ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“...

21
ЈНУ ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „КРСТЕ МИСИРКОВ“ СКОПЈЕ Д-Р ЛИДИЈА ТАНТУРОВСКА ЗА УДВОЈУВАЊЕТО НА ОБЈЕКТИТЕ КАЈ БЛАЖЕ КОНЕСКИ КАКО НОРМАТИВНО И СТИЛСКО ОБЕЛЕЖЈЕ Клучни зборови: Блаже Конески; Гралис-корпус; норма; стил; (не)удвоен директен објект; ИГ со еден

Upload: vin

Post on 05-Jan-2016

105 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р Лидија Тантуровска. ЗА УДВОЈУВАЊЕТО НА ОБЈЕКТИТЕ КАЈ БЛАЖЕ КОНЕСКИ КАКО НОРМАТИВНО И СТИЛСКО ОБЕЛЕЖЈЕ Клучни зборови: Блаже Конески; Гралис-корпус; норма; стил; (не)удвоен директен објект; ИГ со еден. - PowerPoint PPT Presentation

TRANSCRIPT

Page 1: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

ЈНУ ИНСТИТУТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК „КРСТЕ МИСИРКОВ“ СКОПЈЕ

Д-Р ЛИДИЈА ТАНТУРОВСКА

ЗА УДВОЈУВАЊЕТО НА ОБЈЕКТИТЕ КАЈ БЛАЖЕ КОНЕСКИ КАКО НОРМАТИВНО И СТИЛСКО ОБЕЛЕЖЈЕ

Клучни зборови:

Блаже Конески; Гралис-корпус; норма; стил; (не)удвоен директен објект; ИГ со еден

Page 2: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Leiterin des Instituts für die mazedonische Sprache „Krste Misirkov“ , Skopje

Prof. Dr. Lidija Tanturovska

Über die Reduplikation der Objekte bei Blaže Koneski

als normatives und stilistisches Merkmal

Page 3: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Истражувањата за објектите (за директниот и за индиректниот објект) во македонскиот јазик и особено истражувањата за нивното удвојување - тема за која не стивнува интересот веќе шест децении во македонистиката и во лингвистиката воопшто, како на синхрониски, така и на дијахрониски план.

Page 4: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Претставување на нашиот интерес кон оваа тема и особено сега, со можноста да се користи внесениот материјал (дел од делата на Блаже Конески) во Гралис-корпусот.

http://www-gewi.unigraz.at/cocoon/gralis/login?tid=6FA72B417919BD2DA13C37E26A79F3BB

Page 5: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Дефинирањата на Бл. Конески за ДО и за ИО и за нивното удвојување, како една од најважните карактеристики на македонскиот јазик:

„Удвојувањето на објектот е суштествено обележје на реченицата во нашиот современ јазик. Таков строеж на простата реченица нашиот стар јазик не познавал ... Удвојувањето на објектот, со кое се отстапило од традиционалниот строеж на словенската реченица, е појава што се развила во контакт со несловенските балкански јазици“ (Конески, Историја..., 1982: 119).

Page 6: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Блаже Конески - централно место на удвојувањето на објектот кога зборува за реченицата во нејзиниот историски развој:

„Еден процес настанат по побуда од некој туѓ јазик може да се реализира со пошироки размери во јазикот што се усвојува“ (Конески, Историја..., 1982: 119), што секако се гледа од ограничениот степен на удвојување во споменатите јазици (грчкиот, романскиот, албанскиот) во споредба со македонскиот.

Page 7: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Бл. Конески: Индиректниот објект се удвојува

редовно, независно од определеноста на именката / на именската група,

Директниот објект се удвојува „ако е определен, т.е. ако го сочинува заменска форма, членувана именска форма или сопствено име ... Ако не е определен, дирекниот објект не се удвојува“ (Бл. Конески, Историја ..., 1982: 119), поткрепено со примерот: видов еден човек.

Page 8: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Акцентот на анализата: Примери со именска гурпа во чиј состав

има еден, во функција на директен објект Во ексцерпираниот материјал од прозниот

и од поетскиот израз на Блаже Конески може да се констатира дека во уметничкиот јазичен израз на Блаже Конески неопределените именски групи со еден, главно, се неудовени.

N.B. Го користиме материјалот внесен во Гралис-корпусот на Блаже Конески (http://www-gewi.unigraz.at/cocoon/gralis/login?tid=6FA72B417919BD2DA13C37E26A79F3BB), а за поткрпа ги користиме и печатените дела од Блаже Конески што не се внесени.

Page 9: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Ги издвојуваме примерите од јазичниот израз на Блаже Коенски (од неговите раскази), каде што именските групи со еден се удвоени:

Потез /Makedonski Да , еве го еден и на овој турнир , но само

како судија . [ 31 ] Заклано крувче / Makedonski

Пред библиотеката кордон од полицајски стражари беше ја заградил до ѕидот една група од три - четириесет души . [ 284 ]

Прочка /Macedonian Едно мало суштество им го нема да бара

прочка оваа вечер . [ 217 ]

Page 10: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Во текстовите што се вклучени во групата есеи во Scientific style од Гралис-корпусот, ги најдовме следниве примери со именски групи со еден во функција на директен објект што се удвоени:

Марко К. Цепенков / Makedonski Сето тоа што е во приказната за Силјана

најполно изразено , но што се среќава и во другите најдобри записи на Цепенкова , ни дава лраво да говориме за него не како за обичен запишувач на народното творештво , ами како за прозаист , сиров можеби , но таков што го фиксирал изразито еден стил , давајќи му и свој дах , внесувајќи ја во раскажувањето и својата личност . [ 86 ]

Кирил Пејчиновиќ / Makedonski Го обележи тој едно време , па со тоа и во

однос на Кириловите писанија живоста негова ќе остане секако и потрајна и позначима . [ 45 ]

Page 11: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Статистички можеме да заклучиме: Од деведесетината примери во кои има

именска група со определба еден, во функција на директен објект, во пет примери објектот е удвоен.

