ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... ·...

20
ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ- БИТОЛА Директор: Д-р Лили Бошевска Секретар: Владимир Димовски Подрачни училишта: Подрачно училиште „Св. Кирил и Методиј“ – с. Логоварди Б УЛЕВАР 1 ВИ МАЈ БР .274, 7000 БИТОЛА e-mail: [email protected] web: www.oukimbt.webs.com Телефон: 047 237 222 Фах: 047 237 222

Upload: others

Post on 03-Sep-2020

6 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

0

ОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - БИТОЛА

Директор: Д-р Лили Бошевска Секретар:

Владимир Димовски

Подрачни училишта: Подрачно училиште „Св. Кирил и Методиј“ – с. Логоварди

Б У Л Е В А Р 1 В И М А Ј Б Р . 2 7 4 , 7 0 0 0 Б И Т О Л А

e-mail: [email protected] web: www.oukimbt.webs.com

Телефон: 047 237 222 Фах: 047 237 222

Page 2: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

1

Историја на училиштето

Основното училиште ,,Св. Кирил и Методиј,, -Битола е лоцирано во центарот на градот

Битола. Гравитира во три месни заедници и тоа МЗ ”Блаже Рогузинаро”, МЗ

“Александар Турунџев” и МЗ ”Коле Канински”. Во составот на ОУ ”Св. Кирил и

Методиј”- Битола работи подрачното училиште во с. Логоварди. Основната дејност на

училиштето е воспитание и образование на ученици од 6 до 16 годишна возраст.

Објектот во кој е сместено ОУ “Св. Кирил и Методиј” - Битола датира од 1863

година. ОУ “Св. Кирил и Методиј” е изградено во време на турското ропство за

потребите на занаетчиите еснафи. Изградено е со доброволна работа на македонското

население и парични средства на 36 Еснафи од Битола. Еден од учителите во

училиштето во тоа време бил истакнатиот македонски деец и револуционер Даме

Груев, а во годините 1900/01 како учител овде работел и творел познатиот македонски

револуционер Ѓорѓи Сугарев. Во втората половина на месец ноември 1944 година во

училиштето започнал курс за обука на македонски учители и на 04.12.1944 година

започнала настава на македонски јазик. Во досегашната работа училиштето во својата

воспитно образовна дејност има постигнато видни резултати за што има добиено

голем број награди и признанија меѓу кои и највисоката Републичка награда “Климент

Охридски“ од Републичкиот комитет за образование, наука и спорт – Скопје, како и

наградата “4 Ноември“ од Советот на Битола.

Мисија и визија на училиштето

Мисија: нашето училиште е водечко по посветеноста на вработените, учениците и

родителите во обезбедувањето на квалитетно образование и применливи знаења со

развивање на еколошка свест и ИКТ во наставата, креирање на можности и

индивидуален развој и воспоставување на отворена меѓуетничка комуникација помеѓу

сите субјекти.

Визија: ќе бидеме училиште насочено кон иднината, меѓуетнички интегрирано врз

демократски принципи кое учениците и наставниците го доживуваат како предизвик,

задоволство и можност за учење, напредок и афирмација на еколошки план преку

промовирање и применување на алтернативни извори на енергија поддржано со

современа информатичка технологија во сите сегменти на учењето и работата.

Page 3: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

2

Орган на управување на училиштето

Орган на управување на училиштето е Училишниот одбор кој е составен од:

- Тројца претставници од редот на наставниците и стручните соработници; - Тројца претставници од родителите на учениците; - Двајца претставници од основачот на училиштето; - Еден претставник од Министерството за образование и наука.

Директор на училиштето

Директорот на ОУ. „ Св. Кирил и Методиј„ – Битола, д-р Лили Бошевска во доменот на

своите законски овластувања извршува повеќе различни задачи кои се непосредно

поврзани со неговата работа и функциите кои ги има од аспект на менаџер на

училиштето. Оттука произлегуваат:

- планирање на целокупната работа на училиштето, - педагошко – инструктивно водење, - континуирано подобрување на квалитетот на работата на училиштето, - развивање на интерната и екстерната комуникација во училиштето и односите

со јавноста, - материјално – финансиско работење, - административно – организаторски и други задачи.

