99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал...

112
99 ПЕСНИ ИЛИ КАКО БИ БИЛО ДА СУМ САЛ СО СЕБЕ, ПА ПОТОА САЛ ВО ТЕБЕ, А НАЈСЕТНЕ НЕКОЈ БЕЗ НИШТО. ОСОБЕНО КОГА НА НЕБО И ВО ВЕТЕР ФРЛАМ ДЛАБОК ЗДИВ ШТО СЕВЕЗДЕН КРВАВИ Песниве се мигови на различни расположби, а иста доположба: да се биде макар во здивот, макар во зборот, макар во само еден стих заедно со времето во кое сум сам, а не треба да бидам. Затоа што не било, не е и не смее да е само мое.Тоа го докажувам и со насловов на оваа моја најнова стихозбирка. Станува збор за моја нова стихозбирка поставена на Интернет како електронска книга („скромен“ формат), за да може секој да ја презема- да ја има (доколку сака откако ќе ја прочита), но со заштитени авторски права- доколку некој сака да ја објави како книга-печатено издание. Оваа со малку необичен долг наслов-99 ПЕСНИ ИЛИ: КАКО БИ БИЛО ДА СУМ САЛ СО СЕБЕ, ПА ПОТОА САЛ ВО ТЕБЕ, А НАЈСЕТНЕ НЕКОЈ БЕЗ НИШТО. ОСОБЕНО КОГА НА НЕБО И ВО ВЕТЕР ФРЛАМ ДЛАБОК ЗДИВ ШТО СЕВЕЗДЕН КРВАВИ, ја завршив пред 2 години (1999 година). Деновиве во ист „формат“ ќе ви биде понудена и втората- најновата што ја завршив деновиве, а со исто така необичен долг наслов: НАМЕРНИКОТ ШТО ТРГНА ОД НЕКОЈ СВОЈ ПОЧЕТОК СИГУРЕН ОТИ ЌЕ СТАСА НА НИЧИЈ КРАЈ КАКО НИКОГАШ ДА НЕМА ДА ЗАПРЕ МАКАР ЗА ЗДИВ ПРЕД БУДЕЊЕ ВО СЕЧИЈ КАМЕН ПОД ЈАЗИК. Уште еднаш НАПОМЕНА: секој од вас, пријатели на ФБ и (не)познати на Интернет, може едноставно да ја преземе- да ја има оваа и следните мои книги („Намерникот...“ и други што ќе следат). Се разбира, тоа ќе се евидентира, но би било добро- коректно и да бидам информиран (но не мора). Благодарам за вниманието. Ваш, Љупчо. +389 71 303087 [email protected] skype: ljupco_dimitrovski facebook: www.facebook.com/ljupco.dimitrovski страница 1 од 112 автор: Љупчо Димитровски, 2011 година Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Upload: panoptikum

Post on 20-Aug-2015

1.454 views

Category:

Education


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

99 ПЕСНИ

ИЛИ

КАКО БИ БИЛО ДА СУМ САЛ СО СЕБЕ, ПА ПОТОА САЛ ВО ТЕБЕ, А НАЈСЕТНЕ НЕКОЈ БЕЗ НИШТО. ОСОБЕНО КОГА НА НЕБО И ВО ВЕТЕР ФРЛАМ ДЛАБОК ЗДИВ ШТО СЕВЕЗДЕН КРВАВИ Песниве се мигови на различни расположби, а иста доположба: да се биде макар во здивот, макар во зборот, макар во само еден стих заедно со времето во кое сум сам, а не треба да бидам. Затоа што не било, не е и не смее да е само мое.Тоа го докажувам и со насловов на оваа моја најнова стихозбирка. Станува збор за моја нова стихозбирка поставена на Интернет како електронска книга („скромен“ формат), за да може секој да ја презема- да ја има (доколку сака откако ќе ја прочита), но со заштитени авторски права- доколку некој сака да ја објави како книга-печатено издание. Оваа со малку необичен долг наслов-99 ПЕСНИ ИЛИ: КАКО БИ БИЛО ДА СУМ САЛ СО СЕБЕ, ПА ПОТОА САЛ ВО ТЕБЕ, А НАЈСЕТНЕ НЕКОЈ БЕЗ НИШТО. ОСОБЕНО КОГА НА НЕБО И ВО ВЕТЕР ФРЛАМ ДЛАБОК ЗДИВ ШТО СЕВЕЗДЕН КРВАВИ, ја завршив пред 2 години (1999 година). Деновиве во ист „формат“ ќе ви биде понудена и втората- најновата што ја завршив деновиве, а со исто така необичен долг наслов: НАМЕРНИКОТ ШТО ТРГНА ОД НЕКОЈ СВОЈ ПОЧЕТОК СИГУРЕН ОТИ ЌЕ СТАСА НА НИЧИЈ КРАЈ КАКО НИКОГАШ ДА НЕМА ДА ЗАПРЕ МАКАР ЗА ЗДИВ ПРЕД БУДЕЊЕ ВО СЕЧИЈ КАМЕН ПОД ЈАЗИК. Уште еднаш НАПОМЕНА: секој од вас, пријатели на ФБ и (не)познати на Интернет, може едноставно да ја преземе- да ја има оваа и следните мои книги („Намерникот...“ и други што ќе следат). Се разбира, тоа ќе се евидентира, но би било добро- коректно и да бидам информиран (но не мора). Благодарам за вниманието. Ваш, Љупчо. +389 71 303087 [email protected] skype: ljupco_dimitrovski facebook: www.facebook.com/ljupco.dimitrovski

страница 1 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 2: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

Содржина 1. Песната2. Зборот одново3. Камена ограда4. Извор5. Минувај6. Празнина7. Врвот8. Гласови9. Следниот чекор10. Стварноста11. Ај12. Узнавам13. Ништожењето14. Има еден корен15. Знак во камен16. Поплак17. Возљубени18. Порта19. За кого20. Огон21. На крајот нешто22. Змија23. Едноставно24. Годините25. Што ако26. Сува земја27. На врвот28. Лето Господово29. Камен30. Трага31. Кој е мој32. Суша33. Мора34. Коска и пес35. Било оти не било36. Годините37. Ајде пак38. Во мене39. Целта40. Луѓе41. Аманет42. Сенка по спокојна смртж43. Возбуда44. Око45. Долгиот издив46. Бдение47. Скраја48. Секавица49. Солза горешта50. Мојот темен облак51. Моите со мене и без мене52. Во молкот

страница 2 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 3: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

53. Во време од простор54. Сонувам глас55. Воздив и издив56. Во нејзина близина57. Ништото од мене58. Среде длабока ноќ59. Секоја моја последна60. Возврат61. Во карпава62. Трнлива игра63. Огон да го изгори64. Судено студено65. Токму толку66. Се помалку време за спомнување67. Леснотија68. Сушноста69. Сомисла70. Зборови во молк71. Случајно72. Умор одново73. Откривање74. Од дорек до одрек75. Цел ден ветер, цела ноќ дожд76. Продолжи пред мене77. Осаменици78. Исповед за изворот79. Сум дека бев80. Јас во тебе, ти од мене81. Намислувам82. Ќе умре ли татко ми (Пред претсмртен час)83. Пред полноќен миг84. Како да те доречам85. На минување86. Затворен и темен87. За помни ме88. Бунарот в куќа89. Нешто од мене по мене90. Тишината помеѓу нас91. На дното од молкот92. Знам а нема да узнам93. Каменот94. Не дорекувам95. За кого било пишано96. Ветер тивок а студен97. Залезите98. Ако веќе ме немаш99. Никогаш на крајот

страница 3 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 4: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

1. ПеснатаНикому не му е потребна а ја има особено пред мене и пред тебе од други зад мене и зад тебе обично ја нема оти минуваме долг пат кон молкот и спокојотзамислуваме само ние фатени за раце да не не одвее сонот а гол камен и жолт песок околу насзошто тоанема зошто и нема затоаедноставно некој се обидува да имитира птица во изгрев и залез а нема ниту слово во гласот ниту лет во очитенавистина песната никому не му е потребна па и нам во нашава минливостно зошто опстојува и во мене и во тебеда не е поради болест во нашиот воздив

… клик кон содржина

страница 4 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 5: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

2. Зборот одновоДа не си пробала да го вознемируваш додека ми длаби во свеста додека се обидува да порасне во твоето нежно грло жено од нечија темна соба излезена за да ми се покажеш на гола виделина додека те имам како празнинане помислувај да го допреш кога ќе ти се покаже на изгрејсонце сосе непознат плод над суви корењада не си се осмелила да ми го земеш од раце кога се обидувам без здив и запир да му го подарам на детето легнато во сон уморно од игра со вода и каменво мојот одминат ден

… клик кон содржина

страница 5 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 6: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

3. Камена оградаЈа надѕидував со денови и ноќи камен по камен, ред над ред. и водев сметка да не го заѕидам накриво налево-надесно оти од старите мудри луѓе научив дека таков кога-тогаш ќе падне па ништо во него нема да остане од менекамената ограда морав да ја имам пред моите очи оти зад мене сите садеа дрвја и цвеќиња од големи поголеми за да не чекаат да им пораснат како со намера загроза да ми правеадолго се мислев и премислував за конечно да разберам дека морам да имам камена ограда пред моите очи за да не ме опколат од сите страни да не ме заробат да не ме забораватја надѕидував со денови и ноќи а кога конечно ја доѕидав едно утро се урна во молки го разбрав времето: во нејзино време што го собирала и обѕидувала од земја и камен таа сама без помага од некои како мене ги вардела дрвјата и цвеќињата од прегорување и пресушување та немало потреба никој да не се ни обидува да заробува во себе од себе си или од други

… клик кон содржина

страница 6 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 7: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

4. ИзворНе да се напиеш и не да пиеш од него туку сал лице сал снага да измиеш изворни да ти бидатоти е премногу студен и чист за твојот глас за твојот здив што веќе никој од избраните за чекор по од не ти ги слуша поради сушата што во зароб ги тонеостави го да си остане што е длабок извор кој којзнае кога којзнае до каде ке потече прудолу за плод и почин

… клик кон содржина

страница 7 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 8: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

