дневни подготовки -vii одд.-тема бр.1

40
План за час по англиски јазик Одделение седмо одделение Наставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега! Наставна единица 1. Презентација на текстот “Џеф е ди-џеј сега!Датум 07.10.2011 Цели на часот Ученикот да може: да усвои нов вокабулар да го увежба читањето и преведувањето на дадениот текст Фази на часот Активности Воведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците на што најчесто ги трошат нивните пари и што е тоа што последно го купиле. Наставникот ги прашува дали некогаш потрошиле некоја сума на пари за која подоцна се каеле. Главен дел (25 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата на страница 12 и ги прашува учениците што гледаат и на што ги потрошиле Џеф и Тина нивните пари. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат текстот. Потоа, го пушта повторно за учениците да го слушнат и да го прочитаат истиот. Наставникот поставува прашања поврзани со текстот, а учениците одговараат на истите. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки. Во мали групи, учениците го читаат текстот поделени по улоги, а потоа одбираат група која најдобро го прочитала текстот. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа. Завршен дел (10мин) Наставникот го насочува вниманието на вежба бр.1/стр.13 и од учениците бара во парови да ги одговорат прашањата. Потоа, преку кратки дијалози учениците ги презентираат нивните одговори. Наставникот ги прашува учениците кој лик во текстот ги кажува изразите од вежба бр.2 и како е Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Upload: biljana-vlahova-karadachki

Post on 29-Jul-2015

875 views

Category:

Documents


16 download

TRANSCRIPT

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 1. Презентација на текстот “Џеф е ди-џеј сега!“Датум 07.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нов вокабулар да го увежба читањето и преведувањето на дадениот текст

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ги прашува учениците на што најчесто ги трошат

нивните пари и што е тоа што последно го купиле. Наставникот ги прашува дали некогаш потрошиле некоја сума на пари за која подоцна се каеле.

Главен дел (25 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликата на страница 12 и ги прашува учениците што гледаат и на што ги потрошиле Џеф и Тина нивните пари. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да го слушнат текстот. Потоа, го пушта повторно за учениците да го слушнат и да го прочитаат истиот. Наставникот поставува прашања поврзани со текстот, а учениците одговараат на истите. Наставникот ги запишува новите зборови на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.Во мали групи, учениците го читаат текстот поделени по улоги, а потоа одбираат група која најдобро го прочитала текстот. Наставникот им помага доколку има потреба од тоа.

Завршен дел (10мин) Наставникот го насочува вниманието на вежба бр.1/стр.13 и од учениците бара во парови да ги одговорат прашањата. Потоа, преку кратки дијалози учениците ги презентираат нивните одговори.Наставникот ги прашува учениците кој лик во текстот ги кажува изразите од вежба бр.2 и како е нивниот превод на македонски јазик. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на работа со текст, комуникативен метод, работа во заедница, работа во групи, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Додатна активност Учениците го преведуваат текстот во нивните тетратки.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, слушање со разбирање, преведување), усни одговори на прашања од наствникот, усна повратна информација, сооценување на учениците во групи и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

учениците

Очекуван исход Учениците усвоија нови зборови и го читаат и преведуваат дадениот текст.

Рефлексија на часот Учениците го увежбаа читањето на текстот и се обидоа да го драматизираат, а потоа во групи се сооценуваа. Оценувањето беше доста објективно и им беше доста интересно на учениците. Учениците одговараа на поставените прашања, но на тројца ученици им беше потребна помош при одговарањето на прашањата поврзани со текстот. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше самото читање на текстот. Кога би го повторила истиот час би применила квиз поврзан со текстот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 2. Комуникативен модел: молби и предлозиДатум 10.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои комуникативните модели за искажување молби и давање предлози

да ги увежба комуникативните модели преку активности во парови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот ги запишува зборовите lend и borrow на таблата и од учениците бара да му го објаснат нивното значење. Тој бара од учениците да погледнат во текстот од претходниот час и да ги пронајдат речениците во кои се употребени овие два збора.

