prespanskiaber_br00

8
KAKO DO SUBVENCII Intervju so Sa[ko Andreevski str.2 RABOTATA NA SOVETOT POLITI^KI KOREKTNA Memet Murati str.5 TU{E ZA NOVA GODINA VO {VEDSKA str.8 PRESPANSKI ABER ЗОШТО ПРЕСПАНСКИ АБЕР Почитувани сограѓани, денeска во Вашите раце, го имате ревијалниот број на месечникот Преспански Абер. Имајќи го во предвид, недостатокот на медиуми посебно (информатор) за случувањата во нашата општина, група ентузијасти, потпомогнати од УНДП и подршка од Советот на Општина Ресен, се нафати барем еднаш месечно да Ве известува и доближи до поголем дел од случувањата во Општината. Како што вели и самиот наслов на весникот и Тие, што се подалеку од збиднувањата, да добијат ``ABER`` за значајните настани. Редакцијата ќе настојува да биде што е можно пообјективна, опфаќајќи настани од сите сфери на преспанското живе- ење, со желба да бидеме поблиску до читателската пуб- лика. Очекуваме, Вие да ни бидите најголемиот критичар, а секоја добронамерна критика, ќе ја сфатиме како совет кој ќе не тера да бидеме се подобри и подобри. И најдолгиот пат почнува со првиот чекор,ова е ревијален број а патот е долг. Ние сме решени да го изодиме до крај, се разбира заедно со Вас, впрочем најважни ни се читателите. Од редакцијата Преспански Абер, Ви ја честита новата 2011 година и Божиќните празници. Таму каде што е првата престолнина на Цар Самоил, таму каде што секој камен има своја историја, таму каде што се произведуваат најубавите јаболка таму е Преспа. Прекрасниот сплет на Галичица и Пелистер, на Преспанското езеро и единствениот остров во нашата земја Голем Град сето тоа облагородено со прекрасните работливи преспани е нашата гордост која несебично сакаме да ја поделиме со секој од вас. Ресен во зима Revijalen broj, dekemvri 2010 besplaten primerok Пред да почнам со ова интервју, сакам да им порачам на граѓаните на Преспа, дека доколку сите заедно со заеднички напори, секој од сопствената позиција допринесуваме во развој на заедницата можеме да очекуваме резултати кои ќе водат кон општо добро што за мене е императив како Градоначалник на Општината. Добро е што за прв пат граѓаните на Преспа ќе имаат можност да се информираат за случувањата во Општината од пишан медиум кој е наменет токму за нив. Ја поздравувам одлуката на Советот на Општина кој изгласа формирање на овој весник, а на весникот му посакувам објективно информирање и успех во работата. Prednovogodi[en razgovor so Gradona~alnikot gospodin MIHAIL VOLKANOVSKI prodol`uva na strana 3 Фк подмочани есенски првак Ако некој во спортскиот живот во Преспа донесе вистинско освежување и изненадување, тоа е сигурно Фудбалската екипа на Подмочани. Таа во есенскиот дел од натпреварувањето во треттата македонска лига - југозападен регион го освои првото место. prodol`uva na strana 7 Еј жители на убават Преспа нека радосни Ве дочека веста. Дедо Мраз од далеку допатува Благослов до Вас тој упатува: - Во Новата година што ќе долета Преспа во радост и среќа да цвета, нека Ви се исполнат сите желби, да нема меѓу Вас кавги и делби. Само за свадби да се бери народ Јаболката да дадат род родот да е убав без ни едно гнило да се продаде евро по кило. Кој стока да одгледува можи да дајт госпот да му се множи, со шеги да Ви се исполнат дните, да има здравје и работа за сите, фабриките посилно нека чадат по кафеани богати софри да се јадат, на тие што од скоро се во брачни води каква што сакаат рожба да им се роди. Брачните гнезда во слога нека бликаат туѓи раце во нив нека не се пикаат. Преспанчињата другарство нека ги зближи детството да им е среќно и без грижи нашите преспанчиња-црвени јаболчиња во школо да немаат колчиња кога распусти во школо се ближат ѓердан од петки во книшките да нижат. Младите своите стари да не ги негираат на дедо мустаките на жени да реагираат. Свекрвите и снаите да немаат кавга и тензија илјада евра да е најмалата пензија. НОВОГОДИШЕН БлАГОСлОВ НА ДЕДО МРАЗ Po~ituvani gra\ani na Op[tina Resen vo na[e li~no ime i vo ime na Lokalnata Samouoprava i Sovetot na Op[tina Resen dozvolete ni da Vi ja ~estitame novata 2011 godina i pretstojnite Bo`i]ni praznici Gradona~alnik gospodin Mihail Volkanovski Pretsedatel na Sovet na Op{tina Resen gospodin Memet Murati

Upload: opstina-resen

Post on 24-Mar-2016

218 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

 

TRANSCRIPT

Page 1: PrespanskiAber_br00

KAKO DOSUBVENCII

Intervju soSa[ko Andreevski

str.2

RABOTATA NASOVETOT POLITI^KI

KOREKTNA

Memet Muratistr.5

TU{E ZA NOVA GODINA VO {VEDSKA

str.8

PRESPANSKI ABERЗОШТО ПРЕСПАНСКИ

АБЕР

Почитувани сограѓани, денeска во Вашите раце, го имате ревијалниот број на месечникот Преспански Абер. Имајќи го во предвид, недостатокот на медиуми посебно (информатор) за случувањата во нашата општина, група ентузијасти, потпомогнати од УНДП и подршка од Советот на Општина Ресен, се нафати барем еднаш месечно да Ве известува и доближи до поголем дел од случувањата во Општината. Како што вели и самиот наслов на весникот и Тие, што се подалеку од збиднувањата, да добијат ``ABER`` за значајните настани.

Редакцијата ќе настојува да биде што е можно пообјективна, опфаќајќи настани од сите сфери на преспанското живе-ење, со желба да бидеме поблиску до читателската пуб-лика. Очекуваме, Вие да ни бидите најголемиот критичар, а секоја добронамерна критика, ќе ја сфатиме како совет кој ќе не тера да бидеме се подобри и подобри.

И најдолгиот пат почнува со првиот чекор,ова е ревијален број а патот е долг. Ние сме решени да го изодиме до крај, се разбира заедно со Вас, впрочем најважни ни се читателите.

Од редакцијата

Преспански Абер, Ви ја честита новата 2011 година и Божиќните празници.

Таму каде што е првата

престолнина на Цар Самоил, таму каде што секој камен има своја историја, таму каде што

се произведуваат најубавите

јаболка таму е Преспа.

Прекрасниот сплет на

Галичица и Пелистер, на

Преспанското езеро и

единствениот остров во нашата

земја Голем Град сето тоа

облагородено со прекрасните

работливи преспани е

нашата гордост која несебично

сакаме да ја поделиме со секој

од вас. Ресен во зима

Revijalen broj, dekemvri 2010 besplaten primerok

Пред да почнам со ова интервју, сакам да им порачам на граѓаните на Преспа, дека доколку сите заедно со заеднички напори, секој од сопствената позиција допринесуваме во развој на заедницата можеме да очекуваме резултати кои ќе водат кон општо добро што за мене е императив како Градоначалник на Општината.

Добро е што за прв пат граѓаните на Преспа ќе имаат можност да се информираат за случувањата во Општината од пишан медиум кој е наменет токму за нив. Ја поздравувам одлуката на Советот на Општина кој изгласа формирање на овој весник, а на весникот му посакувам објективно информирање и успех во работата.

Prednovogodi[en razgovor so Gradona~alnikot gospodin Mihail VolkanoVski

prodol`uva na strana 3

Фк подмочаниесенски првак

Ако некој во спортскиот живот во Преспа донесе вистинско освежување и изненадување, тоа е сигурно Фудбалската екипа на Подмочани. Таа во есенскиот дел од натпреварувањето во треттата македонска лига - југозападен регион го освои првото место.

prodol`uva na strana 7

Еј жители на убават Преспанека радосни Ве дочека веста.Дедо Мраз од далеку допатуваБлагослов до Вас тој упатува:

- Во Новата година што ќе долетаПреспа во радост и среќа да цвета,нека Ви се исполнат сите желби,да нема меѓу Вас кавги и делби.Само за свадби да се бери народ

Јаболката да дадат родродот да е убав без ни едно гнило

да се продаде евро по кило.Кој стока да одгледува можи

да дајт госпот да му се множи,со шеги да Ви се исполнат дните,да има здравје и работа за сите,

фабриките посилно нека чадатпо кафеани богати софри да се јадат,на тие што од скоро се во брачни водикаква што сакаат рожба да им се роди.Брачните гнезда во слога нека бликаат

туѓи раце во нив нека не се пикаат.Преспанчињата другарство нека ги зближи

детството да им е среќно и без грижинашите преспанчиња-црвени јаболчиња

во школо да немаат колчињакога распусти во школо се ближат

ѓердан од петки во книшките да нижат.Младите своите стари да не ги негираат

на дедо мустаките на жени да реагираат.Свекрвите и снаите да немаат кавга и тензија

илјада евра да е најмалата пензија.

НОВОГОДИШЕН БлАГОСлОВ НА ДЕДО МРАЗPo~ituvani gra\ani na Op[tina Resen vo na[e li~no ime i vo ime na

Lokalnata Samouoprava iSovetot na Op[tina Resen

dozvolete ni da Vi ja~estitame novata

2011 godina i pretstojniteBo`i]ni praznici

Gradona~alnikgospodin Mihail Volkanovski

Pretsedatel naSovet na Op{tina Resen

gospodin Memet Murati

Page 2: PrespanskiAber_br00

П.А. - Како се спроведе мерката за субвенци-онирање на минатогодишниот јаболков род?С.А. - По програмата за работа на МЗВШ Мерката 1.15 започнавме со прибирање на апликации за субвенционирање од први март 2010 година, кое заедно со неколкуте продолжувања на рокот во интерес на овоштарите траеше до 31 јуни 2010 година. Со мерката 1.15 (која беше интервентна мерка само за оваа година), како подрачна единица добивме 1882 апликации за субвенционирање од кои 7 беа на правни лица.

