prespanskiaber_br05

8
РЕСЕН ПОВТОРНО СО ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА ПО ФИЗИКА ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИТЕ ЗА НОВИ НАСАДИ И ПРЕСПАНИ ИМААТ СВОЈ ПАВАРОТИ ЖИВЕ КРЕМШОВСКИ стр.4 стр. 8 стр.7 Почитувани, најпрвин да Ви се извиниме за доцнењето на овој број, некогаш т ехничките проблеми се посилни од желбите. Сепак ние настојуваме да известиме од што поголем број настани што се случиле во изминатиот месец. Како и што ветивме на почетокот, покрај објективноста настојуваме да го зголемиме и бројот на соработници, се со единствена цела да бидеме поразновидни. По цртаниот хумор, со јунаци од нашиот град, сега внесуваме и анегдоти и преданија. Веруваме дека кај поголемиот број читатели сме добро прифатени. Благодариме. Редакција на Преспански Абер. На први и втори јуни 2011 година гости на општина Ресен беа претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје-УТМС. Професорите и студентите од овој универзитет ги презентираа програмите за академската 2011/2012 на шесте факултети пред ресенчани: економски; правен; меѓународен маркетинг менаџмент; менаџмент на човечки ресурси; односи со јавноста и туризам. Жителите на Преспа од оваа есен ќе имаат можност да студираат на некој од шесте факултети во Ресен во областа на додипломски и последипломски студии. Оваа радосна вест ресенчани, особено младите топло ја поздравија, искажувајќи големо задоволство што ќе можат да студираат во својот роден крај. Претставници од УТМС имаа средба со градоначалникот на Ресен – Михаил Волкановски кој даде голема поддршка за овие високообразовни активности. Нека е аирлија студирањето во Ресен и нека не води мислата дека најважен е нашиот однос кон науката-За добар морнар нема лош брод, ниту неповолен ветер. Правилно да ги подигнеме едрата. Сите големи реки и сите паметни луѓе доаѓаат од провинција-Алберт Ајнштајн. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ВО ПОСЕТА НА ПРЕСПА Преспа – регион кој заедно со езерото, поделен на три држави. Најголем јаболков басен на Балканов, со годишни околу 80 илјади тони производство. Јаболко со препознатлив вкус, кое од година во година освојува се повеќе пазари. Идеални услови за туризам. Голем град, единствен остров во државава, на кој по напорните борби, доаѓал да се одмори Цар Самоил. Прекрасни песочни плажи кои се мерат со километри. Езеро на 853 метри надморска висина. Два национални парка, Пелистер и Галичица. Можност за два гранични премини.Богатство од културно историски споменици, негибната природа, за која еден висок функционер од Русија, при посетата на овој крај ќе рече – Природата не е праведна.Целото свое богатство овде го истурила. Овдека и тишината одмора. Тоа е нашата Преспа Година I - Број 5, мај - 2011 Бесплатен примерок Мислам дека Преспанскиот регион е еден од најубавите во државава.Мило ми е што сум овде. Посетата ја искористив за поблиску да се запознам со населението, да разговарам со жителите, да ги слушнам нивните потреби – истакна претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, при посетата на нашата општина. Преспа има одлични услови за развој на туризмот и овоштарството. Тоа треба да биде основа за подобар живот на граѓаните.Нашата држава заедно со локалната власт вложувањата ќе ги насочи во овие две економски гранки. Иванов во придружба на градоначалникот на Ресен, Михаил Волкановски, престојот го искористи да го посети Домот на културата, Драги Тозија, Црквата Св. Ѓорги во Курбиново и надалеку познатото место за алтернативен туризам Брајчино и основоположникот тетка Николина. РЕСЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГРАД Стр. 3 Матурант / ка , колку гордо звучи. Завршено средно училиште. Желба да се стане академски граѓанин.Исполнувње на почетниотот сон, барем средно да се заврши, да не ги разочарам домашните, да се оправдаат нивните очекувања и вложувања.Да се биде вистински човек на ова општество, на оваа Држава, почитуван и ценет. Е тоа се очекувањата.Всушност, кој колку ова ќе го почитува понатаму и што од тоа ќе се оствари останува да покаже времето.Родителите очекуваат и посакуваат Нивното дете да биде паметно.Вложиле многу, во школувањето,а богами и во матурските дочеци и облеквала.Дел од децата ќе вратат, некои не. А, што е тоа важно, еднаш е матура,животот има многу предизвици, матурантите ќе се сретнат со нив, ќе мора да ги решаваат, само да ги служи здравје. Сега збогум на средното училиште, а можеби и на учењето. Ова е испит на зрелоста. Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје се дисперзира во Ресен Матуранти 2011 Матуранти 2011

Upload: opstina-resen

Post on 23-Mar-2016

216 views

Category:

Documents


2 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

РЕСЕН ПОВТОРНО СОПРВАК НА МАКЕДОНИЈА

ПО ФИЗИКА

ИСПЛАТЕНИСУБВЕНЦИИТЕ

ЗА НОВИ НАСАДИ

И ПРЕСПАНИ ИМААТ СВОЈ ПАВАРОТИ

ЖИВЕ КРЕМШОВСКИ

стр.4 стр. 8стр.7

Почитувани, најпрвин да Ви се извиниме за доцнењето на овој број, некогаш т ехничките проблеми се посилни од желбите. Сепак ние настојуваме да известиме од што поголем број настани што се случиле во изминатиот месец. Како и што ветивме на почетокот, покрај објективноста настојуваме да го зголемиме и бројот на соработници, се со единствена цела да бидеме поразновидни. По цртаниот хумор, со јунаци од нашиот град, сега внесуваме и анегдоти и преданија. Веруваме дека кај поголемиот број читатели сме добро прифатени. Благодариме. Редакција на Преспански Абер.

