dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика,...

108

Upload: others

Post on 24-Feb-2020

14 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

Дирекција за заштита

на личните податоци

Проектот е финансиран одЕвропската Унија

This project is funded bythe European Union

�������� ������ �� ������������ ������� � ������ ����������� �� ���������� �� ������� �� ������� ���������

�Sustainable system for continuous primary and secondaryeducation for principles of personal data protection�

ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

за основно и средно образование

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИБул. Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје

(02) 3230 [email protected]

[email protected]

www.privacy.mk

Page 2: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

THE EUROPEAN UNION’S PROGRAMME FOR MACEDONIA

SUSTAINABLE SYSTEM FOR CONTINUOUS PRIMARY AND SECONDARY EDUCATION FOR PRINCIPLES OF PERSONAL DATA PROTECTION

Letter of Contract N° IPA/TAIB2009/4.2/LOT7/05

ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ(за основно и средно образование)

Prepared by Borivoj KOSNada MOLEROVICLjubica PENDAROSKA

October 2013

The project is financed byThe European Union

The project is implemented by IBF International Consulting

Page 3: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

„ОвОј материјал е изгОтвен сО пОмОш на еврОпската Унија.

сОдржината на ОвОј материјал е исклУчива

ОдгОвОрнОст на автОрите и на никОј начин не ги

ОдразУва ставОвите на еврОпската Унија.“

CIP Каталогизација

Page 4: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

3ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

СОДРЖИНА

СОДРЖИНА ........................................................................................................................................... 3

ЛИСТА НА КРАТЕНКИ ........................................................................................................................... 4

ПРЕДГОВОР .......................................................................................................................................... 5

НАСТАВНА ТЕМА 1: ПРИВАТНОСТА КАКО ЧОВЕКОВО ПРАВО .................................................... 14

НАСТАВНА ТЕМА 2: ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ТЕРМИНОТ „ЛИЧЕН ПОДАТОК„ .................................. 26

НАСТАВНА ТЕМА 3: ПРАВА И ОБВРСКИ/ОДГОВОРНОСТИ ........................................................... 41

НАСТАВНА ТЕМА 4: „ЈАС„ И МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО ......................... 56

НАСТАВНА ТЕМА 5: „ЈАС„ И МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ИНТЕРНЕТ .................................... 70

НАСТАВНА ТЕМА 6: ПОВРЕДИ И ЗЛОУПОТРЕБИ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ .............................. 82

ПРИКАЗНИ .......................................................................................................................................... 95

Page 5: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

4 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ЛИСТА НА КРАТЕНКИ

БрО Биро за развој на образованието

дзлп Дирекција за заштита на лични податоци

ек Европска комисија

еУ Европска унија

мвр Министерство за внатрешни работи

мОн Министерство за образование и наука

рм Република Македонија

Page 6: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

5ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ПРЕДГОВОР

заштитата на личните податоци се врши врз основа на посебни услови и ограничувања, предвидени во законот за заштита на личните податоци. Но, дали луѓето, а посебно учениците, знаат што е личен податок и како да го/се заштитат од злоупотреби? Ова прашање, во последно време, станува сè поактуелно и токму поради тоа потребно е на едно место да бидат собрани сите информации поврзани со поимот личен пОдатОк.

Тргнувајќи од фактот дека злоупотребата на личните податоци е сè почеста појава, дирекцијата за заштита на лични податоци започна со низа активности за заштита на личните податоци во образованието. За нивно успешно спроведување потребен е дидактичко-методски материјал, прирачник, кој преку понудените содржини ќе им помогне на наставниците да ги пренесат основните информации за заштита на личните податоци на учениците од основното и од средното образование.

При изработката на Прирачникот авторите обрнале внимание на програмските содржини кои се предадени преку три глави:

I. Tолковен речник на најчесто употребувани изрази, II. заштита на личните податоци и III. приказни.

во првата глава „толковен речник на најчесто употребувани изрази“ дадено е толку-вање на основните поими: личен податок, посебни категории на лични податоци, субјект на лич-ни податоци, согласност на субјектот на лични податоци, збирка на лични податоци, обработка на лични податоци, контролор на збирка на лични податоци, обработувач на збиркa на лични податоци, корисник на лични податоци, трето лице, и кои принципи треба да се почитуваат при обработка на личните податоци. Толкувањето е дадено со едноставен стил и разбирлив јазик за популацијата за која се наменети информациите.

во втората глава „заштита на личните податоци“ обработени се шест наставни теми: • Приватноста како човеково право, • Запознајте се со терминот „личен податок“, • Права и обврски/одговорности, • „Јас“ и моите лични податоци во секојдневието, • „Јас“ и моите лични податоци на интернет, • Повреди и злоупотреби на личните податоци.

Page 7: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

6 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Секоја тема започнува со јасно дефинирани цели кои се поврзани со поимите: Познавање, Однесување и вредности и Вештини, а заокружувањето се постигнува со едно Главно пра-шање. Понатаму се пристапуваа кон разработка на активностите преку Вовед во содржината на наставната тема, Клучни изрази и дефиниции и Дневна подготовка за наставен час. Со голема стручност и со сериознен пристап авторите ја обработуваат секоја наставна тема. По теоретскиот дел преку дневната подготовка за час се обработуваат содржини наменети за уче-ниците од основно образование (во првиот, вториот и третиот период, од I до IX одделение) и средно образование (од I до IV година). Наставните содржини може да се реализираат на часовите по: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини (во првиот период од прво до трето одделение), македонски јазик, информатика, етика, граѓанско образование и животни вештини (во вториот период од четврто до шесто одделение и во третиот период од седмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија и филозофија (за средното образование, од прва до четврта година). Тука посебно би се осврнале на методскиот пристап при организацијата на дневната подготовка.

Преку дневната подготовка дефинирано е: образованието (основно или средно), одделението/класот, наставните предмети и наставната тема. Притоа, преку јасно дефинирани цели, наставни методи и средства авторите на овој прирачник го определуваат типот на часот. активностите на часот се организирани согласно насоките кои ги дава Бирото за развој на образованието за организација и артикулација на наставен час и тоа преку:

•• определување на активностите на наставникот и на ученикот,

•• воведен дел на часот,

•• главен дел,

•• завршен дел,

•• оценување на учениците,

•• резиме на часот и

•• очекувани резултати.

наставните методи кои ќе се применуваат при обработката на содржините се разновидни, почнувајќи од основното ниво преку демонстарција, до највисокото ниво (според Блумовата таксономија) анализа и синтеза. Наставникот преку индивидуална, групна форма, самостојна работа и фронтална работа при обработката на предвидената наставна содржина користи различни наставни средства. Фотографии, цртежи и слики при работа со ученици од прво до трето одделение и студија на случај и видео презентација при работа со ученици во средно образование.

Page 8: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

7ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

При подготовката на часот авторите го определиле и начинот на оценување на учениците и очекуваните резултати.Исто така и наставниците се насочуваат кон самоевалуација, во насока на подобрување на реализацијата на наставните содржини. Тоа го прават преку поставување на прашањето: „Како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?“

Резимето на часот за сите образовни периоди е исто.

За шесте наставни теми подготвени се вкупно осумнаесет наставни единици преку кои наставниците на своите ученици ќе им ги пренесат основните знаења за заштита на личните податоци, со основна цел, успешно да се справуваат со слични или исти ситуации со кои ќе се соочат во секојдневниот живот.

Додека работат со учениците, наставниците треба да ги почитуваат насоките кои ги даваат авторите за да ги остварат дефинираните цели.

во третата глава „приказни“, презентирани се осум различни случаи во кои е направена злоупотреба на личните податоци. Сите тие обработуваат настани кои се доближуваат до реалните животни ситуации, а некои од нив навистина и се случиле и се преземени од архивата на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

„Прирачникот за наставници за изучување на заштитата на личните податоци“ преку содржините кои ги дава на повеќе од осумдесет страници, нуди информации за заштита на личните податоци кои може да бидат корисни и применливи во различни ситуации.

Би завршила со краток цитат од еден од осумте случаи претставени во третата глава „Приказни“ „... на социјалните мрежи никој не може да биде заштитен од она што некој друг наумил да му го стори.“

ноември 2013м-р Блага панева

Page 9: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

8 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Од авторите

Би сакале да изразиме голема благодарност до Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, а особено на м-р Блага Панева, раководител на одделение во Бирото за развој на образованието, за поддршката што ни ја даде во текот на подготовката на Прирачникот и за сите нејзини конструктивни предлози и сугестии кои помогнаа Прирачникот да ја добие посакуваната форма и содржина, соодветна да се исполнат целите за кои истиот е креиран и прифатлива за сите групи опфатени во него.

Page 10: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

9ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

глава I. тОлкОвен речник на најчестО УпОтреБУвани изрази

глава II. заштита на личните пОдатОЦи

наставна тема 1: приватнОста какО чОвекОвО правО

1.1 што е приватност? приватноста во домот и во надворешниот свет

1.2 приватноста како човеково право

1.3 правото на приватност и неговата уставна гаранција и заштита

1.4 приватноста низ призмата на меѓународните акти и организации

наставна тема 2: запОзнајте се сО категОријата „личен пОдатОк“

2.1 што е личен податок? 2.1.1 Што опфаќа терминот „личен податок“?

2.2 единствен матичен број како личен податок

2.3 запознајте се со „посебните категории на лични податоци“2.3.1 Лична фотографија2.3.2 Здравствени податоци2.3.3 Податоци кои се однесуваат на расна, етничка, верска и друга припадност2.3.4 Биометриски податоци

наставна тема 3: права и ОБврски/ОдгОвОрнОсти

3.1 субјект на лични податоци

3.2 контролор на лични податоци

3.3 права и обврски на субјектот на лични податоци во однос на: 3.3.1 Право да биде информиран 3.3.2 Право на пристап 3.3.3 Право да се дополнат, изменат или избришат личните податоци

Page 11: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

10 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

3.3.4 Право на информираност во случај на откривање на личните податоци на трети лица 3.3.5 Право на информираност во случај на употреба на прашалници и други формулари 3.3.6 Право да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на

личните податоци

наставна тема 4: „јас“ и мОите лични пОдатОЦи вО секОјдневиетО

4.1 моите лични податоци во училиште (образование)

4.2 моите лични податоци и медиумите

4.3 моите лични податоци во директниот маркетинг

4.4 видео надзор

наставна тема 5: „јас“ и мОите лични пОдатОЦи на интернет

5.1 интернет страници и мрежи за социјална комуникација

наставна тема 6: пОвреди и злОУпОтреБи на личните пОдатОЦи

6.1 најчести повреди и злоупотреби на личните податоци

6.2 како и кому да се обратите при повреда или злоупотреба на вашите лични податоци?

глава III. приказни

Page 12: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

11ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

I. тОлкОвен речник на најчестО УпОтреБУвани изрази

Основни поими

Што е „Личен податок“?

Личен податок претставува секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет). Оттука, јасно произлегува дека станува збор исклучиво за податоци кои се однесуваат на физички, а не на правни лица.

Лични податоци со кои најчесто се доаѓа во контакт во основните и средните училишта се следниве: име, презиме, адреса и место на живеење, датум на раѓање, единствен матичен број, информации за родителите, податоци кои се однесуваат на здравјето, податоци кои се однесуваат на претходно постигнат успех во образовниот процес, членување во синдикална организација, здравствено осигурување и др.

Кои податоци спаѓаат во „Посебни категории на лични податоци“?

Како „чувствителни“ лични податоци се сметаат оние податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политичко, верско, филозофско или друго уверување, членство во синдикална организација и податоци кои се однесуваат на здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и генетските податоци, биометриски податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот. На пр. Припадност кон одредена религија, сексуална ориентација, членување во синдикат, медицинско досие, лична фотографија и др.

Поради посебното значење и зголемената чувствителност на поединците во однос на овие податоци, секоја активност која се однесува на овие податоци се врши врз основа на посебни услови и ограничувања, предвидени во Законот за заштита на личните податоци.

Што е „Субјект на лични податоци“?

Субјект на лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените лични податоци. Оттука, правните лица не можат да бидат субјект на лични податоци.

Page 13: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

12 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Што се подразбира под „Согласност на субјектот на лични податоци“?

Под согласност на субјектот на лични податоци се подразбира изјава на субјектот која е дадена со слободна волја и со која се согласува да бидат обработени неговите лични податоци за однапред определени цели.

Во самиот закон е точно определено во кои случаи и во однос на кои лични податоци е потребна согласност на субјектот. Притоа, прво е потребно контролорот на личните податоци да ја обезбеди согласноста на субјектот, па дури потоа да пристапи кон нивна обработка.

Што е „Збирка на лични податоци“?

Збирка на лични податоци претставува секоја структурирана група лични податоци која е достапна согласно со специфични критериуми, без оглед дали е централизирана, децентрализирана или распространета на функционална или географска основа.

Што се подразбира под „Обработка на лични податоци“?

Под обработка на лични податоци се подразбира секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз личните податоци, на автоматски или друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или достапност на друг начин, изедначување, комбинирање, бришење, блокирање или уништување.

Значи, одредбите на Законот за заштита на личните податоци важат подеднакво и за автоматизираните, но, и за неавтоматизираните (на пр. рачни) обработки на лични податоци.

Што е „Контролор на збирка на лични податоци“?

Во својство на контролор може да се појави кое било физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци. Кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон или со друг пропис, со истиот закон, односно пропис, се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Пример за контролори на збирки на лични податоци во образованието се: основните училишта, средните училишта, високообразовните институции, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и др.

Што се подразбира под „Обработувач на збирки на лични податоци“?

Обработувач може да биде физичко или правно лице, или законски овластен претставник на државната власт кое ги обработува личните податоци во име и за потребите на контролорот.

Page 14: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

13ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Меѓусебните права и обврски на контролорот и обработувачот мора да бидат уредени со договор во писмена форма кој задолжително содржи обврска за обработувачот да постапува единствено во согласност со упатствата добиени од страна на контролорот, и да преземе технички и организациски мерки за да обезбеди тајност и заштита на обработката на личните податоци.

Што се подразбира под „Корисник на лични податоци“?

Корисник на лични податоци е она физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, на кое му се откриваат личните податоци.

Што се подразбира под „Трето лице“?

Секое физичко или правно лице, орган на државната власт или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач на збирка на лични податоци или лице кое под директно овластување на контролорот или обработувачот на збирката на лични податоци е овластено да ги обработува податоците.

кои принципи треба да се почитуваат при обработка на личните податоци?

Кога се презема која било активност во однос на личните податоци, треба да се почитуваат следниве принципи:

•• личните податоци мора да се обработуваат правично и во согласност со закон;•• при секое собирање лични податоци мора да постои конкретна, јасна и со закон утврдена

цел, а начинот на нивната обработка мора да биде во согласност со утврдената цел;•• личните податоци мора да се соодветни, релевантни и непреобемни во однос на целите

поради кои тие се собираат и се обработуваат;•• личните податоци треба да се точни, целосни и ажурирани. Оттука, кога е потребно тие

треба да се избришат или коригираат;•• личните податоци треба да се чуваат во форма што овозможува идентификација на

субјектот на личните податоци. Притоа, важно е тоа дека личните податоци не треба да се чуваат подолго од што е потребно за да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за понатамошна обработка.

Истовремено, обработката на личните податоци подразбира и примена на принципот на недискриминација според кој заштитата на личните податоци се гарантира на секое физичко лице без дискриминација заснована врз неговата: националност, раса, боја на кожа, верски уверувања, етничка припадност, пол, јазик, политички или други верувања, материјална положба, потекло по раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој или кои било други лични карактеристики.

Page 15: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија
Page 16: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

15ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

II. заштита на личните пОдатОЦи

НАСТАВНА ТЕМА 1: ПРИВАТНОСТА КАКО ЧОВЕКОВО ПРАВО

Цели

пОзнаваЊе

Да им се помогне на учениците да се здобијат со знаење и разбирање на:

•поимотприватностинеговатасуштина;

•приватност како основно човековоправо;

•правонаприватностводомот;

•правонаприватноствонадворешниотсвет;

•можни опасности од повреда наприватноста.

ОднесУваЊе и вреднОсти

Да се поттикнат учениците:•да развијат чувство за тоа зошто нивната

приватност е важна и зошто треба да се грижат за приватноста и да ја заштитуваат;

•да развијат силна свест за одговореноднос и почитување на туѓата приватност;

•да развијат сочувство за луѓето коипретрпеле штета од злоупотреби и повреди на приватноста.

вештини

Да им се помогне на учениците да ја развијат способноста:•загрижливодносконсвојатаитуѓатаприватност;

•даносатодговорниодлукикогастанувазборзанивнатаприватност;

•дапридонесуваатконподигнувањенајавнатасвестзапочитувањенаприватноста;

•закомуникацијапреку:дискусија,дебата,групнаработа,играњеулоги,слушање;

•заанализасопомошна:медиуми,цртанифилмови,сликиисценарија;

•закреативнопишување.

Page 17: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

16 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

вовед во содржината на наставната тема 1. „приватноста како човеково право“

главно прашање: што е приватност како човеково право и како се остварува во пракса?

1.1 што е приватност? приватноста во домот и надворешниот свет

Продавниците каде што пазарувате се следени со видео камери. Кога се регистрирате на не-која од социјалните мрежи, Ви бараат лични податоци. Кога аплицирате за кредит, банката си-гурно ќе Ви побара мноштво лични документи и податоци. Честопати кога учествувате во некое истражување и притоа одговарате на прашалник, од вас се бара да дадете некои податоци за Вас. Кога некому испраќате е-пошта, сигурно сте се запрашале дали таа ќе биде прочитана и од некој друг кому не му е наменета?! Оттука, се наметнуваат неколку основни прашања, меѓу кои: Дали воопшто некогаш сме оставени сами со себе, со својата приватност? Што всушност значи при-ватноста? Што ја сочинува нејзината суштина? Дали секаде и во секој случај можеме да бараме и да очекуваме приватност? Дали е понекогаш корисно и потребно нашата приватност да биде ограничена?

Приватноста е дел од културната матрица на поединецот, таа е инхерентна и произлегува од човековата природа како таква, уште од моментот на неговото раѓање. Таа е универзална и неотуѓива бидејќи му припаѓа и е врзана за поединецот, независно од тоа кој е или каде се наоѓа. Приватноста не зависи од граѓанскиот статус, туку едноставно, право на неа има секоја индивидуа со самиот факт што е човечко суштество. Токму од тие причини, приватноста припаѓа во редот на таканаречените природни права на поединецот. Приватноста го поткрепува и го овозможува човековото достоинство, неговата чест и углед и други клучни вредности, како што се слободата на здружување и слободата на говорот. Таа се смета за колективна хуманистичка вредност.

На кои области и сфери се протега приватноста? Генерално, приватноста може да се однесува на домот, на приватниот и семејниот живот, на личните документи, на личните податоци, на писмата и на другите облици на комуникација, на личните предмети и на други работи кои и припаѓаат на индивидуата.

1.2 приватноста како човеково право

Приватноста е право да се биде оставен насамо, како и да се биде слободен од мешање на други луѓе во личниот живот на поединецот. Ова особено се однесува на домот-простор кој што поединецот природно го доживува како „свое место“ исклучително наменето за блиските луѓе, семејството и пријателите. Тоа е наш приватен простор. Почитувањето на приватноста подразбира и не мешање во одлуките на поединецот за начинот како да го живее својот сопствен

Page 18: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

17ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

живот. Исто така, сакаме некои од нашите лични документи да останат сосема приватни – на пример, поголемиот дел од домовите имаат кутии или папки во кои ги чуваат личните документи на членовите на семејството, не сакајќи другите да имаат увид во нив и сакајќи тие да бидат на „безбедно“ (на пример: извод од матична книга на родени, разни видови договори, свидетелства, дипломи, документи за кредит и др.). Постојат и одредени предмети кои имаат посебна сентиментална вредност за нас. Сакаме да ги споделиме единствено со блиските личности, семејството и пријателите (семејни фотографии, роденденски честитки, првото запче или прамен од коса и сл.).

1.3 правото на приватност и неговата уставна гаранција и заштита

Поради големото значење на приватноста за поединецот, во најголемиот дел од земјите во светот, ова право е регулирано со Уставот како највисок конститутивен акт на државата, каков што е случајот и со Република Македонија.

Во нашиот Устав, во делот посветен на Граѓанските и политичките слободи и права, се опфатени неколку човекови права кои се компоненти на правото на приватност бидејќи приватноста е поширок, сложен концепт, односно сублимат на неколку поединечни права. Во таа смисла, важно е да се споменат следните права:

•• На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот (член 25).

•• На секој граѓанин му се гарантира неповредливост на домот. Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога во прашање е откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето (член 26).

•• Се гарантира сигурноста и тајноста на личните податоци (член 18).

•• Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на комуникација. Од ова право може да се отстапи само врз основа на судска одлука и во соодветна законска постапка (член 17).

Издигнувањето на правото на приватност на ранг на уставно загарантирано човеково право укажува на огромното значење на ова право за поединецот, кое со себе носи определени права/овластувања и обврски/одговорности и тоа како за поединецот-носител на правото така и за останатите поединци, но и за државата и нејзините институции. Секој поединец треба да биде свесен за неговото право и да бара почитување на неговата приватност, но истовремено треба да биде свесен дека е одговорен да ја почитува приватноста на сите останати. Покрај тоа, секој поединец треба да биде свесен дека при одредени околности и ситуации, а поради постигнување повисоки општествени цели и вредности, неоходно е и корисно да се ограничи неговата приватност.

