bilten br 1 2015

11
45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ 45. FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES ILINDEN DAYS ILINDEN DAYS ILINDEN DAYS 29.07 - 01.08.2015 29.07 - 01.08.2015 29.07 - 01.08.2015 Фотографија: Игор Јанковски

Upload: predrag-stojkovski

Post on 23-Jul-2016

246 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

45. Republi~ki festival na narodni pesni i igri "Ilindenski denovi" 4

TRANSCRIPT

Page 1: Bilten br 1 2015

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

45. FESTIVAL OF TRADITIONAL SONGS AND DANCES

ILINDEN DAYSILINDEN DAYSILINDEN DAYS29.07 - 01.08.201529.07 - 01.08.201529.07 - 01.08.2015

Фотографија: Игор Јанковски

Page 2: Bilten br 1 2015

Pokrovitel:Sobranie na

Republika Makedonija

Organizator:

BILTEN

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Број 1/2015 • Битола, 29.07.2015

Page 3: Bilten br 1 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

3

th45 Republic Festival th45 Republic Festival of Folk Dances and Songs of Folk Dances and Songs

“Ilinden Days” Bitola“Ilinden Days” Bitola

th45 Republic Festival of Folk Dances and Songs

“Ilinden Days” Bitola

Tradition as a sign of every nation's existence has been forged through the course of centuries. It is priceless heritage bestowed from past to future generations. In honour of the great holiday Ilinden, the Republic Festival of Folk Dances and Songs “Ilinden Days” – Bitola has preserved and presented t r a d i t i o n a l c u l t u r a l v a l u e s fo r 4 5 ye a r s continuously, inspired by Saint Elijah and in honour of the traditional artist. Launched in 1971 and founded deeply in the traditional culture with clear and precise objectives, the Festival has opened a new path and new opportunities for continuing the tradition. The programme concept, pursuit of stage presentation, evaluation, and promotion of authent ic , t radit ional content , then the educat ional ac t iv i t ies, cooperat ion with competent, scientific, and professional institutions in the field of culture, education, and arts, as well as the international collaboration and promotion, have turned this Fest ival into a unique, representative and respectable event not only in Macedonia and Europe but also worldwide. Thus, the Festival has become a pillar for spiritual connection of the Macedonians around the world and a mirror of multiculturalism in the Republic of Macedonia. Furthermore, it has established a spiritual bridge for cooperation with the world cultural tradition and created a representative arena for professional and scientific study of traditional culture. Based on the fundamental postulates, this year's jubilee edition of the Festival brings refined stage presentations of customs and rituals, traditional and old urban folk music and dances, as well as a mosaic of international cultural values, all of which shall be performed by ensembles from Macedonia, Canada, Italy (Sardinia), Poland, Romania, Croatia, and Serbia. The scheduled performances and accompa-nying events shall be held in the beautiful setting of the Festival stage, as well as in Shirok Sokak, Magazata, and the ancient city of Heraklea, which are all offered wholeheartedly by the host city of Bitola - a kind of an open air museum. The 45th edition of the Republic Festival of Folk Dances and Songs “Ilinden Days” shall be closed by a chalgia music concert performed by the band Liuboina and Ismail Liumanovski in the theatre of the ancient city of Heraklea.

The tradition continues...

45. Republi~ki festival45. Republi~ki festivalna narodni pesni i igrina narodni pesni i igri

"Ilindenski denovi""Ilindenski denovi"

45. Republi~ki festivalna narodni pesni i igri

"Ilindenski denovi"