На први и втори јуни 2011 година гости на општина Ресен беа претставници од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје-УТМС. Професорите и студентите од овој универзитет ги презентираа програмите за академската 2011/2012 на шесте факултети пред ресенчани: економски; правен; меѓународен маркетинг менаџмент; менаџмент на човечки ресурси; односи со јавноста и туризам.

Жителите на Преспа од оваа есен ќе имаат можност да студираат на некој од шесте факултети во Ресен во областа на додипломски и последипломски студии. Оваа радосна вест ресенчани, особено младите топло ја поздравија, искажувајќи големо задоволство што ќе можат да студираат во својот роден крај. Претставници од УТМС имаа средба со градоначалникот на Ресен – Михаил Волкановски кој даде голема поддршка за овие високообразовни активности. Нека е аирлија студирањето во Ресен и нека не води мислата дека најважен е нашиот однос кон науката-За добар морнар нема лош брод, ниту неповолен ветер. Правилно да ги подигнеме едрата. Сите големи реки и сите паметни луѓе доаѓаат од провинција-Алберт Ајнштајн.

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВВО ПОСЕТА НА ПРЕСПА

Преспа – регион кој заедно со езерото, поделен на три држави. Најголем јаболков басен на Балканов, со годишни околу 80 илјади т о н и п р о и з в о д с т в о . Јаболко со препознатлив вкус, кое од година во година освојува се повеќе пазари. Идеални услови за туризам. Голем град , ед и н с т в е н о с т р о в в о д р ж а в а в а , н а к о ј п о напорните борби, доаѓал да се одмори Цар Самоил. Прекрасни песочни плажи кои се мерат со километри. Е з е р о н а 8 5 3 м е т р и надморска висина. Два н а ц и о н а л н и п а р к а , Пелистер и Галичица. Можност за два гранични премини.Богатство од к у л т у р н о и с т о р и с к и споменици, негибната природа, за која еден висок функционер од Русија, при посетата на овој крај ќе рече – Природата не е праведна.Целото свое богатство овде го истурила. Овдека и тишината одмора.

Тоа е нашата Преспа

Година I - Број 5, мај - 2011 Бесплатен примерок

Мислам дека Преспанскиот регион е еден од најубавите во државава.Мило ми е што сум овде. Посетата ја искористив за поблиску да се запознам со населението, да разговарам со жителите, да ги слушнам нивните потреби – истакна претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, при посетата на нашата општина. Преспа има одлични услови за развој на туризмот и овоштарството. Тоа треба да биде основа за подобар живот на граѓаните.Нашата држава заедно со локалната власт вложувањата ќе ги насочи во овие две економски гранки. Иванов во придружба на градоначалникот на Ресен, Михаил Волкановски, престојот го искористи да го посети Домот на културата, Драги Тозија, Црквата Св. Ѓорги во Курбиново и надалеку познатото место за алтернативен туризам Брајчино и основоположникот тетка Николина.

РЕСЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ ГРАД

Стр. 3

Матурант / ка , колку гордо звучи. Завршено средно училиште. Желба да се стане академски граѓанин.Исполнувње на почетниотот сон, барем средно да се заврши, да не ги разочарам домашните, да се оправдаат нивните очекувања и вложувања.Да се биде вистински човек на ова општество, на оваа Држава, почитуван и ценет. Е тоа се

очекувањата.Всушност, кој колку ова ќе го почитува понатаму и што од тоа ќе се оствари останува да покаже времето.Родителите очекуваат и посакуваат Нивното дете да биде паметно.Вложиле многу, во школувањето,а богами и во матурските дочеци и

облеквала.Дел од децата ќе вратат, некои не. А, што е тоа важно, еднаш е матура,животот има многу предизвици, матурантите ќе се сретнат со нив, ќе мора да

ги решаваат, само да ги служи здравје. Сега збогум на средното училиште, а можеби и на учењето. Ова е испит на зрелоста.

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје се дисперзира во Ресен

Матуранти 2011Матуранти 2011

Стр. 2

ZEMJODELSTVO

Науме ТашовскиКрсте Мицалевски

Овој месец е време да набавите нови роеви, а оние кои имаат за продавање да го искористат периодот и да ги продадат роевите бидејќи подоцна побарувачката нагло опаѓа. Исто така во овој месец е препорачливо да ги замените старите матици со нови, преку планско одгледување или со купување од проверени одгледувачи. Значи во овој месец морате да ги извршите н а ј з н а ч а ј н и т е р а б о т и в о пчеларството, да произведете и да ја замените матицата и да оформите добри роеви. Оваа активност во идните месеци не е перепорачлива, бидејќи кај нас настапува беспашен период во кој не се очекува којзнае какви приноси на мед, а пчелите

поради тоа престануваат да лачат восок. Vo ovoj mesec cе уште е актуелен роевиот нагон на пчелите, па затоа сите кошници мора да бидат прovereni и до колку наидете на зрели матичњаци или на неоплодени матици можете да ги искористите за формирање на нови друштва или за замена на стари матици. Овој месец требе да се искористи и за замена на старото саќе со ново па така, иако медиштата се поставени потребно е дел од рамките во плодиштето да бидат заменети со нови неизградени.Во зависност од природните услови може да се случи во дел од месецот да престане медењето во тој случај е подобро да не се работи со пчелите за да не се случи грабеж. Но, до колку сепак се случи такво нешто, намалете ги отворите и престанете со работа. Ако одредени работи се неодложни во тој случај извршете ги рано наутро кога условите за грабеж се најмали. Во овој месец сеуште може да се собира поленов прав, а во јули и август тоа не е препорачливо бидејќи можете да го нарушите природниот баланс на храна потребен во зимските услови. При крајот на месецот ќе ви се појави вишок на мед, извртете го и очекувајте повторно да биде наполнет на престојната тивка паша. При одземањето на медиштата водете сметка да о ст авите доволно