5. МинувајПокрај мојата куќа ти минувај покрај мојата градина минувај и покрај мојата порта минувајсамо не запирајоти сум од оние заборавените и преболените оти сум од оние замолчените и премолчените оти сум од оние во ништожност заробенитесамо не запирај ни случајно макар миг да подзапрешпокрај мојот оган ти подзапри покрај мојот ветар пак подзапри покрај мојот одзбор в миг подзапримојата куќа сета откриена мојата градина расцутена мојата порта ширум отворенамојот оган камен запален мојот ветар немир разбуден мојот одзбор корен расплоден

… клик кон содржина

страница 8 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 9: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

6. ПразнинаНекоја а не секоја нечија а не ничија некаква а не никаква некаде а не секаде празнина гледам да не ја кажувам од неа молк слушам не докажувамоти ме плаши да не из'рти од под камен да не пресуши под високо сонценепозната ли е непрепознатлива да не ене ќе да елична е внатрешна е од светот пред мене есо ништо не може да се прелаже а зошто и бинека е се дури во мене не епа што и да е

… клик кон содржина

страница 9 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 10: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

7. ВрвотНикогаш да го дофатиш како цел кон која иташ кон која скиташ снага си папсуваш здивот од сув посув а тој ко се подалекуод твојот восхит и спокојствома не може туку така од ден на ден од ноќ во ноќ да расте пред твоите очи секогаш од голем поголема што ако може да ти бега од животота што ако онака без да сетиш без да се свестиш без да узнаеш дека ти всушност одамна си го искачил одамна си на негокако да не сии дека сме такви животот сал да го туркаме прудолу под нозе да си го фрламеама добро човеку што ти е та си запнал да си имаш свој врв на кој секогаш ќе бидеш единствен и прв

… клик кон содржина

страница 10 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 11: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

8. ГласовиЗнам дека ги испраќаш во мене за да те слушнам откако те нема откако замина во светот на сонот и спокојот на почетокот од зборотзнам дека ги испраќаш за да ми го докажеш она што не можевме заедно да го одмолчимезнам дека се обидуваш кога сум сам пред тебе да си спомнеш на многу мигови што здив ти снеможеле како свеќава в раце снага ти топелесамо не знам зошто никаде и никогаш само да знам зошто секаде и секогаш помалку ги разбирам колку што посилно ги слушам

… клик кон содржина

страница 11 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 12: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

9. Следниот чекорСигурен или несигурен сеедно ќе го направиш не оти ја догледуваш целта ами само затоа што не си научил да стоиш в место особено кога на небото на хоризонтот во тебе во неа во вас како едно тело со љубов и смрт ги догледуваш сите годишни доба како еден миг немаш страв да не биде последен знаеш одамна дека не може да биде без оглед што ти тежи во душата без оглед што ти гори во срцето како снеможен немаш страв ни од оние што се уште се обидуваат од твој сон камен планина да кренат помеѓу сомнежот и болот ќе го направиш па макар да остане по тебе единствен осамен страден и неразбран како молња в око како луња како траскот како збор

… клик кон содржина

страница 12 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 13: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

10. СтварностаВистина вистина ви велам се околу вас е дело на времето што чекори помеѓу нас и на просторот што самува во секој од нас вистина вистина ви велам ништо пред вас што расте не може да биде само наше земено од спокојот радоста и минливоста сосе достоинството од некој друг вистина вистина ви велам мене не ме познавате осаменици без број затоа што не сакам да ве познавам од што се плашам поради студот и рамнодушноста во вашите срца и во свеста што ви расте од самрак до мрак вистина вистина ви велам дека утре во вас е збор на денес од нас со молк од детска игра во кула вавилонска

… клик кон содржина

страница 13 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 14: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

11. АјАј вака ај онака да не е само така од рака в рака aј некако ај секако да не е само никако од снага за лага ај сега ај несега да не биде вчера без утре и денес а може и денес без вчера за утреама ај дај еден жежок збор јазик да изгори уста да отвори за живот и смрт во еден здив да ми влезе в градиај па ај само ај нај е се остај за нашиот крај

… клик кон содржина

страница 14 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 15: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

12. УзнавамУзнавам дека вчера молчешкум заминал човекот на мои години со верен пес зад него кој му зборуваше како да е сам на светот за се и сешто а најчесто едно нешто дека и тој има песјо срце сега никој не се сеќава на него како никогаш да не се смешал меѓу луѓе узнавам дека денеска молчешкум заминала госпоѓата на мои години секогаш во долг црн фустан и црвена шапка на глава која наутро секој ја догледуваше сама на клупата на кејот со вкочанет поглед во матната река сега никој не знае да ми каже зошто никогаш некој не ја сретна облечена во бело узнавам дека утре молчешкум ќе заминам и јас на мои години на гола планина спокоен и нем снага да одморам болка да преболам од што не можам повеќе ништо во несон да изгорам во сенка да пеплосам сега никој не може да си спомне колку бев осамен во овој помин од дребности и доблести

… клик кон содржина

страница 15 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 16: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

13. НиштожењетоНе бидува ништо од нешто да случи ниту од нешто ништо да не стори макар само една бразда на твоето чело макар само време без простор и семе ништожат оние што не умеат и не знаат како да стојат простум пред другите како во миг на достој пред ветрови и луњи да се докажат без преказ пред сите ништожењето е како неживот а не смрт исто како чекор во празно без здив оти почнало од поразија и бесмисла оти продолжило во самотија и срамија ништожници се редат пред тебе зад тебе а веќе ги гледаш и покрај тебе ништо не им можеш од што немаш што од нив ниту да изгубиш ниту да добиеш не можеш од сештото нивно да одземеш не сакаш од нештото твое да додадеш дури се раѓаат и растат без знак и писмо без глас во стари корени и древни карпиништожењето не го запира никој денес не се обидува за утре да не биде ниту како мамка и измамка ниту како сенка и криенка

… клик кон содржина

страница 16 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 17: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

14. Има еден коренТолку длабоко отишол во плодната земја што никој жив не може да го откорне па и се раширил се раскоренил мислиш дека му нема почеток и крај народот знае колку века има што му се паметат и колку ука и поука за прекажување може затоа е спокоен и рамнодушен кога некој се обидува да го откорне срцето да му го прободе со меч или оган сеедно а се уште никој не знае дека длабоко во плодната земја се зародил со друг помлад од него да не може да се одроди веќе некое ниедно време заедно се думаат фиданка или подземен плод да потераат од себе си

… клик кон содржина

страница 17 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 18: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

15. Знак во каменИзбирам еден што ми се чини длабоко закопан во сувата земја па тешко ќе се најде некој во некое идно време што ќе има сили да го откопа а особено затоа што е крајпатен ќе успеам ли со здив можеби последен да го врежам знакот на мојата минливост на она што можеби ќе ме препознава се обидувам еднаш се обидувам многупати и не знам зошто никако не успевам разбирам конечно дека каменот сепак треба малку да го откопам колку да се види себеси на сонце а разбирам навреме и дека не со здив а со крв само може да остане ниту време ниту невреме да не може да го избрише знакот на мојата минливост крст меч оган и молк во круг

… клик кон содржина

страница 18 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 19: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

16. ПоплакКо суша пустелија ме боли семево оти не му даваат да из'рти во времево што го навасале од сите четири страни та не дишам ниту миг во спокој ко крвава рана ме гори корењево што го сечат длабоко та подлабоко кога не можат да го откорнат оти отишло предлабоко древното е дребно надежното ништожно не можам да излезам пред народов ништо не ме куражи снеможна ми е снагава за да му кажам дека оваа негова земја е се уште родна и црвена и црна дека ќе памети само ако не остане сама дека и древното и дребното и надежното и можното се само во плодот во ништо друго

… клик кон содржина

страница 19 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 20: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

17. ВозљубениНе е само еден животот та да се потроши в миг на студено утро или последна вечера во затворен круг како што крвта не е вода што си ја пиеш или таа тебе те пие додека сонце те угрева молчешкум и тажно не се само три животи во рожбата во родот и спокојот дека сепак си оставил некој или сеедно нешто што ќе те продолжи како што здивот и издивот никогаш не се последни во доодот на твоето време сосе она што не врзало или одврзало возљубени чеда во Господа правете се дури ве има никогаш од вас да не е заборавенодека никој ништо не може да стори ако секој се обидува се во камен или се во земја да престори

… клик кон содржина

страница 20 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 21: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

18. ПортаСтојам пред неа задуман уморен по малку во страв сама да не се отвори од време со делби и селидби железна е дрвена е висока е тешка е црна е со праг од камен има ли некој зад неа или сум само јас пред неа толку векови минале откога собрав снага и ја отворив па зачекорив во мугри во надеж дека е светот голем само паметам кога народот ја направи и ја постави покрај патот што го чекореа мртви војски од туѓи војни за да подзапрат да здивнат да му ја отворат раните да си ги залечат гладта да си ја прелажат и паметам како подзапираа како им се отвораше а ниедна не сакаше да го пречекори камениот праг постојав едно ниедно време задуман уморен пред неа и од страв сама да не се отвори од време со делби и селидби ја одминав си го продолжив патот

страница 21 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 22: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

што одамна не го чекорат ниту мртви војски ниту живи сенки од изгрев и залез само јас единствен

… клик кон содржина

страница 22 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 23: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

19. За когоОва не е за никого штом нема макар еден со мене за премин на другиот брег а не оди сам да ја пречекорам бистрата и длабока река не одошто ми е страв да не ми е мал чекорот туку поради целта што животот во само ден и ноќ ја поставува не е за никого без оглед што секој се труди да биде само за него ова со зборов и молков како песна не е ниту за мене штом сум сам пред бистрата и длабока река за премин на другиот брег во бег од спомнување оти сум бил кога да не сум од оние што мислат дека ќе бидат а зошто е штом не е за никого затоа што е само од мене онака без мисла и смисла во осама со сите

… клик кон содржина

страница 23 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 24: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

20. ОгонГо запаливме до небо во таа студена и длабока ноќ и поседнавме околу него јас и брат ми и змијата што го отру на млади години не можевме да се изнаприкажеме колку што имавме во нас и помеѓу нас тоа е така пред замин животот пред огон а змијата со нас или помеѓу нас конечно во најстудениот и најдлабокиот миг на ноќта брат ми се сети да ја праша зошто го отру на млади години а таа мене ми одговори тој да не чуе дека му било пишано да одмолчува и премолчува без никого да замолчува оти бил душа човек големо срце што не додржува оти бил самак многу години без мене огонот го изгаснав пред изгрејсонце сам но ме гори како да гори во мене во крвта и болот од недозбор

