operativen_plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

11
Оперативен план и упатство за „Избор на најдобра училишна веб страна“

Upload: natasa-risteska

Post on 12-Jan-2016

13 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

Оперативен план и упатство за

„Избор на најдобра училишна веб страна“

Page 2: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

1

Содржина

Користени изрази и термини: ............................................................................................. 2

1. Вовед ............................................................................................................................... 3

2. Јавен повик за избор на најдобра училишна веб страна .............................................. 3

2.1. Објавување на јавниот повик ................................................................................... 3

2.2. Услови за учество ..................................................................................................... 3

2.3. Упатство за изработка на веб страна ...................................................................... 4

2.3.1. Добра содржина ................................................................................................. 4

2.3.2. Навигација .......................................................................................................... 4

2.3.3. Оригиналност ..................................................................................................... 5

2.3.4. Дизајн / Презентација ......................................................................................... 5

2.3.5. Код и платформи за изработка на веб страната .............................................. 5

2.3.6. Слики................................................................................................................... 6

2.3.7. Портабилност / Респонзивност .......................................................................... 6

3. Пријава за учество .......................................................................................................... 6

3.1. Пријавување за учество ........................................................................................... 6

3.2. Основни податоци .................................................................................................... 6

3.3. Детални податоци ..................................................................................................... 6

3.4. Изјави ........................................................................................................................ 7

Прилог 1. .............................................................................................................................. 7

Основни податоци за училиштето .................................................................................. 7

Прилог 2. .............................................................................................................................. 8

Податоци за веб страната ............................................................................................... 8

Прилог 3. .............................................................................................................................. 9

Изјави ............................................................................................................................... 9

Page 3: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

2

Користени изрази и термини:

Израз / Термин Значење / Дефиниција

ИКТ Информатичко комуникациски технологии

Портабилност Преставува способност на веб страната да функционира во различни веб прелистувачи (пр. Internet Explorer, Mozilla Firefox, Chrome, Safari)

Респонзивност Преставува способност на веб страната да се прилагодува со димензиите на различни уреди (пр. таблети, телефони)

PHP Програмски јазик

HTTP Hypertext Transfer Protocol апликациски протокол

CSS Cascading Style Sheets се употребува во опис на изглед и форматирање во документ напишан во markup јазик

Javascript Програмски јазик

Java Програмски јазик

Flash Мултимедијална платформа

CMS системи Системи за менаџирање на содржини

Пребарувач на содржини Search engine модул

Јазичен едитор Language модул

Public copyright лиценци Лиценца за слободни (бесплатни) содржини

Page 4: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

3

1. Вовед

Проектот „Најдобра училишна веб страница“ има за цел да се зголеми иновативноста

како и практичната примена на ИКТ во наставата преку користење на електронски

содржини за постигање на трајни знаења во образованието.

Со изработка на училишната веб страна ќе се овозможи јакнење на креативноста на

учениците за прикажување на делови од наставната содржина во електронска форма.

За примена на методско-дидактичките форми во ИКТ наставата.

Во овој оперативен план, опишана е постапката на спроведување на изборот на

најдобра веб страна, при што во поодделни заглавија се опишани процесите на

огласување на повик за пријавување, потребните документи кои треба да се поднесат

за пријавување и текот на самиот избор, а обрасците потребни за пополнување

дадени се во прилози на овој план.

Избор на најдобра веб страна се одржува еднаш во учебна година.

2. Јавен повик за избор на најдобра училишна веб страна

2.1. Објавување на јавниот повик

Јавниот повик за „Избор на најдобра училишна веб страна“ го подготвуваат МОН,

истиот потоа се објавува на веб страните на МОН, БРО и МИОА.

Во повикот се наведуваат роковите за поднесување на пријавите, роковите за

поднесување на изработените веб страни, и рокот за избор на најдобрата веб страна.

2.2. Услови за учество

1. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија може да

учествува при изборот за најдобра училишна веб страна во својата соодветна

категорија: основно училиште или средно училиште.

2. Секое основно и јавно средно училиште во Република Македонија може да

учествува при изборот за најдобра училишна веб страна со пријавување на само една

веб страна.

3. Веб страната мора да е изработена од страна на редовни ученици во училиштето,

предводени од најмалку едно лице вработено во училиштето – наставник.

4. Веб Страните кои ќе учествуваат во изборот треба да се однесуваат на самото

училиште.

5. Нема ограничување во користење на платформи за развој на веб страна.

Page 5: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

4

6. За изработка на веб страната не смее да се користи готов урнек (template).

7. Изработената веб страна може но не мора да биде поставена на интернет.