НА ПЧЕЛАРНИКОТ ВО ЈУНИ (ЖЕТВАР)

- Површинска обработка на меѓуредието и окопување во редот

- Наводнување- Проредување - Зелена резидба - Заштита на јаболката- Прихранување на овошките

Во овој временски период при појава на плевели и покорица се врши плитко заорување или култивирање со дискови - култиватори. Кај млади насади делот во редот кој не се ора односно култивира, потребно е да се обработи рачно.Бидејки има интензивен пораст на плодовите и ако временските услови се со високи температури не смее да се дозволи растенијата во овој период да страдаат за вода бидејки ќе дојде до опаѓање на заврзоците. Водата е основен услов за развојот и плодоносењето на јаболковите насади. Преку водата се одвиваат најважните животни и физиолошки процеси во растенијата. Нашата земја спаѓа во аридните подрачја па поради тоа не може да се замислат интензивни јаболкови

насади без обезбедена вода за наводнување.Проредување значи одстранување на леторасти или гранки до основата. Кај оставените леторасти од терминалната пупка се развива побуен летораст, а од страничните пупки се развиваат куси гранчиња кои се трансформираат во родни. Проредувањето се препорачува за млади овошки кои сеуште не стапиле во род .Зелена резидба се врши посебно кај новите насади кај кои сеуште се формира системот на одгледување . За заштита на јаболкото од причинителите на краставоста и пепелницата и некои други габни заболувања се користат контактни и системични фунгициди од групата на дифеноконазол и пенконазол. Во средината на јуни треба да се додаде некој инсектицид за уништување на јаболковиот црв и калифорниската штитеста вошка од групата на луфенурон, диазинон, метидатион.Прихранувањето се врши фолијарно обично во овој временски период со азот и тоа со 0,5% раствор на 46% уреа.

Науме Тосковски

квалитетна храна за презимување. Кај пчеларите со Дадан-Блатови кошници тоа не е проблем додека кај оние со Ланстрoт-Рутова кошница пожелно е целосно запечатени рамки да се складираат и чуваат за зазимување. Време е да се посветите на собирање на прополис, бидејќи во овој месец неговото собирање е најизразено. Оваа операција не е препоручлива за време на големи температури бидејќи прополисот станува мек и леплив. Во овој месец кај дел од пчелните семејства посебно кај оние со изразито трутовско легло ќе се појават знаци на вароа. Не требе да се чека туку третирањето да се изврши веднаш со некое средство што не го загадува медот или со биолошки начин на борба против овој паразит.

Пчеларката е многу активна бидејќи во гнездата има мали пилиња на кои им е потребно голема количина на храна за да ја достигнат својата зрелост и наесен да можат сами да ловат и да се спремаат за престојното патување на југ. Потребно е оваа изразито убава птица да се стави под контрола бидејќи е огромен штетник по пчелните семејства. Во овој месец мора да се постават и стапиците за оси и стршлени. На пчеларникот мора да се обезбеди проточна вода или да се активираат поилките.

Traj~evski Ilija

ИНИЦИЈАТИВА: ДА ГО ВРАТИМЕ СЈАЈОТ НА РЕСЕНСКОТО КОРЗО

Активности во јаболковиот насад во месец јуни

Стр. 3

@ I V O T

Во посета на Општина Ресен престојуваше претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Претседателот имаше средба со Градоначалникот на Општина Ресен, Михаил Волкановски во Општинската зграда каде разговараа за актуелната состојба во општината. На средбата општинските власти му укажале за проблемите кои ги наследиле и за активностите што се преземаат за тие

да се решат и да се подобри стандардот на граѓаните особено преку извозот на јаболката.

- Со градоначалникот и претседателот на Советот на о п ш т и н а Р е с е н разговаравме за состојбите во општината пред се за она што с е преокупирани граѓаните и како може да им се помогне за да ја подобрат нивната состојба, изјави претседателот Иванов.

Потоа високите го сти направија посета на Домот на Култура каде ги разгледаа изложбите и делата од Ре сенската Керамичка Колонија и изложбата ``Богатството на нашите Езера`` во организација на УНДП и НВО од Р.Грција.

Претседателот Иванов исто така се запозна со можностите што ги нуди Преспа за езерски, рурален и манастирски туризам.

- Имав можност да го посетам и манастриот „Свети Ѓорги“ во Курбиново, од кого сум импресиониран. Да се види наследството што ни го оставиле нашите претци е

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ВО ПОСЕТА НА ПРЕСПА

Посета на Министерот Коњановски на акцијата за чистење на преспанското крајбрежје 2011

извонредно доживување, рече шефот на државата и додаде дека тоа мора да се сочува за потомците.

Во Претор претседателот Иванов имаше можност да ги види учениците кои се на настава во природа во одморалиштето „Мите Богоевски“, и да ги согледа резултатите од ланската акција за чистење на преспанското крајбрежје.

Во селото Брајчино Претседателот Иванов заедно со своите домаќини ги согледаа потенцијалите кои ова место ги дава по однос на развој на руралниот туризам и го посетија објектот на Тетка Николина каде повеќе од 20 години се практикува селскиот туризам во Преспа во својот плон сјај.