Главен дел (20 мин) Наставникот го насочува вниманието на сликите од вежба бр.3/стр.13 и бара од учениците да му кажат што гледаат на истите. Потоа, го пушта дијалогот за учениците да го слушнат и да го повторат истиот. Наставникот ги прашува учениците дали овие прашања се учтиви или не и им објаснува дека прашањата со модалниот глагол could се поучтиви од прашањата со модалниот глагол can. Потоа, во парови учениците ги составуваат дијалозите (барања) и за останатите слики од вежбата.Вежба бр.4. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат, прочитаат и да ги повторат дијалозите. Наставникот го пушта аудиозаписот уште еднаш за учениците да го повторат без да гледаат во учебникот. Во парови, учениците даваат предлози и за останатите понудени опции. Неколку ученици ги запишуваат истите на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да напишат по три реченици со кои даваат предлог за вршење на некоја активност. Потоа, во парови ги презентираат нивните предлози. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматика)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Додатна активност Учениците запишуваат неколку барања во нивните тетратки, а потоа ги поставуваат прашањата до нивните соученици.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (учество во кратки дијалози, вежби), усни одговори на прашања од наствникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците искажуваат барања и даваат предлози за вршење на некоја активност.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија и ги увежбаа комуникативните модели (барања и предлози). Во текот на часот не беа забележани некои потешкотии и сите ученици учествуваа во предвидените активности. Најитересна активност им беше искажувањето на предлози до нивните партнери. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам наставно ливче во кое по дадени слики учениците би искажувале барања или предлози.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 3. Изговор на гласовите /æ/ и /ʌ/Датум 12.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го усвои и увежба изговорот на гласовите /æ/ и /ʌ/ да ги препознава гласовите /æ/ и /ʌ/ во слушнати зборови

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот поставува неколку барања и предлози до учениците, а тие му одговараат на прашањата или на слушнатите предлози.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги запишува симболите /æ/ и /ʌ/ на таблата и им објаснува на учениците дека е корисно да ги научат гласовите кои ги обележуваат овие симболи бидејќи во англискиот јазик зборовите се изговараат поинаку од она што е напишано. Па кога ќе ги бараат зборовите во речник ќе можат и да ги прочитаат истите со помош на овие фонетски симболи. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат гласовите /æ/ и /ʌ/ и да ги препознаат во слушнатите зборови. Наставникот го пушта аудиозаписот уште еднаш за учениците да ги слушнат зборовите и да ги повторат. Наставникот црта на таблата табела со две колони и во неа ги запишува зборовите кои ги слушнаа учениците. Потоа, го пушта вториот дел од аудиозаписот за учениците да го слушнат и да ги препознаат гласовите /æ/ и /ʌ/. Тие ги повторуваат слушнатите зборови и ги запишуваат во соодветната колона. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот ја пушта брзозборката за учениците да ја слушнат и да се обидат се побрзо и побрзо да ја изговорат реченицата.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара од учениците да се потсетат на зборови во кои се среќаваат овие гласови и истите да ги запишат во соодветната колона во табелата. Потоа, бара од учениците да отворат online речник и да пронајдат уште неколку зборови со овие гласови. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, аудио-лингвален метод, работа во заедница, индивидуална работа

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (изговор на зборовите)

Додатна активност Наставникот бара од зборовите кои ги има запишано во табелата учениците да состават нивна брзозборка.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (изговор на гласовите /æ/ и /ʌ/, слушање со разбирање), усни одговори на прашања од наствникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги изговараат и ги препознаваат гласовите /æ/ и /ʌ/ во дадени зборови.

Рефлексија на часот Учениците ги усвоија гласовите /æ/ и /ʌ/ и го увежбаа нивниот изговор во кратки зборови. Тие се потрудија да се сетат на зборови кои ги содржат овие гласови и да пронајдат слични зборови во речник кое беше доста успешно. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше брзозборката и барањето на зборови во online речник. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да ги потсетам учениците и на веќе познатите фонетски симболи од претходната година.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 4. Past Simple Tense кај неправилните глаголи- потврдна и одречна

формаДатум 14.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на формите на правилните глаголи во Past Simple Tense

да ги усвои и увежба формите (потврдна и одречна) на неправилните глаголи во Past Simple Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот запишува неколку правилни глаголи на таблата и од учениците бара истите да ги запишат во Past Simple Tense. Наставникот ги потсетува учениците дека правилните глаголи прават Past Simple Tense со додавање на наставката –ed. Наставникот им објаснува на учениците дека повеќето од најчесто употребуваните глаголи во Past Simple Tense имаат друга форма. Наставникот ги потсетува учениците на употребата на ова граматичко време (за завршени дејства во точно определено време во минатото)

