pathway of science - Прво Издание

10
The Pathway of Science The Pathway of Science Кој е напредокот во лекувањето на ракот на дојка? Кој е напредокот во лекувањето на ракот на дојка? Прво Издание

Upload: emsamacedonia

Post on 10-Mar-2016

236 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

Pathway of Science се кратки статии напишани од студенти - членови на ЕМСА. Во првото издание прочитајте нешто повеќе за напредокот во лекување на ракот на дојка.

TRANSCRIPT

Page 1: Pathway of Science - Прво Издание

The Pathway of ScienceThe Pathway of ScienceКој е напредокот во лекувањето на ракот на дојка?Кој е напредокот во лекувањето на ракот на дојка?

П р в оИздание

Page 2: Pathway of Science - Прво Издание

2

Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

Жените во денешно време се многу запознаени со состојбата и испитувањата кои се нудат со цел да се заштитат од покосницата наречена ‘’рак на дојка’’.

Сето тоа им е на дофат благодарејќи на веб порталите, списанија, како и голем број на трибини кои се одржуваат со цел да се побуди свеста кај луѓето.

Според Светската Здравствена Организација, ракот на дојка е водечка болест кај жените. Со оглед на третманот и дијагностиката кои се достапни денес, сепак бројката на заболени е огромна. Во 2013, се очекува околу 40 000 да починат од оваа болест. Иако бројот на оние кои се излечиле е поголем во однос на минатото, бројот на рак на дојка сепак останува висок па затоа научниците продолжуваат да бараат излез од оваа пандемија.

Со оглед на тоа дека изминатиов месец беше посветен на ракот на дојка, тимот на Pathway of science ги истражување новите методи во однос на дијагноза и терапија кај оваа болест.

Историски осврт на ракот на дојкаОва заболување му е познато на човекот уште од античко време. Првите записи за

неговото постоење потекнуваат од стариот Египет, 3500 години наназад и тие се најдени во папирусите на Едвин Смит и Џорџ Еберс, каде што ракот на дојката бил опишан прилично точно: топчести испакнувања на градата за кои тогаш се сметало дека нема лек.

Биле направени многу претпоставки за тоа како настанува оваа болест. Грчкиот лекар Хипократ сметал дека оваа состојба е резултат на ексцес на “црна жолч“ во организмот на заболениот (црната жолч била една од составните компоненти на човековото

Page 3: Pathway of Science - Прво Издание

The Pathway of Science: Рак на дојка

3

тело, според теоријата на Хипократ дека тоа е составено од 4 такви течности); Гален пак се согласил со Хипократовата теорија и притоа предложил лекување со опиум, рициново масло, сулфур, мелем итн. Во 1680 год.Францускиот физичар Франсоа Силвиус објавил дека тоа настанува како резултат на претворба на лимфата, од течност со киселкав вкус во горчлива течност. Бернардо Рамазини (1713год.) рекол дека е последица на „недоволен сексуален живот“, други пак сметале дека тоа е резултат на пиење на кисело млеко, гнојни инфекции на градата,ментални растројства итн.

После сите претпоставувања и осврнување кон причината за настанувањето, конечно, во 1757 год. било предложено ХИРУШКО ТРЕТИРАЊЕ на болеста од страна на Францускиот физичар Хенри Ле Дран. Овој третман, со тек на време преминал во денешната РАДИКАЛНА МАСТЕКТОМИЈА (постапка на отстранување на градата заедно со целокупното нејзино ткиво, подлежечкото мускулно ткиво и лимфните јазли). Оваа постапка била ЗЛАТЕН СТАНДАРД во наредните 100 години бидејќи во тоа време била ЕДИНСТВЕН ИЗЛЕЗ. Во 1895 год. шкотскиот хирург Џорџ Бетсон открил дека отстранувањето на јајчникот кај жената предизвикува рестрикција на туморозните маси, поради намаленото лачење на естрогенот, се разбира, кој има стимулативно дејство врз растот и функцијата на мамалните жлезди, но во овој случај, хормонот започнувал да се лачи од адреналната жлезда што секако не довело до решавање на проблемот. Откако во 1955 год. било откриено дека ракот може да МЕТАСТАЗИРА на далечни места во организмот, се пристапило кон изнаоѓање на нови методи на нејзино лекување. Па така во 1976 год. РАДИОТЕРАПИЈАТА И ХЕМОТЕРАПИЈАТА биле вклучени во третманот на оваа состојба, после изтражувањето на Бернард Фишер дека ваквото третирање дава далеку подобри резулати.

