Ттф инфо број 2, септември 2014

36
1 Предаваое на прпф. Ѓпрде Иванпв I вп местп вп футсал Технплпгијада 2014 Мпјата успешна приказна Информатор на Технолошко технички факултет Велес, број 2, IX 2014 година Отвпрен ден на УКЛО А П Л И Ц И Р А Ј Т Е !!! Конкурс на УКЛО за најдобар истражувачки труд и есеј

Upload: studentski-parlament-spttfv

Post on 04-Apr-2016

263 views

Category:

Documents


14 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: Ттф инфо број 2, септември 2014

1

Предаваое на прпф. Ѓпрде Иванпв

I – вп местп вп футсал Технплпгијада 2014

Мпјата успешна приказна

Информатор на Технолошко технички факултет

Велес, број 2, IX 2014 година

Отвпрен ден на УКЛО

А П Л И Ц И Р А Ј Т Е !!!

Конкурс на УКЛО за најдобар

истражувачки труд и есеј

Page 2: Ттф инфо број 2, септември 2014

2

Уредници:

1. Вонр. проф. д-р Валентина Павлова - декан

2. Вонр. проф. д-р Анка Т. Петкоска – продекан за наука

3. Александар Савески – претседател на Студентски Парламент

IT аминистратор:

М-р Јордан Мартиновски

ТТФ ИНФО : информативно издание кое претставува сублимат на сите

настани, активности, новости на Технолошко технички факултет Велес

и Студентскиот Парламент.

ТТФ ИНФО се подготвува два пати во текот на една академска година

односно по завршувањето на секој семестар.

Page 3: Ттф инфо број 2, септември 2014

3

Сто педесет и шест бруцоши ја почнаа новата студентска година на технолошко-

техничкиот факултет во Велес. Најголем дел од нив се во Велес, додека останатите во Битола и

Кичево. Се запишаа на единствената насока нутриционизам, што ја нуди факултетот.

Надлежните велат дека оваа насока, од година во година, станува се поатрактивна не само за

велешани туку и за младите од останатите градови.

Првиот академски час за бруцошите во Велес се одржа на 15.09.2014 година, а прием за

бруцошите и свечено доделување на индекси беа организирани и на дисперзираните студии во

Кичево и Битола

Освен теорија, факултетот на студентите им нуди и соодветна практична настава. Има склучено

договори со педесетина фирми во кои студентите освен што стекнуваат пракса, дел од нив

подоцна и се вработуваат.

Прв академски час , академска 2014 / 2015 година

Page 4: Ттф инфо број 2, септември 2014

4

ПОРАДИ СТУДИИТЕ ПО НУТРИЦИОНИЗАМ, СИ ГИ СМЕНИЛЕ

НАВИКИТЕ НА ИСХРАНА

Оваа година во јуни Македонија ги доби првите нутриционисти со диплома за завршено високо

образование. Вакви студии, кои се специфични, првично отворени во Велес и во Битола, а

поради големиот интерес, нутриционизам под неодамна може да се студира и во Кичево. Бројот

на студенти што се запишуваат на оваа насока секоја година расте, а една од причините за

интересот е и популарноста на здравата храна во последниве години. Пазарот бара

нутриционисти....

Каде можат да работат нутриционистите?

Дипломците, кои всушност се бидат дипломирани инжинери технолози - нутриционисти,

можат да работат во здравствени установи/болници, во спортски клубови, во градинки,

улилишта во прехранбената индустрија. Мултидисциплинарноста е карактеристика на овие

студии. Студентите изучуваат основни предмети, медицински предмети како и технологии за

производство на храна. Исто така, учат и маркетинг и менаџмент, односно како да го продадат

производот

Свеста кај студентите е на високо ниво

На овие студии има студенти од сите краишта на Македонија. Сите студенти, вели деканката

Павлова, не го избираат овој смер само за да учат, туку и да го применат тоа што го учат, додава

професорката.

- Гледам дека за време на паузите пијат цедени сокови и задолжително јадат овошје. Убаво е

кога гледате како се менува начинот на живот на подобро и како свеста за здрав начин на живот

е висок меѓу младите. Исто така и јас откако им предавам на студентите, исфрлив сувомеснато

од исхраната на моето семејство, консумирам повеќе семки и зеленчук и овошје, а јадеме и

домашен леб - вели Павлова.

Литература и практична настава: Целата литература по предметите е од странство, односно

тоа се преводи од Хрватска, Аврстија, Португалија, Шпанија и Бугарија. Инаку факултетот има

склучено договори со 33 домашни компании кои се занимаваат со производство на храна и

фармација и студентите таму одат на пракса.

Извор: www.fakulteti.mk

Интервју со вонр. проф. д-р Валентина Павлова, декан на ТТФ Велес

Page 5: Ттф инфо број 2, септември 2014

5

Доц. д-р Татјана Калевска

Во 2013 година со одбраната на докторската дисертација под наслов: "Одредување на

разликите на јагнешко месо добиено од јагниња одгледувани во органски и

конвенционален систем" на Факултетот за биотехнички науки Универзитет "Св. Климент

Охридски"- Битола се стекнува со научен степен Доктор на биотехнички науки.

Работното искуство го започнува во 2005 година во ЗППМ Бистра од Кичево, како

одговорен инженер во лабораторијата за контрола и квалитет на млеко и млечни производи. Во

периодот од 2007 до октомври 2012 година работи како одговорен инженер-технолог за

производство на киселомлечни производи и сирење, а истовремено одговорна е за

имплементација и интерен аудит на HACCP системот во Млекара БИСТРА од Кичево.