Главен дел (20 мин) Вежба бр.1./стр.14Наставникот бара од учениците да ја погледнат листата со глаголите и ги проверува нивните значења. Потоа, од учениците бара да ги запишат истите во табела со две колони (основна форма и Past Simple форма на глаголот). Наставникот ги проверува нивните одговори.Наставникот бара од учениците да го прочитаат текстот од вежба бр.2 и да го дополнат со формите на глаголите во Past Simple Tense. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите во одделението.Наставникот им објаснува на учениците дека правилните и неправилните глаголи ги следат истите правила при формирање на одречна форма. Тој бара од учениците да го дополнат правилото во вежба бр.3.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.4. Наставникот го чита дадениот пример и од учениците бара да ги дополнат речениците со одречната форма на некој од дадените глаголи дадени погоре. Неколку ученици ги читаат нивните одговори за останатите од одделението. Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутери, Интернет и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (граматика)

Додатна активност http://www.bradleys-english-school.com/online/jigword/jigpast1.html Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, составување реченици во минато свршено време), усни одговори на прашања од наствникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија и соодветно ги применуваат потврдната и одречната форма на неправилните глаголи во Past Simple Tense.

Рефлексија на часот Учениците усвоија дел од неправилните глаголи и се потсетија на одречната форма во Past Simple Tense преку практична примена на истите во едноставни реченици. Во текот на часот беа забележани потешкотии при меморирањето на формите на неправилните глаголи во Past Simple Tense, кое со увежбување може да се надмине. Дел од учениците правеа грешки и при образувањето на одречната форма на глаголот во Past Simple Tense. Сите активности им беа подеднакво интересни на учениците, а кога би го одржала истиот час уште еднаш не би променила ништо.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 5. Past Simple Tense кај неправилните глаголи- прашална формаДатум 17.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ја усвои и увежба прашалната форма на неправилните глаголи во Past Simple Tense

да се потсети на потврдната и одречната форма на неправилните глаголи во Past Simple Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот дистрибуира наставно ливче со неколку неправилни глаголи дадени во нивната основна форма и од учениците бара да ги запишат истите во Past Simple Tense.

Главен дел (20 мин) Наставникот ги потсетува учениците на прашалната форма кај правилните глаголи во Past Simple Tense и им објаснува на учениците дека и неправилните глаголи на истиот начин формираат прашална форма.Вежба бр.5./стр.15 Наставникот го насочува вниманието на речениците дадени во оваа вежба и истите ги запишува на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки. Наставникот објаснува дека првата е потврдна реченица, втората е прашална реченица, а третата е краток одговор на прашалната реченица. Наставникот запишува уште две потврдни реченици и бара од учениците да ги трансформираат во прашални реченици. Двајца ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Вежба бр.6. Наставникот го запишува дадениот пример на таблата и од учениците бара да состават прашални реченици за останатите дадени зборови. Неколку ученици ги запишуваат нивните прашања на таблата.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.7. Наставникот црта часовник на таблата и под него запишува реченица (It’s three o’clock now). Потоа, црта уште еден часовник и под него запишува друга реченица (At one o’clock I was at the market. It was two hours aдo.). Наставникот гја објаснува употребата на прилогот за време ago и го чита дадениот пример. Учениците ги дополнуваат речениците од оваа вежба, а двајца ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, наставно ливче и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, метод на практична работа, фронтална работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (граматика)

Додатна активност Наставникот запишува неколку потврдни реченици и од учениците бара да ги трансформираат истите во одречни реченици.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, составување реченици во минато свршено време), усни одговори на прашања од наствникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Очекуван исход Учениците ја усвоија и соодветно ја применуваат прашалната форма на неправилните глаголи во Past Simple Tense.

Рефлексија на часот Учениците составуваа прашални реченици во Past Simple Tense и даваа кратки одговори на истите без некои посебни потешкотии, освен кај двајца ученици кои се со послаб успех. Од наставното ливче може да се заклучи дека повеќето ученици ги имаат усвоено формите на неправилните глаголи во Past Simple Tense. Сите ученици учествуваа во предвидените активности и сите активности им беа подеднакво интересни. Кога повторно би го одржала истиот час би посветила повеќе време на искажувањето минато свршено време со употреба на прилогот за време aдo.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 6. Вежби- Past Simple Tense кај неправилните глаголиДатум 19.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги увежба потврдната, одречната и прашалната форма на неправилните глаголи во Past Simple Tense

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот запишува неколку зборови на таблата и од учениците бара од истите зборови да состават потврдна реченица во Past Simple Tense. Наставникот запишува повеќе вакви примери.