Традицијата е создавана со векови, таа е белег на постоењето на секој народ, таа е бесценето наследство подарено од минатите на идните генерации. Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ - Битола, 45 годи-ни во континуитет, вдахновен од Свети Илија, во чест на големиот Илинден, во чест на наро-дниот уметник, ги чува и презентира традицио-налните културни вредности. Промовиран во 1971 година, втемелен длабоко во народната култура, со своите јасни и прецизни цели, фестивалот отвори нова патека, нови можности за континуитет на традицијата. Програмскиот концепт, определбата за сценска презентација, валоризација и афирма-ција на автентични, традиционални содржини, едукативната дејност, соработката со компе-тентни, научни и стручни институции од облас-та на културата, образованието и уметноста, интернационалната соработка и афирмира-ност, го направи фестивалот единствен, уника-тен, репрезентативен и респектабилен како во Македонија така и во Европа и во светот. На тој начин Фестивалот стана стожер за духовно поврзување на македонците од целиот свет, огледало на мултикултурата во Република Македонија, воспостави духовен мост за сора-ботка со светската културна традиција и создаде репрезентативна сцена за стручно и научно проучување на народната култура. Базирајќи се на своите темелни поставки, овогодишното јубилејно издание на фестива-лот ни носи рафинирани сценски презентации на обичаи, обреди, традиционална, староград-ска музика и игра, како и мозаик на интернаци-онални културни вредности во интерпретација на ансамбли од Македонија, Канада, Италија (Сардинија), Полска, Романија, Хрватска и Србија. Програмските содржини како и придруж-ните манифестации ќе се реализираат во прекрасните амбиенти на фестивалската сцена, Широк сокак, Старата чаршија, Магазата, антич-киот локалитет Хераклеја, кои безрезервно ги нуди Битола, градот домаќин кој е своевиден музеј на отворено. 45-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ ќе го заокружат групата Љубојна и Исмаил Лумановски со Концерт на чалгиска музика во театарот на античкиот локалитет Хераклеја.

Традицијата продолжува...

Page 4: Bilten br 1 2015

Директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски во придружба на портпаролот на фес-тивалот „Илинденски денови“, Наташа Николова на 27 јули го одржа тради-ционалниот пред фестивалски пресс. На средбата со новинарите, организаторот на фестивалот ги поде-ли печатените публикации и комплет-ната фестивалска програма која како што беше речено изобилува со атрак-тивни содржини кои ќе го одбележат јубилејот 45. години на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“. За медиумите од градот и државата, директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитровски соопшти дека најстариот фестивал во градот, годинава е подигнат на уште повисоко ниво и ќе се реализира во пет програмски денови на кои од 28 јули до 1-ви август ќе се претстават околу 1.000 учесници, фолклористи и културни работници од државата и странство. -Пред нас се богати фестивал-ски денови, вистински континуитет на 45 годишна традиција на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски

Традиционален пред фестивалски press

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

4

денови“. Очекуваме многу гости кои ќе следат квалитетна програма во која ќе бидат презентирани песната, играта и обичаите од Македонија бидејќи овој фествал е чувар на македонската традиција, но исто така ќе се види и дел од светското културно наследство кое ќе го презентираат гостите од странство, посочи Димитровски. Фестивалот почнува со отвора-ње на изложба на детски творби по повод јубилејот 40 години на држав-ната изложба „Народната култура како трајна инспирација во моето твореш-тво“, а свечено ќе биде отворен вечер-ва - 29 јули со традиционалното оро „Комитско“ кое КУД „Илинден“-Битола ќе го изведе на летната сцена во ракометното игралиште. -Годинава имаме повеќе фес-тивалски сцени за познатите мани-фестации како што се „Ехо од дамари-те“, „На пладне во чаршија“, „Песна на Широк Сокак“, потоа семинарот за традиционална музика и игра кој ќе се одвива во студентскиот дом „Кочо Рацин“, а на фестивалската сцена во ракометното игралиште освен публи-ката, учесниците ќе ги следи и струч-ното жири кое ќе додели награди на најуспешните. Последната фестивал-ска вечер ја резервиравме за групата „Љубојна“ и Исмаил Лумановски кои на Хераклеа ќе приредат незаборавен концерт, а материјалот ќе биде иско-ристен за изработка на CD, чиј издавач ќе биде нашата национална установа, потврди Димитровски. Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски де-нови“ се одржува под покровителство на Собранието на Република Македо-нија и со поддршка на Министерството за култура и општина Битола.

