2-merenje na oblacnosta-konecna verzija.pptx
Post on 25-Dec-2015
243 views
TRANSCRIPT
Мерење на облачноста
НЕФОЛОГИЈАНефологијата е наука која ги следи
облаците , ја мери облачноста се со цел да даде одговор за нивната структура и нивното дејство врз Земјата. Нефологијата како метеоролошка научна дисциплина е во тесна корелација со авијацијата и Земјоделското производство.
ШТО СЕ ОБЛАЦИ?Облаците се едноставни акумулации од кондензирана водена пареа во воздухот. Но нивните променливи шеми и дезени тивко откриваат како и зошто се формираат облаците и какво време навестуваат.
ВИДОВИ ОБЛАЦИПостојат три основни видови облаци
Облаците најпрво се следени и опишани од хемичарот Лук Хауард во 1804 година:
цируси стратуси кумулуси
ЦИРУСИЦирусите се атмосферски облаци кои се
карактеризираат со тенки пердувести ленти, чести придружени со снопови кои потсетуваат на прамени коса.
По боја можат да бидат бели до слабо сиви и не прават сенка на Земјата.
Цирусите се дебели околу 1,5 километри и обично се наоѓаат на висина од 9 километри над морското ниво, но има и такви кои можат да се најдат и на поголеми височини.
Се составени од крупни кристали на мраз и нивната температура е од -20 до -30 степени Целзиусови, но од овие облаци нема преципитација (не врне дожд или снег).
Постои и понатамошна поделба на цирусите според други фактори.
Слика 1 облаци-Цируси
СТРАТУСИСтратусите се ниски облаци, кои се карактеризираат
со хоризонтална распределба. Настануваат од водени капки кои ќе дојдат во контакт
со студени и топли воздушни маси. Се состојат од изедначени слоеви и немаат посебни
контури. Многу се слични со маглата и најчесто го покриваат
целото небо, а се високи од 200 – 700 метри. По боја можат да бидат темни до бели, и можат да
произведат слаб дожд или снег. Кога ќе се каже дека е „облачен ден“ тоа најчесто
означува небо покриено со стратуси кои го затскриваат Сонцето.
И овие понатаму се делат на подробни групи според различни фактори.
Слика 2 облаци-Стратуси
КУМУЛУСИ
Кумулуси се најзабележителниот вид облаци. Тие имаат забележителна вертикална
дистрибуција и јасно дефинирани облаци. Тие на изглед се пердувести и потсетуваат на
памук. Кумулусите ретко произведуваат дожд, се појавуваат наутро, преку ден добиваат најголемо распространување и исчезнуваат навечер.
Се создаваат на висина од 1000 до 2000 метри и најчесто се предвесници на другите видови облаци како кумулонимбуси кои пак карактеризираат нестабилно време, со дождови, град, па дури и торнада.
Слика 3 Облаци -Кумулуси
ДРУГИ ВИДОВИ НА ОБЛАЦИ
Покрај овие три главни групи на облаци постојат и кумулонимбуси, алтокумулуси, цирокумулуси, алтостратуси, циростратуси, цирокумулуси и нимбостратуси.
ШТО Е ОБЛАЧНОСТ?Група на облаци кои се заедно на
небесниот свод во дадено време и место.
Набљудување на облацитеМерење на облачностНе постои инструмент за мерење на
облачноста, облачноста се проценува од око, само со обично набљудување на небото.
Доколку нема густи облаци времето е ведро
Ако небото е покриено до 5/8 тогаш времето е умерено облачно
Доколку небото е целсно покриено со облаци,времето е ногу значи ногу облачно
Годишен тек на облачностаНајголема облачност има околу екваторот,
во суптропските предели во зима Исто така има голема облачност во
умерениот појасНајмала облачност има на поларните
области и во летните периоди во умерените појаси.
Просечната облачност на планетата Земја е 55 % облачноста е поголема над океаните отколку над копното.
Зошто мора да се следи облачноста?Деноноќно се вршат набљудувања врз
облаците за да можат да се направат предвидувања за нивното дејство врз Земјата.
Облаците кои се градоносци мора да бидат предвидени и да се изврши една интервенција за да се спречи нивното негативно влијание.
Најчесто во авијацијата пред летот на авионите треба да се следи состојбата на облаците во атмосферата за да се види дали е безбедно да се реализира авионскиот лет.