stipski glas 38

15
ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЖИВОТ Интервју: Никола Мицевски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Обележан 8 Ноември, денот на ослободувањето на Штип Нашиот Универзитет во Светската асоцијација на Педагошки факултети НА ЗБОР ВЕТУВАМЕ СО ДЕЛА ОСТВАРУВАМЕ ШТИПСКАТА КУЛТУРА ПРЕСТАВЕНА ВО „ПОРТА МАКЕДОНИЈА“ УЧИТЕЛИ ЗА НОВОТО ВРЕМЕ 113 ГОДИНИ НА БАБА ФАТА НЕВЕСЕЛА ШТИПСКА ПРИКАЗНА ОСМОНОЕМВРИСКАТА НАГРАДА ЗА САМАРЏИЕВ, ДИМЧОВ И АНСАМБЛОТ „ТОСКА“ СТАЛЕТОВИЌ: НАРОДОТ И ВЕРУВА НА СВОЈАТА ПОЛИЦИЈА

Upload: stipski-glas

Post on 08-Apr-2016

237 views

Category:

Documents


4 download

DESCRIPTION

stipski glas

TRANSCRIPT

Page 1: Stipski Glas 38

ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА„СВЕТИ

КЛИМЕНТОХРИДСКИ“

ЖИВОТ

Интервју:Никола Мицевски, претседател на

ОК на ВМРО ДПМНЕ

Обележан 8 Ноември, денот на ослободувањето на Штип

Нашиот Универзитет во Светската асоцијација на Педагошки факултети

НА ЗБОР ВЕТУВАМЕСО ДЕЛА ОСТВАРУВАМЕ

ШТИПСКАТА КУЛТУРАПРЕСТАВЕНА ВО

„ПОРТА МАКЕДОНИЈА“УЧИТЕЛИ ЗА НОВОТО ВРЕМЕ

113 ГОДИНИНА БАБА ФАТА

НЕВЕСЕЛА ШТИПСКА ПРИКАЗНА

ОСМОНОЕМВРИСКАТА НАГРАДА ЗА

САМАРЏИЕВ,

ДИМЧОВ И

АНСАМБЛОТ

„ТОСКА“

СТАЛЕТОВИЌ: НАРОДОТ И ВЕРУВА НА СВОЈАТА ПОЛИЦИЈА

Page 2: Stipski Glas 38

Во пресрет на 8 Ноември, денот

на ослободувањето на градот,

Штип доби нов, преубав храм.

Во населбата „Сењак“ беше

осветена црквата „Свети Климент

Охридски“. Овој чин се случи во

време кога се одбележува 45

годишнината од возобновувањето на

Охридската архиепископија како

МПЦ. Локацијата е подарок од

градот а изградбата на храмот

започна пред десет години.

-Со изградбата на овој голем

и убав православен храм штипјани

потврдија дека си ја сакаат верата и

православните традиции. Штип мора

да е горд што после Охрид тој е град

кој може да се пофали со толку

многу стари и толку големи цркви,

порача поглаварот на МПЦ – ОА г.г.

Стефан.

Овој православен храм ќе и

служи на верниците од градот, пред

се од населбите кои гравитираат

околу него. Граден е цели десет

години со финансиска поддршка од

граѓани, фирми и свештени лица.

Црквата започна да се гради

градена во време кога

Брегалничката епархија ја водеше г.г.

Стефан и во време кога на чело на

епархијата беше владиката

Агатангел и актуелниот владика

Иларион.

Пред петнаесет години

градот додели уште две локации за

изградба на цркви. Едната во

населбата Три Чешми каде црквата

е веќе изградена, другата во

населбата „Баби“ на која е ставен

камен темелник.

*Храмот се градеше

десет години со донации од

граѓани, фирми, свештени

лица со што уште еднаш се

докажа дека штипјани си ја

сакаат верата и

православните традиции,

рече поглаварот на МПЦ –

ОА г.г. Стефан

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 382 NASTANI

Осветен храмот „Свети Климент Охридски“ во населбата „Сењак“

Општина Штип ја претстави

својата култура во Скопје.

Станува збор за настан кој

официјално носеше наслов „Ден на

културата на Штип во Скопје“ и е

дел од одбележувањето на денот

на ослободувањето на Штип „8-ми

ноември“. За прв пат културата на

еден град од внатрешноста се

претставува на овој начин во

Скопје.

Настанот се оддржа во

„Порта Македонија“. Се оддржаа

низа активности за претставување

на штипската култура кои вклучуваа

изложба, промоција на книги како и

драмска претстава во продукција на

Народниот театар во Штип а беше

подготвен е и промотивен филм од

20 минути кој ги претставува

институциите, градот и културата во

Штип. На отворањето на присутните

им се обрати

градоначалникот на Штип,

д-р Зоран Алексов.

- Драго ми е што

Штип ја има честа да

биде првиот град кој ја

претставува својата

култура во овој објект,

бидејќи имаме и со што да

се пофалиме. ШКЛ, 19-ти

декември, Народен театар,

Завод и музеј, Универзитет,

Дом на култура и друго, се

дел од институциите кои

изминатите децении

успешно ја шират

културата во Штип –

напомена Алексов.

Потоа следеше концерт на

студенти на одделот за етно-

кореологија при Факултетот за

музичка уметност на Универзитетот

„Гоце Делчев“ Штип кои се

претставија со неколку етно-песни

од овчеполскиот регион..

Во рамките на овој културен

настан беше отворена изложба на

слики на Јордан Ефремов-Јошко со

уметнички осврт на Ана Франговска

Стојановска а потоа следеше

промоција на најнови изданија од

штипски автори: „Писма од

Македонија“ од Петар Завоев на

авторот Кирил Панајотов,

„Неприпитомена надеж“ од Благој

Самоников, „Разговарав со нив“ од

Војо Маневски (осврт на Братислав

Димитров), „Календар за годините

што поминаа“ од Трајче Кацаров

(осврт на Веле Смилевски).

Беше промовирана и „ Ars

longa vita brevis“ од Кирил Петров

(Осврт за театарскиот живот во

Штип на Ристо Стефановски) по

што манифестацијата беше

затворена со театарската претстава

на Народниот театар Штип со

претставата „Отворач за конзерви“

по текст на Виктор Лану во која

играа Миле Вртеовски и Владимир

Тулиев,.

(K.П.)

Промоции Штипската култура претставена во „Порта Македонија“Штип е првиот град во

државата кој ја претстависвојата култура во овој објект. –„Горди сме на тој факт бидејќиимаме со што да се пофалиме“.Вака градоначалникот ЗоранАлексов ги поздрави присутните

Кај градските гробишта се качувам

во такси. Во него пензионерски

брачен пар. Одиме кон градот.

Попатно муабетиме за смртта. –

„Смртта е дел од животот ама лошо е

тоа што се повеќе умираат млади и

луѓе во најдобрите години“, мудрувам

jaс.

Мажот потврдно климнува со

глава. Вели: -„Да, тоа е најлошото. И во

таа работа нема ред. Еден општ неред

на земјата ама и на небото“, умно

забележува сопатникот.

Таксистот не сака да се меша

во нашата дебата. Човекот си ја гледа

работата. Со патници нема муабет ако

патникот не инсистира на такво нешто.

Тоа е неговата филозофија.

Во еден миг во разговорот се

вклучува жената. Вели: вие двајцата не

сте во право. Во ред е што горе, кај

Господ Бог одат и млади. Можеби и

Господ има конфекции, па му треба

млада работна рака. Од каде тоа ние

знаеме што се случува горе“, мудро

заклучи жената.

Слегувам од таксито. Се

поздравувам со сопатниците. Попатно

размислувам: колку жената беше во

право. Не поради тоа дека и Господ

можеби имал конфекции па му требале

работници, туку поради фактот дека

секој наш муабет започнува и

завршува со конфекциите. Некои

муабети се за добро, некои за лошо,

ама ги има.

Ако го повикаме на помош

искуството на холивудските ѕвезди

тогаш само ќе констатираме дека тоа

што се зборува за конфекциите, е

најдобар знак дека тие ни се

најважната алка во нашиот економски

и социјален живот. Холивудските

ѕвезди имаат изрека: „Нека за мене се

раскажува па макар и добро“.

Лошо е кога ќе те заборават.

Очигледно е дека ние темелот на

нашиот социјален опстој не го

забораваме. Дури и кога говориме за

смртта.

(и.б.)

Белешка

Штому

треба на

Господ?

Градоначалникот Алексов говори на промоцијата

Дел од присутните

Page 3: Stipski Glas 38

Колега Бојаџиски, предедна недела јадобивте едногласната

поддршка на новинаритеод истокот за новкоординатор наРегионалниот актив нановинари во рамките наЗдружението на новинарина Македонија. Што бешетоа што одново ја поттикнавашата желба да застанетена чело на организацијата?

-Кога летово, воКочани, на претпоследниотсобир на новинарите одрегионот видов самоседуммина присутни силноми се стегна моетоновинарско срце. Помислив:Боже мој, зарем дотука јадотеравме работата? Одпедесетина новинари имедиумски работнициво регионот самоседуммина дапокажат интерес засопственитепрофесионалниинтереси и потреби?Во тој мигпочувствував декакако новинар кој 40години е во организацијата иво неа вршел високифункции, имам пред семорална обврска посериознода се ангажирам во рамкитена нашето професионалноздружение. Јас сумнепоправлив оптимист декановинарската сила но ииднина на новинарите иостанатите медиумскиработници е само воздруженото семејство наЗНМ.

На што тоа упатувапоследното изборнособрание на кое дојдоа, занаши услови импозантенброј од 22 новинари?

-Упатува на фактотдека надежта сепак не езагубена. Дека новинаритеможат да се здружат когатакво нешто им енајпотребно. На Изборнотособрание се покажа дека, ипокрај евидентната неслога ираскараност на медиум сомедиум, новинар со новинар,сепак основните елементи назаедничкото делување ворамките на ЗНМ се уште сена позиција која е многуветувачка. Во таа смисламојата одговорност заединство во рамките напрофесијата ја сметам за

најголема иако ништо не сепостигнува без активнапартиципација на поголемиотдел од новинарите и другитемедиумски работници. Големоптимист ме прави фактотдека избраните вокоординативното тело но исите присутни на изборнотособрание беа сосема јаснидека ќе работат наисполнувањето на таапотреба.

На што треба, воиднина да се насочиРегионалниот актив,неговото раководство па исите новинари – членовина активот и на ЗНМ?

-Пред нас стоиголемо поле за работа.Избран сум на оваа позицијана основа на програмата којаја понудив пред колегите акоја беше прифатена од ситеприсутни. Прва задача накоординативното тело е да се

преброиме. Давидиме колкумедиуми има ворегионот, во каквиоколности работаттие, колку новинарии други медиумскиработници работатво нив, каков енивниот статус.Потоа: да сеизбориме за поголемброј новинари однашиот актив дабидат во органите ителата на ЗНМ. Ќе гиобновиме средбитесо новинарите одБлагоевград,Бугарија, со активотод Битола (западенрегион) и со град одСрбија, најверојатно

Јагодина, каде има развиениопштински медиумскисистеми. Со сите нив ќеразменуваме искуства, ќеорганизираме прекуграничнидебати за положбата напрофесијата кај нас, кај нив иво овој дел на Балканот. На„домашен терен“ ќеорганизираме трибини одзначење за сегашноста ииднината на медиумите иновинарите. Јас секогаштргнувам од фактот дека ние

не сме си потребни сами насебе туку им требаме награѓаните заради навременои правилно нивноинформирање.