Главен дел (20 мин) Наставникот запишува неколку реченици во минато свршено време на македонски јазик и од учениците бара истите да ги преведат на англиски јазик употребувајќи форми на глаголот во Past Simple Tense. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот запишува неколку одречни реченици на таблата и од учениците бара да ги трансформираат истите во потврдни реченици. Ученици-доброволци ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со реченици во Past Simple Tense. Учениците треба да ги напишат соодветните форми на глаголите дадени во заграда. Учениците ги враќаат ливчињата кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

комуникативен метод, метод на практична работа, работа во заедница, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (граматика)

Додатна активност Игра на меморија.( http://www.bradleys-english-school.com/online/concentration/past3.html )

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, составување реченици во минато свршено време), усни одговори на прашања од наствникот, усна повратна информација, наставно ливче и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Очекуван исход Учениците ги усвоија и соодветноги применуваат потврдната, одречната и прашалната форма на неправилните глаголи во Past Simple Tense.

Рефлексија на часот Учениците ги увежбаа потврдната, одречната и прашалната форма кај неправилните глаголи во Past Simple Tense. Кај послабите ученици беа забележани потешкотии при примената на Past Simple Tense кај неправилните глаголи и им беше потребна помош. Од наставното ливче може да се заклучи дека усвоеноста на неправилните глаголи, односно нивната форма во Past Simple Tense е добра, но може да биде и подобра со дополнително увежбување на формите на неправилните глаголи. Сите ученици учествуваа во предвидените активности за овој час, а најинтересна активност им беше интерактивната вежба. Кога би го повторила истиот час не би менувала ништо бидејќи целите на овој час беа постигнати.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 7. Усвојување на нов вокабулар- превозни средстваДатум 21.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови со кои се именуваат превозни средства да ги разбере слушнатите искази од аудиозаписот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот ги прашува учениците кој вид на превозно средство најчесто го користат кога патуваат некаде, кои видови превозни средства ги познаваат и кои од овие средства ги имаат користено.

Главен дел (20 мин) Наставникот бара од учениците да ја погледнат сликата од вежба бр.1/стр.18 во учебникот и да ги именуваат превозните средства кои ги гледаат на сликата. Наставникот го пушта аудиозаписот за учениците да ги слушнат зборовите и да ги повторат увежбувајќи го нивниот изговор. Наставникот ги запишува зборовите на таблата, а учениците ги запишуваат во нивните тетратки.Вежба бр.2. Наставникот ги прашува учениците како тие доаѓаат на училиште, а потоа го пушта аудиозаписот за да слушнат како Anita, Koray, Ian и Kasia доаѓаат на училиште, односно со кои превозни средства. Учениците ги слушаат исказите и ги запишуваат одговорите во нивните тетратки, а потоа ги проверуваат со нивниот партнер.

Завршен дел (10мин) Наставникот бара учениците да го прочитаат дадениот текст заменувајќи ги сликите со соодветните зборови. Учениците го читаат текстот поделен на неколку делови.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, постер со превозни средства, флеш карти, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, аудио-визуелен метод, аудио-лингвален метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (граматика)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Додатна активност Наставникот запишува неколку зборови на кои им недостасуваат букви, а со кои се именуваат транспортни средства. Од учениците бара да ги затворат учебниците и да се обидат да ги дополнат зборовите. Наставникот ги проверува нивните одговори.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (усвоеност на вокабуларот, вежби, слушање со разбирање на краток исказ), усни одговори на прашања од наствникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците именуваат превозни средства.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија предвидените зборови со кои се именуваат превозни средства без некои потешкотии иако за нивно пишување на дел од учениците им е потребно дополнително увежбување. Сите ученици учествуваа во предвидените активности, а најинтересна активност им беше дополнувањето на зборовите со испуштените букви кое се разви во еден вид натпреварување помеѓу нив. Кога би го повторила истиот час би можела да применам кратко видео (превозни средства)- http://www.youtube.com/watch?v=sV87bnWbT_w .

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 8. Култура: Запознавање на глобалниот тинејџерДатум 26.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да усвои нови зборови кои се среќаваат во дадениот текст да се запознае со други култури

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот дистрибуира наставно ливче со формите на глаголот “сум” и со неправилните глаголи во Past Simple Tense со цел да ги потсети учениците на граматичките структури од претходните часови. Учениците ги дополнуваат речениците со формите на дадените глаголи.