Вкупната работа на училиштето директорот ја организира заедно со останатите

вработени во училиштето со цел да се постигнат што подобри резултати. Педагошко

инструктивната работа на директорот е усогласена со законите, целите и задачите на

воспитанието и образованието. Работата на директорот може да се дефинира како

систем на активности кои се насочени кон процесот на следење, утврдување,

анализирање, проучување, истражување и иновирање на воспитно – образовната

работа во училиштето.

Стручни органи и тела

Стручни органи во нашето училиште се:

- Наставнички совет - Совет на одделенски наставници - Совет на предметни наставници - Одделенски раководител - Раководител на паралелката - Стручни активи на наставниците

Page 4: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

3

Наставничкиот совет на нашето училиште го сочинуваат одделенските и

предметните наставници и стручните соработници на училиштето. Наставничкиот

совет го свикува и со него претседава директорот. Наставничкиот совет дава мислења

по предлог на програмата за работа и го следи нејзиното извршување, го разгледува и

утврдува успехот на учениците и другите стручни органи, го разгледува остварувањето

на наставниот план и програмите и презема мерки за нивното извршување, одлучува

за воспитни мерки и врши и други работи утврдени во статутот на училиштето.

Советот на одделенски наставници го сочинуваат одделенските наставници,

предметни наставници кои се вклучуваат во реализацијата на наставата од прво до

петто одделение и стручните соработници на училиштето.

Советот на предметни наставници го сочинуваат предметните наставници што

ја изведуваат наставата од шесто до деветто одделение и стручните соработници на

училиштето.

Одделенскиот односно раководителот на паралелката ја остварува програмата

за часот на одделенската заедница, ги анализира воспитните и наставните резултати

на одделението, се грижи за решавањето на воспитните и наставните проблеми на

одделни ученици, соработува со родителите и стручните соработници на училиштето,

предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на

училиштето.

Стручните активи на наставниците ги сочинуваат наставници кои предаваат ист

предмет или подрачје.

Училишен педагог

Училишниот педагог е составен дел од воспитно – образовниот процес во нашето

училиште. Во неговите задачи и активности се вбројуваат: училишниот педагог работи

во планирањето и програмирањето на сопствената работа и работата на училиштето,

учествува во подготовката на годишната програма за работа на училиштето, врши

советодавна работа со учениците, работи со деца со тешкотии во развојот како и со

талентирани ученици, врши запишување на првачиња во нашето училиште и учествува

во формирањето на паралелките, го следи успехот на учениците во наставата и вон-

наставните активности, работи на професионалната ориентација, врши педагошка

инструктивна и советодавна соработка со наставниците и родителите, соработува со

стручните органи во училиштето, врши аналитичка у истражувачка работа, води

педагошка евиденција и документација, соработува со локалната заедница и лично

стручно се усовршува. Педагогот е отворен за соработка секој ден.

Page 5: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

4

Ден Соработка со педагог

Понеделник 08:00 – 16:00

Вторник 08:00 – 16:00

Среда 08:00 – 16:00

Четврток 08:00 – 16:00

Петок 08:00 – 16:00

Училишна библиотека

Училишната библиотека во ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ е составен дел од целокупната

воспитно-образовна дејност во училиштето. Преку неа се остварува контакт меѓу

наставата, наставниците и учениците. Нашата училишна библиотека располага со фонд

од околу 6000 наслови на книги вклучувајќи ги и лектирните изданија. Исто така

нашата библиотека располага и со разновидна стручна литература, и наставни

средства и помагала согласно со нормативите на наставните предмети како што се

нагледни средства по биологија, географија, математика, хемија, физика и нагледни

средства во одделенска настава. Сите книги во нашата библиотека се библиотечно

обработени, средени и наменети за задоволување на потребите на учениците и

наставниците

Ден Работно време на библиотеката

Понеделник 08:00 – 16:00

Вторник 08:00 – 16:00

Среда 08:00 – 16:00

Четврток 08:00 – 16:00

Петок 08:00 – 16:00

Часовна и просторна организација

Училишната зграда располага со подрум, приземје и кат.

