларијата за разузнавање и контраразузнавање се водат од 4 приоритети:– обезбедување на целокупноста и сигур
носта на нуклеарното вооружување;– промоција на меѓународна нуклеарна
без бедност;– спроведување политика на нуклеарна
непролиферација и– понатамошно овозможување на сигур
ни, ефикасни и ефективни нуклеарни цен трали.
Како и во секој домен од современото живеење, и за потребите на Департментот за енергетика се одвојуваат значителни средства за програмите за информатичка безбедност. Департментот работи на превенција на интегритетот и доверливоста на информациите при одржувањето на информатичките системи. Исто така, голема одговорност претставуваат и секојдневните безбедносни операции на капацитетите на Де парт ментот и развивање на соодветни политики за заштита на доверените критични имоти. Департментот за енергетика е интегрален дел од напорите за нуклеарна непролиферација, борба против тероризмот и превземање на мерки при инциденти со оружје за масовно уништување. Департментот обезбедува технологија, ана лиза и експертиза за потребите на американската извршна власт во борбата против ширењето на ОМУ. Разузнавачката мрежа на Департментот за енергетика е специјализирана за долгорочните стратешки перспективи за некои од најпредизвикувачките проблеми со кои се соочуваат САД.Во последните две декади, меѓународните односи доживеаја голема промена при што покрај државните актери се издиференцираа и недржавни актери. Имено, како последица на окрупнувањето на меѓународниот тероризам кој своите цели ги постави на глобално ниво, а воедно и на зајакнувањето на криминалните групи и индивидуи кои профитот од илегалните бизниси го проектираа директно за зголемување на нивната моќ, борбата против тие закани се издигна на стратешко ниво. Отвореноста на американското општество и економски систем придонесуваат тоа да биде ранливо на злоупотреби и напади од страна на меѓународните терористи и криминалци, па токму тука доаѓа до израз значењето на преземање соодветни и ефикасни политики за економска и за енергетска безбедност, како интегрален дел на американската национална безбедност.
Борче Јакимов
37
сиско разузнавање, чија основна мисија е заштита од злоупотреби на финанси-скиот систем, како и борба против оста-нати закани од типот на помагачи на те-рористи, шверцери на оружје за масовно уништување (ОМУ), сузбивање на илегал-ните процеси на перење на пари, гонење на крупните играчи во бизнисот со неле-гална трговија на дрога итн. Поинаку кажа-но, Одделот ги зацртува и спроведува по-литиките, регулативите и разузнавањето на Департментот сè со цел прекинување и уништување на каналите за финансиска подршка на меѓународните терористи, на криумчари на ОМУ, на дилери на дрога и на останатите закани по американската национална безбедност.Во рамките на Одделот, како посебни еле-менти постојат Канцеларијата за финан-сиски криминал и финансирање на теро-ризмот и Канцеларијата за разузнавање и анализи. Канцеларијата за разузнавање и анализи е одговорна за разузнавачките функции, интегрирајќи го министерство-то во разузнавачката заедница и воедно обезбедувајќи стручна поддршка за рако-водителите и на Департментот и на раз-узнавачката заедница. Основните зада-чи на структурните елементи во одделот се однесуваат на спроведување на зако-ните и поттикнување на меѓуагенциска со-работка, сето тоа во однос на домашниот и меѓународниот финансиски криминал. Исто така како елементарна задача се смета и обезбедувањето на стручни ана-лизи за домашни и меѓународни текови и проблеми. Значајно е да ја споменеме бли-ската соработка помеѓу Одделот за теро-ризам и финансиско разузнавање и Феде-ралната даночна управа на криминалните истраги за финансирање на тероризам и перење пари. Одделот за тероризам и финансиско разузнавање како алат во борбата против финансирање тероризам ги користи т.н. обележувања или црни листи. Имено, врз основа на овие обележувања, службите од одделот можат да извршат конфискација и замрзнување на имот и сметки на инди-видуи или групи кои се обидуваат да сто-рат терористички акти како и оние кои ги подржуваат истите. Во овие случаи, струч-ните служби од Одделот за тероризам и финансиско разузнавање разменуваат ин-формации со авторитети од други држави и меѓународни организации. Припадници од Одделот учествуваат во меѓународно тело формирано во 1989 година од гру-пата Г-7, а со главна цел борба против перење пари и финансирање тероризам каде што со размена на идеи, предлози и мерки се промовираат и имплементираат активностите на глобално ниво. Акцент е ставен и на заштитата на добротворните организации кои се подложни на злоупо-треба од разни групи со сомнителни на-мери, а како резултат на искуствата од из-минатиот период каде што терористички групи ги користеа добротворните органи-зации како покритие при префрлање на пари, акцент се става и на давање логи-стичка подршка, регрутирање на члено-ви итн. Исто така, во последните неколку години, Одделот за тероризам и финан-сиско разузнавање активно го следи те-кот на паричните средства преку т.н. ха-вала систем, со чија помош големи суми на средства се трансферираат на огромни
38
езбедноста и стабилноста на една држава во голема мера зависат од примената на ефикасно гранично управување, на ин форми рањето, на комуникациите и
на координацијата. Овие функции не треба да бидат во рацете на индивидуи, односно треба да бидат раководени од институции. Воедно, за нивното спроведување не треба да бидат одговорни само индивидуални институции туку меѓуагенциски тимови формирани во рамките на системот на интегрирано гранично управување. Обезбедувањето на државната граница претставува преземање различни мерки, постапки, дејства и активности заради создавање што поповолни услови за подготовка, за организирање и за изведување на гранични операции. Со нивното преземање се исклучува или се отежнува изненадувањето и се предвидуваат мерки и постапки за навремено откривање на нелегални минувачи, шверцери, терористичките групи и отстранување на последиците од нивните противзаконски активности.Државната граница се обезбедува постојано, во сите услови и во секое време. Попрецизно, под обезбедување на државната граница се подразбира систем од мерки и постапки кои се преземаат во граничниот појас и во граничното подрачје заради запазување на неповредливоста на државната граница, заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Поаѓајќи од Уставната одредба дека
кој е во надлежност на Министерството за внатрешни работи (МВР). Ќе се уочат карактеристиките на новиот систем на интегрирано гранично обезбедување и ќе ги увидиме предностите и напредокот што е постигнат во исполнувањето на мисијата за постигнување сигурна и контролирана државна граница. Со освртот ќе се потврдат и конкретните резултати од воспоставувањето на системот како еден од клучните реформски проекти во рамките на евро атлантските интегративни напори и имплементацијата на европските стандарди и норми, што несомнено бе ше еден од најсилните аргументи за либерализација на визниот режим на Република Македонија со државитечленки на Европската унија. Стратегиските определби на Република Македонија за влез во НАТО и во ЕУ значеше обврска за повлекување на Армијата од должностите за гранично управување и предавање на истите на Граничната полиција.
НАЧИН НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА ГРАНИЦА ОД СТРАНА НА АРМСистемот за обезбедување на државната граница на Република Македонија во периодот од осамостојувањето на Република Македонија па сè до 2005 година го реализираа субјекти кои директно учествуваа во нејзината физичка заштита, контрола и надзор, како и структури кои придонесуваа во нејзината заштита. Субјектите кои директно ја обезбеду-ваа државната граница беа:
КОНЦЕПТ ЗА БЕЗБЕДНА ДРЖАВА
ИНТЕГРИРАНО ГРАНИЧНО УПРАВУВАЊЕ
„постојната граница на Република Македонија е неповредлива“, а заради ефикасна заштита, обезбедувањето на државната граница се организира како систем. Во рамките на системот, оддел-ни државни органи како субјекти на си-стемот имаат надлежности во поглед на заштитата на државната граница, доде-ка конкретно задачите од нивниот дело-круг им се одредени со закон или со под-законски акти како уредби, правилници, упатства, правила и наредби.Во освртот ќе се направи компаративен приказ на двата системи во Република Македонија, поранешниот кој беше во надлежност на Министерството за од-брана (МО), односно Армијата на Репу-блика Македонија (АРМ), и сегашниот,
ци, чија дејност беше во врска со без-бедноста на границата. Развивањето и подобрувањето на соработката на сите овие структури во обезбедувањето и во заштитата на државната граница имаше значајна улога.Министерството за одбрана на Републи-ка Македонија своите надлежности во по-глед на заштитата на државната граница ги реализираше преку АРМ.Во согласност со членот 122 став 1 од Уставот на Република Македонија, воору-жените сили на Република Македонија го штитат територијалниот интегритет и не-зависноста на Републиката.На ниво на АРМ единица задолжена за непосредно практично обезбедување на државната граница беше Првата гранич-на бригада (1.грбр), која својата мисија
ја остваруваше врз основа на одредби-те од Законот за одбрана, Законот за преминување на државната граница и движење во граничниот појас и Правило-то за гранична служба. Оваа бригада беше здружено-тактичка единица со променлив состав. Во Брига-дата, зависно од местото, улогата и зада-чите за кои беше наменета, се здружуваа пониски гранични наменски и стручни еди-ници, како и единици од други родови и служби, што овозможуваше изведување резновидни активности и дејства во одре-дена зона или простор при заштитата на државната граница.Првата гранична бригада ја обезбедува-ше државната граница и го контролира-ше движењето и престојот на лицата во граничниот појас надвор од населени-
те места и граничните премини заради спречување неовластено преминување на границата и повреда на граничната линија, исто и на реките и на езерата, заради недозволена пловидба, недозволен риболов и други со закон забранети активности.Основна мисија на Првата грбр беше обезбедување на државната граница на Република Македонија која се остваруваше преку:– заштита на неповредливоста на др
жав ната територија на Република Македонија од навлегување делови на вооружените сили од соседните земји;
– следење на состојбата во задграничното подрачје и прибирање разуз навач коизвидувачки податоци;
– попречување на недозволената трговија со дрога и со оружје;
– спречување на уфрлување на диверзант скотерористички и други непријател ски групи или поединци;
– контрола на остварувањето на пропишаниот режим во граничниот појас;
– навремено и потполно известување за сос тојбата и за настаните на границата.
Во согласност со законските надлежности, обезбедувањето на државната граница се изведуваше со линиски и со линискодлабински систем на обезбедување во просторот на граничниот појас и во граничното подрачје.Обезбедувањето на државната граница Првата грбр го реализираше преку:– одбранбенозаштитно делување;– спроведување гранични операции.Појдовните основи за одбрана и заштита на државната граница беа дефинирани во:– Уставот на Република Македонија во
членовите 1, 122 и 123; – Стратегијата за одбрана според која
„Системот за одбрана се заснова на неделивост, неотуѓивост и непроменливост на суверенитетот на Република Македонија и неповредливоста на границите“;
– „Белата книга за одбрана“ во која се дефинирани принципите на одбранбената политика на Република Македонија;
– Правилото за гранична служба кое ги регулира технолошките упатства при реализацијата на обезбедувањето на државната граница и практичните начини за негово спроведување.
Стратегиската цел на концептот за операции беше целосно и ефикасно обезбедување на неповредливоста на државната граница од сите закани врз нејзината безбедност. Реализацијата на стратегиската цел предвидуваше планирање и изведување операции во нормални услови, редовно ангажирање на единиците од мирновременскиот состав на Бригадата, соработка со полицијата, со царината, со претставници и со авторитети од локалната власт и со населението во граничното подрачје, со лица и органи на мониторинзи и мисии, како и употреба на мобилни гранични сили за реакција на одредени правци и во одредени реони. Концептот операции на Првата грбр за обезбедување на државната грани ца имаше варијанта за редовно и за засилено обезбедуванје, односно обезбедување во кризни ситуации, и варијанта за обезбедување при ескалација на кризата.
Кемо Ѓозо/Никола Клетников
39
– Министерство за одбрана на Републи-ка Македонија преку АРМ;
– Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Структури кои придонесуваа во зашти-тата:– Царинската управа;– Ветеринарната инспекција;– Санитарната инспекција.Структури кои придонесуваа во зашти-тата на државната граница:– органите на локална самоуправа и гра-
ничното население;– Капетанијата на пристаништата на Ре-
публика Македонија (орган во состав на Министерството за транспорт и врски);
– претпријатија за стопанисување со шу-мите и езерата;
– Шумската полиција;– ловни и риболовни друштва.Структури за соработка при обез бе ду-вањето на државната граница:– органи и институции на соседните др-
жави;– тела за соработка при обезбедување
на државната граница и за решавање на гранични инциденти (секторски ко-мисии);
– институции и единици на ЕУ и на НАТО присутни во Република Македонија и во соседните држави.
Меѓусебната поврзаност, содејството и соработката во работите на безбедноста и заштитата се остваруваа преку разни форми и методи во согласност со утврде-ните заеднички планови и менаџмент со граничните служби, органи и едини-
40
ОДНОСОТ ЕУ – НАТО НИЗ ПРИЗМАТА НА СЛУЧУВАЊАта во бих – I
ште од самиот почеток на кризата во Босна и Херцеговина, започнувајќи со решението, односно со миро-вниот план за БиХ, меѓународниот
фактор се соочуваше со дилемата како да се решат конфликтните цели на три-те најголеми етнички заедници во бивша-та југословенска република, а во исто вре-ме да се зачува нејзиниот суверенитет. За оваа цел беа понудени повеќе мировни пла-нови како „Кутилхеровиот план“ (Cutilheiro Plan), „Венс-Овеновиот План“ (Vance-owen Peace Plan), „Овен-Столтенберговиот План“ (owen-Stoltenberg Plan), „Акциониот план на ЕУ“, „Планот на Контакт-групата“, па сè до Дејтонскиот мировен договор. Меѓутоа, како што е наведено со мировните планови, пред да се дојде до финално решение сле-деа голем број направени чекори од стра-на на ЕУ и на НАТО, успеси и неуспеси за донесување крајно решение за решавање на кризата. Цел на оваа анализа е токму од-носот ЕУ – НАТО во конфликтот во Босна и Херцеговина кој „de facto“ претставуваше една комплицирана состојба која беше ре-зултат на повеќе фактори: национални по-литики и аспирации, национални интереси, непоседување на инструменти, политики и искуства за решавање на вакви и слични состојби и друго.