Градоначалникот на Ресен Михаил Волкановски рече дека на средбата со претседателот Иванов му ги претставиле проблемите кои што се реализирани и оние кои се во тек на реализација како што е чистењето на плажите на Препанското Езеро и речните корита.

- На плажите повеќе од 20 години беше згаснат туризмот и наликуваа на ѓубришта. Општината ќе направи се за да го врати сјајот на туризмот во Преспа и ќе ги исчисти сите плажи дури и онаа во автокампот Крани иако станува збор за приватен имот во сопственост на „Агроплод“, рече Волкановски. Градоначалникот нагласи дека очекува годинава да се зголеми бројот на туристи во Преспа .

Волкановски како приоритет за граѓаните на Преспа ја истакнал изградбата на дистрибутивниот центар .

Министерот во Владата на Република Македонија Зоран Коњановски ја посети локацијата на плажата во Сливница каде моментално се спроведува акцијата за чистење на Преспанското крајбрежје. Во акцијата за чистење на преспанското крајбрежје и речните корита и канали оваа година исто како и минатата учествува АРМ со дел од инжинерските единици и механизација. Чистењето на плажите во Преспа е продолжение на ланската акција со која беа исчистени преку 10 километри брегова линија и во

која главниот товар на спровеедување го имаше АРМ. Моментално со чистење на оваа плажа се планира спојување на двете плажи Сливница и Претор. Министерот Коњановски и Градоначалникот на Општина ресен Волкановски во изјавите за медиумите го истакнаа значењето на оваа акција за ревитализирање на туризмот во Преспа. Инаку до сега во склоп на акцијата се ичистени речни корита и канали во атарите на селата Подмочани и Грнчари.

Во силна конкуренција на ученици од цела Македонија, Општина Ресен и оваа година го даде првакот на Македонија по предметот физика. Емилија Нечовска, ученичка во VIII одделение при ОУ Гоце Делчев од Ресен на 21.05.2011 година освои прво место на Републичкиот натпревар по физика кој се одржа на Природно – математичкиот фаултет во Скопје.

Емилија и нејзиниот ментор - професорот Александар Котевски и овој пат го прикажаа Ресен во најголема светлина. Емилија како првак на Македонија доби огромни бенефиции и вредни награди, од кои највредна која за прв пат се доделува - телескоп за првак по физика. Со учеството и наградата на овој најмногу вреднуван натпревар за учениците во Република Македонија Емилија автоматски ќе биде и првенец на генерацијата.

Професорот Александар Котевски, со своите ученици веќе 11 години настапува и освојува награди на Републичките натпревари по физика, од кои досега 6 деца: 2004 год. – Радевска Дијана, 2005 год. – Проевски Зоран,

2006 год. – Трајчевски Живе, 2009 год. – Ивановска Лилјана, 2010 год. – Бузлевска Јована и 2011 год. – Нечовска Емилија се прваци на Македонија. Во останатите години беа освоени 2 втори места, 2 трети места и 2 пофалници. Исто така беа освоени и три први места по астрономија за основци и тоа 2001 год, - Крстевски Петар, 2002 год. – Јовановски Александар, а во 2011 год. првак на Република Македонија по астрономија за средношколци е Андоновски Живе.

Александар Котевски: Успехот се должи на изборот на вистинските ученици. Целта е да се открие вистинската комбинација на талент и работа, која како што покажуваат последните години ќе биде гаранција за успех. Уште првите часови ги откривам предодредените за успех ученици и тие добиваат поголема слобода во разработувањето и совладувањето на градивото, и како што покажа досегашната пракса сите ученици кои сум ги одбрал ја оправдале мојата доверба, а и довербата на училиштето и родителите.

Најголема награда за мене е благодарноста на учениците и родителите, кои со оваа диплома имаат предност во однос на другите кандидати при уписите во средните училишта, како и понатаму на факултет, како и голем број дополнителни олеснувања на избраното училиште, како што се стипендии во текот на понатамошното школување.

Емилија Нечовска: Мојот професор по физика ми е омилен професор и се издвојува од другите професори. Убаво предава, разбирливо за нас учениците и има широки познавања од областа на физиката. Многу е толерантен и ни излегува во пресрет при решавањето на сите проблеми од физиката, посебно при решавањето на нумеричките задачи со кои се постигнува успехот на натпреварот. Предметот физика ми стана омилен уште од првите часови и почнав да го учам и сеуште го учам со голема љубов. Подготовката за натпреварот траеше 2 години и за тоа време континуирано учев без прекин. Можам да кажам дека успехот е резултат на истрајноста во работата на која ме упатува мојот професор.

Се надеваме дека оваа традиција и понатаму ќе продолжи и по другите предмети и Ресен ќе се гордее со своите деца.

РЕСЕН ПОВТОРНО СО ПРВАК НА МАКЕДОНИЈА ПО ФИЗИКА На трети мај 2011 година во просториите на прекрасниот

ресторан ,,Галакси,, во Претор, во организација на Регионалната развојна агенција ПРЕДА се одржа подготвителен состанок во врска со добиениот проект од страна на ПРЕДА преку ИПА програмите. Партнери во проектот се повеќе општини и институции. Насловот на проектот е ̀ `Придонес кон зачувување на биодиверзитетот и зајакнување на регионалната соработка во прекуграничниот регион на Пелагонија/Преспа-Охрид``. Целта на овој проект е вмрежување, туристичка афирмација, заштита на природните богатства и зголемување на соработката помеѓу националните паркови Галичица и Пелистер од Македонска страна и Националниот парк Преспа од Албанска страна.