На приземјето се сместени следните простории: Просторија 1 – Трпезарија, Просторија

2 – Училница, Просторија 3 – Училница, Просторија 4 – Училница, Просторија 5 –

Училница, Просторија 6 – Училница, Просторија 7 – Кабинет по техничко образование,

Просторија 8 – Помошен персонал, Просторија 9 – Санитарни јазли, Просторија 12 –

Библиотека, Просторија 13 – Училница и ходник.

На првиот кат се сместени следните простории: Просторија 14 – Наставнички кабинет,

Просторија 15 – Училница со интерактивна табла, Просторија 16 – Училница,

Просторија 17 – Директор, Просторија 18 – Секретар, Просторија 19 – Тоалет,

Page 6: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

5

Просторија 20 – Училница, Просторија 21 – Училница, Просторија 22 – Педагог,

Просторија 23 – Тавански простор, Просторија 24 – Кабинет по музичко образование,

Просторија 25 – Училница, Просторија 26 – Благајник и ходник. Според тоа во

училишната зграда имаме 3 кабинети и 10 училници.

Воспитно – образовниот процес се одвива во две смени: претпладневна и

попладневна смена.

Претпладневната смена започнува во : - 07:30ч за предметна настава - 08:00ч за одделенска настава

Попладневната смена започнува во: - 13:00ч за предметна настава - 13:30ч за одделенска настава

Распоред на времетраењето на часовите и одморите во ОУ. „Св. Кирил и Методиј„ – Битола

за предметна настава

Претпладне

час почеток крај одмор

1 07:30 08:10 15

2 08:25 09:05 15

3 09:20 10:00 5

4 10:05 10:45 5

5 10:50 11:30 5

6 11:35 12:15 5

7 12:20 13:00

Попладне

час почеток крај одмор

1 13:00 13:40 15

2 13:55 14:35 15

3 14:50 15:30 5

4 15:35 16:15 5

5 16:20 17:00 5

6 17:05 17:45 5

7 17:50 18:30

Page 7: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

6

Распоред на времетраењето на часовите и одморите во ОУ. „Св. Кирил и Методиј„ – Битола

за одделенска настава

Претпладне

час почеток крај одмор

1 08:00 08:40 15

2 08:55 09:35 15

3 09:50 10:30 5

4 10:35 11:15 5

5 11:20 12:00 5

6 18:05 12:45

Претпладне

час почеток крај одмор

1 13:30 14:10 15

2 14:25 15:05 15

3 15:20 16:00 5

4 16:05 16:45 5

5 16:50 17:30 5

6 17:35 18:15

Наставата во нашето училиште се изведува во 10 училници, како и во кабинет по

техничко образование, кабинет по музичко образование „Тоше Проески“, училница со

интерактивна табла и библиотека.

Page 8: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

7

Наставен кадар

Наставник Предмет коj го предава наставникот

1 Мирјана Цветковска Македонски јазик

2 Софија Јанкова Талевска Македонски јазик

3 Катерина Г. Трајковска Математика

4 Дениза Ивановска Математика и Физика

5 Катерина Петровска Англиски јазик

6 Розета Илиевска Англиски јазик

7 Александра С. Нечовска Англиски јазик

8 Александра Врџовска Англиски јазик

9 Никола Аврамовски Германски јазик

10 Катерина Трајковска Германски јазик

11 Елизабета Дамева Француски јазик

12 Никола Николов Ликовно образование

13 Катерина Пејоска Јаковлеска Музичко образование

14 Пепи Ставревски Техничко образование

15 Виолета Костова Информатика

16 Мирјана Планчак Географија

17 Ѓорѓи Јуруков Историја

18 Александра Моштановска Етика

19 Златко Крстевски Етика на религиите

20 Снежана Брзовска Граѓанско образование

21 Елена Спасеновска Биологија

22 Кристина Полизовска Хемија

23 Кирил Ноневиќ Физичко и здравствено образование

24 Душко Костовски Физичко и здравствено образование

25 Лидија Поповска Одделенски наставник

26 Жанета Тошеска Одделенски наставник

27 Дијана Кузмановска Одделенски наставник

28 Валентина Малковска Одделенски наставник

29 Флора Димовска Одделенски наставник

30 Наташа Илиевска Одделенски наставник

31 Мелина Христова Одделенски наставник

32 Магдалена Гурабиевска Одделенски наставник

33 Весна Јанкулоска Одделенски наставник

34 Катерина Матевска Одделенски наставник

35 Сузана Бијелиќ Одделенски наставник

36 Лилјана Коруновска Одделенски наставник

37 Жаклина Веловска Одделенски наставник

38 Билјана Илиевска Одделенски наставник во дневен престој

Page 9: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

8

Организација на воспитно-образовната дејност во училиштето

Основна и најзначајна преокупација на училиштето се следните програмски подрачја:

