finansiki derivati 2

23
Финансиски деривати Дефиниција Финансиските деривати се финансиски инструменти, чија вредност е изведена од вредноста на некој друг инструмент. Цел Нивната појава се должи на настојувањата да се намалат ризиците од големата нестабилност на каматните стапки и девизните курсеви. Видови финансиски деривати 1. Термински 2. Фјучерс договори 3. Опции 4. Свопови

Upload: trajche-spasov

Post on 25-Oct-2015

167 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

презенрација

TRANSCRIPT

Page 1: FINANSIKI DERIVATI 2

Финансиски деривати•Дефиниција

Финансиските деривати се финансиски инструменти, чија вредност е изведена од вредноста на некој друг инструмент.

•Цел

Нивната појава се должи на настојувањата да се намалат ризиците од големата нестабилност на каматните стапки и девизните курсеви.

•Видови финансиски деривати

1. Термински

2. Фјучерс договори

3. Опции

4. Свопови

Page 2: FINANSIKI DERIVATI 2

Промптни и термински курсеви

•Промптен (спот) курс е девизен курс по кој се вршат трансакции денес (спот трансакции) или најдоцна до два дена.

•Термински курс е девизен курс по кој се вршат трансакции договерени денес, но кои ќе се случат во иднина (термински трансакции).•Термински датуми се најчесто 30, 90, 180 или 360 дена во иднина.

•Курсевите се договорени меѓу денес двете страни, но размената ќе се случи во иднина.

Page 3: FINANSIKI DERIVATI 2

Термински договори

•Терминските договори претставуваат договор меѓу две страни за извршување на финансиска трансакција на некој иден датум.

•Терминска трансакција е кога две страни се договараат за размена на валути и договорот го реализираат на конкретен датум во иднина.

•Девизниот курс по кој се склучуваат терминските трансакции се нарекува термински девизен курс.

Page 4: FINANSIKI DERIVATI 2

Термински договориПример:• Американска компанија која што увезува лаптопи од Јапонија знае дека за 30 дена од пристигнување на пратката мора да исплати јени на јапонскиот добавувач. Компанијата ќе му плати на јапонскиот добавувач 200.000 јени за секој лаптоп, а тековниот долар/јен спот девизен курс е 1$= ¥ 120. При овој девизен курс секој компјутер ќе го чини увозникот 1.667 долари (200.0000/120=1.677).• Увозникот знае дека на денот на пристигнување на компјутерите, истите може да ги продаде за 2.000 долари парче, што му носи бруто добивка од 333 долари (2.000-1.667). Но,во случајов увозникот нема средства да му плати на јапонскиот добавувач додека не ги продаде компјутерите.

Page 5: FINANSIKI DERIVATI 2

Термински договориПример (продолжение)•Доколку во текот на наредните 30 дена доларот неочекувано депрецира во однос на јенот пр. $1= ¥ 90, увозникот се уште ќе треба да и плати на јапонската компанија 200.000 јени за лаптоп, но изразено во долари лаптоп чини 2.105 долари, што е повеќе од цената што ќе ја добие од нивната продажба. (Со депрецијација на доларот профитабилната зделка се претворила во непрофитабилна).• За да го избегне ризикот, американскиот увозник склучува терминска девизна трансакција и договара термински девизен курс на 30 дена, $ 1= ¥ 110, и со тоа обезбедува дека нема да плати повеќе од 1.818 долари за лаптоп (200.000/110).

•Преку склучување на термински договор, американскиот увозник се обезбедува од веројатноста од претворање на профитабилна во непрофитабилна зделка, поради промена на девизниот курс долар/јен.

Page 6: FINANSIKI DERIVATI 2

Термински договори

• Предности терминските договори

1. Флексибилни

2. Можат да бидат скроени според потребите на двете страни

• Недостатоци на терминските договори

1. Нивните пазари се неликвидни

2. Подложни се на ризик од неплаќање

Page 7: FINANSIKI DERIVATI 2

Фјучерси

Дефиниција•Договори за размена на одреден износ на валута на определен датум во иднина по фиксен (однапред определен) девизен курс .

Карактеристики•Инвеститорите можат да инвестираат во фјучерс договори кои им даваат право да купат или продадат некоја валута (да завземат долга или кратка позоција спрема неа). •Двете страни и купувачот и продавачот имаат формални договори со фјучерс берзата, а не едни со други. •Депозит кој инвеститорот во фјучерсот го депонира кај берзата, кој претставува гаранција во случај на промена на цената на инструментот.

Page 8: FINANSIKI DERIVATI 2

ФјучерсиПример:•Инвеститорот верува дека швајцарскиот франк ќе расте спрема доларот во идниот период – затоа решава да шпекулира и купува фјучерс договор, т.е. завзема долга позиција која му дава право да купи 125.000 франци по цена од 0,75 долари/франк по еден месец. За таа цел уплаќа 1.452 долари како иницијална маржа.•Ако првиот ден цената на франкот порасне на 0,755 долари, инвеститорот ќе оствари добивка од 625 долари (125.000$ x 0.005). Другата страна од договорот остварува иста таква загуба.•Инвеститорот може уште после првиот ден да го продаде својот договор и да оствари добивка од 625 долари, а може да чека да доспее инструментот.•Ако вториот ден курсот падне на 0,743 долари инвеститорот ќе оствари загуба од 1.500 долари (125.000$ x 0,012).

Page 9: FINANSIKI DERIVATI 2

Фјучерси

•Предности на фјучерсите

1. Лесна ликвидација

2. Добро организиран и стабилен пазар

•Недостатоци на фјучерсите

1. Ограниченост на 7 валути

2.Ограниченост во датумите на испорака

3.Ограниченост во големината на договорите.