МАКОТРПНИ ПОчЕТОцИПризнавањето на Босна и Херцеговина, пред сè, доведе до најголемиот дипломат-ски дебакл. Процедурата според која БиХ стана независна држава беше водена од страна на Европската заедница (ЕЗ), но кога ЕЗ даде инструкции на избраната влада во БиХ како да ја подготват нејзината не-зависност, таа се повлече од сцената. Ова се случи кога остатокот од ЈНА и парамили-тантните структури извршија упад и напад
ропа“, иако знаеја дека ЕУ, односно ЕЗ, нема ниту политика ниту, пак, имаше инструменти за решавање на овој вид проблеми. Тогаш-ниот сенатор, Џозеф Биден, ја критикуваше европската политика на Балканот (особено во БиХ) како индиферентна, несигурна, са-мозбунувачка и хипокритична. Тој, исто така, ги напаѓаше европските сојузници за раз-личната воена интервенција за окончување на војната во Босна, нарекувајќи го нивно-то однесување ограничено и хипокритич-ко, и на крај заклучи дека САД не можат да интервенираат сами и дека тие би можеле да бидат присилени поради отпорот на Ев-ропа да се откажат од можноста за воена интервенција. Од друга страна, европски-те сојузници не го делеа истото гледиште, бидејќи тие во БиХ веќе имаа свои трупи на терен. Всушност затоа ЕЗ настојуваше да форми-ра единици кои ќе бидат во состав на новата ЕУ, единици кои на барање на новата унија
Р И В А Л И
врз новопризнатата држава. Во тоа време кршењето на човековите права беше опи-шано од страна на Вишентал како ни по-малку ни повеќе како геноцид. Во една так-ва состојба, владите на САД и на ЕУ не ре-агираа на ваквите настани, западните раз-узнавачки служби не ги искористија свои-те ресурси за да ги детектираат и откријат грозоморните чинови кои, патем речено, се споредуваа со оние од времето на Втората светска војна.Сето ова се случуваше пред да се изгласа Мастришкиот договор. Во овие моменти ЕЗ ја увиде потребата од поседување на вое-на моќ која ќе биде автономна од НАТО, од-носно моќ за делување тогаш кога НАТО, истакнато преку неговите членки, нема да сака да биде инволвирана во конфликти. Се разбира, за ова ЕУ имаше свои причи-ни. Имено, иако во Босна војната беснее-ше, администрацијата на САД продолжи да го третира ова прашање како „работа на Ев-
ИЛИПРВИ
СОРАБОТНИЦИ?
1. јААП ДЕ хОП ШЕФЕР И хАвИЕР СОЛАНА гО ОДбЕЛЕжувА-АТ КРАјОТ НА ОПЕРАцИјАТА SFOR НА НАТО И ПОчЕТОКОТ НА МИСИјАТА НА Еу „АЛТЕА“ – ДЕКЕМвРИ 2004 гОДИНА, бИх
2. СРЕДбА НА АНДЕРС ФОг РАСМуСЕН СО бАРОНИцАТА КЕТРИН ЕШТОН, вО гЛАвНИОТ ШТАб НА НАТО вО бРИСЕЛ – ДЕКЕМвРИ 2009 гОДИНА
3. НЕФОРМА-ЛЕН РАзгОвОР ПОМЕѓу КОЛИН ПАуЕЛ, хАвИЕР СОЛАНА И ЛОРД РОбЕРТСОН – СРЕДбА НА СЕвЕРНО-АТЛАНТСКИОТ СОвЕТ НА НИвО НА МИНИСТРИ зА НАДвОРЕШНИ РАбОТИ вО ДЕКЕМвРИ2001 гОДИНА
41
ше во согласност со Повелбата на ОН), а одлуката за учество во спец-ифичната мисија, според договоре-ното, била целосно препуштена на одредената земја-членка во соглас-ност со нејзиниот национален инте-рес.Овие единици, во согласност со чле-нот 4, може да се ангажираат за:– хуманитарни и спасувачки мисии;– задачи за чување на мирот;– задачи на борбени единици во кри-
зен менаџмент, вклучувајќи гра-дење на мирот.
Воените единици според Петер-сбуршката декларација требаше да бидат повлечени од силите на член-ките на ЗЕУ, вклучувајќи ги и НАТО-мисиите (секако по консултација со НАТО). За овие задачи НАТО во це-лост даде јасна поддршка. Во 1993 година САД отворено го поддржаа развојот на „Европскиот столб“ во со-став на Алијансата и воедно се зала-гаа истиот и да се развие во посоче-ните рамки на НАТО. Силите кои би ги користеле би биле раздвоени, но не одделени од НАТО. Дополнително, постоеше можност ЗЕУ да ги користи не само капацитетите туку и штабни-те офицери на НАТО, така што цел-та на Алијансата беше да ја зајакне ЕБОИ, не како независна компонен-та, туку во состав на НАТО, факт кој предизвика сериозни полемики и разговори помеѓу ЕУ и НАТО. Реално гледано, и двете организа-ции, и ЕУ и НАТО, допираат во „срце-то“ на одреден број фундаментални прашања, вклучително и во природа-та на безбедноста на XXI век, во дол-горочните обврски помеѓу европска-та и трансатлантската политика, во економијата, во општеството и во во-ените работи. Во директниот однос помеѓу нив се појавија неколку значајни прашања. Прво беше прашањето за развој на ЕБОИ и на ЕБОП во состав на НАТО, а не во ЕУ, второ беше зголемувањето на поделбата на трошоците и тре-то – регулирање на видовите ми-сии кои ЗЕУ ќе може да ги изврши и прашањето околу нејзините членки.Подетаљна анализа на секое од по-ставените прашања ќе извршиме во следниот број на магазинот.
Дарко Стерјовски
би можеле да се активираат во опе-рации за зачувување на мирот или хуманитарни операции. Токму тоа и се случи во 1991 година кога беше изгласан Мастришкиот до-говор. Според членот Ј.1 став 2 од овој договор, целите на Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) се:– да ја зајакнат безбедноста на Уни ја-
та и нејзините интереси, како и не-зависноста на Унијата;
– да го заштити мирот и да ја зајакне ме ѓународната стабилност во со-гласност со принципите на повел-бата на ОН, како и принципите на Хелсиншкиот финален акт и цели-те на Париската повелба;
– да се промовира меѓународната со-работка;
– да се развие и да се консолидира де мо кратијата и владеењето на правото и да се почитуваат чове-ковите права и фундаменталните слободи.
Со цел извршување на овие зада-чи, во членот Ј.4 став 2 Унијата бара-ла од Западноевропската унија (ЗЕУ), која е интегрален дел од развојот на Унијата, да ги елаборира и да ги им-плементира одлуките и акциите на Унијата кои имаат одбранбени импли-кации. Советот, во согласност со ин-ституциите на ЗЕУ, ги усвои неопход-ните практични ангажмани. Гледано во целина, всушност, со овој член, ЕУ ја инкорпорира ЗЕУ како нејзин инте-грален дел и на тој начин таа се здоби со можност за употреба на вооруже-ни сили кои беа детерминирани како недостаток во конфликтите во пора-нешна Југославија. Ова буквално зна-чеше поседување воена моќ.
ИНТЕгРАцИјА НА зЕу вО НОвАТА уНИјАПовторно од аспект на конфликтот во Босна, недостатокот на ЕУ од ав-тономни воени капацитети практич-но се покажа со барањето на ОН до САД да испратат трупи за воздушни напади. Аргументот на Американци-те (за краткотрајното одбивање за учество) беше дека зборовите треба да бидат поткрепени и со дела. Ток-му затоа предлогот на ОН за воз-душните напади на НАТО помеѓу ев-ропските сојузници не беше прифа-тен со ентузијазам. Но бидејќи беше јасно дека без воена интервенција на САД не ќе може многу да се по-стигне, европските сојузници коиш-то со свои трупи учествуваа во со-ставот на УНПРОФОР беа огорче-ни од одбивањето на САД. Во една таква состојба на теренот, интере-сен факт е дека сите знаеја дека ниту силите на Република Српска не би можеле да се победат, ниту, пак, трупите на терен би можеле ги оси-гураат териториите доколку САД не се вклучат во конфликтот. Се-пак, иако со задоцнување, поради огромниот притисок од страна на меѓународната јавност, САД во 1994 година посериозно се вклучи во бо-санскиот конфликт. По најтешкиот чекор, со фор ми ра ње
на ЗНБП и интеграција на ЗЕУ во ЕУ, следеа наредни чекори за развој и комплетирање на овој нов безбедно-сен сегмент. Така на 19 јуни 1992 го-дина во Бон беа воспоставени Пе-терсбуршките задачи каде во член 2 се вели дека „ЗЕУ ќе развива способ-ности во согласност со Мастришката декларација со цел имплементација на конфликтна превенција и мерки за кризен менаџмент, вклучувајќи и ак-тивности на ЗНБП или на Безбеднос-ниот совет на ОН. Но, секако, во член 2 тие го признаваат НАТО како неоп-ходна (и незаменлива) основа на ев-ропската безбедност. Во истиот до-кумент, во член 8, земјите-членки на ЗЕУ ги повикаа земјите од Централ-на и од Источна Европа каде ЗЕУ и повиканите земји имаа намера да ги зголемат консултациите и соработ-ката во рамките на новата европска безбедносна структура. Во членот 1 од „Зајакнувањето на операционалната улога на ЗЕУ“ („Оn Strengthening WEU’s operational Role”) е наведено дека ЗЕУ во соглас-ност со Мастришкиот договор ги оце-нувал и ги дефинирал соодветните мисии, структури и области кои тре-ба да бидат покриени и тоа со цел зајакнување на оперативната улога.Со овие задачи се предвидуваше ЗЕУ, која со Мастришкиот договор стана интегрален дел од ЕУ, да раз-вие воени единици од целиот спек-тар на конвенционалните сили за извршување задачи водени од ЗЕУ (употребата на овие сили ЕУ ја носе-
42
ОТКРИВАЈЌИ ГИ СВЕТСКИТЕ „ТАЈНИ ЛОКАЦИИ“ – II
ителите на малото гратче Ха ро-гејт во Северен Јоркшир, Ве лика Британија, го немаат се кој днев-ниот и едноставен поглед од до-мовите како сите ние. Во нивна
непосредна близина (десетина киломе-три од Харогејт) се наоѓа најголемата електронска набљудувачка станица во светот. „Менвит Хил“ („RAF Menwith Hill“) се простира на голема површина (два километри квадратни) и иако базата и локацијата се во сопственост на Велика Британија, таа е администрирана и опе-рирана е од страна на САД, главно од Националната агенција за безбедност (National Security Agency – NSA). На прв поглед комплексната структура на ба-зата вклучува 23 радарски куполи, три сферни чинии (една со дијаметар од 60 m), како и градби со површина од скоро 20.000 m2. Почетоците на операциите во „Менвит Хил“ датираат од времето на Студена-та војна кога станицата се користела за пресретнување на комуникациските сиг-нали (поштенски, телеграфски и теле-фонски) на потегот исток-запад. Во однос на опремата, листата е нави-стина импресивна. Имено, Менвит Хил е една од првите светски локации која започнала да ги користи раните софи-стицирани компјутери на компанијата IBM, а скоро три декади по изградба-та, базата била проширена со нови ко-муникациски објекти, нова зграда за
СИРИСКАТА ТАЈНА
операции и нов генератор на елек-трична енергија со моќност од 5 ме-гавати. Ова проширување наречено „STEEPLEBUSH“ чинело 25 милиони до-лари и било наменето за набљудување на новите вештачки сателити кои во тој период интензивно биле лансирани во вселената. Во периодот по 1985 година, бројот на радарски куполи значително се зголемил – од првичните четири на де-нешните 23. Од доменот на шпекулаци-ите можеме да извлечеме многу инфор-мации кои зборуваат за многу поголема употребна вредност на технологијата ин-сталирана во базата. Тие информации говорат дека Менвит Хил е дел од систе-мот наречен ECHELON, чија основна за-дача е да врши мониторинг на цивилни-те комуникациски сателити. Одговорот на јавноста за постоењето на базата во голема мера е негати-вен. Имено, опонентите на постоењето на базата, самостојно во последни-те години од минатиот век успеале да добијат поголем број интерни докумен-ти. Прескокнувањето преку оградата на „Менвит Хил“ станало секојдневие – во прилог на оние кои влегувале во база-та одел и тогашниот британски закон според кој доколку тие веднаш ја на-пуштат локацијата, нема да бидат уап-сени од страна на полицијата. Сепак тоа се променило во 1996 година, кога влегувањето во “Менвит Хил“ станало кривично дело.
ко трагаме по локација за која не може да се дефинира со сигурност која е нејзината вистинска намена, тогаш локацијата наречена Ал Ки-
бар во Сирија е вистинскиот погодок.Информациите кои потекнувале од офи-цијална Сирија со оние кои ги поседувале засегнатите земји биле сосема контрадик-торни додека официјалните информации на меѓународната заедница претставе-на преку Интернационалната агенција за атомска енергија биле во најмала рака ма-гливи и недефинирани. Интересно е да се спомене дека израелското воздухоплов-ство извршило напад врз главниот објект во Ал Кибар во 2007 година, по што тој бил срамнет со земја и поклопен со бетон. Во однос на намената на објектот, сири-ските официјални информации говореле дека во никој случај не станува збор за нуклеарна постројка за произведување на нуклеарно гориво (кое би било упо-требено за создавање на атомска бом-ба), туку дека главниот објект претставу-ва напуштена воена градба, додека на другата страна се информациите кои го иницирале споменатиот израелски воз-душен напад. Во корист на официјалните сириски податоци оди и фактот што во кругот на Ал Кибар не постоела фабри-ка за репроцесирање на нуклеарно гори-во, иако одредени научници ја застапува-ат тезата дека таква фабрика постои, но поради малиот капацитет на постројката, таа може успешно да се постави во објект со помали димензии.
