Стандарди за наставата по странски јазик

2
Стандарди за наставата по странски јазик Со стандардите се дефинираат нивоата на постигањата на учениците преку описот на квалитетот и квантитетот на знаељата и способностите на учениците. Стандардите во наставните програми по странски јазик произлегуваат од целите и задаќите дефинирани во компонентите на изучување на јазикот. Пие претставуваат основа врз која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната правилна примена претставува почитување и примена на принципите на проучување, методските и другите упатства кои се содржат во нив. Стандардите во странските јазици ги содржат, главно, двете категории: категорија Знаење и категорија Вештини и способности. Во усвојувањето на системот на знаења спаѓа усвојувањето на лексичките единици, граматички структури и комуникативни модели во рамките на обработените теми и содржини, низ кои провејува културата и цивилизацијата на земјите чиј јазик се изучува. Во рамките на вештините и способностите се врши проверка на функционалните способности и продуктивни вештини и споспобности. Интеркултурните компетенции се специфични вештини во стекнувањето на вештините и способностите во странските јазици. Совладувањето на стратегиите на учење и користење на знаењето е, исто така, стандард за мерење на вештините и способностите на учениците за совладување на странскиот јазик. Во категоријата Вештини и способности на станските јазици се компонентите: Слушање со разбирање, Зборување, Читање и Пишување. Општ опис на стандардите на постигањата и критериумите на оценување Стандардите и критериумите за оценување на основно образование се темелат на одредбите на Законот за основно осумгодишно образование, наставните програми за секое одделение во основното образование, теориските сознанија и искуствата од наставната практика. Стандардите се систематизираат според општите и конкретните цели/задачи во наставните програми за секое одделение во основното образование, според наставните теми./компоненти во изучувањето на странскиот јазик, како и основните знаења и способности. Во описот на стандардите на постигањата на учениците и во критериумите по странските јазици земени се предвид јазичните компетенции кои учениците

Upload: elena-madzoska

Post on 29-Jul-2015

109 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: Стандарди за наставата по странски јазик

Стандарди за наставата по странски јазик

Со стандардите се дефинираат нивоата на постигањата на учениците преку описот на квалитетот и квантитетот на знаељата и способностите на учениците. Стандардите во наставните програми по странски јазик произлегуваат од целите и задаќите дефинирани во компонентите на изучување на јазикот. Пие претставуваат основа врз која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната правилна примена претставува почитување и примена на принципите на проучување, методските и другите упатства кои се содржат во нив.

Стандардите во странските јазици ги содржат, главно, двете категории: категорија Знаење и категорија Вештини и способности.

Во усвојувањето на системот на знаења спаѓа усвојувањето на лексичките единици, граматички структури и комуникативни модели во рамките на обработените теми и содржини, низ кои провејува културата и цивилизацијата на земјите чиј јазик се изучува. Во рамките на вештините и способностите се врши проверка на функционалните способности и продуктивни вештини и споспобности. Интеркултурните компетенции се специфични вештини во стекнувањето на вештините и способностите во странските јазици. Совладувањето на стратегиите на учење и користење на знаењето е, исто така, стандард за мерење на вештините и способностите на учениците за совладување на странскиот јазик.

Во категоријата Вештини и способности на станските јазици се компонентите: Слушање со разбирање, Зборување, Читање и Пишување.

Општ опис на стандардите на постигањата и критериумите на оценување

Стандардите и критериумите за оценување на основно образование се темелат на одредбите на Законот за основно осумгодишно образование, наставните програми за секое одделение во основното образование, теориските сознанија и искуствата од наставната практика.

Стандардите се систематизираат според општите и конкретните цели/задачи во наставните програми за секое одделение во основното образование, според наставните теми./компоненти во изучувањето на странскиот јазик, како и основните знаења и способности.

Во описот на стандардите на постигањата на учениците и во критериумите по странските јазици земени се предвид јазичните компетенции кои учениците треба да ги постигнат на крајот на одделни воспитно-образовни периоди/одделенија во основното образование. При дефинирањето на стандардите земени се во предвид насоките на Заедничката европска референцијална рамка за изучување на странските јазици. Според насоките на Заедничката европска референцијална рамка се разликуваат вкупно шест нивоа на комуникативна употреба:

елементарно ниво: А1-подготвително ниво; А2-темелно ниво;самостојно користење на јазикот: В1-преодно; В2-самостојно ниво;компетентно користење на јазикот: С1- наспредно ниво; С2-највисоко ниво.