Page 19: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

18 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

1.4 приватноста низ призмата на меѓународните акти и организации

Правото на приватност како човеково право е „дете“ на дваесеттиот век. Неговото признавање и строга регулација го одразува застрашувачкото искуство на Европа

со фашизмот во триесеттите и четириесеттите години на минатиот век. Овој период, покрај останатото, го карактеризираат и страшни повреди и упади во приватноста на поединците, на пример: спроведениот Попис на население во Германија во 1939 година, во кој меѓу другото се барало лицата да се изјаснат и за религиската припадност и за расата, за нив самите, но и за сите нивни баби и дедовци. Податоците биле искористени од нацистичките структури за креирање софистициран систем за идентификација на населението.

Дефиницијата на правото на приватност и неговата содржина константно се менуваат, особено поради енормниот техничко-технолошки развој, развојот на средствата за комуникација и размена на информации. Исто така, важно е да се потенцира дека постојат разлики во однос на тоа кои сфери и области влегуваат во содржината на ова право или поточно, на што се однесува ова право.

Приватноста претставува едно од фундаменталните човекови права, утврдено и регулирано со најзначајните меѓународни правни акти, меѓу кои: Универзалната Декларација за човековите права, Европската конвенција за човековите права и Меѓународниот Пакт за граѓански и политички права. Согласно Универзалната Декларација за човековите права, акт на најголемата глобална меѓународна организација-ООН: „Никој не смее да биде изложен на произволно вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед. Секој има право на законска заштита против таквото мешање или напади.“

Слична дефиниција дава и Советот на Европа, како најзначајна меѓународна организација во сферата на промовирањето и заштитата на човековите права и слободи во членот 8 од Европската Конвенција за човекови права, според која: „Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, на домот и на преписката. Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако претставува мерка потребна во едно демократско општество, која е во интерес на националната и јавната безбедност, на економската благосостојба на земјата, за спречување на безредија или криминал, за заштита на здравјето или моралот, или за заштита на правата и слободите на другите.“

Од посочените дефиниции произлегуваат неколку основни заеднички поенти:

•• Во принцип, приватниот и семејниот живот на поединецот, неговиот дом и преписката, се негово „свето катче“, па оттука треба да се почитува од сите останати поединци и групи, но и од државата и нејзините институции.

Page 20: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

19ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

•• Забрането е произволно вмешување или напад во/врз приватниот или семејниот живот на поединецот, домот или преписката, како од страна на други поединци така и од страна на државата и нејзините институции, тела и органи.

•• На секој поединец му се гарантира законска заштита против недозволеното мешање или напад врз приватноста. Таа заштита со своите правни акти и институции ја гарантира и обезбедува државата.

•• По исклучок, мешање во приватноста на поединецот е дозволено, но само кога тоа е предвидено како законска мерка во интерес на националната и јавната безбедност, на економската благосостојба на земјата, за спречување на безредија или криминал, за заштита на здравјето или моралот, или за заштита на правата и слободите на другите.

клучни изрази и дефиниции

приватноста се однесува на: домот, приватниот и семејниот живот, личните документи, личните податоци, писмата и другите облици на комуникација, личните предмети и други работи во сопственост на индивидуата.

право на приватност: Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, на домот и на преписката. Никој не смее да биде изложен на произволно вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед. Секој има право на законска заштита против таквото мешање или напади.

најзначајни меѓународни акти со кои се регулира правото на приватност: Универзалната Декларација за човековите права, Европската конвенција за човековите права и Меѓународен Пакт за граѓански и политички права.

правото на приватност во Уставот на република македонија: опфаќа неколку основни права: на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и на угледот; на секој граѓанин му се гарантира неповредливост на домот; притоа, правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или спречување на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето; се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци; се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на комуникација; од ова право може да се отстапи само врз основа на судска одлука и во соодветна законска постапка.

Page 21: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

20 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка за часОт

Основно образование Одделение: прв период (од I до III одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 1: приватнОста какО чОвекОвО правО

Цели: Ученикот:

- да го разбере поимот приватност;

- да прави разлика меѓу приватното и општественото;

- да ја вреднува приватноста како право;

- да ја почитува приватноста на другите;

наставни методи: наставни форми: наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

- фотографии,

- цртежи,

- слики.

тип на часот:

•стекнувањезнаења.

Page 22: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

21ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед:Наставникот ги воведува учениците со текст од „Декларацијата за човековите права “на ООН и набројува некои:

- секој има право на живот, слобода и лична сигурност.

- сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права.

- секој кој поседува разум и совест мора пријателски да се однесува кон другите.

- никој нема да биде изложен на вмешување во неговиот приватен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед.

- која е суштината на приватноста?

- кои области и сфери ги опфаќа?

на наставникот: на ученикот:

••да ги истакнува целите и главната идеја,••да дава информации,••да објаснува, дискутира,••да поттикнува дијалог,••да демонстрира, ••да одговара на прашања, ••да врши анализа на работата, да надгледува

и да помага,••да вреднува одговори.

- да ги следи насоките на наставникот,

- да се оспособува самостојно да учи,

- да открива значења на поими,,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите,

- критички да размислува.

главен дел:наставникот дава инструкции за работа.на таблата има слики/цртежи од предмети кои му припаѓаат на училиштето/училницата и оние кои им припаѓаат на учениците. Учениците ќе работат во парови и имаат задача да ги нацртаат и поделат предметите на т-табела на која од едната ќе бидат претставени предметите кои припаѓаат на училиштето/училницата, а на другата страна предметите што се нивна приватна, лична сопственост.пример за точни одговори и слики од предмети кои треба да се користат за активноста.приватност не е: приватност е:- столчето - чантата- таблата - приборот - инвентарот - книгата- педагошката евиденција - да не учествува во - цртежите/изработките колективни игри - компјутерот - мобилниот - тетратката за домашни - стилот на облекување

завршен дел :по завршувањето на активностите се прави презентација на одговорите, се поттикнува и развива дискусија за примери во кои случаи била загрозена приватноста.приватноста значи дека твојот предмет е твоја сопственост.наставникот им дава задача на учениците да направат т-табела со помош на родителите и да цртаат предмети кои му припаѓаат на целото семејство и предмети кои му припаѓаат на ученикот/детето.

Оценување на учениците:Ќе се оценуваат со пишана повратна информација за постигнувањата на учениците кои се поставени во целите.пример: ученикот го разбира поимот приватност (да, не и делумно).....

резиме на часот:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:- учениците да го разберат поимот приватност, - да разликуваат право на приватност и јавност и нивната суштина,- да набројуваат можни опасности од повреда на приватноста,- да знаат да ја почитуваат туѓата приватност.

Page 23: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

22 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка за часОтОсновно образование

Одделение: втор период (од IV до VI одд.), трет период (од VII до IX одд.).

наставени предмети: македонски јазик, информатика, етика, граѓанско образование и животни вештини

тема бр. 1: приватнОста какО чОвекОвО правО

Цели: Ученикот:

- да го разбере поимот приватност;

- да прави разлика меѓу приватното и општественото;

- да ја вреднува приватноста како право;

- да ја почитува приватноста на другите;

- да знае што е приватност во меѓународните документи.

наставни методи: наставни форми: наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации,

- интервју.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

-•фотографии,

-•цртежи,

-•слики,

-•текст - студија на случај,

-•видео презентација,

-•икт.

тип на часот:

••стекнување знаења.

Page 24: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

23ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

приватноста е едно од важните човекови права.„никој нема да биде изложен на вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед“.

што е приватност?

приватноста ни дозволува сами да решиме што сакаме да споделиме со другите.понекогаш луѓето не можат да имаат онолку приватност колку што сакаат. тоа значи дека има случаи кога е потребно приватноста да биде ограничена.кој треба да го почитува ова право?каде најчесто се нарушува? зошто?

на наставникот: на ученикот:

••да ги мотивира учениците за работа,

••да ги истакнува целите и главната идеја,

••да дава информации,••да објаснува, дискутира,••да поттикнува дијалог,••да демонстрира, ••да одговара на прашања, ••да врши анализа на работата,

да надгледува и да помага,••да вреднува одговори.

- да ги следи насоките на наставникот,

- да се оспособува самостојно да учи,

- да открива значења на поими,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите,

- критички да размислува

главен дел:

наставникот со метод на бура на идеи ги поттикнува учениците да размислуваат за се што ги асоцира поимот приватност.наставникот на табла ги запишува сите поими кои учениците ги споменале. Учениците работат поделени во три групи. работа со т-табели. групите на едната страна од табелата ги набројуваат поимите /предмети кои се приватност на училиштето/домот/секојдневието, а на другата страна од табелата ги набројуваат прекршувањата.

- •I група: што е приватност во училиште? како се нарушува? кој ја нарушува?-• II група: што е приватност во домот/семејството?како се нарушува? кој ја нарушува?- •III група? што е приватност во секојдневието?

како се нарушува? кој ја нарушува?размисли во кои случаи нарушувањето на ова право е оправдано во кои неоправдано?

завршен дел:

по завршувањето на активностите во групите се презентираат одговорите, се развива дискусија, се поттикнува размислување и јавно изразување на сопствените ставови.

Оценување на учениците:ќе се оценуваат со чек листи од поставени барања кои произлегуваат од поставените цели.може учениците и да се самоотценат на однапред поставените барања од наставникот.

резиме на часот:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:-• учениците да го разберат поимот приватност, -•да разликуваат право на приватност и јавност и

нивната суштина,-• да набројуваат ограничувања кои спречуваат

прекршување на ова право,- •да набројуваат документи за заштита на ова

право,-• да знаат за начинот на регулирање на ова право

во Уставот на рм.

Page 25: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

24 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОт

среднО ОБразОвание (I, II, III и IV година)

наставни предмети: информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, социологија и филозофија

тема бр. 1: приватнОста какО чОвекОвО правО

Цели: Ученикот:

- да го разбере поимот приватност;

- да прави разлика меѓу приватното и јавното/општественото;

- да ја вреднува приватноста како право;

- да ја почитува приватноста на другите;

- да знае што е приватност во меѓународните документи.

наставни методи: наставни форми: наставни средства:

- Демонстрација,

- Драматизација,

- Играње улоги,

- Водење дијалози,

- Презентации,

- Интервју/анкета,

- Анализа/Синтеза,

- Истражување.

- Индивидуална работа,

- Групна работа,

- Самостојна работа,

- Фронтална работа.

-•Фотографии,

-•Цртежи,

-•Слики,

-•Текст/студија на случај,

-•Видео презентација,

-•икт.

тип на часот:

••Стекнување знаења.

Page 26: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

25ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

приватноста е едно од важните човекови права.„никој нема да биде изложен на вмешување во неговиот приватен и семеен живот, домот или преписката, ниту пак на напади врз неговата чест и углед“

што е приватност?

приватноста ни дозволува сами да решиме што сакаме да споделиме со другите.понекогаш луѓето не можат да имаат онолку приватност колку што сакаат. тоа значи дека има случаи кога е потребно приватноста да биде ограничена.

-•кој треба да го почитува ова право?

-•каде најчесто се нарушува? зошто?

на наставникот: на ученикот:

••ги мотивира учениците за работа,

••ги истакнува целите и глав-ната идеа,

••дава информации,••објаснува, дискутира,••поттикнува дијалог,••демонстрира, ••одговара на прашања, ••врши анализа на работата,••надгледува и помага.••вреднува.

- ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- открива значења на поими,

- работи во групи и парови,

- соработува со другите,

- критички размислува,

- јасно изразува ставови.

главен дел:

наставникот на учениците им дава јасни задолженија . Учениците се во улога на млади активисти за заштита на човековите права од република македонија. нивна задача е да напишат сценарио за драматизација и да направат видео-запис по повод 20 ноември, денот на заштита на детските права „денот на детето“, на тема: „мојата приватност мое право“. изгледа не постојат граници на приватноста кога од тоа се прави најдобра и најинтересна приказна.драматизацијата или видео-записот треба да ги содржи следните информации:

-•што претставува правото на приватност?-•каде и во кој случаи можеме да бараме и очекуваме приватност?-•кога и каде е потребно, корисно нашата приватност да биде ограничена?-•што преземаш ти за да ја заштитиш својата приватност?-•што преземаш ти за да ја заштитиш туѓата приватност?

завршен дел:

Ќе се презентираат идеите на учениците и планот за реализација. Наставникот треба да биде запознаен со сите детали и информации кои учениците сакаат да ги презентираат. Пораката мора да биде јасна.

Оценување на учениците:

Учениците можат да си го самовреднуваат и самоанализираат својот труд. пример: мојата улога во драматизацијата беше.......горд/а сум на мојот придонес како......наредниот пат би изменил/а......итн.

резиме на часот:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- •учениците да го разберат поимот приватност, - •да разликуваат право на приватност и јавност и

нивната суштина,- •да набројуваат ограничувањакои спречуваат

прекршување на ова право,- •да набројуваат документи за заштита на ова

право,- •да знаат за начинот на регулирање на ова право

во Уставот.

Page 27: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

26 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

НАСТАВНА ТЕМА 2: ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ТЕРМИНОТ „ЛИЧЕН ПОДАТОК“

Цели

ОднесУваЊе и вреднОсти

Да се поттикнат учениците:

• да развијат свест за големото значење на нивните лични податоци и за тоа зошто треба да се грижат и да ги заштитуваат нивните лични податоци;

• да развијат силна свест за одговорен однос и почитување на личните податоци на другите индивидуи.

вештини

Да им се помогне на учениците да ја развијат способноста:

• за грижлив однос кон своите и туѓите лични податоци;

• да носат одговорни одлуки кога станува збор за нивната приватност;

• да придонесуват кон подигнување на јавната свест за почитување на приватноста;

• за комуникација – дискусија, дебата, групна работа, играње улоги, слушање;

за анализа, организација, споредба.

пОзнаваЊе

Да им се помогне на учениците да се

здобијат со знаење и разбирање на:

• поимот и суштината на личните податоци;

• чувствителните лични податоци и како треба да се однесуваат во врска со/во однос на нив;

• најзначајните прашања поврзани со личните податоци и нивното користење во секојдневието;

• уставната и законската заштита на правото на заштита на личните податоци.

Page 28: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

27ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

тек на активностите

вовед во содржината на наставната тема 2: „запознајте се со категоријата личен податок“

главно прашање: што се лични податоци и какви категории на лични податоци постојат?

„Некој си отворил профил на веб-сајт за дружење и забава, какви што се Фејсбук (Face-book), Хајфајв (Hi5), Мајспејс (My Space), пријатели и др., ги пополнил празните полиња за претставување на личноста со секакви податоци. Освен името и презимето, оставил податоци за полот, возраста, бојата на очите, висината, тежината и местото на живеење, а прикачил и неколку фотографии. Јасно е дека овие податоци многу ја откриваат личноста и во некој случај можат да предизвикаат проблем, посебно бидејќи е оставена информација за местото на живеење. Но, приказната не завршува тука. Тоа е всушност почетокот. Проблемот е во тоа што детето на кое се однесувале сите овие податоци не го креирало профилот. Тоа го направил некој друг. Тоа ниту се согласило, ниту знаело дека е креиран профил за него. Нормално, детето реагирало веднаш штом разбрало дека вакво нешто за него постои на интернет и се обратило до одговорните на веб-сајтот. Но, оттаму не ја добило очекуваната реакција. Бидејќи неговите лични податоци биле злоупотребени, решило да го пријави случајот во Дирекцијата за заштита на личните податоци, од каде успеале уште веднаш да издејствуваат бришење.

Секако, ова не е целосно решение бидејќи додека профилот бил активен, некој можеби ги пресретнал овие податоци, што значи дека може и да ги злоупотреби во иднина. Затоа, треба да внимаваме колку кажуваме за себе и во реалниот живот, бидејќи штом тоа стане достапно онлајн, дури и кога не е таму засекогаш, може да остави траги многу долг период.“1

Не е воопшто случајно што овој „Прирачник за заштита на личните податоци“ најпрво се посветува на приватноста и го обработува правото на приватност. Имено, личните податоци претставуваат есенцијална компонента на правото на приватност, тие се нераскинливо поврзани или поточно го определуваат идентитетот на индивидуата. Оттука произлегува констатацијата дека не може да се зборува за почитување на приватноста на еден поединец, доколку притоа не е обезбедена заштита на неговите лични податоци, што укажува на целосна поврзаност и меѓузависност на овие две човекови права.

Развојот на свеста во однос на приватноста и потребата да се заштитат нечии лични податоци, е исто така, поврзано со негувањето на други позитивни ставови и вредности кои што се однесуваат на човековите права, грижата за општото добро и почитување на владеењето на 1 Извадок од текст на Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ: „Вистински случки од Македонија„, http://

www.dzlp.mk/sites/default/files/Vistinski%20slucai%20vo%20Makedonija.pdf

Page 29: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

28 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

правото. Подигнувањето на свеста за тоа како технологијата може да влијае на приватноста на поединецот е исто така цел која треба да се оствари. Оттука, неопходно е да се подигне нивото на свест и одговорност на поединецот кон своите лични податоци, но и свеста и одговорноста за почитување на личните податоци на другите индивидуи, затоа поттикнете ги вашите ученици и разговарајте со нив!

Преведено на „јазикот на секојдневието“ тоа би значело дека секој од нас треба да се запраша:

•• на кого ги открива личните податоци;

•• кои лични податоци ги открива;

•• дали треба да ги открие бараните лични податоци во дадена ситуација;

•• има ли право да пристапи до неговите/нејзините лични податоци;

•• има ли право да бара бришење на неговите/нејзините лични податоци;

•• како самиот/самата да ги штити неговите/нејзините лични податоци;

•• кому да се обрати кога смета дека му/и е повредено правото на заштита на личните податоци;

•• кои можности му/и стојат на располагање кога му/и се повредени или злоупотребени личните податоци?

Но, да одиме по ред! Најпрво да видиме што е „личен податок“ и што сè може да биде личен податок.

2.1 што е личен податок?Според дефиницијата, личен податок претставува секоја информација која се однесува

на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет). Оттука, јасно произлегува дека станува збор исклучиво за податоци кои се однесуваат на физички лица, а не на правни лица (значи фирмите, компаниите, разни форми на здруженија немаат лични податоци!).

2.1.1 што опфаќа терминот „личен податок„? Личен податок претставува секоја информација која се однесува на идентификувано физичко

лице или физичко лице кое може да се идентификува (лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на

Page 30: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

29ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

едно или повеќе обележја за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет). Оттука, јасно произлегува дека станува збор исклучиво за податоци кои се однесуваат на физички лица, а не на правни лица.

Лични податоци со кои најчесто се доаѓа во контакт во основните и средните училишта се следниве: име, презиме, адреса и место на живеење, датум на раѓање, единствен матичен број, информации за родителите, податоци кои се однесуваат на здравјето, податоци кои се однесуваат на претходно постигнат успех во образовниот процес, членување во синдикална организација, здравствено осигурување и др.

Сите типови на податоци, па дури и самото име, можат да откријат одредени аспекти за Вас и за Вашето минато. Еве само дел од нив:

•• Име и презиме

•• Адреса на живеење

•• Дата на раѓање

•• Име на родителите

•• Занимања на родителите

•• Религиска припадност или уверување

•• Етничка припадност

•• Податоци за здравјето

•• Училишно досие

•• Фотографија

•• Единствен матичен број

•• Видео снимка

•• Отпечатоци од прст

•• Резултати од испит

•• Телефонски број

•• Членство во одредена организација или политичка партија

•• Плата

•• Банкарска сметка

•• Снимка од телефонски разговор Ако се обидете да го поврзете кој било од посочените лични податоци со Вас, ќе видите колку

многу еден личен податок може да открие за Вас самите, за Вашето опкружување, Вашето семејство,

Page 31: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

30 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

животната преокупација, интереси, хоби, планови итн. Поттикнете ги учениците да го сторат тоа! Во исто време, поттикнете ги да размислуваат најпрво во позитивна насока, односно дека откривањето на одредени лични податоци, но и барањето на туѓи лични податоци, е неопходно и корисно во секојдневните животни ситуации (на пример: поседувањето информација за крвната група на одредено лице може да му го „спаси“ животот во случај на сообраќајна несреќа). Значи, целта не е да се заплашат учениците од откривање на лични податоци и притоа на секое барање или откривање на лични податоци да гледаат со сомнеж барајќи лоши „задни намери“, туку целта е да се развие кај нив свест и одговорност за проценка на секоја поединечна ситуација кога се во прашање нивните или туѓите лични податоци.

Притоа, потребно е во секоја ситуација кога треба да откриеме личен податок да си ги поставиме прашањата кои беа погоре споменати, за да оневозможиме: другите да го знаат за нас она што не сакаме да го споделиме со нив или нема оправданост да знаат; непотребно премногу податоци за нас да се достапни на мноштво луѓе; неоправдано долго време да се користат нашите лични податоци за остварување одредени цели; злоупотреба на нашите податоци и нивна обработка за недозволени активности и цели од кои можеме да трпиме штетни последици. На тој начин, преку нашата претпазливост, се заштитуваме себеси од можните опасности и злоупотреби кои ги демнат нашите лични податоци. Значењето на личните податоци за секој поединец довело до уставно нормирање на правото на заштита на личните податоци, па во таа смисла, со член 18 од Уставот на Република Македонија „се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци“. Понатаму, со цел да се отстранат можните закани и опасности по приватноста и личните податоци на индивидуите, се преземени чекори за контрола на начинот на кој поединци и организации би можеле да прибираат и обработуваат лични податоци. Во Република Македонија, главен акт кој ги „покрива“ прашањата поврзани со заштитата на личните податоци е Законот за заштита на личните податоци. Значи, покрај „самозаштитата“ постои и загарантирана законска заштита на личните податоци од страна на државата и надлежните органи.