На првиот состанокот како партнери на проектот присуствуваа Градоначалникот на Општина Ресен Михаил Волкановски, Директорот на Националниот Парк Галичица Зоран Ангелевски, Сашо Мицевски директор на НП Пелистер, Оси Дума од НП Преспа Албанија, Аурел Грабочка од Агенцијата за развој на регион Корча-Албанија, претставници од Општините Битола и Демир Хисар и секако домаќините на состанокот и главни спроведувачи на проектот г-ѓа Милена Димитровска од ПРЕДА и главниот проект менаџер г-ѓа Емилија Ѓеровска. На овој подготвителен состанок беше разгледан и усвоен планот за работа и беше избран проектен тим со по еден претставник од сите партнери за негово спроведување. Проектот е предвидено да заврши во месец октомври 2011 до кога предвидено е да се остварат следните резултати: Воспоставување на дата база на природните богатства на Националните паркови; Подоготовка на концепт за промотивни материјали според профилот на посетители; Подготовка на информација и промотивни матеирјали за природните богатства во регионот; Организација на состаноци на сите засегнати страни и промотивни состаноци за природните богатства на регионот; Промоција на можностите за прекугранична посета на Националните паркови и информација како посетителите да се однесуваат одговорно во однос на природните богатства на Националните паркови.

УШТЕ ЕДНА ПОДДРШКА ЗАТУРИЗМОТ ВО ПРЕСПА

Стр. 4

OT^ET NA GRADONA^ALNIKOT NA OP[TINA RESEN

М.П.ИНИЦИЈАТИВА: ДА ГО ВРАТИМЕ СЈАЈОТ НА РЕСЕНСКОТО КОРЗО

Почитувани,

Пред точно две години доаѓајки на позиција Градоначалник во Општина Ресен бев свесен и знаев што ме чека. Знаев дека има огромни очекувања. Очекувања за чесно и посветено работење. Очекувања за отчетност и транспарентност.

Токму овие очекувања беа основната водилка во моето секојдневно работење изминативе две години. Работев постојано и посветено, покрај сите опструкции и закани.

Денес после две изминати години, во насока на транспарентното и очетното работење ќе се обидам да направам резиме за тоа што сработивме овој период. Во оваа брошура се резимирани дел од проектите кои ги дефиниравме како приоритети и кои ги остваривме.

Започнавме и многу други проекти кои својата реализација и завршница ќе ја имаат во наредниот период.

Не можам да речам дека тоа е доволно, нити пак дека сме успеале да ги решиме сите проблеми со кои се соочуваше Општина Ресен, но сепак, слободно можам да кажам дека решивме односно започнавме со решавање на значаен дел од нив, многу повеќе отколку што во минатото за ист таков период се решавало. Истовремено, нормално е дека правевме и грешки. Но, велат кој работи тој и греши. Добро е што ги исправаме нашите грешки.

Работевме силно. Токму на тоа се темелеше стилот на работата кој го практикувавме во овој период.Ефектите од тоа можеби веднаш нема да бидат видливи, но сигурен сум дека започнавме повеќе од работите да ги придвижуваме во вистински

правец.

-Почетни активности за изградба на дистрибутивен центар на месноста макази. За траа цел извршена е пренамена на земјиштето со одлука на Совет на Општина Ресен. За целокупниот капитален проект се очекува изработка на идеен проект за што се набавени сите дозволи од надлежните Министерства.

-Почетни активности за изградба на „Финско село“ проект за развој на тристичките капацитети на брегот на Преспанско Езеро.

-Почетна административна фаза за замена на азбестни цевки во градот Ресен-средства доделени од Влада на РМ,Министерство за транспорт и Врски во висина од 614 000 евра.

- Почетна административна фаза за изградба на две мали хидроелектрани на Брајчинска и Кранска река.

- Почетна фаза на расчистување на одводни канали низ Општина Ресен за 2011.

Стр. 5

OT^ET NA GRADONA^ALNIKOT NA OP[TINA RESEN

Стр. 6

Пензионерот Ристо Анѓеловски од Ресен, познат како Кицо шоферот, инаку возач на автобус на некогашнат а Пре спат ранс од Ре с ен има невообичаено хоби. Собира значки. Има над илјада и петстотини, а неговата колекција од ден на ден се зголемува. Кај Кицо може да се најдат значки скоро од цел свет, а најмногу од некогашните Југословенски простори .-Во автобусот кој што го возев имав цело перниче наредено со значки. Секој патник кој влегуваше сакал нејќел мораше да ги примети зато што беа поставени веднаш спроти влезот. Ги разгледуваа, прашуваа која од каде е и многумина од нив, ако на своите ревери имаа значка, ја вадеа и ја забодуваа на перничето. За спомен и среќен пат ми велеа-истакнува Кицо, додавајќи дека тоа за него претставуваше голема чест.

TURIZAM - KULTURA

ИНИЦИЈАТИВА: ДА ГО ВРАТИМЕ СЈАЈОТ НА РЕСЕНСКОТО КОРЗО

На прашањето која од овие значки му е

најзначајна вели дека сите му се еднакво мили и

значајни. Но, сепак една се одделува од сите останати.

- Тоа е официјалната значка на летните Олимписки

игри одржани во далечната 1988 година во Сеул,

Јужна Кореја. Знаејќи дека сум голем љубител на овие

мали нешта, кои патем многу кажуваат за карактерот

на тие што ги носат, мојот зет Чедо Николовски, инаку

тогашен борач и член на Југословенската

репрезентација , по неговото враќање од

Олимписките игри ми ја подари таа значка.