П.А - Колку земјоделска обработлива површина беше опфатена со овие апликации?С.А. - Пред да одговорам на ова прашање, сакам да Ви ја претставам состојбата за 2010 година, во однос на површините засадени со јаболка. Насади во полн

род се 2640 хектари, 760 се млади овошни насади и 135 хектари се во сопственост на правни лица. Во 2010 година имаме пријавено 85 хектари на нови насади. Од целокупните површини по мерка 1.15 добивме апликации за 1747 хектари. Меѓутоа, Програмата за финансиска поддршка во земјоделието и рурален развој, предвидува субвенционирање по 15 различни мерки и вкупно по тие мерки ние добивме 2925 апликации.

П.А. - Како се реализира исплатата на овие субвенции?С.А - Исплатата формално трае до крајот на 2010 година, но по мерка 1.15 од почетокот на исплатата досега се реализирани 1 000 000 евра или одобрени се 1520 апликации на физички лица и 4 апликации на правни лица. Очекуваме да по однос на сите мерки до крајот на 2010 година да се исплатат вкупно околу 2 милиони евра. Имаме податок дека на над 200 баратели не им се исплатени средства по мерка 1.15. Ние цениме дека овде се работи најчесто за незнаење, неинформираност и грешка во пополнување и пресметка. Највероватно по 01.01.2011 година, истите ако не се решат во полза на барателите ќе добијат решенија за одбивање и ќе имаат право на жалба до Првостепената управна комисија.

П.А. - Да проговориме за другите субвенции што може да ги добијат земјоделците од Преспа?

С.А. - Согласно Програмата за рурален развој огласена на 17-ти март 2010 година, со која беа предвидени вкупно 3,5 милиони евра за набавка на трактори и друга приклучна механизација, ја информираме јавноста дека 40 овоштари ја искористиле оваа мерка во 2010 година. Исто така, имаме добиено 41 апликација до крај на месец август за осигурување на овоштарниците, мерка со која 60% од сумата за осигурување на овоштарниците повратно ја покрива

Владата на РМ. Последна мерка во 2010 година е еднократен надоместок за осигурани земјоделци кој изнесуваше 2000 денари по барател. Во 2010 година имаме 38 регистрирани земјоделци, а вкупната бројка од 15 регистрирани земјоделци во 2008 година сега нарасна на 390 земјоделци. Кога правиме паралела 2008-2010 и нашиот обем на работа е повеќекратно зголемен, за илустрација во 2008 имавме вкупно 380 апликации за сите мерки, а во 2010 година преку 2900 апликации.За да се добие една генерална слика колку средства од субвенции како земјоделец, во Преспа можеа во изминатава година да се добијат 43700 по хектар засадена површина,15% плус за ридско планинско подрачје и уште 10% како млад фармер или жена земјоделец и додатни 5% за регистриран земјоделец.

П.А. - Голем интерес во јавноста имаше околу огласите за закуп на нераспределено државно земјиште. Кажете нешто повеќе околу тоа. ?С.А. - Досега се спроведени 5 огласи за распраделба од кои, најатрактивен беше првиот оглас во 2008 година. Последниот оглас беше на 21. 11. 2010 година. Со овој оглас се понудени 157 хектари државно земјиште. Очекуваме да се распределат околу 80 хектари од последниот оглас. Од 2008 до сега вкупно на сите огласи се распределени 210 хектари државно земјиште.

П.А. - За крај што би им препорачале на преспанските земјоделци?С.А. - Редовно да се информираат за активностите и можностите што ги нуди МЗВШ. Ние во Подрачната единица сме отворени за соработка и би додал дека сите заедно треба да направиме напор да сумата предвидена за субвенционнирање со интервентната мерка 1.15 догодина да се префрли во редовната мерка 1.7 во која нема ограничување на бројот на засадени овошки по хектар и по години.

strana 2ZEMJODELSTVO

KAKO DOSUBVENCII?Интервју соСашко Андреевскив.д. раководител на подрачната единицана МЗВШ-Ресен

По минатогошниот лош пласман и по реакцијата на преспанските овоштари кои излегоа на протести од Министерството за земјоделие воведоа интервента мерка за субвенционирање од 43 700 денари по хектар. Реализацијата на оваа мерка во најголем дел одеше преку подрачната единица на МЗВШ, и за подробностите околу истата подетални информации побаравме од раководителот на подрачната единица г-дин Сашко Андреевски.

Кога ќе ни се случи незгода тогаш се лутиме самите на себеси поради тоа што не сме пробале да ја спречиме или барем намалиме истата. Во двете претходни години преспанскиот регион беше зафатен

од временската непогода-град кој делумна или целосно уништи род на 800 хектари јаболкови насади.

Штетите тешко се надоместуваат посебно кај оние кои егзистираат од јаболкото. Стручњаците велат дека добра заштита е можна со покривање на насадите со мрежа за што треба да се вложи. Тие пак, што немааат доволно средства последниве години имаа голема привилегија да се осигураат. Колку домаќини во Преспа го прават тоа?

- Годинава имавме 40 полиси што во однос на 2007 година, откако Владата доделува субвенции од елементарни непогоди, е за 30 осигуреници повеќе - сумира Илче Талевски Раководител на застапништвото на Вардар Осигурување Ресен. Моменталната цена за хектар осигуран овошен насад е 36 000 денари, од кои земјоделецот плаќа 14 400 ден. Останатите 21 600 или 60% ги плаќа државата. Нашите овоштари тешко се одлучуваат на ваков начин на заштита на јаболкото. Како да немааат верба во компаниите. Годинава Вардар Осигурување на име на оштетен плод вкупно исплати 2,5 миљони денари, а еден овоштар на име шптета доби миљон и двесте илјадфи денатри или 20000 евра. Да појаниме исплатата се врши на 40-60 тони принос по хектар, зависно во каква кондиција се овошките по цена од 15 денари по килограм.

Нашата компанија која има склучено договор до владата, објаснува Талевски, често пати по селата одржува информативни состаноци со цел на овоштарот да му ги објасниме начинот, суштината и ползата од осигурувањето. Не знам колку сме успеале во тоа, меѓутоа и понатаму ќе настојуваме да ги едуцираме што е можно повеќе.

Од септември до мај во мислите и разговорите на Преспани, само едно, јаболкото, со него се легнува со него се станува. Главна поента, колку е квалитетно производството, каков ќе биде пласманот и она најважното цената. И со право, ако се има во предвид дека околу седумдесет насто (70 %) од жителите, остваруваат егзистенција, а останатите помалку или повеќе го подобруваат својот буџет.

Осумдесет илјади тони, колку што се произведува во Преспанскиот јаболков басен не е за потценување, добрата продажба, во државава може да донесе и до триесет милиони евра. Почетокот на продажбата на јаболкото во Преспа, ветувачко. Дневно се пласираат до 25 шлепери, конзумно јаболко, ајдаредот достигна 16, додека сортите 18 денари. Најмногу се извезува во Туција, Иран, Косово, Бугарија, Полска, Б и Х и Црна Гора. Според добрите познавачи на приликите, во периодот што следи јаболкото ќе се пласира и во други земји кои имаат недостиг од ова овоштие и кај оние, кај кој царинските давачки се намалуваат по Нова Година. Добра цена и пласман има и индустриското јаболко, кое достигна цена од три до пет и пол денари по килограм. Ако, кон ова се додаде дека годинава преспанските овоштари добија и субвенции за минатогодишниот род, тогаш, мора да се каже дека конечно по три години, вистинска заработувачка би требало да придонесе за заживувањето на Oпштина Ресен.

Стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи треба да гласи името на објектот кој е планиран да се изгради во м.в. Макази КО Козјак.

Според надлежните во секторот за урбанизам изработена е документациска основа согласно годишната програма што ја донесе владата на Република Македонија, за изработка на УПВНМ за стопански комплекс во Општина Ресен.

Планскиот опфат е во рамките на просторниот план на Република Македонија, и е третиран во петте оски на развој, конкретно во Јужната развојна оска, поставен врз принципите за заштита на животната средина и одржлив локален и национален развој.

Подрачјето на планскиот опфат се наоѓа југоисточно на 4,5 километри од градот Ресен и североисточно од населеното место Козјак на 1,2 км кон градот Битола. Истото се наоѓа на надморска височина 870-890 метри.

Изградбата на дистрибутивниот центар и ладилник за земјоделски производи ќе се протега на површина од 6 хектари и се очекува да предизвика позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот и се разбира очекуван економски ефект, преку привлекување на работна сила и вработување.Развојот на индустријата во овој стопански комплекс се очекува да се остварува со градба на мали, флексибилни капацитети со поголема застапеност на агроиндустрискиот сектор.

Целокупниот проект е на Владата на Репубклика Македонија и моментно неговото реализирање е до изработка на идеен проект со претходно доставуване целокупна техничка документација. Набавени се сите согласности од надлежните институции на владата на Република Македонија, заедно со Советот на Општина Ресен.

Јаболкото добро се продава ПРЕСПА ЌЕ ДОБИЕ ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР осигурените овоштарници - сигурни

отворена прва приватна ветеринарна амбулатаВо почетокот на месец декемеври во Ресен започна со работа првата приватна ветеринарна амбуланта ``Д-р. Перо Стојчевски``. Се наоѓа на улица 6-та позади Домот на Култура. Таа, нуди комплет услуги за преглед, интервенции врз домашните животни, поседува модерна опрема како и операциона сала. Во блиска иднина е предвидено и набавка на ехо апарат. Во склоп на амбулантата можат да се набават лекарства и храна за домашните миленици како и повеќе видови на отрови за штеточини. Исто така од амбулантата известуваат дека на повик излегуваат и на терен.

