kalkuloza

40
Каменчиња во бубре зите (калкулоза)

Upload: adrijana-ugrinoska

Post on 07-Nov-2014

112 views

Category:

Documents


4 download

Tags:

DESCRIPTION

bubrezna kalkuloza

TRANSCRIPT

Page 1: Kalkuloza

Каменчиња во бубрезите (калкулоза)

Page 2: Kalkuloza

Нефролитијазата претставува патолошки процес на создавање на каменчиња (калкули) во собирните каналчиња и чашките на бубрегот.

Page 3: Kalkuloza
Page 4: Kalkuloza

Каменчињата се клинички значајни бидејќи можат да предизвикаат:

- опструкција (стоп) на нормалниот проток на урината,

- создаваат услови за развој на уринарни инфекции,

- можат да предизвикаат јака болка.

Page 5: Kalkuloza

Епидемиологија

Честотата на нефролитијазата во популацијата е 1%. Мажите се четири пати позафатени од жените. Кај мажите честотата расте по 40-тата година од

животот и продолжува да расте сé до 70-тите години. Кај жените честотата на бубрежните камења го

достигнува максимумот во 50-тите години од животот. Околу 5 до 7% од жените во менопауза патат од

бубрежни каменчиња. Жените од бела раса се со поголем ризик за развој на

бубрежни каменчиња во однос на жените од други раси.

Page 6: Kalkuloza

Градба на бубрежните камчиња Уринарните камчиња се изградени од:- неоргански или органски кристални

компоненти- органски матрикс Органскиот матрикс по состав е

мукопротеин, а влегува во 2,5 до 10 % од вкупната супстанција во камчето

Мукопротеинот не се наоѓа во нормалната урина.

Page 7: Kalkuloza

Органски матрикс + кристали

Page 8: Kalkuloza

Градба на бубрежните камчиња

Кристалната фракција ја сочинуваат:- Калциум фосфат (апатит)- Калциум оксалат- Струвит (магнезиум-амониум фосфат)- Мочна киселина (a. uricum)- Урати- Цистин- Ксантин

Page 9: Kalkuloza

Локализација

Бубрежно легенче Уретер Двата бубрега при метаболни

пореметувања Нефрокалциноза- калцификација на

бубрежниот паренхим

Page 10: Kalkuloza

Карактеристики

Големина

- Од зрно песок до големина на јајце Облик

- зависи од местоположбата и составот- во бубрежно легенче: округлести, полигонални,

корален облик- во уретер: долгнавести- во мочен меур: овални и округли- Ѕвездолик изглед (калциум оксалат)- Корален облик (цистин или струвит)

Page 11: Kalkuloza
Page 12: Kalkuloza
Page 13: Kalkuloza
Page 14: Kalkuloza
Page 15: Kalkuloza

Услови за развој Наследни и вродени грешки во метаболизмот Опструктивни аномалии на уринарниот систем- Стаза на урината овозможува полесно таложење на материите

кои се важни во создавањето на калкулусот Уринарни инфекции Недостатокот на фактори – инхибитори на создавањето на

каменичиња Климатските фактори Начин на исхрана - зголемен внес на протеини од животинско

потекло, рафиниран шеќер Киселоста на урината Концентрирана урина.

Page 16: Kalkuloza

Патогенеза Бубрежните камења се формираат кога ќе настанат

промени во нормалниот баланс на вода, соли, минерали и други супстанци кои ги има во урината.

Бубрежните камења обично се формираат кога урината е многу концентрирана.

Концентрираната урина предизвикува минералите во урината да кристализираат и формираат јадро.

Ова јадро во почетокот е многу мало, како зрно песок, но со тек на време се таложат соли на него и тоа расте, па може да нарасне и до димензии од неколку сантиметри.

Page 17: Kalkuloza

Етиологија

Примарна уролитијаза- при разни метаболни нарушувања

Секундарна уролитијаза

- последица на опструкција со застој и/или инфекција

Идиопатска уролитијаза

- веројатно непозната метаболна причина

Page 18: Kalkuloza

Метаболичка уролитијаза

Хиперкалциурија Хипероксалурија Цистинурија Хиперурикозурија Ксантинурија

Page 19: Kalkuloza

ВИДОВИ КАЛКУЛИКалциумски калкули75-80% од сите уринарни калкулиСе јавуваат најчесто кај мажи околу 20-тата годинаЧесто е присутна наследната компонентаУратни калкули5-8% од сите уринарни калкулиПочести кај мажитеЕтиологија - Гихт кај 50% - Наследност кај 50% (често испровицирана од дехидратација), уринарна pH < 5,5 треба да предизвика сомневањеЦистеински калкулиНаследен метаболен дефектОколу 1% од сите уринарни калкули

Калкули асоцирани со инфекција на уринарниот тракт Често се составени од магнезиум амониум фосфат 10-15% од сите уринарни какули Почести кај жениФормирани како резултат на инфекција на уринарниот тракт (протеус, стафилококи, ешерихија коли)

Page 20: Kalkuloza

Најчести се калциумовите, струвитните и уричните каменчиња, а ретки се цистинските бубрежни каменчиња.