Освен тоа што може да се пофали со големата

колекција на значки, Кицо во својот дом има и голем

број на пенкала и запалки, како и повеќе ордени и

медалји.

Значките ги чува како најголемо богатство

ИЗЛОЖБА ЗА РИБНОТО БОГАТСТВО И ОДРЖЛИВ РИБОЛОВ КАКО АМАНЕТ

Како резултат на трилатералната соработка меѓу Македонија, Грција и Албанија, Друштвото за заштита на Преспа-Грција во соработка со проектната канцеларија на УНДП Ре с ен и Цент арот за проучување и унапредување на животната средина на Општина Ре с ен организира изложба ,,Богатството на нашите езера,,. Изложбата е поставена во изложбениот салон на Домот на култура Ресен со цел да се запознаат луѓето со единствените на светот риби кои живеат во Преспанското езеро и да се научат како да се зачува ова богатство.

Б е з б р о ј н и с е п р и ч и н и т е ко и придонесуваат кон специфичноста на Преспанското езеро. Магичниот езерски предел кој се протега во прегратките на планините, многуте ретки видови птици и животни – од кои голем број се единствени и во светот, византиските споменици . . . Колку и опширно да се зборува за причините, пак малку ќе биде за да се опишат.

Оваа изложба е посветена на аспектите на двете езера, Малото и Големото Преспанско езеро, кои се испреплетени во нивното значење. Рибите, рибарите и рибарските села, може да се рече го претставуваат културното јадро на Преспа. Впрочем, генерации и генерации живеаа и сеуште живеат од езерата и нивните благодети.

Во рамките на оваа програма беше организирана и обука за професорите од основните училишта и средното училиште за рибите и рибарството во Преспанските езера. Изложбата е достапна за сите граѓани, а на отворањето присуствуваше и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Во рамките на оваа меѓугранична соработка беше организирана и посета на сите ученици од училиштата, при што им беше одржано предавање за рибната фауна. Учениците покрај изложбата за Богатството на нашите езера ја разгледаа и изложбата која е дело на Живко Лозановски од с. Арвати – Природата како вајар. Во рамките на посетата, од страна на Центарот за прочување и унапредување на животната средина, на учениците им беше одржано и предавање за Преспа од областа на екологијата. Оваа изложба ќе биде поставена и во Информативниот центар во село Стење.

Изложбата со наслов Богатството на нашите езера цели да укаже на особеностите на рибната фауна во Преспа и да ја истакне улогата на човекот во нејзиното одржување. Рибарите, одгледувачите на добиток, земјоделците, научниците, посетителите, корисниците на езерото, не само што треба да ги познаваат аспектите на ова природно богатство во регионот, туку и целисходно да придонесуваат кон зачувување на истото. А за да ги сочуваме рибните видови, пред се треба да обезбедиме добра состојба на нашите езера!

На втори мај 2011 година ресенчани имаа ретка можност да уживаат во фолклорните изведби на повеќе меѓународни културно-уметнички друштва. На платото пред општината со свои национални танцови и игри се претставија фолклорните групи од: Грандимеле Литванија; Железничар-Црна Гора; Ихлас Колеџ- Турција; Мали Бијалциани-Полска; и секако домаќинот Куд ``Таше Милошевски`` од Ресен кој беше организатор на овој настан.

Меѓународен настапна играорни групи

Изложба на делата наХоландските керамичари

во Скопје

Домот на културата ``Драги Тозија`` од Ресен на ден

19.05.2011 година, организираше културно

уметнички настан на платото пред Општина Ресен.

Гостин на овој културно уметнички настан беше КУД

„Наум Наумовски-Борче“ од Крушево, кој изведе

неколку фолклорни точки од ниниот крај.

Драмските аматери од Македонски Брод, што работат

во склоп на Домот на културата, во петокот на

27.05.2011 година настапија пред учениците во Царев

Двор и Ресен. Во рамките на соработката што ОУ Дом

на култура „Драги Тозија“ од Ресен ја има со

културните институции од Републиката, пред

учениците од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Царев

Двор и учениците од ОУ „Мите Богоевски“ од Ресен

настапија драмските аматери од Македонски Брод со

театарската претстава „Свињарот“во режија и

сценско оформување на Богоја Радески.

Домот на културатасо богата програма

Имаме состав за повисоки дострели, меѓутоа годинава решивме да го воиграме тимот, на младите играчи треба да им дадеме прилика да се стекнат со потребото искуство,потоа, може да размислуваме за поголеми резултати – вели на почетокот на разговорот – човекот алфа и омега во Фудбалскиот клуб Стење, Тони Василевски. Оваа екипа тренира два пати неделно за време на натпреварувачката сезона. За овој ранг на натпревари,стручниот штаб смета дека овој и ваков тренажен процес е доволен, посебно ако се има во предвид дека ова не е професионална екипа, напротив млада и перспективна која допрва треба да се докажува. Играчите , се на возраст од 18 до 28 години. Посебно овде треба да се споменат надарениот 19 годишен играч за врска, Дарко Ивановски, одбрамбениот Дарко Тасевски, 18 годишниот Златко Ѓорѓиевски и браќата Стефан и Тони Стефановски. Сепак овие талентирани играчи, нема да бидат она што се ако не се тука и поискусните Никола Глигоровски, Никола Темелковски, Душко Станковски, Симе Темелковски и Гоце Мушаревски. Ако пак се разговара за успеси за овој ранг на екипи, тогаш Стење секако една од поуспешните. Во 2008 и 2009 година, овој тим под водство на Тони Василевски успешно се натпреваруваше во Југозападниот регион, но поради немање на финансиски средства моравме да се преселиме во општинска лига.Во оваа лига барем засега благодарение на повеќе спонзори меѓу кои Стењетекс,ресторан Рива, Биго Трејд и националниот парк Галичица. Она што во последно време е нов тренд, тоа е играњето на фудбалери од Мала Преспа.Тоа не е мода напротив тие се млади инавистина одлични фудбалери, цени Тони Василевски.