Page 3: PrespanskiAber_br00

Идејата да започнеме ваков тип на бизнис со преработка на овошје во Преспа дојде од десетгодишното искуство во откупот на индустриското јаболко кое го имавме заедно со партерот г-дин Иван Ристевски. Имено веќе воспоставената соработа со фирмата ``Вино Жупа`` од Александровац, Република Србија, која долго време се занимава со преработка на овошје, на нас ни даде потик и Ние да размислуваме во насока на отворање фабрика за преработка на овошје во Ресен - посочи Тони Кевиловски, еден од сопствениците на Вита Рес. Од идеја преку разработка и реализација на конкретен бизнис план, со вложување на дел на сопствени средства и претежно користење на кредитни линии и секако со стручна подршка и соработка со партнерите од Србија и Бугарија, во делот на обука на кадар, Ние годинава во септември, отпочнавме со работа и се надеваме дека повеќегодишниот бизнис план успешно ќе се реализира. ̀ `Нашето производство кое во моментов е јаболков концетрат е целосно наменето за извоз кој го реализираме со нашите деловни партнери во Србија.``

Во самата фабрика се имлементира HACCP системот за производство и се користи опрема, претежно од Германија и Австрија. Капацитетот на преработка на овошје е 5 тони на час, а моменталната искористеност е околу 4 тони. Во фабриката моментално работат 24 работници во три смени со што во потполност се задоволуваат потребите.

Покрај производство на јаболков концетрат, следната година се предвидува отворање на линија за производство на овошна каша и разни видови сокови. Со тоа ќе се создадат поголеми развојни можности на фирмата во делот на конкурентноста и изнаоѓање и на други алтернативни пазари освен српскиот.

Вита Рес досега има откупено 4 милиони килограми индустриско јаболко и планира до крајот на откупната сезона да откупи уште 4-5 милиони килограми. Откупот ќе трае до мај 2011 година.

Квалитетот на откупено индустриско јаболко во Преспа е добар, меѓутоа годинава поради обилните врнежи шеќерноста во однос на претходните години е намалена.

Цената на јаболкото за преработка пред се ја диктира понудата и побарувачката т.е. пазарните услови. Вита Рес откупот го започна со цена од 3,5 денари по килограм која имаше тенденција на зголемување и во моментов истата изнесува 5,5, денари. Оваа фабрика, исплатата кон доставувачите ја врши преку трансакциона сметка. По завршувањето на откупот на јаболко предвидено е да се започне со откуп и преработка на вишни, со што ќе се продолжи работењето за уште еден месец. Од Вита Рес ценат дека капацитетот за преработка на индустриско јаболко кој го поседуваат тие, плус фабриката за преработка на овошје ЦД Проимпекс Царев Двор и во помал обем Гудалат од Гостивар се доволни да целокупното индустриско јаболко во Македонија биде преработено во јаболков концетрат. Ако цената на индустриското јаболко е репер и за цената на козумното јаболко тогаш не е филозофија да се предвиди дека оваа откупна сезона ќе биде добра за производителите и за откупувачите. Ланската година имаше голем проблем со откупот на јаболката и големи количини индустриско јаболко останаа во овоштарниците заради ниската откупна цена.

Преспански Абер: Како ја оценувате годинава што изминува?

Градоначалник на Општина Ресен: Оваа, 2010 година ја оценувам како тешка за граѓаните на Општина Ресен, економската глобална криза не ја одмина ни нашата општина, а тешкотиите од истата најмногу ги почуствуваа граѓаните.Најголем проблем е невработеноста и релативно малкуте стопнаски капацитети во општинава, каде може граѓаните да се вработуваат, така да земјоделството останува носечка дејност од каде

граѓаните ја обезбедуваат својата егзистенција. Владата, Локалната самоуправа и стопанствениците сите заедно треба да вложиме дополнителни напори ваквата ситуација во наредната 2011 година да ја ублажиме со создавање на услови за нови вработувања.

И покрај таквата ситуација сепак оценувам дека во некои области на локално ниво има напредок, а поволностите од некои проекти кои се или завршени или се во фаза на реализација граѓаните директно или индиректно ќе ги почуствуваат.

Преспански Абер: Носечки сегмент за подобро живеење е економијата, што на тој план?

Градоначалник на Општина Ресен Од областа на економијата би започнал секако првин од земјоделието и би констатирал дека 2010 започна со големи проблеми и ниски цени за јаболкото, меѓутоа радува фактот што по однос на откупот сега состојбта е драстично променета и овоштарите може да очекуваат добар откуп од оваа берба, кој е сплет од повеќе фактори и каде главниот збор го има понудата и побарувачката диктирана не само од локалниот пазар туку и пошироко.

Министерството за земјоделие оваа година обезбеди и реализира испалта на субвенции по интервентна мерка од 43700 денари по хектар овошен насад, со што ги стимулира овоштарите. Јаболкото сега се извезува во регионот, во дел од земји во Европа и Блискиот Исток, со што оценувам дека овоштарите ќе бидат задоволни оваа откупна сезона. Исто така генерално задоволува и откупот на индустриско јаболко кој бил проблем во изминатите години.

Преспански Абер: Стопнаските субјекти го носат вработувањето, каква е состојбата во овој дел?

Градоначалник на Општина Ресен: Од аспект пак на стопанските капацитети задоволство ми е што и во услови на криза во Ресен се отвори преработувачкиот капацитет на ``Вита Рес`` кој запослува дваесетина работници и кој се надевам ќе има стимулирачко дејство и врз другите бизнисмени да се одлучат да инвестираат,како што впрочем пред извесно време започна и успешно работи фабриката „Нова Слога„.Покрај тоа сакам да го споменам и враќањето во кондиција на „Алгрета“.

Ситуацијата пак,со поголемите капацитети кои за жал и не се многу на број е дека, Свислион Агроплод успешно работи, а пак во делот на меѓусебните односи со АД Агроплод, кој од годинава има и нова сопственичка структура, ние како Локална Самоуправа не може да влијаеме.

Преспански Абер: Што е направено на план на инфраструктура во 2010?

Градоначалник на Општина Ресен: Во областа на инфраструктурата можам да спомнам дека во најголем дел од 37 километарскиот правец од патот Макази - Маркова Нога работите се завршени. Новите две бушотини во Царев Двор и Стење, како проект произлезен од самите граѓани преку Форум на Заедниците, се веќе во функција и придонесуваат кон подоброто водоснабдување на Преспа. Завршена е првата фаза на изградбата на фекална канализација во Љубојно. Во Наколец поставувањето на канализацијата е при крај. Секторот за Урбанизам во општината ја изработи целокупната техничка документација и потребните согласности за изградба на Дистрибутивен центар. Надлежните министерства, постапуваат кон понатамошна реализација на овој проект.

Преспански Абер: Господине Волкановски голем проблем се азбестните цевки од водоводот, локалните патишта и дивоградбите. Дали има решение?

Градоначалник на Општина Ресен Ја користам оваа прилика да ја информирам јавноста дека на Општината и се одобрени над 600 000 евра од Министерството за транспорт и врски обезбедени преку заем од Европска инвестициона банка. Од нив ќе се разработи проект и ќе се реализира замена на азбестните цевки од водоводот во рамките на средствата кои ќе бидат на располагање. Исто така превземени се и првични активности со посета на претставници од Европската банка за Обнова и Развој, кои одвојуваат средства за санација на локални патишта и кои според приоритети ќе се реализираат во годината која доаѓа. За оние пак граѓани, кои имаат бесправно иградени објекти, ги повикувам во наредната година го искористат законот за постапување со дивоградби, кој се очекува да биде изгласан и да ги легализираат, за што ние како општина целосно ќе сме подготвени да ги спроведеме одредбите од овој закон.

Преспански Абер: Туризмот треба да биде втора носечка гранка, колку му се посветува внимание на тоа?

Градоначалник на Општина Ресен: По однос на туризмот кој треба да е една од носечките економски развојни гранки во општинава, годинава ја започнавме туристичката ренесанса која се надевам дека ќе продолжи и во иднина на што ние обраќаме големо внимание.Летово бевме сведоци на преполни плажи, а тоа се должи пред се на чистењето на плажите во должина од 10 километри на преспанското крајбрежје, враќањето на водите,како и асфалтирањето на патот низ Т.Н. Претор и пристапниот пат до плажата во Сливница и др. Забележителен е и интересот за алтернативен туризам, за кој Преспа нуди огромни можности. Во таа насока направени се пристапни

патишта до Сливнички Манастир, до манастрот Св.Илија во Грнчари и до манастирот во Штрбово Културно информативно биро ќе се постави во центар на Ресен, а заедно со НП Галичица се адаптира информативен центар во Стење и ресурсен центар во Дом на култура.

За наредната година предвидено е изработка урбанистички план за Стење,Претор и други делови од крајбрежието со што се надевам дека ќе има заинтересирани вложувачи за изградба на комерцијални објекти кои во мометов и недостасуваат на Преспа. Со ова се создаваат услови за концисионирање на плажите при што корист би имала и Општината како институција и граѓаните. Тука најавувам и легализација која ја нуди новиот предлог закон на многу викенд куќи низ туристичките населби.

Во однос пак на долгогодишната најувавана инвестиција од страна на Аква Пура ситуацијата е непроменета но еве деновиве сме сведоци на судски одлуки со кои им се одзема т.н. Царина.

Преспански Абер: Составен дел од животот се културата и спортот посебно за младите. Кои се активностите на овие полиња?

Градоначалник на Општина Ресен Во областа на спортот инфраструктурно се градат два објекти, фудбалски стадион и фискултурна сала преку Агенција за млади и спорт и Министерство за образование и кои во 2011 би требало да се во функција. Во рамките на нашите можности ќе настојуваме да направиме делумна реконструкција на постоечката спортска сала, за која во моментов правиме напори со ЕВН да го регулираме долгот за струја, кој долги години е наталожуван и се заканува врз работата на спортската сала.