Page 5: Bilten br 1 2015

Фестивалот „Илинденски денови“ е бренд на Битола!

Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола

Најстариот фестивал во градот и еден од најстарите во Македонија, Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“, годинава одбе-лежува 45 години живот на културната сцена. Тоа е настан кој претставува вистинска гордост за македонската култура, вистински чувар на културно историското наследство и затоа секоја година со посебна посветеност се подготвуваме за организација и реали-зација на овој настан, вели Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола, прв човек на уста-новата домаќин на овој значаен настан што се одржува во предвече-рието на големиот Илинден. -Како прв човек на НУ Центар за култура, установа во чија надлеж-ност е фестивалот „Илинденски денови“, горд сум што го организираме најстариот фестивал во градот, мани-фестација која 45 години е на врвот на културната сцена во Македонија, вистински бренд на Битола, фестивал кој што секоја година се организира во очи на големиот Илинден, фестивал кој што обединува и кој е чувар на богатата македонска фолклорна тра-диција, а воедно и фестивал што презентира и е отворено за богатото светско културно наследство, вели Димитровски и посочува дека станува збор за масовен настан во кој година-ва на пет фестивалски вечери ќе се претстават над илјада учесници. Спектакл на затворањето ќе бидат „Љубојна“ и Исмаил Лумановски чиј

репертоар ќе биде составен дел на албумот што ќе го издаде НУ Центар за култура-Битола. Навистина гордост е да се биде дел од овој квалитетен и значаен настан и да се учествува во надградувањето на фестивалската програма што ја подготвуваме со тимот кој секоја година со новитетите обезбедува додадена вредност на фестивалот, посочи Димитровски. НУ Центар за култура-Битола преку креативниот тим секоја година востановува новини кои се прифатени од стручната, но и општата јавност, а потврда за тоа се позитивните комен-тари, критики и секако бројната публика која може да се забележи на сите фестивалски локации.

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

5

Page 6: Bilten br 1 2015

-Од 2010 година или во после-дниве пет години успеавме да го ребрендираме фестивалот но душата и суштината ги задржавме, а тоа публиката го препозна бидејќи ја има насекаде, на сите локации како што се ракометното игралиште, магазата, Широк Сокак, Домот на АРМ, Старата битолска чаршија, Хераклеа, а годинава за прв пат интернацио-налната вечер ќе биде на плоштадот „Магнолија“. Заштитен знак на фести-валот и годинава е фестивалското дефиле кое ќе се организира во очи на свеченото отворање и на кое ќе се претстават културно уметнички дру-штва и фолклорни групи од државата и странство. Битолчани веќе со љубопи-тност и се во исчекување на свеченото отворање, но и на свеченото затво-рање кое ќе биде ретко виден културен и музички настан во државата, нагла-сува Димитровски. Фестивалот „Илинденски денови“ е производ од сите и за сите генерации. Тоа е отворена сцена за културно уметнички друштва и фолк-лорни групи од сите краишта на Македонија, но и од сите светски мери-дијани и затоа критичарите велат дека станува збор за фестивал од државата кон светот и од светот во државата! -Самото чување и промови-рање на македонската традиција пред гостите од странство, како и пред нашите иселеници на најдобар начин значи можност да се презентира тоа што е најдобро од Битола во светот, а на добар пат сме и светот да го доне-семе во Битола бидејќи од година во година имаме бројни атрактивни групи од сите страни на светот кои токму во нашиот град ќе ја презентираат соп-ствената традиција. Нашата мисија е да ја однесеме Битола во светот, но и светот да го донесеме во Македонија, и таа мисија е повеќе од успешна. Изворните групи што немаат голема можност да се презентираат на други сцени се тука на „Илинденски денови“,