- настава - воннаставни активности - грижа за здравјето на учениците - соработка со локалната средина - следење, вреднување и унапредување на воспитно-образовната работа - стручно и педагошко усовршување на директорот, наставниците и другите

стручни соработници

Наставата што се изведува во училиштето е утврдена со наставен план. Во училиштето

се организирани следните видови на настава:

- задолжителна настава – која е целосно, правилно и стручно застапена и се

опфатени сте ученици од I – IX одделение и се изведува по предметите што

се предвидени според Наставен план и програма за воспитно-образовна

дејност на основното училиште донесени од надлежниот државен орган за

сите одделенија во основните училишта каде се дефинирани

задолжителните предмети и седмичниот фонд на часови;

- изборна настава – според Наставниот план е застапена во одделенска

настава во III, IV и V одделение по предметот Работа со комјутери. Во

предметна настава според Наставниот план се застапени следните

предмети: во шесто одделение - Етика во религиите и Запознавање со

религиите; во седмо одделение – Вештини на живеење, Воспитание за

околината и Техничко образование; во осмо (деветгодишно) одделение –

Проекти по информатика, Вештини на живеење и Воспитание за околината;

во осмо (осумгодишно) одделение – Програмирање, Проекти од музичката

уметност и Унапредување на здравјето. При изборот на предметите се води

сметка секоја учебна година учениците да изберат различен изборен

предмет.

- додатна настава – која се изведува за ученици кои ја совладуваат

програмата редовно и чувствуваат потреба за проширување на своите

знаења. Оваа настава ќе му овозможи на ученикот да ги изрази своите

индивидуални интереси.

- дополнителна настава – се организира за учениците кои се соочуваат со

повремени тешкотии во учењето и кои побавно напредуваат или

заостануваат во усвојувањето на содржините и другите задачи по еден или

Page 10: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

9

повеќе наставни предмети. Програмирањето на дополнителната настава ќе

се врши периодично, зависно од потребите и заостанувањето на учениците

во наставата.

- проширена програма (организирано прифаќање и заштита) – како резултат

на потребите на учениците и родителите и законската обврска на

училиштето даорганизира проширена програма за ученици од одделенска

настава ќе се реализира организирано прифаќање и заштите на учениците

еден час пред почетокот на наставата и еден час по завршувањето на

наставата во согласност со потребите на родителите.

- продолжен престој – се реализира за учениците од I, II и III одделение во

комбинирана група.

- основно образование за возрасни – ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола е

верифицирано училиште за о9сновно образование на возрасни со решение

од МОН бр. 10-2485/3 од 26.01.2006 година.

ИЗВАДОК ОД ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ

Член 2

1. Секое дете има право на основно образование

2. Се забранува дискриминација по основ на пол, раса, боја на кожата,

национална, социјална, политичка, верска, имотна и опшествена припадност во

остварување на правата од основното образование, утврдени со овој закон.

Член 46

1. Децата во прво одделение се запишуваат во месец мај за следната учебна

година

Член 57

1. За секое изостанување на ученикот од настава родителот е должен да го

извести раководителот на паралелката за причиите за изостанувањето.

Член 59

1. Кон ученикот кој не ги извршува обврските и ги повредува правилата на

воспитно- образовната работа се применуваат следните педагошки мерки: укор,

усна опомена, писмена опомена, намалување на поведението, преместување на

ученикот во друга паралелка и преместување на ученикот во друго основно

училиште.

Page 11: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

10

Член 63

1. Учениците кои се истакнуваат со своето знаење или со други видови постигања

основното училиште ги пофалува односно наградува.