Со ваквиот НОВ ПРИСТАП од 1995 год. само 10% од жените се одлучувале исклучиво за радикална мастектомија пред се поради естетскиот проблем што таа го остава зад себе. После ваквиот напредок во оваа област биле воведени и ХОРМОНАЛНАТА ТЕРАПИЈА и МАМОГРАФИЈАТА , а исто така генетичарите ги изолирале гените “виновници” за настанувањето на ракот на дојка и тоа: BRCA 1, BRCA 2 и ATM генот.

Оваа долготрајна борба, со многу обиди во минатото а и денес користејќи ги стандардните прегледи како мамографија, ехотомографија, биопсија на промена на дојката и друго, напредува кон нови методи се со цел да се навлезе длабоко во сржта на болеста и да се спасат голем број на животи.

Нови imaging методиСцинтиомамографија

Сцинтиомамографија претставува дијагностички модалите кој користи радиофармацевтски препарати за рано откривање на тумори на дојката. По инјектирањето на соодветниот радиофармацевтик во случајов Tc99m-sestamibiсе добиваат планарни слики, со слаба сензитивност за детекција на области помали лезии (пр. помали од 15мм) кои се јавуваат како резултат на слабата резолуција на конвенционалните гама камери кои се употребуваат во инспекција на градите. Сцинтимамографијата се изведува во лежечка позиција на пациентот со латерална позиција на камерата која овозможува поголемо растојание помеѓу инспектираната града и самата камера. Интетресот за ваквиот пристап се зголемува со тек на

Page 4: Pathway of Science - Прво Издание

4

Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

годините со развојот на гама специфичното сликање на градите(BSGI) и веќе поновиот дијагностички метод молекуларно сликање на градите(MBI). Првиот систем овозможуваат сликање на пациентот слична позиција на таа на мамографијата, со лесна компресија на инспектираната града. “Главата” на детекторот се наоѓа веднаш до градата зголемувајки ја резолуцијата. Сликите кои се добиваат од BSGIсистем се разликуваат во зависност од типот и детекторот кој се употребува (мулти кристални зраци на цезиум јодид или натриум јодид: семипроводливи материјали-кадмиум цинк телурид). Максималната раздалеченост помеѓу детекторот и градата е од нејзината површина до средната проекциона точка на градата.

MBI системите постигнуваат поголема резолуција на слики со помали димензии. Самата постапка опфаќа околу 40 минути.

Друштвото на Лекари и фармацевти по нуклеарна медицина во САД , пушти во употреба водичи за сцинтиграфија на града со BSGI системи, со следниве потенцијални употреби:

1.Кај пациенти со неодамна детектирани малигноми а дојка, иницијален стадиум, со мултицентрична, мултифокална, детекција или билатерална детекција.

2. Кај пациенти со интермедиерни абнормалности на дојка, евалуирајќи ги лезиите со друите техники на сликање, палпабилни и непалпабилни

3. Кај пациенти кај кои има технички потешкотии во сликање на дојката, како што се сликање на ткиво од дојка со парафински инјекции.

4. Кај пациенти кај кои е контариндицирана можноста за употреба на магнетна резонанца пр. кај пацинети со вграден пејсмејкер

5. Кај пациенти кои се подложни на третманот со преоперативна хемотерапија, заради мониторирање на туморски одговор со цел детерминација на влијание на терапија на целосно и резидуално ткиво.

И во двата системи се употребува technetium Tc99m sestamibi за обележување на лезии кај пациенти со лезии кај абнормални мамограми или со палпабилна маса на дојка, додека планарната слика претставува секундарна дијагностичка линија која помага во соодветно прикажување.

Page 5: Pathway of Science - Прво Издание

The Pathway of Science: Рак на дојка

5

Томосинтеза (3-Д мамографија)

Сликите добиени од оваа мамографија се комбинираат во тродимензионални. Оваа дијагностичка постапка користи поголема радијација од стандарната дводимензионална мамографија, но е подобра во прикажувањето на промените и во детектирањето на повеќе тумори. Секако, многу повеќе истражувања се потребни за да може да се прикаже улогата на оваа нова технологија во дијагностицирањето на ракот на дојката.