ФК Стење клуб со долга традиција и забележителни успеси

Стр. 7

S P O R T

ИНИЦИЈАТИВА: ДА ГО ВРАТИМЕ СЈАЈОТ НА РЕСЕНСКОТО КОРЗО

Отворена Спортска сала во Ресен

Шикле - Најдобар голман на меѓународниот турнир во Јабука

По завршувањето на редовниот дел од Општинската Фудбалска Лига, останува уште да се одиграат плеј-оф натпреварите.Во борбата за освојување на првото место и учество во квалификациите (доколку ги има, до печатењето на весников, не се знае дали ќе има проширување на првата лига) ќе играат првопласираните четири екипи. Понеделник (6.6.) во 17 часот, играат Лирија од Грнчари и Горна Бела Црква, додека во вторник во истиот термин Јилдирим спор, од Ресен игра со Младост од Царев Двор. Кој ќе биде првак, победниците од овие натпревари ќе одлучат во финалниот натпревар кој како и полуфиналните натпревари ќе се одигра на градскиот стадион воРесен во четврток со почеток во 17 часот.

Општинска фудбалска лига

Ракометната екипа на Младост од Ресен,задоволна од гостувањето во соседна Србија. Имено, во четиридневниот престој во Долово и Јабука, ракометарите на Младост одиграа 10 натпревари, пријателски и официјални. Задоволство е да се истакне дека генерацијата *97 и помали, со одлични игри со силни противници успеа да го освои второто место,вели претседателот на клубот Илче Талески. Во полуфиналниот натпревар,малите ракометари со подобра и поорганизирана игра успеаја да ја совладаат екипата на Студентски Град од Белград,која во оваа категорија е меѓу првите четири екипи во Србија.Во финалето заморот го направи своето.Додека имаа сили ракометарчињата од Ресен, се спротиставуваа на домаќинот Јабука, но во вториот дел концентрацијата попушти и пехарот за прво место го освои Јабука. Сепак како шлаг на тортата дојде признанието за најдобар голман на турнирот за Филип Шиклевски. И покрај добрите игри генерацијата*95, по два порази во полуфиналето и борбата за трето место, го освои четвртото место.Сепак ова е успех и големо искуство . Да се игра со противници како што се Пролетернафтагас, Југовиќ, Динамо и Студентски Град сепак е нешто. Сепак и покрај спортскиот ривалитет учеството на овој турнир беше од големо значење за стекнување на нови пријателства, ракометарите имаа можност да видат и различни стилови на ракомет.

Р.К. Младост '97 втори на меѓународниот ракометен турнир во Јабука

Од Црковниот одбор на храмот Свети Јован Крстител од селото Јанковец, деновиве на свечен начин беше предадена донација на Подрачното училиште на ОУ Мите Богоевски од истоименото село која се состои од повеќе реквизити за игра во паркот пред школото. Како што ни рече Ленче Каранфиловска наставник во ова училиште ова е добредојдена донација за учениците кои слободното време отсега ќе можат да го минуваат на ово ј про стор .Голема благодарност до дарителите затоа што на овие деца од прво до петто одделение му треба, покрај учењето , дел од денот денот да го поминат во игра и забава. Донацијата покрај црковниот одбор ја помогна и Благоја Гештаковски.

Стр. 8

TRADICIJA I ZABAVA

Roden sum na 28 Januari 1991 g. vo Bitola, `iveam vo Resen kade zavar[iv osnovno obrazovanie vo OU Goce Delce, a sredno obrazovanie vo gimnazijata Car Samoil. Otsekoga[ najomilen predmet mi bil muzi~ko. Vo celoto moe skoluvawe sum bil odli~en u~enik, bev sekogas primeren, a i pokraj site obvrski sekoga[ nao\av vreme za dru`ewe. Sum bil ~len vo pove]e sekcii-likovna sekcija, hor, orkestar. Se se]avam na prviot nastap u[te koga bev petto oddelenie koga za prv pat izlegov da ja otpeam na[ata dr`avna himna vo salata na op[tina Resen. Se se]avam deka nastavnikot Pece po muzi~ko mi rece " Ajde Krem[e ve~er himnata da ja ispee[" ! Imav pregolema trema, bidejki peev akapela. Bidejki bev mal znam deka se ka~iv na masite za da mo`at da me gledaat) haha Ama imav odli~en nastap i bev ohrabren so golem aplauz. Gimnazijata igra[e golema uloga za mene, zatoa [to se zdobiv so op[to poznavawe na mnogu materii, predmeti koi slu`at za cel zivot. Vo gimnazija mojot talent ne go izostaviv tuku naprotiv otkako bev slu[nat od prof. Adrus bev povikan da peam na sekoja priredba, sekoj nastan.

Vo toa vreme mojata `elba za muzika se pove]e i pove]e

raste[e pa pobarav instrukcii od prof. Marija Josifovska,

koja nesebi~no go spodeli nejzinoto znaewe so mene.