2.2 единствен матичен број

Секој граѓанин, во моментот на неговото раѓање и запишување во Изводот на родените се стекнува со единствен матичен број.Овој податок е мошне важен за секој поединец бидејќи е неповторлив, уникатен и врз основа на истиот веднаш може да се идентификува за кого станува збор. Токму поради тоа единствениот матичен број е личен податок кој ужива повисока заштита. Во него се содржани многу информации за поединецот-ден, месец, година на раѓање, регистрационо подрачје, пол, реден број на раѓањето. Оттука, треба да се знае дека може да се бара единствен матичен број и истиот да се користи само кога тоа е предвидено со некоја законска одредба или пак по претходна писмена согласност на лицето чии податоци се бараат (ако се работи за

Page 32: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

31ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

малолетник тогаш е потребна согласност од неговите родители/старатели). Притоа, треба да се осигура дека единствениот матичен број не е непотребно видлив, печатен или преземен од збирката на личните податоци.

2.3 запознајте се со „посебните или чувствителни категории на лични податоци“

Како „чувствителни“ лични податоци се сметаат оние податоци кои го откриваат расното или етничко потекло, политичко, верско, филозофско или друго уверување, членството во синдикална организација и податоци кои се однесуваат на здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и генетските податоци, биометриски податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот (на пр. припадност кон одредена религија; сексуална ориентација; членување во синдикат; медицинско досие; лична фотографија и др.)

Овие податоци се од посебно значење за секој поединец поради фактот што откриваат: •• одредени ставови и вредности кои се битни за неа/него;

•• одредени информации поврзани со потеклото и минатото на поединецот;

•• одредени афинитети и наклонетост, ориентираност на поединецот.

Поради тоа, поединците се особено чувствителни во однос на овие податоци, па затоа, секоја активност која се однесува на нив подразбира посебни, дополнителни мерки за заштита. Овие мерки се регулирани во Законот за заштита на личните податоци.

Во редот на чувствителни лични податоци спаѓаат:

•• Расно потекло

•• Етничко потекло

•• Припадност кон религија, верски или други верувања и убедувања

•• Политичко уверување

•• Филозофско или друго уверување

•• Членство во синдикална организација

•• Податоци за здравјето, телесно и ментално здравје

•• Генетски податоци

•• Биометриски податоци

•• Лична Фотографија

•• Сексуална ориентација

Page 33: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

32 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

2.3.1 лична фотографија

Личната фотографија е „чувствителна„ за поединецот бидејќи таа сама по себе, без ниту еден друг податок, може да определи за кое лице точно станува збор! На неа се наоѓаат мноштво биометриски податоци за индивидуата. Зависно од фотографијата (кој дел е фотографиран, каде, со кого и др.), таа може да открие многу за животот на фотографираниот, неговите афинитети, работа, хоби, планови. Праксата покажала дека голем дел од луѓето имаат развиено визуелна меморија, па врз основа на тоа и многу подолго го паметат она што ќе го видат на фотографија! Фотографијата може да „развие“ цела приказна! Затоа, генерално, во однос на обработката на фотографиите како личен податок, важи дека истото е дозволено кога тоа е утврдено со закон, во обем и во согласност со целта за која се собираат. Притоа, кога се работи за малолетни лица, неопходна е претходна согласност од родителот/старателот на лицето.

2.3.2 здравствени податоци

Овие податоци се сметаат за посебни бидејќи ни откриваат каква е психофизичката и здравствената состојба на поединецот, дали боледува од некоја болест, дали прима медицинска терапија, дали е способен/неспособен за одредени активности и сл.. Откривањето и непотребното ширење може да биде особено негативно и со големи последици, доколку се работи за малолетно лице и лице во развој. Поради тоа, постои генерално правило дека нивната обработка е забранета. Но, нивна обработка е дозволена само како исклучок и во случаи/услови строго утврдени со закон. Во сите останати случаи, доколку одредена институција сака да обработува здравствени податоци, мора да обезбеди претходна согласност од субјектот на податоците (односно од неговите/нејзините родители/старатели ако се работи за малолетно лице). Во истовреме, институцијата мора да обезбеди повисоко ниво на заштита на овие податоци, да ги направи достапни само на точно определени лица и таа документација треба да биде уништена во пропишаниот рок.

2.3.3 податоци кои се однесуваат на расна, етничка, верска и друга припадност

Припадноста кон одредена раса, етничка заедница, вера или било која друга припадност е лична работа на поединецот и за него таа е особено важна бидејќи одразува некои негови убедувања, ставови и вредности. Во голем број случаи, поединците не сакаат да ги споделуваат овие податоци со пошироките кругови, а честопати и обзнанувањето на овие лични податоци е основа за поделби на луѓето по разни основи и квалификации, стигматизации и сл. Исто така, „лошите примери“ од историјата ни укажуваат дека треба да се остави на самиот поединец да одлучи дали ќе ја сподели со останатите својата припадност кон одредена вера, раса, етничка група и др. Затоа, и во однос на постапувањето со овие лични податоци остануваат да важат правилата кои се однесуваат на обработката на посебните категории на лични податоци.

Page 34: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

33ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

2.3.4 Биометриски податоци

Биометриските податоци се чувствителни за поединецот бидејќи се уникатни и неповторливи, односно истите нема да ги сретнете кај било кое друго лице (на пример, папиларни линии, ретина, зеница, линии на челото, ушите, влакна и др.). Поради тоа, тие можат вешто да бидат злоупотребени, особено во однос на извршување на недозволени дејствија (на пример, влакно од коса може да биде злоупотребено како доказ за извршување кривично дело!). Поради тоа, тие се обработуваат врз основа на посебни услови и ограничувања, предвидени во Законот за заштита на личните податоци, односно, биометриските податоци можат да бидат обработувани само ако тоа е предвидено со некој материјален закон или пак врз основа на претходно добиено одобрение од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Поттикнете ги учениците да размислуваат околу тоа зошто споменатите лични податоци се чувствителни за поединците и дали имале случај во пракса кога им бил побаран некој чувствителен личен податок. Дали сметаат дека тој податок бил потребен во дадената ситуација, дали можеби бил преобемен во однос на целта што требало да се задоволи во конкретната ситуација. Поттикнете дискусија меѓу учениците: дали некаде им бил побаран матичен број; дали им била кажана целта зошто е потребен матичниот број. Можете да им предочите на учениците наслови и текстови од весници/списанија и притоа од нив да побарате да идентификуваат дали во некој од насловите/текстовите се наведени чувствителни лични податоци. Споделете со нив взаемни искуства кога се покажало дека објавувањето на фотографија на некоја интернет страница или социјална мрежа имало „лоши последици“.

Page 35: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

34 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтОсновно образование

Одделение: прв период (од I до III одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 2: запОзнајте се сО категОријата личен пОдатОк

Цели: Ученикот:

- да знае што значи поимот личен податок,

- да наброи категории лични податоци,

- да умее да се грижи за своите лични податоци,

- да ги почитува личните податоци на другите луѓе,

- да разликува во која ситуација и кому треба да ги даде своите лични податоци.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

-•фотографии,

-•цртежи,

-•слики.

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 36: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

35ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОведен дел:

ние често имаме потреба да докажеме кои сме: кога се запишуваме во училиште, кога треба да извадиме карта за превоз, кога вадиме пари од банка, кога одиме на лекар, кога патуваме во странство. наставникот набројува лични податоци: матичен број, адреса, име и презиме, тел.број, фотографија, шифра/ лозинка...

да бидеме внимателни кому кажуваме лични податоци и во кои ситуации?

Откривањето на лични податоци со непознати може да не повреди.

на наставникот: на ученикот:

••ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и глав-ната идеја,

•• дава информации,••објаснува, дискутира,••поттикнува дијалог,••демонстрира, ••одговара на прашања, ••анализира, надгледува и

помага,••вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- да открива , да препознава,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите.

главен дел:наставникот на секој од учениците им доставува илустрирани информации со цртежи за г. николовски кој за да подигне пратка од пошта потребно е да се легитимира (да ја покаже) личната карта во која го има матичниот број со датум на раѓање и адреса; за да изнајми автомобил потребно е да ја покаже возачката дозвола, тој во продавница плаќа со платежна картичка за која му бараат посебна пин (бројки кои само тој треба да ги знае); за да патува надвор од македонија треба да има пасош; при влегување во автобус ја покажува легитимацијата со негова фотографија.Учениците треба да одговорат кои податоци биле барани од г.николовски? што откриваат тие за него? кој ги бара овие податоци?наставникот ја чита приказната бр. 3 за 9-годишниот томе кој останал сам дома, но споделил многу лични податоци со непознати за неговото семејство и имал непријатно искуство со крадци.каде згрешил томче? кои податоци не треба да ги давате на непознати? зошто? што може да се случи доколку го направите тоа? како ќе постапевте ако бевте на местото на томче?

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот ќе ја користи методата семафор со која ги повикува учениците со истакнување на зелено ливче да соопштат доколку разбрале што се лични податоци, со жолто ливче доколку не им е јасно докрај , а со црвено доколку не разбрале што се лични податоци.

резиме на часот:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат што се лични податоци;

- учениците набројуваат лични податоци;

- учениците набројуваат можни опасности од откривање на личните податоци;

- внимаваат кому даваат лични податоци.

Page 37: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

36 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтОсновно образование

Одделение: втор период (од IVдо VI одд.), трет период (од VII до IX одд.)

наставени предмети: македонски јазик, информатика, животни вештини, етика, граѓанско образование

тема бр. 2: запОзнајте се сО категОријата личен пОдатОк

Цели: Ученикот:

- да знае што значи поимот личен податок,

- да наброи категории лични податоци,

- да умее да се грижи за своите лични податоци,

- да ги почитува личните податоци на другите луѓе,

- да разликува во која ситуација и кому треба да ги даде своите лични податоци.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,- драматизација,- играње улоги,- водење дијалози,- презентации.

- индивидуална работа,- групна работа, - самостојна работа,- фронтална работа.

- цтрежи,- слики,- слики,- текст/студија на случај,- видеопрезентација,- ИКТ.

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 38: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

37ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

ние често имаме потреба да докажеме кои сме. кога се запишуваме во училиште, кога треба да извадиме карта за превоз, кога вадиме пари од банка, кога одиме на лекар, кога патуваме во странство. наставникот набројува лични податоци: матичен број, адреса, име и презиме, тел.број, фотографија, шифра/ лозиинка...

да бидеме внимателни кому кажуваме лични податоци и во кои ситуации?

Откривањето на лични податоци со непознати може да не повреди.

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и главната идеа,

••дава информации,••објаснува,••дискутира,••поттикнува дијалог,••демонстрира,••одговара на прашања,•• ја анализира работата,••надгледува и помага,••вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- да се оспособува да учи самостојно,

- да открива, да препознава поими,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите,

- критички да размислува.

главен дел:

наставникот на учениците им ја чита содржината од приказната за 9-годишниот томе кој останал сам дома и на непознатите млади дами им открил многу лични податоци за неговото семејство. им дава задолжение да ги анализираат улогите на сите актери во приказната. нивна задача е да направат драматизација за опишаниот настан, но можат доколку се креативни да одглумат и различна завршница.со играње улоги ќе бидат во можност да разберат како да ги заштитат личните податоци, а доколку тоа не го направат ќе бидат злоупотребени и последиците можат да бидат многу непријатни. активноста можат да ја реализираат и за два часа. драматизацијата може да се претстави на учениците од пониските одделенија сè со цел да се поттикне свест кај учениците за одговорно однесување кон своите личните податоци и податоците на своите најблиски.

завршен дел:

Учениците и наставникот заеднички ги дефинираат личните податоци, знаат како да ги заштитат и размислуваат за последиците од нивно непотребно откривање.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот им доставува листа на која се поставени одредени барања за познавање на содржините од категоријата на личните податоци.Барањата секогаш произлегуваат од целите на часот.

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- Учениците разбираат што се лични податоци;

- Учениците набројуваат лични податоци;

- Учениците преку игра набројуваат можни последици од откривање на личните податоци;

- внимаваат кому даваат лични податоци;

- разликуваат ситуации кога треба да откријат лични податоци.

Page 39: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

38 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтсредно образование ( I, II, III I IV година)

наставени предмети: информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, социологија, филозофија

тема бр. 3: запОзнајте се сО категОријата личен пОдатОк

Цели: Ученикот:

- да знае што значи поимот личен податок,

- да наброи категории лични податоци,

- да умее да се грижи за своите лични податоци,

- да ги почитува личните податоци на другите луѓе,

- да разликува во која ситуација и кому треба да ги даде своите лични податоци.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации,

- интервју,

- истражување.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

- фотографии,

- цртежи,

- слики,

- слики,

- текст/студија на случај,

- видео презентација,

- ИКТ,

- постер.

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 40: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

39ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

ние често имаме потреба да докажеме кои сме. кога се запишуваме во училиште, кога треба да извадиме карта за превоз, кога вадиме пари од банка, кога одиме на лекар, кога патуваме во странство. наставникот набројува лични податоци: матичен број, адреса, име и презиме, тел.број, фотографија, шифра...

да бидеме внимателни кому кажуваме лични податоци и во кои ситуации?

Откривањето на лични податоци со непознати може да не повреди.

на наставникот: на ученикот:

••ги мотивира учениците за работа,

••ги истакнува целите и глав-ната идеа,

••дава информации,••објаснува, дискутира,••поттикнува дијалог,••демонстрира, ••одговара на прашања, ••анализа, надгледува и

помага,••вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- да се оспособува да учи самостојно,

- да открива, да препознава,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите,

- критички да размислува,

- јасно да изнесува ставови.

главен дел:

наставникот по повод европскиот ден на заштита на личните податоци, 28 јануари, на учениците им ги дава следниве задолженија и активности:активност 1: учениците од класот се делат на групи од 5-6 ученика и добиваат задача да направат интервју со своите соученици со следниве прашања:

- запознаени ли сте со правото на приватност и заштита на личните податоци?- дали знаете кои лични податоци се чувствителни?- кои лични податоци ви се бараат во секојдневието? кој ги бара?- дали некогаш ви биле злоупотребени личните податоци? каде? како сте се чувствувале?- кому сте се обратиле за помош?

резултатите од интервјуто можат да се презентираат со видео клип, ппп, користење на шематски приказ или по сопствена идеа.

завршен дел:

наставникот и учениците дефинираат што се очекува од истражувањето и како да се претстават резултатите. која ќе биде пораката до учениците, наставниците и родителите.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот им доставува листа на која се поставени одредени барања за познавање на содржините од категоријата на личните податоци.

резиме на часот:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- Учениците разбираат што се лични податоци ;

- Учениците набројуваат лични податоци;

- Учениците со истражување ги набројуваат можните последици од откривање на личните податоци;

- внимаваат кому даваат лични податоци;

- разликуваат ситуации кога треба да откријат лични податоци;

- посочуваат институција надлежна за заштита на личните податоци.

Page 41: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

40 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

клучни изрази и дефиниции

личен податок: Тоа е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет).

единствен матичен број: поради тоа што во себе содржи многу информации преку кои лесно може да се идентификува за кое лице станува збор, единствениот матичен број претставува личен податок кој ужива посебен третман, односно повисоко ниво на заштита.

посебни или чувствителни категории на лични податоци: оние податоци кои го откриваат расното или етничко потекло, политичко, верско, филозофско или друго уверување, членството во синдикална организација и податоци кои се однесуваат на здравјето на луѓето, вклучувајќи ги и генетските податоци, биометриски податоци или податоци кои се однесуваат на сексуалниот живот.

најчесто сретнувани посебни категории на лични податоци: расно потекло, етничко потекло, припадност кон религија, верски или други верувања и убедувања; политичко уверување, филозофско или друго уверување, членство во синдикална организација, податоци за здравјето (телесно и ментално здравје), генетски податоци; биометриски податоци, фотографија, податоци за сексуалната ориентација.

Page 42: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

41ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

II. заштита на личните пОдатОЦи

НАСТАВНА ТЕМА 3: ПРАВА И ОБВРСКИ/ОДГОВОРНОСТИ

Цели

ОднесУваЊе и вреднОсти

Да се поттикнат учениците:

• да развијат свест за значењето на своите и туѓите лични податоци

• да инсистираат на почитување на нивните права поврзани со заштитата на личните податоци;

• да ги почитуваат и исполнуваат обврските кои за нив произлегуваат од правото на заштита на личните податоци на другите индивидуи.

вештини

Да им се помогне на учениците да ја развијат способноста:

• За воспоставување корелација помеѓу соодветните права и обврски/одговорности;

• За анализа, организација, соработка.

пОзнаваЊе

Да им се помогне на учениците да се здобијат со знаење и разбирање на:

• поимот субјект, односно носител на лични податоци;

• концептот на обработка на личните податоци;

• поимот контролор на лични податоци;

• принципите за заштита на лични податоци;

• основните права и одговорности кои произлегуваат од правото на заштита на личните податоци.

Page 43: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

42 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

тек на активностите

вовед во содржината на наставната тема 3: „права и обврски/ одговорности“

главно прашање: кои се основните права и одговорности кои произлегуваат од прописите за заштита на личните податоци?

3.1 субјект на лични податоци

Во претходните тематски единици беа опфатени и обработени прашања поврзани со приватноста и правото на заштита на личните податоци, и тоа од аспект на тоа што сè може да има карактер на личен податок, кои лични податоци најчесто се бара да бидат откриени во секојдневните животни ситуации, како и категориите чувствителни лични податоци за кои е предвиден посебен третман и заштита. Кога се зборува за кое било човеково право неминовно се наметнува прашањето за неговиот носител, односно титулар. Во контекст на правото на заштита на личните податоци најпрво се поставува прашањето: Кој е субјектот на лични податоци?

Согласно дефиницијата „Субјект на лични податоци е секое физичко лице на кое се однесуваат обработените лични податоци“, секој поединец, секој од нас како човечко битие се јавува како субјект на податоците кои го определуваат неговиот идентитет, односно откриваат за кое лице точно станува збор во дадена ситуација и на тој начин го разграничуваат од сите останати индивидуи. На пример, ученикот е субјект на личните податоци кои се собираат за него во училиштето, човекот кој ги открива своите лични податоци на шалтерскиот службеник во банка е субјект на лични податоци, лицето кое пристапува на некоја социјална мрежа на интернет со намера да отвори свој профил е субјект на личните податоци кои ги открива со цел да може да го регистрира профилот. Притоа, треба да се напомене дека субјект на лични податоци е единствено лицето на кое се однесуваат податоците, а не лицето кое дава податоци за некое друго лице или во име на некое друго лице. На пример, во случај кога родителот или старателот дава податоци за неговото дете/штитеник, родителот не е субјектот на личните податоци, туку самото дете. Поттикнете ги учениците да откријат различни ситуации во кои тие се јавуваат како субјект на лични податоци.

3.2 контролор на лични податоци

Сигурно забележувате кога се зборува за личните податоци, постојано се зборува за откривање, односно собирање на лични податоци. Тоа значи дека секогаш на другата страна,

Page 44: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

43ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

наспроти субјектот на личните податоци има некој кој истите ги прибира, собира, чува, евидентира, користи, пренесува или презема други активности поврзани со нив. Тоа лице е познато како контролор на личните податоци. Што значи тоа во пракса, користејќи ги примерите кои беа споменати во делот за субјектот на лични податоци? Училиштето кое од ученикот или од неговиот родител/старател ги собира неговите лични податоци заради пополнување некаква евиденција во случајов е контролор на лични податоци. Банката која преку овластениот службеник ги собира од корисникот на банкарска услуга неговите лични податоци е контролор на лични податоци во конкретниот случај. Социјалната мрежа на интернет која собира лични податоци од лицето што сака да регистрира профил е контролор на податоците. Оттука произлегува заклучок дека контролор на лични податоци може да биде физичко или правно лице (компанија, училиште, министерство, државен орган и др.), кое е овластено да презема некакви активности со личните податоците на одредени поединци, притоа почитувајќи ги принципите за заштита на личните податоци.

Зошто е важно во секоја конкретна ситуација да се знае кој е контролорот на личните податоци?

Важно е бидејќи тој ја сноси одговорноста за:

• целта поради која се собираат податоците (дали е оправдано да се собираат);

• за обем на податоците (дали е потребно и дали се во обем согласно со целта заради која се собираат);

• за времето на чување на податоците (колку долго може да се чуваат);

• за начинот на чување на податоците (кои мерки треба да се преземат за да се обезбедат податоците);

• за пренесување на податоците на други лица (дали има право и под кои услови може да ги пренесуваат податоците).

Покрај тоа, во случај кога сметате дека некој личен податок Ви е злоупотребен или повреден, одговорноста за сторената повреда/злоупотреба ја сноси контролорот на личните податоци.

Користејќи некоја секојдневна ситуација, развијте сценарио со учениците за тоа како се „движи“ одреден личен податок, односно каде и до кого се може да стигне одреден податок, тргнувајќи од неговиот субјект!

Кога веќе ја „расчистивме“ дилемата кој е субјект, а кој контролор на лични податоци, да видиме што се случува со личните податоци.

Page 45: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

44 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Личните податоци може да се собираат за одредени цели, да се евидентираат, да се чуваат, да се користат, да се откриваат на други лица, да се менуваат, да се објавуваат, да се комбинираат со други податоци, да се бришат, да се блокираат, да се уништат. На пример, во училиштето се водат разни книги со цел да се евидентираат учениците. Сите овие активности се познати под еден заеднички назив - обработка на лични податоци.

Притоа, што е важно во однос на обработката на лични податоци? Важно и неопходно е целосно да се почитуваат законските принципи за обработка на

податоците.