Член 72

1. Годишните оценки одделенскиот односно раководителот на паралелката на

родителите им ги соопштува на родителска средба која се одржува три дена по

денот на одржувањето на наставничкиот совет на кој се утврдуваат годишните

оценки на учениците.

Член 73

1. Ученикот кој поради болест или поради поравдани или неоправдани причини

не ја посетува наставата најмалку една третина од фондот на наставни часови

од одредени предмети и нема елементи за оценување полага одделенски

испит според предвидените предмети од надтавниот план.

2. За оправданоста на причините од ставот (1) на овој член одлучува

Наставничкиот совет на училиштето.

Извадок од Законот за изменување и дополнување на Законот за Основно

образование Службен весник на РМ бр. 18 од 14.02.2011г.

Член 2

1. Дополнителна настава се организира за ученици кои покажуваат континуирано

слаби резултати во учењето, особено ако:

- Имаат најмалку две слаби оценки

- Имаат слаби резултати по одреден наставен предмет, отсуствуваат од

настава по одреден наставен предмет и

- На барање на ученикот или неговиот родител односно старател.

2. Доколку ученикот не ги посетува часовите по дополнителна настава добива

неоправдан изостанок.

3. За упатување на ученикот на дополнителна настава наставникот задолжително

го извества родителот, односно старателот.

Page 12: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

11

Член 3

1. Додатна настава се организира за учениците кои постигуваат значителни

резултати по одделни наставни предмети (талентирани ученици).

2. Додатна настава за ученици од ставот (1) на овој член наставникот е должен да

му ја понуи на учениците, а учениците одлучуваат дали ќе ја посетуваат

додатната настава.

Член 64-а

1. Родителот, односно старателот се упатува на советување ако:

- Ученикот во текот на наставната година има негативна оценка по три или

повеќе предмети;

- Ученикот има направено повеќе од десет неоправдани или сто оправдани

изостаноци;

- Ученикот е недисциплиниран;

- Ученикот го навреди настафвникот;

- Ученикот учествува во тепачки, или други форми на насилство;

- Ученикот покажува асоцијално или антисоцијално однесување;

- Ученикот се однесува неморално или неетички и

- Во краток период на ученикот значително му опадне успехот.

Член 64-д

1. Ако родителот, односно старателот не се јави на советување и по третата

покана се известува Центарот за социјални работи.

Член 64-ѓ

1. Педагошката служба, за родителите кои не се јавиле на поканата за советување

и истите не го оправдале своето отсуство поднесува предлог за поведување

прекршочна постапка.

Page 13: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

12

Извадок од Законот за изменување и дополнување на Законот за Основно

образование Службен весник на РМ бр. 33 од 09.03.2010г.

Член 4

1. Следењето и проверувањето на успехот на учениците се врши со интерно и

екстерно проверување;

2. Интерното проверување на постигањето на успехот на учениците го вршат

континуирано наставниците во училиштето врз основа на стандардите за

оцеување од членот 66 од овој Закон;

3. Екстерното проверување на постигањето на успехот на учениците на крајот на

секоја наставна година за учениците од четврто до деветто одделение го

организира и спроведува училиштето преку училишна комисија;

4. Училишната комисија за екстерно проверување на постигањата на ученицитее

составена од пет члена: директор, стручен соработник и тројца наставници од

училиштето;

5. Начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на

материјалот за екстерно проверување, начинот и постапката на проверување на

тестовите од училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот

ги потпишува Министерот по предлог на Државниот испитен центар;

6. Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците се врши со

тестови кои ги изготвува Државниот испитен центар на предлог на Бирото;

7. Екстерното проверување на постигањата на успехот на учениците од ставот (3)

на овој член се врши по четири наставни предмети согласно со Наставниот

план, а врз основа на генерален распоред изготвен од страна на Државниот

испитен центар на предлог на Бирото;

8. Врз основа на генералниот распоред од ставот (7) на овој член, училишната

комисија подготвува интерен распоред по паралелки, согласно со наставни

предмети и наставници за спроведување на екстерното проверување во

училиштето;

9. Резултатите од екстерното проверување на постигањата на успехот на

учениците од ставот (7) на овој член училиштето ги запишува во свидетелството

за завршено одделение;

10. Резултатите запишани во свидетелството од ставот (9) на овој член се еден од

критериумите за запишување на ученикот во средно училиште;

Page 14: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

13

11. Училишната комисија доставува извештај за спроведено екстерно проверување

до Државниот испитен центар.