Мислењата дека сепак станува збор за нуклеарна постројка се подгреваат преку фактот што комплексот многу наликувал на нуклеарната централа „Јонгбион“ во Северна Кореја, земја чии активности сè уште претставуваат мистерија (иако неколкупати досега Северна Кореја детонираше своја нуклеарна направа). Впрочем и доколку „Ал Кибар“ е копија на „Јонгбион“, според димензиите станува збор за објект со многу помал капацитет за производство – наместо количината од пет до седум килограми плутониум годишно колку што е капацитетот на север нокорејската нуклеарна постројка, во „Ал Кибар“ би можело да се произведува најмногу еден килограм нуклеарен материјал годишно. Токму овој податок долго време бил предмет на дискусии и расправи, особено по појавувањето на првите фотографии по извршениот напад. Она што можело очигледно да се забележи било тоа дека сепак постои разлика во бројот на горивни канали – по детаљно набљудување во „Ал Кибар“, биле избројани вкупно 52 канали, додека таа бројка во Јонгбион, Северна Кореја е далеку поголема, односно 97.Интересно е што сите контрадикторни ин формации завршуваат во една точка за која сите се согласуваат – по нападот и целосното уништување на главни от објект од страна на израелската ар мија (кај постројката не било измерена радијација над дозволеното ниво ниту, пак, било пронајдено нуклеарно гориво).
ОЧИТЕ НА ЗАПАДНИОТ СВЕТ
ОТКРИВАЈЌИ ГИ СВЕТСКИТЕ „ТАЈНИ ЛОКАЦИИ“ – II
43
нарицата и воздухопловните сили на САД во случај на одредена вонредна ситуација. Планирањето, инсталацијата, оперирањето и одржувањето на над 38 комуникациски системи, кои им даваат услуги на клиентите на овој Алтернативен комуникациски центар е во доменот на одговорностите на големиот број различ-ни ентитети кои се дел од овој комплекс, како Оперативниот центар, Техничката контрола, Центарот за сервисна помош и Информацискиот центар.Според непотврдени информации, во дла-бочината на планината во која е сместен овој воен комплекс постои резервоар за вода, берберница, капела, кафитерија, сала за вежбање, односно сите елементи кои се потребни за подолготраен престој. Близината на оваа локација со познатиот „Кемп Дејвид“ ги поттикнала шпекулаци-ите дека помеѓу овие два комплекса по-стои и подземен тунел. „Локацијата Р“ во својата иницијална фаза, како концепт, започнала да се раз-вива во 1948 година, а стнала приоритет по детонацијата на првата советска нука-лерна бомба во 1949 година. Итноста на поседување на еден ваков тип центар може да се увиди и преку фактот дека првите градежни активности започнале во 1951 година, а комплексот бил пуштен во употреба по само две години, во 1953 година.
Иван Петрушевски
ако и за голем дел од останати-те тајни локации кои се предмет на наша анализа и обработка, ин-формациите кои ја опишуваат т.н.
„Локација Р“, позната и како „Карпата“ или „Воен комплекс Рејвен Рок“ (освен скудните официјални податоци) спаѓаат во доменот на шпекулациите. Изграде-на неколку години по крајот на Втората светска војна, кон почетокот на студена-та војна, оваа локација имала примарна задача да служи како команден центар од каде би се воделе операции во случај на нуклеарен напад од страна на Совет-скиот Сојуз. Според одредени информа-ции, објектот е целосно изграден од гра-нит. Целата област околу „Локацијата Р“ која се наоѓа во близина на главниот град на САД, Вашингтон Д.Ц., 14 km источно од Вајнсборо, Пенсилванија и 10 km се-верно од Кемп Дејвид е оградена, а од 2007 година, според политиката на Де-партманот за одбрана на САД за неза-конско било прогласено секое влегување во оградениот периметар, како и „секое фотографирање, скицирање, сликање или мапирање на објектот пред претход-но добивање на соодветно одобрение“. Официјално, комплексот се користи како алтрнативен здружен комуника-циски центар чија основна задача е да дава компјутерки услуги на NCA, OSD, здружениот штаб и Департманот за од-брана, а служи и како оперативен и ко-ординативен центар на армијата, мор-
поседува светската јавност, а се одне-суваат на локацијата во пустината Не-гев дошле од дисидентот Мордехаи Ва-нуну, кој пребегал во Велика Британија, каде и ги пренел сите информации, кои него, како вработен во објектот му биле познати. Тој во детали успеал да ја опи-ше задачата на секој објект во комплек-сот, а додал и дека под нуклеарната инсталација постоел и голем подземен објект. Поради пренесување на класифи-цирани податоци, откако бил фатен, Ва-нуну бил осуден на 18-годишна казна за-твор, по која повторно добил значителни рестрикции на неговото движење, како и контактирање со печатот.Според претпоставената моќност на ну-клеарниот реактор кој се движи од 70 па сè до 150 мегавати, количеството на ну-клеарното гориво кое досега би можело да биде произведено би било доволно за 20 хидрогенски и 200 фисиски бомби. Други информации, пак, калкулираат со бројка од 100 до 200 нуклеарни бомби, а некои податоци одат дотаму што проце-нуваат дека Израел поседува дури 400 нуклеарни бомби. Во 2004 година, според одредени ин-формации израелските власти на насе-лението во близина на локацијата на не-потврдениот истражувачки центар му дистрибуирало антирадијациски табле-ти, што потврдува дека постои загриже-ност за сигурноста на 40 години стари-от реактор.
рцето на израелската нуклеарна програма“– тоа е називот кој се ко-ристи за опишување на нуклеарни-от истражувачки центар „Негев“, ло-
циран во средината на пустината Негев, десетина километри југоисточно од гра-дот Димона. Израел е единствената земја во светот која и денес на прашањето дали разви-ва или поседува нуклеарно оружје ниту дава потврден одговор, ниту, пак, ја де-мантира таа информација. Токму начинот на кој израелските власти се однесува кон ова прашање раѓа нови прашања – во текот на шеесеттите годи-ни на минатиот век (две години по поче-токот на изградбата), откако американ-ските власти ја увиделе можната употре-ба на објектот, тие побарале од власти-те во Израел да дозволат меѓународна инспекција на самото место, барање кое било прифатено, но делумно и во мо-дифицирана форма. Имено, израелски-те власти дале согласност за инспекција на објектот, но само од страна на амери-канските власти (не и од експертите на Интернационалната агенција за атом-ска енергија) и тоа по претходна најава. Одговорот на истражувачите до тогаш-ната американска администрација бил дека посетата на „Негев“ била залудна бидејќи на голем дел од сензитивните елементи во потенцијалната централа, пристапот им бил лимитиран. Најголем дел од информациите кои ги
СвЕТОТ Е ПОЛН СО МИСТЕРИИ – ОД ТАјНИ ИСТРАжувАчКИ ЛАбОРАТОРИИ, ПРЕКу ЛОКАцИИ зА ТЕСТИРАњЕ НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ОРужјА ДАЛЕКу ОД цИвИЛИзАцИјАТА, ДО ПОДзЕМНИ ОбјЕКТИ НАМЕНЕТИ зА СПАСувАњЕ. СЕТО ТОА јА РАСПЛАМНувА чОвЕКОвАТА ИМАгИНАцИјА, гО ПОДИгА АДРЕНАЛИНОТ, НО И
СОзДАвА чувСТвО НА СТРАвОПОчИТ. СО цЕЛ ДА јА ДОбЛИжИМЕ ОвАА ТЕМАТИКА вИ ПРЕТСТАвувАМЕ ДЕЛ ОД јАвНИТЕ „ТАјНИ ЛОКАцИИ“ НА зЕМјАТА.
непотврдената програма
ПОДЗЕМНИОТ ПЕНТАГОН
44
сновните причини за подигнување на востание во источниот дел на Македонија во текот на 1876 го-дина, во историографијата позна-то како Разловечко востание се
повеќестрани, но непосреден повод биле тешките општествено-економски прилики на македонскиот народ под османлиското владеење во периодот на Источната криза (1875-1878 година). Поради сè позачестени-те загуби на бојното поле на османлиската војска од нејзините европски противници, а особено од Кримската војна (1853-1856 го-дина) па наваму значително се зголемиле даноците, а воедно се воведувале и нови даночни задолженија.Покрај наведениве внатрешни фактори за одбележување е и надворешниот фактор, а тоа се востанието во Босна и Херцегови-на од 1875 година и Априлското востание во Бугарија од 1876 година.Најпрвин во текот на 1875 година во Солун бил формиран Таен македонски револуци-онерен комитет, раководен од Димитар Поп Георгиев Беровски во кој биле застапе-ни сите македонски социјално-општествени слоеви: свештеници, трговци, учители, за-наетчии итн. (МАНУ, Македонија, Прашања од историјата и културата, Скопје, 1999, стр.210).Подготовките за претстојното востание се изведувале во Солун, а истото се под-готвувало да избувне во Пијанечко-ма ле-шев скиот предел.Со подготовките во Солун непосредно ра-ководел идејниот водач на Востанието, Ди-митар Поп Георгиев Беровски (1840-1907 г.).Најголемиот проблем за успешно ре а ли-зирање на подготовките за Востанието
во областа на Разлошкиот, на Малешевскиот, на Пијанечкиот и на Радовишкиот крај. Главниот организатор на Востанието, Димитар Поп Георгиев Беровски, им порачал на двете општински учителки од Солун да изработат знаме за претстојното востание, црвен лав на жолта основа исправен на задните нозе.Црвениот лав на жолта основа според историографските факти претставува симбол на бугарскиот грб и знаме, земен од грбовницата на илирските земји која ја составил Петар Охмучевиќ. Оваа грбовница всушност била лажна, бидејќи тој ја составил за да го докаже своето наводно благородничко потекло. Воден од оваа лажна грбовница, и дојранецот Кристофор Жефаровиќ ја повторил оваа грешка во неговата „Стематографија“, бидејќи при нејзиното составување ги заменил грбовите на Македонија и на Бугарија. Имено, вистинскиот грб на Македонија, според грбовницата на Петар Охмучевиќ, која се смета за зачеток на грбовите на илирските земји, грбови кои и денес се прифатени за државни на тогашните илирски земји, преставува жолт лав на црвена основа, додека симболот на бугарскиот грб е црвен лав на жолта основа (Александар Матковски, „Грбовите на Македонија“, Скопје, 2000 г.).На знамето било испишано: „Македония“, како и познатиот револуционерен слоган: „Станете да Ви освобода“.Во текот на април и во почетокот на мај биле одржани три советувања за ре али зација на Востанието, од кои третото и најважното советување се одржало на 7 мај 1876 година (стар стил) во месноста Калаџерџево каде е донесена одлука
претставувал недостатокот на материјално-технички средства. Со нив требало да се купи оружје, муниција, зимска облека и друг вид санитетски и логистички средства.Во недостиг на материјално-технички сред-ства, најголема жртва направил самиот во-дач на Востанието, Димитар Поп Георгиев Беровски. Тој го ополномоштил својот дедо, поп Стојан, кој бил татко на неговата сопру-га, да го продаде неговиот имот во Беро-во, а парите да му ги испрати во Солун. Поп Стојан Разловски, пак, дал дел од своето бо-гатство за да го помогне претстојното вос-тание. Со парите добиени со продавањето на имотите на Димитар Поп Георгиев Бе-ровски и на поп Стојан Разловски се купува-ло оружје и муниција, санитетски средства и топла зимска облека. Материјалните сред-ства се пренесувале по тајни скривалишта
Разловечкото востание од 1876 година
Почеток на нови востанија
1. ДИМИТАР ПОП гЕОРгИЕв бЕРОвСКИ
2. ПОП СТОјАН РАзЛОвСКИ
3. НАПАДОТ НА РАзЛОвцИ НА 7 МАј 1876 гОДИНА
СКИцА НА Д-Р вАНчЕ СТОјчЕв, „вОЕНА ИСТОРИјА НА МАКЕДОНИјА“, СКОПјЕ,2000 г.
4. ДИМИТАР ПОП гЕОРгИЕв бЕРОвСКИ СО ОСТАНАТИТЕ вОјвОДИ
45
за времето на избувнување на Востанието. За главен водач и организатор на Востанието бил одреден Димитар Поп Георгиев Беровски. Првично требало да се нападне и да се исчисти од османлиската војска Делчевскиот крај, а потоа да се прошири во Пехчевскиот, во Беровскиот, во Малешевскиот, во Радовишкиот и во Пијанечкиот крај, за понатаму да добие карактер на општонародно револуционерно востание (Ванче Стојчев, „Воена историја на Македонија“, Скопје,2000г., стр.337).За време на советувањето пристигнала вест дека во близината на селото Разловци пристигнале османлиски даночни службеници. Востаниците, уплашени да не бидат предвремено откриени, реагирале мошне брзо, така што индиректно најавиле ненадеен почеток на Востанието.Со оглед на новонастанатата состојба, немало време за понатамошни подготовки, така што во раните утрински часови на 8 мај (стар стил) 1876 година, востаниците ја запоседнале околијата на селото Разловци.Востанието започнало со повик на османлиската војска и на даночните службеници да се предадат, но тие одбиле и почнале да се кријат во околните куќи на месноста Разловци.Востаничката војска, користејќи ја тактичката постапка „стеснување на обрачот и чистење на теренот“, за кратко време ја совладала оваа немногубројна група од којашто еден дел неуспешно сакале да се пробијат преку реката Брегалница (Александар Трајановски, 120 години од Разловечкото востание, “Одбрана”, бр.24, Скопје,1996, стр.47). На овој начин биле постигнати првите успеси во Востанието, односно селото Разловци било ослободено.По успесите во Разловечкиот крај, востаниците своите борбени дејства ги развиле кон Малешевијата. Меѓут оа на патот од селото Разловци до Малешевскиот крај, во непосредна близина на селото Митрашинци, се одиграла ненадејна битка со случајно присутните османлиски војски. Во оваа ненадејна битка еден куршум го погодил во главата водачот на Востанието, Димитар Поп Георгиев Беровски, така што тоа довело ранетиот водач на Востанието да не може правилно да расудува и да раководи со борбените дејства. Поради ова и поради силниот притисок на востаниците да се вратат во селото Разловци во кое планирале да извршат опсежни подготовки за одбрана од османлиските војски кои се очекувало наскоро да го возвратат нападот на Разловечкиот крај, востаниците се вратиле во селото Разловци.На тој начин планираното раз го рување на Востанието кон останатите краеви на североисточна Македонија или, поконкретно, како што било планирано, кон Малешевскиот крај, каде чекале дополнителни сили од 300 подготвени и вооружени востаници, не се остварило.