Тоа значи дека кога се презема која било активност во однос на личните податоци, треба да се почитуваат следните принципи:

•• личните податоци мора да се обработуваат правично и онака како што е определено со закон, а не произволно;

•• при секое собирање на лични податоци мора да постои конкретна, јасна и со закон утврдена цел, а начинот на нивната обработка мора да биде во согласност со утврдената цел;

•• личните податоци мора да се соодветни, релевантни и непреобемни во однос на целите за кои тие се собираат и обработуваат;

•• личните податоци треба да се точни, целосни и ажурирани. Оттука, кога е потребно тие треба да се избришат или да се коригираат;

•• личните податоци треба да се чуваат во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци. Притоа, важно е личните податоци да не се чуваат подолго од што е потребно, односно додека не се исполнат целите за кои се собрани за понатамошна обработка.

Истовремено, обработката на личните податоци неминовно подразбира и примена на принципот на недискриминација според кој заштитата на личните податоци се гарантира на секое физичко лице без дискриминација заснована врз неговата националност, раса, боја на кожата, верски уверувања, етничка припадност, пол, јазик, политички или други верувања, материјална положба, потекло по раѓање, образование, социјално потекло, државјанство, место или вид на престој, или кои било други лични карактеристики.

Од секоја активност што се презема во однос на некој личен податок произлегуваат одредени права/овластувања и обврски/одговорности, и тоа: за субјектот на личните податоци, за контролорот, како и за лицата кои во некое друго својство доаѓаат во „контакт“ со личните податоци.

Page 46: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

45ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Овие права на субјектот на лични податоци и нивната соодветна заштита, како и обврските и одговорностите за контролорот на личните податоци се определени со Законот за заштита на личните податоци. Во најголемиот број случаи правните лица, државните органи и институциите (на пример: училиштата, болниците, работодавачите, државните органи и институциите, банките, осигурителните компании) и индивидуите (доктори, фармацевти) кои ги обработуваат лични податоци, тоа го прават на одговорен начин. Сепак, може да се случи:

•• податокот што се чува за вас да биде неточен или неажуриран;

•• може да биде откриен некому иако не е овластен да го види личниот податок;

•• вашата приватност може да биде загрозена на многу други посериозни начини.

кои права ги има субјектот на лични податоци при која било обработка на неговите/нејзините лични податоци? кои обврски ги има контролорот на личните податоци при која било обработка на лични податоци?

Најпрво, субјектот на личните податоци има право да очекува фер третман и постапување од страна на правните лица, државните органи или институции и индивидуите, во однос на начинот како ги прибираат, чуваат, користат и споделуваат податоците.

3.3.1 право да биде информиран

- Кога ви бараат лични податоци, мора да ве информираат:

•• за идентитетот на контолорот, а особено за неговото име/назив и адреса и на неговиот/нејзиниот овластен претставник во земјата (доколку ги има),

•• за кои цели се собираат/обработуваат податоците,

•• кој ќе ги користи податоците,

•• дали одговарањето на поставените прашања е задолжително или не,

•• дали има и кои се можните последици во случај на неодговарање на прашањата,

•• дека имате право на пристап до Вашите лични податоци,

•• дека имате право да побарате корекција и бришење на Вашите лични податоци.

- Кој има обврска да Ве информира?

Контролорот на личните податоци, и тоа на сосема разбирлив начин, со користење на едноставен јазик, особено кога се обработуваат податоци на малолетни лица.

- Кога контролорот треба да Ве информира?

Page 47: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

46 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Во моментот кога се собираат податоците, освен ако тоа не е сосема јасно од самиот контекст на ситуацијата, или пак ако субјектот на личните податоци веќе е информиран за собирањето на податоците.

3.3.2 право на пристап

Правото на пристап значи дека субјектот на личните податоци може да побара од контролорот да биде информиран за тоа:

•• дали неговите/нејзините лични податоци се обработуваат,•• за кои цели се обработуваат личните податоци во конкрентиот случај,•• која е правната/законската основа за обработка на податоците,•• кој ќе ги користи или кому се откриваат податоците,•• логиката за автоматската обработка на податоците.

- Кога (во кој момент) субјектот на лични податоци може да ги побара овие информации од контролорот?

Во кое било време, секогаш.

3.3.3 право да се дополнат, изменат или избришат личните податоци

Субјектот на личните податоци има право да бара од контролорот да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на податоците. Контролорот има обврска тоа да го направи доколку податоците се нецелосни, неточни или неажурирани, доколку престанала потребата од понатамошна нивна обработка или доколку нивната обработка не е во согласност со законските одредби.

Исто така, ако контролорот самиот утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, без оглед на тоа дали субјектот го побарал тоа или не, има обврска да ги дополни, измени, избрише или да го сопре нивното понатамошно користење.

- Кога и во кој рок треба контролорот да го извести субјектот дека е извршено дополнување, измена или бришење на личните податоци?

Контролорот треба писмено да го извести субјектот во рок од 30 дена од денот кога го примил барањето.

3.3.4 право на информираност во случај на откривање на личните податоци на трети лица

Субјектот на личните податоци има право/мора да биде информиран во случај кога е предвидено неговите/нејзините лични податоци да бидат доставени, односно откриени на трети лица, и при тоа треба да биде информиран:

Page 48: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

47ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

•• кој ќе ги користи неговите/нејзините лични податоци,

•• целта поради која личните податоци ќе бидат откриени на трети лица,

•• правото на субјектот да се спротивстави на давање на користење на податоците за посебни цели (на пример, субјектот има право да не дозволи неговите лични податоци да се користат за цели за вршење директен маркетинг).

- Кој има обврска во овој случај да го информира субјектот на личните податоци?

Контролорот на личните податоци.

- Кога контролорот треба да го информира субјектот на личните податоци?

Во времето на собирање на податоците, но кога тоа е тешко или невозможно да се направи и покрај вложениот напор, тогаш субјектот треба да се информира пред податоците да се дадат на користење на трети лица.

3.3.5 право на информација во случај на употреба на прашалници и други формулари

- Кога за различни цели се користат прашалници и други формулари, субјектот на личните податоци треба да биде информиран за тоа:

•• дали одговорите на поставени прашања се задолжителни или доброволни,

•• дали има и кои се последиците од неодговарање на поставените прашања.

- Кој има обврска да го информира субјектот на личните податоци во овој случај?

Контролорот на личните податоци треба да се погрижи во прашалниците или формуларите да да не се поставуваат непотребни прашања и да не се собираат непотребни податоци.

3.3.6 право да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци

Субјектот на лични податоци кога смета дека од страна на контролорот на личните податоци или од страна на обработувач му е повредено некое право загарантирано со Законот за заштита на личните податоци (тоа се оние права кои погоре беа претставени и разработени), може да поднесе барање да се утврди дали е сторена повреда на некое од овие права.

- Каде треба да се обрати субјектот на лични податоци во врска со заштитата на неговите/нејзините лични податоци?

Субјектот на лични податоци треба да се обрати до Дирекцијата за заштита на личните податоци, самостоен државен орган кој се грижи за законитоста при обработката на личните податоци и врши надзор над спроведувањето на законот. Постои унифициран образец на кој се поднесува барањето и истиот е достапен во електронска форма на официјалната интернет страница на Дирекцијата.2

2 http://www.dzlp.mk

Page 49: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

48 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

- Какви мерки и активности може да преземе Дирекцијата во случај кога ќе утврди дека има повреда на некое право загарантирано со Законот?

•• Да донесе решение за блокирање, бришење или уништување на личните податоци.

•• Да донесе решение за комплетирање, ажурирање, исправање, откривање или обезбедување тајност на личните податоци.

•• Да донесе решение со кое ќе забрани понатамошна обработка на личните податоци.

•• Да донесе решение со кое ќе го запре преносот на личните податоци на други држави.

•• Да донесе решение со кое ќе утврди дека е потребно да се спроведат дополнителни технички и организациски мерки за тајност и заштита на личните податоци.

•• Да донесе решение со кое ќе утврди рок за отстранување на повредите.

клучни изрази и дефиниции

субјект на лични податоци:

Секое физичко лице на кое се однесуваат личните податоци чија обработка се врши. Тоа значи дека секој поединец, секој од нас како човечко битие се јавува како субјект на податоците кои го определуваат неговиот идентитет, односно откриваат за кое лице точно станува збор во дадена ситуација и на тој начин го разграничуваат од сите останати индивидуи.

контролор на лични податоци:

Физичко или правно лице кое ги бара, ги прибира, собира, чува, евидентира, користи, пренесува или презема други активности поврзани со нечии лични податоци.

Обработка на лични податоци:

Која било операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, бришење, блокирање или уништување.

права на субјектот на лични податоци и обврски на контролорот на личните податоци:

Право на субјектот е да биде информиран - обврска на контролот е да го информира. Право на субјектот на пристап - обврска на контролорот да го овозможи пристапот до податоците. Право да се дополнат, изменат или ажурираат личните податоци на субјектот - обврска на

контролорот да го стори тоа.

Page 50: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

49ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Право на субјектот на личните податоци на информираност во случај на откривање на личните податоци на трети лица - обврска на контролорот да го стори тоа.

Право на информирање на субјектот на личните податоци во случај на употреба на прашалници и други формулари - обврска на контролорот да го информира субјектот.

Право на субјектот да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци - обврска на контролорот да постапи по решението на Дирекцијата за заштита на лични податоци, односно да го спроведе истото.

Page 51: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

50 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтОсновно образование

Одделение: прв период (од I до III одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 3: права и ОБврски/ОдгОвОрнОсти

Цели: Ученикот:

- да го разбере значењето на поимите права, обврски и одговорности,

- да размислува дека лични податоци на поединецот кажуваат многу информации,

- да сфати дека има обврска да не ги споделува своите лични податоци со непознати,

- да знае дека неговите лични податоци се заштитени со закон.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација

- драматизација

- играње улоги

- водење дијалози

- презентации

- индивидуална работа

- групна работа

- самостојна работа

- фронтална работа

••фотографии

••цртежи

••слики

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 52: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

51ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

ние често имаме потреба да докажеме кои сме.

да бидеме внимателни кому кажуваме лични податоци и во кои ситуации во секојдневието.

Откривањето на лични податоци со непознати може да не повреди емотивно и физички.

на часот ќе бидат поканети родители кои ќе помогнат во реализацијата на активностите.

на наставникот: на учениците:

- ги мотивира учениците за работа,- ги истакнува целите и главната идеа,- дава информации,- објаснува, дискутира,- поттикнува дијалог,- демонстрира, - одговара на прашања, - врши анализа работа, надгледува и по-

мага- Вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- да открива , да препознава,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите,

- да учи самостојно.

главен дел:

пример 1наставникот ги воведува учениците и родителите во активностите со приказната бр. 3 за деветгодишниот томе кој останал сам дома и по разговорот со непознатите имал непријатно искуство со крадци. наставникот прашува: ви се случило ли и вас нешто слично во секојдневието? кои совети ви ги даваат вашите родители? што ќе направевте вие да бевте на местото од томче?како требаше да постапи томче?кое е чувството на томче кога разбрал дека кажал повеќе отколку што треба? се бара од секој ученик поединечно да си ја нацрта дланката на табла. треба да има онолку дланки колку има ученици. во дланките наставникот ги запишува секој даден одговор од учениците и родителите. тоа ќе бидат права, обврски и одговорности за заштита на приватноста и личните податоци во секојдневието.потоа родителите ќе помогнат во изработка на пано на кое во секоја дланка ќе има илустрација со пораки: не кажувај каде живееш! не пишувај на интерет се што несакаш другите да знаат за тебе! не објавувај лични податоци на твоите другарчиња! почитувај го своето но и правото на заштита на личните податоци на другиот! не верувај на непознати? не кажувај кога си сам дома! не верувај според изгледот! информирај го родителот/ наставникот за непријатна средба или разговор!...паното ќе биде презентирано во училиштето по повод денот на заштита на детските права, 20 ноември и ќе биде користено како нагледно средство во училницата.

завршен дEл:наставникот, родителите и учениците со реализирањето на активностите и организирањето на паното со пораките истакнуваат зошто е потребно да се вклучат сите во изучувањето на овие содржини.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од активностите ќе ги оцени со пишана повратна информација за постигнувањата. на пример: Ученикот разбира што се права и обврски, набројува што открива еден личен податок за личноста, набројува опасности од откривање лични податоци, знае дека треба да почитува туѓи лични податоци.

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам саканата цели?

Очекувани резултати:

- Учениците разбираат што се права и обврски ;

- Учениците набројуваат што можат да откријат личните за некого;

- Учениците набројуваат ситуации на можни опасности од откривање на личните податоци;

- внимаваат кому даваат лични податоци;

- почитуваат туѓи лични податоци.

Page 53: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

52 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтОсновно образование

Одделение: втор период (од IV до VI одд), трет период (од VII до IX одд)

наставени предмети: македонски јазик, информатика, етика, граѓанско и животни вештини

тема бр. 3 права и ОБврски/ОдгОвОрнОсти

Цели: Ученикот:

- да ги разбере поимите права, обврски и одговорности во однос на заштита на личните податоци,

- да размислува дека лични податоци на поединецот кажуваат многу информации,

- да сфати дека има право да знае кој и како ги користи неговите лични податоци,

- да разбере дека личните податоци можат да бидат злоупотребени и да кажуваат погрешни и неточни информации за личноста,

- да знае дека дзлп е институција каде треба да се обрати во случај на прекршување на ова право.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација

- драматизација

- играње улоги

- водење дијалози

- презентации

- интервју

- индивидуална

- групна

- самостојна работа

- фронтална работа

••фотографии••цртежи••слики••текст/студија на случај••видео презентација••ИКТ

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 54: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

53ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт 2 часа за реализација

вОвед :

ние често имаме потреба да докажеме кои сме.

треба да сме информирани кому и кои податоци ги даваме.зошто ги даваме?

кои лични подтаоци треба да споделуваме за нас и другите на социјалните мрежи.

да бидеме внимателни кому кажуваме лични податоци и во кои ситуации во секојдневието.

Откривањето на лични податоци со непознати може да не повреди емотивно и физички.

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и глав-ната идеа,

••дава информации,

••објаснува, дискутира,

••поттикнува дијалог,

••демонстрира,

••одговара на прашања,

••врши анализа работа, над-гледува и помага,

••Вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- да открива , препознава ....,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите.

главен дел :

Учениците со помош на наставникот составуваат прашања за интервју со одговорниот вработен во училиштето за прибирање и чување на личните податоци на учениците и вработените. прашањата ќе бидат: зошто се користат личните податоци на учениците во училиштето? кои лични податоци од учениците се потребни на училиштето? како се чуваат личните податоци? каде се чуваат? кој може да ги види моите оценки во дневникот? што треба да направам доколку моите лични податоци некој ги сподели без мое знаење?по претходна согласност од вработениот одобрено е да се фотографира.се прави извештај или видео запис од направеното интервју. може да се презентира активноста и во други одделенија.

завршен дел:наставникот и учениците разговараат за извештајот/видео записот и ги прават последните проверки.се повторуваат целите кои се постигнати.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од активностите ќе ги оцени со пишана повратна информација за постигнатите резултати. Ќе се оценува содржината, дизајнот и презентацијата.

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цели?

Очекувани резултати

- Учениците разбираат што се права и обврски,

- Учениците набројуваат што можат да откријат личните податоци за некого,

- Учениците набројуваат ситуации на можни опасности од откривање на личните податоци,

- внимаваат кому даваат лични податоци,

- почитуваат туѓи лични податоци.

Page 55: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

54 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтсредно образование ( I, II, III I IV година)

тема бр. 3: права и ОБврски/ОдгОвОрнОсти

наставени предмети: информатика, етика, вовед во право , македонски јазик, социологија, филозофија

Цели: Ученикот:

- да ги разбере поимите права, обврски и одговорности во однос на заштита на личните податоци,

- да размислува дека лични податоци на поединецот кажува многу информации, - да сфати дека има право да знае кој и како ги користи неговите лични податоци, - да разбере дека личните податоци можат да бидат злоупотребени и да кажува погрешни и

неточни информации за личноста, - да знае дека дзлп е институција каде треба да се обрати во случај на прекршување на ова

право.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација

- драматизација

- играње улоги

- водење дијалози

- презентации

- индивидуална работа

- групна работа

- самостојна работа

- фронтална работа

•фотографии•цртежи•слики••текст/студија на случај••видео презентација••ИКТ

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 56: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

55ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт 2 часа за реализација

вОвед :

Учениците се запознаваат со целите на часот и активностите.ние често имаме потреба да докажеме кои сме.

треба да сме информирани кому и кои податоци ги даваме.

зошто ги даваме?кои лични подтаоци треба да споделуваме за нас и другите на социјалните мрежи.

да бидеме внимателни кому кажуваме лични податоци и во кои ситуации во секојдневието.

Откривањето на лични податоци со непознати може да не повреди емотивно и физички.

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и главната идеа,

••дава информации,

••објаснува, дискутира,

••поттикнува дијалог,

••демонстрира,

••одговара на прашања,

••врши анализа работа, надгле-дува и помага,

••вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно ,

- да открива , препознава,

- да работи во групи и парови,

- да соработува,

- критички да размислува,

- јавно да искажува ставови.

главен дел:

Учениците добиваат задача да креираат илустриран стрип со карактери од содржините на приказните од број 1 до број 6. Учениците сами си избираат со кого ќе работат.Од секоја приказна треба да следи по една порака. стрипот може да се презентира во електронска или пишувана форма. најдобриот стрип со едукативни пораки од правото на приватност и заштита на личните податоци на учениците ќе биде пратен на награден конкурс по повод европскиот ден на заштита на личните податоци, 28 јануари.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од активностите ќе ги оцени со пишана повратна информација за постигнатите резултати. Ќе се оценува содржината, дизајнот и презентацијата.Учениците можат и сами да се оценат врз основа на улогата и активноста што ја имале во изработката на стрипот.(што направив?како направив?како поинаку ќе направам?на што сум горд?...).

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам поскуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат што се права и обврски,

- учениците набројуваат што можат да откријат личните за некого,

- учениците набројуваат ситуации на можни опасности од откривање на личните податоци,

- внимаваат кому даваат лични податоци,

- почитуваат туѓи лични податоци.

Page 57: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

56 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

НАСТАВНА ТЕМА 4: „ЈАС„ И МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО

Цели

ОднесУваЊе и вреднОсти

Да се поттикнат учениците:

• На високо развиена свесност за придобивките од користењето на современите форми на комуникација и размена на информации, а особено на интернетот;

• На свесност за потенцијалните опасности/негативности и можни ризици од употребата на новите технологии во однос на приватноста и личните податоци;

• Да изградат одговорен однос и почитување на туѓата приватност и туѓите лични податоци на интернет.

вештини

Да им се помогне на учениците да ја развијат способноста:

• Да носат одговорни одлуки во однос на нивните лични податоци на интернет;

• За критичка анализа и проценување на содржините кои се објавуваат на интернет;

• За комуникација: дискусија, играње на улоги, слушање, делување, емпатија.

пОзнаваЊе

Да им се помогне на учениците да сездобијат со знаење и разбирање на:

• Улогата и влијанието на новите технолошки достигнувања и средства за комуникација врз приватноста на граѓаните;

• Суштински прашања на кои треба да обрнат внимание при користење на интернет со цел да се заштитат себеси;

• Потенцијалните опасности и ризици по приватноста и успешното превентивно делување.

Page 58: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

57ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

тек на активностите вовед во содржината на наставната тема 4: „јас“ и моите лични податоци во секојдневието“

главно прашање: кои се најзначајните прашања кои произлегуваат од правото на заштита на личните податоци во секојдневните животни ситуации?

Правото на заштита на личните податоци не е теоретска категорија, обработена само на хартија туку е регулирано како човеково право токму поради фактот што има импликации во секојдневниот живот на луѓето. Тоа значи дека ова право „произведува“ одредени права и одговорности за неговиот носител, субјектот на личните податоци во различни сфери и области во праксата, а секако, и права и одговорности за контролорите на личните податоци и за третите лица кои доаѓаат во контакт со нив.

Токму поради тоа што генерира одредени права и обврски, а со тоа предизвикува и последици, неопходно и корисно е поединците (кои се јавуваат како субјекти на личните податоци) да имааат основни информации и знаење за правото на заштита на личните податоци во различни сфери и области. Тоа всушност би значело да се поттикне секој субјект на лични податоци, во секоја ситуација да се запраша: 1) Кој му ги бара податоците и дали согласно логиката тоа лице има право да ги бара тие податоци? 2) Дали е оправдано да се бараат сите тие податоци во толкав обем и мерка? 3) Дали е потребно дополнително објаснување за тоа како понатаму ќе се постапува и што ќе се случува со собраните лични податоци?.4) Кој сè ќе има „контакт“ со собраните лични податоци?.5) До кога ќе се чуваат собраните податоци? 6) Дали можеби тие ќе се користат за цели на директен маркетинг? и др.

Притоа, да напоменеме дека во секоја област каде што за различни цели се собираат лични податоци, важат споменатите генерални принципи за заштита на личните податоци и тие мора да се почитуваат. Но, истовремено е битно да се потенцира дека секоја област (образование, здравство, телекомуникации, медиуми, банкарство, осигурување, адвокатура и др), има свои специфики кои се одразуваат и во однос на заштитата на личните податоци, што значи: кои конкретни лични податоци ќе се собираат во различни ситуации зависи од специфичностите и потребите на областа и целите на обработка на личните податоци. Овде ќе бидат споменати само некои од областите каде граѓаните речиси секојдневно ги „даваат“ своите лични податоци, особено оние области од секојдневниот живот каде што најчесто се „засегнати“ личните податоци на учениците.