8. Навигацијата и содржината на веб страната мора да бидат на македонски јазик.

Доколку училиштето сака да има навигација и/или содржина и на друг јазик мора да

обезбеди повеќејазичност на веб страната.

2.3. Упатство за изработка на веб страна

Целта на секоја веб страна е да прикаже и пренесе информации на начин кој е

корисен за корисникот. Начинот на кој ќе биде пренесена информацијата, може во

значајна мера да ја зголеми заинтересираноста како и знаењето на самиот корисник

на веб страната.

На пример, страна пополнета само со текст може да биде корисна во давање на

информации, но не и да биде визуелно привлечна. Истиот текст со соодветно обоени

делови, Јава скрипти, итн. може да долови многу повеќе информации и да го мотивира

читателот да остане подолго и да ја користи страната и за други намени освен за

почетната. Лошо дизајнираните веб страни вообичаено не нудат корисни информации

и/или се тешки за употреба.

Основните минимални карактеристики на добра веб страна по кои се води

упатството и по кои треба да се водат училиштата се: Добра содржина, Навигација,

Оригиналност, Дизајн / Презентација и Портабилност / Респонзивност.

2.3.1. Добра содржина

Интернетот е креиран за да биде ефикасен механизам за презентирање на

информации и затоа содржината на веб страната е многу важна. Интересни скрипти и

графика, како и други својства, можат да се користат во подобрување на самата

содржина.

Секоја страна треба да поседува општи информации за училиштето, минати и идни

активности, наставен кадар, вработени, контакт, локација, но и други информации кои

се релевантни за самите училишта.

Веб страната претставува огледало или слика на секое училиште, преку која јавноста

ќе дојде до брза и точна информација, па истата треба да содржи точни и навремени

информации кои ќе се презентираат со точна граматика и правилен правопис.

Структурата, обемот и вокабуларот на напишаното исто така е од големо значење.

Доколку се изработува веб страна која е повеќејазична треба да се внимава на сите

јазици.

2.3.2. Навигација

Сите линкови треба да бидат функционални и активни, односно, добра веб страна не

смее да има празни страни, неупотребливи или непостоечки линкови.

Функционалноста на надворешните линкови секогаш треба да се земе во предвид.

Page 6: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

5

Една голема и обемна страна на која се наоѓаат сите содржини не е лесна за читање и

одзема многу време за пронаоѓање на потребните информации, но и за прикажување

на самата страна. Од друга страна пак, поделбата на страната на многу помали

тематски целини може исто така да одземе многу време за пронаоѓање на потребните

информации. Добрата логичка структура на страната резултира во прегледно, забавно

и лесно пристапување и прелистување на информациите.

Клучните зборови кои би се користеле како линкови треба да бидат логички,

препознатливи и не во огромен број. На пример користењето на цел пасус-линк како и

текст исполнет со линкови преставува лоша пракса.

Користењето на менија, мапи, пребарувачи итн. преставува добра пракса доколку

истите не се користат премногу.

2.3.3. Оригиналност

Оригиналноста, иако донекаде субјективна, е важен квалитет на одлична веб страна.

Оригиналноста при изработка на веб страната може да се гледа на два начини.

Првиот е самата содржина, додека вториот е начинот на презентација на содржината.

На пример, содржината може да се подобри со додавање интересни информации и

содржини за училиштето, додека начинот на презентација со користење на иновативни

пристапи може да ја истакне страната со нејзината оригиналност.

2.3.4. Дизајн / Презентација

Дизајнот на добра веб страна се разгледува не само по нејзината оригиналност, туку и

по тоа колку добро тој се вклопува со содржината, а со цел на корисниците да им

обезбеди лесен и добар преглед на содржините и информациите. Брзото и точно

препознавање на училиштето е важен квалитет за добра веб страна.

Употребата на добри елементи за презентација како што се боја, фонтови, табели,

слики, видеа итн. ја подобруваат презентацијата и преземањето на информации.

Преголемата употреба на овие елементи може пак да резултира во пренатрупана,

непрегледна и естетски непривлечна веб страна.

Дизајнерските елементи кои се користат при изработка на веб страната треба да

бидат во прифатлив сооднос со страната и текстот. Нечитливите делови каде бојата

на текстот и основата се блиски, треба да се избегнуваат.

2.3.5. Код и платформи за изработка на веб страната

Нема ограничување во користење на платформи за развој на веб страна (php, http,

css, java, java script, flash).