Во текот на месец мај османлиска-та власт издала заповед која се од-несувала до сите села од околии-те на: Кочани, Радовиш, Штип, Гор-на Џумаја, Мелник и Струмичко – се-ланите сета храна и стока од плани-ните да ја спуштат во селата со цел да се изгладнат четите на Димитар Беровски и Цоне Дончев кој биле во околните планини и тие да се преда-дат.Освен ова, на 28 мај османлиска-та власт во околината на Радовиш и Струмица распоредила околу 500 војници, додека во Петрич, во Мел-ник и во Горна Џумаја распоредила дури по 1.000 војници. Добро орга-низираната османлиска војска на-скоро, педа по педа, почнала да ја „чешла“ околијата на Разловечко-малешевскиот крај.Османлиската војска, само не-кол ку дена откако се стациони-ра ла во североисточниот крај на Македонија, извршила противнапад на Разловечко-малешевскиот крај кој бил претставен со бројни уби-ства, силувања, грабеж и колеж на мес ното население.Димитар Беровски, немајќи дру-га алтернатива, вешто со својата чета се криел по планинските пре-дели на Осоговските Планини и во Пијанечко-малешевскиот крај, така што од 30-40 востаници, бројката на востаниците рапидно се намалила на 18-19 востаници.Со ова конечно завршува Разловеч-кото востание, а Димитар Беровски и неговите востаници будно ги сле-деле маките на соселаните и им по-магале со своето делување против зулумите на османлиската војска. Од планинските предели, паралено со Руско-турската војна од 1877 година, четата на Беровски се подготвувала за натамошно вооружено востание.Главната причина за неуспехот на Разловечкото востание лежи во не-говото предвремено избувнување и во незавршените во целост пла-нирани подготовки. Ненадејното ранување на неговиот водач, Дими-тар Беровски, негативно влијаело за исходот на Востанието, особено за неговото ширење кон другите око-лии на Македонија со цел Востани-ето да прерасне во општонародно, така што би можела да интервени-ра и светската јавност.Борејќи се за подобар живот, со -цијално и национално ос ло бо ду ва-ње, стотици селани од Раз ло веч ко-малешевскиот крај се нашле во тур-ските зандани. За да го избегнат те-ророт на османлиската власт, голем дел од населението емигрирало, најчесто кон соседна Бугарија.Иако мошне бргу згаснало, Раз-ловечкото востание носи белег на организирано револуционерно движење и претставува обид за по-натамошните поорганизирани рево-луционерни востанија на македон-скиот народ против османлиската власт (ИНИ, „Историја на македон-скиот народ“, Скопје ,1972 г., стр.132).
д-р Андреј Илиев
Од Разловечкиот крај, Димитар Бе-ровски, сè уште нецелосно опора-вен, со својата чета од 30 души, се упатил кон Кочанскиот крај. Во се-лото Лаки, месниот селски војвода Цоне Дончев веќе имал вооруже-но 30-40 востаници кои, заедно со востаниците на Димитар Беровски, ја истиснале османлиската војска од селото Лаки.Одовде четата на Димитар Беров-ски се упатила кон селото Смилјанци во Радовишката околина каде што и порано имале магацини со оружје и муниција. Откако планираното востание веќе избувнало во Разло-вечкиот крај, смилјанчаните масов-но се подготвувале за општонарод-
но вооружено востание. Но мош-не брзо и ненадејно дошло до пре-давство од страна на месниот па-дар (чувар на полињата) во Радо-виш, така што османлиската војска од градот брзо и енергично реаги-рала. Поради тоа четата на Дими-тар Беровски не можела да навле-зе во селото Смилјанци и да изврши ре организација и консолидација со подготвените востаници од тоа се-ло, а воедно и воено да дејствува, така што востанието и во овој крај доживеало неуспех. Истовремено пропаднала и силната надеж на Ди-митар Беровски за разгорување на востанието низ повеќето околии на Македонија и негово прераснување во општонародно востание.
46
ателитот заведен во записите на аме-риканската Вселенска команда под бројот 4392 и денес, исто како и пред 40 години, ја покажува детерминира-носта на најбројната нација на све-
тот да влезе во елитниот „вселенски клуб“. Токму објектот наречен „Dong Fang Hong“ („Истокот е црвен“), лансиран пред 41 годи-на, овозможи Народна Република Кина да биде петтата земја во светот која изврши-ла успешно лансирање на вештачки сате-лит во орбитата на Земјата.
ПОЧЕТОЦИТЕ НА КИНЕСКАТА НУКЛЕАРНА ПРОГРАМААнализирајќи ги вселенските програми на двете (во минатото) спротивставени стра-ни, САД и СССР, неминовно е да се потенци-ра дека токму развојот на посочените про-грами во овие две земји беа иницијалната каписла за создавање вселенската програ-ма на „азискиот џин“, програма која и покрај тоа што започнала да се развива како ба-зична ракетна програма, овозможи на НР Кина да стане третата земја во светот која испратила човек во вселената. Почетоците на кинеската вселенска про-грама можат да се препознаат уште во т.н. „Проект 581“, кога целта била да се ланси-ра првиот кинески сателит во орбитата во 1959 година, цел која пред себе имала го-леми предизвици, почнувајќи од развојот на носечката ракета, преку пробното лан сирање на помали објекти, па сè до лансирањето на поголеми сателити. Помошта за достигнување на посоче-ните цели во дадените временски роко-ви пристигнала од СССР во чии образов-ни институции со знаење во областа се
ната ракета DF-5, а по само неколку месе-ци, врз истата основа, започнала да се раз-вива уште една носечка ракета, позната како CZ-2. Крајот на Студената војна донел неминов-ни промени и во кинеското секојдневие. Почетокот на деведесеттите години на минатиот век донеле една сеопфатна промена на советската револуционерна терминологија која дотогаш била користе-на и навраќање кон религиозните корени. Вселенската програма доживеала своја ор-ганизациска промена, налик на западни-те земји. Одговорноста за лансирањето потпаднала под новата Национална все-ленска администрација на Кина или, по-точно, под нејзината Комисија за наука, технологија и индустрија за национална од-брана, додека развојот и конструирањето на носечките ракети и на сателитите „пад-нале“ во рацете на Кинеската академија за технологија за лансирни возила и на Кине-ската корпорација за аеровселенска наука и технологија.
РАЗВОЈ И ЛАНСИРАЊЕ НА „DONG FANG HONG – I“Технолошкиот престиж кој се припишува на една земја која успешно лансирала свој сателит во орбитата на Земјата, Кина го по-чувствувала на 24 април 1970 година кога во 21:30 часот на носечка ракета од проек-тот CZ-1 кон вселената бил лансиран првиот кинески сателит наречен „Истокот е црвен“ („Dong Fang Hong“), познат и како „Кина-1“.Во однос на физичките карактеристики, ин-тересно е тоа што овој сателит бил потежок од сите „првенци“ на земјите кои дотогаш заедно испратиле вештачки сателит во все-
здобиле поголем број кинески студен-ти. Сепак, помошта по заладувањаето на кинеско-советските односи била прекина-та, по што Кина продолжила да ја разви-ва својата програма самостојно – контину-ирано биле развивани различни балистич-ки ракети со мал и среден дострел, а бил направен пробив и во развојот на нуклеар-ната бомба (првата кинеска атомска бом-ба била детонирана на 16 октомври 1964 година, додека првата термонуклеарна на-права на 17 јуни 1967 година). Она што е од есенцијална важност за вселенската про-грама е развојот на ракетите кои поната-му би биле користени како носачи на веш-тачки сателити во орбитата. Првиот „носач на сателите“ бил развиен од програмата DF, поточно интерконтинентал-
ЛАНСИРАЊЕТО НА ПРВИОТ КИНЕСКИ САТЕЛИТ ВО ОРБИТАTA
„ИСТ
ОКОТ
Е Ц
РВЕН
“
47
лената. Имено, „Dong Fang Hong – I“ тежел неверојатни 173 kg, а не помалку импресив-ни биле и неговите останати карактеристи-ки – тој имал дијаметар од еден метар и по-ради потребата од стабилизација ротирал околу својата оска 120 пати во минута. На трупот, сателитот имал две антени од по два метра, а трупот бил обложен со алуми-ниумска легура која служела како темпера-турна заштитна обвивка. Во продолжение ви претставуваме една посета на Свен Гран (денес дел од шведска-та вселенска програма) на Институтот за
за соработката со големите корпорации е лансирањето на двата сателити „Иридиум“, конструирани од американската компанија „Моторола“.
3. КсичангЛансирањето на моќни носечки раке-ти и сателити во геосинхронизирана ор-бита е примарната мисија на Центарот за лансирање на сателити „Ксичанг“, ло-циран на југозападниот дел од Кина во провинцијата Сихуан. Континуираниот развој на кинеската все-ленска програма продолжува и денес преку амбициозните програми за освојување на Месечината и новата примарна цел на чо-вештвото – Црвената планета.
Иван Петрушевски
мислење кое подоцна ми беше потврде-но и од еден од моите придружници од CAST (Кинеската академија за вселенска технологија). Токму тоа е многу интересно бидејќи овие два сателити се неверојатно слични со ’Telstar I’ и ’Telstar II’“.Како дополнителни предности за офи ци-јална употреба на „Dong Fang Hong – I“, се-како, се споменува и тестирањето на сате-литската технологија, но и собирањето на податоци од јоносферата и атмосферата. Покрај првенчето на CAST неминовно тре-ба да се спомене и неговиот наследник, „Dong Fang Hong – II“, кој по лансирањето на 8 април 1984 година се користел како примарен кинески телевизиски сате-лит. Димензиите на „Dong Fang Hong – II“ биле поголеми од оние на својот претход-ник, односно тој имал висина од 8,5 m и дијаметар од 2,1 m, додека неговата тежи-на е четирипати поголема – 441 kg. Вред-но за напоменување е дека на овој сателит за првпат биле инсталирани 20.000 солар-ни ќелии, што за Кина претставувало прво успешно искористување на фотоволтична-та технологија. цЕНТРИ зА ЛАНСИРАњЕ САТЕЛИТИНа пространата територија на НР Кина, можностите за конструирање вселен-ски центри далеку од очите на јавноста се повеќе од достапни. Имено, во Кина постојат три главни бази за лансирање –
КИНЕСКИ вОЕНИ КОМуНИКАцИСКИ САТЕЛИТИ(ЛАНСИРАНИ ДО 2008 гОДИНА)
ИМЕ ДАТА НА ЛАНСИРАњЕТО ЛОКАцИјА НОСЕчКА
РАКЕТАОПЕРАцИО-
НАЛНОСТ
CHINASAT 22A 12.09.2006 КСИЧАНГ CZ-3A ДА
CHINASAT 20 14.11.2003 КСИЧАНГ CZ-3A ДА
CHINASAT 22 25.01.2000 КСИЧАНГ CZ-3A ДА
контролно инженерство во Пекинг кој из-вршил анализа на основните намени кои произлегуваат од функционалните карак-теристики на „Dong Fang Hong – I“.„Вклучувањето на еден прекинувач беше доволно за мелодијата на ’Исто-кот е црвен’ да може да биде слушната на еден голем звучник поставен веднаш до прекинувачот. По посетата на Инсти-тутот за контролно инженерство нè од-несоа во објектот каде што била изврше-на интеграцијата на елементите на сате-литот, а таму беа поставени и модели на првите два кинески сателити, ’Кина-1’ и ’Кина-2’, во реална големина. Оклопот на вториот сателит можеше да биде отстра-нет, што ни овозможи да ја погледнеме и внатрешноста на сателитот. Токму во вна-трешноаста можевме да забележиме хер-метички затворен контејнер со должина од 0,8 метри и ширина од 0,5 метри, по-ставен под притисок од 0,1 атмосфера...Еден од најзабележителните елементи на ’Кина-1’ и ’Кина-2’ беа т.н. диполи со раз-лична должина кои беа поставени во мали отвори околу „екваторот“ на сателитите, внатрешно поврзани меѓу себе во одре-ден вид мрежа. Единствениот заклучок кој можев да го извлечам е дека тие биле користени како некој вид транспордерски систем од Ц-појасот. Тој систем, заедно со двете видливи антени на трупот на сате-литот, доведоа до заклучок дека стану-ва збор за комуникациски тест-сателити,
Џикуан (Jiuquan), Таијуан (Taiyuan) и Ксичанг (Xichang).