Се наметнува прашањето дека станува збор за стилско обележје, со оглед на фактот што дел од текстовите му припаѓаат на уметничколитературниот стил, а дел на научниот. Треба да се спомене дека ваквата појава,

удвојување на неопределените именски групи (со еден) се среќава кај ред автори од една постара генерација македонски писатели (меѓу кои е и самиот Блаже Конески) и укажува евентурално на спонтаната постапка на авторите.

Page 12: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Меѓутоа, овде можеме да се запрашаме каква е ситуацијата во Граматиката, каде што авторот го носи „товарот“ при своето јазично изразување, кое е дел од научниот стил. Сосема се согласуваме со констатацијата

дека авторите на граматиките се во специфична положба зашто тие ги изнесуваат формите и нивната употреба, прават инвентар на единиците и на односите, ги изнасуваат правилата и искучоците, па треба да внимаваат (и) на тоа како ги реазилираат и ги спроведуваат сите нив во својот авторски текст (Л. Минова-Ѓуркова, 1999: 202)

Page 13: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Во продолжение ќе ги извлечеме само примерите со именските групи со еден, во функција на удвоен директен објект, од Граматиката на Конески:

... пишувањето од неколку луѓе кои совршено го владеат еден исти правопис се разликува ... само по нивниот индивидуален ракопис (Граматика ..., 1982: 86).

... само по формалните признаци на множината ние не би сме можеле да ја определиме една именка во машкиот и женскиот род (Граматика ..., 1982: 218).

... па да имаме пространствено определување по тоа како вистински ја доживуваме една ситуација ... (Граматика ..., 1982: 231).

Page 14: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

... можеме еден глагол како стропува да го срамнуваме со стропнува ... (Граматика ..., 1982: 373).

Омонимијата на извесни форми од аорист и имперфект кај споменатите глаголски типови го потстакнала, меѓутоа, еден друг процес – изеднаучување на наставките кај овие времиња (Историја ..., 1982: 195).

... овде имаме пример за парцијално блокирање, кое го засега само еден дел на зборот (Од историјата на јазикот ..., 1075: 126)

Page 15: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Појавата на удвојувањето на неопределените именски групи со еден - напреднат процес на граматикализација на удвојувањето на објектот во нашиот јазик.

Оваа појава ја наоѓаме во ограничен број и во определен период, што зборува денес за извесен застој во поцесот на граматикализацијата.

Не можеме да бидеме сосем сигурни и предвидливи до кој степен ќе оди развојот на некоја јазична црта.

Анализата на овој сегмент може да биде придонес за согледување на состојбите и промените што се случувале во втората половина на дваесеттиот век.

Page 16: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Јазичниот израз на Блаже Конески: Појавата на удвојувањето на именските

групи со еден во неговиот уметничколитературен стил е стилско обележје на авторот.

Треба да се потенцира дека и во јазичниот израз во текстовите од научниот функционален стил, можеме да зборуваме за препознатливи црти на авторско изразување, што секако нè наведува на заклучокот дека кај секој автор може да се бара индивидуалноста, без разлика на кој стил му припаѓаат неговите текстови.

 

Page 17: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Во однос на Гралис-корпусот на Блаже Конески (истражувачкиот проект „Моно- и мултилингвален електронски корпус на македонскиот јазик“) можат да се наведат следниве заклучоци: Несомнен е придонесот на Гралис-

корпусот за правење целосна анализа на една јазична појава, што е многу потребно и е многу значајно за научни истражувања;

Јазичната анализа оди многу побргу со Гралис-корпусот кога станува збор за пребарување форми низ текстовите, што му дава единствено значење;

Слабости на копрусот можат да бидат друг вид пребарувања (каде што проблем ќе прават хомонимните форми);

Page 18: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

При пребарувањето можат да се согледаат и некои т.н. технички пропусти, за кои сметаме дека треба да се наведат со цел да се создаде беспрекорен материјал за користење: При пребарувањето во Гралис-корпусот на

Блаже Конески (по реченица), се јавуваат примери напишани по два пати (едно по друго);

и пребарување (по реченица) се јавуваат примери на две места во Гралис-корпусот (односно има појава на двојна ексцерпција);

Има извесен број буквени грешки (меѓу кои и не пишувањето на одделни графеми, специфични за македонската азбука, како на пример: ѝ);

Page 19: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Како сугестии, при понатамошното дополнување на Гралис-корпусот на Блаже Конески, ги предлагаме следниве работи: Сите текстови на Блаже Коенски што се

внесени и што ќе се внесуваат да бидат прецизно поделени по функционални стилови, како што е започнато веќе;

Во оние текстови што спаѓаат во научниот функционален стил, а се однесуваат на други автори, за кои пишува Конески (на пример, за Пејчиновиќ, за Прличев итн.), е потребно да биде маркирана авторовата реч, макар и визуелно (на пр., со поинаков фонт, поинаква боја и сл.)

Page 20: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

На крајот, посакуваме што побрзо збогатување на овој корпус, пред сè, со целиот опус на Блаже Конески, а секако и со сето она што е напишано за него и за неговото творештво.

Page 21: ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Скопје д-р   Лидија Тантуровска

Ви благодарам на вниманието!

[email protected]

[email protected]