Д-р Татјана Калевска во ноември 2012 година избрана е за соработник-асистент на

Технолошко-технички факултет - Велес, Универзитет "Св. Климент Охридски"- Битола.

Во изминатиот период учествувала на бројни семинари, конференции, предавања и обуки, со

цел следење на новите достигнувања во областите кои и се од интерес:

- Обука за лабораториски анализи на млеко и млечни производи, Lend O’Lakes Скопје, 2005

година.

- Обука за интерен аудит на HACCP систем, врз основа на анализа на опасностите на

критичните контролни точки. CSQA-Biotechnicon во Скопје 2008 година, стекнувајќи се со

сертификат: Internal audits based on Hazard Analysis and Critical Control Points (HACCP)

method/organzed by CSQA Formacione and conducted by Biotechnicon,

Промовирани доктори на науки во 2013...

Дипломирала на факултетот за Биотехнички науки Универзитет "Св.

Климент Охридски"- Битола на насоката преработка на анимални

производи, каде што ги завршува и постдипломските студии со одбрана

на магистрескиот труд: "Влијание на хигиенската исправност на

млекото врз рандманот на сирењето" и се стекнува со научен степен

Магистер по биотехнички науки од областа на квалитет и безбедност

на млеко и млечни производи.

Page 6: Ттф инфо број 2, септември 2014

6

- Обука за HACCP систем, принципи и практика. CSQA-Biotechnicon во Скопје 2009 година,

стекнувајќи се со сертификат: Hazard Analysis and Critical Control Points, Principles and

Practice/ organzed by CSQA Formacione and conducted by Biotechnicon.

- Обука за практична имплементација на HACCP систем МИТ Универзитет Скопје. 2009

година, стекнувајќи се со сертификат: Практична примена на HACCP системот.

- Учествувала во работилница за развивање на нови технологии за производство на сирење во

Р. Македонија.Фармахем, Штип 2009 година.

- Учествувала на обука за промоција на земјоделски производи и креирање мрежи на

производители. Центар за развој на Југозападен плански регион, 2010 година, а учествувала

и во работилници за едукација на фармерите за производство на хигиенско млеко.

Д-р Калевска е автор и коавтор на повеќе научни и стручни трудови, издадени во земјата и

странство. Во 2008 година учествувала во проектот:" Trening in technology of sheep and goat

cheese production" MAАSP, SIDA, со студиски престој во Р. Грција.

Во периодот од 2012-2013 учествувала во проектот TEMPUS FOODLINKS Improving

Academia-Industry links in food safety and quality (158714-TEMPUS-ES-TEMPUS-JPHES):

евалуација на e-book: Quality menagment systems ISO 9001, Design and construction of food

premises, Personnel hygiene, Pest control, Cleaning and disinfection, и апликативниот проект:

Имплементација и аудит на системите за квалитет во прехрамбени објекти: Млекара

"Милком" Ногаевци Велес - ISO 9001 и Пекара "Диме" Кичево - ISO 22000.

Д-р Татјана Калевска во февруари 2014 година избрана е во наставно-научно звање Доцент

на Технолошко-технички факултет - Велес и ангажирана е по предметите: Суровини во

прехрамбената индустрија, Технологија на млеко и млечни производи, Технологија на месо,

живина и јајца и Технологија на храна од животинско потекло

Page 7: Ттф инфо број 2, септември 2014

7

ДОЦЕНТ д-р Вера СИМОВСКА е доктор на медицински науки,

наставник на Технолошко техничкиот факултет Велес во следните

области:

http://www.ttfv.uklo.edu.mk/images/CVProfesori/simovskavera.pdf

Таа ги води следните предмети на првиот цилус на студии: здрава

храна и исхрана, Познавање на исхраната 2, Диетотерапија кај угоеност и

потхранетост и Вовед во професијата нутриционизам. Избрана е за

Раководител на втoриот циклус – магистерски студии по Нутриционизам и

Квалитет и безбедност на храната.

Предмети кои ги води на вториот цилус – магистерски студии се следните: Диетотерапија кај

малнутриции, угоеност и потхранетост, Исхрана и јавно здравје, Диетоперевенција и

диетотерапија, Диетотерапија при заболувања на одредени органски системи, Методологија на

испитувања на нутритивниот статус и Нутритивни состојки на храната.

Доцент д-р Вера СИМОВСКА според усвоена Национална програма на Владата на

Република Македонија учествуваше како член во работната група за изготвување на

СТАНДАРДИ ЗА ИСХРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА кои беа

доставени до Министерството за образование и наука на Република Македонија (2013-2014).

Во 2014 година, според наставната програма на Технолочко техничкиот факултет Велес, таа

го отпечати учебникот по предметот Диетотерапија кај угоеност и потхранетост со финансиска

подршка од Министерство за образование и наука на Република Македонија, во издание на ИП

Менора, Скопје 2014. http://pfk.uklo.edu.mk/upload/referati/referat_dr_ljupco_naumovski.pdf

Доцент д-р Вера СИМОВСКА е експерт во Европската комисја од 2007- 2020 година.

Таа учествува како експерт во научно-истражувачките проекти за технолошки развој и

иновации, ФП7 и ХОРИЗОН 2020 во следните области: Public and environmental health, Health

Promotion and Prevention programme, Healthy lifestyle, Primary prevention, Screening programme,

Chronic diseases, Health behaviour and determinants, Inequalities, Diseases control, Nutrition related

disorders, Therapeutic nutrition, Cohort studies, Interventional clinical trials and Obesity.