… клик кон содржинастраница 24 од 112

автор: Љупчо Димитровски, 2011 година Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 25: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

страница 25 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 26: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

21. На крајот нештоНе може на почетокот сешто а на крајот ништо кога времето ти минува без да сетиш дека полека или брзо те одминува сосе деновите со години што ги редиш секогаш на почетокот пред нешто запираш подзапираш помислуваш домислуваш продолжуваш а на крајот рамнодушно може и малодушно молчешкум да гледаш и догледуваш колку се околу тебе залудно расте и паѓа стои простум и коленичи оти не може а сака да не е од се од сите ами само за себе може на почетокот сешто но на крајот е секогаш нешто од повеќе што си дал што ти одзеле или од малку што си добил со признание и чест за лично задоволство може на крајот нешто и од тебе љубов

… клик кон содржина

страница 26 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 27: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

22. ЗмијаЈа догледав на педа од мене пред мојот следен чекор случајно не ја згазнав и веројатно случајно не ме касна не ме отру таа свиткана во себе јас исправен пред себе а никој околу нас само висока трева ниски и високи дрвја сончев зрак и дождовни капки од вчера признавам многу ме исплаши оти беше дебела голема долга веројатно всушност сигурно многу ја исплашив со молкот од збор за дело ми се чини дека се загледавме се одмеривме пред да си продолжиме по своите бесцелни патишта ќе ја паметам оти не била само моја планинава да не има и други

… клик кон содржина

страница 27 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 28: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

23. ЕдноставноНема никаква причина некој да бара што било да биде додека е за да не биде без оглед дека тоа што било се уште на многумина им ги студенува свеста и крвта молкот и неспокојот до пребол подобро да не е тоа што било од мене и оној дел од него само до мене кој поминал и не може и не треба да се враќа да се продолжува ами поради силата и енергијата кои нема потреба повеќе да ги трошам оти тоа трошењето сигурен сум би било залудно едноставно времето и животот во него ме научија да не се враќам онаму кај што други допрва доаѓаат особено не на постојката зад мене на која допрва пристигнуваат уморни и со наведени глави

… клик кон содржина

страница 28 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 29: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

24. ГодинитеСум мислел оти годините ги редиме онака без смисла и умисла а по толку години осознав навреме или предоцна сеедно тие ни ги редат животот и времето од ден до ноќ од самрак до разден и сум мислел оти секоја што се реди сама за трошење никогаш нема да се повтори невозможно да се обнови а тоа било сосема поинаку се враќаат назад откога многу ќе се изнаредат не за да не научат колку на пример е важно да се создава особено по создаденото туку да премолчуваме и одмолчуваме се кога не сме во кругот на најблиските или се повеќе се оддалечуваме од него сега ништо не мислам за нив освен дека колку се покуси толку не вредат да ги паметат и прашуваат оние пред нас не ми паѓа ни на крајот од умот да ги прашувам јас за што било и да ги зборувам до презбор

… клик кон содржина

страница 29 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 30: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

25. Што акоЈас не сум оној што бев кога ме немаше во миг на занес со оние што одамна биле и не бев оној што сум кога ме има во замолк од друго време во кое никој не знае од каде и зошто сум дошол пред секој или некој да ме догледа а да не ме почувствува дека сум бил само еден миг напред а потоа сум останал зад и назад да го следам во чекор и да го предупредам на крајпатните заседи на светот за навреме да се скрие во мојот хоризонт но што ако сум нешто за преживување рамнодушно за ништожење деноноќно во она што сум додека ќе бидам па да никому ништо оти е сеедно се што било и зошто не е ова што е од други туку само од мене

… клик кон содржина

страница 30 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 31: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

26. Сува земјаНишто не ја напојува ниту утринска роса ниту летен дожд да не помислам дека може ветер да додува и врз неа да налегне црни облаци ниту јас со својата снага или со мислата од збор да ја превртам каменот и пирејот да и ги исчистам пука та распукува здив да нема туку издив спроти сонцето што гори се од плод до корен и крв а само до вчера беа заедно во радост ги гледав како се милуваат како се љубат како се плодат таа кон него тој во неа дали само мигум ја гори да не ја изгори колку да научам дури има уште од моето време дека во сува земја ниту се влегува ниту од неа од зароб и поразија се излегува

… клик кон содржина

страница 31 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 32: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

27. На врвотОсамен до небо на утрина како на врв на трн стојамсе крева сонце до мене а в коски ми влегол некој самотен студ и умора од одот до или стојот на врвот од мојава планинапо некоја карпа по некои ситни камења одвреме- навреме ќе се стркалаат прудолу под моите нозене можам да ги гледам оти ме влечат како да ме наговараат да се стркалам и јас заедно со нив до бездната до днотоа знам дека долу тече мирна и студена и длабока рекаод неа тргнав ко да беше вчера кон овој врв и мислев дека ќе немам сила некогаш да го искачамосамен до небо се сомневам дека ќе успеам полека внимателно чекор по чекор особено кога треба да скокнам од една на друга гола карпа да слезам до самракдо луѓето на помин во животот

… клик кон содржина

страница 32 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 33: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

28. Лето ГосподовоСекое не е Негово многу на ред им остава на оние без мера и премера без вера до завера за да се сепнат ако сакаат и можат да разберат и научат од други кое може да е наше неземено неодземеноа што беше друго лето Господово има ли уште за нас од Негода не е ова влезено навлезено во корења и лисја сосе плодот да изгорат да не е ова легнато налегнато во камени постели и од трње во сува земја распукана пред смртне ќе е ова лето Господово ами на оние што никогаш не се сеќаваат да му запалат свеќа на животот и да се помолат за утреден со паметењеили е сепак само Негово та ни кажува докажува деке не ни го дава оти веќе не се бројат колку сме му украле во здив и залудно ни минале та поминале

… клик кон содржина

страница 33 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 34: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

29. КаменДа е карпа би седнал на него да починам вака уморен од качување и слегување во мојава земја ама е мал камен на кој ни нога не можам да ставам а да не си ја разнишам рамнотежата и рамнодушноста особено спокојството пред огнот сонце што го разгорува што ме опколува во се помал круг ме оставаи не само што е мал не само што се зараспукал а не се дораспукал на половина туку и паѓајќи како намерно да достасал до пред изворот со голема бистра студена вода во обид да го запре да потече удолу кон мојот народ кој штотуку жеден не тргнал во непознат предел на друго дно да го земам да го фрлам или да го поместам над него нема ли да секне нема ли да пресуши пред да се напијам лице да измијам и да прилегнам до зајдисонце

… клик кон содржина

страница 34 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 35: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

страница 35 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 36: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

30. ТрагаНема и кога се остава за некој да го следи со надеж дека ќе стаса до сопствена цел нема оти во животот пред смртта се пресушува под високо сонце или длабока сенка а колку се лаже и залажува Човек дека со својот опстој и дејание остава траг макар со еден чекор надежен не за некој да се обиде да го следи туку за навреме да научи дека е се како што е и никогаш нема да биде како да не е оти е залудно и бесмислено ама баш се зошто е овој траг зад тебе оти патот по кој се уште чекорам нема цел до смртта

… клик кон содржина

страница 36 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 37: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

31. Кој е мојТој волкот во молк сосе ридовиве околу нас опколени заробени слободни никој да не може ниту да не догледа а камо ли да не има за свои кога ми е до песна не пејам туку само помислувам промислувам домислувам и ми олеснува животов сосе смртта а тој завива вие да слушнат ридовиве околу нас дека се наши и додека сме предавство за зароб не може да им се случи мој е тој волкот во молк и јас негов до самотен пребол нов

… клик кон содржина

страница 37 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 38: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

32. СушаКога би открил кога би узнал кој ја донесе во мојов предел да го пустоши би го легнал на земја откриен гол на високо сонце едни ми велат тоа народот твој не мерел не броел времињата не ги работел умно не ги обработувал според природата и животот а други ми порачуваат тоа е знак порака предупреда на Бога дека ништожноста безнадежноста и рамнодушноста ми го горат коренот сосе плодот во секој случај ќе морам се да сторам да ја наслушам и дослушам да ја заглушам и задушам оваа суша во пределов мој да не пресушам

… клик кон содржина

страница 38 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 39: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

33. МораВеќе да биде од што било не како досега од што не било зашто се нема сила и здив за нови крстопати од кои лесно се тргнува без мисла и премисла како ветер на врв планина веќе да се стои на нозе до кога се може и да не се легнува кога се сака од забол или пребол оти демне молкот од осама како самрак од ничија утрина од сечија пладнина веќе да не се паѓа во длабок сон од кој не ќе се стане дури со нож со секира со огон со молња некој не го пресече веќе да си речам она досега неречено од мене сеедно е дали ќе го доречам

… клик кон содржина

страница 39 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 40: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

34. Коска и песГо жалам што не може да најде скришно место в поле на планина покрај вода или огон за да ископа дупка во која ќе ја скрие та да му се најде во скудно време нема место оти сите скришни досега ги искористи ископа дупки и во нив ги закопа коските што катадневно ги наоѓаше откога почна сушата откога почна изгорот откога на луѓето им стана сеедно дали животот е побрз од смртта а знам дека треба да му завидувам оти веќе најде доволно коски за долго преживување всушност го жалам оти веќе нема ниедна за играње

… клик кон содржина

страница 40 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 41: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

35. Било оти не билоТоа е така и кога е вака или само онака сум бил си била оти не сме биле ниту заедно ниту секој со себе си само во себе без нас ама сепак со право ми велат пријателите и роднините дека секој и сечиј замин е само почеток на губење на силата на спомнувањето и споменот не на издржување на силна до пресилна болка во градите и свеста сега од вчера од денес сигурно од утре вратата на мојот дом нема ќе нема кој да ја отвори можеби би ветар или грмеж со молња во мое невреме и знам и сигурен сум зошто само затоа што одамна не сум во него одамна на неговиот праг се е што е и може да биде било оти не било

… клик кон содржина

страница 41 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 42: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