а тука пак нивните настапи и корео-графии ги следат менаџери и директо-ри на различни фестивали кои им испраќаат покани за идни гостувања во странство. Затоа со задоволство и годинава ќе имаме групи со автен-тична програма како што се на пример Русалиите од Секирник, групата од селото Драмче, Делчевско која ја изведува култната „Копачка“ и други. За нас секогаш претставува голем предизвик да се задржи автентичнос-та и да се понуди нешто ново што ќе понуди разлика без да се нарушат основните постулати и задоволството е уште поголемо затоа што во тоа успеваме, вели Димитровски. Фестивалот „Илинденски дено-ви“ почнува вечер кога по 45-ти пат со орото „Комитско“ ќе се подигне фести-валската сцена, а потоа звуците ќе ги измешаат македонските изворни инструменти и атрактивни групи од странство кои ќе ги претстават сите бои на светот. -Годинава од Сардинија ни доаѓа група што негува изворен тради-ционален фолклор, од Хрватска доаѓа еден од најдобрите ансамбли во таа држава, од Полска, Романија и Србија ќе се претстават вистински професио-налци. Секоја година, но и овој пат драги учесници се нашите иселеници, оние што го негуваат фолклорот и традицијата надвор од матичната држава. На сите фолклорот им е во душата и срцето, впрочем така го чув-ствуваме и ние овој фестивал за кој се подготуваме цела година, и затоа Ве поканувам да престојувате на сите фестивалски вечери бидејќи се со различни содржини, а на последната со бурен аплауз да ги наградиме најуспешните во чија чест концерт ќе одржат „Љубојна“ и Исмаил Лумано-вски, порача директорот на НУ Центар за култура-Битола, Борче Димитро-вски во фестивалското интервју за првиот број на фестивалскиот Билтен.

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

6

Page 7: Bilten br 1 2015

Одбројувањето до спектаку-ларниот концерт на групата „Љубојна“ со Исмал Лумановски започна. На големиот настан му претходеше скромна најава, така како што секогаш Верче и Оливер ги соопштуваат важните музички настани. Во пресрет на концертот што ќе се одржи на 1-ви август вокалистката Вера Милошев-ска го изјави следното: -Верувајте, тоа ќе биде пре-красна средба на многу виртуози на една сцена. Ќе има еден убав чалгиски звук кој ќе потсети на некогашните чалгии на Тале Огненовски. Со нас ќе биде светски познатиот виртуоз Исмаил Лумановски, врвен светски кларинетист чија школа почнува токму од чалгиското дувло...од Битола! Се гледаме на Хераклеа, нагласи Верче на прес конференцијата посветена на претстојниот концерт.

ПОВЕЛЕТЕ НА ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА!

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

7

Од кога не сте вкусиле шербет?Сакате ли ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА?

Не ја пропуштајте првата можност!

„ШЕРБЕТ ЉУБОЈНА и ИСМАИЛ ЛУМАНОВСКИ“ на 1 август на Хераклеа во Битола!

Придружувани од својот дома-ќин, директорот на НУ Центар за култу-ра-Битола, Борче Димитровски, први-те луѓе на „Љубојна“, Верче и Оливер, не пропуштија да соопштат дека се подготвува новото CD чиј издавач ќе биде токму НУ Центар за култура-Битола. -Овој проект го најавуваме со големо задоволство. Неколку години го чекавме Исмаил Лумановски да ги усогласи своите термини, и токму на 1-ви август да биде слободен. Во Битола ќе пристигне од Иран, а потоа ќе продолжи за Либан. Сакаме сите заедно битолчани да ги почестиме со шербет, бидејќи токму битолчани го знаат вистинскиот вкус на шербетот. Ќе понудиме царска музика затоа што тоа македонската публика го сака, а потоа и CD во кое ќе бидат содржани мајсторствата на Исмаил Лумановски,