1. (2007) RTD/FP7: Knowledge-based bio economy (KBBE)

Call Topic: Food, health and well being ec.europa.eu/research/participants/data/.../kbbe_2008_en.xls

2. (2010) EC/Health sciences

Call Topic: “Support for prevention of noncommunicable disease in developing countries in the world”

3. (2014-) EC/Research Executive Agency, HORIZNON 2020, Medical and Health sciences

Call Topic: Health, demographic change and wellbeing.

Воедно таа е експерт и при Министерството за образование и наука на Република

Македонија, а во текот на 2014 година беше вклучена како експерт-рецензент на еден

интернационален научно-истражувачки проект.

Доцент д-р Вера СИМОВСКА е главен едитор и член на бројни Издавачки одбори на

Меѓународни научни часописи и професионални здруженија.

Активности на наставен кадар

Page 8: Ттф инфо број 2, септември 2014

8

Слика 1. Д-р Трајковска Петкоска на

состанок на проектот Dibbiopack во Fraunhofer ISC Institute - Wurzburg, Германија.

Во месец март 2014 год. во Fraunhofer ISC Institute - Wurzburg, Германија се одржа конзорциум

состанок на учесниците на проектот од ЕУ ФП7 рамковната програма: Dibbiopack - Development

of injection and blow extrusion molded biodegradable and multifunctional packages by

nanotechnology: improvement of structural and barrier properties, smart features and sustainability

(Grant agreement no: 280676). Д-р Трајковска Петкоска, вонр. проф. од ТТФ-Велес имаше свое

излагање за делот од проектот за кој таа и нејзините соработници е одговорна, а тоа е

подобрување на бариерните својства на материјали за пакување на храна, козметика и

фарамцевтски производи. Овие материјали се на база на композит составен од биодеградабилен

полимерен материјал (полимлечна киселина) допирана со наноматеријали и иновативен

инженеринг на површината (за повеќе информации на: http://www.dibbiopack.eu/).

Во текот на месец август 2014 год. во Европската Комисија во Брисел се одржа евалуација и

завршен конзорциум состанок на партнерите на ФП7 проектот COMPOSOL - Fibre Reinforced

Composite Reflectors for Concentrated Solar Power Plants (Grant agreement no: 284216). Д-р

Трајковска Петкоска, вонр. проф. од ТТФ-Велес, заедно со нејзините соработници учествуваше

на истиот како партнер на овој проект. Улогата на нејзиното учество во еден ваков проект се

заснива на добивање на високо-рефлективни површини на флексибилни супстрат-материјали,

т.е. на полимерни тенки листови и на ултра-тенки стакла. Резултати беа презентирани пред

Европската комисија оставени од компетентни евалуатори на ЕУ проекти и истите беа за

пофалба бидејќи ѓи надминуваа веќе поставените цели; досега така високо-рефлективни

депозиции на тенки филмови (97% рефлективност) на флексибилни субстрати не се постигнати.

Евалуаторите на овој проект во Брисел ги пофалија резултатите и предложија нивно

патентирање.

Активности на наставен кадар

Слика 2. Д-р Трајковска

Петкоска на завршниот

митинг на партнерите -

учесници на проектот

COMPOSOL во Брисел.

Page 9: Ттф инфо број 2, септември 2014

9

Erasmus приказна ...

На овој факултет студентите добиваат високо ниво на едукација и можност да истражуваат нови

технолошки процеси за преработка на храна, реолошки и функционални карактеристики на

прехранбени производи, физичко-хемиски и биохемиски анализи на храна, активност на

природни антиоксиданси... Љубезните професори Assistant Prof. Maria Papageorgiou, Assistant

Prof. Efthymios Papastergiadis, Associate Prof. Christos Ritzoulis, and PhD student Andreas Filotheou,

несебично ги делат ги своите искуства и целокупни знаења во доменот на проучување на

природата и својствата на храната.

Во склопот на предвидените проектни активности д-р. Павлова оствари средба со професори,

PhD студенти кои работат и истражуваат на одделот за прехранбена технологија при АТЕI.

Технолошко-техничкиот факултет Велес беше претставен со своите наставни програми и

кадарот кој моментално работи, нудејќи отворена соработка во делот на размена на студенти и

наставници како и можност за заеднички магистерски студии. Оваа соработка почна со цел да се

продлабочи и подолго да трае!

Благодарение на координаторот за Еrasmus програмите за АТЕI, Рrof. Tania Kapiki и нејзиниот

тим, овој академски престој овозможи да се остварат контакти со учесници ширум светот

Монголија, Кина, Узбекистан, Србија, Црна Гора кои престојуваа во Солун, во склоп на

различни проекти за размена.

Активности на наставен кадар

Во рамките на Basileus IV проектот, Erasmus Mundus Action 2 Lot 6-Western

Balkans region, во периодот јануари-февруари 2014 вонреден проф. д-р.

Валентина Павлова беше на едномесечен престој како academic staff на

Department of Food Technology and Nutrition, Alexander Technological Educational

Institute of Thessaloniki (АТЕI), Thessaloniki, Greece.

Page 10: Ттф инфо број 2, септември 2014

10

Претседателот на Република Македонија, н.е проф. д-р Ѓорге Иванов на 08-ми март 2014

година одржа предавање на Технолошко-техничкиот факултет во Велес, што функционира во

рамки на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“

Пред студентите, претседателот Иванов порача тие да вложуваат во своето знаење, бидејќи

од нив, како млади луѓе, се очекува да нудат решенија и визии за денешниот свет што забрзано

се менува.

Претседателот Иванов ги информираше студентите на Технолошко-техничкиот

факултет дека во текот на изминатите пет години, преку разни проекти, дал конкретна поддршка

на младите и на младата научна мисла.