Забележителнобеше дека на Изборнотособрание од Штип, кој важиза развиен медиумскицентар, присуствуваа самопетмина новинари. Каковие го оценувате овојфакт?

-Јавноста треба дазнае дека во Здружението нановинари на Македонија севлегува преку Регионалниотактив. Членувањето еиндивидуален акт, желба,потреба а не колективен чинна било кој медиум. Иакосите новинари беа

информирани поголемдел од штипската„седма сила“ не најдеза потребно да дојдена Изборнотособрание. Мојапроценка е дека некоиимале објективнапричина за тоа, другизаборавиле на

настанот а трети, едноставноне сакаат да членуваат воЗНМ. Се ова е легитимноправо но јас и по овапрашање сум оптимист, декаеден ден сите работи ќе си„легнат“ и Штип, и во еднаваква смисла, ќе сепретставува како регионалнамедиумска големина.

Тони Михаилов

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 38 3РАЗГОВОР

Само преку својата организација новинарите ќе ги остварат своите цели

Иван БОЈАЏИСКИ

координатор на Регионалниот актив на новинари

НА ИЗБОРНОТОСОБРАНИЕ ИМАШЕ 22НОВИНАРИ. ТОА ЕМНОГУ ОХРАБРУВАЧКИ

ЌЕ ИМАМЕ РАЗМЕНА НАПОСЕТИ СОБЛАГОЕВГРАД,ЈАГОДИНА И БИТОЛА

МНОГУ ШТИПСКИНОВИНАРИ НЕ БЕА НАСОБРАНИЕТО АМА ЈАССУМ ОПТИМИСТ

Транспаренси ИнтернешнлМакедонија, која е дел одинтернационалната

организација создадена за борбапротив корупцијата на сите нивоа, икоја дава бесплатна правна помош во44 држави во светот, деновивеотвори центар и во Штип.Канцелариите на организацијата вобившата управна зграда на „Чатал“.По повод овој настан беше одржана

прес конференција на која зазначењето на центарот зборувааСлаѓана Тасева, претседател наТранспаренси ИнтернешнлМакедонија и Мариет Шурман,амбасадорка на КралствотоХоландија во Република Македонијасо чија финансиска поддршка еотворена канцеларијата во нашиотград.

-Центарот има за цел да импомага на граѓаните во надминувањена проблемите со корупцијата одсекојдневниот живот, а кои сеповрзани со работа на институциите.Тоа значи дека граѓаните во овојцентар ќе бидат насочувани конправилно водење на постапките и даконтактираат со властите во насокана изнаоѓање на решение против

корупцијата. Правната помош којаграѓаните ќе ја добиваат во овојцентар е бесплатна, посочи Тасева.

За амбасадорката Шурманкорупцијата е злоупотреба на моќтакоја силно ги повредува луѓето.

-Потребно е ефикаснотретирање на корупцијата бидејќитаа ги зголемува трошоците надржавата и економски им ги

ускратува правата на граѓаните коиим следуваат. Корупцијатапродолжува да биде голем предизвикза сите влади и за борбата противнеа не се доволни само законите.Има потреба од активно вклучувањена граѓаните оти на крајот сите јаплаќаме сметката, нагласиамбасадорката на КралствотоХоландија.

Транспаренси Македонија отвори центар и во Штип

*Корупцијата езлоупотребување надоверената моќ таасекојдневно ги повредуваобичните луѓе

Амбасадорката Шерман (средина), С.Тасева (десно)

Page 4: Stipski Glas 38

Г-дин Мицевски зоштоВашата партија сеуште тактизира со

објавувањето накандидатите заградоначалници, меѓу коии во Штип?Не се работи за тактизирање,тука за принципиеленпартиски став. Сопромовирање накандидатите, сакале или не,вие влегувате во политичкакампања. Наше мислење инаш став е дека се уште ерано да ги оптоварувамеграѓаните со политичкикампањи. Времето доизборите сакаме да гоискористиме задозавршување на ситезацртани проекти, зашто намни се важни делата, а незборовите, бидејќи зборовитесе само ветување а делатасе исполнување на ветенотои се поважни од секој збор.ВМРО ДПМНЕ е на власт вооколу седумдесет процентиод општините воР.Македонија и нашатаполитичка одговорност е даго сработиме она што напредходните избори сме говетиле. Сегашните градоначалнициќе имаат можност да имдадат јавен очет на граѓанитеза сработеното. Врз основана тие отчети, односно врзоснова на сработеното, ќе сеобидеме најнапред да јапотврдиме сериозноста наВМРО ДПМНЕ какополитичката партија којаветува и остварува и на којанародот, според сите анкетинајмногу и верува, па дурипотоа ќе можеме предјавноста да ги промовираменашите локални политичкипрограми.Штип е град на високаполитика но и на еден видшпекулативенуниверзитет. Па во оваа,втората смисла сепочесто се говори занекакви нарушени односипомеѓу Вас иградоначалникот ЗоранАлексов кои биле продуктна фактот дека идвајцата сте се јавиле напартискиот конкурс заградоначалник. Како, поова прашање, стојатработите? И каде воцелата оваа приказна етретиот кандидат АнгелБојаџиев? Во сериозна и транспарентнапартија како што е ВМРО

ДПМНЕ простор завнатрепартиско ривалствонема. Тоа најдобро гопотврдува фактот декакандидатите се избираатпреку конкурси, што значидека за тоа дознава целатамакедонска јавност. Фактотшто на нив се јавија сериознии одговорни луѓе, секој сосвоја лична визија за развојна општината, само гопотврдува ВМРО ДПМНЕкако политичка партија којадава можност на секојпоединец да ги покаже идокаже своите вистинскивредности. Сите тројца вомоментов сме фокусирани наподготовка на Општинскиоткомитет за престојнитеизбори, независно кој ќе бидеидниот кандидат заградоначалник на општинаШтип, зашто на сите пред се’ни е важна победата нанашата партија.Гледано од аспект надиректор на ЈП кој ереализатор на поголем делод активностите наОпштината, јас и

градоначалникот сме восекојдневни непосредниконтакти и заеднички гипланираме и реализирамепоголемиот дел одактивностите. Оваасоработка граѓаните јагледаат секојдневно на терени тоа е најголемиот одговорна Вашето прашање. Ние сметим од соработници ипријатели, ривалитет непостои а постои самоодговорност кон функциитекои ги обавуваме.Лично мислам дека ЈП Исаре еден вид чистилиште,некаков приемен испит заповисока функција какошто е градоначалничката.Колку време сте директорна „Исар“ и како јаоценувате вашатауспешност? Ценам декасте свесни оти имате иприврзаници и

противници на она што гоработите и она што госработивте.Па, јас тоа не го дефинирамкако приемен испит, туку какосериозен тест за личниот ипрофесионален капацитет насекој поединец. Станува зборза одговорност да сераководи со претпријатие одчие функционирање зависинормалниот живот во градот,што само по себа бара многупосветеност, одговорност иенергија. Да конкретизирам -ЈП “Исар“ е всушност живототна градот. Да се биде нарасполагање на граѓаните 24часа за основните животнипотреби, снабдување совода, изнесување на смет,одржување на сите зелениповршини , пазарот ,бањата ,градските стадиони и друговоопшто не е лесна задача. Ако сакате да ги решитепроблемите на граѓаните Виемора истите и да ги

познавате и, што е најважно,барем за мене, да не гиселектирате на помали ипоголеми. Сметам дека секојпроблем е решлив самопонекогаш тоа е прашање навреме и се разбира и нафинансиските можности.Е сега да одговорамдиректно на Вашетопрашање. Се согласувамдека искуството минато начело на едно ваквопретпријатие му дава начовек еден вид предност.Прво, затоа што речиси ситекомунални проблеми кои сево надлежност наградоначалникот сереализираат преку јавнитепретпријатија, да не речамдека секој кој бил директорво јавно претпријатие знаекако да го најде најкраткиотпат за решавање на еденпроблем од комуналната

сфера. Добро, не баш секој,зашто ЈП „Исар“ памети идиректори кои го наоѓаленајкраткиот пат за решавањена личните, а не напотребите на граѓанитеДали Штип, во моментов,го оправдува епитетотрегионален центар восекоја смисла? Има ли наова поле нешто штотреба да се подобрува, дасе унапредува, нешто накое треба под итно да сепоработи? На пример:хигиената, состојбата наулиците, состојбата соградско зеленило, градотнема парк, по улицитенемаме простор за лица сотелесен хендикеп...На Штип му недостигаатмногу работи, но корените за“бавниот“ урбан развој сеодамна фатени. Најголемпроблем за градот вомоментов се старитеурабнистичките планови. Заосум години додека СДСMраководеше со градот нитусе извршија некои поголемипромени во поглед насообраќајот, освен што воцентарот на градот се воведееднонасочен сообраќај, нитусе реши проблемот сопаркинг простор, а што еуште полошо не се направијадобри урбанистички плановии градот се доведе восостојба на „гушење“. Во последниве три годиниградоначалникот се обидувада интервенира со измени наурбанистичките плановисекаде каде тоа е можно.Граѓаните ни денес сесведоци на многу изменетисообраќајници, следственона тоа и нови зелениповршини, детски игралиштаи друго, но сепак задолгорочно решение на овиепроблеми најважно од е да сеработи стратешки наурбанистичките планови.ЈП „Исар“ своите активностиги планира во согласност соурбанистичките планови иформирањето на новипаркови површини е во теснаврска со нив. За да сенаправи нов парк, новазелена површина, тримпатека или велосипедскапатека, нејзината наменамора да биде дефинирана воурбанистичкиот план. Оваагодина ЈП „Исар“ посветни

многу внимание на оваапроблематика но не воградското подрачје, туку воприградските населби ТриЧешми, Македонка,Чардаклија, Караорман кадепостави нова урбана опрема,детски игралишта и тревниповршини, нешто што досегана овие локации не бешенаправено, иако потреба затакво нешто постоела одпоодамна. Уредувањето наградското подрачје ќе бидеактивност во текот на иднатагодина, односно позавршувањето на проектот зауредување на коритото наОтиња. Многу локални власти јаотфрлат одговорностаза економскиот развој соукажување дека тоа не ево делокругот на нивнитеобврски согласно Законотза локална самоуправа. Које вашиот став во односна можностите еденградоначалник кој ја добилдовербата на граѓанитеда може да делува и наполето на локалнатаекономија?Не би го дефиниралпрашањето како што вие гопоставувате „да делува наполето на локалнатаекономијата“…Туку како Вие би годефинирале тоапрашање?Како прашањеградоначалникот и локалнатавласт да креираат услови заекономски развој наопштината. Тоа значи декасоздавањето на позитивнаклима за привлекување наинвеститори е содржина наактивности на националнитеинституции и на локалнатавласт. Ако државата, вомоментов, со големинтензитет работи науредување на ТИРЗ, овделокалната власт има обврскида врши промоција и дапривлекува инвеститори. Вонаредните неколку години составање во функција наТехнолошката индустрискаразвојна зона (ТИРЗ) која сепланира официјално да бидепуштена во употреба вопочетокот на идната година,мислам дека во Штип ќе имапоголем прогрес и на оваполе. Од голема важност заафирмацијата на градот какодобар избор заинвеститорите секако дека еи соработката соУниверзитетот „Гоце Делчев“кој може и треба активно дабиде вклучен во локалниотекономски развој прекупринципот на поврзување наакадемските истражувачкиинституции со стопанството.За привлекување наинвестиции за обновливиизвори на енергија за што воШтип постојат одличниуслови за инвестирање,потребно е да се изработи

На збор ветуваме, со дела остваруваме

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 384 INTERVJU

ИНТЕРВЈУ: НИКОЛА МИЦЕВСКИ, ПРЕДСЕДАТЕЛ НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ И ДИРЕКТОР НА ЈП „ИСАР“

СПРЕМНИ СМЕ ЗА ДЕБАТА

“Кој и да биде кандидат за

градоначалник од ВМРО –

ДПМНЕ ќе излезе на дебата.