Во областа на културата пак, покрај реализација на тековни манифестации значајно е да се спомне дека сме во план на опремување на Спомен соба на Нијази бег во Сарајот, со што на некој начин подостојно би му укажале почит на оваа личност од нашата историја.Инаку, во самиот Дом на Култура структурно оваа година имаше поделба на просторот со што сега едниот спрат е доделен на Министерството за Култура каде има постајана музејска поставка, а другите простории се на Домот на Културата, во која се отвори нов изложбен салон, а преку УНДП ќе се отвори повеќенаменска сала, која е планирана да се користи и за венчавање.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарм и на УНДП, кои несебично вложуваат во општинава преку реализација на разни проекти во минатото и сега, како што се, регулација на Голема Река и изградбата на кејот, мерната метероролошка станица која во скоро време ќе биде и дел од системот на УХМР, потоа со опремување на повеќенаменската сала во Домот на Културата и др, и се надевам дека соработката со оваа организација ќе продолжи.

strana 3 @IVOT

Prednovogodi{en razgovorso Gradona~alnikot gospo-

dinMihail VolkanoVski

prodol`enie od strana 1

вита рес до сега откупи 4 милиони килограми индустриско Јаболко

Во услови на намелена активност по однос на инвестиции во стопанството од глобално па до локално ниво, отворањето на фабриката за преработка на овошје ``Вита Рес`` во Ресен е позитивен пример на работање во услови на глобалба економска криза.

потпишан партнерски проект со усаид

Потпишан е договор од страна на УСАИД, Општина Ресен, и ОУ Гоце Делчев за реализи-рање на партнерски проект за замена на 69 врати и 7 блок прозори со нови алумински врати и прозори. Вредноста на овој проект ќе биде околу 30 000 долари. Тендерот е веќе распишан и се очекува во најскоро време реализација на овој проект.

Page 4: PrespanskiAber_br00

FLE{ VESTI

ПОСлЕДНИТЕ ПОПлАВИ ВО ПРЕСПА ГИ ОТВОРИјА СТАРИТЕ РАНИ

Дел од регионот во Преспа поточно атарите на селата Горна и Долна Бела Црква и Езерани, година се на два пати поплавени при што се направени големи материјални штети на овоштарниците и на стамбените објекти.

Сопствениците што претрпеа штети поголемиот дел ќе мора сами да ги санираат затоа што се свесни дека покрај природата огромна вина сносат самите жители во населбите. Имено во својата желба што повеќе да се приграби, одреден број на граѓани не мислејќи за последиците што можат да се случат, несовесно, или со намера ги узурпира теченијата на реките.

Голема Река која некогаш имаше 18 метри широко корито, сега е сведена на 2 до 5 метри што е најголема причина за поплавите со големи последици. Тоа пак преизвика и конфликт меѓу оние кои го намалиле коритото на реката и оние кои ги трпат штетите.

Свесни сме дека од поплавите можеме да се спасиме само на еден начин - ни рече Арбен жител на Горна Бела Црква. Решението е да се исчисти коритото на реката со механизација, и за никој да не се најде оштетен, одделението за катастар да го одбележи текот на реката. Ако се постапи вака се надевам дека проблемите ќе се решат. ”Можеби, последниве случувања што ги донесоа поплавите ќе бидат поука за заедничко и правилно дејствување во борбата против природните непогоди. Градоначалникот на Општина Ресен г-дин Михаил Волкановски за време на посетата на поплавите вети дека ќе помогне и тоа најпрвин интервентно, а потоа и за изнаоѓање на целосно решение на проблемот со течението на Голема река. Меѓутоа најважно е после тоа да проработи свеста кај жителите, и само на тој начин самите ќе си помогнат.

strana 4 @IVOT

подобро водоснабду-вање во преспа

Како резултат на одржаните повеќе форумски сесии од ``Форуми на Заедниците`` во Преспа ќе се подобри водоснабдувањето со две бушотини во с. Стење и с. Царев Двор.

Благодарение на донацијата од Швајцарска Агенција за Развој и вложување на Општина Ресен и ЈКП Пролетер, граѓаните на Преспа предложија и избраа проект преку ``Форумот на Заедниците``- Подобро водоснабдување на Преспа.

Крајните резултати од овој проект се: Нов експлоатациски бунар во с. Стење од 152 метри и цевковод кој во водоводот дава доплонителни 3л/с, нов експлоатациски длабински бунар во с. Царев Двор од 33 метри кој во водоводот дава дополнителни 17,5 л/с, како и целосна реконструкција на хидрофорската постројка со поставување на нова хидро потстаница во Ресен.

Договорни страни на договорот за реализација беа МЦМС( Македонски

центар за меѓународна соработка), Швајцарска Агенција за Развој, Општина Ресен и ЈКП Пролетер.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 9.017.291,00 денари.- Швајцарската агенција за развој и соработка - 6.000.000,00 денари- Општина Ресен - 2.000.000,00 денари- ЈКП Пролетер – 1.017.291,00 денари

За потсетување на претходните форумски сесии граѓаните издвоија повеќе проблеми кои сметаат дека се приоритетни за решавање, како проблемот со повлекувањето на Преспанското Езеро, прекумерното

користење на подземните води, немање на канализациона мрежа во селата кои гравитираат кон Преспанското Езеро, поради што фекалните води се испуштаат во езерото, проблеми со водоснабдувањето во селските населби, градската депонија која не задоволува минимални услови, како и немањето на депонија за градежен и медицински отпад, создавање диви депонии, недостигот на садови за собирање на ѓубрето, прекумерната употреба на пестицидите итн.

На седмата форумска сесија, во облик на проекти беа подготвени идеите: „Уредување на дворот и формирање на еколошко едукативен и спортско рекреативен центар – ЕКО СПОРТ“, „Подобрување на водоснабдувањето во Преспа“, „Заедно за здрава и чиста Преспа“ и „Уред за рециклирање на отпад од прерабока на дрво“.

После изјаснувањето на работните маси се сумираа бодовите, каде форумот донесе одлука да се финансира проектот за Подобрување на водоснабдувањето во Преспа.

ОТПАДНИТЕ ВОДИ СЕРИОЗНО ГО ЗАГАДУВААТПРЕСПАНСКО ЕЗЕРО

Фекалните води што ги испуштаат над 40 отсто од домаќинствата во Преспа не се приклучени на канализацација и не се пречистуваат. Поради тоа штетните материи кои се содржат во нив се слеваат во езерото преку површинските канали, реките што минуваат низ селата и преку подземните води. На ова предупреди раководителот на проектот Интегрирано управување со екосистемот во сливот на Преспанското Езеро, Димитар Сековски.

Според проценките на стручните лица кои подолго време ја следат ваквата состојба, од руралните средини на преспанското крајбрежје најсериозна е состојбата во Наколец. Овде подземните води се доста високи и поради тоа многу брзо ги полнат септичките јами и течноста од нив истекува на селските улици и канали и се прават мочуришта во селото.

- Во селото има 300 жители и секоја куќа има по три-четири септички јами. Со тек на времето нечистотијата си го направи своето вели Гзим Сулејмани претседател на Месната заедница во Наколец. Се обидовме со цистерни, но пак се наполнија зашто подземните води го зголемуваа нивото на водата во септичката јама. Ова е карактеристика на рамничарските села крај езерото. Но, за загадувањето придонесуваат и планинските населени места, кои фекалните води ги пуштаат директно во селските реки, додава Сулејмани.

Во нашата општина како туристичко место, работи само една пречистителна станица во Езерани. За да има поголема хигиена во селските средини и подобра заштита на езерото со заедничка иницијатива на УНДП, Министерството за животна средина, Општина Ресен и локалното население се изгради нова пречистителна станица во Наколец, а во завршна фаза е изградбата на

канализациска мрежа. Изградбата на пречистителната станица е целосно финансирана од страна на проектот кој го реализира Програмата за развој при Обединетите нации (УНДП), за кој финансии се обезбедени од страна на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), додека пак изградбата на фекалната канализација како обврска е превземена од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Вкупната инвестициона вредност на пречистителната станица изнесува 10,300,786 МКД (средства на УНДП/ГЕФ), а на фекалната канализација 10,000,000 МКД (средства на МЖСПП). Конкретно МЖСПП обезбеди средства за набавка на цевководи и шахти и за изградба на канализациона мрежа со должина над 4 km. Општината пак, го водеше целокупниот процес на обезбедување на дозволите потребни за отпочнување со градежните работи на терен, како за канализацијата, така и за пречистителната станица. Локалното население собра 30 илјади евра за ископите на местата каде што ќе се постават цевки и шахти. Станицата ќе проработи за брзо време штом ќе се заврши изградбата на канализацијата. Но, ова е само почеток на решавање на проблемот.

Управувањето со комуналните отпадни води е еден дел од проектот на интегрирано управување со екосистемот, во кого учествуваат сите три држави што го делат езерото - Македонија, Грција и Албанија.

Состојбата со езерските води во Преспа е задоволителна, но треба будно да се следи, навремено реагира и подобрува.

Сепак, анализите од релевантни установи во изминатите години во одделни локалитети покажале бактериолошка загаденост и присуство на нитрати, амонијак, сулфати. Тоа покажува дека врз загадувањето на езерото влијааат употребата на агрохемиски средства на земјоделските површини, дополнителното црпење вода за наводнување и намалувањето на водостојот на езерото.

посета на министерот коњановски на загроизените

подрачЈа во преспа

“Дојдовме тука да видиме што можеме да помогнеме. Можеби не можеме да влијаеме на атмосферските прилики, но ќе направиме се да помогнеме во санирање на последиците како и да превземеме превентивни активности за да во иднина не се случуваат вакви појави” - рече министерот за одбрана

Зоран Коњановски при посетата на поплавените атари на селата Горна и Долна Бела Црква. При посетата министерот Коњановски, во придружба со градоначалникот на општина Ресен, Михаил Волкановски, изврши увид во состојбата на лице место, констатирајќи дека во насока на превенција од штети ќе бидат преземени сите неопходни активности доколку тоа е потребно.