Предавање на проф. д-р Ѓорѓе Иванов

Page 11: Ттф инфо број 2, септември 2014

11

Претседателот Иванов посочи на проектите „Школа за млади лидери“, „Најдобар млад

научник“, како и на доделувањето на признанието „Инженерски прстен“ и на стипендиите

„Борис Трајковски“. Македонскиот претседател истакна дека постојано е во контакт со

студентите, преку средби во својот Кабинет, како и преку посети на универзитетите во земјата.

Пред студентите, претседателот Иванов порача тие да вложуваат во своето знаење, бидејќи

од нив, како млади луѓе, се очекува да нудат решенија и визии за денешниот свет што забрзано

се менува.

Во вториот дел од настанот, беше

оставен простор за студентите.

Студентите имаа можност да ги

постават своите прашања на проф.

д-р Ѓорѓе Иванов за неговите идни

активности поврзани со високото

образование.

Page 12: Ттф инфо број 2, септември 2014

12

Студентскиот Парламент при Технолошко технички факултет Велес во соработка со

Кариерниот центар КРЕДО кој функционира при Универзитетот Св. Климент Охридски од

Битола и компанијата за здрава храна Виталиа на студентите им понудија уште една

УСПЕШНА ПРИКАЗНА

Претставници од менаџерскиот тим на Виталиа пред студентите одржаа предавање и ја

презентираа нивната развојна политика во изминатите 20 години. Студентите беа запознаени со

компетенциите кои треба да ги поседуваат за да бидат дел од тимот на Виталиа. Покрај

добиената диплома, треба да поседуваат: комуникациски способности, способност за тимска

работа, познавање на англиски јазик и работа со компјутери.

„Мојата успешна приказна“ со пекара Диме : за студентите на насоката нутриционизам во

прва година при ТТФ Велес, дисперзирана студиска програма во Кичево беше организирана

посета на пекара Диме при што студентите беа запознати со развојниот пат на компанијата,

условите за работа, палетата на производи кои компанијата ги нуди на пазарот и кои можности

ги имаат студентите по нивното дипломирање односно кои вештини и компетенции би требало

да ги поседуваат за да бидат дел од тимот на пекара Диме.

Мојата успешна приказна со Виталиа и пекара Диме

Page 13: Ттф инфо број 2, септември 2014

13

Во просториите на Технолошко техничкиот факултет Велес на 29.04.2014 година ( вторник )

со почеток во 12,00 часот се одржа свечена промоција на II генерација дипломирани инженери

технолози од насоката прехранбена технологија и биотехнологија во Велес и дисперзираните

студии во Кичево.

На свеченоста присуствуваа: проф. д-р Јованка Тутеска – проректор за наука, генералниот

секретар на Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола м-р Офелија Христоска, деканот на

ТТФ Велес вонр. проф. д-р Валентина Павлова, наставниот и соработничкиот кадар ,

претставници од општина Велес и бизнис секторот.

Во рамките на овој настан беа промовирани 22 дипломирани инженери. Дел од

дипломираните студенти знаењето стекнато во текот на студиите веќе започнаа да го

имплементираат во индустријата и соодветните институции.

Промоција на II генерација дипл. инж. технолози

Page 14: Ттф инфо број 2, септември 2014

14

Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола по втор пат на 14.05.2014 година организираше

отворен ден каде што беа презентирани студиските програми кои ги нудат високообразовните

единици кои се дел од Универзитетот.

Технолошко технички факултет Велес ги презентираше студиските програми за прв и

втор циклус како и можностите кои ги нуди факултетот за идните студенти.

За идејата и изгледот на штандот се погрижија група на студенти од насоката

нутриционизам – дисперзирани студии Битола заедно со м-р Драгана Јадровска која е дел од

тимот на факултетот. Оригиналноста и содржините кои беа понудени повторно го „украдоа„

погледот на посетителите.

Промотивни активности: ТТФ Велес дел од отворениот ден на УКЛО

Page 15: Ттф инфо број 2, септември 2014

15

Не ги бројам калориите, но внимавам како се хранам

Нутриционистите можат да работат во градинки, училишта и во болници, каде што можат

да подготвуваат посебни режими на исхрана

НАДИЦА ИЛИЕВСКА, дипл. инж. технолог – насока: нутриционизам

Оваа година ги добивме првата генерација нутриционисти со факултетска диплома. Тие

се образоваа на студиската програма за нутриционизам на Технолошко-техничкиот факултет во

Велес. Тие можат да работат во градинки, училишта и во болници, каде што можат да

подготвуваат посебни режими на исхрана.

За плановите, за здравиот начин на исхрана, како и за просперитетот на нутриционистите

во државата, разговаравме со Надица Илиевска, дипл. инженер технолог-нутриционист.

Вие сте дел од првата генерација дипломирани нутриционисти. Какви се вашите очекувања?

- Првата генерација академски образовани нутриционисти во Македонија секако ќе имаат

одговорна задача. Сите заедно треба да ја афирмираме професијата за да го заземе заслуженото

место во општеството.

Осврт кон професијата – дипл. инж. технолог – нутриционист Надица Илиевска

Page 16: Ттф инфо број 2, септември 2014

16

Моите лични очекувања пред сѐ произлегуваат од реалните потреби на целото население

за квалитетни и научно засновани препораки и информации за храната и начинот на исхрана.