Дебатата ја сметаме за добра

можност граѓаните да можат да

осознаат кој е за реални и

стратешки проекти од значење

за градот а кој само сее магла

Page 5: Stipski Glas 38

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 38 5POLITIKA

техничка планскадокументација за градба навакви објекти. Од инфраструктурен аспектод голема важност заинвеститорите е поврзувањена Штип на гасоводот наРепублика Македонијабидејќи секој поголеминдустриски капацитет барашто е можно поевтиненергенс.И во Штип имаме гладеннарод, луѓе на кои им епотребен барем едентопол оброк дневно.Многу поранешни градскиводства, брегалничкатаепархија, говореле дека ќеотворат народна кујна зада се нахранат гладните,но до овој миг таквонешто не видовме. Каков евашиот став по овапрашање?Првиот чекор на ова полеВладата на ВМРО ДПМНЕ гонаправи со обезбедување наеден топол оброк запримателите на социјалнапарична помош и оваа мерказасега се покажа како достаефикасна. Се разбира не сеработи за класична народнакујна, но сепак е помош занајсиромашните. Отворањетона народна кујна на локалнониво е прашање кое зависипред се од расположбата награѓаните и фирмита дадонираат, зашто кујната можеда се одржи само на тојначин. Се разбира и сопомош на странски донации,но тие се со ограничен рок.Сепак, за мене лично е многуповажно овие луѓе, серазбира оние кои сеработоспособни, да се ставатво функција, односно да сесоздадат услови за нивновработување со посебнипрограми. Во моментов еднатаква мерка ЈП „Исар“спроведува со нашатавлада. Имено во ЈП „Исар“работно се ангажиранипедесет лица приматели насоцијална парична помошили паричен надоместок одЗаводот за вработување.Вклучувањето на овие групиво институционалниот системе многу важно не само задржавата, туку и за нив личнобидејќи им се дава можностда ги афирмираат своитевредности. Проектите наВладата на ВМРО ДПМНЕ задообука и преквалификацијасе исто така една големаможност за оваа категоријана граѓани.СДСМ одамна го објависвојот кандидат. ЗдравкоКоцев во ТВ интервју веповика Вас,градоначалникот Алексови Бојаџиев, во еден пакет,да му седнете на мегданна еден ТВ дуел. Кој евашиот одговор наотворената покана накандидатот на СДСМ?Ваквите “херојски лидерства”на граѓаните на Штип им седобро познати и одпретходните локални избори.Штипјани таквата реторика

јасно ја препознаа и одличноја проценија. Мое личномислење е дека штипјаниимаат развиено чувство заполитика и знаат дапрепознаат што е “сеењеветер и маглa” а што сереални, издржани иреализирани ветувања.Ако Вие бидете кандидатза градоначалник од ВМРОДПМНЕ дали степодготвени на ТВ дуел соКоцев? Ако сте зоштотоа го сметате запотребно, ако не зоштовашиот одговор би билнегативен?Не само јас, туку било кој одкандидатите на ВМРОДПМНЕ кој ќе биденоминиран за градоначалнике подготвен за јавна дебата,за јавно соочување напрограмите за еденпопросперитетен Шип.Реализираните активности воизминативе четири години нидават за право да побарамевтор мандат од граѓаните, нои цврсто да веруваме вопобеда. Во тој контекстјавната дебата ќе бидекорисна граѓаните дапроценат две опции: онааопција која значи неиздржанои неекономско вреднување,“ад хок” предизборноветување од една страна, и,од друга, она што сестратешки планирани иреално остварливи проективо интерес на градотпонудени од наша страна.Ја следевмепретседателскатакампања во Америка.Цивилизирана,

демократска, свртена кониднината, одговорна кондржавата инародот...Можеме ли иние, во нашиот Штип еднатаква кампања? Кои севашите очекувања во оваанасока – коректна ицивилизирана или валканаи примитивна кампања?ВМРО ДПМНЕ како партијана власт е одговорна започитување и спроведувањена уставот и законитоста. Вотаа насока нашата партијаима јасен став за кампањата.За нас тоа ќе биде отчетпред граѓаните засработеното и визија заразвојот на градот занаредните четири години. Но,од досегашните изјави предмедиумите на опозицискиоткандидат ми даваат за право

да констатирам декацивилизираната кампања енегова слаба страна. Можебитоа е резултат на недостиготна идеи кое се обидува да гокомпензира со реторика којане е својствена за нивото ивокабуларот на ВМРОДПМНЕ. Јас можам дагарантирам само заоднесувањето на ВМРОДПМНЕ и за него тврдамдека ќе бида одмерено идостоинствено, онака какошто доликува на партија којасамо во Штип има над 7.500декларирани поддржувачи.Вие сте од владејачкатапартија и мора да стесвесен дека луѓето,младите посебно, сакаатда се со победниците. Вотаа смисла ценам декапостојано се зголемувабројот на членови напартијата која во еденмомент е на власт. ШтоВам лично ви говори тоа?Дали е тоа реален став намладата популација илисамо начин прекупартијата да се решатнекои лични, пред сеегзистенцијални проблемии потреби?Младите се носители нанапредните идеи, и нормалное што сакаат да бидат онамукаде што им се нуди можностза реализација на тие цели.Факт е дека меѓу нив има итакви кои преку партискиотангажман бараат начини зарешавање на еден однајгорливите проблеми, какошто е вработувањето. Сепак,сметам дека ВМРО ДПМНЕдокажа дека вработувањето

не го решава преку партискиангажман, туку прекусоздавање можности заедукација, вработување исамовработување. Владатана ВМРО ДПМНЕ во погледна креирање на политикитеза млади направи големисчекор. Се отворија новиуниверзитети, се изнаоѓаатмодели за мотивација намладите за континуиранаедукација, стипендирање,програми за размена настуденти, инволвирање вопроизводните процеси прекустудентски пракси. Сето тоапридонесе државата да гиотвори вратите завработување на многу младилуѓе, денес многу од младитесе на високи одговорнифункции во државата. Овојконцепт се покажа како многу

успшен. Честопати за тоасме и критикувани но за насмладите се во центарот навниманието, на нив, нели,останува светот. Овој исчекормислам дека младите гопрепознаа и го оценија какодобра политика и можеби тоае причината за нивнатаголема подршка на нашатаполитика. Наспроти тоа од другатастрана имате истрошенитранзициски лидери и кадрикои и покрај 20 годишнотоопстојување на политичкатасцена, ниту имаат понудено,ниту пак нудат некојконкретни мерки за младите.Младите тоа го препознаваати сигурен сум дека истото ике го казнат како и многупатидосега. Што направивте значајноза Штип како директор наЈП Исар? Во градот иматеи критичари но и оние коиги фалат вашитеостварувања. За себе знам, а тоа и јавно госоопштувам, дека целовреме работам максималнопосветено и одговорно,извршувајќи една однајзначајните а во исто времеи најсложени јавни функцииво градот и општината.Ценам дека резултатите одтаа работа се гледаат. Тоа сегледа во фактот деканормално функционираводоснабдувањето,редовното собирањето насметот, новите зелениповршини во градот и слично.Тоа е она кое граѓаните гогледаат и го чувствуваат. Но,има и работи кои се надвород видното поле на граѓанитеа за кое ценам дека јавностамора да го знае. Ја користамприликата за тие невидливиа важни нешта да проговорампреку страниците на ШтипскиГлас бидејќи истите се одисклучително значење занормалното функционирањена градот. Имено, претходнотораководство во ЈП „Исар“трошеше средства од кредит,а на ова власт и ја оставиобврската кредитот да говраќа. Исто е и со каматитекон ЕВН кои ние успеваме даги враќаме, а при тоа иредовно да ги плаќаметековните сметки за струја.Ќе ги потсетам граѓаните наШтип на случај од пред петгодини кога, сред лето ЈП„Исар“ беше во опасност одисклучување на струјата, штоби значело и стопирање наработат на пумпите воФилтер станицата. Во текотна нашето раководење сојавното претпријатие ниеградот никогаш не годоведовме во таква опасност.Кога дојдов на чело на „Исар“се соочив со големи долговии празна каса. (Имајќи јапредвид финансискатасостојба на ЈП кога дојдов наоваа функција,) Обврските најавното претпријатие беатакви што не ми дозволуваанекои поголеми капитални

инвестиции кои ќе сефинансираат од буџетот напретпријатието. Но, работитеполека си доаѓаат на своетоместо, нашите обврски сенамалуваат, започнавме даработиме рентабилно, преднеколку месеци набавивменова градежна машина(ровокопач) која ќе ниовозможи многу поголемаефиканост во работењето. Една од позначајнитеактивности за мене е што ќеуспееме трајно да го решимепроблемот соводоснабдување на градШтип со вода одхидроситемот „Злетовица“.Имено, во моментовинтензивно се работи нареконструкција на филтерстаницата за прием ипреработка на вода одхидросистемот. Изградбатана дел од линија 2 заедно соТИРЗ (Индустриската зона)исто така е една одпозначајните активности заквалитетно водоснабдувањена градот. Извршивмереконструкција на градскиотстадион и денес тој е воодлична состојба.Нашите луѓе, младитепред се сакаат да се сопобедниците. Оттука:дали е точно тоа декабројот на членови наВМРО – ДПМНЕ воопштината е дуплираноткако партијата ја добидовербата на штипјани? Ишто тоа вам лично виговори?Во моментот сме во фаза напреажурирање начленството, постапка којасекоја сериозна партија гоправи на одреден временскипериод. ВМРО – ДПМНЕ какопартија која е на власт вопоголемиот број градови водржавата, ја смета оваапостапка како круцијалнаактивност во овој период. Јаслично, а и раководството напартијата сме задоволни одтоа што околу 95% од целоточленство во моментот епреажурирано и активно јадава својата подршка наполитиката и активнитемерки што раководството напартијата на чело сопремиерот г-дин НиколаГруевски, ги презема занадминување на состојбитешто го имаат зафатеноглобално стопанството иекономијата во целиот свет.За мене позначајно е тоа штоимаме нови подржувачи и тоапред се млади лица коимасовно се зачленуваат вонашата партија, и ми дава заправо да ги потврдам моитетези дека државата на челосо ВМРО – ДПМНЕ се движиво правилна насока конизлегување од проблемите исоздавање на нормалниуслови за живот на секојаиндивидуа, секое семејство ицелокупниот народ штоживее на ова исторископарче земја нареченоМакедонија.