36. ГодинитеНиту се редат сами ниту се нижат како време минато и сегашно во нечиј прелет до некое утрешно а најмалку вредат за враќање или спомнување на нешто од нив како трага како знак како здив или само миг на оган и крв ништо не значат во нечиј ред помеѓу неред и дребност помеѓу дело и ништожност па и кога ги има кога се уште се гледаат неизбледени на некоја стара фотографија со лица кои некогаш биле живи а искуството во нив што од него по помин на животот што од него по одмин на смртта и од него ништо се разбира како дрво што веќе не раѓа како земја од суша распукана со длабоки бразди во срцето и од него ништо се разбира како пепел и ветер во скаменет пејзаж моите години и твоите години сосе нашите години ги имаме уште денес и ќе ги нема никој друг утре без нас ќе ги нема никој друг

… клик кон содржина

страница 42 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 43: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

37. Ајде пакИ пак сум оној што се обидува да молчи за зборот да не го изгори да не го пеплоса оти го сакам просто го милувам нежно го прпелкам в уста го играм со јазикот всушност правам песна сега пак ајде пак зашто се надевам дека имам доволно сила мисла и умисла да го одбранам во неа од секакви внатрешни и надворешни времиња и простори што го снеможат дури ми го открива својот идентитет сепак не летам во облаци ниту кон високо сонце за да му го откријам на светот угул гол па секоја песна ја завршувам во миг кога немам што повеќе и друго да му кажам и прекажам да му дадам и додадам во миг кога пак сум јас без ајде пак како овој како сега

… клик кон содржина

страница 43 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 44: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

38. Во менеСекогаш се некогаш нешто но никогаш ништо се уште оти не признавам кренат или започнат ѕид за молк за поразија на душата и срцето а разбрав дека вчера силен ветер успеал да откине и да спружи на сувата земја уше еден жолт лист од моето дрво да есен е ама ме бие во крвта страв да не ја дочекам пролетта за одново да го разлистам не ми се крева ѕид околу него оти не ми треба ѕидосано

… клик кон содржина

страница 44 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 45: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

39. ЦелтаНе ми е до тоа да стасам да ја достасам како задоволство исполнение на сон на доверба и љубов не оти не ја знам не ја познавам доволно не сум ја осознал напротив одамна е пред мене одамна ја гледам целосна и јасна дури чувствувам рамнодушност пред неа можеби само некој да се препознае откако ќе ја достаса без мене радосен и спокоен дека не му бил залуден чекорот сосе бесмислата на животот додека кругот на стварноста осамата не се затвори и не почне да стега како јамка околу вратот целта ми е да биде достижна за сите што ќе помислат на себе си во некој миг на мојот замин без збор и мисла без спомен и светлина

… клик кон содржина

страница 45 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 46: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

40. ЛуѓеГи гледам ги следам замолчени занемени презборени уморени премалени заболени како стојат в место и не знаат каде наваму каде натаму и не знаат што сега што потоалуѓе со мене зад мене и пред мене не малку по мене стојат без цел ниту кон лево кон десно никаде како секаде никој не ги прашува кого чекаат да им се придружи можеби да ги поведе кон цел што допрва ќе ја догледаат и разберат ќе ја сознаат и прифатат како една единствена како можна достижна не ги прашувам оти гледам дека пред нас сонце прави и издолжува сенки на високи суви дрвја а карпата под нашите нозе е гола со векови разголувана од ветришта и луњи од дождови и сни

… клик кон содржина

страница 46 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 47: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

41. АманетНикој пред мене а ни зад мене останете каде што сте вие што сте крај мене не ви требам сега не ми треба ни прошка ни признателност за нешто речено подречено доречено неречено како песна како друго нешто ниту дозбор или одболсе нека ви е како вчера како утре сосе денес секогаш што било во премолк и замолк ништо за вас ништо од мојата дребност не било па не може да биде ваше оставете да сум сам со себе ве оставам да не сте сами во себе она што сте додека сте какви што ве дознавможеби ве познав како никој друг празни и рамнодушни без доблест и ништожни голема чест слава му најдлабока благодарност од мене за Човекот еден и единствен во мојата самотност кој ме запомнал како сенка та ме ставил во редот

страница 47 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 48: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

на неговите неколку на број што го следат и не го оставаат без здив пред опстојот на малиот свет во кој тивко чекори никогаш не заборавајќи на сета смисла и бесмисла на животот

… клик кон содржина

страница 48 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 49: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

42. Сенка по спокојна смртжКолку било та не било од мене за вас од вас за други што одамна веќе не се и никогаш не биле за да бидатјас знам дека никој нема да одрече оти изгревот на сонцето ретко кој го забележува го догледува без оглед дали од висока планина или легнат на земја не од неукост не од несознајност ниту од умора туку само поради празнината во душата и подносливата леснотија на живуркањето зошто секоја сенка на замолчен човек што сака да го продолжи чекорот се издолжува станува се подолга со залезот на зборот станува бескрајна пред лелекот над неговата спокојна смрт

… клик кон содржина

страница 49 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 50: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

43. ВозбудаКога е пријатна ја оставам да ми ги освои мислата и чекорот коренот и сонот од што не сакам да ја контролирам да ја докажувам да им ја прекажувам на оние што лунѕаат помеѓу две планини помеѓу четири пустиникога е пријатна сакам да потрае барем до следната моја поразија кога е пак болна длабоко во свеста се обидувам да ја направам минлива и банална во еден миг макар да е тој само во мој здив да ја направам ранлива и беспомошна во свет од дребулии неразбрани во ред од знаци неоткриени каква ли е оваа возбуда што се раѓа во мојата утроба дури го следам собирањето на темни облаци и молњи во мојот самрак

… клик кон содржина

страница 50 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 51: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

44. ОкоНе те познавам колку што те знам како сенка и молња во самрак како бран што го урива што го унижува достоинството на еден народ во земја на корен и плод од камен на еден човек од него со збор и дело за здив до небо извишени за никој ниту со молк и премолк да не може да ги пеплосаа те знам од дамнина од одамна живи а мртви како сонувач на игри никогаш недоиграни како толкувач на песни неиспеани недопишани а те знам од пред ниедно време колку што не те познавам за да те именувам според некој или нешто со мисла и премисла дека сепак ќе се случат ден и ноќ во кои ќе достоиш исправено со чиста совест и безмерна доблест око на мојата љубов со недопрена убост отворено разбудено за навек да гледа во секој кој ме познава колку што ме знае кој ме знае колку што не ме познава

… клик кон содржина

страница 51 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 52: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

45. Долгиот издивВеќе го знам го познавам од поодамна го имам откриено пред години ја разбрав неговата сушност кога брзо умираше брат ми во едно попладне со темни облаци па не може ниту да ме изненади ниту да ме изневери најмалку пак да ме начека неподготвен и без спокој во срцетонајнапред тој не е еден и последен ниту најдолг од сите се дели на два на три на четири во зависност од гаснењето на времето на зборот евентуално на тежината на болот или на осамата во минливоста на животот потоа тој е обично црвен обично модар сеедно дали во бесознание дали во свеста и очите кои полека гаснат може да го догледа таков само оној што внимателно молчешкум таговно и поразно се простува сознавајќи признавајќи на себе си дека се можело да биде многу поинаку одошто било долгиот издив нема никаква смисла и содржина а целта му е само да го најави конечното доаѓање на смртта како живот опсаден од заборав па затоа не вреди ниту солза ниту ридание

… клик кон содржина

страница 52 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 53: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

46. БдениеСепак ова не е спокојна ноќ како што ја гледам со ѕвездено небо и полна месечина седнат на прагот на урнатава куќа од силни ветришта и луњи инаку зошто и со какво дело би било ова бдение пред ништожноста на животот и баналноста на смртта што се случуваат во мене речиси секој денживотот час ми се прикажува како сува фиданка која ко да немам сила да ја откорнам час ми се докажува како плевел од кој не можам земјата да ја исчистам за да биде мојаа час ме потсетува дека не смеам ниту да помислам на обид да го згаснам тивкото огниште во срцево и свеста за да не ме порази докрај до последен молк залудноста на остатокот од моето времебелким во спокојството на ноќва нема да ме умори бдениево да не можам ѕидот од камен и коски околу мене да го кренам по толку години умисла и сомнеж повисоко од урнатава куќа

… клик кон содржина

страница 53 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 54: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

47. СкрајаОд се вчера и денес од тебе во мене од мене за нас од сите на дното и на врвот доволно беше досега што си дадовме што ни зедоа одзедоа та не вративме не повратијанавасал бодеж во крвта дотежил камен в срце снеможил сомнеж в око победил молк во свеста скраја да е светов и веков од се што направивме сами и недоправено оставаме во туѓи осами не може да биде ништо ко што никогаш не било се ниту јас само еден од сите ниту сите како јас во вител

… клик кон содржина

страница 54 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 55: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

48. СекавицаТочно знаев кога ќе се случи бидејќи го следев случувањето помеѓу темниот и црниот облакбрзаа итаа јуреа еден кон друг а беа еднакви и долги и широки другите луѓе во сенките како да не ги догледуваа како да не ги препознаваа на ноќното небо или можеби им беше сеедно одамна научени на рамнодушност пред создавањето созревањето сомневањето и соживувањето темниот со денови и ноќи се собираше на источниот рид зад реката а пак црниот со години и векови на западниот рид зад древниот град од расфрлани мермерни плочи и столбови со мозаици и релјефи помеѓу нива долу луѓе во сенки сенки во луѓе бес спомени и опомени се случи пред изгрејсонце кога силниот ветер почна да слабее да заминува кон хоризонтот прво го распара небото го подели на две го фрли на левата па на десната страна а потоа падна на земја како да не била ќе ја паметам оти беше огнена и модра во будење по кошмарен сон во запир на крвта во последен здив како издив

… клик кон содржина

страница 55 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 56: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

49. Солза горештаСамо една низ белата брада на мудриот пред својот народ пеејќи тажачка пред пораз на непокор само една без здив дека надојдува сенародно молчание поради омраз и мрак во свеста поради сопствена загроза на светот на итрите и ништожнитесамо една во осама од длабок бол оти каменот во коренот го открил конечно на утрина на изгрејсонце штитот на сонцето во питомина од дамнина пред дивина и пустелија само една од години дури гасне зракот дури пеплосува огнот во очите во зборот и сонот

… клик кон содржина

страница 56 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 57: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