1. ЏикуанОвој вселенски центар е лоциран во северо-западната провинција Гансу. Џикуан е прва-та база за изведување вселенски лан си-рања во Кина. Центарот е основан во 1958 година, а неговите димензии се огромни – тој има површина од околу 2.800 km2, а неговата вредност е во тоа што климатски-те услови дозволуваат лансирање на все-ленски објекти дури 300 денови годиш-но. Токму од оваа локација било изврше-но и лансирањето на првиот кинески веш-тачки сателит, а како особен успех се зема и успешното лансирање на „Големиот по-ход 2Ф“, односно ракетата која во капсула-та наречена „Шензоу-5“ го испратила први-от кинески астронаут во вселената, Јанг Ли-веи. На 15 октомври 2003 година, со овој потег Кина станала третата земја во све-тот која имала способност за самостојно испраќање луѓе во вселената.
2. ТаијуанЦентарот за лансирање на сателити „Таијуан“ е сместен во севернокинеската провинција Шанкси и од него од далечна-та 1968 година биле лансирани голем број сателити и носечки ракети. Овој центар, освен за кинеската вселенска програма, се користи и како лансирно место на објекти на комерцијални клиенти, а како пример
„Откако ја видов почетната фаза на истрелување на кабелската телевизија во подземниот комплекс, истрчав надвор и ја забележав прекрасната ракета како патува низ небото кон југоисток“.
ШЕн ЈИЕнАн, ракетен експерт за лансирањето на први-
от кинески сателит во орбитата
48
о минатиот број ги истакнавме предностите и недостатоци-те кои може да се појават од процесот на обединувањето
на командата помеѓу цивилната и воената компонента. Меѓу друго-то, стана јасно дека соочувањето со бунтовниците и со сите останати елементи кои се појавуваат при со-временото бунтовништво започну-ва со осознавањето на комплексна-та околина и бројните спротивставе-ни сили внатре во неа. Како што за-клучивме, тоа ги вклучува бунтовни-ците, засегнатото население и раз-ните противбунтовнички органи-зации. Разбирањето на сите пара-метри во оперативната средина и разбирањето на причините кои ги поттикнуват параметрите во опе-ративната средина се од суштинско значење за успешно интегрирање на цивилните и на воените компо-ненти во современите противбун-товнички операции (понатаму: ПБО). За да може да се разбере комплек-сноста на утврдената бунтовничка кауза и акциите кои произлегуваат од неа, и во согласност со тоа соо-дветно да се аплицираат логички-те линии на операции (за ова стана збор во претходните неколку брое-ви), идните лидери, од највисоко до најниско ниво (веќе рековме дека современите ПБО ја наметнуваат потребата дури и тактичките лиде-ри да размислуваат стратешки иако дејствуваат локално), мора да имаат
детаљно познавање на цивилните и на воените капацитети. Освен тоа, лидерите, кога се на те-рен, мора добро да ја разберат визијата и намерите на претпоста-вените при дизајнирањето на соо-дветните операции (за секоја од ло-гичките линии на операции, соодвет-но, како дел од целокупниот опера-тивен дизајн). Покрај намерата на претпоставените (која задолжително мора да се обработува со посебно внимание, не само да се препишува механички – што е многу чест случај при пропишувањето на оперативни-те наредби на пониските нивоа), за да се избегнат недоразбирања и не-потребни фрустрации кај извршите-
лите на теренот, неопходно е да постои целосно разбирање на она што се нарекува крајна цел (состојба, а доаѓа од терминот „mission – ope ra tion аndstate“). Претходната расправа својата оправ даност ја црпи од научените лекции од Авганистан. Имено, критките кои одеа на сметка на поранешниот командант на колициските сили (командант на две мисии: „ИСАФ“ и „Истрајна слобода“), генералот Стенли МекКристал, беа токму поради фактот што оперативните лидери не успеаја да ја разберат намерата на командантот во контекст на крајната цел. Прекорувањето на генералот МекКристал за рестриктивните (како што ги нарекуваа) правила на однесување, особено во делот околу употребата на смртоносна сила во процедурите на воспоставен контакт беа неоправдани бидејќи без нив немаше можност за трасирање на патот кон крајната цел и успехот. Иако во конвенционална смисла дилемата за тоа дека оперативните команданти оправдано се лутеа на рестриткивните правила на однесување е непобитна, разбирањето на промената на оперативната средина во услови на современо бунтовништво сепак не ги оправдува ваквите ставови. Впрочем, фактот дека современото бунтовништво својата енергија не ја црпи од безбедносниот секторупотребата на сила, туку
1. бЕз ДА СЕ РАзбЕРЕ КОНцЕПТОТ вРз КОј гИ гРАДАТ СвОИТЕ ДЕјСТвА, буНТОвНИ-цИТЕ МНОгу ТЕШКО бИ МОжЕЛЕ ДА бИДАТ СузбИЕНИ
2. КОНТРО-ЛАТА НА НАСИЛ-СТвОТО Е ОД ОСОбЕНО зНАчЕњЕ зА уСПЕШНО СПРОвЕДу-вАњЕ НА ПбО. СЕКОЕ ПРЕКу-МЕРНО НАСИЛСТвО Е вО ПОЛзА НА буНТОвНИ-цИТЕ
ПБО
ДОПОЛНИТЕЛНИ КОНСИДЕРАЦИИ–IV
од социјалната средина (социјалните про-блеми), ја прави секоја употреба на сила дис-кутабилна и, доколку не е правилно упра-вувана, претставува потенцијална опас-ност која може да влијае на крајната цел – стабилизација на системот (а не негово уништување доколку постои прекумерна употреба на сила).Имајќи ги предвид наведените аргументи, а знаејќи дека и основата на современите ПБО лежи во совладување на идејата на бунтовниците (коишто својата енергија ја црпат од сектор кој е многу повеќе цивил-но „обоен“ отколку безбедносно или вое-но), се јавува потреба од интеграција на во-ената и на цивилната компонента за успеш-ни ПБО. Со други зборови, интегрираните операции и активности се суштински за да ги победат идеологиите на востаниците. За-емното разбирање на целта на операцијата претставува обединувачка нишка за залож-бите во ПБО. Само преку заемно и интегри-рано разбирање лидерите за време на ПБО може да оформат акција – дејство кое про-мовира ефикасна соработка и координација помеѓу сите актери на теренот, вклучувајќи го тука и засегнатото население и локалните власти (се мисли на земјата-домаќин).Имајќи ја предвид важноста на интеграцијата на двете компоненти (цивилната и воената) во делот кој следи ќе се посветиме на основ-ните принципи кои мора да се запазат за да се обезбеди ефикасно интегрирање.Потоа ќе ги опишеме категориите на орга-низации кои вообичаено се вклучени. Во овој контекст ќе стане збор за задачите, за обврските и за механизмите кои се ко-ристат за успешна интегрирација на цивил-
зации (МВО доаѓа од: Intergovernmental organizations - IGOs);
– прилагодување на сопственото од не-су ва ње на политичките, на со цијал ни-те, на информативните и на економски-те програми (нешто што го заговараше Мек-Кристал, а во што потфрлија опера-тивните команди и штабови кои треба-ше да ја разберат намерата и соодветно да ги подготват лидерите на теренот. На тој начин ќе се избегнеше понатамошна фрустрација).
Интеграцијата на цивилните и на воените на-пори мора да се фокусира на поддршка на локалното население и на локалната влада (се мисли на земјата-домаќин, а во случај на внатрешни ПБО, на локалната самоуправа или на локалните лидери). Веќе заклучивме дека интегрирањето на овие сегменти мора да биде во насока на политичките, на опште-ствените и на економските програми. Овие програми во услови на современите ПБО се повредни од конвенционалните воени операции. Ова е особено важно ако се има предвид дека основната цел за време на со-времените ПБО е идентификација на причи-ните за конфликт и поткопување на бунтот преку одземање на неговата енергија. Со оглед на чувствителноста на материјата која треба да се регулира и со која треба да из-лезат на крај сите оние кои учествуваат во ПБО мора да знаат дека само интегрирани може да ги остварат крајните цели. Имајќи ја предвид природата на проблемот, како и дијапазонот на манифестација на совреме-ната форма на бунт, јасно е дека учесници-те во ПБО ќе доаѓаат од многу средини. Тоа вклучува припадници од армијата, диплома-ти, полиција, политичари, хуманитарни ра-ботници, изведувачи-приватни фирми, како и локални водачи. Сите тие мора да донесу-ваат одлуки за решавање на проблеми во сложена и екстремно предизвикувачка сре-дина. Контролирањето на нивото на насилство е клучен аспект на ПБО. Од практиката во Авганистан и во Ирак стана јасно дека ви-сокото ниво на насилство често им оди во прилог на бунтовниците. Со оглед на при-родата на совремниот бунт што е про-блем кој почива и се храни од социјалната средина-социјалните проблеми, каква било прекумерна употреба на насилство е погуб-на за оние кои изведуваат ПБО. Употреба-та на сила задолжително ќе иритира нова употреба на сила така што просторот за дипломатијата како инструмент на политич-ка моќ значително би се скратил.Факт е дека основната задача на војниците е да се борат против непријателот. Меѓутоа суштинска задача во ПБО за воените сили е да ги искористат своите способности и да ги задоволат основните потреби на локалното население. Дополнително, тоа треба да при-донесе кон враќање на населението на ак-тивна и на континуирана поддршка на но-воформираната власт – цивилна власт, што е од суштинско значење за да се отстрани кој било бунт од неговата моќ и привлеч-ност. Оттука, наместо непосредно офанзив-на улога, воените сили својата функција тре-ба да ја насочат кон заштита на население-то. Преку тоа не само што ќе се доближат до населението туку ќе создадат медиум на доверба кој е клучен за стекнување и за одржување на легитимитетот.
д-р Методи Хаџи-Јанев
49
ните и на воените активности. Сето ова треба да им овозможи на идните лидери успешно совладување на оваа материја и запознавање на основите на кои почива цивилно-воената интеграција.