И.Бојаџиски

СЛИКА

“Лидер на голема партија каква

што е ВМРО ДПМНЕ мора да си

го познава градот. Да е упатен

во неговите приоритети, да

знае како да се справи со

предизвиците, да одговори на

барањата на граѓаните

инспирирани од новото време и

новите потреби. Како директор

на ЈП „Исар“ имам целосна

слика за Штип и општината

Page 6: Stipski Glas 38

Граѓанска асоцијација од градотќе се проба на мартовскителокални избори. Таа нема да

промовира свој кандидат заградоначалник туку се задржувасамо на Општинскиот совет за којорган пројавува интерес. ТрајчеМитев, член на Претседателствотона оваа граѓанска асоцијација иодговорен за контакти со медиумитевели дека тие сега се во фаза наиспитување на пулсот на штипјаниво однос на нивната иницијатива.

-Идејата ни е на нареднителокални избори да излеземе предграѓаните на општина Штип сонезависна листа од 23 познати,креативни и инвентивни нашисограѓани. На Штип ќе му понудимеквалитет и посветеност зареализација на врвните приоритетии потреби на граѓаните. Сакаме да горазбиеме овој политички шаблон одкој градот досега не виде ништодобро, ја појаснува Митевидејата на граѓанскатаасоцијација.

За да бидатсигурни дека штипјаниможат да прифатат и еднаваква опција, воасоцијацијата, согласносвоите програмскиактивности, веќе двамесеци вршат анкетирањена штипјани. Анкетата имасамо едно прашање:

„Дали би подржале граѓанска листана советници на локалните избори2013 година“?

-Мошне охрабрувачки е тоашто нашите сограѓани созадоволство одговараат напрашањето од анкетата. Вомесеците септември и октомври 60проценти од анкетиранитеодговорија со „Да“, односно дека име прифатлива една таква можност заполитички промени во локалниотпарламент, за 20 проценти вакватаможност не е прифатлива а 20проценти се изјаснија дека вомоментот немаат одговор во односна една ваква идеја. Анкетата ќетрае до крајот на годинава по штоние ќе донесеме конечен заклучокдали ќе одиме со своја независналиста на изборите во месец март,идната година“, вели Трајче Митев.

За оваа граѓанскаасоцијација прифатливо ќе биде даодат на избори само ако нивнатаиницијатива биде подржана однајмалку 70 проценти одполнолетните граѓани на Штип. Тоадолниот лимит за влез во изборнататрка.

-Ние сме полни со надеж иочекувања во однос наиницијативата личности кои си госакаат градот, кои умеат да носатквалитетни одлуки во негово име иза негово добро да добијат виза завлез во Општинскиот совет, оптимисте Трајче Митев, кого јавноста гопознава како активист наневладината организација „Пружиотпор“.

▐ Ќе одиме на избори самоако најмалку 70 проценти оданкетираните ни потврдат дека сеза тоа една граѓанска асоцијацијада настапи со независна листа заОпштинскиот совет.

ЛИМИТ

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 386 POLITIKA

Опозициската коалицијапредводена од СДСМ е прикрај со предизборнотоопипување на пулсот наштипјани. Политичкиотпроект кој оди под името „Одврата до врата“ предвидувасоцијалдемократите датропнат на вратите од ситеоколу 12.000 домаќинства воградот. Од партијата тврдатдека до овој моменттропнале на околу десетилјади врати.

-Насекаде наидовмена отворени врати. Луѓето низборуваа за проблемите сокои се соочуваат. Ни ги

кажуваа своите видувања затоа во каков град сакаат даживеат. Ние не поставувамепрашања за некаква високаполитика. Сакавме сонародот да разменимемислење за проблемите одсекојдневието. За сосотојбатана улиците по кои тие секојден се движат, за хигиената,осветлувањето. Но и занивната социјална положба,за тоа дали младите имаатперспектива. Исклучителносме задоволни од начинот накои штипјани ни ги отворијане само вратите од своитедомови туку и срцата, вели

Здравко Коцев, кандидатза градоначалник одопозициската коалиција.

Една таквапосета следевме и ние одШтипски глас. Со една одекипите на СДСМ беше иГордан Георгиев,потпретседател нанајголемата опозицискапартија. Штипјани говореа запотребата да се уредатнивните мали, тесни улички,да се зголеми нивото нахигиена во нивното маало,уличното осветлување дабиде подобро.

-Лично сумимпресиониран од високотониво на општа но и наполитичка култура наштипјани. Луѓето ни гиотвораа вратите без билокакви предрасуди. Не сеплашеа да говорат запроблемите со кои сесоочуваат. Наш став е декаовој источен регион езаборавен од државата, декаовие луѓе заслужуваат многу

подобар живот а градот многупоголема урбана уреденост.За такво нешто, за таковпресврт ние на граѓанитекако најдобра опција заградоначалник им го нудимеЗдравко Коцев. Тој е личносткој има капацитет да гоунапреди ликот на градот ида донесе многу свежина иубавина во Штип и воживотот на штипјани“, речеГеоргиев.

■ Луѓето не се стеснуваат да ни ги кажуваат проблемите,велат од опозицијата која го спроведува политичкиотпроект под името „Од врата до врата“

СДСМ тропна на 10.000 врати

Штип и со независна граѓанска листа за советници

На мартовскителокални избориштипјани ќе се

соочат и сонезависнатасоветничка листа чијносител ќе биде ОмерДемиров.Поранешниот боксер,застапник наинтересите на ромите,кој со сопругата Енисеја основааневладинатаорганизација „Черења“,во два поранешнимандати беше воСоветот на општината.Но, сака повторно да ево тоа друштво на

одбраните.-Да настапиме

на изборите сонезависна листа за чијносител тие побараада бидам јас. Какосоветник направивмногу за ромите,донесовме вода,изградивмерезервоари, горазвивавмеобразованието наромите, направивмемногу за нивнатаеманципација. Ценамдека има уште работикои се од животнозначење за жителитеод Радански пат кои

треба да гиреализираме. Лошо етоа што сега одромската заедницанема во Општинскиотсовет, ни речеДемиров.

Тој е со ставдека 250 потписи за даможат да се тркаат наовие избори ќеобезбедат во самоеден ден и цени декаод нивната листанајмалку двајца ќе сенајдат во новиотсостав на локалниотпарламент.

Омер Демиров се враќа

во Советот на општината?▌Соседите, пријателите од ромското маало побараа одмене да направиме независна советничкалиста...Одиме независно на изборите, порачуваДемиров

Page 7: Stipski Glas 38

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 38 7OBRAZOVANIE

Русија, Украина,

Молдавија, Литванија,

Чешка, Белорусија,

Полска, Грузија, Македонија и

Германија се основачи на

Светската асоцијација на

Педагошки факултети. Од

нашата држава во одбраното

друштво е универзитетот

„Гоце Делчев“ а нашата

држава е примена по своето

уставно име. Всушност,

членови на асоцијацијата во

име на УГД се ректорот д-р

Саша Митрев по функција) и

проректорот за развој д-р

Кирил Барбареев.

-Суштината на оваа

асоцијација е факултетите за

образовни науки да влезат во

единствена мрежа во која ќе

остваруваат продлабочена,

долгорочна соработка на

Педагошките факултети.

Суштината

потекна од идејата

да се даде

поголем

интензитет на

соработката Исток

– Запад бидејќи

барањето на

новото време е

постоење на

единствена институција на

педагошки факултети, вели

проректорот за развој д-р

Кирил Барбареев.

Генерална цел на

оваа светска асоцијација е

образовниот систем да

продуцира учители за ново

време.

-Тоа е стратешката

цел на ова наше здружување.

Но, сакам да укажам на

фактот дека е направено и

списание „Европско

педагошко студио“ во кое

сите земји кои се здружени

на доброволен принцип ќе

објавуваат научни и стручни

трудови. Во редакцијата на

ова списание кое се печати

на англиски и на руски јазик

се и професори од УГД. Во

рамките на здружението

донесен е и Педагошки устав

на Европа а меѓу целите е и

создавање на заеднички

додипломски и постипломски

студии што се заедно води

кон остварување на

генералната цел на

Педагошките факултети да се

создаваат учители за новото

време, за новиот милениум,

вели проректорот Барбареев

кој беше учесник на првото и

на втората асоцијација на

организацијата.

Закажан е разговор

со претседателот на

Европскиот парламент за

прифаќање на Педагошкиот

устав во европскиот дом.

Проректорот Барбареев

укажува дека за своја ја

чувствува обврската и

другите Педагошки

факултети од Република

Македонија да станат членки

на оваа светска асоцијација.

Овој процес широко ги отвора

вратите за размена на

професори и студенти, за

размена на искуства и

дискусии на теми врзани за

оваа образовна

проблематика.

*Универзитетот „Гоце Делчев“стана член на Светскатаасоцијација на Педагошкифакултети. Која е придобивкатаод тој чин дознаваме одразговорот со проректорот заразвој д-р Кирил Барбареев.

Педагошките факултети ќе образуваат учителиза новото време

Една, за градот мошне значајна вест,

помина речиси незабележително.

Нашата гимназија „Славчо

Стојменски“, на државната матура во

јунската испитна сесија, се најде на

деветтото место меѓу 95 средни

училишта во државата. Со просечна

оценка од 3,82, оваа образовна

институција е најуспешното средно

училиште во Југоисточниот дел на

Македонија, или од левата страна на

реката Вардар наваму.

Од другите наши средни училишта

СОУ „Јане Сандански“, или

медицинското училиште, е на 52

место со просек 2,88, трето по успех

е СОУ „Коле Нехтенин“ со просек од

2,73, четврто е музичкото

училиште„Сергеј Михајлов“ со

просек од 2,55 а последно

текстилното училиште „Димитар

Мирашчиев“ со просек од 2,00.

Државната матура се

полагаше во месец јуни, годинава.

Целиот процес се одвиваше под

контрола на државни службеници

при Министерството за образование.

-Оценката четири која ја

добивме во 2010 година во процесот

на интегрална евалуација до овој

момент ја нема добиено ниту едно

друго средните училиште во градот.

Државната матура само го потврди

континуитетот на успешната и

квалитетна работа на нашето

училиште, вели директорот Ристе

Петковски.

Кон овој успех на штипската

гимназија придонесуваат повеќе

елементи. На прво место е

квалитетот на завршените основци

бидејќи најголем дел од децата кои

биле одлични во основното

образование школувањето го

продолжуваат во гимназијата.

Вториот елемент е во одличната

организација на работата во

училиштето во кое се знае кој и што

работи а редот и дисциплината се на

највисоко ниво. Третиот елемент е

содржан во квалитетот на

наставничкиот кадар што е од битно

значење за општиот успех.

Од источниот регион, после

нашата гимназија, според

покажаните резултати на државната

матура, следува гимназијата во

Берово која е на 13 место со просек

од 3,73, СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница

е на 18 место со просек од 3.55 а

единственото средно училиште

„Наум Наумовски – Борче“ од

Пробиштип е едно место подолу со

просек од 3,51.

Иако од летната државна

матура поминаа повеќе од три

месеци сметаме дека овој успех од

историјата на средното образование

во градот треба да се запише заради

информирање на јавноста но и

заради нашата севкупна историја.

ОБРАЗОВАНИЕ Нашата Гимназија деветта меѓу 95 средни училишта во државата▌Со просек од 3,82

гимназијата “СлавчоСтојменски“ енајуспешното средноучилиште воопштините лево одреката Вардар

Успех: Гимназијата и директоротПетковски

Членови на Светската асоцијација на Педагошки факултети - Барбареев (прв ред, прв од десно)

Page 8: Stipski Glas 38

ГОСТИ НА ШТИП [tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 388

Минатиот месец во

нашиот град

боравеше Јуриј

Сараев, член на Руската

академија на природни науки,

доктор по атомска енергија,

човек кој беше на чело на

експертската екипа која го

спасуваше Чернобил по

нуклеарната катастрофа во

1986 година. САРАЕВ кој е и

потпретседател Руската

организација за атомска

енергија која обединува

15.000 членови помина три

дена во Штип. Со сопругата

Лариса Горчакова беа

сместени во хотел

ресторанот „Ваго“. Престојот

на светски познатиот научник

во сферата на атомската

енергија во нашиот град го

искористивме за интервју на

оваа исклучително значајна

тема за човештвото.