За време на посетата и средбите со локалното население, министерот Коњановски истакна дека со градоначалникот се договориле уште

веднаш, претставници на општината да излезат на терен и да констатираат што се општината може да направи во делот на санација и превенција. Владата ќе ги разгледа сите можности за реагирање онаму каде што е потребно. За време на посетата министерот Коњановски информираше дека Координативното тело за превенција од природни непогоди постојано ја следи состојбата и дека согласно потребите од моменталната состојба ќе се вклучува и Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.

Формиран клуб „Ден на Дрвото“ во Ресен

Во присуство на поголем број граѓани и претставници од извршниот одбор на „Ден на Дрвото“ Љубомир Гајдов признат новинар во пензија, македонската пливачка легенда Атина Бојаџи и пензионираниот професор Томе Лисичанец, се формира Клуб „Ден на Дрвото“ - Ресен за чиј претседател беше избран Љупчо Крстевски.

Започна реконструкцијата наОУ Славејко Арсов с. Подмочани

Реконструкцијата се очекува да трае до почетокот на месец Мај 2011 година и со неа ќе бидат опфатени дислоцирање, комплетно реновирање и уредување на фискултурната сала, реновирање на поголем дел од училниците, поставување на нова електрична инсталација во поголм дел од просториите, изградба на нови санитарни чворови и фасадно уредување на целиот објект. Овој зафат ќе чини околу 160.000 евра, пари добиени од Европската комисија. Додека траат градежните работи учениците наставата ќе ја следат во ОУ Гоце Делчев - Ресен.

Трети декември Меѓународен денна лица со инвалидитет

Во Општина Ресен овој ден, беше одбележан во дневниот центар за социјална заштита каде присуствуваше Градоначалникот на Општина Ресен Михаил Волкановски, кој на децата кои го посетуваат овој центар им подари скромни подароци. Во оваа прилика, тој истакна дека Oпштината во рамките на своите надлежности и можности ќе ги превземе сите неопходни мерки за поддршка на лицата со инвалидитет. Во моментов, овој центар го посетуваат 7 деца.

50-години Средно образование во Ресен-Преспа

Во далечната 1960 година, во гимназијата Јосиф Јосифовски-Свештарот започна да се изведува настава во гимназиско образование во две паралелки. Како што минуваа годините и општествено-политичките случувања во државата имињата на Училиштата се менуваа, но интересот на учениците за образование се зголемува а со тоа се зголемуваат паралелките и профилите на образование. Денес со гордост може да се каже дека низ просториите на Училиштето поминале повеќе од 5000 ученици. Повеќето од нив го продолжиле своето образование и се стекнале со различни звања: професори, доктори, научници, економисти, стопанственици итн.

Токму на овој јубилеј беше промовирана монографија во која се сместени податоци од 1960 година кога започнува со работа оваа установа до денес. Таа е сведок на долгогодишната и макотрпна работа во воспитно-образовниот процес во Преспа и пошироко.

Page 5: PrespanskiAber_br00

FLE{ VESTIRABOTATA NA SOVETOT POLITI^KI KOREKTNA- konstatira Pretsedatelot na Sovet na Op[tina Resen g-din Memet Murati

Советот на Општина Ресен е претставнички орган на граѓаните и го сочинуваат 15 советници избрани на општи непосредни и слободни избори со тајно гласање.Сегашниот состав на Советот на Општина Ресен е избран на локалните избори во месец март 2009. За прв меѓу еднаквите на конститутивната седница на Советот е избран г-дин Мемет Мурати.

- Еве после 20 одржани седници во овој состав, иако застапуваме различни политички платформи кои често пати се и дијаметрално спротиставени, сепак работата на Советот ја ценам како политички коректна и во духот на меѓусебно уважување помеѓу советниците. Jас искрено верувам дека ние советниците заедно сме во функција на оние кои не избрале-граѓаните и во секоја прилика ние гледаме да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните на Општина Ресен - вели г-дин Мемет Мурати, Претседател на Совет на Општина Ресен.

- Една од поважните реализирани активности на овој состав на Советот е што го донесовме и новиот Статут на Општина Ресен.Со оглед на тоа што финансиската сметка на Општина Ресен моментално е блокирана, секогаш не сме во можност до крај да ги реализираме барањата на граѓаните, сепак како Совет сме донеле одлуки кои одат во насока на разрешување на некои проблеми - дообјасни г-дин Мемет Мурати.

Во таа насока претседателот на Совет на Општина Ресен наброи дел од одлуките од директно значење за граѓаните како што се одлуката за помош на семејството Куртишевски, заклучок за враќање на границите на НП Галичица, усвојувањето на заклучоците за штетите од град и други елементарни непогоди, кои ги подготви општинска комисија, со што според него доаѓа до израз и непосредното функционирање на институцијата Совет со граѓаните.

Меѓу другото седниците на Советот според зборовите на Претседателот најчесто се одржуваат во полн состав, а нивната целокупна работа ја сублимираат во годинешните извештаи за работата на Советот од кој последниот таков извештај беше доставен во месец мај 2010. Плановите за работа пак на Советот се застапени во годинешната програма за работа на Советот која советниците се трудат да ја исполнат максимално. Во рамките на Советот функционираат повеќе постојани и привремени комисии. Овој состав на Советот досега има донесено над 230 акти.

- Мојот пристап како Претседател на Совет и општо како човек кон секого, а вклучително тука и кон моите колеги Советници е секогаш полн со уважување на личностите и нивните ставови. Јас секогаш од позиција на Претседател на Совет ќе се грижам за доследно спроведување на деловникот за работа и почитување на Стаутот на Советот како и за функционално спроведување на одлуките кои ги носи ова тело на граѓаните на Општина Ресен - истакна г-дин Мемет Мурати.

strana 5LOKALNA SAMOUPRAVA

Се комплетира составот на Советот на Општината По оставката на г-ѓа Даринка Мицевска од редовите на ВМРО ДПМНЕ во месец август оваа година, нов советник е г-дин Љупчо Рунчевски кој доаѓа од коалицијата „За Подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, а член е на СПМ. Од сега Советот повторно ќе работи во полн состав.

Усвоени се предлог програми ифинансиски планови нa 19 седница

На седницата, одржана на 24. 12. 2010 год. усвоени се финансиските планови на домот на културата, детската градинка, средното училиште и основните училишта со исклучок на ОУ Мите Богоевски. Усвоени се сите предлог програми, со забелешка дека Предлог – Програма за изградба на фекални канализации за период 2011-2012 година и Предлог – Програма за чистење на речните корита за 2011 година треба да се надополнат.

Одбележан денот на настава на турски јазикСо пригодни свечености во Ресен беше

одбележан празникот на турската заедница во Република Македонија - ДЕНОТ НА НАСТАВА НА ТУРСКИ ЈАЗИК. На свеченоста присуствуваше и министерот во владата на РМ на Република Македонија Хади Незир.

Избран е најдобриот понудувач на тендерот за зимско одржување на улици и локални патишта

Мина комерц транс - с. Д. Средорече, Охрид како најдобар понудувач го доби тендерот за зимско одржување на улици и локални патишта.

Истата ги понуди следните цени:• цената (по исчистен километар) 800 денари• цена на песок (m3) 1300 денари• цена на индустриска сол (тон) 7500 денари

Презентиран предлог закон за дивоградбиТим од Министерсатвото за Транспорт и

Врски предводен од Директорот на Градежниот инспекторат г-дин Сашо Дуковски на ресенчани им го презентираа предлог Законот за постапување со бесправно изградени градби. На презентацијата од страна на граѓаните беа поставувани конкретни прашања на кои стручно објаснување им дадоа гостите.

Советот на Општина Ресен е составен од следните советници: Митко Јаневски, Кире Божиновски, Славица Бочкаровска Митрева, Зоран Илиевски сите од ВМРО ДПМНЕ, Рунчевски Љупчо од СПМ, Ентезам Синан ТДП - коалиционата листа „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО ДПМНЕ, Осман Шукриу и Мемет Мурати од ДУИ, Александар Доновски од НСДП и Владимир Ќоропановски,Томче Веловски, Фросе Ѓорѓиевска, Јордан Проевски, Татјана Узуновска, Еркан Мерџановски од СДСМ.

Како ја цените досегашната работа на Советот?

- Работата на Советот ја покажува последната пауза за закажување на седницата коja доцни три месеци.Aко се навратиме на почетокот на конституирањето на овој состав на Совет и неговата работа уште при формирањето на постојаните комисии каде што е предвидено со закон пропорционална застапеност на советничките групи во комисиите и покрај нашите укажувања за жал

мнозинството изгласа спротивно од законот.За истиот проблем неколку

пати е потенцирано за преиначување на таквите одлуки за кои не наидовме на разбирање. Актите и одлуките кои Советот ги носи треба да бидат во склад со законот, за жал тоа не е така. Имено одлуката за поставување на настрешница на автобуската станица е една од нив. И можам да констаирам дека неколку значајни одлуки не се по законот.

Како ја цените ефикасноста на работењето на Советот?- Сметаме дека Советот не работи ефикасно, тоа го потврдуваме со

поставената одлука за чистење на улиците која ја разгледуваме дури сега, а во исто време беше распишан тендер и избран најдобар понудувач.

Колку конструктивно се однесува вашата Советничка група?- Советничката група на СДСМ на самите седници на Советот покажува висок

степен на конструктивност по прашањата од витално значење за граѓаните. При носење на одредени програми советничката група на СДСМ давала и ќе дава предлози и идеи за надминување на определени состојби и нивно подобрување но за жал воопшто не се прифаќаат од мнозинството. И покрај спротистваните мислења ние сепак сме современици и настојуваме заеднички да придонесеме за решавање на најосетливите проблеми. Всушност животот надвор од салата со советниците од ВМРО ДПМНЕ ни е добар.