Слободни активности

Во рамките на воспитно-образовната дејност училиштето остварува разновидни

слободни ученички активности за стекнување на занење и воннаставни активности

(НАУК) како што се:

Слободни ученички активности за стекнување знаења:

- Литературно-рецитаторска - Млади математичари - Млади физичари +Globe истражувања - Млади хемичари+Globe истражувања - Германски јазик - Млади историчари

Слободни спортски активности: - Кошарка - Фудбал

Научни ученички клубови

- Традиција и фолклор

- Домашни и диви животни

- Растенијата украс на природата

- Сточарството во непосредната околина

Page 15: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

14

- Лиснато-киснато

- Растенијата во непосредната околина

- Традиција и фолклор

- Мојата околина и живиот свет во неа

- Работа во печатница

- Млади математичари

- Англиски јазик

- Истражување на соѕвездието Орион

- Библиотека

Слободни технички активности

- Млади техничари - Сообраќајна секција - Моделарство - Фототехника - Роботека

Манифестации

Училиштето „Св. Кирил и Методиј„ традиционално организира прием на првачиња на

01.09. секоја учебна година.

По повод 1ви Април – Денот на шегата и смеата учениците од I до V одделение заедно

со своите наставнички дефилираат низ улиците на Широк Сокак. Целта на ова дефиле е

од забавен и едукативен карактер.

Page 16: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

15

По повод големиот христијански празник Велигден училиштето организира

Велигденски саем, кој се одржува во училишниот двор и на кого учениците продаваат

убаво украсени Велигденски јајца а средствата собрани од овај саем се донираат за

хуманитарни цели.

Секоја година на денот на доделување на оценките се прогласува и годишен лауреат

на училиштето.

Училиштето организира манифестација по повод Патрониот празник, на денот на

браќата просветители Кирил и Методиј.

Исхрана и превоз

Во просториите на училиштето работи училишна трпезарија во која учениците имаат

можност да се претплатат на топли бели печива и пијалаци. Училишната трпезарија е

отворена секој ден за време на одморите

Училиштето организира превоз за учениците од подрачното училиште во село

Логоварди кои ја следат наставата во централното училиште во Битола

Во текот на учебната година се организираат екскурзии од научен и рекреативен

карактер. На овие екскурзии учениците се запознаваат со предметите и појавите во

природата, со културното и историското минато на нашата земја и народ, развиваат

љубов кон татковината, кон другарството и кон самостојноста и организаторските

способности.

Page 17: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

16

Ученички екскурзии и други слободни активности

Според Програмата за организирање и реализирање екскурзии предвидена во

Годишната програма за работа на ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ – Битола, предвидено е

реализирање на ученички екскурзии кои се од научен и рекреативен карактер.

Екскурзиите се организираат и изведуваат на места, локалитети и објекти во друг

феографски реон од местото на живеење на учениците во траење од еден до три дена

и тоа:

- за учениците од III (трето) одделение - еден ден;

- за учениците од VI (шесто) одделение – два дена;

- за учениците од VIII (осмо) одделение – три дена.

На овие екскурзии учениците се запонаваат со предметите и појавите во природата, со

културното и историското минато на нашата земја и народ, развиваат љубов кон

татковината, кон другарството и кон самостојноста и организаторските способности.