Page 59: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

58 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

4.1 моите лични податоци во училиштето (образованието)

Од особена важност е на учениците да им се потенцира дека за секое постапување со нивните лични податоци, доколку се малоленти лица е потребна претходна согласност од нивните родители односно старатели!

За потребите и целите на образовниот процес, училиштата и надлежното министерство водат мноштво збирки на лични податоци во чии рамки се собираат и чуваат различни категории лични податоци, најчесто за учениците, но и за нивните родители/старатели.

И во овој случај подеднакво важат принципите за заштита на личните податоци, а тоа значи дека училиштата смеат да ги водат само оние збирки на лични податоци кои се стриктно утврдени во соодветните закони и подзаконски акти (Закон за основно образование, Закон за средно образование, Закон за високо образование и др.) и во нив да ги запишуваат само категориите на лични податоци што се наведени дека треба да се собираат во конкретната евиденција и ништо повеќе од тоа.

Се поставува прашањето: Кој води евиденција на ученикот во основното и средното образование? Само основните и средните училишта можат да водат евиденција за ученикот, а Министерството за образование и наука води Интегрирана база на податоци, која, помеѓу другото, вклучува и евиденција на ученикот.

Какви видови на податоци може да се собираат во евиденцијата на ученикот во основното и средното образование? Само оние лични податоци кои се наведени во соодветните закони и подзаконски акти (правилници), во обем и во согласност со целите за кои се собираат (вообичаено и најчесто тоа се: име, презиме, татково име, датум/место на раѓање, домашна адреса итн.) Во личната евиденција на ученикот не треба да се внесуваат лични податоци кои се однесуваат на неговата/нејзината раса или етничко потекло, религија или други верувања, податоци кои се однесуваат на здравјето или сексуалниот живот, затоа што обработката на овие категории податоци генерално е забранета. Предочете им го ова на учениците и поттикнете ги да ги споделат нивните искуства.

Во кои случаи може да се обработува единствениот матичен број на ученикот? Единствениот матичен број на ученикот може да се внесе во неговата/нејзината евиденција само по претходна согласност од ученикот (доколку е полнолетен), односно од неговите/нејзините родители/старатели или пак под услови утврдени со закон (доколку тоа е предвидено со некоја законска одредба). Притоа, училиштето треба да се осигура дека единствениот матичен број на ученикот не е непотребно видлив, печатен или преземен од збирката на лични податоци. И во овој дел, повторно објаснете им на учениците зашто е важен единствениот матичен број, потребата од

Page 60: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

59ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

нивна согласност за негово користење и предочете им ги мерките за негова посебна заштита (бришење, замаглување и сл.).

Кои резултати на учениците може да се објавуваат јавно од страна на училиштата? Можат и треба да се објавуваат само: резултатите на учениците од средните училишта постигнати на матурскиот испит, резултатите од спроведенета екстерна проверка на учениците, извештајот со резултатите од секој наставен предмет како дел од екстерната проверка.

Дали и во кои случаи можат да бидат објавени лични податоци за здравствената состојба, податоци од медицинска евиденција на ученикот? Личните податоци кои се однесуваат на здравствената состојба на ученикот претставуваат посебна категорија лични податоци, па поради тоа, генерално, нивната обработка е забранета. Но, нивна обработка е дозволена само како исклучок и во случаи кои се утврдени со закон. На пример: кога детето се запишува во прво одделение родителот е должен да достави медицинска потврда за примени задолжителни вакцини, медицински белешки за отсуство од училиште и др. Во кој било друг случај, ако училиштето сака да собира вакви лични податоци за ученикот, мора да обезбеди претходна согласност од ученикот, односно неговите родители/старатели. Во случај училиштето да собира медицински податоци, мора да обезбеди повисоко ниво на нивна заштита.

Дали и под кои услови е дозволено фотографирање на учениците? Генерално, фотографии на учениците можат да се прават само кога тоа е строго утврдено со закон, во обем и во согласност со целта за која се собираат (на пример: фотографии за ученичка книшка, фотографии на картички за влез во училиштето за вработените и др. )

Дали и во кои случаи може да се собираат и обработуваат биометриски податоци на ученикот? Како што веќе беше споменато, овие податоци се чувствителни лични податоци и затоа нивната обработка се врши врз основа на посебни услови и ограничувања, што значи можат да бидат обработувани само ако е тоа предвидено со некој од законите кои се однесуваат на основното или средното образование или врз основа на претходно добиено одобрение од страна на Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Кога и под кои услови може да се бара Извод од матична книга на родени на ученикот? Дозволено е единствено да се бара на увид копија од Изводот, што значи дека не е дозволено негово задржување туку веднаш по извршениот увид, копијата треба да му се врати на ученикот.

Page 61: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

60 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

4.2. моите лични податоци и медиумите

Медиумите се моќна „алатка“ која овозможува ширење на информациите во „дел од секунда„, а ова особено треба да се земе предвид кога станува збор за личните податоци. Оттука, учениците треба да се поттикнат да размислуваат во секоја поединечна ситуација во правец дека дадениот личен податок, кога еднаш ќе биде објавен во медиум (телевизија, радио, весник, публикација и др.) е невозможно да исчезне, а притоа и ќе стане достапен на широка „маса“ луѓе. Со тоа се зголемува опасноста од злоупотреба на личниот податок за несакани или недозволени дејствија, кои можат да предизвикаат лоши последици за ученикот. На учениците треба да им се потенцира дека особено треба да бидат внимателни кога од нив се бара некој од „чувствителните“ лични податоци. Да им се посочат на учениците случаи од секојдневието каде преку медиумско објавување на лични податоци се предизвикани лоши последици за лицето. Со тоа да се поттикнат во секој поединечен случај да се запрашаат дали треба да го дадат бараниот податок и да размислат кому го даваат истиот, но и кои можат да бидат последиците од неговото откривање. Исто така, учениците треба да знаат дека секој медиум (без оглед на тоа за каков медиум станува збор) во случај кога сака да објави некој личен податок кој го открива идентитетот на ученикот кој што е малолетен, мора да побара и добие претходна согласност од родителите/старателите на ученикот. Без таа согласност, медиумот не смее да објавува лични податоци кои го откриваат идентитетот на ученикот. Медиумот е должен да ги преземе сите потребни мерки за да го заштити идентитетот на малолетниците, па во таа смисла, мора да преземе активности кои ќе оневозможат препознавање за кое лице станува збор во конкретниот случај (на пр. ако се работи за ТВ прилог треба да се замаглат ликовите на малолетниците, треба да се снимани на начин на кој ќе се оневозможи нивно распознавање; истото важи за објавување прилози во весници, списанија и други пишани медиуми. Фотографиите треба да бидат замаглени, да се пишуваат иницијали наместо целосни имиња и презимиња; адресите на живеење или телефонски броеви да не бидат непотребно објавувани и сл.).

Во случај кога без претходна согласност на ученикот/родителот/старателот е објавен во медиум личен податок за ученикот и при тоа му е повредено некое право кое произлегува од заштитата на личните податоци, ученикот (односно неговиот родител/старател) може да се обрати до Дирекцијата за заштита на личните податоци и да бара да се утврди дека му е повредено правото на заштита на личните податоци.

Page 62: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

61ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

4.3 моите лични податоци во директниот маркетинг

Објавувањето лични податоци преку медиумите, честопати може да биде тесно поврзано со остварувањето цели на директен маркетинг (директен маркетинг е комуникација преку кое било средство за рекламирање, која се спроведува од страна на вршители на директен маркетинг за нив или од нивно име, која е насочена кон одредени поединци). Не ретко се случува фотографиите од некои масовни настани (концерти, фестивали, митинзи и сл.) да бидат искористени за реклами или различни пропагандни спотови, емисии и други активности со маркетингшка позадина. Одовде, треба да се знае дека личните податоци може да се собираат и обработуваат за цели на директен маркетинг (за рекламирање од различен вид) само со добиена претходна писмена согласност од субјектот на личните податоци или од неговиот родител/старател ако се работи за малолетно лице. Значи, оној кој ги собира личните податоци со намера да ги користи за директен маркетинг мора да им обезбеди право на субјектите да избираат дали се согласуваат или не нивните лични податоци да бидат користени за вршење на директен маркетинг. Во исто време, субјектот на лични податоци мора да биде информиран и за идентитетот на вршителот на директниот маркетинг и за целите на обработката. (Да се земат предвид примерите од Дирекцијата од „Прирачникот за начинот на користење на личните податоци за цели на вршење на директен маркетинг“). Без претходна согласност, забрането и казниво е да се користат личните податоци за маркетинг од различен вид.

Притоа, субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и на едноставен начин да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг и во тој случај веднаш треба да се престане со користење на личните податоци за вршење маркетинг. За ова негово право, субјектот на лични податоци мора да биде информиран во моментот кога се зема неговата согласност за директен маркетинг.

Треба да се нагласи дека постојат посебни одредби за заштита на деца, односно во однос на користењето на нивните лични податоци за директен маркетинг кои предвидуваат дека:

• контролорите на личните податоци не треба да ги принудуваат децата да учествуваат во игри кои ну дат награда или било каква друга активност која вклучува промотивна корист условена со откривање на повеќе лични податоци отколку што се потребни за детето да учествува во играта;

• под никакви околности не може да бидат собрани податоци од детето во врска со информациите за било кој друг член на семејството или друго лице, без согласност на лицата на кои тие податоци се однесуваат;

• против законот е да се поттикнуваат децата да ги даваат нивните лични податоци и лични податоци за трети лица за вршење на маркетинг во замена за материјална или виртуелна награда.

Page 63: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

62 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Во случај ако добиете порака со директен маркетинг за која не сте дале согласност, прво што треба да направите е да побарате од компанијата да престане да ви испраќа вакви пораки и да се запре со обработката на вашите лични податоци за оваа намена.

Ако компанијата не престане да ви испраќа материјали со рекламна содржина, во тој случај можете да ја контактирате Дирекцијата за заштита на личните податоци и да побарате да преземе соодветни активности.

Што се однесува пак до вршењето на директен маркетинг преку случаен избор на телефонски броеви со користење на јавен регистар (телефонски именик, златна книга и сл.), општо земено не е забрането, но оној кој го врши директниот маркетинг мора на почетокот на секој разговор да го информира субјектот на личните податоци за идентитетот, целта на повикот и да побара негова согласност за оваа намена.

4.4 видео надзор

Видео надзорот е дел од различни системи кои што следат неколку области на човековите активности: банките, движењето на улиците, болниците, контрола на безбедноста со цел спречување на грабежи и др. Тој најчесто се сведува на снимање со видео камери.

Непријатно би било чувството на секој поединец кога дополнително би дознал дека бил сниман на одреден простор без негово знаење. Токму затоа постои обврска секоја институција или компанија која врши видео надзор во својот деловен простор да истакне известување за вршење на видео надзорот. Известувањето мора да биде јасно, видливо и истакнато на начин што овозможува секој поединец да биде запознаен дека на одредениот простор се врши видео надзор, за него постои унифициран Образец за известување изработен од Дирекцијата за заштита на личните податоци (да им се покаже на учениците). Граѓаните имаат право во секое време да бараат од контролорот да ги информира за обемот или категориите на лични податоци кои се обработуваат на тој начин.

Може да се снима само во деловни и службени простории ако е тоа неопходно за:

•• заштита на животот и здравјето на луѓето;

•• заштита на сопственоста;

•• заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата и

•• обезбедување контрола над влегувањето и излегувањето од службените и деловните простории.

Видео надзор може да се врши единствено на простор кој е неопходен за исполнување на целта поради која се спроведува видео надзорот. Направените снимки не се чуваат засекогаш, туку само додека се исполни целта заради која е поставен видео надзорот, но не подолго од 30 дена, освен ако со неко друг закон не е предвиден подолг рок.

Page 64: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

63ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Недозволено е личните податоци кои се собрани преку вршење видео надзор да бидат менувани пред нивната понатамошна обработка.

Пристап до направените снимки имаат само лица кои за тоа се овластени од страна на контролорот, значи не секој.

Забрането е да се врши видео надзор во: гардероби, соблекувални, тоалети, лифтови и други слични простории.

Секогаш кога сметате дека вашето право на заштита на личните податоци е повредено преку вршење на видео надзор, можете да поднесете барање до Дирекцијата за заштита на личните податоци за утврдување повреда на ова право.

Page 65: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

64 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОт Основно образование

Одделение: прв период (од I до III одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 4: јас и мОите лични пОдатОЦи вО секОјдневиетО

Цели: Ученикот:

- да знае кои лични податоци најчесто се бараат во секојдневието,

- да разбере дека е важно кому ги дава своите лични податоци,

- да сфати дека е личните податоци некој може да ги злоупотреби.

наставни методи: наставни форми: наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

•фотографии

•цртежи

•слики

тип на часот:

•Стекнувањезнаења

Page 66: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

65ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед:

наставникот ги воведува учениците со прашањата:

запознаени сте кои лични податоци за вас ги поседува училиштето?

што кажуваат тие за тебе?

сметате дека оценката е личен податок?

кога имате здравствен проблем сакате сите да знаат за него?

како се чувствуваш кога во училиштето за тебе се кажуваат погрешни информации?

каде треба да побараш помош?

на наставникот: на ученикот:

- ги мотивира учениците за работа,- ги истакнува целите и главната идеа,- дава информации,- објаснува, дискутира,- поттикнува дијалог,- демонстрира, - одговара на прашања, - врши анализа на работата, надгле-

дува и помага,- вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- да открива, препознава...,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите.

главен дел:

наставникот ги мотивира со прашањата: можно ли е да патуваш во друга земја без своите родители?имаш ли пристап до твоето лично ученичко досие во училиштето? Ќе ти биде ли овозможено да имаш пристап до досието на твоето другарче?

активност 1драматизација за случај кога детето патува со своите баба и дедо без согласност на родителите и проблемот на граница. Одглумете ја ситуацијата кога детето е вознемирено и збунето зашто не може да патува со баба и дедо кога расте со нив, го има истото презиме и го враќаат од граница барајќи дополнителна согласност од родителите.

активност 2наставникот селектира содржина од приказната бр. 1 за ана и нејзиниот брат марко кои биле сведоци на злоупотребена фотографија за маркетинг потреби.како фотографијата се нашла во продавница на сувенири?што требало да направи фотографот?кои се можните последици за ана, а кои за фотографот?каде нивните родители побарале помош?Учениците набројуваат ситуации кога и нивните фотографии биле на места за кои тие или нивните родители не дале согласност? наставникот ги набројува можните злоупотреби.

завршен дел:наставникот заклучува дека е важно учениците да знаат за своите лични податоци како треба да ги заштитуваат и да не ги споделуваат со секого и секаде. доколку некој тоа го бара од нив да се консултираат со родителите или наставникот.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот ги повикува учениците со истакнување на зелено ливче да соопштат дека разбрале кои лични податоци се употребуваат во секојдневието, со жолто ливче не им е јасно докрај, а со црвено дека не разбрале кои лични податоци треба да се заштитуваат.

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците набројуваат лични податоци кои ги користи училиштето,

- учениците знаат дека фотографиите како личен податок најчесто се злоупотребуваат

- внимаваат кому даваат лични податоци, како ги даваат, кога ги даваат.

Page 67: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

66 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтОсновно образование

втор период (од IVдо VI одд.), трет период (од VII до IX одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 4: јас и мОите лични пОдатОЦи вО секОјдневиетО

Цели: Ученикот:

- да знае дека училиштето собира/обработува лични податоци на учениците,

- да знае дека личните податоци не се откриваат секому и секаде,

- да разберат дека нивните лични податоци можат да бидат злоупотребени без нивно знаење и согласност од родителите.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстративен,

- драматизација,

- играње улоги,

- дијалошки,

- презентации,

- постер,

- извештај.

- Индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

••фотографии

••цртежи

•• слики

•• текст/студија на случај

••видео презентација

••ИКТ

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 68: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

67ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

наставникот ги воведува учениците со прашањата:

запознаени сте кои лични податоци за вас ги поседуваат институциите?што кажуваат тие за тебе? сметате дека оценката е личен податок? кога имате здравствен проблем сакате сите да знаат за него? како се чувствуваш кога без твоја и согласност од родители личната фотографија е искористена за маркетинг? како се чувствуваш кога во училиштето за тебе се кажуваат погрешни информации?запознаени сте со случај на злоупотреба на личен податок во училиштето? каде треба да побараш помош?

на наставникот: на ученикот:

••ги мотивира учениците за работа,••ги истакнува целите и главната идеа,••дава информации,••објаснува, дискутира,••поттикнува дијалог,••демонстрира, ••одговара на прашања, ••врши анализа на работата, надгледува и помага,••вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- да се оспособува да учи самостојно,

- да открива, препознава...,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите.

главен дел:активност 1наставникот ги дели учениците на четири групи со 4-5 деца. по повод европскиот ден за заштитата на личните податоци, 28 јануари учениците треба да направат постер со пораки за училиштето со цел да се покаже колку е важна заштитата на личните податоци од можни злоупотреби.-I и II група да пишува пораки и правила за добро однесување и почитување на приватноста и личните податоци на другите во секојдневието,-III и IV група да црта илустрации и пораки кои лични податоци треба да ги знаат другите за тебе, а кои не.користи ја web страната на дзлп/публикации електронски изданија, брошурата „ти одлучуваш“ www.dzlp.mk

завршен дел:пораките, правилата и илустрациите се организираат и структуираат. постерот се дизајнира и дискутира за целите кои ги постигнавме. Ќе се изложи во холот на училиштето и јавно ќе се презентира.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот ги повикува учениците да си го самовреднуваат и самоанализираат сопствениот труд. да си ја опишат сопствената улога во трудот (што се обидов да направам, што направив, што научив, на што сум горд во сопствениот труд, што треба да работам поинаку следниот пат). следуваат коментарите од наставникот.

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците набројуваат лични податоци кои ги користи училиштето,

- учениците знаат дека фотографиите како личен податок најчесто се злоупотребуваат ,

- внимаваат кому даваат лични податоци, како ги даваат, кога ги даваат,

- знаат која институција е надлежна во случај на злоупотреба на личните податоци.

Page 69: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

68 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

пример за дневна пОдгОтОвка средно образование (I ,II, III и IV година)

наставени предмети: информатика, етика, вовед во право , македонски јазик, социологија, филозофија,

тема бр. 4: јас и мОите лични пОдатОЦи вО секОјдневиетО

Цели: Ученикот:

- да разбере дека државата има обврска да собира податоци од граѓаните ,

- да знае кои лични податоци има обврска да ги собира/обработува училиштето,

- да сфати дека личните податоци треба да се заштитуваат,

- да препознаваат ситуации на можни злоупотреби и закани по приватноста,

- да знаат дека доколку некој ги злоупотреби нивните лични податоци треба да се обратат во дирекцијата за заштита на личните податоци.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации,

- постер,

- извештај,

- есеј.

- Индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

••фотографии,

••цртежи,

•• слики,

•• текст/студија на случај,

••видео презентација,

••ИКТ.

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 70: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

69ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

Учениците се запознаваат со целите на часот и активностите.

наставникот ги воведува учениците со прашањата:

запознаени сте кои лични податоци за вас ги поседуваат институциите?што кажуваат тие за тебе? сметате дека оценката е личен податок? кога имате здравствен проблем сакате сите да знаат за него? како се чувствуваш кога без твоја и согласност од родители личната фотографија е искористена за маркетинг? како се чувствуваш кога во училиштето за тебе се кажуваат погрешни информации?запознаени сте со случај на злоупотреба на личен податок во училиштето? каде треба да побараш помош?

на наставникот: на ученикот:

••ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и главната идеа,

•• дава информации,•• објаснува, дискутира,•• поттикнува дијалог,•• демонстрира, •• одговара на прашања, •• врши анализа на работата,

надгледува и помага,•• вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- да открива , препознава...,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите.

главен дел:

наставникот учениците ги дели на четири групи со 4-5 ученика. секоја група избира свој тим лидер кој ќе ги претстави резултатите од активностите. се информира директорот на дзлп за планираните активности и посета на институцијата од страна на учениците лидери на тимовите.по повод европскиот ден за заштитата на личните податоци, 28 јануари, учениците треба да направат интервју со видео запис.треба да се одговори на неколку прашања: која е улогата на дзлп? кои најчести злоупотреби се пријавуваат? Објаснете ни ги видовите злоупотреби? како да се пријави злоупотреба? зошто има прекршувања и злоупотреба на личните податоци? кој најчесто ги злоупотребува личните податоци? како најдобро да ги заштитиме нашите лични податоци? користи ја web страницата на дзлп (www.dzlp.mk) во делот публикации електронски изданија и брошурата „ти одлучуваш“.изработеното видео интервју ќе биде презентирано во училиштето и во дзлп.завршен дел:

наставникот им соопштува на учениците дека од интервјуто ќе се изработи извештај /прилог со одговорите на прашањата од вработените во дзлп и ќе се прати во редакцијата на „наш свет“.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот ги повикува учениците да се самовреднуваат и самоанализираат за придонесот и постигнувањата во изработката на трудот.

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цели?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат дека државата има обврска да собира лични податоци,

- учениците набројуваат лични податоци кои ги користи училиштето,

- учениците знаат дека фотографиите како личен податок најчесто се злоупотребуваат,

- внимаваат кому даваат лични податоци, како ги даваат, кога ги даваат,

- знаат која институција е надлежна во случај на злоупотреба на личните податоци.