За изработка на веб страната не смеат да се користат готови темплејти. Може да се

користат CMS системи (пр. Wordpess, Joomla, Drupal) но не може да се користат готови

темплејти за истите. Доколку се користат CMS системи дозволено е користење

исклучиво на стандардниот сет на модули кои се инсталираат со самиот CMS.

Page 7: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

6

2.3.6. Слики

Сликите преставуваат најдобриот визуелен елемент од веб страната. Добрата,

квалитетна, естетски привлечна и интересна слика го зголемува визуелниот квалитет

на самата веб страна.

При користењето на слики за изработка на добра веб страна треба да се внимава на

оригиналноста на материјалот кој се користи. Препорачливо е сите слики и графики

кои ќе се користат при изработка на веб страната да бидат изработени /

фотографирани од страна училишниот тим. Доколку сликите и графиката се

превземени од друг извор траба да се почитуваат авторските права на авторот

односно се користат Creative Commons лиценци и кредитирање на авторите.

2.3.7. Портабилност / Респонзивност

Различни прелистувачи даваат различи резултати за иста веб страна. Истото важи и

за различни уреди. Добра веб страна преставува страна кој може релативно исто да ги

престави содржините на различни веб прелистувачи и уреди.

3. Пријава за учество

3.1. Пријавување за учество

Пријавувањето на веб страни за учесници на натпреварот се доставуваат и примаат

исклучиво во периодот означен во јавниот повик.

Целосната пријава се состои од пополнети обрасци опишани во деловите 3.2., 3.3. и

3.4., кои се потпишани од директорот на училиштето. Пријавувањето се врши на начин

дефиниран во повикот.

Нецелосна пријава нема да биде земена во предвид.

3.2. Основни податоци

Секое училиште треба да достави основни податоци за училиштето и учесниците во

развојот на веб страната со пополнување на образецот во Прилог 1.

3.3. Детални податоци

Деталните информации за веб страната, технологијата која е користена, процесот на

изработка, како и друго технички детали, треба да се внесат во образецот во Прилог 2.

Page 8: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

7

3.4. Изјави

Пријавата треба да содржи и изјави потпишани од директорот на училиштето и еден

од водачите на тимот ученици, со кои се изјавува дека при изработката е од страна на

учениците и дека се користени исклучиво материјали кои се достапни за јавно

користење. Изјавите се во Прилог 3.

Прилог 1.

Основни податоци за училиштето

Назив на училиштето:

Општина:

Адреса:

Телефон:

Веб страна на училиштето:

Име на директор:

Име на наставник - лидер на тимот:

Име на наставник - член на тимот:

Име на наставник - член на тимот:

Име на ученик - член на тимот:

Име на ученик - член на тимот:

Име на ученик - член на тимот:

Име на ученик - член на тимот:

Име на ученик - член на тимот:

Име на ученик - член на тимот:

Page 9: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

8

Прилог 2.

Податоци за веб страната

Основни податоци за страната

Назив на училиштето / институцијата за кога е изработена веб страната:

Платформа/ програмски јазици во која е изработена веб страната:

Кои делови се развиени од страна на учениците и се оригинални:

Кои преземени модули се користени како готови:

Слики

Број на слики изработени / фотографирани од страна училишниот тим

Број на преземени слики (со дозвола за користење):

Собирање и структура на содржината

Кои методи се користени за собирање на податоците:

Зошто содржината е структурирана на таков начин:

Кои методи се користени за тестирање на веб страната:

Кои веб страни се користени за преземање на содржините / сликите:

Дизајн

Кои алатки се користени за обработка на сликите

Page 10: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

9

Прилог 3.

Изјави

Изјава од Директорот на училиштето

Јас _____________________________________________ (презиме и име), директор на

училиштето ____________________________________________________ во

_____________, изјавувам дека пријавената веб страна од нашето училиште:

- е целосно изработена од страна на учениците,

- за нејзината изработка не се користени недозволени материјали (слики, урнеци)

- е оригинална страна

Место: _____________

_______________________________________

Датум: _____________ Директор

М.П.

Page 11: Operativen_Plan_za_najdobra_uchilishna_veb_strana.pdf

10

Изјава од наставникот - лидер на тимот

Јас _____________________________________________ (презиме и име), наставник

по предметот/тите

_______________________________________________________________ во

училиштето ____________________________________________________ во

_____________, изјавувам дека пријавената веб страна од нашето училиште:

- е целосно изработена од страна на учениците,

- за нејзината изработка не се користени недозволени материјали (слики, урнек)

- е оригинална страна

Место: _____________

_______________________________________

Датум: _____________ Наставник

Место: _____________

_______________________________________

Датум: _____________ Директор

М.П.