ИНТЕГРАЦИЈА ПОМЕЃУ ЦИВИЛНАТА И ВОЕНАТА КОМПОНЕНТАВеќе заклучивме дека воените напори се по-требни и важни за успешно спроведување на современите ПБО (независно дали тие се одвиваат кон надвор, на туѓа територија или, пак, на сопствена територија). Меѓутоа, исто така, во претходните броеви заклу-чивме и дека воените напори во совремни-те ПБО ќе бидат ефикасни само ако се ин-тегрирани во една сеопфатна стратегија. Таа стратегија задолжително мора да ги вклучи сите инструменти од националната (државна-политичка) моќ. Ваквиот пристап треба да овозможи задоволување на по-требите на популацијата, пред сè на оној дел од населението кој е неутрален (кој најчесто и е најмногуброен). Употребата на сите ин-струменти на моќ соодветно, наместо при-мената на вооружените сили доминантно, за време на современите ПБО, главните на-пори задолжително (заради природата на инструментите на политичка-државна моќ, за што стана збор претходно), ги насочува врз населението. Фокусирањето врз насе-лението задолжително ќе го промени цело-купниот пристап на вооружените сили во со-времените ПБО. Наместо мерките за ефек-тивност да бидат бројот на неутрализирани бунтовници, ефективноста се мери преку бројот на интегрирани региони, преку про-центот на градење доверба кај населението
во напорите за време на ПБО, како и преку ефективноста на социјалните програми кои се преземаат за населението до нивото на легитимитет на силите кои изведуваат ПБО.Оттука, за да бидат успешни ПБО е потреб-но:– да се знаат улогата и капацитетите на соп-
ствените сили, меѓувладините тела вклу-чени во ПБО, како и капацитетите на коа-лициските партнери и на земјата-домаќин;
– за време на планирањето на ПБО задол-жително треба да бидат вклучени и дру-ги учесници (на пример, партнерите од земјата-домаќин), и тоа на секое ниво;
– при планирањето треба да се води смет-ка за поддршката на цивилните напори, вклучувајќи ги и оние на невладините ор-ганизации (НВО) и меѓувладини органи-
о капетанот Христијан Ѓоргов првпат се сретнавме во „Македон-ската куќа“, дел од комплексот „Ма-кедонски бисери“ на 2. Мпбр на АРМ во касарната „Јане Сандански” во
Штип. Средбата беше со повод – доби-ениот Медал за посебни заслуги на ли-банската армија, нешто што сигурно за-служува да се најде меѓу другите бисери во „Македонската соба“. Покрај ова ви-соко одликување од либанската армија за покажаните одлични резултати и унапредување на штабната работа во рамките на Здружениот оперативен цен-тар (JOC) на УНИФИЛ во Нагура, Либан, на капетанот Христијан Ѓорѓов од коман-дантот на УНИФИЛ му беше доделен и Медал на ООН за зачувување на мирот.Своето учеството во мисијата на ООН, УНИФИЛ, АРМ го започна со испраќање на еден штабен офицер во командата на УНИФИЛ во 2007 година, а капетанот Христијан Ѓорѓов должностите во рамки-те на оваа мисија ги извршуваше во пери-одот од мај 2009 година до ноември 2010 година. Доделените високи признанија на припадник на АРМ од страна на ООН се уште еден доказ за врвната обученост на припадниците на АРМ, како и за до-следната примена на стандардите и про-цедурите за извршување мировни мисии на ООН, но и потврда за рамноправното учество на АРМ во мисиите на ООН.Скромно, но сепак гордо, капетанот Ѓоргов ни раскажа за времето поминато во Либан како штабен офицер, а воедно и како воен претставник на Македонија во земјата на кедарот, како што уште го нарекуваат Либан. Тој беше во третата
50
ротација на македонски претставник за зачувување на мирот во мисијата УНИ-ФИЛ во далечниот Либан од мај 2009 до мај 2010 година. Во земјата во која Исус водата ја сторил вино, капетанот Ѓоргов поминал една незаборавна година, испол-нета со работа, со тензии, но и со незабо-равни моменти.Навистина е тешко да се разберат слу-чу вањата во Либан, особено поновите слу чувања. Географската положба на Ли-бан (тоа што го поврзува Средоземното Море со континентална Азија), е „вино-вна” за неговата космополитска и мулти-културна реалност денес.Каква е ситуацијата таму можеби најдобро ја отсликува еден жител на Ли-бан. Со него мајорот Симеон Митрев, то-гаш прв претставник во оваа мисија од Македонија, понекогаш пиел кафе во не-говата продавница недалеку од кампот. На негово барање да му каже нешто за историјата на Либан, ги собрал раменици-те и додал „I don’t know my friend… Јас овде живеам веќе 50 години и ништо не ми е јасно”.Во различни периоди од историјата, Либан бил под различна странска доминација: асирска, вавилонска, ерменска, персиска, грчка, римска, арапска и француска. Во 1978 година, како резултат на сè почести-те напади на Палестинците врз Израел, из-раелската армија го окупирала Јужен Ли-бан сè до реката Литани. Тој хаос во Ли-бан траел сè до 1990 година. Под прити-сок на меѓународната заедница, Израел од Јужен Либан се повлекол во 2000 го-дина, откако по вторпат го окупирал во 1982 година, а сириските трупи и поната-
Во земјата на кедарот
Високи признанија за мировникот Христијан Ѓоргов
1. ОД РАбОТАТА вО зДРужЕНИОТ ОПЕРАТИвЕН цЕНТАР НА уНИФИЛ (JOC)
2. „зА ПРИјАТЕЛИТЕ ИМЕТО МИ бЕШЕ МАКЕДОНЕц“
3. „ОСОбЕНО бЕШЕ ИНТЕРЕСНО НА НАТПРЕвАРОТ вО ФуДбАЛ МЕѓу ТуРцИјА И зАЕДНИчКАТА ЕКИПА НА ИТАЛИјА И МАКЕДОНИјА“
51
му останале во Либан. Како резул-тат на Цедар-револуцијата и прити-сокот од меѓународната заедница, сириските трупи комплетно се по-влекле во 2005 година. Но и после тоа Либан останал немирен. Накло-нетоста на поголемиот дел од мус-лиманското шиитско население кон Сирија, помалиот дел муслимани-Сунити и на христијаните кон запад-ниот свет, како и нападите на Хез-болах врз Израел, Либан сè уште го држат под голема тензија. После граѓанската војна, сè уште постои многу оружје помеѓу граѓаните, а Хезболах, поддржуван од Шиа-муслиманите и од жителите на Јужен Либан, сè уште кај себе има голем арсенал оружје, меѓу кое и ра-кетни системи. За жал, Либан и по-натаму останува заглавен во етнич-ката и секташка нетрпеливост, во несигурноста и нерешителноста на своите политичари, од една страна, и различното и силно надворешно влијание, од друга страна.Во такви услови една година живе-ел и работел капетанот Ѓоргов.„Не беше ни малку лесно, раскажу-ва тој. Ситуацијата таму, и покрај сите напори на УНИФИЛ, и натаму е тензична. Радува единствено тоа што либанскиот народ верува во мисијата, затоа и многу нè ценат”.Животот во Либан секој ден носи нови искушенија, но и убави мо-менти. Најважно е тоа што тој и во најтешките моменти знаел навре-ме да регира. Издвојуваме неколку
такви моменти: учеството во спа-сувачката акција при уривањето на авион од компанијата „Етиопи-ан аирлинес”, учеството во спасу-вачката мисија при потонување на брод од Уругвај каде што силите на УНИФИЛ спасија 41 лице, учесто-то во спасувачката акција на пото-нат брод од Украина кога УНИФИЛ спаси пет лица, како и други пома-ли акции каде што тој беше врска-та помеѓу либанската армија, си-лите на УНИФИЛ и Ситуациониот центар на ООН во Њујорк.Капетанот Ѓорѓов во најмалата (само 12,5 илјади квадратни кило-метри) и најнаселената меѓу 22-те арапски земји со близу 4 милиони жители, покрај редовните задачи
риод, вели тој. Кога бев на долж-ност, времето некако брзо минува-ше, но во слободното време беше тешко. Можев да одам каде сакам, но најчесто останував во кампот бидејќи всушност не знаев ни каде да одам. Речиси секој ден се слу-шав и се гледав со ќерката преку ‘скајп‘, но секако дека ми недости-гаше домот и семејството”.„Како штабен офицер, се сеќава Ѓоргов, честопати бев и во улога на дипломат и национален прет-ставник на Македонија. Интерес-но е тоа што официјалните по-кани за учество на одделни на-стани секогаш беа адресирани до националниот претставник на Македонија. Националниот прет-ставник на Грција во Либан од Ко-мандата на УНИФИЛ побара да ми се обраќаат со ФИРОМ. Тогаш ин-дискиот генерал, инаку заменик на командантот на УНИФИЛ, генерал-мајорот Клаудио Грациано, му од-говори дека тој не сака да се меша во билатералните односи на двете земји и дека мисијата на УНИФИЛ е зачувување на мирот во Либан. ‘Ако некој ми рече да ги тргнам ознаките од мојата униформа, ре-кол индискиот генерал, тогаш знам како да постапам’. Оттогаш ниту за момент не ги тргнав ознаките од мојата униформа. Дури, по на-вика, секое утро пред да одам на должност, пред огледало проверу-вав дали сите македонски ознаки на униформата се на место”.Во Здружената оперативна ко-манда на УНИФИЛ на капетанот Христијан Ѓоргов не му се обраќале по име бидејќи сите го викале Ма-цедониан, всушност, неговото име било Македонец. „Во една прили-ка, вели Ѓоргов, заменик-шефот на Здружената оперативна коман-да дури ми понуди и македонско-то знаме да го стават крај герман-ското, од почит кон нашата земја”. Сега во неговата канцеларија се наоѓа либанското знаме со потпис од шефот на либанските врски со УНИФИЛ. На знамето пишува „За мојот најдобар пријател”.Таквите пријателства, велат, траат засекогаш.
В. Д.
како штабен офицер во Командата на УНИФИЛ, одржувал брифинзи од доменот на работата на Здруже-ниот оперативен центар, а изведу-вал и обука за штабни офицери во командите на секторите при секоја ротација на контингентите.„За време на едногодишната мисија во УНИФИЛ научив многу за регионот во којшто дојдов пред една година со скромни знаења, вели Ѓоргов, научив многу за не-говата историја и за причините за-ради кои Блискиот Исток го носи несреќниот епитет: безбедносно најосетлив во светот”. Во неговото сеќавање останале и убави моменти од земјата на кеда-рот, особено дружењето со штаб-ните офицери од триесетина дру-ги земји во мисијата УНИФИЛ и почитувањето на обичниот либан-ски човек.„Мисијата на УНИФИЛ, истакнува Ѓоргов, е да се биде меѓу народот. Имавме сопствени возила со UN-ознаки кои самите ги возевме. Каде и да бевме, народот не прифаќаше како свои, како луѓе кои дошле да им помогнат. Затоа не се плашев да паркирам каде било, или, пак, дека некој ќе ми го изгребе возило-то. Претставниците на UN во Либан имаат висок углед”.Капетанот Ѓоргов инаку е оже-нет, а за време на престојот во Ли-бан нивната ќерка имала неполни шест години. „Да се помине една година во друга земја е долг пе-
52
КОМПЈУТЕРСКИ ИГРИ – ПОДГОТВЕНИ ЗА НОВИ ПОБЕДИИМА
ЛИ П
ИЛО
Т ВО
АВИ
ОНО
Т?
КОМПЈУТЕРСКИ ИГРИ – ПОДГОТВЕНИ ЗА НОВИ ПОБЕДИ
ИНОвАцИјА И ПРОбИв вО НОвИТЕ ТЕхНОЛОгИИ. ТОА бЕШЕ ИДЕјАТА КОјА НЕКОЛКу ДЕКАДИ јА вОДЕШЕ ИНДуСТРИјАТА зА ПРОИзвОДСТвО НА КОМПјуТЕРСКИ ИгРИ, СО ПРОФИТ КОј САМО вО САД НАДМИНувА ДЕСЕТ бИЛИОНИ ДОЛАРИ гОДИШНО, ШТО вО гОЛЕМА МЕРА СЕ ЕТАбЛИРАШЕ КАКО ЕДНА ОД НАјРАзвИЕНИТЕ И НАјШИРОКО РАСПРОСТРАНЕТИ ИНДуСТРИИ НА гЛОбАЛНАТА СцЕНА. НО ШТО НАвИСТИНА СЕ СЛучувА ДЕНЕС? ДАЛИ ПРОИзвОДСТвОТО НА КОМПјуТЕРСКИ ИгРИ „ТАПКА вО МЕСТО“ И КОИ СЕ МОжНИТЕ ПРАвцИ НА РАзвОј НА „ДОМАШНАТА СЕМЕјНА зАбАвА“, цЕЛОСНО ИНТЕгРИРАНА вО ТОА ШТО НИЕ ДЕНЕС гО зНАЕМЕ КАКО „pC GAME“? ДАЛИ СЕ НАОѓАМЕ вО РЕАЛНОСТ вО КОјА НЕМА ДА ДОжИвЕЕМЕ РЕвОЛуцИјА КАКО ОНАА КОјА вО ПОСЛЕДНАТА ДЕКАДА НА МИНАТИОТ вЕК бЕШЕ ПРЕДвОДЕНА ОД гИгАНТСКИТЕ „STARCRAFT“, „WORLD OF WARCRAFT“, „RED ALERT“, „QUAkE“...?
53
дговорот на поставените прашања барем во првиот дел може со си-гурност да се детерминира. Први-от и основен елемент кој мора да
се истакне е дека се наоѓаме во период кога на светската сцена „колачот“ од про-дажбата на игрите се дели помеѓу два сил-ни субјекта, компјутерските игри, кои ја започнаа револуцијата на тој вид забава и нивниот „помал брат“, односно игрите наменети за конзолите како Playstation, Nintendo, Xbox360 и сл. Токму во една таква отворена конкурент-ска битка, резултатот, за жал, ниту од да-леку не е наклонет кон компјутерските производи во оваа област, и тоа пора-ди неколку клучни елементи во кои мо-жат да бидат детерминирани основни-те слабости. Тука предводи т.н. „недоста-ток од стандардизација“ кој создава кон-тинуиран расчекор помеѓу потребната и поседуваната хардверска конфигурација. Имено, технологијата се менува од секун-да во секунда, што пластично значи дека компјутерската конфигурација набавена на почетокот на годината, веќе на првата по-ловина на истата година не може да го при-каже на екранот целосниот потенцијал на еден гејмерски производ. Впрочем, во тој контекст, поновите изданија на поголемиот дел од FPS-симулациите се лимитирани, не од самите себе, туку од моќта на GPU, од-носно графичката единица. „Ножот со две острици“ се гледа во големите побарувања кои, всушност, се моторот на технолошки-от напредок, додека малите хардверски побарувања во голема мера ја зголемува-ат и омасовуваат публиката. Одговорот за оваа ситуација не е лесно да се најде, но најверојатно повторно ќе се детектира во зборот „баланс“, односно средно високи хардверски побарувања кои овозможува-ат задоволителен ефект, но и способност за многу повеќе. Од друга страна, токму стандардизацијата е главниот адут на кон-золските игри. Нераскинливо врзан факт со стан дар ди за-цијата е тоа дека и денес во светски рамки постојат безброј компјутери кои се застаре-ни до таа мера што практично се неупотре-бливи – елемент кој драстично го намалу-ва пазарот за нови и високософистицира-ни софтверски парчиња. Дополнителен ограничувачки фактор е и распространетоста на пиратеријата, ко ја се риозно го разнишува пазарот на ком пју-тер ските игри, каде особено и се застапе-ни. На ова поле во последно време се пра-ват одредени напори (главно преку потре-бата од активна интернет-врска со страни-цата на производителот која го верифику-ва кодот на легално купената компјутерска игра), но сето тоа е само почеток – главна-та битка не е ниту видлива на хоризонтот.
ОДГОВОР ЗА ПРОБЛЕМИТЕПравците во кои може да се движи развојот, што всушност е наша основна тема во овој број на магазинот, се многубројни. И не само тоа, самата помисла на тоа дека ид-нината тежнее кон целосен реализам и со-сема поинаква интеракција, игра-гејмер, ве-тува непрекинато задоволство и целосно уживање. Правецот кон којшто оваа индустрија едно-ставно мора да се движи за да преживее, би рекле дека нема алтернатива – таа мора да се развива во секој нејзин елемент: при-казната која е двигател на дејството, гра-
фичкиот приказ на дејството и вашата уло-га во него, како и техниката и технологијата која се користи. Дали тоа значи целосно отфрлање и заборавање на етаблираните начини на игра и воспоставување радикал-ни промени? Секако, бидејќи само на тој на-чин ќе успееме да го задржиме внимание-то врз овој тип производи. Фактите говорат дека не е потребно само мало „шминкање“ на елементите кои се набројани, туку нивно целосно преработување, односно суштин-ско менување од корен. Дводимензионал-ниот 17-инчен екран мора да биде заменет со нешто ново и неверојатно, кликот на глув-чето мора да стане само допир на екранот, а гејмерот мора да биде целосно внесен во играта. Потребно е само малку имагинација за да се видат бескрајните потенцијали и правци кои можат да бидат реалност.