Главен дел (20 мин) Наставникот им објаснува на учениците дека било направено едно истражување кај тинејџерите и било утврдено дека тинејџерите насекаде во светот се интересираат за исти работи. Тој бара од учениците да набројат што би можело да ги интересира тинејџерите и запишува неколку одговори на таблата. Потоа, бара од учениците да го прочитаат текстот од вежба бр.1/стр. и да ги поврзат дадените наслови со деловите од текстот. Неколку ученици ги кажуваат нивните одговори за останатите од одделението.Учениците го читаат текстот поделен на пет делови и го преведуваат истиот. Доколку има некои непознати поими наставникот ги запишува на таблата, а учениците во нивните тетратки.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.2. Наставникот го чита дадениот пример и од учениците бара да ги прочитаат останатите реченици и да ги поправат грешките во нив. Учениците ги проверуваат нивните одговори со партнерот, а неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, наставно ливче и сл.

Наставни методи и форми на работа

Природен метод, метод на работа со текст, аудио-визуелен метод,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот бара од учениците да ги затворат нивните учебници и да се обидат да одговорат на прашањата кои тој ги поставува а кои се поврзани со текстот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, превод, вежби), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците го разбираат прочитаниот текст и одговараат на прашања поврзани со темата.

Рефлексија на часот Учениците го разбраа прочитаниот текст без некои посебни потешкотии, но на неколку ученици им беше потребна помош во текот на овој час. Сепак, оваа тема беше интересна за учениците и тие искажуваа сопствени мислења за заедничките интереси со тинејџерите во светот. Од наставното ливче може да се заклучи дека поголемиот дел од учениците ги имаат усвоено неправилните глаголи во Past Simple Tense, а на мал дел од нив им е потребна помош. Кога повторно би го одржала истиот час би можела да применам кратко видео без тон, а потоа учениците да дадат свое мислење за она што го виделе од видеозаписот.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 9. Вештини: читање, слушање со разбирање и конверзација на тема

“Нашите омилени суперѕвезди!”Датум 28.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да разбере слушнат исказ и прочитан текст да искаже допаѓање и сопствено мислење

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот го насочува вниманието на сликите на стр.18 и ги прашува учениците дали препознаваат некоја од овие личности. Потоа објаснува дека личноста на сликата од вежба бр.1 е Рики Мартин, а девојката на сликата е негов обожавател.

Главен дел (20 мин) Вежба бр.1. Учениците го читаат текстот од оваа вежба во кој девојка по име Јоана пишува за нејзината омилена суперѕвезда, односно за Рики Мартин. Учениците го дополнуваат текстот со дадените зборови, а потоа ги проверуваат нивните одговори со партнер. Наставникот ги прашува учениците неколку прашања поврзани со текстот, а тие одговараат на истите. Неколку ученици го читаат текстот, а доколку има непознати зборови наставникот ги запишува истите на таблата. Вежба бр.2. Наставникот пушта аудиозапис, а учениците го слушаат истиот и ги поврзуваат тинејџерите со нивните омилени суперѕвезди. Наставникот поставува прашања за да ги слушне одговорите на учениците и да утврди дали ги разбрале слушнатите искази.

Завршен дел (10мин) Вежба бр.3. Учениците ја играат играта “Who am I?” (Кој сум јас), при што еден ученик замислува дека е позната личност, а останатите преку прашања треба да откријат која личност е тој/таа. Тие ја играат играта поделени во групи.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, касета, касетофон и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Наставни методи и форми на работа

метод на работа со текст, аудио-визуелен метод, комуникативен метод, работа во заедница, работа во парови, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Наставникот бара од учениците во три реченици да напишат краток опис на нивната омилена суперѕвезда.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (читање, превод, слушање со разбирање), усни одговори на прашања од наставникот, усна повратна информација, и сл.

Очекуван исход Учениците разбираат слушнат исказ, го разбираат прочитаниот текст и одговараат на прашања поврзани со темата.

Рефлексија на часот Учениците го разбраа прочитаниот текст без некои потешкотии, а додека некои ученици имаа потешкотии при разбирање на слушнатите искази од аудиозаписот. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час, а најинтересна активност на учениците им беше играта. Кога би го одржала истиот час повторно би можела повеќе внимание да посветам на слушање на кратки искази.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 10. Прославување на “Ноќ на вештерките!”Датум 31.10.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се стекне со информации за обичаи и традиции во други земји во светот

заедно со неговата група да прикаже преку презентација до кои информации дошле при истражување на празникот “Halloween” (Ноќ на вештерките)

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот ги потсетува учениците на критериумите за оценување на презентациите кои ги имаат изработено како група.