50. Мојот темен облакНикогаш немало и никој немал досега толку темен облак како јас како мојов преполн со казанија и претсказанија задушен од страданија и риданијаа не го правев таков ни за мене ни за други а не ми го направи никој од бес или јад за да ми ја порази сушноста за да ме изгуби во пустина и глад го правев со денови и ноќи цел век со годишните доба по ред и ми го доправаше личен и безличен од мене во мене надежен и беден светот стана празен и поразен без мене од мене осамен та мора в миг да се откорне сосе корен и да се фрли да се отфрли заборавен ми вели мојот темен облак дека наскоро ќе се истури со сета сила врз минливоста и маргиналноста а нема да го скротам ни со сончев зрак не сакам да го изгубам за сите времиња кога веќе станав доволно силен да можам да скротам длабок молк со обичен и јавен збор

… клик кон содржина

страница 57 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 58: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

51. Моите со мене и без менеТие се секогаш исти и кога се трудат да бидат различни од себе си особено тогаш лесно им ја препознавам сушноста дека нема ништо во нив како предизвикно признавам дека има некои што не се како сите како да не се со сите ги среќавам ретко и сосема случајно на пример кога ќе легнам уморен на гола земја а на небото наближува полека ме покрива некој темносин некој црномолнен облак ќе минат покрај мене некој ќе застане ќе ме изнагледа некој ќе ме праша зошто сум легнал и дали можам имам ли сили да станам додека облакот не се истури врз мене но повеќето само минуваат напред назад ме одминуваат се разминуваме без да се погледаме догледаме а знам дека сме многу блиски пред некој ден уште не можам да се соземам уште пот ме облева снеможувам еден од нив ме загледа ме догледа внимателно цел и ме праша да не сум како сите разбрав што прашува му одговорив дека сум еден единствен а тој легна до мене и заедно дочекавме да не покрие еден темносин еден црномолнен

страница 58 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 59: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

облак и да се истури врз нас

… клик кон содржина

страница 59 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 60: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

52. Во молкотВо него влегувам секогаш кога сакам нешто да доречам да преречам или одречамседнувам среде неговата темна соба само со еден зрак помеѓу две карпи се гледаме право в очи некое време а потоа се согласуваме дека никој и ништо не смее да биде помеѓу насме остава во зборови студени и топли тешки и лесни полни и празни ѓиви и мртви за сите да ги наредам едни спроти други а потоа да внимавам да не се измешаат да не се прегласаат до непрепознавање кога станувам за да излезамвнимавам да не ми го пронижи срцето да не ми ја вжари крвта зракот помеѓу двете карпи зашто знам дека е само негов и не е за други да му се радуваат од него излегувам некогаш кога некој ќе посака да се догледа сам јас без него да ме следи со други јас во него

… клик кон содржина

страница 60 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 61: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

53. Во време од просторОдамна бев во кругот од кој велеа дека никој никогаш ниту ќе може некогаш да излезејас успеав одамна зашто пред да паднат денот и ноќта сосе изгревот и залезот во моето срце научив дека сонот е секогаш од стварноста што ме навасала за да ме фрли на дното без свест и сомнеж за постоење со збор и здив и издивдури бев во кругот ги паметев да не ги заборавам сите мртви природи и живи предмети изделкани од камен од луѓе со безизлез и смртне за друго туку само затоа што знаев и знам дека надвор од него е моето времево кое сум за да бидам

… клик кон содржина

страница 61 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 62: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

54. Сонувам гласМи иде од негде како да е самрак како да е со последен зрак од најблизок умрен којзнае кога одамна во се видено и допрено од мене при од и почини ми кажува нешто како од болка откорнато а не дослушувам а не одгатнувамникогаш нема да заборавам дека си го препознав мојот глас како одек во бездна без мене кога еднаш така ми дојде пред будењесега нема да се разбудам (можам кога сакам оти одамна буден спијам) се дури ми иде од негде како да е самрак како да е со последен зрак а јас осамен и нем и се уште живполека гаснам како сува земја под високо сонце ама ќе полетам со него во песна без знаци и призраци последен пат

… клик кон содржина

страница 62 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 63: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

55. Воздив и издивСе побавно минува времето од утро до самрак од полноќ до мугра во мојот семожен починверојатно оти веќе немам сила за еден чекор по многу направени а можеби огнот во куќата на мојот воздив полека гасне од што немам при рака од што не наоѓам веќе поблизу од високата шума суви дрвја за да ги пресечам дури не им пресушил коренотстанувам некогаш од земјата со зглавје од длабока вода моето легло во кое сонувам одамна умрени блиски роднини и пријатели со кои разговарам за се и сешто а најчесто за се што сме претуриле заедно преку глава за се што снага сме фрлале за се што мисла и премисла сме ределестанувам некогаш бавно уморно истрошено и влегувам во издивот што ми е се поблизок и полесен од неизречен збор и прекажан молка излегувам од него кога ќе слушнам ветер како доаѓа кон мене како пепел да ме земе и во заборав да ме одвее

… клик кон содржина

страница 63 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 64: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

56. Во нејзина близинаПред мене е и само што не влегла во мене да ме умори до последен чекор и да ми каже дека веќе доволно беше доволно било оти нема потреба од мене во друго време во познати и непознати предели да ги преселувам сосе птици преселници дребулиите и баналностите на кои се сведува минливостами мириса на темјан на оган од коски и молк како да сака да ме занесе па да ме однесе за спокој и радување кај мои дамнешни познајници и пријатели блиски и далечни родниниќе ја пуштам нека влезе за во мене да ја започнеме последната битка јас на чело на моите таа на чело на своите војски пред изгрев и залезво одбрана на мигот на создавањето голем колку еден цел живот

… клик кон содржина

страница 64 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 65: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

57. Ништото од менеМи велат ме убедуваат ме беспокојат и успокојуваат дека помеѓу минливото и трајното е ништото а јас со несон со денови и ноќи со немир и темни сенкиникако да го пронајдамво она што сум го направилво она што го правамнајмалку пак во онашто сум наумил да го направам сум направил една птица во летод каменне за да не може да паднепа да не се искрши на ситни парчињада не се престори песоктуку за да ми ја покаже смислатана мојот лет кон високи врвови правам куќа од восокголема колку да можамда влегувам во неада излегувам од неапред невреме и жешко времене за да имам само моедомашно огништешто ќе ме грее и во и околусрцетотуку за покојание на мртвитеи покајание на живитекога ќе почне да горикога ќе изгори ќе се стопиод болот што го раѓаат спомени и живот сум наумил да направамедно парче земја обѕиданосо ѕидишта кренати до небово кое кога ќе легнам да заспијам за буден да не се разбудамда не скокнам како змијада ми го стегнала теловота не ми дава барем уште малкуда подишам длабокои уште некој корен сосе стебло сосе плод

страница 65 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 66: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

да откорнамда не оставам да го иманикој другшто ќе го растеод мене

… клик кон содржина

страница 66 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 67: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

58. Среде длабока ноќЈас не знам што му се случи на огнот во меѓувреме за да угасне без никој тоа да не го забележисега нема ни кој да го запали ни кој што да гори во негоа навреме времево предупреди дека ќе биде час студено час топло и не ќе може ничие срце ваков ритам на сомнежи и стравувања да издржибидејќи го знам одамна сигурен сум не сакал да угасне а претходно да не побара помош од некој од стражарите на ноќта седнати околу него да починат од соништаако е некој злокобник злоколнатик злокорнатик брзо самиот ќе се открие ќе ни се пофали што сторил за да го паметиме откако сме живи од дозборако е некој негрижник несовесник ќе мора да научи да биде со нас среде длабока ноќ и да го нема за другите кога е пред нив се додека не разбере колку е болно колку е жално и плачно без огнотна мртвите

… клик кон содржина

страница 67 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 68: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

59. Секоја моја последнаЈа замолчувам ја одмолчувам ја премолчувам во мене да не запее да не пропее сонот пред зоритаа дамнешна таа вчерашна таа сегашна песна во мене никогаш ниту се родила ниту умрела само горела та изгорела штом некој ја зел в раце да ја однесе крај бистра вода да ја напои да не и пустини снагата само можела та снеможела да чекори сама без мене и без никој друг кон залез и длабока ноќпорано сум имал и прва и други по неа а ниедна моја последна сега ми е секоја оти не знам и не узнавам дали пак ќе се разбудам во спокој или бол во збор или дозборја замолчувам ја одмолчувам ја премолчувам во мене но никогаш додедка не капнам со последен здив нема да ја домолчам

… клик кон содржина

страница 68 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 69: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

60. ВозвратНе ми треба ништо повеќе од насмевка при спомен на се што сме минале и поминале заедно во еден здив во еден чекор и непокордека сме биле некогаш како две високи карпи меѓу длабоки бездни на таги и болести на спокој и сонување на прекори одмолченине ми треба ништо повеќе од оган во тебе што не гасне при силен ветер и лути молњи на небодека сме за секогаш како две бистри реки од извори до понори од корени до плодовиза се она што не оставив недопрено недоречено немолчено докажаноза се она што не заборавив да скријам во нас никој да не може ниту да го открие ниту да го одгатне

… клик кон содржина

страница 69 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 70: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

61. Во карпаваЗнам дека не треба на ништо да мислам додека се најдувам сам во карпава од која извира бистра вода и паѓа бела како пена под пресечената планинаама сепак мислам дека мојот помин е дел од она што сетувам дека иде и ќе остане без плод од корен без семе од ноќ и дентоа не ме заболува не ме поразува туку само ми ја расте рамнодушноста пред постоењето и опстојувањето на се од мене во мене на се околу мене без меневоопшто не ме вознемирува ниту ме заплашува дека ќе останам заробен може векови може светови никој да не ми дојде да не застане и да помолчи пред мене никој да не узнал да не слушнал дека во неа сума веќе доаѓаат намерни и ненамерни да го видат паѓањето на бистрата вода да застанат покрај него за од некој убав агол да ги слика око растреперено на сликар за спомен и убавинане треба на ништо да мислам или помислам додека се најдувам сам во карпава но таа полека ме открива за показ и доказ на светот дека некогаш сум бил

страница 70 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 71: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

за да не суми ме уморила и ме снеможила без плод од корен без семе од ноќ и ден

… клик кон содржина

страница 71 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 72: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

62. Трнлива играСум паднал во трњевосум легнал во негота не ми се станува веќе не го чувствувамна голава кожасамо ја гледам со отворени очикрвта што се излеваод моево се уштеживо тело утро е пладне е вечер еа јас ја играмсенката на мојотпрв и последен зборшто никој нема да го слушнеосвен болот и поразотод украденото времена патници намерниципокрај мене што миналеи ме одминалевнимавајќи никакода не паднат во трњевоуморни и самотниод изминат долг пати предолго патешествие сепак ќе станамќе излезаммакар на полноќмакар без капка крвво мене