Иако во последно време расте интересот за здрава храна и исхрана и евидентен е приливот на

информации од оваа област, тие најчесто се спротивставени и збунувачки. Според мене,

квалитетни совети и информации од стручни лица сепак недостигаат. Очекувањата се дека

нутриционистите ќе ја пополнат оваа празнина на вистински начин, кој ќе биде корисен за сите

во општеството.

Сметате ли дека сте доволно стручна за да можете да работите како нутриционист?

Кои предмети ги изучувавте, а се поврзани со храната?

- Студиите по нутриционизам каде што ги стекнав моите знаења се

мултидисциплинарни. Опфаќаат предмети од областа на медицината, нутритивната биохемија,

технологијата и процесите на производство на секаков вид храна и пијалаци, состав и видови

храна и нејзиното позитивно или негативно дејствување во човечкиот организмот. Јас и моите

колеги сме комплетно стручни нутриционисти, подготвени за препораки за исхрана на болна и

здрава популација и за сите возрасни групи.

Каде се гледате во иднина и дали мислите дека во нашата држава има просперитет за

младите нутриционисти што допрва ќе излегуваат од факултетските клупи?

- Нутриционизмот е почитувана наука во целиот свет. Нутриционистите се неопходни во

сите области од синџирот на исхрана. Почнувајќи од производство на нутритивно квалитетна и

здравствено исправна храна до нејзиниот консумент и нејзиното дејствување врз здравјето на

луѓето и превенција на современите незаразни хронични заболувања.

Page 17: Ттф инфо број 2, септември 2014

17

Целосно се компетентни да учествуваат во планирање и подготвување национални

стратегии за правилна исхрана на целата популација, како и да му помагаат индивидуално на

секој поединец во давање стручни совети за исхрана. Сигурна сум дека државата ќе ја препознае

важноста на идните нутриционисти и воопшто не се сомневам во просперитетот на оваа

професија.

______________________________________

По оброкот не јадам овошје

Дали лично вие внимавате како се храните?

- Одамна се интересирам за здравата храна и за правилната исхрана. Секако дека

внимавам како се храниме и јас и моето семејство. Правилниот однос кон храната и навиките во

исхраната се трудам да ѝ ги пренесам и на мојата околина. Во секојдневната исхрана секогаш

применувам одредени правила. Не ги бројам калориите во секој оброк, но внимавам на нивниот

квалитет, комбинации и разновидност.

Внимавам повеќе од половина на вкупниот внес на храна да бидат свежи продукти што

не се термички обработени, пред сѐ тука спаѓаат овошјето и зеленчукот. Јадам едноставни

оброци, во кои нема многу сложени комбинации на различни групи нутриенти, во принцип не

мешам јаглени хидрати и протеини во ист оброк. Исто така, по завршување на оброкот не

консумирам овошје, за жал тоа е една некорисна навика широкораспространета кај нас.

Овошјето го јадам посебно, како ужина. Слатките задоволства ги консумирам многу

ретко, а газираните пијалаци и процесирани грицки се комплетно исклучени од моето мени.

Секако, внимавам и на доволен внес на вода. Секојдневно консумирам квалитетен

мултивитаминско-минерален суплемент. Во овој летен период наутро консумирам овошје или

целозрнести житарки со кисело млеко. Ручекот претпочитам да биде домашно приготвено

вариво со салата, а вечерам салата со малку протеини.

Ова мени најмногу ми годи во летниот период, богато е со витамини и минерали неопходни за

полесно справување со високите температури.

Page 18: Ттф инфо број 2, септември 2014

18

7-миот меѓународен CEFood Congress се одржа во Охрид, Република Македонија од 21 до 24 мај

2014 година, на кој учествуваа повеќе од 500 учесници од целиот свет. Овој Конгрес се одржува

под покровителство на Европската Федерација за Науки и Технологии во храната - European

Federation of Food Science and Technology (EFFoST) и Меѓународната Унија за Науки и

Технологии во храната International Union of Food Science and Technology (IUFoST).

Во продолжение Ви ги презентираме авторите и насловите на трудовите кои беа дел од овој

конгрес:

1. Anka T. Petkoska: Innovative dibbiopack biodegradbable packaging for food, comestics and

pharmaceuticals – (overview of EU FP 7 funded project: FP7-NMP-3011-large-5, no280676)

2. Anka T.Petkoska, Ilija Nasov: Designed coatings on food industry equipment- a good practice

for food safety

3. Sasko Martinovski: Developing systems for strategic planning in the health and nutrition sector

by using the geographic information system and its application in the Republic of Macedonijaж

4. Valentina Pavlova: Examination of quality and hygienic correctness of the by-products obtained

in manufacturing vegetables and fruits

5. Aleksandar Saveski, Tatjana Kalevska, Dragan Damjanovski, Valentina Pavlova, Viktorija

Stamatovska: Application of the HACCP system on the lineage of production of Shvarcvald

cherry ice cream

CEFood Congress

Page 19: Ттф инфо број 2, септември 2014

19

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар

Конкурс на УКЛО за најдобар истражувачки труд и есеј

Page 20: Ттф инфо број 2, септември 2014

20

I. ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

Критериуми и услови:

Право на учество на Конкурсот имаат студенти на прв циклус студии на Универзитетот „Св.

Климент Охридски“ – Битола, во академската 2013/2014 година;

· Студентот има право да конкурира за: најдобар истражувачки труд и најдобар есеј

Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд

и за есеј . Истражувачкиот труд, односно есејот, се изработува по слободен избор и тема на

студентот, притоа, да не се објавени, односно изработени пред почетокот на академската

2013/2014 година.