Г-дин Сараев, кој еВашиот професионаленпат во светот наатомската енергија?

-Во Томск во Сибир,

во 1964 година, дипломирав

на институтот за атомска

физика. Во мојот

професионален век сум

работел на многу атомски

централи во Русија но и

надвор од неа. Почнав во

првата руска атомска

централа „Белојарска“

лоцирана 60 километри од

Свердловск. Таму останав

десет години, прво како млад

специјалист а потоа и како

инженер на управување со

реакторите за да завршам

како началник на централата.

Потоа патот ме одведе во

Смоленск, каде бев именуван

за главен инженер на

централата во изградба.

Откако проектот успешно го

завршивме бев назначен за

директор на истата. По налог

на власта, во 1988 година,

заминав за Унгарија каде,

недалеку од Будимпешта,

работев како раководител од

Советска страна на

изградбата на атомската

централа Пакш. За оваа

централа Унгарија доби

кредит од тогашниот СССР

па нам ни падна задачата да

ја изградиме истата. Оваа

атомска централа се уште

работи и е една од

најдобрите во светот. Потоа

бев назначен за раководител

на Руската атомска централа

на Куба каде бев директор во

процесот на нејзината

изградба. Но, настана

Перестројката по што ние

моравме да ја напуштиме

Куба без да го завршиме

проектот. Од 1992 година

живеам и работам во Москва

и сум еден од

раководителите на

организацијата на ветерани –

атомски енегетичари на

Руската федерација. Бев и

директор на Чернобил откако

на оваа централа се случи

хаваријата.

Би сакале од Вас личнода слушнеме коментарза иднината наатомската енергија вопроизводството наструја. Во светот имаразлични мислења вооднос на ова прашањепри што посебнаактивност пројавуваатекологистите кои овојвид енергија госметаат за најопасенпо човештвото.

-Во светот постојат

два погледи во оваа смисла.

Еден позитивен друг

негативен. Мој став како

експерт по атомска

енергија,а тоа е став и на

целата експертска јавност, е

дека атомската енергија

останува незаменлива и на

неа светот ќе се потпира во

иднине најмалку 50 години.

Зошто го тврдам ова? Прво,

затоа што неатомските

централи работат на

јаглеродни горива – гас,

јаглен, органски материи –

чии резерви во светот се

ограничени. Треба да се знае

и тоа дека еколошката

безбедност на атомските

централи е на далеку

повисоко ниво од централите

на органски горива. Цената е

третиот елемент во прилог на

атомската енергија бидејќи

таа е многукатно пониска. И

четврто, светот уште

најмалку половина век нема

да може без атомските

централи.

Може ли, во оваа насока,да добиеме некоиспоредбени податоци?

-Како да не. За

работа на атомска централа

од типот на Чернобил со три

реактори на атомски погон,

за непречена работа во

период од две години,

потребни се два вагони

прачки од уран. Со ова

гориво централата ќе

произведува три милиони

киловати што е енергија

доволна да обезбеди три

градови од големината на

Москва, односно близу 40

милиони жители. За истото

производство на струја во

истиот временски период

неопходни се 900 вагони

јаглен дневно, односно два

милиони тони нафта за тие

две години. И на лаиците им

е јасно дека јагленот и

нафтата, во такви огромни

количини, се неспоредливо

поголеми загадувачи на

животна средина од

атомската енергија. Настрана

фактот дека ресурсите на

јаглен и нафта се ограничени

што не е случај и со

атомската енергија.

Сепак светот го имашесвојот Чернобил апотоа и Фукушима. Двеголеми хаварии наатомски централи соголем контаминиранпростор и со многужртви?

-Чернобилската

катастрофа беше во 1986

година кога експлодира еден

од вкупно четирите реактори.

Тогаш бев во Будимпешта и

од Владата на СССР добив

итен повик да се вратам во

Москва бидејќи ме беа

назначија за директор на

Чернобил. Пред мене беше

една исклучително голема

одговорност, оштетениот

реактор да го ставиме во

безбедносен бетонски

саркофаг. На решавање на

проблемот во станицата се

променија над 300.000 лица

од разни профили. На

саркофагот потрошивме

250.000 кубика бетон. По

хаваријата цели три години

останатите три блока

работеа. Ние како експерти

бевме со став дека Чернобил

треба да продолжи да работи

со своите три реактори, секој

со моќност од по еден

милион киловати електрична

енергија, но Украинската

влада донесе одлука

централата да ја затвори. И

денес сметам дека тоа е

политичко решение кое не

почива на било каква стручна

експертиза, дека Чернобил и

денес со трите реактори кои

беа во добра состојба ако

работеше со струја ќе беа

обезбедувани три града од

големината на Москва. Во

контекст на прашањата само

можам да одговорам дека

ниту една работа на светот

не е со стопроцентна

безбедност, тоа е случај и со

атомските централи, но

секогаш централно останува

прашањето што добиваме а

што губиме од едното или од

другото решение.

Како стои РускатаФедерација во однос накористењето наатомската енергија?

-Мојата држава има

изграден однос кон овој вид

енергија. За тоа говори

фактот дека ние имаме Руска

организација за атомска

енергија во која членуваат

над 15.000 лица.

Раководството кое е

професионално, се

состанува на секои три

месеци при што дебатираме

за сите аспекти во однос на

овој вид енергија. Наш

партнер е државата и ние ги

разгледуваме различните

проблеми. Претседател на

организацијата е генералниот

директор на РАС, атомски

енергетски конзорциум на

Русија, во чија надлежност е

работата на сите десет

атомски централи во земјата,

а јас сум прв потпретседател.

Нашиот глас се слуша,

власта ги почитува нашите

експертски ставови. Резултат

на тоа е интензивната

изградба на атомски

централи низ цела Русија со

вкупно 15 енергетски блока

секој од по еден милион

киловати. По наши, руски

проекти атомски централи се

градат во Кина, Иран,

Белорусија, Индија и сега во

Европа а тоа е централата

Белене во вам соседната

Бугарија. Денес Русија, во

својот европски дел, 25

проценти од потребите за

електрична енергија ги

обезбедува од атомските

централи, додека цела Русија

задоволува 14 проценти од

своите енергетски потреби од

овој вид енергија. Ние

оценивме дека е тоа малку и

затоа упорно работиме на

изградба на новите блокови.

Пред две години јаформиравте иМеѓународнатаорганизација наветерани атомскиенергетичари. Која ецелта наорганизацијата?

-Наша главна цел е

да ја промовираме атомската

енергија меѓу населението.

Таа да не биде нешто со кое

ќе се застрашуваат

граѓаните. Цел ни е што

поголем број луѓе да ја

сфатат нејзината вредност,

предностите кои овој вид

енергија ги има во однос на

сите други видови енергија.

Во организацијата веќе

имаме членови од десет

држави, Русија, Унгарија,

Бугарија, Словачка, Финска,

Украина, Ерменија и други.

Како експерти, во рамките на

организацијата си

поставивме задача да ја

пропагирама атомската

енергија насекаде бидејќи

тоа го сметаме за свој долг

кон сегашноста и кон

иднината на човештвото.

Како организација, во

државите во кои имаме

партнери, ги разгледуваме

различните проблеми и

нудиме решенија за истите.

Така станавме големо

меѓународно семејство кое и

во иднина ќе работи на

пропагандата на атомската

енергија без која

современиот свет не може.

Јуриј САРАЕВ, доктор по атомска енергија од Москва, потпретседател на Руската организација за атомска енергија

Атомската енергија нема алтернатива

Проф. д-р Сараев со сопругата Лариса во хотелот „Ваго“

Проф. д-р Сараев три дена беше

во нашиот Штип

Page 9: Stipski Glas 38

Нашиот умен народ

честопати знае да рече дека

Македонецот е жив ѓавол кој

знае секогаш, во секоја

прилика и во сите околности

да се снајде. Убаво кажано

ама лично не сум убеден

дека тоа е баш така.

Мене ми се чини, а

тоа го потврдува и моето

големо животно искуство,

дека Македонецот најдобро

знае да се снајде во

правните лавиринти

изнаоѓајќи дупки во законите

и искористувајќи ја својата

„снаодливост“ за свои лични

потреби. Македонецот знае

да се снајде и во

избегнување на разни видови

на плаќања, знае да се

договори а потоа договорот

да не го почитува, да

завлече, да злоупотреби, да

манипулира.

Е, кога е таков

Македонец јас не сум баш

горд на моето потекло.

Моето мислење би

било поинакво само ако

Македонецот сам си се

снајде, сам си обезбеди

работа, социјална сигурност

а со тоа и сопствена иднина.

Да не се надева и да не чека

дека ќе добие работа во

администрацијата за да

работи по принципот „клати

врата, земја плата“! Лично,

имам впечаток за кој можам

да спорам со секого и секаде,

дека Македонецот бара

работа а го моли Господ Бог

да не ја најде. Ги гледам

нашите млади. Ним некако

им е поубаво, помило по цел

ден да седат по кафулињата

и додека ги трошат парите на

нивните родители да кукаат

дека ете, никој, п ни Владата

не мисли на нив.

Се прашувам

постојано: дали тоа нашите

млади сограѓани знаат дека

постојат прекрасни занаети

од кои може уште како убаво

да се живее? Знае ли оваа

наша млада генерација која

треба да биде наша иднина,

дека ако сега ти затреба

водоинсталатер, лимар,

електричар, плочкар, молер

ќе ти треба многу време за да

го дочекаш и да дојдеш на

ред работата по дома да ти

биде завршена?

Еве ви два примера

за тоа што го пишувам овде и

сега.

Пример прв: Имам

еден пријател кој ме замоли

да му најдам плочкар за

потребите на неговата нова

куќа. Имав друг близок

пријател со таков занает па

му понудив да работи кај

првиот пријател. На мое

големо изненадување тој ми

рече дека во блиско време не

може да ја преземе таа

работа. Му возвратив дека се

работи за голема работа, за

300 квадратни метри. На тоа

добив одговор дека да се и

илјада квадрати нема да

може да помогне бидејќи бил

зафатен во наредните четири

месеци! На смеа го прашав

колку тогаш заработува а тој,

со убава насмевка само ми

рече дека заработува повеќе

отколку де е градоначалник

на Штип!

Си реков во себе –

нека ти се алал парите

мајсторе.

Пример втор: имав

средба со другарче на

помладиот ми син кое

подолго време бараше

работа. Го прашав дали се

снајде по тоа прашање. Со

убава насмевка ми даде

потврден одговор и додаде

дека работа имало колку

сакаш само младите ги

мрзело да се наведнат и да

си ја земат!

Е, сега доаѓам до

ноторниот факт дека сите

млади запнале да одат во

странство. Демек дознале

дека таму тече мед и млеко.

Дали е тоа така?

Пример трет: Мој

добар пријател има сестра

која се исели преку Океанот.