Калциумските каменчиња сочинуваат околу 80% од сите мочни каменчиња. Сите аноргански каменчиња даваат засенчување на RTG сликите.

Органските каменчиња се невидливи на нативни RTG слики, освен цистинските кои даваат половично засенчување поради

присуството на атоми од сулфур.

Page 21: Kalkuloza

Клиничка слика Сите бубрежни камења не предизвикуваат симптоми. Каменчињата во бубрежната карлица може да бидат

асимптоматски, но може и да предизвикаат хематурија (крв во урина) и опструкција на било кое место на уринарните патишта.

Главен симптом на нефролитијазата е јаката грчевита болка, која започнува во слабинскиот дел поради контракцијата на мазната мускулатура на уретерот и се шири према препоните. Болката може да биде пропратена со мачнина, гадење, повраќање и знаци на инфекција.

Болката станува интензивна само кога бубрежниот камен се придвижува низ бубрезите кон мочниот меур преку уретрата.

Пациентите имаат тешкотија да седат мирно (во споредба со пациентите со перфориран улкус, кои повеќе сакаат да лежат мирно).

Page 22: Kalkuloza
Page 23: Kalkuloza
Page 24: Kalkuloza
Page 25: Kalkuloza

Клиничка слика Каменчиња во мочниот меур може да предизвикаат непријатно

чувство и честа потреба за уринирање. Присуство на камчиња во уретрата ( мочната цевка) се

презентира со опструкција во истекувањето на урината.

Како компликација може да се јави инфекција на мочниот систем и инсуфициенција на бубрежната функција.

Болниот често има проблеми со спиењето поради болките. Лицата кои имаат бубрежни каменчиња со тек на време имаат

поголеми оштетувања на бубрезите отколку лицата кои немаат бубрежни каменчиња.

Page 26: Kalkuloza

Дијагноза

Многу често калкулите се откриваат како случаен наод при рентгенски преглед за некоја друга состојба или при откривање на крв во урината.

Дијагнозата се поставува врз база на типичните симптоми кои ги предизвикува бубрежниот камен, како и со помош на одредени дијагностички методи

Page 27: Kalkuloza

Дијагностички методи

рендген снимка на уринарниот тракт, контрастна урографија или компјутеризирана томографија. Кај трудници или пациенти каде не е

пожелна експозиција на радијација прегледот со ултразвук може да помогне во поставување на дијагнозата.

Page 28: Kalkuloza

Дијагноза Нативна RTG снимка на абдоменот служи за

груба ориентација. За прецизна дијагностика и локализација се

употребува контрастна метода на интравенска урографија.

Изотопна урографија служи за одредување на евентуалната опструкција на урината.

Многу е важен прегледот на самата урина. Во склоп на испитувањата се прават и микробиолошки и биохемиски испитувања (одредување на ph на урината и количината на излачениот Ca++).

Инфрацрвената спектроскопија е софистицирана метода на одредување на молекуларната структура на каменчињата.

Page 29: Kalkuloza

ДИФЕРЕНЦИЈАЛНИ ДИЈАГНОЗИ

Болки поврзани со колонот Апендицитис Жолчна колика, диспепсија Аортална аневризма Гинеколошки состојби Инфаркт на бубрегот

Page 30: Kalkuloza

Третман

Повеќето бубрежни камења спонтано се исфрлаат од уринарниот тракт во првите 48 часа по почнувањето на бубрежниот напад.

Лековите за болка можат да помогнат за ублажување на симптомите.

Неколку фактори можат да влијаат на исфрлањето на камењата од уринарниот тракт. Тука спаѓаат големината и физичката градба на пациентот, претходни спонтани исфрлувања на бубрежен камен, зголемена простата, бременост. 

Page 31: Kalkuloza

Големината на каменот има многу голема важност при оценувањето на можноста од спонтано исфрлање.