Главен дел (20 мин) Учениците ги презентираат своите изработки- презентации пред останатите во одделението. Потоа, учениците одговараат на прашања поврзани со нивните презентации и искажуваат сопствено размислување за презентациите кои ги виделе, а кои се изработени од ученици во другите две групи.

Завршен дел (10мин) Учениците се сооценуваат во групи, односно ги оценуваат презентациите на останатите две групи според дадена листа на критериуми. Секој ученик дава свое мислење и оцена на презентациите од другите две групи.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, компјутер, проектор, екран, листа со критериуми за оценување на презентација и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на презентација, web quest, комуникативен метод, работа во групи, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури) со информатика (презентација)

Додатна активност Учениците креираат костим за Ноќ на вештерките и го претставуваат пред останатите во одделението.

Методи, форми и инструменти за

усни одговори на прашања од наставникот и од соучениците, усна повратна информација, сооценување на учениците по групи,

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

оценување и вреднување на работата на учениците

аналитичка листа за оценување на презентација и сл.

Очекуван исход Учениците преку презентација искажуваат со кои информации се стекнале при истражување на “Halloween” (Ноќ на вештерките).

Рефлексија на часот Учениците според дадени насоки во web quest заеднички како групи изработија презентации кои ги презентираа пред останатите во одделението и пред наставници по странски јазици. Потоа, учениците ги оценија нивните презентации, односно секој индивидуално ги оценуваше презентациите на другите две групи, но не и на неговата група. Секој ученик даде свое мислење за изработката на нивната групна презентација и што би променил во презентацијата на нивната група. Кога би го одржала истиот час повторно повеќе внимание би посветила на презентирањето од страна на учениците бидејќи мислам дека уцениците не беа опуштени и доволно подготвени за да ги претстават нивните изработки (презентации).

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 11. Вештини: пишување на тема “Моја омилена суперѕвезда!”Датум 02.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да го увежба пишувањето на краток состав да искаже свое размислување

Фази на часот АктивностиВоведен дел (8 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците.

Наставникот го насочува вниманието на вежба бр.4/стр.18 во учебникот и го чита водичот за пишување на краток состав. Тој ги потсетува учениците дека претходниот час им беше кажано да одберат една суперѕвезда и да соберат доволно информации кои ќе ги искористат за пишување на краток состав.

Главен дел (30 мин) Наставникот ги потсетува учениците на критериумите за оценување.Учениците пишуваат краток текст за нивните омилени суперѕвезди следејќи го дадениот модел за пишување. Наставникот бара од учениците да работат самостојно при оваа активност.

Завршен дел (2мин) Учениците ги враќаат нивните изработки кај наставникот за тој да ги оцени нивните кратки состави.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, хартија, холистичка листа за оценување на краток состав и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на пишување на краток состав, комуникативен метод, фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Учениците ги читаат нивните кратки состави за останатите во одделението.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на

Постојано следење на активноста на ученикот (пишување на краток состав), писмена повратна информација, холистичка листа за оценување на краток состав и сл.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

ученицитеОчекуван исход Учениците пишуваат краток состав на дадена тема.

Рефлексија на часот Учениците пишуваа краток состав за нивните омилени суперѕвезди според даден модел. Од направениот увид во напишаните состави може да се заклучи дека учениците пишуваат кратки текстови според даден модел, но дел од нив не го следат правилниот редослед при пишување на состав (вовед-главен дел-заклучок). Кога би го повторила истиот час би можела да прикажам кратки биографии на познати личности бидејќи дел од учениците немаа приберено диволно информации за ѕвездите за кои пишуваа.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 12. Песничка: “24 часа далеку од Талса!” и потсетување на

неправилната множина кај именкитеДатум 04.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

глобално да го разбере прочитаниот текст - песничка да одговори на прашања во врска со слушан текст - песничка

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава учениците со целта и содржината на часот.Наставникот ги замолува учениците да ја разгледаат песничката и да побараат помош доколку има непознати зборови.

Главен дел (15 мин) Наставникот ја пушта песничката за учениците да ја слушнат и да ги дополнат зборовите кои недостасуваат во текстот, а кои се дадени погоре во вежба бр.1/стр.19. Учениците ја слушаат песната и ги запишуваат зборовите по точниот редослед. Наставникот ги изговара зборовите и ги прашува учниците што забележуваат кај истите (тие се римуваат). Потоа, наставникот ја пушта песничката неколку пати за учениците да уживаат во музиката и да се обидат да ја пеат.Наставникот запишува неколку зборови на таблата кои имаат неправилна множина и од учениците бара да ги запишат истите во множина. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (15мин) Наставникот дистрибуира работно ливче со песната “La isla bonita”-Madonna и од учениците бара да ја слушнат истата, да ги пронајдат глаголите во Past Simple Tense и да ги запишат во табелата. Тие ги проверуваат нивните одговори со партнер. Наставникот пушта видеозапис од песната за учениците да го читаат текстот и да уживаат во музиката. http://www.youtube.com/watch?v=5x-9GbCrP4Q Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, хартија, работно ливче, компјутер, Интернет, проектор, екран, касета, касетофон и сл.