Начин на доставување на трудовите:

Трудот, односно есејот се доставува во поголем плик на кој е наведена само шифрата со

којшто се конкурира, со јасна назнака дали станува збор за есеј или истражувачки труд

Трудовите се доставуваат во три примероци во материјална и еден во електронска форма,

под шифра, најдоцна до 31. 10. 2014 година. Личните податоци се ставаат во помал, запечатен

плик, при што се наведуваат: име, презиме, наслов на трудот / есејот, шифрата со која

конкурира, бројот на индекс и називот на високообразовната институција.

Доставувањето може да се врши лично, во архивата на Универзитетот или на адреса:

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Булевар 1-ви Мај бб 7000 Битола.

Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии кои определуваат

поблиски критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно, есеите.

За најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови се доделуваaт плакети и пооделно по

три парични награди и за есеите и за истражувачките трудови и тоа:

· прва награда 20.000 денари , втора награда 15. 000 денари и трета награда 10.000 денари

Поблиски информаци на телефон: 047 223 788, локал 109 или на [email protected]

[email protected]

Page 21: Ттф инфо број 2, септември 2014

21

Благодарница од ООЦК Велес

Page 22: Ттф инфо број 2, септември 2014

22

Студентски парламент при Технолошко технички факултет Велес

Успесите се наш препознатлив знак.....

Page 23: Ттф инфо број 2, септември 2014

23

ТТФ ИНФО ја виде светлината на денот. Информаторот заврши во студенските раце. Се она

што е работено сите активности кои се реализирани на едно место ги собраа студентите кои

реализирајки го проектот „информатор на факултетот“ покажаа како со упорна работа и

подршка од наставниот кадар се создаваат трајни вредности.

За весникот, но и за актуелностите на Технолошко техничкиот факултет за Лисица мк зборува

Александар Савески, претседател на Студенскиот парламент.

Lisica.mk: Информираноста е значаен сегмент за секој студент, дали ова ви беше една од

водилките во времето додека созреваше идејата за создавање на Вашиот студенски

информатор ?

Александар Савески: Првиот број на студентскиот информатор ТТФ ИНФО е уште една

успешно реализирана активност на Студентскиот Парламент. Овој информатор е резултат на

креативноста, амбициозноста и тимскиот дух кои преовладуваат кај студентите и наставниот

кадар при Технолошко техничкиот факултет Велес. Во информаторот се презентирани сите

реализирани активности на факултетот и Студентскиот Парламент во претходниот семестар,

остварени соработки, студентите кои биле дел од програмите за студентска мобилност,

натпревари, конгреси или по дипломирањето се работно ангажирани имаат можност преку овој

информатор своето искуство да го споделат со своите колеги и пошироката јавност, а дел од

информаторот е отстапен за наставниот и соработничкиот кадар од каде што студентите ќе

Промоција на првиот број на ТТФ ИНФО www.lisica.mk

Page 24: Ттф инфо број 2, септември 2014

24

може да се запознаат со нивната научно – истражувачка работа. Информаторот ќе се подготвува

по завршувањето на секој семестар и ќе се објавува електронски, но и во печатена форма.

Lisica.mk : Кои активности ги реализираше Студентскиот Парламент при Технолошко

технички факултет Велес во претходниот семестар?

Александар Савески: Во претходниот семестар за студентите при Технолошко технички

факултет во Велес и дисперзираните студии во Кичево и Битола беа организирани обуки на тема

„Деловно комуницирање и професионален развој“, потоа во соработка со Студентскиот

Парламент при Универзитетот Св. Климент Охридски – Битола се организираше студентски

турнир во пинг понг во спортската сала Гемиџии каде што учествуваа студенти од сите

високообразовни единици при Универзитетот. Во изминатиот период се стави акцент на

спортот, беа организирани повеќе фудбалски натпревари. Спортските активности се дел од

проектот „Здрави навики за здрав студентски живот“ што наскоро медиумски ќе се промовира.

Во втората половина на ноември пред студентите беа презентирани програмите за студентска

мобилност и можностите кои ги нуди Кариерниот центар – Кредо, а во Велес и Битола се

формираше сектор за истражување и едукација. Секако не изостанаа и културно забавните

активности односно организацијата на студентски забави.

Page 25: Ттф инфо број 2, септември 2014

25

Lisica.mk : ТТФ Велес од септември 2013 година го продолжи својот развој во

реконструираните простории на поранешниот хотел Вила Зора?

Александар Савески: Благодарение на финансиската поддршка на Министерството за

образование и наука при Владата на Р.М, Универзитетот Св. Климент Охридски Битола, но и

општина Велес Технолошко технички факултет Велес доби современи услови за работа. Во овој

момент факултетот располага со 4 предавални, компјутерски центар, сала за состаноци,

канцеларии за администрацијата, наставниот и соработничкиот кадар, се подготвуваат

лабораториите за изведување на практичната настава.

Наскоро се очекува да започне да функционира и опремата за далечинско учење. Оваа опрема

факултетот ја обезбеди со неговото учество во ТЕМПУС проектот.

Lisica.mk : Состојба со дисперзираните студии во Кичево и Битола?

Александар Савески: Технолошко технички факултет Велес има дисперзирани студии во

Кичево и Битола. Во Кичево во првите три години студентите се запишуваа на насоката

прехранбена технологија и биотехнологија, а од оваа академска година на насоката

нутриционизам. Дисперзираните студии во Кичево располагаат со три предавални,

канцелариски простор и две лаборатории кои се обезбедени од страна на Владата на

Р.Македонија односно Министерството за образование и наука во рамки на проектот

„Опремување на лаборатории за научно истражувачка и апликативна дејност. Дисперзираните

студии во Битола функционираат четири години и од почетокот до денес во функција е насоката

нутриционизам.