… клик кон содржина

страница 72 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 73: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

63. Огон да го изгориНа ова стебло сечено со векови пресечено едно утро без сонце и свежест (со мало ноже скриено в пазуви да не го најде никој никако не ветрот што пишти кога ќе се зададе кон мене од десната страна на срцето) не му остана многу време за демнење на сенки и воздиви во некогаш длабокава шума та треба што побрзо се да сторам огон да го изгоризнам како оди редот сосе проредот во животот одамна зајаден од смртта прво треба да го запалам во сувиве гранки и сувово лисје притоа да водам сметка премногу да не зачади оти може да ми го замати видот црнина да ми го покрие лицетозначи да го разгорам брзо па најсетне откако ќе си ја притоплам снагата до него да го ставам и да го гледам како го изгори дури го догорине му е никој виновен што навреме не си го пружило коренот колку што му достасувале самраци и раздени сушици и водовртежи та да го прирасне со жизнерадоста своја да го порасне извишен и горд до небо до врв планинане му е никој виновен што не си ги лекувало раните од малото ноже скриено в пазуви да не го најде никој никако не ветрот што пишти кога ќе се зададе кон мене од десната страна на срцето

страница 73 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 74: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

огон да го изгори се живо и мртво да пеплоса околу него околу мене во пустињево

… клик кон содржина

страница 74 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 75: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

64. Судено студеноРазбирам дека не можеш да ме разбереш дури се обидувам да ти ја раскажам сенката што почнува под моите нозе и не следи до залезот на сонцето над градот што го градевме сосе нашите години од камења и тулии не обидувај се да те разбирам оти не си подготвена за самотен час од мене во мене за никој да не може да не догледа пред да прелетаме отаде изгревот и сонот сосе време што ги брише сите траги на опстојота и не е за разбирање судено студено во крвта што истекува од длабока рана скриена во очиве што сакаат да те допрат цела да ти го милуваат зборот од премолк до замолк

… клик кон содржина

страница 75 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 76: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

65. Токму толкуМене ми било пишано да бегам во сите страни на изворот на изгорот на доморот оти откога знам за себе откога паметам за други ништо не сум презборел без цел без умисласега никој не треба никој не мора да ме познава да ме запознава ниту ваков ниту онаков пред други во првиот сон од молнена и громна ноќсе брзо се пребрзо се случува додека стоиш над мене да си сенка пред залез божем ќе ме довардиш од лути змии во корен и црни птици на небоа се е сеедно а се е само едно недопишано недоречено од издив пресечено

… клик кон содржина

страница 76 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 77: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

66. Се помалку време за спомнување На брат миСамо одвреме совреме во невреме и привреме ме враќа на него доболен до смрт како се држиме за раце и не можам да му го запрам кажувањето за играчки и плачки како деца како се да му се враќаше од почеток до крајодамна го нема жив дури се гледаме во жал и немоќ на збогување одамна го има мртов в земја за молчание во се што било од нас како секогаш да било само нашесега ништо не ми значи времево дека е се помалку за спомнување оти и најмалку ми е доста да ми се јавува на сон да ми се јавува на јаве млад и силен и здрав во опстој и надеж за да ми докаже дека останува во мене неговото вчерашно утре дека продолжува во него моето утрешно денессосе нашето растење сосе нашето гаснење

… клик кон содржина

страница 77 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 78: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

67. ЛеснотијаДа не се најде никој да ме погледа да не се изнајде никој да ме догледа во овој лет кон врвот на празнината од моја крв и мој залез од мој молк и моја догораако некој ме погледа сепак ако некој ме догледа сепак може да ме пресече споменот на сите умрени со кои сум бил жив може да досегне некоја болештина па да пресушам жеден на извороти полетав последен пат исто како првпат кога бевме деца во игра со сонце исто како вторпат кога бевме зрели за љубов до смрт исто како последниот пат кога разбравме колку време сме потрошиле само за насти каде си пред очиве темнина да ти го подотворам студов да ти го накажам неговото последно предавство дури ми ги вкочани крилјавабожем не знам дека никогаш повеќе нема да долетам на врвот на празнината од моја крв и мој залез од мој молк и моја догора

… клик кон содржина

страница 78 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 79: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

68. СушностаНе е во мене не е во тебе не е без нас ниту со нас надвор од секоја пресметка е на сенката на минливоста и молкот на бескрајноставсушност независна и слободна единствена во бездната помеѓу смислата и бесмислата всушност постојна и постојана како планина висока до небо како корен длабок до изворимигум чекориш напред мигум ме здогледуваш назад сосе молњи во крвта на сонот што не успеваме да го досонимевпрочем зошто да имаме едно време јас и ти убавино во зборови заробена некажани недокажани од некој на умирањетаа е срцевина на род е семе на плод таа е почеток на опстој е крај на сечиј постој

… клик кон содржина

страница 79 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 80: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

69. СомислаСите на помин и одмин во немост се во празен и самотен сон како сенката на зборот што корени во карпа со знаци за древност пред други во дребностсекој носи премисла и домисла за нечиј за сечиј кораб а чиј е оној потонат на дното на длабокото море на свеста за изгреви и залези во согласност со годишните добаимало и има други далеку и близу до брегот на песната за воинот во битка без почеток и крај кои не допловиле оти биле празниа мојата сомисла сите да се со оние и секој со оној во минат живот без суден и пресуден час не е поради премолк и замолк оти не може да има невреме и нема зол и злокобен глас од фрлено семе во време што некој за сопствен опстој ќе го земе

… клик кон содржина

страница 80 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 81: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

70. Зборови во молкНе вели ништо пред мене одамна е речено се што требало да премолчиме или да одмолчиме не велам ништо пред тебево секој твој молк цел век зборови цел живот во изгори од спокој до сни од крв до оган на сува рида самотаво секој мој сон ти пред ѕид од спомени простум за стрелба в срце со последен здивво молкот многу зборови оставени скриени од немир од недобол со недоброј изгреви и залезиоти нашето било минато како сечија сегашна рамнодушност како нечија поразија и ништожност

… клик кон содржина

страница 81 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 82: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

71. СлучајноСлучајно те запознав крај река под планина од поле низ нива ораница дури не мислев на опстојувањето со векови зад мене и пред мене на сенките на оние што оставиле умисла да го урнеме ѕидот во кој нечиј невид ги соѕидалслучајно те одминав сосе страв дека река матна ќе се излее и се пред себе ќе однесе во бездни на свеста планина ќе се отвори и оган и чад ќе исфрли се до работ на сомнежот поле спокој ќе постели за мене да починам пред нива ораница со семе надежно да посеампрости убавино оти случајно не те зедов во мене заедно да стасаме до последниот ден до последната ноќ на немоќта

… клик кон содржина

страница 82 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 83: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

72. Умор одновоMи влегуваш в сон искршена раскината на недоброј мигови стварност во која не ми даде ни здив ни воздив да обновам барем дел од надежта дека ќе издржи куќава што ја изделкав во високава карпа дека нема да падне пред стравот со ветер и молња со студ и мраз од мојот нестасан народ под неа ме гониш од миг во миг над високи шуми во длабоки води за сетне да разберам да прифатам в очај дека нема да стасам на крајот од патот покриен со коприви и трње макар бос по него одел макар угул гол на сонце и месечина се до спокој и од птици заборавен пој сепак ќе заспијам длабоко и ќе се разбудам пак да продолжам да барам да откривам семе и извор во сува земја за плод да коренам

… клик кон содржина

страница 83 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 84: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

73. ОткривањеОткривам како се што се пласти во мојата свест од стварноста реалноста и сонувањето нема да успеам да го докажам пред светот на мојот опстој и пред векот на твојот достојоткривам како се повеќемина околу мене ме молчат за да не мораат да ме премолчуваат од што им е сеедно колку сум бил како што не сум и колку сум сакал да бидам со пород и род од кога веќе крај мене не сеоткривам како секоја средба со тебе љубов ми станува се поболна со се поотворени рани се подлабоки бездни што не крвават ами ми го гаснат телотознам дека иде ден и иде ноќ кога морам се откриено да покријам во последен здив за почин

… клик кон содржина

страница 84 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 85: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

74. Од дорек до одрекЌе речам па ќе одречам па ќе доречам откога знам за моево време никогаш не сум бил в земја без корен од секој чекор в камен без семе од здивен екотќе одречам па ќе речам па ќе доречам откога научив здивот да го запрам и продолжам за уште игра во плод за живот колку што ми треба до некоја догледана цел секогаш си го кревам ѕидот во одбрана на мојот оган од студни ветришта и немирни бранови на кои векот си го бродамќе доречам па ќе одречам па ќе речам откога ми исуши родот за до утре сосе вчера ми секна изворот та не знам ниту денес ниту сега дали од сон ми иде бол што гради ми стега и кога ли мигот ќе ми биде со небесен ѕвон

… клик кон содржина

страница 85 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 86: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

75. Цел ден ветер, цела ноќ дождНадвор сум од себе си а не ми се влегува внатре од што одамна се други во менецел ден ветрот од сите страни виткаше дрво до земја насадено од мои прадедовци растено за мои потомци но на радост моја не успеа да го откорнево еден миг на вардење на огнот од дамнина да не угасне за малку да го дофрли до празнината опколена од високи планини како да го скрие како да го осамицел ден силен ветер сакаше да издува од нашата свест за стварноста одамна безнадежна бескорисна безлична и бескрвнаа небо не видов да разведри само густи црни облаци од никаде долетани еден на друг нафрлени и префрленипотоа цела ноќ дожд црн мразовен да не можам ниту да се видам ниту да се догледам цел голи коски ми изврна и преврнаво еден миг на чуден безмерен безнадежен и беспричинен страв легнав до дрвото речиси околу него и ја гледав матната вода како се повеќе станува збеснета река што лета од ридовите и се пред себе голта во себе но никако да доумам или изумам што ја раздели на две точно пред огнот пред мојата древна куќарка каменацела ноќ дожд неуморен како се да може да предожди сосе збеснетата река да ја проголта нашата

страница 86 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 87: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