Ја користам оваа прилика да им ја честитам Новата 2011 година и Божиќните празници на жителите на општина Ресен.

Како ја цените досегашната работа на Советот?

- Јас како советник од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери сметам дека работата на советот е во рамките на условите и можностите во кои се наоѓа нашата Општина.Сегашниот состав има одржано 19 седници на кои се разгледуваат прашања од општ и посебен интерес за граѓаните на Општина Ресен. Седниците се одржуваат во полн состав и со максимална активност на сите советници. Во контакт со граѓаните се трудам нивните проблеми да ги прнесам на седниците на Советот, меѓутоа во исто време се среќаваме со ситуација каде голем дел од реалните проблеми на населението не можат да бидат решени, заради финасиската состајба на општината која ја наследивме од претходниот период. Во 2011 очекуваме да се изнајде решение за оваа финасиска ситуација, со што би можеле да им излеземе во пресрет на граѓаните и проблемите да ги решаваме во целост.

Како ја цените ефикасноста на работењето на Советот?- Сметам дека овој состав на Советот работи ефикасно, на време започнуваат

седниците и ако некогаш на седници имаме долг дневен ред настојуваме да истиот го реализираме во текот на денот. По завршување на седниците редовно се објавуваат донесените акти од Советот во Службениот гласник на општината што дава основа за нивно спроведување од страна на надлежните органи.

Колку конструктивно се однесува вашата Советничка група?Во досегашната една и пол година работа на Советот, сакаме да сме максимално

конструктивни и сметам дека и во понатамошната работа во наредниот период, никогаш нема да дозволиме нашата советничка група да биде кочница на предлози и иницијативи кои се во интерес на граѓаните на општината без разлика од кого потекнуваат тие.

Ние сме во функција на граѓаните и оваа прилика ја користам да им посветам мало внимание честитајќи им ја Новата 2011 година и Божиќните празници.

Tомче Веловски - координатор на советничката група на СДСМ

Славица Бочкаровска Митрева- координатор на советничката група на

ВМРО ДПМНЕ

Page 6: PrespanskiAber_br00

DA GO ^UVAME AMANETOT NA ^I^KO KIRE

Во дождливиот октомври Преспа остана посушна за делата на нејзиниот хроничар, публицист, новинар, туристички и културен работник - Кирил Јоновски во чија чест го објавуваме овој прилог

Во октомри 2010 година во симпатичниот дом крај брегот на Претор запре гласот на бележникот на историјата, учесникот во развојот и промоцијата на Преспа - Кирил Јоновски. Запре гласот, не напушти чичко Кире, но не запреа ефектите од неговите дела кои преку преторските бранови ја пренесуваа и ќе ја пренесуваат славата на нашата Преспа. Почитувајќи го овој благороден преспанец објавуваме прилог за дел од убавините на Преспа. Редакцијата на Преспански Аберр користејќи го и продолжувајќи го неговото дело, се приклучува кон чувателите на неговиот аманет даден во неговиот монографско-водителски прирачник за Преспа:

„Природата на Преспа и подарила богатство на убавини и атрактивности. Историјата, пак и оставила непроценливо културно наследство и многу неизбришливи траги од значајни настани.

Ние Преспанците, каде и да сме, во родниот крај или надвор од него, со сето тоа се радуваме и гордееме. Но нашата света должност е да го чуваме од секакво нарушение, за доброто на сегашните и на идните генерации.”

Сум го надлетувал вечниот Рим, сум се спуштал кон велелепниот Брисел, сум го газел и се восхитувал на градот распослан на два континенти - Истамбул, сум пловел по невестата Сава на местото каде што таа се мажи за Дунав, сум се лизгал и скијал по еден од бисерите на Полска Закопане, но само Преспа „можит да ма чапнит, да ма земит под мишка и да ма прошетат низ градината на моето детство“ И еве ме на дрвеното пристаниште во Отешево каде од сите капачи доминираат шармот, мајтапот и нуркачките вештини на атлетски градените Таше на Када и Илче Геро. Многу млади преспански галеби, убави туристки, многу успешни љубовни романси и имагинации во убавите дрвени

кабини, кои покрај влезните врати имаат неприметни странични отвори направени по методот „мере глето е чекани“. Сликата ја надополнуваат дечиња дојдени со точак возејќи „под кадро“, кои ја расподелуваат својата ужина од сливи магаршници спечалена по набавна цена идејќи по пат. Багремовите сенки ги окупира ученичка, работничка и студентска младина која делка леб сирење и патлиџан или леб и сало. Од време навреме бранува смеата од плажата каде се истакнуваат преспанските беќари со посебно педигре и омилени од сите Симе Гуро, Нанчо Кукуљ и Блаже Ластикот. Приметувам скришни погледи на некои девојќи кои го следат влегувањето во вода на две убави машки фигури и нивното пливање во

езерската шир. Тоа се препознатливите фигури на врсните пливачи Драган Бифо и Таше на Сива. На амбиентот на омилено летно капалиште кое има душа одлично му прилега историскиот санитарен јазол во непосредна билзина на кабините. Не поради неговата архитектонска вредност или ароматичната дејност за која беше наменет, туку заради додатните услуги кои се нудеа до него-таму работеше летната школа по картање и шармантните хазардери кои на многумина од нас ни беа идоли.

Денот го губи куветот и ние малкумина решаваме да останеме и вечер на музика. Во епицентарот на врвна

забава и изворот на носталгија на преспани - ресторанот Плажа, едвај чекаме да уживаме во звуците на култните „Андромеди“ и нивните доајени Андруш, Панде Татарче и Љупчо Сречка. Ова за нас не е само обично одење на музика, тоа е културен, забавен, љубовен и социјален настан. Културен настан - затоа што ќе има некоја културна содржина како гостување на „Танец“ или играорната група од Стење, избор на пеач, убавица, водителски или литературен шоу на Панде Лелија. Забавен настан преку шоуто на преспанскиот Елвис Присли-Науме Бенџо или забава во диското во склопот на ресторанот со кое раководеше тајфата на Ефтим Стрезо, Науме Мутија и Цане ’Кмба. Љубовен настан претставуваше ќарење некое

чупче и да се однесеше крај езерото на клупата на заљубените. Ако не се поиграше лепенка валцер, или за раче да се држевме на оро, барем ќе се изнагледавме убави чупиња. Социјалниот настан се одвиваше на терасата на ресторан Плажа каде се сплотуваат, дружат луѓето, забораваат за проблемите и имаат можност да научат нешто за македонскиот фолклор, од интернационалната летна школа за фолклор организирана од Пеце Атанасовски. Да се осети и вкуси елитниот туризам во Македонија особено преспанските специјалитети „крап на преспански“ и надалеку познатите „палачинки ала Отешево“.

И таман да каснам од палачинките како да се освестив и еве ме во сегашноста. Многу од лицата на кои погоре се сетив (нека ми простат тие што не ги споменав) и други ценети мои сограѓани кои биле дел од тоа време се живи, а некои како чичко Кире ги прости Господ. Се надевам дека и мојот текст ќе биде препрека на патот до нивниот заборав, а особено за тоа

што тие направиле во Преспа. Уште повеќе се надевам дека ќе ја подизбришат пајажината во нашите сеќавања од едно убаво време, време кога Преспа беше далеку поведра, со поголем дух, поголема доверба и дружење на преспанците. Најмногу се надевам дека ваквите текстови ќе бидат иницијатива за конкретна акција за тоа што треба секој поединец и институција да превземат за подобра Преспа.

Да направиме нешто за Преспа како што Преспа направи за нас.

strana 6TURIZAM I KULTURA

Си замина и Христо Хаџиевски - Кицо, доајен на Ресенското новинарство. Еден од камен темелниците на современиот преспански журнализам, човек кој долго ќе остане во сеќавањата на повозрасните новинарски пера.

Директор и гравен и одговорен уредник на Радио Ресен на чие чело беше подолги години. По формирањето на Агроплод, една од локомотивите на економскиот развој на општината, беше именуван за главен и одговорен уредник на фабричкиот весник. Хаџиевски, освен што беше активен на полето на новинарството, беше несебично анагажиран и на полето на спортот и културата.

Светот е една голема сцена, доаѓаш, одигруваш, заминуваш. Тој тоа го направи на достоинствен начин.

РЕСЕН ДОБИ ПОСТОЈАН ИЗЛОЖБЕН ПРОСТОР

Изложбениот салон е всушност пренамена и дообликување на просторот во ходниците и со овој зафат е прилагоден за изложбена активност.

За значењето на овој простор и за поттикнувањето на културата во општината говореа Директорот на Домот на Култура, Градоначалникот на Општина Ресен, како и г-динот Љупчо Илиевски чии фотографии од Преспа, имаа чест да бидат први изложени во салонот.

Авторот Илиевски го истакна задоволството што со неговите дела се отвора овој салон и додаде дека тие фотографии ќе ја презентираат Преспа, насекаде низ светот бидејќи се објавени во познатиот светски магазин National Geographic. Истите ќе бидат искористени за официјални календари на УНДП кои ќе бидат дистрибуирани во 166 земји, каде УНДП има свои канцеларии.

Изложбениот салон се простира на 90 метра квадратни со поставено соодветно осветлување.

РОДНОКРАјНИТЕ АВТОРИ ВО РОДНИОТ КРАј

По повод 65 години од библиотекарството во Ресен, на 24 декември, се одржа средба на родокрајните автори во Домот на Култура „Драги Тозија“. Овој настан е значаен по тоа што е направен поорганизиран обид да се соберат во исто време во родниот крај, сите оние автори кои се по потекло од Преспа .

На настанот беа читани извадоци од дела на роднокрајните авторите, а дел од нив одржаа пригодни обраќања кон присутните.