Lisica.mk : Каков е интересот за студии.......

Александар Савески: Моментално на студиските програми на прв и втор циклус студираат над

1000 студенти. Во месец април ќе се одржи втората промоција на дипломирани инженери

технолози од насоката прехранбена технологија и биотехнологија, а кон крајот на оваа

академска година се очекуваат првите дипломирани нутриционисти и првите магистри.

Page 26: Ттф инфо број 2, септември 2014

26

По IV – ти пат од постоењето на Студентскиот Парламент при Технолошко технички

факултет Велес, согласно програмата за работа во летниот семестар се организираат

хуманитарни активности.

Покрај традиционалната IV крводарителската акцијата, се организираше и донирање на облека,

обувки и играчки кои потоа во соработка со Општинската организација на Црвен Крст Велес ќе

бидат распределени за ранливите категории на граѓани.

Организирањето на крводарителската акција на овој факултет има свој континуитет.

Младите односно студентите на секоја акција го покажуваат својот интерес, ја покажуваат

својата хуманост. Студентите знаат и умеат, студентите на дело ги покажуваат вистински

вредности. Тоа е причина овие акции да продолжат да се организираат.

Во рамки на одбележувањето на денот на крводарителите и Црвениот крст, на

Технолошко технички факултет Велес од страна на Црвен крст Велес му беше доделена

благодарница за успешно организирани акции, постигнати резултати во крводарителството, за

покажаната хуманост и солидарност

Хуманитарни активности

Page 27: Ттф инфо број 2, септември 2014

27

Над 100 студенти од УКЛО зедоа учество на Универзитетската лига во футсал, во 12 екипи

од сите единици на УКЛО.

Најуспешна е екипата на Технолошко-техничкиот факултет од Велес . Пехарите и

медалите на најдобропласираните учесници им ги доделија проректорите проф. д-р Пере

Аслимоски и проф. д-р Никола Крстаноски.

Прво место на фудбалската екипа на ТТФВ на Универзитетската лига во футсал

Page 28: Ттф инфо број 2, септември 2014

28

Заедницата на технолошко металуршки факултети ја организираше 53 - тата

ТЕХНОЛОГИЈАДА. Околу 600 студенти, од Скопје, Велес, Нови Сад, Мостар, Тузла, Марибор,

Бор, Зворник, Бања Лука, Белград, Косовска Митровица, Лесковац и Подгорица поминаа

незаборавни денови во периодот од 12 до 16 мај во хотел Еуротел Струга. Носител на

организацијата беше Технолошко металуршки факултет Скопје. Покрај дружењето и нови

познанства студентите се натпреваруваа во спорт, беа презентирани научни трудови.

Технолошко технички факултет Велес учествуваше во:

- фудбал,

- кошарка,

- стони тенис,

- научни трудови

- игри без граници

Покрај благодарницата за учество, Технолошко технички факултет Велес доби диплома за

освоено ПРВО МЕСТО во „игри без граници“

Технологијада 2014 – Прво место за ТТФ во „игри без граници’’

Page 29: Ттф инфо број 2, септември 2014

29

Галерија:

Page 30: Ттф инфо број 2, септември 2014

30

Значењето на потпишувањето меморандум на Студенскиот парламент при УКЛО со

НАПАГ е огромно. „Во нашата соработка предвидуваме голем број на проекти и активности со

кои ќе го искористиме потенцијалот на најдобрите студенти - поттикнување на неформално

образование, промоција на најдобри студенти за поголема мотивација со цел вложување во

себе“ - изјави претседателот на студенскиот парламент при УКЛО, Кристина Петровска.

Четворица студенти од Технолошко технички факултет Велес се дел од првата

генерација на членови на НАПАГ – Национална Агенција на Престижни Академски Граѓани:

Давор Данилоски, Катерина Темелковска, Александар Савески и Христина Ефтинџиоска.

„Сметам дека НАПАГ е перспективна организација. Она што секој студент го интересира

после завршувањето на факултетот е неговиот успех да го однесе на добро работно место“ –

рече Христина Евтинџиовска, студент со висок просек.

„За мене членувањето во НАПАГ би било многу значајно. Освен тоа што ќе го имаме нашето

CV на нивната страна, ќе биде достапно и до работодавачите со тоа што сите студенти со висок

просек ќе можат да им бидат достапни на работодавачите“ – рече Катерина Темелковска,

студент со висок просек.

За студентите на УКЛО оваа соработка со НАПАГ претставува уште еден чекор на нивна

промоција во пошироката јавност преку која работодавачите полесно ќе можат да ги пронајдат

потребните човечки ресурси.

СПУКО потпиша меморандум за соработка со НАПАГ

И студентите од ТТФ Велес се дел од оваа организација

Page 31: Ттф инфо број 2, септември 2014

31

Во младинскиот парк во Велес на 16 мај 2014, се одржа настанот насловен како „Млади

за Велес“ на кој десетина невладини организации од градот ја покренаа иницијативата за

формирање локален младински совет преку кој граѓанските организации ќе ги споделат желбите

на младите.

Настанот „Млади за Велес“ вклучи саем на младински организации, на кој

организациите од Велес преку свои штандови ги промовираа своите активности пред

посетителите. Присутни организации на настанот беа ОО на Црвен Крст, извидници,

Студентски Парламент при Технолошко технички факултет, средношколска заедница од ССОУ

„Димитрија Чуповски“, доброволно противпожарно претпријатеие „Видра“, стрип центарот на

Македонија но и членови од здружението „Македонски спасител“ кои ги промовираа своите

активности и приоритети пред младите.