Почесто ја посетува и

престојува таму по неколку

месеци. Тој ми тврди дека

кога би можеле сите би се

вратиле од таму во родниот

крај ама им било срам оти не

спечалиле големи пари за

каква цел тие го напуштиле

Штип и сите блиски и драги

луѓе. –„Малку се тие кои во

туѓина живеат добро.

Пристоен живот можел да се

обезбеди само со

десетчасовен работен ден на

сите работоспособни членови

на семејството. Ако сакале

нешто и да стават на книшка

морале многу повеќе да

работат.

Сега доаѓам до

крупното, море до

најкрупното прашање: дали

смислата на животот е човек

по цел ден да работи? Каде

тука е онаа убава,

благородна димензија на

дружења со пријателите и

блиските, каде се моментите

исполнети со музика и

веселба, што станува со

заедничките празнувања и

тагувања?

Млади мои пријатели,

не чекајте помош од Господ

Бог. Не сонувајте само за

работа во некоја канцеларија.

Засукајте ги ракавите,

наведнете се и земете си ја

работата која стои пред вас.

Само тоа е патот на

вашата просперитетна

иднина.

Откако знам за себе им

завидував на тие што го

минуваат или го минувале

своето детство, па и животот во

целост, покрај реки полни со вода.

Навистина нема ништо подобро

од тоа да застанеш на брегот на

некоја пловна река и да зјапнеш

во неа додека срамежливо, тивко

за себе, си ја пoтпевнуваш „

Растао сам поред Дунава...“ И не

само да си го потпевнуваш

познатиот рефрен туку и да

бидеш сигурен дека на чунот што

плови нема никој друг освен тебе

и твојата сакана-„Еј плови лаѓа, а

на лаѓи драга!“

Покрај пловната река кажаното

од страната на Хераклит ти

станува јасна како солза. Кој бе,

застанат покрај длабоки води,

нема да сфати дека во животот се

тече, се се менува и тешко на

онега кој ќе посака на исто место

два пати да застане, да седне, да

легне и да се плоди.

Реката полна вода секогаш те

инспирира. Најлесно е додека таа

мирно си тече да се стекнеш со

мудроста на Сидарта. Па онака

тивко за себе да си кажеш дека

во животот треба секогаш да си

умерен. Ако сакаш гитарата да ти

даде добар тон тогаш внимавај во

затегнувањето на жиците: Не

треба ни многу да се затегнат,

ниту пак да се отпуштат.

Пловната река секогаш луѓето

што се муваат по нејзините

брегови ги нагонува на одредени

активности. Активностите

можеме да ги поделиме на

индивидуални и на колективни.

Во првите влегуваат:

-Ловењето риба и развивањето

завист кон рибарите што вадат

риби од водата небаре зајаци од

волшебен шешир.

-Мокрењето од брегот со желба

да се префрли течноста на

спротивниот брег.

-Капењето на цветни гаѓи и без

нив,

-Давење со каење и без тоа, итн.

Во колективните активности

влегуваат:

-Собирањето навечер околу

запалениот оган за да се слушне

момчето што бесрамно ќе изјави

дека ќе се жени на есен.

-Одењето на жабечки концерти.

Додека жабите концертрираат

едни од обожавателите им

светат со светилка во очите, а

другите им ги кинат бутчињата од

љубов кон певливото кре, кре,

кре...

Човекот покрај пловна река

никогаш не е сам. Може со неа

да се води подрака или да игра

валцер. Валцерот на убавиот син

Дунав не може да се игра на

реката Пчиња или на Црна, уште

помалку на Луда Мара или пак на

Лајнарка во Прилеп. За некои

работи си треба асална река, или

баш вода.

Е , дека е така се уверив

деновиве. Абе срцето ќе ми

искокнеше од радост кога

заклучив дека нашата Отиња е

пловна река. А како го заклучив

тоа? Едноставно: Застанав на

Камениот мост и само што го

пуштив погледот по течението

видов како по неа пловат ли

пловат: Камиони, булдужери,

липкери, полски тоалети,

монтажни бараки, луѓе со

заштитни кациги итн. Ете, си

реков доживеав да ја видам

Отиња пловна. Така, се она што

го кажав погоре во текстот може и

мене да ми се случи. На пример,

може да ми се случи да го запеам

на далеку познатиот рефрен: „Еј

трула граѓа потописе лаѓа!“ Но,

наместо да запеам одлучив да

станам мудар, или само така да

размислувам. Мудро гледајќи во

реката си реков: Не треба да се

брза, на висок брег се качува со

одмерени, мали чекори. Еден ден

ќе се случи и тоа, ќе видиме аир

од пловноста на нашата мила

Отиња.

А дотогаш ќе се трудиме

да поверуваме дека не

„Макфест“, туку нешто друго ни ја

погребува и најмалата желба да

уживаме во домашната забавна,

или поп музика.

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 3810 KOLUMNA

Пишува:

Љубчо Иванов

Пишува:

Трајче КАЦАРОВ

Отиња поплавена

Нека ти се алал парите, мајсторе

■ Млади мои сограѓани, не сонувајте за

работа во канцеларија, земете си ја работата

која е насекаде околу вас, засукајте ги

ракавите и напред во просперитетна

иднина!

Page 10: Stipski Glas 38

Недела е. Надвор врне.

Прв дожд после 150

денови без врнежи.

Што да се прави по такво

време? Носам одлука во миг:

ќе одам во Селце. За првпат

во животот. Да го видам

селото, да поразговарам со

луѓето. Да дознам од што и

како живеат. Да дознам што

им фали, што им треба, какви

се нивните очекувања.

Моето предзнаење за

селото е мало. Знам само

тоа дека во него живеат

Турци и Македонци. Дека

луѓето живеат во слога и

меѓусебно разбирање. Ама

сакав во тоа и лично да се

уверам.

Патот од Штип до

Селце води преку Драгоево.

Пристоен, асфалтен пат води

до селото. Има околу 15

километри. Попатно

наидувам на стада овци,

заштитен знак на Драгоево.

Во Селце пристигнувам за

петнаесетина минути. Две

работи како први се нудат на

нашиот поглед. Селската

чешма и, од спротивната

страна џамија, која, според

изгледот, неодамна била

реновирана па изгледа

убаво. Ги среќавам

мештаните Али Хасан, 75

годишен, витален човек и

Дане Колев. Турчин и

Македонец, убава прилика за

убава тема.

-Овде доминантно е

турското население а ние и

Македонците си живееме во

голема слога. Меѓусебно се

помагаме, се посетуваме на

сите верски празници, си

муабетиме за секојдневието.

Дел од муабетот го правиме

на турски, дел на македонски

јазик. Сите во селото ги

знаме двата јазика, тоа е

нашето богатство, вели Али

Хасан додека со него и Дане

шетаме по калливите селски

улици.

Дане дава потврда на

секој збор на неговиот

пријател, Турчинот Али. –

„Ние сме како едно

семејство. Си го имаме

муабетот, почитувањето,

заедно работиме на

активности од значење за

сите. Кога пред пет – шест

години се реновираше

џамијата сите македонски

семејства дадовме прилог во

градежен материјал.

Очекуваме наскоро да го

реновираме малиот

манастир каде ние како

христијани ги вршиме своите

обреди. Ама за тоа ќе ни

биде потребна помош и од

Брегалничката епархија и од

општината бидејќи

манастирот е во многу лоша

состојба, вели Дане Колев.

Муабетејќи на

секојдневни теми шетаме низ

селото. Попатно среќаваме

дете кое прераснува во

момче. Се вика Севѓин. Вози

мал мопед на кого, во една

метална кошница носи

неколку шишиња полни вода.

–„Бев до чешмата на мама да

и однесам вода за пиење.

Малку е далеку па одам со

мопедот. Ученик сум во

седмо одделение во ОУ

„Ванчо Прќе“ во Штип. Сакам

да продолжам во

Текстилното училиште, да

работам во конфекција“, ни

зборуваше детето на чист

македонски јазик. Севгин

вели дека во селото имало

тринаесет деца од негова

возраст кои на училиште,

секој работен ден оделе со

минибус. –„Најмногу од се

играме фудбал на

игралиштето во дворот од

нашето училиште во кое учат

ученици до петто одделение.

Мои другари се Димитар,

Виктор а и некои други деца“,

вели момчето и заминува

дома за мајка му да не чека

премногу на водата.

А токму водата е

најголем проблем на

жителите на Селце. –„Ние

луѓето некако се снабдуваме

со вода од чешмите ама тука

се живее и од сточарство но

вода за стоката немаме. А

проблемот може

да се реши, има

услови, па преку

вашиот весник ја

повикуваме

општината тоа и

да го направи.

Инаку во Селце

се живее тежок

живот. Имаме

многу млади, сите

се без работа. Јас

имам три сина и

ќерка, само

ќерката работи во

конфекција во Штип а јас

чекам пензија од Македонија

пат каде работам на базата“,

ни рече 63 годишниот Мемед

Селмани додека во скутот ја

држи внуката Алена и нежно

ја гали по убавото детско

лице. Неговиот помлад

пријател Шабан Еминов се

жали на неисплатените

субвенции за тутунот,

грозјето и за стоката. –

„Доаѓаат од општината и ни

велат дека се ќе ни биде

платено ама досега нема

ништо од тоа. Па ова село

живее од тутунот и стоката,

помалку од грозјето и ако

навреме не си ја добиеме

субвенцијата како да го

крпиме животот“? – прашува

52 годишниот Еминов.

Мемед се навраќа на

проблемите на селото и

селаните. Вели дека голем

проблем им е тоа што имаат

своја шума а од неа не можат

да си насечат дрва за огрев.

–„За да ми дадат одобрение

треба да платам сто евра за

да сечам од мојата шума!

Каде тоа го има? Ми дават

без проблем да сечам родни

дрва, круша, јаболка, слива,

праска ама не и огревно

дрво. Тоа за селото е голем

проблем бидејќи сите

семејства имаат своја шума

за која се грижат

секојдневно“, укажува Шабан

Еминов.

Партиски луѓе, велат

во Селце, го посетувале

селото само пред избори. –

„Што ги видиме нив знаеме

дека доаѓаат некакви избори.

Потоа четири години ги нема

ниту претставниците на

партиите на Турците. Тие ќе

си ја наредат работата,

предизборно ќе ветат многу а

потоа ги нема никаде. Ако до

изборите не ни се реши

проблемот со водата, не ни

се исплатат субвенциите, не

се реши прашањето со

нашата слобода во однос на

нашите шуми, тогаш на

нашите околу 120 гласа да не

сметаат“, порачуваат

селаните од Селце.

Според последниот

попис од 2002 година Селце

имало 255 жители. Луѓето со

кои разговаравме ни рекоа

дека таа бројка денес е многу

помала.-„Многу луѓе, млади

пред се, го напуштија Селце.

Заминаа главно во Штип, во

потрага по подобар живот.

Порано имаше повеќе

македонски семејства, денес

има само околу десеттина

куќи. Ние постарите нема

каде да одиме но ако селото

остане без младите тоа нема

да биде добро“, во еден глас

ни рекоа Али, Дане, Мемед и

Шабан.

Го напуштам Селце

точно напладне. Недела е,

време за семеен ручек. Ме

понесуваат импресии дека и

ова наше село полека умира.

Само затоа што малите,

секојдневни потреби на

луѓето со децении нема кој

да ги реши.

Можеби оваа

репортажа ќе помогне

нештата да се сменат на

подобро.