Писателката Веара Стојчевска-Антиќ, меѓу другото најави организирање симпозиум во соработка со локалните власти, кој би опфаќал дискусии за Преспа и би ги собрал на едно место сите оние личности кои имаат некаква поврзаност со, како што рече таа, „...најубавиот дел од Македонија...“ Симпозиумот би претставувал појдовна точка за изработка на Монографија за Преспа, која според присутните овој крај ја заслужува. Пред присутните зборувааа Славе Николовски - Катин, Петре Георгиевски и Методија Томевски.

Дел од присутните гости подарија и свои дела на библиотеката во Ресен, кои ќе бидат изложени во родокрајното одделение на оваа институција. Покрај тоа, беше предложено средбата да прерасне во традиционална.

2011 ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ОДБЕлЕжАНА СО ПОВЕЌЕ КУлТУРНИ АКТИВНОСТИ

Финиширање на програмата за 2010 и амбициозна програма за културни настани за 2011 година а преку тоа и доближување на културата до обичниот граѓанин се амбициите на надлежните во домот на култура Драги Тозија

Директорот на оваа установа г-дин Васко Василевски, најавува дека покрај реализираните проекти во годината што изминува ќе се зголемат активностите во 2011 година.

- Програмата на Домот на култура Драги Тозија финишира со зголемени активности преку реализација на новогодишната програма за 2010, во која се опфатени културни активности од промоција на книги, театарски претстави, литературни читања и др. Новогодишната програма трае до 31 декември и завршува со новогодишен музички хепенинг - вели г-дин Василевски.

Плановите за идната 2011 година опфаќаат: библиотечна, музичко сценска, драмска, фолклорна, ликовна и галериска дејност. Покрај тоа нема да изостанат ни традиционалните настани како „Преспански културни среќавања“ и културни настани во функција на туризмот.

- Следната година ќе биде одбележана и со културни активности со што би постигнале поголема заинтересираност и поврзаност на граѓаните со културните институции и авторите - најави директорот на Домот на Култура г-дин Васко Василевски.

Сепак многу значајно е да се реши проблемот со простор за изведба на музичко-сценски настани кој е присутен во Ресен, а притоа се мисли да се регулира и стави во функција просторот на Младинскиот културен центар - старото кино, како и Амфитеатарот кој би бил користен за овие активности.

IN MEMORIAM

Page 7: PrespanskiAber_br00

FK PODMO^ANI - ESENSKI PRVAKпродолжува од стр. 1

Ако некој во спортскиот живот во Преспа донесе вистинско освежување и изненадување, тоа е сигурно Фудбалската екипа на Подмочани. Таа во есенскиот дел од натпреварувањето во треттата македонска лига-југозападен регион го завзеде првото место.

До ваков голем успех стигнавме благодарение на тоа што добивме стабилен спонзор-објаснува директорот на клубот Љупчо Кечуловски. Вложувањата на нашиот сонародник Гоце Несторовски, кој 36 години живее во Австралија влодија со плод. Во есенскиот дел со 9 победи, еден нерешен натпревар и два порази го освоивме првото место со 28 бодови, еден повеќе од најголемиот конкурент Кораби од Дебар. Овој успех можеби го посакуваа сите навивачи на ФК Подмочани

меѓутоа не го очекуваа ни најголемите оптимисти. Со одлични игри во есенскиот дел ФК Подмочани се наметтна како најсериозен кандидат за освојување на првото место. Со континуирана работа за време на натпреварувачката сезона, добра селекција на фудбалери од општината и три засилувања од Битола се стигна до лидерската позиција. Првото место ги зголеми апетитите и сите погледи се свртени кон влез во втората лига. Тоа го посакува и спонзорот Несторовски. Се планира во наредниот период да се донесат уште 5-6 играчи, оние кои ќе го задоволат вкусот на раководството.

Управата се надева на успех, поточно влегување во втората лига. Добриот пролетен распоред (во Ресен гостува конкурентот Кораби) е уште еден адут и надеж. Сепак она што најмногу радува е најавата дека ФК Подмочани, ќе формира младинска школа која ќе биде иднина на овој клуб, а се размислува и за изградба на фудбалско игралиште во с. Подмочани.

PO ESENSKIOT DEL - RK PRESPA PRI VRVOTРК Преспа - Ресен во натпреварувачката сезона 2011/2012 се натпреварува во

првата машка ракометна Лига на Македонија и моментално е при самиот врв на истата.Годинава РК Преспа како една од најискусните екипи и со играчи кои некогаш

биле репрезентативци, се очекуваше, да го завземе самиот врв во ова натпреварување, меѓутоа желбите се едно, а можностите друго. Сепак и ваквиот пласман заслужува внимание. И покрај тоа што оваа екипа нема спонзор, играчите играат може да се рече од љубов кон клубот, со своите игри докажаа дека во оваа конкуренција се меѓу најдобрите.

Со подобри подготовки во зимскиот период и редовни тренинзи со квалитетот кој го поседува екипата на Преспа и со реконструкцијата, поточно со можноста оваа година, од првата во Супер Лига да се пласираат дури четири екипи, Преспа би требало да биде еден од сигурните патници во повисок ранг.

- Единствената цел на моменталната управа на РК Преспа, а и моја, како тренер е да го оствариме зацртаниот план а покрај тоа да не дозволиме да дојде до целосно згаснување на ракометниот спорт во нашиот град. Веќе долги години наназад по заминувањето на големиот спонзор Јафа Промет, ракометниот клуб Преспа се наоѓа во тешка финасиска криза - објасни Иван Ангелковски.

Она што е најважно за овој клуб е тоа дека во него во мометов членуваат 70 млади ракометари кои треба да представуваат иднината не само на овој клуб, туку и на дел од клубовите во републикава, а и на самата репрезентација.

Да споменеме дека младите од овој клуб годинава се натпреваруваат во кадетската лига на РФМ при што забележуваат добри резултати.

Младинската екипа во сезоната што измина го освои четвртото место во Супер лигата, што за овие простори е голем успех и гаранција дека овој крај поседува спортски талент.

- Благодарни сме на широката ресенска јавност и посебно на нашата верна публика за подршката која ја добиваме - порача за крај тренерот на РК Преспа.

Ракометниот Клуб Преспа – според тренерот Ангелковски е наследник на Јафа Промет и е носител на традицијата на ракометниот спорт во Преспа.

VO MLADOST ZADOVOLNI OD POSTIGNATOTOМладите ракометари со играњето во Прва ракометна лига стекнуваат искуство,

додека во младинска, кадетска и пионерска конкуренција ги искажуваат своите ракометни знаења и во истите се во самиот врв на нашава Држава. Оваа талентирана генерација во натпреварите со далеку поискусните играчи во Првата лига забежа три победи што беа поттик за посериозен пристап на тренинзите и самите натпревари.

Сето ова придонесе на меѓународниот турнир во Јабука, во силна конкуренција генерациите на Младост 1996 и 1994 да го освојат второто место, вели Горан Трајановски - Калц, потпретседател на клубот. Она што таму го прикажаа влева надеж дека во овие

кадети и пионери има голем потенцијал кој со натамошна надградба може да продуцира ракометари кои би можеле да бидат и членови на некои наши Државни селекции. Всушност овој клуб од секогаш бил расадник на таленти, а голем дел од нив играат во Суперлигашки екипи. За она што го планираме во наредниот период – истакна Трајановски,потребни се средства кои се минимални, но тешко се наоѓаат. Му благодариме на Градоначалникот на општина Ресен, за помошта што ни ја дава како и на дел донатори кои со своите средства придонесоа за опстојување на овој перспективен клуб.

Во годината што следи Младост ќе настојува да го продолжи започнатото и да ја подобри работата преку овозможување на зимски подготовки и учество на меѓународни натпревари. Сепак основната цел на овој клуб е во 2011 е да се учествува во завршницата на Државното младинско првенство, а со голем оптимизам и освојување на првото место.

Вакви се размислувањата на раководство кое има полна доверба во овие млади момчиња кои често пати го дале максмимумот и на неколку пати со успех ги представувале нашата општина и држава и на меѓународни турнири.

Ние веруваме во нив и желбата да станат големи ракометари.

NOV FUDBALSKI STADION VO 2011Фудбалското игралиште што го гради Агенцијата за Млади и Спорт на излез од

Ресен на патот Ресен – Отешево спроти градските гробишта влезено е во завршната фаза. Заради временските услови кои не дозволуваат вршење на градежни активности, мометално не се работи, а последна активност беше изградба на соблекувалните и поставување дренажата на самиот терен. Монтажните трибини се поставени. Преспанската јавност се надева, а и фудбалерите од овој регион очекуваат, дека во 2011 ќе имат можност да играт на овој нов спортски објект.

STAGNIRA IZGRADBATA NA

FISKULTURNATA SALA

Фискултурната – спортска сала која започна со изградба во летото 2009 во дворот на СОУ „Цар Самоил“ и по една и пол година не е завршена. Во првата половина на 2010 година беа интензивирани градежните работи кои ги изведува ГП „Гранит“, меѓутоа истите прекинаа со крајот на летото. Од она што може да се види на терен поголем дел е веќе сработено освен покривната конструкција и ентериерното уредување. Кога овој објект ќе почнат да го користат граѓаните и пред сè учениците, знаат само во Министерството за Образование кој е финасиер на овој проект.

Само околу 20 сали кои се дел од големиот проект “145 спортски сали“ се изградени од 2009 година па досега. До крајниот рок 2013 година треба целосно да бидат изградени и предадени уште 125 сали. “Од 2009 година, од вкупно 37 спортски сали, девет се пуштени во употреба, 12 во завршна фаза а 16 се веќе започнати со градба“, изјави министерот за образование и наука, Никола Тодоров.

strana 7SPORT

Гоце Несторовски, спонзор

Page 8: PrespanskiAber_br00

Господине Стојановски, накратко за почетокот на професионалната кариера.