Slobodnoto vreme mi be[e ispolneto so sport,

se zanimavav so karate 7 g., a bev ~len bev na KUD " Ta[e

Milo[evski" 11 g. i seu[te se ose]am kako del od niv. Sekoj

den go pominuvav so muzika, so peewe i tancuvawe!

Sorabotkata so "Persidi" po~na 2008 g. mnogu slu~ajno koga

edna ve~er bev povikan da zapeam vo Kitka. Im ostaviv golem

vpe~atok so [to bev povikan da peam so niv po lokalnite

kafici, restorani i sl. Mojata `elba za napredok ne

miruva[e, pa otidov vo Bitola na privatni ~asovi kaj prof.

Marina Korunovska kade [to dobiv nekoi osnovni tehni~ki

instrukcii okolu peeweto. Rabotevme okolu 3 meseci.

Nejzinata preporaka be[e da se zapi[am na solo peewe!

Nesebi~no me povrza so na[ata primadona, mojata

profesorka Vesna Ginovska Ilkova. Bev celiot zbunet koga mi

se javi profesorkata i pobara da me preslu[a. Sonot za da se

zapi[am na muzi~ka akademija po~na da stanuva realnost.

Iako prethodno razmisluvav da se zapi[am na praven

fakultet, otsekoga[ pove]e me vle~e[e ova drugoto!

Rabotev vredno, se podgotvuvav za priemniot ispit za vlez na

Fakultetot za Muzi~ka umetnost - Skopje. Ogromnata rabota

so profesorkata Vesna i nejzinata podr[ka me natera da

postignam uspeh. Dete bez muzi~ko obrazovanie da dobie mah.

poeni po solo peewe na ispitot so [to mi se zagarantira

primaweto, no otkako go polo`iv i ispitot po solfe`! Bev

presre]en koga se vidov na spisokot na pominati kandidati vo

dr`avna kvota, bidej]i ima[e ogromna konkurencija a bea

primeni samo 10, od koi 5 vo dr`avna kvota, 5 vo privatna!

Go sakam fakuletot , ja sakam muzikata , osobeno operskoto

peewe. Vredno gi ispolnuvam obvrskite so golem elan,

lesnotija i so golemo zadovolstvo! Peev sekakov vid na muzika

: pop, rok, folklorna muzika me\utoa ne[to [to najmnogu me

ispolnuva i najmnogu go sakam i ke prodol`am da se zanimavam

so toa, zatoa [to ednostavno sakam da peam!

A najmnogu mu se zablagodaruvam za toa na Gospod zatoa [to mi

dal takov talent i ]e prodol`am da ja neguvam i napreduvam!

Najgolemata podr[ka ja imam od moite roditeli , od sestra mi

od pobliskite rodnini! Eden od sovetite koi mi koristat vo

`ivotot e na mojata baba Zora koga mi re~e: najva`no vo

`ivotot e da vnimava[ na svoeto zdravje i da go pravi[ ona

[to ti zboruva srceto! Umetnosta se neguvala vo moeto

semejstvo u[te od dedo mi @ivko koj svirel kontrabas vo

ansamblot Resen~ani, mojot tatko Blagoj koj ja ima istata

darba za muzika, a isto taka i rezbar, ja neguva kopani~arskata

umetnost, taka i jas ]e ja prodol`am tradicijata. Prviot

solisti~ki nastap vo MOB go imav lani na koncertot " Kosta

МОНОЛОГ НА НАДАРЕНИОТ РЕСЕНСКИ БАРИТОН ЖИВЕ КРЕМШОВСКИ

Trpkov"" so orkestarot na MOB pod dirigentskata palka na

maestro Sa[a Nikolovski |umar. Koncertot koj se slu~i na

23-ti za mene be[e edno ogromno iskustvo pred se, zatoa [to

imav te[ka arija za peewe "Votre toast" (Toreador) Arija na

Escamillo od operata " Carmen" od G. Bizet, [to

pretstavuva[e eden golem predizvik za mene! Se vklopivme

odli~no so Simfoniskiot orkestar pod dirigentskata palka

na maestro Sa[a Nikolovski |umar a jas odli~no se

~uvstvuvav na scena! Povtorno ]e pejam vo Makedonskata

Opera na 10 - ti Juni, na koncertot " Kosta Trpkov" i ovaa

godina , zatoa [to bev izbran na audicijata koja se slu~i vo

ramkite na fakultetot. Sega za sega planiram da ostanam vo

Skopje se do zavr[uvaweto na fakultetot, a za podocna imam

nekoi planovi koi ne sakam da gi otkrijam u[te sega, sepak e

pra[awe na vreme! Bi sakal da im prepora~am na site mladi da

gi sakaat i po~ituvaat svoite roditeli pred se, da slu[aat

ubava muzika, da go ostvarat ona [to go sakaat tie samite, ona

[to im zboruva srceto! Do sledna prilika....

Ракометен клуб ШИП-Преспа - Ресен - 1972 годинаСтојат: Санко Волкан, Цане Шеро, Цане Рапо, Ванчо Букре, Живе Попот, Ниче Котлар, Науме Мутија, Науме Зајдичот и тренерот Лазе Учителот.Клечат: Јовица на Мира, Андруш од Андромеди, Симе Пандуле, Јоне Чмане и Јоне Саљам.Ова е генерација која далечната 1972 година успешно се натпреваруваше во втората македонска ракометна лига. Оваа фотографија е направена на натпреварот против второлигашот „Електромонтажа“ од Охрид, кога екипата на ШИП Преспа загуби со 16-15, и беше елиминирана од понатамошните борби во Купот на Југославија.

В Р Е М Е П Л О В

1 9 8 1 - 2 0 1 1

Рурални Приказни