Наставни методи и форми на работа

метод на песна, комуникативен метод, слушање со разбирање, аудио-лингвален метод, аудио-визуелен метод, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури) Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

наставни предмети со музичко образованиеДодатна активност Учениците ја слушаат песничката уште неколку пати и ја пеат.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (слушање со разбирање, вежби), усна повратна информација, усни одговори на прашања од наставникот и сл.

Очекуван исход Учениците глобално да го разбраа прочитаниот тексти одговараат на прашања во врска со слушнатиот текст-песничка.

Рефлексија на часот Учениците ја слушаа песната “24 часа далеку ид Талса” и го разбраа текстот од песната. Тие ги дополнуваа зборовите од текстот и мислам дека доста добро се снајдоа при оваа активност иако на мал дел од нив им беше потребна помош. Учениците ја слушаа и песната“La isla bonita”-Madonna и ги пронаоѓаа глаголите во минато свршено време дадени во текстот од песната. Сите ученици учествуваа во активностите предвидени за овој час и мислам дека сите активности им беа интересни. Кога би го одржала истиот час повторно не би менувала ништо бидејќи целите на часот беа постигнати, а часот беше интересен за учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 13. Усвојување и увежбување на повратни заменки- reflexive

pronounsДатум 07.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да ги усвои и увежба повратните заменки правилно да ги применува повратните заменки во реченици

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава учениците со целта и содржината на часот.Наставникот ги прашува учениците на што ги асоцира поимот повратни заменки и запишува неколку зборови на таблата меѓу кои и неколку повратни заменки. Наставникот бара од учениците да размислат и самите да откријат кои од овие зборови би можеле да бидат повратни заменки.

Главен дел (20 мин) Наставникот го објаснува поимот повратни заменки и запишува неколку реченици на таблата во кои се употребени повратни заменки. Потоа ги запишува повратните заменки на таблата, а учениците ги копираат истите во нивните тетратки.Наставникот запишува неколку реченици во кои учениците треба да ги вметнат соодветните повратни заменки. Учениците ја решаваат вежбата и ги проверуваат нивните одговори со партнер. Потоа наставникот запишува други реченици во кои учениците треба да ја заокружат точната повратна заменка. Неколку ученици ги запишуваат нивните одговори на таблата.

Завршен дел (10мин) Наставникот дистрибуира наставно ливче со повратни заменки кои треба да бидат вметнати во дадените реченици. Учениците ги дополнуваат речениците и го враќаат ливчето кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, наставно ливче, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Демонстративен метод, комуникативен метод, фронтална работа, работа во заедница, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Додатна активност Учениците го читаат и го преведуваат текстот на стр.18 во учебникот.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, правилна употреба на повратни заменки), наставно ливче, усна повратна информација, усни одговори на прашања од наставникот и сл.

Очекуван исход Учениците ги усвоија повратните заменки и ја увежбаа нивната употреба во реченици.

Рефлексија на часот Целите на часот беа постигнати- учениците ги усвоија повратните заменки и ја увежбаа нивната употреба во реченици. Не беа забележани некои потешкотии во текот на часот и учениците релативно брзо ги усвоија формите на повратните заменки и нивната употреба што може да се заклучи и од резултатите покажани на наставното ливче. Кога би го одржала истиот час поврторно би можела да применам некоја интерактивна вежба од Интернет .

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 14. Потсетување на содржините од тема бр.1Датум 09.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети и да ги увежба содржините од тема бр.1 да го оцени своето познавање на содржините од оваа тема

Фази на часот АктивностиВоведен дел (10 мин) Наставникот ја проверува домашната работа на учениците и ги

запознава учениците со целта и содржината на часот.Наставникот дистрибуира работно ливче-Венов дијаграм во кој учениците треба да ги вметнат глаголите кои тој ги запишува на таблата. Учениците во едното множество треба да ги вметнат неправилните глаголи, а во другото- глаголите кои започнуваат на буквата “s”. На овој начин учениците се потсетуваат на правилните и неправилните глаголи во Past Simple Tense.