ПРОМЕНИ КАЈ ДВИГАТЕЛИТЕЗборувајќи за RTS и FPS-симулациите, една карактеристика која стана очигледна е дека приказната која е основа на севкупното ваше дејствување (од кое зависи и финал-ното задоволство) не покажува голем на-предок. Интересно е што дури и поставе-носта на играта (добропознатиот редослед watch-play-watch) може да се забележи кај 90% од игрите, независно од жанрот. Тоа е нешто што апсолутно мора да се мену-ва! Некои компјутерски аналитичари укажу-ваат и на малата (јас би рекол непостоечка) интеракција на гејмерот со исходот од сине-матските видеа, што исто така создава еден мејнстрим во доживувањето на играта кој се граничи со безживотност и неинвентивност. Кој би бил нашиот одговор? Напредок мора да се направи во однос на контролирањето на приказната во моментите кога вие всуш-
54
ност не играте. На тој начин од една при-казна можат да се креираат безброј прав-ци кои многупати го мултиплицираат ни-вото на задоволство, но и времетраењето на играњето. Гледајќи од аспект на „седма-та уметност“ – филмовите и начинот на кој тие постојано се обидуваат да ни претста-ват „out of the box“ идеи и заплети, би тре-бало да се запрашаме зошто тоа не би мо-жело да се инкорпорира и во приказната наменета за компјутерските игри.Графиката која можеме да ја забележиме на нашите мали дводимензионални екра-ни е приказна сама по себе. Иако можеме да констатираме дека таа влегува во фа-зата на т.н. фотореализам (нешто за што подетаљно пишувавме во минатиот број), што укажува на тоа дека она што го гледа-ме на екранот навистина воодушевува, се-
пак таа е само слика и ништо повеќе! На-предокот на краток рок може да се детек-тира само во воведувањето на тридимен-зионалната слика, технологија која во мо-ментов на пазарот се шири со брзина на светлината. Истовремено, како и досега, и во иднина мора континуирано да се рабо-ти на унапредување на интеракцијата на гејмерот со околината во рамките на посто-ечката технологија и нејзините лимитирани и добропознати граници.
АКТИвИРАњЕ НА СИТЕ СЕТИЛАВистинскиот развој, експлозијата која ќе биде спасителот на компјутерските игри во наредниот век може да се достигне преку драстичен напредок во технологијата, сфа-тен како „пронаоѓање на транзисторот на XXI век“. Да, да токму пронајдоци од таа маг-нитуда можат да oвозможат континуирано
постоење на компјутереските игри, и тоа на цврста основа. Прашањето е, што е тоа што може да ја започ-не гејмерската револуција. Една се-опфатна анализа со која целосно се согласувам, го спомена концеп-тот на активирање на петте сетила, вид, слух, допир, мирис и вкус. Де-нес, при играњето активираме само две или (во мал број случаи) три се-тила – вид и слух и, некогаш, до-пир ( т.н. „ForceFeedback“). Кога ста-нува збор за видот, како што напо-менавме, напорите на компании-те од оваа област одат во правец на произведување на тридимензи-онални компјутерски игри кои би ја ползувале новата 3-D технологија. Инкорпроирањето на другите два елемента би требало да биде им-ператив за индустријата. Замисле-те, наместо едноставен звук (кој, во последно време станува сè пореа-листичен), кон нас да се насочува комплексен звучен бран кој освен тоа што можете да го слушнете, мо-жете и да го почувствувате. Тоа не-сомнено би го зголемило чувството дека се наоѓате среде бојно поле, а тоа е основната цел на играњето. Вклучувањето на останатите две сетила, вкусот и мирисот, носат различни размислувања – од це-лосно отфрлање на овој концепт бидејќи игрите се креирани за заба-ва, до негово прифаќање, бидејќи го зголемува чувството за реали-зам. Навистина внимателно треба да се разгледа оваа можност. До-колку како пример земеме одреде-на FPS-симулација, не би можеле да кажеме дека некој би сакал да го по-чувствува непријатниот мирис на бојното поле, зарем не?
ПРОМЕНА НА КОМАНДИТЕ ЗА ВНЕСУВАЊЕТрадиционалните уреди за вне су-ва ње веќе ни од далеку не се ви-сокотехнолошки пронајдоци. Таста-турата и глувчето, барем кога ста-нува збор за игрите, мораат да би-дат препушени на минатото. Тие во голема мера го одземаат чувство-то на реализам, а како еден вид олеснување е и фактот дека за нив постои адекватна замена. Впро-чем, менувањето на традиционал-ните уреди може да се изврши на два начини – со внесувањето на екранот на допир, технологија која сè пошироко е распространета и добро прифатена од потрошува-чите, и со развој на гласовните ко-манди. Иако гледано од аспект на развојниот стадиум на двете оп-ции екраните на допир може да се најсоодветната и најбезболна заме-на за застарените типки, достојна замена на која сепак им треба обе-мна доработка се и гласновните ко-манди (интегрирани во маестрална-та „Endwar“), кои засега можат да се опишат како „одлична замисла со лош завршеток“.
ХАРДВЕРСКА РЕВОЛУЦИЈАСветот многу брзо влезе во ком пју-терската ера. Беа потребни непол-
ски периоди и улоги – сè што еден гејмер отсекогаш го посакувал, или, поедноставно кажано, „послужена“ му е неговата утопија. Иако развојот на споменатата техно логија не е ниту во нејзината сериозна почетна фаза (сепак има одредени напори за започнување на истражувањето во оваа област), фактите говорат дека следната еволуција едноставно мора да оди во насока на развојот на т.н. холодек. Одговорот, зошто е тоа така, е многу едноставен – затоа што тоа е потребно на самата индустрија,
затоа што тоа ни е потребно и нам, а во крајна мера затоа што ние тоа го сакаме и го очекуваме. Впрочем, истата таа технологија која ние можеме да ја користиме за забава и релаксација (исто како што во повеќе наврати тоа е потенцирано и во самата научнофантастична серија) може да најде своја практична примена и во развојот на медицината и на науката, а нејзината употреба може да биде екстензивна и во однос на тренирањето и извежбувањето на армиските единици. Интересно е да се напомене дека и денес се одвојуваат значителни средства за развој на еден вид реалистично претставување на бојното поле за континуиран развој на вештините и способностите на армиите и на нивните припадници.Кога станува збор за холодекот и за ефектите кои ги предизвикува неговото постоење, оваа анализа би била нецелосна доколку се испушти и неговото можно злоупотребување. Мислењата поврзани со компјутерските игри одат во насока на тоа дека тие ги зголемуваат насилните тенденции кај младите луѓе. Со доближувањето на фикцијата на компјутерските игри до реалноста во која живееме, токму грижите за поттикнување на насилството меѓу луѓето ќе станат основната тема за размислување. Непостоечките разлики во доживувањата на што сега како идеја го нарекуваме холодек и секојдневието во кое живееме, може да доведат до губење на чувството за реалност што, гледано во глобални рамки, може да биде предвесник на една неизвесна и хаотична иднина.
ANY FINAL WORDS?Сепак не е сè толку мрачно како што изгледа. Констатацијата дека развојот на технологијата драстично го промени начинот на кој живееме и функционираме е точна, но начинот на којшто живееме е изменет на подобро. Го достигнавме и она што изгледаше невозможно, па дури и го надминавме, го подобривме нашиот живот, и токму затоа не треба да имаме ниту трошка сомнеж дека развојот на технологијата (и начинот на забавување преку компјутерските игри) ќе еволуира во вистински правец.
Иван Петрушевски
ни педесетина години за да дојдеме во период во кој без фамозните „метални кутии“ ние не би можеле да преживееме. Земајќи го предвид степенот на подобрување на компјутерксата моќност, пред видувањата за следните педесетина години одат во правец дека нашите „синтетички придружници“ би можеле да имаат над 10.000 MHz! Гледано во целина, тоа ни дава поголем простор во предвидувањата за тоа какви би биле компјутерските игри кои работат на такви конфигурации (секако, имајќи го предвид тоа што го споменавме погоре – и денес игрите се лимитирани само и единствено од моќта на графичката единица). Можеби идните биокола или
молекуларни кола ќе ни овозможат фикцијата која ја претставува екранот и кога ќе ја извадиме пред нас таа ќе има боја, мирис, вкус...Сето ова во голема мера можеме да го видиме и денеска, но само во научнофантастичните филмови и серијали, како во добропознатиот „Star Trek“, каде главната форма на забава е т.н. „holodeck“. Ако размислиме подобро, токму холодекот ја има истата функција како и компјутерските игри денес (секако во една рудиментирана форма како негови далечни предци). Што сè ни се нуди? Би рекол, безграничен сет од можности, идеи, времен
55
со израелската војска и поради тоа бил егзекутиран како предавник. Во негови-те очи татко му е слаб човек кој дозво-лил да биде искористен. Затоа тој сме-та дека ако стане бомбаш-самоубиец ќе биде херој кај неговиот народ и ќе дока-же дека не е како неговиот татко, дека има голема храброст и силна волја. Низ филмот е испреплетена и љубовната приказна на Саид со ќерката на убиениот Абу Азим, убавата Суха Азим. Откако го открива нивниот план, таа се обидува да ги разубеди. Додека двајцата пријатели, раздвоени еден од друг, се обидуваат да се најдат повторно, благодарение на Суха Азим тие сè повеќе се сомневаат во исправноста на сопствените одлуки и да се прашуваат дали навистина ваквиот начин на борба е правилен. “Оваа војна мора да биде морална војна. Со самоу-биствените напади се убиваат и шанси-те да се стигне до мир“, вели таа. Суха најдобро знае што значи оваа војна, бидејќи таа го жртвува нејзиниот татко. Сепак кај неа не постои омраза како кај другите ликови, ниту, пак, желба за од-мазда. Во целиот хаос таа ги потисну-ва емоциите и му дозволува на разумот да исплива. Таа знае дека рајот не тре-ба да биде мисла во нечија глава, ниту, пак, верба во некое место до кое се стиг-нува по смртта, туку треба да се бориме рајот да биде овде и сега, на земјата во која живееме и со луѓето со кои ја дели-ме. Оние кои си го одземаат животот не размислуваат за блиските кои ги остава-ат зад себе и што ќе се случи понатаму
56
естопати вестите од светот на теле-визиските програми започнуваат со известување за уште еден самоуби-ствен бомбашки напад кој се случил некаде во светот (многу од нив се
во турбулентниот Блиски Исток). Филмот „Рај, сега“ се обидува да ја запознае пу-бликата со онаа страна на ваквите наста-ни која отсуствува од вечерните вести. Во него се опишани последните 24 часа од животот на двајца бомбаши – самоубијци, мотивите кои ги донеле на тој пат и под-готовките за нивната мисија. Иако фил-мот прикажува бомбашки напад во Изра-ел, тој не е нималку поинаков од ваквите напади кои се случуваат и во другите де-лови на светот, па дури и од оние кои се случија и во европските метрополи. ЗАЕДНО ВО ЖИВОТОТ, ЗАЕДНО ВО СМРТТАСаид и Калеб се двајца другари чие пријателство потекнува уште од времето кога биле деца. Двајцата работат во ав-томеханичарска работилница во градот Наблус која се наоѓа во срцето на Запад-ниот Брег, територија која децении нана-зад била причина за конфликтите помеѓу Палестинците, Израелците и Јорданците. Овие момчиња оставаат впечаток на двајца другари во нивните дваесетти го-дини кои, како и сите други момчиња на таа возраст не се ниту религиозни ниту, пак, посебно политички заинтересирани. Оттаму доаѓа и изненадувањето кога се разоткрива дека тие всушност се добро-волци на списокот на радикалните исла-мистички движења. Откако се шири ве-ста дека Абу Азим, човекот кој важи за херој меѓу палестинскиот народ, е ег-зекутиран, двајцата пријатели се регру-тирани да ја одмаздат неговата смрт со предизвикување самоубиствени експло-зии во израелскиот главен град Тел Авив. Нивното барање е едноставно: кога ќе дојде време, тие да умрат заедно. Преку подготовките во базата, филмот креира слика за сите ритуали кои се дел од вак-вите мисии, а кои јавноста не ги знае, дел кој изостанува во телевизиските прило-зи и во исечоците од весниците. Но пла-нот во еден момент тргнува наопаку. На самата граница со Израел, само некол-ку секунди пред да ја преминат, двајцата пријатели, од израелско воено возило, се откриени со експлозиви залепени за нив-ните тела. Во хаосот, додека бегаат, за да
КОГА ПАТОТ ДО РАЈОТ Е КРВАВ ПАТ НИЗ ПЕКОЛОТ
„РАЈ, СЕГА“
не бидат фатени, Саид и Калеб се разде-луваат. Калеб е вратен во базата, а Саид се обидува да стигне до градот. Носејќи го експлозивот под својата кошула, тој прет-ставува опасност за израелската полиција која се обидува да го најде, за палестин-ските борци кои стравуваат дека можеби е заробен и ги издал и за сите околу него бидејќи експлозивот може да се активира секој момент. БОРБАТА НАСПРОТИ ОДМАЗДАТАКако што се разврзува приказната, се рас-ветлуваат и вистинските мотиви поради кои двете момчиња се одлучиле на ва-ков екстремен чекор. За Саид тоа е това-рот кој му го наметнува името на неговиот татко. Саид е син на човек кој соработувал
Режија:Hany Abu-Assad Сценарио: Hany Abu-Assad, Bero BeyerУлоги: Lubna Azabal, Hamza Abu-Aiaash, Kais Nashif, Lotuf Neusser
Монтажа: Sander VosГодина: 2005, ХоландијаНагради: „Златен глобус“ за најдобар странски филм, номинација за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, номиниран за „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал, награда за најдобар филм од Amnesty International.
со нив. А на крајот, тие се оние кои најмногу губат од војната.На крајот Калеб се вразумува и се враќа во Нублус, а вината која ја чув-ствува Саид поради неговиот тат-ко не му дозволува да се врати. И покрај сомневањата тој одлучува да оди до крај и да ја заврши мисијата. Неговиот живот, но и животите на неколкумина израелски војници, завршуваат во еден автобус во Тел Авив. Овој филм е илустрација за тоа колку една долгогодишна војна може да биде разорна за две-те страни и со себе да однесе мно-гу човечки животи. Посебно успеш-на во овој филм е неутралноста во креирањето на главните ликови кои
не се портретирани како херои, но не се ни терористи.