последна надеж во опстој за вчера во денес и по утре

… клик кон содржина

страница 87 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 88: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

76. Продолжи пред менеНе запирај кога те нема крај мене заедно да ги достасуваме врвовите на нашите планини со сите тежини на надежта и растењето продолжи и удолу до дното на сушата без здив што ти ја морничи крвта може тогаш да разбереш дека и во небид час и в осама ќе ме најдеш како сам корен како единствен и за веки вековне запирај кога те има пред мене сосе топол ветер сосе студен дожд се до врвовите на нашите рани пустинети до лузни на лице на гради на срца и очи продолжи и угоре до самоти небо што натежнало ко да ќе истури откорнати карпи од туѓи несони и невиднинизнам тогаш ќе разбереш дека нема крај во зборот од изгорот до преболот што ти го дарувам за почин

… клик кон содржина

страница 88 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 89: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

77. ОсаменициТие се дење ноќе опколени со високи планини и непроодни шуми што ги растел цел живот некој во нив создаден од празни зборовиа не оти не можат да излезат на бел ден од рани зори и да се замешаат меѓу луѓето напротив тоа го прават без да ги почувствуваат или видат ниту да им го измерат времето ниту да им ги добројат годините додека не ги земат за раце оние што во меѓувреме останале без род и пород и ги однесат во опколеноста за да бидат осамени до смртизлегуваат низ скришни и тесни козји патеки во свеста покриени со билки и мирисно цвеќе па се враќаат се понаведени до плодната земја и голите камења небаре ги влечат небаре полека им ги снеможат снагите за конечно да ги легнат без здив во спокој и молксе поблизу сум до високине планини и непрооднине шуми сосе козјите патеки во свеста и се почесто дење ноќе слушам празни зборови во мене

… клик кон содржина

страница 89 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 90: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

78. Исповед за изворотПрости ми изгревино за мојата негрижа оти го оставив да угасне да секне пред да го откријам во спокој без престан да го изворама живо паметам додека мртво беше се во претсказанието на новите векови јас како штотуку извишен над суша од пеколно сонце го слушам како се превртува во којзнае која длабина в земја низ празнините на коренот на оревот под кој легнувам а да не заспијам оти може да не се разбудам и таков штотуку извишен да си починама не заборавам додека ме паметат оние што растеле со мене јас како воин со отворена прекрвена рана од зломисли и злодејанија го слушам како се пробива кон мојата снага помеѓу искршените гранки на дабот во чиј вековен молк седнувам за да не станувам додека не го донагледам летот на последната ластовица кон недозбор за длабока љубовпрости ми залезино за мојот умор од предолги скитања во сите страни на светот прости ми оти не узнав навреме пред последен издив во намрачена постела за мојата игра со каменот од последен врв откаменеттој да ми бил в срце уште од будење уште од раѓачка до умирачка а го оставив да угасне да секне пред одново да го изворам

… клик кон содржина

страница 90 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 91: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

79. Сум дека бевДа јас сум оној што ти се јавува во надојден миг од безреден сон колку да се спомне дека уште не сум заминал за никогаш повеќе да не се вратам во ова студенило од залудни утра и суви ветришта што ми го кршат лицето како в огледалода јас сум овој што те довикува од брег со остри и високи карпи на кој никој не може да дојде ни од небо ни од море зашто секогаш бев како корен кому ништо не му значи стебло ли ќе извиши плод ли ќе созрее во самотнинада јас сум тој што те покрива та открива со суво лисје пред мразна зима со мртва земја од голо лето како длабока рана во спомен на опстој пред молњи и стии во кој заедно сме биле

… клик кон содржина

страница 91 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 92: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

80. Јас во тебе, ти од менеСи докажувам дека нема ништо попрво од сон што ита низ неспокој се пробива со сите насобрани сили кон недоброј денови и ноќи за друго време да достаса со првиот зрак врз урнатините на нашата куќа од камен и сува земја со насобрани ветришта во темелот не мислам дека допрва ќе се случи да се будам во тебе со се насобрано та заборавено во животот минат како миг на слепост и немост пред убост ти од мене зеде се пред замин за никогаш и никаде да не запреш за намерно и случајно да не се вратиш во дното на душата одново да почнеш да ми ја мериш љубовта што така штедро ти ја истурав в срце кога беше отворено за ново раѓање на збор до изгор сепак мислам дека макар уште еднаш ќе се разбудам во тебе сосе убоста насликана со темни и жешки бои што ми ја остави на единствениот ѕид од урнатините на нашата куќа извишен до небо

… клик кон содржина

страница 92 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 93: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

81. НамислувамКако ми доаѓаш рано в зори од последен камен под моиве коски и под последно дрво во мојава градина од пресушени изгорени корени како млад и силен извор на збор што пробива уморен молк на заборавена крв од ниедно времекако ми легнуваш во виножито што секогаш се крева над мојата судбост сосе оган молња и модри дождови прикажана пред светот со јадовина и скрбнина за неговото паѓање и пропаѓање на дното од говороткако заспиваш во рамнодушност дека сум за миг она што некогаш сум бил со тебе и пред тебе но никогаш во тебеи те нишанам и те пронижувам со последен здивоти ден на убоста што ти прилега никогаш не се родил не почнал да расте ниту ноќ на наша прелага на животот некогаш ќе падне врз нас ќе не покрие со некој од своите заборави и дребности

… клик кон содржина

страница 93 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 94: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

82. Ќе умре ли татко ми (Пред претсмртен час)знаеш дете мое мало знаеш од најмало дека умира се што е живо и мртво дека од раѓање се умира дури не се умрета секако ќе умре брзо за оние што ќе се сетат на него кога сенката им в осама ќе ги најде од што живеат за се да гасне како минливоста како дребноста и безличноста како домашно огниште во со векови куќа што одамна се изгорело пеплосалота секако ќе умре бавно и пребавно и болно и преболно за сите ко во тебе ко во нас што е од негов прв издив до наш последен здив како корен длабоко в земја што никој не може да го откорнене ме прашувај зошто да умре на овој врв од многуте што ги искачил сам и со поткрепа од род и пород а не на некој друг пред него и по него кој во невреме и севреме во меѓувреме се стркалал се струполил до дното во неговите се уште живи очине не прашувај мене и него зошто оти ниту јас а ни тој не знае а и тој знае и јас знам исто ко што знаеш ти дека секогаш на крајот се вели овој е мојата последна цел не како пораз и рамнодушност не како празнотија в душа и срце туку како крај со почеток од друг од тебе дете мое мало жали го оти долго умира прежали го ако остане нешто од него подолго да живее

… клик кон содржина

страница 94 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 95: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

83. Пред полноќен мигСе од нас ко да се преселило во длабок сон та не можеме повеќе ништо ниту да допреме ниту да им прекажеме на оние што веруваат оти некогаш сме биле и во нивните сенкирамнодушноста е посилна од молк помеѓу маски за безличие го разјадува спокојот го урива достојот од една до друга разделина од една до друга виделинаполека ни гасне последниот оган во спомен на одамна живите без нас на од скоро мртвите во нас додека немуваме уморни од одот по трнлив пат пред камена плоча на која одвај ги препознаваме нашите лицабелким ќе го минеме белким ќе го совладаме будни овој полноќен миг макар по него се одново да почне од нас

… клик кон содржина

страница 95 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 96: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

84. Како да те доречамМе снеможат сите зборови што ги редам ги смислувам ги премислувам за тебе за твојата убост во залезен зрак пред самоти самрак како да не сум во нив како да не смеа немоста не и прилега на умората од страсти по кои тонеме во длабока празнотија не и прилега на огнот во крвта што никако да стивне како да се плаши да не угасне да не не пеплоса пред студ и самотијаќе ја довардам ноќва што иде се до разденина буден и подготвен во кој било миг од твојот здив крај мене да ја разголам да ја разболам да ја разнебитам за да не заборави ко никогаш да не сме биле во неано што ако останеш засекогаш ваква на секој што ќе те погледа и догледа на ѕидот од одамна урнатата куќа на моите спомени да му бидеш од мене недоречена

… клик кон содржина

страница 96 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 97: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

85. На минувањеЈа догледав па ја загледав па најпосле ја изнагледав восхитен од нејзината извишеност до небо од нејзините урнатини во некое дамнешно време на селидби и судби од редени карпи и од бел мрамор извишена до небо ме враќаше во спомени како искри в срце што мигум се палат и гаснат за да не ми отворат некоја стара рана во војна помеѓу еден живот и многу умирачки на свои и најблискинејзините урнатини ме тажеа и растажуваа до немоќ дека не можам да ги достасам со ред или барем да ги домислам во неред моите длабоки корени та после се што било од мене ќе биде само приказ дека е лесно да се гради а тешко да се урива куќа макар на минување откако темелот ќе и се затврди сетне видов еден зрак ко од магла да изронува среде угасната љубов на прагот на кој се стоело долго предолго во немост и болка поради недоброј разделини

… клик кон содржина

страница 97 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 98: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

86. Затворен и теменНемам каде ни со кого до некаде во ѕид соѕидан којзнае колку века та оставен заборавен од секого и од тебе се подалечна како што е мојата самост мојата дребност се поблиска до ништожноста длабоко сомнежен посакувам да сме дел од светот дека бевме едно време ти од извор бистра вода јас во небо сосе молња посакувам да заминам во дамнешна ноќ без разден и никогаш да не сум бил во години наши вчера во мигови од помин денесостави ме нека ме откорне и в неврат нека ме одвее последен ветар бесплоден како предавство на свеста надежта спокојот и сонот

… клик кон содржина

страница 98 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 99: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

87. За помни меЗапиши ме на ореов лист паднат на земја на која одамна ништо не из'ртува и се пресушува пред коренување па препиши ме во каменот што го избрав од големите струполени под врвот на мојата сушност за вечен починоксамо внимавај да не допишеш нешто од нашата игра во маски откако пораснавме големи и силни да не може никој да ни ја совлада достојноста никој ниту да помисли да ни ја зароби опстојностајас одамна не се сомневам дека запишан не ќе бидам од никого близок и најблизок заборавен а препишан во вековен студ и мрак земјен ќе останам во тебе како од предавство на молк искрвавен

… клик кон содржина

страница 99 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 100: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