Page 71: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

70 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

клучни изрази и дефиниции

Сите правила и принципи кои се однесуваат на обработката на личните податоци се применуваат и во секторот образование, односно во училиштата. Со оглед на тоа што најчесто учениците се малолетни лица за секое постапување со нивните лични податоци е потреба претходна согласност од нивните родители односно старатели!

Учениците треба да знаат дека секој медиум (без оглед на тоа за каков медиум станува збор) во случај кога сака да објави некој личен податок кој го открива идентитетот на ученикот кој што е малолетен мора да побара и добие претходна согласност од родителите/старателите на ученикот. Без таа согласност, медиумот не смее да објавува лични податоци кои го откриваат идентитетот на ученикот.

Личните податоци може да се собираат и обработуваат за цели на директен маркетинг (за рекламирање од различен вид) само со добиена претходна писмена согласност од субјектот на личните податоци или од неговиот родител/старател ако се работи за малолетно лице. Субјектот на лични податоци мора да биде информиран и за идентитетот на вршителот на директниот маркетинг и за целите на обработката. Субјектот на личните податоци има право во секое време бесплатно и на едноставен начин да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг и во тој случај веднаш треба да се престане со користење на личните податоци за вршење маркетинг.

Постои обврска секоја институција или компанија која врши видео надзор во својот деловен простор да истакне известување за вршење на видео надзорот. Забрането е да се врши видео надзор во: гардероби, соблекувални, тоалети, лифтови и други слични простории.

Page 72: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

71ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

НАСТАВНА ТЕМА 5: „ЈАС„ И МОИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ИНТЕРНЕТ

Цели

ОднесУваЊе и вреднОсти

Да се поттикнат учениците:

• На високо развиена свесност за придобивките од користењето на современите форми на комуникација и размена на информации, а особено на интернетот;

• На свесност за потенцијалните опасности/негативности и можни ризици од употребата на новите технологии во однос на приватноста и личните податоци;

• Да изградат одговорен однос и почитување на туѓата приватност и туѓите лични податоци на интернет.

вештини

Да им се помогне на учениците да ја развијат способноста:

• Да носат одговорни одлуки во однос на нивните лични податоци на интернет;

• За критичка анализа и проценување на содржините кои се објавуваат на интернет;

• За комуникација: дискусија, играње на улоги, слушање, делување, емпатија.

пОзнаваЊе

Да им се помогне на учениците да сездобијат со знаење и разбирање на:

• Улогата и влијанието на новите технолошки достигнувања и средства за комуникација врз приватноста на граѓаните;

• Суштински прашања на кои треба да обрнат внимание при користење на интернет со цел да се заштитат себеси;

• Потенцијалните опасности и ризици по приватноста и успешното превентивно делување.

Page 73: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

72 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

тек на активностите

вовед во содржината на наставната тема 5: „јас“ и моите лични податоци на интернет“

главно прашање: на што најмногу треба да се обрне внимание од аспект на приватноста и заштитата на личните податоци при користење на интернетот и социјалните мрежи?

Напредокот на технологијата и средствата за комуникација прават речиси да не можеме да замислиме како би ни изгледал животот ако тие не постојат, а особено интернетот. Интернетот нуди многу можности, поради што со право се смета за „отворен прозорец кон светот“. Тој обезбедува лесен и најчесто ефтин пристап до многу корисни информации, воспоставување контакт и комуникација без оглед на оддалеченоста, неограничени можности за истражување, рекламирање, остварување најразлични трансакции, купување и сл. Оттука, произлегува дека стравот од загрозување на приватноста не треба да биде причина за „избегнување„ на новите развиени форми на комуникација меѓу кои спаѓа и интернетот. Всушност, неопходно и корисно е да се исползуваат придобивките од интернет технологијата за постигнување позитивни резултати.

5.1. интернет страници и мрежи за социјална комуникација

Но, секогаш кога се пристапува на интернет, треба да се имаат пред очи потенцијалните ризици и опасности по приватноста и личните податоци. Иако, факт е дека најголемиот дел од овие ризици и опасности никогаш не се остваруваат во пракса, сепак е потребно да се предвидат и преку мерките на претпазливост, да се спречи евентуалното настапување на штетни последици. Опасностите што демнат најчесто се последица на неколку основни факти:

•• на интернет можат да се објавуваат секакви информации, па и онакви кои имаат неточна, непристојна, навредлива или неадекватна содржина;

•• интернетот овозможува анонимност, што значи секој може да го прикрие својот вистински идентитет и на тој начин да избегне евентуална одговорност за преземањето недозволени дејствија;

•• постојат разни вируси и хакери кои можат да доведат до уништување на некои делови или на цели компјутерски програми и систем, до оневозможување на правилното функционирање на компјутерскиот систем, губење на податоци, информации и сл.;

•• неретко се случува злоупотреба на лични податоци за постигнување недозволени цели, креирање лажни профили, крадење на идентитет и сл.

Сите овие потенцијални опасности особено се својствени за веб страниците за социјално врежување (како што се Facebook, Hi5, My Space и др.). И праксата на Дирекцијата за заштита на

Page 74: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

73ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

личните податоци покажува дека најчеста злоупотреба на личните податоци на децата на интернет се случува преку злоупотреба на корисничките имиња и лозинките од нивните лични страници/профили креирани на веб-страниците за социјално вмрежување. Исто така, неретко се случувало и преку нив да се пробие и лозинката за пристап до личната електронска пошта. Но за нив подетално ќе стане збор во делот што се однесува на најчестите повреди и злоупотреби на личните податоци.

Што е битно да се знае и практикува кога се пристапува на интернет и на социјалните мрежи за да се избегнат, или барем намалат, можностите за злоупотреба и повреда на Вашите лични податоци? Важно е да се знае дека сите принципи и правила кои важат за заштита на личните податоци во секојдневниот, реален живот, подеднакво важат и треба да се уважуваат и кога станува збор за личните податоци на интернет.

• Треба да се појде од тоа дека нашето искуство на страните за социјално вмрежување и генерално на интернет во голема мера зависи и е условено од нашиот став кон приватноста, односно од тоа колку им кажуваме за нас на другите. Оттука, секој треба да избере од понудените можности за зачувување на приватноста и системот за безбедност на интернет страницата на која се регистрираме.

• Потребно е да се изгради и постојано да се негува одговорен став кон своите лични податоци бидејќи тие го определуваат нашиот идентитет како индивидуа, па оттука и на интернет треба да постапуваме кон нив со крајно внимание и одговорност, исто онака како што постапуваме и во реалниот свет. Всушност, нашето однесување на интернет (иако „оние од другата страна“ на врската/односот не нè гледаат) е начин на однесување кој предизвкува свои последици.

• Кога креирате свој профил или отворате своја сметка на некоја од социјалните мрежи, треба да се потсетите себеси дека на тој начин вие всушност создавате електронски отпечаток или досие на вашиот личен живот, но на едно мошне специфично место и во еден мошне специфичен временски миг.

• Откривавањето премногу работи за себе, за вашите врски/односи или за тоа како го поминувате вашето слободно време, може да има негативни импликации во некое идно време, кога вие веќе сте заборавиле дека сте објавиле нешто за себе. Затоа, треба да се има на ум дека она што се објавува на интернет, засекогаш останува таму, никогаш сосема не исчезнува, останува некаде запишано. Затоа, секој треба да внимава колку и што објавува на интернет.

• Потсетувајте се постојано да ги користите поставките за приватност на страниците за социјално вмрежување. Со тоа, информациите што ги оставате за себе таму, ќе бидат ограничени за пристап, достапни за помал круг на одбрани луѓе. Покрај тоа, за да се

Page 75: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

74 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

заштитите самите себе од несакани, навредливи или заплашувачки пораки на електонската пошта, користете ја достапната опција за филтрирање непосакувана е-пошта преку сервисот што Ви ја овозможува вашата електронска адреса.

• „Кратците“ на идентитет на интернет собираат лични податоци од веб- страниците, истите ставајќи ги во комбинација која на крајот дава целосна слика за идентитетот на индивидуата, притоа не оставајќи „место за сомнеж“.

• Честопати лозинките на корисниците може да се „одгатнат и погодат“ читајќи за релациите или занимациите на луѓето. Луѓето понекогаш „обелоденуваат“ премногу детали за себе и својот живот на нивните интернет страници и профили, и со тоа се изложуваат на опасност да бидат под негативно влијание на други луѓе, па дури и да бидат злоупотребени;

• При секое пристапување на некоја нова интернет страница или социјална мрежа, бидете свесни дека сопственикот на интернет страницата треба, меѓу другото: јасно да Ве информира кои видови лични податоци ги собира и за кои цели; треба да обезбеди од Вас согласност пред да започне да ги обработува Вашите лични податоци заради добивање на конкретна услуга од тој веб-сајт; прецизно да Ви објасни на кој начин ќе ги споделува податоците со трети корисници; да Ви појасни кои мерки се преземаат за заштита на Вашите лични податоци и „онлине“ операции;3

• Не е културно да се откриваат туѓи лични податоци (членови на семејството или пријатели), треба да се почитува и заштитува нивната приватност. Ова особено се однесува на случаите кога се објавуваат фотографии.

• Имајте предвид дека се што е објавено на интернет не мора да биде со точна и веродостојна содржина. Тоа значи дека на содржините што се среќаваат на интернет треба да им се пристапи со доза на претпазливост, сомнеж, критички став и истите треба да се проверат преку повеќе извори.

Доколку дојдете во ситуација кога сметате дека Вашето право на заштита на личните податоци е повредено, имате можност да се обратите до надлежната институција – Дирекцијата за заштита на личните податоци и да побарате помош и заштита на вашите лични податоци.4

3 На официјалната веб страница на Дирекцијата за заштита на личните податоци можат да се најдат повеќе публикации, брошури и други материјали кои даваат совети и насоки за заштитата на личните податоци на интернет, http://www.dzlp.mk4 Превземено од официјалната веб страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци, http://www.dzlp.mk/sites/default/files/Preporaki%20za%20korisnicite.pdf

Page 76: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

75ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Препораки за корисниците5

1. Внимавајте! Размислете добро пред да ги објавите своите лични податоци (особено името и презимето, адресата и телефонскиот број) на порталите за забава и дружење.

2. Размислете два пати дали ќе го користите вистинското име или ќе употребите псевдоним.3. Почитувајте ја приватноста на другите. Бидете особено внимателни и со објавувањето на лични

податоци или информации кои се однесуваат на друго лице (како и фотографии или линкови до фотографии) без негова согласност.

4. Информирајте се! Кој управува со сервисот кој го користите? Под надлежност на која земја спаѓа? Дали во земјата постои орган за заштита на личните податоци до кој може да се обратите во случај на злоупотреба на Вашите лични податоци? Дали Ви се понудени опции за заштита на Вашите лични податоци?

5. Користете ги сите достапни поставки (settings) за утврдување на политиката на приватност на веб страницата. Ограничениот пристап до вашиот профил треба да ви биде понуден, особено кога станува збор за опцијата за пребарување.

6. Користете различни податоци за идентификација на интернет. Корисничките имиња и лозинки е пожелно да бидат различни на различни веб-страници.

7. Користете ги сите можности за контрола над начинот на кој што провајдерот ги користи или пренесува вашите податоци (на пр. користете ги opt-out опциите за директен маркетинг).

8. Внимавајте на тоа како вашите деца го користат интернетот, особено кога станува збор за портали за забава и дружење.

клучни изрази и дефинициипозитивни аспекти од користењето на современата технологија и средства за

комуникација, особено од интернет: лесен и најчесто ефтин пристап до многу корисни информации, воспоставување контакт и комуникација без оглед на оддалеченоста, неограничени можности за истражување, рекламирање, остварување најразлични трансакции, купување и сл.

потенцијални опасности и ризици по приватноста при користење на интернет: Злоупотреба на лични податоци за постигнување недозволени цели; креирање лажни профили; крадење на идентитет; информации со непристојна, неточна, навредлива или неадекватна содржина; постоење разни вируси, хакери и сл. кои можат да предизвикаат нефункционалност на програмите или системот, губење на податоци, информации и сл.

принципите и правилата за заштита на лични податоци што важат во сите сфери од реалниот живот, подеднакво важат и во однос на случувањата во „виртуелниот свет“, односно на интернет и на страниците за социјално вмрежување.5 Превземено од официјалната веб страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци, http://www.dzlp.mk/sites/default/files/Preporaki%20za%20korisnicite.pdf

Page 77: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

76 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтОсновно образование

Одделение: Одделение: прв период (од I до III одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 5: јас и мОите лични пОдатОЦи на интернет

Цели: Ученикот:

- да се здобие со знаења за улогата и влијанието на компјутерите, мобилните телефони како сретства за комуникација врз приватноста на граѓаните;

- да знае како треба правилно да се користат овие алатки,

- да размислуваат како и со кого комуницираат на интернет.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

••фотографии,

••цртежи,

•• слики.

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 78: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

77ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

наставникот ги воведува учениците со следниве прашања:

кој сака да користи комјутер?кој користи компјутер дома?кој сака да игра игри на компјутер? кој сака да игра игри на интернет?која е вашата омилена веб- страна?

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и глав-ната идеа,

••дава информации,

••објаснува, дискутира,

••поттикнува дијалог,

••демонстрира,

••одговара на прашања,

••врши анализа набработата, надгледува и помага,

••вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно

- да открива , препознава...,

- да работи во групи и парови,

- да соработува...

главен дел :

наставникот преку селектирани цртежи визуелно ќе се обиде да претстави некои од правилата за безбедно користење на интернет. Ќе се користат картички на кои илустративно ќе има пораки како безбедно да се користат современите икт, мобилни телефони, ајфони, смартфони...на пр. не споделувај лични податоци на интернет, користи помош од родителите, не разговарај со непознати, информирај ги родителите доколку некој те вознемирува, дзлп е надлежна институција за злоупотреба на лични податоци на интернет. Од илустративните цртежи(картички) и пораките ќе се дизајнира брошура која биде водич како да се однесуваме на социјалните мрежи.

завршен дел :

Брошурата ќе биде потсетник за сите како треба да се однесуваат на социјалните мрежи и како да се користат мобилните телефони.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот ги повикува учениците со истакнување на зелено ливче да соопштат дека разбрале како да се однесуваат на интернет, со жолто ливче не им е јасно докрај, а со црвено дека не разбрале како треба да се однесуваат.

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам саканата цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат дека освен позитивните придобивки од користењето на интернетот , постојат и закани по приватноста и личните податоци,

- учениците се свесни дека треба да бидат внимателни со своите и туѓи лични податоци на интернет,

- внимаваат кому даваат лични податоци, како ги даваат, кога ги даваат,

- знаат која институција е надлежна во случај на злоупотреба на личните податоци.

Page 79: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

78 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка за часОт Основно образование

Одделение: втор период (од IV до VI одд.), трет период (од VII до IX одд.)

наставени предмети: македонски јазик, информатика, животни вештини, етика, граѓанско образование

тема бр. 5: јас и мОите лични пОдатОЦи на интернет

Цели: Ученикот:

- да се здобие со знаења како правилно да се користат компјутерите, мобилните телефони ,

- да знаат како да се заштитат себе си и своите лични податоци од злоупотреба ,

- да ги препознае потенцијалните опасности и ризици по приватност,

- да умее превентивно да делува.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дојалози,

- презентации,

- постер,

- извештај,

- есеј.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа,

- работа во парови.

••фотографии

••цтрежи

•• слики

•• текст/студија на случај

••видео презентација

••ИКТ

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 80: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

79ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед :

наставникот ги воведува учениците со следниве прашања:

колку време поминувате пред компјутер? кои интернет старници најчесто ги користите?кои лични податоци ви се барани најчесто?сте имале ли непријатни искуства поради откривање на личните податоци? запознаени ли сте за можни злоупотреби и закани по вашата приватност?

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и главната идеа,

•• дава информации,•• објаснува, дискутира,•• поттикнува дијалог,•• демонстрира, •• одговара на прашања, •• врши анализа ...работа, надгле-

дува и помага,•• вреднува одговори.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- да открива , препознава...,

- да работи во групи и парови,

- да соработува.

главен дел :наставникот ги дели учениците на три поголеми групи кои си одбираат тим-лидери. нивна задача ќе биде да направат заеднички постер за помалите ученици во училиштето кој ќе им помогне да бидат информирани како безбедно да ги користат социјалните мрежи и интернетот.за успешно изработен постер потребно е:- да размислите кои пораки сакате да ги испратите?- како ќе го направите постерот да биде привлечен ?- да поставите интересни прашања,- да има цртежи и фотографии,- напишете корисни совети и пораки како да се биде безбеден на интернет,- Одберете наслов на постерот. соработувајте со другите за да ги поделите задолженијата која група кои информации да ги обезбеди. заеднички дизајнирате го постерот. презентирајте го пред учениците од пониските одделенија.постерот може да биде манифест во кабинетите во училиштето.корисни линкови www.dzlp.mk/multimedijalni публикации, ти одлучуваш, е-Бон тон,завршен дел:тројцата лидери презентираат како ќе изгледа постерот. пораките, фотографиите и илустрациите се аплицираат на постерот. дополнителен детал се анимациите на кои се претставува главниот лик кој со пораки укажува како да се заштитат личните податоци на учениците на интернет. колоритен, едукативен и забавен постер.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот бара учениците да се самооценат на однапред поставени барања од наставникот. пр. познати ми се заканите и злоупотребите на личните податоци на интернет. Одговорот може да биде да, не или делумно.разбирам дека не треба да објавувам лични податоци на интернет, да, не или делумно, итн...

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат дека освен позитивните придобивки од користењето на интернетот , постојат и закани по приватноста и личните податоци,

- учениците се свесни дека треба да бидат внимателни со своите и туѓи лични податоци на интернет,

- внимаваат кому даваат лични податоци, како ги даваат, кога ги даваат,

- знаат која институција е надлежна во случај на злоупотреба на личните податоци.

Page 81: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

80 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОт

средно образование ( I, II, III и IV година)

наставени предмети: информатика, етика, вовед во право , македонски јазик, социологија, филозофија

тема бр. 5: јас и мОите лични пОдатОЦи на интернет

Цели: Ученикот:

- да се здобие со знаења за улогата и влијанието на новите технолошки достигнувања и средства за комуникација врз приватноста на граѓаните;

- да ги знае основните, суштински, прашања на кои треба да обрне внимание при користење на интернет за да се заштитат себеси;

- да ги открие потенцијалните опасности и ризици по приватноста;

- да умее превентивно да делува.

наставни методи: наставни форми: наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации,

- постер,

- извештај.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа,

- работа во парови.

••фотографии,••цртежи,•• слики,•• текст/студија на случај,••видео презентација,••ИКТ.

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 82: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

81ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт

вОвед:

наставникот ги воведува учениците со следниве прашања:

колку време поминувате пред компјутер? кои интернет старници најчесто ги користите?кои лични податоци ви се барани најчесто?сте имале ли непријатни искуства поради откривање на личните податоци? запознаени ли сте за можни злоупотреби и закани по вашата приватност?ја знаете ли улогата на дзлп?можете ли да наброите некои правила за безбедно користење на интерент?

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и глав-ната идеа,

•• дава информации,•• објаснува, дискутира,•• поттикнува дијалог,•• демонстрира, •• одговара на прашања, •• врши анализа работа, над-

гледува и помага,•• вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно

- да открива , препознава,

- да работи во групи и парови,

- да соработува,

- критички да размислува,

- јасно да изразува ставови.

главен дел :

активност 1по повод денот на безбедноста на интернет, 11 февруари, училиштето објави интерен конкурс за избор на изработка годишен календар во кој ќе треба да ги има следниве содржини. три групи ученици добиваат различни задолженија:- првата група изработува годишен календар со постери од илустрации, цртежи или фотографии од заштита на приватноста и личните податоци на интернет,- втората група изработува/ составува 12 препорачани правила за безбедно користење на интернет, - третата група изработува визуелен или текстуален Бон тон за пристојно користење на интернет со препораки за учениците,корисни линкови www.dzlp.mk /публикации е-Бон тон,www.childnet.com

завршен дел :

Учениците од ученичката заедница ги разгледуваат изработките и одбираат која група има најкреативен и наједукативен продукт. се прави презентација во училиштето.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од часот бара учениците да се самооценат на однапред поставени барања од наставникот. пр. познати ми се заканите и злоупотребите на личните податоци на интернет. Одговорот може да биде да, не или делумно.разбирам дека не треба да објавувам лични податоци на интернет.да, не или делумно, итн...

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат дека освен позитивните придобивки од користењето на интернетот , постојат и закани по приватноста и личните податоци,

- учениците се свесни дека треба да бидат внимателни со своите и туѓи лични податоци на интернет,

- внимаваат кому даваат лични податоци, како ги даваат, кога ги даваат,

- знаат која институција е надлежна во случај на злоупотреба на личните податоци.

Page 83: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

82 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

II. заштита на личните пОдатОЦи

НАСТАВНА ТЕМА 6: ПОВРЕДИ И ЗЛОУПОТРЕБИ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Цели

ОднесУваЊе и вреднОсти

Да се поттикнат учениците:

• Добро да размислат пред да направат достапен или да објават некој свој личен податок;

• Да размислуваат и во однос на објавувањето на туѓи лични податоци и одговорноста за штетните последици.

вештини

Да им се помогне на учениците да ја развијат способноста:

• За критичко размислување и делување кога станува збор за објавување и достапност на нивните лични податоци;

• Комуникација: дискусија, играње на улоги, слушање, делување, емпатија.