на 15-на други музичари со к ои ќе настапиме на Хераклеа и со кои меѓу другото сакаме да се поклониме на делото што го остави Тале Огненов-ски. Се гледаме на Херак-леа, рече и Оливер Јоси-фовски, на средбата со новинарите во пресрет на концертот што е во рамки-те на јубулејното 45-то издание на фестивалот „Илинденски денови“

Page 8: Bilten br 1 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

8

Воспоставувањето на Републи-чкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ во Битола во 1971 година отвори нови хоризонти, нови можности, нови патеки во негува-њето, презентирањето и афирмаци-јата на народната култура и традицио-налните вредности. Еден од вредните сегменти и составен дел на фолклорниот мозаик е и изложбата на детски ликовни творби која од 1975 година и денес, се организира под наслов „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“. -Големиот интерес на децата од цела држава и нивните ликовни педагози, позитивните одгласи во стручната јавност и личните впечатоци на учесниците даваат нова енергија и секогаш отвораат нови можности. Од 1975 година до денес на изложбата во Битола со свои творби учествувале околу 80.000 деца од сите краишта на Македонија и затоа оваа изложба е неразделлив сегмент од фестивалот. Ние продолжуваме да ги поддржуваме младите како наша иднина и затоа годинава почетокот на фестивалските програмски активности им ги посве-тивме на најмладите, истакна дирек-торот на НУ Центар за култура-Бито-ла, Борче Димитровски кој свечено ја отвори изложбата на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“.

40 годиниДржавна изложба на детски ликовни творби

„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“

Page 9: Bilten br 1 2015

ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ - 2015

9

Детската ликовна работилница „Народната култура – трајна инспи-рација во моето творештво“, претставува природно програмско надограду-вање на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ Битола. Главна цел на работилнициата е поттикнување на младите генерации да истражуваат делови од народната култура, да се инспирираат од народната култура, да создаваат дела инспирирани од народната култура, со што би се обезбедил авторски континуитет на традиционалната уметност. Во рамките на детска ликовна работилница со која раководат ликовниот уметник Панде Петровски и етнологот Мери Стојановска во координација со Валентин Соклевски, учествуваат педесеттина ученици и педагози од Битола и Република Македонија.

Детска ликовна работилница„Народната култура – трајна

инспирација во моето творештво“

НУ Центар за култура БитолаМала сала –28 .07.2015 - 11.30 часот

Page 10: Bilten br 1 2015

НАЈАВУВАМЕНАЈАВУВАМЕ29.07.2015 година (среда)

Детска ликовна работилница„Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“

НУ Центар за култура Битола – Фоаје – 10.00 часот

Семинар за традиционална музика и игра

НУ Центар за култура Битола – Мала сала – 11.00 часот

Проекција на етно филмови

Мала сала – 11.30 часот

Дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“

Саат кула, Широк сокак – 18.00 часот

Свечено отворање на 45. Републички фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“Вечер на традиционална музика и игра

Ракометно игралиште – 20.00 часот.

Свечено отворање на фестивалот со орото „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ Битола

1. „Русалии“ с. Секирник2. КУД „Мирка Гинова“ Демир Капија3. Група „Џомалари“ с. Ресава4. ФА „Јанко Глигоров“ Свети Николе5. КУД „Мирче Ацев“ Прилеп6. ФА „Туропоље“ Велика Горица, Хрватска7. КУД „Шкипоња“ Сарај, Скопје8. ДФА „Китка“ Истибања9. КУД „Илинден“ Битола10. „Куартиере Вилланова ди Каљари“ Сардинија, Италија11. Ансамбл „Македонка“ Св. Климент Охридски, Торонто Канада

„Ехо од дамарите“ – Вокално инструментална вечер

КЦ Магаза – 22.30 часот

Page 11: Bilten br 1 2015

2015

45. РЕПУБЛИЧКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