88. Бунарот в куќаМислевме одамна пресушил уште откога од куќата излегол последниот издив на осамениот старец што ја вардел сама жива сосе сенки среде трње и диви треви од диви ветришта гладни за крв и месосе собравме во неа случајни дојденци и намерници да видиме дали може да се поткрепи да не се урне уште некое време барем дури си ги одмориме коските дури да одгатнеме нешто од напишаното и нацртаното на нејзините ѕидови како поука или опоменабунарот беше на средината од собата со изгаснато огниште веројатно ископан поради најдена вода при нејзиното втемелувањево неговата длабока темнина фрливме камен што го откорнавме од прагот се изненадивме кога чувме екот од ударот во водане го затрупавме туку го оставивме жив да остане откако ќе падне куќата како последна среде трње и диви треви дека со ништо не може да се поткрепиможеби некогаш некој случаен дојденец или намерник ќе стаса жеден до него

… клик кон содржина

страница 100 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 101: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

89. Нешто од мене по менеТолку време поминав до неколку чекори далеку од целта на мојата опстојба сосе сенка до самоти дно на огнот на заборавот та сум рамнодушен дали нешто од мене по мене ќе остане за други зад тебе единецу мој та спокоен сум дека сешто во мене што било ќе се стори темен облакако некој те прашува да те допрашува зошто им бев толку далеку на оние што ме слушаа внимателно од збор до збор белким ќе разберат нешто од мојата игра без ведрина од моите сомнежи до снемога кажи му дека не го знаеш она што го знаеш единецу мој не сум бил за нивно разбирање а ни за нивно откривање како создавачи на одбол и празнувањегодини и години поминав до неколку чекори далеку од целта на мојата опстојба сосе сенка та сум сигурен дека нешто од мене по мене единецу мој нема да остане за сите по тебе што ме тонеле во свои залези и се што во мене уште е ќе се стори студен ветер

… клик кон содржина

страница 101 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 102: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

90. Тишината помеѓу насДа ми е да знам со кој подземен бран ни иде за што подолго мрачна да биде без ниедна ѕвезда в очи без здив од залез далечен божем ќе е вечен во нашите тела уморни од непочин голи со се што од време ни одзеласамо узнав дека долго ќе остане да не гори од дамнина до иднина помеѓу нас да не може ниту молк да брани да прозбори за судбини што биле крикови од живи раниништо не знам за мраз и студен ветер и облак темен кој одамна покрил се живо во нас што се скрило а кога сончев зрак пробил немало никој што да каже нешто ко да било да прекаже тајно писмо од корен да докажесо кој подземен бран ни иде од далечен залез невиден та сме исплашени преплашени како да сме сами во празнина од љубов до бескрајна осамина

… клик кон содржина

страница 102 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 103: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

91. На дното од молкотТолку многу години минавме во ден и ноќ страдни од молнени радости и суви рани та сега ни е сеедно кога се будиме а кога заспиваме на дното од молкот што не преболел во сите сегашни и идни времињана дното од молкот ниту зрак ниту призрак на сонце или месечина на ѕвезда да е наша виделинана дното од молкот узнавме дека само ништо оставаме како никогаш и никаде да не сме биле дека само ништо било и секогаш е помеѓу насда запреме овде под овој камен одронат од врв тој да му раскаже на некој што ќе го раскопа и преврти за свое место ова парче заборавена земја колку сме растеле до небо и колку сме пустиниле пред други додека години минувавме во ден и ноќ страдни од молнени радости и суви рани

… клик кон содржина

страница 103 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 104: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

92. Знам а нема да узнамЈас знам што ме враќа во висока шума изгорена од крв и од огнови во извор низ грамадна карпа како човек опстојник на ветер под модро небо и бели молњии знам што ме навраќа на луѓе обѕидани со векови со страв во сомнеж без ронка надеж дека никогаш повеќе нема да им се случи да бидат пак заедно со блиски и најблиски тоа е длабока тоа е немерлива тоа е жестока и пеколна тоа е неподнослива болка во свеста дека се што оставам зад мене никому нема да му остане за долго паметењеама не знам и никако да узнам и знам дека нема да узнам зошто уште напред ме турка моево време сосе семево што го фрлам само од мене во мене во пустава и сува земјане ќе е од некогаш до кога не ќе е до снемога

… клик кон содржина

страница 104 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 105: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

93. КаменотОвој е овде од дамнина под мене е долго под моите нозе дури уште стоев прав и здрав на сончевина и мразовинане е од онаму кај што бевме млади без бели маски што ни беа смрт за подбишега таму уште стојат расфрлани мали и големи та највисоки оти на никои од намерниците не им пречат туку на нив се качуваат за да го гледаат хоризонтотовој камен никогаш не бил од мене оставен да воздиви и издивува сам и кога ми идело да го кренам да го откаменам одовде та да го преместам на некое друго место до изворот на пример што го вардам да не го пресуши некој без спокој и ведрина на духотмногупати сум забележал и се почесто забележувам како во овие години на се подлабока осама на се повековен заборав на се понејасен неспокој што ми налегнуваат в коски седнувам на него да починампа се замислувам па се прашувам дали се научил на мене да не може без мене еднакво како јас без него и дали не му е право ако не му прозборам ниту збор некој ден или некоја ноќ

… клик кон содржина

страница 105 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 106: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

94. Не дорекувамСеедно е што било во мене и што ќе биде од мене во некое почин време само да останам достоен да не легнам та да не станам та да нема од што било од кој било да се бранамедно се е во овој јазол молчание што не може ниту ден ниту ноќ да го одврзе ниту со меч и оган велик да го пресечеуште да ми е да узнам ќе има ли кој да спомне во ниедно најдено доба дека има макар миг неподречен недоречен кој без мене и од мене и во мене сам ќе се докажувасамо да ме има макар здив помеѓу сенки од луѓе доблесни качени со мене на врвов на мојава планина заедно што ја искачивме за последен пат без запир и бол

… клик кон содржина

страница 106 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 107: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

95. За кого било пишаноСекое утро некое пладне и некогаш квечер гледам и следам како полека настојчиво незапирно нескротливо се излева реката на мојот здив и воздив како ги поплавува ги покрива ги тоне бреговите на годиниве и зборовите од заборавени песни сосе сомнежот и сонувањето дека што било допрва ќе се случи по мене без менејас не знам за кого нешто ќе остане ако останало во свеста за минато изминато и сегашно што минува како семе за нов род во превртена земја оставена за вратени со векови вкоренетиа не знам ни зошто да знам за кого би можел да останам во сенката на огништево над бреговите на моиве преуморни години

… клик кон содржина

страница 107 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 108: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

96. Ветер тивок а студенНикако не ми успева да откријам да одгатнам зошто овој тивок а студен ветер дува со денови и ноќи од сите страни на светот најдолго откај нивјено под големана планина подготвено за нов родтивок е а студен како да внимава да не ми ја разбуди сенката што легнала да почини во мојата постела од камења струполени од врвот на мојата чест и доблест може од којзнае кого турнати од некого кој веќе ме заборавил та нема ниту да разбере дека никогаш повеќе нема да ме имаго гледам тивок а студен и му ги мерам мислата и зборот дури ми влегува в коски дури ми ја модрува крвта колку ли се заедно колку такви за мене колку таа пред него колку тој без неа за другиа на високион даб спроти мене спроти мојана планина и спроти нивјено за нов род од ден на ден се повеќе птици големи и мали и црни и шарени и сиви долетуваат та го облетуваат та се редат та стојат и седат сите во молк помеѓу себе како ветров да не дува во нивзнам дека е овој последен од сите страни тивок а студен во моиве коски што снага веќе не ми држат во мојава крв што модрува а и на птицине спроти мене на високион даб со којзнае колку века во коренотпо него иде без мене време

страница 108 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 109: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

безвремено во невреме … клик кон содржина

страница 109 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 110: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

97. ЗалезитеПочнав да ги гледам секој ден откако си ја уморувам снагава на ветер на дожд во магла под темни облаци и молњи не не им пркосам не им се противам на годиниве не тврдоглавам како да сум карпа со векови во здивот и издивот кои не успеале ниту зрно да му одронатпочнав да ги гледам откога почна се постудено време откако забележав дека се побавни и губат од силните бои особено се се помалку црвената и сината во ниведнаш сум на брегот на реката од ден на ден колку подлабока од ноќ на ноќ толку поширока другпат сум качен на ридот на кој се почесто починувам еднаш седнат под оревот што се повеќе старува со мене другпат на работ од шумата што горела многупати и пак се шумеела и се извишувалапочнав да ги гледам залезите откако забележав дека се подлабоко тонам во нив

… клик кон содржина

страница 110 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 111: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

98. Ако веќе ме немашСе рзбира дека не можам да бидам спокоен ако веќе ме немаш со се што ти било блиско а ти е се подалечно како однесено семе од ветер или птици посеано во надежен мигсе разбира дека не ми е сеедно ако веќе ме немаш во сонот за друг ден со длабок корен на семејно стебло кое расте да не може никој да го пресече во заборавсе разбира дека се плашам од ноќта што се побрзо ми иде со меч во едната и оган во другата рака од која да не се разбудам ако веќе ме немаш макар како довик макар како одвик

… клик кон содржина

страница 111 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.

Page 112: 99 песни или како би било да сум сал со себе, па потоа сал во тебе, а најсетне некој без ништо, па можеби

99. Никогаш на крајотАко некогаш некаде имало нешто од она во мене што се будело и заспивало што цутело и венеело што растело и паѓало се раѓало и умирало тоа е зашто сум бил секогаш и секаде само молк помеѓу два збора за одбир и едно кажување без прекажување и докажувањеона што го знам не од вчера како каков било ден и секаква ноќ е дека никогаш и никаде немало нешто од во мене што копнеело и тагувало што се сомневало и надевало што обденило и уморило заборавало и опстојувало тоа е зашто не сум бил со многу од се а само еден но без знак или писмо на некој камен длабоко в земја што чека да излезе на сонце и виделинаи нема никаква смисла и нема никакво значење оти сум минал како сите низ многу стравови како до небо ѕидови низ премногу занеси како од карпа извори низ недоброј болувања како од крв огновиникогаш на крајот не сум јас кога сте секогаш на почеток вие

… клик кон содржина

9.12.2006.- 08.02.2010.

страница 112 од 112автор: Љупчо Димитровски, 2011 година

Сите права се задржани. Преземање без одобрение се смета за повреда на авторски права. Ќе се преземат сите законски мерки за обештетување.