пОзнаваЊе

Да им се помогне на учениците да сездобијат со знаење и разбирање на:

• Потенцијалните повреди и злоупотреби на нивните лични податоци во секојдневието, а особено на интернет и социјалните мрежи;

• Можните начини на реакција во случај кога сметаат дека им е повредено некое право кое произлегува од заштитата на личните податоци;

• Надлежностите на Дирекцијата за заштита на личните податоци и како да остварат заштита на нивните лични податоци.

Page 84: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

83ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

тек на активностите

вовед во содржината на наставната тема 6: „повреди и злоупотреби на личните податоци“

главно прашање: кои се најчестите злоупотреби и повреди на личните податоци и како да се реагира во таква ситуација?

Преземањето потребни мерки и активности и одговорниот однос кон Вашите лични податоци, односно превентивното делување, може во голема мера да придонесе за сигурноста и тајноста на Вашите лични податоци. Со тоа се намалува можноста тие да бидат неовластено откриени или злоупотребени за недозволени и несакани дејствија, но и можноста да бидат повредени некои Ваши права кои произлегуваат и се врзани со личните податоци. Но, и покрај негувањето на грижлив однос кон своите лични податоци, сепак треба да бидеме свесни за постоењето опасности и ризици по нашата приватност, па оттука е потребно да знаеме да ги препознаеме повредите и злоупотребите на нашите лични податоци во пракса, и секако, да сме запознаени со тоа што треба да преземеме во тој случај.

6.1. најчести повреди и злоупотреби на личните податоци

Затоа, ајде да видиме кои се најчестите повреди и злоупотреби на личните податоци кои се случуваат во секојдневниот живот? Овие податоци се добиваат врз основа на инспекциски надзор кој што во рамките на своите активности го спроведува Дирекцијата за заштита на личните податоци, како единствена надлежна државна институција која се грижи за сигурноста и тајноста на личните податоци, но и земајќи ги предвид претставките и барања на граѓаните да се утврди дека е сторена повреда на правото на заштита на личните податоци. Резултатите покажуваат дека од година во година се зголемува бројот на обраќања на граѓаните до Дирекцијата, што секако говори за подигнување на јавната свест и информираност на граѓаните за заштитата на личните податоци и како таа да се оствари во пракса. Притоа, константно, најголем број од „поплаките“ се однесуваат на злоупотреби на личните податоци на социјалните мрежи. На пример, од вкупно 385 претставки до Дирекцијата во 2012 година, 207 биле претставки за злоупотреби на социјалните мрежи. Што се однесува пак до областите на кои се однесуваат остатокот од претставките (кои

Page 85: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

84 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

не се однесуваат на социјалните мрежи), поголемиот дел се однесувале на повреди сторени во државната управа, финансиите и банкарството, образованието, правосудството итн.

Треба да се напомене дека секое непочитување и прекршување на кој било принцип за заштита на личните податоци претставува повреда на правото на заштита на личните податоци. Некои од нив можат да предизвикаат и негативни последици за субјектот на лични податоци.

Неовластената или незаконската обработка на личните податоци од страна на контролорите може да предизвикаат сериозни нарушувања на твојата приватност. На пример: личните податоци за твојата здравствена состојба пренесени надвор од она што го дозволува законот, можат да доведат до нарушување на твојата приватност преку загрозување на угледот и честа и сл. или пак неовластеното откривање на твоите банкарски лични податоци (детали од твојата сметка и сл.) можат дапредизвикаат сериозно нарушување на твојот имот итн. Ако контролорот кој врши видео надзор во некоја продавница, направените снимки ги даде на користење на некое друго лице врши повреда. Контролорот не смее да ги користи тие фотографии за маркетиншки цели, не смее да ги дава на користење на други лица и не смее да ги продава; забрането е да се пренесуваат видео снимките преку кабелска телевизија, преку интернет или други електронски сретства за пренос на податоци. Согласно со законската обврска, оној кој врши видео надзор има обврска да ги информира сите кои ќе влезат во полето на снимање дека просторот се снима, забранета е „скриена камера“. Ако оној кој е снимен не бил претходно известен за тоа, повредено му е правото на приватност и заштита на личните податоци! Исто така, повреда на приватноста е сторена кога се снима во простории во кои изрично е забранет видео надзорот (гардероби, лифтови, соблекувални, санитарни јазли).

Кога станува збор за вршење активности за цели на директен маркетинг, предвидено е дека контролорот на личните податоци не смее да врши обработка на Вашите лични податоци доколку претходно изрично не сте се согласиле со тоа! Во здравствениот сектор, пациентот има право на тајност на податоците што се однесуваат на неговата здравствена состојба, медицинската, односно клиничка состојба, дијагнозата, прогнозата и третманот, како и сите лични податоци и информации, кои мора да се чуваат во доверба, дури и по неговата смрт, во согласност со прописите за чување на професионална и деловна тајна, како и за заштита на личните податоци. Здравствената установа или лице вработено во неа не смее да открива лични податоци за пациентот, до кои дошол во текот на својата работа. Ова се однесува и на сите други лица вработени во медицинската установа или друга установа или институција која користи медицинска документација, а која ќе дојде во контакт со податоци за пациентите. Значи, секое спротивно постапување претставува повреда на правото на заштита на личните податоци.

Page 86: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

85ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Најголемиот број повреди и злоупотреби на личните податоци кои ги „детектирале“ и пријавиле граѓаните во Република Македонија се однесуваат на случувањата на интернет, а особено на страниците за социјално вмрежување. Голем дел од нив се однесуваат на објавување фотографии на интернет без согласност на оној кој е на фотографијата. На пример, едно лице повело постапка пред Дирекцијата заради објавување на негови фотографии без негова согласност на една веб-страна со забавен и маркетингшки карактер на кој се објавуваат фотографии од ноќниот живот во повеќе градови во земјата.6

Чести се и случаите познати како крадење на идентитет на интернет, односно користење на лични податоци на лице за креирање профил без негово знаење и согласност. На пример, на една страница со содржини со забавен и маркетиншки карактер, бил креиран кориснички профил, каде што без согланост на лицето биле објавени неговото име и презиме, фотографии, податоци за пол и возраст, боја на очи, висина, тежина и место на живеење. Неретко се среќаваат и случаите на злоупотреба на лозинка. Овие случаи се сведуваат на злоупотреба на лозинката за пристап до одреден профил, при што потоа се користи профилот за објавување на содржини кои можат сериозно да ја нарушат приватноста на имателот на профилот.

Креирањето на лажни профили е една од најчесто присутните злоупотреби на личните податоци. Имено, овие профили се користат за остварување комуникација со други лица, притоа претставувајќи се во име на засегнатото лице. Најчесто се креирааат лажни профили за познатите и славни личности.

И крадењето на лозинка за електронска адреса е често сретнувана повреда на личните податоци, како во светот, така и кај нас. Целта на оваа повреда е да се предизвика штета, да се повреди честа и угледот на лицето-имател на електронската адреса, и притоа да се воспостави „лажна“ комуникација со други лица, од „име“ на вистинскиот сопственик на електронската адреса.

Објавувањето материјали со компромитирачка содржина на интернет, може да „нанесе“ сериозен удар врз угледот и честа на одредено лице, во потесната, но и пошироката средина. На пример, до Дирекцијата за заштита на личните податоци била поднесена претставка од една лице за повреда на неговата приватност и лични податоци на еден портал наменет за видео материјали. Имено, во име на засегнатото лице, некој поставил компромитирачки материјал-клип, преку кој се нарушува честа и угледот на лицето кое е снимено на видеото.

Што може и треба да се преземе кога сметаме дека ни е повредено правото на заштита на личните податоци?

6 Превемено од официјалната веб страница на Дирекцијата, http://www.dzlp.mk/mk/internet

Page 87: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

86 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Поаѓајќи од фактот дека и покрај крајно внимателниот и одговорен однос кон нашите лични податоци, сепак може да се случи тие да бидат предмет на повреда или злоупотреба, неопходно е да бидеме „обучени“ како да се справиме со таа ситуација. Многу е битно во таков случај брзо да се реагира, ова особено кога повредата или злоупотребата е сторена на интернет, за да се оневозможи понатамошно нејзино ширење.

6.2. како и кому да се обратите при повреда и злоупотреба на вашите лични податоци

Каде може и треба да се обратиме за совет или помош? Во Дирекцијата за заштита на личните податоци, како единствен самостоен и независен државен орган, кој се грижи за законитоста на активностите при обработката на личните податоци и врши надзор над спроведување на прописите за заштита на личните податоци.

Барањето за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци се поднесува до Дирекцијата на унифициран образец, кој може да се најде на официјалната интернет страница на Дирекцијата.

Врз основа на поднесеното барање, Дирекцијата постапува така што донесува решение со кое може да утврди:

•• Блокирање, бришење или уништување на личните податоци;

•• Комплетирање, ажурирање, исправање, откривање или обезбедување тајност на личните податоци;

•• Спроведување на дополнителни технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци;

•• Забрана на натамошна обработка на личните податоци;

•• Запирање на преносот на личните податоци на други држави;

•• Рок за отстранување на повредите.

Во случаите кои беа посочени како примери на злоупотреби и повреди на личните податоци на интернет, реакцијата на Дирекцијата довела до: отстранување на фотографиите кои без согласност на фотографираното лице биле објавени на интернет; бришење од интернет на креираниот лажен профил; бришење на компромитирачките материјали (клипови) од интернет итн.

Page 88: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

87ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

клучни изрази и дефиниции

секое непочитување и прекршување на било кој принцип за заштита на личните податоци претставува повреда на правото на заштита на личните податоци.

Page 89: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

88 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтОсново образование

Одделение: Одделение: прв период (од I до III одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 6: пОвреди и злОУпОтреБи на личните пОдатОЦи

Цели: Ученикот

- да размислува пред да објави свои или туѓи лични податоци на интернет;

- да ги знае можните штетни последици за објава на личните податоци;

- да знае дека кога ќе се случи нешто на интернет што го вознемирува треба да разговара со наставникот или родителите.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- играње на улоги,

- дијалошка метода,

- презентација.

- Индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

••фотографии

•• слики

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 90: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

89ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт време на реализација 1-2 часа

вОвед:

покрај негувањето на грижлив однос кон своите лични податоци, сепак треба да бидеме свесни за постоењето опасности и ризици по нашата приватност, па оттука е потребно да знаеме да ги препознаеме повредите и злоупотребите на нашите лични податоци во пракса, и секако, да сме запознаени со тоа што треба да превземеме во тој случај.

затоа, ајде да видиме кои се најчестите повреди и злоупотреби на личните податоци што се случуваат во секојдневниот живот?

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,•• ги истакнува целите и главната идеа,••дава информации,••објаснува, дискутира,••поттикнува дијалог,••демонстрира, ••одговара на прашања, ••врши анализа работа, надгледува и

помага,••вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот- се оспособува да учи самостојно - да открива , препознава...- да работи во групи и парови- да соработува со другите

главен дел :

Aктивност 1наставникот за учениците од прво, второ и трето одд. може да ги поттикне да размислуваат и опишат своите емоции/чувства кога нивните другарчиња споделиле неточна информација за нив? како се случило тоа? добиле ли некоја смс порака со која се повредиле нивните чувства?како да си ги заштитат личните податоци?кому треба да се обратат во таков случај? се очекува учениците да дискутираат и да заклучат дека многу е важно да се почитува приватноста и заштитат личните податоци од можни злоупотреби.активност 2наставникот може да користи илустрирани картички во кои ќе се порачува што не треба да се прави во секојдневието и на социјалните мрежи за да ги заштитат личните податоци од можните злоупотреби. завршен дел :

наставникот и учениците заклучуваат како најчесто се злоупотребува нечија приватност и личните податоци. ги опишуваат емоциите во случаите на нивна злоупотреба .

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од активноста ќе изработи контролен лист со поставени барања кој ќе бидат изработен согласно целите кои сме ги поставиле за часот. пример,ученикот препознава злоупотреби на личните податоци, ученикот набројува видови злоупотреби........итн

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат дека постојат закани и опасности од објава на своите и туѓи лични податоци во секојдневието и на интернет

- учениците набројуваат што може да се случи доколку се објават или ги дадат некому личните податоци,

- учениците набројуваат ситуации на можни опасности од откривање на личните податоци,

- внимаваат кому даваат лични податоци,- почитуваат туѓи лични податоци,- знаат каде да се обратат во случај на

злоупотреба на личните податоци.

Page 91: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

90 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОт Основно образование

втор период (од IV до VI одд.), трет период (од VII до IX одд.)

наставени предмети: македонски јазик, запознавање со околината и животни вештини

тема бр. 6: пОвреди и злОУпОтреБи на личните пОдатОЦи

Цели: Ученикот

-•да препознава потенцијални повреди и злоупотреби на личните податоци во секојдневието;

-•да развива критичко мислење во однос на објавувањето и достапноста до неговите лични подататоци;

-•да размислува пред да објави свои или туѓи лични податоци на интернет;

-•да ги знае можните штетни последици за објава на личните податоци;

-•да умее правилно да реагира во случај кога смета дека им е повредено некое право кое произлегува од заштитата на личните податоци,

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

••фотографии,••слики,••текст/студија на случај,••видео презентација,••ИКТ.

тип на часот:

•• Стекнување знаења

Page 92: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

91ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт време на реализација 1-2 часа

вОвед :

покрај негувањето на грижлив однос кон своите лични податоци, сепак треба да бидеме свесни за постоењето опасности и ризици по нашата приватност, па оттука е потребно да знаеме да ги препознаеме повредите и злоупотребите на нашите лични податоци во пракса, и секако, да сме запознаени со тоа што треба да превземеме во тој случај.

затоа, ајде да видиме кои се најчестите повреди и злоупотреби на личните податоци што се случуваат во секојдневниот живот?

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,

•• ги истакнува целите и главната идеа,

•• дава информации,•• објаснува, дискутира,•• поттикнува дијалог,•• демонстрира, •• одговара на прашања, •• врши анализа на работата,

надгледува и помага,•• вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- да открива, препознава,

- да работи во групи и парови,

- да соработува,

- критички да размислува,

- јавно да искажува ставови.

главен дел :

Aктивност 1наставникот учениците ги дели на две групи: I група добива текст со приказнат бр. 7 за случајот кога наставник од училиште открива дека се креирани лажни профили на повеќе наставници од истото училиште. задача на групата е да изработи сценарио за драматизација со играње на улоги за настанот опишан во приказната. групата треба да ја заврши приказната со изменет крај и по сопствено видување. какви можат да бидат последиците од позитивниот исход, а какви од негативниот исход на настанот?II група добива текст од приказната бр. 4 во која леа се спријателила на фб со човек кој е многу повозрасен од тоа што се претставувал. задача на групата е да изработи сценарио за драматизација од карактерите во приказната но со поинаков крај. какви можат да бидат последиците?наредниот час се прави презентација.најдобрите ќе се претстават на учениците од помалите одделенија.завршен дел:

наставникот и учениците заклучуваат и набројуваат можни последици од злоупотреба на лични податоци кои биле откриени повеќе отколку што било потребно на социјалните мрежи. се развива чувството на емпатија и поттикнува свест за почитување на правото на заштита на своите и почитување на туѓите личните податоци.

Оценување на учениците:

наставникот на крајот од активноста ќе изработи чек листа со поставени барања кои ќе бидат конципирани согласно целите кои сме ги поставиле за часот. пример,Ученикот препознава злоупотреби на личните податоци, Ученикот набројува видови злоупотреби........итн

резиме на работниот час:

како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам посакуваната цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат дека постојат закани и опасности од објава на своите и туѓи лични податоци во секојдневието и на интернет,

- учениците набројуваат што може да се случи доколку се објават или дадат некому личните податоци,

- учениците набројуваат ситуации на можни опасности од откривање на личните податоци,

- внимаваат кому даваат лични податоци,- почитуваат туѓи лични податоци,- знаат каде да се обратат во случај на злоупотреба

на личните податоци.

Page 93: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

92 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

дневна пОдгОтОвка на часОтсредно образование ( I, II, III и IV година)

наставени предмети: социологија, филозофија вовед во право, информатика,македонски јазик,

тема бр. 6: пОвреди и злОУпОтреБи на личните пОдатОЦи

Цели: Ученикот

-• да препознава потенцијални повреди и злоупотреби на личните податоци во секојдневието;

-• да развива критичко мислење во однос на објавувањето и достапноста до неговите лични подататоци;

-• да размислува пред да објават свои или туѓи лични податоци на интернет;

-• да ги знае можните штетни последици за објава на личните податоци;

-• да умее правилно да реагира во случај кога смета дека им е повредено некое право кое произлегува од заштитата на личните податоци;

-• да ги знае надлежностите на дирекцијата за заштита на личните податоци.

наставни методи: наставни форми : наставни средства:

- демонстрација,

- драматизација,

- играње улоги,

- водење дијалози,

- презентации.

- индивидуална работа,

- групна работа,

- самостојна работа,

- фронтална работа.

••фотографии,

•• слики,

•• текст/студија на случај,

••видео презентација,

••ИКТ.

тип на часот:

••Стекнување знаења

Page 94: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

93ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

активнОсти на часОт време на реализација 1-2 часа

вОвед :

покрај негувањето на грижлив однос кон своите лични податоци, сепак треба да бидеме свесни за постоењето опасности и ризици по нашата приватност, па оттука е потребно да знаеме да ги препознаеме повредите и злоупотребите на нашите лични податоци во пракса, и секако, да сме запознаени со тоа што треба да превземеме во тој случај.

затоа, ајде да видиме кои се најчестите повреди и злоупотреби на личните податоци што се случуваат во секојдневниот живот?

на наставникот: на ученикот:

•• ги мотивира учениците за работа,•• ги истакнува целите и главната

идеа,•• дава информации,•• објаснува, дискутира,•• поттикнува дијалог,•• демонстрира, •• одговара на прашања, •• врши анализа на работата, надгле-

дува и помага•• вреднува.

- да ги следи насоките на наставникот,

- се оспособува да учи самостојно,

- да анализира,споредува,

- да работи во групи и парови,

- да соработува со другите,

- критички да размислува,

- јавно да изразува ставови.

главен дел :Aктивност 1наставникот учениците ги дели на две групи: I група добива здача да направи интервју и видео запис со учениците од нивната генерација во кое ќе треба да опишат конкретен настан со злоупотреба на личните податоци во секојдневието или на социјалните мрежи.треба да бидат прашани:- зошто се случило тоа?- како можело да се избегне да не се случи? - кого си информирал за случката? - познаваш ли свои блиски на кои им се случило непријатност поради злоупотреба на личните

податоци?- дали на познатите личности често им се злоупотребуваат приватноста и личните податоци? II група добива задача да да направи видео интервју со учениците од прва година за истите прашања. наставникот ги советува учениците најдобар начин за селекција кои ученици да бидат интервјуирани од училиштето е анкета во која ќе им ги соопштат прашањата на кои ќе одговараат. тоа ќе биде воедно и согласност за учество.по завршување на активностите ќе се направи презентација, а најдобриот видео запис може да се постави на youtube како едукативен видео материјал. завршен дел:наставникот заедно со учениците ги разгледува видео записите од првата и втората група, се исправаат забелешките и се презентираат во класот.се прави избор кој видео запис да се претстави на youtube.

Оценување на учениците:

наставникот ќе им подели листа со поставени барања на која учениците ќе се самооценат. покрај барањата кои се поставени во целите ќе се самооценат: колку се задоволни од учеството во овие активности? што им претставувало најголемо задоволство? што би промениле доколку би ја повториле истата активност? што за нив претставувало најголема пречка за поуспешна реализација?

резиме на работниот час:

Како можам да реализирам поуспешен час за да ја постигнам саканата цел?

Очекувани резултати:

- учениците разбираат дека постојат закани и опасности од објава на своите и туѓи лични податоци во секојдневието и на интернет,

- учениците набројуваат што може да се случи доколку се објават или дадат некому личните податоци,

- учениците набројуваат ситуации на можни опасности од откривање на личните податоци,

- внимаваат кому даваат лични податоци,- почитуваат туѓи лични податоци,- знаат каде да се обратат во случај на злоупотреба на

личните податоци.

Page 95: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија
Page 96: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

95ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

III. приказни

случај 1

Ана и нејзиниот помал брат Марко, заедно со родителите, заминаа на премиера на театарска претстава во новиот театар во Скопје.

Пред да влезат во театарот воздивнуваа разгледувајќи ги бројните скулптури од бронза и мермер во дворот пред импозантниот објект. Не ја криеја својата радост и задоволство дека Скопје повторно го има својот „стар театар“ и едвај чекаа да влезат внатре. И додека родителите со внимание ги гледаа позлатените релјефи на фасадата, Марко кој обично следи се што се случува наоколу, забележа пред себе фотограф, па почна да се врти на сите страни за да види дали можеби некаде блиску до него има некоја позната личност која ќе присуствува на претставата. Не успеа да види никого, барем не од оние кои нему му се познати. Трагајќи по „ познати и славни“ пропушти да види нешто многу важно, а тоа е дека во објективот на фотографот се најде Ана, неговата 13 годишна сестра.

Неколку дена подоцна, Маја, мајката на Ана и Марко, договори средба со својата пријателка од Словенија, која службено престојуваше во Скопје. Сакаше да ја изненади со симболичен подарок кој ќе ја потсетува на Македонија. Одлучи да купи нешто автентично, македонско.