Page 10: FINANSIKI DERIVATI 2

Фјучерси

Расположливи големини на фјучерс договори по различни валути:

1.) Британска фунта / 62,500

2.) Канадски долар /100,000

3.) Евро / 125,000

4.) Швајцарски франк / 125,000

5.) Јапонски јен / 12.5 милиони

6.) Мексикански пезос / 500,000

7.) Австралиски долар / 100,000

Page 11: FINANSIKI DERIVATI 2

Опции

Дефиниција

•Договор кој му дава право, но не и обврска на купувачот да купи или продаде одреден износ на валута, во текот на одреден период, по фиксен девизен курс.

•Опцијата не мора да биде извршена доколку не е во полза на купувачот да го направи тоа. Доколку движењата на цените се поволни, купувачот ја реализира опцијата и остварува добивка. Доколку движењата се неповолни, купувачот може да ја ограничи штетата ако дозволи опцијата да истече нереализирана. Во случајов ja губи само премијата платена да се купи опцијата

Page 12: FINANSIKI DERIVATI 2

ОпцииДатуми на извршување

a. Американски опции:

може да се изврши во кое било време се до датумот на истекување на опцијата.

b. Европски опции:

може да се изврши само на датумот на истекување, а не и претходно.

Page 13: FINANSIKI DERIVATI 2

Опции

Видови опции:

Call опција-куповна опција-му дава на купувачот на опцијата право да купи финансиски инструмент по цена на извршување.

Put опција-продажна опција му дава на купувачот на опцијата право да продаде финансиски инструмент по цена на извршување.

Во случај на куповна опција:•Ако цената на финансискиот инструмент расте-добивката на купувачот на опцијата и загубата на инвеститорот на опцијата се потенцијално неограничени.•Ако цената на финансискиот инструмент опаѓа-загубата на купувачот и добивката на инвеститорот на обврзницата се ограничени колку што изнесува премијата на опцијата.

Page 14: FINANSIKI DERIVATI 2

ОпцииВо случај на продажни опции:•Ако цената на финансискиот инструмент расте-загубата на купувачот на опцијата и добивката на продавачот на опцијата се ограничени колку што изнесува премијата на опцијата. •Ако цената на финансискиот инструмент опаѓа- добивката на купувачот на опцијата и загубата на продавачот на опцијата се потенцијално неограничени.

Page 15: FINANSIKI DERIVATI 2

Опции

Премија

Купи Продај Купи Продај

Купувачи Продавачи

PUTCALL

Page 16: FINANSIKI DERIVATI 2

ОпцииПример

• Форд купува француска put опција (големина: FF250,000) по премија од $0.01/FF. Ако цената на извршување е $0.21 а спот курсот на денот на извршување е $0.216, колкав е профитот (или загубата) на Форд?

Page 17: FINANSIKI DERIVATI 2

ОпцииПример

1. Оваа опција на Форд му дава право да продаде FF250,000 по курс од $0.21.

2. Форд за оваа опција плаќа премија од $2,500 ($0.01 за секој франк).

3. На денот на извршување спот курсот е $0.216.

4. Форд нема да ја изврши оваа опција, затоа што на денот на извршување спот курсот е поголем од оној кој го нуди опцијата (со опцијата ќе добие $0.006 помалку за секој франк ).

5. Конечниот резултат за Форд е загуба во износ на премијата од $2,500.

Page 18: FINANSIKI DERIVATI 2

ОпцииПример

• Ако во истиот пример стануваше збор за куповна опција, која даво право да се купат FF250,000 по курс од $0.21:

1. Форд ќе ја изврши опцијата, и ќе оствари добивка од $0.006 за секој франк или вкупно $1,500.

2. Конечниот резултат за Форд сепак е загуба од $1,000, затоа што добивката во износ од $1,500 не е доволна да го надомести трошокот од премијата од $2,500.

Page 19: FINANSIKI DERIVATI 2

Опции

Купувач на PUT опција

Профит = Цена на извршување – (Спот курс + Премија)

Во дадениот пример:

Профит = 0.21 – (0.216 + 0.01) = - 0.016

Купувач на CALL опција

Профит = Спот курс – (Цена на извршување + Премија)

Во дадениот пример:

Профит = 0.216 – (0.21 + 0.01) = - 0.004

Page 20: FINANSIKI DERIVATI 2

Опции Негативни резултати значат загуба за купувачите на

опциите

(и истовремено добивка за продавачите) Позитивни резултати значат добивка за купувачите на

опциите

(и истовремено загуба за продавачите) Резултат нула значи дека купувачот нема ниту добивка

ниту загуба, па оттаму му е сеедно дали ќе ја реализира опцијата или не.

Page 21: FINANSIKI DERIVATI 2

СвоповиДевизен своп

• Договори за симултана размена на две валути на одреден датум, по курс договорен на денот на склучување на курсот, и реверзна размена на истите две валути на друг датум во иднина, по курс исто така договорен на денот на склучување на договорот.

Page 22: FINANSIKI DERIVATI 2

Свопови

Пример

Претпоставете дека Citibank има потреба од фунти за период од три месеци. Таа ќе размени долари со Lloyds и за возврат ќе добие фунти.

Ако спот курсот долар/фунта е $2.00, а тримесечниот термински курс е $2.10 постои премија од $0.1 по фунта.

Page 23: FINANSIKI DERIVATI 2

Свопови

Приносот за времетраење на свопот се пресметува како:

(премија или дисконт) / спот курс

0.1 / 2.00 = 0.05

Процентот на годишната премија (дисконт) или годишниот принос се пресметува како:

0.05 / 3 (број на месеци на времетраење на свопот) * 12 = 0.2 или 20%