КОНТРОВЕРЗИИТЕ ЗАД ФИЛМОТ„Рај, сега“ е уште попривлечен за гледање ако се знае фактот дека просториите во кои главните лико-ви, Саид и Калеб, ги снимаат со ка-мера прошталните пораки до нив-ните семејства, се всушност просто-риите каде што вистински бомбаши навистина снимале такви пораки во реалниот живот. За да бидат поав-тентични овие сцени, како текст на пораката која ја читаат ликовите е искористена оригинална проштал-на порака од еден бомбаш - само-
литичко прашање кое лесно може да побуди нечии емоции. Иако изра-елскиот филмски фонд учествува во финансирањето на филмот, некои од кината во оваа земја одбиле да го прикажуваат. Сепак, филмот е пози-тивен чекор напред во меѓусебните односи на Израелците и Палестин-ците токму поради мешаната еки-па. „Ние сме уметници и имаме само една религија - уметноста, затоа и не познаваме граници. Живееме на едно место и мораме да научиме да го делиме, да работиме заедно и да живееме во мир“, вели Амир Харел, продуцент на филмот со израелско-еврејско потекло во едно негово интервју. За некои овој филм не е воопшто интересен бидејќи го прикажува нивното секојдневие. За сите оста-нати, „Рај сега“ дава една нова пер-спектива за настаните кои ги про-следуваме само како едноминутна вест на малите екрани во вечерни-те термини и пренесува една мно-гу моќна порака. Еден човек не тре-ба да се гордее со тоа што ќе оства-ри единство во смртта, туку треба да се бори за единство во животот. Самоубиството не е решение и тре-ба да се изнајдат други морални на-чини за решавање на конфликтите затоа што војната не е средство за остварување мир.
Елена Ѓорѓиевска
убиец. За време на снимањето на филмот, во непосредна близина на локациите каде што биле филмските сетови имало жестоки немири и отворен оган и поради тоа неколкумина членови на екипата го напуштиле снимањето и заминале дома.Плановите на продуцентските студија кои го снимале филмот “Рај сега“ биле тој да биде промовиран кон средината на 2005 година, но тогаш се случи неочекуван настан кој го одложил планираниот распоред. На 7 јули истата година, четворица бомбашисамоубијци кои биле на специјализација на медицина во Англија се разнесоа на различни локации во лондонското метро и убија шеесетина луѓе. Настанот го потресе целиот свет и прикажувањето на филм со ваква чувствителна тематика морало да биде поместено за неколку месеци подоцна. Сепак, иако филмот подоцна бил прикажан пред публиката, тој не успеа да ги избегне контроверзиите. Филмот беше номиниран за Оскар, иако неколку години претходно три израелски семејства на починати деца во сличен напад побарале од Академијата филм со ваква тематика никогаш да не влезе во конкуренција. Проблем за Академијата било и именувањето на земјата на потекло, односно да ли филмот е од Палестина или од палестинска територија, со оглед на тоа дека се работи за чувствително по
57
Оваа рубрика ја посветуваме на ВОЈНИКОТ – ЧОВЕКОТ кој е прв на удар на виорот наречен војна – ЧОВЕКОТ кој е високо мотивиран да ја брани своината, татковината и идеите – ЧОВЕКОТ кој е физички и психички подготвен на највисоко ниво – ЧОВЕКОТ кој оставил дел од својата душа дома кај своето семејство – ЧОВЕКОТ кој, на крај, сепак, е само ЧОВЕК.И затоа тој е инспирација за многу уметнички филмски дела кои оставиле силен впечаток на неутралната широка публика, ја разбранувале нашата закоравена емотивност и ни покажале колку сурова е всушност војната и како таа делува на луѓето.Во следните броеви на ШТИТ ќе се осврнеме на некои од тие филмови без некоја посебна амбиција да бидеме филмски критичари. Сакаме само да ви пренесеме дел од нашите чувства, да ви покажеме дека една војничка, човечка судбина може да ги промени нашите ставови за вредностите во животот, а посебно да истакнеме колку тој тежок, исполнет со труд, кал и пот војнички живот е достоен за ПОЧИТ.
Наслов на оригиналот:
Barry BuzanpEOpLE, STATES AND FEARThe National Security problem in International Relations
бери бузанЛуѓЕ, ДРжАвИ И СТРАвПроблемот со националната безбедност во меѓународните односи
Издавач: АКАДЕМСКИ ПЕчАТ – Скопје 2010
нигата „ЛУЃЕ, ДРЖАВИ И СТРАВ – Проблемот со националната без-бедност во меѓународните одно-си“ од Бери Бузан од Катедра-та за меѓународни студии на Уни-
верзитетот „Ворвик“ е дел од програма-та на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни, научни кни-ги и учебници од коишто се учи на врвни-те, најдобрите и најреномираните универ-зитети во САД и во земјите од Европска-та унија.Авторот на книгата, Бери Бузан, е профе-сор по Меѓународни односи на Лондонска-та школа за економија и политички науки и вонреден професор на Универзитетот во Копенхаген. Од 2004 година тој е уредник на „Европскиот журнал за меѓународни од-носи“. Бил избран за соработник на Бри-танската академија, а од 2001 година е из-бран за академик на Асоцијацијата за оп-штества кои учат во општествените науки.Главните расправи во оваа книга се за тоа дека човек мора да го разбере кон-цептот на безбедноста за да има вистин-ско разбирање за проблемот со национал-ната безбедност и дека во неговата упо-треба преовладува концептот што е толку слабо развиен така што е неадекватен за задачата. Авторот на книгата се стреми да демонстрира дека еден недоразвиен кон-цепт за безбедноста содржи во себе тол-кава значителна бариера кон прогрес, што може да се смета како дел од самиот про-блем. Спротивно на тоа се обидува да по-каже како поцелосно развиен и проширен концепт може да доведе до конструктивно редефинирање на проблемот.Инаку безбедноста не е единствениот кон-цепт преку кој може да му се пристапи на проблемот со националната безбедност. Поголемиот дел од литературата во кој се претставуваат анализи или прескрипции е базирана врз концептите на моќ и мир. Тие што го поддржуваат пристапот преку моќ го деривираат своето размислување од традиционалната Реалистичка школа за интернационалните односи поставена од Е.Х.Кар и од Ханс Моргентау. Тие, пак, што го фаворизираат пристапот преку мир се асоцираат со идеалистичката школа.Овие два пристапи со векови доминира-ат во размислувањето околу проблемот со националната безбедност, доведувајќи до поларизации и конфликти. Во таквата дебата концептот на безбедност како да игра споредна улога. Тенденција во него да гледаме дериват на моќта, во смисла дека лицето со доволна моќ да стигне до
доминантна позиција ќе ја бара безбедно-ста како резултат или како последица на мирот, во контекст на она дека трајниот мир ќе обезбеди безбедност за сите.Спорејќи со ваквите концепти и мноштво-то нивни аспекти, во книгата се заклучу-ва дека безбедноста е покорисна кога на неа се гледа како на придружник, наместо како на дериват на моќта и дека безбедно-ста е покорисна кога се гледа како првен-ствен услов за мир наместо како последи-ца од него.Иако темата во оваа книга е безбедноста, читателот ќе открие дека она што следува не е организирано околу конвенционални-те категории на стратегиските студии. Те-мите, како што се: заплашување, контрола на оружјето и разоружување, управување со кризи, алијанси, воена технологија, стратегија, трка во вооружување и совре-мени национални безбедносни проблеми и политики, играат своја улога, но истите не го сочинуваат главниот фокус. Наме-сто тоа истражувањето во книгата е кон-центрирано кон две прашања: Кој е рефе-рентниот објект на безбедноста и кои се потребните услови за безбедноста. Јасно е дека безбедноста како концепт бара референтен објект бидејќи без одго-вор на прашањето, „безбедност на што“, не се решаваат проблемите. Не само што државата е аморфен, повеќестран, колек-тивен објект во кој безбедноста може да се примени на повеќе различни начини, има многу држави, а безбедноста на една не може да се дискутира без споменување на другите држави. Потрагата по рефе-рентен објект на безбедноста оди рака под рака со таа за потребните услови, спој што станува сé поцврст како што откри-ваме дека безбедноста има повеќе рефе-рентни објекти. Овие објекти на безбедно-ста се множат не само со зголемувањето на општествата во државите, туку и како ја разгледуваме државата на ниво на по-единци па и понатаму, сé до нивото на интернационалниот систем како цели-на. Бидејќи сигурноста на еден референ-тен објект или ниво не може да се постиг-не со изолација од другите, која било без-бедност делумно станува услов за безбед-носта на сите.Првото поглавје од книгата започну-ва со поглед кон поединецот/индивидуа-та и безбедноста, согледувајќи до кој сте-пен поединците се основниот референ-тен објект на безбедноста и како оддел-ната безбедност е поврзана со државата. Второто поглавје го следи овој принцип,
со конценрирање кон природата на државата како објект на безбедност. Се прави екстензивно истражување во различните компоненти на државата до кои бебедноста може да се примени, а се донесуваат заклучоци за ограничувањата на концептот на национална безбедност. Овие две поглавја ја покажуваат контрадикторноста меѓу поединечната и националната безбедност. Третото поглавје ги поврзува државата и системот во испитување на заканите и на ранливоста кои ја дефинираат националната небезбедност. Овде се открива дел од безбедноста како проблем на политиката во нерешливата нејасност на заканите. Четвртото и петтото поглав је се осврнуваат на структурата на меѓународниот систем и на природата на меѓународниот систем. Политичките и економските структури се испитувани во контекст на проблемот со националната безбедност, а самиот систем е адресиран како објект на безбедноста. Нагласувањето на овие две поглавја се систематските услови за национална безбедност. Шесто-то и седмото поглавје се концентрираат на динамиката на безбедносните интеракции меѓу државите и контрадикциите што се продуцираат меѓу националната и меѓународната безбедност. Се истражуваат две дилеми: одбранбената дилема, која потекнува од контрадикцијата помеѓу одбраната и безбедноста и дилемата за моќта и безбедноста која е генерирана и од тензијата меѓу „статус кво“ и ревизионистичките лица, и од неуморниот напредок во воената технологија. Осмото поглавје ги аргументира сите нивоа заедно, во контекст на креирање политика за национална безбедност и упатува на контрадикцииите меѓу крајната цел и начините. Се истражуваат логичните, перцептуалните и политичките проблеми со кои се соочуваат креирачите на политиката за национална безбедност, а домашниот политички процес е идентификуван како независен фактор во проблемот со националната безбедност. Деветтото поглавје носи заклучоци околу одделувањето на посебната, националната и интернационалната безбедност како пристап на проблемот ги истражува слабостите на политичките прескрипции и отцртува похолистички концепт, спорејќи дека служи не само како пристап за поздрав на политиката, туку и како главен интегрирачки концепт во полето на меѓународните односи.
м-р Јулијана Стојанова
58
Уба
ви
ни
те н
а М
акед
они
ја
о непосредна близина на градот Штип, помеѓу реките Брегалница и Отиња, високо на карпестиот рид на градот се наоѓа тврдината Исар
која се претпоставува дека потекнува од средновековјето. Ѕидовите на оваа тврди-на се делумно зачувани, на некои места се високи и до 18 метри, и на нив јасно се гле-даат белезите од одбранбените кули. По-стои легенда дека тврдината била поврза-на со подземен ходник со коритото на ре-ката Брегалница, што подоцна се покажа-ло како точно. На сите четири страни биле изградени цркви. Најстарата од нив, посве-тена на Архангел Михаил, била изградена 1332 година. Втората црква била ѕидана во 1341 година на местото на денешна-та соборна црква посветена на св. Нико-ла. Третата, мала, еднокорабна црква по-стои и денес во својата оригинална фор-ма. Четвртата црква се наоѓала на север-ната страна и била посветена на св. Вла-сие, епископот евастиски, а била изграде-на во 1377 година.Тврдината се состои од два дела, опкру-жени со одделни ѕидни појаси: дворе-цот (замокот), поставен на највисокиот дел на ридот е долг 106 m, а е широк до 20 m. Северниот дел на просторот завр-шувал со триаголна кула којашто денес е урната. Во северниот и во јужниот дел на оградениот простор се гледаат две цистер-ни за собирање дождовница. На средина-та од источниот ѕид (кој целосно е урнат) стои главната кула (донжон). Покрај неа, од јужната страна, стоела порта за влез во за-мокот, а на северната страна на кулата е потпрена стражарската куќа за внатреш-ната (удвоена) порта. Стопанскиот дел на замокот (цвингер) се простира на падините, и тоа север-но, источно и јужно од дворецот, на про-стор долг 250 и широк 50 m. Поради по-голема сигурност во случај на напад, две порти биле поставени бочно во насока на обѕидувањето. Најлесен пристап постои од север, по тесниот срт што се спушта кон реката, но на тој дел обѕидувањето е цело-сно урнато.Во воените операции против Самуил, ви-зантискиот цар Василиј II во 1014 година ја освоил тврдината Штип (Стипеион). Потоа долго време немало сознанија за Штип. Во 1282 година, кога Србите ја поместиле границата, Брегалничкиот регион е цело-сно освоен од Србите во 1328 година. То-гаш била обновена и тврдината. Турците го освоиле Штип во 1385 година (според Ф. Бабингер) и најмалку два века во Хиса-рот држеле воена посада. Во своите патни белешки Хаџи Калфа и Евлија Челеби ве-лат дека Хисарот во Штип во тоа време (17 век) бил запустен. Потоа тврдината повеќе никој не ја користел.
Кристина Илиевска
ТВРДИНАТА ИСАР – ГОРДОСТА НА ШТИП
20