- Марко, те молам помогни ми. - Каде е најблиската продавница за сувенири? - Хмммм, да размислам. - Мислам дека се сетив мамо! - Веднаш позади мојата омилена

слаткарница, на аголот. - Да дојдам со тебе? Маја и Марко излегоа од дома, се упатија кон продавницата за сувенири, кога наеднаш Маја не

можеше да им поверува на своите очи. На неколку сувенири го виде ликот на Ана, нејзината ќерка. - Од каде Ви е фотографијата на мојата ќерка? - Како може јас да не знам за ова? - Мамо, погледни, Ана го има на себе црвениот фустан.- Фотографијата е направена пред

неколку дена кога бевме во театар. - Забележав еден фотограф пред да влеземе на претставата и се прашував кого ли ќе фотографира, но никако не претпоставив дека тоа може да биде мојата сестра! - хахахаха....

- Марко воопшто не е смешно, сестра ти ја фотографирале без наше знаење. Јас и татко ти не сме се согласиле за да се направи ваква фотографија.

Госпоѓата од продавницата се обиде да ја смири Маја. Појасни дека изработувачот на сувенирите ја откупил фотографијата со девојче со преубава насмевка во чија позадина е новиот театар, претпоставувајќи дека фотографот ја направил со знаење на родителите.

- Ве молам обезбедете ми контакт од фотографот. Морам да разговарам со него. Откако го доби телефонскиот број, го побара, му се претстави и го извести дека ќе поведе

постапка против него.

Page 97: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

96 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

случај 2

Ивана и Јована учеа во исто средно училиште и во ист клас. Тие беа пријателки и надвор од училиштето, излегуваа заедно, но и кога ќе се вратеа дома повторно остануваа поврзани преку социјалните мрежи, впрочем исто како и сите останати нивни врсници. Вообичаено, после секое излегување со нивното друштво, поставуваа слики на Фејсбук и остануваа приклучени уште долго за да ги избројат пријателите на кои им се допаѓа сликата што ја поставиле на интернет.

Ненадејно работите почнаа да излегуваат од контрола. Двете се вљубија во Петар, но меѓусебно не си го признаваа тоа, а Петар пред целиот клас кажа дека е вљубен во Јована без да знае дека со тоа ги повредува чувствата на Ивана.

Една вечер, Јована и Ивана излегоа во омиленото кафуле. Таму се запознаа со две момчиња од друго училиште. Останаа со нив цела вечер. Во еден момент Ивана се досети дека ваквата ситуација може добро да ја искористи. Трудејќи се да изгледа сосема наивно, Ивана му предложи на едно од момчињата да се прегрнат и бакнат со нејзината пријателка за да може таа да го „овековечи“ тој момент. Ниту Јована, ниту нивниот нов пријател не знаеја дека уште истата вечер Ивана ќе ја постави сликата на Фејсбук со коментар дека е тоа слика на двајца штотуку вљубени. Нивните пријатели не знаејќи дека станува збор за невкусна игра почнаа да испраќаат честитки. Но, не и Петар кој беше изнанаден од фотографијата.

- Ивана, како можеше да го сториш тоа? Каква е оваа шега? - ја праша Јована.На ова, Ивана одговори со прашање:- Зарем не позираше на фотографијата? Зарем не знаеше дека те фотографирам? Тебе ти е добро познато каде завршуваат нашите фотографии...Јована ја обземаа повеќе различни чувства. Беше повредена и измамена од својата најдобра

пријателка. Таа сфати дека на социјалните мрежи никој не може да биде заштитен од она што некој друг наумил да му го стори.

Page 98: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

97ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

случај 3

Томе, кој неодамна наполни девет години, прв пат остана сам дома. Досега, кога неговите родители беа на работа, го чуваше тетка Ката. Но, тоа утро таа се јави за да им соопшти дека не се чувствува добро. Родителите мораа да заминат на работа, а Томе да остане „сам да се чува“. Одеднаш се почувствува и важен и голем.

Внимателно ги слушаше сите инструкции од родителите. Не смее да отвори никому, не смее да игра со струја, не смее да се приближува до прозор бидејќи живеат на десетти кат. Единствени дозволени дестинации се патот до работното биро, до фрижидерот и до тоалетот.

И додека седеше на своето работно биро и ја пишуваше домашната задача, некој заѕвони на вратата. Погледна низ окцето и виде две млади и елегантни дами. Веднаш се сети на лекцијата која ја слушна од родителите, дека не треба никому да отвора, ниту да разговара со непознати, но не му беше јасно зошто тоа би важело за овие фини дами. Реши да отвори.

- Повелете.

- Добар ден младо момче, сам ли си дома?

- Да, можам ли некако да Ви помогнам?

- Да, да, секако.

Многу љубезно му објаснија дека сакаат да разговараат со станарите од зградата за да го слушнат нивното мислење за промена на бојата на фасадата, но бидејќи е сам дома, го замолија да даде податоци за контакт со родители. На Томе ова не му изгледаше воопшто сомнително.

- Татко ми се вика Иван, а мајка ми Бојана. Се презиваме Стојанови. Татко ми можете да го побарате на мобилен телефон. Сега ќе ви го кажам... слободно запишете го. Тој е уметник, сликар, познат сликар, ах би Ви покажал неколку од неговите слики, но сега сум сам дома, а не ми е дозволено никого да пуштам внатре. Мајка ми е докторка, работи во приватна болница.

- Ох колку си сладок и умен. Како се викаш?

- Томе, сега ќе завршам трето одделение.

- А родителите ќе те носат ли на летување?

- Се разбира, веднаш штом ќе заврши учебната година заминуваме во Грција.

- Ти благодариме Томе. Навистина беше многу љубезен.

Се заблагодарија, а Томе горд на себе, што имаше прилика да разговара како возрасен, ги поздрави и си ја заклучи вратата. Размислуваше дали да им каже на родителите за средбата со овие млади дами на вратата пред станот, но некако му се чинеше дека е подобро да си премолчи. Кога ќе го контактираат татко му, ако го праша, ќе му каже.

Page 99: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

98 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Поминаа месец или два, Томе веќе заборави на средбата со нив, кога заедно со родителите заминаа на летување во Грција. Имаа прекрасен одмор и ниту од далеку не насетуваа дека кога ќе се вратат дома во Скопје ги чека непријатно изненадување. Излегоа од лифтот и кога татко му го стави клучот во бравата забележа дека вратата е отклучена. Беше очигледно дека некој влегол внатре. Во станот с беше растурено, така што тешко можеше на прв поглед да се види што недостасува, но едно беше сигурно, беа украдени три слики кои неодамна ги наслика татко му.

И додека ја чекаа полицијата за да земе траги од крадците, Томе се сети на двете млади дами кои заѕвонија на нивната врата, неодамна, кога беше сам дома.

„Мислев дека вакви работи се случуваат на филмови. Изгледа беа измамнички кои собираа „корисни информации“ за крадци. А јас, јас им помогнав, им дадов толку многу податоци за мене и моите родители. Ах...“ – си мислеше Томе.

Не можеше да живее со оваа голема тајна. Одлучи с да им раскаже на родителите. Беше повеќе од јасно дека има поврзаност меѓу двата настана. Татко му ја информираше полицијата и за средбата и за разговорот на Томе со двете дами. На полицијата веќе и беше позната оваа приказна. Им беа влезени во траг.

Page 100: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

99ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

случај 4

По завршувањето на часовите, Леа се поздрави со Јана и се извини бидејќи мораше да побрза дома. Таа живее многу блиску до училиштето, така што веднаш се најде пред комјутерот. Едвај чекаше да го побара својот пријател на Фејсбук кого сеуште го немаше видено, освен на сликата поставена на неговиот профил, а за кој сепак чувствуваше како да го познава долго време. И беше интересно да разговара со него со часови. Но, во последно време, се повеќе имаше желба да го запознае, да излезе со него во кафуле, во театар, да се прошета покрај Вардар. Ја загрижуваше токму тоа што момчето кое се чинеше толку многу блиско, никогаш не предложи да се сретнат.

Чувствуваше како некој црв да ја јаде одвнатре. Затоа, реши да му стави крај на измачувањето.Во просторот за пораки напиша: „Стефан, долго време си мој Фејсбук пријател, па,... мислам

дека е време својата замислена слика за тебе, да ја заменам со реална, жива слика... Што мислиш?“На ова, наместо одговор доби: „?????“ После извесно време, следуваше одговор: „Зарем не ни е убаво вака. Зошто нешто би

менувале?“Леа уште повеќе се збуни. Таа нема ништо против Фејсбук пријателства, но насмевката во

живо и поздравот со рака кога двајца ќе се сретнат и кога заедно ќе отидат на сладолед за да се освежат од топлото сонце што ги греело додека биле на прошетка, не може да се замени со притискање на тастатурата на комјутерот.

Одлучно напиша: „Ако не сакаш да се видиме, јас не сакам повеќе да бидам твоја Фејсбук пријателка.“

Леа долго време не доби одговор на пораката. Молчењето сериозно ја исплаши. Веројатно има девојка, затоа не ми пишува. Незнам што да мислам. Ах... Стефан, ми допушти

да станам толку блиска со него, да ги споделувам со него сите мои чувства и тајни, и одеднаш како ништо да не се случило, како воопшто да не се познаваме, .... а всушност и не се познаваме...

После неколку дена во сандачето за пораки, Леа прочита: „Време е да се видиме. Те чекам во кафулето наспроти твоето училиште во 19 часот.“

Иако збунета и полна со прашалници, Леа отиде на средбата. Седна и го чекаше својот Фејсбук пријател. Го имаше видено само на слика, но беше сигурна дека веднаш ќе го препознае. Беше возбудена...

Наспроти неа седеше средновечен маж кој го следеше секое нејзино движење, секој поглед... Леа се исплаши.

„Зошто ли овој човек гледа во мене? Зошто седи сам? зарем и тој има закажано состанок со некој кој не сакал или не успеал да дојде...?“

Page 101: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

100 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

И додека бараше одговори на прашањата што си ги поставуваше за да и помине времето, пред неа силно светна одговорот на она што подолго време ја мачеше. Конечно сфати дека нејзиниот Фејсбук пријател седи наспроти неа на соседната маса. Ја обзема страв што не можеше да го скроти, срам за сето она што го пишуваше, не знаејќи дека разговара со возрасен маж.

Полека стана, излезе од кафулето и со трчање отиде во спротивен правец. Се плашеше дека можеби овој човек ќе оди по неа, дека можеби ќе дознае каде живее, ако досега пропуштила тоа да му го каже. Трчаше со насолзени очи, бесна на себе заради својата наивност и лекомисленост. Се јави на мајка и ја повика да дојде по неа за да одат заедно дома и се да и раскаже.

Page 102: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

101ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

случај 5

Марко и Никола се пријатели кои долго размислуваа да започнат приватен бизнис. Марко е лекар по општа пракса, а Никола нутриционист. Тие решија да најдат вистински спој на двете професии и да основаат клуб за здрава исхрана. Во него би се зачленувале оние кои под нивна контрола, како стручни лица, би прифатиле третман за здрава исхрана заради намалување или зголемување на телесна тежина или едноставно заради зачувување на здравјето.

Клубот би имал и свои соработници кои ќе учествуваат во проекти за здрава исхрана и ќе разменуваат идеи, мислења и искуства за ефектот на исхрана врз здравјето на човекот. Роднините и пријателите на Марко и Никола беа водушевени од ваквата замисла. Според нивните реакции, беше јасно дека успехот нема да изостане и дека што поскоро треба да преминат од идеја на реализација.

Регистрираа трговско друштво, изнајмија деловен простор, целосно го опремија и ги добија сите потребни дозволи за работа. Откако ги исполнија сите предуслови за почеток со работа, направија скромен прием за да им презентираат на најблиските какви се нивните очекувања од новиот клуб. Никој не го криеше задоволството што конечно ќе има место каде што ќе се собираат оние кои сакаат да водат грижа за својата исхрана и исхраната на другите.

Силвија, нивна пријателка од детството, која сега е успешен адвокат, ги потсети дека има уште една важна работа која треба да ја завршат – да ја осигураат приватноста на членовите на Клубот. Присутните на кои им беше познато дека секој правен субјект има обврска да ја регулира заштитата на личните податоци, климаа со главите, а останатите гледаа зачудено и едвај чекаа да слушнат за што зборува таа.

- Треба да подготвите акти со кои ќе се регулира кои лични податоци ќе се собираат за членовите на Клубот и со кои ќе се предвидат мерки за заштита на нивните лични податоци. Јас би можела да ви помогнам при нивната изработка, но најдобро е претходно да се консултирате со Дирекцијата за заштита на лични податоци. Претпоставувам дека Ви е познато дека е тоа надлежната институција која го надгледува спроведувањето на прописите за приватност и заштита на личните податоци.

Марко и Никола веќе следниот ден закажаа состанок во Дирекцијата. Беа изненадени од љубезноста на вработените и нивната подготвеност за соработка. Ги добија сите потребни инструкции. Марко за да се биде сигурен дека добро разбрал, праша:

- Дали кога ќе го изработуваме формуларот за членство, всушност треба да водиме грижа да не собираме повеќе податоци од оние кои ни се потребни?- Токму така! - потврди вработената од Дирекцијата и појасни:- Вам Ви се потребни следните податоци: името и презимето на секој Ваш член, телефонски број како податок за контакт, возраст, пол, висина, тежина во моментот на зачленување и тежина која

Page 103: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

102 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

членот посакува да ја постигне. Описот на дотогашните навики за исхрана и телесната активност, можете да ги означите како незадолжителни полиња. Членот би ги пополнил доколку сака.- А матичниот број, зарем не треба да го собираме за секој случај? - праша Марко.- Не, тоа би бил преголем податок.- А дали имаме и други обврски освен да донесеме прописи за заштита на податоци? – праша Никола.Вработената во Дирекцијата појасни:- Дааа, имате обврска збирките на лични податоци што ќе ги водите во Клубот, да ги пријавите во Централниот регистар на Дирекцијата преку нејзината интернет страница.Збирки на лични податоци? Кои се тие збирки? – зачудено праша Никола.- Јас веќе препознав три различни збирки на лични податоци што ќе се водат во Клубот. – со насмевка продолжи вработената во Дирекцијата. Една е збирката на вработени, друга е збирката на Ваши соработници, а трета е збирката на членови за која зборувавме предмалку... И да не заборавам, доколку креирате интернет страница на Клубот, преку која ќе може да се зачленуваат нови членови, неопходно е да поставите Политика за приватност со која ќе се регулира начинот на кој ќе се обработуваат личните поатоци на нејзините посетители. - Полека но сигурно работите стануваат појасни, нели Марко? – двајцата се насмевнаа и добија телефон за контакт за евентуални следни прашања.Задоволни заминаа од Дирекцијата и ја повикаа Силвија да им помогне при изработка на актите.

Page 104: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

103ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

случај 6

Татко му на Јане дојде во училиште да поразговара со класниот раководител за успехот и поведението на неговиот син. Наставникот го земе училишниот дневник и го покани во соседната канцеларија каде што нема никој.

- Дојдов да се извинам што не присуствував на минатонеделната родителска средба и да Ве замолам да ми ги покажете оценките на мојот син. Искрено се надевам дека нема да бидем непријатно изненаден. Наставникот го отвори дневникот, ја пронајде рубриката во која се запишани оценките на Јане, ги покри со лист хартија останатите рубрики со оценки на други ученици од класот и почна да ги чита една по една.Татко му на Јане беше задоволен од постигнатиот успех на својот син. Беше очигледно дека добро го загреал столчето и ги поправил оценките.- Не сакам да Ви одземам премногу време, но Ве молам кажете ми како се однесува Јане на часовите, дали со внимание ја следи наставата? - Забележувам подобрување не само во успехот, туку во целокупното негово однесување. - Сега, откако слушнав пофални зборови за син ми, дали може да Ве замолам да ми кажете какви се одценките на Билјана. Знаете таа е ќерка на наши блиски пријатели, но тие ќе бидат службено отсутни подолг период, па ме замолија да ги добијам од Вас нејзините оценки.- Иако не се сомневам во Вашата добронамерност, не можам Вам да Ви ги откријам одценките на Билјана. Зарем не забележавте дека кога Ви ги читав одценките на Јане, ги покрив со лист хартија рубриките со одценки на други ученици кои се на истата страница од дневникот. Во училиштето водиме грижа за заштитата на личните податоци на секој ученик. Пристап до податоците во дневникот имаат само наставниците кои предаваат на класот и родителите, но само за своето дете. Никој друг. Татко му на Јане не можеше да им пренесе на своите пријатели какви се одценките на Билјана,

но беше пријатно изненаден дека училиштето води грижа за приватноста на учениците. Задоволен отиде дома.

Page 105: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

104 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

случај 7

Професорот по математика влезе во наставничката канцеларија и замоли за внимание.

- Колеги дали ви е познато дека за неколкумина од нас се отворени лажни профили на интернет? Сосема случајно дознав од пријатели.

Одеднаш сите замолчеа.

- Лажни профили? Како е тоа можно? – професорите беа непријатно изненадени.

- Секој профил содржи име и презиме, наши фотографии од таблоа, а креативните творци отишле дотаму што објавиле и наши лични претставувања, сведоштва и фотографии со лажни детали за нашиот приватен и професионален живот. Објавена е и лажна комуникација меѓу нас и лажна комуникација со учениците. – објасни професорот по математика.

- Но ова не е само директна повреда на приватноста на личноста, туку и нарушување на угледот на училиштето! – искоментира професорката по хемија. Професорите ја отворија интернет страницата и точно утврдија за колкумина од нив е отворен лажен профил. Иако се сомневаа дека можеби профилите се креирани од ученици во училиштето, не ја

исклучија можноста истите да се креирани и од ученици од друго училиште или од некој возрасен, а учениците од училиштето само да продолжиле да ја надоградуваат содржина на истите.

Тие одлучија веднаш да преземат активности, лажните профили што побрзо да бидат избришани. Професорите се обратија во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Иако во конкретниот

случај Дирекцијата не беше надлежна да поведе постапка, бидејќи порталот на кој беа креирани лажните профили е регистриран во САД, сепак врз основа на нејзино барање упатено до порталот, лажните профили веднаш беа избришани.

Професорите беа свесни дека случајот можат да го пријават и во полиција за сторено кривично дело „Злоупотреба на лични податоци“, но им дадоа можност на оние кои им ја нарушија приватноста и го повредија угледот на училиштето, да се покаат и никогаш да не го повторат тоа.

Page 106: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

105ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

случај 8

Виктор се врати изморен од фудбалски натпревар, влезе во зградата во која живее и по навика застана и го отвори поштенското сандаче. Обично од сандачето ги вади сметките за греење, струја и други комунални услуги, па уредно ги сложува на посебно место за да ги плати татко му. Но овој пат, немаше сметки туку само едно писмо на кое го пишуваше неговото име и презиме. Виктор беше изненаден. Тој неодамна наполни 18 години, но сеуште не беше навикнат да прима пошта на негово име. Влезе дома и го отвори пликот.

Од него извади известување:

„Почитуван господине Марковски,

Задоволство ни е да Ви презентираме понуда за зимување во познати скијачки центри во странство и да Ве повикаме во нашата туристичка агенција за да изберете една од нив. Нашата туристичка агенција се наоѓа на улица Јован Јовановски бр.1, а можете да нè контактирате на следниот телефонски број: 03/123-456.“

- Господине Марковски? - се насмеа Виктор.

- Само што станав полнолетен, а веќе ме ословуваат со господин. Искрено, тоа ми годи, но.... шегата на страна, од каде оваа туристичка агениција ги има моите лични податоци?

Ги дочека своите родители да се вратат од работа, го извади писмото и им го даде да го прочитаат.

- Виктор, од каде оваа туристичка агенција ги има твоите податоци? Никогаш не сме патувале преку неа.- праша мајка му.

- И јас се прашувам. – одговори Виктор

Мајка му одлучи да ги преземе работите во свои раце. Таа работи во банка и е добро запозната со прописите за приватност и заштита на личните податоци.

- Прво, агенцијата ќе мора да ни одговори од каде ги има твоите податоци, а бидејќи испраќањето на пораки и писма со кои се врши директен маркетинг е дозволено единствено врз основа на претходна согласност на лицето на кое му се врши директен маркетинг, агенција ќе мора да се потруди да покаже доказ дека си дал согласност за тоа.

- Мамо, јас не знам што е тоа директен маркетинг! Те молам појасни, хахаха!

Сега татко му се вклучи во разговорот.

- Многу едноставно, тоа е испраќање рекламен материјал директно до идентификувано лице.

Одлучија веднаш да подготват писменото барање за појаснување и да го испратат до агенцијата.

- Бидејќи си полнолетен, барањето мораш сам да го потпишеш.

Page 107: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

106 ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Агенцијата одговори многу брзо. Образложи дека известувањата ги праќала на млади лица до 25 години, а имиња и презимиња и адресите ги собрала од неколку Фитнес центри во градот. Агенцијата се извини дека го испратила известувањето без претходно обезбедена согласност за тоа.

Но, приказната не заврши тука. Во меѓувреме Виктор прочита многу работи за приватноста и заштитата на личните подтоци и сам одлучи да поднесе Барање за утврдување на повреда на правото на приватност пред Дирекцијата за заштита на лични податоци. Беше убеден дека добиеното известување и признанието од туристичката агенција се доволни докази за Дирекцијата да утврди дека му е повредено ова право.

Page 108: dzlp.mkседмо до деветто одделение) и информатика, етика, вовед во право, македонски јазик, соци-ологија

Дирекција за заштита

на личните податоци

Проектот е финансиран одЕвропската Унија

This project is funded bythe European Union

�������� ������ �� ������������ ������� � ������ ����������� �� ���������� �� ������� �� ������� ���������

�Sustainable system for continuous primary and secondaryeducation for principles of personal data protection�

ПРИРАЧНИК ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАШТИТАТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

за основно и средно образование

ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИБул. Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје

(02) 3230 [email protected]

[email protected]

www.privacy.mk