Главен дел (25 мин) Наставникот запишува неколку реченици на таблата на македонски јазик и од учениците бара да ги преведат истите на англиски јазик. Ученици-доброволци ги запишуваат нивните одговори на таблата.Наставникот запишува неколку потврдни реченици во Past Simple Tense и од учениците бара истите да ги запишат во одречна и во прашална форма. Учениците ги проверуваат нивните одговори со партнер.Наставникот диктира краток текст, а учениците го запишуваат истиот на лист хартија внимавајќи на правописот и на интерпункциските знаци кои ги пишуваат. Потоа, ги предаваат диктатите кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори.

Завршен дел (5мин) Наставникот дистрибуира чек-листа за самооценување на учениците за содржините од тема бр.1. учениците ги пополнуваат листите и ги враќаат кај наставникот за тој да ги вметне во нивните портфолија.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

Учебници, тетратки, училишен прибор, табла, креда, работно ливче, чек-листа, хартија, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Техника на учење-Венов дијаграм, комуникативен метод, метод на практична работа, метод на диктат, работа во парови, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

Додатна активност Учениците се потсетуваат на зборовите со кои се именуваат превозни средства.

Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Постојано следење на активноста на ученикот (вежби, преведување), диктат, писмена повратна информација, холистичка листа за оценување на диктат, чек листа за самооценување на ученикот, усни одговори на прашања од наставникот и сл.

Очекуван исход Учениците се потсетија на дел од содржините од тема бр.1.

Рефлексија на часот Учениците се потсетија на дел од содржините од тема бр.1 предвидени за овој час. Дел од учениците се соочија со потешкотии при пополнувањето на Веновиот дијаграм иако оваа техника не им е непозната на учениците. Од увидот во диктатите на учениците може да се заклучи дека треба повеќе да вежбаат пишување на познати поими и на едноставни реченици по слушнат исказ. Учениците го самооценија своето познавање на содржините од оваа тема и може да се заклучи дека нивното оценување е доста објективно и во најголем дел се совпаѓа со оценувањето од наставникот. Кога би го одржала овој час повторно би можела да применам игра или квиз за да го поттикнам натпреварувачкиот дух кај учениците.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

План за час по англиски јазик

Одделение седмо одделениеНаставна тема Тема бр.1- Џеф е ди-џеј сега!Наставна единица 15. Потсетување и утврдување на содржините од тема бр.1Датум 11.11.2011Цели на часот Ученикот да може:

да се потсети на содржините од тема бр.1 да го утврди своето познавање на содржините од оваа целина

преку решавање на вежбите од тестот

Фази на часот АктивностиВоведен дел (5 мин) Наставникот ги потсетува накратко учениците на содржините кои

беа поучувани во склоп на оваа тема. Тој ги запознава учениците со критериумите за оценување на тестот.

Главен дел (30 мин) Наставникот дистрибуира тестови изработени во две групи со дадена бодовна скала за оценување на тестот. Учениците ги разгледуваат вежбите од тестот, а наставникот дава инструкции за решавањето на вежбите. Доколку учениците имаат прашања поврзани со вежбите од тестот, наставникот одговара на истите.Учениците индивидуално ги решаваат тестовите.

Завршен дел (5мин) Тестовите со решените вежби учениците ги враќаат кај наставникот за тој да ги провери нивните одговори и да ги оцени истите според дадената бодовна скала.Наставникот дава инструкции за домашната работа на учениците.

Наставни средства и помагала

училишен прибор, табла, креда, тест, и сл.

Наставни методи и форми на работа

Метод на тест, комуникативен метод, фронтална работа, индивидуална работа

Корелација со други наставни предмети

со македонски јазик (значење на зборовите, граматички структури)

Додатна активност Поправка на вежбите од тестот.Методи, форми и инструменти за оценување и вреднување на работата на учениците

Тест со бодовна скала, писмена повратна информација, усни одговори на прашања од наставникот и сл.

Очекуван исход Учениците ги решаваат вежбите од тестот.Рефлексија на часот Од направената анализа на тестот може да се заклучи дека

усвоеноста на содржините од оваа целина е добра. Најусвоени содржини се комуникативниот модел и вокабуларот, а најтешка

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово

вежба за учениците е употребата на глаголи во Past Simple Tense. Средна оцена на тестот е 3,4.

Наставник: Билјана Влахова Карадачки ООУ “Гоце Делчев” - Босилово