- Кога би зборувал за својата професионална кариера има многу да кажувам. Првата песна која носеше наслов „Гордана“ ја снимив во Австралија. Мислам дека тоа беше убава певлива песна и слушателите добро ја прифатија. Потоа почнав да соработувам со повеќе композитори од Македонија, кои имаа големо влијание врз мојата кариера. Тука би ги истакнал Тони Карапанчевски - Леко, во чие студио ги имам снимено големите хитови: Кога ги видов тие зелени очи, Мама се плаши, Болен лежам, Кукличка, Вики Виолета.

Што потоа?- Издавањето на компакт дискот со овие песни

ми беше влезна виза за настап со повеќе музички групи. Освен со комплетниот состав на Персиди, настапував и со групата Астра, а подоцна формирав и свој бенд кој се вика Туше плус бенд, во кој освен мене членуваат Гоце Шундовски - Шуки и Златко Петревски. Инаку, Гоце е и композитор на неколку мои песни. Во Австралија соработувам со групата Деспина.

Често патувате. Кој се вашите дестинации? - Во мојата кариера имам направено повеќе

турнеи низ Европа, Канада, Австралија и Америка. Моментално сум на релација Малме - Копенхаген каде што сум на предновогодишна турнеја. За дочекот на новата 2011 година ќе пеам за нашите сонародници во Малме и тоа во просторот, сопственост на нашата црква. Се надевам дека ќе имам добра посетеност и дека гостите весело ќе ја дочекаат новата година.

Во последно време забележителни се и вашите фестивалски успеси.

- Што се однесува до фестивалите, присутен сум и таму. Најголемиот успех ми бил освојувањето на прво место од страна на публиката на Мелбурн фолк фест со песната Лено, Ленче. На годинешново издание на Охрид фест го освоив второто место од страна на жирито со песната „Прва лекција“ на Борче Нечовски и Дејан Момировски , а на Филиграни 2010 публиката ми го додели второто место за песната „Не сум како другите“. Автор на оваа нумера е Цане Трајчевски.

Очекувања во 2011 год.- Освен соработката со повеќе композитори

од Македонија и издавање на нови песни, следната година планирам уште две турнеи, по една низ Европа и Америка. Пролетта е резервирана за Австралија, летото за Америка и Канада.

strana 8TRADICIJA I ZABAVA

Берковица е Општина сместена во планинскиот и ридест северо- западниот дел на Бугарија. Се наоѓа во областа наречена Монтана. Општината опфаќа 19 села со одморалишта и сместувачки капацитети. Општината има 22.976 жители. Административен центар на општината Берковица е градот Берковица. Градот има површина од 80.655 км2 и 14.382 жители и се наоѓа на надморска висина од 300 - 499м.

Според историските мапи Берковица е древен град кој датира од 7-9. век. Мал град со славна историја. Берковица се спомeнува уште во 1491 година во Отоманските документи, и е наследник на утврдената Римска населба со остатоци од тврдина и црква кои биле откриени при подигањето на Калето западно од градот. Бил град и административна единица. Забележан е и во декрет на Султанот од 1565 година. Берковица и покрај тоа што е сместена далеку од населените места, за време на Отоманското владеење била атрактивен трговски и занаетчиски центар, преку кој се превезувале стоки за продажба во Солун и други градови. Природата кон Берковица била

многу дарежлива. Заради своите пејзажи, добрата клима, близината на шумата, кристалните потоци и ароматичните билки кои го прават воздухот сладок и блескав, во 1974 година е прогласена за туристичко место со национално значење. Берковица е спој на ренесансното и модерното.Тука придонес даваат и археолошките споменици како што е Саат Кулата, етнографскиот музеј изграден во 19ти век, со интересни мотиви врежани во вратите и автентично греење на собите и бањите. Во него има над 14000 експонати во автентична форма како керамика, накит, дрво, теписи, килими, слики, костими. Внимание

привлекуваат: Градската Галерија изградена 1872 година; Римската бања изградена во 1665 година; Античката тврдина Кале, културно - историски споменик од историско значење, која е обновена во 4-5 век. Значајни се и црквите: „Раѓање на Пресвета Богородица“ која била повторно изградена во 1843 год; црквата „Св. Николај“ изградена 1871 год и манастирот

„Св.Кирил и Методиј“ кој е четврти по големина во Бугарија, со право наречен „Духовен бисер на Бугарија“. Денес манастирот е атрактивно место за пешачење и рекреација.

СПОРТСКИ ВРЕМЕПЛОВ

Од богатата историја на фудбалот во Ресен, ја одделивме оваа фотографија со која што е документиран првиот меѓународен натпревар во Преспа. Далечната 1946 година, на 16 септември, на игралиштето во месноста Доброво натпревар одиграа екипите на ФК Преспа Ресен и ФК Скендербег од Корча, Албанија. Победи екипата на гостите со 4 спрема 1. Екипата на ФК Преспа не беше комплетна, затоа што многу играчи беа вработени во други градови по тогашната Југославија.

Овој настан е забележан од Благој Котларовски, голем познавач на фудбалските прилики во Преспа, спортски работник

и публицист. Во неговата книга ФК Преспа - Ресен 1919-1999 година се истакнува дека гостите од Албанија беа срдечо пречекани во Ресен. По тој повод во месноста Кисела вода, до село Кривени беа испечени 10 јагниња.

На оваа фотографија се следните фудбалери на Преспа: Ламбе Барандовски-Пампе, Трајан Проевски-Џамбаз, Бојан Туџаровски, Ташко Филиповски-Серафим, Кире Карговски, Симо Тановски, Наце Доревски-Ешко, Мирче Алексовски (Ефтимовски), Круме Тановски, Перо Ѓорѓиевски и Кире Никовски-Попе.

По извесно време се одигра реванш натпревар во Корча, каде што комплетната екипа на ФК Преспа забележа победа со резултат 3 спрема 1. Публиката била изненадена од прикажаната игра на гостите. Два гола постигна Круме Тановски и еден Кире Карговски, кој при постигнувањето на голот, од силниот удар ја скинал мрежата. За овој настан има анегдота како Круме Тановски, кој се наоѓаше на служба во Врање е повикан во Ресен, за да го одигра натпреварот во Корча. Ане Кочовски, тогашен претседател на ФК Преспа Ресен му испратил телеграма со содржина дека мајка му е тешко болна и треба да дојде во Ресен. Тановски, видно загрижен беше пречекан од Кочовски во Битола, кој му кажал дека од болеста на мајка му нема ништо и дека е повикан да го одигра реванш натпреварот во Корча. Инаку во Корча, по повод натпреварот, драмската секција од Ресен ја прикажа театарската претстава ,,Бегалка”.

Натпреварот во Албанија го организираше Стеван Гроботски, аѓутант на генералот на Албанската армија, Кочи Дзодзе.

ПРЕСПАНСКИ АБЕР - весник на општина Ресен. За издавачот: Општина Ресен, Градоначалник на општина Ресен Михаил Волкановски. Издава: уредувачки одбор. Печати: Графопром - Битола. Адреса на редакцијата: Плоштад М. Тито, 7310 Ресен. www.resen.gov.mk; e-маил: [email protected]. Излегува еднаш месечно. Тираж: 500 примероци. Ракописите и фотографиите не се враќаат.

МЕСЕЦ ЈАНУАРИ - ВЕРСКИ МЕСЕЦНа 7 јануари е Божик, ден претходно е Бадник, а ден пред

тоа Св. Наум-Охридски, по Божик се на 14 јануари Василица или Стара Нова Година, на 19 јануари Водици и на 20 јануари Св. Јован Крстител, со што овој е најбогатиот месец со значајни православни празници. Божик е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Црквите кои го користат Јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и Македонската православна црква, го прославуваат Божиќ на 7 јануари.

Со вечерата на денот пред Божик (Бадник) завршуваат предбожиќните пости. Семејството на Бадник, ден пред Божик се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од сè по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. На овој празник се пали и коледарски оган, кој е поврзан со обичајот, наречен Коледе. И денес и во минатото во селата и градовите во сите краишта во Македонија, поголеми или помали групи на луѓе палат огнови и пеат песни

На Божик, рано утрото почнува Богослужба во црквите. Причесната следува по службата кога искараните треба да се помират и да се поканат меѓу себе на гости. Исто така, со Божик е поврзана и поговорката, „Каде и да си, за Божик дома да си“, што има значење дека за време на Големиот празник треба да се биде дома во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот.

Народот ја слави и Стара Нова Година, во чест на светецот Василиј Велики, и како започнување на Нова Година според Јулијанскиот календар. Во секое маало граѓаните со големи огнови, кои се симбол на божествената светлина ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година. Според стариот обичај, од питата (печивото) секој во семејството добива по едно парче, а оној кој ќе ја добие паричката ќе има среќа и бериќет во текот на целата година.

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл. На овој ден со церемонија се осветуваат водите и во нив се фрла крст. Се смета дека оној што ќе го фати крстот цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба.

ВИЦ НА МЕСЕЦОТСи седат двајца пензионери во парк на клупа и едниот му вика на другиот:- Зеде леб за гулабите?- Не бе јас без леб ги јадам.

НОВОГОДИШНА жЕлБАЦената на момите од Дупени да достигне рекордно нивоДедо Мраз да донесе за секој болнец по цистерна пивоА на стенчани крај водата плиткаТри желби да им исполни златната рипкаЕзерото ракија да се стори е правата помалатаВтората-песокот да се стори руска салатаИ третата желба најмногу си ја сакамЛескоштани да гледаат и да умираат од мака

TU{E VO {VEDSKA

БЕРКОВИЦА-ЗБРАТИМЕНА ОПШТИНА

ДОчЕК НА НОВА ГОДИНА• Ресторан Манастир Јанковец (влез слободен)• Хотел Рива Стење - новогодишно мени 1200 денари• Ресторан Вито Ресен - новогодишно мени 1000 денари• Кафе бар Голд - дочек 700 денари• Кафе бар Алдо Моро - дочек 700 денари• Ноќен клуб Фрејм - дочек 600 денари• Галакси - дочек 1500 денари• Градски плоштад - музички хепенинг