Иван Бојаџиски

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 38 11РЕПОРТАЖА

Во Селце, на мал, неделен муабет*Водата, субвенциите, шумите...тоа епроблемот на Селце, село содоминантно турско население

Убавата џамија - белег на Селце

Еминов, Селмани со внуката и Колев

Малиот Севѓин носи вода на мајка си

Во Селце има и по некоја нова куќа

Page 11: Stipski Glas 38

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 3812 @IVOT

Стојмир (27) и Иван (21)

Паневи се браќа од Штип.

Судбината воопшто не била

милосрдна кон нив. А сега и

државата дополнително им го

загорчува животот. Од браќата, за

кои соседите велат дека живеат во

мизерни услови и одвај имаат за

леб, а во кое и самите се уверивме,

државата бара да вратат 195.433

денари. Се работи за пари кои

Паневи ги должеле кон фондот за

пензиско осигурување, бидејќи

четириесет месеци по завршување

на школувањето незаконски ја

користеле пензијата на нивниот

покоен татко.

Стојмир вели дека тие

сакаат ама нема од каде да ги

вратат овие пари. –„Никој на време

не ни кажа дека пензијата на нашиот

татко не треба да ја примаме. Ние

сме скромни, одвај го крпиме

животот, па ако треба државата да

не остави и без леб, нека биде така“,

ни зборуваше Стојмир, кога браќата

ги посетивме во нивното темно, без

струја и со мемла полно сопче во

познатото Горно маало.

Браќата Паневи во

континуитет се на удар на лошата

судбина која ги следи низ животот.

Се родиле како деца со лесен

ментален хендикеп а во период од

само две години, во 2004 и 2005

година, им умираат родителите. На

оној свет прво оди нивната мајка а

потоа и татко им. Стојмир и Иван се

запишале во Специјалното државно

училиште „Искра“ каде и двајцата,

со одличен успех го завршуваат

школувањето. Набрзо потоа Стојмир

се вработува во штипската

конфекција

„Беас“ а Иван не

успева да најде

работа како

графички

работник за што

се

специјализирал..

-Живееме од

десетте

илјадарки кои ги

добивам како

плата од мојата

работа во

конфекцијата.

Благодарен сум

им на

сопствениците

што ме примија

на работа и ми

дадоа шанса за живот колку на мене

лично толку и на моето братче.

Штедиме колку што можеме, тоа се

пари за леб и малку друга евтина

храна. Да имавме пари за нормален

живот немаше шест години да

живееме без струја“, ни зборуваше

Стојмир.

За случајот на овие браќа се

заинтересирала адвокатката

Снежана Сулева. Таа нивната

судбина ја изнесе пред

претставници на Фондот за пензиско

осигурување за време не денот на

фондот кој се одржа во Штип.

–„Не е ниту човечки ниту

морално од момчиња како што се

браќата Паневи да се бара да

вратат пари кога тие одвај да имаат

за основна живеачка. Државата,

односно Фондот, треба да ги

ослободи од оваа обврска, во

спротивно тие ќе ги имаат овие деца

на своја душа. Условите во кои

живеат браќата се под границата на

човечкото достоинство, во 21 век

шест години се без струја, во една

темна, депресивна собичка од

десеттина квадрати. И од такви

млади луѓе во толку тешка

социјална ситуација државата бара

да вратат пари. Фондот треба да се

откаже од ова барање за

момчињата да можат, и во вакви

услови, да чекорат низ животот кој

не ги милува“, рече Сулева.

Во каква специфична и

тешка беда се овие млади момчиња

зборува и фактот дека Иван требало

да извади лекарски уверенија за да

може да бара инвалидска пензија,

но за тоа му биле потребни 6.000

денари.

–„Ако ги

платиме тие цел

месец ќе нема

што да јадеме.

Зарем тие сто

евра ќе го

поткрепат нашето

здравство, зарем

за вакви случаи

нема бенефиции“,

прашува Сулева

која самоиницијативно се зазеде да

ги застапува Паневи пред суд и пред

надлежните институции во

државата.

Луѓе од Центарот за

социјални работи во Штип, според

Сулева, раскажувале дека кога во

определени пригоди носеле помош

во храна и облека за браќата, па

кога излегувале од нивното сопче,

сите до еден плакале. Биле

шокирани од глетката но и од

сопствената немоќ да направат

нешто повеќе бидејќи нашите

„позитивни“ закони тоа не го

дозволувале!

Браќата немаат за живот, државата бара да вратат 200.000 денари

*Стојмир и Иван живеат во многу тешки услови, аФондот за здравство им бара да вратат пари одпензијата на нивниот покоен татко

■ Како го живеете животот, го

прашуваме Стојмир.

-Тешко, многу тешко. Без

струја сме шест години, собичката

е тесна и темна, просторот

депресивен. Од каде сега да ги

вратиме тие за нас огромни пари?

По цел ден е врзана за

кревет. Не може да

оди, само одвреме –

навреме ќе седне на

железниот кревет. За себе

вели дека има 113 години

иако логиката упатува на тоа

дека ја живее 103 година. Тоа

е Фата Ибраими, жителка на

селото Селце, оддалечено од

Штип петнаесет километри.

Кај Фата бевме со

нејзиниот соселанец Али

Хасан кој има 75 години.

Жената ја најдовме во

постела, но на гласот на Али

полека се исправи. Фата

речиси го изгубила слухот па

Али некако се снаоѓа да ни

преведе што таа ни одговара

на нашите прашања.

-Мислам дека имам

113 години. Се омажив

млада, изродив единаесет

деца, најстариот син ми

почина пред седум години

кога имаше 76 години. Сега

сум неподвижна, врзана за

креветот, најмладиот син ми

носи храна и се грижи за

мене, вели Фата.

Дел од нејзините

деца се во Турција, дел во

Македонија. Таа Селце го

има напуштено само

неколкупати во животот, кога

одела во Штип. Всушност, од

младоста имала проблеми со

одењето. –„Поради тоа не

одев на работа на нивните

или со стоката, ме оставаа

дома да готвам ручек, да

перам на рака, да зачистам

дома и во дворот. Таква беше

мојата судбина, укажува оваа

ако не најстара тогаш една

од најстарите жителки во

Македонија.

Во однос на годините

посигурно е дека Фата има

103 а не 113 години. Ако

првото дете го родила на

дваесет годишна возраст, тоа

значи дека Фата денес има

103 години. Не е можно да

има 113 бидејќи тоа би

значело дека првото дете го

родила после својата

триесетта година. Тоа пак се

коси со традицијата на

турското население бидејќи

кај оваа етничка групација е

девојчињата да се мажат

многу млади.

Сепак, Фата, во

некоја рака е раритетна

личност. Жената живее во

мошне тешки услови, во

собичка со земјен под, слабо

осветлена, јаде што ќе се

најде а сепак не се предава.

–„Колку долго ќе живеам тоа

не зависи само од мојата

волја. За такво нешто решава

некоја виша сила. Додека е

пишано од Господ Бог до

тогаш ќе ме има на овој свет“,

порачува таа.

Уште еден феномен е

врзан за Фата Ибраими. Тоа е

нејзиното здравје. Освен што

имала проблеми во нозете па

кога прилично подостарила

не можела ниту да оди, таа

речиси и немала никакви

други здравствени проблеми.

Не знае што е висок крвен

притисок, што е настинка...Во

болница одела само кога ги

раѓала своите деца.

-Тоа е точно. Од

староста го загуби слухот, но

се друго кај неа добро

функционира, вели Али

Хасан.

Кога тргнавме да си

одиме Фата го праша Хасан: -

„А што сака овој човек“,

мислејќи на новинарот. Хасан

и одговори дека ќе ја има во

весниците. Фата побара да и

испратиме од весникот. –

„Речиси ич не слушам ама

добро гледам. Барем да

видам како изгледам во

весник“. Ова Фата го рече со

блага насмевка но ние,

секако, ќе и ја исполниме таа

мала желба.

Фата од Селце најстар жител во Македонија?*Фата Ибраими тврди

дека има 113 години,

дека изродила

единаесет деца. Не може

да оди, по цел ден лежи

во кревет, слабо слуша,

добро гледа...Логиката

вели дека таа има

„само“ 103 години но...

Иван и Стојмир Паневи

Адвокатката Сулева

Page 12: Stipski Glas 38

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 38 13KULTURA

Штип бележи уште една

значајна културна вредност.

Кон крајот на минатиот

месец во Заводот за заштита на

спомениците на култура и музеј

Штип беше промовирана новата

археолошка поставка,

комплементарно збогатена со 300

нови артефакти. На свеченоста

присуствуваа министерката за

култура Елизабета Канческа –

Милевска, ректорот и проректорот на

УГД Саша Митрев и Кире Барбареев,

Николајчо Николов, заменик

генерален директор на рудникот

„Бучим“, претседателката на

Општинскиот совет Сузана

Николовска, Паско Кузман,

вработени во штипскиот музеј и во

музејски институции од регионот а

настанот го проследија и голем број

новинарски екипи.

„Се работи за импозантна

поставка која е силна рефлексија на

археолошкото богатство кое се наоѓа

на ова тло, но истовремено таа е и

одраз на нашата посветеност и

грижата за непроценливите културни

вредности и несоборливите факти на

наследството што ни го остави

историјата. Многу истакнати

домашни и странски археолози –

истражувачи, врз основа на

добиените сознанија за

материјалната култура на луѓето кои

низ векови живееле на овие

простори, Македонија ја имаат

наречено „волшебна земја на

археологијата“. Ваквиот епитет се

потврдува на секоја педа од

македонската почва, посебно во

регионот на Штип и околината каде

гравитираат археолошките

локалитети Исар и Баргала. Токму на

овие локалитети, во изминатите

четири години, беа пронајдени

бесценети примероци кои ги

изговараат фактите и културните

дострели на минатите цивилизации.

Низ проучувањето и валоризирањето

на овие артефакти се согледува

вистинскиот интегрален културен

развој на цивилизацијата на нашето

тло“, рече министерката Канческа

Милевска.

Промовираната поставка

содржи 900 експонати кои

потекнуваат од периодот на неолитот

па се до средниот век. Забележливо

е богатството од керамички садови,

орудија од камен и од коска,

оружје,дрвени резби, накит, монети и

неколку парчиња капители.

Поставката е збогатена и со две

печки за печење керамика како и со

реконструкција на неолитска куќа

преку која посетителите можат да се

запознаат со начинот на живеење на

нашите предци.

„Убедена сум дека сите овие

артефакти во наредниот период

силно ќе го привлечат вниманието не

само на домашната туку и на

странската стручна јавност а новата,

постојана археолошка поставка ќе

биде гордост за жителите на Штип но

и предизвик за сите посетители кои

имаат интерес да се запознаат со

богатата културна и историска

традиција на нашата земја“, посочи

министерката.

Според Канческа Милевска

артефактите кои од вчера се пред

очите на јавноста всушност се

откривачи на непознати и исчезнати

светови во просторот без кои ние

денес не би го познавале своето

минато и никогаш не би можеле да

најдеме одговор на прашањето на

Гете: „Од каде доаѓаме, што сме

биле и како сме траеле во времето и

во просторот“.

Таа им оддаде признание на

вработените во штипскиот музеј и на

директорот Зоран Читкушев за

нивната посветеност и

самопрегорната работа што било

клучот за општиот успех но и за

нивната инвентивност да обезбедат

и дополнителни средства за

реализација на оваа изложба.

Директорот Зоран Читкушев

нагласи дека новите 300 артефакти

се откриени и подготвени за

соочување со јавноста во периодот

од 2007 па се до оваа година преку

археолошки ископувања на Боров

Дол, Злетовица, Баргала и други

локалитети во регионот.