Кодекс за однесување на учениците

Редовни сме и точни

Поседуваме работна дисциплина

Ги почитуваме правилата и нормите за наставниците и учениците

Ги познаваме сопствените правила и обврски

Толерантни сме и флексибилни

Демократични сме

Се грижиме за чиста и уредна околина

Одговорни сме за сопствените знаења и способности

Подготвени сме да учиме

Се оспособуваме да го примениме нашето знаење низ пракса

Водиме портфолио за нашите постигнувања

Ги почитуваме разликите кај луѓето

Подготвени сме за примање на критика и пофалба

Го почитуваме директорот, наставниците и останатиот персонал

Меѓусебно се почитуваме и си помагаме со другите ученици

Го почитуваме училишниот ред

Го чуваме училишниот инвентар

Ја чуваме и ја подобруваме училишната околина и училишниот двор

Се информираме меѓусебно и нашите наставници за актуелните случувања

Page 18: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

17

Кодекс за однесување на наставниците

Ние доаѓаме на настава навреме

Училишната опрема ја чуваме како своја

Го почитуваме интегритетот на учениците и колегите

Ја поттикнуваме креативноста и иновативноста кај учениците

Толерантни сме и флексибилни

Соработуваме со родителите, локалната заедница и медиумите

И ние учиме и професионално се усовршуваме

Прифаќаме позитивни промени

Нашиот изглед е огледало на нашиот дух

Почитуваме работна дисциплина

Планираме и организираме

Ги контролираме емоциите

Ја стимулираме комуникацијата

Ја почитуваме личноста

Активно слушаме

Објективни сме и реални

Етични сме

Естетични сме

Подготвени сме за решавање на конфликти

Поседуваме критички ставови кон сопствената работа

Толерантни сме и почитуваме различност

Подготвени сме за промени и учење

ЕТИЧКИ КОДЕК НА ОЦЕНУВАЊЕТО НА ПОСТИГАЊЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ

Директорот и стручните соработници во училиштето прифаќаат:

- да се создаваат култура на правично и фер оценување на училиштето;

- да ги заштитуваат правата на приватност во оценувањето на учениците;

- да спречат евентална злоупотреба на резултатите од оценувањето на

училиштето;

- да обезбедат праведен процес на жалби во врска со оценувањето.

Наставниците прифаќаат:

- да бидат непристрасни, објективни, позитивни, отворени и подготвени да

дадат поддршка и помош на учениците во процесот на оценување;

Page 19: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

18

- со своето однесување во процесот на оценување да промовираат високи

морални вредности и да бидат пример за учениците;

- да ја избегнат секоја ситуација што може да претставува конфликт на

интереси, непристрасно и непринципеиелно однесување во процесот на

оценување;

- да добијат секаков вид на интервенција или поткуп понуден со цел да дадат

оценка различна од заслужената;

- да се спротистават на неетичко однесување на други субјекти во

оценувањето (ученици, родители и колеги);

- во процесот на оценувањето да ја почитуваат личноста на ученикот и на

неговите родители;

- да водат грижа за приватноста на ученикот и сонанијата за неговото учење

да не ги споделуваат со лица кои не се дел од процесот на наставата;

- да соработуваат со колегите со цел да се подобри оценувањето;

- при оценувањето да не се прави дискриминација на учениците по било која

основа (национална, верска, полова, расна, социјална состојба и сл.).

Родителите прифаќаат:

- да го поддржуваат учењето на своите деца прекузалагање за фер

оценување

- да се воздржат од активности кои неоправдано би ги довеле нивните деца

во повластена положба во оценувањето во однос на другите деца;

- кај своите деца – ученици да поттикнуваат чесен и фер однос и со своето

однесување во врска со оценувањето на постигањата на учениците да бидат

пример за тоа;

- кај своите деца да ги препознаваат и спречуваат евентуалните обиди со

недозволени постапки да добијат поповолна оценка од објективно

утврдената.

Учениците прифаќаат:

- да се залагаат за праведно и фер оценување на сите ученици и да се

спростистават на појави кои доведуват до необјективно оценување;

Page 20: ОУ „С К М БИТОЛАkirilimetodijbt-lidijas.weebly.com/uploads/2/5/9/4/... · започнала настава на македонски јазик. Во досегашната

19

- да ги почитуваат барањата и договорените процедури во врска со

оценувањето и да се информираат во врска со поледиците од нивното

непочитување;

- да не поставуваат неприфатливи барања во врска со оценувањето на

нивните постигања;

- да ги почитуваат советите на наставниците поврзани со оценувањето и

учењето;

- да не се служат со недозволени постапки во текот на презентирањето на

бараните знаења и вештини и да одбегнуваат да вршат било какво влијание

(непосредно или посредно) со цел некој ученик да се добие со повисока

оценка од реално заслужената.