Концептот на оваа метода се базира на сликање на околу 50 последователни слики од сите агли на инспектираната дојка за да се добие т.н. 3Д пресек на слика. Тоа всушност овозможува она што од еден агол не било прикажано како

лезија, да биде воочено и прикажано од друг агол со што би се добила комплетната слика за постојната ситуација. Петте придобивки од томосинтезата се:

Помала потреба за подоцнежни, доплонителини испитувања и тестови.Едноставната детекција ја прикажува стуктурата на градата, без вообичаената дисторзија и затемнуивање на сликата.Побрза детекција заради големиот број на слики на кои се прикажани лезиите од различен агол.Полесна дијагностицирање, заради можноста за спредба на 2D и 3D сликите.Подобро прикажување наткивото на дојката кое е со висока густина.

Крвни тестови за детекција на рак на дојка

Еден нов тест наречен: „ClearID Breast Cancer“ служи за откривање на рак на дојка, кај жени кај чиј што рак е веќе во ремисија, исто така и за откривање на ракот кај жени кои имаат висок ризик за болеста.

ClearID, произведени од рак-дијагностичка компанија Cynvenio Biosystems, ги детектира туморските клетки кои се присутни во крвта, што според компанијата значи дека би можело ракот да се детектира уште пред да биде видлив за скенирање. Доколку нивото на овие клетки е над одреден праг тогаш ке се прават дополнителни тестови.

Page 6: Pathway of Science - Прво Издание

6

Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

Негативниот резултат на ClearID не значи дека пациентот нема рак, според веб страницата на компанијата. Доколку пак, тестот покаже ниско ниво на детектирани циркулирачки туморски клетки, тоа најверојатно би значело дека туморот е ниско прогресивен или имаме ефект од терапијата.

Другакомпанија, Matrix-Bio, исто така работи на крвна анализа за рак на дојка. Едентестза рекуренци на ракот, наречен VeraMarker, бара мали молекули или биомаркери во крвта. Лиценцирана е од Quest-Diagnostics, но во моментот не е достапназалекарите и пацентите.

Matrix-bio во моментот работи на студии за да демострира дека тестот функционира, исто така прави напори за дозвола од Администрација за храна и лекови (FDA). ClearID нема FDA дозвола, но не и е потребна.

Додека на ClearID и VeraMarker им требаат повеќе научни студии, експертите велат дека следење на ракот преку крвна анализа е она на кое научниците се потпираат во иднина.

Откривање на ракот на дојката со само еден примерок на крв е целта на неколку нови тестови кои се јавуваат на пазарот, меѓутоа експертите посочуваат дека е премногу рано да се каже дали овие тестови ке имаат влијание во однос на третманот врз пациентите и нивното преживување.

Иновации во терапискиот пристапОнкопластична хирургија

Во најголем број од случаите е невозможна парцијална мастектомија и отсранување на само туморското ткиво од дојката. Ова резултра со тотална мастектомија и дојки со различни големини и форми. Некои доктори го наоѓаат решението на овој проблем преку комбинирањето на мастектомијата со пластичната хирургија, познато како онкопластична хирургија. Оваа постапка се состои од преобликување градите за време на иницијалната операција (мастектомија) за да бидат посиметрични. Овој пристап е многу нов и не сите доктори се отворени за ваквиот третман.

PARP инхибитори

Новата класа на лекови која што е откриена е наменета за ракот на дојка настанат по пат на BRCA мутации. Оваа класа на лекови се нарекува PARP инхибитори и

Page 7: Pathway of Science - Прво Издание

The Pathway of Science: Рак на дојка

7

покажува позитивни резулатати во клиничките обиди за лекување на ракот на дојката, ракот на јајчницте и ракот на простата, кои се раширени и покажуваат резистенција на други третмани. Уште многу други истражувања се прават за да се види дали овие лекови делуваат на пациентите без BRCA мутации.

Лекови кои го таргетираат HER2

Голем број на лекови кои го таргетираат HER2 се моментално во употреба, вклучувајќи ги trastuzumab (Herceptin), pertuzumab (Perjeta), ado-trastuzumab emtansine (Kadcyla) и lapatiнib (Tykerb). Други лекови се во фаза на тестирање.