Настанот е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински

политики“ финансиран од ЕУ од регионалната ИПА програма а се спроведува од МОФ и ЦИД

во 12 општини во државата меѓу кои и во Велес. Настанот го подржа и локалната самоуправа на

општина Велес.

Отворен ден на младински организации

Page 32: Ттф инфо број 2, септември 2014

32

Име Презиме Дипломска работа Одбранета

на

Весна

Ристова

Производство и својства на

ферментациони производи ( Техн.на

млеко и млечни п-ди)

Ментор: доц. д-р Татјана Калевска

16.06.2014

Маргарета

Поп-Икономова

Безглутенска храна (Основи на

диетотерапија)

Ментор: вонр. проф.д-р Ангела

Василевска

20.08.2014

Јулија

Диковска

Исхрана кај лица заболени од

кардиоваскуларни болести (Основи на

диетотерапија)

Ментор: вонр. проф.д-р Ангела

Василевска

20.08.2014

Христина

Ѓоргиева

Модел на потрошувачко однесување

(Маркетинг на прехранебни производи)

Ментор: доц. д-р Сашко Мартиновски

03.07.2014

Надица

Илиевска

Определување на нутритивен статус со

метод на хемоскенирање на нативна

капка крв (Биохемија)

Ментор: вонр. проф. д-р Валентина

Павлова

03.07.2014

Ана

Антовска

Нутритивен внес и дневни потреби на

протеини, јаглехидрати и масти при

парентерална исхрана кај доенчиња

(Биохемија)

Ментор: вонр. проф. д-р Валентина

Павлова

03.07.2014

Дипломирани студенти , јануари – август 2014

Насоки: прехранбена технологија и биотехнологија

нутриционизам

В Е Л Е С

Page 33: Ттф инфо број 2, септември 2014

33

Име и

презиме

Тема на дипломската

работа

предмет ментор Датум на

одбрана

Јасмина

Коруноска

Бр.досие 68

Произво.и својства на

бело сирење од козјо

млеко

Тех.на млеко и

млечни

производи

Ред.проф.д-р

Драган

Дамјановски

12.03.2014

Здравко

Китаноски

Бр.досие 59

Определување на квалитет

на екстра вирџин

маслиново масло

Технологија на

масти и масла

Вонр.проф.д-р

Горица

Павлоска

12.06.2014

Катерина

Борозан

Бр.досие 154

Медот и негова примена Технологија на

шеќер и

кондиторски

производи

Ред.проф.д-р

Драган

Дамјановски

07.07.2014

Даниела

Хлоупек

Димоска

Бр.досие 154

Одредување на

микробиолошките

својства на млекото , како

еден од факторите како го

определуваат неговиот

квалитет

Тех.на млеко и

млечни

производи

Доц.д-р.

Татјана

Калевска

02.07.2014

Александра

Јоноска

Бр.досие 134

Технологија на

производство и својства

на кашкавалот

Тех.на млеко и

млечни

производи

Доц.д-р.

Татјана

Калевска

02.07.2014

Катерина

Блажеска

Бр.досие 136

Особини на бело

саламурено сирење од

овчо млеко

Тех.на млеко и

млечни

производи

Доц.д-р.

Татјана

Калевска

02.07.2014

Емилија

Трајаноска

Бр.досие 140

Искористување и значење

на сурутката како

спореден производ

Тех.на млеко и

млечни

производи

Доц.д-р.

Татјана

Калевска

02.07.2014

Анета

Зафироска

Бр.досие 110

метаболизам на липиди,

определување на вкупен

липиден статус кај

пациенти од Кичево

Биохемија Вонр. проф.

д-р. Валентина

Павлова

02.07.2014

Анета

Ѓорѓијоска

Бр.досие 101

Стареење и болести на

лебот

Технологија на

жита, леб и

пекарски

производи

Ред.проф.д-р

Драган

Дамјановски

07.07.2014

Виолета

Спасеноска

Бр.досие 100

Сахароза –добивање и

нејзина улога во

прех.индустрија

Технологија на

шеќер и

кондиторски

производи

Ред.проф.д-р

Драган

Дамјановски

07.07.2014

Мира

Миленкоска

Влијание на конц. на сол

врз процесот на

ферментација на кисела

зелка

Конзервирање

на прехрамбени

производи

Вон.проф.д-р

Горица

Павлоска

03.06.2014

К И Ч Е ВО

Page 34: Ттф инфо број 2, септември 2014

34

Бр. на индекс

Име и презиме

Тема на дипломска работа

134

Паниќ Ангела

"Мерење на квалитетот на вода од

местото "Сребрена вода"

13

Колароска Славица

„Алиментарни токсоинфекции“

5

Петреска Лорета

"Предусловни програми и новна

примена во ЈКП Водовод и

Канализација – Прилеп“

24

Маргаритка Пашоска Камческа

"Имплементирање и примена на

НАССР

системот во ЈКП Водовод и

канализација Прилеп“

Подготвиле:

1. Референт по ЕКТС Бошко Петровски – Велес

2. Референт на студентски прашања Виолета Спасеноска – Кичево

3. М-р Драгана Јадровска - Битола

Б И Т О Л А

Page 35: Ттф инфо број 2, септември 2014

35

Промоција на II генерација дипл. инж. технолози

Апсолвенти, генерација 2010 / 2014 година

Page 36: Ттф инфо број 2, септември 2014

36

Почитувани читатели,

Вашите пофалби, критики и предлози ги очекуваме на e-mail: [email protected]

Следниот број ќе излезе во февруари 2015 година.