По повод овој културен

настан Заводот за заштита на

спомениците на културата и музеј

Штип им врачи благодарници за

одличната соработка и односот кон

нашето културно наследство на

рудникот за бакар „Бучим“ кај

Радовиш, на Универзитетот „Гоце

Делчев“, на покојниот археолог,

кустос советник Ѕвонко Белдедовски,

на штипскиот градоначалник Зоран

Алексов и на ЈП „Исар“ од Штип.

Археолошката поставка збогатена со 300 нови експонати■ Елизабета Канческа

Милевска: „И со оваа

археолошка поставка се

докажува вистината за

Македонија како

волшебна земја на

археологијата“

Министерката Елизабета Канческа Милевска:

Познавајќи го своето минато ние го наоѓаме

одговорот на прашањето на Гете: од каде доаѓаме,

што сме биле и како сме траеле во времето и

просторот!

Секое место е

добро ако

поезијата е

добра. Во вилата на

пензионерот и поет

Никола Бељански во

месноста „Суитлак“

се одржа поетска

средба со учество на

членови на

литературните

клубови од Куманово,

Кочани и Штип. На

средбата поетите

читаа творби со

доминантно

патриотска,

социјална и љубовна

содржина.

Средбата беше искористена и за дебата за

потребата од попродлабочена меѓусебна соработка на

полето на литературата. Поетите се договорија и за

почесто организирање на поетски средби меѓу

литературните клубови од повеќе градови во нашата

држава.

На фотографијата се членовите на

литературните клубови од спомнатите градови

направен за време на нивната последна средба.

Т.Босеовски

Поетскасредба

за незаборав

Колиба од неолитско доба

Page 13: Stipski Glas 38

„Во секоја држава општеството и

доверува на полицијата одговорна

и благородна задача да ги штити

луѓето и нивниот имот.

Општеството со право од

полицијата очекува многу и пред

неа поставува највисоки

стандарди во однос на

исполнувањето на целите и

функцијата на полицијата“.

Со овие зборови, на

полниот Градски

плоштад, на политичкиот

општински врв и на

бројните граѓани им се

обрати Момчило

Сталетовиќ, началник на

СВР Штип на „Денот на

полицијата“ кој се

организира во чест на 8

ноември, Денот на

ослободување на Штип.

Сталетовиќ потсети

дека и нашето

општество, како и секое

друго, е подложно на

промени при што полицијата

мора одговорно да ги следи

тие промени и да се

прилагодува кон нив. Таа

мора да се прилагодува на

новонастанатата состојба. –

„Од тие причини МВР, уште со

осамостојувањето на

Република Македонија

започна со реформите во

полицијата на организациски,

кадровски и методолошки

план. Притоа таа ги

имплементира најдобрите

европски практики во

полициското работење“, рече

Сталетовиќ.

Началникот ја

оквалификува нашата

полиција како гарант за

безбедноста на граѓаните. На

нивниот живот, имотот,

безбедноста, јавниот ред и

мир.

-Едноставно речено народ

и верува на својата полиција

на која во секое време може

да и се обрати за помош и

заштита во секое време.

По излагањето на првиот

човек на СВР Штип, присутните

можеа да се уверат во

способноста на нашата полиција

да го прави се она кое, во својот

говор го напомена Сталетовиќ. Да

се справи со насилници, да стави

ред во сообраќајот, да ги открие и

фати препродавачите на дрога,

да се справи со насилни

елементи при масовни јавни

протести.

Граѓаните, а децата

посебно, се интересираа за

оружјето со кое се служи нашата

полиција. После овој настан

сигурно е дека дел од младите ќе

се одлучат за полицискиот позив.

Донесуваме неколку

фотографии од вештините на

нашата полиција во различни

ситуации.

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 3814 POLICIJA

Полицијата со своите капацитети пред граѓаните на Штип

СТАЛЕТОВИЌ:Народот и верува на својата полиција

Куче дресирано за откривање на дрога

Полицајците ги демонстрираа своите вештини

М. Сталетовиќ

Многу граѓани беа на полициската презентација

Единица обучена да се справува со насилни демонстранти

Page 14: Stipski Glas 38

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 38 15RAZONODA

Razmisluva: Iv. BOJ

TR-MR

TTiiRR ee kkoovv --MMii RRee~~ee

� СКРИВАЛКА треба да пронајдете два скриени предмети

Броевите од 1 до9 впишете ги воблоковите соголемина 3 x 3полиња (враменисо здебеленилинии), така дасекој број можеда се најде самоеднаш воводоравната илихоризонталнатанасока

� СУДОКУ

ШТИПСКИ ГЛАСОсновач, главен и одговорен

уредник: Иван Бојаџиски

072/214-159

Компјтерска подготовка: Јорданчо Бојаџиски

Печатено во печатница „Европа 92’-Кочани

Дистрибуција: „Басе прес“

-Штип

Пола пола

Половина Македонци се надвор од државата.Другата половина е надвор од себе.

Времиња

Гоце Делчев го разбирал светот како поле закултурен натпревар на народите.За разлика од Гоце јас овој свет воопшто неможам да го разберам.

Фантастика

Во библиотеката барам книга за сите средби наГрујо и Бране во последните пет години.-Овде не држиме научна фантастика, мепредупреди библиотекарот.

Европа курва

Европа ви е како убава жена.Оние кои не можат да ја освојат велат дека е –курва.

Генијални

Ние Македонците сме генијални.Ама да не губиме надеж.Еден ден и ние ќе станеме – нормални!

Црногорци

Зошто црногорците се најуспешни спортисти во ватерполото?

-Затоа што тоа е единствениот спорт во кој не може да се испотат.

Обетката на Томче

Цветан по подолго време го среќава стариот другар Томче. Го гледа и го прашува:

-А бе брат од кога ти носиш обетка?

-Од кога мојата жена ми ја најде на седиштето од мојот автомобил, рекол Томче.

А вечер?

Млада жена рика над пресен гроб. И приоѓа постара госпоѓа и ја прашува:.

-Кој ти умрел млада госпоѓо?

-Мажот миииииииииииииииии, во плач одговара младата жена.

-Не му е лесна земјата, ама не плачи толку, ти си млади утре ќе сеи најдеш некој друг,

рекла постарата.

-Утре ќе се најдам ама вечер што ќе правааааааааааааааам, залипала младата

вдовица.

Отворање

Дедо Петре на внукот му купил чоколадо. Го однел дома, го викнал внукот и му рекол:

внуче мое ајде сега ќе го отвориме чоколадото.

Во истиот миг бабата го грабнува чоколадото од рацете на дедото и вели:

-Немој сега, може премиерот да ни дојде на отворање а дома немаме ништо со што ќе

го пречекаме.

ВИЦ ПО ВИЦ

Page 15: Stipski Glas 38

Oнака како му прилега на

градот, Штип го одбележа

8 Ноември, Денот на

своето ослободување. Во мошне

свечена атмосфера

градоначалникот Зоран Алексов

им ги додели Осмоноемвриските

награди на двајца поединци и на

една едно друштво од областа на

културата.

Годинава добитници на

ова највисоко општинско

признание станаа Стојче

Самарџиев, економист и

економски аналитичар,

бригадниот генерал Стојан

Димчов и ансамблот за народни

песни и ора „Тоска“. Самарџиев е

познат економист и економски

аналитичар и наградата му е

доделена за особени

достигнувања на полето на

економската анализа.

Бригадниот генерал Димчов

признанието го доби за особен

придонес на полето на

одбраната и постигнатите

резултати на Првата

механизиран пешадиска бригада

на АРМ. Ансамблот „Тоска“ во

минатата година имаше

импозантни остварувања во

негувањето на македонскиот

фолклор и култура со што дома и

во странство придонесе за

афирмација на Штип.

- Денешниот ден, кој по68-ми пат нèпотсетуванахраброста иборбата насите нашипредци-штипјани, нидава поттикдапродолжимеда си јазачувамехрабростакако одлика,дапродолжимеда ја чувамеслободата и

да се трудиме заеднички иденес и утре да јаостваруваме генералнатавизија за поквалитетенживот на сите нашисограѓани, и запросперитетна ипрогресивна општина.

Во име на наградените,

се обрати

Генералот

Димчов кој

напомена:

- Во живототсум добилмногунагради, носекогаш морада постоинекојаомилена. Овае една од тиебидејќи за

секој штипјанец ова енајвисокото признание. Честми е и што сум во групата надругите добитници, бидејќисите ние имаме кариери коитраат со децении. Г-динотСамарџиски можеби и сонајдолга кариера, јас и „Тоска“исто така од 80-тите годинина минатиот век, но сепаковде сме заедничкиудостоени за ова важнопризнание.

По завршување на

церемонијата, следеа и

традиционалните Митровденски

средби во народната библиотека

„Гоце Делчев“.

Претходно, денот на

ослободувањето беше

одбележан и со полагање на

цвеќе на загинатите во Алејата

на народните херои и пред

споменикот на револуцијата на

Исарот.

Признанието 8 ноември

се доделува секоја година од

страна на Комисија, додека

наградата 8 ноември се

доделува на секои пет години.

Досегашни добитници од

востанувањето се Коста

Балабанов и Универзитетот „Гоце

Делчев“.

Убависвечености за Денот на

ослободувањето

16 PERISKOP

Ванчо Огњанов

пензионер

На што може да е

фокусиран еден

пензионер? На редовните

машки обврски во куќата,

на семеен ручек, на

попладневни средби со

старите другари и муабети на разни теми.

Така ми минува и овој ден. Малку ќе

пазарам за дома, потоа ќе прочитам некој

весник колку да знам што се случува кај

нас а пoтоа следува ручек во организација

на сопругата Олга. Приквечер седнуваме

пред телевизорот и голтаме вести а потоа

и некоја од сериите на некоја од

телевизиите.

Катерина Михаилова

соработничка во

општината

Прва помисла ми е пет

минути пред почетокот на

работното време да сум на

моето работно место.

Веднаш потоа се фрлам на работните

задачи во одделението за

администрирање на приходи. По

домашниот ручек мал одмор а потоа пак

книгите в раце бидејќи запишав и втор

факултет. Секогаш наоѓам време за мали

прошетки кога ќе падне првиот мрак. Тоа

го правам со пријателите, зашто муабетот

со нив најмногу ми оди. Доцна навечер пак

со книгите бидејќи обврските во однос на

образованието се големи.

Цветанка Трајкова

соработничка во

општината

Имам динамичен и

целосно исполнет ден. Во

одделението за

сметководство и плаќање

имаме полни раце работа и приодот

секогаш ми е одговорен кон она што е моја

работна обврска. Така е се до 16,30 часот

кога заминувам на домашен ручек со

најмилите. По ручекот нема одмор бидејќи

ме чека учење за постдипломските студии

кои сакам на време и квалитетно да ги

завршам. Поради тоа и навечер ретко

излегувам а кога ќе излезам тоа секогаш е

со моето фино друштво.

НА ШТО СТЕ ФОКУСИРАНИ

*Стојче Самарџиев, економски

аналитичар, Стојан Димчов,

бригаден генерал и ансамблот

„Тоска“ се добитници на

осмоноемвриската награда

[tipski Glas, Noemvri, 2012 br. 38

Самарџиев, Николова, Димчов, Алексов и

раководителот на „Тоска“

Инспиративен говор на градоначалникот Алексов

Големата сала на Советот исполнета

до последно место