Лекови кои ја спречуваат ангиогенезата

За да може ракот да расте, крвните садови мора да се развиваат за да можат да ги исхрануваат канцерските клетки. Овој процес се нарекува ангиогенеза. Преку набљудување на ангиогенезата кај примероци од туморското ткиво може да се предвиди прогнозата на ракот. Во прилог на ова оди истражувањето со кое се покажало дека степенот на опкруженоста на туморот со мали крвни садови е во корелација со неговата агресивност. Секако потребни се многу повеќе истражувања за да се потврди ова. Bevacizumab (Avastin) е лек кој ја спречува ангиогенезата. Иако bevacizumab не се покажал многу ефективен во третманот на ракот на дојката, сепак овој пристап може да се покаже корисен во лекувањето. Повеќе вакви лекови се во фаза на клинички тестрирања.

Третман на пост-менопаузни жени со ароматазни инхибитори

Некои форми на рак на дојка експресираат естрогенски рецептори на површината на своите клетки. Врзувањето на естрогенот за овие рецептори ја поттикнува канцерската клетка да почне со раст и делба. Затоа улогата на естрогените хормони игра голема улога во развивањето на рак на дојка.

Естрогенот е хормон кој нормално се синтетизира во гранулозните клетки на јајниците кај жени кои се во пред-менопаузен период од својот живот. Во пост-менопаузниот период доаѓа до инволуација на јајниците, а со тоа и нивно намалено создавање на естроген. Но инциденцата на естроген зависни карциноми на дојка кај пост-менопаузни жени сепак останува висока. Ова е така затоа што естрогенот освен во

Page 8: Pathway of Science - Прво Издание

8

Европска Медицина Студентска Асоцијација на Македонија

јајниците може да се создава и во останати ткива со процес на ароматозација на андрогенски прекурсори(андростендион и тестостерон).

Процесот на ароматизација на андрогенските прекурсори се одвива со ензимот P450 ароматаза, кој освен во јајниците се експресира и во: поткожно масно ткиво, мозок, црн дроб, коски, васкуларен ендотел и мезенхимални клетки на адипозното ткиво во гради. Во пост-менопаузниот период, иако постои системско намалување на нивото на естроген заради инволуација на јајниците, сепак присуството на P450 ароматаза и во екстра-гонадални ткива допринесува да естрогенот се одржи на високи граници локално во ткивата. Ова е главната причина за високата инциденца на естроген зависен карцином на дојка во пост-менопаузни жени.

Ваквите жени можат успешно да се лекуваат со инхибитори на ароматазата. Постојат две групи на вакви инхибитори: тип 1 (стероидни) и тип 2 (нестероидни). Стероидните (форместан и ексеместан) се врзуваат директно за ароматазата и создаваат иреверзибилни ковалентни врски со што придонесуваат за перманентна инактивација на ензимот. Нестероидните создаваат реверзибилни врски со хем молекулата на ензимот.

Во разни рандомизирани студии направени во текот на последните 20 година е покажано дека ароматозните инхибитори дале подобри резултати во терапија на рак на дојка кај пост-менопаузни жени отколку конвенционалната терапија со тамоксифен.

Иако не можеме да делуваме на повеќето ризик фактори за појава од оваа болест, ракот на дојка доколу се појави треба да се дијагностицира што порано. Секојдневно научниците се трудат да откријат што подобри методи за оваа цел. Третманот се усовршува од ден на ден се повеќе исто така. Розовата борба продолжува!

Тимот на Pathway of science ви ветува дека и понатаму ќе истражува.

Page 9: Pathway of Science - Прво Издание

Директор за Медицинска Наука и ИстражувањеБогдан Ковачев

Координатор на проектотМартина Амбарџиева

Тим на Pathway of Science:Стефани ЃорѓиоскаКлиментина Тутуревска ТрајковаМаја АнтевскаХана Старова

ДизајнДемијан Хаџи Ангелковски

It's time to walk the PATHWAY of SCIENCE...

Page 10: Pathway of Science - Прво Издание

10

ЕМСА Македонија 2013

Адреса:ул. „Атинска“ бр. 1 3/19

Email:[email protected]

Линкови:www.emsa.org.mkblog.emsa.org.mktbh.emsa.org.mkss.emsa.org.mk

Official FB Pagefacebook.com/EMSAMacedonia

FB Page Teddy Bear Hospitalfacebook.com/TBHMk

FB Page Summer Schoolfacebook.com/EMSAMkSummerSchool

Twittertwitter.com/EMSAMakedonija