Камен со големина од 4 мм има 80 % шанси да биде спонтано исфрлен,

камен со големина од 5 мм има 20 % шанси за спонтано исфрлање.

Камен поголем од 9-10 мм ретко спонтано се исфрла од уринарниот тракт и обично бара некаков вид на третман.

За камењата кои спонтано не се исфрлаат од уринарниот тракт се употребува процедура наречена литотрипсија (кршење на каменот). 

Page 32: Kalkuloza

Литотрипсија При оваа процедура се употребуваат шок бранови за да се

искрши каменот на ситни фрагменти кои потоа спонтано се исфрлаат од уринарниот тракт.

Постојат и хируршки техники за отстранување на камен од бубрегот и уретерот

- перкутана нефролитотомија,

- уретерореноскопија или

- отворена хирургија

Page 33: Kalkuloza

КОНТРОЛНИ ИСПИТУВАЊА Ако калкулот е погоден за конзервативен третман тогаш се

следи радиографски и ренографски по 1 месец (-3 месеци) за евентуалното негово движење.

Ако калкулот перзистира, се продолжуваат испитувањата (Ртг, ултрасонографија да се исклучи хидронефроза, серумски креатинин) додека калкулот не се исфрли и пациентот да биде без симптоми.

Ако калкулот не се исфрли во период од 6 месеци, би требало да се отстрани хируршки.

ИНДИКАЦИИ ЗА ЛИТОТРИПСИЈА СО ШОК-БРАНОВИ И ЕНДОСКОПСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА КАЛКУЛИТЕ

- Дијаметар на калкул поголем од 4-5 mm.- Мал калкул кој не се измокрува и предизвикува рецидиви на

колика.

Page 34: Kalkuloza

Превенција Се претпоставува дека околу 80 отсто од сите камења во

бубрегот се создадени од калциум оксалати. Се чини дека главната причина за појава на камен во

бубрегот е современиот начин на исхрана, кој се карактеризира со прекумерно внесување храна.

Менувањето на режимот на исхрана е најдобро решение против каменот кај оние луѓе што веќе исфрлаат мали камчиња или, пак, врз основа на рентгенските снимки се забележува нивно зголемување.

Кај овие луѓе, освен менување на навиките во исхраната, се препорачува и пиење поголемо количество течности, за да биде концентрацијата на создадените кристали во урината, што е можно помала.

Page 35: Kalkuloza
Page 36: Kalkuloza

Превенција Зголеменото пиење течности во текот на денот значително ја

намалува можноста од создавање камен кај луѓе предиспонирани за оваа болест.

Затоа секојдневно треба да се пие најмалку 8 до 10 чаши вода. Да се намали консумирањето месо на минимум. Констатирано е дека вегетаријанците во однос на другите луѓе

поретко заболуваат од камен во бубрегот Се препорачува редовно земање на сите видови зеленчуци (1/3

како вариво, а 2/3 како салати) во оброците. Начинот на исхрана со сосема малку месо, а со изобилство од

зеленчуци, за неколку пати ја намалува можноста за појава на камен.

Page 37: Kalkuloza

Превенција Најчесто камен во бубрег имаат луѓето што на "непробано" ги

досолуваат јадењата. Се препорачува да не се зема повеќе од 5 грама сол дневно во

просек. Тоа значи дека е сосема доволно човекот да консумира 100 грама

сол за 20 дена. Ова може лесно да се контролира ако се измери 100 грама сол и

се стави во едно тегличе и од него се зема сол за солење на јадењата 20 дена.

Ако тоа количество се потроши за 10 дена консументот треба да знае дека внесува двојно повеќе сол од потребното.

На ваков начин се контролира потрошувачката на сол и кај повеќечлени семејства што не се склони кон оваа болест.

Page 38: Kalkuloza
Page 39: Kalkuloza

Превенција Умерено користење на храна богата со оксалати. Оксалати има најмногу во какао, чоколадите, спанаќот, цвекло, блитва,

суво овошје, грозје, коприва, аспарагус, магдонос, грав, ореви и чај. Калциумот од храната му е неопходен на организмот. Мешање млеко со какао доведува до образување на калциум оксалат. Ова е важна напомена за мајките што честопати непотребно им нудат на

децата млеко со какао. Присуството на какао во млекото го оневозможува оптималното искористување на калциумот во организмот.

Присуството на растителните влакна во исхраната многу помага да не дојде до енормно собирање на калциум оксалатот во урината.

Page 40: Kalkuloza